Pogled Br.57 Dekemvri

16
PRINTMAKING WORKSHOP “SOFIJA” ГРАФИЧКА РАБОТИЛНИЦА “ СОФИЈА” Број 57 Декември 2013 Поглед од мојот агол Пишува: Илија Тумбов стр.7 стр.15 стр.4 Роденденот на Светот „Бранд Петрушев“ на Републичките фолклорни смотри стр. 4 Ајде да направиме нешто Огнот „проголта“ уште една куќа во Богданци Во првата половина година од мандатот „Фолклорот е нашата инспирација, испирација која ви ја даруваме вам како наш незаменлив декор во секојдневието. Од фолклорот започнува нашиот идентитет, со него се препознаваме како нација. Нашите народни ора, носии, нашиот препознатлив глас е патоказ на нашата иднина-така да се величиме, така да се себепрепознаваме, така да убавееме. Во историјата на нашето постоење ќе речеме дека сме повеќе од успешни, затоа што секој град, секое населено место ги негува на свој начин обичајот и традицијата, секој на свој начин е репрезент на своето денување пренесено од дедовците, од прадедовците. - се рече во најавата на Републичките фолкорни смотри што во организација на Ансамблот за традиционална музика и игра „Бојмија“ од Гевгелија на 6 декември се одржа во салата на Народниот театар во Гевгелија. Републичките фолклорни смотри се одржаа под покровителство на Општина Гевгелија и Сојузот на фолклорните ансамбли на Македонија. Пред преполната сала (се имаше впечаток дека половината присутни во гледалиштето, особено на балконот, се од Богданци) се претставија домаќинот Ансамблот „Бојмија“ од Гевгелија, КУД „Китка“ од Драчево, КУД„Бранд Петрушев“ од Богданци,, КУД „Илинден“ од Демир Хисар, КУД„Мирче Ацев“ од Скопје, КУД „Бучим“ од Радовиш, КУД„Ѓердан“ од Охрид и Фолклорното студио „Етнос“ од Скопје. Сојузот на фолклорните ансамбли на Македонија ги здружува фолклорните ансамбли за, во сојузењето, да се разменуваат искуства, знаења и умеење во функција на промоција на културните вредности на регионите и на Македонија во целина. Републичките фолклорни смотри имаат ревијален карактер. Учеството на Смотрите учесниците го обезбедија преку учество на регионални натпревари. Победниците по регионите се здобија со право да учествуваат на Смотрите. КУД„Бранд Петрушев“ за учество на Републичките фолклорни смотри, заедно со КУД „Бучим“ од Радовиш, се избори на Регионалното натпреварување што за Југоисточниот регион се одржа во Радовиш. -Вечерва ќе имате чест да ги проследите настапите на, условно кажано, најдобрите аматерски фолклорни ансамбли од Македонија, рече во своето поздравно обраќање Боро Рутевски, претседателот на Сојузот на фолклорните ансамбли на Македонија, непропуштајќи шанса да каже дека секоја кореаографија, секој чекор, секое движење е авторски креативен труд зад кој стои името и презимето на творецот и потсети дека во некоја друга пригода и тоа ќе биде објавено во јавноста. Секој учесник имаше на располагање по десетина минути за својот настап. Музиката за изведбите се свиреше во живо. Најпрво со кореографијата „Седенка“ се претстави домаќинот „Бојмија“, но не беше сосема јасно дали и тие се одбрани да учествуваат или го користат своето домаќинско право за настап. Потоа настапи „Китка“ од Драчево со „ Преспански игри“. „Бранд Петрушев“, како трет, одигра „Игри од Источна Македонија“. Кореографијата „Средсело“ ја изведе „Илинден“ од Демир Хисар. „Мирче Ацев“ се претстави со „Беломорски Бисер“. „Жетварка“ беше на репертоарот на „Бучим“ „Ѓердан“ ги играше „Охридските игри“. „Етнос“ и се наврати на популарната и доста играна „Драчевка“. Сите ансамбли беа солидни во своте настапи. Можеби само „Бучим“ беше малку понеубедлив.Впечатливо беше и облекувањето на актерите. Носиите сугерираа богатство, но пред очите на главните од СОФАМ да се изнесуваат носии со апликации кои немаат основа во македонското ракотворство е недопуштиво. А имаше на сцената секакви шаренила. Ако во најавата беше речено дека фолклорот е нашиот идентитет треба да се поведе сметка и за идентификацијата. Сигурно е дека Билјана не перела со црвено лакирани нокти, а видовме и такви елементи. Или онаа симпатично девојче што држеше контрапункт на тапан и, во истиот рита, си џвакаше мастика „Бранд Петрушев“ многу убедливо го оправда своето учество на Смотрите. И настрогото око, и да бараше, нема да можеше да најде пропуст. Можеби еден или два поединечно задоцнети чекори. Но спонтаноста во разиграноста и игривоста на, сепак, тесната и плитка сцена, со која се претставија укажуваше на увежбаноста и сплотеноста на сите актери. А онаа китка од тапани и тапанџии, така присутна во ликовните илустрациите на македонското играорство, што беше изнесена на самиот почеток на „Игрите“ беше моментот што просугерира сигурност во супериорноста . Тоа беше изненадување за сите. Дури и за членовите на „Бранд Петрушев“ во гледалиштето. „Никој не знаеше дека Џоко ќе се качи на тапанот“, проструи како коментар на чинот. Се мислеше на Горги Јованов, кореографот на Друштвото кој со години покажува висока професионалност пренесувајќи им го своето богато искуство на следбениците барајќи од нив, во љубовта и посветеноста кон фолкорот, да се внесат така како што тој се внесува себе. По настапот на сите учесници им беа поделени Плакети за учество. Наједноставната дефиниција за политичка партија е дека тоа е група граѓани со одредена политичка определба врз основа на која се формира став по сите прашања од општественото живеење поради што, таа група граѓани, се здружуваат во политичка партија за, со политичко дејствување, да дојдат во ситуација, можејќи да одлучуваат, да ги реализираат своите сфаќања за работите што го регулираат општестевното живеење. Арно, ама, кај нас „групата граѓани“ ниту имаат дефинирано политичка определба ниту, пак, врз основа на некаква определба, формираат став по прашања од општественото живеење. Кај нас, се мисли на локалното милје, се се работи од –ѓутуре. Значајните политички субјекти во Република Македонија имаат свои експозитури во Општина Богданци. Сериозно се дејствува на тоа ниво, но само во делот кога „ќе дојде нешто од горе.“ Нема ли „нешто од горе“, од долу нема ништо.Недостасуваат ставови по локални прашања. Недостасуваат автентични толкувања за појави што ги засегаат граѓаните во овој наш микро-космос. Нема иницијативи, нема идеи, нема активност. При тоа не се мисли само на експонираните локални политички активисти. Се мисли на сите во Општина Богданци што имаат разбирања за одредени работи, не се партиски „обоени“, сакаат да се чуе нивниот став, ама немаат како да го направат тоа.Тоа е супстратот врз кои ги носат општествата. Откако се виде дека локалните политички партиски групировки имаат само една единствена цел: во општинската администрација, во општинските училишта, во локалните установи и во локалните јавни претпријатија да внесат што повеќе свои истакнати лепачи на плакати и разнесувачи на флаери, од директори до чистачи, се виде дека на Богданци врвка му е работата. Не го бива, ако вака се продолжи уште долго нема да го бива и, ако не се најде колај, дефинитивно нема да го биде. Затоа „Поглед“ ја изнесува следната иницијатива:Да се направи акција преку која сите што имаат да понудат нешто како идеја, решение, предлог, како било што, а тоа „било што“ да е од важност за Богданци, нека го вкалапат во целина отпечатена на домашен печатар и, со име и презиме, нека го достават до „Поглед“. Адресата ја имаат на насловната страница и во импресумот на весникот. „Поглед“ ќе најде начин да ги издаде и да ги промовира пристигнатите трудови. Пишува:Анастасија Олумчева, Градоначалничка на Општина Богданци Авторски текст Преглед на работата на Советот на Општина Богданци Авторски текст Пишува: Блаже Шапов, Претседател на Советот наОпштина Богданци тел.факс 034/ 214.903 213.903 www.interaplus.com.mk БОДИГ КОМПАНИ изработка на алуминиски конструкции тел.факс 034/ 221.709 изработка на апликативен софтвер продажба на компјутери тел.факс 034/ 222-162 www.turan.com.mk • Нудиме организирање на ресторански свечености • Работиме со Фондот за здравствено осигурување • Примаме пациенти со болнички и специјалистички упат • Кетеринг услуги ЗУПЛ АД с. Негорци, Гевгелија тел. 034/231-176 www.negorskibanji.com.mk НЕГОРСКИ БАЊИ

description

Nezavisen vesnik na Bogdanci

Transcript of Pogled Br.57 Dekemvri

Page 1: Pogled Br.57 Dekemvri

стр. 5.

БРОЈ 43, Октомври 2012

PRINTMAKING WORKSHOP “SOFIJA” ГРАФИЧКА РАБОТИЛНИЦА “ СОФИЈА”

Број 57 Декември 2013

Поглед од мојот агол

Пишува:

Илија Тумбов стр.7

стр.15стр.4

Роденденот

на Светот

„Бранд Петрушев“ на Републичките фолклорни смотри

стр. 4

Ајде да направиме

нешто

Огнот „проголта“ уште една куќа во БогданциВо првата половина година од

мандатот

„Фолклорот е нашата инспирација, испирација која ви ја даруваме вам како наш незаменлив декор во секојдневието. Од фолклорот започнува нашиот идентитет, со него се препознаваме како нација. Нашите народни ора, носии, нашиот препознатлив глас е патоказ на нашата иднина-така да се величиме, така да се себепрепознаваме, така да убавееме. Во историјата на нашето постоење ќе речеме дека сме повеќе од успешни, затоа што секој град, секое населено место ги негува на свој начин обичајот и традицијата, секој на свој начин е репрезент на своето денување пренесено од дедовците, од прадедовците. - се рече во најавата на Републичките фолкорни смотри што во организација на Ансамблот за традиционална музика и игра „Бојмија“ од Гевгелија на 6 декември се одржа во салата на Народниот театар во Гевгелија. Републичките фолклорни смотри се одржаа под покровителство на Општина Гевгелија и Сојузот на фолклорните ансамбли на Македонија.

Пред преполната сала (се имаше впечаток дека половината присутни во гледалиштето, особено на балконот, се од Богданци) се претставија домаќинот Ансамблот „Бојмија“ од Гевгелија, КУД „Китка“ од Драчево, КУД„Бранд Петрушев“ од Богданци,, КУД „Илинден“ од Демир Хисар, КУД„Мирче Ацев“ од Скопје, КУД „Бучим“ од Радовиш, КУД„Ѓердан“ од Охрид и Фолклорното студио „Етнос“ од Скопје.

Сојузот на фолклорните ансамбли на Македонија ги здружува фолклорните ансамбли за, во сојузењето, да се разменуваат искуства, знаења и умеење во функција на промоција на културните вредности на регионите и на Македонија во целина.

Републичките фолклорни смотри имаат ревијален карактер.

Учеството на Смотрите учесниците го обезбедија преку учество на регионални натпревари. Победниците по регионите се здобија со право да учествуваат на Смотрите. КУД„Бранд Петрушев“ за учество на Републичките фолклорни смотри, заедно со КУД „Бучим“ од Радовиш, се избори на Регионалното натпреварување што за Југоисточниот регион се одржа во Радовиш.

