Pogled Br.51 Juni 2013

8
PRINTMAKING WORKSHOP “SOFIJA” ГРАФИЧКА РАБОТИЛНИЦА “ СОФИЈА” Поглед од мојот агол Пишува: Илија Тумбов стр.3 Број 51 Јуни 2013 ЗАШТИТЕНОСТА НА СОПСТВЕНОСТА стр.4 Јавен собир за изготвување стратегија за климатски промени стр.4 стр.6 Пишува: Крсте Лештов тел. 034/ 222-766 СТОЧАРСТВО Богданци www.stocarstvo.com.mk [email protected] тел. 034/ 222-006 www.sofijaprint.com.mk info@sofijaprint.com.mk Агенција за обезбедување на лица и имот Богданци тел. 034. 222.110; 222.220 e-mail: [email protected] БАЏО www.badzo.com.mk [email protected] Членот 30 од Уставот на Република Македонија го регулира правото на соспственост. „Се гарантира правото на сопственост и правото на наследување.“, се вели во неговиот прв став. „Сопственоста создава права и обврски и треба да служи за доброто на поединецот и заедницата.“, определува вториот став. „Никому не можат да му бидат одземени и ограничени сопственоста и правата кои произлегуваат од неа, освен кога се работи за јавен интерес утврден со закон.“, прецизен е третиот став на членот. Уставот го има регулирано и правото на здрава животна средина. Ставот 1 и 2 на член 43 велат: „Секој човек има право на здрава животна средина. Секој е должен да ја унапредува и штити животната средина и природата.“ Во случајот регистриран на приложенбите фотографии постапено е спротивно на Уставот на Република Македонија. Купишта ѓубре се истурени на површина која е нечија сопственост. -Купиштата ѓубре се истурени таму во последниве 7-8 недели. Пред тоа на парцелата беше оставен само вишокот земја останата по пробивањето на патот и неговото нивелирање. Се чекаше земјата да се отстрани и парцелата да биде ставена во функцијата што и ја бев наменил. Јас бев малку отсутен од Богданци и сега се соочувам со ситуација која, покрај тоа што е недопуштливо грда, иритира. Се прашувам кој си дозволил мојата приватна сопственост да ја претвора во депонија за комунално ѓубре? - огорчен е сопственикот кој го има одговорот на прашањето, но не знае што да прави со него. Пространството од западната страна на падините каде што минува новопробиениот пат до Ветерниот парк долг период, ако не и отсекогаш бил градска депонија на Богданци. Богданци изобилува со диви депонии, но оваа доаѓаше некако поорганизирана затоа што таму се лагерираше комуналниот и сиот друг отпад на Богданци. Во последно време имаше некакви најави за определување на официјална депонија за Југоисточниот плански регион, се спомнуваше нешто и за Богданци како претоварна депонија, но се останува уште на нивото на почетни договарања. Имаше и некакво потпишување на договор со некоја италијанска фирма за стопанисување со комуналниот отпад од Богданци, но и од тоа не излезе ништо. Со новиот Генерален урбанистички план на Богданци чие донесување е во тек , опфатот се проширува до новопробиениот пат на западната страна од Богданци. Ако досега тие пространства не беа интересни од многу причини, состојбата сега е коренито променета. Со системот за спас на Дојранското Езеро се обезбеди инсталација која тие пространства ги прави интересни за многу работи од областа на земјоделието и овоштарството. Новоинсталираниот цевковод за вода за домаќинствата во Богданци подрачјето го прави интересно и како зона во која можат да бидат сместени капацитети од преработувачката индустрија и индустријата за храна. Лесната достапност за инсталирање на електроводови за нисконапонска електрична мрежа му дава на подрачјето димензија со која може да се наметне и како индустриска зона. Сето тоа е сериозен сигнал дека депонијата под итно треба да биде иселена од таму. Дотогаш останува да лебди прашањето кој и како си дозволил приватниот имот да го претвора во депонија? Треба да се осети реата што на депонијата се шири од летниов комунален отпад за да се сфати сериозноста на штетата што е причинета. Стаклото расфрлено по прцелата со својата обилност ја прави парцелата неупотреблива за земјоделска дејност. Што ќе се случи ако сопственикот побара судска заштита и надоместување на штетата? И тоа ќе биде на товар на кревкиот општински буџет. Како и да се сврти работата одговорноста паѓа на товар на Општината. Како таа понатаму ќе ја разреди одговорноста низ своите организациони структура е нејзина работа. Но мора да поведе сметка за товарот на одговорноста. Тежок е товарот на одговорноста. Тежина имаат и позициите врз кои таа се потпира.. Општествениот договор „Демократијата живее од соработката на нејзините граѓани. Знаењето е претпоставка за тие да се ангажираат себеси. Само оној кој во принцип знае за демократските механизми и институции на заедницата може да живее во неа. Ова знаење спаѓа во најважните задачи на граѓанското и политичкото образование.“ Така, во еден трактат, е определено знаењето како основна задача на граѓанското и политичкото образование. После секое тромесечие Советот на Општина Богданци ги разгледува Кварталните извештаи за извршување на Буџетот. Така беше и на Третата седница кога, покрај другото, советниците го разгледуваа извештајот за периодот 1 јануари 31 март 2013 година. Кај даночните приходи се извести дека реализацијата е само 8,3 проценти. Поинаку кажано од планираните 36.916.750 денари на годишно ниво во првиот квартал се реализирале само 2.962.743 денари. Не треба да се биде многу вешт во математика за да се разбере дека прибирањето на даноците во извештајниот квартал одело споро. Наведениот цитат зборува токму за знаењето на обврскте што граѓаните ги имаат во однос на заедницата. Тоа треба да биде истакнато затоа што само до пред два месеца, во текот на изборната кампања за локалните избори, граѓаните на општината, на сите можни начини, беа брифирани од активистите на политичките субјекти што беа заинтересирани за освојување на општинската власт. Белки тогаш на граѓаните им беше објаснето дека политичкиот субјект што ќе ја освои власта, ќе може да ја практикува само ако биде реализиран планираниот буџет. Буџет не е ништо друго туку план за трошење на средствата што пред тоа треба да бидат приберени по разни основи. Даночните приходи се една од тие основи. Продолжува на стр.3 Некои прашања не смеат да останат без одговори Што можат постарите да научат од помладите? (...) Кај постарите забележува доза на тврдоглавост, закоравеност во ставовите, крутост во мислите и многу, многу страв од животот.(...) Екипа на Женската единица на Доброволното противпожарно друштво на меѓународна тактичко- показна вежба (...)„ Задоволство ми е што Општина Богданци ќе биде една од четирите општини во кои ќе се спроведува проектот за климатските промени.“(...)

description

Nezavisen vesnik na Bogdanci

Transcript of Pogled Br.51 Juni 2013

Page 1: Pogled Br.51 Juni 2013

БРОЈ 43, Октомври 2012

PRINTMAKING WORKSHOP “SOFIJA” ГРАФИЧКА РАБОТИЛНИЦА “ СОФИЈА”

Поглед од мојот агол

Пишува:

Илија Тумбов

стр.3

Број 51 Јуни 2013

ЗАШТИТЕНОСТА НА СОПСТВЕНОСТА

стр.4

Јавен собир за изготвување стратегија за климатски промени

стр.4 стр.6Пишува: Крсте Лештов

тел. 034/ 222-766

СТОЧАРСТВОБогданци

[email protected]

тел. 034/ [email protected]

Агенција за обезбедување на лица и имот

Богданци

тел. 034. 222.110; 222.220e-mail: [email protected]

БАЏО[email protected]

Членот 30 од Уставот на Република Македонија го регулира правото на соспственост.

„Се гарантира правото на сопственост и правото на наследување.“, се вели во неговиот прв став.

„Сопственоста создава права и обврски и треба да служи за доброто на поединецот и заедницата.“, определува вториот став.

„Никому не можат да му бидат одземени и ограничени сопственоста и правата кои произлегуваат од неа, освен кога се работи за јавен интерес утврден со закон.“, прецизен е третиот став на членот.

Уставот го има регулирано и правото на здрава животна средина.

Ставот 1 и 2 на член 43 велат: „Секој човек има право на

здрава животна средина.Секој е должен да ја

унапредува и штити животната средина и природата.“

Во случајот регистриран на приложенбите фотографии постапено е спротивно на Уставот на Република Македонија.

Купишта ѓубре се истурени на површина која е нечија сопственост.

-Купиштата ѓубре се истурени таму во последниве 7-8 недели. Пред тоа на парцелата беше оставен само вишокот земја останата по пробивањето на патот и неговото нивелирање. Се чекаше земјата да се отстрани и парцелата да биде ставена во функцијата што и ја бев наменил. Јас бев малку отсутен од Богданци и сега се соочувам со ситуација која, покрај тоа што е недопуштливо грда, иритира. Се прашувам кој си дозволил мојата приватна сопственост да ја претвора во депонија за комунално ѓубре? - огорчен е сопственикот кој го има одговорот на прашањето, но не знае

што да прави со него.Пространството од западната

страна на падините каде што минува новопробиениот пат до Ветерниот парк долг период, ако не и отсекогаш бил градска депонија на Богданци. Богданци изобилува со диви депонии, но оваа доаѓаше некако поорганизирана затоа што таму се лагерираше комуналниот и сиот друг отпад на Богданци.

Во последно време имаше некакви најави за определување на официјална депонија за Југоисточниот плански регион, се спомнуваше нешто и за Богданци како претоварна депонија, но се останува уште на нивото на почетни договарања.

Имаше и некакво потпишување на договор со некоја италијанска фирма за стопанисување со комуналниот

отпад од Богданци, но и од тоа не излезе ништо.

Со новиот Генерален урбанистички план на Богданци чие донесување е во тек , опфатот се проширува до новопробиениот пат на западната страна од Богданци. Ако досега тие пространства не беа интересни од многу причини, состојбата сега е коренито променета.

Со системот за спас на Дојранското Езеро се обезбеди инсталација која тие пространства ги прави интересни за многу работи од областа на земјоделието и овоштарството.

