Pogled Br.65 Avgust

8
PRINTMAKING WORKSHOP SOFIJA ГРАФИЧКА РАБОТИЛНИЦА СОФИЈА Број 65 Август 2014 Поглед од мојот агол Пишува: Илија Тумбов стр.4 стр.3 стр.2 Одговор на колумната „Vox populi“ од минатиот „Поглед“ Ракција на градоначалничката Анастасија Олумчева на критиките од Јован Џалев Паланѕата на животот и приклученијата Чавдарова Чешма ГРАФИЧКА РАБОТИЛНИЦА СОФИЈА, Главна сесија 2014: Старт Здружението на граѓани ГРАФИЧКА РАБОТИЛНИЦА СОФИЈА, Богданци е регистрирано правно лице заведено во Централниот регистар на Република Македонија како самостојна, независна граѓанска организација без национална, политичка и верска определба со свои цели, права, обврски, должности, интереси и уверувања. Начелата врз основа на кои се засновува работата на ЗГГРС се во соработката на едукацијата, размената на искуства,знаења и вештини, во развојот на креативноста, во дружењето и меѓусебното запознавање, во поддршката и во толеранцијата меѓу учесниците на графичката работилница. Основните цели и задачи на ГРАФИЧКАТА РАБОТИЛНИЦА СОФИЈА, во соработка со факултетите за ликовни уметности и со истакнати графичари од Македонија и странство, заради обезбедување ментори и учесници на Главната сесија, се меѓународната соработка во едукацијата и посредување во размена на искуства, знаења и вештини од областа на ликовната уметност и негување на старите традиционални графички техники.И годинава, како и изминатите 6 години, на 23 август почна Главната сесија на графичката работилница организирана од Здружението на граѓани ГРАФИЧКА РАБОТИЛНИЦА СОФИЈА, Богданци. Факултетите за ликовни уметности од Љубљана, Загреб, Сараево, Сплит, Софија, Нови Сад, Белград и Скопје пријавија 18 учесници на Главната сесија 2014 кои, дванаесетина дена ќе престојуваат во Богданци и во просториите на Пачатницата „Софија“ каде што, под менторство на проф. м-р Аница Радошевиќ, професорка на Отсекот за графика на Факултетот за уметности во Нови Сад, Република Србија, ќе разменуваат знаења, вештини и искуства и ќе творат. На 2 август ќе се одржи завршната вечер на Главната сесија на која, во галеријата на Печатницата „Софија“, се организира изложба на која ќе бидат изложени графиките создадени за време на Главната сесија од графичката работилница 2014 година. Годинава 8 факултети за ликовни уметности пријавија учесници на Главната сесија од графичката работилница. Одделот за графика на Факултетот за уметности од Нови Сад во Република Србија, покрај професорка за ментор, на Главната сесија од графичката работилницата испрати и 3 учесници. Факултетот за ликовни уметности од Скопје во Република Македонија на Главната сесија од графичката работилницата испрати 4 учесницаи. Факултетот за ликовни уметности од Софија во Република Бугарија на Главната сесија од графичката работилница испрати 2 учесника. Факултетот за ликовни уметности од Загреб во Република Хрватска на Главната сесија од графичката работилница испрати 2 учесника. Факултетот за ликовни уметности од Сплит во Република Хрватска на Главната сесија од графичката работилница испрати 1 учесник. Факултетот за ликовни уметности од Љубљана во Република Словенија на Главната сесија од графичката работилница испрати 2 учесника. Со концертот на „Мегдан“ од 29 август заврши настапувачкиот дел на „Богданско културно лето 2014“ стр.5 и 6 Факултетот за ликовни уметности од Белград во Република Србија на Главната сесија од графичката работилница испрати 2 учесника. Факултетот за ликовни уметности од Сараево во Босна и Херцеговина на Главната сесија од графичката работилница испрати 2 учесника.Работата на графичката работилница организирана од Здружението на граѓани ГРАФИЧКА РАБОТИЛНИЦА СОФИЈА, Богданци, вклучително и Главната сесија на работилницата се одвива според Долгорочна програма за работа врз основа на која се прават Годишните програми. Програмите за работа ги прави Уметничкиот совет на ГРАФИЧКАТА РАБОТИЛНИЦА СОФИЈА во чиј состав се пензионираниот универзитетски професор и познат графичар Костадин Танчев Динка, академскиот сликар Данчо Кал’чев, Драги Семенпеев Цапе, д-р Јанко Темелков и академскиот графичар Виктор Семенпеев. Работата на Работилницата ја координира Виктор Семенпеев, претседател на Управниот одбор на Здружението на граѓани ГРАФИЧКА РАБОТИЛНИЦА СОФИЈА. На секои три години години ЗГГРС, во некој од изложбените салони во Скопје изложува графики изработени на графичките работилници во изминатите три години. Минатата година во Музејот на град Скопје се изложија 150 графики изработени во 2013, 2012 и 2011 година. Следната триенална изложба во Скопје ќе се организира во 2016 година. Именката ДИВЕРЗИЈА е странски збор што на македонски може да се толкува како илегална недозволена активност, како саботажа, како дејствие за свртување на вниманието од една кон друга насока за да се постигне посакуван ефект. Диверзијата не е дозволена и треба да се санкционира.Само диверзија, никако поинаку, треба и мора да се нарече дејствието за отстранување на таблите со известување дека водата од Чавдарова Чешма не е исправна за пиење. Надлежни институции периодично ги проверуваат водите што на граѓанството му се достапни за употреба. По проверката, за добиените резултати ги известуваат тие чија грижа е водоснабдувањето. Овие, пак, се должни, доколку некои резултати не се поволни, да преземат мерки за подобрување на состојбата или, ако не е можно преземање на такви мерки, да ги известат дека водата не е исправна. Има неколку години како Јавното претпријатие „Комунална чистота“ од соодветните надлежни институции добива информација дека водата од Чавдарова Чешма не е исправна за пиење. „Комунална чистота“ редовно за таа состојба, преку истакнување на табли со известување, соопштува дека водата не е исправна за пиење.Исто толку време некој упорно ги отстранува таблите со известувањата. Никој за тоа не е премногу загрижен, а би требло. Органите задолжени за безбедноста на граѓаните би требало да обрнат внимание на таквите дејствија. Болеста ебола му се заканува на светот. Жолтицата ја ја измачува Македонија. Сините јазици го преполовија сточниот фонд во државава. Листеријата ја чумоса домашната месна индустрија. Ешерихија коли ... Не би смеело да се дозволи на граѓанството да му се ускратуваат за животот и здравјето важни информации. Тој кој го прави тоа е опасност за заедницата. Исто како да ставил пеколна машина на прометно место или да активирал експлозивна направа меѓу насобран народ. Таа персона е диверзант. Од 21.седница на Советот на Општина Богданци Во првиот ред горе,стојат, од лево: Теодор Асенов, Софија, Бугарија, ФЛУ Софија; Стефан Николовски, Скопје, Македонија, ФЛУ Скопје; Елена Димов, Велес, Македонија, ФЛУ Скопје; Мартин В’лчев, Софија, Бугарија, ФЛУ Софија; Милош Ѓондриќ, Пожега, Србија, ФУ Нови Сад; професор Аница Радошевиќ, менторка, Вршац, Србија, ФУ Нови Сад; Дејан Мачуков, Македонија, ФЛУ Скопје. Во вториот ред, седат, од лево: Воскресија Андреевска, Скопје, Македонија, ФЛУ Скопје: Ружица Добраниќ, Загреб, Џрватска, ФЛУ Загреб; Настасија Гашевиќ, Нови Сад, Србија, ФУ Нови Сад; Лејла Бајрамовиќ, Сараево, Босна и Херцеговина, ФЛУ Сараево; Виктор Семенпеев, Богданци, Македонија, претседател на Управниот одбор на ЗГГРС. Во третиот ред, седат, од лево: Богдан Павловиќ, Белград Србија, ФЛУ Белград; Марија Карнар Лемешева, Москва, Русија, ФЛУ Љубљана; Невенка Нестиќ Рушковиќ, Брежице, Словенија, ФЛУ Љубљана; Бранислава Тешиќ, Нови Сад, Србија, ФУ Нови Сад. Во четвртиот ред, седат, од лево: Албина Турсуновиќ, Сребреник, Босна и Херцеговина, ФЛУ Сплит; Инес Клепиќ, Загреб, Хрватска, ФЛУ Сплит; Ива Калшан, Белград, Србија, ФЛУ Белград; Иван Оштарчевиќ, Загреб, Хрватска, ФЛУ Загреб. Коалицијата „Сојуз за иднината“ ја напушти седницата тел. 034/ 222-006 www.sofijaprint.com.mk info@sofijaprint.com.mk БОДИГ КОМПАНИ изработка на алуминиски конструкции тел.факс 034/ 221.709 тел.факс 034/ 222-162 www.turan.com.mk • Нудиме организирање на ресторански свечености • Работиме со Фондот за здравствено осигурување • Примаме пациенти со болнички и специјалистички упат • Кетеринг услуги ЗУПЛ АД с. Негорци, Гевгелија тел. 034/231-176 www.negorskibanji.com.mk НЕГОРСКИ БАЊИ Просторот е слободен за рекламирање. Заинтересираните да се јават во “Поглед”

description

Nezavisen vesnik na Bogdanci

Transcript of Pogled Br.65 Avgust

Page 1: Pogled Br.65 Avgust

стр. 5.

