Магистерски труд „Меѓународни договори за...

105
1 УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“-БИТОЛА ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ – КИЧЕВО Магистерски труд „Меѓународни договори за инвестирање со посебен осврт на ТИРЗ“ Ментор: Изработил: Проф. Д-р Саша Дукоски Анета Попоска бр. 102-II КИЧЕВО, 2018 година

Transcript of Магистерски труд „Меѓународни договори за...

Page 1: Магистерски труд „Меѓународни договори за инвестирање со ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/AnetaPoposka_kic_mart19.pdf ·

1

УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“-БИТОЛА

ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ – КИЧЕВО

Магистерски труд

„Меѓународни договори за инвестирање со посебен осврт на

ТИРЗ“

Ментор: Изработил:

Проф. Д-р Саша Дукоски Анета Попоска бр. 102-II

КИЧЕВО, 2018 година

Page 2: Магистерски труд „Меѓународни договори за инвестирање со ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/AnetaPoposka_kic_mart19.pdf ·

2

УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“-БИТОЛА

ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ – КИЧЕВО

Тема: МЕЃУНАРОДНИ ДОГОВОРИ ЗА ИНВЕСТИРАЊЕ СО

ПОСЕБЕН ОСВРТ НА ТИРЗ

Ментор: Проф. Д-р Саша Дукоски

Изработил: Анета Попоска бр.102-II

Членови на комисија:

НАУЧНА ОБЛАСТ: Граѓанско право

Page 3: Магистерски труд „Меѓународни договори за инвестирање со ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/AnetaPoposka_kic_mart19.pdf ·

3

ИЗЈАВА

Од кандидатот

Јас, Анета Попоска, кандидат за одбрана на магистерскиот труд со наслов

„Меѓународни договори за инвестирање со посебен осврт на ТИРЗ“, ИЗЈАВУВАМ под

морална, материјална и друга одговорност дека при изработката на магистерскиот труд ги

почитував позитивните законски прописи од областа на граѓанското право односно

договорите за инвестирање и не користев трудови на други автори без да бидат

почитувани пропишаните методолошки стандарди. Користената литература достојно ја

бележев во подбелешките и во литературата, составен дел на темата.

Тоа значи дека трудот е оригинал, не е плагијат.

Изјавил:

_________________________

Page 4: Магистерски труд „Меѓународни договори за инвестирање со ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/AnetaPoposka_kic_mart19.pdf ·

4

Меѓународни договори за инвестирање со посебен осврт на ТИРЗ

Технолошка Индустриска Развојна Зона- ТИРЗ претставува слободна зона гледано од

аспект на царинските и даночни закони во РМ односно Македонија претставува „Нов

Бизнис Рај во Европа“ што нуди 100% странска сопственост, 0% корпоративни и

општински даноци, симболична цена за закуп на земјиштето, достапност на

квалификувана работна сила и грантови за отворање на нови работни позиции, а сето тоа

преку Технолошко Индустриската Развојна Зона чиј што основач е Владата на Република

Македонија.

Корисник на Технолошката Индустриска Развојна Зона може да биде секое домашно

или странско физичко или правно лице кое согласно ЗТД е регистрирано за вршење на

одредена дејност и поради тоа склучило договор за вршење на дејноста во ТИРЗ со

нејзиниот основач односно Владата и му е издадено Решение за отпочнување со работа во

ТИРЗ.

Работите кои се поврзани со основањето на зоните и произлегуваат од работата,

развојот и следењето на истите ги врши Дирекцијата за технолошки индустриски развојни

зони која што до сега има основано вкупно 15 зони на територијата на Република

Македонија со цел за рамномерен економски развој на сите региони во државата на кои

функционираат странски компании кои во најголем број се дел од автомобилската

индустрија и се извозно ориентирани.

Page 5: Магистерски труд „Меѓународни договори за инвестирање со ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/AnetaPoposka_kic_mart19.pdf ·

5

Клучни зборови:

Технолошка Индустриска Развојна Зона,

странски инвестиции,

корисници на Технолошка Индустриска Развојна Зона,

даночни и царински ослободувања,

царински постапки,

влез и излез на домашна стока во ТИРЗ.

Page 6: Магистерски труд „Меѓународни договори за инвестирање со ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/AnetaPoposka_kic_mart19.pdf ·

6

International investment agreements with special reference to TIDZ

Technological Industrial Development Zone - TIDZ is a free zone viewed by the customs and

tax laws in the Republic of Macedonia, ie Macedonia is "New Business Heaven of Europe" that

offers 100% foreign ownership, 0% corporate and municipality taxes, symbolic land lease rates,

availability of workforce and job creations grants in the free zones, all through the Technological

Industrial Development Zone, which founder is the Government of the Republic of Macedonia.

A user of the Technological Industrial Development Zone can be any domestic or foreign

natural or legal person which, according to the ZTD, is registered for performing certain activity

and therefore has concluded a contract for performing the activity in the TIDZ with its founder ie

the Government and has been issued a Decision for start working in TIDZ.

The activities related to the establishment of the zones and arising from the work,

development and monitoring of the same are carried out by the Directorate for Technological

Industrial Development Zones, which has so far established a total of 15 zones on the territory of

the Republic of Macedonia with the aim of balanced economic development of all regions in the

state operated by foreign companies which are mostly part of the automotive industry and are

export-oriented.

Page 7: Магистерски труд „Меѓународни договори за инвестирање со ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/AnetaPoposka_kic_mart19.pdf ·

7

Key words:

Technological Industrial Development Zone,

foreign investment,

users of the Technological Industrial Development Zone,

taxes and customs released,

customs procedures,

entry and exit of domestic goods in TIDZ.

Page 8: Магистерски труд „Меѓународни договори за инвестирање со ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/AnetaPoposka_kic_mart19.pdf ·

8

УНИВЕРЗИТЕТ „Св. Климент Охридски“ - Битола

ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ – КИЧЕВО

МЕТОДОЛОШКА СKИЦА ЗА ИСТРАЖУВАЊЕТО

ТЕМА: Меѓународни договори за инвестирање со посебен осврт

на ТИРЗ

Кандидат: Анета Попоска

Ментор: Проф. Д – р Саша Дукоски

Кичево,2018

Page 9: Магистерски труд „Меѓународни договори за инвестирање со ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/AnetaPoposka_kic_mart19.pdf ·

9

СОДРЖИНА

ВОВЕД .................................................................................................................. 10

МЕЃУНАРОДНО ДВИЖЕЊЕ НА КАПИТАЛОТ ........................................... 22

СТРАНСКИ ДИРЕКНИ ИНВЕСТИЦИИ .......................................................... 35

МЕЃУНАРОДНО ДВИЖЕЊЕ НА СТРАНСКИТЕ ДИРЕКНИ

ИНВЕСТИЦИИ ВО СВЕТОТ И ВО Р. МАКЕДОНИЈА ................................. 45

СТРАНСКИ ДИРЕКНИ ИНВЕСТИЦИИ ВО Р.МАКЕДОНИЈА ................... 57

ТИРЗ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА .......................................................... 63

ЗАКЛУЧОК .......................................................................................................... 80

Page 10: Магистерски труд „Меѓународни договори за инвестирање со ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/AnetaPoposka_kic_mart19.pdf ·

10

ВОВЕД

Меѓународното движење на капиталот не претставува никакво новост. Имено, ова

кружење на капиталот, како такво, се појавува почетокот на XX век и најпрво го зафаќа

просторот на Европа, а потоа и целиот свет. Определувајќи ја конструкцијата на овој труд

сметав дека треба најпрво, да се тргне од самите почетоци на појавата на движењето на

капиталот пред да се осврнам на самата тема и базичниот предмет на овој труд кој треба

да се елаборира во овој магистерски труд.

Најважна компонента на оваа проблематика веројатно би било влијанието, начинот на

имплементацијата, важноста на потребата од странски дирекни инвестиции како форма на

меѓународното движење на капиталот (се разбира, без да се одалечам од исто така,

круцијалниот дел на оваа тема, а се однесува на странските директни инвестиции во

Република Македонија). Со други зборови, тука најважно е влијанието, начинот на кои тие

функционираат како и регулативата на Република Македонија која се однесува на

работењето на странските директни инвестиции.

Меѓународното движење на капиталот се смета за „природен“ феномен и појава која

само алудира на постојаното вмрежување на економските системи и потребата на

претпријатијата до помасовно и пософистицирано производство. Прифаќањето на

либералниот капитализам како сеопшто, целосно, неприкосновен и (во овој момент)

најидеалниот систем кој ја креира матрицата за нормално функционирање на секоја

економија подразбира и користењето на благодетите од глобализацијата (која дури и

сеуште го нема постигнато врвот) која подразбира вмрежување на светско ниво со цел

исполнување на интересите на засегнати странки. Меѓународното движење на капиталот

не прави ништо друго освен што (како и многу други гранки) ги користи благодетите и

можностите кој ги дава глобализацијата.

Ова најлесно и најпросто може да се објасни со преселувањето на производствените

капаците на компаниите во некои азиски земји како Кина, своевремено. Иако, денешната

реална состојба на терен со движењето на капиталот кон Кина веќе добива нови размери и

Page 11: Магистерски труд „Меѓународни договори за инвестирање со ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/AnetaPoposka_kic_mart19.pdf ·

11

повеќе не е ставен акцентот на ефтината работна сила со која воопшто, почна сè. Се

разбира ваквите почетоци на движењето на странскиот капитал кон азиските земји

најмногу имаа за цел драстично да ги намалат персоналните трошоци за вработените (се

разбира тоа се покажа како доста фунционално. Имено, во еден период таквите

посакувани дестинации за депонирање на капиталот во своите законски регулативи го

немаа нормирано минималниот приход, немаа соодветна синдикална заштита на

вработените, а нивните економии цветаа токму преку доаѓањето на инвестициите).

Покрај намалените персонални трошоци, странските компании во овие земји уживаа и

дополнителни поволности. Денес, Кина на пример, сеуште е многу посакувана

дестинација за странски инвестиции, но не повеќе поради ефтината работна сила (затоа

што истата веќе е калкулирана како прескапа и дел од компаниите го преселуваат

производството кон земји како Индија и Тајланд) туку поради фактот што земјата

псоедува еден од најдобрите образовни системи кој исфрла квалификувани кадри кои со

своето know-how допринесуваат не само кон оптимизација на производството туку и

компонираат нови производи, надградуваат постоечки производи, дополнително

допринесуваат за поефективно, а истовремено и поекономично производство и сл.

Така, станува јасно дека дестинациите кои ги избираат различни претпријатија не се

само привлечни по ефтината работна сила (која секако дека останува убедливо број еден

странска компанија да се одлучи да инвестира во отварање на работни погони во некоја

држава) туку и по квалитетен кадар кој може да ги задоволи потребите на тие компании.

Покрај тоа, постојат и други поголеми интереси кои може да ги има една компанија во

повеќе држави, а се однесуваат на природните богатства на државата. Така, различни

компаниии се борат да добијат концесија за рудници за преаботка на најразлична руда,

како и за вршење ископување и трагање по благородни метали или скапоцени камења.

Меѓународното движење на капиталот може да се манифестира во повеќе облици, иако

во овој труд странските директни инвестиции ќе бидат круцијална тема која ќе биде

детално анализирана од сите потребни аспекти за да се добие една подетална слика.

Сепак, тука ќе бидат спомнати и накратко објаснети и сите други облици на кружењето на

капиталот.

Page 12: Магистерски труд „Меѓународни договори за инвестирање со ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/AnetaPoposka_kic_mart19.pdf ·

12

Дополнително, предмет на истражување на овој труд ќе бидат и технолошко-

индустриските развојни зони кои функциуонираат во Република Македонија, а се резултат

на програмата на Владата на Република Македонија за привлекување на странски дирекни

инвестиции, нивната нормативна регулираност преку законските прописи како и

резултатите кои се имаат постигнато од програмата за привлекувањето на инвеститорите.

Како предмет на анализа ќе се појават и улогата на Царинската Управа на Република

Македонија како и Агенцијата за привлекување на странски инвестиции на Република

Македонија која пак, претставува орган на државната управа кој е задолжен за

спроведувањето на Програмата на Владата за привлекување на странски инвестиции.

Привлекувањето на странски дикректни инвестиции на територијата на југоисточна

Европа започнува во првата декада од XXI век и истото во некои земји значително влијае

на економската состојба. Во Република Македонија првите странски инвестиции доаѓаат

од периодот на деведесетите години на минатиот век и траат до денес.

Се работи за мошне комплексна тема која произведува најразлични толкувања. Од тоа

колку ни се потребни странски директни инвестиции, па се до нивниот третман од страна

на државата. Дополнително, неопходно е да се напомене дека странските директни

инвестиции претставуваат тема која доста го поларизира општеството. Од оние кои

сметаат дека странските дирекни инвестиции ја крепат економијата на државата, го

намалуваат значително бројот на вработените и овозможуваат позитивни финансики

ефекти, па се до оние кои сметаат дека Програмата на Владата за привлекувањето на

странските директни инвестиции претставува фаворизирање на влезениот странски

капитал, енормно големи придобивки кои им ги дава државата на овие инвестиори со тоа

што ги субвенционира и дополнително потпомогнува за изградбата на производствените

капаците како и даночните олеснувања на истите.

Се разбира, во овој магистерски труд решив да пристапам сосема објективно и да

почнам со длабинско анализирање на сите расположливи факти, а со цел да се добие една

попрецизна и поостра слика за тоа што значат странските директни инвестиции и нивното

влијание во Република Македонија.

Page 13: Магистерски труд „Меѓународни договори за инвестирање со ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/AnetaPoposka_kic_mart19.pdf ·

13

Формулација на проблем :

Во овој магистерски труд ќе биде опфатена една темелна и широка анализа на

странските директни инвестиции, нивното влијание врз економијата на Република

Македонија, ефектите кои произлегуваат од нив, како и начинот на кој тие се регулирани

со позитивните правни прописи во Република Македонија. Дополнително, во анализата ќе

бидат опфатени технолошко- идустриските развојни зони во кои се одвива скоро

целокупното функционирање на капацитети кои се создадени со странски капитал. Тука,

посебен осврт ќе имаме и на цариснките постапки кои се одвиваат од страна на

Царинската Управа како и начинот на фунционирање на ТИРЗ. Се разбира, во посебен дел

ќе бидат анализирани и работата на Агенцијата за привлекување на странски инвестиции,

Програмата на Владата на Република Македонија за привлекување на странски

инвестиции како и политиките на Владата со кои истата сака да привлече повеќе

инвеститори. Во посебен дел, ќе бидат разгледани и законските рамки со кои на

инвеститорите со странски капитал им се олеснуваат постапките, со кои им се овозможува

поинаков третман и најважно, токму поради кои се одлучуваат да инвестираат на

територијата на Република Македонија.

Научна и стручна оправданост на истражувањето:

Научна оправданост: доаѓа од фактот што преку оваа анализа е планирано да се дојде

до подетални и искристализирани сознанија на тоа како воопшто фунционираат

технолошко – индустриските развојни зони во Република Македонија, која е нивната

функција и како се тие поврзани со директните странски инвестиции. Исто така,

очекувано е овој магистерски труд да понуди одговор на повеќе прашања за кои сеуште не

постојат подетални одговори. Дополнително, научната оправданост поаѓа од фактот дека е

планирано во рамките на овој труд да бидат презентирани различни статистички извештаи

Page 14: Магистерски труд „Меѓународни договори за инвестирање со ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/AnetaPoposka_kic_mart19.pdf ·

14

од релевантни институции кои може значително да потпомогнат во разјаснување на некои

делеми околу странските инвестиции во Република Македонија.

Стручна оправданост: стручната оправданост на овој труд доаѓа од тоа што во него ќе

има подетален и појасен пристап кон некои од царинските постапки кои се однесуваат на

увозот и извозот на компании со странски капитал, а кои се сместени на територија од

ТИРЗ зоните. Тука треба да се напомене дека стручната оправданост доаѓа и од тоа што

овие теми кои се поврзани околу странските инвестиции во Република Македонија немаат

соодветни аналитички третман, посебно во делот на царинските постапки. Од таму, овој

магистерски труд и истражувањето воопшто, може да служи како труд преку кој ќе може

на објективен начин со методолошки алатки и фактичка поткрепеност на сите искажани

тези да се дојде до нови сознанија околу овие процеси кои се поврзани со странските

директни инвестиции и со тоа овој труд да преставува одлично базично помагало за во

иднина некој друг да се позанимава со слични или исти проблем. Секако, поаѓајќи од

истражувањата спорведени токму за овој магистерски труд, а и од таму се гледа најмногу

стручната оправданост на овој труд.

Цели на истражувањето:

Целта на ова истражување е преку методолошки алатки да се дојдедо нови сознанија

околу проблемот кој го тангира овој магистерски труд. Добиените податоци да бидат

подредени и да подлежат на конкретна анализа. Целта на трудот е да се даде едно општо

согледување преку факти на ТИРЗ во Република Македонија и работата во тие зони.

Примарна цел: Примарната цел на овој магистерски труд е да се погрижи за да се

добие податоци околу работата во ТИРЗ, податоците да бидат соодветно анализирани и

евидентирани и истите да доведат до некакви заклучоци. Дополнително, тука е и целта да

се дојде до подетално појаснување на некои постапки кои се однесуваат на странските

директни инвестиции во Република Македонија.

Page 15: Магистерски труд „Меѓународни договори за инвестирање со ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/AnetaPoposka_kic_mart19.pdf ·

15

Секундарна цел: Секундарната цел на овој труд е се она кое е поврзано со примарната

цел односно ТИРЗ во Република Македонија. Тука влегуваат работата на ТИРЗ како и

организационата поставеност, фунцииите кои ги имаат ТИРЗ во Република Македонија,

нивната директна поврзаност со странските дирекни инвестиции како и нивното значење.

