POGLED Br.46 Januari

8
БРОЈ 43, Октомври 2012 PRINTMAKING WORKSHOP “SOFIJA” ГРАФИЧКА РАБОТИЛНИЦА “ СОФИЈА” Број 46 Јануари 2013 Јануари-месец на празнувањето Поглед од мојот агол Пишува:Илија Тумбов стр.4 стр.2-3 Од 57-та седница на Советот на Општина Богданци стр.5 Празнично украсување Коледарскиот оган На Браната за Водици Немаше ништо да се промени ако на оваа место се печатеше текстот од јануари во минатата година. Јануари, месецот на празнувањето или најдолгиот месец во годината затоа што празнувањето ги „изгризува“ сите буџети, па после маки се мачат како да се бајпасира периодот до следниот прилив на свежи средства. Богданци и година достојно го пречека и испрати јануари-месецот на празнувањето. Со последните денови на декември паркот беше облечен во празнично руво. Новогодишната ноќ секој ја помина на свој начин. Спецификата на овогодишната новогодишна тура празници беше во нејзината распосланост од 29 декември до 2 јануари. Потоа сите очекувања се насочија кон Коледе и традиционалниот коледарски оган. Реконструкцијата на Темниот парк и новото уредување на неговиот партер го стави под прашање местопто каде што ќе биде запален коледарскиот оган. Решението се пронашло во пространството на паркиралиштето. Тој простор е погоден за масовни собирања. Коледарскиот оган подразбира масовно собирање околу него. Годинава настанот беше најавен со плакати на кои имаше запишано дека на 5 јануари 2013 година, со почеток во 19 часот, на паркингот во центарот на Богданци, ќе се одржи традиционалниот коледарски оган. Како организатори на случувањето беа наведени Општина Богданци и Лебопекара ММ. Сите знаци кажуваа дека вечерта ќе биде пријатна и топла Мноштво народ се упати кон паркиралиштето. Дрвата за огното беа наредени за потпалување. Огнометот го најави запалувањето на огнот. Со разгорувањето на огнот, од некаде изригна ветрот. Топлата ракија,закуската и музиката на „Оаза“ беа солидна подлога за добро расположение, ама искрите што се одвојуваа од пламените јазици на огнот сериозно им се закануваа на јакните од кинеско и турско потекло со кои главно беа облечени присутните, па овие, не сакајќи да ризикуваат дупки во јакните, полека почна да се оддалечува од огнот. Штета за трудот што го вложиле организаторите. Потоа уледија Бадник и празнувањето на Божиќ. Бадник и Божиќ некако повеќе се семејни празници. За Василица или на Стара Нова Година не се пропушти да се продолжи традицијата, според која разни друштва и групации се собираат на гоштевки чиј повод е кршење на лепче со паричка која ќе го определи домаќинот на гоштевката што по тој повод ќе биде организирана во 2014 година. Но, освен среќата во навестување што треба да ја сугерира пронаоѓањето на паричката скриена во лебот, на гоштевките за Василица не се пропушти шансата среќата да се испроба на лице место. Некаде во сериозни влогови, некаде во помали, некаде, дури и во симболични, со помош на картите во покер или мунти и зарчињата во барбут, како помобилни игри, секој имаше можност да си ја провери среќата. Водици и Свети Јован одат некако во пакет. За Водици или за Богојавление стана традиција крстот да се фрла во водите на акумулацијата во Паљурци. Денот на Водици годинава беше неопишува убав: сончев, топол, пријатен. И откога заврши церемонијата не беше мал бројот на тие што останаа да си поседат и да поуживаат во убавината на денот. Кога во такви убави зимски денови со пролетни или есенски примеси ќе се поседи на клупите или под тендите на излетиштето идејата од крајбрежието да се направи излетиште добива смисла. За да покаже дека снегот е нејзиниот заштитен знак зимата не пропушти во последната декада од јануари да му го побели подрачјето на Богданци. И по тоа Богданци покажа дека е поразличен од опкружувањето. Со изминувањето на Свети Андон на 30 и Свети Атанасиј на 31 листот на јануари може да се отстрани од календарот за 2013 година. Билборд со ликот на Тоше се постави во паркот На 8 октомври минатата година Општина Богданци поднела Барање до Меѓународната фондација „Тоше Проески“ за да и се дозволи во Богданци да биде поставено спомен- обележје во вид на осветлен стаклен билборд со ликот на несреќно починатата музичка икона Тоше Проески. Меѓународната фондација „Тоше Проески“ и дозволила на Општина Богданци да може да го постави билбордот. По спроведената тендерска постапка за избор на најповолен понудувач, изведувачот „Промонтинг“-Скопје, на 22 јануари 2013 година, билбордот го постави на камениот ѕид што го одвојува Темниот парк од шеталиштето во центарот на Богданци. На 25 јануари 2013 година, во знак на одбележување на роденденот на Тоше Проески, спомен –обележјето беше откриено и сега стаклениот осветлен билборд со ликот на Тоше Проевски го краси центарот на Богданци. Со чинот подигање на оваа спомен-обележје во Општината сметаат дека им се излегува во пресрет на барањата на граѓаните на Богданци за покажување скромна почит кон ликот и делото на прерано починатиот пејач кој на своето време му даде сопствен белег и на музички план и на планот на хуманитарноста Општина Богданци и турски инвеститор потпишаа Писмо со намери за искористување на ветерот за производство на струја Ќе привлече ли богданскиот ветер нови инвестиции во Богданци? стр.3 Лето Господово 2013-то „Врви по мене“, му рекол Исус на цариникот Левиј.По кого ние да врвиме? Донесен Буџетот на Општина Богданци за 2013 година планиран во висина од 2 милиони евра Исечени дрвјата во Полицијата Еколошките друштва збор не зборнаа за појавата... тел.факс 034/ 214.903 213.903 www.interaplus.com.mk БОДИГ КОМПАНИ изработка на алуминиски конструкции тел.факс 034/ 221.709 изработка на апликативен софтвер продажба на компјутери тел.факс 034/ 222-162 www.turan.com.mk • Нудиме организирање на ресторански свечености • Работиме со Фондот за здравствено осигурување • Примаме пациенти со болнички и специјалистички упат • Кетеринг услуги ЗУПЛ АД с. Негорци, Гевгелија тел. 034/231-176 www.negorskibanji.com.mk НЕГОРСКИ БАЊИ

description

Nezavisen vesnik na Bogdanci

Transcript of POGLED Br.46 Januari

Page 1: POGLED Br.46 Januari

стр. 5.

БРОЈ 43, Октомври 2012

PRINTMAKING WORKSHOP “SOFIJA” ГРАФИЧКА РАБОТИЛНИЦА “ СОФИЈА”

Број 46 Јануари 2013

Ј а н у а р и - м е с е ц н а п р а з н у в а њ е то

Поглед од мојот агол

Пишува:Илија Тумбов стр.4

стр.2-3

Од 57-та седница на Советот на Општина Богданци

стр.5

Празнично украсување Коледарскиот оган

На Браната за Водици

Немаше ништо да се промени ако на оваа место се печатеше текстот од јануари во минатата година.

Јануари, месецот на празнувањето или најдолгиот месец во годината затоа што празнувањето ги „изгризува“ сите буџети, па после маки се мачат како да се бајпасира периодот до следниот прилив на свежи средства.

Богданци и година достојно го пречека и испрати јануари-месецот на празнувањето.

Со последните денови на декември паркот беше облечен во празнично руво.

Новогодишната ноќ секој ја помина на свој начин. Спецификата на овогодишната новогодишна тура празници беше во нејзината распосланост од 29 декември до 2 јануари.

Потоа сите очекувања се насочија кон Коледе и традиционалниот коледарски оган. Реконструкцијата на Темниот парк и новото уредување на неговиот партер го стави под прашање местопто каде што ќе биде запален коледарскиот оган.

Решението се пронашло во пространството на паркиралиштето. Тој простор е погоден за масовни собирања.

Коледарскиот оган подразбира масовно собирање околу него. Годинава настанот беше најавен со плакати на кои имаше запишано дека на 5 јануари 2013 година, со почеток во 19 часот, на паркингот во центарот на Богданци, ќе се одржи традиционалниот коледарски оган. Како организатори на случувањето беа наведени Општина Богданци и Лебопекара ММ.

Сите знаци кажуваа дека вечерта ќе биде пријатна и топла Мноштво народ се упати кон паркиралиштето. Дрвата за огното беа наредени за потпалување.Огнометот го најави запалувањето на огнот. Со разгорувањето на огнот, од некаде изригна ветрот.

Топлата ракија,закуската и музиката на „Оаза“ беа солидна подлога за добро расположение, ама искрите што се одвојуваа од пламените јазици на огнот сериозно им се закануваа на јакните од кинеско и турско потекло со кои главно беа облечени присутните, па овие, не сакајќи да ризикуваат дупки во јакните, полека почна да се оддалечува од огнот. Штета за трудот што го вложиле организаторите.

Потоа уледија Бадник и празнувањето на Божиќ. Бадник и Божиќ некако повеќе се семејни празници.

За Василица или на Стара Нова Година не се пропушти да се продолжи т р а д и ц и ј а т а , според која разни друштва и групации се собираат на гоштевки чиј повод е кршење на лепче со паричка која ќе го определи домаќинот на г о ш т е в к а т а што по тој повод ќе биде

организирана во 2014 година.Но, освен среќата во

навестување што треба да ја сугерира пронаоѓањето на паричката скриена во лебот, на гоштевките за Василица не се пропушти шансата среќата да се испроба на лице место.

Некаде во сериозни влогови, некаде во помали, некаде, дури и во симболични, со помош на картите во покер или мунти и зарчињата во барбут, како помобилни игри, секој имаше можност да си ја провери среќата.

Водици и Свети Јован одат некако во пакет.

За Водици или за Богојавление стана традиција крстот да се фрла во водите на акумулацијата во Паљурци. Денот на Водици годинава беше неопишува убав: сончев, топол, пријатен.

И откога заврши церемонијата не беше мал бројот на тие што останаа да си поседат и да поуживаат во убавината на денот.

Кога во такви убави зимски денови со пролетни или есенски примеси ќе се поседи на клупите или под тендите на излетиштето идејата од крајбрежието да се направи излетиште добива смисла.

За да покаже дека снегот е нејзиниот заштитен знак зимата не пропушти во последната декада од јануари да му го побели подрачјето на Богданци.

И по тоа Богданци покажа дека е поразличен од опкружувањето.

Со изминувањето на Свети Андон на 30 и Свети Атанасиј на 31 листот на јануари може да се отстрани од календарот за 2013 година.

Билборд со ликот на Тоше се постави

во паркот

На 8 октомври минатата година Општина Богданци поднела Барање до Меѓународната фондација „Тоше Проески“ за да и се дозволи во Богданци да биде поставено спомен-обележје во вид на осветлен стаклен билборд со ликот на несреќно починатата музичка икона Тоше Проески.

Меѓународната фондација „Тоше Проески“ и дозволила на Општина Богданци да може да го постави билбордот.

По спроведената тендерска постапка за избор на најповолен понудувач, изведувачот „Промонтинг“-Скопје, на 22 јануари 2013 година, билбордот го постави на камениот ѕид што го одвојува Темниот парк од шеталиштето во центарот на Богданци.

На 25 јануари 2013 година, во знак на одбележување на роденденот на Тоше Проески, спомен –обележјето беше откриено и сега стаклениот осветлен билборд со ликот на Тоше Проевски го краси центарот на Богданци.

Со чинот подигање на оваа спомен-обележје во Општината сметаат дека им се излегува во пресрет на барањата на граѓаните на Богданци за покажување скромна почит кон ликот и делото на прерано починатиот пејач кој на своето време му даде сопствен белег и на музички план и на планот на хуманитарноста

Општина Богданци и турски инвеститор потпишаа Писмо со намери за искористување на ветерот за производство на струја

Ќе привлече ли богданскиот ветер нови инвестиции во Богданци?

стр.3

Лето Господово 2013-то

„Врви по мене“, му рекол Исус на цариникот Левиј.По кого ние да врвиме?

Донесен Буџетот на Општина Богданци за 2013 година планиран во висина од 2 милиони евра

Исечени дрвјата воПолицијата

Еколошките друштва збор не зборнаа за појавата...