Новоинсталираниот цевковод за вода за домаќинствата во Богданци подрачјето го прави интересно и како зона во која можат да бидат сместени капацитети од преработувачката индустрија и

индустријата за храна.Лесната достапност за

инсталирање на електроводови за нисконапонска електрична мрежа му дава на подрачјето димензија со која може да се наметне и како индустриска зона.

Сето тоа е сериозен сигнал дека депонијата под итно треба да биде иселена од таму.

Дотогаш останува да лебди прашањето кој и како си дозволил приватниот имот да го претвора во депонија?

Треба да се осети реата што на депонијата се шири од летниов комунален отпад за да се сфати сериозноста на штетата што е причинета.

Стаклото расфрлено по прцелата со својата обилност ја прави парцелата неупотреблива за земјоделска дејност.

Што ќе се случи ако сопственикот побара судска заштита и надоместување на штетата?

И тоа ќе биде на товар на кревкиот општински буџет.

Како и да се сврти работата одговорноста паѓа на товар на Општината. Како таа понатаму ќе ја разреди одговорноста низ своите организациони структура е нејзина работа. Но мора да поведе сметка за товарот на одговорноста.

Тежок е товарот на одговорноста.

Тежина имаат и позициите врз кои таа се потпира..

Општествениот договор

„Демократијата живее од соработката на нејзините граѓани. Знаењето е претпоставка за тие да се ангажираат себеси. Само оној кој во принцип знае за демократските механизми и институции на заедницата може да живее во неа. Ова знаење спаѓа во најважните задачи на граѓанското и политичкото образование.“

Така, во еден трактат, е определено знаењето како основна задача на граѓанското и политичкото образование.

После секое тромесечие Советот на Општина Богданци ги разгледува Кварталните извештаи за извршување на Буџетот.

Така беше и на Третата седница кога, покрај другото, советниците го разгледуваа извештајот за периодот 1 јануари 31 март 2013 година.

Кај даночните приходи се извести дека реализацијата е само 8,3 проценти. Поинаку кажано од планираните 36.916.750 денари на годишно ниво во првиот квартал се реализирале само 2.962.743 денари. Не треба да се биде многу вешт во математика за да се разбере дека прибирањето на даноците во извештајниот квартал одело споро.

Наведениот цитат зборува токму за знаењето на обврскте што граѓаните ги имаат во однос на заедницата. Тоа треба да биде истакнато затоа што само до пред два месеца, во текот на изборната кампања за локалните избори, граѓаните на општината, на сите можни начини, беа брифирани од активистите на политичките субјекти што беа заинтересирани за освојување на општинската власт. Белки тогаш на граѓаните им беше објаснето дека политичкиот субјект што ќе ја освои власта, ќе може да ја практикува само ако биде реализиран планираниот буџет. Буџет не е ништо друго туку план за трошење на средствата што пред тоа треба да бидат приберени по разни основи. Даночните приходи се една од тие основи.

Продолжува на стр.3

Некои прашања не смеат да останат без одговори

Што можат постарите да научат од помладите?

(...) Кај постарите забележува доза на тврдоглавост, закоравеност во ставовите, крутост во мислите и многу, многу страв од животот.(...)

Екипа на Женската единица на Доброволното противпожарно друштво на меѓународна тактичко-показна вежба

(...)„ Задоволство ми е што Општина Богданци ќе биде една од четирите општини во кои ќе се спроведува проектот за климатските промени.“(...)

Page 2: Pogled Br.51 Juni 2013

2 ПОГЛЕД ,Јуни 2013

Печати:„Софија“ Богданци

Жиро-сметка:270000000711867

Даночен број:МК4006991101880

Редакција: Маршал Тито 211484 Богданцител. 075 738834факс: 034 [email protected]/pogled

Издава: „СОФИЈА“1484 Богданци, ул. “Маршал Тито” 21

Директор: Драги Семенпеев

Илија Тумбов

Уредува редакциски колегиум

Технички уредници:

Јован РоглевВалентина Попова

Уредник:

Халк Банка-Скопје

Од Третата седница на Советот на Општина Богданци

Седница во две продолженијаИзвестувач: Илија Тумбов

На 10 јуни 2013 година

Советот на Општина Богданци, под претседателство на Блаже Шапов, ја одржа својата Трета седница. На седницата присуствуваа сите советници и Анастасија Олумчева, градоначалничка на Општина Богданци.

Записникот од претходната седница советниците, без измени и дополнувања, го прифатија со 11 гласа „За“

По барање на советникот Душко Енџекчев, како беаспредметна, од предлогот на дневниот ред за работа на седницата се исфрли точката во која се бараше мислење за ученичките екскурзии од ООУ„Кирил и Методиј“, Стојаково.

Претседавачот Блаже Шапов предложи додавање нови точки, разместување на редоследот на точките и прекинување на седницата по 25-тата точка и нејзино продолжување на 25 јуни во 17 часот.

Предлогот беше прифатен едногласно.

Точка 1. Симона Савиќ од општинската администрација објасни дека Кварталниот извештај са извршување на Буџетот на Општина Богданци во првиот квартал од 2013 година требало да се разгледува и усвои во април, ама поради локалните избори тоа не било можно.

Претседателот Блаже Шапов забележа дека е мал процентот на даночните приходи и забележа дека општинската администрација треба повеќе да се ангажира на тој план.

Советникот Кристијан Тодоров побара да се каже какви чекори презема администрацијата на тој план, за да не се сфати дека се почнува од сега.

Г р а д о н а ч а л н и ч к а т а Анастасија Олумчева објасни дека во општината е почната кампања за подигање на свеста кај граѓаните за плаќање на даноците.

Советникот Стојан Воданов забележа дека во овој период наплатата на даноците секогаш е помала и потсети дека Советот е должен да го прифати Кварталниот извештај.

Советникот Душко Енџекчев побара општинскиот даночен извршител да се заложи повеќе за поуспешно прибирање на даноците, а ,ако треба, одделението нека се зајакне кадровски.

Советничката Катерина Чрчева рече дека советниците и администрацијата треба да бидат пример за плаќање на даноците.

Кварталниот извештај беше прифатен со 11 гласа „За“.

Точка 2. Едногласно советниците ја донесоа и Одлуката за измена на Одлуката за извршување на Буџетот на Опптина Богданци за 2013 година.

Точка 3. Иван Иванов,директор на ЈП „Комунална чистота“ и покрај тоа што советниците во материјалите имаа Извештај за материјалното и финансовото работење на ЈП „Комуналнаљ чистота“, даде и усно обраазложение на Извештајот.

Совтникот Ристо Киров

праша зошто во Извештајот нема информација за користење на водата од Системот за спас на Дојранзкото Езеро на што Иван Иванов му одговори дека вода од Системот се користела во 2008 и 2009 година, но сега нена потреба од тоа.

Советникот Никола Стратров се заинтересира зошто кога има колектор сеуште има течење на отпадни води по Луда мара, на што Иван Иванов му одговори дека тоа се отпадни води од Млекарницата на „Сточарство“ и тие си се должни да си го решат тој проблем,а колекторот на некои места е затнат затоа што граѓаните се оеднесуваат лошо кон него.

На гласањето за Извештајот се изјаснија 5 советника, а 6 беа воздржани со што тој не беше усвоен.

Директорот Иван Иванов побара објаснување за ситуацијата кога првиот квартал за кој се однесува известувањето е поминат, на истек е и второт квартал,што треба да се прави сега кога Советот не го прифати Извештајот.

Никој не му одговори на прашањето.

Точка 4,5,6 и 7. Со 10 гласа „За“ и 1 глас „Воздржано“, врзано, без дискусија, се прифатија Финансиските извештаи за приходите и расходите на изборна кампања за Локалните избори 2013 на Коалицијата предводена од СДСМ, на Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, на Независната листа-Група избирачи Митко Мишев и на Сојузот на Титови Леви Сили.

Точка 8. По Барањето за вршење ревизија на тендерите за јавни набавки-превоз на ученици во СОУ „Богданци“ и ООУ„Петар Мусев“ поднесено од ДПТПУ „МИЛ Зоран“ од Богданци се произнесоа советниците Блаже Шапов, Стојан Воданов, Кристијан Тодоров, Никола Стратров, Душко Енџекчев, Риса Бејкова, Ристо Енџекчев и Ристо Киров.

Сите тие, главно, во дискусијата се задрежаа на моментот дека Советот не треба да навлегува да одлучува за работи за кои не е надлежен, дека нема доволно информации за случаите и дека не знае дали подносителот на Барањето, доколку не бил задоволен од резултатите на тендерот ги искористил во определениот рок сите правни лекови.

На крајот со 9 гласа „За“ и 2 гласа „Воздржано“ се донесе заклучок во Програмата на Државниот завод за ревизија за ревизии во 2014 година да се поднесе барање да влезат и ревизиите кои ги сугерира барателот, но пред тоа од него да се добие информации што по тоа прашање тој има направено во жалбена постапка и да достави соодветна документација за случајот и случувањата.

Точка 9. По Барањето за помош заради опожарена куќа поднесено од Цветко Златановски се донесе заклучок од општинската администрација да се формира комисија која на лице место ќе утврди за каква штета се работи и

ќе предложи мерки.Советничката Катерина

Чрчева предложи да се испрати апел до граѓаните за донирање помош во покуќнина и намештај на оштетеното семејство.

Точка 10. По образложение на градоначалничката Анастасија Олумчева, со 11 „гласа „За“ Советот ја донесе Програмата за измена и дополнување на Програмата за изработување на урбанистички планови и тоа, како изменета точка 11, да се изработи Урбанистички план вон населено место во м.в. „Барта“ во КО Богданци, на 5,5 ХА во државна сопственост за лесна индустрија финансирано со 200.000 денари и како точка 16-а да се изработи Локална планска документација на површина од 0,15 ХА во државна сопственост во м.в. „Барта“ во КО Богданци за лесна индустрија финансирано од Риве Шпед-Богданци.

Точка 11. Со 11 гласа „За“ се донесе Одлука за донесување урбанистичка планска документација заради усогласување на ДУП Стојаково со бесправно изградени објекти на КП 7941 во КО Стојаково.

