Pogled Br.56 Noemvri 2013

8
PRINTMAKING WORKSHOP “SOFIJA” ГРАФИЧКА РАБОТИЛНИЦА “ СОФИЈА” Број 56 Ноември 2013 Поглед од мојот агол Пишува: Илија Тумбов стр.4 стр.6 стр.2 С.Ф.-С.Н Може ли да се направи повеќе за здравствената заштита во Богданци? Блесокот на „Љубовна приказана“ стр. 5 Почна монтажата на ветерните турбини Втора триенална изложба на графики од Графичката работилница „Софија“-Богданци во Музејот на град Скопје Јукио Мишима е јапонски писател роден во 1925 година. Уште во својата 25. година се истакнал со самосвојноста во делата што ги пишувал. Се смета за најчитан автор од неговата генерација. Тој е автор на текстот „Љубовна приказна “ која, Кире Ѓоргиев, како режисер, Ели Минева и Мартин Крлески, како актери, во пијано придружба од професорот Бранко Сапламаев, премиерно, ни ја раскажаа. Театарскиот режисер Кире Георгиев на богданската театарска јавност и е познат преку неговите проекти работени со струмичките театри прикажани на манифестациите „Богданско културно лето“ и преку брехтовата пиеса „Малограѓанска свадба“ што минатата година ја беше подготвил со учениците од Гимназијата. Ели Минева и Мартин Крлески, младите надежни актери, се истакнаа уште во „Малограѓанска свадба“, Ели во ликот на Жената, Мартин во ликот на Таткото. За деца (тие се сеуште деца) кои, можеби немаат стапнато во вистински театарски салон, а не пак, на театарска сцена, проблем е да им се влезе во суштината на така два комплексни лика. Но тие ги изнесоаа карактерите на најдобриот можен начин. Сега во ликовите на Таа и Тој (условно именување) Ели Минева и Мартин Крлески покажаа уште поголема зрелост. Дејствие стокмено низ повеќе пластови на приказната, со заплети, од авторот замислени да се развиваат преку повеќе ликови,од режисерот збрани само во два лика е тежок залак за актери –почетници. Но режисерот со неколку сценски изрази успеал да го култивира сижето и разбирливо да им го предаде на гледачите. И тоа беше мерката. Се мисли на тоа што се случуваше на сцената. Со претпоставка дека режисерот ја осмислил сценографијата (немаше информација за авторството) треба да се каже дека и на тој начин влијаел за дефинирање на постановката. Одбирајќи ја белата боја, како сценографски израз на невиноста, Кире Ѓоргиев оставил гледачите сами да се определат дали се сведоци на исповед во вид на два споени монолози или сведочат на исповед во вид на еден поделен дијалог каде што Таа и Тој ја раскажаат личната имагинација на своите љубовни чувства. Тука треба да се спомне маестралната клавијатурна придружба на професорот Бранко Сапламаев во чиј фон се одвиваше дејствието.Маестрална, прво како избор, второ и како изведба. Маестрално и со присутен во отсустноста или, пак, обратно, отсутен во присустноста. Неговата музика беше третиот лик што лелееше низ недопрениот бел простор. Така беше отсликано ехото на оддалеченоста (блиска ни е по сите нишани: зарем нашата традиционална љубовна лирика не изобилува со теми за љубовта и војната, леле, војната) развеано: во недоумицата на апсурдот на живеењето кога се е само чекање и очекување; во подавањето на невидливото цвеќе на болката за добредојде во раце; во смешаноста на љубовта и омразата или болката и радоста, понекогаш во заеднички наплив, уште и во вителот на сомнежот дали се живее за да се умре или се умира за да се живее во спомените. Во салонот на „Петар Мусев“ (како поинаку да се нарече, сепак, за камерни претстави одличниот простор), со заедничкиот проект на СОУ„Богданци“ и Домот на културата „Бранд Петрушев“, на 8 ноември, Богданци беше почестено со одличен културен настан. Присутните беа нурнати во длабочината на нечии сеќавањата кои, како и морските бранови што доаѓаат од бескрајната морска широчина (режисерот на видео- бим направил прекрасна паралела со ѓиви бранови и морско синило со игра на светлоста) се очекува да донесат нешто, да донесат некаква кураж, да извирне топлина, ама не донесуваат ништо. Се носат самите себе. Носат само празнотија и пуста надеж.Ама сепак: НАДЕЖ. Надеж, како потврда, дека на љубовта, каква и да е таа, се потпира светот. Надеж која и кога е стара 99 години може да ги апстрахира последните 80 години и да се фокусира на деветнаесеттите што биле причина да се формираат спомените. Надеж 1+1 да станат 2, 2 + 2 да станат 4, дури и кога тоа нема да се случи. Каква ли само симболика сервирал режисерот со оние две конвнатре свртени скулптури, едната со обликуван лик во внатрешноста, а другата клод празна како негација или како опачина, што ги беше поставил на предната страна од сцената. Низ тие две скулптури беше даден психолошкиот портрет на Тој и Таа. Но која скулптура чија беше? Да, љубовната приказана раскажана во дуодрамата така како што била видена низ газерот на шишето од ракија испиена за да може да се исплива од магливоста на спомените за да не се биде удавен во сопствените сеќавања кај Него или како страв, како фобија дека некои нешта се невозможни, истовремено верувајќи дека нема невозможни нешта, како верба поддржана од опијаноста со искрената љубов што треба да биде врзивно ткиво во настојувањето да се опстојува, кај Неа, беше имагинативен пресек на чувствата, што и да се тие. Додека Таа и Тој се сеќаваа на тоа што било или, можеби, на тоа што мечтаеле да биде и кај публиката се се прелеа дилемата во филозофијата на вљубеноста: го гледаме ли тоа што го гледаме или го гледаме тоа што сакаме да го видиме!? Дури и костимите, низ загатка, ја раскажуваа сагата на животот спастрен во спомените. Што се спомените? Крпеница од сеќавања за доживеаното или скрпено сеќавање врз кои почива нереалноста на спомените за доживеаното. Некој, бил затоа што се сеќава дека бил, или, се сеќава дека бил затоа што бил? Дали Кире Ѓоргиев е добар режисер? На работите не може да се гледа низ тие очила. Но, во камерни услови, со тотални аматери, да се изнесе една таква комплексна претстава и тоа да не биде здодевно (видов и расплакани очи во публиката) - на човек треба да му умее. Кире Ѓоргиев покажа дека му умее.И Ели, и Мартин и Бранко покажаа деке им умее.Браво за сите нив. Браво и за публиката која со својот однос кон случувањата на сцената помогна случувањето да биде такво какво што било замислено да биде. На Гимназијата и на Домот оваа треба да им биде охрабрување и поттик за нови проекти. Но, што се случува со претставата? Ќе има ли и други претстави? Во финансиска рамка од 55,5 милиони евра од кои 22,6 милиони сопствени средства и 32,9 милиони обезбедени како кредит од Германската КФВ Банка, ЕЛЕМ ќе треба да го изгради Ветерниот парк „Богданци“ за производство на електрична енергија со помош на силата на ветерот. Во мај, со изградба на потребната инфраструктура, се заврши првата фаза од изградбата на Паркот и се удри камен темелникот на втората фаза кога треба да бидат монтирани ветерниците. Шеснаесетте ветерници што ќе се монтираат се состојат од столбови со височина од 84 метри на чиј врв ќe има монтирано електротурбини чии елиси при вртењето ќе затворат круг со пречник од 93 метри. Секоја турбина ќе биде со моќност од 2,3 MW, а сите заедно ќе имаат вкупно инсталирана моќност од 36,8 MW. Со почетокот на ноември почна до се довозуваат делови за монтирање на ветерниците. Огромните камиони натоварени со делови од столбови и цели единечни перки предизвикаа внимание уште со доаѓањето на граничниот премин „Богородица“. Впечатливо е да се гледа како натоварените камиони се движат по делниците од регионалниот пат и по делниците од наменскиот пат. Засега градилиштето е под засилен безбедносен режим, но кога ветерниците ќе бидат монтирани „Поглед“ ќе се обиде da извести за самото монтирање на гигантските 130 метарски возвишија. За Програмата за доплнување на Програмата за изработување урбанистилки планови во Општина Богданци за која Советот на Општина Богданци потроши две седници ќе арбитрира Уставниот суд. тел.факс 034/ 214.903 213.903 www.interaplus.com.mk БОДИГ КОМПАНИ изработка на алуминиски конструкции тел.факс 034/ 221.709 изработка на апликативен софтвер продажба на компјутери тел.факс 034/ 222-162 www.turan.com.mk • Нудиме организирање на ресторански свечености • Работиме со Фондот за здравствено осигурување • Примаме пациенти со болнички и специјалистички упат • Кетеринг услуги ЗУПЛ АД с. Негорци, Гевгелија тел. 034/231-176 www.negorskibanji.com.mk НЕГОРСКИ БАЊИ

description

Nezavisen vesnik na Bogdanci

Transcript of Pogled Br.56 Noemvri 2013

Page 1: Pogled Br.56 Noemvri 2013

стр. 5.

БРОЈ 43, Октомври 2012

PRINTMAKING WORKSHOP “SOFIJA” ГРАФИЧКА РАБОТИЛНИЦА “ СОФИЈА”

Број 56 Ноември 2013

Поглед од мојот агол

Пишува:

Илија Тумбов стр.4

стр.6стр.2

С.Ф.-С.Н

Може ли да се направи повеќе за здравствената заштита во Богданци?

Блесокот на „Љубовна приказана“стр. 5

Почна монтажата на ветерните

турбини

Втора триенална изложба на графики од Графичката работилница „Софија“-Богданци во Музејот на град Скопје

Јукио Мишима е јапонски писател роден во 1925 година. Уште во својата 25. година се истакнал со самосвојноста во делата што ги пишувал. Се смета за најчитан автор од неговата генерација. Тој е автор на текстот „Љубовна приказна “ која, Кире Ѓоргиев, како режисер, Ели Минева и Мартин Крлески, како актери, во пијано придружба од професорот Бранко Сапламаев, премиерно, ни ја раскажаа.

Театарскиот режисер Кире Георгиев на богданската театарска јавност и е познат преку неговите проекти работени со струмичките театри прикажани на манифестациите „Богданско културно лето“ и преку брехтовата пиеса „Малограѓанска свадба“ што минатата година ја беше подготвил со учениците од Гимназијата.

Ели Минева и Мартин Крлески, младите надежни актери, се истакнаа уште во „Малограѓанска свадба“, Ели во ликот на Жената, Мартин во ликот на Таткото. За деца (тие се сеуште деца) кои, можеби немаат стапнато во вистински театарски салон, а не пак, на театарска сцена, проблем е да им се влезе во суштината на така два комплексни лика. Но тие ги изнесоаа карактерите на најдобриот можен начин.

Сега во ликовите на Таа и Тој (условно именување) Ели Минева и Мартин Крлески покажаа уште поголема зрелост. Дејствие стокмено низ повеќе пластови на приказната, со заплети, од авторот замислени да се развиваат преку повеќе ликови,од режисерот збрани само во два лика е тежок залак за актери –почетници. Но режисерот со неколку сценски изрази успеал да го култивира сижето и разбирливо да им го предаде на гледачите. И тоа беше мерката. Се мисли на тоа што се случуваше на сцената.

Со претпоставка дека режисерот ја осмислил сценографијата (немаше информација за авторството) треба да се каже дека и на тој начин влијаел за дефинирање на постановката. Одбирајќи ја белата боја, како сценографски израз на невиноста, Кире Ѓоргиев оставил

гледачите сами да се определат дали се сведоци на исповед во вид на два споени монолози или сведочат на исповед во вид на еден поделен дијалог каде што Таа и Тој ја раскажаат личната имагинација на своите љубовни чувства.

Тука треба да се спомне маестралната клавијатурна придружба на професорот Бранко Сапламаев во чиј фон се одвиваше дејствието.Маестрална, прво како избор, второ и како изведба. Маестрално и со присутен во отсустноста или, пак, обратно, отсутен во присустноста. Неговата музика беше третиот лик што лелееше низ недопрениот бел простор.

Така беше отсликано ехото на оддалеченоста (блиска ни е по сите нишани: зарем нашата традиционална љубовна лирика не изобилува со теми за љубовта и војната, леле, војната) развеано: во недоумицата на апсурдот на живеењето кога се е само чекање и очекување; во подавањето на невидливото цвеќе на болката за добредојде во раце; во смешаноста на љубовта и омразата или болката и радоста, понекогаш во заеднички наплив, уште и во вителот на сомнежот дали се живее за да се умре или се умира за да се живее во спомените.

Во салонот на „Петар Мусев“ (како поинаку да се нарече, сепак, за камерни претстави одличниот простор), со заедничкиот проект на СОУ„Богданци“ и Домот на културата „Бранд Петрушев“, на 8 ноември, Богданци беше почестено со одличен културен настан.

Присутните беа нурнати во длабочината на нечии сеќавањата

кои, како и морските бранови што доаѓаат од бескрајната морска широчина (режисерот на видео-бим направил прекрасна паралела со ѓиви бранови и морско синило со игра на светлоста) се очекува да донесат нешто, да донесат некаква кураж, да извирне топлина, ама не донесуваат ништо. Се носат самите себе. Носат само празнотија и пуста надеж.Ама сепак: НАДЕЖ. Надеж, како потврда, дека на љубовта, каква и да е таа, се потпира светот. Надеж која и кога е стара 99 години може да ги апстрахира последните 80 години и да се фокусира на деветнаесеттите што биле причина да се формираат спомените. Надеж 1+1 да станат 2, 2 + 2 да станат 4, дури и кога тоа нема да се случи.