Како примарна цел на овој магистерски труд се јавува и аналзиирањето на царинските

постапки кои се водени од страна на Царинската Управа на Република Македонија, тука

ги вметнуваме и деталните анализи на позитивните правни прописи кои се однесуваат на

странските директни инвестиции, Програмата на Владатана Република Македонија за

привлекување на странски диреткни инвестиции како и една општа анализа на работата на

Агенцијата за странски инвестиции на Република Македонија, која како државен орган е

задолжена за работата со ТИРЗ и дирекно е вклучена во комунакацијата со сегашни и

идни странски инвеститори. Пракчтилно, секнударната цел на овој труд го вклучува

добивањето на нови сознанија на сите оние поглавја кои се јавуваат, а се однесуваат на

ТИРЗ која претставува примарна цел на овој труд.

Предмет на истражувањето:

Како предмет на ова истражување секако се јавуваат технолошко – идустриските

развојни зони. Што тие значат, како се организирани, за што служат и која е нивната

функција во однос на странските директни инвестиции. Предмет на истражувањето на

овој магистерски труд дополнително ќе бидат и царинските постапки и регулацијата која

се однесува за стоки кои се увезени и извезени од Република Македонија, а се потребни за

прозиводство или се произведени од компанија со странски капитал која работи во

рамките на ТИРЗ на територијата на Република Македонија.

Појмовно категоријален апарат:

- Меѓународното движење на капиталот, како дел oд меѓународното

финансирање и меѓународна соработка на глобално ниво, има клучно влијание

Page 16: Магистерски труд „Меѓународни договори за инвестирање со ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/AnetaPoposka_kic_mart19.pdf ·

16

во современите услови на стопанисување за секоја национална екoномија, бeз

разлика дaли се јaвува во улога на дaвател или примaтел на кaпитал.

- ТИРЗ – Технолошко- идустриски развојни зони претставуваат обележани

териотрии од страна на државата Република Македонија на кои е можно

акумулирање на производтство од страна на компании со странски капитал и во

кои важат посебни правила, а се регулирани со посебни прописи.

- Странските директни инвестиции, се облик на влoжување на кaпитал кој на

странскиот инвеститор му обезбедува право на сопственост, кoнтрола и

управување на основа навлoжениот капитaл.

- Меѓународен трансфер на технологија и знаење (know-how), претставува

потребното ниво на инвестиции во функција на технолошкиот развој и е

условено од инвестиции, како материјален фактор. На тој начин се врши

материјализирање на достигнувањата и сознанијата на науката, односно

практично воведување на технолошкиот развој во производните процеси.

- Вработени – Под поимот „вработени“ се подразбираат сите лица кои засновале

работен однос со деловните субјекти и локалните единици во приватна и друга

сопственост (општествена, државна, задружна и мешовита сопственост), без

оглед на видот на работниот однос (на определено или на неопределено време),

како и дали работат полно или покусо од полното работно време.

- Бруто-плата – Под поимот „бруто плата“ се подразбираат вкупно исплатените

бруто-плати кои опфаќаат: исплатени нето-плати, платен персонален данок и

платени придонеси за пензиско и за инвалидско осигурување, за здраствено

осигурување, за вработување, за професионално заболување и за

водостопанство.

- Нето-добивка / загуба – Нето–добивката / загубата за финансиската година, по

годишната сметка, претставува финален пресметковен биланс од редовните и

дополонителните активности на деловните субјекти. Тоа е сума од вишокот

минус обврските од работењето на деловниот субјект, финансиските и

доплонителните активности, вклучувајќи ги нето-даноците и вредносното

порамнување

Page 17: Магистерски труд „Меѓународни договори за инвестирање со ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/AnetaPoposka_kic_mart19.pdf ·

17

- Инвестиции во потрага по ресурси (инвестиции кои бараат природни ресурси

како руди, суровини или земјоделски производи и инвестиции кои бараат

ефтина и обучена работна сила).

- Инвестиции во потрага по пазари (инвестиции кои доаѓаат на пазари каде

увозот на одредени производи е висок, инвестиции кои го следат движењето на

своите купувачи - големите компании и инвестициите кои ги следат трендовите

на пазарот и ангажираат локални доставувачи.

- Инвестиции во потрага на стратегиски добра да ги задржат и промовираат

долгорочните цели на својата компанија- тие се насочени пред сè кон

приватизација, затоа што со купување на постоечки компании ја задружваат

производната програма и постоечкиот пазар.

- greenfield инвестиции, кога странскиот инвеститор гради нови производни

капацитети со 100% сопственост на странскиот инвеститор.

- merger & acquisition. Стекнување на мнозински удел во сопственоста на веќе

постоечко претпријатие, со купување на претпријатие, купување на акции или

со директно купување на сопственичкиот удел - спојување и аквизиција.

- joint venture. Заедничко вложување со домашните фирми од земјата-примател.

- Финансиски стимулации, се политики кога земјата нуди насочени стимулации

во случаи кога земјата е перципирана како помалку конкурентна (на пример,

заради делумна политичка нестабилност или понизок степен на развој во однос

на конкурентите).

- Регулаторни стимулации, се мерки кои овозможуваат повластен третман во

однос на она што го пропишува постоечката домашна регулатива во одредени

области и најчесто се манифестираат во олеснување на еколошките,

социјалните и на слични стандарди и главно се однесува за специфични сектори

во земјите во развој.

- Агенција за привлекување на странски инвестиции, орган на дражвната

управа кој е задолжен за спроведувањето на политиките на Владата на

Република Македонија согласно со Програмата за привлекување на странски

инвестиции.

Page 18: Магистерски труд „Меѓународни договори за инвестирање со ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/AnetaPoposka_kic_mart19.pdf ·

18

- Царинска Управа, орган на државната управа кој е задолжен за спроведување

на позитивните правни прописи во Република Македонија кои се однесуваат на

царинското работење.

- Програма на Владата на Република Македонија за привлекување на

странски инвестиции, претставува програма која на долг рок е предвидено да

допринесе на зголемувањето на странскиот капитал во Република Македонија и

која предвидува соодветни активности како да се постигнат зацтраните цели во

таа програма.

- Портфолио инвестиции, престсавуваат оние инвестици кај кој повеќе помали

претпријатија откупуваат акции на друго претпријатие и поради истиот интерес

подоцна истите мали претпријатија се соединуваат и стануваат мнозински

сосптвеник на тоа претпријатие.

Временска рамка на истражувањето:

Ова истражување се спроведува во 2018 година.

Просторно определување на предметот на истражувањето:

Ова истражување се спроведува на територијата на Република Македонија

Дисциплинарно определување на предметот на истражувањето:

Ова истражување е од областа на трговското и деловното право.

Хипотези

Како основна хипотеза на ова истражување се меѓународните договори за

инвестирање, нивниот облик и форма.

Page 19: Магистерски труд „Меѓународни договори за инвестирање со ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/AnetaPoposka_kic_mart19.pdf ·

19

Посебни хипотези:

Посебна хипотеза 1

Ефективноста и ефикасноста на привлекувањето на странските инвестиции во

Република Македонија зависи од позитивните правни прописи.

Посебна хипотеза 2

Ефективноста и ефикасноста на привлекувањето на странските инвестиции во

Република Македонија зависи од технолошко – индустриските развојни зони.

Посебна хипотеза 3

Ефективноста и ефикасноста на привлекувањето на странските инвестиции во

Република Македонија зависи од Програмата на Владата на Република Македонија за

привлекување на странски дирекни инвестиции.

Посебна хипотеза 4

Ефективноста и ефикасноста на привлекувањето на странските инвестиции во

Република Македонија зависи од поволностите кои се нудат на странските инвестиори.

Посебна хипотеза 5

Ефективноста и ефикасноста на привлекувањето на странските инвестиции во

Република Македонија зависи од Агенцијата за привлекување на странски инвестиции на

Република Македонија.

Посебна хипотеза 6

Ефективноста и ефикасноста на привлекувањето на странските инвестиции во

Република Македонија зависи од стручноста на вработените во Агенцијата за

привлекување на странски инвестиции на Република Македонија.

Page 20: Магистерски труд „Меѓународни договори за инвестирање со ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/AnetaPoposka_kic_mart19.pdf ·

20

Посебна хипотеза 7

Ефективноста и ефикасноста на привлекувањето на странските инвестиции во

Република Македонија зависи од образованието на вработените во Агенцијата за

привлекување на странски инвестиции на Република Македонија.

Посебна хипотеза 8

Ефективноста и ефикасноста на привлекувањето на странските инвестиции во

Република Македонија зависи од мотивираноста на вработените во Агенцијата за

привлекување на странски инвестиции на Република Македонија.

Посебна хипотеза 9

Ефективноста и ефикасноста на привлекувањето на странските инвестиции во

Република Македонија зависи од Царинската Управа на Република Македонија

Посебна хипотеза 10

Ефективноста и ефикасноста на привлекувањето на странските инвестиции во

Република Македонија зависи од стручноста на вработените во Царинската Управа на

Република Македонија.

Посебна хипотеза 11

Ефективноста и ефикасноста на привлекувањето на странските инвестиции во

Република Македонија зависи од стручноста на мотивираноста во Царинската Управа на

Република Македонија.

Посебна хипотеза 12

Ефективноста и ефикасноста на привлекувањето на странските инвестиции во

Република Македонија зависи од стручноста на образованието во Царинската Управа на

Република Македонија.

Page 21: Магистерски труд „Меѓународни договори за инвестирање со ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/AnetaPoposka_kic_mart19.pdf ·

21

Посебна хипотеза 13

Ефективноста и ефикасноста на привлекувањето на странските инвестиции во

Република Македонија зависи од постапките на Царинската Управа на Република

Македонија.

Посебна хипотеза 14

Ефективноста и ефикасноста на привлекувањето на странските инвестиции во

Република Македонија зависи од расположливите човекови ресурси во Република

Македонија.

Посебна хипотеза 15

Ефективноста и ефикасноста на привлекувањето на странските инвестиции во

Република Македонија зависи од политичката ситуација во Република Македонија.

Очекувани резултати:

- Да се дојде до сознанија за работата на ТИРЗ во Република Македонија.

- Да се дојдедо сознанија за Програмата на Владата за привлекување на странски

инвестиции.

- Да се дојде до сознанија за ефектите на странските инвестиции врз економијата

на Република Македонија.

- Да се анализира моменталната состојба со странските инвестиции

- Да се анализираат законските рамки кои ги регулираат странски инвестиции

- Да се анализира работата на Царинската Управа на Република Македонија која е

поврзана со ТИРЗ зоните.

- Да се анализираат посебните постапки на Царинската управа на Република

Македонија кои се однесуваат на ТИРЗ зоните.

- Да се анализира работата на Агенцијата за привлекување на странски

инвестиции на Република Македонија.

Page 22: Магистерски труд „Меѓународни договори за инвестирање со ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/AnetaPoposka_kic_mart19.pdf ·

22

- Да се анализираат ефектите на странските инвестиции врз невработеноста во

Република Македонија.

- Да се анализираат ефектите на странските дирекни инвестиции врз БДП на

Република Македонија.

- Да се анализираат мерките кои се превземаат од Владата на Република

Македонија за привлекување на странски инвестиции, колку истите се

ефективни и ефикасни.

- Да се даде поширока анализа за тоа определен временски период колку странски

инвестиции има во Република Македонија.

- Да се даде анализа за тоа колкав е капиталот на странски инвестиции во

Република Македонија.

Технички методи и инструменти кои ќе бидат користени во ова истражување:

- Дескриптивен метод

- Аналитички метод

- Интервју

- Анкета

- Разговор

Поракј горенаведените методи и техники кои ќе бидат користени во текот на ова

истражување дополнително ќе бидат искористени и статистички податоци од релеванти

институции кои преку бројки ќе ја покажат состојбата со странските инвестиции во

Република Македонија. За потребите на овој магистерски труд ќе бидат користени

различни книги, стручна и научна литература од областа, научни списанија, интервјуа,

телевизиски емисии, стручни документарни програми, други истражување на иста или

слична тема кои би можеле да подкрепат една или повеќе од наведените тези во овој

магистерски труд како и останата литература.Дополнително за потребите на трудот ќе

биде спорведена и анкета на неколку испитаници.

Page 23: Магистерски труд „Меѓународни договори за инвестирање со ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/AnetaPoposka_kic_mart19.pdf ·

23

ГЛАВА I

1. МЕЃУНАРОДНО ДВИЖЕЊЕ НА КАПИТАЛОТ

(видови, мотиви, форми и ефекти)

Во современите економски системи улогата на меѓународното движење на капиталот и

странските инвестиции е значително голема ако се земе предвид фактот дека истите

претставуваат нов тренд во економијата. Причините поради кои се повеќе компании се

одлучуваат да инвестираат во определени (таргетирани) држави се широки и комплексни.

Меѓународното движење на капиталот претставува пренос на финансиски средства,

техничко-технолошка опрема, човекови ресурси од едно на друго место со цел

зголемување на ефективноста и ефикасноста на посочено претпријатие, а со тоа и

зголемување на профитите на истото. Странските инвестиции (странските директни

инвестиции во случајот со Република Македонија) се една од формите ( за дефинирањето,

класификацијата по видови и подвидови ќе дадам осврт во понатамошниот дел на текстот)

на меѓународното движење на капиталот.

1.1.MEЃУНАРОДНО ДВИЖЕЊЕ НА КАПИТАЛОТ

Интересен факт околу меѓународното движење на капиталот е што тој е директен

„производ“ на глобализацијата.

Глобализацијата претставува природен процес на создавање услови за забрзан

стопански развој и интегрирана „светска“ економија. Глобализацијата е насочена кон

отворање на меѓународните текови на стоки, услуги, капитал, знаење и работна сила,

што доведува до поголема интеграција на економиите и општествата. Придобивките се

Page 24: Магистерски труд „Меѓународни договори за инвестирање со ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/AnetaPoposka_kic_mart19.pdf ·

24

јасно видливи во зголемувањето на трговијата, повисокиот раст и намалувањето на

сиромаштијата на земјите целосно ангажирани во процесот.1

Значи, јасно е дека феноменот на глобализацијата кој инаку, сеуште е предмет на

дискусии и претпоставки до каде ќе оди односно до каде воопшто може да оди, односно

директно влијае на економијата. Глобализацијата си ја оформува масата на светот онака

како што неа и одговара, онака какви што и се потребите.

Веќе не зборуваме за глобализацијата која го создаде „глобалното село“ преку

интернет конекциите кои станаа секојдневие во најголемиот дел од светот или ако сакате

за некои други социолошки аспекти на нејзиното постоење. Денес, глобализацијата е

моторот кој го придвижува стопанството, економијата, финансиските трансакции и

слично. Така, веќе се зборува за економска глобализација. А таа пак се занимава со некои

позначајни економски теми и доведува до едно поинакво сфаќање на поимот на

претприемништвото, одновно го дефинира целокупното стопанство во најголемиот дел од

неговите сегменти и доведува до целосна промена на правилата на игра на пазарот и

воопшто во финанскискиот механизам како и економските системи.

Економската глобализација претставува историски процес кој се карактеризира

со развојно-динамична и широко опфатена технолошка стандардизација во сите

области на производството и животот на луѓето, со нагласена хармонизација во

законската и институционалната област, стопанската инфраструктура и изразената

конвергенција во макроекономските развојни политики кај група земји без оглед на

нивната големина, нивото на развиеност, политичката и социјалната ориентираност и

сл.2

1 2 Gorgieva‐ Trajkovska, Olivera and Dimitrova, Janka (2013) Strengthening global economic growth through

regional cooperation.International conference "Regional Economic Cooperation in the Process of Globalization",

DU Tetovo

2 Вељко Радовановиќ „ЕКОНОМСКЕ ТЕМЕ“ глава„ Глобализација и поларизација развоја савременог свет

а“Београд 2002, стр. 136

Page 25: Магистерски труд „Меѓународни договори за инвестирање со ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/AnetaPoposka_kic_mart19.pdf ·

25

Со ваквото дефинирање на економската глобализација се дава една јасна слика за тоа

како методолошки економската глобализација го размешува теренот. Станува многу јасно

дека економската глобализација влегува во секој сегмент на економското работење во

било која земја, независно од тоа дали се работи за држава со либерален капитализам како

определен економски систем или некој посебен вид на комунизам (примерот со Кина), без

разлика дали се работи за развиена демократија или недемократаски режим, или пак дали

се работи за држава која има одличен БДП и економски раст или оние држави кои се

класифицирани како државиот од „третиот свет“.

Со други зборови, економската глобализација (исто како глобализацијата воопшто) си

ги пронаоѓа сопствените канали и пукнатикни преку кои успева да влезе и да ги постави

новите правила на игра.

Општо познат е и фактот дека државите кои се затекнаа со економската глобализација

и кружењето на меѓународниот капитал ја сфатија (некои порано, други подоцна)

важноста на овие промени на светот и преку соодветни законски рамки успеваат да го

прошират влезот на капиталот надевајќи се на бенефитите од истиот. Ваквите постапки

доаѓаат сосема природно затоа што секоја држава сака задоволни граѓани, поголем БДП

како и намалување на невработеноста и сиромаштијата.

Што се однесува до меѓународното движење на капиталот, како дел од меѓународното

финансирање и меѓународна соработка на глобално ниво, има клучно влијание во

современите услови на стопанисување за секоја национална економија, без разлика дали

се јавува во улога на давател или примател на капитал. Што значи дека е неприкосновен

фактот кој се однесува на глобалното влијание. Иако, потребно е да се наведе дека некои

автори се во дилема, други дури го негираат постоењето или ширењето на било каков вид

на економска глобализација и истата воопшто да може да се поврзе со некоја форма од

меѓународното движење на капиталот. Но, тоа сепак не претставува никаков предмет на

интерес со кој се занимава овој магистерски труд и токму затоа ваквите теории тука нема

да ги анализирам.

Page 26: Магистерски труд „Меѓународни договори за инвестирање со ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/AnetaPoposka_kic_mart19.pdf ·

26

1.2.ВИДОВИ НА МЕЃУНАРОДНО ДВИЖЕЊЕ НА КАПИТАЛОТ

Меѓународното движење на капиталот има повеќе форми и видови. Дефинирањето на

економската глобализација како и самото меѓународно движење на капиталот укажува на

комплексните поделби и подвидови кои ги има ова движење. Токму поради ова повеќе

автори се сложуваат најпрво, меѓународното движење на капиталот да се подели на две

основни видови.

