Pogled Br. 43 Oktomvri 2012

8
www.vesnikpogled.weebly.com e-mail:[email protected] PRINTMAKING WORKSHOP “SOFIJA” ГРАФИЧКА РАБОТИЛНИЦА “ СОФИЈА” тел. 034/ 222-766 СТОЧАРСТВО Богданци www.stocarstvo.com.mk [email protected] тел. 034/ 222-006 www.sofijaprint.com.mk info@sofijaprint.com.mk Агенција за обезбедување на лица и имот Богданци тел. 034. 222.110; 222.220 e-mail: [email protected] БАЏО www.badzo.com.mk [email protected] Илија Тумбов стр. 4. Се обележа 10-ти Октомври, Ден на ослободувањето на Богданци На почетокот на културно- уметничката програма советничката Катерина Чрчева го прочита обраќањето на градоначалникот Ристо Ичков. стр 3 И НА ТЕМНИОТ ПАРК МУ ДОЈДЕ РЕДОТ Просторот под гимназискиот двор заграден меѓу оградата на Кафеаната „Парк“ и ѕидот од дворот на Црквата „Свети Атанасиј Велики“ што од шеталиштето околу Централниот парк го делат камените скали, може и натаму да го носи името Темниот парк, но нема да му биде соодветно. Темниот парк повеќе не е запуштен простор во кој дење не влегуваше никој, а ноќе, гушнат во прегратките на темната темница, беше простор во кој нема што да се прави. Тоа е веќе уреден простор кој го пресекуваат поплочени патеки што шеталиштето го поврзуваат со скалата што води во гимназискиот двор. Во неговиот средишен дел доминира поголема поплочена површина до која, откај шеталиштето, може да се дојде преку новоизградената скала и преку широка накосена пристапна патека. Централната површина претставува еден мал плоштад околу кој се наредени клупи. Отворен кон камените скали, во ниво на нивната горна површина, тој плоштад може да биде солидна замена за отстранетата монтажна бина на која последните неколку години се одржуваа манифестации од културно-забавен карактер и други јавни собирања. Делот од поплочената површина до црковниот ѕид, каскадно подигнат над нивото на поплочената површина и со неа поврзан со неколку скалила исто така претставува можност за јавни настапи и презентации од помал обем. Површините меѓу патеките се земјени и уредени за озеленување. Некои од постојните дрвја кои беа оштетени се отстранети, а останатите се поткастрени. На ободите кон внатрешноста просторот е уреден со креации од камен кои одлично ќе се вклопат во натамошната зелена декорација која ја сугерира околното земјено уредување.Насекаде се наредени клупи за седење. Просторот е солидно опремен со светилки поврзани на осветлувањето околу шеталиштето со кое ноќно време претставуваат една целина. И постаментот за бистите како спомен -обележје се вклопува во новиот лик на Темниот парк. Незавршено останува само уредувањето на преградните ѕидови кои просторот го одделуваат од гимназискиот и од црковниот двор. За целината на сиот тој простор да добие во компактност треба СОУ „Богданци“ и Црквата „Свети Атанасиј Велики“ уредувањето на паркчето меѓу двете оипштински згради што го викаме Алеа на борците. Тој простор не беше најдобро уреден и, имајќи предвид дека е во централното градско подрачје, непосредно до главната улица и на самиот влез во Општината решивме да го уредиме. Просторот се наоѓа до зградата во која е сместено и седиштето на „Комунална чистота“, па, ако пропагираме чистота треба да тргнеме од нас. Паркот кај Алеата на борците е наш подарок на Богданци. Со фасадирањетио на постаментите на бистите, поплочувањето со бекатон плочки, оградувањето на просторот со ограда од словенски тип, поставувањето на чешмичката и засадувањето цвеќиња тој дел доби нов лик, а чинеше околу 60 до 70.000 денари. Паралално имавме една акција за набавка на садници за цвеќиња со кои ги засадивме запуштените површини низ населбата.Гледајќи дека тоа е убаво на пумпните станици изградивме фолии во кои почнавме да одгледуваме садници од цвеќиња за нашите потреби. За 3-4 недели ќе ни стасаат за расадување околу 2.000 садници со зимски љубичици со кои на градот ќе му го освежиме ликот. Тоа ни беше поттик, како претпријатие, посериозно да навлеземе во тајните на хорти-културата. Набавивме дури и соодветна литература. Порано ни беше незгодно кога ги бевме поткастриле дрворедите по улиците и не критикуваа дека тоа сме го направиле лошо. Подоцна се покажа дека кастрењето и не било толку лошо, па поитавме да се обучиме во таа насока. Како и да е работите сакаме да тргнат кон подобро. да си ја преземаат одговорноста за уредување на својот дел од просторот.Тоа се однесува и на делот со кој располага Кафеаната „Парк“. И тоа не било како туку во согласност со тоа што веќе е направено на тој потег. Работите со новото уредувањето на Темниот парк ги изведува Јавното претпијатие за комунални дејности „Комунална чистота“. -Оваа уредување е во рамките на Општинската програма за уредување на градежното земјиште во делот на отворање нови зелени површини и, на некој начин, за украсување на централното градско подрачје. Прво, пролетва, почнавме со „Таурус-Фармс“ и подари справа за играње на Детската градинка „Нашата млада фирма „Таурус- Фармс сака својата поврзаност со својот дом Богданци да ја зајакне со тоа што ќе ги поддржи најмладите жители на Богданци со една донација во Детската градинка.“, кажа на 28 февруари 2012 година господинот Томас Шварц, сопственик на фирмата „Таурус-Фармс“ во своето обраќање по повод поставувањето камен-темелник за градење на Откупно-дистрибутивен центар за овошје и зеленчук во Богданци. Неодамна почна градбата на Откупно-дистрибутивниот центар за овошје и зеленчук чиј инвеститор е „Таурус-Фармс“. Со почнувањето на градбата во дворот на Јавната општинска установа Детска градинка „Коста Поп-Ристов-Делчев“ во Богданци се подигна еден вид справа за играње на децата од градинката. Справата претставува отворена, но покриена дрвена конструкција со платформа до чие ниво водат скали. На оградената платформа има отвор на кој треба да се постави уште еден дел низ кој децата ќе со лизгање ќе се спуштаат до нивото на дворот. Под издигнатата платформа има поставено дрвени клупи за играње. Дел од справата е и носачот на кој се поставени две детски нишаалки со седишта. Покрај справата има со дрвени греди ограден простор исполнет со ситна песок за играње на децата. Во Детската градинка рекоа дека на справата за играње треба да се догради уште делот за спуштање со лизгање и некои други ситници по што таа ќе биде вклучена во секојдневните активности. Кога справата ќе биде целосно завршена тие планираат да ги поканат луѓето од „Таурус-Фармс“ во нивната установа за да им ја искажат својата благодарност за честа што им е укажана. Самотија во есен Отворено писмо од Јосиф Џочков Не отфрлајте ја туку така пружената рака стр. 4 Поглед од мојот агол Општината ја доби на трајно користење Полицијата Полицијата ќе се пренамени во Дом за нега на стари лица. Сето тоа е во ред, но некои прашања ќе мора да бидат удостоени со одговори. стр. 5. БРОЈ 43, Октомври 2012

description

Nezavisen vesnik na Bogdanci

Transcript of Pogled Br. 43 Oktomvri 2012

Page 1: Pogled Br. 43 Oktomvri 2012

www.vesnikpogled.weebly.com e-mail:[email protected] WORKSHOP “SOFIJA” ГРАФИЧКА РАБОТИЛНИЦА “ СОФИЈА”

тел. 034/ 222-766

СТОЧАРСТВОБогданци

[email protected]

тел. 034/ [email protected]

Агенција за обезбедување на лица и имот

Богданци

тел. 034. 222.110; 222.220e-mail: [email protected]

БАЏО[email protected]

Илија Тумбовстр. 4.

Се обележа 10-ти Октомври, Ден на ослободувањето на Богданци

На почетокот на културно-уметничката програма советничката

Катерина Чрчева го прочита обраќањето на градоначалникот Ристо Ичков.

стр 3

И НА ТЕМНИОТ ПАРК МУ ДОЈДЕ РЕДОТПросторот под гимназискиот

двор заграден меѓу оградата на Кафеаната „Парк“ и ѕидот од дворот на Црквата „Свети Атанасиј Велики“ што од шеталиштето околу Централниот парк го делат камените скали, може и натаму да го носи името Темниот парк, но нема да му биде соодветно.

Темниот парк повеќе не е запуштен простор во кој дење не влегуваше никој, а ноќе, гушнат во прегратките на темната темница, беше простор во кој нема што да се прави.

Тоа е веќе уреден простор кој го пресекуваат поплочени патеки што шеталиштето го поврзуваат со скалата што води во гимназискиот двор. Во неговиот средишен дел доминира поголема поплочена површина до која, откај шеталиштето, може да се дојде преку новоизградената скала и преку широка накосена пристапна патека. Централната површина претставува еден мал плоштад околу кој се наредени клупи. Отворен кон камените скали, во ниво на нивната горна површина, тој плоштад може да биде солидна замена за отстранетата монтажна бина на која последните неколку години се одржуваа манифестации од културно-забавен карактер и други јавни собирања. Делот од поплочената површина до црковниот ѕид, каскадно подигнат над нивото на поплочената површина и со неа поврзан со неколку скалила исто така претставува можност за јавни настапи и презентации од помал обем. Површините меѓу патеките се земјени и уредени за озеленување. Некои од постојните дрвја кои беа оштетени се отстранети, а останатите се поткастрени. На ободите кон внатрешноста просторот е уреден

со креации од камен кои одлично ќе се вклопат во натамошната зелена декорација која ја сугерира околното земјено уредување.Насекаде се наредени клупи за седење. Просторот е солидно опремен со светилки поврзани на осветлувањето околу шеталиштето со кое ноќно време претставуваат една целина. И постаментот за бистите како спомен -обележје се вклопува во новиот лик на Темниот парк. Незавршено останува само уредувањето на преградните ѕидови кои просторот го одделуваат од гимназискиот и од црковниот двор. За целината на сиот тој простор да добие во компактност треба СОУ „Богданци“ и Црквата „Свети Атанасиј Велики“

уредувањето на паркчето меѓу двете оипштински згради што го викаме Алеа на борците. Тој простор не беше најдобро уреден и, имајќи предвид дека е во централното градско подрачје, непосредно до главната улица и на самиот влез во Општината решивме да го уредиме. Просторот се наоѓа до зградата во која е сместено и седиштето на „Комунална чистота“, па, ако пропагираме чистота треба да тргнеме од нас. Паркот кај Алеата на борците е наш подарок на Богданци. Со фасадирањетио на постаментите на бистите, поплочувањето со бекатон плочки, оградувањето на просторот со ограда од словенски тип, поставувањето на чешмичката и засадувањето цвеќиња тој дел доби нов лик, а чинеше околу 60 до 70.000 денари. Паралално имавме една акција за набавка на садници за цвеќиња со кои ги засадивме запуштените површини низ населбата.Гледајќи дека тоа е убаво на пумпните станици изградивме фолии во кои почнавме да одгледуваме садници од цвеќиња за нашите потреби. За 3-4 недели ќе ни стасаат за расадување околу 2.000 садници со зимски љубичици со кои на градот ќе му го освежиме ликот. Тоа ни беше поттик, како претпријатие, посериозно да навлеземе во тајните на хорти-културата. Набавивме дури и соодветна литература. Порано ни беше незгодно кога ги бевме поткастриле дрворедите по улиците и не критикуваа дека тоа сме го направиле лошо. Подоцна се покажа дека кастрењето и не било толку лошо, па поитавме да се обучиме во таа насока. Како и да е работите сакаме да тргнат кон подобро.

да си ја преземаат одговорноста за уредување на својот дел од просторот.Тоа се однесува и на делот со кој располага Кафеаната „Парк“. И тоа не било како туку во согласност со тоа што веќе е направено на тој потег.

Работите со новото уредувањето на Темниот парк ги изведува Јавното претпијатие за комунални дејности „Комунална чистота“.

-Оваа уредување е во рамките на Општинската програма за уредување на градежното земјиште во делот на отворање нови зелени површини и, на некој начин, за украсување на централното градско подрачје.

Прво, пролетва, почнавме со

„Таурус-Фармс“ и подари справа за играње на Детската градинка

„Нашата млада фирма „Таурус-Фармс сака својата поврзаност со својот дом Богданци да ја зајакне со тоа што ќе ги поддржи најмладите жители на Богданци со една донација во Детската градинка.“, кажа на 28 февруари 2012 година господинот Томас Шварц, сопственик на фирмата „Таурус-Фармс“ во своето обраќање по повод поставувањето камен-темелник за градење на Откупно-дистрибутивен центар за овошје и зеленчук во Богданци.