БРОЈ 43, Октомври 2012

PRINTMAKING WORKSHOP SOFIJAГРАФИЧКА РАБОТИЛНИЦА СОФИЈА

Број 65 Август 2014

Поглед од мојот агол

Пишува:

Илија Тумбов стр.4

стр.3стр.2

Одговор на колумната „Vox populi“ од минатиот

„Поглед“

Ракција на градоначалничката

Анастасија Олумчева на критиките од Јован Џалев

Паланѕата

на животот и приклученијата

Чавдарова ЧешмаГРАФИЧКА РАБОТИЛНИЦА СОФИЈА, Главна сесија 2014: Старт

Здружението на граѓани ГРАФИЧКА РАБОТИЛНИЦА СОФИЈА, Богданци е регистрирано правно лице заведено во Централниот регистар на Република Македонија како самостојна, независна граѓанска организација без национална, политичка и верска определба со свои цели, права, обврски, должности, интереси и уверувања.

Начелата врз основа на кои се засновува работата на ЗГГРС се во соработката на едукацијата, размената на искуства,знаења и вештини, во развојот на креативноста, во дружењето и меѓусебното запознавање, во поддршката и во толеранцијата меѓу учесниците на графичката работилница.

Основните цели и задачи на ГРАФИЧКАТА РАБОТИЛНИЦА СОФИЈА, во соработка со факултетите за ликовни уметности и со истакнати графичари од Македонија и странство, заради обезбедување ментори и учесници на Главната сесија, се меѓународната соработка во едукацијата и посредување во размена на искуства, знаења и вештини од областа на ликовната уметност и негување на старите традиционални графички техники.И годинава, како и изминатите 6 години, на 23 август почна Главната сесија на графичката работилница организирана од Здружението на граѓани ГРАФИЧКА РАБОТИЛНИЦА СОФИЈА, Богданци.

Факултетите за ликовни уметности од Љубљана, Загреб, Сараево, Сплит, Софија, Нови Сад, Белград и Скопје пријавија 18 учесници на Главната сесија 2014 кои, дванаесетина дена ќе престојуваат во Богданци и во просториите на Пачатницата „Софија“ каде што, под менторство на проф. м-р Аница Радошевиќ, професорка на Отсекот за графика на Факултетот за уметности во Нови Сад, Република Србија, ќе разменуваат знаења, вештини и искуства и ќе творат.

На 2 август ќе се одржи завршната вечер на Главната сесија на која, во галеријата на Печатницата „Софија“, се организира изложба на која ќе бидат изложени графиките создадени за време на Главната сесија од графичката работилница 2014 година.

Годинава 8 факултети за ликовни уметности пријавија учесници на Главната сесија од графичката работилница.Одделот за графика на Факултетот за уметности од Нови Сад во Република Србија, покрај професорка за ментор, на Главната сесија од графичката работилницата испрати и 3 учесници.

Факултетот за ликовни уметности од Скопје во Република Македонија на Главната сесија од графичката работилницата испрати 4 учесницаи.

Факултетот за ликовни уметности од Софија во Република Бугарија на Главната сесија од графичката работилница испрати 2 учесника.

Факултетот за ликовни уметности од Загреб во Република Хрватска на Главната сесија од графичката работилница испрати 2 учесника.

Факултетот за ликовни уметности од Сплит во Република Хрватска на Главната сесија од графичката работилница испрати 1 учесник.

Факултетот за ликовни уметности од Љубљана во Република Словенија на Главната сесија од графичката работилница испрати 2 учесника.

Со концертот на „Мегдан“ од 29 август заврши

настапувачкиот дел на „Богданско културно

лето 2014“

стр.5 и 6

Факултетот за ликовни уметности од Белград во Република Србија на Главната сесија од графичката работилница испрати 2 учесника.

Факултетот за ликовни уметности од Сараево во Босна и Херцеговина на Главната сесија од графичката работилница испрати 2 учесника.Работата на графичката работилница организирана од Здружението на граѓани ГРАФИЧКА РАБОТИЛНИЦА СОФИЈА, Богданци, вклучително и Главната сесија на работилницата се одвива според Долгорочна програма за работа врз основа на која се прават Годишните програми.

Програмите за работа ги прави Уметничкиот совет на ГРАФИЧКАТА РАБОТИЛНИЦА СОФИЈА во чиј состав се пензионираниот универзитетски

професор и познат графичар Костадин Танчев Динка, академскиот сликар Данчо Кал’чев, Драги Семенпеев Цапе, д-р Јанко Темелков и академскиот графичар Виктор Семенпеев.

Работата на Работилницата ја координира Виктор Семенпеев, претседател на Управниот одбор на Здружението на граѓани ГРАФИЧКА РАБОТИЛНИЦА СОФИЈА.

На секои три години години ЗГГРС, во некој од изложбените салони во Скопје изложува графики изработени на графичките работилници во изминатите три години. Минатата година во Музејот на град Скопје се изложија 150 графики изработени во 2013, 2012 и 2011 година. Следната триенална изложба во Скопје ќе се организира во 2016 година.

Именката ДИВЕРЗИЈА е странски збор што на македонски може да се толкува како илегална недозволена активност, како саботажа, како дејствие за свртување на вниманието од една кон друга насока за да се постигне посакуван ефект.

Диверзијата не е дозволена и треба да се санкционира.Само диверзија, никако поинаку, треба и мора да се нарече дејствието за отстранување на таблите со известување дека водата од Чавдарова Чешма не е исправна за пиење.

Надлежни институции периодично ги проверуваат водите што на граѓанството му се достапни за употреба. По проверката, за добиените резултати ги известуваат тие чија грижа е водоснабдувањето.Овие, пак, се должни, доколку некои резултати не се поволни, да преземат мерки за подобрување на состојбата или, ако не е можно преземање на такви мерки, да ги известат дека водата не е исправна.

Има неколку години како Јавното претпријатие „Комунална чистота“ од соодветните надлежни институции добива информација дека водата од Чавдарова Чешма не е исправна за пиење. „Комунална чистота“ редовно за таа состојба, преку истакнување на табли со известување, соопштува дека водата не е исправна за пиење.Исто толку време некој упорно ги отстранува таблите со известувањата.

Никој за тоа не е премногу загрижен, а би требло. Органите задолжени за безбедноста на граѓаните би требало да обрнат внимание на таквите дејствија.

Болеста ебола му се заканува на светот. Жолтицата ја ја измачува Македонија. Сините јазици го преполовија сточниот фонд во државава. Листеријата ја чумоса домашната месна индустрија. Ешерихија коли ...

Не би смеело да се дозволи на граѓанството да му се ускратуваат за животот и здравјето важни информации. Тој кој го прави тоа е опасност за заедницата. Исто како да ставил пеколна машина на прометно место или да активирал експлозивна направа меѓу насобран народ. Таа персона е диверзант.

Од 21.седница на Советот на Општина Богданци

Во првиот ред горе,стојат, од лево: Теодор Асенов, Софија, Бугарија, ФЛУ Софија; Стефан Николовски, Скопје, Македонија, ФЛУ Скопје; Елена Димов, Велес, Македонија, ФЛУ Скопје; Мартин В’лчев, Софија, Бугарија, ФЛУ Софија; Милош Ѓондриќ, Пожега, Србија, ФУ Нови Сад; професор Аница Радошевиќ, менторка, Вршац, Србија, ФУ Нови Сад; Дејан Мачуков, Македонија, ФЛУ Скопје.

Во вториот ред, седат, од лево: Воскресија Андреевска, Скопје, Македонија, ФЛУ Скопје: Ружица Добраниќ, Загреб, Џрватска, ФЛУ Загреб; Настасија Гашевиќ, Нови Сад, Србија, ФУ Нови Сад; Лејла Бајрамовиќ, Сараево, Босна и Херцеговина, ФЛУ Сараево; Виктор Семенпеев, Богданци, Македонија, претседател на Управниот одбор на ЗГГРС.

Во третиот ред, седат, од лево: Богдан Павловиќ, Белград Србија, ФЛУ Белград; Марија Карнар Лемешева, Москва, Русија, ФЛУ Љубљана; Невенка Нестиќ Рушковиќ, Брежице, Словенија, ФЛУ Љубљана; Бранислава Тешиќ, Нови Сад, Србија, ФУ Нови Сад.

Во четвртиот ред, седат, од лево: Албина Турсуновиќ, Сребреник, Босна и Херцеговина, ФЛУ Сплит; Инес Клепиќ, Загреб, Хрватска, ФЛУ Сплит; Ива Калшан, Белград, Србија, ФЛУ Белград; Иван Оштарчевиќ, Загреб, Хрватска, ФЛУ Загреб.