Каква ли само симболика сервирал режисерот со оние две конвнатре свртени скулптури, едната со обликуван лик во внатрешноста, а другата клод празна како негација или како опачина, што ги беше поставил на предната страна од сцената. Низ тие две скулптури беше даден психолошкиот портрет на Тој и Таа. Но која скулптура чија беше?

Да, љубовната приказана раскажана во дуодрамата така како што била видена низ газерот на шишето од ракија испиена за да може да се исплива од магливоста на спомените за да не се биде удавен во сопствените сеќавања кај Него или како страв, како фобија дека некои нешта се невозможни, истовремено верувајќи дека нема невозможни нешта, како верба поддржана од опијаноста со искрената љубов што треба да биде врзивно ткиво во настојувањето да се опстојува, кај

Неа, беше имагинативен пресек на чувствата, што и да се тие.

Додека Таа и Тој се сеќаваа на тоа што било или, можеби, на тоа што мечтаеле да биде и кај публиката се се прелеа дилемата во филозофијата на вљубеноста: го гледаме ли тоа што го гледаме или го гледаме тоа што сакаме да го видиме!?

Дури и костимите, низ загатка, ја раскажуваа сагата на животот спастрен во спомените. Што се спомените? Крпеница од сеќавања за доживеаното или скрпено сеќавање врз кои почива нереалноста на спомените за доживеаното. Некој, бил затоа што се сеќава дека бил, или, се сеќава дека бил затоа што бил?

Дали Кире Ѓоргиев е добар режисер? На работите не може да се гледа низ тие очила. Но, во камерни услови, со тотални аматери, да се изнесе една таква комплексна претстава и тоа да не биде здодевно (видов и расплакани очи во публиката) - на човек треба да му умее. Кире Ѓоргиев покажа дека му умее.И Ели, и Мартин и Бранко покажаа деке им умее.Браво за сите нив. Браво и за публиката која со својот однос кон случувањата на сцената помогна случувањето да биде такво какво што било замислено да биде. На Гимназијата и на Домот оваа треба да им биде охрабрување и поттик за нови проекти.

Но, што се случува со претставата? Ќе има ли и други претстави?

Во финансиска рамка од 55,5 милиони евра од кои 22,6 милиони сопствени средства и 32,9 милиони обезбедени како кредит од Германската КФВ Банка, ЕЛЕМ ќе треба да го изгради Ветерниот парк „Богданци“ за производство на електрична енергија со помош на силата на ветерот.

Во мај, со изградба на потребната инфраструктура, се заврши првата фаза од изградбата на Паркот и се удри камен темелникот на втората фаза кога треба да бидат монтирани ветерниците.

Шеснаесетте ветерници што ќе се монтираат се состојат од столбови со височина од 84 метри на чиј врв ќe има монтирано електротурбини чии елиси при вртењето ќе затворат круг со пречник од 93 метри. Секоја турбина ќе биде со моќност од 2,3 MW, а сите заедно ќе имаат вкупно инсталирана моќност од 36,8 MW.

Со почетокот на ноември почна до се довозуваат делови за монтирање на ветерниците.

Огромните камиони натоварени со делови од столбови и цели единечни перки предизвикаа внимание уште со доаѓањето на граничниот премин „Богородица“. Впечатливо е да се гледа како натоварените камиони се движат по делниците од регионалниот пат и по делниците од наменскиот пат.

Засега градилиштето е под засилен безбедносен режим, но кога ветерниците ќе бидат монтирани „Поглед“ ќе се обиде da извести за самото монтирање на гигантските 130 метарски возвишија.

За Програмата за доплнувањена Програмата за изработувањеурбанистилки планови во Општина Богданци за којаСоветот на Општина Богданципотроши две седници ќе арбитрира Уставниот суд.

тел.факс 034/ 214.903 213.903

www.interaplus.com.mk

БОДИГКОМПАНИ

изработка наалуминискиконструкции

тел.факс 034/ 221.709

изработка на апликативен софтвер

продажба на компјутери тел.факс 034/ 222-162www.turan.com.mk

• Нудиме организирање на ресторански свечености• Работиме со Фондот за здравствено осигурување• Примаме пациенти со болнички и специјалистички упат• Кетеринг услуги

ЗУПЛ

АД с. Негорци, Гевгелија

тел. 034/231-176www.negorskibanji.com.mk

НЕГОРСКИ БАЊИ

Page 2: Pogled Br.56 Noemvri 2013

2 ПОГЛЕД , Ноември 2013

Известувач: Илија Тумбов

Од Осмата седница на Советот на Општина Богданци

Прекината седница

Во присуство на 9 советници (Душко Енџекчев и Ристо Киров беа отсутни), под претседателство на Блаже Шапов, на 6 ноември 2013 година, со почеток во 19 часот, во салата на Советот на Општина Богданци, започна Осмата седница на Советот на Општина Богданци.

На седницата, покрај советниците, присуствуваше и Анастасија Олумчева, градоначалничка на Општина Богданци.

Со 9 гласа „За“ советниците го усвоија Записникот од Шестата седница на Советот на Општина Богданци.

Со 9 гласа „За“ советниците го усвоија Записникот од Седмата седница на Советот на Општина Богданци.

Потоа, со 9 гласа „За“, Советот на Општина Богданци усвои дневен ред од 20 точки за работа на Осмата седница.

Навестувајќи дека Советот преминува на работа според усвоениот Дневниот ред, претседавачот Блаже Шапов објави дека, солидаризирајќи се нивниот сопартиец Шиповиќ, претседател на Советот на Општина Центар во Скопје, кој бил изложен на судски и полициски прогон,

советничката група на СДСМ ќе ја напушти седницата на Советот на Општина Богданци.

Советникот Стојан Воданов веднаш интервенира со процедурална забелешка дека на дневен ред се и материјали кои се врзани со рокови и непридржувањето до роковите е непрофесионален однос на Советот на што му беше одговорено дека со усвојувањето на дневниот ред седницата практично е почната со што се запазува рокот за ставање на тие материјали на дневен ред.

Советникот Стројан Воданов, во името

на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ сакаше да каже уште нешто во врска со новонастанатата ситуација, но претседателот Блаже Шапов изјави дека советничката група на СДСМ веќе се исклучила од работата на Советот на таа седница, а со тоа и тој од неговата должност да претседава со Советот на таа седница.

По излегувањато на советниците од СДСМ од салата во салата останаа советниците Катерина Чрчева, Стојан Воданов, Кристијан Тодоров и Ристо Енџекчев што беше малку за кворум за било каква работа на Советот на Општина Богданци.

ИЗВЕСТУВАЊЕ

од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани сограѓани,Како членови на Советот на

Општина Богданци -избрани од граѓаните на Општина Богданци наша обврска е да ги застапуваме вашите интереси со иницијативи и предлози и активно да учествуваме во решавањето на проблемите и работите во надлежност на Општина Богданци а со една единствена цел- креирање на поквалитетен живот односно развој на Општината.

Нашите обврски се дефинирани со Законот за Локална самоуправа,со Статутот на Општина Богданци и со Деловникот за работа на Советот на Општина Богданци. Во контекс на ова имаме морална обврска да ве запознаеме со функционирањето односно нефункционирањето на Советот на Општина Богданци во изминатиов период.

Во сегашниот состав на Советот од вкупно единаесет советника распоредот ви е познат-пет советника од ВМРО-ДПМНЕ и шест советника од СДСМ и коалицијата. Досега се одржани седум седници а на 06.11.2013 год. беше закажана 8-та седница.

По отварањето на седницата и изгласувањето на дневниот ред истата беше напуштена од страна на советниците на СДСМ-истите кои ја закажаа седницата (советникот од нивниот коалиционен партнер не присуствуваше на истата) во име на одредена партиска подршка.Со напуштањето од нивна страна не постоеше кворум седницата да продолжи. Ако целта ни е да не се одржуваaт Седници,да се усвојува а да не се расправа по предложениот дневен ред тогаш и ние како советничка група можевме да ја напуштиме седницата пред почетокот на истата така да советничката група на СДСМ не ќе можеше ни да ја започне со оглед на фактот дека немаше обезбедено кворум за работа.

Мнозинството во советот со ваквите постапки отворено ги покажа своите намери да го кочи функционирањето на Општината, а преку тоа остварувањето на

интересите на граѓаните.Како појаснување, Дневниот

ред за 8-та седница се состоеше од 20 точки.Од нив 18 точки беа изготвени како Предлог одлуки од кои повекето од Одделението за урбанизам се однесуваат на остварување на правата на граѓаните.Со напуштање и неодржувањето на седницата неосновано се забавува текот на тие постапки .До денес 16.11.2013 год. не е закажана нова седница или продолжување на истата што значи дека истите предлог точки како барања од граѓаните или барања од Општинската администрација ќе мора да чекаат на ,,добрата волја,, на мнозинството во советот.

За жал и начинот на закажување на седниците не е во согласност со постојната годишна програма за работа на Советот. Се почна со практиката да се закажуваат седници во зависност од РАСПОЛОЖИВИТЕ или СЛОБОДНИТЕ термини на Претседателот на Советот, така барем беше во текот на летниот период, па се закажа седница со само една точка на дневен ред, за да се изгласа одредена иницијатива за приватни интереси.

.Исто така напоменуваме дека мнозинството во Советот никому не му дава право да покажува самоволие, да партиските или приватните интереси ги става пред интересите на граѓаните кои ги избрале на таа функција и чии проблеми треба да се решаваат.

Дека токму ова се манифестира во досегашното работење на Советот може да се заклучи од предлозите и иницијативите кои се прифатени односно неприфатени од мнозинството во Советот а од кои како побитни за работењето на Општината и Јавните институции, кои беа отфрлени, ги потенцираме:

1. Предлог – Ребаланс на буџетот за 2013 год . со следниве приоритети :

- намалување на сите нефункционални расходи;

- планирања за непредвидени расходи (блокадата по извршно

решение од АД МЛАЗ –Богданци) ; - предвидени и пренаменети

средства за реконструкција на дел од Домот на културата во Богданци, каде е сместена градската библиотека;

- предвидени средства за учество на Општината во добиени проекти за реализација;

-предвидени средства за програми од интерес на граѓаните(пр.годишна програма за дезинфекција и деретизација).

2. Извештајот за Материјално-финансијското работење на ЈП ,,Комунална чистота,, за првиот квартал од 2013 година(а се усвои извештајот за материјално финансијското работење за првото полугодие на 6-тата седница што е крајно нелогично бидејки и неусвоениот извештај е дел од полугодишниот). Обврска на Советот е да ги усвојува извештаите.Доколку смета дека истите не се реален приказ на работењето на Општината или Јавните институции,Советот може и треба да бара дополнување на истите,да дава насоки како во иднина да се надминат одредени проблеми или неправилности во нивното работење и да бара одговорност за спроведување на тие насоки.Обврската е уште поголема за онаа советничка група која го има мнозинството во Советот.

Оваа наше обраќање нема за цел да ги критикува нашите колеги советници , туку да им укажеме дека решавањето на проблемите од локален карактер,подржувањето на проекти,предлози или иницијативи од интерес за Општина Богданци се заедничка цел и интерес на сите нас кои сме граѓани на оваа Општина.

Со почит.Советничка група на ВМРО-

ДПМНЕ

Душко Енџекчев Стојан Воданов

Катерина Чрчева Кристијан Тодоров

Ристо Енџекчев

Од Деветтата седница на Советот на Општина Богднаци

Советот не ги прифати наводите во Иницијативата за поведување Уставна арбитража

Десет советници беа присутни (се кажа дека советникот Душко Енџекчев оправдано отсуствуваше) на Деветтата седница на Советот на Општина Богданци што се одржа по завршувањето на продолжението на Осмата седница на 25 ноември 2013 година.

Со седницата на која присуствуваше и Анастасија Олумчева, градоначалничка на Општина Богданци, претседаваше Блаже Шапов,.

За работа на седницата имаше предложено дневен ред од само една точка на која Советот, по барање на Уставниот суд на РМ, требаше да се изјасни по наводите дадени во Иницијативата од градоначалничката Анастасија Олумчева, со која се бара Уставниот суд да поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на Програмата за дополнување на Програмата за изработување на урбанистички планови во Општина Богданци за 2013 година која, со 6 гласа „За“ и 5 гласа „Против“, беше донесена на Седмата седница на Советот на Општина Богданци.

Во процедурална забелешка советничката Катерина Чрчева кажа дека на оваа седница нема да учествува во расправата и нема да се изјаснува, додека на спорната седница никој не и укажал дека нема право да учествува во расправата

и да се изјаснува, а таа самата не знаела што е личен интерес и побара во иднина да и се даде точен попис на тоа што е личен интерес затоа што како советници учествувале во расправи и се изјаснувале по материјали што се однесуваат и на институциите каде што работат

Со 9 гласа „За“ Советот на Општина Богданци усвои дневен ред за работа на Советот на Деветтата седница со една точка на која требаше да се произнесе по наводите од Иницијативата за поведување постапка за оцена на Уставносѕа и законитоста на Програмата за дополнување на Програмата за изработување на Урбанистички планови во Општина Богданци за 2013 година број 07-1634/8 од 17.9.2013 година.

Во расправата советникот Ристо Енџекчев праша дали роднинството од втор ред се однесува на сите што се први братучеди, чичковци, тетки, вујковци... на што од правната служба му беше одговорено потврдно.

Советникот Стојан Воданов кажа дека наводите во Иницијативата се точни и ќе гласа за Иницијативата.

