Pogled Br.62 Maj

12
PRINTMAKING WORKSHOP “SOFIJA” ГРАФИЧКА РАБОТИЛНИЦА “ СОФИЈА” Број 62 Маj 2014 Поглед од мојот агол Пишува: Илија Тумбов стр.4 стр.12 Причини и последици Моштите на свети Кирил во Богданци стр. 3 Еремиите Кога стојачани скаат да ги навредат богданчани ги нарекуваат Ј’рмии или Ј’рм’л’ци. Тоа е вратка за навредата што богданчани им ја нанесуваат на стојачани кога ги нарекуваат Тупузлии. Оваа се остатоци од минатото. Прекарите што стојачани им ги лепеле на богданчани етимолошки доаѓаат од Еремиј. Еремиј е старозаветен пророк кој живеел околу 600 години пред оваа ера. На Евреите им го прорекол вавилонското ропство, а на Египјаните им предочил дека Богородица со Младенецот Исус ќе дојде кај нив. Постои предание дека Александар Македонски го посетил гробот на Еремиј и наредил остатоците од пророкот да бидат пренесени во Александрија и да бидат погребани со големи почести. Современиците го сметале Еремиј за чудотворец. Тој епитет на Еремиј му останал и после смртта.Правта од неговиот гроб се земала како лек за каснатици од змии. И ден денес мнозина христијани со молитва го повикуваат пророкот Еремиј да ги заштити од змии. И во Богданци останал адетот попладнето на 13 мај да се прави обредот. Удирајќи со маша по тепсии и тенџериња и со соодветно ритуално пеење да се повикува пророкот Еремиј да ги растера змиите и другиот лиот од дворовите, авлиите, шталите и слично, а змиите и гуштерите, со закана од доаѓањето на Еремиј,да се тераат на бегање. Адетот е стар со векови.Денот на пророкот Еремиј се празнува на 14 мај и е со постојана дата. Стојачани на богданчани им го закачиле прекарот затоа што утредента, ден по Еремиј, е Свети Атанасиј Велики, летен кој богданчани си го избрале да им биде патрон на Православната црква и заштитник на населбата. На тој ден е Панагир во Богданци.И Свети Атанасиј Велики, летен, постојано се слави на 15 мај.Струмичкиот карневал кој денеска е бренд на Општина Струмица почнал да се слави од ништо.Од обичниот народен обичај за маскирање на Прочка.Вевчанската Василица исто почнала од ништо. Од обичното детско суроварско маскирање.Богданци ја има шансата од применување на обредот за повикување на Еремија да ги заштитува од змиите да создаде препознатливост. Шансата е идеална. Адетот е пролетен, врзан е со Панагирот, пагански ритуал е што го присвоиле христијаните и има во себе потенцијал од него да се прават атракции. Би бил оригинално богдански и е податлив за влегување во програмите за заштита на националното традиционално културно наследство. Еве им можност на етнолозите да изнедрат материјал и да осмислат –ФЕШТА Изложба на скулптури од пластична амбалажа Манифестација за подигање на еколошката свест Според календарот на православните цркви што се служат со Јулијанскиот календар, со кој се служи и Католичката црква со Источен обред во Македонија, празникот на светите Кирил и Методиј паѓа на 24 мај. Во Република Македонија 24 мај е прогласен за Ден на просветата и се празнува како државен празник. На Католичката црква „Свети Кирил и Методиј“ во Богданци светите Кирил и Методиј и се патрон. На 24 мај таа го слави својот патронен празник.На овогодишното честување на патрониот празник на Католичката црква богданчани имаа чест да се поклонат пред моштите на свети Кирил. Светиот Кирил или Константин Филозоф, како што му било неговото световно име, бил син на византискиот службеник Лав и неговата жена Марија роден во 827 година во Солун. Податоци за него и неговиот живот можат да се најдат во многу ракопис, но најверодостојни се сметаат оние од „Опширното житие“ напишано меѓу 870 и 827 година од брат му Методиј и Климент Охридски. Во житието се сместени извадоци од оригиналните дела на светиот Кирил. Свети Кирил или Константин бил необично надарен со бистар ум. Од детска возраст пројавил силна жед за учење особено за разбирање на духовните беседи на Григориј Богослов. Имал можност да учи на високата школа во Цариград, кај двајцата најобразовани Византијци: Фотиј и Лав Мудриот. Откако Фотиј бил ракоположен за Цариградски патријарх, на Константин му било отстапено ослободената професорско место по филоизофија на катедрата што ја држел Фотиј. Константин се одликувал со скромност и длабокоумност со што го заслужил епитетот-Филозоф. Византискиот престол честопати ги користил способностите на Консантин.Така, во 855 година бил пратен во Сараценскта мисија за да ги заштити христијаните од исламистичките агресори во Арабија.Во 861 година заедно со брат му Методиј биле испратени во Хазарската мисија за да им се спротивстават на јудејските телолози. Во 863 година биле испратени во Моравско-панонската мисија каде што ги просветувале Словените за да не потпаднат под германизацијата што им се заканувала. Кон секоја задача Константин пристапувал со голема сериозност и одговорност. Кон Сарацените тргнал со познавање на Коранот, исламската света книга. Кон Хазарите се упатил со солидно познавање на еврејскиот јазик. Кон Моравско-Панонските Словени заминал откако ја создал глаголицата, најстарото словенско писмо од која подоцна настанала кирилицата. Создавањето на словенското писмо свети Кирил го објаснувал со потребата Светото Писмо-Библијата да може да се преведе на јазик познат на Словените за нејзината сордржина да можат да ја разберат и обичните луѓе, а не таа да може да се чита само на еврејски, грчки и латински јазик. Денес со кирилично писмо се служат Македонците, Бугарите, Србите, Црногорците, Русите, Украинците, Белорусите... Со кирилично писмо порано се служеле Полјаците, Чесите, Словаците, Хрватите и Словенците. Во Моравија и Панонија свети Кирил се задржал 40 месеци по што отишол во Рим носејќи ги со себе моштите на свети Климент I,маченик и римски папа, чии земски остатоци ги нашол за време на мисијата. Во Рим бил пречекан од самиот тогашен папа Адријан. На заповед на Папата светиот Кирил и неговите ученици биле посветени по што, во црквата на светиот апостол Петар, одржале богослужба на. словенски јазик Во Рим Константин Филозоф- свети Кирил се разболел и на 14 февруари 869 година преминал. Пред да почине го зел монашкото име Кирил. Бил погрбан во Рим, во црквата „Свети Климент“. Неговите мошти се во саркофаг во црквата. Дел од тие мошти Неговото Високо Преосвештенство, монсињор доктор Киро Стојанов, Скопски бискуп и Апостолски егзарх во Македонија беше донел во Република Македонија. Денес тие стојат во неговата резиденција во Скопје. На 24 мај моштите беа изложени во Католичката црква „Светите Кирил и Методиј“ во Богданц. Во чест на празникот беше отслужена Света Архиерејска Литургија и Молебен со кои чиноначалствуваше владиката Киро Стојанов, а мноштвото народ, главно од Богданци, но и од околните места, имаа можност да се поклонат пред моштите на свети Кирил. Мора да се признае дека изложување на моштите на свети Кирил во Богданци е голем и возвишен чин и богданчани за тоа треба да им заблагодарат на Католичката црка, на владиката Киро Стојанов и на отецот Тома Ангелов. Од Молебенот во чест на Светите Кирил и Методиј Садот со моштите Продолжува на стр. 6 и 7 Се прослави Свети Атанасиј Велики, летен, Панагирот во Богданци тел. 034/ 222-766 тел. 034/ 222-006 www.sofijaprint.com.mk info@sofijaprint.com.mk Агенција за обезбедување на лица и имот Богданци тел. 034. 222.110; 222.220 e-mail: [email protected] БАЏО www.badzo.com.mk [email protected] Просторот е слободен за рекламирање. Заинтересираните да се јават во “Поглед” Свети Кирил

description

Nezavisen vesnik na Bogdanci

Transcript of Pogled Br.62 Maj

Page 1: Pogled Br.62 Maj

стр. 5.

БРОЈ 43, Октомври 2012

PRINTMAKING WORKSHOP “SOFIJA” ГРАФИЧКА РАБОТИЛНИЦА “ СОФИЈА”

Број 62 Маj 2014

Поглед од мојот агол

Пишува:

Илија Тумбов стр.4

стр.12

Причини и последици

Моштите на свети Кирил во Богданцистр. 3

Еремиите

Кога стојачани скаат да ги навредат богданчани ги нарекуваат Ј’рмии или Ј’рм’л’ци. Тоа е вратка за навредата што богданчани им ја нанесуваат на стојачани кога ги нарекуваат Тупузлии. Оваа се остатоци од минатото.

Прекарите што стојачани им ги лепеле на богданчани етимолошки доаѓаат од Еремиј. Еремиј е старозаветен пророк кој живеел околу 600 години пред оваа ера. На Евреите им го прорекол вавилонското ропство, а на Египјаните им предочил дека Богородица со Младенецот Исус ќе дојде кај нив. Постои предание дека Александар Македонски го посетил гробот на Еремиј и наредил остатоците од пророкот да бидат пренесени во Александрија и да бидат погребани со големи почести. Современиците го сметале Еремиј за чудотворец. Тој епитет на Еремиј му останал и после смртта.Правта од неговиот гроб се земала како лек за каснатици од змии. И ден денес мнозина христијани со молитва го повикуваат пророкот Еремиј да ги заштити од змии. И во Богданци останал адетот попладнето на 13 мај да се прави обредот. Удирајќи со маша по тепсии и тенџериња и со соодветно ритуално пеење да се повикува пророкот Еремиј да ги растера змиите и другиот лиот од дворовите, авлиите, шталите и слично, а змиите и гуштерите, со закана од доаѓањето на Еремиј,да се тераат на бегање. Адетот е стар со векови.Денот на пророкот Еремиј се празнува на 14 мај и е со постојана дата. Стојачани на богданчани им го закачиле прекарот затоа што утредента, ден по Еремиј, е Свети Атанасиј Велики, летен кој богданчани си го избрале да им биде патрон на Православната црква и заштитник на населбата. На тој ден е Панагир во Богданци.И Свети Атанасиј Велики, летен, постојано се слави на 15 мај.Струмичкиот карневал кој денеска е бренд на Општина Струмица почнал да се слави од ништо.Од обичниот народен обичај за маскирање на Прочка.Вевчанската Василица исто почнала од ништо. Од обичното детско суроварско маскирање.Богданци ја има шансата од применување на обредот за повикување на Еремија да ги заштитува од змиите да создаде препознатливост. Шансата е идеална. Адетот е пролетен, врзан е со Панагирот, пагански ритуал е што го присвоиле христијаните и има во себе потенцијал од него да се прават атракции.

Би бил оригинално богдански и е податлив за влегување во програмите за заштита на националното традиционално културно наследство.

Еве им можност на етнолозите да изнедрат материјал и да осмислат –ФЕШТА

Изложба на скулптури од пластична амбалажа

Манифестација за подигање на еколошката свест

Според календарот на православните цркви што се служат со Јулијанскиот календар, со кој се служи и Католичката црква со Источен обред во Македонија, празникот на светите Кирил и Методиј паѓа на 24 мај. Во Република Македонија 24 мај е прогласен за Ден на просветата и се празнува како државен празник.

На Католичката црква „Свети Кирил и Методиј“ во Богданци светите Кирил и Методиј и се патрон. На 24 мај таа го слави својот патронен празник.На овогодишното честување на патрониот празник на Католичката црква богданчани имаа чест да се поклонат пред моштите на свети Кирил.

Светиот Кирил или Константин Филозоф, како што му било неговото световно име, бил син на византискиот службеник Лав и неговата жена Марија роден во 827 година во Солун. Податоци за него и неговиот живот можат да се најдат во многу ракопис, но најверодостојни се сметаат оние од „Опширното житие“ напишано меѓу 870 и 827 година од брат му Методиј и Климент Охридски. Во житието се сместени извадоци од оригиналните дела на светиот Кирил.

Свети Кирил или Константин бил необично надарен со бистар ум. Од детска возраст пројавил силна жед за учење особено за разбирање на духовните беседи на Григориј Богослов. Имал можност да учи на високата школа во Цариград, кај двајцата најобразовани Византијци: Фотиј и Лав Мудриот. Откако Фотиј бил ракоположен за Цариградски патријарх, на Константин му било отстапено ослободената професорско место по филоизофија

на катедрата што ја држел Фотиј.Константин се одликувал со

скромност и длабокоумност со што го заслужил епитетот-Филозоф.

Византискиот престол честопати ги користил способностите на Консантин.Така, во 855 година бил пратен во Сараценскта мисија за да ги заштити христијаните од исламистичките агресори во Арабија.Во 861 година заедно со брат му Методиј биле испратени во Хазарската мисија за да им се спротивстават на јудејските телолози. Во 863 година биле испратени во Моравско-панонската мисија каде што ги просветувале Словените за да не потпаднат под германизацијата што им се заканувала.

Кон секоја задача Константин пристапувал со голема сериозност и одговорност. Кон Сарацените тргнал со познавање на Коранот, исламската света книга. Кон Хазарите се упатил со солидно познавање на еврејскиот јазик. Кон Моравско-Панонските Словени заминал откако ја создал глаголицата, најстарото словенско писмо од која подоцна настанала кирилицата.

Создавањето на словенското писмо свети Кирил го објаснувал со потребата Светото Писмо-Библијата да може да се преведе на јазик познат на Словените за нејзината сордржина да можат да ја разберат и обичните луѓе, а не таа да може да се чита само на еврејски, грчки и латински јазик.