Коалицијата „Сојуз за иднината“ ја напушти седницата

тел. 034/ [email protected]

БОДИГКОМПАНИ

изработка наалуминискиконструкции

тел.факс 034/ 221.709тел.факс 034/ 222-162www.turan.com.mk

• Нудиме организирање на ресторански свечености• Работиме со Фондот за здравствено осигурување• Примаме пациенти со болнички и специјалистички упат• Кетеринг услуги

ЗУПЛ

АД с. Негорци, Гевгелија

тел. 034/231-176www.negorskibanji.com.mk

НЕГОРСКИ БАЊИ

Просторот е слободен за

рекламирање.

Заинтересираните да се јават во “Поглед”

Page 2: Pogled Br.65 Avgust

2 ПОГЛЕД , Август 2014

Од Дваесеттата седница на Советот на Општина Богданци

Советнички прашања и одговори

Известувач: Илија Тумбов

Бидејќи Градоначалничката на Општина Богданци не беше присутна на Дваесеттата седница на Советот на Општина Богданци одговорите на советничките прашања на советниците, во согласност со член 28 и 29 од Деловникот на Советот ана Општина Богданци, дополнително им се доставени во писмена форма заедно со материјалот за Дваесет и првата седница на Советот на Општина Богданци закажана за 27 август 2014 година.

Иако Записникот од Дваесетта седница на Советот на Општина Богданци, во моментот кога е е подготвуван овој број на „Поглед“ сеуште не е усвоен од Советот, „Поглед“, затоа што тоа не можеше да ги објави кога се известуваше од Дваесеттата седница на Советот на Општина Богданци, прашањата од советниците и одговорите на нив ги презеде од Записникот за Дваесеттата седница и ги објавува во овој број.

Советникот Никола Стратров побара Градоначалничката, преку „Поглед“, Независниот весник на Богданци, да ја информира јавноста на кој начин е донесена Одлуката за забрана за запирање и паркирање на возила на дел од улицата „Маршал Тито“ во Богданци.

И советникот Борис Ванчев побара Градоначалничката, преку „Поглед“, Независниот весник на Богданци, да ја информира јавноста јавноста на кој начин е одлучено за кревање на бараките, односно времените објекти, бидејќи граѓаните се на мислење дека таа одлука е донесена од Советот на Општина Богданци.

Одговорите на прашањата од овие двајца советника од Општината беа доставени до редакцијата на „Поглед“ со барање да бидат објавени во овој број на „Поглед“.

Поглед тоа ќе го направи на тој начин што советничките прашања од советниците Никола Стратров и Борис Ванчев заедно со одговорите што им се даваат од Општината ќе ги издвои од другите советнички прашања и одговорите по нив и ќе ги објави во посебно врaмен простор и во растер.

СОВЕТНИЧКИTE ПРАШАЊА И ОДГОВОРИТЕ:

-Советникот Ристо Киров, имајќи предвид дека станарите кои живеат во зградата над Комерцијална Банка немаат паркинг простор, во има на граѓанинот Јован Попов, праша дали паркингот што се наоѓа пред зградата треба да биде обележан дека е паркинг на станарите кои живеат во таа зграда и што ќе се преземе за решавања на

овој проблем.ОДГОВОР: Општина Богданци

е во завршна фаза (потпишана е спогодба, следува спроведување во катастар) за откуп на градежно-неизградено земјиште на КП 10212, од сопственикот Симка Лисичкова, на кој парцела, според важечката урбанистичко -планска документација е предвидена јавна површина – паркинг простор за 12-15 лесни возила. Овој новоуреден паркинг простор кој е во директна врска (преку скали) со зградата над Комерцијална Банка ќе ги задоволи потребите на сопствениците на возила од оваа колективна станбена сграда, а пракинг просторот пред зградата, т.е. на улицата Мар[ал Тито ќе остане во служба на деловните простори кои се распоредени на оваа подрачје.

-Советничката Риса Бејкова објасни дека по новоасфалтираниот пат кон село Ѓавото, од Аџимишев Бунар до асфалтот има река која по наидување на дождови се почесто се излева така што е извлечен насипот до самиот асфалт и праша дали ќе се преземаат некави мерки бидејќи во спротивно асфалтот ќе се оштети.

ОДГОВОР: На наведениот пропуст изведен под локалниот пат Богданци-Ѓавото, на реката Брданка, според техничката документација за изведба на патот беше планиран пропуст со пресек од Ф 800, меѓутоа општинската администрација од искуство знае дека можат да надојдат пообилни води, па на пропустот се поставија две цевки со пресек од Ф 800. Заради ниското ниво на пристапниот полски пат кој се врзува со течението на реката обилната вода се излева над патот и ја кине банкината. Општината ќе преземе мерки за подигнување на нивелетата на врската на полскиот пат со асфалтираниот локален пат и овој проблем ќе биде решен засекогаш.

-Претседателот на Советот, Блаже Шапов, констатира дека ресторанот во Богданци и до ден денес е статус кво и праша до каде е ситуацијата со истиот.

ОДГОВОР: Општина Богданци во моментот може да интервенира само за делот на зафаќање на јавната површина бидејќи на корисникот, според Решението издадено од Одделението за урбанизам, веќе една година му е истечен рокот за нејзино користење. Поради тоа што корисникот нема намери да одговори според насоките од озвестувањата од наша страна, одложувајќи ги активностите заради жалба на Апелационен суд ( по пресуда за непрописно изведена канализација

во корист на ЈП „Комунална чистота“) градоначалникот предлага со интервенција на полициски орган да се ослободи јавната површина и во Буџетот за 2015 година да се предвиди нејзино уредување (бидејќи инвеститорот нема таква намера и покрај тоа што тоа му е обврска). Доградбата и пуштањето на објектот во употреба, според одобрението за реконструквија и доградба, има рок уште 4 години.

-Претседателот на Советот, Блаже Шапов, праша дали Градоначалникот планира да преземе мерки за решавање на проблемот со излевањето на канализационите води и предложи улиците кои ќе бидат поплавени од излевањето на канализационите води, по сервисирањето, да се мијат од страна на ЈП „Комунална чистота“.

ОДГОВОР: Канализационите води во Богданци се излеваат во 90 % од случаите како резултат на тоа што на 1/3 од урбанистичкиот опфат, атмосферските и фекалните канализации се опфатени во иста инфраструктура т.е.иста цевка.Ова доведува до налевање и запушување на цевките од песок во комбинација со остатоци од фекалии. На оние места каде што фекалната канализација е посебно спроведена се случува граѓаните да ги отвораат шахтите при обилни врнежи и повторно да дојде до мешање на двата одвода. Исто така, голем дел од населението во фекалните одводи несовесно внесува материјали и предмети чие место е во кантите за отпадоци, а не во фекалните одводи (искуство од секојдневното чистење на цевките). Некои од наведените причини за настанатите проблеми се решаваат со поставување на комплетно нова инфраструктура (раздвојување на фекален со атмосферски одвод), некои со подобрување на опременоста на ЈП „Комунална чистота“ (купување на пумпа за миење на цевките под притисок) со алат за чистење на цевките, а некои со подигнување на свеста на граѓаните (правни и физички лица) преку кампањи и едукација и интервенција и казни од комуналната инспекција.

Миењето на улиците од страна на ЈП „Комунална чистота“ е сеуште ретка пракса бидејќи претпријатието не поседува соодветно возило и механизација за целосно и правилно спроведување на оваа активност туку едноставно може да врши само полевање на улиците со вода.

Советничко прашања за кое, од советникот е инсистирано, заедно со одговорот од

Градоначалничката, да бидат објавени во „Поглед“-Советникот Никола Стратров

побара од Градоначалникот да ја информира јавноста преку независниот весник „Поглед“ за тоа на кој начин е донесена Одлуката за чистење на дел од десната страна од улицата Маршал Тито од возила, односно забраната за запирање и паркирање на возила.

ОДГОВОР: Врз основа на состанокот одржан на 4.11.2013 година на кој присуствуваа: Градоначалникот на Општина Богданци, државниот сообраќаен инспектор, Офелија Проданова, претставникот од „Македонија пат“ АД, Миле Енџекчев, водичот на безбедност во реон Богданци, Кире Ѓоргиевски, беше утврдено дека во сообраќајното хоризонтално и вертикално уредување на територијата на Богданци има видни недостатоци од сообраќајни знаци,

посебно заради категоризацијата на улицата Маршал Тито која е регионален пат-транзит заради што е забрането успорување на сообраќајот (заради паркирани возила), пренамена и затворање на улицата (во паркинг простор) и сл. Заради безбедност на сите учесници во сообраќајот, посебно пешаците и децата, беше нагласено отсрануваето на возилата од улицата Маршал Тито во централниот дел на Богданци каде што беше најизразено успорувањето и потенцирање на успорувањето на улиците покрај образовни институции. Одлуката за позициите на знаците и одбележувањето на паркинг места Општината ја изврши во консултација со горенаведените стручни лица, а земајќи ја предвид структурата на возниот парк и намените на објектите.

Советничко прашање за кое, од советникот е инсистирано, заедно со одговорот од

Градоначалничката, да бидат објавени во „Поглед“

-Советникот Борис Ванчев побара Градоначалникот, преку Независниот весник „Поглед“, да ја информира јавноста за донесената одлука за кревање на бараките, односно времените објекти бидејќи граѓаните се на мислење дека тоа е Одлука на Советот на Општина Богданци.