Неодамна почна градбата на Откупно-дистрибутивниот центар за овошје и зеленчук чиј инвеститор е „Таурус-Фармс“.

Со почнувањето на градбата во дворот на Јавната општинска установа Детска градинка „Коста Поп-Ристов-Делчев“ во Богданци се подигна еден вид справа за играње на децата од градинката. Справата претставува отворена, но покриена дрвена конструкција со платформа до чие ниво водат скали. На оградената платформа има отвор на кој треба да се постави уште еден дел низ кој децата ќе со лизгање ќе се спуштаат до нивото на дворот. Под издигнатата платформа има поставено дрвени клупи за играње. Дел од справата е и носачот на кој се поставени две детски нишаалки со седишта. Покрај справата има со дрвени греди ограден простор исполнет со ситна песок за играње на децата.

Во Детската градинка рекоа дека на справата за играње треба да се догради уште делот за спуштање со лизгање и некои други ситници по што таа ќе биде вклучена во секојдневните активности.

Кога справата ќе биде целосно завршена тие планираат да ги поканат луѓето од „Таурус-Фармс“ во нивната установа за да им ја искажат својата благодарност за честа што им е укажана.

Самотија во есен

Отворено писмо одЈосиф Џочков

Не отфрлајте ја туку така пружената рака

стр. 4

Поглед од мојот агол

Општината ја доби на трајно користење Полицијата

Полицијата ќе се пренамени во Дом за нега на стари лица. Сето тоа е во ред, но некои прашања ќе мора да

бидат удостоени со одговори.

стр. 5.

БРОЈ 43, Октомври 2012

Page 2: Pogled Br. 43 Oktomvri 2012

2 ПОГЛЕД Октомври, 2012

Од Педесет и втората седница на Советот на Општина Богданци

Печати:„Софија“ Богданци

Жиро-сметка:270000000711867

Даночен број:МК4006991101880

Редакција: Маршал Тито 211484 Богданцител. 075 738834факс: 034 [email protected]

Издава: „СОФИЈА“1484 Богданци, ул. “Маршал Тито” 21

Директор: Драги Семенпеев

Илија Тумбов

Уредува редакциски колегиум

Технички уредници:

Јован РоглевВалентина Попова

Уредник:

ИТНА СЕДНИЦА ВО ДВЕ ПРОДОЛЖЕНИЈАСедницата, со која

претседаваше Душко Енџекчев, претседател на Советот на Општина Богданци, се одржа на 28 септември 2012 година во присуство на сите советници. На почетокот советниците со 10 гласа „За“ и 1 глас „Воздржан“, заедно со забелешката од советникот Ристо Шабанов за дополнување на неговата дискусија и забелешката од советникот Зоран Пеев дека во записникот не се внесени сите дискусии поради што тој е нецелосен, па поради тоа ќе биде воздржан, го усвоија Записникот од Педесет и првата седница на Советот на Општина Богданци.

При предложувањето на дневниот ред за работа на седницата советникот Тони Такашманов предложи на дневен ред, како точка 4, да се разгледува Иницијативата од Здружението на акционери „Млаз 2012“ за промена на раководството на АД „Млаз“.

Советникот Илија Карагошев побара на дневен ред, како нова точка, да се разгледува активноста на Градоначалникот на Општина Богданци за санирање на настанатата штета при опожарување на двете куќи во Стојаково што како иницијатива ја поднесуваат советниците.

Претседателот Душко Енџекчев забележа дека веќе на дневен ред има предлог да се донесе Одлука за обезбедување финансиска помош во материјални средства за опожарените семејства во Стојаково, на што Илија Карагошев забележа дека предложената одлука е едно, а нивното барање е друго затоа што се однесувало за активностите во врска со санирањето на штетите преземени од градоначалникот.

Други забелешки и предлози немаше, па за работа на Педесет и втората седница едногласно се усвои следниот дневен ред:

1.Предлог-Одлука за утврдување на приоритет на проект за изградба на улици во с.Селемли;

2. Предлог-Одлука за давање согласност за намената на инвестицијата и за обезбедување средства за реализација;

3. Предлог-Одлука за обезбедување на финансиска помош во материјални средства за опожарените семејства во Стојаково;

4. Разгледување на иницијатива од Здружението на акционери „Млаз 2012“ за промена на раководството на АД„Млаз“;

5. Разгледување на активностите на Градоначалникот на Општина Богданци за санирање на настанатите штети при опожарување на двете куќи во Стојаково.

На првата точка, Марјан Пеев од општинската администрација појасни дека одлуката е еден од документите што се доставуваат при аплицирањето за одреден проект и дека Општина Богданци со проектот

„Изградба на улици во с.Селемли“ ќе учествува на јавниот повик за користење средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој во 2012 година.

Советникот Илија Карагошев, истакнувајќи дека секое населено место би требало да го доживее тоа што Селемли го доживува во оиднос на уредувањето на комуналната инфраструктура, забележа дека треба да се води сметка за тоа што и кога се реализира бидејќи во Селемли нема канализација, па ако во иднина дојде до нејзина реализација ќе треба да се раскопуваат улиците.

Советникот Зоран Пеев ја поддржа забелешката на Илија Карагошев и праша колку е реална апликацијата за проектот и колку поени се очекува да се добие за него, на што Марјан Пеев му одговори дека нема подетални информации за апликациите, но ако сака може да добие писмен одговор.

Советникот Мито Манолев го интересираше, ако овој проект е прв на приоритетната скала, кои се другите проекти што следуваат по него.

Советникот Блаже Шапов го поддржа барањето на Мито Манолев и рече дека граѓаните треба да се прашат за нивните приоритети и да се оди по ред со реализацијата на приоритетите.

Претседавачот Душко Енџекчев кажа дека оваа одлука е еден од потребните документи и се аплицира по конкретен оглас.

Советникот Зоран Пеев потсети дека Советот на Општина Богданци има донесено Правилник за организирање форуми на граѓаните и смета дека во иднина граѓаните треба на овие форуми сами да ги утврдуваат приоритетите.

Советничката Катерина Чрчева рече дека стандардно се донесуваат одлуки за давање приоритет за потребите на аплицирањата, но смета дека советниците треба да имаа повеќе информации за да можат правилно да одлучуваат. Додавајќи дека администрацијата треба навремено да си ги извршува обврските и материјалите до Советот да ги доставува во предвидениот рок, таа праша кога е излезен огласот, како е определена вредноста на проектот и што подразбира изградбата опфатена со проектот.

Претседателот Душко Енџекчев, согласувајќи се со забелешките рече дека, освен што последниот рок за прием на апликации е 1 октомври 2012 година, други информации нема.

Со 11 гласа „За“ Советот на Општина Богданци донесе Одлука за утврдување приоритет на проектот за изградба на улици во с. Селемли.

Со објаснувањето од Марјан Пеев од општинската администрација дека образложението за Одлуката

од претходната точка се однесува и на оваа точка Советот на Општина Богданци, на втората точка, со 11 гласа „За“ донесе Одлука за давање согласност за намената на инвестицијата и за обезбедените средства за реализација.

Претседавачот Душко Енџекчев, појаснувајќи дека материјалите ги имаат добиено со поканата за седница, веднаш отвори расправа по третата точка на која Советот на Општина Богданци требаше да се одлучи за обезбедување финансиска помош во материјални средства за опожарените семејства во Стојаково.

Советникот Илија Карагошев, забележувајќи дека определените средства се малку за настанатата штета, побара двете семејства да добијат иста вредност на помош, а не како што е предложено истакнувајќи го примерот со акцијата за собирање средства во Стојаково кога собраните средства биле подеднакво поделени на двете семејства.

Советникот Зоран Пеев го подржа мислењето на Илија Карагошев.

Претседателот Душко Енџекчев рече дека ќе даде пауза за да ја консултира општинската администрација дали може да се зголеми износот за помош и да се информира дали градоначалниукот ќе може да дојде на седницата за да се чуе и неговото мислење.

По паузата претседателот ги информира советниците дека не може да се менува вкупниот предложен износ за помош и дека Градоначалникот не е во можност да дојде на седницата, па предложи расправата по третата точка да се прекине и заедно со петтата точка за нив да се расправа во продолжение на оваа седница што ќе се одржи некој друг ден.

Сите советници позитивно се изјаснија за предлогот.

Потоа се премина на четвртата точка во која, затоа што материјалот бил доставен со поканите, веднаш се почна со расправата.

Советникот Тони Такашманов објасни дека барањето за разгледување на Иницијативата за промена на раководството на АД„Млаз“ е поднесена од Здружението на акционери „Млаз 2012“.

Советникот Илија Карагошев забележа дека е крајно неблагодарно да се дискутира по оваа точка кога се нема ниту елементарни податоци за случајот и се запраша колку Советот има надлежност да одлучува за фирми во приватна сопственост како што е „Млаз“ АД. Додавајќи дека, доколку едната страна има собрано доволно акции за да раководи треба да го преземе управувањето, тој се изјасни дека не би можел да се изјасни по оваа точка бидејќи Советот нема таква надлежност.

Советникот Зоран Пеев истакна дека Советот нема надлежност да се меша во приватниот капитал и да зазема страни и смета дека Советот не би требало да се меша во овој случај.

Советникот Илија Карагошев потсети дека доколку убаво се прочита барањето ќе се види дека во последниот дел се бара Советот на Општина Богданци да даде поддршка на нивната иницијатива со што јавно ќе застане зад иницијативата со што на него не му изгледа дека разгледуваат само информација туку дека треба да пресудуваат.

Претседателот Душко Енџекчев рече дека најдобро е да се донесе заклучок со кој Советот нема да зазема страна бидејќи постојат институции за решавање на проблемот, па предложи да се донесе заклучок во кој ќе се каже дека Советот на Општина Богданци ја

разгледа поднесената информација и даде поддршка на преземените иницијативи за што побрза судска разрешница во спорот помеѓу инволвираните страни.

Овој заклучок се усвои со 11 гласа „За“.

Овде седницата беше прекината.

Продолжението се одржа на 9 октомври 2012 година. На продолжението не присуствува советниците Ристо Шабанов и Блаже Шапов.

Претседателот Душко Енџекчев, потсетувајќи дека ова е продолжние на расправата по третата точка од Педесет и втората седница и расправа по нејзината четврта точка, му даде збор на градоначалникот Ристо Ичков кој поради отсуство не можеше да учествува во дотогашната расправа по третата точка.

Градоначалникот Ристо Ичков кажа дека Општината има спроведено активност за помош на опожарените семејства, како и Месната заедница во Стојаково која има организирано акција за собирање добротворни прилози од населението. Општината побарала помош и од бизнис заедницата во општината кои дале помош во градежни материјали. Се очекувала материјална помош и од ЗТД„Сточарство“-Богданци.Понатаму тој истакна дека предложената помош е по 30.000 денари по член на семејство и дека ќе биде изразена во материјали кои ќе се реализираат преку договорот за јавни набавки склучен со „Драги ком“-Богданци. Градоначалникот објасни дека помошта се поделила според критериумите за површината на куќата, годината на градба и членовите во семејството затоа трошоците за четворочлено семејство не се исти како за двочлено, а и данокот за имот што го плаќаат семејствата не е ист.

Претседателот Душко Енџекчев го поддржа предлогот на Градоначалникот и предложи паушалите што им припаќаат за септември 2012 година, советниците да ги подарат како помош кој подеднакво ќе им биде поделена на двете семејства.

Советникот Илија Карагошев дека функцијата на куќите е иста, дека висината на средствата за помош е мала и дека не е во ред помошта да се дели по член на семејство наведувајќи дека помошта што ја собрале граќаните од Стојаково била еднакво поделена на двете семејства.

Градоначалникот повтори дека поделбата на помошта по глава на жител е правична.

Советникот Зоран Пеев рече дека општината не врши обештетување туку им помага на семејствата и потсети дека едното семејство има деца на школска возаст и дека треба и тоа да се има предвид. Неговиот предлог беше на четиричленото семејство да им се доделат 100.000 денари помош, а на двочленото 80.000 денари помош.

Советничката Катерина Чрчева истакна дека Владата на РМ обезбедува бесплатни учебници и компјутери.

Советникот Тони Такашманов забележа дека наближува зимата и треба брзо да се делува и смета дека свој придонес треба да дадат и градежните фирми од општината.