Денес со кирилично писмо

се служат Македонците, Бугарите, Србите, Црногорците, Русите, Украинците, Белорусите... Со кирилично писмо порано се служеле Полјаците, Чесите, Словаците, Хрватите и Словенците.

Во Моравија и Панонија свети Кирил се задржал 40 месеци по што отишол во Рим носејќи ги со себе моштите на свети Климент I,маченик и римски папа, чии земски остатоци ги нашол за време на мисијата.Во Рим бил пречекан од самиот тогашен папа Адријан. На заповед на Папата светиот Кирил и неговите ученици биле посветени по што, во црквата на светиот апостол Петар, одржале богослужба на. словенски јазик Во Рим Константин Филозоф-свети Кирил се разболел и на 14 февруари 869 година преминал. Пред да почине го зел монашкото име Кирил. Бил погрбан во Рим, во црквата „Свети Климент“. Неговите мошти се во саркофаг во црквата. Дел од тие мошти Неговото Високо Преосвештенство, монсињор доктор Киро Стојанов, Скопски бискуп и Апостолски егзарх во Македонија беше донел во Република Македонија. Денес тие стојат во неговата резиденција во Скопје.

На 24 мај моштите беа изложени во Католичката црква „Светите Кирил и Методиј“ во Богданц. Во чест на празникот беше отслужена Света Архиерејска Литургија и Молебен со кои чиноначалствуваше владиката Киро Стојанов, а мноштвото народ, главно од Богданци, но и од околните места,

имаа можност да се поклонат пред моштите на свети Кирил.

Мора да се признае дека изложување на моштите на свети Кирил во Богданци е голем и возвишен чин и богданчани за тоа треба да им заблагодарат на Католичката црка, на владиката Киро Стојанов и на отецот Тома Ангелов.

Од Молебенот во чест на Светите Кирил и Методиј

Садот со моштите

Продолжува на стр. 6 и 7

Се прослави Свети Атанасиј Велики, летен, Панагирот во Богданци

тел. 034/ 222-766

тел. 034/ [email protected]

Агенција за обезбедување на лица и имот

Богданци

тел. 034. 222.110; 222.220e-mail: [email protected]

БАЏО[email protected]

Просторот е слободен за

рекламирање.

Заинтересираните да се јават во “Поглед”

Свети Кирил

Page 2: Pogled Br.62 Maj

2 ПОГЛЕД , Маj 2014

Резултатите од изборите

10 тони хуманитарна помош

Околу 10 тони вода, храна, средства за хигиена и лекови на 20 мај беа натоварени на камионот со хуманитарна помош што се собра по повикот на Општина Богданци за донирање храна, вода, облека, и лекови за граѓаните од подрачјата во Србија, Босна и Херцеговина и Хрватска што настрадаа во неодамнешните поплави.

Одзивот на граѓаните и фирмите од Општина Богданци беше масовен.

Општина одбра главното собирно место да биде на просторот пред општината и по општинските установи училишта. Времето за собирање се определи да биде од 8 до 18 часот на 20 мај.

Секој минувач по главната улица можеше да види како граѓаните и фирмите масовно, со уредно спакувани нешта во кутии и соодветни вреќички и ќесиња, се

редеа на ред пред Општината за да ја донираат својата помош.

Највпечатливо беше донирањето пакети со вода во шишиња.

Вработените во Општината, несебично помогнати од бројните волонтери уредно ја примаа помошта и ја сортираа.

Пред крајот на денот десеттонски камион на фирмата „Туран“ беше паркиран пред Општината за да ја натовари донираната помош. Превозот на помошта што се натовари на камионот во Богданци и што се презеде од собирните места во Стојаково, Ѓавото и Селемли за да се превезе во просториите на „Црвен крст“ во Гевгелија беше донација од „Туран“.

Се натовари само помошта во храна, вода, средства за хигиена и лекови. Помошта во облека, обувки, ќебиња и слично остана во

собирните места во Општината и по општинските установи. Таа, според планот на Република Македонија, ќе биде дополнително прибрана и доставена на соодветните дестинации.

Во товарењето на помошта учествуваа граѓани-волонтери, членови на Фолклорниот ансамбл „Мегдан“ и вработени во Јавното претпријатие „Комунална чистота“.

Цело време акцијата за собирање на помошта, товарањето на помошта во камионот и превезувањето на собраната помош до „Црвен крст“ во Гевгелија беше координирано од Анастасија Олумчева, градоначалничка на Општина Богданци.

Понатаму со донираната помош, според планот на Република Македонија за собирање и доставување на помошта до поплавените подрачја, се префрли во надлежност на „Црвен крст на Република Македонија“.

Во Општина Богданци изјавија дека се задоволни од текот и резулататите од акцијата за собирање помош.

Стојаково - 1Стојаково - 2Селемли - 1Богданци - Ветеринарна 1/1Богданци - Ветеринарна 1/2Богданци - Гимназија 2Богданци - Пензионери 3Богданци - Гимназија 4Богданци - Петар Мусев 5Богданци - Млаз 6/1Богданци - Млаз 6/2Гавото - 1

Стојаково -1Стојаково - 2Селемли - 1Богданци - Ветеринарна 1/1Богданци - Ветеринарна 1/2Богданци - Гимназија 2Богданци - Пензионери 3Богданци - Гимназија 4Богданци - Петар Мусев 5Богданци - Млаз 6/1

Богданци - Млаз 6/2Гавото - 1

Непогодноста што ја имаат весниците со месечен ритам на излегување се состои во фактот што тие не се во состојба известувањата да ги прават во моментот кога тоа е актуелно.

Нужно е „Поглед“ да извести за резултатот од вториот круг на редовните избори за Претседател на Република Македонија, и за резултатот од предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија што, во Општина Богданци, се одржаа на 27 април 2014 година .

„Поглед“ тоа и го прави во оваа издание заедно со апсурдноста на известувањето: Новоизбраниот избраниот или реизбраниот претседател, Ѓорге Иванов, во моментот кога ќе се известува за изборот, веќе ја има прифатено функцијата, веќе ја има положено заклетвата и веќе ја врши должноста Претседател на Република Македонија.

Истовремено, додека овде ќе се сумираат резултатите од парламентарните избори конституирано е и Собранието на Република Македонија и веќе тече постапката за формирање на Влада на Република Македонија што, во суштина, е цел на секои парламанетарни избори.

Во вториот круг на претседателските избори учествуваа Ѓорге Иванов, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и Стево Пандаровски, кандидат на СДСМ и коалицијата.

Од вкупниот број 7.009 избирачи запишани во избирачкиот

список, 5.057 избирачи го дале гласот на важечки гласачки ливчиња. Од нив (вкупно со затворениците) за кандидатот Ѓорге Иванов гласале 2.866 избирачи, а 2.191 избирач го дале гласот за кандидатот Стево Пендаровски.

Изборите се одржаа на 12 избирачки места: На 8 места во Богданци, на 2 места во Стојаково и на по 1 место во Ѓавото и Селемли.

На изборот за пратеници во Општина Богданци учествува 9 кандидатски листи.

Од вкупно запишаните 7.009 избирачи во избирачкиот список, 5.034 избирачи го дале гласот на важечки гласачки ливчиња.

Од нив (вкупно со затворениците) за кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ гласале 2.609 избирачи, за кандидатската листа на СДСМ гласале 1.840 избирачи, за кандидатската лизта на ГРОМ гласале 260 избирачи, за кандидатската листа на ВМРО-НП гласале 156 избирачи, за кандидатската листа на ДОСТОИНСТВО гласале 71 избирач, за кандидатската листа на Коалиција за позитивна Македонија гласале 48 избирачи, за кандидатската лизта на СДПМ гласале 24 избирачи, за кандидатската листа на Народно движење за Македонија гласале 15 избирачи, за ДУИ гласале 11 избирачи.

Изборите поминаа без проблеми.

Page 3: Pogled Br.62 Maj

3ПОГЛЕД ,Маj 2014

ПАНАГИРОТЦртички од

животот на свети Атанасиј Велики

Свети Атанасиј Велики се родил на 31 јануари 296 година во Александрија.

Му бил ѓакон на александрискиот епископ Александар кого го придружувал на Првиот Вселенски Собор што се одржал во Никеја.

На тој Собор било утврдено православието, а учењето на Ариј било побиено и било прогласено за ерес.

На Соборот во Никеја бил усвоен Символот на Верата кој, за потребите на Соборот, го напишал Атанасиј. Така се прославил во православниот свет.

По смртта на епископот Александар бил избран за александриски епископ.

Четириесет години бил епископ.

Речиси цел живот бил гонет од власта и еретиците. На двапати морал да бега дури во Рим.

За потпора и духовна утеха често одел кај свети Антониј кого го почитувал како свој духовен учител

Дури пред смртта еден период проживеал мирен живот.

Се упокоил на 15 мај е во 373 година.

Православната црква двапати го слави свети Атанасиј Велики: на 31 јануари, денот на неговото раѓање и 15 мај, денот на неговата смрт.

Свети Атанасиј Велики, летен, е патрон на Православната црква и заштитник на Богданци.

Кумовците ка куп

Од лево: Лазо И.Шутаров, Магда Енџекчева, Коле Тренчевски, Весна Тренчевска, Коста Стратров, Мартина Тренчевска, Владиката Агатангел, Илија Шутаров, Ѓургица Иљачева, Здравко Иљачев, Софче Стојчевска, Трајанка Колевска, Ѕвонко Стојчевски, Марјан Колевски

Се случува ли препородба во празнувањето на Панагирот во Богданци? Долг беше списокот на кумовците што беа домаќини на Панагирот во 2014 година. Вака изгледаша претставувањето за „Поглед“: Лазар и Жаклина Шутарови со децата Илија и Стефанија, Марјан и Трајанка Колевски со децата Ристе и Николија, Ѕвонко и Софче Стојчевски со децата Александар и Иван, Магда Енџекчева, Никола и Весна Тренчевски со ќерката Мартина, Здравко и Ѓургица Иљачеви со синот Влатко, Коста и Рајна Стратрови со децата Миле и Виктор.

Изминатите две години попладнето на 14 мај времето беше ветровите, облачно и врнежливо. Тоа најчесто ги ограничуваше активностите предвидени за панагирското предвечерие.

И годинава тешките темни облаци се закануваа со дожд. Под таа закана дури беше откажана Изложбата на скулптури од пластична амбалажа изработени од учениците во општинските училишта која требаше да биде пропратена со музичко-сценско-балетска програма.

Имаше недоумица дали да се одржи и заедничкиот концерт на „Бранд Петрушев“ и „Мегдан“.

Времето сепак се смилува, облаците се растргнаа и работите тргнаа според предвидениот план.

Најпрво, на шеталиштето меѓу црквата и паркот, КУД „Бранд Петрушев“ и ФА „Мегдан“ одржаа

заеднички концерт наизменично изведувајќи дел од кореографиите од нивните репертоари. На општо задовиолство на сите концертот заврши со заедничко оро на играорците и публиката.

Потоа честувањето на свети Атанасиј Велики, патронот на Православната црква „Свети Атанасиј Велики“, продолжи со традиционалната претпразнична богослужба и вечерна трпеза.

Мноштво народ ги проследи предвечерните панагирски активности и седна на свечената вечерна трпеза.

Утредента, на 15 мај, прзнувањето продолжи со утринска богослужба со златоусна литургија со која чиноначалствуваше митрополитот Велешки и Повардарски, неговото преосвештенство, Агатангел.

По богослужбата се прекршија славските колаци од кумовците и се прибраа пријавите за кумство за Панагирот во 2015 година.

Ако списокот на кумови за оваа година изгледаше долг тој за идната година е уште подолг. За кумови на Панагирот во наредната година се пријавија: Илија и Гордана Лисичкови, Миле и Светлана Христови, Ацо и Мара Аризанови, Петар и Елена Чакалови, Зоран и Рисана Демерџиеви, Ристо и Љубица Кирови, Ристо и Магдалена Ичкови, Роберт и Марина Каркалашеви, Илија Чавдаров и Ристо Минов како една група кумови- друштво и Донка Богатинова, Сашка Аврамова,

Мики Шутаров, Магдалена Гогова, Верка Карапеева и Весна Паункова како друга група кумови-од Здравствениот дом. Вторава група кумови најавија дека списокот ќе се продолжи и со други пријави за кумство од Здравствениот дом.

По прекршувањето на славските колаци и пријавувањето на новите кумови на панагирот се постави свечена панагирска трпеза.

Масовното пријавување

за кумство, уште помасовното присуство на народ, додавањето други забавни содржини кон прославувањето, на Панагирот му даваат една поинаква димензија. Димензија која на честувањето му дава шмек.

Но и покрај се останува една шуплина во сето тоа. Како да недостасува нешто.

Празнувањето се ограничува само на црковниот двор и – толку.

За да биде Панагирот-Панагир богданчани празнувањето треба да го пренесат и во своите домови.

Панагирот да се претвори во празник на Богданци. Така како што тоа се прави насекаде.

Не се, белки, богданчани до толку скржави да не можат да си ги пречекаат и нагостат роднините и пријателите што ќе им дојдат на гости?

Или, можеби се?