Приказ бр.1

Меѓународно движење на паричниот капитал, односно извоз-увоз на капитал,

претставува можност со вложените парични средства во странство да се оствари повисок

профит (извоз на капитал) во споредба со истите вложувања во сопствената национална

економија, а при увоз на капитал се проширува материјалната база на домашното

производство.

Потребата да му се посвети посебно внимание на паричниот капитал како

неопходен производен фактор, произлегува од фактот што поседувањето на доволно

парични средства како и умешноста во располагањето и управувањето со нив се

предуслов за обезбедување на непречен тек на репродуктивниот процес и се основа за

зголемување на акумулацијата и проширување на материјалната база на

производството.3

3КикерковаИрена - Меѓународнаеконмијаhttp://ekonomski.files.wordpress.com ( Online Available 2018)стр.19

Медунарпднп движеое на капиталпт

Медунарпднп движеое на паричнипт капитал

know-how

Page 27: Магистерски труд „Меѓународни договори за инвестирање со ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/AnetaPoposka_kic_mart19.pdf ·

27

Паричниот капитал во рамките на меѓународната економија, односно меѓународното

движење на капитал, се одвива во три основни форми и тоа: во вид на заеми, во вид на

портфолио вложувања и во вид на странски директни инвестиции.

Основниот трансфер на паричен капитал, претставуваат вложувањата во странски

директни инвестиции. Со оглед на тоа, дека на странските директни инвестиции основна

карактеристика е што овозможуваат право на сопственост, контрола и управување на

вложениот капитал, а транснационалните компании се главни носители на пазарот на

капитал, странските директни инвестиции во суштина го отсликуваат меѓународно

движење на капиталот.

За разлика од зајмовниот капитал и портфолио инвестициите, странските директни

инвестиции, се облик на вложување на капитал кој на странскиот инвеститор му

обезбедува право на сопственост, контрола и управување на основа на вложениот

капитал4.

Меѓународен трансфер на технологија и знаење (know-how), претставува

потребното ниво на инвестиции во функција на технолошкиот развој и е условено од

инвестиции, како материјален фактор. На тој начин се врши материјализирање на

достигнувањата и сознанијата на науката, односно практично воведување на

технолошкиот развој во производните процеси.

4Николина Неновска, МАКРОЕКОНОМСКИ АСПЕКТИ НА СТРАНСКИТЕ ДИРЕКТНИ ИНВЕСТИЦИИ СО

ПОСЕБЕН ОСВРТ НА СТРАНСКИТЕ ДИРЕКНИ ИНВЕСТИЦИИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА,

Универзитет" Св.Климент Охридски " Битола,2013 стр.40

Page 28: Магистерски труд „Меѓународни договори за инвестирање со ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/AnetaPoposka_kic_mart19.pdf ·

28

1.3.МОТИВИ ЗА МЕЃУНАРОДНОТО ДВИЖЕЊЕ НА КАПИТАЛОТ

Во воведот (кој беше дел на методолошкото скицирање на овој магистерски труд)

накратко ја потенцирам важноста на меѓународното движењена капиталот и врската со

странските директни инвестиции како продукт на тоа движење на капитал. Секако,

потребно е да се наведат мотивите за меѓународното движење на капиталот кој го создаде

глобализацијата (како што е наведено, економската глобализација).

Мотивите за меѓународно движење на капиталот биле предмет на анализа на

економистите уште во раните фази на капитализмот. Претставниците на класичната

економска мисла го согледале движењето на капиталот внатре во границите на

националната економија и трендот на придвижување на капиталот надвор од

националните граници. Економските теоретичари Адам Смит и Давид Рикардо,

всушност се првите теоретичари кои сметаат дека основен мотив за меѓународното

движење на приватниот капитал е разликата во висината на националните профитни

стапки.5

Во неговото дело „Богатството на народите“, Адам Смит констатирал

„големите износи кои приватните капиталисти им ги позајмуваат на приватниците во

земјите каде каматната стапка е поголема отколку во нивната сопствена, сето тоа се,

без сомнение, околности кои го докажуваат изобилството на нивниот капитал, односно

дека тој пораснал над она што тие би можеле да го употребат во сопственото

производство и сопствената земја со поднослив профит“. Тие констатирале дека

земјите со пониско ниво на економски развој имаат повисоки профитни стапки кои се

резултат на изобилството на ефтини суровини и ефтина работна сила на овие земји, но

не ги констатирале причините за тоа.6

5Николина Неновска, МАКРОЕКОНОМСКИ АСПЕКТИ НА СТРАНСКИТЕ ДИРЕКТНИ ИНВЕСТИЦИИ СО

ПОСЕБЕН ОСВРТ НА СТРАНСКИТЕ ДИРЕКНИ ИНВЕСТИЦИИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА,

Универзитет" Св.Климент Охридски " Битола,2013

6Smith A.,”Bogatstvo naroda” tom I, Kultura Beograd 1952

Page 29: Магистерски труд „Меѓународни договори за инвестирање со ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/AnetaPoposka_kic_mart19.pdf ·

29

Претставникот на класичната економска мисла, кој се смета за еден од предвесниците

на теоријата за мобилност на факторите на производство, Џон Стјуарт Мил разгледувајќи

го меѓународното движење на капиталот, заклучува дека основната причина што ја

предизвикува оваа појава е тенденцијата на опаѓање на профитната стапка во економиите

зафатени со индустриска револуција. „Извозот на капитал овозможува да се префрли во

странство токму оној негов дел што е вишок во економијата. Со тоа се овозможува

рентабилно да се инвестира делот од капиталот кој останува внатре во националната

економија, се зголемува нејзината акумулативна моќ и се спречува деградацијата на

општеството”7.

Иако и овој теоретичар, како и Адам Смит и Давид Рикардо не ја откри причината за

тенденцијата за опаѓање на профитната стапка во индустриските земји, сепак овие автори

ги поставиле основните претпоставки за понатамошни согледувања и учење.

Учењето на класичната економска мисла го заокружил Маркс, кој ги дефинирал

основните законитости на капиталистичката репродукција во нејзиниот либерален

стадиум. Маркс заклучил дека самиот капиталистички систем ја носи

нерамномерноста на економскиот развој и индиректно го донесол одговорот за тоа

каде лежат можностите за зголемување на продуктивноста и за рентабилноста на

приватните вложувања, заклучувајќи дека „капиталот не се испраќа во странство, затоа

што не би можел да се ангажира во земјата. Тој се праќа во странство зашто таму може

да се ангажира со повисока профитна норма“. Тој го согледал движењето на капиталот

од гранки и дејности со пониска профитна стапка во гранки и дејности со повисока

профитна стапка и ги дефинирал главните причини за извоз на капитал кои треба да се

бараат во капиталистичкиот начин на производство, а основниот мотив на ова

движење е максимизација на профитот.8

7Mil J.ST., “PRINCIPALS OF POLITICAL ECONOMY WITH THEIR APPLICATION TO SOCIAL PHILOSOPY”

1904

8Николина Неновска, МАКРОЕКОНОМСКИ АСПЕКТИ НА СТРАНСКИТЕ ДИРЕКТНИ ИНВЕСТИЦИИ СО

ПОСЕБЕН ОСВРТ НА СТРАНСКИТЕ ДИРЕКНИ ИНВЕСТИЦИИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА,

Универзитет" Св.Климент Охридски " Битола,2013

Page 30: Магистерски труд „Меѓународни договори за инвестирање со ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/AnetaPoposka_kic_mart19.pdf ·

30

Максимизацијата на профитот се чини како едно од најзастапените теории на многу

познати научници од економскиот свет. Се разбира, ова не е ни зачудувачки.

Едноставниот тек на настаните во економијата доведува до заклучок дека секое едно

претпријатеие кое постои има една и единствена цел, а тоа е профитот. Од тука, доаѓа и

природната констатација дека претпријатието кое се стреми да биде успешно има уште

поголема базична цел од профитот, а тоа е што е можно зголеување на профитот. Ваквиот

природен тек на настаните како што се напоменува го имало уште во времето на Адам

Смит. Ова секако укажува на фактот дека правилата во економијата односно барем дел од

нив остануваат исти.

Сепак, тука произлегува и потреба да се напомене дека постојат и редица на други

теории, а се однесуваат на мотивите за меѓународното движење на капиталот. Но, истите

не претставуваат предмет на интертес на трудот, ниту пак можат да понудат доволен број

на факти и аргументи за да бидат земени во предвид и анализирани во овој магистерски

труд. Дополнително, јас (како и најголемиот дел) тргнувам од теоријата на

максимизирањето на профитот затоа што е единствената која може фактички и со

аргументи да го објасни најдобро мотивот за движењето на капиталот.

Покрај оваа, како дополнителн мотив се јавува и теоријата на сигурноста на

вложувањето која исто така поаѓа од аргументиран пристап за тоа кои се мотивите за

меѓународното движење на капиталот. Едноставно, базично е да се помисли дека секое

претпријатие е во потрага по начин за скратување на трошоците. Било тоа да се

човековите ресури – персоналните давачки на пртепријатијата кон нивните вработени, па

истите ќе бараат држави каде минималната плата е далеку под нивното на минималната

плата во матичната држава на претпријатието или во случаи кога претпријатијата се

занимаваат со производство чиј нус продукт се материјали кои значително и наштетуваат

на животната средина па бараат земји кој ќе им овозможат поблаг пристап кон проблемот,

послободна постапка за одстранувањето на пр. токсично ѓубре и сл. или држави кои имаат

значително помала толеранција и законски бариери кои се однесуваат на заштитата на

животната средина.

Од друга страна, претпријатијата гледаат како на сигурни партнери на државите каде

инвестираат и очекуваат подобар и поинаков пристап, секоја компликација им ја загрозува

Page 31: Магистерски труд „Меѓународни договори за инвестирање со ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/AnetaPoposka_kic_mart19.pdf ·

31

сигурноста на вложувањето која во многу случаеви може да биде многу позагрозена од

домицилната држава на претпријатието.

Кога станува збор за теории кои се однесуваат на мотивите за меѓународното движење

на капиталот не може да ги заокружиме и најновите теории од страна на неколку

современи економски теоретичари кои ја нагласуваат социјалната компонента во целата

приказна. Имено, по некои од соврмеените економски теоретичари кои се занимаваат со

делови на оваа проблематика евиденто е дека некои од поголемите меѓународни

корпорации се одлучуваат некогаш да инвестираат во земји во развој или земји кои се дел

на третиот свет само затоашто сакаат да помогнат на определната држава преку

вработување на населението, еветуално партнерство со домицилни постоечки

претпријатија во земјата или на многу други повеќе начини како едукација на млад кадар

и слично.

Ваквата теорија е отфрлена од многу еминенти економски мислители од проста

причина што не може да се наведе ниту еден пример за ваков мотив за движење на

капиталот, а истиот да биде поткрепен со факти.

Слабостите на оваа теорија лежат во самата суштина на истата и затоа е толку многу

лесно истата да биде побиена. Едноставно не е можно да се копнстатира дека некоја

мултинационална компанија, холдинг или корпорација инвестира во држава од третиот

свет само затоа што се грижи за тамошното население или сака да ја направи таа држава

понормална, економски подобра или да ја застане на нозе за да може подобро да

фунционира. Во пракса работите изгледаат малку поинаку. Компаниии со странски

капитал доаѓаат токму во таквите држави за ефтината работна сила (човековите ресурси –

намалувањето на трошоците за плати и доприноси на персоналот кој работи во

компанијата, како компонента во теоријата на максимизаиција на профитот која се

однесува на мотивите за меѓународното движење на капиталот). Во ситуација каде некои

земји од третиот свет имаат население кое е приморано да живее со шест американски

долари на ден или пет па, дури и земји каде населението мора да живее со два долари на

ден, корпорациите ја пронаоѓаат причината за инвестирањето, без разлика на тоа како

дошло до крахот на економијата на државата.

Page 32: Магистерски труд „Меѓународни договори за инвестирање со ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/AnetaPoposka_kic_mart19.pdf ·

32

Предвидувањата на некои мислители за тоа дека роботи ќе ја заменат работата на

луѓето во далечна иднина им се многу добро познати на меѓународните корпорации. Но,

исто така им е познато дека вакви теории кружеа уште во осумдесетите години на

минатиоит век, па и покрај златните времиња на техничко – технолошкиот развој кој

енормно расте ако гледаме наназад од времеот на откривањето на парната локомотива и

другите вековни откритија кои потпомогнаа во развојот на производството, сепак не е

дојден момент каде роботиката би можела да замени човекови ресури (барем не во

најголемиот дел од производствените области) ваквиот факт останува да сведочи за

заинтересираноста на корпорациите во државите токму со ниска стапка на животен

стандард. Таргетираните држави најчесто се толку очајни што ги симнуваат на најниско

можно ниво даноците за овие претпријатија само за да ги привлечат инвеститорите. Иако,

овој меѓународен капитал значително придонесува до намалаување на невработеноста и

благо зголемување на куповната моќ на луѓето (околу оваа и слични теми ќе има посебен

дел кој ќе се анализира во овој труд) и потпомогнува во одново градење на државите сепак

сметам дека фали социјалната компонента и затоа овие факти не одат во полза на

социјалната теорија за меѓународното кружење на капиталот.

Дополнително, постојат компании кои одат во земјите во развој и земјите од третиот

свет за преку концесии да се приклучат кон експлатација на земјата, било да е тоа нафта,

скапоцени камења, скапоцени метали, руда и слично. Ваквиот пример го има во неколку

држави на Африканскиот контитент. Иако, има значително намалување на невработеноста

сепак ефектите се многу малку видливи, посебно ако се земе сознанието дека работниците

се ниско платени, а експлоатираната суровина оди надвор од државата затоа што државата

нема производствени капацитети, а во многу случаеви и know – how како да се

експлоатира самата.

Се разбира, денес на светот постојат компании, холдинзи, меѓународни корпорации

кои инвестираат во хуманитарна помош во државите од третиот свет преку изградба на

школи, градинки, прифатни центри, бунари за питка вода, болници, едукација на

населението и слично. Но, секој добар економски аналитичар ќе потврди дека се работи за

маркетинг, глобални реклами на интернационални претпријатија кои сакаат да го

Page 33: Магистерски труд „Меѓународни договори за инвестирање со ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/AnetaPoposka_kic_mart19.pdf ·

33

подобрат имиџот за себе преку финансирање од различни фондови за социјални проекти

во наведените држави.

1.4. ФОРМИ НА МЕЃУНАРОДНОТО ДВИЖЕЊЕ НА КАПИТАЛОТ

Како што напоменавме, постојат повеќе форми на меѓународното движење на

капиталот. Истите се делат на повеќе подгрупи, а нивната категоризација е доста

комплицирана бидејќи само по себе се работи за комплексен економски процес. Така, ако

се земеме предвид дека темата на овој магистерски труд се однесува на странските

директни инвестиции и ТИРЗ зоните кои се однесуваат на Република Македонија, сметам

дека е непотребно да се дообјаснуваат истите подетално со примери и анализи затоа што

немаат никаква реална вредност за овој труд. Но, бидејќи оваа глава е целосно посветена

на меѓународното движење на капиталот сметам дека истите само може да се наведат и

сосема накратко да се објаснат.

Така, како форми на меѓународното движење на капиталот се: земјовен облик,

портфолио инвестиции, странски директни инвестиции (кои ќе имаат посебна глава во

овој магистерски труд), концесии

Page 34: Магистерски труд „Меѓународни договори за инвестирање со ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/AnetaPoposka_kic_mart19.pdf ·

34

Приказ бр.2

ЗЕМЈОВЕН ОБЛИК: Заеми, дпнации, среднпрпчнп и

дплгпрпчнп

ПОРТФОЛИО ИНВЕСТИЦИИ:Влпгпви вп пбврзници, купуваое на владини претпријатија

Кпнцесии: влпг вп кпнцесии на ппединечни држави

Page 35: Магистерски труд „Меѓународни договори за инвестирање со ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/AnetaPoposka_kic_mart19.pdf ·

35

ГЛАВА II

2. СТРАНСКИ ДИРЕКТНИ ИНВЕСТИЦИИ

( историја, дефинирање, видови, влијание)

Странските директни инвестиции круцијално го обликуваат карактерот на овој

магистерски труд. Нивното дефинирање, влијание, анализа, типизацијата и

определувањето на нивното значење во светски рамки, а најмногу за Република

Македонија игра важна улога во овој труд. Преку оваа анализа се обидувам да исцртам

врска меѓу стрнските директни инвестиции и главната проблематика на трудот.

Ако во горенаведеното повеќе се зборуваше за значењето на кружењето на капиталот

во меѓународни рамки – значи насекаде низ светот во оваа глава на трудот ќе се

позанимаваме малку подетално со самите странски директни инвестиции, со нивното

дефинирање, нивното типизирање, како тие влијаат врз економиите на поединечни земји,

се разбира, со посебен осврт на Република Македонија (во контекст на самиот наслов на

темата на овој магистерски труд) како и компаративно на некои од земјите од југоисточна

европа со цел поискристализирана анализа на тоа каква е состојбата со странските

директни инвестиции во региониот и каква е истата на територијата на Република

Македонија.

Дополнително во овој дел ќе имаме и неколку графички прикази за тоа како се движат

процентуално странските директни инвестиции во Република Македонија од нејзиното

осамостојување па се до денес. Според тоа, најлесно ќе може да се дојде до определените

заклучоци за кои се залагам, а кои се наведени во методолошката скица на овој труд.

Во делот на оваа глава на трудот ќе започнам подетална анализа на значењето на

странските директни инвестици, нивното влијание врз стопанството и економијата, се

разбира и позитивните и негативните страни.

Делот на оваа глава ќе го заокружам со повеќето графички и табеларни прикази за тоа

каква инвестициона клима имаме, кои земји најмногу инвестирале и инвестираат во

Page 36: Магистерски труд „Меѓународни договори за инвестирање со ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/AnetaPoposka_kic_mart19.pdf ·

36

Република Македонија, а се разбира дека тука ќе има и соодветни податоци за тоа во која

дејност најмногу се инвестира. Во овој дел ќе бидат и наведени позитивните и

негативните страни на странските директни инвестиции во Република Македонија, тема

која доста поларизира во населението и на која има доста различни коментари.