ОДГОВОР: Согласно член 2 од Законот за градење (Сл.весник на РМ бр.70 од 16.5.2013 година) пречистен текст, во категоријата Времен објект влегува монтажно-демонтажен или типски објект кој се поставува на градно неизградено земјиште заради привремена употреба на просторот до реализацијата на урбанистички план за градежното земјиште на кое е поставен времениот објект. Овој вид на објекти се поставува заради вршење на: сообраќајни дејности (привремени паркинзи и приодни патеки); туристички, културни, спортско-рекреативни и забавни дејности (платформи за спортски, културни, туристички и забавни настани, придружни објекти објекти во функција на спортски настани и летни дискотеки); објекти кои се во функција на граничните премини.

Во категоријата Урбана опрема влегува опремата за продажба на билети за јавен превоз, весници, сувенири, цвеќиња, сладолед, телефонски говорници, автобуски постојки, типски објекти за обезбедување кои се во функција на дипломатско-конзуларните претставништва, на објекти на органите на државната управа и на резиденцијалните објекти, опрема во функција на туристички, културни и спортски настани, јавни санитарни јазли, тераси со или без настрешници, платформи за јавни манифестации на копно и на водна површина, покриени и непокриени

шанкови, рекламни и информативни паноа, детски игралишта, настрешници што се поставуваат на јавна површина, фонтани, чешми, клупи и корпи за отпадоци.

Бидејќи Општина Богданци во досегашните Годишни програми за поставување времени објекти (од формирањето во 1996 година) ниту еднаш ги нема предвидено локациите за кои е поставено прашањето како можни локации за поставување на времени објекти, ниту утврдила услови за поставување, ниту ја обезбедила потребната инфраструктура, а сопствениците на објектите скоро 4 децении ја злоупотребуваат нивната позиционираност добиена со решенија од времен карактер (важност до 2 години) од тогашниот Совет на Општина Гевгелија, а санитаниот инспекторат на РМ ниту еднаш не извршил контрола за увид во противзаконските дејности (дејностите кои можат да се вршат во таквите објекти се утврдени со Закон за градба и веќе се наведени погоре) кои се вршат во ваков тип на објекти, ниту дали исполнуваат услови согласно упатствата за основна хигиена на угостителски, трговски и деловни објекти.

Со оглед на горенаведените престапи на сопствениците, законските обврски на општинската администрација, негативните искуства од терен, промена на состојбите во сопственоста земјиштето (дел од зелен парк пред Домот на културата стана сопственост на ТУШ Македонија ДООЕЛ, одлуката на Градоначалникот и Општинскиот градежен инспектор се издржани и успешно спроведени на терен и покрај големиот отпор од страна на сопствениците.

Од Дваесет и првата седница на Советот на Општина Богданци

Прекината седницаИзвестувач: Илија Тумбов

Дваесет и првата седница беше закажана за 27 август 2014 г. На седницата, со која претседаваше Блаже Шапов, присуствуваа сите едеинаесетмина советници.

Со забелешката од советничката Риса Бејкова дека таа во втората точка од Дваесеттата седница имала дискусија по Извештајот за Завршната сметка на Јавното претпријатие „Комунална чистота“ која не е внесена во записникот и инсистирањето таа да биде внесена, советниците со 7 гласа „За“ и 4 гласа „Воздржано“ го усвоија Записникот од Дваесеттата седница на Советот на Општина Богданци.

Со 11 гласа „За“ советниците, за работа на Дваесет и првата седница на Советот на Општина Богданци, го прифатија дневниот ред предложен и доставен со

материјалите за седницата.Пред почетокот со работа по

дневниот ред советникот Борис Ванчев во процедурална забелешка

изјави дека тие како советничка група од Коалицијата „Сојуз за иднината“ не се задоволни од тоа како се води Општина Богданци и поради тоа нема да учествуваат во

„Во Општина Богданци Градоначалникот е од една политичка опција, а мнозинството во Советот е од друга политичка опција со што тие политички опции треба да соработуваат во водењето на Општина Богданци.

Бидејќи во водењето на Општина Богданци нема соработка меѓу мнозинството во Советот и Градоначалничката, советничката група на Коалицијата „Сојуз за иднината“, во знак на протест, ќе ја напушти седницата.“

Коме

рциј

ален

огла

сКо

мерц

ијал

ен ог

лас

„Како координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата сакам да го кажам

следново: Во образложението од мнозинството во Советот што ја претставува Коалицијата „Сојуз за иднината“ се кажа дека во Општина Богданци Градоначалничката владеела самоволно заради што тие ја напуштаат седницата, а со актот го покажаа спротивното. Фактот што се изгласа дневниот ред, со што седницата се смета за почната, води кон помислата дека тие повеќе се заинтересирани за правото на паушал бидејќи со изгласувањето на дневниот ред тие остварија право на паушал од оваа седница.“

Борис Ванчев,советник

РистоЕнџекчев,советник

работата на оваа седница по што ја напуштија салата.

Со тоа Советот остана без кворум и седницата се распадна.

Page 3: Pogled Br.65 Avgust

3ПОГЛЕД , Август 2014

Реакција на критиките од господин Јован Џалев за работата на општинските власти и личниот изглед на градоначалникот

Почитуван граѓанину на Општина Богданци,

Ниту кажувате нешто ново со истакнување на проблемот со Љокова Река, ниту им укажувате на општинските власти како треба да си ја работат работата, зашто и вие некогаш бевте тоа, па не успеавте да си го решите проблемот кој лично ве засега и единстево за тоа сте заинтересирани.

Интервенцијата и делумното уредување на таа река, изведени

по решение на тогашните власти, денес се покажува како неправилно, ама, нели, ние немаме проблем со дуплото плаќање на работите, ќе правиме, ќе преправаме.

Санирањето на оштетувањата после големите поројни води не е шминка, шминка е да градиш оградни ѕидини на дворовите на приватни сопственици, наместо да решиш канализирање на атмосферската вода и да асфалтираш површина за движење на пешаци и возила.

Егзистенцијалните проблеми на граѓаните се решаваат во рамките на финансиските можности, со максималните сили со кои располага Општината.

Нашата Општина плаќа огромни долгови за струја, превземени од Јавното претпријатие за комунални дејности „ВОДОВОД“, за граѓаните да имаат вода

(егзистенцијална потреба!), а богами солиден дел од граѓаните тој долг двапати ќе го платат, зашто уредно си ги плаќале обврските кон тоа претпријатие, а нивните пари завршиле на друго место.

Сеуште плаќаме долгови, со огромни камати, за реконструкција на зградата на средното училиште... и сл.

Се сеќавате ли граѓанину од која година се тие долгови?

Најлесно е да иницираш петиција и да се ставиш на приоритетна листа.

Да знаете само колку приоритети има?

А, за мојот outfit и за денешните нормативи за cool и in, искрено ме изненадувате како информиран граѓанин.

Дијаметрална спротивност:Старки (обични обувки од

средината на минатиот век кои

некои луѓе одбираат да ги носат) наспроти денешно ”cool и in“ (пресно транзициски збогатена личност, во почетна фаза на левитација, заради надувување на егото, која задолжително мудрува).

И додека јас си ги шетам „старките“ и изигрувам cool фаца, а вие си ја возите вообразената глава во скапи автомобили одгледана сум и размислувам на следниот начин: најдобро е да си ги пуштиш нозете колку што ти е долга чергата (а не да трупаш долгови, па после тебе кој сака нека ги плаќа со огромни камати, не било кој, туку граѓаните) и најдобро е да почекаш, да размислиш и да донесеш правилно решение ( а не да носиш недоделкани одлуки и да потрошиш народни пари на погрешни зафати).

Ниедно магаре нема да умре до зелена трева, но многу малку од

нив ќе го видат сонцето.Што се однесува до одлуката

за забрана на паркирање по главната улица, на минатата седница на Советот на Општина Богданци имаше барање од член на Советот на Општина Богданци одговорот на тоа прашање да биде даден во овој број на весникот „Поглед“, прашањата од советниците и одговорите на прашањата се доставени во весникот, па и вие ќе можете да го прочитате одговорот на вашето прашање.

П.С.:Во името на општинската

власт им се извинувам на граѓаните што живеат на улицата „Илинденска“ затоа што, од технички причини, не можеше брзо да се интервенира со санација на улицата по неодамнешниот пороен дожд.

Денот кога беше срамота да се биде богданчанец-Пазарот не е сметан откога

Томто Таушанов беше директор на Комуналното, прокоментира еден од пазарџиите со подолго памтење сабајлето во неделата кога се направени овие фотографии додека

се обидуваше со најлон да го прекрие два прста дебелиот слој од крушници за да може да ги изложи пиперките што ги беше донел да ги продава. Крушници како што се знае се измет од птици.

Бетонските тезги, просторот помеѓу нив, крововите на металните тезги –сето тоа беше изобилно посрано од птгиците што се кријат во крошните од дрвјата на пазарот. По тезгите сеуште стоеја остатоци од пиперки од претходниот пазар. Под тезгите и по патеките и со гумени чизми беше ризично да се гази. На местото на отстранетите времени објекти имаше ѓубре до небото.