Печати:„Софија“ Богданци

Жиро-сметка:270000000711867 Даночен број:МК4006991101880

Редакција: Маршал Тито 211484 Богданцител. 075 738834факс: 034 [email protected]/pogled

Издава: „СОФИЈА“1484 Богданци, ул. “Маршал Тито” 21

Директор: Драги Семенпеев

Илија Тумбов

Уредува редакциски колегиумТехнички уредници:

Јован РоглевВалентина Попова

Уредник:

Халк Банка-Скопје

Се продолгнуваат списоците за кумства

На Панагирот во исто оро се фатија „Бранд Петрушев“ и „Мегдан“Панагирите имаат моќ да ги

собираат луѓето.Со другарувањето луѓето

се запознаваат. Запознавајќи се откриваат дека не се различни, дека интересите им се исти и дека ќе биде добро дружбата да им стане цел.

Во очи на Панагирот, за време на заедничкиот концерт што во чест на Панагирот го приредија Културно-уметничкото друштво „Бранд Петрушев“ и Фолклорниот ансамбл за народни песни и ора „Мегдан“ играјќи наизмнично по една кореографија од нивните репертоари се случи, како завршен дел од концертот, играорците од двете друштва да се фатат во исто оро. Досега се немаше случено, за цело време од нивното постоење, двете друштва, не да се фатат на исто оро туку во исто време да не се појават на исто место. На Панагирот,ете и тоа се случи.

Page 4: Pogled Br.62 Maj

4 ПОГЛЕД , Маj 2014

Пишува: ИлијаТумбов

Поглед од мојот агол

П р и ч и н и и п о с л е д и ц и

1. Долго време со Иво и со Цанто

си се прашувавме. Иво ја постави дилемата, Цане појаснуваше како е по белиот свет. Дојдовме и до некои одговори, но одговорите никако не можевме да ги вкалапиме во нашиве услови.

За изборите се работи. Сега кога тие се зад нас, нешто ме тера прашањево да го раширам и кон вас.

Еве вака:А ќе дојдат избори партиските

активисти ќе се разлетаат по куќите делејќи пенкала, маици, капи...Имаше моменти кога се делеа и елеци. И патики имаше на располагање. Еден го беа избркале од партијата затоа што сите патики што му ги дале за да купува гласови си ги задржал за себе. Дури и јакни се раздаваа на времето.

Во културниот свет, во светот каде што избирачите не ги жигосуваат при гласањето, со продавање на рекламниот материјал во вид на капи, пенкала и маици се полнат буџетите на партиите. Тие што се членови на некоја партија или им се допаѓаат опциите што ги нудат ќе си купат нивен рекламен материјал како сувенири. Како со дресот на Меси или Торес. Така е по светот. На тој начин членовите и симпатизерите ја искажуваат својата лојалност кон партиите или кон нивните опции.

Не би можело да биде поинаку затоа што влезот и излезот на материјалните добра по правните субјекти се строго контролирани работи. Мора да се знае што се набавило, колку се набавило, како се набавило, со што се набавило, како е влезено во магацинот и како сето тоа е заведено во книгите. Потоа, ако, набавеното излезе од магацинот, треба да се знае кој го изнел, во која количина, каде го однел и слични работи и, што е најважно, за која намена. За сето тоа мора да постои документација. Ако не е така тогаш се отвора работа за Управата за јавни приходи, за Финансовата полиција и за Секторот за стопански криминал во Министерството за внатрешни работи. Се отвора работа и за Антикорупциска на Џоко Сламков. Се разбира дека независно од нив треба да одработи нешто и онаа, агенција ли беше дирекција ли беше, за спречување перење на пари.

Оваа се однесува за пенкалата и капите. За зејтинот, брашното и другите ситници што се делат пред и за време на изборите и да не помислуваме да си поставаме прашања. Не е во наша надлежност да си ја цепиме главата со тоа. Во секоја држава има надлежни институции на кои таа им е работата. Управата за јавни приходи, Финансова

полиција, Секторот за стопански криминал, Антикорупциска на Џоко Сламков и онаа, агенција ли беше дирекција ли беше, за спречување перење пари би било логично да се позабават со тоа. Обезбедувањето изборни гласови со подмитување е-корупција. Корупцијата е недозволена активност и за неа се одговара според Законот. Луѓе сме, наши сме, се познаваме и знаеме што се случува околу нас.

Кешот, пак, во белиот свет, донирањето пари за партиите, е книговодствена категорија. Се знае кој колку може да донира, се знае за донираното што добива што губи. Секој што донирал добива соодветен документ за тоа што го донирал и добива отчетен документ како се потрошила неговата донација. Велам кешот, ама таму кешот е бројка и секогаш минува преку сметките. Кеш на рака е непозната појава. Не дека ја нема. Ја има, ама е од другата страна на законот. На онаа потемната.Зошто? Затоа што кога бројката пари ќе се претвори во кеш, кога ќе се стори „шушки“, државата си го зема својот дел во вид на персонален данок од 10% кој, кога ќе се преточи во математика изведена според формула преминува, 11 проценти. Од тие пари се полнат централните и локалните буџети.

Кеш даден на рака е чист само ако на него е платен персонален данок. Данокот, ако не го плати тој што го дава кешот мора да го плати тој што го зел кешот. Тоа е работа на договор. Ако се утврди дека кешот не е сосема чист веднаш, такаречи, по автоматизам, се отвора работа за Управата за јавни приходи, за Финансовата полиција, за Секторот за стопански криминал, за Антикорупциска и за онаа, агенција ли беше дирекција ли беше, за спречување перење пари.

Така е по белиот свет.Така би требало да биде и кај нас.

Не гледам логика да се затвораат дуќани, да се казнуваат фирмите и сопствениците со илјадници евра само затоа што некоја инспекција и нашла на некоја вработена во фирмата 15 денари во џебот со кои планирала да си купи кифла за доручек, а на никој да не му стане незгодно што милиони, во кеш или во натура, за секои избори се растураат наоколу оштетувајќи ја државата.

Државата сме сите ние. Држава сме кога гласаме и кога очекуваме таа да ни го обезбеди тоа што ни го гарантираат Уставот и Законите.

Кој да ни ги обезбеди тие нешта? Власта за која немилосрдно на секои избори се тепаат партиите.

Партиите што од петни жили, пред секои избори, не убедуваат дека ако на нив им ја дадеме нашата доверба тие ... ќе правеле ...незнам што ќе правеле.

Меѓудругото, ќе направеле Управата за јавни приходи, Финансовата полиција, Секторот за стопански криминал, Антикорупциска и онаа, агенција ли беше дирекција ли беше, за спречување перење пари одговорно и професионално да си ја вршат својата работа оти на тоа почивала

државата.Ете тоа си се прашувавме во

предизборниот и изборниот период. Сега и вам ви го пренесувам нашето прашување, па прашувајте се малку и вие.

И ве молам немојте по кафеаните и на улица да спорите со моето мислење изразено во оваа колумна. Ако ми ги читате текстовите значи дека сте писмени. Ако сте писмени свиткајте го табакот, напишете си го вашето мислење и дајте го во весников. Дајте им шанса и на другите да дознаат за кои нешта не се согласувате со мене.

Неписмените се ослободени од таа одговорност. И, да се разбереме: Правам разлика меѓу учени и писмени. Учените не секогаш се и писмени.

Јас така, на оваа страница ги искажувам моите мислења. И само така работите имаат смисла. Зошто и вие не би го направиле тоа. Се разбира доколку мислењето е ваше, а не рецитација што, како домашна работа, ви била дадена да ја научите, а вие треба само да ја изрецитирате.

2.Не дека многу ги следев

партиските пресови на телевизиите, ама ми се погоди да го видам пресот на Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ.Излезе човекот и по ред им се заблагодари на граѓаните од секоја изборна единица, од секоја општина, од секој град, секое гратче, секое село дури од секое избирачко место што излегле на гласање и што го дале својот глас за победата на ВМРО-ДПМНЕ.Богданци не го спомна.

Животот ме име научено дека се што се случува се случува со причина. Неспомнувањето на Богданци на оној прес, најверојатно, е последица. Се обидов да ја побарам причината бидејќи сум загрижен.Загрижен сум затоа што ако за последицата има причина, причината ќе биде причина и за други последици. Ќе видиме.

3.Многу силна волја треба да се

поседува за да се потиснат желбите и со незаиинтересираност да се проследи нечија заинтересираност.

4.Среќна околност е што некои

луѓе се луѓе.Некои луѓе да биле зима, на

пример, со студенилото што извира од нив ќе направеа пустош наоколу.

5.На Мрежата прочитав дека се

успеало да му се стапне на опашката на пијанството.Демек пред да се почне со пиењето да се голтне една лажичка сув квасец. Квасецот го има во кесички по продавниците. Во него, во квасецот, имало некој шеј што го разложувал алкохолот уште во желудникот, па тој не влегувал во крвта и, потоа, во мозокот.

Алкохолизираноста со разложен алкохол не ги давала истите резултати како алкохолизираноста со неразложен алкохол. Паралелата оди вака: Неразложениот алкохол предизвикува замаеност и шуткање, генерира двојни слики во видното поле, одвнатре ти доаѓа „чаше ломим руке ми крваве“, ти се надига

за повраќање... Со разложениот алкохол се ескивира замаеноста и шуткањето, не се генерира двојни слики, нема „чаше ломим руке ми крваве“, нема повраќање,...нема ништо од тоа. Жива згода.

Му го кажав ова на Тихо. Ме направи за никаде: „Шо има да пијш, ми рече, аку не сајш д’ с’ упијш. Аку не сајш д’ с’ упијш - пиј си вода.“

Да бе, си реков, во право е човекот.

6.Колегата Џоко Танев ме

изненади со забелешки за наравоучението што го бев дал со басната за врапчето, кравата и лисицата објавена во минатиот број.

Џоко ми е колега, заедно работиме, го бива човекот за конверзација, знае доста работи и начинот на кој ја видел басната ми се допадна.

Д о п о л н и т е л н и т е наравоученија од Џоко Танев ќе ги објавам во рубриката за шеги.

Во овие турбулентни времиња не е лошо на ум да се имаат и таквите поуки. Колку да се знае дека нештата не се секогаш такви кави што изгледаат.

И тоа е поседување на дух. Дух за да се проникнува во нештата.

7.Гледам како одредени

запаленковци, на брановите на некаква имагинарна еуфорија, си летаат со умот.

Аман, бе, сакам да им кажам од оваа место, олабавете малку. Симнете се. Бран е овој на кој се обидувате да сурфате. Секој бран е само-бран. Разбрануваност е таа, размрдана од голема енергија. Енергијата со која се хранат брановите доаѓа од длабочината. Длабочините секогаш се обвиеи со таинственост, да не речем со мистериозност.

На брановите може да се ужива, но брановите понекогаш знаат да поклопат и да повлечат кон бездната на длабочината.

Личното во оваа приказна е што никој што бил „поклопен“ од бранот и завлечен во длабочините не останал таму. Секој ќе биде исфрлен на брегот, но тоа веќе нема да биде Тој. Тоа ќе бидат само остатоци од Него. Има безброј примери за такви случаи. Распрашајте се наоколу. Ќе ви се разјасни дека сурфањето врз бранот на еуфоријата го овозможува стоењето на даската за сурфање. Се додека се стои на даската можно е „возење“ на брановите. Се шм’гне ли даската од поднозе не бега заитувањето кон ДИБОТ.

8.-Како стар пес сум. Лежам во

дното на двориштето се гледам, се слушам се знам.

Понекогаш и лавнувам, но никој не ме сфаќа сериозно.-се вели во мислата на еден стар мајстор на Зборот и Кажувањето.

Грешка е несериозноста и несфаќањето. Секогаш треба да се обрнува внимание на лавежот од старите пси. Старите пси не би ја трошеле силата на залудно лаење. Сигурно имаат нешто за кажување

9.Со големо задоволство и радост

објавувам:На 14 мај 2014 година, во

рамките на панаѓурските активности, во очи на Свети Атанасиј Велики, летен, по заедничкиот концерт одржан на шеталиштето во Градскиот парк пред Православната црква на кој наизменично изведуваа по една кореографија од своите репертоари, „Бранд Петрушев“ и „Мегдан“ изиграа заедничко оро на кое беа поканети да се нафатат, и се нафатија, и присутните граѓани од публикатата.Глетката беше величествена.Децата му покажаа на возрасното Богданци како треба да се однесува во заедништвото.Браво.

10.Се прослави Панагирот,

Свети Атанасиј Велики, патронот на Православната црква и заштитник на Богданци.

Ги имаше традиционалните претпанагирски црковни активности, претпанагирска трпеза, имаше културно-забавна програма (Ретко каде има парк, шеталиште, црква и ресторан на оддалеченост педесетина на педесетина метри и сето тоа во строгиот центар на градот. Богданци ја има таа привилегија. Кога веќе ја има треба и да ја користи на секој можен начин.).

Имаше планирано и други активности, независни со другите, но ќе беа збогатување на севкупните случувања, што, поради нестабилното време се одложија.

На самиот Панагир се приредија сите традиционални содржини.

Неколку дена потоа се одржа Фестивалот на Слаткото од диви смокви.

Паркот им беше место за покажување на креациите од отпадна пластична амбалажа во вид на скулптури и на разни забавни програми во насока на подигање на еко-свеста на децата од општинските училишта.

Се редат работите.Богданци изгледа го нема

изгубено сиот дух што го красел низ изторијата.

Католичката црква „Светите Кирил и Методиј“, на нивниот патронен празник и празникот на просветата во Република Македонија во Богданци донесе мошти од свети Кирил, заедно со брат му Методиј, основоположникот на сесловенската писменост.

Се се тоа активности што им доликуваат на градовите.

Богданци е веќе град. И богданчани полека, полека се претвораат во граѓани. Не граѓани од гласачките списоци, туку граѓани наследници на селаните од минатите периоди кои Богданци го воздигнале до небесата.