-Вечерва ќе имате чест да ги проследите настапите на, условно кажано, најдобрите аматерски фолклорни ансамбли од Македонија, рече во своето поздравно обраќање Боро Рутевски, претседателот на Сојузот на фолклорните ансамбли на Македонија, непропуштајќи шанса да

каже дека секоја кореаографија, секој чекор, секое движење е авторски креативен труд зад кој стои името и презимето на творецот и потсети дека во некоја друга пригода и тоа ќе биде објавено во јавноста.

Секој учесник имаше на располагање по десетина минути за својот настап.

Музиката за изведбите се свиреше во живо.

Најпрво со кореографијата „Седенка“ се претстави домаќинот „Бојмија“, но не беше сосема јасно дали и тие се одбрани да учествуваат или го користат своето домаќинско право за настап. Потоа настапи „Китка“ од Драчево со „ Преспански игри“. „Бранд Петрушев“, како трет, одигра „Игри од Источна Македонија“. Кореографијата „Средсело“ ја изведе „Илинден“ од Демир Хисар. „Мирче Ацев“ се претстави со „Беломорски Бисер“. „Жетварка“ беше на репертоарот на „Бучим“ „Ѓердан“ ги играше „Охридските игри“. „Етнос“ и се наврати на популарната и доста играна „Драчевка“.

Сите ансамбли беа солидни во своте настапи. Можеби само „Бучим“ беше малку понеубедлив.Впечатливо беше и облекувањето на актерите.Носиите сугерираа богатство, но пред очите на главните од СОФАМ да се изнесуваат носии со апликации кои немаат основа во македонското ракотворство е недопуштиво. А имаше на сцената секакви шаренила. Ако во најавата беше речено дека фолклорот е нашиот идентитет треба да се поведе сметка и за идентификацијата.

Сигурно е дека Билјана не перела со црвено лакирани нокти, а видовме и такви елементи. Или онаа симпатично девојче што држеше контрапункт на тапан и, во истиот рита, си џвакаше мастика

„Бранд Петрушев“ многу убедливо го оправда своето учество на Смотрите. И настрогото око, и да бараше, нема да можеше да најде пропуст. Можеби еден или два поединечно задоцнети чекори. Но спонтаноста во разиграноста и игривоста на, сепак, тесната и плитка сцена, со која се претставија укажуваше на увежбаноста и сплотеноста на сите актери. А онаа китка од тапани и тапанџии, така присутна во ликовните илустрациите на македонското

играорство, што беше изнесена на самиот почеток на „Игрите“ беше моментот што просугерира сигурност во супериорноста . Тоа беше изненадување за сите. Дури и за членовите на „Бранд Петрушев“ во гледалиштето. „Никој не знаеше дека Џоко ќе се качи на тапанот“, проструи како коментар на чинот. Се мислеше на Горги Јованов, кореографот на Друштвото кој со години покажува висока професионалност пренесувајќи им го своето богато искуство на следбениците барајќи од нив, во љубовта и посветеноста кон фолкорот, да се внесат така како што тој се внесува себе.

По настапот на сите учесници им беа поделени Плакети за учество.

Наједноставната дефиниција за политичка партија е дека тоа е група граѓани со одредена политичка определба врз основа на која се формира став по сите прашања од општественото живеење поради што, таа група граѓани, се здружуваат во политичка партија за, со политичко дејствување, да дојдат во ситуација, можејќи да одлучуваат, да ги реализираат своите сфаќања за работите што го регулираат општестевното живеење.

Арно, ама, кај нас „групата граѓани“ ниту имаат дефинирано политичка определба ниту, пак, врз основа на некаква определба, формираат став по прашања од општественото живеење.

Кај нас, се мисли на локалното милје, се се работи од –ѓутуре.

Значајните политички субјекти во Република Македонија имаат свои експозитури во Општина Богданци. Сериозно се дејствува на тоа ниво, но само во делот кога „ќе дојде нешто од горе.“ Нема ли „нешто од горе“, од долу нема ништо.Недостасуваат ставови по локални прашања. Недостасуваат автентични толкувања за појави што ги засегаат граѓаните во овој наш микро-космос. Нема иницијативи, нема идеи, нема активност.

При тоа не се мисли само на експонираните локални политички активисти. Се мисли на сите во Општина Богданци што имаат разбирања за одредени работи, не се партиски „обоени“, сакаат да се чуе нивниот став, ама немаат како да го направат тоа.Тоа е супстратот врз кои ги носат општествата.

Откако се виде дека локалните политички партиски групировки имаат само една единствена цел: во општинската администрација, во општинските училишта, во локалните установи и во локалните јавни претпријатија да внесат што повеќе свои истакнати лепачи на плакати и разнесувачи на флаери, од директори до чистачи, се виде дека на Богданци врвка му е работата. Не го бива, ако вака се продолжи уште долго нема да го бива и, ако не се најде колај, дефинитивно нема да го биде.

Затоа „Поглед“ ја изнесува следната иницијатива:Да се направи акција преку која сите што имаат да понудат нешто како идеја, решение, предлог, како било што, а тоа „било што“ да е од важност за Богданци, нека го вкалапат во целина отпечатена на домашен печатар и, со име и презиме, нека го достават до „Поглед“. Адресата ја имаат на насловната страница и во импресумот на весникот.

„Поглед“ ќе најде начин да ги издаде и да ги промовира пристигнатите трудови.

Пишува:Анастасија Олумчева, Градоначалничка

на Општина Богданци

Авторски текст

Преглед на работата на Советот на Општина Богданци

Авторски текст

Пишува:Блаже Шапов,

Претседател на Советот наОпштина Богданци

тел.факс 034/ 214.903 213.903

www.interaplus.com.mk

БОДИГКОМПАНИ

изработка наалуминискиконструкции

тел.факс 034/ 221.709

изработка на апликативен софтвер

продажба на компјутери тел.факс 034/ 222-162www.turan.com.mk

• Нудиме организирање на ресторански свечености• Работиме со Фондот за здравствено осигурување• Примаме пациенти со болнички и специјалистички упат• Кетеринг услуги

ЗУПЛ

АД с. Негорци, Гевгелија

тел. 034/231-176www.negorskibanji.com.mk

НЕГОРСКИ БАЊИ

Page 2: Pogled Br.57 Dekemvri

2 ПОГЛЕД , Декември 2013

Од единаесетта седница на Советот на Општина Богданци

Известувач: Илија Тумбов

Експресно одржана седница

Со почеток во 16 часот на 13 декември 2013 година Советот на Општина Богданци ја одржа својата Единаесетта седница.

На седницата оправдано не присуствуваа советниците Кристијан Тодоров и Ристо Киров.

Со седницата претседаваше Блаже Шапов, претседател на Советот на Општина Богданци.

За работа на Единаесетта седница на Советот на Општина Богданци едногласно беше усвоен, со материјалите, предложениот дневен ред од две точки.

На советниците, како одговор на процедурална забелешка од минатата седница, во пишувана форма им беше поделено образложение за конфликт на интереси на членовите на Советот на Општина Богданци.

Советничката Катерина Чрчева се заложи, и покрај објаснувањето, од Собранието на Република Македонија да се побара толкување на одредбата „конфликт на интереси“ во локалната самоупрва за да не се случи некоја Одлука да биде прогласена за нелегитимна поради некој конфликт на интереси за кој нема да се има сознание дека постои.

*Точка 1:- Оваа всушност беше повторно ставање на точката за носење Одлука за измена на распоредот на средствата во Буџетот на Општина Богданци за 2013 година на дневен ред која на Десеттата седница не го доби потребното мнозинство гласови.

Образложение по материјалот даде Даринка Минова од општинската администрација која објасни дека буџетските корисници може да вршат пренамени во рамките на одобрениот буџет и дека оваа пренамена се однесува на Н-2 Средно образование за да се дополни недостигот од средства по основа на плати кај ставката 401 и 402 заради реализација на платата на работените за месец ноември 2013 година. Со пренамената недостигот од средства се дополнува од контата 424201-Одржување на згради, 421240-Течни горива и 481230-Реконструкција на деловни објекти бидејќи во овие ставки се јавува вишок на планираните средства кои до крајот на годината нема да можат да се искористат за намената и ќе бидат слободни за да се изврши пренамена.

До недостиг на средства дошло поради техничка грешка во планирањето на Буџетот. Училишниот одбор на средното училиште веќе донел Одлука за пренамена на средствата, а оваа Одлука е давање еден вид согласност од Советот за прераспределба на училишниот Буџет за 2013 година.

На изјаснувањето Советниците со 8 гласа „За“ (Блаже Шапов, како вработен во училиштето не гласаше за да не се создаде конфликт на интереси) одлучија од контото Одржување на згради да се одземе 219.365 денари, од контото течни горива да се одземе 225.000 денари, од контото Придонеси до Агенцијата за вработување да се одземе 72.136 денари, од контото Основен придонес за професионално заболување да се одземе 9.379 денари и од контото Персонален данок на данок од плата да се одземе 284.000 денари или вкупно 840.604 денари и да се прераспределат така што на контото Основни придонеси за здравство да се додададжт 60.496 денари, на контото Основни плати-други вработени да се додадат 773.155 денарии на контото Основни придонеси за ПИО да се додадат 6.953 денари.

* Точка 2:- По образложението од Даринка Минева од општинската администрација дека на повикот за финансирање на техничка документација од Бирото за регионален развој поминал Проектот за подготовка на техничка документација за изградба на пречистителна станица за Стојаково во вредност од 1.400.000 денари во кој и Општината треба да учествува со средства во износ од 26,15% или 366.600 денари, Советот на Општина Богданци едногласно одлучи со 366.600 денари да соучествува во реализација на проектот „Подготовка на техничка документација за изградба на анаеробна пречистителна станица во Стојаково.

Одлуката ќе се користи при апликацијуа за користење на средства за финансирање на Проекти за развој на плански региони за 2014 година каде Центарот за развој на Југоисточниот регион ќе аплицира до Бирото за регионален развој.

Советникот Ристо Енџекчев побара во иднина, кога ќе се носат вакви одлуки, секогаш да бидат опремени со подетален опис на проектот.

Почитувани граѓани центарот за лаги и манипулации на Вмро-Дпмне се надмина себеси и на локално ниво. Во претходниот број на месечникот ПОГЛЕД беа искажани низа лаги и невистини од страна на советничката група на Дпмне. Да, точно е дека советничката група на Сојузот за иднината ја напушти седницата во знак на подршка поради притворањето на претседателот на Советот на општина Центар господинот Мирослав Шиповиќ се ,со цел да се стопира работата на советот во Општина Центар што беше направено во сите Општински Совети во Република Македонија од страна на советниците на коалицијата предводена од СДСМ. Да ве потсетиме дека на третата седница на Советот советникот Кристијан Тодоров во знак на револт поради неизгласаниот ребаланс на буџетот самоволно ја напушти седницата,без и да даде образложение зошто ? Како и напуштањето на 7 мата седница од страна на советничката група на Дпмне од кои не чувме никакво образложение зошто ја напуштаат истата. Чии интереси ги застапуваа тие тогаш, на граѓаните на Општина Богданци или своите лични или партиски интерес.Кога не е по нивна волја или волјата на нивната партија го напуштаат советот.

Прозвани сме дека со неизгласувањето на ребалансот на буџетот сме го блокирале работењето на Општината. Да, не изгласавме ребаланс затоа што сметавме дека и со донесувањето на ребалансот немаше многу да се сменат работите. Инаку да не заборавиме дека Буџетот на општина Богданци беше донесен во декември 2012 од страна на

тогашниот совет под целосна капа на градоначалникот Ристо Ичков. За тогашниот совет во кој имаше и членови од сегашниот (Душко Енџекчев -како претседател и Катерина Чрчева) буџетот беше развоен и го изгласаа за да 4 месеци подоцна увидат дека буџетот бил нереално скроен со низа на нефункционални расходи,нереално предвидени приходи, без во него да се вметне долгот на општината спрема Ад Млаз Богданци, и многу други финансиски дубиози.Со други зборови буџет направен да одговара на барањата Ичков како и на Вмро –Дпмне. Со ребалансот се сакаше да се покријат расходите направени во првите 3 месеци со кој се купуваше гласови на локалните избори (пр Социјални случаеви исплатени 460 000 до март) во кој ние како советници не сакавме да учествуваме.