Точка 12. Со 11 гласа „За“ се донесе Одлука за донесување на урбанистичка планска документација со која ќе се изврши промена на трасата на сообраќајната инфраструктура или нема да се предвиди на КП 8793 во КО Богданци.

Точка 13. Со 11 гласа „За“ се донесе Одлука за дополнување на Одлуката за донесување на урбанистичка планска документација заради усогласување на намените на ДУП Богданци со бесправно изградени објекти на КП 8694/1 во КО Богданци.

Точка 14. Со 11 гласа „За“ се донесе Одлука за донесување на урбанистичка планска документација со која ќе се промени трасата на сообраќајната инфраструктура или нема да се предвиди на КП 10858 во КО Богданци.

Точка 15. Со 11 гласа „За“ се донесе Одлука за донесување урбанистичка планска документација со која ќе се изврши промена на трасата на сообраќајната инфраструктура или нема да се предвиди на КП 9800/2 во КО Богданци.

Точка 16. Со 11 гласа „За“ се донесе Одлука за донесување урбанистичка планска документација со која ќе се изврши промена на трасата на сообраќајната инфраструктура или нема да се предвиди на КП 10569/1 во КО Богданци.

Точка 17. Со 11 гласа „За“ се донесе Одлука за донесување на урбанистичка планска документација заради усогласување на намените на ДУП Богданци со бесправно изградени објекти на КП 10475 во КО Богданци.

Точка 18. Со 11 гласа „За“ се донесе Одлука за донесување на урбанистичка планска документација со која ќе се изврши промена на трасата на сообраќајната инфраструктура или нема да се предвиди и за донесување на урбанистичка планска документација заради усогласување на намените на ДУП Богданци со бесправно изградени објекти на КП 9376/1 во КО Богданци.

Точка 19. Со 11 гласа „За“ се донесе Одлука за донесување на урбанистичка планска документација со која ќе се изврши промена на трасата на сообраќајната инфраструктура и за донесување на урбанистичка планска документација заради усогласување на намената на ДУП Богданци со бесправно изградени објекти на КП 8944 и КП 10338 во КО Богданци.

Точка 20. со 11 гласа „За“ се донесе Одлука за донесување на урбанистичка планска документација и вклопување на бесправниот објект во неа на КП 11035/4 во КО Богданци.

Точка 21. Со 11 гласа „За“ се донесе Одлука за донесување урбанистичка планска документација и вклопување на

бесправниот објект во неа на КП 1622 во КО Ѓавото.

Точка 22. Со 11 гласа „За“ се донесе Одлука за донесување на урбанистичка планска документација и вклопување на бесправен објект во неа на КП 762/1 во КО Селемли.

Точка 23. Со 11 гласа „За“ се донесе Одлука за донесување на урбанистичка планска документација и вклопување на бесправен објект во неа на КП 2811/1 во КО Богданци.

Точка 24. Со 11 гласа „За“ се донесе Одлука за донесување на урбанистичка планска документација и вклопување на бесправен објект во неа на КП 3259/1 во КО Богданци.

Точка 25. Со 11 гласа „За“ се донесе Одлука за донесување урбанистичка планска документација и вклопување на бесправно изграден објект во неа на КП 3652 во КО Богданци.

Тука седницата беше прекината. На 25 јуни 2013 година уследи продолжение на седницата.

Точка 26. Информација за моменталната состојба на објектот во изградба кој се наоѓа на КП 10236 во КО Богданци поднесена од Друштвото за производство, трговија и услуги ВК ГЛИГОРОВ, Богданци, иако советниците ја имаа во пишувана верзија, како застапничка на инвеститорот, ја изнесе адвокатката Катица Ничевска. На седницата беа присутни и ќерките на инвеститорот.

Во Информацијата беше кажано дека на КП 10235 има поставено бесправно изграден објект за кој Советот на Општина Богданци одлучил да не се легализира, но објектот не е отстранет и парцелата 10235 не може да се припои кон парцелата 10325 на која се гради објектот за да може непречено да продолжи неговата натамошна градба.

Друга забелешка во информацијата инвеститорот имаше упатено кон ЈП „Комунална чистота“ со која имал спогодба да му биде изведена одводна канализација за подземните води што се појавиле под објектот, но канализацијата била нестручно изведена со што доаѓало во прашање натамошното функционирање на објектот.

Во образложението од Информацијата се кажа дека инвеститорот се чувствува измамен и опструиран на секој начин и се плаши дека ќе биде приморен да се откаже од својата инвестиција, но се надева дека Советот ќе ја прифати неговата иницијатива за дооформување на парцелата 10236 со парцелата 10235 во функција на хотелскиот комплекс.

Во расправата по информацијата учествуваа советниците Душко Енџекчев, Блаже Шапов,Катерина Чрчева, Стојан Воданов,Кристијан Тодоров,Риса Бејкова и Ристо Киров.

Г р а д о н а ч а л н и ч к а т а Анастасија Олумчева кажа дека парцелата 10235 не била предмет на договор ниту автентично му припаѓа на ресторанот. Наводите дека се нема простор за непречено изведување на градежните работи на објектот таа смета дека се беспредметни бидејќи од објектот до граничната линија има околу 2,5 метри што се сосема доволни за изведување на градежни работи.

По сите дискусии се формулира заклучок дека на парцелата 10235 има бесправно поставен објект кој од Советот не добил дозвола за легализација, но сопственикот на објектот сеуште има законско право да ја обжалува таа одлука кај повисоките инстанци, а кога процесот ќе заврши Советот на Општина Богданци ќе одлчи што ќе прави со објектот на локацијата 10235 и со самата локација. Инвеститорот своето недоразбирање со „Комунална чистота“ за што има поведено и судски спор да се обиде, за општо добро на сите, да го реши вонсудски за што ќе ја добие и помошта од Општината и да

продолжи со натамошната градба на објектот.

Г р а д о н а ч а л н и ч к а т а , инвеститорот и „Комунална чистота“ да седнат и да се договорат како ќе се надминат недоразбирањата и застојот во градбата.

Начелно со ваков заклучок се согласија и претставниците на инвеститорот.

Вака формулираниот заклучок беше прифатен со 10 гласа „За“ и 1 глас „Воздржано“.

Точка 27. Симона Савиќ од општинаската администрација им ги образложи на советниците предложените измени и дополнувања на Буџетот на Општина Богданци за 2013 година.

Во расправата советникот Ристо Енџекчев забележа дека биле спомнати сите ставки каде што се зголемуваат средствата во Буџетот, но не и ставките каде што се намелени средствата.

Му беше одговорено дека градоначалничката Анастасија Олумчева предложила да се намалат трошоците за времени вработувања, трошоците за мобилни телефони, трошоците за репрезентација и патување и сите други непродуктивни трошоци од кои некои дури и целосно се избришани.

Советникот Ристо Енџекчев побара објаснување и за состојбата кога се има долг кон ЕВН, а се нема побарувањем на што од Симона Савиќ му беше одговорено дека написмено ќе му биде даден одговор на наредната седница.

За предложените измени и дополнувања на Буџетот на Општина Богданци за 2013 година гласаа 5 советници, а 6 се изјаснија за „Воздражани“ со што не беше донесен ребалансот на Буџетот.

Советниците Ристо Енџекчев и Стојан Воданов процедурално забележаа дека не се прифатил предложениот ребаланс без да се даде образление за таквата одлука и да се направи квалитетна анализа

Советникот Никола Стратров, исто во процедурална забелешка, кажа дека пред две недели добиле еден предлог, а сега пред самата седница добиле сосема друг ребаланс во кој биле вклучени долгот кон „Млаз“ кој е од 2009 година, некој долг за бетонски жардинерии набавени уште во февруари за кој не биле подготвени да расправаат и да го прифатат.

Советникот Кристијан Тодоров, во знак на протест ја напушти седницата.

Потоа седницата се претвори во разговор.

По смирувањето на страстите се премина на следната точка.

Точка 28 беше резервирана за советнички прашања.

-Советникот Стојан Воданов праша дали се планира да се учествува на Повикот за рурален развој и со кои проекти на што градоначалничката Анастасија Олумчева му одговори дека едниот проект ќе биде патот за Ѓавото, а за другиот сеуште не е одлучено кој ќе биде.

-Советникот Душко Енџекчев побара во контекст на советничкото прашање за доставување извештај за долгувањата на Општината кој веќе им доставен да им биде доставен и аналитички приказ на долгувањето кој може да биде и во електронска веразија.

-Советникот Блаже Шапов праша до каде е дојдено со утврдувањето на штетата со опожарената куќа што беше на дневен ред на првото продолжение од ова седница на што му беше кажано дека комисијата сеуште не излегла на терен.

Како второ прашање тој се интересираше дали ЕЛЕМ, освен средствата што ќе ги плати за комуналии ќе има обврска и за други плаќање на што му беше одговорено дека нема.

-Советничката Риса Бејкова праша дали градоначалничката планира редовно да им ги исплаќа паушалите на советниците на што и беше одговорено потврдно.

Page 3: Pogled Br.51 Juni 2013

3ПОГЛЕД ,Јуни 2013

Од Четвртата седница на Советот на Општина БогданциСе донесе Програмата за спроведување на општи мерки

за заштита на населението од заразни болести во 2013 годинаЧетвртата седница на Советот

на Општина Богданци која, поради итната потреба од носење одлуки за учество на Јавен повик, ја имаше назнаката за итност се одржа на 25.6.2013 год. после завршувањето на продолжението на Третата седница што беше свикана во истиот термин.

Седницата со почеток во 17 часот, во присутво на 10 советника (отсуствуваше советникот Кристијан Тодоров),се одржа во Салата на Советот.

Со седницата претседаваше претседателот на Советот, Блаже Шапов.

На седницата присуствуваше и Анастасија Олумчева, градоначалничка на Општина Богданци.

За потребите на образложенијата на седницата присуствуваа и претставници од општинската администрација.

За работа на седницата, едногласно, без измени и дополнувања, се прифати предложениот дневен ред со поканите за седницата.

на инвестицијата за реализација на проектот „Реконструкција на локалниот пат Богданци-Ѓавото, Втора фаза“.