тел.факс 034/ 214.903 213.903

www.interaplus.com.mk

БОДИГКОМПАНИ

изработка наалуминискиконструкции

тел.факс 034/ 221.709

изработка на апликативен софтвер

продажба на компјутерител.факс 034/ 222-162www.turan.com.mk

• Нудиме организирање на ресторански свечености• Работиме со Фондот за здравствено осигурување• Примаме пациенти со болнички и специјалистички упат• Кетеринг услуги

ЗУПЛ

АД с. Негорци, Гевгелија

тел. 034/231-176www.negorskibanji.com.mk

НЕГОРСКИ БАЊИ

Page 2: POGLED Br.46 Januari

2 ПОГЛЕД ,Јануари 2013

Од Педесет и седмата седница на Советот на Општина Богданци

Известувач: Илија Тумбов

Печати:„Софија“ Богданци

Жиро-сметка:270000000711867

Даночен број:МК4006991101880

Редакција: Маршал Тито 211484 Богданцител. 075 738834факс: 034 [email protected]

Издава: „СОФИЈА“1484 Богданци, ул. “Маршал Тито” 21

Директор: Драги Семенпеев

Илија Тумбов

Уредува редакциски колегиум

Технички уредници:

Јован РоглевВалентина Попова

Уредник:

Халк Банка-Скопје

СДСМ ја напушти седницата

Продолжува на стр.3

Во целосен состав Советот на Општина Богданци ја започна својата Педесет и седма седница.

Со 10 гласа „За“ и 1 глас „Воздржано“ (Зоран Пеев затоа што не присуствувал на седницата се воздржа од гласање за записникот) Советот на Општина Богданци го усвои Записникот од Педесет и шестата седница.

Со 7 гласа „За“ и 4 гласа „Воздржано“ советниците, за работа на седницата, усвоија дневен ред од 22 точки.

На почетокот советничката група на СДСМ побара пауза од 10 минути за консултации.По паузата советникот Илија Карагошев изјави дека во знак на протест поради настаните што на 24 декември се случувале во Собранието на Република Македонија советничката група на СДСМ нема да учествува во работата на Советот. Потоа советниците Илија Карагошев, Блаже Шапов, Драгица Ѓавочанова и Зоран Пеев ја напуштија седницата.

П р е т с е д а в а ч о т , констатирајќи дека со присуството на советниците Катерина Чрчева, Горан Сламков, Санда Шуклева, Мито Манолев, Тони Такашманов, Ристо Шабанов и неговото, Душко Енџекчев, Советот има кворум за работа, предложи да се продолжи со работа.

*- На првата точка, по образложението од Симона Савиќ од општинската администрација, без дискусија, со 7 гласа „За“ се усвои Програмата за одржување на јавната чистота на подрачјето на Општина Богданци во 2013 година според која за одржување (миење и метење) на главната улица во Богданци од Чавдарова Чешма до „Бреботекс“ со површина од 17.300 м2, на главната улица во Стојаково со површина од 2.000 м2, на главната улица во Ѓавото со површина од 2.000 м2, на шеталиштето околу паркот во Богданци со површина од 3.208 м2, на Паркот во Богданци со површина од 2.634 м2, на Детското игралиште во Богданци со површина од 1.280 м2 и на крајбрежието на езерцето „Паљурци“ со површина од 12.659 м2 се планирани 3.067.300 денари од кои 1.170.000 денари ќе бидат собрани од корисниците на комунални услуги,а 1.897.3000 денари ќе бидат предвидени со Буџетот на Општина Богданци за 2013 година. Активностите планирани со Програмата ќе ги извршува Јавното претпријатие „Комунална чистота“-Богданци кое за тоа ќе си изготви своја оперативна програма. Инспекцискиот надзор над извршувањето на Програмата ќе го врши Овластениот комунален инспектор на Општина Богданци.

*- На втората точка, по образложението од Симона Савиќ од општинската администрација, без дискусија, со 7 гласа „За“ се донесе Програмата за

финансирање на активности во Општина Богданци од областа на социјалната заштита во 2013 година според која 600.000 денари од Буџетот на Општина Богданци со решенија од Градоначалникот, како еднократна помош ќе им биде доделувана:

1. На деца без родители и родителска гриж, од 4.000 до 10.000 денари поединечно по дете;

2. На лица со инвалидитет, од 3.000 до 15.000 денари поединечно по лице;

3. На деца со воспистно-социјални проблеми, од 2.000 до 8.000 денари поединечно по дете;

4. На деца со пречки во менталниот и телесниот развој, од 2.000 до 10.000 денари поединечно по дете;

5. На деца од еднородителски семејства, од 1.500 до 10.000 денари поединечно по дете;

6. На лица жртви на семејно насилство, од 1.000 до 5.000 денари поединечно по лице;

7. На лица изложени на социјален ризик, од 2.000 до 10.000 денари поединечно по лице;

8. На лица засегнати со злоупотреба на алкохол и дрога, од 1.000 до 3.000 денари поединечно по лице;

9. На стари лица без семејна грижа, од 1.500 до 5.000 денари поединечно по лице;

10. На лица на кои им е потребна итна хируршка интервенција, од 3.000 до 15.000 денари поединечно по лице.

Трансферите на средствата до корисниците ќе ги реализира Градоначалникот.

*- На третата точка, по образложението на Симона Савиќ од општинската администрација, со 7 гласа „За“ се донесе Програмата за активностите на Општина Богданци во областа на заштитата и спасувањето, противпожарната заштита и справување со кризи во 2013 година кои ќе се остваруваат преку Општинскиот штаб за заштита и спасување, Просторните специјализирани сили за заштита и спасување, Доброволното противпожарно друштво-Богданци и Комисијата за процена на штета од елементарни и други непогоди на територијата на Општина Богданци. Во противпожарната заштите за надоместоци на вработените се предвидени 720.000 денари, за поправки и тековно одржување на возилата се предвидени 100.000 денари и за гуми и резервни делови на ПП возилата 60.000 денари.Во делот на заштита и спасување за набавка на опрема и средства се планирани 100.000 денари за набавка на сол, ризла и механичко-технички средства за зимско одржување на патиштата во општината се планирани 300.000 денари. За спроведување на оваа програма се грижи Градоначалникот.

*- На четвртата точка, по образложение на Симона Савиќ

од општинската администрација, без дискусија, со 7 гласа „За“ се донесе Програма за финансирање на културните активности во Општина Богданци за 2013 година со која 300.000 денари се предвидени за одржување на културни манифестации и 300.000 денари за поддршка на културно-уметничките друштва. За спроведување на Програмата ќе се грижи Градоначалникот.

*- На петтата точка, по образложение на Симона Савиќ од општинската администрација, 7 гласа „За“ и по расправа во која учествуваа повеќе советници, се донесе Програмата за финансирање на спортските активности во Општина Богданци за 2013 година според која за одржување на Турнирот во мал фудбал во Стојаково се планирани 100.000 денари, за одржување на други манифестации 150.000 денари, за подршка на ФК „Вардарски“-Богданци 500.000 денари, за поддршка на РК „Младост 09“-Богданци 500.000 денари и за други спортски клубови (во зависност од потребите) 200.000 денари. За реализација на Програмата и за следење на активностите надлежен е Градоначалникот.

Советникот Илија Карагошев имаше доставено амандман за поддршка на клубот „Цико“ од Стојаково за кој на гласањето имаше 1 глас „За“, 1 глас „Против“ и 5 гласа „Воздржано“ со што амандманот не беше прифатен, а градоналаникот Ристо Ичков, кој сугерираше неприфаќање на амандманот така како што беше формулиран, вети дека клубот ќе биде поддржан од средствата предвидени за други активности.

Во расправата советникот Ристо Шабанов го интересираше дали планираните средства за поддршка на „Младост“ се нови средства или во нив се содржат и средствата од ланската програма што не беа исплатени на што Симона Савиќ му одговори дека се нови средства, а Шабанов праша зошто тогаш средствата не му се исплатени на „Младост“ на што градоначалникот Ристо Ичков одговори дека „Младост“ за користење на спортската сала во Стојаково должи 160.000 денари и договорено е Општината да го измири тој долг.

Советникот Тони Такашманов забележа дека лани биле планирани по 250.000 на „Вардарски“ и „Младост“, а годинава двојно повеќе и побара и за годинава да се планираат по 250.000 денари на што градоначалникот Ристо Ичков одговори дека Општината мора да ги помага спортските клубови за да можат да опстанат.

*- Со 6 гласа „За“ и 1 глас „Воздржано“, на шестата точка, се донесе Програмата за Локален економски развој на Општина Богданци за 2013 година. Образложение по Програмата даде Митко Влахов од општинската администрација.

Во расправата советникот Ристо Шабанов забележа дека предвидените 450.000 денари кои претставуваат повеќе од 7 илјади евра се многу пари за новогодишни украси во 2013 година во услови кога може да се смета и на украсите што останале од претходните години и праша зошто нема предвидено средства за тоалетите на катот во општинската зграда кои се во очајна состојба на што Влахов му одговори дека средствата за новогодишни украси не се големи ако се знае дека во Стојаково, Ѓавото и Селемли воопшто нема новогодишно украсување, а тоалетите не можат да влезат во програма за енергетска ефикасност до каде што може да има надлежност Програмата.

Советничката Катерина Чрчева ги поддржа активностите и проектите планирани во Програмата и забележа дека треба да се реши прашањето со

затоплувањето на ООУ„Петар Мусев“ каде што претстојуваат 500 деца и наставници потсетувајќи дека и лани, кога се носела Програмата, ја имала истата забелешка на што Влахов и одговори дека лани од никаде не се успеало да се добијат средства за парното во „Патар Мусев“ и напомна дека тоа прашање ќе се регулира со Програмата за меѓуопштинска соработка на планот на енергетската ефикасност затоа што во преговорите добиле ветување дека има шанси да се добијат 40% од средствата за таа намена.

*- На седмата точка со 7 гласа „За“ беше усвоен Акционен план за обезбедување пристапност во објектите од јавен интерес во периодот од 2013 до 2015 година. Планот според кој треба да се изградат рампи и лифтови за пристапност во објектите од јавен интерес во Општина Богданци го образложи Митко Влахов од општинската администрација

Советникот Ристо Шабанов праша дали сумата од 28.000 денари за изградба на една рампа е реална на што му беше објаснето дека наведената цена е ориентациона и формирана врз основа за сознанијата за цената на градежните материјали, а реалната цена ќе се добие на тендар.

Влахов напомна дека и цените за лифтовите ќе се добијат по објавувањето на јавен тендер и дека во Македонија не се произведуваат такви лифтови.

*- По Информацијата за користење на Грант од МСИП за проект за регулирање на режимот на сообраќајот во Богданци со наслов „Изградба на кружни текови-ротонди“ што Митко Валхов од општинската администрација ја даде на осмата точка, без дискусија, со 7 гласа „За“ се усвои заклучок за поддршка на иницијативата за користење на Грантот од МСИП за проектот за регулирање на режимот на сообраќајот во Богданци со наслов „Изградба на кружни текови-ротонди“.

*- На деветтата точка по објаснувањето на Митко Влахов од општинската администрација дека проектите полесно поминуваат ако имаат регионално значење кое се докажува со учество на општините во проекти на други општини се предложи да се донесе одлука со која Општина Богданци

за реализација на Проектот „Регионален бизнис центар“ во Гевгелија ќе кофинансира 150.000 денари, а Советот на Општина Гевгелија ќе донесе одлука со исто толкав износ да го кофинансира Проектот „Амфитеатар во Паљурци“, Советот, без дискусија, се изјасни со 7 гласа „За“.

*- Без дискусија, по образложението на Соња Маџирова од општинската администрација, со 7 гласа „За“, како точка 10 се донесе Програмата за уредување на градежното земјиште во Општина Богданци со која се определува просторот кој треба да се уредува, обемот на работите за подготвување и расчистување на градежното земјиште, обемот и степенот на опремување на градежното земјиште со објекти од комуналната инфраструктура, изворите на средства за финансирање на Програмата, трошоците за реализација на Програмата за уредување на градежното земјиште и висината на надоместокот за уредување на градежното земјиште.

*-На точка 11, се носеше Програма за работа во областа на располагање со градежно земјиште во сопственост на Република Македонија на подрачјето на Општина Богданци во 2013 година за која Соња Маџирова од општинската администрација, меѓу другото, кажа дека се очекува да се обезбеди прилив од 7.457.792 денари од кои 5.966.233 денари или 80% ќе одат на сметка на Општина Богданци, а 1.491.558 денари или 20 % ќе одат на сметка на Република Македонија. Програмата се донесе со 7 гласа „За“.

*- Програмата за изработување на урбанистички планови во Општина Богданци за 2013 година за која образложение даде Соња Mаџирова од општинската администрација и се донесе со 7 гласа „За“, беше тема на дванаесеттата точка. Во расправата учествуваа советниците Катерина Чрчева, Ристо Шабанов, Тони Такашманов и Градоначалникот.