Како последен случај за нивната “грижа” за граѓаните на Општина Богданци беше неизгласувањето на Предлог-Одлука за измена на распоредот на средствата во Буџетот на општина Богданци за 2013 година (10 седница) во која ја искористија можноста на негласање на претседателот на Советот( поради судир на интереси,вработен во гимназијата) да гласаат против, со цел да им се спротистават на советниците од Сојузот за иднината, а на штета на вработените во СОУ Богданци да не земат плата за последниот месец од годината. Да за три дена подоцна се свика вонредна седница (11) со истата точка на дневниот ред. Најверојатно колегите од Дпмне ја согледаа својата грешка па по точката гласаа позитивно со што

не се дозволи 40 сетина семејства за новогодишните и божиќните празници останат без плата. Можеме да се запрашаме како и кој е виновен за направениот пропуст на не пресметани плати на вработените во СОУ, или пак, општинската аминистртација незнае како да направи пресметка за цела година т.е. дванаесет месеци колку што има една календарска година.

Што се однесува пак, до тоа дали Претседателот на Советот си ги закажува седниците на Советот кога нему му одговара, сакаме да Ве информираме дека сите седници кои се одржани до сега се во координација со Градоначалникот на Општината за тоа кога и каков да е Дневниот ред на истите, а ги припремаат и изготвуваат вработенте во општинската администрација. А, ако, имаат некои нејаснотии колегите од ДПМНЕ нека се обратат за дополнителни информации до Градоначалникот и администрацијата во Општината. Почитувани сограѓани советничката група на Сојузот за иднината ви стои отворено на располагање за сите ваши прашања, сугестии,предлози, проекти.

Изjава од Советничката група на Сојузот за иднината

Советничка група на Сојузот за иднината

Блаже Шапов

Ристо Киров

Риса Бејкова

Суза Мандалова

Борис Ванчев

Никола Стратров

На 11 декември, со почеток во 18 часот, во Салата на Советот на Општина се одржа Десеттата седница на Советот на Општина Богданци.

На седницата, со која претседаваше Блаже Шапов, претседател на Советот на Општина Богданци, присуствуваа сите советници.

На седницата присуствуваше и Анастасија Олумчева, градоначалничка на Општина Богданци.

На предложениот дневен ред доставен со материјалите за седница претседавачот додадеде уште една точка со Предлог - Измена на распоредот на средствата во Буџетот на Општина Богданци наменети за средното образование.

Советниците едногласно го прифатија предложениот дневен ред за работа на Советот на Општина Богданци на Десеттата седница седумнаесет точки..

Советничката Катерина Чрчева, во процедурална забелешка побара на советниците написмено да им се даде толкување во кои случаи има конфликт на интереси за да не се случува од незнаење да се создава конфликт на интереси или од незнаење да се избегнува создавање конфликт на интереси и во случаи кога нема никаков конфликт на интереси на што и беше кажано дека ќе се добиајат толкувања.

Точка 1:- По образложението од Даринка Минева од општинската администрација дека се бара одлука со која на првенеците на генерација

што го завршуваат образованието во општинското средно училиште, почнувајќи од учебната 2012/2013 (оваа ретроактивност е во функција на покривање со одлука на средствата што треба да се исплатат за таа учебна година) ќе им се исплаќа награден стимуланс во висина од 60.000 денари како еден вид стипендија од 5.000 денари месечно во текот на дванаесет месеци што ќе се исплаќа одеднаш.

Предлогот на Одлуката имаше предвидено наградата да биде за девет месеци по 4.000 денари, но Комисијата за финансирање и буџет предложи износот да се пресметува за 12 месеци по 5.000 денари. Предлогот на Комисјата беше прифатен со 8 гласа „За“, 2 гласа „Воздржано“ и 1 глас „Против“.

По гласањето уследија процедурални забелешки дека се влегло во расправа по работи што не се на дневен ред.

На изјаснувањето со 8 гласа „За“ и 3 гласа „Воздржано“ Советот на Општина Богданци одлучи на Првенецот на генерација во СОУ„Богданци“- Богданци, одбран според правилникот и критериумите утврдени во училиштето, почнувајќи од учебната 2012/2013 година, од Буџетот на Општина Богданци еднократно да му се додели дванаесетмесечна стипендија од по 5.000 денари во вкупен износ од 60.000 денари.

*Точка 2:- Нацртот на Програмата за финансирање на културните активности во Општина Богданци во 2014 година ја образложи Даринка Минева од општинската

администрација.Советничката Суза Мандалова

со поддршка на советникот Стојан Воданов побара во Нацрт-Програмата да се предвидат 20.000 денари за манифестацијата „Свети Трифун“ во Стојаково. Предлогот беше прифатен со 9 гласа „За“ и 2 гласа „Воздржан“.

Советникот Борис Ванчев побара во Програмата, покрај веќе превидените по 40.000 денари за плаќање надоместок за користење на сали за вежбање, на играорните друштва „Бранд Петрушев“ и „Мегдан“ да се предвиди да им се доделат уште по 20.000 денари за други трошоци со што друштвата би добиле по 60.000 денари. За предлогот гласаа 7 советници, а 4 беа воздржани.

Советникот Никола Стратров побара за манифестацијата „Пекмезијада“ и манифестацијата „Варење слатко од диви смокви“ да се предвидат по 10.000 денари и за Графичката работилница „Софија“ да се предвидат 40.000 денари. За предлогот се изјаснија 8 советници, а 3 советници беа „Воздржани“.

Советничката Катерина Чрчева побара во точката 5-Други културни активности да се зголеми износот.

Со 10 гласа „За“ и 1 глас „Воздржано“ Советот на Општина Богданци ја усвои Нацрт-Програмата за финансирање на културните активности во Општина Богданци во 2014 година.

*Точка 3:- Даринка Минева од општинската администрација ја образложи Нацрт-Програмата за финансирање на спортските активности во Општина Богданци за 2014 година.

Советникот Никола Стратров го пренесе ставот на Комисијата за финансирање и буџет во Програмата да не се вклучува ФК„Вардарски“ кој нема никакви активности, а од тие средства 60.000 денари да му се дадат на „Младост“ и по 30.000 денари на „Магнум“ и на „Костреш“. За предлогот глчласаа 7 советници, 1 глас беше „Против“ и 3 гласа „Воздржано“.

Советникот Никола Стратров имаше и свој личен предлог средствата предвидени за Ѓавото и Селемли во износи од по 15.000 денари да му се дадат на „Младост“. Предлогот на Стратров се прифати со 6 гласа „За“, 4 гласа „Против“ и 1 глас „Воздрежан“.

На ова Градоначалничката забележа дека во Ѓавото и Селемли има Месни заедници и тие 15.000 денари за спортски активности што биле предвидени со Програмата ќе помогнале за стимулирање на луѓето.

Советничката Суза Мандалова предложи наместо 15.000 денари за Првомајските трки во Стојаково да се предвидат 30.000 денари. За предлогот на Суза Мандалова гласаа 9 советници, а 2 гласаа „Воздржано“.

Советникот Стојан Воданов предложи за Турнирот во мал фудбал во Стојаково наместо 15.000 денари да се предвидат 30.000 денари. Предлогот го поддржаа 5 советници, а 5 гласаа „Воздржано“.

Градоначалничката Анастасија Олумчева ги потсети советниците дека Општината не може да дели средства за се и сешто и редно е организаторите на тие активности да

се најдат спонзори.Советникот Душко Енџекчев

предупреди дека сите имаат предлози на кој колку да му се зголемат предвидените средства, а никој не кажа од каде да се најдат тие средства.

Нацрт -Програмата се прифати со 7 гласа „За“ и гласа „Воздржано“.

*Точка 4:- Даринка Минева од општинската администрација ја образложи Нацрт-Програмата за финансирање на активности од областа на социјалната заштита во Општина Богданци во 2014 година.

Советникот Никола Стратров го изнесе ставот на Комисијата за финансирање и буџет наместо предвидените 300.000 денари во Програмата да се предвидат 600.000 денари, да се подигнат износите средства за категориите корисници и да се формира тричлена комисија која заедно со градоначалничката ќе ги разгледува барањата.

Советникот Душко Енџекчев се согласи да се зголемат средствата, но тоа да се направи со ребаланс доколку се покаже потреба од повеќе средства, а не се согласи да се формира комисија затоа што Советот по утврдена процедура формира определени комисии и бидејќи со работата таа комисија ќе навлезе во надлежностите на градоначалникот. Тој побара средствата што ќе се дават за хируршки интервенции да се зголемат на 10.000 денари.

Од десетата седница на Советот на Општина Богданци

На дневен ред Нацрт-ПрограмиИзвестувач: Илија Тумбов

продолжува на стр.10

Page 3: Pogled Br.57 Dekemvri

3ПОГЛЕД , Декември 2013

Page 4: Pogled Br.57 Dekemvri

4 ПОГЛЕД , Декември 2013

Почитувани граѓани, Иако секојдневно се среќаваме

и разменуваме информации, сакам накратко да ја резимирам мојата работа за годината која изминува, воедно и моја прва година на работното место градоначалник на нашата општина.

Најпрво, ми претставува големо задоволство и богатство што Ве запознав, како луѓе, зашто вие со вашите размислувања, потреби и постапки, учествувате во динамиката и правецот по кој се движи, и начинот на кој се гради и развива нашата општина.

Започнав со подготовка за реализација на тогаш изборната, а сега веќе активно работна програма, и иако заради непредвидени настани, обврски и задолженија, секогаш не е возможно да се следат предвидените рокови, сепак со добра организација и правилно поставени цели и приоритети, возможно е остварување на висок процент од ветените активности.

Припремата на техничка документација за добивање на средства од национални и меѓународни фондови, ни донесе 11.000.000 денари, за асфалтирање на локалниот пат Богданци-Ѓавато и изготвување на Урбанистички планови за сите населени места во општината, што ќе роди можност за развој, според потребите на жителите и инвеститорите. 6.000.000 денари средства од европски и државни

буџетски средства, ќе се потрошат на Реконструкција на Домот на Култура во Богданци, во која инвестиција и општината од својот буџет ќе издвои 4.500.000 денари. Во тек е изградбата на отворен Амфитеатар во туристичката зона Паљурци, инвестиција вредна 1.400.000 денари.

Во завршна фаза е проектот за водоснабдување и фекална канализација на населено место Ѓавато, проект вреден 18.000.000 ден. Инвестирано е во инфраструктура, водовод и канализација на индустриска зона Барта, вредност 900.000 ден. Асфалтирани се критични делови од улици во Богданци и Стојаково, со површина од 1300м2, и дел од улица со површина од 1000м2, во вредност од 2.300.000 денари.

Во соработка со ЈП Комунална чистота Богданци, секојдневно се решаваат мали, но важни работи за вас, промена на застарени краци од водоводна и канализациона мрежа, во вредност од 500.000 денари, решавање на проблеми со атмосферски води и отпад. Уредени се детско катче со урбана опрема, тротоарски површини и автобуска постојка во центарот на населено место Стојаково. Во фаза на уредување се неколку улици во Богданци и паркинг простор на општинаска зграда, во вредност од 2.000.000 ден.