Во нивно име да продолжиме по нивниот пат.

11.Ценам инвентивност. Ако е

преточена во издржан креативен дух-уште повеќе. Ја сменив концепцијата на весникот во оваа издание за да известам за содржината која мислам дека имаше „штоф“ во себе.

Ми требаше колор страница, а имам само две.Ќе беше премногу ако посегнев по насловната.

Пишува:

КрстеЛештов

Најважното

Најважното...Колку што одам понапред,

толку повеќе среќавам – ништо. На тоа ништо може да му се дадат многу имиња: празнина, светлина, љубов, вечност, милост, бог. Но на крај тоа сепак останува ништо, не е определено бидејќи е сė. Во светот постојат тип на луѓе кои што не ги интересира смислата на постоењето и тие не се трудат да го разубават

животот на вистински начин, не се трудат да бидат природни и затоа постојано се борат. И друг тип на луѓе, кои сакаат да ги живеат вистинските вредности на животот, кои се свесни дека мора да се вратат кон вистината и да се регенерираат. Ако човекот е битие на природата, и ако природата е во човекот, само умот може да создаде свет кој што е во спротивност со вистинската природа на луѓето. Сите приказни започнуваат во чистота. Секое раѓање носи чистота. Нечистотиите понатаму се наталожуваат. Повторното раѓање или смртта на илузијата се случува кога нечистотиите се чистат. Ние не сме тие нечистотии кои ги доживуваме. Тие се создаваат и се чистат,

суштината останува недопрена. Ние сме таа суштина. Битието во нас постојано повикува, од нас зависи дали ќе го разбереме и послушаме. Тоа знае што е најдобро за нас. Ако сме од природата, тогаш треба да се препуштиме на неа, чувствувајќи што е најдобро за нас.

Од моето животно искуство, најважно е да се чувствува. Најпрво телото што ни е даден како најблизок пријател, да се чувствуваат неговите потреби, бидејќи телото е она што ни овозможува престој во овој свет. Потребите на телото без да се меша умот. Во состојби на умствена нестабилност, телото пати заради неправилно изведени акции. Телото потоа реагира на тоа, може да се

разболи и да страда. Телото мора да се разбере. Сė поседува врховна интелигенција, но треба да се дозволи таа да функционира. Затоа се чувствува. Треба да се отстранат пречките, во умот, да се излезе од неповолните прилики кон кои води умот.

Живееме во ера на опиеност. Критичната точка е одамна постигната, штом оние кои се задолжени да ја одржуваат рамнотежата на Земјата, не си ја вршат работата. Порано религијата била столб на вистината, денес таа може да биде сė само не вистина. Во време кога владетелите не се грижат за народот, а свештениците се далеку од светлината, само чувството

може да нė осветли. Вистината е тука и сега, потенцијалот е во нас, љубовта сме ние.

Почетокот на магијата се случува кога потенцијалот започнува да се активира. Случувањата се непредвидливи. Дали ние ја создаваме иднината или се прилагодуваме кон веќе одбрана иднина? Никој не знае, животот е мистерија која се открива во секој нареден миг. Секогаш нешто ново и дотогаш невидено. Секој нов миг е нов. Во него се крие тајната на смислата за нашето постоење. Во овој миг времето престанува, сė потонало во вечен мир. Најважно е, да доживееме... Чувствувајќи.

Page 5: Pogled Br.62 Maj

5ПОГЛЕД ,Маj 2014 ОД МОЈ АГОЛ

МОЌТА НА НАСМЕВКАТА

Големо задоволство ми е што можам да го следам „Поглед“ преку социјалните мрежи дури и преку океанот. Се чувствувам како тој да е врската со она што остана зад нас, толку блиску, а сепак толку далечно. Во споредба со животот во „ветената земја“ таа грутка земја наликува на вистински Твин Пикс. Оние од мојата генерација веројатно памтат. Серија за едно мало гратче во кое се случуваат мистериозни, криминални и тајни активности кои никако да се разрешат. Паралелета не ми е грешка. А Богданци, а Твин Пикс, исто ти се фаќа.

*** Едно време за

Априлијадата беше задолжен Домот на културата. Г-нот Марјан Карастојанов како одговорно лице уште најмалку месец дена пред настанот ќе поминеше во училиштата и ќе оставеше испечатена маршрута и визија за програмата на 1ви април. Секогаш беше отворен за сугестии и имаше креативен избор на награди од едукативен карактер. Од училиштата бараше и очекуваше да ги организираат своите вработени за сè да мине во најдобар ред. Што се случило во меѓувреме? Вие сте таму и може си знаете, ама ние овде не знаеме. А нè интересира!

*** Многу ме погоди ставот на

г-нот Тумбов за Љубчо Георгиевски. Можеби тој став се темели на пријателската врска со неговото семејство која недвосмислено е спомната, па авторот одлучил да биде „благ“. Кога вели дека „човекот

е ист“ се надевам дека мисли само на надворешната физиономија (иако се сомневам). Во времето кога Љубчо никнуваше како „војвода“ јас бев средношколка во еден клас во кој најголем дел од моите соученици беа деца на директори и важни персони. Како деца ние многу не разбиравме од политика ама ги отсликувавме ставовите на своите родители. Моите сокласници зборуваа дека партијата ВМРО-ДПМНЕ е фашистичка. Јас со таа идеја си дојдов дома, а татко ми ми ја подаде партиската програма и ми рече да не бидам „овца“. „Прво прочитај – после зборувај“ – беше пораката. Не оспорувам дека Љубчо има значајно место во македонската историја. Тоа никој и не смее да го оспори. Тој беше човекој кој се осмели да излезе пред масите со ВИЗИЈА за независна, самостојна Македонија, македонска валута, македонска армија, македонска репрезентација, во време кога сите други „се лигавеа“ по остатоците од СФРЈ и се држеа за панталоните на Анте Марковиќ. Со реализацијата на таа идеја Љубчо го запечати своето место како лидер на тогашното ВМРО-ДПМНЕ. Ние бевме млади. Го следевме. Му верувавме. Бевме помалку или повеќе националисти, бидејќи оние другите не можеа да се помират дека станавме независни. Уште тогаш нè обвинуваа дека заговараме војна заради нашите идеали. Кога велам „НÈ“ мислам на ВМРО-ДПМНЕ и идејата, програмата и агендата која партијата ја имаше. Љубчо беше нејзиното олицетворение. Но истиот овој човек кој се чинеше дека има доволно доблест да се повлече од политиката и на сосема легален конгрес да му го отстапи лидерското место на човекот зад кого и сам стоеше (Никола Груевски), одеднаш „забега“. Стана алчен за власт. Си го погази својот збор. Се попишмани.

Јас во тој период бев

претседател на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Богданци и по функција член на Централниот Комитет. Овој човек и неговите пајташи не бираа средства да нè заплашат, присилат и натераат да не му изгласаме поддршка на Груевски како нов лидер. Во тие тегобни денови кога некои „фаци“ се осмелија да ми кажат дека треба да внимавам со изборот оти „несреќи се случуваат“, јас Илија, бев мајка на две деца, од кои едното беше одвај една година. Ти и многу други не знаете каква беше таа агонија. Вие не бевте на тој Централен кога Љубчовите поддржувачи нè држеа буквално затворени во конгресната сала, кога луѓе внатре паѓаа во несвест оти беа без воздух, гладни, жедни и исплашени, додека надвор парадираа луѓе со оружје. Во тие денови, „војводата“ Љубчо го изгуби сиот кредибилитет како лидер. За мене стана обичен, нецивилизиран насилник. А кога неколку години подоцна ја објави онаа колумната за „размена на територии“ за мене стана и предавник.

Јас не ти забележувам што си избрал да го повеличаш човеков. Со тебе сум дебатирала и разговарала за многу теми и ти знаеш дека те почитувам. И заради возраста и заради мудроста. Но прашањето кое си му го поставил е погрешно по многу основи. Требало него ЛИЧНО да го прашаш што стана со идејата и заклетвата на кои тој беше обврзан. Оти да, ние останавме верни на идеалите, а тој се продаде! И што да ти каже кутриот? Ти се насмеал. Арно кога имал образ и за толку. Оти види го сега! Заврши рамо до рамо со Бранко Црвенковски и СДСМ. Ако твојата порака била наменета за тие „подлизурковци“ со „ген што предпочита служење“ јас претпочитам да бидеш подиректен. На крај краеви, што да се заклучи?

Каков учител – такви ученици. Сè што им требало – научиле од него!

*** Ми текна деновиве на

она видеото што го кружеа по социјалните мрежи и електронските медиуми за човекот што беше украл пупи или чоколадо од една продавница. Газдата пак – гласен, ќе испука. Ами оние бре што крадеа со цистерни, со актовки, со вреќи, со цели жиро-сметки, со ликвидации и распродавање на тоа што не е нивно? Има уште да бидеш нервозен Илија... назад ти е зимата.

***Така не сакајќи, погледот ми го

фатија и тие партиските огласи пред изборите. Имаше таму една убава табеличка за стопанството во 2006 и 2014-та. Доста сликовита, ама за жал – нецелосна. И фалеа раководните лица на претпријатијата. Оти, да не се лажеме. Се знаеме кои сме. Ама ако ја кажеме вистината може да се посрамотиме. Ќе излезе оти болката е токму од „нашите“. И уште една ситница за таа втората табеличка за водата и струјата. Година 2006. Мојата плата како професор 11.200 денари + 2.300 денари хранарина; вкупно 13.500 денари. Сега не знам. Ама во 2012-та кога заминав од Македонија вкупната плата на професор (со полн фонд на часови) беше 0д 21.000-22.000 денари. Баба лаже-трап не лаже. Извадете ги платните списоци. И онака, тие се информација од јавен карактер.

***„Млаз“ кутриот одамна е

умрен. Овие обиди да го „воскреснат“ се херојски и за почит, ама тенка е работата. Од „Млаз“ е останата само шупутирката. Пресушена.

***Многу ме израдува што некој

конечно проговори за темите на првоаприлските маски. Одамна устата пена ми фаќаше за некои

недоносени и недоветни работи – ама кој да чуе. И така кучињата си лаат - карванот си врви. После некоја година ќе ги видиме истите тие деца на кои никој не им посочил каков треба да им биде моралниот компас како објавуваат морбидни слики на Фејсбук, слушаат сатанска музика и обожаваат погрешни идоли. Да, некој треба да одговара. Подеднакво, наставник или родител(и). Ама редно е на појавите да им се даде име и презиме.

***Овде во Америка има многу

Македонци. Ги има и по Европа, Канада, Австралија. Сите живеат добро. Ако ви се жалат, ве лажат. Во некоја друга прилика ќе напишам нешто повеќе за тоа. Она што сега најмногу ме мачи е тоа што поголемиот дел од овие нашинци се доста „зафатени“. Со години се во странство. Стасале до влијателни функции. Заработуваат пари кои Македонецот може само да ги сонува. Со еден збор – богати се. Ако ги погледнете имињата на оваа веб-страна: www.mekemigration.com во колоната „Истакнати иселеници“ на прсти на едната рака ќе ги изброите оние кои воопшто погледнале на Македонија. Зборувам за оние кои, ако не друго, барем пробале да инвестираат во родната грутка. Лесно е од далеку да бидеме патриоти. Ама патриотизмот треба да биде преточен во помош, инвестиции, надеж за народот. Дека има многу „лежи-лебовци“ има, ама има и чесен, работен народ кој бара работа за парче леб. Вака, што фајде оти ги гледаме „фациве“ и читаме за нивните лични успеси? Голема работа. Тие со морковот, Македонците со стапот. Ама нејсе, може некогаш и народот ќе се поосвести, па ќе разбере кој (не) е достоен за почит.

До тогаш, Ве поздравувам и Ви посакувам секое добро.

Во времето кога татко ми беше раководно лице во основното училиште, јас како и секој млад човек со вжештена глава кој мисли дека знае сè, често имав дискусии со него за тоа како треба се води тим, да се управува со организација и општо, како еден раководител треба да се справува со секојдневните предизвици во едно училиште. Благо е да се каже дека имавме различни ставови. Нашите ставови во тој поглед беа дијаметрално спротивни. Додека тој се обидуваше да ми докаже дека човек треба да биде опуштен во интеракцијата со другите, дека вработените треба да имаат чувство на одговорност и припадност, дека на грешките најпрво треба да се укаже пред да се делат казни – јас постојано му тврдев дека е „во грешка“. Во тоа време сметав дека во училиштето има неколку „персони“ кои воопшто не треба да бидат таму бидејќи чувството за одговорност им беше во ембрионална фаза и силно верував дека треба постојано да бидат „под надзор“, казнувани, па дури и отпуштени. Гледајќи ме како размислувам, тој ќе одмавнеше со главата и ќе ми кажеше; „Времето ќе покаже дали си во право“.