Претседателот Блаже Шапов кажа дека советничката Катерина Чрчева гласала против предложената Програма и со тоа не влијаела на нејзиното донесување.

Советникот Стојан Воданов му реплицираше дека тој како

Општина Богданци.На повтореното гласање, со

3 гласа „За“ и 6 гласа „Против“, Советот на Општина Богданци се изјасни дека не се согласува со наводите наведени во Иницијативата поднесена од градоначалничката Анастасија Олумчева со која се бара Уставниот суд на РМ да поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на Програмата за дополнување на Програмата за изработување на урбанистички планови во Општина Богданци за 2013 година број 07-1634 од 17 септември 2013 година донесена од Советот на Општина Богданци.

претседател на Советот бил должен да го почитува Статутот Деловникот за работа на Советот.

Советникот Кристијан Тодоров го интересираше дали оспорениот акт е доставен до Уставниот суд и , ако е доставен, што ќе одлучува Советот кога Владата го урбанизирала земјиштето и на едниот и на другиот барател.

Советникот Никола Стратров потсети дека Катерина Чрчева на предметната седница прва зела збор и рекла дека ќе дискутира, но нема да глсаа и во поткрепа на своето кажување побара, ако има потреба, да се прегледаат снимките од седницата.

Потоа се премина на гласање за Иницијативата за која имаше 3 гласа, а 6 беа „Против“.

Советникот Стојан Воданов процедурално забележа дека нема зошто да се гласа за иницијативата кога таа веќе е поднесена туку треба да се гласа за наводите што се наведени во Иницијативата за кои Уставниот суд бара да се произнесе Советот на

Page 3: Pogled Br.56 Noemvri 2013

3ПОГЛЕД , Ноември 2013

Печати:„Софија“ Богданци

Жиро-сметка:270000000711867 Даночен број:МК4006991101880

Редакција: Маршал Тито 211484 Богданцител. 075 738834факс: 034 [email protected]/pogled

Издава: „СОФИЈА“1484 Богданци, ул. “Маршал Тито” 21

Директор: Драги Семенпеев

Илија Тумбов

Уредува редакциски колегиумТехнички уредници:

Јован РоглевВалентина Попова

Уредник:

Халк Банка-Скопје

Од продолжението на Осмата седница на Советот на Општина Богданци

Едногласно усвоен Извештајот за извршување на Буџетот во Третиот квартал

Осмата седница на Советот на Општина Богданци што беше закажана и прекината на 6.11.2013 година продолжи на 25 ноември 2013 година.

Сседницата,под претседателство на Блаже Шапов, се одржа во присуство на 10 советници (оправдано отсутен беше советникот Душко Енџекчев). На седницата присуствуваше и Анастасија Олумчева, градоначалничка на Општина Богданци.

*Точка 1: - По образложението од Симона Савиќ од општинската администрација, Советот на Општина Богданци едногласно го усвои Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Богданци во Третиот квартал на 2013 година.

Во расправата советникот Борис Ванчев забележа дека за извештајниот период е кажано дека приходите се со брани во износ од 31% од планирањето што навестува дека до крајот на годината одвај ако се соберат половиуна од планираните приходи на што му беше одговорено дека во панирањето обично се земаат износите од претходната година и се зголемуваат за определен процент, што не значи дека тоа планирање понекогаш не знае да потфрли.

Советникот Блаже Шапов го интересираше од каде се 900.000 денари капитален приход на што му бече одговорено дека во извештајниот период земјиштето го продавала Владата и тие средства се од продажба на земјиште кои Владата,делот што и припаѓа на Општина Богданци, го доставила во Општинскиот буџет.

Советникот Никола Стратров пренесе дека на матичната комисја се препорачало општинската администрација да се заложи работите да се извршуваат поажурно за да може побргу да се доаѓа до средства.

*Точка 2: - Градоначалничката Анастасија Олумчева во образложението по точката која таа инсистирала да дојде на дневен ред објасни дека не се согласува Доброволното противпожарно друштво да има ексклузивно право да биде целосно финансирано од Буџетот на Општина Богданци затоа што тоа е сепак формирано како Здружение на граѓани кое во својата Програма има зацртано доброволно работење во делот на гасењето пожари и предложи во иднина тоа да биде плаќано од интервенција, како што се плаќаат доброволните пожарникари во Општина Дојран. Градоначалничката потсети дека Општина Богданци нема ниту сила нити право да го издржува Друштвото.

Советникот Кристијан Тодоров побара таа да се изјасни дали смета дека на тој начин Друштвото ќе биде поефикасно, на што му беше одговорено дека како и да е барем ќе се знае за што се даваат парите. Подоцна тој се заложи што е можно побргу да се добие информација за работата на ДППД и врз основа на тие сознанија да се донесе одлуката.

Советникот Ристо Киров забележа дека во дојранското ДППД членуваат главно вработени во Општината, а во богданското членуваат социјални случаи.

Претседателот Блаже Шапов потсети дека, и покрај бројните инсистирања, ДППД-Богданци по толкав период постоење сеуште нама дадено ниту еден извештај за својата работа и дека и нагласи дека Советот во претходниот состав бил едногласен во одлуката да се формира, да се одржува ДППД и да се настојува тоа да прерасне во територијално противпожарно друштво. Советникиот Шапов кажа дека тој нема да ја поддржи Предлог-Одлуката за поинакво плажање на пожарникарите туку предлага да се побара извештај за нивната работа и да се проанализира целиот случај, а дотогаш предложената одлука да се повлече.

Градоначалничката Анастасија Олумчева му одврати дека таа веќе

осум месеци потпишува плаќање надоместоци за ДППД, аниту некаков извештај видела, ниту некаква услуга.

Советникот Никола Стратров праша како се плаќаат пожарникарите и, откако му беше кажано дека секој од нив има сметка на која му се плаќа надоместокот, допраша како ДППД ќе даде извештај за својата работа кога парите не поминуваат преку неговата сметка.

Советничката Риса Бејкова се согласи со Блаже Шапов дека треба да се добие извештај за работата на ДППД и дури после да се носат одлуки и, нагласувајќи дека за 125 денари од час, како што стои во предложената одлука, никој нема да си го ризикува животот оти гасењето пожари е опасно занимање, рече дека треба да се прават напори друштвото да се професионализира.

Градоначалничката Анастасија Олумчева и одговори дека Општина Богданци не ги исполнува стандардите за да има професионално противпожарно друштво, а ако се мисли дека при доброволната рабопта парите се единствен мотив за ангажирање нека им се дадат на пожарникарите по 30.000 денари, па нека се види како ќе функционираат.

Советникот Стојан Воданов изјави дека на Општина Богданци и треба противпожарна заштита, но потсети дека ДППД здружение-друштво и за секој денар што го добиваат од Општината треба да даваат отчет, а негова заложба е дека нешто треба да се преземе за да профункционира противпожарната заштита.

Советничката Катерина Чрчева кажа дека таа отсекогаш се залагала Друштвото да постои, дека за време на пожарот во Фурка кога ДППД одбило да учествува во гасењето на пожарот оправдувајќи го својот потег со тоа што немале платено некоклумесечни надоместоци можела да има разбирање, но сега кога од градоначалничката слуша дека им се плаќа редовно, а тие одбивале да учествуваат во општински активности не може да има разбирање и заклучи дека не смее да се поддржува само едната страна туку мора да се има предвид и интересот на другата страна, па побара да биде информирана за работата на ДППД.

Со 2 гласа „За“, 2 гласа „Воздржано“ и 6 гласа „Против“ Советот на Општина Богданци не ја усвои Одлуката за измена на Одлуката за утврдување надоместок за членовите на Доброволното противпожарно друштво„Богданци“, Богданци според која на членовите на Друштвото ќе им припаѓа надоместок кој сразмерно на нивното време на ангажирање во гаснење пожари не треба да биде помал од просечната плата во РМ со определени месечни термини кога ќе се поднесува извештајот за работното ангажирање на пожарникарите за изминатиот период.

*Точка 3:- По образложението на Вангелица Караиванова, директорка на Јавната општинска установа Детска градинка „Коста Поп-Ристов Делчев“-Богданци, Советот на Општина Богданци, со 10 гласа „За“ го усвои Извештајот за работата и постигнатите резултати на ЈОУДГ „Коста Поп-Ристов Делчев“,Богданци за 2012/2013 година.

*Точка 4:- Со 10 гласа „За“, по образложението на Вангелица Караиванова, директорка на ЈОУДГ „Коста Поп-Ристов Делчев“, Богданци , Советот на Општина Богданци ја усвои Годишната програма за работа на Јавната општинска установа Детска градинка „Коста Поп-Ристов Делчев“, Богданци за 2013/2014 годин

*Точка 5:- Со 9 гласа „За“ и 1 глас „Воздржан, Советот на Општина Богданци донесе Одлука за проширување на планскиот опфат на урбанистичко планската документација и вклопување на бесправниот изградениот помошен објект на КП 11110/2 во КО Богданци.

*Точка 6:- Со 10 гласа „За“ Советот на Општина Богданци донесе Одлука

за донесување урбанистичко планска документација заради усогласување на намената од ДУП Богданци со бесправно изградени објекти и за донесување на урбанистичко планска документација со која ќе се изврши промена на трасата на сообраќајната инфраструктура или нема да се предвиди на КП 11452/1 во КО Богданци.

* Точка 7:- Со 10 гласа „За“ Советот на Општина Богданци донесе Одлука за донесување на урбанистичко планска документација заради усогласување на намените на ДУП Богданци со бесправно изградени објекти и за донесување на урбанистичко планска документација со која ќе се изврши промена на трасата на сообраќајната инфраструктура на КП 10703 во КО Богданци.

* Точка 8:- Со 10 гласа „За“ Советот на Општина Богданци донесе Одлука за донесување на урбанистичко планска документација заради усогласување на намените од ДУП Богданци со бесправно изградени објекти и донесување на урбанистичко планска документација со која ќе се изврши промена на трасата на сообраќајната инфраструктура на КП 9052 во КО Богданци.

* Точка 9:- Со 10 гласа „За“ Советот на општина Богданци донесе Одлука за донесување урбанистичко планска документација со која ќе се изврши промена на трасата на сообраќајната инфраструктура на КП 10119/1 во КО Богданци.

*Точка 10:- Со 10 гласа „За Советот на Општина Богданци донесе Одлука за одбивање на донесување урбанистичко планска документација со која нема да се предвиди трасата на сообраќајната инфраструктура на КП 10119/1 во КО Богданци.

*Точка 11:- Со 11 гласа „За“ Советот на Општина Богданци донесе Одлука за донесување на урбанистичко планска документација заради усогласување на намените од ДУП Богданци со бесправно изградени објекти на КП 10127 во КО Богданци.

*Точка 12:- Со 10 гласа „За“ Советот на Општина Богданци донесе Одлука за проширување на планскиот опфат на урбанистичко планската документација и вклопување на бесправниот објект на КП 8617 во КО Богданци.

*Точка 13:- Со 10 гласа „За“ Советот на Општина Богданци донесе Одлука за дополнување на Одлуката за донесување на урбанистичко планска документација и вклопување на бесправениот објект на КП 3543 и КП 11037 во КО Богданци.

*Точка 14:- Со 10 гласа „За“ Советот на Општина Богданци донесе Одлука за проширување на планскиот опфат на урбанистичко планската документација и вклопување на бесправниот објект на КП 11531 во КО Богданци.

*Точка 15:- Со 10 гласа „За“ Советот на Општина Богданци донесе Одлука за донесување на урбанистичко планска документација заради усогласување на намените на ДУП Богданци со бесправно изграден објект –трафостаница на КП 11215 во КО Богданци.

*Точка 16:- Со 16 гласа „За“ Советот на Општина Богданци донесе Одлука за донесување на урбанистичка планска документација со која ќе се изврши промена на трасата на сообраќајната инфраструктура на КП 8856/1 и 8856/3 во КО Богданци.

*Точка 17:- По образложението на Соња Маџирова од општинската администрација, со 10 гласа „За“, Советот на Општина Богданци ја донесе Програмата за измена и дополнување на Програмата за изработка на урбанситички планови во Општина Богданци за 2013 година каде што во член 1 на Програмата објавена во Службен гласник на Општина Богданци број 17/2012 и број 9/2013 , во делот II. Посебни одредби точка 4 се брише; во членот 2 , во делот II. Посебни одредби, по Табелата II се додава „Табела II-а. Изработување на општ акт“, а во делот II.Посебни одредби, Табела II-а,

по Точката 15 се додава Точка 15-а која вели дека активноста изработување на Одлука за начинот на изградбата во населените места Ѓавото и Селемли ќе биде финансирана од Општина Богданци.

*Точка 18:- Со 10 гласа „За“ Советот на Општина Богданци го прифати мислењето на Анастасија Олумчева, градоначалничка на Општина Богданци, заради недоволниот озив на населението при спроведената Стручна расправа и јавна анкета организирана на 11.3.2013 г.по Нацрт –Генералниот урбанистички план на Богданци, да се донесе Одлука за повторна Стручна расправа и Јавна анкета по нацртот на новиот Генерален урбанистички план на град Богданци.