*-На тринаесеттата точка со 7 гласа „За“ се донесе Годишната програма за изградба,

Факсимил од Буџетот

Page 3: POGLED Br.46 Januari

3ПОГЛЕД ,Јануари 2013

Продолжува на стр.3

Советот работеше без советниците од СДСМ

Во присуство на сите единаесетмина советници започна Педесет и осмата седница на Советот на Општина Богданци.

При усвојувањето на записникот од Педесет и седмата седница на Советот на Општина Богданци советникот Илија Карагошев, во име на советничката група на СДСМ, имаше забелешка на формулацијата дека тие како советничка група не ја напуштиле седницата за да не учествуваат во донесувањето на Буџетот на Општина Богданци за 2013 година туку во знак на протест поради случувањата во Парламентот на РМ од 24 декември и побара тоа да биде исправено.

Советничката Катерина Чрчева имаше забелешки на пропустот во нејзината дискусија во врска со Буџетот за 2013 година или во одговорот што и бил даден во однос на прашањата што произлегле од нејзината дискусија да биде забележана суштината на нејзиното интересирање за наменските средства од Буџетот за ООУ „Петар Мусев“. Со согласноста забелешките да се внесат како измени во записникот, Записникот од Педесет и седмата седница на Советот на Општина Богданци се усвои со 11 гласа „За“.

При усвојувањето на дневниот ред за работа на Советот на Општина Богданци на оваа седница советникот Илија Карагошев во име на советничката група на СДСМ побара предложената точка четири да стане точка еден, а понатму првата да стане втора, втората трета, а третата точка да стане четврта.

Претседателот Душко Енџекчев забележа дека со тоа ништо суштински нема да се смени во работата на Советот и предлогот го

даде на усвојување. Со 6 гласа „Против’ предлогот

не беше усвоен.Забележувајќи дека на нив

како советничка група советничкото мнозинство никогаш не дозволило да им помине било каков предлог за работа на Советот, советничката група на СДСМ ја напушти седницата.

Констатирајќи дека на седницата се присутни седумина советници и Советот има кворум за работа претседателот Душко Енџекчев предложи да се продолжи со работа.

* - На првата точка со 7 гласа „За“ се одлучи да се донесе урбанистичка планска документација заради усогласување на намените на ДУП Богданци со бесправно изградени објекти на КП 9117 во КО Богданци.

* - На втората точка со 7 гласа „За“ се донесе Одлука за дополнување на Одлуката за донесување урбанистичка планска документација заради усогласување на намените од ДУП Богданци со бесправно изградени објекти со што во членот 2 по КП 10449 се додава и КП 9117.

* - На третата точка со 7 гласа „За“ се одлучи да не се донесе урбанистичка планска документација со која ќе се промени трасата на сообраќајната инфраструктура на КП 10266/1 планирана со ДУП на Богданци.

* - На четвртата точка се носеше одлука за финансиска помош на семејството на Драган Зафировски на кој на 13 јануари 2013 година им изгоре куќата.

Првичниот предлог на семејството да му се даде финансиска помош од 180.000 денари беше повлечен и на Советот му се остави сам да изготви предлог и да се изјасни по него.

Советникот Мито Манолев, напомнувајќи дека и сумата од 180.000

денари е мал, кажа дека граѓаните не треба да се делат и предложи и на ова семејство да му се даде помош од 30.000 денари по член од Буџетот на Општина Богданци и советниците да им го отстапат својот паушал за јануари 2013 година.

На советничката Санда Шуклева која се согласи со предлогот на Манолев ја интересираше колкучлено е оваа семејство на што и беше одговорено дека се три члена.

Советникот Тони Такашманов го интересирше дали во гаснењето на пожарот учествувало и богданското Доброволно противпожарно друштво на што му беше кажано дека поради технички причини ДППД не можело да учетвува во гаснењето.

Со 7 гласа „За“ Советот на Опшптина Богданци одлучи од Буџетот на Општина Богданци на семејството на Драган Зафировски да му се исплати 90.000 денари како помош за изгорената семејна куќа , а советниците, како финансиска помош, да им го отстапат советничкиот паушал што им следува за јануари 2013 година.

-На точката „Советнички прашања“ советникот Горан Сламков имаше забелешки на уличното осветлување во Стојаково и побара на Месната заедница Стојаково која треба да организира избори за Одбор на Месната заедница Општината да и помогне со кутии, паравани и друга логистика на што градоначалникот му одговори дека таа е веќе завршена работа.

-Советникот Мито Манолев имаше забелешка на поројната вода што при дожд се собира кај „Баџо“ и пречи во сообраќајот на што градоначалникот му одговори дека со проектот за инсталирање канализација и асфалтирање на тој дел од улицата ќе се реши тоа прашање..

-Советничката Санда Шуклева имаше забелешка на исто таква појава кај Карагошеви во Стојаково и го пренесе барањето од Доне Донев неговата трафика во Стојаково да и ја продаде на Општината на што градоначалникот и одговори дека проблемот со водата што се собира кај Карагошеви е од мал обем, а Општината нема потреба да ја купува трафиката која ќе треба да се отстрани од таму.

-Советникот Тони Такашманов го интересираше како и каде се платени 15.000 евра за кои се знае дека Ванчо Минев ги дал за улицата во Минова Мала на што градоначалникот му одговори дека тие средства не се уплатени во Општината и не е изведливо да бидат платени, а донаторот можел сам да му ги плати на изведувачот на работите.

Известувач: Илија Тумбов

“Nesa Energy” заинтересирана за богданскиот ветерСо инвестиција од околу 130

милиони евра турската компанија Nesa Energy чија дејност е развојот, финансирањето, реализацијата и менаџирањето на проекти за производство на струја од обновливи извори заинтересирана е во Општина Богданци да инсталира 44 ветерни електрани со моќност од 100 до 110 мега вати.

Користејќи ги резултатите од мерењето на карактерот на ветерот на овие простори направени од ЕЛЕМ и од свои мерења компанијата е на мислење ветерниците да ги постави на возвишенијата југозападно од Браната, во Таљуѓот, Бурови ниви и надолу се до Селемли и границата со Грција.

Општина Богданци се проценува дека има потенцијал за околу 300 мегавати струја произведена од ветер од кои МЕПСО засега ќе субвенционира околу 150 мегавати. ЕЛЕМ е во подготовка за изградба на капацитети за околу една третина од тие 150 мeгавати, а за останатите е заинтересирна Nesa Energy.

Компанијата има регистрирано фирма во Македонија и има намера седиштето да го префрли во

Богданци.Општина Богданци проценува

дека овој проект може да биде од големо значење за неа и и дава целосна поддршка на Nesa Energy за реализација на проектот.

Утврдена е и динамиката на активности.

На 17 јануари е потпишано ПИСМО ЗА НАМЕРИ кое господата Халил Нергиз и Али Самра го потпишаа во има на инвеститорот, а

градоначалникот Ристо Ичков во има на Општина Богданци.

Потоа треба да следува поставување на мерни станици и, ако се оди по планот, за десетина месеци би можело да се смета на почетокот на градежните работи. Инвеститорот смета дека за 1 до 1,5 година од почнувањето на градењето ветерниците можат да бидат подигнати.

Од расправата по четвртата точка на Педесет и осмата седница на Советот на Општина Богданци

„Ме интересира дали Доброволното противпожарно друштво учествувало во гасењето на пожарот што ја уништи оваа куќа. Сега ми се кажува дека не било таму.Тоа друштво е формирано од Советот на Општина Богданци. Ние го формиравме, а не знаеме што се случува со него. Имаше протести од некои негови членови, имаше се. Ние не знаеме колку Општината ја чини одржувањето на друштвото.

Барам да ни се даде некаков писмен документ за финансирањето на ДППД и за неговата работа. И тоа треба да биде разгледано од овој Совет.“

Тони Такашманов,советник

реконструкција, одржување и заштита на локални патишта и улици во Општина Богданци во 2013 година. Предложената Годишна програма се прошири со предлогот на советникот Ристо Шабанов да се внесе и улицата „11 Октомври“.

*- Програмата за поставување урбана опрема се донесе со 7 гласа „За“ на четиринаесеттата точка. Образложение по материјалот даде Соња Маџирова од општинската администрација.

*- На петнаесетата точка се разгледуваше предлогот на Буџетот на Општина Богданци за 2013 година. Расправата се отвори со образложението што по предлогот на Буџетот го даде Симона Савиќ од општинската администрација. Во расправата учествуваше само претседателот Душко Енџекчев кого го интересираше зошто во Буџетот за 2013 година се планирани скоро двојно повеќе приходи од специфични услуги во однос од приходите што се реализирале 2012 година и дали неисплатените паушали на советниците ќе бидат префрлени во 1013 година на што му беше одговорено дека зголемување на приходите од специфични услуги се очекуваат од легализацијата на дивоградбите и од ЕЛЕМ за ветерниците, а неисплатените паушали за советниците не застаруваат ќе бидат префрлени во оваа година и, најверојатно, ќе бидат исплатени во текот на пртвиот квартал.

Со 6 гласа „За“ и 1 глас „Воздржано“ Советот на Општина Богданци го донесе Буџетот на Општина Богданци.

*- Без дискусија, со 7 гласа „За“, на шеснаесетата точка, се донесе Одлука за извршување на Буџетот за 2013 година

*- На седумнаесетата точка, со 7 гласа „За“, без дискусија, се донесе Буџетскиот календар за 2013 година.

*- Со Одлуката за определување на дефицитарни занимања и занаети во изумирање во Општина Богданци за која, на

осумнаесеттата точка, без дискусија, сите 7 присутни советници гласаа „За“, за дефицитарни занимања и занаети во изумирање во Општина Богданци кои ќе бидат ослободени од плаќање на комунална такса се прогласуваат: ковачи, грнчари, лимари, казанџии, копчари, свеќари, крзнари, шапкари, изработувачи на сувенири (ракотворби), јорганџии, опиничари и саатчии.

*-Со 7 гласа „За“, без дискусија,на деветнаесетата точка се донесе Програмата за работа на Советот на Општина Богданци во 2013 година.

*- Иван Иванов, директор на Јавното претпријатие „Комунална чистота“, на дваесеттата точка ја изнесе Програмата за работа на ЈП „Комунална чистота“-Богданци во 2013 година. Советниците ја имаа добиено Програматаи во тврда печатена верзија.. Во расправата се вклучија советникот Горан Сламков и претседателот на Советот Душко Енџекчев, двајцата пофалувајќи ја Програмата и начинот на која таа е уредена и претставена и секој од нив поставуви по некое прашање поврзано со дејноста за која се однесува Програмата на што добијаа соодветно одговори. На изјаснувањето, со 7 гласа „За“,се прифати Програмата за работа и развој на Јавното претпријатие „Комунална чистота“-Богданци во 2013 година.

*-На дваесет и првата точка, со 7 гласа „За“, се прифати Годишниот извештај за финансовото и материјалното работење на јавното претпријатие „Комунална чистота“-Богданци за периодот од 1 јануари 2012 до 30 септември 2012 година. Советниците го имаа Извештајот во материјалите, а образложение по него имаа и од Иван Иванов, директорот на ЈП „Комунална чистота“, но никој не се вклучи во расправата.

*- На дваесет и втората точка резервирана за советнички прашања никој од присутните советници не побара збор.

Продолжува од стр.2 Од Педесет и осмата седница на Советот на Општина Богданци

Комерцијален оглас

Page 4: POGLED Br.46 Januari

4 ПОГЛЕД ,Јануари 2013

Поглед од мојот агол

ЛЕТО ГОСПОДОВО 2013 -то

Пишува: Илија

Тумбов

1.Ме тревожат многу недоумици,

но деновиве кралица на моите недоумици е оваа: На 6 јануари 2013 година, вечерта, кој Бадник го пробдеавме, за 2012 или за 2013 година!? Оти треба да му е роденден на Исус Христос, нема сомнеж. Само не ми е јасно кога му паѓа роденденот. Имам голема нужда од објаснување по оваа нејаснотија. И итна.

А, колку да се знае, одговорот не ми е потребен за да набилдам знаење, туку за да видам чија мајка бела волна преде.

2.Ја зафативме 2013-та година.

Како што се знае, освен што го содржи оној баксузен број, таа ќе биде и изборна. Ги следам дешавките на богданската политичка сцена. Да не си им во кожата на „сончогледите“. Да има кабил да се сторат невидливи. Да се спастрат некаде на сигурно и да ја презимат зимава.

Потоа ќе минат студенилата, ќе се разјаснат работите и се ќе бидеполесно. За да нема недоразбирање веднаш ќе појаснам дека кон прашањето не гледам од неговата политичка туку од неговата егзистенцијална страна. За преживувањето се работи.

Што им е кусо на влекачите? И тие така опстојуваат. А ќе застуди – се пикаат по дупките. Штом ќе затопли ќе излазат на површината и, лево-десно, лево-десно, се ползат напред.