Набрзо потоа, без да се консултирам со никого, а

водена од амбиција и желба за „акција“ конкурирав на огласот за претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ и за (не)среќа, по еден долг процес од неколку месеци бев избрана на функцијата. Оф, само да можев да го снимам изразот на неговото лице кога му ја соопштив вестта. Се сневесели, не се израдува. „Ќерко, само што си се нафатила да ги искачиш Хималаите! Зошто не ме праша?“ – ми рече. Е, зошто де? Веројатно затоа што некои патишта во животот мораме да ги изодиме сами, колку и да се трнливи. Во подоцнежните години ја најдов онаа изрека која вели дека „она што не нè убива, нè прави посилни“, па така и ова искуство иако финансиски, психички, физички и емоционално ме чинеше многу скапо – не ме уби. Не знам дали ме направи посилна, но (од денешна перспектива) дефинитивно – помудра. Значи, зборувам за време кога низ мозокот уште ми течеше „лава“, иако јас сум 100% ќерка на моите родители и се сметам за Божјо чедо, па сè што сум направила во животот било со убедување дека за идеалите вреди да се загине, дека да се биде праведен „до смрт“ е единствена опција и дека тоа оди во пакет со строгост, дисциплина и правила. One size fits all. Еден калап за сè. (А дека во тоа време си направив повеќе локални, регионални и државни непријатели одошто пријатели – ич и да не спомнувам!)

Нејсе, наведната глава сабја не ја сечела, ама јас и тоа не го знаев, па држејќи ја мојата поприлично подисправена – ми ја отсекоа. И

што прави човек во таква ситуација? Станува негативен. Депресивен. Разочаран. Огорчен. Или сè наеднаш. Но некои работи не ги лечи ни најдобриот лекар, едноставно им треба време. И прифаќање. И помирување. И простување. Ми требаше време да прифатам дека луѓето не се совршени, дека повеќето ако не сите гледаат како да се дограбат до позиција, интерес или функција, дека тоа што си „фин“ и праведен не помага во светот на валканата политика. Ми требаше време да се помирам со фактот дека многу од луѓето кои тогаш (навидум искрено) влегуваат во твојот живот само те искористуваат за своите лични цели. Се помирив дека истите тие луѓе за кои душата ќе ја дадеш и се жртвуваш, трчаат да ти го заријат ножот во грбот, а кога повеќе не си на „столот“ те заменуваат со нови и пресни пријатели со кои можат да си ги остварат сценаријата за кои мечтаеле и се преправаат дека никогаш не те познавале. И на крај, најмногу време треба да им простиш на сите кои те мразеле, газеле, прогонувале и плукале заради тоа што си сакал да останеш свој.

Има една голема тајна во способноста да се прости. Библиското простување значи да заборавиш што било, да избришеш нешто како никогаш да не се случило и да можеш истите тие луѓе да ги погледнеш со „нови очи“. Без предрасуди. Без омраза. Без гнев и презир. А најтешкиот дел од сето тоа е да се обидеш повторно да ги сакаш. Имаше време кога бев сигурна дека јас никогаш нема да

дојдам таму. Додека врвев по тој пат, на своја кожа осетив секаков тип раководители. Поразлични од татко ми. Видов неуки диктатори кои експресно ми го оладија мозокот за тој тип лидерство. Видов неписмени пајљачовци кои освен личен интерес ништо друго не ги интересираше. Освен неукоста, имаа уште едно нешто заедничко. Со исклучок кога ги сликаа или снимаа- не знаеја да се насмеат. Кога човек ќе влезеше во нивната канцеларија го пречекуваше или камен или мафтање на раката со значење „бришка, не сега!“ После овие мачни искуства за прв пат открив колку се убави луѓето кога се позитивни и кога се смеат. Такви сме ние луѓето, нештата ги забележуваме само кога ги нема. Инаку сè знаеме да земеме здраво за готово. По извесно време почувствував дека таа „крива линија која исправа многу работи“ може да направи голема разлика. Одлучив повеќе да се смеам. Дури и кога не ми беше до смеење.

Кога се соочив со некои од моите „непријатели“ најдов сила да ги погледнам со насмевка. Открив дека и не било толку тешко. Велат дека една ластовичка не прави пролет, ама кога ќе ја видиме првата знаеме дека пролетта е близу. И една насмевка не прави лавина од промени. Ама знае да го стопли срцето. А стопленото срце знае да врати, да даде. Кога седнав на раководното столче во гимназијата, сите овие нешта ми поминуваа низ главата. Знаев што не сакам да бидам и како не сакам да бидам тертирана. Знаев дека во текот на лошите искуства пораснав во личното животно искуство, дека тато - ако

не 100, сигурно 90% бил во право. Можеби затоа во последните неколку години искусив вистинска среќа. Одвнатре. Од срцето. Го доживеав животот на друго, поисполнето ниво. Престанав да се жалам и да „кукам“. Навистина, бидете реални. Размислете колкумина луѓе познавате кои секогаш кога ќе ги сретнете не знаат да кажат ништо друго освен да „кукаат“ и да се жалат. Таквите буквално како да ти ја исцицуваат животната енергија. Посакуваш да избегаш од нив што побрзо. Се вртат во магичен круг од кој не се обидуваат да излезат. Заробени во својот очај, во телесните ограничувања и во песимизам.

Јас ете, избрав да бидам среќна. Позитивна. Да се смеам. Без ограничувања. Секогаш. Кога сум здрава и кога сум болна, кога сум расположена и нерасположена. Пофалена или критикувана. Открив дека како и сите други нешта во животот и тоа станува еден вид навика. По некое време не чувствуваш што те прави посреќен, дали фактот дека си исполнет или фактот дека некому си му го разубавел денот. Моќта на позитивната мисла, моќта на насмевката е голема. Облагородува. Сплотува. Развеселува. Отвара врати. Премостува разлики. Топи мразови. Инспирира. Менува животи.

Дајте си шанса самите на себе да бидете посреќни. Насмејте се. Смејте се. Ќе бидете изненадени. Ќе бидете наградени. И верувајте – ќе живеете подолго, посреќни и поблагословени.

Пишува: ЕвгенијаЌука

Пишува: ЕвгенијаЌука

Page 6: Pogled Br.62 Maj

6 ПОГЛЕД , Маj 2014

Моштите на свети Кирил во БогданциПродолжение од стр 1

Поглед наназад

Кукушката-Солунската Унија

и Католичката црква „Свети Кирил и Методиј“ во БогданциНационалното будење кај

Македонците, во споредба со другите балкански народи, се случило подоцна. Некои автори тоа го објаснуваат со тоа што територијата на Македонија, како централен дел на Балканскиот полуостров, расположена на оските на двата главни патни правци за движење по Балканот: долината на реката Вардар во насоката север-југ, денес именуван како Коридор 10, и патниот правец запад-исток позициониран главно врз стариот пат Виа Егнација кој денес се именува како Коридор 8, отсекогаш имала големо гео-стратегиско значење, па за случувањата во неа имало секакви интереси и влијанија.

Други автори го земаат предвид и фактот што во Македонија низ вековите се имало населено голем број население од немакедонско потекло, а со потпаѓањето на Македонија под отоманско ропство тука било населено и инородно население со исламска припадност. Во такви околности Македонија, во рамките на Отоманската феудална империја, тешко можела да го следи капиталистичкиот развој што се одвивал во другите европски држави. Кога во 1767 година Портата, под притисок на Цариградската патријаршија, ја укинала Охридската

архиепископија раководена од архиепископот Арсениј, состојбата во Македонија станала уште потешка. Цариградската патријаршија, постојано под влијание на грчкиот елемент, се залагала за погрчување на Македонија.

Македонците што не се согласувале со таквиот развој на настаните се обидувале да ја оживеат идејата за возобновување наОхридската архиепископија и враќање на нејзината самостојност и, преку воведување на словенскиот јазик во црковните богослужби и во секојдневната употреба, со текот на времето, кај Македонците ќе оживее и да се развие идентитетската самосвест.

Кон средината на деветнаесеттиот век, кога по македонските градови почнала да се развива трговијата и економијата, во градовите Кукуш, Ениџе-Вардар, Сер, Дојран и делови на Солун како и другите места во нивната околина се родила идејата дека остварувањето на културно-происветните и црковни права може да постигне преку соединување со Католичката црква во Рим. Тоа соединување се реализирало во 1859 година. Во прво време, според документите, соединувањето било именувано како Кукушко-Солунска Унија. Подоцна

преовладало името Кукушка Унија.Богданци, самото расположено

во непосредна близина на Кукуш, веднаш се вклучило во случувањето.

Во 1883 година христијаните од Солун, Кукуш и околните места основале Македонски апостолски викаријат.

Во 1885 година во солунското предградие Зејтенлик се отворила семенарија каде што локалното население можело да се образува и подготвува за свештеници. Со тоа се поставиле основите за добивање на автохтон домороден клер кој црковните богослужби ќе ги врши на народен македонски јазик во согласност Источниот или Византиски католички обред, што е всушност богослужба според Православните црковни правила, но под заштита на Ватикан.

Отворањето училишта со настава на народен македонски јазик по населбите се наметнало како приоритет.

Во Богданци се отворило машко училиште што го водел Гоне Џишев, со образование оформено во семинаријата Зејтинлик. Истовремено во куќата на Христо Костенаров било отворено женско училиште водено од сестрити Евхаристинки во кои членувала и сестрата на Христо, Петрана.

Во 1880 година, со доброволни

прилози на богданчани, се изградила сегашната Православна црква „Свети Атанасиј Велики“. Во црквата, под влијание на Цариградската патријаршија се служела богослужба на грчки јазик.

Под влијание на Егзархистите богданчани побарале од турските власти да им се одобри градење на друга црква. Црквата била изградена во Лештовите дворови. На иницијаторите (Ристо Шапкаров и Дељо Каркалашев) им снемало пари за довршување на црквата. Некој богат кукушанец по име Тенчев се понудил да им даде пари да ја доградат црквата, но во неа да се служи католичка богослужба со источен обред.

За народен македонски јазик се залагале и католиците и егзархитите. Помошта била прифатена и црквата била доградена.

Нопвата црква била именувала „Светите Кирил и Методиј“.

Во 1884 година година егзархистите насилно ја присвоил црквата истерувајќи ги избркале католиците од неа.

Католиците немањето простор за богослужба во 1885 година изградиле дрвена во Топаловите дворови што се викала „Свети Андон“.

Во 1889 година патријаршистите ја запалиле црквата

по што таа целосно изгорела.Католиците, останувајќи

повторно без црква, собрале пари, откупиле некоја турска куќа и ја прилагодиле за црква. Во неа богослужеле до 1908 година, до Уриетот.

За време на Уриетот турската власт се овозможила изјаснување на населението која црква кому да припадне.

Егзархистите биле во мнозинство и ја презеле од патријаршистите црквата „Свети Атанасиј Велики“.

Така се ослободиле црквата „Свети Кирил и Методиј“ изградена со помош на католиците, па таа им припаднала на католиците.

Во Католичката црква „Свети Кирил и Методиј“ во Богданци, во чест на солунските браќа и во чест на 150-годишнината од потпишувањето на Кукушко-Солунската Унија, на 24 мај, Денот на светите солунски браќа и сесловенски и македонски просветители Кирил и Методиј и Денот на македонската и сесловенска писменост, беа донесени мошти од Константин Филозоф или Кирил, според неговото монашко име.

Богданчани масовно се поклонија пред моштите на Светителот.

Фотографиите зборуваат повеќе од зборовите

Продолжува на стр. 7

Page 7: Pogled Br.62 Maj

7ПОГЛЕД ,Маj 2014

Продолжение од стр.6

Page 8: Pogled Br.62 Maj

8 ПОГЛЕД , Маj 2014

Заслужен, а заборавен

Во Богданци до денес (половината од втората деценија дваесет и првиот век) опстојува семејството Љулеџиеви, но за нивниот предок Васил ни најстарите денешни богданчани не се сеќаваат, а уште помалку од нив знаат дека тој Васил имал големи заслуги за македонското ослободително дело.

Кој бил Васил Љулеџиев?Васил Љулеџиев потекнува од

семејната грана на Васил Сапламаев.Васил Сапламаев имал три

деца: синовите Христо и Дине и ќерката Софија.

Ќерката Софија била мажена во Миневи.

Синот Дине имал син по име Ристо.

Синот Христо ги имал синовите ВАСИЛ и Мито; и ќерките Фршина, Марија и Јордана.

ВАСИЛ ХРИСТО ЉУЛЕЏИЕВ ги

имал ќерките Слобода, мажена за Ване Таушанов, и Марија, мажена за Благој Кацаров и синот Јован оженет за Тодора Поп-Ристова.

Васил Христо Љулеџиев бил роден во 1880 година

Информациите се добиени од Крсте Патрушев (1913-2007) и Васил П.Попов (1937).

Останало да се кажува дека семејното презиме било добиено од прекарот Љулеџија, според луле, онаа справа за пушење тутун. Дали затоа што Христо произведувал лулиња или затоа што бил постојано со лулето в рака, не е познато.

Прелистувајќи некои книги дојдов до податок дека Васил Христо Љулеџиев во местната организација на Тајната Македонско-Одринска Револуционерна Организација бил примен кон крајот на 1896 година заедно со Гоне Петрушев, Дино Петрушев, Петруш Дељо Каркалашев, Мито Такашманов, Христо Трајко Лисичков, Дељо Пецанов, Дино Андон Енџекчев, Васил Пецанов, Гоне Мицо Стоилов, Михаил Иван Таушанов, Дељо Митар Кал’чев, Гоне Ванчев Пеливанов,

Христо Гоне Чакалов, Коце Стаменов, Глигор Илиев Каракамишев, Мицо Донин-Кадијата, Михаил Василев Шапкарев, попот Глигор Јанев, Јанко Христо Шапкарев, Христо Гоне Карапуцев, и други. ( според „Спомени“ на Илија К.Докторов-Софија од 2004, стр.10-14)

Васил Љулеџиев од 1896 до 1934 година, околу 40 години, со паузи, вршел курирска должност, прво во месниот комитет, а подоцна и пошироко.