2.1.СТРАНСКИ ДИРЕКТНИ ИНВЕСТИЦИИ – ИСТОРИЈА И ДЕФИНИРАЊЕТО НА

ПОИМОТ.

Странските директни инвестиции во најопшта смисла на зборот се оние инвестиции во

Република Македонија (или друга земја) кои потекнуваат од капитал кој е сопственост на

инвеститор надвор од државата. Во минатото, за странски директни инвестиции се

сметале купувањето на некоја зграда, деловен објект, производствен погон дури и машини

кои се користени за производтство, некои делови на машини, инветар и слично. Нешто

што може да се напомене дека не мора да станува збор за физички добра кога зборуваме за

странско иневстирање, тука се и стручни кадри, луѓе со универзитетски дипломи кои со

своите знаења и вештини можат значително да створат нешто од кое понатаму може да се

дојде до капитал.

Овде секогаш е важно да се наведе дека мотивот на инвеститорите е недвосмислено

профитот. Секоја странска инвестиција која е од страна на некоја компанија, корпорација,

холдинг пред нејзината реализација е предмет на опсежна анализа на теренот преку

различни студии и анализи кои даваат некаков објективен преглед на тоа дали воопшто

вреди некаде да се инвестира или не.

Директните странски инвестиции (FDI-foreign direct investment)9 играат растечка и

исклучително важна улога во глобалниот бизнис. Овие инвестиции им овозможуваат на

фирмите да освојуваат нови пазари, пристап до поефтини фактори на производство, нови

технологии и производи. За земјата домаќин и фирмата која го прима капиталот се

9 Забелешка: Директни странски инвестиции ( Eng. FDIs-foreign direct investment) инвестиции од правни и

физички лица од странство во наши деловни субјекти со кои се остварува заеднички долгорочен интерес

каде што странскиот инвеститор поседува најмалку 10% од вкупната вредност на деловниот субјект

Page 37: Магистерски труд „Меѓународни договори за инвестирање со ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/AnetaPoposka_kic_mart19.pdf ·

37

создваат услови за нови технологии, нови начини на работење, поголема ефикасност,

поголем степен на искористеност на ресурсите, повисоко ниво на менаџмент, а сево ова

може да има силно влијание на економската развиеност на земјата. Класичната

дефиниција на директните странски инвестиции посочува дека тоа се случува при

купување на физички капитал од фирма во друга земја или пак преку купување на

значителен дел од акциите на една фирма со цел стекнување на контролата во истата.

Приказ. Бр. 3

Сепак, постојат неколку релеватни меѓународни економски институции кои се

позанимавале со давањето на некоја соодветна дефиниција на тоа што значи поимот на

странските директни инвестиции.

ДОЛГОРОЧНОСТ

МЕДУНАРОДЕН ТРАНСФЕР НА КАПИТАЛ

ЕКОНОМСКА ДОБИВКА

ВЛИЈАНИЕ НА ПРОИЗВИОДСТВОТО И ЕКОНОМСКИОТ РАСТ

ОСНОВНИ ЕЛЕМЕНТИ НА СТРАНСКИТЕ

ДИРЕКНИ ИНВЕСТИЦИИ

Page 38: Магистерски труд „Меѓународни договори за инвестирање со ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/AnetaPoposka_kic_mart19.pdf ·

38

Според ММФ директна инвестиција е еден вид меѓународна инвестиција што ја

презема фирма резидент од една земја или директен инвеститор, со цел воспоставување

траен интерес во фирма резидент во земја различна од земјата на инвеститорот.10

Според Светската банка11

, СДИ се инвестициони нето приливи направени за да

се постигне траен интерес и управување (10% или со поголем процент на гласачко

право) во фирма којашто соработува со земја различна од земјата на инвеститорот.

Инвестицискиот прилив во себе го опфаќа сопственичкиот капитал, реинвестираната

добивка, друг долгорочен капитал и краткорочен капитал сите прикажани во платниот

биланс.

Според UNCTAD12

, СДИ се дефинираат како инвестиција којашто вклучува

долгорочен однос и воспоставува траен интерес и контрола од фирма резидент на една

земја (матична земја) во фирма која е резидент на друга земја (земја домаќин). СДИ

подразбира инвеститорот да остварува значајно влијание на управување со фирма

којашто е резидент на друга земја. Оваа инвестиција ги вклучува покрај првичната,

иницијативната трансакција помеѓу двете фирми и сите наредни трансакции.

Се разбира, постојат и многу повеќе дефиниции за тоа што значи поимот на странските

директни инвестиции. Истите се поставени од луѓе кои се занимавааат подетално со

економските и финансиски случувања, академци на универзитети специјализирани за

економските науки. Но, имајќи го предвид насловот на овој магистерски труд како и

зацртаните цели и задачи на методолошката скица од истиот, решив да оставам да бидат

само овој дел од дефинициите бидејќи останатите дефиниции при дефинирањето на

поимот на странските директни инвестиции подетално се занимаваат со економските и

финансиските аспекти отколку со општото дефинирање на самиот поим и според тоа

немаат посериозна важност и не придонесуваат за ништо повеќе за овој труд.

10

Меѓународен монетарен фонд, IFM`s Balance of Payments Statistics Mannual‐ extermal/np/sta/di/glossary.pdf

(Online Available 2018)

11 THE WORLD BANK, WORLD DEVELOPMENT INDICATORS 2004, The International Bank for

Reconstruction and Development/ The World Bank, Washington. USA, 2004, pp.32

12 UNCTAD, World Investment Report,2004 UN, New York аnd Geneva pp.345

Page 39: Магистерски труд „Меѓународни договори за инвестирање со ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/AnetaPoposka_kic_mart19.pdf ·

39

Предходните дефиниции кои се наведени погоре, колку и да се разликуваат, сепак

имаат неколку клучни заеднички карактеристики:

Една инвестиција за да биде СДИ мора да биде направена во друга земја

различна од таа од којашто потекнува инвеститорот.

СДИ имаат долгорочен карактер и градат траен интерес помеѓу фирмата

инвеститор и фирмата примач на инвестицијата.

Постои согласност за најмалку 10% или повеќе имовинска сопственост со што,

на инвеститорот му обезбедува право на управување и контрола со фирмата.

Според ова доаѓаме до заклучок дека најважно пред сè за една дефиниција да може да

се нарече странска мора да потекнува од било која друга земја од земјата во која го има

депонирано својот капитал. Секако, заедничко е тоа што секоја странска директна

инвестиција има долгорочен карактер. Неколку пати погоре наведувавме примери како

некоја меѓународна компанија, холдинг и слично се решава да инвестира во било која

држава. Секогаш е потребно поширока анализа на теренот за кој некоја од компаниите е

заинтересирана да инвестира. Тука играат улога многу фактори: полтичката сосотјба,

безбедноста на државата, економскиот раст, определувањето на минималниот праг за

плата и придонеси на работници и слично.

Овие анализи подлежат на темелно теренско студирање, изработување на различни

стручни студии кои може да траат од неколку месеци до неколку години, па така

компанијата која би можела да се јави како инвеститор сака да биде целосно сигурна за

својата инвестиција бидејќи како што напоменавме се работи за милионски суми. Имено,

сите овие анализи и студии одземаат многу време, човекови ресурси за нивната изработка

и анализа на податоците на терен како и пари. Од таму, секоја сериозна компанија која

некаде инвестира странски капитал во изградба на фабрики, производствени погони,

купување на објекти, реновирање на веќе постоечки, технолошки развој, сака тоа да го

прави долгорочно (една од карактеристиките на која се совпаѓа со сите дефиниции за тоа

што значат странските директни инвестиции) и по ова може да заклучиме кога една

компанија инвестира во некоја друга држава очекувано има различни долгорочни цели

односно странските директни инвестиции по придода се долгорочни инвестиции.

Page 40: Магистерски труд „Меѓународни договори за инвестирање со ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/AnetaPoposka_kic_mart19.pdf ·

40

2.2.СТРАНСКИ ДИРЕКТНИ ИНВЕСТИЦИИ – ПОЗИТИВНИ И НЕГАТИВНИ

КАРАКТЕРИСТИКИ

Во овој дел од магистерскиот труд ќе се позанимаваме со еден повеќе важен фактор

кој се однесува на странските директни инвестиции, нивното влијание како и позитивните

и негативните карактеристики на истите.

Знаеме дека секоја странска компанија која сака да инвестира во странство очекува

минимлани трошоци и максимизацијата на профитот. За таа цел компаниите посебно се

заинтересирани за држави кои имаа стратегии за привлекувањето на странски директни

инвестиции (за привлекувањето на странските директни инвестиции, мерките и

политиките како и Програмата на Владата на Република Македонија, дополнилтено во

оваа глава од трудот) како и што поконкретно нив би им одговарало.

Привлекувањето на странски директни инвестиции, посебно за оние земји кои не

можат по било кој основ да го покренат економскиот раст и БДП со сопствени стредства

претставува идеален начин да ја одржат во живот кревката економија и да се надеваат на

каков – таков некаков економски раст. Пред се, на секоја Влада која носи стратегија и е од

особена важност намалувањето на процентот на невработеност. Секој носител на

функција на изборни кампањи во било која земја го ветува намалувањето на

невработеноста преку некакви стратегии. Во земјите во развој и земјите со послаба

економија, држави кои не излегуваат на море, држави кои се сеуште заглавени во

транзициски периоди од еден во друг политички и економски систем како и држави кои не

може да се опстојат со крупни економски и стопански проблеми па спасот го гледаат во

странските директни инвестиции.

Странските директни инвестиции го зголемуваат бројот на вработени лица,

невработеноста опаѓа, ваквиот тренд Владата релативно добро го користи во нејзина

самопромоција и во популистички цели. Но, тука е потребно да се напомене дека овие

странски директни инвестиции со себе носат позитивни и негативни влијанија.

Во оваа потточка посериозно ќе се позанимаваме со тие влијанија и карактеристики

кои со себе ги носат странските директни инвестиции.

Page 41: Магистерски труд „Меѓународни договори за инвестирање со ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/AnetaPoposka_kic_mart19.pdf ·

41

- Вработување : Како што напоменваме во горенаведеното, ефектот од странските

директни инвестиции е секако вработувањето. Намалувањето на невработеноста

кај работно способното население е еден од најголемите ако не и најголем

благодет кој го носат овие инвестиции. Со самото инвестирање во капацитети за

производство на секоја компанија и треба работоспособен кадар. Во земји со

релативно голема невработеност како Република Македонија таквиот кадар

лесно се наоѓа. Од друга страна, покрај човековите ресури кои им се потребни на

компаниите тука е и оној дел кој е потребен за раководство, планирање,

стратегиски менаџмент, лидерство, стручен кадар на раководни позиции кои им

се нудат претежно на младиот и образован кадар кој почнува да гледа некаква

иднина со оглед на тоа во каква економска ситуација се наоѓа определена

држава. Овој ефект е здрав за конкуренцијата меѓу оној дел од работно

способното население кои има особено специфично и потребно образование за

извршување на некои покомплексни техничко – технолошки задачи кои бараат

поинаков пристап, посебно ако се земе предвид фактот дека во овие компании

платите на таквиот кадар со know – how се далеку поголеми од просечните плати

во државата. Од таму, преку странските директни инвестиции се мотивираат

вработените и се задржуваат во матичните држави, не е потребна миграција во

земји со погоелм економски раст на кои им е потребна работна сила. Се

мотивира младиот и образован кадар да не ја напушта државата и да остане да

работи и живее во матичната земја. Како што неколку пати напоменавме во овој

труд, вработувањето – зголемувањето на вработувањето е веројатно најголемиот

благодет кој може да го донесат странските директни инвестиции. Покрај тоа,

ако се земе предвид фактот за кој зборувавме погоре односно за природата на

долгорочноста на овие инвестиции постои и посебена сигурност кај таквиот

образован кадар дека подолгорочно ќе останат да работат во тие компании. Тука

секако дека спаѓа и системот на мотивиација односно можноста за постојан

напредок и учење со што е можна поголема благосостојба на тие вработени.

- Платен биланс - странските директни инвестиции во платниот биланс на земјата

се бележат како прилив на капитал што се јавува еднаш на капиталната сметка и

подоцна се јавува како одлив на профит за странската фирма што инвестирала, а

Page 42: Магистерски труд „Меѓународни договори за инвестирање со ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/AnetaPoposka_kic_mart19.pdf ·

42

тоа кај земјата-домаќин се евидентира како должничко салдо. Ако странските

инвестиции се замена за увозот на добра и услуги, тоа ја подобрува тековната

сметка на земјата каде што се инвестирало.

- Техничко – технолошки развој – исто така доста поволен позитивен факт кој се

однеусва на странските инвестиции. Имено, компаниите преку изградба на

погони за производство вложуваат во технички развој, носат машини и

матријали кои се релативно непознати за домицилните компании или истите се

прескапи за да се набават, со тоа се овозможува кадарот кој работи таму да се

запознае со модернизираното производство како и поинаквите методи за

производтсво.

- Употребата на домашни суровини – Се смета како исто така доста позитивен

ефект од странските директни инвестииции

- Поголеми прилив во државната каса. ДСИ најчесто прават големи

мултинационални компании чии приходи се големи, па така и отварање на една

ваква во понеразвиена земја ке значи зголемени приходи од даноци и разни

такси кои ги плаќа фирмата

- Дополнителен стимул за борба меѓу веќе постоечките претпријатија во тој

сектор. Со навлегување на нова силна странска фирма на пазарот сите

досегашни фирми ќе мора да се преструктуираат и да се подготват со цел да

можат достојно да се справат со предизвикот. На овој начин ќе исчезнат оние

фирми кои работеле економски неефективно и неефикасно со што ке се заштити

општата економска состојба од нерационално растурање.

- Соработката односно евентуалната соработка со домицилни претпријатија околу

производството сепак допринесува за позитивни економски и стопански стапки.

Покрај овие, постојат и уште неколку други благодети кои ги носат со себе странските

директни инвестиции. Но, покрај позитивните карактеристики и влијание кои ги имаат

истите се и со негативни влијанија.

Page 43: Магистерски труд „Меѓународни договори за инвестирање со ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/AnetaPoposka_kic_mart19.pdf ·

43

- Негативен ефект трпи конкуренцијата во земјата-домаќин. Странските

мултинационални компании што настапуваат во земјата-домаќин имаат

голема економска моќ за да ги поддржуваат своите супсидијари и да им ги

надоместуваат трошоците со цел постепено да ги истиснат конкурентите на

земјата-домаќин и да воспостават монополска позиција на странскиот пазар.

- Автономија и национален суверенитет - многу од земјите во кои влегуваат

странски инвестиции се загрижени дека со тоа ќе им се намали економската

независност, дека многу од клучните економски одлуки ќе ги донесуваат

високите мултинационални компании по своја волја и за свој интерес и

корист, бидејќи и самите немаат некоја посебна обврзаност спрема земјите во

кои инвестираат. Многумина ги негираат овие тврдења со оглед на тоа што

денес тешко некоја компанија да може да ја држи клучната економска улога

во една земја, економски да ја потценува без и самата да претрпи последици,

бидејќи знаеме дека денес е свет на економска меѓузависност.

- Недоволната сорабтка со домашните фирми – односно, компаниите со

странски капитал не се занитересирани или не сакаат доволно добро или

воопшто да соработуваат со домашните претпријатија.

- Вработување – иако спомнавме дека тоа е најголемиот благодет, сепак

некаде во некои земји кои имаат интерес за привлекување странски

инвестиции имаме незначително намалување на невработеноста.

Населението или не сака да работи или едноставно не е задоволно од

понудата на плати.

- Лошата политика на државата за привлекување на странски инвестиции –

привлекувањето на странски директни инвестиции зависи од стратегијата на

Владата на државата која сака да привлече странски инвестиции. Тука

секогаш има еден негативен ефект, имено државата нуди преголеми

ослободување на странските директни инвестиции, минимални оданочувања,

минимални придонеси, некаде дури и намалени такси, полесна, поефтина и

побрза царинска постапка како и значително намалени трошоци кои не важат

и за домашните претпријатија. Ваквиот феномен е многу добро познат во

Република Македонија. Со тоа овие инвестиции за секој вработен добиваат

Page 44: Магистерски труд „Меѓународни договори за инвестирање со ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/AnetaPoposka_kic_mart19.pdf ·

44

помош и грантови кои всушност се на штета на сите граѓани кои го полнат

буџетот.

- Револтот на домашните инвеститори – токму поради наведениот негативен

ефект односно домашните инвеститори постојано реагираат и не се

задоволни од тоа што се ставени во неповолна ситуација за разлика од

странските компании кои уживаат многу поголеми бенефити кои ги дава

државата.

Page 45: Магистерски труд „Меѓународни договори за инвестирање со ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/AnetaPoposka_kic_mart19.pdf ·

45

3.МЕЃУНАРОДНО ДВИЖЕЊЕ НА СТРАНСКИТЕ ДИРЕКТНИ ИНВЕСТИЦИИ

НА СВЕТСКО НИВО И ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Во овој дел на магистерскит труд се прикажани некои податоци за светското движење на

странските инвестиции во различни годишни периоди и различни држави.

Графикон бр. 1 МЕЃУНАРОДНИТЕ ТЕКОВИ НА СТРАНСКИТЕ ДИРЕКНИ ИНВЕСТИЦИИ ПЕРИОД

1991 - 200013

На горе прикажаниот графикон се графички прикажани движењата на капиталот од

1991 година до 2000 година. Значи, кон преминот на векот една цела деценија имаме

13

Извор:www.unstadstat.unctad.org-foreign direct investment flows, annual 1970-2012- world ( Online Available

2018)

Page 46: Магистерски труд „Меѓународни договори за инвестирање со ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/AnetaPoposka_kic_mart19.pdf ·

46

нагорна линија. Односно, странски инвеститори, компании, корпорации и холдинзи кои се

решиле својот капитал да го инвестираат во држава од која што не потекнуваат истите.