3.Изборна година си е изборна

година, здодевна и веќе видена, ама кога се работи за локални избори нештата знаат да станат дибидус интересни. А нештата се веќе придвижени. Се токмат списоци, се составуваат кандидатски листи, се бараат придобивки, се ветуваат

6.Според кажувањата, во

минатите времиња бунџиите на Ѓурѓовден ги наметнувале касаците и пушките и излегувале комити за да им се спротивстават на ненародните режими. На Митровден се прибирале дома или кај јатаците.

Има логика во изборот од 6 мај до 8 ноември да се дава активен отпор, а од 8 ноември до 6 мај да се биде притаен и пасивен. Со условите на времето нема шега. Не попусто е речено: „На Свети Никола, кола дрва, кола брашно“. Во слободен превод ова може да се протолкува како: „По Свети Никола седи си дома оти надвор не е за излегување.

Свети Никола е на 19 декември. Два-три дена подоцна и официјално почнува зимата.

Не ми е јасно зошто овие од СДСМ удрија да протестираат и да даваат отпор на 24 декември, една недела по Свети Никола. Ем не е во согласност со традициите на овие простори, ем се изложуваат на ќудта на зимата.

7.Лека полека си заминува

месецот на празнувањето. Дури да се сетиме ги изарџивме првите четири од педесет и двете, скоро педесет и три, седмици од ano domini двеилјади и тринаесетто.Го истеравме дочекот на Новата Година, цивилниот ден за прославувањето на новото раѓање.

Според нашиот неповторлив табиет нештата да ги правиме наопаку, пред неа или по неа, го истеравме и Божиќ. И тој е празник на новото раѓање. Како што е ред бдеевме и тихувавме чекајќи го раѓањето. Чекавме затоа што беше најавено: „Коледе, леде, паднало греде... тикар, тикар колде.“ И коледе и коледарите се вкоренети во колендите, ама ајде, таков е адетот.

Го сетивме и првопаднатиот Свети Стефан

Потоа се направи еден вид ребаланс на работите па и чинивме атер и на Стара Нова Година и Свети Вашиљ.

Па Водици, па Свети Јован ... се до Свети Андон и Свети Атанасиј.

Ги истеравме сите адети.

Кога го правиме адетот, што всушност правиме?

Се потсетуваме на основните вредности. Првична е искреноста. На искреноста и добрата волја се засновани адетите. Адетите ја поткреваат радоста. Таа е втората, но еднаква на првата. Радоста е поголема и поубава кога е заедничка. Кога ја опфаќа обитељта, друштвото на кого му припаѓаме. Другарувањето се потпира на љубовта. Во љубовта е радоста. Радосно е кога се љуби.

Радоста се дава, радоста се зема, радоста се споделува... радоста е основа на живеењето. Самата негова смисла. Вера во надежта.

Така било. Така проповедал Тој за кој се вели и верува дека бил во мисија да го проповеда тоа. Затоа и ја обележал цивилизацијата што се именувала по него. Сега не ќе да е така. Сега се е поинаку. Парите се нашата религија. Пазарот е нашата вера. Се се продава и се се купува.

Не било така планирано. Словото не вели дека така било кажано. Затоа два милениума се чека Неговото „второ пришествие“. Не за да повика за прошка затоа што тие „не знаат што прават“, туку да се разгневи и да им ги искрши тезгите. Заедно со тезгите и нив да ги исшутка од Храмот. Храмот, пак, е черчот. Телото Негово. Заедништвото во кое сме сите ние. Целината во која никој не купил ништо за да има што да продава.

Ех каква е потребата од еден нов Јован кој би го подигнал прстот и би го вперил кон иродите и саломите кажувајќи им што не треба да прават.

Кога Исус му рекол на цариникот Левиј „Врви по мене“, тој не му рекол да го следи во чекор туку да се раководи од неговиот пример и да го прави тоа што Тој го прави.

Христос постави дванаесет апостоли да врват по него. Тие дванаесетмина поставија уште многумина. Многумината поставија уште други многумина. Скоро две илјади години поминаа од тогаш, но патиштата по кои треба да „врвиме“ се измешаа. „Врви по мене“, чу Левиј и тргна по Него. По кога ние да врвиме? Како да знаеме по кога да врвиме? Чиј пример треба да го

вратки, се курдисуваат сојузи, се живо, со партиска книшка или без неа, е на нога. Да му е милина на човек да сеири отстрана.

Имам две пораки до тие што имаат ниет да се вклучат во трката.

На кандидатите за градоначалници би им порачал дека со тоа што некој од нив ќе биде избран за градски татко не значи дека треба да ни ја ебе мајката. Мислам, би го замолил идниот градоначалник, откако ќе стане наш предводник, да не не третира како стока.

На кандидатите за советници би им порачал дека со тоа што некои од нив ќе бидат избрани да ни бидат на челници не значи дека треба да ни се качат на главата.

Или, да поедноставам, идните наши избраници да не си вообразат дека се светци, па после сите да им се крстиме на умот.

4.Оваа нема врска со политиката,

ама има врска со тие што имаат умут да и се „товарат“ на политиката и, така „товарени“, да и олеснат преземајќи и од „товарот“.

-Кога немаш ништо, немаш што да загубиш, ќе рече голтарот убеден во тоа што го кажува. Но, дали?

Кога ќе добиеш нешто го губиш ништото.

Тезата е дека понекогаш се губи и кога се добива.

5.Политиката е занает.

Политичарите се занаетчии. Занаетот-политика го карактеризира моќта на забележување. Политичарот што си го знае занаетот е политичарот што има моќ на забележување. Тој што ги забележува нештата има можност да изгради претстава за нив.

Кога се има претстава за нештата полесно е да се заземе став кон нив.

Не само затоа што сме во изборна година, туку и воопшто, генерално, што се вели, секој од нас, секој граѓанин на оваа наша заедница треба да има свое мислење. Да има свој став за политиката, за политичарите и за практикувањето на политиката.

Е па, штотуку го соопштив мојот став за политиката и за политичарите.

следиме?Изгледа дека сме оставени. Боже, Боже, зошто не остави? Врати се и прибери си ги

вересиите.Не сме фарисеи што бараат

чудо од небото. И оваа што го имаме е за чудење.

8.Зима е. Зимата доаѓа со

раѓањето на Сонцето. Раѓање што е симбол на нови шанси, нови пружења, нови предизвици. На новите ние.

Затоа за Празниците се редеа честитки, желби, сакања... Општи и посебни. Посебно треба да се обрне внимание кон посебните. Тие многу кажуваат.

Сето тоа заради ослободување на нашата душа. Заради нејзиното прочистување.

За да ги насочиме нашите чувства нанадвор. Да го излееме онаа Ние од Нас. Да и дадеме шанса на Љубовта. Да имаме Вера во Надежта. Да се одврзиме и ослободиме. Да осетиме леснотија и среќа. Да се изложиме на космичкиот провев, како што ќе каже Винка Саздова во „Последниот чај“.

9.Надвор е студено, ветровито,

врнежливо. Најдобро е да си седете дома. Дома си е дома. Кога сте веќе дома читајте. Додека читате го оставате вашиот живот да се одмори. Тој, бидете уверени, секогаш ќе ви го памети тоа. Лајк ви следува, природно.

10.„Поглед“ имаше намера да

биде искра која ќе создава огнови. Огнови што ќе шират топлина. Тој ентизијазам сеуште е присутен во весникот.

Но искрите не секогаш ги даваат очекуваните резултати. Ако искрата падне на лоша тло од неа не бива ништо. За да даде резултат и треба погодноост. Белки некоја искра ќе се прифати некаде.

Инаку, ако ве праша некој, на „Поглед“ никој не му ги честиташе празниците. Фрчеа честитки на сите страни, ама на адреса на „Поглед“ не стаса ниту една.

И тоа е некаков показател.

„Прво им се заблагодарувам на сите што присуствуваа на овој чин.Им се заблагодарувам и на тие на кои им се родила идеја и покренале иницијатива за едно вакво собирање.

Собирањево по повод стариот христијански обичај кршење леб со паричка за Василица или за Стара Нова Година за да се види кој ќе има среќа да му се падне паричката, е убав настан.

Луѓето што присуствуваат на овој чин праќаат една позитивна порака која треба да има влијание не само на овде присутните луѓе што на некој начин се бават со разни бизниси, туку и пошироко, на ниво на Богданци и на ниво на Општина, кај сите граѓани, дека со дружењето, низ разговори,

преку поблиски средби се добива појасна претстава за оној другиот и е добра шанса за надминување на предрасудите од секојдневието.

Како домаќин на годинешнава средба повикувам оваа традиција да продолжи, а кругот на луѓето што ќе присуствуваат на овие средби да се прошири. Во блиски контакти луѓето се сплотуваат. Од повеќе луѓе секогаш се раѓаат повеќе позитивни идеи. Кога луѓето се сплотени многу од тие идеи имаат шанса да бидат реализирани.

Тоа секогаш ќе биде од корист за сите луѓе и во Богданци и во општината.

На новиот домаќин му посакувам успешна 2013 година и успешна организација на следната средба.“

Гоце Петрушев,домаќин на средбата

На трпезата

Пред неколку години, во согласност со дамнешната традиција на 13 јануари, во очи на Старата Нова Година, да се проба к’сметот, луѓето кои на некој начин се бават со бизнис во Богданци се беа собрале на заеднички ручек на кој низ разговор ќе се дружат, а некои да си ја пробат и среќата која евентуално „ќе ги служи“ во бизнисот и животот. Паричката скриена во лебот специјално направен за таа намена го одредува среќникот. Кај кого ќе се падне тој ја има среќата. Среќата, во инстант варијанта, најдобро се проверува во комарот. Ако на некого во таква пригода, во коскарска игра му се

„насмее среќата“ тоа е „сигурен знак“ дека ќе му оди. На тој прв собир бизнисмените се договорија средбата во таква форма и за таа намена да стане традиционална.

Домаќин на годинешниов собир на бизнис заедницата беше Гоце Петрушев кај кого минатата година се падна паричката. Средбата се одржа во Гостилницата „Бобо“. Доста бизнисмени се беа собрале околу староновогодишната трпеза, ама имаше и доста празни места на масата.

Паричката се најде во лепчето на Ристо Стамнов со што тој се одреди за домаќин на собирот во 2014 година.

Паричката падна

кај Ристо Стамнов

Ристо Стамнов

Page 5: POGLED Br.46 Januari

5ПОГЛЕД ,Јануари 2013

врти околу „Долгорочната стратегија за СТОПАНСКИ развој на Општина Богданци“.

Во мојот претходен текст веќе објаснив нешто во врска со тоа, но изгледа дека потребно е пак да повторан.

Општината со сите свои структури, и избраните и професионалците, може само да подготви ПРЕДУСЛОВИ за МОЖЕН економски развој на општината. И тоа е направено во разни сегменти и во разни временски периоди во изминатите години. Буквално за се што се залага г-дин Ванов е направено. Тој едноставно чука на отворена врата или повторно открива топла вода.

Би му препорачал (уште еднаш) да ги провери општинските архиви, да ги прочита и се ќе му стане јасно. Во случајот единствено фали иницијатива за пронаоѓање можни инвеститори, а како се прави тоа имам објаснето во преходниот текст и не би се повторувал. Но за да бидам експлиците, еве за што се залага г-дин Вано, а веќе е направено:

1. Донесување на урбанистички планови -ВО ПРОЦЕДУРА;

2. Формирање индустриски зони- НАПРАВЕНО;

3. Да се донесат испостави од нерои министерства-НАПРАВЕНО;

4. Да се исфорсира индустриска дејност НОН-СЕНС (Пример: Општината или политичката портија која ќе победи има зацртано дека во општината ќе прави СИЛИКОНСКА ДОЛИНА, но залудно е сето тоа да се стави на хартија ако можните инвеститори не се заинтересирани или ако ја нема потребната инфраструктура.)

5. Рационализација на општинската администрација-НОН-СЕНС (оние кои ги вработиле тие луѓе сега треба да ги избркаат, а тие се нивни гласачи... се надевам се разбираме);

6. Спроведување на активности за зачувување на животната средина- ЗАКОНСА ОБВРСКА (направено со ЛЕАП (Локален еколошки акционен план) на Општина Богданци);

7. Приоритетна развојна програма во земјоделието-НАПРАВЕНО (Со донесување на развоен план на земјоделска берза. Само уште да дојдат потенцијални инвеститори со сопствени приоритети на производство. Примерот со „Таурус

R E P I T I T I O E S T M AT E R S K I E N T I A E

Долго се „думав“ дали има потреба да се впуштам во повторна „полемика“ со г-дин Милчо Ванов околу онаа што тој го прокламира во „Поглед“ бидејќи, очигледно е, овие наши преписки се само обично мезе на чаршијата, а притоа без никаков бенефит за создавање критичка мисла кај сите чинители на општествениот живот во Општина Богданци и, пред се, нејзините граѓани.