Тоа го правел и по поделбата на Македонија кога македонските комитски чети од Македонија под бугарска власт влегувале во Македонија под српска власт.

Со четите кореспондирал со ваков знак: Зашилен стап бил забодуван во определен прнар што бил договорено да биде место за оставање знаци. Ако забодениот стап бил наведнат накај запад се кажувало дека четата откај бугарска Македонија е влезена во српска Македонија. Ако стапот бил наведнат накај запад се кажувало дека четата ја има напуштено српска Македонија и е префрлена во бугарска

Македонија.Васил Љулеџиев учествувал

во Балканските војни и во Првата светска војна. Сите војни ги преживеал и се вратил дома.

Кога во 1920 година била обновена ВМРО Васил продолжил да соработува со гевгелиската автономистичка чета како курир и јатак.

Според наредба од тогашниот српски министер Драшковиќ, издадена во 1920 година, заради некаква божемна евиденција, со напомена дека нема да им се наштети, морале да се пријават сите поранешни учесници во македонското ослободително движење и учесниците во војните од 1912 до 1918 година. Но пријавените биле осудени на високи казни во синџири.

Во гевгелиско-валандовскиот крај биле осудени десетина такви лица меѓу кои и Васил Љулеџиев кој времено престојувал во Окружниот затвор во Кавадарци.

Поради заслугите што ги имал Васил, Организацијата се заложила да го спаси.

До судот во Кавадарци било испратено заканувачко писмо и извесна сума пари. Во писмото кратко стоело запишано: „Почестете се и ослободете го Васил Љулеџиев оти, во спротивно, Судот ќе летне во воздух, а и вашите фамилии.“

Еден службеник во Судот го прашал Васил: „Љулеџијевиќу, кои ти се тие што пратиле пари и писмо? „Од каде да знам, одговорил Васил, вие треба да знаете.“

По некој ден Васил навистина бил ослободен. Се прибрал дома и почнал да работи на домашното земјоделие. По земјотресот од 1931 година почнал да работи и како ѕидар.

Васил и натаму потајно соработувал со гевгелиската автономистичка чета, се до забраната во 1934 годин. Пред крајот на триесеттите години од минатиот век се разболел од рак и на шеесетгодишна возраст починал во 1940 година.

Погребан е во богданските гробишта.

Овој омаж го правам во спомен на овој богдански заслуженик.

„Туран“ со гозба ја почна сезоната за откуп на домати

Секој 15 мај фирмата „Туран“ организира средба со кооперантите и деловните партнери. Средбата на која „Туран“ поставува трпеза се приредува во просториите на фирмата. Средбата има формален карактер и се користи како можност за собирање на кое, во опуштена атмосфера, се разменуваат мислења за дотогашната соработка на „Туран“ со кооперантите и деловните партнери и се прават планови за натамошната соработка. На 15 мај „Поглед“ беше во посета на „Туран“. Два долги реда маси и столови го исполнуваа просторот. Прибори за јадење, чаши, пијалоци, закуски и мезалаци беа наредени по масите. Главните јадеља, печените јариња и јагниња, не беа поставени на масата. Се чекаше да се соберат гостите кои полека ги пополнуваа седиштата покрај трпезата. Домаќинот, Ване Туранов, директор на „Туран“, седнат, како што е редот на чело на трпезата во друштво на круг деловни пријатели ги пречекуваше гостите и им посакуваше добродојде. Вниманието на сите го беше привлекло присуството на најстариот кооперант на фирмата, осумдесетиедногодишниот Атанас Ѓуров.

-Ова собирање го поставивме на ниво на адет, на обичај.Денес е празник, Панагир е на Богданци, не се работи, па ја користиме можноста да се сретнеме со кооперантите. Средбата како адет се востанови во 1996 година. Оваа ќе биде осумнаесетта година како реализираме такви средби. На средбите ги покануваме сите деловни и други пријатели, но приоритет имаат кооперантите. Се собираме, се почестуваме, разговараме на темите што не поврзуваат, значи производството и откупот. Се разменуваат искуства... со еден збор се дружиме.-истакна во разговорот Ване Туранов

основоположникот на „Туран“.На прашањето зошто средбата

се закажува токму на 15 мај тој објасни дека на тој ден, освен што е Панагир во Богданци, официјално се означува и почетокот на откупот на раните домати.

-Ние не престануваме со откуп на секакви сезонски производи во текот на целата година, но останало средината на мај да биде времето кога почнуваат бербите на доматите. Секоја година доматите се помалку се застапени во производството.Празнината што останува се пополнува со други култури. Нашите потреби како фирма не можат да бидат задоволени од понудата на овдешниве кооперанти. Затоа потребите од производи ги задоволуваме од други места и од други субјекти. Политиката на „Туран“ е се додека некој произведува домати во Богданци таа да го откупува производството. Вообичаено, и на оваа средба ќе стане збор за тоа, луѓето се заинтересирани за висината на откупните цени на земјоделските производи и бараат гарантирани цени, но и ние и тие како производители знаат дека за цената не одлучуваме ние како откупувачи ниту тие како

производители. Единствен регулатор на цената е пазарот. Тој ја одредува цената на секој производ, па, вклучително, и на земјоделските, а со тоа и на доматите.-објасни Туранов и продолжи-Секоја производна година е посебна.И по квалитет на производите и по количина. Временско-климатските прилики годинава се специфични. Има доста влага и во фолиите заостанува роса. Росата знае да направи доста штети кај доматите. Поради неа градинарите веќе имаат изгубено две-три берби.

Во разговорот се вклучи и Ристо Туранов.

-Ние, помладиот дел од тимот на „Туран“, рече, ќе настојуваме да ја продолжиме традицијата за организирање средба со кооперантите на 15 мај или на свети Атанасиј Велики, летен, панагирот на Богданци. Цивилизираните општества почиваат на искуства, на традиции, на наследство. Ако претендираме да бидеме цивилизирано општество треба да ги продолжуваме традициите, да го чуваме наследството, да учиме од искуствата. “

Уште една алка во синџирот маркети на

S-53 MM

Последната, шеста алка, во синџирот маркети на S-55 ММ се додаде оваа пролет.

На 28 мај, во Стар Дојран свечено се отвори новиот маркет на фирмата.

Гроздовите црвени и бели балони наредени над влезот, на промоцијата, е традиционалното обележје со кое се означува влезот во просторијата каде што ќе биде сместена новоотворената продавница од синџирот маркети S-55 ММ.

Тихото ветре, пладнето во средата на 28 мај, ги дувкаше балоните над влезот во поранешната автобуска станица во Стар Дојран.

Неколкуте разладувачи со разни брендови на сокови и вода

во шишиња наредени покрај надворешниот челен ѕид на објектот оддалеку сугерираше продавница.

Масите преполни со закуски наредени во сенката покрај објектот и даваше свеченост на глетката.

Мноштвото народ наоколу ја комплетираше сликата за промоција на новоотворениот маркет.

Внатрешноста на објектот-традиционална за S-53 ММ: рафтови и рафтови преполни со се и сешто.

Домакините Перо и Ема Шутарови, со растрчаност, се трудеа лично да го пречекаат секој гост и да се заблагодарат на честитките и желбите за успех што им беа упатувани.

Разговор со Нишо Поп-Гонов

Пишува: РистоСтамков

Од минатото на Богданци

Page 9: Pogled Br.62 Maj

9ПОГЛЕД ,Маj 2014

Ловокрадците дивеат по ловиштата на „Баџо“

Претпријатието за трговија и производство на зеленчук „Баџо“, Богданци е концесионер на ловиштата „Стојаково“, „Црничино“ и „Погана“.

Ловиштето „Стојаково“ што се евидентира и како ловиште број 9, на чии простор е сместен и репроцентарот во Паљурци, е распослано на 5.980 хектари ловно-продуктивна и на 520 хектари ловно-непродуктивни површина и е населено со зајак и полски еребици. Повремено се населува и со фазани.

Ловиштето „Црничино, евидентиранои како ловиште број 4, зафаќа 3.355 хектари ловно-продуктивна површина и 825 хектари

ловно-непродуктивна површина и се бележи како ловиште за крупен дивеч населено со автохтони диви свињи и срни.

Ловиштето „Погана“ или ловиште број 8, се протега на 6.580 нектари ловно-продуктивна површина и 420 хектари ловно-непродуктивна површина. Ловиштето е населено со зајак, полска еребица и еребица камењарка.

Сите ловишта, обично, имаат населеност од измешан дивеч Ловот на корисниот дивеч се врши според План и програми за лов направени врз основа на одредбите од Законот за лов и во зависност од условите на ловиштата. Штетниот дивеч, волци и лисици, е слободен за ловење

преку цела година ако така одлучи Ловното друштво на Подружницата за лов,траперство и други дејности „Погана“ која во име на концесионерот „Баџо“ стопанисува со ловиштата.

Поведувајќи се од се погласните муабети што се слушаат низ Богданци и околината дека криволовците немилосрдно го ловат крупниот дивеч во ловиштата, „Поглед“ ја посети Подружницата „Погана“ и разговараше со Нишо Поп-Гонов, одговорен за работата на Подружницата.

Во подружницата ни покажаа мноштво слики од поставени стапици кои биле откриени , фотографирани и отстранети.

Разговор со Нишо Поп-Гонов

Карневалите се активности пред почетокот на пролетните пости.

Зборот КАРНЕВАЛ доаѓа од италијанскиот збор carnevale што потекнува од латинското carne vale и значи „збогум месо“. Карневалите почнуваат со зимкиот солстициј (зимска краткоденица), на 22 декември и траат до пролетниот еквиноциј (пролетна рамноденица), на 21 март. Потоа следува неколкунеделен пост кога не смее да се јаде месо.

На тој начин постарите цивилизации се обидувале да го насочат населението да се откаже од јадењето месо во време кога дивечот се подготвува за котење, се коти или е окотен. Тогаш дивечот кој се ловел за месо, особено женските единки, се окупирани со други приоритети и не можат целосно да внимаваат на својата

безбедност. Од друга страна тие се слаби и не се во состојба успешно да се бранат или да побегнат.

На тој начин се заштитувал дивечот и се оставало време тој да се размножува за да им обезбедува на луѓето исхрана во останатиот дел од годината.

Денешнава цивилизација се смета себе си за напредна, но во суштина е само себична. Составена е од поединци кои тоа што можат да го изедат денес не го остават за утре. Особено ако тоа е украдено. Тие што ловат дивеч во недозволено време, на недозволени места и на недозволен начин се ловокрадци. Ловократството е арамилак и, како такво, е кривично дело. Кривичните дела се казниви по Закон.

Карневал

„Поглед“:- Каква е состојбата на теренот? Се слушаат муабети дека крупниот дивеч, на разни начини, немилосрдно се лови на диво.

Н.П-Г.:- Откако беше земена концесијата се постави контрола над теренот. Поради контролата не се одеше на лов со пушки оти пукањето се слуша, но се преземаат сите други видови активности за да се улови животно. Примки, лачки, јамки,стапици...се поставуваат на патеките и пресеките. Тоа најмногу го има во Погана, најчесто во околината на Мандра Чешма, на устието на Кирова Река во Поганска Река.

Откакако се постави контрола над теренот се зголеми популацијата на дивечот.Намножениот дивеч, движејќи се, создава патеки. Сточарите со стоката се постојано низ баирот. Ги гледаат трагите од дивечот, ги знаат нивните патеки и за тоа ги информираат ловокрадците.На тие патеки ловокрадците поставуваат јамки од челични сајли во кои се фаќа дивечот.Имаше еден случај во

такви примки да се фатат две крави од Казандол.Едната беше умрела на местото, другата ја спасија. Имаше и судски процес во врска со тоа.

Во фурското, под Дедова Чешма, има еден шпалир-лозје. Шпалирот е заграден, но има еден дел што не е заграден. Есеноска имаша еден дел од шпалирот каде што не беше добрано грозјето. Имаше и стебла сливи кои исто не беа добрани. Диви свињи доѓаа и низ незаградениот дел влегуваа во шпалирот да јадат од грозјето и сливите. На тој дел во јамка се фатила свиња. Некој ја убил фатената свиња и ја одвлекол во непознат правец. Интересно во случајот е што еден ја поставил стапицата, а друг ја убил и ја однел свињата.Се развија расправии во врска со тој случај и во јавноста излегоа конкретни имиња.

Сега сме без престан присутни на теренот. Имаме одлична соработка со Шумската полиција, но и кај нив почна масовно да се краде дрва, па тие дали да ги бркаат нивните апаши или да ги бркаат нашите.

„Поглед“:- Колај? Н.П-Г.:- Нема друго. Треба да

се преземаат мерки. Треба да бидеме поопремени од арамиите за да не го загубиме дивечот. Сега сме во фаза на набавка на камери кои кои тоа што го снимаат на теренот директно ќе го пренесуваат на нашите мобилни телефони или компјутери. На тој начин ќе можеме да ги откриеме кратците дури ако тие и ги најдат камерите и ги уништат. Ќе можеме да ги фаќаме и на лице место

„Поглед“:- Се слуша дека

месо од дивеч се нудело и на продажба?

Н.П-Г.:- Се слуша, но како да се докаже тоа? Сега со камерите ќе можат да се обезбедат повеќе докази, па ќе може да бараме отштета и казнени мерки за сторителите на овие кривични дела. Криволовот е забранет и е кривично дело.

Нашите ловочувари се униформирани лица со посебни надлежности. Тие можат да фатат ловци во криволов ако ловат во време дозволено за лов, но во ревир каде што тоа не е дозволено. Или да ги фатат како ловат во дозволен дел, но во период забранет за лов. За лов со стапици, уште и во недозволено време и во недозволени места, да не зборуваме. Нашите ловочувари можат да преземаат разни мерки.