Делегација од пазарџиите побара „Поглед“ да ја фотографира глетката. Весников тоа го направи пред да наидат тие што на пазарџиите им наплаќаат пазарни места. Ќе беше интересно да се види со кој образ на пазарџиите ќе им побараат пари за ѓубрето што им го нудат наместо чисти и уредени тезги. Нужно е да се знае што е работата на санитарните и комуналните инспакции кога состајбата во која беше тој дена пазарот во Богданци не им пречи

Тој дена беше срамота да се биде богданчанец и да се биде на пазарот.

Пишува:

АнастасијаОлумчева,градона-чалничка на ОпштинаБогданци

Одговор на колумната VOX POPULI -”Qui nimium probat, nihil probat“ (Кој премногу докажува, ништо не докажува) од Јован Џалев објавена во претходниот број на „Поглед“

Чии се ридиштата каде што е Ветерниот парк?На едно излагање за

ветрниците на прашањето дали Богданци ќе има некоја корист од Ветерниот парк, освен еднократното плаќање на име комуналии, поранешниот градоначалник Ристо Ичков одговори дека инвеститорот ќе дава донации во вид на топки за спортските екипи или опинци за фолклорните друштва. Во натамошната расправија (не расправа) се спомна дека ЕЛЕМ само од поени за чиста енергија ќе инкасира 1 милон евра годишно и ред би било на Општина Богданци

да и дава барем по едно евро годишно во буџетот. Да се знае дека и Богданци ќе има некој аир од ветерниците.

Како и обично дремливото Богданци беше претркано.

Колку за информација збратимената хрватска Општина Калиновац само од ИНА која на нивна територија вади земен гас, во буџетот, на име надоместоци за искористување на општинските ресурси, годишно наплаќала средства на име надоместоци колку

што е богданскиот општински буџет. Тоа самите го изјавија кога им беше соопштено колкав е годишниот буџет на Општина Богданци. „Ние толку од ИНА земаме, рекоа.

Ветерниците се направени, си вртат и од сето тоа бенефитот за Богданци ќе биде тоа што неговото име ќе се содржи во името на Ветерниот парк.

Другата корист ќе биде нула, ако не и помалку од нула затоа што изгледа дека оние рампи на патот кон ветерниот парк нема да бидат кренати од таму и нема да може да

се оди слободно кон ридиштата.Надоместоците за комуналии

се премалку средства за големите ограничувања со кои Богданци можеби ќе се соочи во иднина. Во досегашните излагање никој не спомна дека пејсажите над Богданци од годинава натаму, затоа што таму се лоцирани ветерниците ќе ги гледаме само оддалеку.

Многу работи во Богданци се случуваа на јуриш.

Кога се копаа бунарите и се градеше системот за спас на Дојранското Езеро не објасни дали

ќе има некоја штета за Општината од испумпувањето на подземните води..

Никој роса не го зароси што Браната сосе инсталациите ни се „одлеа“ за навек, па дури и седиштето на дирекцијата што управува со неа не е во Богданци, а само од браната егзистира таа новосоздадена организација.

Ред би било да се престане веќе со таквата практика затоа што штета е од тие јуришни активности водени од тесен круг луѓе, понекогаш и од поединци, да се нема корист.

Печати:„Софија“ Богданци

Жиро-сметка:270000000711867 Даночен број:МК4006991101880

Редакција: Маршал Тито 211484 Богданцител. 075 738834факс: 034 [email protected]/pogled

Издава: „СОФИЈА“1484 Богданци, ул. “Маршал Тито” 21

Директор: Драги Семенпеев

Илија Тумбов

Уредува редакциски колегиумТехнички уредници:

Јован РоглевВалентина Попова

Уредник:

Халк Банка-Скопје

Page 4: Pogled Br.65 Avgust

4 ПОГЛЕД , Август 2014

Пишува: ИлијаТумбов

Поглед од мојот агол

П а л а н ѕ а т а н а ж и в о т о т и п р и к л у ч е н и ј а т а

1.На првиот ден од „Богданско

културно лето 2014“, беше 12 јули, Петровден, Богданци – тропна. Во Амфитеатарот во Паљурци каде што Петар Темелковски ја изведуваше својата авторска творба, монодрамата „Да се биде Македонец“, богданчани можеа да се избројат на прсти.„Големите знајачи“, тие што како руски попови ги имаат одговорите на сите прашања, изјавија дека не дошле во Паљурци за да не ги изедат змиите. Нас, ние што бевме таму, не не изеде ништо.

На концертот на „Бранд Петрушев“- „Хм“, прокоментираа „Знајачите“, „Што ќе одам, се истите ора ги играат:“

На концертот што, во дружба со публиката, го приредија ПРИЈАТЕЛИТЕ повеќе луѓе имаше во „акустичниот круг“ отколку околу него, а пријателите се растурија од свирење и пеење. Сум слушал и подобри музички изведби, но спонтаноста со која нивната позитивна енергија се излеа врз нас кои што таа вечер плескавме во ритамот на музиката и ги потпевнувавме песните, ретко кога имам ја доживеано во Богданци. Можеби на концертот на Браќата Сапламаеви, на оној специфичен концерт на „Летечките Пекинезери“ и уште на ланскиот концерт на „Пиксел“. Таа вечер Пријателите распослаа расположение од кое нивните „горди и самозаљубени“ сограѓани не беа допрени затоа што не беа таму. Само таа дружба да се беше случила летово ќе беше доста.

Концертот на Браќата, Поетската вечер, „Свадбата на Мара“... беше само висок квалитет потрошен во празнотијата на ноќта.

Навистина, вреди ли да се троши и средства, и енергија, и нерви и... незнам што уште за конзументи што никако не се тоа. Се нешто не им се аресе, се нешто се над тоа што им се пружа. А со ништо сиромашките не покажале како треба и што треба за ние другите да знаеме што да правиме. За гревови. На никој не можеш да му дадеш сосила. Сосила само се зема.

2.Се согласувам дека еден таков

објект каков што е Амфитеатарот во Паљурци стопати пофункционален ќе беше ако беше во Градот, ама средствата беа дадени за објектот да се направи таму каде што е направен

и од тој факт нема бегање. Тие што имаат забелешка по тоа прашање нека покренат иницијатива,нека најдат спонзори и нека излезат со барање да им се најде место каде што ќе се направи летна сцена. Никој не ги сопка го направат тоа. Јас го преферирам просторт на Крхците. Им ја нудам и мојата помош.

Нема да има ништо од тоа затоа што тие знаат само да критикуваат. За друго не ги бива.

3.Забележавте ли дека на

страницата која известува за активностите во Општина Богданци каде што парцијално се известува и за случувањата на „Богданско културно лето 2014“ нема ниту збор за мојата изложба во услови кога сите македонски медиуми пишуваа за неа како необичен и несекојдневен настан?

Забележавте, нели? Забележав и јас.

4.Интересна е паланѕата

што ги балансира животот и приклученијата.

Секој го добиват тоа што го заслужил.

5.Да се разбереме: Јас

одговарам за тоа што ќе го напишам, но не и за тоа што вие ќе го разберете од напишаното.

Ми се аресе мислава. Од Виктор Карастојанов си ја „купив“.

6.Од Општината не му одговорија

точно на граѓанинот што преку советникот Ристо Киров побара да му се објасни како ќе му биде решен проблемот со паркирање затоа што пред зградата каде што живее немало каде да ја паркира колата. Си ја земам слободата јас да му одговорам.

Секој што има сопствено возило си бара чааре за паркирање на возилото. Граѓаните што живеат во колективни станбени згради, ако имале среќа да си набават стан во зграда каде што СИЗ-от или некој друг инвеститор обезбедил и паркинг простор ќе си ги паркираат возилата на тој простор. Такви се сите згради кај Чавдарова Чешма, таква е зградата кај Ѓавочанови, таква е зградата кај Енџекчеви, таква е зградата над Автобуска и зградите западно и источно од неа, таква е зградата над Стопанска банка, таква е зградата источно од општинската зграда, таква е зградата над Супермаркетот. Околу нив има простор што може да се искористи како паркиралиште.

Зградата над Поштата, зградата над Комерцијална банка и зградата над Аптеката немаат таков простор и граѓаните што живеат во тие згради ќе мора да си го бараат колајот. Ако имаат можност да ги користат јавните паркиралишта ќе

ги користат, ако немаат самите ќе си обезбедат паркиралиште.Како што јас си обезбедив, како што други си обезбедија. Нема кој да им го реши тој проблем. Самите ќе си го решаваат. Помина времето кога СИЗ-от водеше сметка за нивните станови. Сега тие се во нивна сопственост и се што им треба за комфорно живеење самите ќе си набавуваат. Помина и времето кога Општината, од само на неа познати причини, ги правеше фасадите на колективните станбени згради и долговите направени по таа основа уште се влечат по општинското книговодство.

Општината во одговор на советничко прашање кажа дека во тек е постапка за купување парцела на која ќе се направи паркинг простор кој ќе можат да го користат и станарите од зградата над Комерцијална банка.