Графикон бр.2 Меѓународните текови на странските дирекни инвестиции во периодот од 2001 до 2012

година.

На горенаведниот графикот пак се претставени меѓународните движења на странските

директни инвестииции. Тука се гледа и падот како и растот на истите понатаму.

Page 47: Магистерски труд „Меѓународни договори за инвестирање со ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/AnetaPoposka_kic_mart19.pdf ·

47

Графикон бр. 3 Меѓународното движење на капиталот по групи на држави.

На горенаведениот графикон е претставено меѓународното движење на капиталот од

периодот од 2001 година до 2012 година, но овој пат по групи на земји. Така, на овој

графикон јасно се гледа движењетето на капиталот од странски директни инвестиции кај

земјите од Северна Америка и Европа како и земјите од Азија и Океанија. Интерено е што

имаме јасен пад односно намалување во скоро истиот период кај државите од Северна

Америка и Европа, додека пак, кај земјите од Азија и Океанија движењето на капиталот од

странски директни инвестиции изгледа константен без поголем пад или пораст.

Во прилог за оваа тема неколку табеларни прикази за странските директни

инвестиции и Република Македонија.

Page 48: Магистерски труд „Меѓународни договори за инвестирање со ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/AnetaPoposka_kic_mart19.pdf ·

48

Земја 1991 1992 1993 1994 1995 1996 1997 1998

Вкупно 11 881 2 207 812 19 092 8 353 7 187 30 902 112 308

Австија 819 53 13 1 036 89 179 4 315 8 332

Австралија - - - - - - - 92 129

Албанија - - - 13 - - - -

Аргенитна - - - - - 66 - -

Белгија - - - - - 1 6 -

Бермуди - - - - - - - -

Босна и Херцеговина - - - - - 22 13 570

Бразил - - - - - - - -

Бугарија 45 43 30 414 335 117 27 494

Германија 5 558 1 308 497 4 567 2 298 3 023 1 910 1 487

Гибралтар - - - - - - - -

Грција 456 - - 165 250 1 574 4 383 3 539

Данска - - - - - 48 29 22

Девствени острови, Британски

- - - - - - - -

Египет - - - - - - - -

Израел - - - - 162 - - 166

Индија - - - - - - - -

Ирак - - - - - - - -

Иран,Исламска Република - - - - - - - -

Ирска - - - - - - - -

Исланд - - - - - - - -

Италија 525 516 102 11 127 980 871 141 1 434

Јапонија - - - - 28 98 - -

Јордан - - - - - - - -

Канада - - - - - - 10 -

Кина - - - - - - - -

Кипар 607 - - - - - - 6 127

Кореа,Република - - - - - 1 - -

Либан - - - 7 - - - -

Лихтенштајн - - - - - 88 16 207 20 313

Луксенбург - - - - - - - 1 837

Молдавија - - - 10 - - - -

Нигерија - - - - - - - 1

Нов Зеланд - - - - - - - -

Норвешка - - - - - - - -

Обединети Арапски Емирати

- - - - - - - -

Обединето кралство 191 - - 36 59 7 5 471

Таблеа бр. 1 Странски дирекни инвестиции во Република Македонија во периодот од 1991 година до 1998

година.14

14

СТАТИСТИЧКИ ГОДИШНИК НА Р.МАКЕДОНИЈА, Завод за статистика на РМ-Скопје, 2011 го

Земја 1999 2000 2001 2002 2003 2004 2005 2006 2007

Page 49: Магистерски труд „Меѓународни договори за инвестирање со ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/AnetaPoposka_kic_mart19.pdf ·

49

Табела бр. 2 - 3 Странски дикрени инвестиции во Република Македонија во илјада американски долари во

периодот од 1999 година до 2007 година по држави.15

15

Исто така

Вкупно 38 079

152 270

449 104

77 812 80 643 139 460

116 168 350 665

330 802

Австија 5 560 2 893 4 237 14 717 7 979 5 809 12 026 231 617

90 500

Австралија 99 12 104 136 6 35 1 094 122 226

Албанија - 84 - 8 47 57 34 6 169 3 109

Аргенитна - - - - - - - -

Белгија - 19 100 146 5 28 - 74 22

Бермуди - - - - - - - 6 -

Босна и Херцеговина 3 34 34 1 1 - 31 218 63

Бразил - - - - - - - 15 -

Бугарија 144 406 210 1 846 9 663 6 979 7 015 4 933 45 665

Германија 4 844 13 408 1 077 322 4 276 8 912 3 349 1 886 1 180

Гибралтар - - - - - - - - 23

Грција 13 130 95 581 84 742 32 928 3 087 11 969 13 318 16 339 4 294

Данска - 60 43 - - - - 47 10

Девствени острови, Британски

226 401 393 1 026 - - 7 16 714 6 673

Египет - - - - - - - - 7

Израел - - - - - - - 29 7

Индија - 1 - - - - - - 7

Ирак - - - - 1 - - 6 -

Иран,Исламска Република

- - - - - - - - 9

Ирска 1 - - - - - - 6 7

Исланд - - - - - - 6 - 5 985

Италија 76 676 2 050 46 3 035 2 946 17 091 3 380 1 610

Јапонија - 8 9 - - 45 - - -

Јордан 11 6 - - - - - - 14

Канада - 8 - - 1 4 13 24 55

Кина 312 - - - - 10 3 58 69

Кипар 1 371 2 876 2 289 2 137 3 28 94 38 854

Кореа,Република - - - - - - 13 10 -

Либан - - - - - - - - -

Лихтенштајн 2 168 22 31 466 15 650 - 12 10 -

Луксенбург - - - 405 - 2 738 - 561 5 111

Молдавија - - - - - 4 - - 7

Нигерија - - - - - - - 1

Нов Зеланд - - - - - - - - 7

Норвешка - - - - - - - - 11 443

Обединети Арапски Емирати

- 2 - - - - - - -

Обединето кралство 156 20 086 734 11 836 6 289 6 266 488 9 789 482

Page 50: Магистерски труд „Меѓународни договори за инвестирање со ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/AnetaPoposka_kic_mart19.pdf ·

50

Земја 1991 1992 1993 1994 1995 1996 1997 1998

Пакистан - - - - - - - -

Панама - - - - - - - -

Полска - - - - - - 1 3

Португалија - - - - 3 - - -

Романија - - - - - - - -

Руска Федерација - - - - 7 - - -

САД 7 - 3 72 1 439 131 1 730 3 369

Сејшели - - - - - - - -

Сент Висент и Гренадини - - - - - - - -

Сет Китс и Невис - - - - - - - -

Сирија - - - - - - - -

Словачка Република - - - 22 26 38 - -

Словенија - - - 351 89 75 89 597

Соломонски острови - - - - - - - -

Србија - - - - - 16 474 476

Тајван - - - - - - - -

Тајланд - - - - - - - -

Турција 1 421 275 76 427 191 157 109 503

Украина - - - 15 - - - -

Унгарија - - - 36 22 - - -

Финска - - - - - 1 - -

Франција 1 560 3 87 21 630 55 30 228

Холандија - - - 288 126 481 3 4 529

Хрватска - - - 161 11 - 438 1 197

Чешка Република - - - - - 64 - 6

Швајцарија 335 - - 325 129 65 480 435

Шведска 267 10 4 - 157 - 410 -

Шпанија - - - - 1 342 9 - -16

16

Исто така

НКД

сектор

Назив 2003 2004 2005 2006 2007

Page 51: Магистерски труд „Меѓународни договори за инвестирање со ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/AnetaPoposka_kic_mart19.pdf ·

51

Табела бр. 4 Странски директни инвестиции во Република Македонија според дејноста на инвестирање во

периодот од 2013 година до 2017 година во илјада американски долари17

17

Исто

Вкупно 80 643 139 460 116 168 350 665 330 802

А Земјоделство,лов и шумарство 1 260 1 559 2 892 900 3 040

Б Рибарство 0 0 0 0 0

Б Вадење на руди и камен 5 4 401 26 581 20 035 12 272

Г Преработувачка индустрија 35 936 38 586 53 989 50 498 72 982

Д Снабдување со елекрична

енергија, гас и вода

3 0 22 225 962 67 870

Ѓ Градежништво 60 6 284 2 413 3 349 16 168

Е Трговија на големо и трговија

на мало

7 096 13 228 7 967 13 263 14 816

Ж Хотели и ресторани 21 22 2 763 5 233 11 500

З Сообраќај, складирање и врски 869 65 996 741 4 471 14 675

Ѕ Финансиско посредување 19 180 7 707 12 784 8 140 107 190

И Активности во врска со

недвижен имот, изнајмување и

деловни активности

13 423 1 531 3 612 14 178 8 051

Ј Јавна управа и одбрана,

задолжителна социјална

заштита

0 0 1 905 323 0

К Образование 2 761 3 10 17 21

Л Здравство и социјална работа 0 7 92 1 083 0

Љ Други комунални, општи и

лични услужни активности

29 136 397 3 213 1 217

НКД

сектор

Назив 2003 2004 2005 2006 2007

Page 52: Магистерски труд „Меѓународни договори за инвестирање со ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/AnetaPoposka_kic_mart19.pdf ·

52

Табела бр. 5 Број на вработени во компаниите отворени преку странски дикрени инвестиции по дејност во

периодот од 2003 година до 2007 година.18

НКД

сектор

Назив 2003 2004 2005 2006 2007

А Земјоделство,лов и 12 468 13 241 13 977 15 878 18 027

18

Исто

Вкупно 21 577 23 278 23 516 33 279 38 840

А Земјоделство,лов и

шумарство

89 335 528 689 790

Б Рибарство 3 0 0 0 0

Б Вадење на руди и камен 551 482 1 217 1 865 1 670

Г Преработувачка

индустрија

11 033 11 894 14 880 16 428 16 103

Д Снабдување со елекрична

енергија, гас и вода

0 0 0 3 529 3 151

Ѓ Градежништво 94 167 141 219 3 195

Е Трговија на големо и

трговија на мало

2 281 2 130 1 888 2 377 2 438

Ж Хотели и ресторани 299 447 445 531 1 313

З Сообраќај, складирање и

врски

3 859 3 855 3 194 2 520 2 982

Ѕ Финансиско посредување 2 816 2 451 2 519 2 865 4 837

И Активности во врска со

недвижен имот,

изнајмување и деловни

активности

298 1 201 1 349 1 666 1 597

Ј Јавна управа и одбрана,

задолжителна социјална

заштита

0 0 19 35 0

К Образование 173 210 236 256 263

Л Здравство и социјална

работа

1 6 68 75 123

Љ Други комунални, општи и

лични услужни активности

80 100 32 224 378

Page 53: Магистерски труд „Меѓународни договори за инвестирање со ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/AnetaPoposka_kic_mart19.pdf ·

53

шумарство

Б Рибарство 28 595 0 0 0 0

Б Вадење на руди и камен 27 567 28 148 26 040 27 667 33 011

Г Преработувачка

индустрија

17 253 12 915 14 026 19 388 19 334

Д Снабдување со елекрична

енергија, гас и вода

0 0 0 33 390 46 261

Ѓ Градежништво 23 054 25 873 26 646 24 192 16 033

Е Трговија на големо и

трговија на мало

22 206 18 396 20 215 24 074 27 078

Ж Хотели и ресторани 16 092 19 345 20 659 23 011 24 056

З Сообраќај, складирање и

врски

30 870 34 182 38 926 42 637 45 974

Ѕ Финансиско посредување 43 471 41 085 41 841 41 539 42 761

И Активности во врска со

недвижен имот,

изнајмување и деловни

активности

33 362 21 607 21 091 22 359 23 317

Ј Јавна управа и одбрана,

задолжителна социјална

заштита

0 0 54 552 56 935 0

К Образование 44 236 38 520 48 145 50 441 53 100

Л Здравство и социјална

работа

32 450 28 472 34 774 32 012 33 555

Љ Други комунални, општи и

лични услужни активности

19 801 21 167 21 430 14 633 16 622

Табела бр. 6 Просечната бруто плата во денари во компаниите со странски дикрени инвестиции во периодот

до 2003 година до 2007 година.19

НКД

сектор

Назив 2003 2004 2005 2006 2007

19

Исто

Page 54: Магистерски труд „Меѓународни договори за инвестирање со ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/AnetaPoposka_kic_mart19.pdf ·

54

А Земјоделство,лов и

шумарство

-29 25 36 75 52

Б Рибарство 0 0 0 0 0

Б Вадење на руди и камен 231 189 202 218 345

Г Преработувачка

индустрија

-553 -331 102 1 570 2 451

Д Снабдување со елекрична

енергија, гас и вода

0 0 -2 - -6

Ѓ Градежништво 231 19 0 36 -43

Е Трговија на големо и

трговија на мало

44 512 154 1 027 1 284

Ж Хотели и ресторани 20 -70 -61 -38 583

З Сообраќај, складирање и

врски

2 604 502 3 418 1 470 5 925

Ѕ Финансиско посредување 173 76 651 5 445 4 196

И Активности во врска со

недвижен имот,

изнајмување и деловни

активности

-263 458 79 25 250

Ј Јавна управа и одбрана,

задолжителна социјална

заштита

0 0 -58 0 0

К Образование 0 119 153 206 212

Л Здравство и социјална

работа

0 -1 -40 -10 7

Љ Други комунални, општи и

лични услужни активности

-3 1 31 4 8

Вкупно добивка /

загуба

2 455 1 499 4 665 10 028 15 264

Табела бр. 7 Финансиските резултати од компаниите со странски дикрени инвестиции во периодот од 2003

година до 2007 година.

Page 55: Магистерски труд „Меѓународни договори за инвестирање со ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/AnetaPoposka_kic_mart19.pdf ·

55

Графикон бр. 4 меѓународното движење на капиталот во светски рамки според типит на странски

инвестиции од периодот 2007 година до 2011 година.20

20

UNCTAD, based on UNCTAD cross-border M&A database and information from Financial Times

Ltd, FDi Markets (www.fdimarkets.com) (Online Available 2008)

0

200

400

600

800

1000

1200

1400

1600

1800

2007 2008 2009 2010 2011

M&A Greenfileld инвестиции

Page 56: Магистерски труд „Меѓународни договори за инвестирање со ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/AnetaPoposka_kic_mart19.pdf ·

56

2001 2002 2003 2004 2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012

развиени земји земји вп развпј земји вп транзиција

Градикон бр. 5 Меѓународното движење на капиталот во светот според типот на земјите во периодот од

2001 до 2012 година.

На горенаведениот графички приказ веројатно најмногу јасно станува дека земјите кои

поминуваат низ транзициски периоди многу тешко се вклопуваат во меѓународните

финансики тековни состојби и тешко фаќаат место во оваа област.

0

200

400

600

800

1000

1200

1400

Page 57: Магистерски труд „Меѓународни договори за инвестирање со ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/AnetaPoposka_kic_mart19.pdf ·

57

ГЛАВА III

4. СТРАНСКИТЕ ДИРЕКТНИ ИНВЕСТИЦИИ И РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Република Македонија е една од земјите од Југоисточна Европа која само неколку

години по распадот на Југославија како федерација и отцепувањето на посебните

републики меѓу кои и прогласувањето на независна Република Македонија веднаш го

привлече интересот на странски инвеститори. Во текот на 1991 до 1997 година неколку

странски инвеститори веќе беа влезени во Република Македонија во која го инвестираа

делот од својот капитал. Сепак, ако компаративно земеме статистички податоци бројката

на странски директни инвестиции во Република Македонија е на незавидно мало ниво во

тоа време за разлика од земји како Словенија.

Предизвикот тука е малку поинаков. Југоисточна Европа долго време беше владеена

од страна на комунистичката идеологија. Така, комунистичките држави односно

комунистичката доктрина тешко го прифаќаше меѓународното движење на капиталот или

воопшто приватната соптвеност над компаниите. Со распадот на Советскиот сојуз и падот

на Берлинскиот ѕид одеднаш земјите од источниот блок почнаа да се отвараат кон

западниот свет кој веќе ја реализираше идејата за меѓународното кружење на капиталот.

Токму затоа, потребна беше најпрвин трансофрмација на целото општество во која

влегува и трансформацијата на општествениот капитал. Овој период популарно е наречен

транзиција која кај многу граѓани на Република Македонија асоцира на едно мрачно време

каде како преку ноќ некои обични граѓани станаа најбогатите македонци и сеуште останаа

да бидат најбогатите македонци, а обичните работници ги изгубија работните места.

Овој период на транзиција претставува воедно и либерализација на пазарот која што

требаше покрај тоа да ја обнови економијата, требаше и да го демократизира општеството

за дополнитно државата да може да се приближува кон западните алијанси за кои се

одлучи уште од самиот почеток на самостојувањето.

За самиот модел кој се избра за трансформацијата на општествениот капитал како и

методите кои се користеа за таквата трансформација може аргументирано да се дискутира

Page 58: Магистерски труд „Меѓународни договори за инвестирање со ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/AnetaPoposka_kic_mart19.pdf ·

58

дали изборот бил добар или лош. Сепак, тоа воопшто не претставува ниту предмет ниту е

тема на овој магистерски труд. Но, беше неопходно да се спомне бидејќи како што

нагласив овој период ја либерализира макеоднската економија и ја проближува кон

западот.

4.1.ЗАКОНСКАТА РЕГУЛАТИВА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА КОЈА СЕ

ОДНЕСУВА НА ИНВЕСТИЦИСКАТА КЛИМА

Во Република Македонија има неколку законски решенија кои се однесуваат на

инвестициската клима во државата и кои го трасираат патот на странските инвестиции до

земјата. Ова потекнува уште од самите почетоци на Република Македонија и првиот Устав

на Република Македонија. Во највисокиот правен акт на државата се имплементирани

некои од одредбите кои го гарантираат правото на сопственост како и правото на

сопственост на странските лица со што на странските лица им се дозволува, гарантира да

бидат сопственици на компании во Република Македонија.

Се гарантира правото на сопственост и правото на наследување. Сопственоста

создава права и обврски и треба да служи за доброто на поединецот и на заедницата.