Советничката Санда Шуклева рече дека дописи за помош се пратени до фирмите во Општина Богданци и Општина Гевгелија, но одзивот е мал.

Советникот Мито Манолев го подржа предлогот на Тони Такашманов и го поддржува предлогот на градоначалникот за поделба по член на семејство.

Советникот Зоран Пеев го бранеше својот предлог наведувајќи дека на четворочлено семејство за преживување не му се потребни двапати повеќе средста од двочлено семејство.

Претседавачот, напомнувајќи дека сите предлози се добронамерни, предложи да се премине на изјаснување по предлозите.

Предлогот на советникот Илија Карагошев на двете семејства подеднакво да им се доделат по 90.000 денари помош не помина бидејќи имаше 2 гласа „За“, 4 гласа„Против“ и 3 гласа „Воздржано“.

Предлогот на советникот Зоран Пеев на четиричленото семејство да му се доделат 100.000 денари, а на двочленото 80.000 денари помош не беше прифатен бидејќи имаше 1 глас „За“, 5 гласа „Против“ и 3 гласа „Воздржано“.

Предлогот на претседателот Душко Енџекчев советниците да се откажат од паушалите за септември 2012 година и тие средства еднакво да им бидат поделени на двете семејства беше прифатен со 9 гласа „За“.

Предложената Одлука за обезбедување финансиска помош во материјални средства за опожарените семејства во Стојаково дополнета со одлуката советниците своите паушали за септември 2012 година да ги отстапат како помош која подеднакво ќе им биде поделена на оштетените семејства се усвои со 6 гласа „За“ и 3 гласа „Воздржано“.

На петтата точка се разгледуваа активностите на Градоначалникот на Општина Богданци за санирање на настанатите штети при опожарување на двете куќи во Стојаково.

Советникот Илија Карагошев велејќи дека е овластен од отсутниот Блаже Шапов, образложи дека Советот на Општина Богданци не смеел да заседава еден месец откако се случила несреќата, дека се пропуштила можноста да се анимира јавноста на државно ниво, дека не се отворија телефонски линии за донирање средства идека не се направени уште низа други работи кои можеле да дадат резултати во прибирањето средства и истакна дека Градоначалникот има можност да ги каже активностите што ги презел, а кои не се познати и да каже доколку има нови можности за решавање на проблемот.

Градоначалникот кажа дека идејата за помош на семејствата била уште од почетокот, дека се реагирало кај бизнис секторот во општината за доделување помош на семејствата и се чекало да се види одзивот за помош, па потоа да се одобрат средства од Општината.

Претседателот Душко Енџекчев предложи повторно бизнис секторот да излезе во пресрет.

Советникот Илија Карагошев спомна дека секогаш има можности за помош, но потребна е волја.

Советникот Тони Такашманов предложи Градоначалникот да стапи во контакт со бизнис заеднцата и да упати апел за помош за санирање на штетите кај опожарените куќи.

За предлогот на Тони Такашманов се изјаснија 7 советници, а 1 беше „Воздржан“.

Советникот Илија Карагошев веќе ја беше напуштил седницата и не гласаше.

Овој извештај е правен врз основа на службениот записник од Педесет и втората седница на Советот на Општина Богданци бидејќи „Поглед“ не беше известен за одржување на седницата и не присуствуваше на неа.

Халк Банка-Скопје

Page 3: Pogled Br. 43 Oktomvri 2012

3ПОГЛЕД Октомври, 2012 ПОГЛЕД Октомври, 2012

чисти, туку затоа што исчистеното не се одржува чисто. Се што е скршено не е скршено од некој друг туку од нас самите. На младите им личи да седат по парковите. Но не им личи кога ќе станат празните шишиња и чаши да ги остават расфрлени. Им личи да ги соберат и да ги остават во корпите поставени наоколу., ни кажа Иван Иванов, директор на ЈП„Комунална чистота“ додека шетавме низ подновениот стар Темен парк.

Темниот парк некогаш беше еден од трите парка во Богданци: Централниот , Кај Домот и Темниот. Местоположбта му е прекрасна. Тој самиот, генерално, спаѓа во редот објекти на општествениот стандард. Објектите на општествениот стандард треба секогаш да бидат уредени. Добро е што се дошло на идеја Темниот парк да се очовечи.Всушност таа веќе и не е само идеја. Реалност е која ни е дадена на дар. На нас останува да не бидеме разгалени деца кои играчките дадени на дар ги расипуваат уште пред да го осознаат задоволството што го пружа играњето со нив.

Директорот Иван Иванов во разговорот зборуваше за некаква иницијатива според која, кога веќе старите градски клозети не можат да се стават во функција, во длабочината на просторот во Темниот парк да се постават подвижни клозетски кабини кои колку толку би ја задоволиле потребата од таков вид урбана опрема.

експропријацијата на земјиштето, на што Соња Маџирова му одговори дека нема податоци бидејќи постапките ги води ЕЛЕМ.

На изјаснувањето со 9 гласа „За“ Советот на Општина Богданци донесе Одлука за донесување Урбанистиички план вон населено место Богданци за Парк на ветерна централа.

Овој извештај е правен врз основа на службениот записник од Педесет и третата седница на Советот на Општина Богданци бидејќи „Поглед“ не беше известен за одржувањето на седницата и не присуствуваше на неа.

Од Педесет и третата седница на Советот на Општина Богданци

Советот одлучи да се донесе Урбанистички план за Паркот на ветерна електрана

На 15 октомври Советот на Општина Богданци ја одржа својата педесет и трета седница. На седницата не присуствуваа советниците Блаже Шапов и Драгица Ѓавочанова. На седницата присуствувааше и градоначалникот Ристо Ичков.

Со седницата претседаваше претседателот Душко Енџекчев кој веднаш побара изјаснување за дневниот ред. Со 9 гласа „За“ Советот на Општина Богданци се согласи да работи по единствената точка на дневен ред на која беше предложено да се донесе одлука за донесување урбанистички план вон населено место Богданци за Парк на ветерна електрана во Општина Богданци.

Во образложението Соња Маџирова од општинската администрација кажа дека урбанистичкиот план опфаќа 17 градежни парцели од кои 16 се со намена комунална супструктура, градби за производство на енергија на кои ќе се изградат 16 ветерници со височина од 150 метри од кои 100 метри ќе биде височината на столбот, а 50 метри должината на перката над столбот, и 1 градежна парцела со намена некомпатибилна инфраструктура, трафостаница над 20 КV.

Советникот Тони Такашманов праша дали овој е последниот документ кој се носи во врска со урбанизацијата на земјиштето за ветерниот парк и дали е завршена експропријацијата на земјиштето за изградба на пристапниот пат на што Соња Маџирова му одговори дека овој е последниот документ

за урбанизација на земјиштето. За експропријацијата рече дека си ја врши смиот инвеститор, ЕЛЕМ, но има информација дека експропријацијата за трупот на патот е завршена и дека остануваат само банкините. Таа напомна дека во прашање е експропијација на земјиште од 12 сопственика која во најголем дел е завршена, дека има и случаи каде што сопствениците не ја завршиле оставинската постапка, каде што имотот е непрефрлен и каде што договорите не се реализирани, но постепено и тоа ќе се заврши.

Советникот Зоран Пеев праша по која цена се врши

И на Темниот парк му дојде редотПродолжение од стр. 1

Комунална чистота во акција

Алеа на борците

Идејните решенија за многу работи се направија по сугестија на граѓаните. Дури и чешмичката ја преселивме тука каде што е по иницијатива на еден пензионер кој сметаше дека на поранешното место е бескорисна. Лани се менуваа клупите во паркот. Некои граѓани побараа старите клупи да ги поставиме во сенките под дрвјата околу шеталиштето. Ги ставивме таму што се покажа како одлично решение. Но, неодговорни луѓе ги корнеа и ги шетаа наоколу со што ги испокршија. Потоа се побара да ги поставиме во паркчињата кај зградите на Чавдарова чешма. Така направивме, ами и таму ги шетаат наоколу. Наше е да направиме. Тоа е полесната работа. Потешко е натамошното одржување на направеното.

За досега направеното во Темниот парк се потрошени помалку од 200.000 денари. Средствата главно се потрошени за материјали бидејќи работната рака ја наплатуваме минимално за и „Комунална чистота“ да има удел во уредувањето на јавниот простор. Средствата се лимитирани, па се трудиме колку што можеме покорисно да ги употребиме. Дрвјата што се отстранија ги бичевме и од материјалот што го добивме ги направивме клупите поставени во Темниот парк. Металните конструкции за нив се од клупите што се користеле во летната бавча на некогашното Кино „Просвета“.

Хигиената во Богданци е на ниско ниво не затоа што недоволно се

Коментар:

„Комунална чистота“ секој ден да сади цвеќиња, деноноќно да ги чисти јавните површини, непрестано да ги крпи скршените клупи и корпи за ѓубре ... да се убие од работа, нема да може да стаса ако комуналните редари и комуналниот инспектор не почнат да го спроведуваат Законот и на сите тие што не ги почитуваат неговите одредби да им покажат дека во Законот има и казнени мерки за прекршувачите.

Законите имаат смисла само ако се спроведуваат.

Предлог:

Една поранешна генерација овој парковски простор го беше нарекла Темен парк затоа што така го беше препознала.

Оваа генерација најверојатно ќе го препознаат поинаку и би било во ред да го именуваат по свое.

„Поглед“ го повикува Младинскиот парламент да поведе акција меѓу младите кои низ анкета ќе одберат име за тој простор.

Се обележа 10-ти Октомври, Денот на ослободувањето на Богданци

Традиционално и годинава се обележа 10-ти Октомври, денот кога пред 68 години Македонската народно-ослободителна војска од Богданци ја истерала и последната германска воена група стационирана овде за да го обезбедува пунктот кај Каменот што Германците го подигнале за сервисирање на нивните воени возила што, по долината на Вардар, се повлекувале од средоземјето кон Германија.

Во акцијата загинал партизанот Васо Марков од Серменин кому му е поставена спомен-плоча на ѕидот од горната страна на паркиралиштето во центарот, на местотото каде што тој бил погоден од непријателскиот куршум.

Прославата што се одржа на 10 октомври имаше неколку активности.

Во 10, 30 часот се положи цвеќе на бистите на паднатите борци поставени во Темниот парк.

Во 10, 50 часот се положи цвеќе на бистите на паднатите и починати борци поставени во Алеата на борците и на спомен плочата на паркиралиштето.

Во 11,10 часот , во Алеата на борците се откри спомен обележје, биста на првоборецот Иван Т.Кал’чев.

Во 11, 45 часот, во Салата за состаноци на Советот на Општина Богданци беше отворена изложба на книги од оставштината на Мито Теменугов-Железни.

Во 13,30 часот во ООУ „Петар Мусев“ се одржа културно-уметничка програма на која настапија Културно-уметничкото друштво „Бранд Петрушев“ и Пејачката група при Општинското здружение на пензионерите во Богданци.

На почетокот на културно-уметничката програма Катерина Чрчева, членка на Советот на Општина Богданци, го прочита обраќањето на Ристо Ичков, градоначалник на Општина Богданци.

Обраќањетo на Градоначалникот на Општина Богданци по повод 10-ти Октомври, Денот на ослободувањето на Богданци и Празник на Општина Богданци што во негово име го прочита советничкат Катерина Чрчева.

„Големите работи не познаваат временски рамки. Ќе се согласите дека изградбата на Паркот на ветерници е голема работа за Богданци.

Од тие причини морав да одвојам активно време за да присуствувам на состанок во Скопје за да ги договориме последните работи пред започнувањето на изградбата на Паркот на втерници.

Би сакал ова да го прифатите

како мое извинување и жалење бидејќи не сум присутен овде со Вас на овој прекрасен и важен ден за општината.

Сега од сесрце Ви го честитам 10-ти Октомври, Денот на Општина Богданци и В нби посакувам да празнуваме уште многу години за наше добро и за доброто на нашите деца, како и за добро на Општината со уште една нова содржина, а тоа е Паркот на ветерници во Богданци која натаму ќе стане значаен елемент во секојдневниот економски, културен и спортски живот во Општината.

Почитувани,Нека ни е аирлија почетокот на

изградбата на Паркот на ветерници.“

Мапата на поставеноста на турбините во релјефот

Page 4: Pogled Br. 43 Oktomvri 2012

4 ПОГЛЕД Октомври, 2012

Пишува: Илија

Тумбов

Поглед од мојот агол

година се презеле активности за заокружување на идејата. Во август, септември, октомври и ноември 1944 година идејата веќе дава реални резултати. На 8 септември 1991 година македонската идејата дефинитивно е конкретизирана.