Точка 4. По образложението од Марјан Пеев од општинската администрација, без дискусија, со 10 гласа „За“ се донесе Одлука за утврдување на проектот „Изработка на урбанистички планови за Стојаково, Ѓавото и Селемли.“ со кој ќе се учествува на Јавен повик за доставување барања користење сердства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој.

Точка 5. По образложение од Марјан Пеев од општинската администрација,без дискусија, со 10 гласа „За“, се донесе Одлука за намената на инвестицијата за реализација на проектот „Изработка на урбанистички планови за Стојаково, Ѓавото и Селемли.“

Пред да се почне со работата по дневниот ред градоначалничката Анастасија Олумчева образложи дека седницата се закажала како итна поради одлуките за утврдување приоритет на проект и одлуките за давање согласност за намена на инвестицијата кои биле потребно да се достават со Барањето за користење средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2013 година.

Советниците го прифатија објаснувањето за итноста на седницата.

Точка 1. На оваа точка се донесуваше Програмата за општи мерки за заштита на населението од заразни болести која ја образложи Ема Паункова од општинската администрација.

Советникот Душко Енџекчев забележа дека Програмата и образложението се издржани, но ќе биде проблематична нејзината реализација затоа што средства за тоа биле планирани со рабалансот на Буџетот кој не беше усвоен.

Советникот Стојан Воданов забележа дека ќе се јави ситуација да се усвои програма за која ќе нема

Истовремено таа утврдува активности, извршители, начини известување, мониторинг и извори на средства. Сите активности ќе се финансираат со средства од општинскиот буџет. За 2013 година планирани се 200.000 денари за дезинсекција,60.000 денари за дератизација и 40.000 денари за дезинфекција.

Точка 2. По образлежението на Градоначалничката, со 10 гласа „За“,.без дискусија, се донесе Одлука за утврдување приоритет на проектот „Реконструкција на локалниот пат Богданци-Ѓавото, Втора фаза“ со кој ќе се учествува на Јавен повик за доставување барања за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој.

Точка 3. По образложението на Марјан Пеев од општинската администрација, без дискусија, со 10 гласа „За“ се донесе одлука за давање согласност на намената

средства во Буџетот.Со 10 гласа „За“ Советот

на Општина Богданци ја донесе Програмата за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести за 2013 година според која Општите мерки што на предлог на Центрите за јавно здравство, во согласност со стандардите и постапките утврдени со закон за секоја дејност одделно, ќе ги програмира и планира Општина Богданци вклучуваат: обезбедување исправна и безбедна вода за пиење; отстранување на отпадните води и цврстиот отпад; вршење дезинфекција, дезинсекција и дератизација; обезбедување превентивно-промотивни активности за унапредување на здравјето на населението.

Програмата предвидува и посебни (специфични) мерки за заштита на населението од заразни болести како што се откривањето на заразни болести, пријавувањето на заразни болести.

Јавен собир за изготвување локална стратегија за климатски промени

Општина Богданци, во партнерство со Здружението Мрежа за рурален развој на Република Македонија доби можност да биде мeѓу привите општини што ќе изготви општинска стратегија за климатски промени.

Изготвувањето на стратегијата е поддржано од проектот на USAID „Општински стратегии за климатски промени“ кој се спроведува од страна Милиеуконтакт Македонија.

Целта на проектот е подготвување на засегнатите општини успешно да се справуваат со климатските промени.Проектот е финансиран од Американската агенција за меѓународен развој –УСАИД. Вкупниот буџет на проектот е 1.650.000 американски долари од кои 150.000 долари се наменети за локално финансирање.

За изготвување на стратегијата за климатски промени ќе се користи методологијата на „Зелена Агенда“ којa, развиена од холандската фондација Милиеуконтакт Интернационал досега е спроведена во 40 општини во Централна и Источна Европа.

Првиот јавен состанок за

изготвување на локална стратегија за климатски промени во Општина Богданци се одржа на 14 јуни 2013 година.

На состанокот свои презентации имаа Игор Славковски, директор на Милиеуконтакт Македонија,Сашо Ангеловски, регионален координатор на Мрежа за руралн развој на Република Македонија, Ема Поповска, експерт за климатски промени, Столе Георгиев, координатор на Милиеуконтакт Македонија, Јулијана Даскалов, тренер/модератор, Марјан Пеев, помлад соработник за следење и поддршка на локалниот економски развој на Општина Богданци и Надица Маџирова, локален координатор на Мрежа за рурален развој ма Република Македонија.

Тие го презентираар проектот „Општински климатски промени“, ја преазентираа методологијата на Зелена Агенда и презентираа резултатите од спроведената анкета за утврдување на вредностите на граѓаните на Општина Богданци.

Анастасија Олумчева, градоначалника на Општина Богданци поздравувајќи ги и обраќајќи им се на присутните, меѓу другото, рече: „Задоволство ми е што Богданци е една од четирите општини што се избрани во нив да се спроведува проектот за кој вечерва ќе стане збор.

Климатските промени се она што ни се случува и, според нивната најцрна верзија, приносот на домати во нашиве краишта до 2025 година ќе се редуцира за три четвртини. Драматично, за околу 70%, ќе опадне и производството на грозје. Приходите во нашата општина претежно доаѓаат од земјоделството.

Освен намалувањето на родот, ќе бидеме погодени од суши и поројни дождови што ќе предизвикаат поплавувања.

Климатските промени од нас бараат соочувања. Тиа се директна закана кон нашата Општина и доколку ги игнорираме тие би биле значително поголеми и би биле директна закана за нашиот економски развој. Затоа ја

заслужуваат нашата посветеност.Уверена сум дека Општина

Богданци може да стане пример во однос на стратегиите за прилагодување кон климатските промени и ублажување на нивните влијанија.“

Методологијата на „Зелена агенда“ ги постигнува своите цели преку структуриран процес од 17 чекори распоредени во 5 фази.

Првата фаза вклучува подготовка, препознавање и сигурност дека таа нема да се спроведува изолирано.

Втората е подготовка за работа во заедниците.

Третата фаза предвидува детални анализи на главните проблеми во работните групи и ги утврдува потенцијалите и можностите за справување со причинителите на проблемите.

Четвртата фаза е време за синтеза и планирање во работните групи.

Во петтата фаза ќе се спроведуваат осмислени пилот-проекти.

Главната проектна активност на стратегијата ќе биде кампања за подигање на јавната свест во согласност со мотото со кое е опремен флаерот на проектот, а се состои од прашање за нашата улога во климатските промени затоа што со соочување со сегашноста се чува иднината.

На состанокот беа формирани четири работни групи кои понатаму, преку работилници, ќе земат активно учество во процесот на стратешкото планирање, ќе ги постават минималните стандарди за промените на локалните вредности што се подготвени да ги прифатат, ќе предложат приоритети и ќе развиваат пилот-проекти.

Во крајна линија проектот, преку граѓански активизам и отворена локална власт, преку соработка меѓу здруженијата, граѓаните и локалната власт, има за цел подобрување на локалните демократски процеси.

Таков е општествениот договор во демократските општества. Во него се предвидени сите зададености на граѓаните за користење на правата, но уште повеќе за исполнување на обврските.

Мислителот Жан Жак Русо уште во 1762 година во неговото значајно дело ”Du contrat social“ (Општествен договор) развива теорија за општествен поредок кој почива на договор. Според Русо граѓаните се здружуваат во заедница заради заедничка заштита. Бидејќи зружувањето е слободно и сите се еднакви, никој не трпи штета. Секој ја става својата личност под водство на општата волја (volonte generale) со што се создава заедница како едно тело. Занимавајќи се со сите претпоставки Русо во делото потенцира дека во тоа тело, во заедницата, можно е одделни граѓани да развијат волја на поединец

насочена против заедничката волја што би претставувал посебен интерес наспроти општиот. Заедницата не смее да го дозволи тоа. Таа мора, ако треба, да примени и сила за да го потисне посебниот интерес за сметка на општиот.

Општината е заедница на граѓаните заради исполнување на заедничките интереси. Заедничкиот интерес на граѓаните на Општина Богданци се утврдува со планови и програми за работа. Реализацијата на плановите и програмите се базираат на средствата од буџетот на општината. Буџетот се полни од разни приходи меѓу кои и од приходи собрани врз основа на данок.

Советот на Општината, разгледувајќи го Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Богданци за периодот јануари-март 2013 година утврди дека тој не се извршува како што

треба со што се доведува во прашање работата на Општината.

Советниците беа едногласни во усвојувањето на Кварталниот исвештај и беа едносложни во заклучокот дека треба да се направат сите чекори и да се преземат сите мерки за прибирање на планираните буџетски приходи.

Беше нагласено дека општинската администрација мора посериозно да поработи за навремено собирањето на даноците.

Се даде бланко согласност, ако има потреба, соодветното даночно одделение и кадровски да се зајакне.

Се даде согласност за преземање на сите законски можности за спроведување на политиката за собирање на даноците.

Се препорача и реализација на кампања за потсетување на граѓаните дека плаќањето на даноците им е обврска.

Се спомна дека вработените во

О п ш т е с т в е н и о т д о г о в о рПродолжува од стр. 1

Општината и општинските установи и институции треба да бидат пример за извршување на обврските кон Буџетот.

Беше нагласено дека акцијата за подигање на свеста кај граѓаните на овој план треба да биде и медиумски поддржана.

„Поглед“ со овој текст дава прилог во медиумската акција за подигање на свеста кај граѓаните за навремено плаќање на обврските кон Општината.

Истовремено „Поглед“ потсетува дека власта во Општина Богданци се доби на избори, во политичка борба. Едниот политички блок ја доби извршната власт, а другиот има мнозинство во Советот на Општината.

И двата политички блока нека ги активираат своите активисти во акција за подигање на свеста кај граѓаните за редовно и навремено плаќање на обврските кон Општината

како што ги беа активирале неодамна на изборите да се борат за секој глас.