Никому не можат да му бидат одземени или ограничени сопственоста и правата кои

произлегуваат од неа, освен кога се работи за јавен интерес утврден со закон. Во случај на

експропријација на сопственоста или во случај на ограничување на сопственоста се

гарантира праведен надомест кој не може да биде понизок од пазарната вредност.21

Странско лице во Република Македонија може да стекнува право на сопственост под

услови утврдени со закон22

како што се вели понатаму во Уставот на Република

Македонија.

Освен со Уставот како највисок правен акт, регулацијата на бизнисот од аспект на

создавање соодветна инвестициска клима се обезбедува и со законски одредби и тоа

21

УСТАВ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, 2. Економски, социјални и културни права, Службен

весник на Република Македонија – Скопје, член 30.

22Idem,член 31.

Page 59: Магистерски труд „Меѓународни договори за инвестирање со ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/AnetaPoposka_kic_mart19.pdf ·

59

одредби од Законот за трговски друштва, Законот за заштита на конкуренцијата и Законот

против ограничување на конкуренцијата, Законот за данок на добивка, Законот за данок на

додадена вредност, Законот за персонален данок на доход, Царинските ослободувања и

повластици и др.

Законот за трговски друштва23

е основниот закон со кој се регулира деловната

активност во Македонија. Со овој закон се дефинирани видовите на претпријатија

односно формите на трговски друштва кои можат да се основаат, начините и постапките

за нивно основање, формите на управување и вршење на нивната дејност. Надлежна

институција за регистрирање на сопствен бизнис во Република Македонија е Централниот

регистар.24

Во рамките на Централниот регистар се формирани и Технички бироа кои ја

подготвуваат целокупната документација за основање на фирма со што дополнителнo се

намалуваат трошоците и времето потребни за регистрација на фирма, а инвеститорите

имаат повеќе време за реализација на своите идеи и бизнис планови. Од Септември 2013

година, се овластија Друштвата за сметководство како регистрациони агенти за бесплатна

електронска регистрација на трговски друштва.

Постапката за регистрација се врши преку едношалтерскиот систем, што подразбира

дека сите неопходни активности за регистрација на бизнисот и доделувањето на матичен

(ЕМБС) и даночен број (ЕДБ), како и жиро сметка се врши во рок од 4 часа.25

Доколку за

остварување на дејноста е потребно претходно добивање на лиценца, дозвола, концесија,

одобрение или друг посебен документ, начинот и местото на нејзино добивање се уредува

со посебен закон за дејност.

Обезбедувањето на заштита на слободната конкуренција помеѓу претпријатијата на

пазарот е постигнато со донесувањето на Законот за заштита на конкуренцијата. Овој

Закон26

, гарантира дека преку правото на конкуренција ќе се спречат одредени практики и

23

ЗАКОН ЗА ТРГОВСКИТЕ ДРУШТВА “Сл. весник на Р Македонија” – Скопје бр. 28/04 од 30.04.2004

година

24ЗАКОН ЗА ЦЕНТРАЛЕН РЕГИСТЕР, “Сл. весник на Р Македонија” – Скопје, 2001 година со измените

од 2008 година

25Idem

26ЗАКОН ЗА ЗАШТИТА НА КОНКУРЕНЦИЈАТА (Службен весник на РМ бр.145/2010, објавен

на05.11.2010)

Page 60: Магистерски труд „Меѓународни договори за инвестирање со ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/AnetaPoposka_kic_mart19.pdf ·

60

деловни активности на пазарот, кои одредени претпријатија ќе ги користат за да постигнат

неоправдана предност во однос на другите претпријатија и да ја загрозат слободната

конкуренција помеѓу претпријатијата.

Закон против ограничување на конкуренцијата. Овој закон гарантира заштита на

конкуренцијата, во случаи каде што конкуренцијата е искривена од страна на collusive

договори27

, злоупотреба на доминантна позиција на пазарот или соединување, договори

меѓу компаниите кои водат до создавање на доминантна позиција или зајакнување на

постојните доминантни позиции. Овој закон во овој момент е вон сила, а неговите

најважни одредби кои се однесуваат против ограничувањето на конкуренцијата се

вментанит во во измените на Законот за заштита на конкуренцијата.

Закон за Данок на добивка - ДД28

Обврзници на Данокот на добивка се правните лица

резиденти на Македонија (субјекти кои се основани или имаат седиште на територијата на

Македонија) кои остваруваат добивка од вршење на дејност во земјата и странство како и

постојани деловно Технички бироа - Посебни одделенија во склоп на Централниот

регистар кои овозможуваат подготвување на целокупна документација за основање на

фирма. Collusive договор-договор помеѓу две или повеќе страни, понекогаш незаконски и

оттаму таен договор за да се ограничи отворената конкуренција преку измама на другите

за нивните законски права или да се постигне некоја цел која е забранета со закон преку

измама или стекнување на нефер предност на странско лице за добивката што ја остварува

за вршење на дејност на територијата на Македонија. Даночната стапка за данок на

добивка од 01.01.2008 година е 10%. Од 2010 година Данок на добивка се плаќа само на

добивката која ќе се исплати за дивиденда на основачите (акционерите, содружниците).

На реинвестираната добивка не се плаќа Данок на добивка. Даночните олеснувања и

ослободувања кај Данокот на добивка се однесуваат на намалување на утврдениот данок

во даночните пријави. Даночните ослободувања и олеснувања се однесуваат на

27

Collusive договор-договор помеѓу две или повеќе страни, понекогаш незаконски и оттаму таен договор за

да се ограничи отворената конкуренција преку измама на другите за нивните законски права или да се

постигне некоја цел која е забранета со закон преку измама или стекнување на нефер предност.

28ЗАКОН ЗА ДАНОКОТ НА ДОБИВКА Службен весник на РМ, бр. 112/2014 …, 190 од 17.10.2016 година

Page 61: Магистерски труд „Меѓународни договори за инвестирање со ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/AnetaPoposka_kic_mart19.pdf ·

61

намалувањата за износот на набавените и ставени во употреба до 10 фискални апарати, во

висина на нивната вредност во Даночниот биланс за оданочување на непризнаените

расходи.

Предвидени се даночни ослободувања кои се пропишани за посебни категории на

даночни обврзници, регулирани со прописите со кои се регулира нивното основање и

работење и тоа даночни ослободувања за:

o Заштитните друштва, за вработување на инвалидизирани лица (согласно

одредбите од Законот за вработување на инвалидни лица);

o Стопанските единици во рамките на установите за извршување на санкции и

казнено поправните установи (согласно одредбите од Законот за извршување на

санкции) и

o Технолошко-индустриските и развојни зони (во период од 10 години под услови

и постапки утврдени со Законот за технолошко индустриски и развојни зони).

Закон за Данок на додадена вредност - ДДВ29

Обврзник за ДДВ е лице кое трајно или повремено самостојно врши стопанска

дејност, независно од целите и резултатите од таа дејност. Предмет на оданочување со

данокот на додадена вредност се прометот на добра и услуги кој се врши со надоместок во

земјата од страна на даночниот обврзник во рамките на неговата стопанска дејност и

увозот на добра. ДДВ се пресметува со примена на пропорционални даночни стапки и тоа;

Општа даночна стапка од 18% и Повластена даночна стапка од 5%.

Сумирано, Република Македонија во рамките на даночната политика овозможува

вистински атрактивни погодности за потенцијалните инвеститори како што се:

воведување на рамен данок со единствена даночна стапка;

персонален данок од 12% во 2007 година и 10% од 2008 година;

субвенционирано вработување на посебни категории невработени лица;

29Закон на данокот на додадена вредност (“Службен весник на Република Македонија“

бр. 33/2006)

Page 62: Магистерски труд „Меѓународни договори за инвестирање со ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/AnetaPoposka_kic_mart19.pdf ·

62

ослободување од плаќање на придонеси и персонален данок на доход за вработување

на лица помлади од 29 години;

ослободување од плаќање на персонален данок на доход за вработување на лица

евидентирани во Агенцијата за вработување повеќе од една година;

данок на добивка од 12% во 2007 година и 10% од 2008 година;

данок на реинвестирана добивка од 0%;

хармонизација на основицата за плаќање персонален данок и социјални придонеси;

враќање на данокот на додадена вредност за максимум 30 дена.

Со цел да се одбегне двојното оданочување на странските компании лоцирани во

Македонија, веќе се потпишани 43 Договори за избегнување на двојно оданочување на

билатерална основа.

Симплифицираната даночна структура е со цел да се редуцира даночната евазија и да

се стимулираат странските инвестиции, што би претставувало бенефит за економијата во

земјата. Македонија како мала земја со мал пазар, за да биде атрактивна за инвестирање за

странските инвеститори мора да соработува со другите земји од регионот, да склучува

билатерални, регионални и мултилатерални договори за слободна трговија со што пазарот

значително ќе се зголеми и ќе се овозможи пристап до пазарите на земјите со кои се

потпишани вакви договори.

Закон за царина

Со Законот за царина се поврза македонскиот царински режим со стандардите на

Европска унија. Употребата на Царинската тарифа е клучен инструмент со кој царинската

служба постигнува правилно распоредување на стоката при увоз и извоз. Царинската

тарифа секоја година се усогласува со превземените обврски кои произлегуваат со

пристапување на Република Македонија кон Светската трговска организација и се менува

согласно измените на Комбинираната номенклатура на стоки на Европската заедница.

Page 63: Магистерски труд „Меѓународни договори за инвестирање со ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/AnetaPoposka_kic_mart19.pdf ·

63

5. ТЕХНОЛОШКО ИНДУСТРИСКИ РАЗВОЈНИ ЗОНИ ВО РЕПУБЛИКА

МАКЕДОНИЈА

Кога во Република Македонија се зборува за странски дирекни инвестиции првата

асоцијација која доаѓа со тоа се Технолошко индустриските развојни зони кои ги има на

повеќе локации на територијата на државата. Нивната фунција првенствено е во таквите

зони да бидат сместени капацитетите на сите компании со странски капитал кои се

одлучиле да инвестираат во Република Македонија. Ваквите зони се доста практични со

тоа што истите се секогаш надвор од град односно погусто населено место, а со нивното

обележување и лоцирање подалеку од населено место се прави јасна дистикција. Од друга

страна, најпрактичен пример може да биде царинската постапка - поради заштедата на

материјални средства и време.

Овие идустртиски зони се маркирани, државата ги има подготвено и опремено со сите

неоходни сретства за нормалното фунционирање за производствените капацитети како:

приклучоци за соодветна водоводна и канализациона мрежа до зоните, соодветен прооден

и асфалтиран пат до таму како и заградување на просторот од сигурности причини.

Зоните, односно неискористени делови од слободните индустриски зони остануваат да

бидат празни се додека некој странски инвеститор не одлучи таму да го гради неговиот

производствен капацитет.

Правилата како и законската регулатива која ја пропишува Република Македонија за

ТИРЗ важат само за територијата која е означена и носи назив на слободна идустриска

зона. Односно, само оние странски компании кои ќе инвестираат странски капитал и ќе

почнат со производство во тие зони може да ги уживаат законските и даночни поволности

кои ги нуди Владата на Република Македонија.

Клучните институции во Република Македонија кои го превземаат планирањето и

обврските околу странските директни инвестиции и технолошко индустриските развојни

зони се Агенцијата за привлекување на странски инвестиции на Република Македонија и

Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони.

Page 64: Магистерски труд „Меѓународни договори за инвестирање со ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/AnetaPoposka_kic_mart19.pdf ·

64

5.1 ЗАКОНСКА РЕГУЛАТИВА НА ТИРЗ

Основач на технолошка индустриска развојна зона е Владата на Република

Македонија или домашно или странско правно лице. Основач на технолошка индустриска

развојна зона може да биде правно лице кое дејноста на основач ја врши согласно со

договорите за јавно приватно партнерство.

Согласно Законот за слободни економски зони30

е основана Дирекцијата за слободни

економски зони со цел да создава, развива и води грижа за активностите поврзани со

технолошките индустриски развојни зони (ТИРЗ). ТИРЗ се основани за да овозможат

поволни услови за развој на деловни активности преку понуда на уредени индустриски

места, со целосно подготвена правна и физичка инфраструктура за инвестирање, со

даночни, царински и останати дополнителни поволности како што се:

- Ослободување од данок: Инвеститорите во ТИРЗ имаат право на десетгодишно

ослободување од плаќање данок на добивка и персонален данок на доход и ослободени од

ДДВ за добра и услуги наменети за извоз.

Инвеститорите се ослободени и од царински давачки за производство наменето за

извоз. Во Законот се наведени и условите како и појаснувањето за тоа од кои царински

давачки се ослободени странските инвеститори кои имаат производствени капацитети во

слободните економски зони.

Корисникот на зоната кој врши производствена дејност и дејности од

областа на информатичката технологија (изработка на софтвери, склопување

хардвер, дигитални записи, компјутерски чипови и слично), научно-истражувачка

дејност и производство засновано на нови технологии со високи еколошки

стандарди се иззема од обврската за поднесување на гаранција како инструмент за

обезбедување на царинскиот долг кој настанал или може да настане по

одредувањето на царински дозволено постапување или употреба на стоката.31

30

Закон за технолошки индустриски развојни зониhttp://fez.gov.mk/wp-content/uploads/2018/01/zakon-tirz-

mkd.pdf (Online Available 2018)

31Idem, чл.6 ст.2

Page 65: Магистерски труд „Меѓународни договори за инвестирање со ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/AnetaPoposka_kic_mart19.pdf ·

65

- Земјиште: Инвеститорите во ТИРЗ можат да склучат договор за долгорочен закуп на

земјиштето за период до 99 години. Исто така инвеститорите се ослободени од плаќање за

надомест за градежно земјиште

- Инфраструктура: Инвеститорите се ослободени од плаќање на надомест за

приклучок (комунални такси) за природен гас, вода и канализација.

- Трошоци и регистрација: Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони

дава поддршка во процесот на вадење на дозволи за градење и регистрирање на објектите

во јавните книги со што придонесува за забрзување на целокупниот процес од изградба на

објектот до започнување на производството.

- Субвенции: Владата може да учествува во трошоците за изградба на градежен објект

за корисник во зоната во висина до најмногу 500.000 евра согласно критериумите

утврдени во член 8 од Законот за ТИРЗ.

Под условите и во границите утврдени во членот 4-а од овој закон, во

технолошко индустриските развојни зони се остваруваат и следниве погодности:

корисникот на зоната, закупците и сопствениците на земјиштето во технолошките

индустриски развојни зони се ослободени од плаќање на надоместок за уредување на

градежното земјиште, согласно со одредбите на Законот за градежното земјиште;

Владата на Република Македонија може да учествува во трошоците за изградба на

градежен објект за корисник во зоната во висина до 500.000 евра во денарска

противвредност под следниве критериуми: - 100.000 евра во денарска противвредност

- за продуктивни инвестициски вложувања од 1 до 2 милиони евра во денарска

противвредност или 20 нови вработувања, - 200.000 евра во денарска противвредност

- за продуктивни инвестициски вложувања од 2 до 5 милиони евра во денарска

противвредност или 40 нови вработувања, - 300.000 евра во денарска противвредност

- за продуктивни инвестициски вложувања од 5 од 10 милиони евра во денарска

противвредност или 60 нови вработувања, - 400.000 евра во денарска противвредност

- за продуктивни инвестициски вложувања од 10 од 15 милиони евра во денарска

Page 66: Магистерски труд „Меѓународни договори за инвестирање со ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/AnetaPoposka_kic_mart19.pdf ·

66

противвредност или 80 нови вработувања и - 500.000 евра во денарска

противвредност

- за продуктивни инвестициски вложувања над 15 милиони евра во денарска

противвредност или над 100 нови вработувања.

За исполнување на условите од точката 3 на овој став, на предлог на Агенцијата за

странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија или до

Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони или министрите без ресор

задолжени за привлекување на странски инвестиции, одлучува Владата на Република

Македонија, во постапка утврдена во членот 8-а од овој закон.32

32

Idem чл.8 ст.1,2,3.

Page 67: Магистерски труд „Меѓународни договори за инвестирање со ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/AnetaPoposka_kic_mart19.pdf ·

67

5.2. ДРЖАВНИ ОРГАНИ КОИ ГИ РЕГУЛИРААТ ТИРЗ

Република Македонија има два органи на државната управа кои ја регулираат и се

задолжени за работата на ТИРЗ зоните на територијата на државата. Тоа се Агенцијата за

странски инвестиции и Дирекцијата за технолошко индустриските развојни зони. Во овој

дел на трудот ќе дадеме една поширока анализа за функцијата кои ја имаат овие два

државни органи во односнот со ТИРЗ зоните.

АГЕНЦИЈА ЗА СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ И ПРОМОЦИЈА НА ИЗВОЗОТ НА

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија

е основана во 2010 година и има седиште во Скопје. Таа е основана со Закон33

, има

својство на правно лице и претставува самостоен државен орган. Со Агенцијата за

странски инвестиции раководи Директор. Тој се именува и се разрешува од страна на

Владата на Република Македонија, а кога истиот не е во можност да ја врши својата

работа од оправдани причини истиот го заменува неговиот заменик директор. Директорот

и заменик директорот имаат мандат од четири години со право на реизбор.

Со Агенцијата за странски инвестиции управува Управниот одбор кој е составен од 7

членови заедно со Претседателот на Управниот одбор.

Надлежности на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на

Република Македонија се:

- развивање на годишна основа, ажурирање и имплементирање на најдобрите

практики на стратегии за промоција на инвестиции за привлекување странски директни

инвестиции;

33

З А К О Н ЗА ОСНОВАЊЕ НА АГЕНЦИЈА ЗА СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ И ПРОМОЦИЈА НА

ИЗВОЗОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈАСл. Весник на Република Македонија бр.57 - Скопје, 2010

година.