Се добива впечаток како на Богданци да не му се допаѓа оваа етапа од македонската историја. Да е поинаку нема да беше вака. А како е?

Јалово. За двојниот Илинден -двојно ништо. За независниот 8-ми Септември –исто ништо. За ослободителниот 10-ти октомври и за бунтовничкиот 11-ти Октомври –алиби нешто. За сеопфатниот 23-ти Октомври - ништо.

Има ли некој што може да даде објаснување за овие –ништа.

4.Со извесни задоцнување беше

објавена веста дека градоначалникот на Општина Богданци, во име на Општината, од службени лица на Министерството за внатрешни работи свечено ја примил на трајно користење зградата на Полициската станица во Богданци.

Веста е збогатена со објаснувања дека приватен инвеститор од САД, аресајќи ја местоположбата на Станицата до Советот на Општина Богданци понудил опција од објектот да прави Дом за стари лица. Веста понатаму објаснува дека по поддршката што на иницијативата од опцијата ја дал Советот на Општина Богданци се отворила постапка за доделување на зградата.

Постапката е завршена на 20 септември 2012 година и зградата е доделена на Општината со што му се излегува во пресрет на инвеститорот.

Се обидувам да ги поврзам работите, но некако не ми оди.

Ќе се обидам уште еднаш:На некој му се допаднала

местоположбата на Полицијата. До Советот на Општина Богданци понудил опција од неа да направи

Самотија во есен

1. „Млаз“ во фокусот на

вниманието на богданската јавност дојде со пролетта. Му даде печат и на летото. Есента некако природно му припадна. Доаѓа зимата. Ќе се пресели ли „Млаз“, како тема, од пријатноста на терасите и дворовите во собите?

Оваа ми се наметна како мисла, не затоа што „Млаз“ беше на насловната страница на септемврискиот „Поглед“ туку заради тоа што видувањата беа различни.

Некои имаа забелешки на содржината на текстот, некои на содржината на фотографиите. Се најавија и писмени реакции. Само се најавија.

Никој не ја виде фотографијата со онаа фрлена зелено-бела камионска врата на која со големи црвени букви пишува „МЛАЗ“, а под тоа, со бели букви, „Богданци, Југославија“. Таа слика кажува се. Кажува дека на времето некој можеше да земе разгледница, да ја адресире до „МЛАЗ“ Богданци, Југославија,и да ја предаде во пошта на било кој крај од планетата Земја. За неколку дена разгледницата ќе беше на приемно во „МЛАЗ“. И не само тоа. Благодарение на брендот „МЛАЗ“ разгледницата ќе стасаше до било кој богданчанец само ако покрај името или прекарот се препознаваше овде, се допишеше уште Богданци, Југославија. Онаа Југославија мораше да стои затоа што не можеше да се очекува сите шест милијарди луѓе во светот да знаат каде се наоѓа

Богданци. За Југославија немаше гајле.

Фотографијата сакаше, без да се трошат 1000 зборови, да потсети на тој факт. Фактот поради кој, на времето, Месната заедница Богданци кон „МЛАЗ“ ја упатуваше сета своја благодарност. И тоа беше поткрепено со слика од онаа благодарница.

2.Случувањата околу „Млаз“ ги

следам отстрана. А како поинаку? „Млаз“ е приватен имот што имаше посебна важност за Богданци. И тука надворешниот интерес завршува. Низ времето сешто се случуваше таму. Имаше и атаки. Оваа не е прв пат од Васе Патрушев да се бара да го отстапи управувањето со „Млаз“. Имаше и други обиди. Во нив учествуваа истите луѓе кои учествуваат и во оваа атака. Тогаш половината од овие сегашниве сакаа да го турнат Васе Петрушев, другата половина не даваа да се случи тоа.

Некои персони вклучени во случајот се чудо од луѓе. Ја заслужуваат сета моја почит. Особено за постојаноста во нивните карактери. Со истата посветеност сега, во оваа атака, го напаѓаат Васе Патрушев, како што тогаш,во поранешните атаки, го бранеа.

Алал да им е. Малкумина го можат тоа.3. На неколку ченгели е закачен

идентитетот на секој народ. Историјата е еден од ченгелите. Сечија историја си има свои етапи. Македонија сега ја живее етапата која почнува во втората половина на деветнаесеттиот век.

Еднаш напишав дека крајот на летото и есента се најважниот период во битисувањето на македонскиот народ.

На 23 октомври 1893 година се формулирала македонската идеја, на 2 август 1903 година идејата се проверила во живо, на 11 октомври 1941 година идејата се проверила уште еднаш. На 2 август 1944

Дом за стари лица. Советот ја поддржал иницијативата. Се почнала постапка за доделување на Полицијата на Општината. Постапката е завршена и Полицијата и е доделена на Општината. Градоначалникот јавно им се заблагодарува на Министерството за внатрешни работи, на Министерството за социјални работи и на Владата на РМ за големото разбирање.

Јас не го разбирам разбирањето. Што имале зградата да и ја даваат на Општината за таа да му ја даде на инвеститорот. Нека му ја дале директно нему.

Додека се обидувам да ги поврзам конците на оваа сторија мислите ми шетаат накај Правилникот за евиденција на недвижните ствари во сопственост на Општина Богданци и за условите, начинот и постапката за користење и располагање со стварите во сопственост на Општина Богданци. Тој Правилник Советот на Општина Богданци едногласно го усвои на својата Четириесет и шеста седница одржана на 14 мај 2012 година.

Во вториот став на член 4 од Правилникот пишува дека стварите во сопственост на Општината можат да се продаваат и да се даваат на користење на други субјекти само по пат на јавно наддавање. Според член 30 одлуката за давање под закуп ја носи Градоначалникот. Вториот став од член 31 вели дека давањето на општински недвижни ствари под закуп се прави по истата постапка што се врши за продавање на општински недвижни ствари по пат на јавно наддавање. Таа, пак, во член 11 и 12 вели дека јавното наддавање го спроведува комисија од претседател и два члена формирана од Градоначалникот. Во членовите 13, 14, 15, 16, 17, 18, 19, 20, 21, 22, 23, 24 и 25 е пропишан текот на постапката за јавно наддавање. И се тоа откако ќе се исполнат условите за сопственост предвидени

во членовите 49 и 50 од наведениот Правилник кој требаше да влезе во сила далеку пред 20 септември.

Или јас не ги разбирам овие работи или навистина се необјасниви патиштата Господови.

5. Убавото и на Бога му е мило,

знае да каже народот. Мислам дека и Тој е задоволен

од очовечувањето на Темниот парк.Ако е така, искрено го молам да

направи нешто и за очовечување на самите нас оти уште недоправен на Паркот почнавме да му го покажуваме нашиот „градско-граѓански“ табиет.

6.Не дека богданчани ги убива

заинтересиранос и се отепуваат од одење по јавни расправи, ама Известувањето дека Јавната расправа по Нацрт-Извештајот за стратегиската оцена на животната средина за Нацрт-Урбанистичкиот план за Паркот на ветерна електрана ќе се одржи на 3 октомври во просториите на Општина Богданци што на веб-страницата Општина Богданци беше објавено на 5 октомври не беше во ред.

Барем не за тие кои овој процес го следат повеќе од 6 години.

7.Живо ме интересира што се

кажува кога се вели „финансиска помош во материјални средства за опожарените семејства“ секаде каде што има службени пишувани материјали за двете семејства од Стојаково на кои неодамна куќите им изгореа во пожар, а Општина Богданци, како помош, им даде градежни материјали во вредност од 180.000 денари.

8.Треба да се чита.За зимава ги препорачувам:

„Есента на Патријархот“, „Сто години самотија“ и „На полковникот нема кој да му пишува“.

За напролет ќе видиме. Ново време, нова нафака.

Можеби токму ние живееме во заблуда дека на Општината Богданци и треба поддршка уште помалку помош да го оствари она што е од интерес за граѓаните. Да веруваме дека Општината со нејзината администрација е компетентна и оспособена да си ја извршува својата работа на општо задоволство. Да речеме дека, веројатно, ви сметаат нашите поранешни и сегашни позиции во општеството. Можеме да набројуваме уште многу причини и на крајот да констатираме дека не сме ја погодиле вистинската.

Она што за мене и за оние што на 6 октомври беа во Богданци беше јасно дека Вие не сакате да не удостоите со своето присуство!

За да нема никакви забуни, заблуди или шпекулации во неколку реченици ќе се обидам да Ви ја изложам, уште еднаш, идејата што не водеше за да го формираме неформалното здружение „Пријатели на Богданци” кое требаше да има единствена цел- на повик да помогнеме на општинските власти, заеднички да остварите некакви задачи при што ние само би го помогнале тој процес. Тоа сметам дека беше јасно на сите што присуствуваа на состанокот што се одржа минатата година токму во Вашиот кабинет, а на кој вие како градоначалник долго зборувавте за плановите за иднината на Општината Богданци.

Пред малку повеќе од две години проф. д-р Коста Јанев придвижи една иницијатива која ќе ги обедини сите заинтересирани богданчани кои живеат надвор од Општината, во земјата или странство. Беше тоа чесна намера, меѓу другото, и да се помогне на раководството на

Општината за реализирање на задачите поставени во програмите за работа. Идејата ја поздравија и ја прифатија сите богданчани кои своите знаења, позиција, умеење и дигнитет, безусловно ги ставија на располагање на жителите на Општината Богданци. Имаше идеи, заради обезбедување континуитет, да се одржуваат редовни состаноци во Скопје и во градови каде живеат поголем број богданчани.

За сите нив визијата на проф. д-р Јанев претставуваше одлична можност сите што сакаат, да му го вратат она што му го „должат” на Богданци. Сите, без било какви условувања, го понудија и го ставија на располагање на својот авторитет, искуство, знаење и способности на раководството на Општината, поточно се сложија да бидат на услуга кога тоа тие од нив ќе се побара. Така впрочем ја сфативме и Вашата порака како градоначалник, искажана на вториот состанок што се одржа во октомври минатата година.

Иако Богданци беше во редот на помалите општини во некогашната федерација имаше, за тоа време, фантастичен бруто национален доход по жител. Денес, за жал, останува да се тагува за тие времиња. Додека најголемиот број општини успешно се снаоѓаа во новите услови, Општината Богданци живееше со проблеми.

Сигурно на ваквиот развој на настаните во последниве две децении кумуваа подеднакво објективни, но и субјективни причини. Почна тивкото умирање на основните лостови на перспективите на Општината. Со игрите околу граничниот премин

Богородица пропадна и последната шанса која можеше да гарантира каков таков просперитет. Логичен редослед на настаните беше преселба на стручниот кадар кој немаше основни услови за живот, без работно ангажирање и без видливи можности за развој на сопствени иницијативи. Во новиот систем земјоделството стана несигурна егзистенција заради големите проблеми околу пласманот на производството кој некогаш имаше дваесет милиони потрошувачи и не прилагодувањето на новата ситуација.

Овие две децении тоа сигурно го почувствуваа жителите на Општината. Можеби не сум во право!?

Контактите со жителите само ја потврдуваа тезата дека во Општината Богданци не се живее како некогаш. Сите тие недвосмислено укажуваат дека Општината ги има сите предуслови да биде една од најмногу развиените општини во државата. Постојат и натаму компаративни предности кои денес само парцијално се користат. Има кадровски потенцијал кој, или не работи или заминал од Општината, а има желба да се врати.

Целта на некогашни богданчани „Пријатели на Богданци” беше да се придвижи моторот на развојот. Да бидам уште поконкретен. Сите сакавме, токму низ тој развој да го видиме Богданци и сите населени места во Општината во друго светло, во сјајот на годините кои ги паметат постарите.

Се договоривме при нашето дејствување да се раководиме од неколку основни правила. Никој да не настапува со партиски и лични

интереси, за евентуалната помош да не се бара каква било надомест, да не се мешаме во работата на општинското раководство и партиските интереси на оние што се на власт или во опозиција, и на крајот иницијативите да потекнуваат од одговорните во Општината.

За жал, или не бевме доволно разбрани или од којзнае кои причини се откажавте од подадената рака.