Тоа што не им го кажа е дека на тој новоуреден паркинг простор право на паркирање ќе имаат сите што ќе намерачат таму да си го паркираат возилото. Ако јас сум некаде во околината и најдам слободен простор ќе си ја паркирам колата таму. Никој нема да може да се кара со мене затоа што си замислил дека тое е негов паркинг простор оти вчера паркирал таму и затоа што живее во околината. Не, тој простор колку е негов, толку е и на секој кој ќе го начека празен, а ќе има потреба од паркирање. Со мојата гаража и мојот двор не е таков случајот. Тие се мои и на никој друг.

Тоа е јадецот штоне беше кажан во одговорот од Општината, па јас им го кажувам.

7.Одам на седници на

Советот на Општина Богданци, ги следам расправите по барањата за легализација на бесправно изградените објекти кога се легализира се за што некој се сетил да побара легализација и се мислам:

Не ли треба како граѓанин да го свиткам табакот и да поднесам тужба против непознат сторител кој на Општина Богданци, заради изместување на сообраќајници, откуп на дивоизградени објекти од кои некои и на државно земјиште и унакажување на сегашниот и сите наредни Детални урбанистички планови на Богданци, долгорочно ќе и нанесува штети кои целосно ќе и го „јадат“ Буџетот.

Да го свиткам табакот и да поднесам тужба против непознат сторител кој овозможил објекти кои по дефиниција се ничии, по пат на легализација да ги приграбат поединци кои немаат никаква врска со тие објекти.

Да го свиткам табакот и да поднесам тужба против непознат сторител затоа што не се презеле мерки објектите со недефинирана

сопственост преку легализација да станат сопственост на Општината, ако за ништо друго утре да не се прават арчови и, за реализација на урбанистичките планови, од некои мангупи за големи пари да се откупуваат објекти и земјиште што тие мангупи ќе го купат за ситна пара врз основа на правото што врз тоа земјиште го полагаат објектите што Советот без многу грижа на совеста ќе им ги легализира.

Понекогаш свитканите табаци можат да завршат голема работа. Не дека тие нема да се загубат некаде низ судските лавиринти, ама сепак. Стариот мој со една мртва чавка обесена на оревот се обезбедуваше живите чавки, гаврани и какараски да не му ги вирандисуваат пченката, сончогледот, кикирите...

Доволно ќе е некој да биде повикан на судска одговорност, па нека и не падне на судот. Тоа ќе биде сосема доволно за другите да купат ака’л и да поведат сметка за тоа што го прават.

8.Нели Општина Богданци, преку

Буџетот, е соинвеститор, заедно со Владата, во реконструкција на патот од Аџимишев Бунар до пумпата во Ѓавото?

Нели законска обврска е инвеститорите (во сите случаи, а пак во случај кога се трошат народни пари уште повеќе) да имаат надзор врз тоа што се сработува за парите со кои тоа сработување се плаќа?

Нели Советот на Општина Богданци е надлежен за контрола врз трошењето на средствата од општинскиот Буџет?

Ако е така, а така е, имал ли Советот информација за тоа колку се потрошило за тој пат, имало ли технички прием на готовиот пат, има ли извештај за сите тие работи (заедно со извештајот од надзорниот орган) од кој ќе се види што е платено, што требало да се направи за платеното и дали сето тоа е во согласност со техничката документација?

Зошто тогаш на седница на Советот на Општина Богданци се посочува дека нешто е така како што е кога треба да се побара објаснување: Зошто нештото е такво ?

Улогата на советниците не е тие за нештата да се интересираат отпосле. Улогата на советниците е тие постојано да бидат заинтересирани за нештата за кои носат одлуки. Тие се власт. За да се отчетат пред тие кои има дале власт треба да бараат отчет од тие кои во нивно име ја практикуваат власта.

Ако некому не му е јасно кои се тие еве: Тоа е општинската администрација.

9.Со неодамнешните поплавни

дождови на површина повторно

излегоа проблемите што на Богданци му ги прави конфигурацијата.

Релјефот на Богданци е таков што за кратко време, со наносна и уривачка сила, дождовните порои совладуваат десетици метри височинска разлика и од повисоките зони се спуштаат кон пониските зони на градот каде што прават хаос.

За да не се случува таа појава поројните води треба, најмногу што е можно, да се прибираат во отворени или затворени канали и да се спроведуваат во Луда Мара.

За тоа, со новиот Генерален урбанистички план треба да се предвидат соодветни инфраструктурни решенија.

Во првиот чекор, или кој е по ред, за донесување на ГУП, на излагањето не се виде дека такви инфраструктурни решенија се планирани.

Во следниот чекор, излагањето за влијанието на Генерлниот урбанистички план врз животната средина што беше одржано во Салата за состаноци на Советот на Општина Богданци многу малку, да не речам ич, не беше обрнато внимание на понудените решенија, а решенијата што ги нуди ГУП-от се со цевководи од Ф 100 до Ф 200 за прифаќање на поројните води по улиците. Ако тоа е некакво решение за прифаќање на водите по кратките хоризонтални улици никако не смее да биде решение понудено за долгите хоризонтални улици и сите други вертикални улици.

Двата чекори си поминаа глатко. Присутноста на излагањата беше сведена на тие што службено требаше да бидат таму. Забелешки скоро и да немаше. Советници немаша на ниту едно од тие излагања, а ГУП-от се прекршува веќе врз два состави во Советот на Општина Богданци.

За граѓанството и да не зборуваме. Тоа ниту чуло, ниту разбрало дека такво нешто се има случувано во Богданци. Да бидам искрен ниту, пак, имаше пристојна информација за случувањата. А требаше, била или не била таа законска обврска, Нацртот на ГУП-от што се предлагаше требаше, со сите салтанати што му припаѓаат, да биде истакнат на јавно место за луѓето да бидат информирани за текот на настаните и, доколку имаат забелешки, да ги изнесат.

Ништо од тоа не се случуваше. Интернет варијантите на транспаретност и отчетност се само алиби за работите да се истуркаат на невидено.

Јас така мислам. Може да има и поинакви мислења со кои сум подготвен да полемизирам и да докажам дека сум во право. Практиката и резултатите од неа засега се на моја страна.

Општествен коментар е дека важен фактор во определување на економскиот успех е културата и дека културата ја засенува економијата и политиката.

Според тоа можеме да речеме дека културата на една средина влијае врз се друго.

Се изненадив колку важна законитост е оваа. А пак оваа законитост произлегува од политиката. А таа, политиката, на

крајот на краиштата, е производ на ставови, идеи и вербата на една средина во нејзината култура на живеење преку нејзините обичаи, адети и негување на се она што е одлика на средината.

Тоа се специфични обичаи на средината на кои можат да им се препишат и економски успеси. Тоа е навиката на срцето под кои ги подразбира обичаите на една средина.

Виталноста на една средина е комплексна збирка од посредни институции, бизнисот, доброволните друштва, образовните институции, клубови и, секако, црквата – која за возврат го гради семејството што е примарен институт со кој луѓето комуницираат преку својата култура и обичаи што им овозможува да живеат во пошироки општества, а чии вредности се пренесуваат на идните генерации затоа што

перспективната граѓанска средина зависи од навиките, обичаите и етиката на луѓето.

Како што тоа Шкотот Адам Смит го разбрал: „Економскиот живот е длабоко вгнезден во општествениот и не може да се одвои од моралот и навиките на средината во која се случува.“

Затоа луѓето на позиција во општествата треба во јавноста и кај индивидуалците да ја поттикнуваат доблеста, верата, образованието, граѓанската свеста и чувството да се биде добра локална средина, добра држава, добра нација.

Со други зборови, успехот на едно друштво е определен од неговата култура.

Организираноста на една средина е приказ на нејзината култура која реперкуира економски развој. Културата е важна како вредност што го определува

човековиот напредок. Дефинитивно културните квалитети се ставовите, верувањата и прикриените претпоставки (мучките) што преовладуваат меѓу луѓето во една средина.

А што значи тоа за една средина на која и се распаѓа културата? Поточно кога моралот почнува да паѓа, кога вербата во нешто почнува да пропаѓа во сите сфери на делувањето и станува лесно ранлива подлога осетлива на напади однадвор.

Тоа се најлошите квалитети на средината, кога почнува да ја напушта сопствената, веќе докажана култура со што се изневерува веќе докажаниот статус на култура.

Сега е популарно да се споредува падот на големите светски нации, да речеме делото на Едвард Гипсон „Залезот и падот на Римската империја“.

И досега се покажува вистинитото, но падот на „Млаз“ е сегашност.

Нема потреба да се измислува топла вода. Сакам да речам дека со анализа на минатото може да се предвиди иднината.

Еден американски сенатор, Патрик Мојнихен, има речено: „ Културате е таа, а не политиката, што влијае врз успехот на средината.“

Под претпоставка ова да е точно: Што би значело тоа за Општината? Во која насока се движи?

Овие се прашања што треба да бидат ресолвирани зошто секогаш наоѓаме изговор дека на тие прашања треба некој друг да одговори.

Во контекст на оваа реченица се и прашањата што Илија Тумбов, уредникот на „Поглед“, ги поставува во неговата колумна „Поглед од мојот агол“ во „Поглед“ број 63 за јуни 2014 година.

Дали културата и културните квалитети засенуваат се?