„Поглед“:- Други новини? Н.П-Г:- Имаме

производство на пилиња од полски еребици што се автохтони за овој простор. Матичното јато е во репроцентарот во „Паљурци“. Инкубаторот е овде во просториите на „Баџо“. Ќе населиме и елен лопатар. Елените лопатари лесно се адаптираат. Го прифаќаат ново станиште ако има пасиште и вода. Ако му обезбедиме заштита и мир ќе стане овдешен дивеч.

„Поглед“:- Се зборува дека ветерниците ќе го растераат дивечот и другиот животински свет.

Н.П-Г.:- Јас не сум сигурен дека ќе се случи тоа. Дивечот и сите животни се доста адаптабилни. Ќе навикнат на новите услови. На дивечот единствено ќе му прави проблем промената на патеките за движење. Се измени стариот релјеф и се создаде нов.За кусо време се ќе обрасне со растенија и глетката ќе стане постојана. Дивечот ќе си создаде и нови патеки. Новиот пат кој, велат, ќе се асфалтирал едно време ќе им биде страв да го преминуваат, па ќе се обидуваат да го обиколуваат. Со тек на време ќе

навикнат и на него.„Поглед“:- Некои мислат дека

се пропушти шансата да се искористи механизацијата што работеше горе за да се направат брани и вирови како поила на дивечот и стоката што се напасува таму.

Н.П-Г.: - Беа преземени активности и на тој план. „Туран“ и „Сточарство“се договорија како ќе ја организираат акцијата. Јас требаше да им ги кажам местата каде што можеше да се интервенира. Планиравме тоа да биде кај шталата на Бојко на Мандра Чешма, браната на Глигор под Мамино и браната во Блатиште. Се испланира тие места да се исчистат и да се направи насип. Некои личности го искористија моментот за остварување на свои приватни потреби.

„Поглед“: - Што друго преземате во моментот?

Н.П-Г.:- Со „Сточарство“ се трудиме да постигнеме договор, пред да почнат да ги косат ѓонџите и да жнеат, да ни јават за да направиме акција и од тие блокови да ги истераме младенчињата на зајаците, на птиците и на срните оти ако останат таму ќе бидат исечени од косачките и комбајните. Дивечот

сака да се коти и младите да ги крие на површини од каде што ќе има голема прегледност

„Поглед“:- Сточарите се поплакуваат дека има многу волци и им прават штета.

Н.П-Г: - Волци има во голем број.Со седум други ловечки здруженија од околината се договоривме да направиме некаква акција и во хајка да се обидеме да намалиме нешто од волците. За такви акции треба добра организација и голем број искусни ловци. Немаше одзив од ловците.

Нашето Здружение и Истатов се договоривме заедно со ловците од крајграничните села во Грција да организираме заедничка акција. Секој на својата територија, но акција да почне во исто време. Ние на нашата страна, тие на нивната.Дивечот го користи мирот на граничната линија, таму се чувствува сигурен оти нема движење и тука се населува. Сакавме тој појас малку да го подрасчистиме, ама Грците не одговорија. Изглед имаат некои административни пречки. Се работи за прекугранична соработка со употреба на оружје и треба да се координираат работите. Можеби има и политика.

Page 10: Pogled Br.62 Maj

10 ПОГЛЕД , Маj 2014

Фестивал на слатко од диви смокви

„Црвеното полжавче е сертифициран заштитен знак на „Слоу фуд“. Македонската организција на „Слоу фуд“ е дел од меѓународната. –беше напишано во текстот „Еко Росалес“ објавен во „Поглед“ број 18 од септември 2010 година.

Понатаму во тесктот стои:-„Слоу фуд“ е меѓународна

организација која сака да ги заштити биодиверзитетот преку промоција. Во налетот на индустриското производство на храна се јавува опасност да се изгуби традиционалниот начин на подготвување храна. Пред две години на овие простори почнавме програма за заштита на слаткото од диви смокви како традиционална храна направена на старински начин.Во програмата ги вклучивме општините Гевгелија, Богданци,Валандово и Дојран.

Кон крајот на октомври, на еден голем саем, ќе направиме промоција на такво слатко од смокви произведено на овие простори.- имаше во текстот изјава на Филипо Утерхофер, Италијанец оженет за Македонка кој на 17 септември 2010 година, заедно со претставник на англиската организација беше гостин на „Еко Росалес“ во Богданци.

„Нашето здружениего

формиравме како регионално за да ги промовираме карактеристиките на овие краишта.

Го нарековме „Еко Росалес“ затоа што РОСАЛЕС е службеното име на дивата смоква, а ЕКО е додадено за да асоцира на еколошката чистота на слаткото од диви смокви. Смоквата како растение е карактеристична за овие краишта, а слаткото што традиционално се вари од нив е овдешна специфика. По тоа ќе бидеме интересни.-изјавила за „Поглед“ Оливера Стефановска, претседателка на „Еко Росалес“.

Ристо Ичков, градоначалник на Општина Богданци во 2010 година ја раскажа приказната што ја чул во некое семејство Келешевци во Казандол.

-Во старите времиња луѓето немале можност да прават големи резерви од слатка.

Се случувало токму пред Велигден да останат без слатко во куќата. Немало фрижидери, немало продавници, немало тегли, немало ништо... А потреба од слатко имало. Но, од што да се свари слатко во пролет? Никаково овошје нема. Ги има само дивите смокви што се наредуват на гранките пред тие да се облечат со лисје. Што да се први со нив? Дивите смокви ниту

магарињата не ги јадат. „Но, ајде, си рекле, диви,

не диви да пробаме да свариме слатко од нив. Малку од малку да заличуваат на слатко за да може да се извади пред луѓе. Така почнало и останало до денес.“

На 18 мај 2014 година во Богданци се организираше Фестивал на слатко од диви смокви.

Фестивалот се одржа во Градскиот парк и беше организиран од Здржението на граѓани производители на слатко до диви смокви „Еко Росалес“.

На него се презентираше подготовка на слатко од диви смокви, се дегустираа слатката и се разменуваа рецепти и искуства, се разгледуваа производите од други производители понудени на продажба на штандовите распослани наоколу.

Беше недела, беше пладне, беше пазарен ден. И времето беше убаво, сочево.

Имаше и песни и ора на манифестацијата. Имаше и мноштво посетители.

По завршувањето на фестивалот се отиде на закуска во кафеаната „Хит“.

Манифестацијата имаше се што треба за да го понесе името Фестивал.

Разговор со Оливера Стефановска, претседателка на Регионалното

здружение „Еко Росалес“

„Поглед“:- Што е „Еко Росалес“?

О.С.:- „Еко Росалес“ е здружение на граѓани производители на слатко од диви смокви во Југоситочниот плански регион во кое членуваат жени од општините

Богданци, Гевгелија, Валандово и Дојран.

„Поглед“:- Здруженијата на граѓани се формираа со одредени цели и пред себе си поставуваат одредени задачи. Кои се целите и задачите на „Еко Росалес“?

О.С.:- Целите и задачите на „Еко Росалес“ се да го промовира производството на слатко од диви смокви во државата и надвор од неа.

Производството на слатко од диви смокви е сезонско производство затоа што дивите смокви стасуваат во овој дел од годината. Примарно ни е производството на слатко од диви смокви, но сакаме целите и задачите на Здружението да ги прошириме и со производство на слатко од другите, нормалните, летните смокви.

Оваа манифестација која ја организираме на секои две години ја нарековме Фестивал на слатко од диви смокви, а не

„Смоквијада“ оти во Гевгелија веќе постои манифестација наречена „Смоквијада“ на која се вари слатко од вистински смокви.

„Поглед“:-Колку членови брои Здружението?

О.С:- Имаме 32 жени-производителки. Многу поголем е бројот на обичните членови.

„Поглед“:- Фирмите од регионот што произведуваат слатко од диви смокви членови ли се на вашето здружение?

О.С:- Не. Фирмите производители на слатко од диви смокви не се членки на „Еко Росалес“

„Поглед“: - Зошто токму слатко од диви смокви?

О.С.:- Фондацијата „Слоу фуд“ е разгранета во Македонија. Таа ги поттикнува локалните производители да произведуваат производи што секогаш се производувале на тој простор и, што е поважно, бараат тоа да се прави на традиционален начин. Така како што тоа го правеле нашите мајки, баби...

Овде произведуваме слатко од диви смокви. Во Валандово се произведува сок од калинки. Ќе видете дека овде на Фестивалот има изложено на продажба производи

произведени од производители од другите региони. Кавадарчани имаат изложено ракија, вино и маџун. Скопјани нудат сокови од малини, капини и шипки. Се нуди мед, маслинки...

Производители од Македонска Каменица нудат други видови производи. Тие се тука со ракотворби од волна.

„Поглед“: - Манифестацијата, значи, покрај варењето на слатко од диви смокви ќе покаже и други содржини?

О.С.:- Да. Во рамките на фестивалот, покрај презентација на варење слатко од диви смокви, има штандови со производи изложени на продажба, а произведени во програмата „Слоу фуд“. Ќе има и културно-забавна програма. Во неа ќе учествуваат Пејачката група „Весела тајфа“ на пензионерите од Богданци, Културно-уметничкото друштво „Бранд Петрушев“, Фолклорниот ансамбл за народни песни и игри „Мегдан“, Културно-уметничкото друштво „7-ми Ноември“ од Македонски Брод и Рок групата „Пиксел“.

„Поглед“:-Што се работи меѓу два фестивала?

О.С.:- Секоја година некаде има фестивал. Во меѓувреме настапуваме на сајмови. Сме биле во Италија, во Швајцарија, во Франција, во Бугарија, во Босна и Херцеговина, во Хрватска. Таму ги промовираме нашите производи, но и регионот и општината.

Квалитетот „Президиум“ како посебна ознака на производот што претставува гаранција дека производот е произведен на традиционален начин може да биде користен од членовите на „Еко Росалес“. Само 32 жени можат на слаткото од диви смокви што сами го произвеле да го истакната знакот „Президиум“.

„Поглед“:- Тоа се доста активности. За да се организираат и координираат потребни се средства.Кој ве финансира?

О.С.:- Не финансира Фондацијата „Слоу фуд“. Поддршака и помош за организирање на овој Фестивал добивме од Општина Богданци, од Печатницата „Софија“ и од фирмата „Лебопекара ММ“.

Главен спонзор, сепак, е „Слоу фуд“ кој во Република Македонија има 15 здруженија како нашето.

Page 11: Pogled Br.62 Maj

11ПОГЛЕД ,Маj 2014

Заеднички концерт на “Мегдан” и “Мали Бранко”

Играорците на Културно-уметничкото друштво „Мали Бранко“ од Велико Орешје, Република Србија им беа гости на играорците од Фолклорниот ансамбл за традиционална музика и игри „Мегдан “ од Богданци.

На 23 април двете друштва имаа заедничко концерт. Многубројната публика во ООУ„Петар Мусев“ со задоволство го проследи концертот.

Двете друштва наизменично изведуваа кореографии од своите репертоари.

Концертот го завршија со

заедничко оро во ритамот на „Македонско девојче“ и групна фотографија.

Моментот што привлече големо внимание беше клупското знаме на гостите на кои беше ликот на едно младо момченце облечено во традиционална српска носија.

Привлечноста на моментот произлезе од фактот што тоа младо момченце, облечено во истата носија, цело време, додека игаорците на „Мали Бранко“ беа на сцената , на аголот од просторот каде што се

настапуваше, го држеше копјето од знамето на кое беше неговиот лик.

Се создаде и една асоцијација бидејќи под детскиот лик на знамето беше испишано името на друштвото: „Мали Бранко“. Но КУД-от бил именуван по некое друго момченце, локален херој и учесник во народноослободителната војна во Србија. На знамето се нашло затоа што, со изјаснување на членовите на Друштвото било одлучено тоа да му биде маскота на „Мали Бранко“.

Симпатично.

Учениците од VII –а во „Петар Мусев“ го презентираа проектот „Ветерен парк

Богданци“

Со три различни макети на ветерници изложени на просторот пред присутните и со проекција на која одеа телопи со фотографии и текст и со читање во живо на истиот тој текст, учениците од VII-а одделение во Општинското основно училиште „Патар Мусев“, пред учениците и наставниците во „Петар Мусев“ се претставија со Проектот „Ветерен парк Богданци“. Објаснето беше дека идејата за изработка на на Проектот била иницирана од ветерниците што биле изградени во Богданци, а целта била да се научи нешто за другите видови енергија и нивното искористување.

Проектот се работел како заеднички за наставните предмети математика и географија.

Во него се кажа каде е сместен Ветерниот парк, на која надморска височина, колку турбини ќе има, какви се тие спопред нивните димензии,

колку струја ќе произведува секоја од нив поединечно и колку ќе произведуваат заеднички, колку чинеше изградбата на Ветерниот парк, како се финансираше, кој ги изведуваше градежните и монтерските работи и други податоци.

Презентацијата беше илустрирана со фотографии направени додека учениците го правеле проектот и со фотографии од ветерниците.

Во изработката на Проектот учествувале учениците: Ангел Димов, Драган Павиќ, Кире Самарџиев, Драган Новоселски, Александра Каркалашева, Марија Пеева, Душанка Маркова, Сара Иванова, Александар Милчов, Слободанчо Тодоровски, Дојчин

Петковски, Петар Граматиков, Марија Окова, Марио Митев, Ѓулџан Салиева, Томе Чрчев и Зорица Јошева.