Ќе го прават тоа одејќи од куќа до куќа, ќе го прават тоа делејќи пропаганден материјал со кој кај граѓаните ќе се популаризира плаќањето на давачките, ќе се прави тоа на митинзи или било на кој друг начин е избор на политичките блокови што дејствуваат во Општина Богданци. Нека го прават тоа како што знаат и умеат, ама нека го прават.

Партискиот ангажман не е само запишување во списокот за привилегии што треба да им ги обезбеди партиската припадност. Партискиот ангажман подразбира и постојана борба во обезбедувањето услови за нормално функционирање на Општина Богданци.

Бендот PIXEL : Музиката е нашиот живот

„Музиката е движењето на звукот за да ја достигне душата за едукација на својата доблест. Ако има нешто што треба да се промени на овој свет, тоа може да се случи само преку музиката. Таа е повисоко откровение и од мудроста и од фолозофијата.“- кажано е на едно место.

Бендот PIXEL кој на 21 декември 2012 година е формиран како училишен бенд при СОУ „БОГДАНЦИ“ - Богданци неодамна учествуваше на Образовното рандеву во Тетово,натпреварувајќи се во категоријата „Најдобар бенд“.

Настапувајќи со композициите Rock and roll i Whole lotta love од Led Zeppelin, во конкуренција на 25 училишта од Република Македонија, бендот го освои третото место.

Марија Ичкова, Ристе Папучиев, Данче Папучиева, Никола Мицев и Дејан Тачевски, членовите на бендот, велат дека секој успех е дете на храброста. Дека, во нивниот случај, храброста и вербата во намерата бендот да им биде успешен е во самостојната упорност на секој од членовите. Но напомнуваат дека формулата за вистинскиот успех на бендот содржи уште една едноставната карактеристика: искрена скромност.

Како училишен бенд тие секогаш настапуваат на училишните забави.

Затоа што патот кон успехот подразбира непрестајна надградба бендот не пропушта можност да настапува по дискотеки и кафулиња промовираќи ја рок музиката.

Мотото од кое се раковиди PIXEL е дека музиката никогаш не смее да го навредува увото. Таа мора секогаш да предизвикува задоволство и мора цело време да остане музика.

Данче Папучиева

Page 4: Pogled Br.51 Juni 2013

4 ПОГЛЕД ,Јуни 2013

Пишува: Илија Тумбов

Пишува: Крсте Лештов

Некои прашања не смеат да останат без одговори

Што можат постарите да научат од помладите

1. Ја читав колумната на

господинот Тодор Станчев во претходниот „Поглед“. Човекот вели дека во 1959 година сите раководства на општини во Република Македонија дошле во Општина Богданци, за на лице место, од раководството на Општина Богданци, да им биде објаснето на кој начин ја раководат Општина Богданци. Средбата била организирана од републичката власт, а поводот бил фактот што во тој период Општина Богданци била најдобра општина во Македонија.

Богданци со доброволна работна акција уште во 1954 година го ископал каналот преку кој со едно пумпање водата од Вардар, со силата на гравитацијата, што ќе рече по слободен пад, се разнесувала по полињата на Ѓавото, Богданци, Стојаково и Богородица по што уследил експлозивен развој на интензивното земјоделие, претежно градинарството и лозарството. Тоа бил прв таков случај во Македонија.

Првите ладни оранжерии и првите топли оранжерии во Југославија се направени во Богданци.

Овоштарник со круши калемени врз самоникнати диви круши-горници за првпат, како експеримент, е направен во Пљурци, Богданци. Тоа ја заинтересирало југословенската јавност и било повод Јосип Броз Тито,лидер СФРЈ да го посети Богданци.

Сега, првиот ветерен парк во Македонија е Паркот на ветерни електрани „Богданци“.

Овие размислувања ми надојдоа додека ги следев презентациите од Проектот на

УСАИД за општинските стратегии за климатски промени кадешто беше нагласено дека Општина Богданци е една од општините во Централна и Источна Европа во која ќе се изготви и спроведува стратегија за климатски промени во која ќе се користи методологијата на „Зелена агенда“ за заштита на животната средина и култура развиена од страна на „Милиеуконтакт Интернационал“.

Што сакам да кажам? Сакам да кажам дека не бива, има жар во нас, ама понекогаш „није ни д’н“ што би рекле кумановчани кога не им е погоден денот.

Е сега, не е свакпут, што би рекле паланчани, само до д’нот. Треба да се погодат и ЛУЃЕТО. Оваа Луѓето, со голема Л, секогаш се поединци. Индивидуалци се со посебна дарба. Лидери кои знаат да поведат. Таков беше Мито Теменугов-Железни, таков беше Мирчо Џочков, таков беше Борис Бојаџиев, каков беше Томчо Шимов.

Време е кон овој список да се додаде уште некое име.

2.Наградите од конкурсот

за трудови во вид на поетски творби, прозни творби, цртежи или фотографии на тема „Како да ја заштитиме планетата Земја“ што за учениците од општинските основни и средно училиште беше го распишала Општина Богданци, градоначалничката Анастасија Олумчева на лауреатите им ги предаде на 5 јуни.

Само една прозна творба изработена од ученик од основното училиште во Богданци, заедно со подрачното во Ѓавото, беше стигнала на конкурсот.

Гимназијата е малку подобра. Од таму стигнаа една проза, еден цртеж и две фотографии.

Се на се богданските ученици пријавиле само пет творби.

Имаше бојкот на учениците кон конкурсот или нешто друго било во прашање?

Можеби учителите и учениците, зафатени со протестите против екстерното тестирање, немале

време да му посветат внимание на конкурсот како убав гест за подигање на еколошката свест кај децата?

А зошто би губеле време на таму некои конкурси со теми од екологија? Каква врска имаат образовните институции со подигањето на еколошката свест кај учениците?

Вака, можеби, би се запрашал некој неупатен. Арно ама, ваквите прашања не се за неупатените.

Овие и уште некои други прашања треба да си ги постават Градоначалничката, членовите на Советот на Општината, членовите на училишните Управни одбори и членовите на Советите на родители.

3.„Логично и сосема фер би

било раководството на ЗКУД „Бранд Петрушев“ да се изјасни дали стои зад тоа Сашо Ивановски во име на Друштвото го изнесе за мене и мојата личност.“, побарав ова уште пред два месеца.

Немаше никаков одглас на барањето.

Пред еден месец поединечно прозвав членовите на раководството на Друштвото и прашав: „Дали Катерина Чрчева, Игор Демерџиев, Софија Николиќ Лисичкова, Ристо Т.Пеев и Тоше Николов како членови на Управниот одбор на ЗКУД „Бранд Петрушев“ и Наталија Сапламаева, Марија Србова и Петра Кирова како членови на Надзорниот одбор на ЗКУД „Бранд Петрушев“ стојат зад тоа што Сашо Ивановски како претседател и законски застапник на Здружението Културно-уметничко друштво „Бранд Петрушев“, Богданци го изрече за мене, за мојата личност и за мојот интегритет.“

Со молк беше одговорено на моето прашања.

Премолчувањето секогаш се разбира како одобрување.

Во случајов тое е нивен колективен и поединечен избор. Секој има право на избор.

Врз основа на нивниот избор јас се здобив со правото да побарам судска заштита и надоместување на штетата која со навредите

и етикетите изнесени од Сашо Ивановски во име на ЗКУД „Бранд Петрушев“- Богданци ми беша нанесена.

Адвокатите, по разгледувањето на случајот, ми велат дека нема да ми бараат надоместок за тужбеното барање според тарифникот.. Ќе работеле за одреден процент од износите што ќе ги издејствувале од тужените. Така ќе заработеле повеќе.

Мене, ако сум бил попречуван од некои принципи, ме советуваат средствата што ќе сум ги добил како отштета наменски да сум му ги донирал на Друштвото. Ќе биле доволни, ме убедуваат, за задоволување на потребите од носии и опрема на подолг период.

Ова со донирањето ме глочка и може да биде „јадецот“ со кој адвокатите можат да ме кандисаат.

Случајот го ставам на стенбај, ама ме загрижува раздразнетоста од љубопитството кое се посилно ме обзема.

Ќе размислам. Адвокатските бланко

полномоштва што на мојата работна маса чекаат на потпис ќе мора да ги тргнам настрана. Сугестивноста со која зрачат го профилираат предметот како интересен.

Не би сакал во изборот да бидам понесен од интересноста.

Но, силно сакам да ја испратам пораката дека секој треба и мора да си го носи товарот на одговорноста.

Тоа мора да биде основната вредност во оваа наша мала заедница.

4. Вредност е и одржувањето

на редот и мирот во Општината. Вредност е, ама на некои граѓани таа вредност не им е достапна. Во Стојаково на пример.

Долг период Стојаково е во ропство. Заробено е од ајдуците од нивните сокаци. Нема сила што може да и се спротивстави на силата на ајдуците што го имаат заробено Стојаково. До скоро Локалниот совет за превенција се надеваше дека проблемот ќе се реши сам од

себе. Дека членовите на ајдутската банда ќе се самоуништат или ќе ги послушат советите од нивните учителки да не бидат лоши деца, па ќе станат умни и послушни. Сега и тој ја изгуби надежта и проблемот го „пикна под черга“.

Заради што „Поглед“ би го интересирале проблемите на Стојаково кога се има декларирано дека е весник на Богданци?

Затоа што треба да се има наум дека Стојаково е оддалечено од Богданци само пет километри.

Што ако на момчињата им текне да го рашират бизнисот и во Богданци?

5.Богданци повторно е на удар.Поточно, „Млаз“ е на удар,

ама посредно тоа се однесува на Богданци.

Линиите кон Скопје се во прашање. Намерачани се од некого и сега се плете мрежа како да се дојде до нив.

Што и да се случува во Богданци ќе биде запишано на контото на општинската власт. И лошото и арното. Општинската власт секогаш е политичка.

Работите , така или онака, ќе се прекршуваат во Министерството за транспорт кое ја спроведува политика на Владата. И таа секогаш е политички обоена.

Локалните избори беа неодамна. Беше кажано дека, ако Богданци и даде поддршка на нивната кандидадатка и Владата ќе му помогне на Богданци.

Богданци го исполни својот дел. И даде поддршка на Ани.