Се постави нов котел за парно греење во училиштето Петар Мусев, инвестиција вредна 3.000.000 денари,

и топлотна изолација на кровот на градинката, во вредност од 1.100.000 денари. Основното училиште подготвува терен за изградба на повеќенаменско игралиште, инвестиција на Агенцијата за Млади и спорт, а во негови рамки се опремува и т.н.сензор соба, за работа на деца со посебни потреби, донација од австриска фондација.

Од областа на социјалната и здравствената заштита, поставивме мрежа на секојдневна комуникација со сите потребни институции, за да ви овозможиме информации и помош при остварување на вашите права. Учествуваме во сите проекти и кампањи на Владата на РМ за помош и поддршка на загрозени лица и лица со хендикеп.

Авторски текстВо првата половина година од мандатот

Почитувани граѓани,од се срце Ви благодарам

на разбирањето и подршката, продолжувам активно, и очекувам плодна година, полна со позитивна енергија, нови идеи и реализација на значајни капитални проекти.

Со почит,

Анастасига Олумчева, Градоначалничка

на Општина Богданци

Авторски текст Преглед на работата на Советот на Општина БогданциПо оддржување на Локалните

избори 2013 година, првата, конститутивна седница на Советот на општина Богданци се оддржа на 22.04.2013 година.

Согласно одредбите од Законот за локалната самоуправа, Советот на општина Богданци брои 11 члена и во него партиципираат 2 политички партии: СДСМ со коалицијата и ВМРО ДПМНЕ со коалицијата. СДСМ со коалицијата е застапена со 6 советника, додека ВМРО ДПМНЕ со коалицијата е застапена со 5 советника.

Работата на Советот главно се одвива преку комисиии и на пленарни седници.

Формирани се 6 постојани комисии и тоа:

- Комисија за мандатни прашања, избори и именувања;

- Комисија за статут и прописи;

- Комисија за урбанизам, комунални дејности и заштита на животната средина;

- Комисија за финансирање, Буџет и Локален Економски Развој;

- Комисија за јавни дејности и

- Комисија за еднакви можности помеѓу мажите и жените.

Секоја од комисиите брои по 5 члена од редот на Советниците при што и двете политички партии имаат паритетна застапеност.

Советот работи според годишна Програма за работа која е донесена пред почетокот на годината од страна на претходниот состав. Покрај разгледувањето и донесувањето на актите кои се предвидени со Програмата, Советот ќе рагледува и други прашања кои ќе се наметнат како обврска со позитивните законски прописи или со својата актуелност. При реализирање на истата Советот ќе соработува со Градоначалникот, јавните служби, установите и претпријатијата основани од страна на општината, општинската администација како и другите органи и организации.

Накратко, ќе набројам неколку акти кои се донесени, а не се предвидени во редовната програма за работа:

- Одлука за утврдување на приоритет на проект и

- Одлука за давање согласност за намената на инвестицијата;

Цел: Учество на општина Богданци со Проектот „Реконструкција на локален пат Богданци – Ѓавото II фаза“.

- Одлука за утврдување на приоритет на проект и

- Одлука за давање согласност за намената на инвестицијата;

Цел: Учество на општина Богданци со Проектот „ Изработка на урбанистички планови за населени места – села, и тоа за населено место Стојаково, за населено место Ѓавото и за населено место Селемли “.

- Одлука За давање согласност за намената на инвестицијата и обезбедените

средства за реализација на проект.

Цел: Утврдување на учеството на Општина Богданци за реализација на проектот „Подготовка на техничка документација за изградба на (Анаеробна) Пречистителна станица за населено место Стојаково

Согласно одредбите од Законот за просторно и урбанистичко планирање, заради реализација на инвестициски проекти од значење за општината, може да се врши уредување и користење на просторот со локална урбанистичка планска документација, така што е донесена:

- Програма за измена и

дополнување на Програмата за изработување на урбанистички планови во општина Богданци за 2013 година.

Во оваа програма е регулирано изработување на Урбанистички план вон населено место– м.в., „Барта“, КО Богданци, намена лесна индустрија и изработување на локална

урбанистичка планска документација, м.в.„ Барта “, КО Богданци намена на просторот Лесна индустрија.

Советот на општина Богданци согласно Законот за постапување со бесправно изградени објекти има донесено голем број на Одлуки кои претставуваат основ за легализација на бесправно изградени објекти на територијата на општина Богданци.

Комисиите како и седниците се одржуваат во попладневните и вечерните часови во салата на Советот на општина Богданци. Заклучно со 23.12.2013 година новиот состав на Советот има одржано вкупно 11 седници. На ден 20.12.2013 година донесено е Решение за свикување на 12та седница која ќе се оддржи на ден 27.12.2013 година во 17.00 часот.

Блаже ШаповПретседател на Советот на

Општина Богданци

Page 5: Pogled Br.57 Dekemvri

5ПОГЛЕД , Декември 2013

Среќни Новогодишни и Божиќни празници!

Page 6: Pogled Br.57 Dekemvri

6 ПОГЛЕД , Декември 2013

Среќни Новогодишни и Божиќни празници!

Page 7: Pogled Br.57 Dekemvri

7ПОГЛЕД , Декември 2013

Пишува:

ИлијаТумбов

Поглед од мојот агол

Роденденот на Светот

1.До 1996 година, можеби

некоја година порано, првите луѓе на Богданци правеа работи со кои Богданци го подигнаа до височините..

Од 1996 година наваму првите луѓе на Богданци правеа работи со кои Богданци го струполија до самото дно..

Се е релативно, би рекле фановите на Ајнштајн, ама и релативноста понегогаш има форма и може да се перцепира, да се допре, да се доживее во нејзиниот реален облик.

Онаа шега на врањанците дека од 200 кила бишка стопиле 300 кила маст, а во Врање „нема лагање“, е само шега.

На богданчани 4 мандати ( 4 х 4 = 16) им се продаваат пуфки дека „од 200 кила бишка се стопени 300 кила маст“ иако е очигледно дека во аранијата има само една шака чварки и тие загорени.

2.Ирецот Џејмс Ашер уште во

1650 година ја информирал јавноста оти, собирајќи ги годините на еврејските патријарси чии имиња се наведени во Мојсиевото петтокнижие, пресметал дека Светот е создаден во 9 часот на 17 септември, 4.004 години пред оваа ера. И тогаш, како и сега, оваа тврдење било изложено на потсмев, ама добро е за да се направи паралела.

Кога на тие староерски 4.004 години ќе се додадат и овие 2013 новоерски ете ти 6.017 години пишувана историја на која секогаш се повикувам кога сакам да кажам дека се е континуитет, се е траење.

Ништо не почнува од нас, ништо не завршува со нас.

3.Еве ја паралелата:Во Богданци, како во онаа

приказна за гостинот кој, гледајќи како сите домашни тураат сол во котлето со манџа што се варела на огништето и тој бапнал една стиска во манџата, па после, артут солена, ја фрлиле. Поентата во таа стара приказна е дека не бива во една заедница да не се знае кој што работи. А во Богданци тоа не се знае.

1.Гоце Петрушев сам одлучуваше кому и како ќе префрлува долгувања, па сега, неколку мандати

подоцна, Анастасија Олумчева не знае како ќе се отплетка од мрежата на долгот кон „Млаз“.

2. Гоце Петрушев сам, како дивоградби, ги правеше ѕидовите меѓу парковите, два мандати потоа Ристо Ичков да ги уриваше.

3. Гоце Петрушев инсталираше канализација кој три мандати подоцна не е функционална, па Анастасија Олумчева треба да измислува како ќе најде средства за анаеробна пречистителна станица и за пумпи..

4. Гоце Петрушев, без било каков проект, дури и без основен, стави дел од Љокова река во затворен подземен канал, па сега на никој не му јасно како ќе се изведе чистењето на каналот кој, евидентно, веќе е полн со талог.

5. Владо Стојановиќ имаше некои изведби околу уличното осветлување за кои и судот се произнесе.

6. Ристо Ичков го продаде, како што го продаде Ресторанот, па сега сите се на мислење дека Богданци допрва ќе има проблеми со таа зграда.

7. Ристо Ичков, силно советуван од разноразни патриоти, од Паљурци се упати кон Брисел, ама не стаса никаде оти некаде по патот ги загуби Хунзите заедно со Марина Дојчиновска и од изгледната приказна која можеше да биде добар поттик за поволни проекти се направи кашканица за која ќе треба доста напор повторно да се доведе во нормала.

8. Ристо Ичков истовари еден шлепер бетеонски жардинерии зад Општината кои Анастасија Олумчева, прво - не знае што да им прави, второ - не знае каде да ги затскрие и трето, но многу важно,- кожни пинци треба да обуе за да најде 14 илјади евра да ги плати.

9. Ристо Ичков ја актуелизира реконструкцијата на Домот на културата во Богданци. Средствата веќе треба да бидат одобрени. Ќе знае ли Анастасија Олумчева што да прави со тиe пари? Има ли некаков проект за реконструкција? Тој проект е договорен на ниво на Богданци или е „une man show“ замисла на Ристо Ичков? Ќе треба ли да го викаме од дома за да каже што му била замислата?И уште што не, и уште што не...!?Тоа е маката на Богданци. Десната рака не знае што прави левата. И обратно.

Затоа СДСМ се откажа од градоначалникувањето на Гоце Петрушев.Затоа ВМРО-ДПМНЕ не сака ни да помисли дека Ристо Ичков беше нивен градоначалник.

Затоа Богданци е таму каде што е.

Единственоста на животот

Го имаме светот на дланка, а сè повеќе сме осамени. Имаме сè повеќе храна, а сè повеќе гладуваме. Имаме сè повеќе задоволства, а сèпомалку уживаме. Имаме сè ама она што најмногу ни треба како да го нема. Тоа е љубовта. Љубовта не расте во материјалноста, таа расте во срцето и се додека срцата не се отворат, ќе има и глад и жед и незадоволство и страдање. Љубовта бара да биде негувана бидејќи е вистинската животна вредност. Љубовта не се опишува бидејќи е вон сите дефиниции и таа не може научно да се објасни. Љубовта не може да се вбризга во вена, не може секој да се зарази со љубов, не можат сите да се исполнат со љубов. Само кога срцето е спремно да се отвори и да ја сфати вистината, ќе има љубов.

Љубовта е непоимлива, љубовта е вечна. Љубовта е вечното тркало на животот. Љубов е сè што постои. Љубовта е прифаќање, разбирање, сочувствување. Таа во себе ги носи сите божествени квалитети.

Љубовта е нашиот живот. Јас сум љубов.

Парите го вртат светот, ама љубовта го врти универзумот.

Одете таму горе во вселената и ќе видите љубов. Замислете дека се искачувате нагоре по невидливи скалила и кога ќе пристигнете до точката од која што ќе можете да ја набљудувате планетата Земја целосно пред себе, ќе видите колку се беззначајни сите проблеми и заблуди кои дотогаш сте ги имале. Ќе ја почувствувате вашата големина на прашинка во универзумот, ќе исчезнете во него.

Ќе сфатите колку од нештата за кои сте се приврзале, се небитни. Колку небитни енергии задржуваме во животот, без јасно да видиме дека утре

е нов ден, а зад него доаѓа уште еден нов ден, а сите тие треба да бидат живеени во најголемо задоволство, наместо напразно грижење за непостоечки нешта. Доста е веќе со измислување на приказни и создавање на лажни интриги во кои луѓето сами се вовлекуваат и си го усложнуваат животот. Не живеат на тој начин, служат на илузијата, прават нешто од кое нема никаква полза ниту напредок. Секое нешто кое се прави со незадоволство нема позитивен исход во животот. Никој не се офајдил од нешто што со сила го правел, ниту материјално ниту духовно не се задоволил. Време е луѓето да прекинат да ги прават нештата кои не ги сакаат, а да почнат да живеат онака како што чувствуваат во срцата зашто деновите на животот не се враќаат. Печалењето на нешто што е материјално, и целосно насочување кон тоа е еднакво на борба со непостоечки непријател.

