Zivotni vestini 1

12
ОБРАЗОВАНИЕ ЗА ЖИВОТНИ ВЕШТИНИ

Transcript of Zivotni vestini 1

Page 1: Zivotni vestini 1

ОБРАЗОВАНИЕ ЗА ЖИВОТНИ ВЕШТИНИ

Page 2: Zivotni vestini 1

Концепциски аспекти на ОЖВ

ОЖВ произлезе од концептот на Училиште по мерка на детето

ОЖВ е наставен предмет

Целите на ОЖВ се врзани со:

- стекнување на знаења

- развој на вештини

- формирање на вредности и ставови

во ОЖВ фокусот е ставен на стекнување и развој на вештините

ОЖВ се базира на партиципативни методи на учење и поучување

Page 3: Zivotni vestini 1

Филозофија на ОЖВ

ОБРАЗОВАНИЕ БАЗИРАНО НА

ЖИВОТНИ ВЕШТИНИ

===========>

ОБРАЗОВАНИЕ ЗА ЖИВОТНИ

ВЕШТИНИ

Образование за животни

вештини

Образование базирано на

животни вештини

Децата да стекнат:

вештини што ќе им овозможат

да ги користат своите знаења за

да практикуваат здрави облици

на однесување и да ги

избегнуваат заканитe за

нивното лично, емоционално и

социјално здравје

- промоција на позитивни

вредности

Децата да бидат:

зрели, активни и одговорни

личности во едно граѓанско и

мултикултурно општество

- позитивни вредности во

функција на општиот развој

Page 4: Zivotni vestini 1

Иновативни аспекти на ОЖВ

ОЖВ поаѓа од основната поставка дека стекнувањето животни вештини е право на секое дете. ОЖВ тоа го прави соодветно на потребите на децата од секоја возраст и e приспособливо да одговори на реалните предизвици од секојдневниот живот на децата;

ОЖВ има насоченост кон внесување промени во однесувањето на децата преку стекнување определени знаења, ставови и вештини кои им помагаат на децата во секојдневниот живот;

ОЖВ дава поддршка во избoрoт и практикувањето нa здраво однесување;

носечка задача на ОЖВ е да го претвори знаењето во однесување, и затоа програматa за ЖВ треба да нуди балансиран однос меѓу: знаења и информации, ставови/вредности и вештини

Page 5: Zivotni vestini 1

Возрасен опфат

I – III одделение (6-8год.)

IV – VI одделение (9-11 год.)

VII – IX одделение (12-14 год.)

I-IV (15-18 год)

Реализатори

одделенски наставници

одделенски раководители

кои поминале соодветна обука за примена на ОЖВ пристапот

Page 6: Zivotni vestini 1

Теми во ОЖВ прирачниците за основно образование

ЈАС - личен развој ЈАС и ТИ - Интерперсонални односи ЈАС и ДРУГИТЕ - Општествени односи ЈАС и ЗДРАВЈЕТО - Здраво живеење ЈАС и ОКОЛИНАТА - Однос со надворешната срединаЖивотни вештини (според програмата на ОЖВ во Република Македонија)

Свест за себе Емпатичност Комуникациски вештини Интерперсонални вештини Вештини за донесување одлуки Вештини за решавање проблеми Креативно мислење Критичко мислење Справување со емоции Справување со стресЖивотни вештини (според Светската здравствена организација)

Page 7: Zivotni vestini 1

II тема: ЈАС И ТИ – ИНТЕРПЕРСОНАЛНИ ОДНОСИ

Содржина II–1: ФОРМИРАЊЕ, ОДРЖУВАЊЕ И ПРЕКИНУВАЊЕ ВРСКИ

Содржина II–2: ЧУВАЊЕ ТАЈНА

Содржина II–3: ДАВАЊЕ И ПРИМАЊЕ ПОМОШ

Содржина II–4: ПРИФАЌАЊЕ И ПРИЗНАВАЊЕ ГРЕШКИ

Содржина II–5: СПРАВУВАЊЕ СО ЕМОЦИИ

Содржина II–6: СПРАВУВАЊЕ СО НАСИЛНИЧКО ОДНЕСУВАЊЕ

Содржина II–7: РАЗРЕШУВАЊЕ КОНФЛИКТИ

(Програма за животни вештини за 7.-9. одделение)

Page 8: Zivotni vestini 1

Содржина II–3: ДАВАЊЕ И ПРИМАЊЕ ПОМОШ

ЗНАЕЊА • знае со што може да помага дома, на училиште и во заедницата,• знае кога на старите луѓе може да им треба помош во нивните секојдневни активности,• знае со кои потешкотии се соочуваат луѓето со посебни потреби (потешкотии кои произлегуваат од луѓето и средината).