*Точка 19:- Во образложението градоначалничката Анастасија Олумчева кажа дека Општина Богданци на АД„Млаз“ му должи 12.086.995 денари од кои 5.000.000 на име главен долг, а остатокот на име камата. За излез од ситуацијата кога Општина Богданци беше дури и блокирана од страна на АД „Млаз“ таа го информира Советот на Општина Богданци дека е договорена цесија во која долгот од 2.920.816 денари што „Млаз“ го има кон ЈП „Комунална чистота“ да го преземе Општина Богданци и заедно со долгот од 4.033.241 денар што „Млаз“ го има кон Општина Богданци и 1.879.695 денари кои при блокадата на сметката на Општина Богданци се одлеаа кон сметката на АД„Млаз“ од вкупниот долг на Општина Богданци кон АД„Млаз“ ќе бидат отплатени вкупно 8.833.752 денари. Остатокот од 3.253.243 денари долг кон АД„Млаз“ Општина Богданци ќе го отплати со средствата кои „Млаз“ ќе треба да ги плати на име легализација на објекти, а до конечната исплата на преостанатиот долг, АД „Млаз“ нема да ја блокира сметката на Општина Богданци.

Претседателот Блаже Шапов ја праша градоначалничката зошто во цесијата не е вклучено и ЈПКД„Водовод“ на кого АД„Млаз“ му е должно сериозни износи и на кого Општина Богданци троши големи средства за плаќање на трошоците што тоа ги прави на што оваа одговори дека порано сметката на АД„Млаз“ била блокирана од „Водовод“, дека сега во „Водовод“ нема директор, претпријатието не функционира и нема со кога да се прави цесијата.

Советникот Стојан Воданов праша дали на преостанатиот долг „Млаз“ ќе пресметува камата на што му беше одговорено дека нема потпишано никаков официјален документ, па ќе се види како ќе се договори и тој момент.

Советникот Ристо Енџекчев кажа дека начинот на кој се предлага да се изврши порамнувањето е добар и треба да се прифати.

Со 10 гласа „За“ Советот на општина Богданци ја прифати Информацијата за начинот на кој Општина Богданци ќе го регулира долгот кон АД„Млаз“.

*Точка 20:- СОВЕТНИЧКИ ПРАШАЊЕ

-Советникот Блаже Шапов праша:

1. До каде е стасано со продажбата на касарната во Стојаково за која беше речено дека има заинтересирано сериозен инвеститор на што му беше одговорено дека сеуште нема заинтересирани .

2.Дали, како што одлучи Советот, има поднесено барање за вршење ревизија врз работата на поранешниот градоначалник Ристо Ичков на што му беше одговорено дека барањето е поднесено, а не може да се знае дали тоа ќе се најде на списокот на Државниот ревизор.

-Советникот Борис Ванчев праша:

1.Дали во Селемлија ќе се инсталира вода и струја до гробиштата на што му беше одговорено дека во овој момент за снабдување со вода на Селемли сеуште е одговорно комуналното претпријатие од Гевгелија, а граѓаните од Селемли сами си ги уништија електроводовите до гробиштата.

2. До каде е стасано прашањето со градењето на Ресторанот во Богданци на што му беше одговорено дека по завршување на судскиот процес меѓу инвеститорот и „Комунална чистота“ Општината ќе ги тргне оградите што го преградуваат шеталиштето, а трошоците направени за тоа ќе му бидат фактурирани на инвеститорот.

-Советникот Никола Стратров праша:

1. Зошто не се спроведува одлуката за садење дрвца од страна на штотукувенчаните брачни двојки и побара да биде информиран за причината.

2. Зошто на избирачките одбори сеуште не им се исплатени надоместоците за Локалните избори што се одржаа пред 8 месеци на што му беше одговорено дека Општина Богданци располага со многу малку средства и во овој момент не е можна исплата.

-Советничката Риса Бејкова праша:

1.Што се случува со обележувањето на паркинзите за такси возилата за кои граѓаните сметаат дека не се добро лоцирани на што и беше одговорено дека се е направено според

Одлуката донесена од Советот, дека таа не е лоша и дека незадоволството доаѓа заради тешкото одвикнување од стекнатите навики.

2.Што се планира со отворениот канал во Ѓавото кој е извор на смрдеа и ројалиште на комарци на што и беше одговорено дека во Ѓавото во тек е инсталкацијна фекална канализација и отпадните води повеќе нема да бидат пуштани во каналот кој не може да биде затрупан зато што претставува заштита на Ѓавото од евентуално високите водостои на Вардар.

Известува: ИлијаТумбов

Page 4: Pogled Br.56 Noemvri 2013

4 ПОГЛЕД , Ноември 2013

Пишува: ИлијаТумбов

С . Ф . - С . НПоглед од мојот агол

1.Кога веќе написот за настанот

е сместен на насловната страница, нормално е тој да се есапи за настан на месецот. Настаните што ги обележуваат месеците секогаш се повеќедимензионални.

Се работи за „Љубовна приказна“ која, под раководство на Кире Ѓоргиев, во заедничкиот проект на Гимназијата и Домот на културата, во фонот на музиката што во живо ја свиреше Бранко Сапламаев, ни ја раскажаа Ели Минева и Мартин Крлески.

Димензијата на која сакам да се задржам во овој случај е - публиката на премиерата. Ми ги исполни очекувањата. Горе-долу колку и претставата. Бабите, мајките, дадите, тетките, стрините, вујните не ги беа повеле со себе дечињата,домашни миленичиња, па претставата можеше да се следи на раат.

Многу сум им благодарен заради тој подвиг.

2.Скоро до шеесетите со

кратенката С.Ф-С.Н се завршуваше секој документ, допис или акт во Југославија, а со тоа и во Македонија. Тетрагониумот беше збир на првите букви од зборовите во паролата „Смрт на фашизмот-слобода на народот“ со која, петнаесетина години симболично се славеше победата над фашизмот.

Работниот народ и чесната интелигенција (нешто како „граѓаните“ во денешната терминологија) кратенката си је преведуваа како „Сакаш фати го-сакаш на ти го“. Така, на шеговит начин, со голема доза на иронија, го илустрираа правото за избор на опции во социјалистичката ни татковина.

Демек, на овој или на оној начин, ќе си го добиеш.

А власта? Како реагираше власта?

Па власта беше во рацете на работниот народ кој, и тогаш како и сега, ја имаше делегирано кај тие што го претставуваа.

С.Ф-С.Н.3.Неколку локални мајки ми се

имаат пофалено дека нивните ДЕЦА учат за новинари. Некои истакнаа дека децата им завршиле и сега бараат работа, ама работа нема.

„Поглед“ педесет и шест броја е присутен на локалната информативна сцена. Каков-таков, тука е и, колку-толку, и служи на намената.

Со ретки, многу ретки, исклучоци досега се нема случено некој да ме прша дали може да објави нешто во весникот. И тое е чудното што раѓа дилеми.

Обично кога некој го бива за песна не пропушта прилика да запее.

Обично кога некој е добар со топка не пропушта прилика да „чукне“ некоја.

Необично е, некој е обучен да биде вешт на перо и да се образувал да ги забележува и препознава нештата и има како и каде да си го провери знаењето, да не го направи тоа.

Греота е. За општиот интерес и за времето поминато во учење.

Ако навистина се подготвувале да бидат новинари не би смееле да ја одминуваат шансата што им ја овозможува „Поглед“.

Доколку не чекаат СиЕнЕн да ги повика кај нив, што е сосема разбирливо?

Некој тука луто се има измамено.

4.Луѓето во мојот круг ги делам

на познаници, пријатели и другари.Другарите се тие на кои

секогаш можам да се потпрам и кои секогаш можат да сметаат на мојата помош и на мојата поддршка.

Градацијата оди вака: Познаниците понекогаш стануваат пријатели. Пријателитепонекогаш прераснуваат во другари.

Другарството трајна определба ли е? Е тоа е прашање кое бара одговор. По мене, би требало да биде трајно доколку не се случи нешто поради кое ќе „пукне“.

На времето една пријателка ми беше подарила саксијка со мало, ептен боцкалаво кактусче. „Да те потсетува дека не е пријатно ако си боцк’лав, ми рече. Не е убаво за тие околу тебе.Кога ти е полно-рамно,аха-иха.. Кога ти е од нешто накривено тогаш обеси го клунот, усукај ги веѓите, исфрли ги ноктите и само фрчи и драскај наоколу.“

Оваа поука ме поттикна да размислам за моите другарства.

Некои другарства се напорни за одржување. Разбирам дека некогаш е нужно да се има трпение и разбирање. Другарството треба да се негува.Но и трпението знае да се потроши. Ако некои не се заинтересирани да другаруваат со мене зошто, пак, јас би бил загрижен за другарувањето со нив.?

Ќе направам корекција.Некои другарства ќе ги префрлам во категоријата пријателствa, можеби, дури и во категоријата познанства.

Подобро така отколку да си ја чукам главата барајќи одговори на непоставени прашања.

Можеби и на нив ќе им олесни. Зошто да се мачат да другаруваат со мене. Да им „тежам“, што се вели.

5.Кепа и Зоја одеа со години.

Зоја беше дипломирала во јуни, а Кепа се надеваше тоа да му се случи во септември или, евентуално, во ноември.Се шетале тие едно претпладне низ плоштадот кај Камениот мост кога им пришла една постара двојка и на англиски ги прашала каде е Старата чаршија и како можат да стасат до неа. И Кепа и Зоја одлично се служеа со англискиот, па им објасниле на луѓето се што требало. „Ние сме слободни, па ако не ви пречи би дошле да ви го покажеме тој дел од Скопје- им се понудиле Кепа и Зоја на заинтересираните.

Овие прифатиле.Се шетале, разгледувале...

бајаги време поминале заедно.Виделе што виделе и двојката-

туристи предложила да седнат во некоја од гостилниците на кои наидувале и да каснат нешто. Седнале.

Старите раскажале дека се од Белгија, дека од скоро се во пензија и дека си поставиле за цел да го прошетаат Балканот. Младите објасниле дека Зоја завршила со студирањето, дека и Кепа ќе заврши наскоро, дека се верени и дека во јануари ќе се венчаат. Дури и ги поканиле на свадба.

-Нема да можеме да дојдеме, рекле овие, ама ќе ви пратиме подарок. Кажете ни што сакате да ви подариме за свадбата.

Тоа лето во мода беа едни крилести очила за сонце. Многумина ги носеа, ама во Скопје не можеа да се купат.

-Ако може по едни вакви очила за сонце, побарале овие покажувајќи кон некој од минувачите со такви очила.

-Друго?-прашале старите.-Ништо, доста е, одговориле

младите.Толку бил муабетот. Си ги

размениле адресите и секој си тргнал по својот пат.

Си отиде летото, завладеа есента. Дојдеи декември. Кепа во меѓувреме дипломира. Пред нова година Во поштенското сандаче Кепа нашол известување да оди во поштата и да си подигне некој пакет стасан на негово име.

Отишол Кепа во поштата и го подигнал колетот. Адресата на примачот негова. На местото каде што стои адресата на праќачот запишано дека пакетот доаѓа од Белгија и дека го праќа таа и таа фирма дел од корпорацијата „Филипс“.

Нешто му било нејасно на Кепа, ама не рекол ништо.

Дома, со Зоја го отвориле пакетот и што да видат: дузина најразлични машки и женски очила за сонце. Имало и убаво декоративно плико. Во пликото писмо. Во писмото напишано дека госпоѓата и господинот тие и тие, сопственици на фирмата што им го праќа пакетот, во знак на пријателството што го склопиле летото и во знак на благодарност за убавиот помин, на Кепа и Зоја им го праќаат подарокот и им ја честитаат свадбата

Кепа и Зоја долго време се јадосуваа што не побарале друг подарок или, барем, да оставеле подарокот да биде избор на странците.

На овој настан од раните седумдесетти се сетив неодамна кога еден лик од моето опкружување, распореден во категоријата другари, го видов доста замислен.

-Те мачат мисли?-Да, одговори ликот.-Да не се мислите од љубовна

природа?-се пошегував.-Тоа е мој проблем, дрско

одговори ликот. Има и поважни работи од вљубеноста.

Со ликот многупати се имаме согласено дека љубовта го држи светот.

Знаев дека одговорот, таков и даден на тој начин, требаше да го елиминира натамошното прашување. Ситуацијата ме затекна. Се извинив што си дозволив да прашам. Престанав да прашувам. Не требаше многу остроумност за да се заклучи дека „поважните работи од вљубеноста“ имаат конкретна природа.

Има проблеми кои се тешки за решавање. Но секогаш постои излез.

Доколку, во другарски релации, на искрено прашање се даде искрен одговор може да се очекува од некаде да се јави решение за проблемот што натежнал. Да се случи ангел да слета на рамо.Ангелите ретко слетуваат на рамо, ама се случува.

Златните рипки што во сказните исполнуваат желби понекогаш имаат човечки лик.

Одбивноста никогаш не носи ништо добро. Кроткоста е таа што дава резултати. Кроткото јагне цица од кај ќе стигне.

Арно ама, кроткоста е дарба. Да не речам, талент. Треба да се поседува.

6.Ми беше ставена забелешка

дека во оној текст што, како личен прилог, го бев изнел во минатиот број на весников не сум бил јасен кај синтагмата дека по неубедлив референдумски позитивен резултат Самоиловата сенка постојано ќе се сопнува на својата круна, а нашето културно богатство ќе се задушува во својата насловеност. Ќе се обидам да објаснам:

„Зар и ти сине Бруте?“, извикал Гај Јулиј Цезар додека Брут и Касиј го убивале на скалите од Сенатот. Цезар бил убиен затоа што имал намера, на крилјата на својата воена слава, да се прогласи за цар.Неговата Републиканска партија не се согласувала со тоа и му пресудиле како што му пресудиле.

Подоцна, откако се „куртулил“ од Марко Антониј, Клеопатра и Цезарион, синот на Цезар и Клеопатра што требало да владее со Рим и Египет, на Октавијан Август, по четири децении успешно владеење со Рим му пошло од рака да се прогласи за император. Таа била првата и единствена царска круна во Европа.