Искачи се горе во вселената и уште еднаш погледни ја планетата Земја, и почувствувај ја бесмисленоста на твоите маки, грижи и проблеми кои си ги негуваш секојдневно. Никој не може да излезе од проблемите ако ги негува. Негувај ги убавите нешта за да ти се случат. Од страв нема полза – никој не го преживеал животот. Може да се преживее нуклеарна војна и некако да се продолжи понатаму, ама смртта никој не може да ја преживее. А над смртта се наоѓа вечниот живот во димензијата на вечноста. Тоа има смисла во постоењето! Само ние како свест имаме смисла да постоиме со причина, неограничени и независни од овој свет!

Приврзувајќи се кон нештата, предметите и навиките, животот станува пекол. Животот значи слобода, а не робување. Ако робуваме на животот, не живееме. Тогаш тоа е изгубен живот. Ако не сме искрени, не живееме. Чувствата треба слободно да течат од нас и што воопшто е битно што ќе речат другите. Секој живее за себе и за љубовта во своето срце, што истовремено е и љубовта на целиот универзум. Секој постои за самиот себе и вистинската смисла на животот се добива кога се живее за вистинското Јас кое не познава ограничувања.

Ако животот има почеток е

крај, ќе го живеам возбудливо!Јас немам име и презиме,

место на раѓање и место на умирање, не поседувам ништо, сам сум. Не поседувам нешто затоа што имам сè што ми треба и тоа е најголемото богатство на животот. Кога човек е задоволен со самиот себе, тоа е резултат на длабоко себеспознание кога се доживеал како чиста свеста што не подлежи на материјалните закони на овој свет.

Овој свет е едно, ама ние како души сме друго. Ние сме играчите во овој свет и овој свет зависи од нас, а не ние од него. Оваа едноставна вистина треба секој да ја знае за да сфати дека самиот е креатор на својот живот. Кога луѓето ќе се разбудат и ќе сфатат дека животот напразно им поминува обидувајќи се да постигнат нешто што нема да ги направи апсолутно среќни, обидувајќи се да бидат нешто што навистина не се, обидувајќи се да покажат дека се нешто посебно, а не се, се дотогаш ќе ја удираат главата од ѕид и ќе има незадоволство. Се додека се одвоени еден од друг и мислат дека можат да преживеат и без другите, се лажат. Самите си нанесуваат удари, заради преголемо его. А кога срцата се затворени, а умот е опиен, тогаш се случуваат најголемите трагедии.

Не постои поголема трагедија од изгубен живот. Затоа сите луѓе нека сфатат дека најголем дел од времето напразно се трудат да постигнат нешто што во суштина не ги исполнува, а на крај прекасно сфаќаат дека џабе си го изгубиле животот.

На крај ќе речат: „Ех, ова да го знаев кога бев млад, немаше да ги направам сите овие нешта за кои денес се каам.“ Но некогаш е прекасно за промена, и затоа промените се прават тука и сега. Исфрли го стравот и почни да живееш за љубовта за еден ден да не биде прекасно.

Сета убавина на светов еден ден ќе испари, маските ќе паднат, а сонцето ќе зајде за последен пат.

Во тој последен ден од твојот живот од овој свет замини среќен и задоволен.

Животот е единствен.Ова е простата вистина за

тебе.

Од минатото на Богданци

Непожелен во Богданци

Станува збор за Гоно Бигинин од Кукуш, еден од убијците на Крсте Асенов.

Во средината на септември 1903 година Бигинин, со својата мала чета, бегајќи за Бугарија, се затекнал во Богданци, додека куририте и обезбедиле заминување за Бугарија.

Причина за бекството биле силните потери кои, поради востаничките активности биле присутни насекаде во Македонија. Местниот комитет од Богданци и групата на војводата Дељо Кал’чев, со големо внимание ја прифатиле четата на Бигинин и и пружиле големо гостопримство неколку дена.

Но, ако богданчани знаеле кој е Бигинин и каков злостор извршил, тие ќе го убиеле.

Каков злостор направил Гоно Бигинин од Кукуш? За тоа треба да се напишат повеќе страници, но ние

овде, заради просторот и стрпливоста на читателите, ќе ја раскажеме оваа сторија.

Имено, здружените чети од кукушкиуот крај ( на Трајко Џотев, на Гоце Несторов и на Гоно Бигинин, како и четата на Крсте Асенов, а сите под водство на Крсте Асенов) на 28 јули 1903 година, придружувани од четата на Апостол Петков, се упатиле кон селото Корнишор, Ениџе-Вардарско. Планот на овие комитски чети бил да се осветат две знамиња (едно на здружената чета на Асенов и другото на четата на Апостол Петков). Знамињата биле подготвени за престојните илинденски револуционерни активности во кукушкиот крај. Нив ги навезиле тамошните учителки, меѓу кои Рајна Поп-Ѓоргиева и Ана Малешевска. Заедно со осветувањето на знамињата во корнишорската црква требало да се изврши венчавка на Крсте Асенов со Ана Малешевска.

Овде накратко ќе објасниме која била Ана Малешевска.

Ана била ќерка на Никола Малешевски, по потекло од Македонија, ама живеел во градот Дупница во Бугарија. Меѓу шесте деца Ана била првородената во 1884 година. Кога стасала за гимназија семејствата Делчеви и

Малешевски, бидејќи живееле во големо пријателство, се договориле Мицо Делчев, брат на Гоце Делчев, да учи гимназија во Дупница, а Ана да учи гимназија во Солунската женска гимназија „Свето Благовештание“. Така и се случило. Кога завршила гимназија Ана станала учителка во Кукуш, а на стан била во Делчеви. Кога Крсте Асенов на 12 февруари 1903 година пристигнал во Кукуш се запознал со Ана и меѓу нив се родила искрена љубов. Набргу се договориле да се венчаат. По венчавката било планирано Ана да се врати кај нејзините во Дупница, а Асенов да замине во Дупница по Востанието. Но, планот не се реализирал.

Војводите од здружената чета не се согласувале да се изврши венчавката помеѓу Асенов и Малешевска. Ваквиот нивен став повеќе се должел на некаква завист отколку на други објективни причини. Заговорници на ваквото противење бил Димитар Битраќев, охриѓанец кој преходно бил учител во Класното училиште во Гевгелија и Гоно Бигинин кој претендирал на позицијата Кукушки војвода, за што сега покажувал завидливост кон Крсте Асенов. Тие потајно ги наговориле четниците да ги прифатат нивните ставови и да го оневозможат венчавањето на младите вереници. Нивната изјава била: „Ние ќе креваме востание, а тој ќе се жени.“

По венчавката и осветувањето на знамињата четите заминале кон Корнишорската Корија. По патот настанала караница. Курирот од Корнишор, Костадин Корнишорски,

сфатил дека Асенов е во опасност и со Ана ги извлекол на безбедно место. Утредента Асенов им напишал писмо на своите четници: „Другари, ако сметате дека со мојата венчавка сум направил голем грев, кажете ми, јас сам ќе си донесам пресуда!“

Писмото пред четниците го прочитал Трајко Џотев. Од страна на комитите немало никаква забелешка или реагирање поради што Џотев сметал дека сите се согласни Крсте Асенов да им се врати повторно како нивен војвода. За таа цел Џотев испратил тројца курири: Костадин Корнишорски, Киро Новоселски и Дино Големанов да го повикаат Крсте назад. Куририте заминале, но завидливците Битраќев и Бигинин решиле да ја реализираат својата заговорничка идеја. Бигинин потајно заминал, ги стигнал куририте и им рекол дека планот се изменил и дека сега наредбата е Асенов да се убие. Дино Големанов, вечерта, на спиење го убил Крсте Асенов. После ова Битраќев им се предал на Турците, а Бигинин со својата мала чета избегал од кукушко планирајќи да се засолни во Бугарија.

Р е в о л у ц и о н е р н а т а Организација организирала Револуционерен Суд во кој влегле: Сава Михајлов, Аргир Манасиев, Димитар Стефанов, од Битола, Трајко Џотев, Коче Колиштрков од прилепско,Божин Поп-Стаматов од Солун и Христо Стојанов од Мрзенци. Пред овој суд се јавил само убиецот Дино Големанов затоа што нарачателите биле побегнати. Судот го осудил Големанов на смрт и тој бил

стрелан.Ете така Бигинин, бегајќи,

се нашол во Богданци и оттука безбедно заминал за Бугарија. Задграничното претставништво на ВМОРО по извесно време повторно го покренал случајот за убиството на Крсте Асенов и требало на Гоно Бигинин да му се суди. Но , Јордан Асенов, брат му на Крсте во името „Да не се пролева братска крв“, побарал ослободителна пресуда за Бигинин. И така тој се спасил и продолжил да си живее мирно во Бугарија со својата сопруга Магда Апостоларска и семејството.

А што станало со Ана Малешевска?

На 10 ноември 1903 година, со четата на Сава Михајлов, заминала за своето родно место Дупница.

За неа домашните биле известени дека таа е убиена во кукушко, па и отслужиле дури и помен за покој на душата. Но, Ана се вратила. Колегите учители од Дупница, за да и ја ублажат болката и приредиле двечен пречек со песни мандолини и гитари. Но дали можеле да и ја ублажат болката?

Во 1905 година Ана се вработила како учителка во училиштето „Отец Паисиј“ во Дупница, а во 1910 година се омажила за учителот Асен Михајлов од Крива Паланка. Од овој брак имала ќерка Катерина Михајлова, мажена Величкова, која станала учителка како мајка и. Ана работела се до 1934 година кога се пензионирала.Починала на 28 март во 1941 година на 57-годишна возраст.

Пишува:

Крсте Лештов

Пишува:

Ристо

Стамков

Page 8: Pogled Br.57 Dekemvri

8 ПОГЛЕД , Декември 2013

Page 9: Pogled Br.57 Dekemvri

9ПОГЛЕД , Декември 2013

e-mail: [email protected]

www.turan.com.mk

TURAN Bogdanci, uvoz-izvoztel. +389 34 223162 · 223163 · tel.fax: +389 34 222162

Среќни Новогодишни и Божиќни празници!

Page 10: Pogled Br.57 Dekemvri

10 ПОГЛЕД , Декември 2013

Градоначалничката Анастасија Олумчева објасни дека таа побарала да се формира таква комисија која би и помагала во тој дел од работатат затоа што таа не била стручна во тој домен.

Советникот Борис Ванчев изнесе дека комисија треба да се формира затоа што од минатогодишните средства 460.000 денари се потрошиле во првиот квартал за време на кампањата за локалните избори, кога средствата биле злоупотребени за купување гласови.

За предлогот на Душко Енџекчев петмина гласаа „За“, петмина гласаа „Воздржано“ и 1 гласаше „Против“ со што тој не беше прифатен.

За предлогот на Комисијата за финансирање и буџет 6 советници гласаа „За“ , а 5 советници гласаа„Воздржано“.

Со 6 гласа „За“ и 5 гласа „Воздржано“ Советот на Општина Богданци ја прифати Нацрт-Програмата за финансирање активности од областа на социјалната заштита во 2014 година.

*Точка 5:- Нацрт-Програмата ја образложи Митко Попов од општинската администрација.

Советникот Стојан Воданов поддржан од советничката Суза Мандалова побара во програмата да се предвидат средства и за Доброволното противпожарно друштво од Стојаково.Предлогот беше прифатен.