ВЕШТИНИ • умее да понуди помош кога некому му е потребна,• може да им се спротивстави на предрасудите кон луѓето со посебни потреби.

СТАВОВИ/ВРЕДНОСТИ

• прифати дека на старите луѓе треба да им се помага,• согледа дека помагањето на луѓето со посебни потреби е вредност.

СЕ ОЧЕКУВА УЧЕНИКОТ/УЧЕНИЧКАТА ДА:

Page 9: Zivotni vestini 1

Вежба

ОБРАЗОВАНИЕ ЗА ЖИВОТНИ ВЕШТИНИ

ВОЗРАСТ: 7.-9. ОДДЕЛЕНИЕ (12-14 ГОД.)

ТЕМА: ЈАС И ТИ – ИНТЕРПЕРСОНАЛНИ ОДНОСИ

СОДРЖИНА: РАЗРЕШУВАЊЕ КОНФЛИКТИ

КОИ ЗНАЕЊА, ВЕШТИНИ,СТАВОВИ/ВРЕДНОСТИ СЕ ОЧЕКУВА ДА ГИ СТЕКНЕ УЧЕНИК/УЧЕНИЧКА ЗА ОВАА СОДРЖИНА И НА ОВАА ВОЗРАСТ?

СЕ ОЧЕКУВА УЧЕНИКОТ/УЧЕНИЧКАТА ДА:

ЗНАЕЊА • знае што значи да се биде „победничка“, а што „поразена“ страна во конфликтот и кои се последиците од тоа,• ги знае правилата на соработливо преговарање.

ВЕШТИНИ • може на конфликтот да гледа и од позиција на другата страна,• умее да прави разлика меѓу позиции и потреби во конфликтот,• умее да го бара решението на конфликтот заедно со другата страна.

СТАВОВИ/ВРЕДНОСТИ

• согледа дека конфликтот е проблем кој треба заеднички да се реши,• согледа дека конфликтот е трајно решен само кога и двете страни сечувствуваат победници.

Page 10: Zivotni vestini 1

Фази на изведување работилница

Воведна активност

Главна активност

Дискусија

Заклучок

Завршна активност

Рефлексија

Воведна активностГи воведува учениците во темата на работилницата и/или дава забавен тон на работилницата;

Главна активностОбезбедува постигнување на поставените цели и очекуваните исходи (учениците да ги стекнат бараните знаења, вештини и ставови/вредности) преку искуства во учењетo;

Дискусија Поттикнува на размена на впечатоци и мислења од главната активност;

Заклучок Им дава на наставниците насоки за тоа што треба да произлезе од дискусијата со учениците;

Завршна активностГи раздвижува учениците по дискусијата и/или обезбедува завршување на работилницата со позитивни чувства;

РефлексијаГо резимира наученото и го поврзува со секојдневниот живот, ги поттикнува учениците да размислуваат за тоа што доживеале и што разбрале и како може наученото да го применат во секојдневието

Page 11: Zivotni vestini 1

Методи во ОЖВ

Дискусија со цела група

Работни групи (мали групи)

Анализа на приказни/текстови

Цртање, моделирање, изработка na колажи и користење на други ликовни техники

Анализа на ситуации/случаи

Демонстрации и симулации

Глумење и играње улоги

Игрoвни активности

Page 12: Zivotni vestini 1

Методите во ОЖВ обезбедуваат:

• активна позиција и улога на сите деца

• засилена комуникација на релација наставник-ученик и ученик-ученик

• динамична повратна информација

• поттикнување интерес и сознајна љубопитност

• лично преиспитување

• толеранција и разбирање на мислењето на другите

• подготвеност за помош, поддршка и соработка

• варијантност на начините на работа

• релаксирачка атмосфера и стимулативен амбиент во училницата

• рушење на бариери меѓу наставник-ученик кои се последица на предметно-часовниот систем

• педагошка поддршка на наставниците со понудени прирачници

• работилнички тип на изведба на наставата

• понуда на методи кои се применливи и во останатите предмети и програмски подрачја