По презентацијата, како награда, сите учесници во Проектот беа во посета на Ветерниот парк.

Жените што со својата привлечност играат како дете

со нож, на крајот, како и детето, секогаш биваат повредени.

Виктор Иго

Оваа е расказ за едно доживување на Иљто Петрушев. Иљто –Илија Петрушев го знаат сите. Ако по ништо друго го знаат по гитарата, по песната ... Го знаат и по

неговиот ведар дух.Оваа анегдота долго време се

раскажуваше низ Богданци. Не е така лоша и „Поглед“ ќе ја објави за да не се заборави.

Парола на месецот

Роднокрајна шега

АгентотМитко Караделев, додека

студираше, додека магистрираше, додека докторираше и како универзитетски професор постојано беше по кампови каде што со колеги од Македонија, од некогашната Југославија и од сите можни земји во светот вршеа биолошки истражувања. На едно такво истражување, уште во времето на Југославија организирано на Кожуф присуствувале и неколкумина претставници од Чехословачка, Полска и Романија.

Митко во тоа време немаше кола, па по камповите го развозуваше Иљто Петрушев со еден негов стар, многу стар бел мерцедес. Иљто престојуваше на кампувањата колку и другите учесници. Кампувањата во сите варијанти се интересни. Интересни се и кампувањата за научни потреби.

Ќе одат истражувачите на терен и Иљто со нив. Ќе се приберат кампувачите во кампот и Иљто со нив. Ќе прават скара- Иљто главен мајстор. Ќе треба да се потпржи гравот-Иљто ќе го потпржи. Ќе треба да се смени масло на некоја од колите –Иљто е тука. Ќе се заиграат фудбал-Иљто ќе биде голман. Вечерта ќе направат седенка Иљто прво ќе ја направи салатата, ќе извади ракија од мерцедесот и ќе ја уреди седенката. Потоа ќе ја земе гитарата и ќе се пее до никое време.

На учесниците им станале чудни многуте дарби на Иљто, ама ајде, - има такви луѓе. Еден ден се откачил еден потпирач од шаторите на истражувачите од Полска. Поарале Полјаците помош и кој ќе помогне ако не Иљто. Го отворил капакот од багажникот на мерцедесот и извадил сорка. Во багажникот на мерцедесот немаше што нема. Иљто напред со сорката под мишка, Полјаците по него завлегле во шумата. Нашле убави јасеници и Иљто исекол неколку. Се вратиле назад и го наместиле шаторот.

До вечерта сите Појаци,

Чеси, Словаци, Романци почнале да го избегнуваат Иљто Петрушев. Така утредента, така неколку дена.Му станало чудна на Иљто новонастанатата ситуација: никој не му зборува, никој не го друши, па го натерал Митко Караделев да ги праша што е работата. Да не нешто Иљто им згрешил или со нешто ги навредил.

Митко го истакнал прашањето.Овие помолчале, но кога

прашањето се повторило еден од Полјаците објаснил.

-Види, и порано ни беше чудно како човекот се разбира од се. Свири гитара, пее, се разбира од коли, знае да готви, спортува ... се, се ... и тоа ни беше разбирливо. Но кога отидовме да бараме потпирач за шаторот знаете што направи?

Го зеде оној алат што го извади од неговата кола и таму во шумата земи ја јасеницата, ја волку дебела, Полјакот покажал колку дебела била јасеницата што ја одбрал Иљто, и со еден удар ја исече. Потоа уште еден удар и ја поткастри. Така направи со сите. Тогаш се уплашивме. Ова, си рековме, не е нормално. Овој човек мора да е обучуван за вакви вештини. Мора да учел специјална школа. А зошто? Затоа што е подготвуван за агент. Овде е дојден да не следи нас. Тоа им го пренесовме и на другите. Сега, подобро е да сме си настрана од него отколку да не снајде нешто.

Митко Караделев брфнал да се смее. Отишол до мерцедесот, ја нашол сорката, ги повел сите до првото дрво, фатил гранка и со еден удар ја исекол. Зел друга-исто.

-Не бидете деца, им рекол. Каква специјална подготовка, каков агент, какви глупости? Кој не го може тоа?

Странците се нашле затекнати. Најверојатно помислиле: „

Можеби не е Џемс Бонд, можеби е Супермен. Нема друго објаснување.“

И тука биле во заблуда. Кент Кларк не бил „од тука“, ама не бил толку талентиран.

врапчето од топлината, се размрдало и зело да си пее.

Од некаде наишла лисицата, и таа измрзната и гладна.

Ја слушнала песната и почнала да душка наоколу. Во лајната го надушила врапчето, ја приужила шепата, го наалала распеаното врапче го извадила од лајната и го лапнала.

Толку му била кариерата на врапчето.

Наравоучение: Кога си запретан во лајна не ти треба песни пеење.

Си леткало, едно врапче, си леткало една кочан зима, што би рекол Влатко Стефановски, и така леткајќи си смрзнало и се струполило скоро мртво на земјата.

Си лежи врапчето, истоштено, без сила, си лежи –ќе умира.

Поминала во тој момент една крава, ја кренала опашката и зела да се олеснува.

К’сметлија врапчето имало среќа да биде покриено со лајната од кравата.

Топли лајната, се стоплило и врапчето. Му дошло убаво на

Песната

Препечатена шегаНа Универзалната шега

„Песната“, објавена во априлскиот „Поглед“, Џоко Танев, антика човек од Гевгелија, секогаш подготвен за конверзација, вработен во „Софија“, додаде уште две наравоученија.

Актуелново време ги прави актуелни неговите наравоученија. За да останат запамтени се препечатува „Песната“ заедно со нејзиното наравоучение, а на крајот се додадваат и наравоученијата на Џоко Танев.

Наравоучение број 1 од Џоко Танев: Не ти е непријател секој кој, несакајќи и несвесно ќе те запрета во лајна.

Наравоучение број 2 од Џоко Танев: Не ти е пријател секој кој ги распретува лајната во кои си западнал.

Наравоучение број 1 Наравоучение број 2

Page 12: Pogled Br.62 Maj

12 ПОГЛЕД , Маj 2014

Изложба на скулптури од пластична амбалажаСо ветерници од нанижани

и со силикон прилепени веќе употребени пластични шишиња, со импресивна скулптура на гитара од амбалажна пластика, со фустани од пластични кесиња, со фигури на роботи направени од пластичн кутии, со букети и икебани од раззабени амбалажни пластични шишиња во разни бои беше исполнет просторот на шеталиштето кај градскиот парк.

На ѕидовите беа налепени цртежи со еколошки содржини.

Сценскиот простор наизменично го запоседнуваа групи деца кои изведуваа сценско-музичко-балетски точки преку кои постојано праќаа подучувачки пораки за влијанијата на човекот врз животната средина.

Потоа учениците објаснија како и зошто ги правеле скулптурите.

Беа тоа моменти од манифестацијат што попладнето на 20 мај се одржа во Богданци. На манифестацијата учествуваа учениците од Општинското средно училиште „Богданци“, од Општинското основно училиште „Петар Мусев“ и од Општинското основно училиште „Кирил и Методиј“. Учествуваше и рок-групата „Пиксел“.

Манифестацијата, што во

координација на Надица Маџирова се организираше како дел од проектот „Намалување на загадувањето на околината со неразградливи органски загадувачи и намалување на испуштањето стакленички гасови преку собирање и рециклирање на пластичните шишиња“ која беше поздравена и од Анастасија Олумчева, градоначалничка на Општина Богданци, имала и паричен фонд за наградување на најоригиналните и најкреативните скулптури изработени од пластична амбалажа, но учениците-учесници предложиле да не се доделуваат

награди, а средства од наградниот фонд да бидат донирани како помош за поплавените подрачја од државите во регионот.

Настанот беше одлично организиран, настапите беа добро подготвени, изложените скулптури и цртежи се гледаше дека биле со љубов изработувани. Манифестацијата, првично закажана за 14 мај, еднаш, поради врнежливото време, веќе беше одложена, па граѓаните како да не го осетија моментот. Штета. Случувањето заслужуваше поголема посетеност.

Разговор со Надица Маџирова, асистент-координатор на проектот

„Поглед“: - Госпоѓо Маџирова, што беше тоа што го гледавме?

Н.М: - Гледавте манифестација во рамките на проектот „Намалување на загадувањето на животната средина со неразградливи органски загадувачи и со испуштање на стакленички гасови преку собирање и рециклирање на пластичната амбалажа.“

Тоа беше пораката што сакавме да ја испратиме. Инаку манифестацијата имаше за цел да бидат прикажани скулптурите од употребувана пластична амбалажа и цртежите на еколошки теми изработени од учениците од Општинското средно училиште „Богданци“, од Општинското основно училиште „Петар Мусев“ и од Општинското основно училиште „Кирил и Методиј“. Манифестацијата, освен изложбените содржини понуди и музичко-балетки и драмски содржини прикладни со пораката што сакавме да ја пратиме.

„Поглед“:- Првично манифестацијата беше закажана за попладнето на 14 мај, па одложена.

Н.М.:- Да. Сакавме ова што го прикажавме сега, така како што го прикажавме, да го презентираме на 14 мај како дел од активностите што се направија во чест на Атанасиј Велики, летен, патронот на Православната црква во Богданци и заштитник на Богданци свети што се празнува на 15 мај.

Врнежливото време не спречи во намерата. Манифестацијата се одложи за некое подобро време, Подоброто време го добивме денес, на 20 мај.

Во изборот на првичниот термин не се поведовме само од Панагирот, 15 мај беше и Светски ден

за заштита на климата.„Поглед: -Чиј е проектот? Н.М.: - Проектот е на

Глобалниот еколошки фонд –GEF во Програмата за мали грантови- SGP (Small Grants Programme), кој е европски фонд во рамките на Програмата за развој на Обединетите нации. Јас сум асистент-координатор на проектот за Богданци.

„Поглед“:- Кои ви беа сороаботници во Богданци?

Н.М.:- Двете основни и средното училиште веќе ги кажав. Освен нив соработници ни беа Општина Богданци и Јавното претпријатие „Комунална чистота“.Училиштата соработуваа со учество на учениците во изработка на скулптурите и цртежите и во културно-забавниот дел. Во овој дел соработуваше и рок-бендот „Пиксел“. Општината и „Комунална чистота“ помогнаа со материјални и нематеријални средства.

Училиштата беа слободни во изборот на точките со кои се претставија и во изработката на скулптурите и цртежите. Единствено беше зададена темата која би ја дефинирале како. „Други намени на пластичната амбалажа и заштита на околината со собирање на употребената пластична амбалажа и нејзино рециклирање.“

Првенствено собирање на неа, а потоа на сиот отпад.

„Поглед“:- Со скулптурите, со цртежитеи со сценските настапи пораката беше успешно испратена.

Н.М.:- Да се надеваме. Тоа е резултат на залагањето на учениците и нивните ментори, наставниците.

„Поглед“:- За конкретни резултати и подигање на свеста малку ќе биде да се потпреме само на влијанието на едукацијата. Треба да се создадат и услови за примена на разбудената свест.

Н.М.:- Да. Добро е отпадот, уште при одлагањето, да може да се селектира и да се сортира. Кога би имало наменски контејнери за

одлагање на разни видови отпад-пластика, стакло, хартија, метал, текстил - работата би била многу олеснета. Вака, од манифестацијата порачавме пластичната амбалажа да се носи во училиштата од каде потоа ќе се селектира и ќе се предава во отпадите. Со продажба на селектираниот отпад училиштата ќе можат да дојдат до средства од кои ќе можат да си набавуваат разни потрепштини. Ние оставивме вреќи по училиштата и справи за притискање на шишињата за да не зафаќаат многу место при ставањето во вреќите. Училиштата сами ќе си определат посебен ден кога ќе ја собираат пластичната амбалажа.

„Поглед“:- Соработката со соработниците дојде спонтамо или ја израбаботивте „на мускули“?

Н.М.:- Луѓето се различни по природа. Не можеме да очекуваме сите да се однесуваат еднакво. Некои сакаат да соработуваат, некои помалку сакаат да го прават тоа.

Треба да се работи. Особено треба да се работи со децата бидејќи тие се во фаза кога ја формираат личноста. Ако од нашите деца создадеме вистински личности, тие натаму ќе го продолжат процесот за создавање генерации со свест за многу работи.

„Поглед“:-Беше спомнато дека изложбата ќе има оценувачки карактер, а со тоа и награден.

Н.М.:- Обезбедивме награден фонд. Децата сами побараа да нема оценување и наградување, а средствата наменети за тоа, со оглед на случувањата, да бидат донирани како помош на подрачјата што настрадаа од поплавите.

Са учесниците, на сите учесници им доделивме пофалници за учество.

„Поглед“- Присутните на манифестацијата беа задоволни од презентираните содржини.

Н.М.:- И ние бевме задоволни кога видовме дека тие се задоволни.

тел.факс 034/ 214.903 213.903

www.interaplus.com.mk

БОДИГКОМПАНИ

изработка наалуминискиконструкции

тел.факс 034/ 221.709

изработка на апликативен софтвер

продажба на компјутери тел.факс 034/ 222-162www.turan.com.mk

• Нудиме организирање на ресторански свечености• Работиме со Фондот за здравствено осигурување• Примаме пациенти со болнички и специјалистички упат• Кетеринг услуги

ЗУПЛ

АД с. Негорци, Гевгелија

тел. 034/231-176www.negorskibanji.com.mk

НЕГОРСКИ БАЊИ