Пишува:

СтефанПоцев

Page 5: Pogled Br.65 Avgust

5ПОГЛЕД , Август 2014

Концерт во атмосфера на Котон клуб

Тематска изложба на Ивана Паункова

Од „Богданско културно лето 2014“

Во четвртокот, на последниот јулски ден, вечерта, беше најавен концерт на Летечките Пекинезери. Концертот требаше да се одржи во Градскиот парк со почеток во 21 часот. Но тоа беше планот на

организаторите. Дождот имаше друга агенда. Уште попладнето се закани дека нема да дозволи настап на отворено. Непосредно пред почетокот и струјата се наметна како фактор. Ненадејно не остави во

мракот. И што се можеше. Сите се префрливме под чардаците кај Вале и Ице во Градската кафеана „Парк“. Се курдисаа маси. Се наредија прамачети и додека да се навикнеме на нивната светлина стасаа и салатите сосе домашната. Се зафати

и песна. И падна незгодно на струјата, па се врати. И тогаш работите фатија друг тек.„Пекинезерите“ ги фатија инструментите и почнаа да растураат џез. Њу Орлеанс во Богданци се стори работата. Штета што концертот

не можеа да го следат сите што ја сакаат таа музика. Воздухот замириса на Луизијана. Навистина штета што акордите заминаа во ноќта недоуживани. Штета и за тие што очекуваа од саксафонот да запиштат чочеци.

Од „Богданско културно лето 2014“

Од „Богданско културно лето 2014“

Од „Богданско културно лето2014“

Ноќ без интерпункцијаЖурки, соариња, фешти,

дешавки... како ли уште се нарекуваат средбите кога нештата треба да бидат нешта, како такви и се планираат, како такви и почнуваат за да станат дел од спомените на тие што учествувале во нив.

Токму така. Како таква организаторите ја беа замислиле акустичната дружба со пријателите закажана како саботена настан што на 7 август, со почеток од 21 часот ќе се одржи во Градскиот парк. И се одржа.

Се беше тука: столчиња наредени во кругот оцртан од светлината на рефлекторите и замислен како место на случувањето, и инструмент на секое од столчињата, и мајстори кои умеат со инструментите, и сопственици на

убави вокали, и мераци, со душа и од срце, да се отсвири и отпее секој акорд што ќе го најави било кој од тие што беа седнати во кругот ... Ништо не недостасуваше.

Само публика. Интересно а како луѓето не можат да осетат што е што.

Таквите содржини секогаш се отворени. Овој круг-особено. Беше отворен за сите што сакаа низ песна да си кажат што имаат за кажување. Светски, културно, хипички... Тоа беше настанот. Ништо друго да се немаше случено летово ова ќе беше доста.

Излезе дека, од немајкаде, и кафе-бар со карактеристични пригушени светла може да биде соодветен простор за изложување на уметнички фотографии.

Ивана Паункова, во рамките на „Богданско културно лето 2014“, го искористила единствениот слободен ѕид да „Емпорио“ за да ги изложи своите слики на увид на заинтересираните.

Низа од десетина црно-бели фотографии, како сеуште да се сушат во фото-лабораторија, со штипки обесени на оптегнатиот рибарски конец го привлече вниманието на сите што на 1 август, во 21 часот, беа дошле да видат што ќе биде изложено за видување.

Имаше што да видат. Младата и надежна фотографка го искористила својот летен средношколски одмор за да направи тематски сет фотографии од кои строго и сугестивно, кон

тие што ги гледаа, беше упатен прекорот од црно-белиот свет на сиромаштијата.

Кои и да и биле намерите на Ивана тоа што беше го изложила

упатуваше на помислата дека била сериозна во нивната реализацијаВо програмата пишуваше дека Mozaik kollektiv ќе бидат дел од Изложбата. И беа. Имаа обврска музички да ја илустрираат Исложбата чиј промотор беше Атанас Аврамов.

Браќата: ВторпатСабота, 9 август, 21 часот,

Градски парк: Акустичен концерт SAB BROTHERS придружувани од Ѓокица и Гишо, пишуваше во најавата на Програмата за овогодишнаво „Богданско културно лето“. Минатата година Браќата Сапламаеви одржаа

прекрасен концерт во рамките на истата манифестација. И годинава тие ја избрале истата локација за да одржат концерт. И не згрешиле. Онаа плоштатче во Градскиот парк душа дало за таков вид камерни содржини. Ако уште еднаш, само

уште еднаш Браќата одржат концерт на истата локација, и концертот, на задоволство на публиката, го направат со истата енергија како што ги направија претходните два ќе нема никаква причина тој дел од Паркот да не биде наречен Brothers

place.Годинешниов концерт на Бранко и Влатко Сапламаеви беше концептиран како авторски. Браќата откако објаснија дека немале време многу да се подготвуваат за концертот затоа што не можеле да си го усогласат слободното време рекоа дека ќе исполнуваат сопствени композиции што им дошле како инспирација

во последниов период и што ќе им доаѓаат како инспирација за време на концертот. Можеби и да беше така, ама не звучеше така. Концертот зрел и доста професионално направен. Публиката уживаше. Најверојатно и Браќата уживаа. Зошто инаку би свиреле со таков ентузијазам.

Page 6: Pogled Br.65 Avgust

6 ПОГЛЕД , Август 2014

Мислења

Црни точки

Од „Богданско културно лето 2014“

Од „Богданско културно лето 2014“

Од „Богданско културно лето2014“

Од „Богданско културно лето2014“

Свадбата на МараБогданчани драмскиот текст

на Бертолт Брехт насловен како „Малограѓанска свадба“ го имаат гледано под оригиналниот наслов во драмска претстава работена под режија на Кире Ѓоргиев како проект на Гимназијата.

Во рамките на „Богданско културно лето 2014“, на 15 август, во Градскиот парк, имаа можност истиот текст да го гледаат насловен како „Свадбата на Мара“. Текстот на Брехт пред богданската публика го

од богданската „Малограѓанска свадба“, пренесени кај други ликови. Музичките делници во „Свадбата на Мара“ одеа накај латино ритмите. Во секој случај беше интересно. Како и обично посетеноста беше слаба. Може да се рече - никаква.

изнесоа актерите од Младиот театар на Струмица во кој се обединети учениците од средните училишта во Струмица. Режијата и на оваа драмска претстава ја има потпишано режисерот Кире Ѓоргиев.

Интересноста беше во

можноста да се направи споредба во постановката на ист текст, во две претстави со различни автори од страна на ист режисер. Имаше разлика. Струмичката претстава имаше еден лик помалку. Некои карактеристики од улогите во „Свадбата на Мара“ беа, за разлика

Музичка разгледница

Слаткиот танц

D-ZOO настапија на Малата сцена

Прво Валери со дел од „Оаза“, па Кико со вокал и гитара и Стефан на клавијатури, па Ристо Димитровски, вокал со помош на пријател на клавијатури, па „Ќејф“ со Мери и Јанко како вокалисти се претставија пред малкубројната публика во Амфитеатарот во Паљурци во четвртокот на 28 август. Учесниците

на Младинскиот камп што се беше организиран во Паљурци поведоа и оро.Пријатно беше тишината на ноќта, под ѕвезденото небо на Паљурци да биде проткаена со нотите на македонските евергрини испеани со сиот мерак од изведувачите затоа што и публиката, толку колку што ја

имаше, беше расположена да пее со нив. Добра му била идејата на организаторот кога одлучил во Амфитеатарот да ги собере, прво искусните изведувачи, а потоа и дебитантот Кико и на вљубениците во добрата музика да им понуди музичка разгледница од која сите се насладуваа.

И порано имаше прикази на модерен балет што во Богданци, по разни поводи, ги изведуваа младите на училишна возраст. Дури секое одделение и паралелка си имаа своја кореографија кој изобилуваше

со инвентивност и оригиналност. Сето тоа беше ново, интересно и приемчиво. Од тие пионерски обиди што ги правеше Марјан во Домот на културата се родија кореографиите за „Калинка“ што беше и новина што

сите ја прифатија.Со појавата на Балетското

студио „SWEET DANCE“ на Тина и децата работите како до добија една поинаква димензија. Со сериозноста во пристапот, со професионалноста во концептирањето на нештата, со

настапот на „SWEET DANCE“. И не згрешија со одлуката. Милина беше да се гледа радоста на разиграните деца кои во експлозијата на бои и музика ги изведуваа своите кореографии. Убаво и пријатно беше таа вечер да се биде во Паркот.

ентузијазмот во посветеноста, со сите тие елементи модерниот балетски израз дојде, не како новина, но како освежување –секако. Вечерта, во средата на 20 август Градскиот Парк беше средиштето кон кое се упатија доста луѓе за да го проследат

Мала сцена може да се нарече онаа просторче до ѕидот што го дели Горниот парк од дворот на Црквата. Тесно е, но веќе неколкупати се има искористено за настапувачки настани. Рок групата D-ZOO токму

таму, во четвртокот на 21 август, го одржа својот богдансколетен концерт. Со репертоар базиран на рок, по малку баладичен, бендот концертот го исполни содржини кои беа препознаени од присутните и наградувани со напоредно пеење

за време на изведбата и аплауз на крајот. Групите присутни вљубеници во таквиот тип музика, расфрлени по ѕидчињата на Паркот, не пропуштија прилика да си направат игранка.