Без контакти и иницијативи за соработка најлесно ни беше да се откажеме. Но прашање е што ќе постигнеме со тоа. Уште полошо би било тврдоглаво да се наметнуваме ако не сме пожелни. Сепак, ако упорноста е темел на речиси секој успех, ние застануваме зад неа. Ќе се обидеме да убедуваме во искреноста на намерите, на можноста дека нашите потенцијали се барем приближно толку големи за да можеме да го вратиме нашиот долг кон нашите предци.Намерно ги прескокнувам прашањата за кои бевме подготвени да разговараме и да ги употребиме нашите можности, заеднички да го оствариме она што е зацртано во програмата за работа на Општината. За волја на вистината средбата беше искористена за размена на мислења, за повеќе прашања на кои можеме, доколку е потребно, да работиме заеднички.

„Пријатели на Богданци” и сите оние што го поддржуваат и се подготвени да дадат максимален придонес ако тоа од нив се побара, е на располагање со сето умеење, заедно со Вас, да бидеме учесници во просперитетот на Општина Богданци.

Иницијативата е Ваша...

ОТВОРЕНО ПИСМО Н Е О ТФ Р Л А Ј Т Е Ј А , Т У К У ТА К А , П О Н УД Е Н АТА П ОД Д Р Ш К А

Господа градоначалник и претседател на Советот на Општината Богданци,

Повеќемина граѓани чие потекло е од денешната Општина Богданци, заинтересирани за нејзината и иднината на нејзините граѓани на 6 октомври попусто Ве очекуваа на состанок за кој бевте навреме информирани, а притоа ветивте дека ќе дојдете. Тоа требаше да биде трет состанок на иницијативата „Пријатели на Богданци” која ја сочинуваат некогашни жители од Општината Богданци, поединци кои потекнуваат од овој крај кои денес живеат во други делови од нашата држава. На средбата беше планирано и договорено да се разговара за проблемите со кои се соочува Општината и евентуалната можност некој да помогне за нивно надминување. Целта беше чесна, а намерите добронамерни. Можеби Вие во иницијативата видовте нешто друго па затоа и не дојдовте. Да ви го дадеме и тоа за право. Но, ако ништо друго, во најмала рака, културно беше да го најавите вашето недоаѓање, барем заради оние што токму за состанокот допатуваа во Богданци.

За да бидеме чесни, чисти и без предрасуди токму со ова писмо, што Ви го упатувам вам, но и на јавноста, во очекување таа да просуди.

Пишува: Јосиф Џочков,

координатор

Page 5: Pogled Br. 43 Oktomvri 2012

5ПОГЛЕД Октомври, 2012 ПОГЛЕД Октомври, 2012

Општината ја доби на трајно користење ПолицијатаСо слика и текст беше објавено

дека на 29 септември 2012 година, врз основа на претходно донесена Одлука на Владата на РМ, Министерството за внатрешни работи на трајно користење на Општина Богданци и ја предал зградата на Полицијата во Богданци.

Министерството за внатрешни работи уште пролетта 2010 година, преку упатен службеник најави дека најверојатно нема да има потреба од полициската станица во Богданци затоа што од Богданци ќе се повлече полициското одделение и „покриеноста“ на Општина Богданци ќе се сведе на патролирање. На богданчани, нормално, затекнати од ваквите најави, не им беше јасна мотивацијата на МВР за таквиот чин и се обидоа да побарат објаснување. „Не се исплаќа“ беше краткото објаснување. Подолгото беше дека во МВР се бара стратешка оправданост за постоење на Полицијата во Богданци, ама...

Тоа „ама“ не даваше надеж дека Полицијата ќе остане во Богданци.Кога во Богданци ќе се каже „Полицијата“ се мисли на Министерството за внатрешни работи со сите негови надлежности за одржување на редот и мирот

зградата на користење на Општина Богданци.Постапката е завршена со свеченото доделување на Полицијата на трајно користење на Општина Богданци.

Градоначалникот јавно им се заблагодарил на Министерството за внатрешни работи, на Министерството за социјални работи и на Владата на Република Македонија што излегле во пресрет на инвеститорот и на Општина Богданци со што Богданци, како единствен во овој дел од Македонија, би се здобил со Дом за стари лица. Натаму во информацијата се редат евентуалните придобивки во вид на нови работни места и посетители во Богданци.

А Законите, Правилниците, процедурите и постапките кои се заобиколени или се најавува нивно заобиколување?

Сето тоа е во ред, но некои прашања ќе мораат да бидат удостоени со одговор. Обврската за тоа имаат Градоначалникот, Советот на Општина Богданци и чиновништвото од општинската администрација.

отелотворено во зградата што Србите ја подигнале уште по Големата војна за да го држат под контрола овој пограничен дел од „новоослободените земји“.

Во јунскиот број од 2010 година „Поглед“, покрај другото ќе напише: „.Ако се покаже дека постоењето на Полициска станица во Богданци нема стратешка оправданост може да ја даде на јавен оглас и зградата, заедно со земјиштето што и следува, да се изнајми за други потреби. Се разбира доколку не се заклучи дека зградата и земјиштето се во сопственост на државата, односно на Министерството за внатрешни работи, па да ја шитнат некому. Ќе биде интересно да се види каков развој ќе имаат настаните.“

На 17 ноември 2011 година некоја Марија Николиќ од Сан Диего, во САД, затоа што и се допаѓа објектот и неговата место положба, бара да и бидат изнајмени на 30 години за во него да смести Дом за нега на стари лица.Барањето се најде на разгледување пред Советот на Општина Богданци на седницата што се одржа на 26 ноември 2011 година. Таа седница по многу нешта беше посебна. На дневен ред беа ставени 25 точки меѓу кои, како 19.,

беше Барањето. Седницата траеше безмалки 12 часа.

Никој од советниците не праша како во Америка разбрале дека Полицијата во Богданци ќе се затвора, дека објектот и неговото земјиште „душа дало“ за Дом за стари лица и уште некои работи за кои, впрочем, треба да се заинтересирани. На никој не му текна да праша како тоа тие како општински советници треба да одлучуваат за објект кој не е во сопственост на општината. Или да го побара макар мислењето на матичните комисии на Советот. Да праша било што. Шест советника дадоа согласност за Барањето, Тројца се изјаснија за „Воздржани“. Еден советник беше против, а мислењето на еден остана непознато за јавноста затоа што беше отсутен.

На 1 декември 2011 година Полицијата тивко, тивко се испразни.

Во почетокот на мај 2012 година Советот на Општина Богданци го донесе Правилникот за условите, начинот и постапките за користење и располагање со стварите во сопственост на Општина Богданци и за евиденција на недвижните ствари во сопственост на Општина Богданци.

Стотина дена потоа Општина Богданци ја добива на КОРИСТЕЊЕ зградата на Полицијата. Треба да се протолкува дали „користењето“ подразбира сопственост со која може да се располага.Во врска со едвидентирањето на сопственоста членот 49 зборува за „ствари кои се во сопственост на Општината“, па нијансира „и кои ги користи Општината“. Во информацијата за примо-предавањето се кажува дека зградата и е предадена на Општината на ТРАЈНО користење. Трајното користење може да се толкува само како СОПСТВЕНОСТ.

Во член 29 од Правилникот се вели дека НЕДВИЖНИТЕ СТВАРИ ВО СОПСТВЕНОСТ НА ОПШТИНАТА МОЖАТ ДА СЕ ДАДАТ ВО ЗАКУП НА

ДУГИ ЛИЦА. Според член 30 Одлуката за тоа ја носи Градоначалникот. Членот 31 определува давањето во закуп да се врши по пат на ЈАВНО НАДДАВАЊЕ. ВО Според членот 31 висината на закупнината ја утврдува Одделението за финансиски прашања на општина Богданци и таа претставува почетна цена во наддавањето, а во ПОСТАПКАТА ЗА ЈАВНОТО НАДДАВАЊЕ СЕ ПРИМЕНУВААТ ОДРЕДБИТЕ СО КОИ Е УРЕДЕНА ПОСТАПКАТА ЗА ПРОДАЖБА НА НЕДВИЖНИ СТВАРИ ПО ПАТ НА ЈАВНО НАДДАВАЊЕ. ЈАВНОТО НАДДАВАЊЕ ГО СПРОВЕДУВА КОМИСИЈА ФОРМИРАНА ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ (член 11) со која раководи нејзиниот претседател (член 12). Понатаму ПОСТАПКАТА ја уредуваат уште тринаесет члена од Правилникот.

Во информацијата општински извори велат дека со поддршката што Советот на Општина Богданци и ја дал на иницијативата зградата на Полицијата да биде пренаменета во Дом за стари лица што како оција била понудена од приватен инвеститор се почнала постапка за доделување на

Печатницата „Софија“ има потреба од работници на неопределено време за извршување на работни задачи:

-На машини во печатарската дејност...............................................повеќе извршители;

-На завршни работи во печатарската дејност................................повеќе извршителки.

Огласот е отворен до задоволувањето на потребата од извршители.

Кандидатите и кандидатките пријавите можат да ги остават на Одделението за прием

во печатницата на улица „Маршал Тито“ број 21 секој работен ден од 8 до 14 часот.

Со пријавите да се достават кратка биографија, адреса и телефон за контакт.

Кандидатите и кандидатките што ќе ги исполнат условите ќе бидат повикани на

разговор.

Коме

рциј

ален

огл

ас

Новини пред зградите кај Чавдарова чешмаБогданчани што живеат во

зградите кај Чавдарова чешма можат да кажат дека изминатиот септември им беше наклонет.

Два-три месеци пред тоа, кога летните горештини го усложнуваа живеењето, беа преземени чекори за решавањето на можностите за седење во паркчињата околу зградите. „Комунална чистота“ таму ги постави клупите кои не беа

потребни на друго место.Тоа не беше доволно за

задоволување на потребите. Подоцна Општината одлучи да им опреми простори каде што навистина ќе можат да приседнуваат. Тоа особено беше убава вест за пензионерите кои се измачуваа со играњето карти и табла во несоодветни услови.

Секој простор е ограден со стилска ограда во чија внатрешноста

има поставено, по една камена маса и четири исто такви клупи околу неа.

Партерот внатре и околу просторот е поплочен. Граѓаните искажаа различни мислења за зафатот, но суштински работата има смисла.

Пензионерите како да не можат да се навикнат на новоуредените простори, па карти и табла и натаму играат на поранешните места.

Ентузијазмот треба да се потхрануваЛетово со „Умри машки“. Лани

со „Салонот на Мадам Пипи“. Полани со...

Така отприлика би изгледал списокот на театарски претстави со кои младите ентузијасти од Гимназијата во Струмица, под раководство на режисерот Кире Ѓоргиев, настапуваа на „Богданско културно лето“.

Минатиот март, во Гимназијата во Богданци, како поткрепа на едно предавање или нешто слично во врска со дрогата и зависностите од неа организирано од Министерството за внатрешни работи, беше изведена пиесата „Белата смрт“ во која се доловуваа разни моменти од животот на оние кај кои дрогата како бела смрт ги уништува нивните животи и нивните семејства.

Во оскудни услови, со слаба техника и реквизити професорката Соња Србова со завидна режисерска умешност направила напори од слабиот текст да го извлече максимумот. Учениците Марија Ташурова, Марин Џишев,Емилија Апостолова, Павлинка Чавдарова,Симона Милошевиќ, Љупчо Шутаров, Ирена Соколова, Сања Гаваталиева и Камелија Иљачева како актери во претставата, се разиграа на сцената и присутните ги внесоа во светот на очајот и безизлезноста како свет на дрогата. Сосема беа убедливи во играта. Од децата кои можеби немале шанса да видат театарска претстава во живо не можеше да се очекува којзнае колку, ама тоа што го дадоа беше далеку над очекуваното.

Таа вечер претставата ја видоа малкумина. Не е познато дали „Белата

смрт“ се прикажуваше надвор од Гимназијата. Не е познато ни зошто како комлетен и сосема издржан артистички продукт, на главната сцена или во камерни услови, не беше прикажана на годинешново „Богданското културно лето“. Тоа ќе беше убав настан и мотив повеќе за Гимназијата, за професорката и за актерите и оваа учебна година да се позанимаваат со некоја друга претстава што ќе ја прикажат на наредното „Културно лето“ и се така до навиката која ќе стане традиција.

Со не сосема јасни идни планови пред десетина години се формира Културно-уметничкото друштво „Бранд Петрушев“. Сега цело Богданци е гордо на неговото постоење. Гордо е и на „Мегдан“, Ансамбалот за традиционална народна песна и игра кое признава дека извориштето му било во искуството собрано кај „Бранд Петрушев“. Пејачката група на пензионерите си го најде своето место. И кај КУД„Иљо Кал’чев-Дељо“ има некоја активност. Гимназискиот хор блика од ентузијазам.