Зошто го велам ова?Од едноставна причина бидејќи

изостана било каква реакција во „Поглед“ како кон написите на г-дин Ванов, така и кон моите. „Приказните“ дека стотина граѓани, нели, се воодушевиле и имале позитивни реакции на написите е мисловно-„пушечка“ еквилибристика кој суштински ништо не значи.

Дека со нашата полемика „разбудивме“ нешто ќе бев убеден ако во „Поглед“ се појавеше само уште еден „полемичар“. Вака се се сведува на взаемното мудрување на двајца што ништо не значи.

Сепак, за да не останам должен, како и да ја потврдам максимата на насловот, ќе повторам, а со тоа и се надевам и ќе дообјаснам некои работи и, богами, некој и ќе просветлам, без разлика кој е тој некој.

Прeд се треба да се сфати и проучи вкупната политичко-економска состојба во земјата.

Ќе кажам една работа кој се учи во основно училиште, ама изгледа некој токму од тој час побегнал.

Односот на производните сили и производните односи, како и нивната развиеност се основен постулат за општествено-економскиот живот на една држава и граѓаните во неа. Ако тие два сегменти се развиени на задоволително, но и на приближно исто ниво, и сето тоа да биде поткрепено со владеење на правото, законите и процедурите, а сето тоа артикулирано со дејанието на политичките чинители во земјата, тогаш можеме да зборуваме за

благосостојба и просперитет, како на државата, така и на нејзините граѓани.

Ако оваа се сфати и ако сето тоа се побара во нашата држава ќе се види страшна дискрепанца помеѓу сегментите кои се погоре наведени.

За тоа постојат и објективни) транзиција, оптовареност на соседите со имагинарни прашања), но и субјективни причини.

Веднаш ќе кажам дека политиката е страшна работа. Таа се меша во се: и каде што треба и каде што не треба. До таа мера е вулгаризирана нејзината улога, што успешни фирми кои со децении работеле рентабилно„успеа3 да ги донесе до просјачки стап, па некои ги голтна заборавот на времето, а некои безуспешно живуркаат незнаејќи што со себе.

И сето тоа се прави користејќи ги закопните, „владеењето“ на правото, а се поради лукративни цели на поединци и нивната „глад“ да владеат апсолутно со се, па дури и со „душата“ на обичниот транзициски човек.

Ако напишаното досега е јасно, тогаш, без никаков проблем, ќе се сфати наивноста на текстот на г-дин Ванов и нејзино непочивање врз реалноста која владее кај нас.

Инаку мојата дилема за повторно пишување беше заснована од неможноста за здрава полемика со текстот на г-дин Ванов кој е полн (како и претходните) со хушкање, без опипливи аргументи, со многу паушално изнесени тврдења и градење на структура и теза баш врз неаргументирани и произволни тврдења и зачинето со констатација дека сето тоа се прави во името на граѓаните и нивните интереси.

Сега очекувам да почнат да пристигнуваат писма на поддршка од разни здруженија на граѓани, вешта жена, културно-уметнички ансамбли, шаховски клубови, спортски друштва... Дури очекувам и предлог за драконска казна на поранешните и сегашните советници, може и јавнбесење на плоштад. Само да ни кажат јажиња сами да си носиме или веќе има обезбедено.

Шегата настрана, сепак ќе кажам неколку констатации кои се предизвикани од последниот текст на г-дин Ванов.

Целата теза на г-дин Ванов се

Фармс“ и садењето на огромни плантажи со јаболка е спектакуларен за докажување на овој пример.)

Втората работа која „ боде“ очи, а која делумно е објаснета погоре и во мојот претходен текст, е функционираето на Советот на Општината. Смешно е да се лоцира нефункционалноста на Советот во законот. И да се држат лекции од типот дека истиот закон е во функција во Франција и Германија, па затоа е перфектен. Па тоа никој не го спори. А оваа констатација само потврдува колку не се познаваат проблемите и нивната суштина. А суштината е во ЛУЃЕТО и во ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО И ВОДЕЊЕ НА ЛЕГАЛИСТИЧКА ПРОЦЕДУРА. Не во НАПИШАНИОТ (ПРЕПИШАНИОТ) ЗАКОН ТУКУ ВО НЕГОВОТО СПРОВЕДУВАЊЕ.

Знаете ли Вие г-дине Ванов за што пишувате? Каде се видело и чуло закон и процедура да се побива со дигање рака и гласање/ Каде за закон и за негово владеење во светот се гласа? И тоа во еден обичен општински совет и тоа од страна на единаесет луѓе кои се збирштина од некомпетентност, нестручност, потчинетост (секоја чест на поединци). Единствена нивна доблест (ако тоа воопшто е доблест) им е лојалноста кон партијата која ја претставуваат во Советот на Општината и, нормално, гласаат како што таа партија, претставена од нејзините локални челници (понекогаш стигаат и декрети одозгора дека црното е бело и обратно) ќе им кажат.

А интересите на граѓаните или општите интереси? Ма кој воопшѓто се замара со тоа? И на крајот на краиштата што воопшто е општ интерес?

Дали е општ интерес, најпосле, после шеснаесет години да се уреди и асфалтира Љокова река или е општ интерес да се асфалтира улицата во Минова Маала? Дискутабилно, нели?

Но за жал така функционираат работите во државата ни, а искрено сум убеден дека така и ќе продолжат да функционираат.

Зошто?Заради се што наведов досега.Во еден дел од својот текст

г-дин Ванов го спомнува „Млаз“. Морам да онстатирам дека токму на примерот на „Млаз“ се гледа апсурдноста на функционирање на законот и законските процедури. И

после целосно издржаната законска процедура „Млаз“ сеуште не е во функција. Се влечат луѓето по судови , а работата е од јасна- појасна. Еб.г., така функционираат работите во оваа тотална Вукоебина, ако имаш нерви и пари (и тоа многу пари) можеби и ќе стигнеш до целта. Но и тоа не е сигурно. Има уште неколку услови што мор да се исполнат. Кои? Е за тоа- на само. И така веќе повеќе од дваесет и кусур години Курто и Мурто се менуваат. Понекогаш Мурто е подобар од Курто, ама „вѓајајне“ си е „вѓајајне“.

На крајот, нека не ми замерат читателите, ќе му се обратам на г-дин Ванов лично.

„Господине Ванов, нема потреба од пишување во трето лице мн ожина. Јас имам име и презиме и со целиот свој кредибилитет, ма каков мал бил, стојам зад напишаното.

И уште нешто: Ние од претходните совети ( и од актуелниот) ги биевме своите битки како знаевме и умеевме. Некогаш успешно, некогаш неуспешно. Признавам и грешевме, како сите луѓе, нели. Но во тие тешки времиња останавме тука, во Богданци, и помогнавме колку можевме. Зад нас сепак останаа дела кои се предуслов за многу убави работи што, најпосле, се случија во општината. Јас, а верувам и сите останати советници, без разлика на партиската припадност, се гордееме со нашиот ангажман и одлуките што се зад нас. И за тоа не бараме никаква сатисфакција или награда. Едноставно, во тешки времиња, направивме колку што можевме.

Сепак не можам да се сетам (потсетете ме!!!) каде во тоа време бевте Вие за добронамерно да укажете, да дадете насоки како што многумина граѓани кои со своите совети и укажувања придонесоа за донесување на правилни одлуки. Лесно е од денешна дистанца да се даваат паушални оценки и да се критикува. Битките, сепак, се бијат на теренот. Бе тешки, но сепак „Секоја планина си ја знае сопствената тежина.“.

И за на крај една брилијантна реченица на еден мој голем пријател: „ЈАЗИКОТ КОСКИ НЕМА, НО КОСКИ КРШИ“: Што поточно значи, појма немам. Едноставно сама ми дојде на памет.

Пишува: Јован Џалев

„Млаз“ и Општината се спогодија за долготСе говореше дека Општина

Богданци на Акционерското друштво „Млаз“ му должи 200.000 евра.

Се кажуваше дека „Млаз“ има извршни судски решенија за наплата на долгот и ако ги активира може да дојде до блокирање на сметката на Општина Богданци што ќе биде голем удар врз угледот на Општината.

Низ кулоарите се шепотеше дека долгот е од 2005 година кога Општината му останала должна на претпријатието што ја реновираше зградата на Гимназијата, а „Млаз“ имал побарување од него. Со цесии долгот го презел „Млаз“ со идеја полека полека да си го наплати од Општината.

Иако по многу поводи за долгот се зборуваше во разни конотации, тоа прашање никогаш официјално не дојде на дневен ред на Советот на Општина Богданци.

На 8 јануари 2013 година Васил Петрушев, во името на „МЛАЗ“ АД-Богданци и градоначалникот Ристо Ичков, во името на Општина Богданци објавија дека е склучена Спогодба со која „Млаз“ ќе се откаже од правосилното извршување на судската пресуда стапена во сила на 3 ноември 2011 година и ќе се откаже од затезната камата ако Општина Богданци, во рок на три

месеци, го исплати главниот долг од 5.000.000 денари што го има кон него.

Наплатата на долгот се оределеила да биде преку компензација на надоместокот за легализација на објекти за кои „Млаз“ има поднесено барање за легализација и по пат на цесија меѓу „Млаз“, Општина Богданци и

Јавното претпријатие „Комунална чистота“ за долгот што „Млаз“ го има кон „Комунална чистота“.

Исечени дрвјата во ПолицијатаПолицијата во последно време

неколкупати беше тема на написи во „Поглед“

Под Полицијата во Богданци се подразбира зградата којашто во српско била направена за во неа да биде сместена жандармеријата, но и просторот кој ја опкружува зградата.. Зградата била Полиција и во бугарско. Во југословенско-македонско на тој простор се обавуваше истата дејност, но сега како Милиција која се укина во 1965 година. Во деведесеттите зградата повторно заживеа како Полиција. Во 2012 година Министерството за внатрешни работи и ја предаде Полицијата на Општина Богданци.

Изминатото лето при една сериозна бура беше се запалил едно од боровите стебла во дворот на Полицијата и беше скршено едно

од дрвјата во Полицијата. Скршеното дрво имало опасност да падне врз покривот од една соседна куќа.

Соседите, вознемирени од можноста некое од дрвјата да им се урне врз куќите, покренале постапка кај надлежните органи на Општина Богданци за отстранување на опасноста.

Овластениот комунален инспектор на Општина Богданци издал Решение со кое на правното лице Јавно претпријатие „Комунална чистота“-Богданци му наложил, во рок на 5 дена од приемот на Решението, да изврши сечење и кастрење на дрвјата што се наоѓаат во кругот на Полицијата.

„Комунална чистота“ постапи по решението.

Граѓаните на Богданци затечени од „сечата на дрвјата“реагираа

на различни начини. Реакциите стасаа и до „Поглед“. „Поглед“ малку се распрашувше наоколу.Како одговор му беше понудено Решението.„Комунална чистота“ за „Поглед“изјави дека на местото на секое исечено дрво ќе биде засадено ново.

Прашањето што лебди над оваа појава е упатено до „силниот“ невладин сектор кој остана нем во однос на овој случај. Секаде во светот ќе се кренеше голема прашина поради сечата на дрвјата, ќе имаше расправии, ќе се спротивставуваа ставови само во Богданци се си помина немичкото. Никој ниту збор не зуцна. Чуму се организациите и здруженијата од невладиниот сектор со еко предзнак кога не беа допрени од оваа појава?

Page 6: POGLED Br.46 Januari

� ПОГЛЕД ,Јануари 2013

Мислења „Поглед“ понекогаш нема да се согласува со содржините на некои текстови во оваа рубрика, но секогаш, доколку не излегуваат од рамките на нормалното однесување, ќе ги објавува.

Осврт кон публикацијата „Отчет за работата на Градоначалникот на Општина Богданци“.

Су р о в о с та н а в и с т и н а та в о с л и к и

Вниманието изминатиов пери-од ми го привлече публикацијата „Отчет за работата на Градоначал-никот на Општина Богданци“ која излезе во средината на декември 2012 година. Јас како граѓанин на Општина Богданци ценам дека отчетот што Градоначалникот на Општина Богданци го дава за својата работоа во периодот од 2009 до 2012 година, нормално како и за другите граѓани, се однесува за мене лично. Внимателно ја разгледав публикацијата. Сметам дека е добро што Градоначалникот се потрудил на педесетина страници да даде осврт за тоа што го сработел. Убаво е што за време на неговиот мандат се направени доста работи од областа на инфраструктурата. Се гледа дека се трудело да се подобри состојбата од областа на животната средина, водоснабдувањето, осветлу-вањето на улиците и сл. Сето тоа е за поздравување. За пофалба е што во овој период се направи капелата, се формира противпожарно друштво, се изгради фискултурна сала во гимназијата, се инвестираше во водоснабдувањето и сл.