Потоа се разви дискусија за Доброволното противпожарно друштво од Богданци и за начинот на неговото финансирање од Буџетот на Општина Богданци во која се вклучија советниците Ристо Киров,Ристо Енџекчев,Душко Енџекчев,Стојан Воданов, Никола Стратров, Кристијан Тодоров, Блаже Шапов и Катерина Чрчева. Сите се согласија дека ДППД треба да постои, но не се согласија околу начинот на кој се финансира. Сите советници побараа Советот конечно да добие накаков извештај за работата на ДППД во овие неколку години откако е формирано.

Митко Попов од општинската администрација и советникот Ристо Енџекчев потсетија дека на дневен ред е Нацрт-Програмата за активностите на Општина Богданци во областа на заштитата и спасувањето, противпожарната заштита и справувањето со кризи во 2014 година, а ДППД е само еден сегмент што ќе биде вклучено во некои активности и работата на Советот треба да се фокусира во таа насока.

Градоначалничката Анастасија Олумчева го праша Советот дали ДППД е биро за вработување и решавање на социјални случаи, што изработило ДППД за Општината за Општината да им дава плата на неговите членови и дали Советот има намера да побара извештај од ДППД за што се трошат еденте милион денари годишно што од Буџетот се одвојуваат за ДППД?

Со 10 гласа „За“ и 1 глас „Воздржан“ Советот ја прифати

Нацрт-Програмата.*Точка 6:- По образложението

на Емилија Паункова од општинската администрација Советот на Општина Богданци едногласно ја усвои Нацрт-Програмата за одржување на јавната чистота на подрачјето на Општина Богданци во која беа вклучени и предлогот на советникот Ристо Киров во неа да влезе и одржувањето на спомениците и спомен обележјата во Општина Богданци и предлогот на советникот Блаже Шапов од средствата за одржување на Браната Паљурци (позиција 11) да се одземат 120.000 денари и да се наменат за одржување на фудбалските игралишта во Богданци и Стојаково.

*Точка 7:- Емилија Паункова од општинската администрација ја образложи Нацрт-Програмата за спроведувањето општи мерки за заштита на населението од заразни болести во 2014 година.

Без дискусија Советот со 11 гласа „За“ го прифати Нацртот.

*.Точка 8:-Нацрт-Програмата за уредување на градежносто земјиште во Општина Богданци ја образложи Соња Маџирова од општинската администрација.во дискусијата се вклучија советниците Ристо Киров, Блаже Шапов,Катерина Чрчева, Никола Стратров Сојан Воданов и Душко Енџекчев.

Сите имаа некаквио прдлози и забелешки. Градоначалничката Анастасија Олумчева прифати намалување на висината на износите за уредување на градежното земјиште за комерцијални и деловни објекти,за јавни објекти во приватна сопственост и за индивидуални и коилективни станбени згради.

Едногласно се прифати во Програмата да се внесат уредувањето на коритото на Љокова река, цевководот за прифаќање на поројните води кај „Бреботекс“, чистење на користото на Луда Мара по што Нацртот на Програмата се прифати со 8 гласа „За“ 1 глас „Против“ и 2 гласа „Воздржано“.

*Точка 9:- Соња Маџирова ја образложи нацрт-Програмата за работа во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Република Македонија на подрачјето на Општина Богданци во 2014 година..

Во дискусијата се вклучија советниците Блаже Шапов, Кристијан Тодоров, Стојан Воданов и Душко Енџекчев.

За Програмата се изјаснија 4 советници, а 7 гласаа „Воздржано“со што нацртот на Програмата не беше прифатен.

*Точка 10:- Соња Маџирова од оптинската администрација ја образложи нацрт-Програмата за изработување урбанистички планови во Општина Богданци за 2014 година.

Советникот Блаже Шапов се заложи посебен акцент да се стави на изработувањето ГУП за Богданци и урбанистички планови за селата, урбанизацијата на „Барта“ да биде приоритетна и имаше забелешка на

депоните во Богданци, Стојаково и Селемли.

Советникот Стојан Воданов забележа дека на дневен ред е урбанизацијата, а не депониите.

Со согласноста урбавнистичките планови за селата и генералниот урбанистички план за Богданци да имаат приоритетност Програмата беше прифатена со 10 гласа „За“.

*Точка 11:- Соња Маџирова од општинската администрација ја образложи Нацрт-Годишната програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици во Општина Богданци во 2014 година.Советничката Катерина Чрчева потсети дека еден мал дел од тротоарот на улицата „Маршал Тито“ кај кафеаната „Чавдар“ не е поплочен или асфалтиран и треба да се стави во Програмата. Со 11 гласа „За“ Советот ја прифати Програмата.

*Точка 12:- По образложението од Соња Маџирова од општинската администрација и со согласност за предлогот на советникот Стојан Воданов во Стојаково да се изгради чешма во центарот Советот, со 11 гласа „За“, ја прифати Програмата.

*Точка 13:- По образложението на Митко Влахов од општинската администрација, без дискусија, со 5 гласа „За“ и 6 гласа „Воздржано“ Советот не ја прифати Годишната Програма за Локален економски развој на Општина Богданци во 2014 година.

*Точка 14:- Симона Савиќ од општинската администрација го образложи Нацрт-Буџетот на Општина Богданбци за 2014 година.

Советникот Душко Енџекчев и советникот Ристо Енџекчев имаа забелешка дека во дотогашната работа Советот не ги орифати клучните Програми со кои се обезбедуваат приходи во Буџетот и сега нема да може да се планира приходната страна на Буџетот.

Без други дискусии со 2 гласа „За“ и 9 гласа „Воздржано“ Советот не го прифати Нацрт-Буџетот.

*Точка 15:- По образложението на Симона Савиќ од општинската администрација, без дискусија, со 5 гласа „За“ и 5 гласа „Против“ (советникот Блаже Шапов, за да не предизвика конфликт на интереси како вработен во Гимназијата, не гласаше), Советот на ја прифати Предлог-Измената на распоредот и пренамена на средства во Буџетот на Општина Богданци за 2013 година за исплата на плати на вработените во Средното училиште затоа што, поради техничка грешка, во пресметките не биле обезбедени средства за исплата на платата за ноември.

*Точка 16:- Со 11 гласа „За“ Советот донесе Решение во Комисијата за утврдување Предлог-Програма за работа на Советот на Општина Богданци во 2014 година за се изберат:

1. Блаже Шапов, за претседател

2. Ристо Енџекчев3.Сузана Мандалова, за

членови.

продолжува од стр. 2

Од десетата седница на Советот на Општина Богданци

На дневен ред Нацрт-ПрограмиИзвестувач: Илија Тумбов

Oд расправата по Нацрт-Програмата за уредување на градежното земјиште во Општина Богданци за 2014 година што, како осма точка, беше на дневен ред на Десеттата седница на Советот на Општина Богданци

Анастасија Олумчева,градоначалничка на Општина Богданци

„ Сите ние сме избрани од граѓаните за да раководиме со Општината. Се согласувам дека во овие кризни времиња треба да се има разбирање за висината на надоместоците за уредување на градежното земјиште, но ќе мора да се согласиме дека имаме одговорност и пред иднината.

Јас живеам на мртва улица. На мојата улица која е паралена со главната улица, во самиот центар на Богданци, има 17 куќи во кои не живее никој и не се одржуваат..

Нели треба да видиме како да ги оживееме тие куќи, како да се поправат, ако некому не се потребни, да се продават и купуват за да се стават во функција. За потребите на тие куќи е обезбедена сета инфраструктура. Тогаш ќе нема потреба градот да се шири нанадвор, во новоурабнизирани простори за кои ќе мора да се обезбедува нова инфраструктура. Тоа чини многу, а во Фондот за комунално уредување нема доволен прилив на средства.

Истовремено со легализацијата на бесправно изградените објекти се легализираа многу куќи, и уште ќе се легализираат, а до некои од нив нема соодветна инфраструктура. Со добивањето статус на легалени објекти Општината е обврзна до сите нив да обезбеди инфраструктура.

Затоа предлагам Програмата за уредување на градежно земјиште во Општина Богданци за 2013 година да се усвои така како што е дадена.“

Инспирирано од расправата по Нацрт – Програмата за финансирање на активностите на Општина Богданци за областа од социјалната заштита во 2014 година водена на Десеттата седница на Советот на Општина Богданци

„Кога и да одам по некоја работа во Општината имам проблеми да влезам внатре.

Ходникот е полн со луќе кои чекаат прием кај Градоначалничката. Ако влезам внатре со саати ќе чекам да дојдам на ред. ``

Редици граѓани и граѓанки чекаат на ред да влезат кај Градоначалничката за да и побараат средства за да си купат леб, дрва, лекови... било што.

Накои чекаат да им најде вработување. Ама не било какво, туку мазно. Во Општината, во училиштата... некаде на топло.

Повеќето од чекачите да ме фатат на две ќе ме раздерат, ама не би работеле за дневница. Послатко им е да се доберат до некој денар од Програмата за социјална заштита..

Социјалната поддршка е значаен момент од уредувањето на заедниците.

Солидарниот монемт е значаен момент од зацврстувањето на заедниците.

Но мора да се знае дека злоупотребата на средствата за социјална заштита е криминал пред Законот и грев пред Совеста.

Некои синови и ќерки нека си ги прибеараат родителите да не им висат пред кабинетот на Градоначалничката за да бараат помош. Тие самите како нивни чеда се должни да им го дадат нужното внимание.

Некои мажишта и женишта нека се обидат да заработат пари со работа, а не да досадуваат во Општината.

Општината не е костурска цреше кој како ќе помине да си апнува од неа. Разбирливо дека немаат, ама и тие што ставиле по нешто во таа каса исто така немаат.

Лани коментирав дека во изборна година, како фонд за социјална заштита, на Градоначалникот во раце му се дадени 10.000 евра на негово располагање. Никој не го разбрал коментарот. Сега некои се поплакуваат дека 460.000 денари од тој фонд биле потрошени во кампањата за локалните избори.

А што очекуваа тие?

Илија Тумбов

Page 11: Pogled Br.57 Dekemvri

11ПОГЛЕД , Декември 2013

Илија Тумбов

Page 12: Pogled Br.57 Dekemvri

12 ПОГЛЕД , Декември 2013

Page 13: Pogled Br.57 Dekemvri

13ПОГЛЕД , Декември 2013

Печати:„Софија“ Богданци

Жиро-сметка:270000000711867 Даночен број:МК4006991101880

Редакција: Маршал Тито 211484 Богданцител. 075 738834факс: 034 [email protected]/pogled

Издава: „СОФИЈА“1484 Богданци, ул. “Маршал Тито” 21

Директор: Драги Семенпеев

Илија Тумбов

Уредува редакциски колегиумТехнички уредници:

Јован РоглевВалентина Попова

Уредник:

Халк Банка-Скопје

Врз основа на Програмата за спроведување на проектот „Отворени денови за социјална заштита во рурални средини“ од Министерството за труд и социјална работа Центарот за социјална работа – Гевгелија и Општна Богданци оддржаа Отворени денови во населените места Стојаково, Ѓавото и Селемли.

Директорот на центарот за социјална работа – Гевгелија, г – н Лазар Трајков изјави дека:

„Информативните средби која имаа за цел информирање на граѓаните за условите, начинот и постапката за остварување на права од социјалната заштита.“

Покрај информативните средби службите заедно со директорот од Центарот за социјална работа – Гевгелија ја искористија можноста да лично посетат неколку семејства и граѓани кои се вклучени во ранливите социјални категории.

Соопштение од Кабинетот на Градоначалничката на Општина Богданци

Во Четврток 28.11.2013 година во Кабинетот на Градоначалник на Општина Богданци се оддржа форум со матични лекари од Општина Богданци. Целта на домаќинот на форумот беше да се воспостават подиректни и поконзистентни начини на соработка помеѓу матичните лекари и Општина Богданци.