Така се форматираат нештата. Најверојатно и во Струмица така се почнало.Треба да се работи на негување на културно-уметничките дејности. Училиштата во рамките на нивните воншколски активности, а другите според наклонетоста и заинтересираноста.

Во таа смисла, голема грешка и штета е што „Белата смрт“ не и беше покажана на пошироката богданска јавност.

Тие ја направија “Белата смрт”

Page 6: Pogled Br. 43 Oktomvri 2012

6 ПОГЛЕД Октомври, 2012

КВАЛИТЕТНАТА ПОНУДА Е ОСНОВА ЗА ДОБАР ИЗБОР

„Во минатиот број го изнесов моето видување за состојбата на стопанството во Богданци кое, логично, се рефлектира и на општите состојби во Општина Богданци. Состојбата, како што е познато, не е така розова. Благо кажано, би рекол дека е и катастрофална. Веќе наведов каде ги гледам причините за таквата состојба. Кажав дека имам и извесни решенија за надминување на таквата состојба. Се разбира дека сугестиите и предлозите што ги нудам би можеле да бидат решение и единствената алтернатива за излез од кризата.Не можам да претендирам на тоа, но мислам дека можат да послужат како појдовна точка за натамошно укажување и надградување.

Вината за лошата состојба во стопанството ја лоцирав во општинските раководаства што ја водеа Општината во овие четири мандати и во раководството на АД „Млаз“.

„Млаз“ е приватна фирма со своја развојна политика и не би се бавел повеќе со него. Единствено изразувам надеж дека новото раководство ќе најде начин за рестартирање на фирмата со што ќе придонесе за подобрување на состојбата на стопанството во Богданци.

Но, во однос на раководењето со Општината би имал што да кажам.

За скоро време не очекуваат локални избори. Се пружа шанса на овие избори да се избере општинско раководство кое ќе ја поведе Општината во попросперитетна насока.

Досегашната практика покажа извесна шема. Изборот главно се врши од кандидатите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ кои се покажаа како водечки партии во Богданци. Според правилата на демократијата и според Законот за локални избори граѓаните бираат Градоначалник и членови на Советот на Општината. По добивањето на мандат овие субјекти во наредните четири години ја водат Општината како што знаат и умеат. Веќе кажав дека за овие шеснаесет години, во тие четири мандати, Општина Богданци не беше водена како што треба. Тоа значи дека нешто треба да се менува. Процедурата е законски определена. Треба да се менуваат работите во пристапот кон кандидирањети и изборот.

Веќе рековме дека на политичката сцена во Општина Богданци главно се присутни СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Од нивните кандидати се избираат општинските раководни структури. Реално е да се очекува и на наредните избори од кандидатите на овие две партии да се избере општинското раководство.

Општо е мислењето дека и двете партии не уживаат голем авторитет во Богданци. И ова не е мое паушално мислење, туку има своја позадина. Во

разговор со граѓаните ќе чуете: „Оние од СДСМ абер немаа што да прават, но ниту овие од ВМРО-ДПМНЕ не се поарни.“ Ова јасно кажува дека во партиите нешто треба да се менува. Прво треба да се сменат нештата кај нивните партиски раководства. Веќе спомнав дека треба да се менува пристапот. Партиските раководства оваа сугестија нека ја сфатат добронамерно затоа што се однесува за доброто на сите жители на Општина Богданци, а до локалните избори нема многу време.

Најпрво треба да направат една сондажа за испитување на јавното мислење за да дознаат што мислат граѓаните за активноста на нивните партии во општината, за досегашниот вкупен и поединечен придонес на нивните претставници во општинските раководства и врз основа на резултатите од тие испитувања да ги средат своите партиски редови и да ги ревидираат своите партиски органи. Потоа да изготват нивна партиска програма наречена „ДОЛГОРОЧНА СТРАТЕГИЈА ЗА СТОПАНСКИ РАЗВОЈ НА ОПШТИНА БОГДАНЦИ“. Оваа долгорочна стратегија треба да се однесува на период од 15 или 20 години и треба да биде готова 1,5 до 2 месеца пред изборите за да можат да ја презентираат пред граѓаните и пред своите кандидати за советници и градоначалник. Се ограничувам на дадениот рок затоа што така налага тајмингот, но тоа е краток период за изработување на солидна и сеопфатна стратегија. Таа всушност би била партиската изборна програма. Би требало да биде издржана и разработени во детали. За да биде навистина квалитетно изработена општинските партиски раководства треба да побараат стручна помош од нивните партиски централи. Ако треба нека ангажираат и лица од страна. Јас како Милчо Ванов имам некое искуство во изготвувањето на вакви програми и можам, ако ме поканат, да бидам од помош. Велам дека така изработената стратегија би станала партиска програма и како таква би била БЕЛА КНИГА или СВЕТО ПИСМО за политиката што соодветната партија би ја водела во Богданци.

Јас не би сакал да навлегува во тоа што би требало да содржат ваквите програми. Тоа е задача на партиите и нивните политички и други поимање на работите. Граѓаните, врз основа на понудата во Партиските изборни програми ќе го направат изборот на следните локални избори. На подоцнежните локални избори граѓаните ќе ценат колку и како се реализирало од Изборнита програма за која се одлучиле и врз основа на тоа ќе го дават својот глас.Веќе кажав до каде не доведе немањето стратегија за стопански развој на Општина Богданци. СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ мора да имаат на ум дека тие

се водечките политички сили во Богданци и очекувањата што граѓаните ги имаат од нив се големи. Тие и досега во нивните политички платформи декларираа дека ако дојдат на власт ќе донесат благосостојба, но во изминатите шеснаесет години не го направија тоа. Сега имаат шанса да ја исправат грешките од минатото. Наредните избори ќе ги добие партијата што ќе понуди подобра програма за долгорочен развој на Богданци и поквалитетни кандидати.

Политичките партии на јавна сцена се јавуваат дваесетина дена пред изборите со лепење плакати, делење на маички и капи и шетање знамиња. Времето покажа дека тоа не е доволно. Треба да се фатат за работа, да направат квалитетна програма за долгорочна стратегија за стопански развој на Богданци, да ја презентираат пред граѓаните и дури тогаш да очекуваат да ја добијат нивната доверба.

Советот на Општина Богданци во изминатите четири мандати не си ја заврши работата за која беше избран од народот.

Можеби некој ќе се налути, но времето го кажува своето. Слаби општински партиски раководства кадидираат лоши кандидати за членови на Советот на општината од кои понатаму се формира слаб Совет.

Не би сакал да мешам, но би потсетил дека критериум за одбирање кандидати за општинските функции не треба да биде доброто лепење плакати, или викањето „уааа...“. Би им предложил на партиите за следните локални избори да не кандидираат кандидати кои досега имале шанса да бидат на функција. Тие луѓе си го кажале своето.Резултатите се гледаат. Би им предложил како кандидати да не предлагаат луѓе кои се вработени во државната администрација, во јавните претпријатија и во државните институции. Тие секогаш ќе бидат под притисок на градоначалникот и како такви нема да бидат функционални во Советот.

Луѓето што ќе бидат кандидирани за членови на Советот, пред да ја прифатат кандидатурата треба да размислат дали се кадарни правилно да одлучуваат за тековните проблеми. Во досегашните изборни циклуси, во партиските штабови, членовите на партиите главно водеа битка кој да влезе на изборните листи и да биде што повисоко на листата за да станат советници и да можат месечно да заработуваат десетина илјади денари од паушали.

Досегашното искуство зборува дека со завршувањето на изборите партиите веќе немаат ништо со своите кандидати што станале советници. Не би смеело повеќе да биде така. Интересот на Богданци е над интересот на секој поединец и над интересот на секоја партија.

Најдобро би било, врз основа на партиските Програми за долгорочен стопански развој на Општина Богданци, Советот на Општина Богданци да направи една единствена програма која ќе ги обедини најдобрите и најкорисните работи во програмите на партиите што ќе учествуваат во работата на Советот. Таквата програма би била презентирана пред граѓаните на Општина Богданци и низ општа јавна расправа би се усвојувала во понудената верзија или би била дополнувана, изменувана и надградувана. Со тоа би се определил главниот правец во кој би се насочил развојот, нормално базиран на стопанскиот развој. Таа би била таа БЕЛА КНИГА или СВЕТО ПИСМО кон која би се држеле сите што ќе партиципираат во локалната власт. На различните партии, понатаму, во избор им

останува сами да го најдат патот по кој ќе одат за реализацијата на Општата програма за долгорочен стопански развој на Општина Богданци. Партијата што ќе покаже резултати ќе може да се надева на наклонетоста на бирачите. Различноста и ефикасноста при постигнувањето на посакуваните резултати ќе бидат мерило за граѓаните кога ќе треба да одлучат кому да го дадат својот глас.

И со градоначалниците имавме поучни искуства. Голема е и нивната вина за состојбата во која сме сега. Но, тоа што било поминало. Да се свртиме кон иднината. На овие избори да се избере градоначалник кој успешно ќе ја води Општината во наредните 4 години. Тој да биде високообразован, интелигентен, друштвен, досетлив, работлив, храбар, тактичен... Да знае кога да тропне на маса ако треба, или кога, по потреба, „да го свитка опашот“. Да биде меѓу народот, да ги споделува проблемите со граѓаните, да соработува со Советот на Општината, да биде строг кон општинската администрација и успешно да ја претставува Општина Богданци. И да не лаже. Повторувам: ДА НЕ ЛАЖЕ. Да ги поврати изгубените пријатели на Богданци. Со еден збор: Да биде по мерка на жителите на Општина Богданци. Кој и да е му посакувам уште сега среќа, но, да бидам искрен, не би сакал да сум во неговата кожа.

Најпрво ќе се соочи со празна општинска каса. И не само со празна каса: Ќе наследи и големи долгови останати од претходните мандати. За време на целиот негов мандат општинскиот буџет ќе има проблеми со беспарица бидејќи нема стопанство кое ќе го полни. Ќе се соочи со голема, но нефункционална општинска администрација која ќе треба да ја средува. Ќе се соочи со куп социјални случаи и, најпосле, ќе треба да ја реализира стратегијата за долгорочен економски развој на Општината која мора да му биде главен приоритет. Главниот акцент секогаш го ставам на стопанскиот развој бидејќи од него зависи се друго. Уште во првата година од мандатот треба да направи се за донесување на Урбанистички план во кој ќе има предвидено формирање барем на две индустриски зони. Индустриските зони ќе бидат база за развој.

Ова, вака напишано, изгледа лесно, но таа е тешка работа за која треба знаење и многу залагање. Во законот нема предвидено градоначалникот да има заменик, но мислам дека е можно да се има помошници на градоначалникот по извесни области од неговите надлежности. Градоначалникот голем дел од своето расположиво време мора да го троши на исполнување протоколарни обврски. Помошниците би биле од корист при вакви случаи и, како директно задолжени за определени области од општинските надлежности, би му биле од голема помош на градоначалникот. Се разбира дека тоа би донело ново оптоварување

на буџетот, ама ползата би била поголема од трошокот. Тоа како прво, како второ, помошниците, помагајќи, ќе се извештат во градоначалничката работа за утре да бидат потенцијални кандидати за градоначалници. Погледнете ги туѓите искуства. Светските градоначалници имаат и заменици и помошници. Постарите демократии низ искуство извлекле поуки. Во кампањата помошниците би оделе во пакет со кандидатите за градоначалници.

Никој од досегашните градоначалници немаа лични советници волонтери. Градоначалникот го чекаат обемни обврски од разни области. Да е гениј нема да биде упатен во сите нив. Затоа кандидатите за градоначалници, уште во кампањата, треба да кажат дека во нивниот тим, како нивни лични советници се тие и тие луѓе и се сликаат со нив, со што граѓаните ќе можат да извлечат заклучок кој кандидат колку е подготвен да се носи со градоначалничката функција. Таквите тимови за советување на градоначалникот не се непозната работа. Од корист се, а не чинат ништо.

Стожерот на секоја локална самоуправа е нејзиното стопанство. Затоа градоначалникот мора да биде во постојан контакт со локалната бизнис заедница. Но, не само за барање спонзорства, туку за советувања по разни прашања.Досегашните градоначалници не практикуваа такви средби. И кога ги практикуваа средбите ги обојуваа партиски бои. Бизнисот, чесниот бизнис, не може да има партиска препознатливост. Неговиот единствен интерес е создавањето доход.