Градоначалникот како јавна личност е подложен на пофалби, но е подложен и на критики. Покрај наведените пофалби јас има имам и некои забелешки за неговото работење.

Паѓа во очи што во публикацјата од педесет и пет страници има 240 слики и само една страница текст. Би било добро Градоначалникот, кога се решил да даде отчет на толку страници, да дал отчет на случувањата во изминатиот период на неколку страници и писмена во форма. Со тоа ќе ја збогатеше публикацијата и граѓаните ќе имаа појасна слика за тоа што се случувало во тој период. Вака како што е даден отчетот излегува како да е сликовница наменета за деца во претшколска возраст, а не за возрасни.

Освен комуналните дејности на кои треба да работи, Градоначалникот има уште еден куп други работи кои требало да ги направи во изминатиот, а не ги направил. Тоа се работи кои пред четири години вети дека ќе ги направи и за кои доби мандат.

На стреница 13 од отчетот под наслов „Изработка на урбанистички планови во согласност со реалните потреби“ вели дека, за првпат после 1976 година, за 20 дена пред граѓаните ќе се донесе првичната верзија на новиот Генерален урбанистички план на Богданци. Тој период помина, а планот сеуште го нема. Во предизборната кампања пред 4 години тој јавно вети дека за време на неговиот мандат ќе се донесе нов урбанистички план на Богданци. Ветувањето од пред еден месец дека планот ќе биде тука за 20 дена не е исполнето. Ако до крајот на

колкава администрација ќе му остави на неговиот наследник. Големо е прашањето, една општина со толку слабо стопанство да биде оптоварена со толку гломазна администрација, дали е оправдано? Некој треба да работи за да обезбеди средства за да се плати општинската администрација. Од каде инаку средства за нејзино плаќање? Редно беше градоначалникот во својот отчет да даде образложение за причините за зголемување на општинската аднистрација. Можеби тоа било оправдано.

-Во предизборниот период градоначалникот ветуваше дека во Богданци ќе донесе катастер, канцеларија на Управата за јавни приходи, канцеларија за издавање лични карти и пасоши, авто-мото сојуз и технички преглед,канцеларија на Централен регистер,проширување на Медицински центар. Каква е ситуацијата по оваа прашање не треба да се пишува. Не се реализира ништо од тоа.

-Градоначалникот во својот отчет требаше да даде анализа за безбедносната состојба во Општина Богданци.

-Многу проблеми од социјалната сфера се присутни во Општина Богданци. Како прв човек тој во својот отчет требаше да даде свое видување за проблемот со зголемувањето на сиромаштијата, за проблемот со невработеноста, за проблемот со наталитетот, за проблемот со иселувањето од Богданци, за проблемот со бегањето на младите луѓе, за проблемот со опаднатата изградба на станови и куќи, за проблемот со дрогата, коцката и пијанството, за проблемот со образованието и спортот, за проблемот со корупцијата во општинските структури, за проблемот со хаосот во сообраќајот заради немање сообраќајна сигнализација.

Сите овие проблеми се присутни во во Општина Богданци и за нив општинските служби имаат податоци. Требаше да се направи една анализа и да се внесе во отчетот за граѓаните да знаат на што сме и како се решаваат овие проблеми. Што е направено и што се планира да се направи за нивно решавање.

Наведените проблеми се од егзистенцијална природа и треба да се обрне внимание на нив бидејќи ако се испуштат од контрола тогаш ќе биде многу лошо.

мандатот не се донесе Генералниот урбанистички план на Богданци ќе можам да кажам: „Господине градоначалниче, вие не го извршивте вашето ветување и ги излажавте граѓаните на општина Богданци.“

На прв поглед изгледа нормално дека последниот урбанистички план на Богданци е донесен во далечната 1976 година, но дали е нормално општинските служби и жителите на Богданци да работат по урбанистички план стар 36 години. Не треба човек да е голем стручнак по урбанизам за да го согледа фактот дека голема вина за назадувањето на Богданци во последните дванаесет години има и недонесувањето на нов генерален урбанистички план.

Да се потсетиме кои се последиците од тоа:

-Со немањето урбанистички план се создава хаос во планирањето на градот. Со носењето дополнителни решенија за измени на урбанистичкиот план уште повеќе се придонесува за хаосот во урбанизмот.

-Без генерално урбанистичко решение не е можно да се формира и подземна архитектура, односно не е можно да се направат трајни реше-нија за канализација, за инсталација за вода за пиење и индустриска вода, подземна електро-инсталација, телефонија и друго. Сега е актуелно воведување на гасна инсталација. Како сето тоа да се прави без нов генерален урбанистички план?

-Недонесувањето на нов генерален урбанистички план поразително се одрази врз стопанството. Со тоа што не можеше да се определи простор за индустриски зони, некој кој сакаше да инвестира и да гради индустриски објекти немаше можност тоа да го направи бидејќи тоа требаше да го прави на диво. Се јавуваа странски инвеститори во овој изминат период кои сакаа да градат во Богданци, но не можеа да го направат тоа поради немање урбаниситички план.

На страна36,35,38 и 39 од отчетот има слики за поставување на канализациона и водоводна мрежа во Богданци и Стојаково. Тоа е убаво и за поздравување, само се прашувам по кој проект е направено тоа Зае пет или десет години ќе знаеме ли каде се наоѓаат овие инсталации? Дали за одржување или проширување на овие инсталации, по пет или десет години, без адекватна документација, ќе треба да се копа на слепо? Тоа ќе бидат проблеми што ќе им ги оставиме на идните генерации.

На страна 39 од отчетот има слики од пуштањето во употреба на нова пумпа за вода за пиење со што се решава проблемот со водоснабдувањето. Се тоа е добро и за поздравување, само сакам да кажам да напомнам дека на почетокот на мандатот беше ветено дека ќе се реши проблемот со застарената водоводна инсталација во Богданци. Да се присетиме дека главните линии на водоводната инсталација во Богданци сеуште се со азбестни цевки, а знаеме дека азбестот е штетен за здравјето.

Приоритет во изминатиот период беше да се направт проекти за нова водоводна инсталација (макар за главните водови) само не

знам како би се направило тоа без урбанистички план.

Многу работи се врзани за новиот урбанистички план кој не се донесе.

Барав во отчетот да најдам слики за придонесот на Градоначалникот во развојот на стопанството, но залудно. Не најдов ништо за таа проблематика. Дали во неговиот мандат не се работело на тој план или намерно е изоставен од отчетот, не знам, но ќе дадам некои мои забелешки по тоа прашање.

Обврска на Советот на Општината и на Градоначалникот е за време на својот мандат да створат услови за непречен развој на стопанството како би се граделе нови производни капацитети и би се решил проблемот со вработувањето. Ситуацијата на тој план во Богданци е катастрофална. Не се отвораат нови погони, постојните се затвораат, невработеноста се зголемува, младите бегаат од Богданци и тн. Дали некој се запрашал зошто е тоа така?

-Советот на Општината и Градоначалникот во изминатиот период требаше да створат услови за непречен стопански развој. Евидентно е дека тие тоа не го сторија и економската ситуација е раква какв што е.

-Требаше да се формираат индустриски зони каде ќе можеше непречено да се гради и инвестира. Макар две. И требаше да се лобира кај домашни странски фирми да дојдат и да инвестираат во тие индустриски зони.

-Советот на Општината и Градоначалникот требаше да донесат соодветна нормативна регулатива со која на општинско ниво ќе се стимулираа некои дејности за побрз развој на некои индустриски гранки.

-Да им се помогне на постојните стопански субјекти полесно да ја пребродат сегашната економска криза.

На наведените прашања во врска со стопанството градоначалникот требаше да работи, но за жал ниту на едно од тие прашања не се работело и стопанството не само што не се развиваше туку и постојното пропаѓаше. Можеби таа е причината што градоначалникот во својот отчет не напишал ниту еден ред и не приложил ниту една слика за проблемите со стопанството во Богданци.

Градоначалниците во општините што не опкружуваат во изминатиот период донесоа нови урбанистички планови, некои донесоа дополнување на истите, оформија индустриски зони и во тие индустриски зони на големо се градат објекти. Овие општини со паметна политика на општинското раководство успешно го решаваат пропблемот со невработеноста, а Богданци...

На 23 декември минатата година во Општина Гевгелија почна да се гради нова индустриска зона во Прдејци финансирана од Владата на Република Македонија. Вредноста на градењето на оваа индустриска зона е 6,5 милиони евра кои владата ќе ги финансира во Гевгелија во 2013 година. Оваа индустриска зона свечено во изградба ја пушти премиерот Никола Груевски. Покрај шесте постојни индустриски зони во Гевгелија почна да се гради и седмата, а во Богданци...

Мое мислење е дека градоначалниците на околните општини пред своите граѓани не треба да даваат отчет за сработеното во 240 слики на 55 страни. Доволно е тоа да биде една страница и на неа да напишат дека оформиле индустрики зони во кои се изградиле толку капацитети и се вработиле толку работници.

Само толку. Граѓаните ќе препознаат што е тоа.

На страна 31 во отчетот се дадени слики како пред три години летото се прередуваа коцките на главната улица. Коцките се прередуваа точно два и пол месеци и главната улица на Богданци два и пол месеци беше затворена, па возилата се пренасочуваа по споредни улици. Дали некој пресмета коилкава штета се направи со затворањето на главната улица ? Се запре главната артерија на Богданци, се трошеше повеќе гориво, се губеше време, луѓето од страна го избегнуваа Богданци.Работа што можеше да се заврши за петнаесет дена се работеше два и пол месеци. Како активност добро е што е регистрирана во отчетот, но ајде да видиме колку квалитетно е направено прередувањето на коцките, што се постигна со тоа и колку за тоа е платено?

Уште на почетокот забележав дека отчетот на градоначалникот е исполнет само со фотографии, без текстуален дел. Ќе наведам некои теми за кои требало да се пишува во публикацијата.

-На почетокот на мандатот градоначалникот се форсираше тезата дека претходниот градоначалник оставил многу долгови во Општината. Сите се согласуваа со тоа., затоа што тоа беше факт. Во оваа публикација градоначалникот беше потребно да даде едно видување за финансиската состојба на Општината. Каква финансиска состојба тој ќе му остави на неговиот наследник? Можеби службите во општината знаат каква е финансиската состојба на општина Богданци, но пошироката јавност за која е наменет отчетот тоа не го знае. Редно беше да се информираат граѓаните за тоа.

Сведоци сме дека вработувањето во општинската администрација е зголемено. Градоначалникот во својот отчет требаше да даде едно видување-споредба колкава општинска администрација наследил од претходниот градоначалник, а

ОТЧЕТЗА РАБОТАТА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ

НА ОПШТИНА БОГДАНЦИ

2009 - 2012

П о ж а р о т г и о с та в и З а ф и р о в с к и б е з к у ќ аОгнената стихија вечерта на 13 спроти 14 јануари го остави семејството Зафировски

без куќа.Само мајка им Верка знае како, работејќи во оранжериите на „Изворски“ и живеејќи

по туѓи куќи, ги подигна синовите Драган и Синиша кои на рана детска возраст ostanaa без татко. Се бореше семејството со животот, децата пораснаа, научија занаети и почнаа да си го заработуваат лебот.

Тешко дека некој ќе можеше да им ја измери радоста кога Драган Зафировски ја купи куќата за која ќе можат да кажат дека е нивна. Веднаш почнаа да ја подготвуваат за да се вселат.Уште потешко ќе може да се опише тагата кога на Сурва, уште ненарадувани на неа, куќата им беше уништена од пожарот.

Советот на Општина Богданци одлучи на семејството да му додели помош од 30.000 денари по член или 90.000 денари во вкупен износ. Истовремено советниците одлучија на семејството Зафировски да му ги отстапат паушалите што им следуваат за јануари 2013 година.Тоа е еден аспект на хуманоста. Хуманоста има и други димензии. Граѓанскиот сектор треба да дојде до израз. Организирањето хуманитарна помош е една од активностите што се очекуваат од него. „Поглед“ на своите страници отстапува простор за објавување и популаризација на активностите на сите активности за организирање помош.