Сега на ред Владата. Ударот врз „Млаз“, каков и да е „Млаз“ во моментот, Богданци не може да го смета како помош.

-Зошто на Ани уште во стартот и се прават сопки?-ќе се прашат богданчани.

Прашањето во никој случај не е реторичко. Прашањето во секој случај бара одговор. Одговорот не смее да биде било каков. „Млаз“ не е таков од вчера. Таков беше и во предизборието.

Започнаа чудни времиња, необични промени започнаа да се случуваат помеѓу луѓето. Светот започна нагло да се менува, излегувајќи од ритамот на живот што се живеел со векови наназад. Додека до пред 60 години нашите предци дури и немале струја, денеска по временски период, прекраток во историјата, живееме во свет во кој се случува технолошка, умствена и духовна експанзија. Овој досега невиден светски развој, кај мене пробудува многу прашања на кои се обидувам да пронајдам што подлабок и поцеловит одговор. Генерациите што досега живееле, наеднаш се соочуваат со една длабока душевна криза бидејќи светот се менува многу побрзо отколку капацитетот за промена што досега го поседувале луѓето. Времето почна да ги гази генерациите, а овие промени станаа напорни дури и за помладите, кои се воспитувани токму од постарите генерации, а истовремено добиваат и едно ново воспитување преку масовните медиуми, па микро-општеството се соочува со судир на генерации од што произлегуваат судир на идеи, мислења, ставови, желби, потреби, а сето тоа се отсликува врз макро-општеството во вид на болести, кризи, незадоволство...

Новите генерации несомнено имаат огромен предизвик во животот, а тоа е излегување од стариот систем на верување и начин на живот. Секоја нагла промена е болна, но оваа промена е неопходна, бидејќи, како што велам: „Се‘ се случува со причина, па и оваа промена е со причина, но секогаш позитивна

причина“. Само со менување на она што досега сме биле имаме можност да ги скршиме сите стари верувања и да оставиме чист простор, создавајќи еден многу поубав и подобар свет, би рекол: „Совршен свет“, од гледна точка на гледиштата што ги имаат нашите предци, од кои најголем дел од нив сеуште се скептични кон овој став.

Дали совршенството е возможно?

Да. Ова го тврдам со целото срце и душа. Со прифаќање на себеси, онакви какви што сме, со правење на она што не‘ исполнува и не‘ прави среќни, секој од нас се трансформира во совршено битие. Совршенството е состојба кога свеста се пронаоѓа себеси во формата што ја прави среќна, исполнета, целосна, апсолутна. Животот е совршено прибежиште на душата, но погрешните видици „од ум извадени и проектирани“ постојано прикажуваат несовршенство. Човек со ослободен ум длабоко во себе чувствува и знае дека е совршен, бидејќи се‘ во својата суштина е совршено.

Но колку постарите можат да ги сфатат идеите на помладите?

„Старото дрво има дебела кора која тешко се обликува“

Разговарајќи со постарите, со кои што обично сакам да дискутирам, забележувам одредена доза на тврдоглавост, закоравеност во ставовите, крутост во мислите и многу многу страв од животот. Најголем дел од нив на животот гледаат како на БОРБА. Кога ќе го слушнам ова веднаш пресекувам: „Животот не е борба - животот е искуство што треба да се живее и целта е да бидеме среќни!“. Сите сакаат да бидат среќни но малкумина се обидуваат да бидат среќни! Најголем дел од нив веруваат дека среќата е надворешен фактор. Не! Среќата не може да биде надворешен фактор, тоа е внатрешна одлука на секое битие, што подразбира и вложување на многу труд, работа и пред се ОТВОРЕНОСТ! Бидејќи оној кој не е отворен нема да дозволи од него да го напуштат крутите мисли, ставови и верувања, а истовремено

да ги прими ВИСТИНАТА и СРЕЌАТА како струи на животот, што постојано кружат околу нас, а доволно е само да се отвориме за да ги примиме и уживаме во нивните благодети!

Отвореноста е неопходна за среќа

Луѓето најмногу ценат искреност, а спротивно на тоа - најголем дел од нив се плашат да бидат искрени. Се‘ додека душата не расцвета и не се отвори како преубав цвет, никој нема да може да ја види убавината на цветот и да го почувствува неговиот прекрасен мирис . Колку повеќе разговарам и се дружам со луѓето, чувствувам како во секој еден човек постои еден цел универзум од чувства, емоции, сеќавања, соништа, фантазии, мудрости... за кои и самите не се свесни дека ги поседуваат овие квалитети! Луѓето не обрнуваат внимание на ова богаство бидејќи никој не ги воспитувал дека на тоа треба да обрнат внимание, никој не ги поучил дека целото ова богаство треба да го покажат на површина и отворено да зборуваат за сопствениот универзум, преполн со живот!

Во секој од нас блика животот! Секое живо битие зрачи со светлина, но таа светлост добива значење само ако свесно се спознае и искористи - дотогаш тоа останува само успиен потенцијал што чека да биде пробуден, порано или подоцна. Но животот постојано тече и ако овој потенцијал не протече заедно во животниот тек, животот повеќе би наликувал на пасивно постоење, некористејќи ја можноста за креирање и реализација на желбите. Секој, длабоко во себе знае дека пасивноста го прави животот несреќен и непродуктивен. Животот не може да биде уништен бидејќи сам по себе тоа е вечен круг на постоење, но личниот став влијае врз квалитетот на животот - дали ќе биде квалитетен и исполнет со среќа, или пак непродуктивен и исполнет со спротивното - празнината, тагата, осаменоста...

„Од животот не може да се побегне, бидејќи животот е нешто

најубаво што ни се случува. Но животот може да се трансформира, а во нас се наоѓа клучот на трансформацијата!“

Чувствувајќи ги срцата на младите луѓе, чувствувам огромен животен жар, кој за жал, кај најголем дел од младите е насочен кон деструктивноста. А кому може тоа да му наштети освен на оној што тоа и го предизвикува! Токму тоа е една од најголемите лекции што старите треба да ја научат од младите:

„Времето тече и се‘ се менува. Се греши, но и се простува, се паѓа но и се станува, се губи но и се добива! А во секој од нас постои неограничен енергетски потенцијал што ако е правилно насочен, веднаш ги лекува раните и отвора нови видици на животот. Овој потенцијал правилно искористен, ја регенерира душата и телото, го обновува животот, го разубавува постоењето. Во секој од нас постои огромен активен вулкан кој треба да еруптира со љубов, среќа, радост, исполнетост, инспиративност, огромна желба за живот!“

Со денови би можел да ја опишувам убавината на животот и предизвикот, што значи да се живее.

Правејќи паралела помеѓу помладите и постарите генерации, гледам дека и постарите подеднакво можат да научат премногу мудрости од помладите, дури и многу повеќе отколку што помладите можат да научат од постарите!

Постарите поседуваат поголемо животно искуство, но денешниве постари генерации ми се чини дека, општо гледано, и не стекнале многу мудрост од тоа или пак премногу се затвориле во себе,но:

„Мудроста што ќути е многу пострашна од глупоста што вреска!“

Младите генерации, денеска поседуваат огромен капацитет на интелигенција, знаење и потенцијал

за мудрост и разбирање, а тоа е многу поважно за да се преживее, бидејќи:

„Нас не‘ храни љубовта, со љубов и од љубов сме створени. Секоја смисла на нашето постоење се наоѓа во љубовта. Сите материјална богаства се безначајни ако човек не се пронајде себеси во животот - дотогаш ќе живее како робот. Но поентата не е да јадеме, пиеме и спиеме - и да преживееме. Ние постоиме за да живееме! Но како? На ова прашање треба секој сам да си одговори и да ја пронајде смислата на своето постоење.“

И навистина, постарите имаат многу што да научат од помладите генерации, доволно е да го набљудуваат животот и слободата што ја поседуваат, слободата на умот, слобода да се биде тоа што се сака.

„Живеј, не од страв за да преживееш, ами од љубов кон животот!“

„Пронајди сродна душа, не од страв да не останеш сам, ами од љубов кон некого!“

“Љуби и давај се‘ од себе, не со очекување за да добиеш, туку заради задоволството да се љуби и дава!“

Оној што дава без очекувања, живее вистински, бидејќи никој не станал сиромашен од давање, туку од премногу лакомост!

...Мојата најголема желба е сите луѓе да бидат среќни, бидејќи длабоко во себе сите функционираме како едно живо битие, сите сме едно. Најсреќен сум кога љубовта и среќата можам да ја споделам со другите - а тоа е клучната покретна сила на животот!

Page 5: Pogled Br.51 Juni 2013

5ПОГЛЕД ,Јуни 2013

Се доделија наградите од конкурсот “Климатски промени”По повод 5 Јуни, Светскиот ден на животната средина,

Општина Богданци објави конкурс за трудови на теми поврзани со климатските промени на глобално и локално ниво. Трудовите требаше да бидат изработени како прозни творби, како поетски творби, како фотографии или како цртежи.

Конкурсот беше наменет за учениците од училиштата во Општина Богданци и определуваше натпреварување во три категории или возрасни групи.

За првата категорија, за ученици од прво до петто одделение, темата беше насловена „Да ја заштитиме планетата Земја“.

„Климатските промени-опасна закана“ носеше наслов темата на која се натпреваруваа учесниците од втората категорија, ученици од петто до осмо одделение.

На средношколците или учесниците во третата категорија им беше зададена темата „Климатски промени“.

Според пропозициите конкурсот беше анонимен и творбите се доставуваа под шифра.

Конкурсот беше отворен до 28 мај, а комисија во состав Розета Картова, професорка по ликовна уметност во Гимназијата,

Верица Ризовска, професорка по македонски јазик во Гимназијата, Антигона Чавдарова, педагог во „Кирил и Методиј“, Ванга Ванчева, наставник во „Петар Мусев“ и Јованка Ампова од општинската администрација, на 31 мај ги оценуваше пристигнатите творби.

Мирјана Чавдарова од „Петар Мусев“, Марина Мојсова и Стефан Узунов од „Кирил и Методиј“ се наградени за творби во проза во категоријата ученици од прво до петто одделение.