Се креваа рацете, се виткаа телата во ритамот на музиката, се

проследуваа гитарските рифови, се пееја рефрените и по неколку децении присутни на музичките сцени. Со еден збор се направи атмосфера каква што само рокот може да создаде. За тоа по малку имаше заслуги и пивото што се имаше при рака.

Се на се беше добро. Само уште да можеше на тие што неа беа таму да им се дошепне дека со неприсуствувањето загубија можност да си ги разнежнат душите.

Page 7: Pogled Br.65 Avgust

7ПОГЛЕД , Август 2014

Мислења „Поглед“ понекогаш нема да се согласува со содржините на некои текстови во оваа рубрика, но секогаш, доколку не излегуваат од рамките на нормалното однесување, ќе ги објавува.

„Мегдан“ пред најмногубројна публикаВо аналите од досегашните

„Богдански културни лета“ ќе остане забележано дека концертот на Фолклорниот ансамбл за традиционални песни и игри „Мегдан“ кој на 29 август се одржа во Паркот и со кој практично беше затворен настапувачкиот дел од манифестацијата „Богданско културно лето 2014“ беше настап на кој се собрала најмногу публика.

По обичај „Мегдан“ ја поставува сцената да гледа кон источната внатрешност на паркот со што,

можеби, на гледачите им се дава можност да си зафатат место од сите четири страни на сцената.

Ансамблот настапи со сите категории играорци кои стандардно добро изведуваа кореографии од нивниот репертоар за што беа наградувани со долготрајни аплаузи.

Годинава на концертот на „Мегдан“ гостин му беше „Весела тајфа“, пејачката група на Здружението на пензионери од Општина Богданци.

Од „Богданско културно лето 2014“

Зошто Градоначалникот на Општина Богданци донесе Решение за поништување на Вториот Јавен повик за прибирање на предлог проекти од јавен интерес?

Слаткиот танц

D-ZOO настапија на Малата сцена

Зошто Градоначалникот на Општина Богданци донесе Решение за поништување на Вториот Јавен повик за прибирање на предлог проекти од јавен интерес ?

До крајниот рок за поднесување на предлог проекти беа доставени проекти од две НВО-ии, Зрак- Здружение на екологисти и ХКДУ Иљо Клчев-Дељо од Богданци.

ЗЕ Зрак го достави предлог проектот Детерминирање и заштита на стари стебла од Platanus orientalis на локалитет Петкова воденица.

Повеќе од десет години ЗЕ ЗРАК ја промовираше идејата за заштита на раритетната шумска заедница Juglando Platinetum orientalis на локалитет чести јавори. Подоцна при изработка на Стратегија за рурален развој на Општина Богданци за наша среќа имавме инволвирано член од нашето здружение, па идејата можеби и доби на сериозност, доколку во меѓувреме Општина Богданци одлучи сериозно да преземе нешто во таа насока. Сепак ние локално гледаме дека таму ништо не се случува освен што одвреме навреме исчезнува по некое дрво.Некаде во 2009-та година кога градоначалник беше Ристо Ичков, бевме повикани како здружение да помогнеме околу сечата на јаворите?? во Болован. Помогнавме колку што ни беа можностите со писма до надлежните институции.

Во 2011-та година во соработка со СОУ Богданци изработивме проект Најстаро дрво во Општина Богданци до здружението Засади дрво, засади ја својата иднина.

Користејќи го мотивот за заштита на стари столетни дрвја конкуриравме и на овој конкурс до Општина Богданци за да добиеме одговор дека е поништен Вториот Јавен повик со образложение дека апликацијата не ги исполнувала оперативните насоки на конкурсот.

На дополнителните консултации со Помладиот соработник во одделението за локален економски развој Марјан Пеев ни даде објаснување дека главната причина поради

опинци за КУД Бранд Петрушев или за заштита на столетни чинари кои можат да претставуваат туристичка и научна алтернатива, препознатлив симбол за Општина Богданци.

Но, требаше ли да се поништи Јавен повик за подоцна општинските пари бидат насочени во насока по сопствен избор.

ЗЕ Зрак Богданци 26.08.2014, Богданци

која не е финансиран проектот е дека заштитата на шумската заедница била под надлежност на Министерството за заштита на животна средина. Во меѓувреме здружението испрати допис до одделението за разјаснување на проблематиката. Како екологисти кои имплементирале проект од Европската Комисија, се прашуваме дали е подобро да се насочуваат општинските пари за набавка на

Page 8: Pogled Br.65 Avgust

8 ПОГЛЕД , Август 2014

Парола на месецот

Трајни не се непроменливите нешта, туку нештата што ги

поднесуваат промените.

Мухарем Первиќ

Момчето што ветува

„Поглед“ на море

„Некои луѓе уживаат во читањето книги, некои уживаат во музиката, некои во добриот танц. Митко се чувствува исполнет кога сите моменти со кои се соочува ќе ги овековечи со својот фотоапарат-ќе каже Богомил Марков, на отворањето на Изложбата на фотографии изработени од Митко Шимов.

Митко Шимов има 13 години и од септември ќе заоди во осмо одделение. Со фотографија се бави скоро две години. Има завршено курс за фотографија и со фотографирање се бави во слободното време. Планира и во натамошниот живот фотографијата да му биде хоби.

Ден по Илинден Митко ја имаше својата прва самостојна изложба на фотографии. Тие што беа на изложбата, а не го познаваа Митко од порано, останаа со подзинати усти од неверување кога, по разгледаните фотографии, го видоа момченцето – автор на фотографиите.

Имаше и зошто да бидат изненадени. Многу интуиција треба за да со долови моментот во кој само полукружната силуета на птицата во лет ја разбива монотонијата

на глетката на водата со безброј хоризонтални линии во играта на сенките од зајдисончевото бранување. Или да се „фати“ мигот од повеќе концентрични кругови собрани во 4, можеби 5, групи меѓусебно поврзани во синџир, а сето тоа предизвикано од птицата занесена во ритуалот на летнување. Цела приказна може да се раскаже за исчекувањето на човекот-силуета во тишината на денот во зазор или денот во заод, сеедно, кој така смирено седи над премостената вода во обид да „извлече“ нешто од нејзината длабочина. Да се „улови“ рибата во лет заедно со нејзината сенка притисната од светлината врз воденото огледало е умешност која се стекнува со искуство, а Митко е сеуште детенце. Штркот спастрен во седелото и сместен на аголот од квадратниот бескрај на небесното синило кое, нели, е природна средина на птиците летачки не може да се „раскаже“ со зборови, ама низ објективот може. За опис на напластеноста на магловитите планински височини

врз приземноста на копното со населба како симбол на човековото присуство и сето тоа послано врз воденото пространство над кое се извишило дрво врз кое почиваат птиците кои живеат и на небо и на земја и покрај вода треба, прво око, за да се регистрира појавата, а потоа инстинкт за да се препознае моментот. Божја пројава може да се нарече фотографијата со светлината што извира од темнината.„Нека биде светлина, рече Бог.“ Можеби на Ное, Аврам, Јаков, Мојсеј и другите старозаветни патријарси се соочиле токму такви прикази во кои го спознале божјото провидение. И би светлост, и би фотографија и би изложба... Нека биде надеж дека Митко ќе издржи на патот по кој се упатил и ќе се развие во голем мајстор на фотографијата макар со неа се бавил само како хоби. Со изложените фотографии тој покажа дека во него има материјал да го оствари тоа. Покажа дека е момче што ветува.

Дијамантските месечини на Перо ШимовНа секои околу 400 месечеви

година на Земјата и се случуваат дијамантски месечини. Дијамантска месечина се нарекува вселенската појава кога Месечината, на своето патешествие околу Земјата и заедно со неа околу Сонцето, доаѓа во таква положба што сончевите зраци се одбиваат од нејзината површина и се рефлектираат кон темната страна на Земјата отсликувајќи го на небото целиот месечев диск кој со сиот свој сјај ја облева ноќната страна на Земјата со интересна светлина која на луѓето им наликува на дијамантски отсјај, па појавата ја нарекле –дијамантска месечина. Величественоста на глетката доаѓа и заради тоа што во тие моменти Месечината е најблиску до Земјата заради што го рефлектира и најголемиот свој диск.Астрономите неодамна темелно го објаснуваа случувањето.

Перо Шимов, отсекогаш вљубеник во фотографијата и фотографирањето, уште во раните осумдесети години на минатиот век беше ја фотографирал Месечината и беше ја „намонтирал“ над Богданци. Црно-белата фотографија е од тоа време.Кога појавата се повтори летово Перо повторно ја регистрира и ја „намонтира“ над Езерото. Фотографија во боја е резултат на таа негова активност.

Фотографија од Митко Шимов

Лето 2014

Пред три децении

МиткоШимов

тел. 034/ 222-766

Агенција за обезбедување на лица и имот

Богданци

тел. 034. 222.110; 222.220e-mail: [email protected]

БАЏО[email protected]

изработка на апликативен софтвер

продажба на компјутери

тел.факс 034/ 214.903 213.903

www.interaplus.com.mk