Пишува:

Милчо Ванов

Page 7: POGLED Br.46 Januari

7ПОГЛЕД ,Јануари 2013

Мислења „Поглед“ понекогаш нема да се согласува со содржините на некои текстови во оваа рубрика, но секогаш, доколку не излегуваат од рамките на нормалното однесување, ќе ги објавува.

За Водици –вообичаено

Екипата што секогаш победува

Последните неколку години осветувањето на водата на Браната со фрлањето на крстот во нејзините води и трката по него стана сосема вообичаена појава. Екипата на Тимчо Тренчевски, Денис Морарцалиев, Мишко Периќ, Дејан Атанасов и Зоран Ташуров неколку годин по ред го фаќаат крстот кој свештениците на Православната црква „Свети Атанасиј Велики“ го фрлат во Браната. . Единствената разлика е во тоа што се менува членот на екипата што ќе се добере до крстот. Годинава тоа беше Тимчо Тренчевски.

По завршувањето на церемонијата проструи шегата дека догодина нема потреба момчињата да доаѓаат на Браната. Нека си седат во „Емпорио“, свештениците ќе ја осветат водата, ќе го бркнаат крстот во водата и ќе им го однесат во „Емпорио“. Тоа што им следува од Општината и од другите спонзори исто ќе им биде дадено во „Емпорио“. Ем нема да се прават мастрафи, ем момчињата нема што да се мократ кога однапред се знае дека ќе го фатат крстот. Самите велат дека ова им било шести пат.

Крстот од Католичката црква „Светите Кирил и Методиј“ заврши во рацете на Павле Плавов на кој оваа му било третпат да го има крстот.

И други години било така, ама овој 19 јануари беше ден за паметење кој просто мамеше да се прошета покрај Браната и да се поседи на клупите од излетиштето.

Тимчо Тренчевски Павле Плавов

„Ролетар Томе Зец“ повторно на тронот

Турнирот во мал фудбал во Стојаково се одржа по третпат. Овојпат турнирое е преименуван во „Турнир Манданата“.

Турнирот се одржа од 17 до 27 јануари. На него учествуваа 21 екипа . Котизацијата за учество на турнирот беше по 3.000 денари од екипа. Победник е екипата „Ролетар Томе Зец“.

Во групата фаза екипата „Ролетар Томе Зец“ го освои првото место пред екипите на „Автошкола „Стил“, „Дева Шпед“, „Мила С“ и „Ју-ер транс“. Во четврфиналето со 6: 2 ја победи „Победа“. Во полуфиналето одигра тежок натпредар против „Бет-ат гел гери“ кој заврши 1:1. Победникот се одлучуваше со изведување понали. „Ролетар Томе Зец“ беше поуспешна екипа

победувајќи со пет спрема четири. Во финалето се сретна со екипата „Риве шпед“ и ја победи со 4:0.

Екипата „Ролетар Томе Зец“ има учествувано на сите три турнири. На првиот турнир го освои првото место. На вториот турнир беше втора, за на третиот турнир повторно да го освои првото место.

Наградата за освојување на првото место беше 100.000 денари. Второпласираната екипа доби 60.000 денари, а третопласираната екипа беше наградена со 30.000 денари.

Најмногу голови на турнирот постигна фудбалерот Томче Мижоров од екипата „Ролетар Томе Зец“, а за најдобар фудбалер беше прогласен фудбалерот Крсте Тодоров, исто од „Ролетар Томе Зец“.

Коледарскиот оган како коледарска активност има петшеснаесет годишна традиција во Богданци.

Традицијата продолжи и оваа година. Се беше како минатите годин. Само местото на случувањето се пресели на паркиралиштето.

Се делеше греана ракија,

имаше добра закуска и имаше музика за добро расположение. И времето беше прекрасно за потоа да се појави ветерот и да ги проблематизира работите.

На почетокот Коледарскиот оган се организираше како Коледарски хепенинг под покровителство на Општинската организација на

СДСМ. Потоа Општината го презеде организирањето и настанот требаше да добие општограѓанска димензија. Но работте не се развиваа по тој план. Коледарскиот оган се доживуваше како активност на партијата што во тој момент „владееше“ со Богданци.

Впечатокот го засилуваа активисти од „партијата на власт“

кои парадирајќи наоколу даваа до знаење дека настанот е нивен. Тоа на извесен начин им сметаше на граѓаните. И годинава беше така.

Можеби ќе биде добро во иднина предвреме да се направи екипа од волонтери кои, облечени во посебни платнени престилки на кои ќе пишува дека се волонтери,

ќе го разбијат чувството дека Коледарскиот оган е партиска забава.

Спонзори на настанот, според плакатите со известување, беа Општина Богданци и „Лебопекара ММ“ и на тој план работите беа на потребната висина.

К о л е д е

Васе Петрушев,пензионер

Силата Бога не молиВо ноемврискиот број на

„Поглед“ беше објавено советничкото прашање на Драгица Ѓавочанова упатено до градоначалникот Ристо Ичков: „Зошто на професорот Блаже Шапов не му го трансферирате работниот однос и не му давате Решение за вработување на неопределено време кога тој веќе шест години е вработен како професор по физичко воспитување. Оваа му е седма?“

Одговорот беше: „Нема деца, не се запишуваат ученици, нема паралелки. Професорот Шапов нема доволен број часови“

На дополнителното прашање: „Зошто часовите во Богданци му ги дадовте на професор вработен минатата година во Стојаково со 12 часа настава и уште 2 часа библиотека (спортски активности),

а не на Шапов кој има трипати повеќе стаж и дали е тоа партиско вработување?“, Градоначалникот одговори дека вработувањето не е партиско, вешто избегнувајќи го суштинскиот одговор.

На прашањето: „Се слуша дека за вработениот во Стојаково сте поднеле барање работниот однос да му се трансформира на неопределено време“, Градоначалникот одговори дека не е така.

Дека Градоначалникот не ја кажа вистината потврдува и фактот што на вработеното лице деновиве му е врачено Решение за вработување на неопределено време со полн фонд на часови, а на Блаже Шапов уште еднаш му е одземено правото да оствари полно работно време.

Постапката упатува на

пораката: „Јас сум власт и што ми можеш? Мое е и правото и моќта и силата.“

Пресудата ја аминосаа и неговите колеги-просветни работници, директори во општинските училишта. Обмисленото стратегиско сценарио со умисла да го скршат Блаже Шапов им е успешно. Победата им е Пирова, а постапките зачудувачки. Заслепени од мотивот за докажување на моќноста заборавија на професионалната етика и за должноста да ги почитуваат основните морални принципи – на што посебно ги обврзува професијата.

Доминира поентата дека на младите генерации им оставија приказна (пример) за дискриминација на нивниот професор, приказна во која се газат моралните вредности, човековото право и достоинство.

Заборавија дека животот не трае ни четири, ни осум, ни дванаесет години, ами продолжува. Продолжува и со нивните деца пред кои еден ден со дневникот в рака ќе бидат исправени и ...

Нека бидат сигурни дека приказните не се забораваат и дека вистината кога тогаш ја изрекува времето.

Што се однесува до Блаже Шапов ние посакуваме вистината да му биде Вера, Љубов, Мудрост и Надеж. И секогаш да се смее. Да се смее заради себе и заради злобните, дволичните и лажните пријатели. Насмевката толку добро да му стои за да им биде одговор на сите нивни прашања.

А максимата: „Дното е

најсигурното место на светот зошто ти помага да се исправиш и да почнеш одново“, нека му биде мисла водителка.“

Можеби силата, кога и се може, Бога не го моли, ама треба да се знае дека силата не е вечна.

Во прилог на ова: „Нема тајно што нема да стане јавно, ниту,пак, скришно што нема да се разбере и излезе на видело.“ (Мат. 10.26)

Ф.Ш, во име на пријателите на професорот Блаже Шапов

Седат од лево: Томче Мижоров, Игор Зајков,Крсте Тодоров и Зоран Павлов

Стојат од лево: Иван Ивановски, Лазе Ѓорбашлиев, Зафир Ѓорговски, Томе Зец, Крсте Ѓорѓов и Мартин Ивановски

„И Коледе и Сурва пеевме на ист начин. Коледе пеевме вечерта на 5 спроти 6 јануари, а Сурва на 13 спроти 14 јануари кога. Се пееше на ист начин ама песните беа различни. Дента на самите Коледе или Сурва не пеевме. Едно, затоа што одевме на училиште, а друго затоа што од училиштето не беше дозволено да се пее Колде и Сурва.

Не сите учители обрнуваа внимание кој пеел Коледе или Сурва. Беа двајца или тројца на кои

им се отстојуваа тие работи. Не само што се трудеа да се научат кои деца пееле Коледе или Сурва, туку одеа до таму што ноќта се криеја по плетовите за да уловат некој . Дента ќе ги собереа „виновниците“, ќе ги построејеа и ќе ги ругаа.. Ќе ги к’нѕеа, како што викавме тогаш. К’нѕањето секогаш беше пропратено со по некој шамар, шлаканица или завратница.Еден од тие „познати“ учители ја тегнеше косата над увото. Ако пуштиш глас следуваше завратница. Еден друг удираше клоци. Еден, пак, за да не го боли раката, тепаше со калинкова прачка. Децата херојски го оздржуваа сето тоа и пак си пееја. Ако биле к’нѕани за Колде, тие, без многу да му ја мислат, си пееја Сурва.

Овде ќе кажам дека за Коледе не се палеа огнови, а за Сурва не се правевме карневали. Тогаш огнови се палеа само на „б’ли-вошки“ на Поклади за Прочка. И карневали се правеа истиот ден.

На 5 или 13 јануари вечерта обично се собиравме групата што пеевме заедно и спиевме кај некој од нас. Јас, Гојто Стојчев-Гаџе, Ристо Пешков и Нолто Ѓуров секогаш пеевме заедно и тие вечери спиевме заедно. Тогаш ретко кој имаше часовник дома за да знае кога е полноќ. Кога бевме заедно, а ќе чуевме дека веќе некој пее станувавме и тргнувавме.

Од опрема имавме топуз и кесе. Кесето беше торба која се носеше на рамо, топузот беше од порано подготвен стап со топуска на долниот крај. Ќесето ни го правеа дома, а топузите сами си ги правевме од дрен или трн. Стапови правевме и од јасен, ама тие немаа топуски.

Одевме од куќа на куќа и ги пеевме песните за таа намена. За Колде, коледарски песни, за Сурва, суроварски. Каде што ќе пеевме домакините ни отвораа и не даруваа. На Коледе домаќинките ги сукаа сарлиите ги месеа погачите. за Божиќ. Од тестотоа печеа колачиња со кои, така топли, не даруваа. Некои домакинки во тестото додаваа пекмез од гроздова шира и

тие колачиња беа благи. На такви места се враќавме повеќепати.Не даруваа ореви, костени, миндали и, понекаде, кикирики. На Сурва во некои куќи (ако си роднина) даваа и колбаси оти Сурва за разлика од Колде не е посна. Ретко, многу ретко некој даваше бонбони.Пари не даваше никој оти немаше.

Кога ќе се развидеше, секој со својата торба, си одевме дома. Додека пеевме Колде или Сурва не се плашевме толку да не наидеме на некој учител колку што се плашевме да не наидеме на некоја група повозрасни кои ем ќе ни ге земаа собраните работи од торбите, ем ќе не натепаа.

Утредента се собиравме по дворовите и си игравме на ореви.На шајка се поставуваше метална пара. Од определена далечина сите

деца се обидуваа, фрлајќи ореви, бадеми или костени кон парата, да ја соборат парата од шајката. Кој ќе ја собореше ги земаше сите фрлени работи од тој ујун, како што се викаше делот од играта. Потоа парата повторно се поставуваше и почнуваше нов ујун.

Овде ќе кажам нешто поврзано со Колде и Сурва. Додека се шеташе по Колде и Сурва, ако се налеташе на некој с’р’к колбаси или на некој дудурник обесени да се сушат на некоја скала, многу греота беше да не се украдат. Се шегувам, се разбира, ама имаше и такви случаи.

Ги пеевме овие песни:„Ај станајте господаре, да пречекте коледара, ус големте тупузаре,

тикар, тикар Колде.“ Или, „Кој спие нека стане нека месе колачиња за дечиња, тикар, тикар Колде.“ И оваа „Паднала греда утепала дете, дете се мачи, баба го квачи на четири јајца, г’скини, паткини, шаткини... тикар, тикар Колде.“ Истиве песни се пееја и на Сурва со тоа што наместо „тикар, тикар Колде“ се пееше “Сурва“. На Сурва се пееше и оваа песна: „Сурва, Сурва година, нов клас на нива, полна куќа коприна, Сурва.“.

Тогаш беше забрането да се пее Коледе или Сурва, а Богданци ечеше од коледари и суровари. Сега е дозволено, но никој не пее.“

Page 8: POGLED Br.46 Januari

� ПОГЛЕД ,Јануари 2013

Парола на месецот

Публилиј СирискиI век п.н.е.