Под закана од наездата на варварските племиња, Константин престолнината на Римската империја ја префрлил во Константинопол со што на босфорскиот град му било

затвора сите прашања. Во литературниот јазик може

да се сретнат глаголи изведени и со наставката – ВУВА.

Потоа, кога на несвршениот глагол ЧЕСТВУВА ќе му се додаде наставката –ЊЕ се изведува глаголската именка ЧЕСТВУВАЊЕ. Сум употребувал такви форми. Во случајот се определив за глаголската именка ЧЕСТУВАЊЕ поведувајќи се по примерот на дијалектната форма Ч’СТУВАЈНЕ што е во употреба во Богданци.

Бидејќи во локалниот говорен јазик се употребува формата Ч’СТУВАЈНЕ сметав дека многу нормално е и во текстот да ја употребам формата ЧЕСТУВАЊЕ.

Инаку во Речникот на македонскиот јазик ги нема ниту глаголот ЧЕСТУВА ниту глаголската именка ЧЕСТУВАЊЕ. Го нема ниту глаголот ЧЕСТВУВА. Затоа имаме само околу седумдесетина илјади зборови. Наспроти англискиот кој има милион зборови.

Тоа е сосема нормално. Какви што ни се другите

стручнаци такви ни се и јазичарите. Гола вода.

8.Некои луѓе имаат дефект на

интелектуалната компонента.Арно, ама, тие не го знаат тоа и лагодно си го арчат животот не обрнувајќи внимание на тој факт.

На Мрежите неодамна имаше изнесено едно вакво мислење: „Со смртта немаат проблеми тие што умреле. Проблемот е кај тие околу умрениот. Така е и со глупавите. И тие немаат мака со својата глупавост.“

А тие што делат простор и време со глупавите?

Кој им е виновен, таква им била среќата.

9.На ТВ се поплакуваат дека во

тетовско дивите сечачи на дрва дневно краделе по 100 кубика дрва. Кому му е гајле за тоа. Само на 26 ноември во РМ се засадиле 5 милиони дрвца. За 12 години, колку што се прават акции за садење, тоа се околу 60 милиони садници. Тие садници ќе пораснат и ќе се сторат дрвја. Ич да немаме грижа.

Иднината ни е засадена. Амазонските џунгли нема да ни бидат рамни. Како што не бива, се создаваат услови и за развој на индустријата: две стебла едно вретено, две стебла едно вретено. Пресметајте, тоа се најмалку 30 милиони вретена. Како само ќе ни порасне БНП. Еј, прогрес е тоа.

10.Во врска со акциите за

пошумување ќе направам една споредба: Во чест на 88-те години на

Другарот Тито во 1980 година се садеа 88 дрвја. Нека во Социјалистичка Република Македонија тогаш имало 1.000 субјекта, што градови, што села , што други субјекти, мислам ООЗТ што ќе дојде нешто како средни и средно големи фирми (многу е, ама ако), нека секој од тие субјекти засадил по 88 садници –колку се тие? Само 88 илјади садници.

Живи се здрави се, одете и пребројте ги. Богданските се таму некаде кај Браната.

Овие, шеесет милионските нема што да ги броите. Телевизиите сакој час ги објавуваат резултатите.

Е, ај споредете. Знаете ли која е разликата меѓу 88 илјади на СРМ и 60 милиони на РМ? Титовите пионерчиња и младинци вода можат да им носат на овие денешниве.

Како после да не те навјаса мачнина од помислата на тој комуњарски темен вилает во нашето минато. Мани ги другите штети што за тие 45 години се направија, абе ниту асално пошумување не се направи.

Овие боровите шуми околу Богданци... и тие се направија на сила, со доброволни акции.

И тоа, замислете, во неделен ден, а не како сега, на денот за пошумување се да биде во служба на акцијата.

Се што е на платен список на Државата.

обезбедено името Цариград затоа што во него бил царот на Рим заедно со круната.

Кога Карло Велики се „населил“ во Рим веднаш се сетил да се прогласи за цар на Западното Римско Царство. Западно затоа што источниот дел на Римското Царство веќе на големо егзистирало како Византија. Така во рамките на некогашната Римска империја се јавиле две царски круни.

Се ќе било во ред доколку од некаде на хоризонтот да не се појавиле татарските орди на Бугарите.Осилени од воените победи канот Аспарух и компанијата и се заканиле на Византија дека ќе влезат во Цариград за да ја земат круната и престолот.

Комнените или која династија била на власт итро ја отстранила опасноста по престолот и круната убедувајќи ги Бугарите дека нема потреба да ја грабат Источно-римската круна затоа што ќе им биде доделена Бугарска царска круна.

Така и се случило. Бугарите се стекнале со царска титула која си ја имаат до ден денешен во името на Цар Симеон кој пред неколку години беше и премиер на Република Бугарија.

Кога Самоил прогласил независност се добрал и до Бугарската царска круна , па се прогласил за цар на Бугарите.

На таа круна мислев кога кажав дека Самоиловата сенка ќе се сопнува на својата круна. Во природата на таа круна е изворишето на сништата за Голема Бугарија која во Сан Стефано еднаш дури и била верификувана. Двеста и нешто години по Самоил и српскиот владетел Душан Силни ќе се добере до истата таа круна и, покрај другото, ќе се прогласи за цар на Бугарите, ама никој од тоа не прави проблем.

Кога реков дека нашето културно наследство ќе се задушува во својата насловеност мислев на „Зборникот на Миладиновци“.

Сакајќи Словените да ги постават како сериозен субјект во милјето на Европа панславјанското движење си поставило цел да го собере и систематизира културното наследство на словенските народи.

Преку хрватскиот огранок на движењето Димитар и Костадин Миладинови добиле задача да поработат по тоа прашање во Македонија.

За да нема забуна, нашиве простори тогаш сеуште се во рамките на Отоманската империја и службеното име на територијата е Румелија. Името Македонија со закон било забрането да се употребува. Тоа и влијанието на Кукушко-Солунската унија со Ватикан, веќе етаблираната Егзархија, како заштитник на словенскиот православен елемент придонеле, Зборникот да се наслови како народно усно творештво на Бугарите.

На тоа задушување мислев.7.Под прашање беше ставена

и глаголската именка ЧЕСТУВАЊЕ употребена во текстот објавен на насловната страница од минатиот број на „Поглед“. Ми се забележуваше дека, наместо ЧЕСТУВАЊЕ требало да стои ЧЕСТВУВАЊЕ.

Не требало, туку можело. Можело да стои е вистинската формулација.

Ќе си дозволам да објаснам: Глаголските именки, по правило се образуваат од несвршени глаголи. Во нашиот случај се работи за глаголска именка изведена од несвршен глагол на кој му се додава наставката –ЊЕ.

Од именката ЧЕСТ што значи почит, внимание, слава се извел глаголот чести. Кога на некој му се оддава почит или кога се слави може да се каже дека му се оддава почит, чест, се чести. Во согласност со глаголот почитува стои и глаголот ЧЕСТУВА. Ако на несвршениот глагол ЧЕСТУВА му се додаде наставката –ЊЕ се изведува глаголската именка ЧЕСТУВАЊЕ. Тоа, по мене, ги елиминира сите нејаснотии и ги

Page 5: Pogled Br.56 Noemvri 2013

5ПОГЛЕД , Ноември 2013

Пишува:

КрстеЛештов

ИДНИНАТА

Иднината не може да биде предвидена. Таа се создава тука и сега. Иднината е одраз на сегашноста. Она што се прави сега е нашата иднина. Никој не успеал целосно да ја предвиде бидејќи не постои. Но

луѓето кои не прават ништо во својот живот имаат лесно предвидлива иднина. Обично таа би била именувана како: пропаст, распад, уништување, солзи, страдање, болка. Луѓето кои не прават ништо корисно за себе си создаваат сурова иднина што може секој да ја предвиди. Тоа е феноменот на иднината: не постои, не може никој да ја предвиде, ама може да биде и лесно предвидлива за оние кои ништо не прават во врска со тоа.

Нема иднина, а истовремено

има. Никој не ја знае, а истовремено се знае. Тоа е замката на времето, затоа никој не може да предвиде што ќе се случи, бидејќи време не постои. Ама постојат навики кои што многу говорат за луѓето и врз основа на нив се гледа нивната иднина. И сè се случува во умот, сите подеми и падови се предизвикани од него. Исчисти го умот од нештата кои те кочат и ќе се ослободиш. Направи го она што ќе ти обезбеди прекрасна иднина каква што посакуваш. Не очекувај затоа што тоа е лага, наместо очекувања, работи на нештата, да ти

се случат. Без работа нема резултати и останува само празна фантазија. Материјализирај ја фантазијата преку практична работа. Така прават мудрите.

Иднината е добра за добрите луѓе, а лоша за лошите. Болна за оние што ништо не превземаат да се променат и ослободат од непотребните навики, а прекрасна за оние кои постојано се менуваат во ритамот на животот и се спремни да издржат сè Само оние кои животот го гледаат како должност да бидат светлина на земјата и да живеат во

хармонија со сè што постои, успеваат да се реализираат. А иднината е она што нé чека и ја создаваме тука и сега. Иднината е нашата дестинација, а сегашноста нашата сила. Биди силен – живеј како денес да е твојот последен ден, а работи со задоволство бидејќи има зошто да се живее. Имаш иднина – затоа не се откажувај никогаш, а имаш и сегашност – затоа радувај се бидејќи сеуште имаш шанса да сториш нешто за себе и другите.

Нема потреба да се дава одговор на прашањето поставено со насловот. Одговорот секој ќе го осети на своја кожа ако, недај Боже, за тоа се укаже потреба.

Пред триесетина година со сета радост богданчани, сами, непомогнати од никого, ја изградија зградата на тогашниот Здравен дом. Еден убав десеттооктомвриски ден таа беше пуштена во употреба. Се радуваа богданчани и веднаш почнаа подготовки за да се направат и останатите делови од проектираниот комплекс за амбулантата, како што си ја викаа, да прерасне во вистински здравен дом, опремен и со специјалистички ординации за граѓаните да имаат адекватна здравствена заштита.

Едно време таму ординираа интернистичка амбуланта, невро-психијатриска амбуланта, педијатриска амбуланта, амбуланта за училишна медицина, гинеколошка амбуланта. Сите тие беа во рамките на јавното или државното здравство. Одеднаш сите нив ги снема. Остана да ординира само интернистичката амбуланта и таа без опрема. Во последно време и без медицинска сестра оти сестрата што работеше таму е прекомадувана на работа во Гевгелија.

Сето тоа се нарекува реформи во здравството. Реформи што треба да обезбедат модерно европско здравство. Реформи во кои Медицинскиот центар во Гевгелија го претворија во Здравствен дом. Реформи кои Здравствениот дом во Богданци го претворија во празна зграда што им се рента на приватните здравствени организации.

Тенденцијата е, се вели, да се развива приватниот сектор. Здравството да се модернизира на тој начин. Но нема држава во светот што го замрела јавното здравство. Особено не малите и сиромашни земји каква што е Македонија. Сиромашен народ како нашиот треба да има на располагање капацитети од јавното здравство. Изгледа дека е увидена грешката и се прават сите напори за модернизирање на јавното здравство во повисоките нивоа. Се набавува опрема, се врбуваат за враќање побегнатите специјалисти и супспецијалисти во државните клиники, се праќаат млади лекари на специјализација во странство.

Ќе треба ли долго да се чека таа појава да се случи и во секундарната јавна здравствена заштита? Да се почувствува и во Богданци. Особено сега кога се воведува проектот „Мој термин“ кој, нели, претставува електронски систем за следење на листите на чекање во клиниките и треба на секој пациент да му овозможи транспарентен и целосен преглед на листите на чекање во секоја клиника. Но и тоа е само притисок врз највисокиот степен од здравствената заштита. На граѓаните најмногу им треба вториот степен, им треба консултативно-специјалистичката здравствена заштита. Им треба здравствени услуги од одреден специјалист во местото на живеење.

Нелогично е Богданци на крајот од дваесеттиот век да имал подобра здравствена заштита од таа што ја има на почетокот на дваесет и првиот век.

Амбициите на богданчани пред триесет години да биле поцелисходни од тие што се имаат денес. Греота е за овие повеќе од седумнаесет години

практикување локална самоуправа едно вакво прашање никогаш да не дошло на дневен ред.

Се бавел Советот на Општина Богданци со многу безначани работи, ама никогаш не се сетил да се позабави со едно такво значајно прашања од областа на здравствената заштита.

За да се исполни формалната страна формирана е и Комисија за унапредување на правата на пациентите. Во неа, како претставници на пациентите, се именувани Иванка Паункова и Зора Шутарова, како претставници на Советот на Општина Богданци, се именувани Емилија Пенова, Соња Поп-Гонова и Мирко Мурџев, како претставници на лекарите, се именувани Сашко Цветковиќ и Силвана Карастојанова и, како претставници на невладите организации, се именувани Славе Танев и Анита Попова. Комисијата е формирана како тело на Советот на Општина Богданци со канцеларија во зградата на Општина Богданци на улица „Маршал Тито“ број 64 која ќе е означена со називот „Канцеларија на Комисијата за унапредување на правата на пациентите“. Комисијата треба има надлежности:

-да ги унапредува правата на пациентите и нивната заштита;

-да ја следи и проценува состојбата со заштитата на правата на пациентите;

-да предлага мерки за подобрување на заштитата на правата на пациентите до надлежните органи;

-да разгледува поплаки од пациенти и да предлага преземање на мерки до надлежните органи;

-да бара стручна експертиза ако оцени дека е неопходна за утврдување на состојбата;

-да води евиденција за поединечни поплаки на пациентите, како и на мерките преземени за заштита на правата на пациентите;

-да подготвува и поднесува годишен извештај за заштита на правата на пациентите пред Советот на Општината;

-да издава информации, промотивен и друг материјал со

цел за унапредување на правата на пациентите и да вршат други работи пропишани со Закон.