На форумот гостуваа директорот на Фондот за здравствено осигурување Гевгелија и претставници од ЈУ Меѓуопштински центар за социјална

работа. Присуството на гостите придонесе кон остварување на подиректна соработка со службите од претставените институции.

За време на форумот беше воспоставена успешна соработка помеѓу инволвираните страни. Со цел навремено информирање на јавноста за работата на матичните лекари, Фондот за здравствено осигурување и ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа редовно ќе се пренесуваат информации на општинските медиуми.

Соопштение од Кабинетот на Градоначалничката на Општина Богданци

Соопштение од Кабинетот на Градоначалничката на Општина Богданци

На 11.12.2013 со почеток во 19 часот во ООУ „Петар Мусев“ – Богданцисе оддржа концерт на флејта и пијано. Истиот беше поддржан од Министерството за култура на Република Македонија а организиран и инициран од проф. Ристо Лазаров и претставен од Здружение на музички и балетски пегаози „Леге Артис“.

Концертот имаше за цел почеток на проект за развој на музичката култура. Од истиот подоцна се очекува да е вклучителен дел од образовниот процес и предметот музичка уметност.

Во програмата беа вклучени музичките дела:

Ј. Пахелбех – Канон во ДВ. А. Моцарт – АндантеФ. Кулау – Интродукција и

РондоД. Шостакович – 12 Прелидиум

ор. 34Ј. Вилиамс – Шиндлерова

листаТ. Прокопиев – Дојранка

Делата ги исполнија Проф. м

– р Јасмина Трајческа и Проф. м – р Сузана Стефанова.

Сузана Стефанова е дипомиран флејтист на Факултетот за Музичка Уметност. Во 2007 година ги завршува постдипломски студии на ФМУ - Скопје по предметот Методика на музичка настава. Има учествувано на меѓународни семинари со свои истражувачки проекти. Сузана Стефанова моментално предава флејта во Основнот музичко училиште во Гевгелија, каде ја реформира згаснатата класа по овој инструмент.

Јасмина Трајческа, во 2003 г. дипломирала на Одделот за пијано на Факултетот за музичка уметност во Скопје каде и ги завршува постдипломските студии во класа на проф. Валери Стефановски. Заедно со нејзините ученици се добитници на многубројни високи награди во Македонија и странство. Трајческа поседува богато концертно искуство на разни Фестивали во Хрватска, Словенија, Франција, Италија. ЈасминаТрајческа моментално предава во Државниот музичко балетски училишен центар ,,Илија Николовски Луј” во Скопје.

Соопштение од Кабинетот на Градоначалничката на Општина Богданци

Во рамките на проектот „Подобрување на патната мрежа за развој на руралната прекугранична област“ – АГРАС, финансиран од Европската унија преку ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Р.Грција - Р.Македонија 2007-2013 година и имплементиран од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион се оддра јавна дебата во Општина Богданци. Тема на дискусија беа изработените анализи за постоечката патна инфраструктура во регионот. Истите се дискутираа и анализираа со помош на надворешни експерти во поглед на техничките прашања и дизајнот.

Дебатата ја организираше Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во координација со општина Богданци. Учество земаа

сите заинтересирани страни (бизнис сектор, експерти, граѓани итн.)

Целта на јавната дебата е да се добие целосен увид и преглед на моменталната состојба на инфраструктурата во регионот и да се подобри истата преку анализите од дискусијата во општината со помош од соодветни експерти. Истите ќе послужат за изработка на стратешки документ Студија на можности која ќе послужи за подобрување на патната инфраструктура во Југоисточниот регион.

Студијата на Можности ќе биде подготвена и доставена до сите заинтересирани страни во иднина.

Во вторник, 10.12.2013 година, во просториите на Општина Богданци со почеток од 11.30 часот се оддржа една од предвидените десет јавни дебати од овој вид.

Од расправата по Извештајот за стратегиската оценка на влијанието на животната средина за ГУП на Богданци

Забелешките што ги направи „Поглед“:

1.Во делот каде што се зборува за влијанието на ГУП на Богданци врз археолошките локалитети и се опишува кој локалитете е колку е оддалечен од границите на урбанистичкиот опфат во описот се наведува некаков субјект кој не е градот Богданци.“

Експертот одговори дека податоците и се друго ги презел од службените документи.

Какви документи му се дадени на експертот за во описот на напише дека Брданов Камен, како археолошка локација, е околу 500 метри оддалечено од село Богданци.

И кој му ги дал? Тоа треба итно да се исправи.

2. Со стратегиската оценка се вели дека Богданци има потреба од атмосферска канализација и дека прашањето се решило со тоа што по помалите улички се планирал цевковод со профил од 50 см за прифаќање на атмосферските води .

По малите учички можеби цевки со пропусност од 50 см би завршиле некоја работа, но каде би се

Ветеринарната станица.-Друга на местото на старата

бензинска на „Млаз.Тоа не смее да се дозволи. Кој

и да го вцртал тоа во Деталниот план треба да се поведе акција за да се избрише макар цела влада стоела зад тоа. Владите идат-одат ама ние ќе останеме да живееме со проблемот. Бензинска под терасата!

Секој си има бизнис планови, но плановите нека не ги реализира на наша штета.

Башка, малку ли му се на Богданци две бензински, па ќе му доградат уште две? И каде беше Советот во целата оваа приказна? Нели е тоа негова надлежност?

5. Ладилникот со технологија за ладење со амонијак е во средиштето на Богданци.

На никој ли не му смета таа еколошка бомба да биде во зоната на домување. Зоната е, затекнато, комбинирана со зона за лесна индустрија, но зборуваме за ново генерално планирање и неговото влијание врз животната средина.

Зборуваме за иднината.

вклучиле тие? На Богданци му треба собирна атмосферска канализација со голем профил и голема пропусност.

Ако се зборува за планирање на генерално ниво.

3.Освен главната улица која е дел од регионален пат во Богданци со овој ГУП нема предвидено прстен од магистрални улици околу центарот преку кои ќе може да се стаса од едниот на другиот крај на градот, а да не се поминува низ центарот.

Од аспект на влианието врз животната средина тоа е голем пропуст оти насочувањето на сиот сообраќај кон една улица е лош план. Попречување, забавеност, издувни гасови...

4. „Млаз“ ја исели својата бензинска пумпа од пред влезот во гаражата затоа што не е логично во мали средини бензинска пумпа да има во зоните на домуање.

Сега некој, за нечии интереси, скришно, барабар со постапката за носење на ГУП подметнал детални елементи предвидувајќи дури две бензински пумпи во средиштето на градот.

-Една на местото на

Пред многу малку присутни, 5-6-мина и уште 2-3 од општинската администрација на 23 декември 2013 година во салата на Советот на Општина Богданци се одржа Јавен увид и јавна расправа по Извештајот за стратегиска оценка на влијанието на животната средина за Генералниот урбанистички план на Богданци кој е во фаза на подготовка.

На почетокот на расправата експертот кој известуваше за влијанието наживотната средина беше прашан дали овој извештај е последователен чекор во донесувањето на ГУП, веднаш после излагањето на Нацрт верзијата на ГУП и спроведување на постапката за јавна анкета и собирање на мислења и, доколку Извештајот треба да биде чекор после Јавното излагање и Јавната анкета нема да може да се направи затоа што Советот на Општина Богданци одлучи да се повтори постапката за јавно излагање, јавен увид и јавна анкета по Нацртот на ГУП.

Експертот одговори дека нема последователност во чекорите, а ако при повторената постапка се случат некакви големи промени во ГУП ќе се спроведе и повторена стратегиска оценка за влијанието на животната средина.

Во расправата по Извештајот се вклучија Јован Џалев, Магда Шимова, Ристо Стамнов, Драги Семенпеев и Илија Тумбов, а Благој Караколев рече дека неговите забелешки ќе ги достави до Одделението за урбанизам

на Општина Богданци.Забелешките изнесени во

расправата главно беа фокусирани на планирањето на дури две бензински пумпи во средиштето на Богданици (на местото на старата бензинска пумпа на влезот во гаражата на „Млаз“ и на локацијата каде што сега е зградата на поранешната Ветеринарна станица).

Експертот се изјасни дека Извештајот предвид ги има намените по зони, а не поединечните парцели што е работа што се регулира со Деталниот урбанистички план.

Имаше дискусии и за пропустите во планирањето во однос на големите атмосферски води што знаат понекогаш да го поплават Богданци.

Извештајот за стратегиската

оценка на влијанието на животната средина ќе биде изложен во просториите на Одделението за урбанизам на Општина Богданци и на веб страницата на Општина Богданци www.bogdanci.gov.mk до 28 декември 2013 година.

Заинтересираните граѓани и правни лица своите забелешки, предлози и мислења по Извештајот за стратегиската оценка на влијанието на животната средина за ГУП на Богданци можат да ги достават во писмена форма до архивата на Општина Богданци, по пошта на адреса : Општина Богданци улица „Маршал Тито“ број 62, Богданци или електронски на адресата: [email protected] и opstina _bogdanci @t-home.mk .

Јавна расправа по Извештајот за стратегиската оценка за влијанието

на животната средина за ГУП на Богданци

Page 14: Pogled Br.57 Dekemvri

14 ПОГЛЕД , Декември 2013

Page 15: Pogled Br.57 Dekemvri

15ПОГЛЕД , Декември 2013

Ново и поинакво културно случување во Богданци

На 11-ти декември беше одржан концерт на флејта и пијано, кој внесе малку поинакво и едно ново културно случување во општина Богданци. На концертот настапија проф. М-р Сузана Стефанова на флејта и проф. М-р Јасмина Трајческа на пијано. Концертот беше под моја организација, проект кој треба да најави едно ново случување со цел да се поттикне и афирмира културата во Богданци, но и музиката да го заземе вистинското место во образовниот систем. Концертот беше поддржан и одобрен од министерството за култура на Република Македонија. Мора да се спомене дека станува збор за еминентни инструменталисти со богата музичка кариера.

Сузана Стефанова е родена 1980 година во Гевгелија. Основно музичко училиште завршува во родниот град на инструментот флејта. Школувањето го продолжува во Скопје во средното

музичко училиште, а потоа и на Факултетот за музичка уметност во класата на проф. Бети станковска. Во 2007 година завршува постдипломски студии на ФМУ - Скопје по предметот Методика на музичка настава кај вон. проф. м-р Викторија Коларовска – Гмирја.

За време на своето школување учествувала на повеќе државни натпревари и концертни настапи низ Република Македонија како и на меѓународни семинари со свои истражувачки проекти.

Денес, Сузана Стефанова работи како професор по флејта во ОOМУ. „Васо Карајанов“- Гевгелија, каде ја реформира згаснатата класа по овој инструмент, која за кратко време почна да ги покажува своите успеси.

Јасмина Трајческа е родена 1980 г во Прилеп.Основно училиште

завршува во Прилеп во класа на наст.Виолета Кочоска. Школувањето го продолжува во ДМБУЦ,,Илија Николовски-Лuj “–Скопје. Во 2003 г. дипломира на одделот за Пијано на Факултетот за музичка уметност во Скопје каде и ги завршува постдипломските студии во класа на проф.Валери Стефановски.

Досега, има забележано богата концертна активност на разни фестивали во Хрватска, Словенија, Франција, Италија, Бугарија. Многубројни први и втори награди на натпреварите Ровере Доро, Вербаниа интра и Џенова во Р. Италија како и редовни настапи низ Р.Македонија.