Атанас Аврамов од Гимназијата е награден за творба во проза во категоријата средношколци.

Урош Стамков и Марина Мојсова од „Кирил и Методиј“ се наградени за творби во поезија во категоријата ученици од прво до петто одделение.

Ѓорги Стамков и Ангела Давиткова од „Кирил и Методиј“ се наградени за цртеж во категоријата ученици од прво до петто одделение.

Дејан Мачуков од Гимназијата е награден за цртеж во категоријата средношколци.

Ивана Паункова и Данче Папучиева од Гимназијата се наградени за фотографија во категоријата средношколци.

Наградите, во вид на книги, токму на 5 Јуни, Светскиот ден на

животната средина, на лауреатите и нивните ментори им ги додели Анастасија Олумчева, градоначалничка на Општина Богданци.

Претставниците на училиштата ги примија наградите за училиштата

Page 6: Pogled Br.51 Juni 2013

6 ПОГЛЕД ,Јуни 2013

Одговор на написот во „Нова Македонија“

И соопштуваме на јавноста дека остро се спротивставуваме на изнесеното во написот “Гевгеличани подобро поврзани со Солун отколку со Скопје“ потпишан од новинарката Роза Шулева кој на 26 јуни 2013 година беше објавен во дневниот весник „Нова Македонија“.

Се спротивставуваме затоа што го сметаме за тенденциозен.

Во написот се сугерира вина на „Млаз“ затоа што Гевгелија е подобро поврзан со Солун отколку со Скопје.

Ја разбираме Општина Гевгелија која инвестираше во новата автобуска станица што заедно со железничката треба да биде гевгелиски сообраќаен центар.

Ја разбираме и новинарката која, заради сензационализам, прави паралела на поврзувањето на Гевгелија со Солун и Скопје.

Го разбираме и уредништвото на „Нова Македонија“ што со тој напис ја отвора насловната страница на весникот.

Единствено не можеме да разбереме поради што се прави сето тоа и зошто во руво на сензационализам се облекува една општа појава со која е зафатена целата држава вклучително и Гевгелија.

Никако не можеме да сфатиме зошто причината за тоа што Гевгелија не е поврзана со Скопје како што е поврзана со Солун се бара кај „Млаз“.

Не ни е јасно зошто во еден обичен новинарски текст што треба да соопшти дека Гевгелија има проблеми со патувањето во Скопје се прави „длабинска анализа“ на внатрешните состојби во „Млаз“.

При постоење на надлежни служби при Министерството за транспорт кои, според наводите во текстот, немаат конкретни решенија за проблемот за кој се кажува дека го имаат гевгеличани, новинарката си дозволува да нуди решенија потпирајќи се на својата теза дека

на „Млаз“ треба да му се одземат линиите не пропуштајќи да каже дека за „ситни пари“ гевгеличани, од „уиграни стричњаци во таа област“ се развозувани по грчките туристички дестинации, а патувањето со автобусите на „Млаз“ не е на тоа ниво.

Општина Гевгелија која, „иако ненадлежна за тоа“,веќе почнала со решавањето на прашањето со превозот, во текстот не се спомнува толку пати колку што, во негативна конотација, се спомнува „Млаз“.

Зошто?Му смета ли „Млаз“ на некој

од „уиграните“ во областа на патничкиот транспорт?

Им го има ли некој „фрлено меракот“ на линиите за Скопје, ама не може да се добере до нив оти препрека му е „Млаз“ кој веќе 55 години го гази тој пат?

Се обидува ли некој, иако Министерството нема „конкретно решение“, да дојде до решението со „други средства“?

Може ли тој некој да се препознае под превезот на приказната што се плете околу „Млаз“? Можат ли да се препознаат и ортаците на тој Некој?

Во сета оваа ујдурма единствено не треба да се препознаване интересот. Тој им е јасен на сите. И, што е особено битно, тој интерес на е во прилог на „Млаз“ и на Богданци.

Затоа се спротивставуваме на изнесеното во написот.

На „Млаз“ не му оди најдобро,

ама за многу стопански субјекти денес може да се каже дека не им оди најдобро.

Размислувајќи за случајов не можеме да се оттргнеме од следнава недоумица:

Гевгелија од 1873 година наваму традиционално е наклонета кон железничкиот транспорт.

До неодамна гевгеличани дневно можеа да ги користат услугите на неколку маѓународни експресни возови. Возовите веќе не минуваат низ Гевгелија.

Со „мртва“ железничка станица низ која не минуваат возови се губи смислата и на лоцирањето на новата автобуска станица покрај железничката формирајќи на тој начин сообраќаен центар.

Како тоа гевгеличани не се

засегнати од исчезнувањето на железничките патнички линии што Гевгелија ги имаше кон Скопје и Солун, а сериозно ги тревожи нерешениот статус на „Млаз“ како и бројот и староста на автобусите со кои располага?

Можеби Роза Шулева и „Нова Македонија“ во некој од наредните броеви, во име на 140-годишнината од градењето на железничката пруга низ Гевгелија, со посебен прилог ќе му се навратат на тоа прашање.

Екипа од Женската единица на ДППД Богданци на интернационална вежба

Тричлена екипа од Женската противпожарна единица на Доброволното противпожарно друштво од Богданци учествуваше на тактичко-показната вежба што во организација на НАТО-силите и Агенцијата за заштита и спасување на Република Македонија од 4 до 6 јуни се одржа на полигонот во Криволак.

На вежбата учествуваа сите земји од опкружувањето. Рапублика Македонија учествуваше со еден противпожарен вод, женска противпожарна екипа и медицински тим.

Женската екипа ја сочинуваа Лилјана Ѓаковиќ, Јелена Газетиќ и Росана Стоилковиќ, ученички во Општинското средно училиште „Богданци“ и членки на Женската единица на ДППД - Богданци.

Екипата од Богданци на вежбата ја предводеше раководителот на противпожарната единица и претседател на Управниот одбор на ДППД- Богданци, Страшко Олумчев.

-Следејќи ги нивните досегашни активности, Противпожарниот Сојуз на Република Македонија одлучи токму од Женската противпожарна единица на ДППД-Богданци да биде составена женската екипа што ќе учествува тактичко-показната вежба.

Нивното учество на вежбата се покажа доста успешно, прво во однос на тоа како беа подготвени, а второ и со нивното однесување таму.

Сите прашуваа за нив и мислам дека Противпожарниот Сојуз

на Република Македонија заедно со Доброволното противпожарно друштво на Богданци доби една значајна промоција на својата работа и дејствување.

Учеството на девојчињата во гасењето пожари што, од друга страна, се смета за привилегирана машка работа, предизвика внимание кај сите земји учеснички кои не беа малку и кај сите институции присутни таму. Сите се чудеа колку се подготвени девојчињата.

Мислам дека соработката ќе продолжи и понатаму. Не зборувам само за Противпожарниот сојуз на Македонија, туку и за Агенцијата за заштита и спасување како наш партнер, затоа што ние сме дел од неа.

Сите институции, вклучително и меѓународните, сега поинаку ќе гледаат на ова и ќе планираат соработка со Противпожарниот Сојуз на Македонија и со Доброволното против-пожарно друштво-Богданци.

Сертификатите што сега ќе им ги предадеме на учесничките и скромните награди можевме да им ги предадеме и во Скопје, но одлучивме тоа да го направиме овде , во Богданци што ќе биде еден вид промоција.- рече д-р Никола Николов, професор на Шумарскиот факултет при УКИМ и претседател на Противпожарниот Сојуз на Република Македонија на церемонијата што по тој повод беше организирана во кабинетот на Градоначалничката на Општина Богданци.

На церемонијата учествуваа и Лидија Бјелица, шеф на оператива во Дирекцијата за спасување и

заштита на РМ, Љупчо Петровски, раководител на Одделението за оператива и логистика и Митко Попов од Одделението за заштита и спасување на Општина Богданци кој беше и службен претставник на Општина Богданци затоа што градоначалничката Анастасија Олумчева беше надвор од Богданци.

Коме

рциј

ален

огл

ас

“Млаз”АД-2012,Здружение на акционери

иматели на акцииво АД “Млаз”-Богданци

Page 7: Pogled Br.51 Juni 2013

7ПОГЛЕД ,Јуни 2013

Мислења

Како се обезвреднува имотот на „МЛАЗ“Сакаме на јавноста да и

соопштиме дека има разни форми за обезвреднување на капиталот на „Млаз“.

Една од формите е изнесување на продажба на имотот на „Млаз“ по цена многу пониска од реалната.

Јавно беше огласена продажбата на Горната фабрика попозната како Фабрика за пружини по цена од 1.160.000 евра. За таа цена се продаваше земјиште од 36.000 м2 од кои фабриката зафаќа 15.000 м2. Математиката вели дека за 1.160.000 евра од „Млаз“ можат да се купат 20.000 м2 слободно земјиште и 15.000 м2 земјиште на кое изграден објект од 15.000 м2.

На јавна продажба се огласи и сервисот на „Млаз“ покрај автопатот во Гевгелија. Му се определи цена од 540.000 евра. За тие пари може да се купи сето земјиште со кое располага сервисот и сите објекти на сервисот.

Сметајќи дека таа не може да биде реалната вредност на тие два објекти побаравме помош од овластен судски проценител.

Тој фабриката за пружини ја процени на 3.200.000 евра што е трипати поголема цена од таа за која е понудена за продажба, а сервисот го процени на околу 1.500.000 евра што, исто така, е за трипати повисока цена од таа за која беше понуден на продажба.

Немаме ништо против судските постапки да се водат и понатаму. Нека се истражува кој што и како работел во „Млаз“ во поранешниот период, но сакаме , при продажбата, да биде запазена вистинската цена на имотот на „Млаз“.

Ако некој доверител сака да ги купи објектите и да ги продаде за да си го намири долгот што „Млаз“ го има кон него нека го направи тоа,

но нека го направи по реална цена, а не за цена трипати пониска од реалната со што работите стануваат сомнителни.

Кога, наместо за трипати пониска цена, објектите на „Млаз“ би се продале за реална цена многу од долговите на „Млаз“ би биле платени.