Знае ли Советот што работа, во 2010, 2011, 2012, па и оваа 2013 година, му завршила оваа Комисија како негово постојано тело?

Дури имаше иницијатива Одлуката за формирање на Комисијата, заедно со нејзините надлежности и други карактеристики, да бидат напечатени и истакнати по сите амбуланти.

Се унапредуваат ли правата на пациентите?

ДАЛИ СЕ ЗБОГУВАМЕ СО КОНСУЛТАТИВНО- СПЕЦИЈАЛИСТИЧКАТА ДЕЈНОСТ НАДВОР ОД БОЛНИЦИТЕ?

ВЕРИГАТА ШТО ЌЕ НЕДОСТАСУВА

Нема држава во светот што може да се пофали дека ги решила сите проблеми кога станува збор за здравствената заштита. Речиси секаде недостасуваат средства за комплетно задоволување на потребите на сите оние што бараат здравствена заштита. Покрај недостигот од средства, дел од државите се соочуваат и со проблемот околу нивното нерационално трошење.

Република Македонија, со релативно слаба економска моќ, припаѓа на државите што издвојуваат малку средства за здравствена заштита, но и со недоволно развиен систем на здравствена заштита. Проблемите од ваков вид, некои со поголема, некои со помала успешност ги решавале или ги решаваат со реформи на здравствениот систем, недостигот на средства да се ублажи со нивно рационално насочувањето во подрачја во кои тие на најдобар можен начин ќе можат да се искористат, а притоа ќе дадат најдобри резултати. Преведено на едноставен начин, со средствата со кои располага здравствениот систем ќе се продуцира поголемо задоволство кај граѓаните, односно пациентите.

Соочена со овие предизвици Република Македонија повеќе од две децении се обидува да спроведе реформи со кои здравствената заштита

ќе ја направи евтина, рационална и со резултати што одговараат на современите услови на лекување. За жал, држава со малку пари и со многу можности за коруптивно делување, тешко може да се соочи со предизвикот да создаде систем кој ќе работи функционално.

Јасно е дека тешко се спроведуваат реформи во услови на недостиг на пари. Сепак во нашата држава на задоволителен начин се спроведе реформа на примарната здравствена заштита која популарно се нарекува порта во здравствениот систем. Резултатите на оваа реформа ги чувствуваат пациентите но и лекарите. На тој начин беше постигнато она кон што стремат сите системи кога станува збор за здравствената заштита, таа да биде што поблиску до граѓаните како можни пациенти. Создадена е можност над две третини пациентите да завршат токму на тие порти, да не бараат лекување на повисоки инстанци каде процедурите се многу посложени и поскапи.

Ако зборуваме за добар развој на резултатите од реформите во првиот степен на здравствена грижа, остана без решение второто ниво, консултатативно- специјалистичката здравствена заштита. Ако примарната здравствена заштита е портата, специјалистичката надвор од болниците е браната, овој пат за неконтролираното пропуштање на пациентите во третиот и највисок степен, во терциерната или болничката здравствена заштита. Тоа значи притисок на најскапиот сегмент на здравството кој претпоставува ангажирање врвни стручњаци и

најсовремена опрема. Веригата што не постои е

консултативно - специјалистичка здравствена заштита во здравствените домови кои станаа установи што даваат простории на концесија и услуги на ординациите од областа на примарна здравствена заштита. Станува сè поголем проблем да се добие здравствена услуга од специјалист од одредена област во непосредна близина на местото на живеење. Тоа сега се бара во оддалечени места или во болниците, што, пак, е најскапата варијанта, како за здравствениот фонд така и за пациентите.

Здравствените власти на крајот од првата деценија на овој век се обидоа да реализираат реформа и во овој сегмент на здравствена заштита. Кога се чинеше дека и овој проект ќе добие место во системот, истите здравствени власти го сопреа, зошто пресметаа дека тоа ќе чини повеќе од средствата што во тој момент се издвојуваа за вработените во консултативно- специјалистичката здравствена заштита. Меѓутоа истите тие не пресметаа што сè ќе донесе таа промена. Ваквиот потег беше иницијална каписла за тектонски нарушувања во овој сегмент на здравствена заштита. Се помалку лекари заминуваа на специјализации, се намалуваше бројот на специјалисти во здравствените домови, дел заради пензионирање, а дел заради заминување од јавното во приватното здравство. Замена за оние што отидоа не дојде.

Сето ова беше причина овој вид здравствена заштита да се оддалечува од пациентите, кои сега се принудени да ја бараат во други градови и во

на пациентите многу пошироко да ги користат здравствените услуги на приватните поликлиники врз основа на здравственото осигурување или да пронајдат начин да го надоместат недостигот од кадар што се создаде во последниве години.

Во тој контекст треба да го видиме Законот за здравствена заштита каде во начелото на здравствена заштита во членот 5 е запишано: „Здравствената заштита се заснова врз единството на превентивните, дијагностичко- терапевтските и рехабилитационите мерки и врз начелата на достапност, ефикасност, континуираност, правичност, сеопфатност и обезбедување на квалитетен и сигурен здравствен третман”. Во начелото на достапност во членот 6 на истиот закон пишува: „Начелото на достапност на здравствената заштита се остварува со обезбедување на соодветна здравствена заштита за населението во Република Македонија, која е географски, физички и економски достапна, а особено здравствената заштита на примарно ниво.”

Во сегашните услови не треба ништо друго туку да се создадат услови за нивна доследна примена. Тоа е единствениот начин да се примени правото и правната држава на целата територија во една од најсензибилните области за секое општество.

болничките капацитети. Од ден во ден се намалува бројот на специјалисти во здравствените домови, се потешко пациентите стигнуваат до нив, а проектите каков што е МојТермин е едноставно пренасочување на фокусот, со некаква надеж дека до преглед сепак ќе дојде.

Како си заминуваат специјалистите така расте бројот на градови во кои пациентите за специјалистички преглед треба да патуваат во друг град или да одат во Скопје во универзитетските клиники, иако до скоро таквите прегледи ги извршуваа во домицилните здравствени домови. Тоа значи дополнителни трошоци за пациентите прекршување на правилото дека здравствената заштита, таму каде што може, ќе биде поблиску до граѓаните. Алармот веќе пристигна од Управниот одбор на Здружението на педијатрите на Македонија. Во него се вели дека ако се за¬др¬жи овој тренд во на¬ред¬ни¬те се¬дум до осум го¬ди¬ни не¬ма да има пе¬ди¬ја¬три во при¬мар¬на¬та здрав¬стве¬на за¬шти¬та.

Ваквите движења отвораат широк простор за формирање приватни здравствени установи со услуги во специјалистичката здравствена заштита во кои често пати завршуваат пациентите кои плаќаат за прегледите и интервенциите. Отворањето на приватни здравствени установи е легитимно право на секој што сака тоа да го стори. Ако е тоа така, врз основа на реално согледување на состојбата, Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување ќе мора да најдат начин

(Авторот беше советник за правни прашања во Лекарската комора на

Македонија и уредник на списанието на Комората

„Vox Medici”)

Пишува: ЈосифЏочков

Page 6: Pogled Br.56 Noemvri 2013

6 ПОГЛЕД , Ноември 2013

Мислења Ден на ДрвотоПо дванаесетти, пат на локално

ниво, се одржа „Денот на Дрвото“ и се садеа садници. Овојпат тоа се направи во средата на 27 ноември.Учениците од основните и средното училиште во Општина Богданци на локациите подготвени од вработените во Македонски шуми ја изведоа акцијата наменета за пошумување на голините. Во Богданци се пошумуваше на Самовилец и во неговото подножје. Се пошумуваше со садници од бор, јавор и јасен.

На Денот во посета на Богданци беше Министерот за Локална самоуправа, Тахир Хани кој со градоначалничката на Општина Богданци, Анастасија Олумчева, ги засадија првите две садници.

Акцијата беше солидно организирана од страна на вработените во „Македонски шуми“.

Учениците доаѓаа по одделенија и паралелки и набрзина ги засадуваа својот дел од садниците. Недостасуваше едукативниот дел од акцијата. Таа, според замислите, освен што требаше да има материјален карактер требаше да биде наменета и за подигање на свеста кај децата за важноста на дрвјата во биодиверзитететот и еко системот.

Наставниците требаше, за

време на садењето, на децата да им го објаснат тој момент. Само така акцијата ќе имаше смисла. Бројот на зафатените стебленца од досегашните акции е толку мал што не ги оправдува средствата потрошени за нив. Барем на планот на едукација да има некој аир од акциите.

Не јасно зошто денот има

неработен карактер. Каква работа завршија тој ден вработените што примаат плата од „купот“ за да бидат платени како да работеа нешто. А ќе бидат платени како да работеа. Планирано е денот да не се потроши на работните места туку на локациите за садење. На локациите за садење имаше малкумина од тие што таа среда требаше да бидат на локациите за садење. Каде беа?Не беа ниту на работните места. Зошто би биле платени како да беа некаде? Некој требаше да работи тој ден за да се полни „купот“ од кој тие ќе си земат плата и за тој ден.

Ако можеше Министерот да работи во Неработниот ден, ако можеше и Градоначалничката во Неработен ден да шлапка во калта на Самовилец зошто некои други во Неработниот ден би биле – АЈЛАК, а требало да бидат работно ангажирани во акцијата. Можеби ќе одработуваат некоја сабота. И пак прашање: Зошто акцијата се правеше во среда, а не во сабота кога и така ќе се работело некоја сабота?

Понекогаш ни нема рамен во носењето „интересни“ решенија.

„Како до помалку сообраќајни несреќи со фатални последици?’

Така беше насловена темата на која, во чест на Светскиот ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни несреќи на 15.11.2013 година, во Салата на Советот на Општина

Богданци, се одржа Тркалезна маса.. Во работата на Тркалезната маса учествуваа Илија Делев, комадир на ПС Гевгелија и Митко Попов од општинската администрација.

Учествуваа и членовите на Општинскиот совет за безбедност на патиштата во Општина Богданци, но не и Марија Ѓавочанова, претседателката на Советот. Учествуваа учениците членови на соодветната секција за

сообраќај во ОСУ „Богданци“, но не и одговорниот наставник за тие прашања. Учествуваа и заинтересирани граѓани. На такви тркалезни маси не е нужно да присуствуваат директорите, но задолжително е да определат претставник од училиштетото што ќе учествува во работата.

Според некои податоцио лани во земјата загинале 132 лица, а само во првите 9 месеци годинава 139 лица. Тие се сериозни бројки и бараат сериозен однос кон нив.

За жал на некои луѓе од Богданци тое не им е јасно, а зафаќаат работни места каде што по дефиниција не би требало да има нејаснотии по тие прашања.

Промоција на Економската програма

на СДСМ

Зоран Заев, претседателот на СДСМ и Миле Зечевиќ, организацискиот секретар на СДСМ, пред Месните организации во Стојаково, Ѓавото и Стојаково и пред Општинската организација на СДСМ во Богданци ја промовираа Економската програма на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

На промоциите присуствуваа мноштво членови и симпатизери на СДСМ кои лично од високите партиски претставници сакаа да чујат детаљи од Програмата.

Второ триенале на Графичката работилница „Софија“ во Скопје

Како што е зацртано во Долгорочната програма за работа на Графичката работилница „Софија“ на 21 ноември во Музејот на град Скопје беше отворена изложба на графики изработени на Графичката работилница „Софија“, Богданци во 2011, 2012 и 2013 година. Ова беше втората таква, триенална изложба во Скопје. Првата се одржа 2010 година во Центарот за култура и информации и тоа триенале го опфаќаше периодот 2008-2009-2010 година.

На второто триенале Графичката работилница „Софија“ изложи 150 графики. Воведен збор имаше истакнатиот графичар и професор Костадин Танчев Динка кој е актуелен претседател на Уметничкиот совет на Работилницата. По него, за придонесот на „Софија“ во унапредувањето и афирмацијата на графиката како уметност, зборуваше новинарот

Александар Манасиев. Познатиот уметник Атанас Ботев кој пред една година ја изненади македонската културна јавност со онаа инсталација на плоштадот „Македонија“ во Скопје кога врз грчкото државно знаме беше налепил кукаст крст зборуваше за графиката како уметност. Постановката ја отвори Виктор Семенпеев, раководител на Графичката работилница „Софија“.

Изложбата чие отворање беше проследено од многу љубители на графичката уметнот и која ќе трае до крајот на ноември, беше опремена со прикладен, но доста ексклузивен каталог, со календар за 2014 година илустриран со графики изработени на Главната сесија од графичката работилница во 2013 година и друг промотивен материјал.

Заеднички концерт

CMYK

На 16 ноември Фолклорниот ансамл „Мегдан“ му беше домаќин на Културно- уметничкото друштво „Македонка“ од Виена во Австрија.

Членови на КУД „Македонка“ се нашите сонародници кои живеат во Австрија. Иако далеку од Македонија и нејзината фолклорна традиција тие и во туѓина прават напори да живеат со културното наследство на својот народ.

„Македонка“ и „Мегдан“ на заедничкиот концерт се претставија со дел од своите репертоари. Концертот се одржа во ООУ„Петар Мусев“

Прегратка на дар

Градежните активности за изолација на кровната конструкција на Детската градинка „Коста Поп-Ристов Делчев“ во Богданци, како што беше предвидено со динамиката за овој проект, завршија на 22.11.2013 година кога беа завршени последните градежни зафати врз кровот на градинката.