Моментално работи како редовен професор по пијано во ДМБУЦ ,,Илија Николовски Луј”- Скопје. Има многубројни високи награди во земјата и странство со нејзините ученици и активно учество на концерти и фестивали од педагошки карактер.

На концертот беше изведена програма од различни епохи и различни композитори како на пример Ј. Pachelbel, W. A. Mozart, F. Kulau, D. Shostakovich, J. Williams, Т. Прокопиев. Концертот беше проследен со чист и оригинален звук, со меѓусебна комуникација меѓу инструменталистите, како и меѓу инструменталистите и публиката. Делата беа изведени со голема леснотија и виртуозност. Она што е карактеристично, публиката беше задоволна, коментарите беа позитивни и изненадувачко пријатни. За крај, голема благодарност и до спонзорите кој го помогнаа

Сакам да изразам едно големо брагодарам на општина Богданци и на нашиот колега Ристе Лазаров кој неизмерно се погрижи да ни овозможи одржување на концерт на класична музика.

Концертот беше одлично организиран со голема посетеност од страна на младата популација и беше проследен со големо внимение и интерес со траење од 60 минути.На концертот се изведуваа дела од Пакелбел,Моцарт,Кулау,Ј.Вилиамс,Прокопиев,Шостакович...

Станува збор за циклус концерти на класична музика за флејта и пијано, во Гевгелија, Прилеп и Богданци со финансиска поддршка од Министерството за култура на Р. Македонија. Со реализација на овие концертни активности очекувавме да се збогати културно - уметничката понуда на локално ниво преку презентација на високо културно -уметнички вредности како што се музичките дела од класичната музика и запознавање на регионот со сопствениот квалитет на уметници.

Во однос на програмата за изведба секогаш се водам од идејата што би и се допаднало на публиката, што е она што таа сака да го слушне, па така беа поставени дела повеќе или помалку познати, од различни жанри на класичната музика почнувајќи од барокот па се до музика на XX век.

Концертот во Богданци беше последен од циклусот концерти кој се оддржа на 11.12.2013 година во просториите на ООУ. „Петар Мусев“. Сакам јавно да му се заблагодарам на професорот Ристо Лазаров за одличната соработка, неговата амбициозност, гостопримството и покажаниот труд во подготовките и организацијата на концертот. Бевме срдечно примени и добредојдени и од страна на тимот ученици

под менторство на проф. Лазаров кои помогнаа во изготвување на плакатот и програмите како и фото материјалот. Секоја чест и на споменатите помагатели кои имаат слух за значењето и вредноста од оддржување на еден ваков културен настан.

Амбиентот соодветно на училишните услови беше адаптиран за реализација на концертот. Особено ме радува што публиката со исклучок на љубителите на музиката од возрасната популација, беше составена од ученици кои пристојно се однесуваа, со интерес го проследија концертот и знаеја како и кога да ја изразат својата благодарност. Богданци има културна публика која верувам дека сака и бара настан повеќе од културно-уметничкото живеење. С л о б о д н о можам да кажам дека градот има потенцијал во остварување на вакви проекти со еден мал недостаток а тоа е соодветен простор – сала која ќе биде место за реализација на културни настани што ќе иницира и издигнување на повисоко културно ниво.

Носам убави спомени од овој концерт и верувам дека и во иднина ќе бидеме дел од културното живеење во Богданци.

М-р Сузана Стефанова:

проектот. Такси Гоки, Шпедиција „Интершипинг“, Пекара „ММ“ и маркет „Солун 53“, винарија „Дехри“, „Екоросалис“- граѓанско здружение за здрава храна- Богданци, Кафе „Емпорио“, Фото „Спектар КМ“- Гевгелија, Цвеќарница „Бети Пром“ - Богданци. Благодарност до СОУ „Богданци“ и ООУ „Петар Мусев“ кои дополнително се вклучија во проектот, како и учениците Атанас Аврамов и Ивана Паункова

кои буквално не се штедеа и професионално одговорија на моите барања. Би сакал да апелирам во иднина за помасовно организирање на такви манифестации од областа на културата и поактивно вклучување на институциите на системот, што би придонело за културен и образовен развој.

Огнот „проголта“ уште една куќа во БогданциНа 21 декември 2013 година,

вечерта, огнот за кој е искажана големата мисла дека е добар слуга, но многу лош господар, ја претвори во пепел куќата на Боро Богатинов и се што три генерации Богатинови внесувале во неа.

Уште во претпладневните часови чадот укажал дека нешто пламено се случува со куќата. Се утврдило дека оџакот е во прашање и се направила некаква интервенција. Вечерта повторно се развил оган кој веќе не можел да биде контролиран. На интервенција била повикана и

Територијалната противпожарна единица од Гевгелија која го локализирала огнот, но не успела да ја спаси куќата.

Од неа се останати само ѕидовите.

Со помош на „Комунална чистота“ и пријателите на Богатинови остатоците од изгорените делови на куќата и се што имало внатре се отстранети.

Кон куќата имало додадено една скоро изградена соба која огнот не успеал да ја зафати и четворочленото семејство заедно

со изнемоштениот Киро Богатинов, таткото на Боро, на чие нарушено здравје многу лошо се одрази катастрофата што му го снајде семејството, ќе треба да ја минуваат зимата.

Куќата ќе мора од темел да се подига. Во овие кризни времиња тешко кој има заштедено средства за недајбоже ситуации. За надминување на оваа трагична состојба хуманоста на богданчани треба да дојде до израз.

Секоја и секаква помош ќе му биде од корист на несреќното семејство Богатинови.

Почна градбата на Амфитеатарот во Паљурци

Како точка 9 од Педесет и седмата седница на Советот на Општина Богданци, во мандатот 2009-2013 година, со 7 гласа „За“, без дискусија, во услови кога советничката група на СДСМ, во знак на протест поради настаните што на 24 декември 2012 година се случуваа во Собранието на Република Македонија, ја напушти седницата на Советот на Општина Богданци, по образложението на Митко Влахов од Одделението за Локален економски развој на Општина Богданци дека проектите полесно поминуваат ако имаат регионално значење што се докажува со учество на општините во проекти на други општини се донесе Одлука за реализација на

Проектот „Изградба на Регионален бизнис центар во Гевгелија“ во кој Општина Богданци ќе кофинансира 150.000 денари, а со истиот износ Општина Гевгелија ќе го кофинансира Проектот „Изградба на Амфитеатар во Паљурци.

Деновите почна конкретната реализација на Проектот со градба на Амфитеатарот во Паљурци.

Градбата е во поодмината фаза. Бетонските десетредни

полукружни скалила што треба да бидат редови со седишта во амфитеатарот се веќе поставени.

Каква ќе биде натамoшната опременост на амфитеатарот и каква ќе биде неговата намена ќе се види по завршувањето на проектот.

Ристо Лазаров,професор по музичка уметност

проф.м-р Јасмина Трајческа

Page 16: Pogled Br.57 Dekemvri

16 ПОГЛЕД , Декември 2013

Парола на месецот Одекот на едно одамна минато време (последен,шестипат)

Сите се жалат на кучешкиот живот, а никој не сака ниту со

опашката да мрдне.Александар Баљак

Во пет последователни броја „Поглед“ објавуваше карикатури од младите ликовни творци од Богданци што пред нешто повеќе од три децении се беа обединиле околу Младинската ликовна секција „Бо-Џо“

Во овој број се објавени уште по една карикатура од Драги Семенпеев-Цапе, Миро Радески-Тепавац, Боро Поп Глигоров-Попов и Милчо Ванов –Тифа.

Објавени се и насловната карикатура „Богдански бркулеже“

и завршната карикатура „Кисело весело“ кои беа еден вид лого-карикатури на Првоаприлската изложба од 1982 година.

„Поглед“ им е благодарен на авторите.

Црни точки

Празниците, покрај другото, имаат една подзакриена функција: да се спастрат работите.

Како лично и индивидуално, така и семејно, така и на ниво на пошироката заедница. Градот е пошироката заедница во која се содржат семејствата и индивидуите.

Во градот се содржат и другите нешта што се во служба на граѓаните. Урбаната опрема, на пример. И таа пред празниците се спаструваа да биде во функција на празничниот амбиент.Убаво е кога на градот, пред новогодишните и божиќните празници, му се дава еден поинаков, свечен лик. Каде и да се заврте човек, на мобилниот телефон, на компјутесркиот монитор, на телевизискиот екран, во колите, на рачните часовници, на ѕидните часовници...насекаде и секогаш ќе може да види колку е саатот.

Во 24 часот на 31 декември граѓаните ќе се збогуваат со Старата 2013 година.

Во 00 часот на 1 јануари ќе ја пречекаат Новата 2014 година.

Така е секогаш. Така е, ама во Богданци тоа ќе

биде малку проблематично.На единствениот заеднички

часовник во градот, на градскиот часовник поставен на камбанаријата од Православната црква „Свети Атанасиј Велики“, нема да може да се види колку е часот.

Поради тоа за црна точка во овој празничен број на весников ќе биде издвоен градскиот часовник кој повеќе не е во функција. А градскиот часовник, без двојба, е урбана опрема, ако не и повеќе од тоа.

Набавен пред три децении и, во време кога атеизмот беше официјален државен став, поставен на црквена камбанарија, подигната, покрај за црковните потреби, и за можноста на неа да биде поставен градски саат, тој четврт век си ја обавуваше функцијата.

Раководството на „Млаз“ кој ги финансираше реновирањето на црквата, градењето на крстилницата и градењето на камбанаријата со се четирите часовници на неа, вклучително и раководството на Месната заедница Богданци која го беше дозволила тоа, жестоко беа критикувани по општинските општествено-политички форуми.

Ама тие луѓе, по цена на своите кариери, го издржаа притисокот.

Откако на црквите им беше повторно дадено местото во општеството што традиционално и припаѓа саатот-замре.

Неколку години како чемрее замрен.Не е убаво да е така. Сега пред Нова година и пред Божиќ сиот центар е несекојдневно облечен во новогодишно и божиќно руво само градскиот часовник е секојдневно застанат.Ако камбанаријата заедно со саатот е сопственост на Црквата „Свети Атанасиј Велики“ редно е таа да се погрижи саатот да биде во функција.

Исправноста на градскиот саат како урбана опрема би требало да спаѓа во редот на комуналните прашања.Во разрешувањето на прашања од комунална природа субјектите не се независни. Секогаш Законот и општинските прописи се тие што ја регулираат таа материја.

Дури и да не е така „Свети Атанасиј Велики“ има општествена и морална обврска да го оспособи саатот затоа што тој е планиран да биде во функција на граѓаните.Црковниот одбор треба да поведе малку сметка за овој момент.И членовите на Советот на Општина Богданци не се сосема без вина во овој случај. И тие треба да бидат засегнати од него.

Се вели дека црквата е надвор од државата, ама во однос на прашањето со исправноста на часовникот не ќе да е така. Црквата не е институција сама по себе. Црквата во основа е заедница и заедништвото. Црквата се, всушност, граѓаните.На крајот на краиштата саатот е сосема световна работа. Како што е световна и онаа антена истопорена на камбанаријата.

Дури и над самиот крст.

тел. 034/ 222-766

СТОЧАРСТВОБогданци

[email protected]

тел. 034/ [email protected]

Агенција за обезбедување на лица и имот

Богданци

тел. 034. 222.110; 222.220e-mail: [email protected]

БАЏО[email protected]

Текстот што следува е до буква ист со текстот што минатата година, исто во декемврискиот број, се објави во истата рубрика и по истиот повод.

Каде плови бродот наречен „Богданци“, е прашањето, ако работи како што е оваа наведена во текстот што следува не допираат никого?

„Поглед“ ќе биде упорен во покажувањето кон црните точки што не опкружуваат, па што ќе биде нека биде.