Г р а д о н а ч а л н и ч к а т а функција е привлечна, но многу, многу одговорна. Носејќи ја чалмата тој треба да испорача и резултати. Грижата за Општината е како надојдена река. Кандидатите за градоначалници стојат на брегот од таа река надевајќи се да поминат на другиот брег. Но, ако кандидатот на кој ќе му се даде довербата не е подготвен да се фати во костец со предизвикот ќе биде однесен од буицата. Со него ќе бидеме однесени и ние граѓаните.

Се обидов да го изнесам моето мислење во врска со овие работи. Се разбира дека на овој начин не може прашањето да се разгледа од сите страни, но сметам дека оваа рамка може да биде појдовна основа за размислување, за корегирање или за дополнување со нови предлози.

Ова треба да биде заеднички проект за подобрување на нештата. Партиите треба да предложат квалитетни кандидати за носители на раководните функции во Општината, а граѓаните да го направат вистинскиот избор и да ги одберат најквалитетните кандидати. Таа ќе биде помошта што ќе си ја дадеме на самите себе за да излеземе од оваа криза, од оваа апатија и бесперспективност и да бидеме горди што сме богданчани.“

Во минатиот број беше изнесено кажувањето на господинот Милчо Ванов каде што тој го изнесува своето видување на општите состојби во Богданци и своето мислење за причините кои ги предизвикале таквите состојби.

„Поглед“ директно го праша господинот Ванов дали само ги констатира состојбите или има и некакво решение за нивно надминување.Тој кажа дека, ако постои интерес, може да предложи и решенија. Логично беше да се видат и решенијата што тој ги нуди. Во продолжение е даден текстот со решенијата кои тој смета дека можат да помогнат, ако за ништо друго, тогаш како основа за поттикнување натамошни размислувања во насока на барања и изнаоѓања решенија за подобрување на состојбите за кои тој се изјасни дека не се погоден амбиент за развој на Општина Богданци.

Page 7: Pogled Br. 43 Oktomvri 2012

7ПОГЛЕД Октомври, 2012 ПОГЛЕД Октомври, 2012

„Пријателите на Богданци“ не ја одржаа трибината на тема „Каде оди Општина Богданци“

Иако најавена четириесетина дена порано трибината на тема „Каде оди Општина Богданци“, организирана од лоби-групата „Пријатели на Богданци“, не се одржа. Оваа требаше да биде трета трибина. Првата се одржа во 2010 година. Втората се одржа во 2011 година. Оваа беше закажана за 6 октомври 2012 година. Трибините традиционално се одржуваат пред 10 октомври затоа што се поврзуваат со 10-ти Октомври, Денот кога било ослободено Богданци.

Координаторот на групата на присутните на трибината им објасни дека нема смисла да се зборува на трибината, да се води расправа и да се усвојуваат заклучоци кога на неа не присуствуваат Градоначалникот на

Општина Богданци и Претседателот на Советот на Општина Богданци со кои разговарал и го добил нивното ветување дека ќе дојдат на трибината. Тој ги потсети присутните дека уште на минатата трибина што се одржа во кабинатот на градоначалникот на која покрај градоначалникот присуствуваше и претседателот на Советот, станало збор за оваа трибина што дополнително ја зголемува недоумицата зошто првите луѓе во општината избегнуваат да учествуваат на неа..

Лоби-групата „Пријатели на Богданци“ е формирана по иницијатива на пензионираниот офталмолог, професор д-р Костадин Јанев. Сите нејзини членови се луѓе кои порано имале или сеуште имаат

извесна позиција во општеството.Координатор на групата е

Јосиф Џочков, пензиониран новинар и поранешен главен уредник на повеќе весници и периодични списанија. Главна и единствена цел на лоби-групата и е на раководствата на Општина Богданци секогаш да им бидат од помош кога тие ќе покажат интерес за тоа. Разочарувањето на „Пријатели на Богданци“ е големо затоа што помошта што ја нудат не се сака да се прифати.

Тие, како што самите кажаа се упорни во настојувањето да ги убедат локалните власти дека имаат сила и можност да тропнат на многу врати од централната власт и од разни други центри на моќ, од што Богданци во никој случај не би имал штета.

За Прославата одблизу Ј а л о в р и б н и к

Ја користам можноста во рубриката „Мислења“ да го искажам мојот став во врска со годинешново прославување на 10-Октомври.

И припаѓам на генерацијата што го памети времето кога како ден на ослободувањето на Богданци се славеше 6 ноември. Подоцна се премина на 10 октомври. Се правеа и шеги во таа смисла. Мислам дека не е од голема важност датата која сепак е форма, туку самиот чин кој е суштината. Сите наоколу по тој повод ги слават деновите од првата декада на ноември. Само Богданци е еден месец порано. Имам разбирање за менување на датата. Во тие турбулентни времиња настаните се менувале со филмска брзина. На војната и се гледал крајот. Воените дејствија влегле во функција на политиката. Тука на нашиве простори, на линијата на „коридорот 10“, кажано со денешната терминологија, војските влегувале и излегувале од населбите. Во разминувањата имало и престрелки. На 10 октомври 1944 година се случила една таква престрелка. Некои тврдат дека била десетина дена порано. Кој би знаел!? Важно, кога НОВ на Македонија одржал митинг во Богданци, пред на 7 ноември да влезе во Гевгелија, во Богданци немало туѓа војска.Нејсе.

Турците многу долго биле тука. Не се памети времето пред нив.Кога си отишле дошле Србите. Си отишле Србите дошле Германците и Бугарите. Кога си отишле Бугарите, Германците останале да си ја штитат отстапницата. По истерувањето на Германците дошла НОВ на Македонија и воспоставила народна власт. Таа власт, со разни модификации, трае од 1944 година до денес.На тој факт е потпрена мотивацијата насекаде, па и во Богданци, да се прославува денот кога во населбата се создале услови за формирање на народно ослободителни одбори како носители на народната власт.

Во слава на тој спомен се правеа соодветни активности. Најпрво градот се облекуваше во празнично руво.

Органите на власта одржуваа јавни протоколарни и свечени седници на кои се сумираа постигнатите реазултати и се правеа планови за натамошните активности. На тие што не беа повеќе меѓу живите, но имаа заслуги за дотогаш постигнатото им се одаваше должното внимание. Не изостануваа ниту културно-уметнички програми. Пријателите на Богданци и деловните партнери на богданските фирми доаѓаа на честитање. Славеничката атмосфера се чувствуваше на секој чекор.

Со возобновувањето на Општина Богданци сето тоа како да исчезна. Првите неколку години од локалната самоуправа, можеби затоа што современиците на војната сеуште беа многубројни и витални се правеа пристојни прослави. Потоа се замре.Годините си врвеа, начинот на прославување се пресликуваше.

Преостанатите борци, немо ќе стават по некој цвет на бистите. Првачињата и децата од забавиште ќе им се придружат во тоа.Потоа, откако постои КУД „Бранд Петрушев“ и пејачката група на пензионерите, во основното училиште ќе се приреди еднолична културно-забавна програма и толку.

Ловџиите со повеќе страст и ангажираност го подготвуваат почетокот на ловната сезона која некако се поклопува со Денот на ослободувањето на Богданци.

Годинава 10-ти Октомври се прослави по истото сценарио.

До 9 октомври никој не знаеше што ќе се случува. Потоа се поделија покани со програма. На 10 октомври претпладне учителките ги наредија децата во паркот. Дојдоа и борците. Се почека малку, иако никој не знаеше што се чека, и се тргна да се стави цвеќе на бистите во горниот парк. Откако се заврши таа работа групата се врати назад и ги остави преостанатите цвеќиња на бистите покрај улицата. Меѓу бистите имаше една покриена со чаршаф. Потоа некој го симна чаршафот и од поднего излезе бистата на Иван Т.Кал’чев

чие откривање беше најавено со поканите. Никој не кажа зошто е таму, кој е поводот и слично. За Иван Т.Кал’чев не стана ниту збор. Го немаше ниту неговото семејство кое ја подигна бистата. Во празнотијата во времето Анте, познатиот Анте, ја презеде иницијативата и десетина минути на присутните им зборувваше дека Коасово нема да биде држава затоа што е дел од Србија. На никој не му беше јасно зошто човекот го кажува тоа и кому од присутните му е гајле за Косово. Сите немо го исслушаа.

Потоа групата се пресели во салата на Советот на Општина Богданци. Во поканите пишуваше дека ќе има некава изложба од делата на Мито Теменугов-Железни. На масите во салата беа наредени мноштво најразлилни книги. Сите се прошетавме околу масите. Ниту некој не праша што бараме таму, ниту ние прашавме каде сме. Потоа сите отидовме во „Петар Мусев“ каде што КУД „Бранд Петрушев“ одигра неколку ора, а Пејачката група на Пензионерите ни отпеа дел од нивниот репертоар. Забавата ја најави едно девојче. Пред забавата Катерина Чрчева ни ги честита празниците и прочита неколку реченици за Паркот на ветерници поради кои градоначалникот бил отсутен. Рече дека тоа што го прочита е обраќање од Ристо Ичков, градоначалник на Општина Богданци кој од сесрце не поздравува и се извинува што не е со нас. Ние учтиво отпоздравивме со аплауз.

После се се прашувам зошто ни се случува ова.

Не може, бре, така. Од официјалните лица го видов само Душко Енџекчев, претседател на Советот на општина Богданци за кој не забележав дека е дел од протоколот. Впрочем, не успеав да го видам ниту протоколот.

Практика е пред да се положи цвеќе да се каже зошто се полага. Кој е поводот.

Се најави откривање биста на

Иван Т.Кал’чев за која никој не кажа збор. Таа биста, иако спонзорирана од семејството, не е самоникната таму. Поставена е со одлука на Советот на општината во рамките на Програмата за поставување спомен обележја. Имаше формирано и комисија за спроведување на Одлуката. Советот под итно треба да бара одговорност од Комисијата оти не си ја завршија работата. Да бев јас на местото на Кал’чеви ќе си ја земав бистата.

Кога протоколот ќе му дозволи на некој да зборува на манифестација организирана од Општината треба да знае дека се што ќе се каже ќе биде став на организаторот. Кога Анте ни кажуваше за Косово и Србија како да ја слушаме Општината како ни го кажува тоа. На никој не му беше јасно зошто оние книги на Железни се изложени таму и што се сакаше да се каже со нив. Дури и на онаа обраќање на Градоначалникот не му ја сфатив смислата.. Ветерниците се подготвуваат долго време. Долго време и ќе се градат. Не беше белки 10 октомври последниот ден за потпишување на работите? И кои работи? Ако и беше така тоа можеа да го направат во Богданци. Ќе беше голем потег. И што ни кажа радоначалникот? Дека ветерниците ќе бидат од значење за културниот и спортскиот живот во Богданци.

Освен Катерина Чрчева која беше протоколарно присутна и претѕседателот Душко Енџекчев не видов друг член на Советот да битжде присутен на прославата каква и да беше таа .Не ги видов ниту партиите. Додуша со Стојанчо Воданов стоевме заедно, но не успеав да сфатам во кое својство е таму. Да беше од ВМРО-ДПМНЕ требаше во делегација да положи цвеќе. Нели се партија на власт и овде и во државата. Од СДСМ немаше никој. Како се надеваат да ја освојат власта кога не се дружат со народот. Да положат цвеќе во делегација предводена од Зоран Прочков, веќе промовираниот нивен кандидат за градоначалник, беше најмалкуто што требаше да го

направат. Каде беа директорите на училиштата, на градинката, на јавните претпријатија. Тие не се острови во морето Богданци. Тие се таму затоа што Богданци ги поставило таму.

Оваа што го живееме денес не е придобивка на кафанската политика. За оваа се губеле животи. На некој не му е по волја тоа, ама така е. Некои луѓе ја изнеле борбата на свои плеќи, додека други си гледале сеир од страна. Ако некому не му се по волја придобивките од нешто сосема нормално е да не ги користи придобивките од нештото. Ги прашувам Борците зошто не прашуваат зошто во Богданци за 2-ри Август не се правеше ништо, зошто за 8-ми септември не се правеше ништо, зошто за 10-ти Октомври се направи некакво-алиби нешто во кое 11-ти Октомври и не се спомна и зошто за 23-ти октомври не се направи ништо. Од толку многу ништа боли глава. Џабе го вееме државниот бајрак, ако не ги почитуваме другите значки.

Има во овдешниве традицио-нални јадења едно јадење што старите го викаа јалов рибник. Се се правеше како за рибник. Се подготвуваше кавармата, се ставаше во тепсија и, наместо риби, преку неа во тепсијата се ставаа компири. Демек рибник е, ама не е рибник. Јалов рибник е. Рибник без риби.