Проектот произлезе како итна мерка од спроведувањето на проектот УСАИД за Општински стратегии за климатски промени спроведуван од Милиеуконтакт

Македонија, финансиран од УСАИД.Партнери во Проектот за

изолација на кровната конструкција на Детската градинка се Општина Богданци и Мрежата за рурален развој на РМ, а изведувач на Проектот беше градежната фирма ЦИВКОН од Скопје.

Бенефитот е во значителното намалување на загубите на топлинска енергија, а со тоа и намалување на потрошувачката на фосилни горива и емисиите на стакленички гасови.

Проектот „Прегратка на дар“ се одржува низ сите детски градинки во Македонија. Тој гостуваше и во детската градинка во Богданци. Преку сликовницата „Светот е мал за овој голем кашкавал“, децата се подучуваат на хуманост, солидарност, искреност и топлина. Тие подготвуваат играчки кои потоа ги подаруваат на тие што им се попотребни. Проектот содржи и претстава преку која се создава убава атмосфера за да се пренесат пораките на проектот.

Соопштение од Кабинетот на Градоначалничката

Коме

рција

лен о

глас

Page 7: Pogled Br.56 Noemvri 2013

7ПОГЛЕД , Ноември 2013

Мислења „Поглед“ понекогаш нема да се согласува со содржините на некои текстови во оваа рубрика, но секогаш, доколку не излегуваат од рамките на нормалното однесување, ќе ги објавува.

Поделби, поделби, поделби................................??????????.

Повод за оваа мое второ обраќање е Вашето пишување во последниот број на весникот Поглед во рубриката „Оган од слама„

Иако имаше безуспешни обиди од Ваша страна да испровоцирате мое обраќање и порано, еве некако успеавте со тоа, Вашите отровни стрелички погодија на право место. Се чудам и не можам да се начудам, што толку се промени во Вас и што и кој бевте пред Јубилејот на Бранд Петрушев, а што сте сега после јубилејот. Од каде толкава драстична промена кај Вас. Со што допринесе ЗКУД„Бранд Петрушев„ Богданци во целина и јас поединечно како негов претседател за Вашата промена. Еееехх тој Јубилеј на многу мина им беше и сеуште е трн во очите. Но толку за тоа. Сега да се навратиме на насловот. Кажувате дека ги следите сите случувања кои го заслужуваат Вашето внимание. Да ги следите ама не сите за тоа покасно, ама ги следиме и ние-јавноста, за која вие треба да пишувате, бидејќи сте се нафатиле на тоа оро и сега бегање нема. Како што вели народната- Баба давала паричка да се фати на оро, ама после давала пет пари да се пушти ама не можела. Еден од настаните кои го заслужиле Вашето внимание е детскиот фестивал организиран

од ФА„Мегдан„ и убаво е што е така. Со Вашето пристигнување на местото на настанот проработила и Вашата љубопитност. Сте виделе Многу но не и децата на ЗКУД„Бранд Петрушев„. Сега се прашувам, а ве прашувам и вас . Зошто непотребни прашања, расмислувања и друго, кога на се имате одговор. Дали се прашувате каде беа децата како учесници или набљудувачи, бидејќи за тоа каде беа децата како учесници се обративте и одговор добивте од одговорниот на „Мегдан„ и требало тоа да го објавите, бидејќи во разговорот што го водевте со одговорниот сигурно Ви било кажано. А ако прашањето се однесува на тоа каде беа децата како набљудувачи, не би требало да коментирам, бидејќи би кажал нешто што во никој случај не би сакал да го кажам. Ке ве потсетам ако сте заборавиле, иако настанот беше пред десетина дена од објавувањето на последниот број на Поглед . Со самото Ваше пристигнување прва и основна цел Ви беше да видите дали членовите на Бранд Петрушев се таму, најверојатно инспирирани од Завршниот концерт на „Богданцко културно лето„ кога на концертот на Бранд Петрушев не можевте да зебелижите членови на ФА„Мегдан„ или доколку сте забележале тие се броеле на една рака, а за тоа и за други работи во некоја друга прилика. Вашиот поглед од Вашиот домакин и соговорник беше насочен во правец каде огромен број деца,членови на Бранд Петрушев беа присутни , не дека Вие или некој друг сакал така или не сакал, туку затоа што го сакаат фолклорот. И ке бидат присутни секогаш кога ке има такви случувања бидејќи ние така ги учиме. Ја имавте честа и да ги фотографирате, а зошто фотографијата не е објавена и зошто

не напишавте збор за тоа Вие си знаете. Секогаш кога ке се уверите во нешто што не Ви е по мерак , Вие ги извртувате работите и пишувате спротивно или ништо не пишувате, а подобро е ништо да не пишувате отколку да ги узвртувате работите, доколку и понатаму мислите така да продолжите. Членовите на Бранд Петрушев со своето присуство во голема мерка допринесоа да роденденскиот концетрт на Фа„Мегдан„ во месец Мај биде таков како што беше, во голема мерка ги исполнија трибините на спортската сала „Млаз„Богданци, а исто така во голема мерка го исполнија и холот на ООУ„Петар Мусев„ и дадоа придонес во самата манифестација. Ве прашувам дали ЗКУД„Бранд Петрушев„ е виновен што во голем дел од манифестацијата холот на ООУ„Петар Мусев„ беше полупразен и доколку децата-членовите на друштвото , а некои дојдоа и од Стојаково со такси возила, не беа присутни , холот ќе беше празен. За тоа пишува и ваша дописничка, кој и самата се срами од тоа, од таквата појава, од таквите навики. Ние тоа го поминавме, не дека нема да се повтори, а ќе се трудиме и работиме да не се повтори. Знаејќи го тоа горко искуство, членовите на ЗКУД„Бранд Петрушев„ во голема мерка допринесоа тоа во поблага форма го осетат од ФА„Мегдан„-малите деца кои требаше да бидат видени од публиката и да бидат наградени за вложениот труд. Да не Ви стане навика дека за се што не е добро во Богданци криво е ЗКУД„Бранд Петрушев„ . Како добар „новинар„ дали до Вашите уши стигна веста дека на 18.10.2013 година во Радовиш беа

одржани Регионалните републички фолклорни смотри на Источна Македонија и на кои учество зедоа 11 друштва и ансамбли членови на СОФАМ и дека „Бранд Петрушев„ и домакинот ФА„Бучим„ беа избрани за најдобри( нема да бидам себичен ако кажам дека бевме најдобри) и ќе го претставуваат регионот на главните републички смотри, кои треба да се одржат во Гевгелија, на 06.12.2013 година и на кој учество ке земат уште по две друштва од другите два региона. Дали тоа Ви беше пренесено од Вашиот домакин и ако Ви било пренесено е во ред и е за поздравување, но доколку не Ви било пренесено дали се срами од успехот на другиот табор како што сакате да пишувате. А друго е прашањето ако Ви било пренесено зошто не сте објавиле ништо за тоа. Дали Вие се срамите од нашиот успех и дали како на добар „новинар„ се треба написмено да Ви се достави па да објавите. Пријател сте на фејсбук профилот на друштвото и имаше објави околу успехот на смотрите . Дали од сите наши пријатели само Вие тоа не го видовте или не сакавте да го видите, а да не зборуваме за објавување без писмен допис. Оваа воедно нека Ви биде покана да присуствувате на главните Републички смотри во Гевгелија и барем малку да се чувствувате горди на „Бранд Петрушев„ За оваа толку, не би одземал повеке место во весникот бидејќи изобилувате со голем број рубрики и да дадеме простор на сите да кажат по нешто како не би им останувал Ѓучот и Чаланот на душата, туку само уште збор-два за онаа главното-НАСЛОВОТ. Политичарите ги делат лугето за партиски интереси, а

фолклорно ги дели Кој? Е оваа можеби не го очекувавте и одговорот гласи: Вие „новинарите„ и таквите што мислат како Вас за подобро манипулирање.

Поделби, поделби, поделби.......................................ЗКУД„Бранд Петрушев„нема потреба и не се залага за поделби и тоа досега го има докажано безброј пати, нема потреба од растурање на една весела и сложна дружина како што пишува во текстот на Ваша дописничка, едноставно тоа за нас е нешто непознато. Можеби подобар одговор ќе добиете од другиот табор. Можеби ќе Ви одговорат од каде произлегоа, кој и зошто ги поделил или за чии интереси се поделиле. За постоењето на „Бранд Петрушев„ и јубилејот за кој спорите Ви предложив да организирате Јавна трибина, но тоа не го направивте, ЗОШТО. Еве сега повторно Ви апелирам да организирате Јавна трибина за ПОДЕЛБИТЕ воопшто, па така барем нешто да почне да се расчистува и да го оставиме зад нас, како би се насочиле кон другите проблеми и конечно нешто да тргне на подобро.Во какво својство Ви го пишувам текстот проценете сами и се надевам дека нема да го снајде судбината на предходниот текст, кој го обајвивте со задоцнување и заедно со Вашиот одговор и барем еднаш ќе бидете добар новинар и уредник, па така Вашиот одговор ќе почека еден број покасно.

Сашо Ивановски

претседател на

ЗКУД„Бранд Петрушев “ Богданци

Пишува:

СашоИвановски

Одговор на обраќањето од Сашо Ивановски

Сашо, Сашо, како и минатиот пат, пак си се потпишал како претседател на ЗКУД„Бранд Петрушев“. Тоа е во ред, ти си претседател на тоа Здружение, но под тој потпис изнесуваш лично мислење. Затоа, како и тогаш, прашувам дали зад твоето мислење стои Управниот одбор на Друштвото, кој по закон мора активно да постои, или ти си бладаш за своја сметка. Тогаш Управниот одбор на Друштвото не ми одговори. Редно би било барем сега да го направи тоа.

Како и да е ќе се обидам да те разберам што сакаш да ми кажеш.

Најпрво, да видимешто сум кажал јас:

1.Во мојата колумна кажав дека на една приредба насловена како Детски фолклорни средби видов разиграни деца од „Мегдан“, од „Јонче Христовски“ и од „Бојмија“, но не видов деца од „Бранд Петрушев“ и се прашав за што се работи: Да не не биле поканети, да не не можеле да дојдат и да не нешто друго е во прашање? Потоа додадов дека без разлика што „Мегдан“ и „Бранд Петрушев“ се самостојни правни субјекти и можат да си водат каква што сакаат политика нивни членови се богдански деца, а Богданци сака неговите деца да се дружат и да се сакаат.

2. Во истата колумна изнесов дека на концертите организирани од „Бранд Петрушев“ ја нема публиката што оди на концертите на „Мегдан“, а на концертите организирани од „Мегдан“ не оди публиката може да се види на концертите од „Бранд Петрушев“.

Појасно напишано од ова здравје. Арно ама, ти не си го разбрал напишаното. Другпат, кога ќе имаш проблеми со читањето и со разбирањето на прочитаното, обиди се уште еднаш да го прочиташ напишаното, и уште еднаш, и уште еднаш... читај се додека не ти

„легне“. Ако и тогаш не ти успее замоли некој да ти го протолкува. Не чини да се залетуваш. Не чини за митската претстава што ја имаш за себе. Ќе те прочитаат.

Сега да видиме што си сакал ти да кажеш:

1.Безуспешно сум се обидувал да испровоцирам твое обраќање и, конечно, сум успеал. Моите отровни стрелички те погодиле на право место.

-Аман, бе! Кое е тоа „право место“ што сум ти го погодил? Да не ти е погодена суетата? Тука јас не можам да ти бидам од помош. Ако ти е„нежна“ суетата барај си чаре на друго место. Прашај си дома, бе. Да не како дете си паднало на главата, па сега имаш последици по суетата.

2. Си играш „Инспектор Клузо“ и детектираш како сум дошол на средбите, што сум сакал да видам, што сум видел, со кога сум разговарал, што сум фоторафирал, зошто сум го правел тоа и изведуваш уште некои други истражни дејствија.

-Некој ти го има расправано кажаното. Не си можел да имаш изворни информации за тоа што сум го правел на концертот оти ти не беше на концертот. Јас бев таму. Таму беа и некои од членовите на „Бранд Петрушев“, ама ТИ НЕ БЕШЕ ТАМУ. И престани да глумиш Богородица: невин си, а мевот ти е надуен до брадата. И престани да ги с’скаш децата против мене. Не им ја потценувај интелигенцијата.Паметни се тие, информирани се и умеат да изградат свое мислење.Ти султански можеш да им забраниш да пишуваат за Друштвото на Фејсбук, ама не можеш да им го наметнеш твоето мислење. Ги знам. Ме почитуваат, ме поздравуваат, ме читаат. Благодарен сум им за тоа.

3. Сум ги извртувал работите, тврдиш онака кабадахиски, на прва.

-Кои работи ги извртувам? Што пишувам како што не е? Што не сум објавил за Друштвото? Или мислиш дека секогаш кога станува збор за „Бранд Петрушев“ треба да има истакнато и слика од тебе. Демек, „Бранд Петрушев“ си ти и никој друг.

Впрочем онаа твое прво обраќање беше предизвикано затоа што не сум барал информации од тебе. И што од некои други имало слики, а од

тебе немало. Кога требало да има имало

слики и од тебе. Кога имало други потреби имало слики од тие од кои било потребно да има.

4. Да не ми станало навика, велиш, за се што не е добро во Богданци криво да е ЗКУД„Бранд Петрушев“.