Со огласените цени за продажба на Фабриката за пружини и на Сервисот „Млаз“ би добил 1.600.000 евра.

Со продажбата на тие два објекти по реалната цена „Млаз“ би добил 4.700.000 евра. Со разликата од 3.000.000 евра што би ги добил „Млаз“ би решил многу од своите проблеми.

За работите да бидат уште поинтересни на првата усна јавна продажба недвижниот имот, наводно, не се продал, па му се определува нова цена од 637.488 евра која е двапати пониска од првата.

Има и други форми на обезвреднување на имотот на „Млаз“.

Се јавуваат побарувачи за кои никој не знае со што го задолжиле „Млаз“.

Еден побарувач од Грција во минатото наведувал дека има побрување од „Млаз“. Во 2007 година раководството на „Млаз“ на чело со Васе Петрушев му го отфрлиле побарувањето како неосновано. На крајот од 2012 година Васе Петрушев му ги прифаќа фактурите на Гркот како долг на „Млаз“ кон него.Тој грчки бизнисмен е цел на истрага за повеќе криминални дејствија.

Меѓу другото интересно во овој случај е и тоа што фирмата на грчкиот бизнисмен на кој Васе Петрушев му прифатил побарување од „Млаз“ е формирана еден месец подоцна од датата кога е прифатено

побарувањето. Случајот е пријавен кај надлежните државни органи кои поведоа истрага за случајот.

Со оваа соопштение сакаме на сите да им ставиме на знаење дека ние сме тука и нема да дозволиме имотот што сеуште го има „Млаз“ да биде распродаван без пари.

Ако некој има побарување од „Млаз“, ако сака да купи нешто од „Млаз“ нека плати реална цена и нека го земе.

Нема да дозволиме некој да го разграбува „Млаз“ во договор со бившото раководство. По никоја цена нема да го дозволиме тоа. Нема да дозволиме да го снема „Млаз“ само затоа што некој наумил да го ограби „Млаз“.

Жалбени постапки водени од „Млаз“

И соопштуваме на јавноста дека сме во постапка на жалба за прогласување на неосновано и за укинување на судското решение со кое на акционерите на „Млаз“ со право на глас им се забранува да гласаат на Собранието на акционери на АД „Млаз“ закажано за 28.3.2013 година.

И соопштуваме на јавноста дека сме во постапка со која од Републичкиот судски совет бараме да го испита работењето и непристрасноста на судијата Артан Лимани од Основниот суд Скопје 2 во предметот во кој тој издаде решение со кое на акционерите на АД „Млаз“ со право на глас им забранува да гласат на Собранието на акционери закажано за 28.3.2013 година.

И соопштуваме на јавноста дека Државното правобранителство на Република Македонија како неосновано во целост го отфрли тужбеното барање на тужителот Васе Петрушев против Министерството за финансии заради запленување на неговите акции во АД „Млаз“ и нивна продажба.

“Млаз”АД-2012,Здружение на акционери

иматели на акцииво АД “Млаз”-Богданци

Коме

рциј

ален

огл

асКо

мерц

ијал

ен о

глас

“Млаз”АД-2012,Здружение на акционери

иматели на акцииво АД “Млаз”-Богданци

Page 8: Pogled Br.51 Juni 2013

8 ПОГЛЕД ,Јуни 2013

Парола на месецотЦрни точки

ШегаШегите, како и песните,

немаат сопственик. Ако се интересни се пренесуваат и се прераскажуваат наоколу.

Понекогаш „носителите на главните улоги во шегите“, доколку тие не им се доволно познати на слушателите на анагдотата, биваат менувани од раскажувачите за шегата да добие на тежина и роднокрајност.

Понекогаш, пак, менувањето на јунаците се јавува како потреба нужна за моментот.

Дешавката што е предмет на анегдотава се беше случила во една живинарската фарма во околината. Покрај другото, нтересна беше и затоа што за настанот, на времето, како пример за неодговорно однесување на поединци кон народниот имот, пишуваа, како македонските весници така, преку дописничката мрежа, и сојузните весници.

Во Богданци анегдотава ја заживеа Иво Попов.

Как, Как, Как ...Живинарската фарма во која

се случил настанот беше најголема во околината и меѓу поголемите во Југославија. Располагаше со недоброеии кокошки-несилки. Дневното производство на јајца се движеше околу милион. Кокошките беа сместени во повеќе погони.

Погоните направени според пропишаните стандарди располагаа и со потребните човечки ресурси. Со помош на техничко-технолошките опремености во погоните кокошките беа активни и ноќе. За задоволување на оптималните услови за нивната ноќна активност се грижеа мерачите на температури и проветреноста на воздухот во бараките по погоните.

Гошо беше еден од мерачите.Секој погон си имаше

и ноќна чуварска служба. На влезот во кругот од секој погон имаше чуварска куќичка во која престојуваа чуварите.

Чуварите се грижеа за безбедноста на погоните. Арно ама, бараките по погоните од хигиено-здравствени причини, заради спречување на надворешни влијанија, секогаш се поставуваа во средината на дворниот простор кој задолжително беше ограден со високи мрежи низ кои ниту маче не можеше да помине.

Минувањето беше можно само преку надворешната порта до која беше лоцирана чуварската куќичка. Башка портата се заклучуваше.

Поради тоа чуварите малку порелаксирано си ја вршеа чуварската работа, па во куќичката имаше маса со столчиња и, неизбежно, кревет на кој чуварите се „одмараа“.

Мерачите на температура имаа задача да ја контролираат температурата во бараките погоните. Заради ноќната активност на кокошките внатрешноста на бараките беше осветлена со безброј специјални сијалици кои покрај светлина даваа и топлина.

Мерачите на температурата, кога топломерите во бараките ќе покажеа температура поголема од нормалната пуштаа свеж воздух внатре.

Тоа беше една вообичаена

работа која температурџиите ја тераа рутински. Рутината им дозволуваше да им одат на гости на чуварите во нивните чуварски куќички и таму да разврзуваат муабети.

Кога ќе се погодеа во комбинација на смена да бидат чувар и температурџија малку стрвни на ракија се случуваше да биде донесена и ракија во чуварницата.

За мезе немаше проблем. Јајца имаше во изобилство. Требаше само решо, некаков сад за варење на јајцата и сол.

На Гошо и чуварот Боро пивнувањето не им беше страно. Една вечер смената на Гошо се преклопила со смената на Боро.

Како што обично бива шишето со ракија спонтано се нашло на маса.

Си свариле јајца си се наместиле на масата и си почнале.

Одвреме-навреме Гошо претрчувал до бараките за да ја ѕирне температурата.

Секое наредно одење било со поголема пауза од претходната.

Пијни пак, пијни, Гошо ги одумил кокошките.

Длабоко во ноќта, веќе сериозно „здрвен во главата“ му текнало дека одамна ја нема проверено температурата.

Вџашен, со трк се здал кон бараките, ја отворил првата и што да види: одвнатре, низ отворената врата, шикнала врела пареа.

Кокошките сите кутнати со нозете нагоре. Само понекоја овде-онде стои по рафтовите со клапнати крилја и свенет поглед и само квака.

Отворил Гошо друга, трета, четврта барака... Секаде исто.

Скоро сите кокошки –пупунец.

Се потпрел Гошо на вратата од една барака, се загледал во празнотијата на нејзината внатрешност и видел една жива, но стуштена кокошка како ја истега главата кон свежиот воздух што навлегувал низ отворената врата и квака:

-Как, как, как ...-Как, как ...да ти е...как ?

Ет’ т’ка! С’ упијах. Как?

Преземено од Законите на Марфи

тел.факс 034/ 214.903 213.903

www.interaplus.com.mk

БОДИГКОМПАНИ

изработка наалуминискиконструкции

тел.факс 034/ 221.709

изработка на апликативен софтвер

продажба на компјутерител.факс 034/ 222-162www.turan.com.mk

• Нудиме организирање на ресторански свечености• Работиме со Фондот за здравствено осигурување• Примаме пациенти со болнички и специјалистички упат• Кетеринг услуги

ЗУПЛ

АД с. Негорци, Гевгелија

тел. 034/231-176www.negorskibanji.com.mk

НЕГОРСКИ БАЊИ

Паркот, прскалките, тротоарот и луѓетоВо последно време по

телевизиите гледаме како во Истанбул со водени топови се шуткаат луѓето од јавните површини.

И во Богданци имаме шуткање на луѓето од тротоарот покрај паркот кон коловозот на главната улица. Тое не се прави со водени топови туку со обични прскалки. И не се прави секогаш туку од 6 до 7 часот секој работен ден.

Во тој период со прскалки се вади паркот.

Тое е сосема во ред. Паркот мора да се вади.

Не е во ред што прскалките се пуштат да прскаат во време кога луѓето итајќи кон местата каде што треба да стигнат мора да минат од таму..

Прскалките не можат млазовите вода да ги ограничат само рамката на паркот, па ги зафаќаат и тротоарот и шеталиштето. Чувајќи се од дождот на прскалките, луѓето бегаат кон улицата каде што не би

требало да бидат.Башка голем број граѓани

ги користат патеките низ паркот како пристап до главната улица, а млазевите вода ги попречуваат во тоа.

Кога вадењето на паркот, наместо од 6 до 7 часот, би се правело од 5 до 6 часот не би имало потреба оваа појава да се најде во рубриката „Црни точки“.

Вака самата се избори за место во неа.

Х у м а н г е с тНовите гробишта добија нова

чешма. Поточно, една од постојните чешми во Новите гробишта е „облечена“ во соодветни елементи наменети за таа потреба. На чешмата стои назнака дека е донација од РОЛЕТАР ТОМЕ ЗЕЦ.

„ П о гл е д “ смета дека овој гест на добра волја е хуман гест и вреди да биде р е г и с т р и р а н . О п р е м у в а њ е то на ваквите простори, покрај од средствата што се собираат за таа намена, се прави и со хумани гестови на добра волја. Така било досега, така ќе биде и отсега.

Се што е убаво во животот или е забрането, или е неморално или здебелува.