Page 68: Магистерски труд „Меѓународни договори за инвестирање со ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/AnetaPoposka_kic_mart19.pdf ·

68

- развивање на годишна основа, ажурирање и имплементирање на најдобрите

практики на стратегии за промоција на извозот;

- развивање на неопходните вештини за ефективно развивање и имплементирање на

стратегијата за промоција на инвестиции и извоз за исполнување и надминување на

очекувањата на странскиот инвеститор со диференцирање на Република Македонија од

други конкурентни земји преку давање на високо професионални услуги на

инвеститорите, во процесот на прединвестирање, инвестирање и реинвестирање и високо

професионални услуги во врска со промоција на извозот;

- вградување на стратегија за идентификување во рамките на стратегијата за

инвестициона и извозна промоција на оние сектори кои претставуваат најдобри

перспективи за максимизирање на нето економската добивка за Македонија;

- обезбедување услуги на инвеститорите и извозниците;

- дефинирање и поткрепување на клучните маркетинг пораки насочени кон

подобрување на имиџот на Република Македонија како локација атрактивна за

инвестирање и генерирање на инвестициони можности;

- професионално презентирање на секторски специфичните и оперативните добивки

кои Република Македонија ги нуди на инвеститорите и извозниците, во електронски и

печатени медиуми;

- развивање и имплементација на иновативни и поактивни промотивни настапи на

целните пазари;

- воспоставување ефективно партнерство меѓу јавниот и приватниот сектор за

екстензивна промоција на Република Македонија и развивање на база на податоци за

целните компании и системи за следење за да се помогне идентификувањето и

осигурувањето на инвестирањето;

- развивање и имплементација на акционен план за целосно искористување на

интернет и информатичка технологија како средства за маркетинг и истражување;

- промовирање на регионите на Република Македонија и искористување на секоја

можност за поттикнување на странските инвеститори да користат производи и услуги од

македонските претпријатија;

- вршење анализа на условите за инвестирање и извоз и предлагање на измени на

законската регулатива во насока на подобрување на климата за инвестирање и извезување;

Page 69: Магистерски труд „Меѓународни договори за инвестирање со ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/AnetaPoposka_kic_mart19.pdf ·

69

- испитување и поттикнување развојни иницијативи како што се стимулирање на

порастот на "Greenfield" инвестиции и технолошки индустриски развојни зони, заради

зголемување на конкурентноста на Република Македонија како локација за инвестирање;

- склучување договор во име на Владата на Република Македонија, како давател на

државна помош, во кој е определена државната помош која се доделува на корисникот на

зоната, согласно со Законот за технолошко индустриска развојна зона, за кој договор

Владата на Република Македонија дава претходна согласност;

- доставување информација за доделената државна помош во технолошко

индустриските развојни зони за изминатата година, во согласност со Законот за

технолошко индустриски развојни зони до Дирекцијата за технолошко индустриски

развојни зони;

- давање информативни услуги на извозниците од Република Македонија во врска со

надворешната трговија, извозните процедури, царини, даноци и законска регулатива, како

и асистенција во обезбедување на сите административни лиценци и дозволи;

- обезбедување информации за пристап до меѓународни пазари заради олеснување на

извозниците во изнаоѓање на странски деловни партнери;

- вршење на активности за промоција на извозот во земјата и странство и поврзување

на македонските извозници со странските купувачи;

- давање информативни услуги на странски компании за извозните потенцијали во

Република Македонија;

- организирање, учество и поддршка на меѓународни саемски манифестации, семинари

и деловни настани за македонските извозници;

- вршење на маркетинг истражувања за пристап на странски пазари, како и

истражувања фокусирани на одредени сектори и пазари на држави и региони;

- подготвување, промовирање и презентирање на извозните потенцијали на Република

Македонија во странство;

- логистичка поддршка на трговски мисии и делегации во земјата и странство;

- обезбедување размена на информации меѓу амбасадите, дипломатско-конзуларните

претставништва на Република Македонија и деловни субјекти, за испитување на пазарот и

законодавството;

Page 70: Магистерски труд „Меѓународни договори за инвестирање со ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/AnetaPoposka_kic_mart19.pdf ·

70

- презентирање на можностите на туристичките потенцијали на Република Македонија

во странство заради поттикнување инвестиции во туризмот и

- врши и други работи во согласност со закон.

Надлежности на Управниот одбор на Агенцијата за странски инвестиции:

- донесува Статут на Агенцијата;

- усвојува годишна програма за работа и годишен финансиски план на Агенцијата

најдоцна до 30 ноември во тековната година за наредната година;

- ја информира Владата на Република Македонија за сите постоечки административни и

законски пречки за инвестирањето и извозот и предлага мерки за нивно отстранување;

- му помага на директорот на Агенцијата со давање на мислење и предлози за

имплементација на планот за работа и овозможување пристап кон деловни асоцијации и

здруженија;

- ги утврдува критериумите за располагање и употребата на средствата остварени со

работењето на Агенцијата;

- ги донесува општите акти за организација и систематизација на работењето на

Агенцијата;

- ги разгледува и одобрува извештаите за активностите на Агенцијата;

- донесува детален годишен извештај за работата на Агенцијата и финансиска завршна

сметка најдоцна до 28 февруари во тековната година за изминатата година;

- одлучува по приговорите во врска со работниот однос на вработените во Агенцијата; и

- врши и други активности согласно со закон и Статутот.

Page 71: Магистерски труд „Меѓународни договори за инвестирање со ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/AnetaPoposka_kic_mart19.pdf ·

71

ДИРЕКЦИЈА ЗА ТЕХНОЛОШКО ИНДУСТРИСКИ РАЗВОЈНИ ЗОНИ

Дирекцијата за технолошко индустриските развојни зони е основана од страна на

Владата на Република Македонија во 2000 година. Истата почнува со работа во 2002

година со седиште во Скопје. Со Дирекцијата раководи Директорот кои има свој заменик.

Директорот и заменик директорот се именуваат и разрешуваат од страна на Владата на

Република Македонија и имаат мандат од 4 години со право на реизбор.

Директорот ги врши следните работи:

- ја претставува и застапува Дирекцијата,

- ја организира работата и раководи со стручните служби на Дирекцијата,

- ги извршува одлуките на Управниот одбор;

- се грижи за законито работење по однос на надлежностите утврдени во членот 12 од

овој закон,

- врши усогласување на деловните активности на Дирекцијата,

- ја изготвува годишната програма со финансискиот план на Дирекцијата,

- ја изготвува тригодишната инвестициона програма,

- изготвува извештај за работењето на зоната за претходната година,

- донесува акти за внатрешна организација и систематизација на работните места во

Дирекцијата и други акти на Дирекцијата кои се однесуваат на работниот однос на

административните службеници

- донесува годишни планови за вработување, како и решава за правата од работен

однос на вработените во Дирекцијата.

- донесува поединечни акти за вработените од областа на работните односи и

- одлучува и за други прашања утврдени со овој закон и Статутот на Дирекцијата.

Со Дирекцијата управува Управен одбор кој е составен од седум члена и тоа по еден

член предложен од министерот надлежен за работите од областа на економијата,

министерот надлежен за работите од областа на финансиите, заменик-претседателот на

Page 72: Магистерски труд „Меѓународни договори за инвестирање со ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/AnetaPoposka_kic_mart19.pdf ·

72

Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања и координација со

економските ресори, министерот надлежен за работите од областа на транспорт и врски и

тројца членови предложени од корисници на технолошките индустриски развојни зони.

НАДЛЕЖНОСТИ НА ДИРЕКЦИЈАТА ЗА ТЕХНОЛОШКО ИНДУСТРИСКИ ЗОНИ

-работите сврзани со основањето, развојот и следењето на зоните;

- планирање и развој на зоните и обезбедување на услови за користење на просторот;

-врши анализа на локацијата и обезбедува услови за планирање на истата;

-ја обезбедува целокупната соодветна планска документација согласно со закон

потребна за основање на зоната;

-ја обезбедува целокупната соодветна проектна техничка документација согласно со

закон за изградба и функционирање на зоната;

-ги промовира и рекламира зоните и остварува односи со јавноста;

-привлекува основачи и корисници на зоната;

-води евиденција на дејностите во просторот на зоната;

-донесува решение за започнување со работа, решение за започнување со работа на

проширување на капацитетот на постојното претпријатие, решение за започнување со

работа во случај на диверзификација на производството на претпријатието со

воспоставување на нови, дополнителни производи, решение за започнување со работа во

случај на суштинска промена во целокупниот процес на производство на постојното

претпријатие на корисникот на зоната,

-донесува решение за укинување на решението за започнување со работа решение за

започнување со работа на проширување на капацитетот на постојното претпријатие,

решение за започнување со работа во случај на диверзификација на производството на

претпријатието со воспоставување на нови, дополнителни производи, решение за

започнување со работа во случај на суштинска промена во целокупниот процес на

производство на постојното претпријатие. на корисникот на зоната;

-донесува решение за започнување со работа на зоната, во случај кога основач на

зоната не е Владата на Република Македонија;

Page 73: Магистерски труд „Меѓународни договори за инвестирање со ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/AnetaPoposka_kic_mart19.pdf ·

73

-донесува акт за укинување на решението за започнување со работа на зоната, во

случај кога основач на зоната не е Владата на Република Македонија;

-донесува тарифник за надоместоци за извршени услуги на основачот и тарифник за

надоместоци за извршени услуги на корисникот, за кои Владата на Република Македонија

дава согласност;

-остварува соработка со органите на државната управа, јавните претпријатија и

трговските друштва поврзани со зоната и тоа при обезбедување на: согласности,

одобренија, дозволи, односно сертификати утврдени со посебни закони потребни за

основање, започнување со работа и работење на зоната, - надзор над функционирањето на

инфраструктурата во зоната,

- заштита на јавната безбедност и сигурност на лицата и имотот во просторот на

зоната и

- заштита од недозволена трговија;

-обезбедува средства и врши исплати по однос на спроведена постапка за

експропријација, процена за насади, посеви, огради и вложувања на парцелите до и во

зоната, а за потребите на зоната согласно со одредбите од Законот за експропријација и

согласно со одобрение даваат соодветна планска документација согласно со закон, проект

за инфраструктура и друга соодветна проектна техничка документација согласно со закон;

-обезбедува потребна документација за основање на зоната и за градење на

инфраструктурни и други објекти до и во зоната, согласно со закон;

-ја отстапува целокупната соодветна проектно - техничка документација на основачот

на зоната;

- гради инфраструктурни и други објекти до и во зоната;

-може да управува со земјиштето и објектите изградени за потребите на зоната, до и

во зоната, а кои се во сопственост на Република Македонија;

-го следи работењето на зоната и по потреба предлага мерки до Владата на Република

Македонија;

-дава согласност на сите договори за закуп и подзакуп меѓу основачот и корисниците,

доставени од основачот на зоната;

-ги врши сите работи, освен оние за кои на основачот и/или корисникот му е потребна

претходна дозвола, согласност или одобрение од надлежен орган согласно со закон;

Page 74: Магистерски труд „Меѓународни договори за инвестирање со ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/AnetaPoposka_kic_mart19.pdf ·

74

-води евиденција за доделената државна помош и во име на давателот, односно

давателите на државна помош подготвува годишен извештај и го доставува до Комисијата

за заштита на конкуренција еднаш годишно, најдоцна до 31 март во тековната година, за

претходната година;

- го известува даночниот орган за одлуката на Комисијата за заштита на

конкуренцијата за компатибилноста и висината на доделената државна помош во вид на

даночно олеснување, како и за извештајот со кој се потврдува дека инвестициите и

новоотворените работни места се одржани и по истекот на секоја година во рамките на

периодот од десет последователни години утврдени со членот 5 ставови (1) и (2) од закон

за ТИРЗ, најдоцна до 31 март во тековната година, за претходната година;

-склучува договор за стопанисување и управување со технолошка индустриска

развојна зона со основачот на зоната од членот 8 став (4) на закон за ТИРЗ;

-врши контрола врз работењето на основачите и корисниците на технолошко

индустриските развојни зони и

-издава одобрение за градење и одобрение за употреба за објекитете кои ги градат

закупците и сопствениците на земјиштето во технолошките индустриски развојни зони

освен за инфраструктурните објекти во рамки на зоната, кои ги градат субјектите даватели

на јавни услуги кои се надлежни за изградба на електроенергетската, водоводната,

канализационата, гасоводната и телекомуникациската инфраструктура;

-издава одобрение за градење и одобрение за употреба за објектите кои ги градат

инвеститори на земјиште во индустриска, слободна здравствена зона и зелена зона, каде

основач е Владата на Република Македонија, освен за објекти во индустриски, слободни

здравствени зони и зелени зони за кои е склучен договор за јавно приватно партнерство и

за инфраструктурните објекти во рамки на зони кои ги градат субјектите - даватели на

јавни услуги кои се надлежни за изградба на електроенергетската, водоводната,

канализационата, гасоводната и телекомуникациската инфраструктура.

- склучува договори за доделување на државна помош за кои Владата на Република

Македонија дава претходна согласност и раскинува Договори за доделување на државна

помош кои ги склучила Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони по

претходно добиена согласност од Владата на Република Македонија.

Page 75: Магистерски труд „Меѓународни договори за инвестирање со ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/AnetaPoposka_kic_mart19.pdf ·

75

- води постапки за засновање на право на стварна службеност во рамките на

технолошко индустриските развојни зони согласно Законот за градежно земјиште.

- склучува договори за долготраен и краткотраен закуп на градежно земјиште за

инфраструктурните објекти во рамките на зоната кои ги градат субјектите-даватели на

јавни услуги кои се надлежни за изградба на електроенергетската, водоводната,

канализационата, гасоводната и телекомуникациската инфраструктура по доставено

барање и проектна документација од страна на субјектот - давател на јавна услуга.

- учествува во постапки за јавно наддавање при продажба на објекти во извршна

постапка по претходно донесена одлука за давање согласност од страна на Владата на

Република Македонија;

- врши работи на оператор на индустриски зони, во услови кога како основач на зона

се јавува Владата на Република Македонија.

-врши услуги за грижа на корисниците на технолошките индустриски развојни зони;

-врши други работи поврзани со функционирањето на зоната.

-Дирекцијата има својство на правно лице. Во случај кога Владата на Република

Македонија е основач на зона Дирекцијата ги врши работите од надлежност на основачот

на зоната, согласно со одредбите од одобрената планска документација, проектот за

инфраструктура и другата соодветна техничка документација во име на основачот, како и:

- склучува и раскинува договори за закуп на земјиштетето и објектите во зоната со

корисниците за кои Владата на Република Македонија дава претходна согласност;

- склучува договори за вршење на дејност со корисниците на зоната;

- склучува непосредни спогодби за продажба и/или дава под закуп објекти во опфатот

на зоните кои се сопственост на Република Македонија, за кои Владата на Република

Македонија дава претходна согласност;

-склучува и раскинува договори за јавно приватно партнерство за кои Владата на

Република Македонија дава претходна согласност;

- обезбедува потребна документација за градење на инфраструктурни и други објекти

неопходни за функционирање на зоната, согласно со закон;

- го уредува градежното земјиште и гради инфраструктурни и други објекти до и во

зоната, согласно со одредбите од одобрената планска документација, проектот за

инфраструктура и другата соодветна техничка документација;

Page 76: Магистерски труд „Меѓународни договори за инвестирање со ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/AnetaPoposka_kic_mart19.pdf ·

76

- управува со земјиштето и објектите до и во зоната кои се сопственост на Република

Македонија, согласно со овој закон; и

- донесува правила на основачот и тарифник на основачот за извршени услуги на

корисници во зона согласно со членот 34 став (1) од закон заТИРЗ, за кои Владата на

Република Македонија дава согласност.

5.3. АНАЛИЗА НА РАБОТАТА НА КОМПАНИИТЕ ОД ТИРЗ ВО РЕПУБЛИКА

МАКЕДОНИЈА

Во овој дел на трудот ќе се позанимаваме малку со висината на извозот на

компаниите во ТИРЗ, даночното ослободување, нивото на платите како и други

показатели кои ќе помогнат да се создаде една појасна слика за тоа како странските

директни инвестиции во ТИРЗ зоните допринесуваат и кои се нивните бенефити. За таа

цел, во текот на оваа подточка ќе бидат преставени неколку статистички податоци и

графикони со податоци за некои од најголемите странски компании кои работат воп ТИРЗ

зоните низ Република Македонија.

Графикон бр. 6 СДИ во Р.М. во мил. долари и СДК во ТИРЗ

Page 77: Магистерски труд „Меѓународни договори за инвестирање со ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/AnetaPoposka_kic_mart19.pdf ·

77

Графикон бр.7 Учество на извозот на СДИ во ТИРЗ во вкупен изност34

На графиконот бр. 7 е претставено учеството на СДИ во ТИРЗ во вкупниот извоз на

Република Македонија. Се забележува незначително учество во извозот од страна на СДИ

во ТИРЗ во периодот од 2007 до 2010 година за во периодот од 2010 до 2014 истиот да

забележи поголем пораст. Во 2014 година учеството на СДИ од ТИРЗ во вкупниот извоз

на Република Македонија било 27% од кои најмногу удел од СДИ во ТИРЗ има

компанијата Џонсон Мети односно 87%.

Со оглед на тоа дека се работи за анализа на податоци до временскиот период од 2014

година се смета дека има драстично зголемен извоз во 2018 година од истите компании од

ТИРЗ зоните но, сепак истиот не би требало да е на задоволително ниво ако се стави во

вкупниот извоз од Република Македонија.

Од друга страна, некои експерти ќе го нагласат фактот што многу странски директни

инвестиции и нивните компании сеуште го немаат постигнато нивниот производствен

максимум и максимумот на вработени лица во истите. Тоа значи дека компаниите не

работат со полниот капацитет со кои вообичаено треба да работат како и дека не работат

34

Извор: Центар за економска анализа www.cea.org.mk

Page 78: Магистерски труд „Меѓународни договори за инвестирање со ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/AnetaPoposka_kic_mart19.pdf ·

78

со доволен број на вработени за да ги постагнат посакуваните цели, па затоа се смета дека

во иднина кога истите ќе го стаблизизираат системот на производство и максимизираат

потребниот капацитет на вработени- извозот ќе расте, а за тоа се разбира дека е потребно

да помине определен временски период.