-Немам таква навика и нема да стекнам. Еве: ти не си добар; ти си едно самобендисано, зајадливо човеченце од два метра; ти си еден кавгазан кој за да го заврте вниманието кон себе си дозволува да им го дразни трпението на другите луѓе; ти си... ти, како личност, си никој и ништо во фокусот на моето приватно внимание кое си дозволува да ми се препелка во прашината од патот по кој минувам; ти си тоа што си, таков си каков што си, ама за тоа не е виновно КУД „Бранд Петрушев“ затоа што тоа таков те доби и таков ќе те има додека те има.

5. Дали од мојот домаќин ми било пренесено дека сте биле најдобри на Регионалните во Радовиш и, ако не ми било пренесено, дали се срами од успехот на другиот табор?, се прашуваш без да се има јасна цел зошто го правиш тоа.

-Кој ми бил домаќин и каде? Што се обидуваш да подметнеш? Ја разбирам твојата погана природа, ама не можам да го разберам нагонот што те тера во се да бараш можност за почнување кавга.

Со што се раниш, бре човече? Да не те ранат со живо месо, па не можеш да си го контролираш дивото во тебе? Нека е и така. Не си сам во планина, па да се однесуваш така како што ти доаѓа одвнатре. Сепак си човек, социјализирај се, социјаното е во човечките димензии. Малку ти што се караш со мене, се обидуваш и други да внесеш во кавгата. После други биле тие што ги правеле поделбите.

Не. Ти си тој. Ти си еден од тие што придонесуваат за поделбите. Таков си, таков и ќе си останеш. Не трпиш да има други околу тебе. И ако има некој, тој треба да биде во служба на твојата суета. За таа митска претстава што ја имаш за себе ти пишував погоре. Не би смеел да помислам што би било кога не би било така како што е. Кога ти не би бил ти, туку некој кој има вистинска

власт во рацете. Леле мори мајко. Е тогаш работите би станале интересни. Среќа што не е така.

6. “...нема потреба од растурање од една весела дружина..., пишуваш без око да ти трепне криејќи се зад „Бранд Петрушев“.

-Ти имаш потреба секогаш кога ги искажувате своите лични ставови да се криеш зад Друштвото.

Која е таа „весела дружина“ која нема да биде растурена затоа што, твојата возвишена личност заклучила дека нема потреба од тоа. Да било поинаку, твоето „Височество“ да решило декаима потреба од растурање на „веселата дружина, како што велела мојата дописничка“ , ќе одеше „веселата дружина“ фира.

Не можеш да ме смислиш мене, а никогаш патиштата не ни се вкрстиле. Можам да си претставан какво е твоето мислење за конкуренцијата.

Дали бојот со кој те надарил Господ, дали „интелектуалноста“ за која си убеден дека ја поседуваш, дали нешто друго во тебе ти шепка да се правиш силен и да ги плашил луѓето не може да се знае. Единствено што се знае е дека си дозволуваш да глумиш локален силеџија. Сега и се закануваш на „веселата дружина“ дека не е растурена затоа што ти си убеден дека сега засега нема потреба од растурање. Неодамна мене ми се закануваше дека „ќе ме снема“. За „веселата дружина“, на кого и да мислиш, не знам, ама за да ме „снемиш мене“ ќе ти треба газ. А тоа ме храбри. Гледам дека газот го арџиш за размислување.

7. Се надеваш дека одговорот на твоето обраќање ќе го објавам еден број подоцна.

-Зошто бре, хероју. Се плашиш да не се направи споредба. Да не се заклучи дека празните буриња тропаат посилно. Дека си буре полно со празнотија.

На крајот на краиштата самиот си го бараше.

Таков сум. Кога мува ѕунѕара ќе ми се мушне дома земам весник и удирам по неа се додека не ја удрам. Понекогаш од удирањето останува лочка на ѕидот, ама што да се прави. Некои нешта мора да се прават на

вистинскиот начин.Ти Сашо не си мува, но го

создаваш истиот ефект. Здодевен си, бре..

Те молам прави си го животот интересен на друго место.

Нема море без диб. Се има крај. Има докап. Не се согласуваш со моето мислење, а ја напаѓаш мојата професионалност. Сонуваш кошмарни соништа. Еј, разбуди се. Тоа не се исти работи. Мислењето нема врска со професионалноста.

Направи напори исползи од мојот живот и оди играј си на друго место. Немам време да се бавам со твоите фрустрации. Доста беше.

Ако ти беше целта да ме натераш да реагирам гневно –ја постигна. Регирав гневно.

Но правилата самиот ги постави. Еднаш пробав да ти укажам на грешењето во начинот на кој си дозволи да ми се обратиш. Укажувањето не стигнало до тебе.Сега веќе морав да ти одговорам соодветно.

Едно сепак жалам. Жалам што нешто од тоа ќе го допре твоето смејство. Нема сила што може да го поништи тој допир. Остануваат трајни последици од него. Затоа најискрено им се извинувам и ги молам за прошка заради повредите предизвикани од допирот.

Ти си сепак нечиј татко, нечиј сопруг. Тој факт секогаш треба да се има предвид. Но работите не се менуваат откако ќе бидат направени. Да не се направеа ќе си останеше уверен дека си ми дал да разберам. А не е така. Ниту имаш причина да ми даваш да разберам, ниту имаш потреба да се обидуваш тоа да го правиш, ниту имаш сила, секаква, тоа да го направиш. А на двапати се обиде.

Биди поздравен и збогум.Ти се обраќав во второ лице

еднина затоа што со обраќањето со второ лице множина се укажува почит кон достоинството на соговорникот.

А каков си ми ти соговорник? И заради кое достоинство да те почитувам?

Море иш, бре.

Пишува: ИлијаТумбов

Коме

рција

лен о

глас

Page 8: Pogled Br.56 Noemvri 2013

8 ПОГЛЕД , Ноември 2013

Парола на месецот Одекот на едно одамна минато време (петтипат)

Црни точки

Виски со мраз

Песимист сум затоа што реално

ги гледам работите.

Ајили бен Гое Вобмут

А да се престане со кршењето шишиња по улиците?

Ш е га

Драги Семенпеев-Цапе, Иво Попов, Миро Радески, Бети Петкова, Мите В. Чакалов, Милчо М. Ванов и уште некои други, под закрила на Месната организација на Сојузот на социјалистичката младина на Социјалистичка Република Македонија (предолго име што значеше едно: младите од Богданци организирани за да можат да си ги задоволуваат своите младински потреби) кон крајот на седумдсеттите и почетокот на осумдесеттите години од столетието што замина се беа соединиле околу Младинската ликовна секција „Бо-Џо“.

Оваа „Бо-Џо“ беа првите слогови од името на Месната заедница Богданци која го носеше името на во Втората светска војна трагично загинатиот родољуб Борис Џонов.

Треба солидна севкупна анализа за да се открие силата на восхитот кој ги беше обзел овие млади ентузијасти.

Си твореа тие во секцијата и секој 1-ви Април, Денот на шегата, во просториите на Шаховскиот клуб во Богданци приредуваа изложба на карикатури збогатена со афоризми напишани од членовите на литературната секција.

Во чест на 10-ти Октомври, Денот на ослободувањето на Богданци, во истиот изложбен простор членовите на „Бо-Џо“ приредуваа изложба на ликовни дела.Од времето на тие случувања има поминато триипол децении. Некои каракатури и денес изгледаат свежо. Пораките што ги носат се сосема разбирливи.

Во наредните неколку броја „Поглед“, како еден вид ретроспектива, ќе претстави некои од нив.

За овој број се одбрани две карикатури од Милчо М. Ванов кој е познат и како –Тифа.

Во нив авторот обработува теми кои биле актуелни во таа 1982 година.

Залади. Доаѓа зимата. За овој број „Поглед“ ќе ви раскаже една измислена анегдота од времето на НОВ .

Анегдотава е од корпусот на оние што се раскажуваат за партизаните, Германците и шумарот. Оваа го третира лично Тито. Побитно

е што анегдотава се роди за време на снимањето и прикажувањето на филмот „Битката на Неретва“ кога Тито беше уште жив. Некои податоци не се сосема вклопливи, ама анегдотите имаат за цел да бидат интересни.

Пратизанското движење во Југославија веќе имало земено замав. Британците и Американците ги препознале партизаните како сојузници и почнале да им доставуваат помош во облека, оружје и храна. Ја надлетувале сојузничките авиони територијата запоседната од партизаните и им пуштале падобрани со сандаци помош. Потоа партизаните ги собирале сандаците, го отворале, ја ваделе нивната содржина и ја распоредувале според потребите..

Еден ден доаѓа аѓутантот во Главниот штаб, влегува кај Тито и му вели дека во сандаците има шишиња со некаква течност за која никој не знае што е и за што служи. Оди Тито да види што е тоа чудо, зема едно шише и се насмевнува.

-Мајку вам божју, кажете да не знате шта је ово?!, знаеше Тито да и окара на Богородица.

-Не, другар Команданте.-Виски. А ово вам је скоч,

шкотски виски. Најбоље пиќе на свету. Добар је и бурбон, амерички виски, али, кажем вам, скоч вам је класа., покажал Тито дека е металостругар со салонски шлиф.

-И што да правиме сега со него, прашал аѓутантот.

-Како бре, шта да радите? Виски не иде без леда. Донесите лед.

-Ама другар Команданте каде да најдеме лед?

-О мајку вам божју, откуд бих могао то да знам? У ова доба године лед има само на планинама. Која је наближа планина?

-Игман, другар Команданте, пропелтачил аѓутантот.

-Онда одма нек се маршира на Игман по лед, паднала извршна команда.

И така партизаните тргнале на познатиот Игмански марш.

Марширале што марширале и се вратиле со мраз.

-Наредбата е извршена, Другар Команданте. Мразот е донесен., рапортирал аѓутантот. Што понатаму?

-Како, што даље?Поделите виски људима. И мраз, разуме се.

Речено сторено. Се разлетале бутилките со виски низ народот. Им се допаднала течноста на луѓето, се создала атмосфера, што да се кажува. Се зафатило и Козаречко коло.

По некое време доаѓа аѓутантот кај Тито и со „здрвена глава“прашува:

-Дррругар Ссстааари (поблиските до Тито, во специјални прилики и така го викале Тито) Вашата наредба е извршена. Шшшто да ппправиме ссега?

-Ккаако бре, шшшто да рррадите? Рушите мост на Неретви.,вратил Тито.

Од тој момент натаму се е историја.

Марко, оној Марко што го глумеше Јул Бринер во „Битката на Неретва“ му се пушти на Мостот, го обложи со динамит и го турна во реката.

Однекаде надојдоа Германците и четниците и ги запукаа партизаните со се народот и ранениците.Немаше од каде да се помине Неретва. Итно се нареди правење на помошен мост. Додека Коле Ангеловски со топчето и митролезецот Љубиша Смоки го арчеа непријателот мостот се направи, ранениците и народот поминаа преку Неретва. Поминаа и борците.

Само Олег Видов со светло сините руски очи се разболе од тифус, а Милена Дравиќ, влубена во Олег, и таа со тифус фризура, од многу љубов по Олег се измести од паметта. Потоа Сергеј Бондарчук го бомбардираше мовчето, па Германците на Харди Кригер и четниците на Орсон Велс останаа со прстот во устата.

Ристо К.Пеев одамна ја има поминато осумдесеттата. Сериозно и се доближува на деведесеттата. За него се расправа дека осум децении е присутен во јавниот живот на Богданци. Се видел, се чул, се знае. Човекот цел живот е и во средиштето на културно-забавниот и општествениот живот на Богданци. Има разбирање и за глобалните случувања на тој план.

Тој, со сиот свој животен багаж, знае да каже: „Тие што не знаат да запеат, тие што не знаат да заиграат, тие кои ниту добра шега не знаат да направат, да раскажат анегдота, да кажат виц, е тие кога ќе се „расположат“, кога од внатре ќе им надојдат далги –

далги, кога сакаат да ја анимираат околината, да се истакнат, ама немаат дарба за истакнување, спас наоѓаат во кавги, во кршење чаши и шишиња, во тепачка...

Сезона на свадби е. Сезона е и на с’рчите од шишиња по улиците што остануваат по секое поминување на свадбари по улиците на Богданци.

Ако Богданци сака да биде град мора да се стекне со градски навики.

Постелањето на улиците со скршени шишиња не е градска навика.

На навиките човек се навикнува. Од навиките човек

може и да се одвикне.Ако комуналните редари на

чело со комуналниот инспектор, како локално надлежни за комунални прашања, соодветно реагираат на јавното кршење стаклени шишиња по улиците; ако полицајците, како државно одговорни за редот и мирот (и газерот од шише спрострено на коловозот е пречка што може да го загрози сообраќајот) соодветно реагираат, навиката да се кршат шишиња по улиците ќе се одвикне.

Како соодветно да реагираат?

Организаторот на секоја јавна манифестација одговара за текот на манифестацијата. Тој што

ја организирал свадбата одговара за поведението на учесниците во свадбените активности. Организаторите на свадбата треба да бидат прашани зошто, за време на нивната свадба, се кршат шишиња по улиците. И да се санкционираат соодветно.

Нема смисла цело Богданци, уште и регионалните минувачи ( улицата „Маршал Тито“ е дел од регионалниот пат Гевгелија-Богданци-Дојран-Валандово-Струмица), да бидат заложници на нечии фрустрации.

Доста беше.

тел. 034/ 222-766

СТОЧАРСТВОБогданци

[email protected]

тел. 034/ [email protected]

Агенција за обезбедување на лица и имот

Богданци

тел. 034. 222.110; 222.220e-mail: [email protected]

БАЏО[email protected]