Така и годинешнава прослава за 10-ти октомври. Беше прослава, ама јалова. Празна, без содржина. Како да не беше.

Организирањето прослави и организирањето протоколи е вештина. Умеење, како и секое друго умеење. Занает.

Како и по дома, кога за нешто не сме вешти викаме мајстор. Тој ни го прави тоа што ние не умееме да го направиме. Сега, таа услуга има цена, ама барем за трошокот ќе добиеме резултат. Вака плаќаме неумеење и за трошокот не добиваме ништо. Само срамој и резилаци. ИлијаТумбов,

поранешен секретар на Месна заедница Богданци

„Трибината има за цел да даде едно видување за социо-економската перспектива на Богданска општината. Се обидов да добијам релевантни податоци од Општината за подготвување на воведниот материјал, но не успеав во тоа. Со голем ризик да направам грешка ќе направам осврт што би требало да биде вовед во натамошниот тек на трибината.Претпоставка е дека овде, на маса, треба да се изнесат идеи и предлози кои во себе ќе содржат изгледи за добри решенија и, откако ќе бидат изложени на натамошна анализа, ако ги издржат критичките оцени, да станат реалност. Целта не е да се даваат решенија, туку да се отвораат прашања, да се наметнат евентуални решенија и да се создадат услови да се реализираат.Основната цел е да се помогне. Да се најдат правци на делување кои би се надоврзале на практиката на актуелната политика. Во делот на човечките ресурси би сакал да посочам модалитети кои би можеле да водат до вистинскиот пат. Овој начин мислам дека би можел да даде резултати за да се гради,

Воведното излагање што координаторот Јосиф Џочков го изнесе на минатогодишната трибина одржана во кабинетот на

градоначалникот на Општина Богданци.

или да се доградува постојната, стратегија за да се постигнат саканите цели. Тоа е најдобриот начин да се допре до проблемите, да се анализираат и да се решаваат. Овој е единствениот начин начин да се дојде до мислење, а со тоа и до остварување на остварливото. Се друго би било волунтаризам.

Така би се создал костур за размислување, што е единствениот начин да се сретнат ставовите и размислувањата и врз основа на на нив да се извлечат заклучоци за натамошно дејствување. Секој од нас треба да биде активен учесник во тој процес.

Ние што сме надвор од Богданци и од Општината сакаме да го дадеме својот придонес во тоа што за жителите на општината би била перспектива. Не сакаме да бидеме сфатени како група што сака да се меша во интересите на граѓаните, уште помалку во нивните судбини. Ние ова го чувствуваме како наш долг кон нашите претци, но и кон оние што уште живеат на овие простори. Би бил среќен кога во интерес на тие цели би можеле да ги ставиме во служба сите наши знаења и искуства и да помогнеме. Оваа е морална обврска на кодот на кој му должиме припадност на Богданци. Не треба да се очекува нашето наметнување, туку нормално прифаќање на нашите иницијативи. Тоа ќе покаже дека сме подготвени за соработка. За возврат ние сме подготвени да одговориме со сиот наш капацитет.“Од минатогодишната трибина

Јосиф Џочков, новинар во пензија

Мислења „Поглед“ понекогаш нема да се согласува со содржините на некои текстови во оваа рубрика, но секогаш, доколку не излегуваат од рамките на нормалното однесување, ќе ги објавува.

Page 8: Pogled Br. 43 Oktomvri 2012

8 ПОГЛЕД Октомври, 2012

Црни точки

Парола на месецот

Шега

ШТРАЈК

тел.факс 034/ 211.924 213.903

www.interaplus.com.mk

БОДИГКОМПАНИ

изработка наалуминискиконструкции

тел.факс 034/ 221.709

изработка на апликативен софтвер

продажба на компјутерител.факс 034/ 222-162www.turan.com.mk

• Нудиме организирање на ресторански свечености• Работиме со Фондот за здравствено осигурување• Примаме пациенти со болнички и специјалистички упат• Кетеринг услуги

ЗУПЛ

АД с. Негорци, Гевгелија

тел. 034/231-176www.negorskibanji.com.mk

НЕГОРСКИ БАЊИ

Измислен разговор меѓу Богданчо на Богдан Богдански и „Пријателите на Богданци“

БББ:- Зошто се нарековте „Пријатели на Богданци“?

ПнБ: -Затоа што поинаку не може да биде. Никој не може да ни ја одземе љубовта кон Богданци.

БББ:- А кои сте вие?ПнБ?- Поединци кои лично

или нивните предци се родени тука, а денес живеат во други делови од државата. Секој од нас има или имал некаква позиција во државата и тоа сака да го стави во функција на денешните потреби на Богданци. Или поедноставно кажано, овде би го цитирале нашиот координатор, ние сме луѓе кои пријателствувањето со Богданци го чувствуваме како наш долг кон нашите претци, но и кон оние што живеат на богданскиот простор. Сите ние би биле среќни кога во служба на Богданци би можеле да ги ставиме сите наши знаења и искуства и да помогнеме. Тоа го сметаме за морална обврска на кодот на кој му должиме припадност

кон Богданци. Ете тие сме.БББ:- А како дојде до

создавањето на „Пријатели на Богданци“?

ПнБ: - Идејата е на проф.д-р Костадин Јанев. Тој како пензиониран лекар офталмолог живее во Скопје, но еднакво живее и во својот богдански дом. Во 2010 година ја изнесе идејата за создавањето неформална лоби-група што на Богданци ќе му ги понуди своите услуги. Првата официјална средба се одржа во 2010 година. Лани се одржа втората средба. Годинава требаше да се одржа третата средба. Всушност се одржа, ама на неа не присуствуваа официјални луѓе од Општината.

БББ:-Можеби не им се допаѓа што на маса сакате да го извадите прашањето за Богородица. Многумина сметаат дека тоа е завршена работа на која не треба да се троши енергија.

ПнБ: - Ние не мислиме така. Сметаме дека интерес на Богданци

е прашањето да го држи постојано живо.

БББ: - Аман бре луѓе! Зарем после шеснаесет години може нешто да се измени?

ПнБ: - Може.Тодор Станчев, по една таква малодушност искажана на годинешнава средба, изнесе една голема вистина. Потсети дека имотот што на граѓаните им беше одземен по воспоставувањето на комунистичката власт шеесет и пет години подоцна им беше вратен. Веруваше ли некој дека тоа ќе се случи? Ама се случи. Затоа велиме дека прашањето со Богородица не смее да се фрли во заборав. Државата постојано треба да се потсетува дека на Богданци му е направена неправда и дека поради тоа му е должничка..

БББ: - Се согласувам со вас и ви посакувам успех во настојувањето.

ПнБ:-Фала. Немаме намера да престанеме. Упорноста никогаш не ни недостасувала.

Некои имаат повеќе проблеми со самите себе отколку со било кој друг

А.К.Љуц

Некои шеги навистина се светски. Можеби се малку исфризиран продукт на вистински настани, можеби се продукт на нечија имагинација дуздисана да личи на вистински настан. Главно некои од биле доста успешни и го обиколиле светот. Станале сопственост на сите

и секој си ги дотерувал по сопствено наоѓање правејќи ги поинтересни или помалку интерсни од оригиналот. Заедничко на сите им е тоа што секогаш имаат универзална порака.

Шегата во продолжение се јави во раните осумдесети на минатиот век и сеуште изгледа свежо. Особено што и кај нас се „ослободи“ правото на штрајк како демократско средство за придобивање на некакви права.

Синдикатот на полицајците во една светска метропола каде што локалната полиција е под непосредна надлежност на градските власти, му се обраќа со допис на Градоначалникот и му вели дека, доколку не им се покачат платите на полициските работници тие, на таа и таа дата, ќе стапат во генерален штрак и ќе штрајкуваат се до исполнување на нивното барање.

Како што нормално бива Градоначалникот одлучно им одговорил дека „во Буџетот ставката за нивните плати е строго определена и дека нема можност таа да се менува, но има место за размислување во таа насока, па тоа ќе се има предвид при планирањето на Буџетот за идната година“. Им го кажал тоа и нивното барање го оставил настрана.

Во меѓувреме им наредил на соодветните служби да надгледуваат дали полицајците се подготвуваат за генерален штрајк. Службите информирале дека на терен нема знаци за такви активности.

Како се наближувал терминот што полицајците го најавиле како почеток на генералниот штрајк, така градоначалникот го засилил надгледувањето. Ништо не укажувало дека полицајците се подготвуваат за штрајк.

На денот кога бил најавен почетокот на штрајкот градоначалникот отишол рано изутрината на работа. По улиците видел дека уличните полицајци и сообраќајците се на своите работни места.

Неговите соработници од градската управа, исто така дојдени порано на работа, го известиле дека полицијата на сите нивоа ги исполнува секојдневните работни задолженија.

Градоначалникот се успокоил убедувајќи се дека од најавениот генерален штрајк на полицајците нема да има ништо и гордо, поради мислата дека тоа е резултат на неговото одлучно одбивање на барањето, го сметнал штрајкот од ум препуштајќи им се на другите активности.

За неполн час, најмногу час и половина, пристигнале пискотници од Градот. Метрополата „клекнала

на колена“. Полицајците-сообраќајци

палките со „СТОП“ во рака и застани го автомобилот, не му се чисти стаклата, исклучи го од сообраќај. Наиди возило со брзина километар поголема од дозволената, исклучи го од сообраќајот. И се дупнал ауспухот на колата, бучи, исклучи ја од сообраќај. Гумите на некој учесник во сообраќајот ја немаат соодветната длабочина на шарата, надвор од сообраќај...

Уличните сообраќајци, тефтерчињата во рака, и види деканекој локал нема прописно истакнато работно време, удри му ја пљомбата. Види дека излозите не се подредени и со нечисти стакла, стави и на продавницата црвена лента. Помини некој по работ на пешачкиот премин, запиши го во тефтерчето. Провери дали некој носи документ за идентификација, не носи ли води го полициската станица.

Градската управа се наполнила со граѓани дојдени на поплака. Зел Градоначалникот да телефонира кај главните во Полицијата прашувајќи што се случува.

-Појма немаме, му одговориле. Овде работите во свои раце ги презеде полицискиот синдикат.

Им завртел Градоначалникот на синдикалците.

-Во штрајк сме, му одговориле. Имаме барање и се додека не ни го исполнете барањето ќе бидеме во штрајк.

-Но, вие работите. Во каков штрајк сте?

-Генерален, вратиле с и н д и к а л ц и т е . Ш т р а ј к у в а м е на тој начин што буквално го спроведуваме законите што се во наша надлежност. Се однесуваме точно така како што пропишуваат законите.

Видел Градоначалникот дека полицајците му ја „зеле мерката“ и ги повикал итно да дојдат на преговори.

Кога дошле ги замолил да „олабават“ малку во спроведуваеето на законите за да се издиши и поткрене градот, а што се однесува до барањето им ветил дека ќе им биде исполнето до последната точка.

Во светлото на фактитеВеќе е речено дека сликата

секогаш кажува повеќе од било кој опис со зборови.

Низ оваа рубрика поминаа многу слики што укажуваа на безброј нешта кои не зборуваат најдобро за нашите навики безочно да го уништуваме тоа што со мака и со тешки пари се направило. Немаше којзнае какво фајде од тоа, ама „Поглед“ нема да престане да објавува фотографии и да пишува за црните точки во Богданци. Некои црни точки се резултат на нашата аљкавост.Некои се присутни затоа што не им дошол редот да бидат отстранети. За некои може да се

каже дека се природна последица. Но кај некои јасно се гледа „ракописот“ на асоцијалните персони. Овојпат приложените фотографии „фрлаат светло“ на нивните „ракотворби“.

Ракотворба се „ами што друго“ , урнатите рабови од скалите или ѕидовите за чие ѕидање беше носен камен од Радовиш и беа доведени мајстори од Албанија.

Ракотворба е кршењето на корпите за ѓубре.

Да не зборуваме за инспирацијата на сторителите чија ракотворба се запалените палмини стебла. На палмите Богданци не им е домашен амбиент. Но тие опстојуваат

тука. Нивното населување чинело скапо, но тоа е ништо во споредба со медитеранскиот впечаток што го предизвикува нивното присуство.

Не е тешко да се запали палмино стебло. Уште полесно е умртвувањето на палминото дрво ако се уништи неговото стебло. Но тоа не е нормална работа.

Кој да им го каже тоа на малоумните кои не гледаат подалеку од нивниот мрсулав нос. Време е некој да им ги истегне ушите.

Факт е дека надлежните служби треба да ги преземат работи во свои раце.