Измислен разговор на Богданчо на Богдан Богдански со Aпостол Павле

моите Посланија.БББ:-Тоа и ме засега. Затоа ти

се обраќам тебе.АП:- Што те засега?БББ: -Повеќе сум љубопитен

и заинтересиран отколку што ме засега.

АП: - Да, но што е тоа што те интересира?

БББ: - Ме интересира, зошто кога така е запишано во твоите толкувања на Словото кои и самите се влезени во неговиот понов дел, некаде патем се загуби Зборот. Се фрли во сенка.

АП: - Зборот не е фрлен во сенка. Јас никаде не кажувам дека Зборот треба да се заборави. Зборот е суштината на се. Зборот ја одредува мерката за воспоставување на нештата во заедништвото. Јас цело време зборувам дека во Зборот е втемелен Тој и неговото учење.

БББ: - Белки мерката не е поставена врз Златното теле.

АП: - Чекај, како да хулиш. За какво златно теле зборуваш? Со тотемите и лажните богови е расчистено уште во времето на Мојсеј. Ти самиот потсети на тоа.

БББ: - И подоцна имало враќања кон златните телиња. Зошто инаку би се истакнувале старозаветните пророци?

АП: - Исус ги преформулира тие работи и ги прати апостолите да го шират Зборот и само Зборот. Каде виде златно теле?

БББ: - Како се случи некои работи да се подигнат над Зборот? Водата, да речеме.

АП: -Тоа Марко, Матеј, Лука и Јован преку Јован Крстител сакаа да покажат дека треба да се ослободиме од се што било пред прифаќањето на Зборот и исчистени, водата

Роднокрајна анегдота

Црни точки

БББ: - Сполај ти Апостоле и Првоучителе! Го истеравме и овој месец на празнувањето, а?

АП: - Го истеравме, чедо божјо, го истеравме.

БББ: -Го истеравме, ама како да ги измешавме работите.

АП: - Оти ги измешавме!? Што им е измешано на работите?

БББ:- Месецот на празнувањето го претворивме во апотеоза на нештата.

АП: - Нешто си ми нејасен. Обиди се да бидеш појасен.

БББ: - Нели уште Мојсеј пресекол дека на се што му се клањаме и штовиме е златно теле,значи тотем, освен Едниот и единствениот Бог и меѓу Него и нас е само зборот. Зборот кој ја одредува човековото живеење и однесување. Значи Законот. Тоа било далеку назад во историјата, скоро во родовско-племенските времиња, но било неопходно за да се даде рамката и да се култивираат работите. Да се уредат. Да се озаконат. Затоа Мојсеј во името на Бога или Бог преку Мојсеј го дал Законот. Дури го дал во сосема тврда форма, издлабен на камен.

АП: -Ми зборуваш за Десетте божји заповеди?

БББ:-За нив и за се на што се однесуваат.

АП: -Таа е основата. Тричетиринаесет века подоцна Исус ги поедноставил работите концентрирајќи се на заповедта „Немај други Богови освен Мене“ сублимирајќи ја нивната суштина во кажувањето „Јас сум вие, вие сте Јас. Ние сме едно и нема ништо меѓу мене и вас. Сакајте ме Мене и сакајте се меѓу себе како што ме сакате Мене.“ Значи Љубов. Чисто и едноставно. Така запишав и во

симболички чисти, да преминеме кон Него, носителот на чистотата и верата. Да се покрстиме

БББ: - А жртвите во вид на свеќи и слични работи?

АП: -Тука малку ме имаат злоупотребено мене. Лошо сум протолкуван.

БББ: - А огнот? На Коледе се се сведува на огнот и топла ракија. Каде е Зборот? Да не Златното теле го има однесено на роговите.На Водици светоста на водата се подига над Зборот. Ако Зборот е во нас самите, во нашите срца, тогаш зошто се фетишизира водата? Имаш ли одговор?

АП: - Така сака народот.БББ: - Народот сака и Златни

телиња, но Мојсеј ги здробил во надеж дека народот ќе се сврти кон Зборот.

АП: - Ако внимателно се чита од мене кажаното ќе се види дека јас зборувам за Црквата во нас и за ние во Црквата. Сето тоа во име на Него. Што е тука спорно?

БББ: -Ништо не е спорно, но како нешто да ...

АП: - Да недостасува?БББ: -Не, не! Нема недостиг

од ништо. Напротив. Многу нешта се фазла. Го загубивме Него барајќи го. Го претворивме во твар. Тој не е твар. Тој е само Збор. Тоа што бил уште на Почетокот.

АП: - Зборот е уште тука.БББ: - Не повеќе. Кажувањето

за Зборот е тука. Зборот е заталкан во предворјето на Храмот. Во својата мисија Исус го преформулирал Зборот и во тоа име до темел го разурнал Храмот и на новите темели повторно го подигнал за три дена. Во трите дена на таа Пасха се содржи сета суштина на Зборот.

Начинот на кој се предаваат овие шеги од роднокраен карактер, но и тие што имаат потекло во други средини најчесто се доживуваат како анегдоти. Тие всушност и се тоа – анегдоти.

Зборот анегдота има корен во грчкиот јазик и значи необјавено

или неиздадено. Во литературата, со анегдота се нарекува приказната за некој интересен настан.

Од тоа можеме да извлечеме дефиниција дека анегдота е кратка приказна или расказ со шеговита или духовита содржина.

Живот на вересијаМите Стамнов кој се одѕива и

на прекарот М’сменски е познат лик од богданското секојдневие.

Жана, неговата најмлада сестра, живее во една прекуокеанска земја. Во оние турбулентни времиња, на почетокот од деведесеттите кога се формираше сегашнава македонска држава Жана беше дошла на гости во Богданци.

Си гостува Жана во „стариот крај“, си ги посетува роднините и пријателите, се загледува насекаде, мери, проценува и си извлекува соспствени заклучоци .

Еден ден му се обраќа на брат и Мите.

-Бате, па вие и не живеете така лошо како што пишува во весниците и како што кажуваат на телевизиите кај нас.

-Е како кај вас кажуваат дека живееме овде?

-Велат дека сте биле многу сиромашки, дека одвај сте врзувале крај со крај и дека сте биле скоро гладни.

- Добро, така пишува кај вас. Сега си тука, одиш наоколу, гледаш, слушаш... Какво е твоето мислење?

-Си јадете, си пиете, се носите, од ништо не си скусувате... Моето мислење дека си живеете сосема нормално.

-Е Жано, Жано, на нас ни ги укинаа вересиите. Тоа малку не сопна. Да видеше каков живот си теравме пред да ни ги укинат вересиите.

-Каков живот на вересија, бе Бате?

-На чекови сестро, на чекови.-И кај нас има чекови.-Нашите чекови не беа како

вашите. -Е какви беа вашите чекови?-Нашите чекови беа поинакви.

Ја слуши какви беа нашите чекови: Доаѓа еден мој пријател и ми се поплакува дека ќе му се растури бракот оти жена му запнала веднаш да ја пречуват куќата која штотуку ја беа изградиле и зготовиле за живеење, ама во неа немаа ништо од опрема. Не оди во нова куќа да го префрлуваат стариот намештај и старата опрема. А пари да ја опремат со нов намештај,немаат. Се се потрошило на куќата. Ја моли пријателот жена си, ја куми да се стрпи до летото, белки ќе извадат некоја пара од доматите и грозјето и на есен, здравје, ќе гледат да ја пречуват.

Арно ама таа ни да чуе. Или оваа зима или – готово. А зимата јануарска. „Слушај му велам. Имам решение. Земи метро, оди дома и направи список на се што ти треба. И намештај, и теписи, и лустери, и опрема, и џинџури-минџури и – се. До славина, до чаша, до чинија... Измери, запиши и ела. Јас за тоа време ќе го сторам другото.“

Тој отиде дома, а јас во Гевгелија, во Љубљанска Банка.

Зедов десетина кочани чекови на негово име и се вратив.

Отидов во „Млаз“ и на референтите им кажав да обезбедат два камиона седмотонци и да ги пратат пред Стоковната куќа „Ангролозар“ во Валандово. Пријателот ги зел мерките и списокот и со жена му дојдоа кај мене.

Се качивме во колата и правец Валандово. Имав таму еден пријател работеше во Стоковната куќа на „Ангролозар“. „Ангролозар“ беше една од подобро снабдените стоковни куќи во околината.

Влеговме и кажавме што сакаме.

Дојдоа и камионите. Се што требаше најдовме. Ги наполнивме камионите и ги пративме за Богданци. Ние останавме и го направивме есапот. Пријателот ги потпиша чековите и го „покривме“ трошокот. Беше јануари, а се договоривме чековите да бидат активирани во декември, пред да заврши годината.

Се качивме на колата и си дојдовме.

Со остатокот чекови се набави пијачка и јадечка и пријателот си ја пречува куќата. Во декември, пред да ги активираат чековите зедовме нов кочан чекови и отидовме во Валандово. Ги повлековме старите чекови и трошокот направен во јануари, единаесет месеци подоцна, го внесовне на нови чекови. Инфлацијата беше три проценти на ден. Во јануари, за да ,„купиме“ два камиони намештај и други потреби, дадовме еден куп чекови. Во декември мастрафот го покривме само со неколку чекови. Дури ни вратија и нешто готовина со која отидовме на ручек во „Трбовље“, така тогаш се викаше хотел-ресторанот во Валандово.

И сите бевме среќни и задоволни. Разбра?

-Разбрав дека сте го решиле проблемот, ама не разбрав кој го платил трошокот.

-И на нас не ни беше јасно како одат тие работи, ама одеа, На тој начин, со вересии, многу убаво си живеевме. Потоа ги укинаа чековите и работите малку се запекнаа.

Затоа ти велам, да не ни ги укинаа вересите ние ... ехеее.

Мите Стамнов знае на работите да им исполира поинаков сјај од оној што тие самите го имаат, ама за овој настан, односно за автентичноста на настаните од таков тип можат да посведочат сите живи роднокрајни жители кои имаат повеќе од дваесет и пет-шест години. Биле деца, ама ги паметат оние времиња.. Другите, оние постарите, многу убаво занаат за што станува збор затоа што многу од чековите што ги оставале за „одложено“ плаќање сеуште не им се доспеани за плаќање. Нема ни да доспеат.

Пред да се понесе товарот треба да се одмери

неговата тежина.

Оној мерцедес што се обидува да се вклучи во сообраќајот нема да може да го направи тоа затоа што фолксвагенот, кога се исклучил од сообраќајот, не водел сметка дека со своето лошо паркирање им го попречува движењето на возилата што го користат пристапот на кој се паркирал.

И кои се последиците од таквото случување.

Возачот на мерцедесот, чувствувајќи дека возилото му е прешироко за да може да помине низ слободниот коловоз без и мерцедесот и вентото да не ги изгубат ретровизорите ќе „легне“ на сирената барајќи возачот на зелената кола да го ослободи преминот.

Прашање е каде во тој момент се наоѓа возачот на зелената кола и дали може да го чуе свирењето на мерцедесот. Трубењето ќе ги растревожи граѓаните од околните куќи кои, природно, ќе станат нервозни од свирењето. Возачот на мерцедесот, ни крив, ни должен, ќе се најде во ситуација адреналинот да му е крене до неподносливи граници. Фрлајќи поглед на целата ситуација и со голо око се гледа како електрицитетот пршти во воздухот.

Полицијата, нормално, нема причина да интервенира затоа што нема знак за забрането паркирање. На Општината и е гајле што нема сообраќајна сигнализација по градот. Комуналниот инспекторат заедно со комуналните редари реагираат само на пријава.

Како и да се сврти работата на возачот на мерцедесот, денот кога се нашол во ваква ситуација нема да му биде најдобриот ден во животот. Башка, можеби и се брза некаде. Можеби е врзан со рок во врска со некое важно животно или егзистенцијално

прашање.Врти –сукај расправијата е

најмалото нешто што може да се случи во една ваква околност. И тепачката не е исклучена. Да сме некој понаоружан народ случајот многу лесно може да се префрли во црните хроники.

Се заради тоа што возачот на вентото ниту чул, ниту разбрал дека нема право да се паркира таму каде што се паркирал. Со тоа се прави прекршок заради кој времено може да се загуби и возачка дозвола.

Сообраќ ајна нек улт ура

тел. 034/ 222-766

СТОЧАРСТВОБогданци

[email protected]

тел. 034/ [email protected]

Агенција за обезбедување на лица и имот

Богданцител. 034. 222.110; 222.220

e-mail: [email protected]

БАЏО[email protected]