Графикон бр. 8 Инвестиции по компанија, висина на трошоци на државата во проценти35

Според графиконот бр. 8 скоро најмала државна помош добива компанијата која има

најголема инестиција во ТИРЗ во Република Македонија односно компанијата Џонсон

Мети. Нешто помалку од неа има само компанијата Витек. Нешто што е забележливо е

фактот што има компании како Ван Хоол кои влегле со странски капитал, а добила

државно помош повеќе од половината од вкупниот странски капитал кој го вложиле.

Нешто што многумина аналитичари го напоменуваат е недоволната хармонизација на

нашето и европското законодавство како и практиките кои се користат во други земји од

Југоистична Европа како Романија кои изготвуваат подобри програми за привлекување на

странски диркени инвестиции. Дополнителен проблем тука повторно се јавува

погоренаведеното. Државната помош кај некои компании е драстично поголема од 35

Idem

Page 79: Магистерски труд „Меѓународни договори за инвестирање со ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/AnetaPoposka_kic_mart19.pdf ·

79

прикажаното (кај некои компании поради специфичноста на Договорите воопшто не е ни

прикажана никаква државна помош) и тоа доведува до поголеми пречки за да се даде една

поширока анализа која ќе одговара на реланоста која ја има во ТИРЗ. Затоа, препораката е

поголема транспарентност во тој дел за да има можност за подетална анализа.

Графикон бр. 9 Просечната нето плата споредена со националниот просек36

Графиконот бр. 9 го прикажува најпрво националниот просек на нето платата во

Република Македонија. Нешто што се забележува е дека во периодот од 2007 до 2014

година во странската компанија Вистеон Електроникс платата на вработените во нето

износ секогаш била над националниот просек и денес кај оваа компанија платите се

секогаш над националниот просек. Карактеристично кај оваа компанија е фактот што

скоро секогаш е на првото место од странските инвестиции во ТИРЗ по висина на нето

плата за вработените заедно со Џонсон Мети. Од друга страна имаме компании кои се

далеку под националниот просек и кои остануваат да бидат под националниот просек и

покрај тоа што истите имаат далеку поголеми поволности и даночни олеснувања кои се

однесуваат на нето платите.

36

Idem

Page 80: Магистерски труд „Меѓународни договори за инвестирање со ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/AnetaPoposka_kic_mart19.pdf ·

80

6. ЗАКЛУЧОК

Странските директни инвестиции одново ја откриваат Југоисточна Европа. Во

последните неколку години е забележан драстичен раст на странски дирекни инвестиции

во земјите од овој регион на Европскиот континет. Романија и Бугарија остануваат да

бидат лидери, но и останатите земји полека го фаќаат темпото. Република Македонија се

чини дека треба уште повеќе да поработи на соодветната стратегија за привлекувањето на

странски инвестиции.

Но, Македонија може да ја има и најдобрата страгија за привлекување на странски

инвестиции како и најповолното законодавство за истите во цела Европа. Проблемот

сепак ќе остане друг. Република Македонија мора да стане членка на НАТО за да стане

посигурно место за инвеститорите од странство. Тоа најдобро го укажува примерот со

Романија која после влегувањето во НАТО забележа огромен пораст на странските

директни инвестиции во земјата. Покрај тоа, секој странски инвеститор која сака да

отвори дополнителен капацитет на производство од својата компанија тука во државата

мора да е сигурен дека станува збор за сериозна држава која знае како да се справи со

предизвиците и општествените проблеми. Политичките кризи кои се јавуваа секоја година

во последниот период не само што не и одат во прилог на стратегијата и процесот за

привлекување на странски инвестиции дополнително предизвикуваат и проблеми кај

националните компании, а со тоа и на економијата и економскиот раст воопшто.

Движењето на странските директни инвестиции како и кружењето на капиталот денес

добиваат сосема нови димензии и со тоа се соочуваме со некои нови предизвици чии

исходи сеуште нема да може да се предвидат.

Што се однесува до тековните состојби и Република Македонија во однос на

странските дикрени инвестиции и ТИРЗ зоните кои работат во државата, ако нешто

покажа овој магистерски труд тоа е дека има голем простор за подобрување. Странските

директни инвестиции денес во Република Македонија имаат огромно влијание врз

вработувањето односно намалувањето на невработеноста. Цели региони на државата

забележуваат значителен број на намалена невработеност токму онаму каде има компании

во ТИРЗ со странски капитал односно оние компании на кои им треба поголема работна

Page 81: Магистерски труд „Меѓународни договори за инвестирање со ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/AnetaPoposka_kic_mart19.pdf ·

81

сила. Но, колку и да е ова позитивна мерка истовремено е и популистичка. Државата има

значителен удел во желбата на странски компании да вработуваат и да даваат повисоки

плати од платите кои ги даваат домашните компании од проста причина што истите се

субвенционираат од државата, а дополнително давачките кои се поврзани со

вработувањето- за странските компании се минимални односно ги нема. Дополнително,

фактот што речиси мининален и незначителен е бројот на странски компании од ТИРЗ кои

соработуваат со национални компании од било кои причини да се. Потребно е Република

Македонија да воспостави нов модел и нова соодветна модернизирана според потребите,

стратегија која ќе обезбеди поголем економски раст, а со тоа и по просперитетна иднина

за населението кое живее во државата. Исто така, Владата на Република Македонија треба

да се однесува како медијатор меѓу националните компании и странските дирекни

инвестиции од ТИРЗ зоните за да може да има уште поголеми економски резултати.

Процесот со странските дирекни инвестиции во Република Македонија се чини само

штотуку започнал па останува да видиме како ќе се одвиваат работите понатаму. За сега,

може самода заклучиме дека можни се значителни подобрувања.

Page 82: Магистерски труд „Меѓународни договори за инвестирање со ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/AnetaPoposka_kic_mart19.pdf ·

82

РЕЗУЛТАТИ ОД СПРОВЕДЕНАТА АНКЕТА

За потребите на овој магистерски труд од моја страна беше спроведена анкета на 60

испитаници. Анкетниот прашалник во себе содржеше 17 прашања со понудени одговори

на кои испитаниците требаше да се одлучат за еден до одговорите. Анкетата беше

спроведена во период од четири месеци на територија на целата држава. Во овој дел ќе ги

претставам резултатите од анкетата со една кратка анализа на истите.

На првото прашање скоро сите од испитаниците одговориле дека познаваат некој кој

работи во некоја од компаниите со странски капитал кои се лоцирани во ТИРЗ низ

Република Макиедонија. Со оглед на тоа дека овој прашалник е одговаран од испитаници

90%

10% 0%0%

1. Дали знаете некпј кпј рабпти/ спрабптува сп странска кпмпанија кпја е

лпцирана вп ТИРЗ вп Република Македпнија.

ДА

НЕ

Page 83: Магистерски труд „Меѓународни договори за инвестирање со ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/AnetaPoposka_kic_mart19.pdf ·

83

кои потекнуваат од различни краеви на државата може да се заклучи дека скоро од сите

делови на Макеоднија има луѓе кои работат во тие компании.

На второто прашање кое се однесува на условите за работи во компаниите со странски

капитал кои се во ТИРЗ во споредба со домашните компании, половина од испитаниците

сметаат дека истите во странските компании се подобри за разлика од условите за работа

во домашните компании. Една третина од испитаниците сметаат дека условите се секаде

исти без разлика дали се работи за странска или домашна компанија.

50%

33%

17%

2. Дали сметате дека услпвите вп кпмпаниите сп странски капитал кпи се

лпцирани вп ТИРЗ вп Република Македпнија се ппдпбри, сппредбенп сп пние вп

дпмашните кпмпании.

Да, сигурнп

Услпвите се секаде исти

НЕ

Page 84: Магистерски труд „Меѓународни договори за инвестирање со ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/AnetaPoposka_kic_mart19.pdf ·

84

На прашањето кое се однесува на економскиот раст и улогата на странските компании

во ТИРЗ скоро половината од испитаниците односно 47% одговориле дека доприносот на

овие компании кон економијата на државата не е значително голем. Околу една третина

сепак, сметаат дека доприносот на странските компании врз економскиот раст е

значително голем. 20% од испитаниците сметаат дека не постои никаков допринос.

33%

47%

20%0%

3. Дали сметате дека кпмпаниите сп странски капитал кпи се лпцирани вп ТИРЗ

вп Република Македпнија значителнп дппринесуваат вп екпнпмскипт раст на

Република Македпнија

Да, дппринпспт е мнпгу гплем

Дппринпспт не е значителнп гплем

Не, дппринпспт впппштп не мпже да се забележи

Page 85: Магистерски труд „Меѓународни договори за инвестирање со ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/AnetaPoposka_kic_mart19.pdf ·

85

Што се однесува до платите, најголемиот број на испитаниците сметаат дека во

странските компании кои се наоѓаат во ТИРЗ низ Република Македонија платите се

значитлено поголеми за разлика од платите на вработените во домашните компании. Една

четвртина од испитаниците сметаат дека платите се исти.

75%

25%0%0%

4. Дали сметате дека платите кпи се исплаќаат на врабптените вп кпмпаниите сп странски

капитал кпи се лпцирани вп ТИРЗ вп Република Македпнија се релативнп ппгплеми вп

сппредба сп платите кпи ги земаат врабптените вп дпмашните кпмпании.

o Да, платите се ппгплеми

o Платите се скпрп идентични

Page 86: Магистерски труд „Меѓународни договори за инвестирање со ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/AnetaPoposka_kic_mart19.pdf ·

86

На прашањето кое се однесува на шанси за кариерен развој и унапредување во

копманиите со странски капитал кои се лоцирани во ТИРЗ и домашните компании, сепак

повеке од половина од испитаниците одговориле дека шансите се подеднакво исти како во

странските така и во домашните компании. Една четвртина од испитаниците сметаат дека

шансите за кариера и унапредување се сепак поголеми во странските компании.

25%

52%

23%

0%

5. Дали сметате дека врабптените вп кпмпаниите сп странски капитал кпи се

лпцирани вп ТИРЗ вп Република Македпнија имаат ппгплеми шанси за унапредуваое и градеое на кариера пд пние врабптени вп

дпмашните кпмпании.

o Да, врабптените вп странските кпмпании имаат ппгплеми шанси за унапредуваое и градеое на кариера

o Шансите се секаде исти

o Не, врабптените вп странските кпмпании немаат ппгплеми шанси за унапредуваое и градеое на кариера

Page 87: Магистерски труд „Меѓународни договори за инвестирање со ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/AnetaPoposka_kic_mart19.pdf ·

87

На прашањето кое се однесува евентуален мобинг или дискриминација на работно

место како и слични прекршувања на работничките права, 80% од испитаниците

договориле дека истите може да се случат било да се работи за странка или домашна

компанија.

20%

80%

0%0%

6. Дали мислите дека врабптените вп странските кпмпании лпцирани вп ТИРЗ вп

Република Македпнија се сппчуваат сп мпбинг, дискриминација на рабптнп местп пп

билп кпја пснпва и други прекршуваоа на рабптнички права.

o Не, услпвите на врабптените вп странски кпмпании се ппдпбри

o Мпбинг, дискриминација и други ппрекршуваоа на рабптнички права мпже да има вп секпја кпмпанија вп Република Макепднија независнп пд пптеклптп

Page 88: Магистерски труд „Меѓународни договори за инвестирање со ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/AnetaPoposka_kic_mart19.pdf ·

88

Што се однесува до прашањето за грижата за своите работници, во овој дел скоро 60%

од испитаниците одговориле дека ниту странските ниту домашните компании не се

грижат доволно за своите работници.

37%

59%

4%0%

7. Дали мислите дека странските кпмпании лпцирани вп ТИРЗ вп Република Македпнија

се грижат мнпгу ппвеќе за врабптените за разлика пд дпмашните кпмпании и грижата за

нивните врабптени.

o Да, странските кпмпании се грижат ппвеќе за свпите врабптени.

o Ниту странските, ниту дпмашните кпмпании не се грижат дпвплнп за свпите врабптени

o Не, странските кпмпании впппштп не се грижат за свпите врабптени.

13%

20%

67%

0%

8. Дали сметате дека странските кпмпании кпи се лпцирани вп ТИРЗ вп Република Македпнија значителнп гп намалуваат

иселуваоетп на млад и едуциран кадар.

o Да, гп намалуваат

o Незначителнп гп намалуваат

o Не, тие впппштп немаат влијание врз изелуваоетп намлад и едуциран кадар

Page 89: Магистерски труд „Меѓународни договори за инвестирање со ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/AnetaPoposka_kic_mart19.pdf ·

89

Кај прашањето кое се однесува за иселувањето на млад и едуциран кадар и влијанието

на странските компании, најголемиот дел од испитаниците односно 67% одговориле дека

истите немаат воопшто влијание на одлуката за иселување на млади и едуцирани луѓе.

Останатиот дел од испитаниците: 20% сметаат дека незначително се намалува бројот на

иселени луѓе, додека пак најмалиот дел од испитаниците сметаат дека странските

компании имаат некакво влијание.

На прашањето кое се однесува за соработката на странските компании кои се наоѓаат

во ТИРЗ во Република Македонија со домашните компании од државата најголем број од

испитаниците односно 93% сметаат дека истите треба да соработуваат едни со други.

93%

7%0%0%

9. Дали мислите дека странските кпмпании кпи се лпцирани вп ТИРЗ вп Република Македпнија треба

да спрабптуваат сп дпмашните кпмпании.

o Да, тие треба да спрабптуваат.

o Не, нема пптреба пд тпа.

Page 90: Магистерски труд „Меѓународни договори за инвестирање со ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/AnetaPoposka_kic_mart19.pdf ·

90

Повеќе од две третини од испитаниците мислат дека условите кои им се нудат на

странски компании се доволони за да инвестираат во Република Македонија.

80%

8%

12%0%

10. Дали сметате дека услпвите кпи им се даваат на странските кпмпании лпцирани вп ТИРЗ вп

Република Македпнија, а кпи се пбезбедени пд Владата на Република Македпнија се дпвплнп

дпбри и ппвплни.

o Да, тие се дпвплни

o Дпвплни се, нп мпже да се ппдпбрат

o Не, впппштп не се дпбри.

Page 91: Магистерски труд „Меѓународни договори за инвестирање со ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/AnetaPoposka_kic_mart19.pdf ·

91

Најголемиот дел од испитаниците за процесите со ТИРЗ, инвестициската клима како и

компаниите со странски капитал се информираат преку телевизија. Останатите истото го

прават преку печатените и електронските медиуми.

7%

68%

8%0%

17%

11. Од каде се инфпрмирате за рабптата на странските кпмпании кпи се лпцирани вп ТИРЗ вп

Република Македпнија и впппштп за инвестициската клима на државата и рабптите

кпи се ппврзани сп таа тема.

o Пријатели

o ТВ

o Весник

o Радип

o Интернет

Page 92: Магистерски труд „Меѓународни договори за инвестирање со ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/AnetaPoposka_kic_mart19.pdf ·

92

На прашањето каде испитаниците треба да дадат оценка за политиката на Владата на

Република Македонија за привлекувањето на странски инвестиции најголемиот дел

одговориле дека истата може да биде подобра. 18% одговориле дека е доволно добра.

18%

65%

17%0%

12. Дали сметате дека пплитиката на Владата на Република Македпнија кпја се пднесува на

инвестициската клима вп државата е дпвплнп дпбра.

o Да, дпвплнп е дпбра

o Мпже да се ппдпбри

o Не, впппштп не е дпбра

Page 93: Магистерски труд „Меѓународни договори за инвестирање со ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/AnetaPoposka_kic_mart19.pdf ·

93

Половината од испитаниците сметаат дека странските компании во ТИРЗ во Република

Макеоднија треба даги плаќаат истите давачки како и домашните компании односно дека

треба да постои еднаквост. Сепак, скоро една третина од испитаниците сметаат дека

странските компании треба да имаат посебен третман од страна на државата.

32%

54%

14% 0%

13. Дали сметате дека странските кпмпании кпи се лпцирани вп ТИРЗ вп Република Македпнија

треба да ги плаќаат истите давачки кпи се задплжителни и за дпмашните кпмпании.

o Не, тие треба да уживаат ппсебен третман затпа штп се странски кпмпании

o Да, сите кпмпании треба да се еднакви

o Не знам

Page 94: Магистерски труд „Меѓународни договори за инвестирање со ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/AnetaPoposka_kic_mart19.pdf ·

94

Најголемиот дел од испитаниците односно 68% сметаат дека доколку се смени

политката и односот на државата кон странските компании во ТИРЗ дека истите ќе си

заминат односно ќе прекинат со инвестиции во Република Макеоднија.

68%

12%0%

20%0%

14. Дали сметате дека странските кпмпании ќе прпдплжат да функципнираат и рабптат вп Република Македпнија дпкплку државата

пдлучи да ги укине данпчните и пстанатите привилегии кпи ги уживаат.

o Да, тие веднаш ќе си заминат пд државате

o Да, нп некпи пд нив ќе си заминат пд државата

o Не, ќе пстанат да фунципнираат и рабптат вп државата

Page 95: Магистерски труд „Меѓународни договори за инвестирање со ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/AnetaPoposka_kic_mart19.pdf ·

95

Најголемиот дел од испитаниците на прашањето за траспарентноста на процесот за

инвестирање на странските компании мислат дека не е воопшто транспарентен.

7%

75%

18%0%

15. Дали сметате дека прпцеспт на инвестираое на странски капитал вп Република

Македпнија е транспарентен.

o Да, дпвплнп е транспарентен

o Не,впппштп не е транспарентен

o Не знам

Page 96: Магистерски труд „Меѓународни договори за инвестирање со ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/AnetaPoposka_kic_mart19.pdf ·

96

Во овој дел на анкетата, ова е прашањето кај кое испитаниците одговориле скоро по

една третина за секое од трите понудени одговори. Односно, иако имаме најмногу

изјаснети 42% дека странските компании од ТИРЗ од почетокот на формирањето на

зоните до денес имаат влијание, сепак 33% саметаат дека тоа влијание е големо, а од друга

страна 25% сметаат дека формирањето на ТИРЗ и додјените странски компании не влијаат

воопшто.

33%

42%

25%

0%

16. Дали сметате дека странските кпмпании кпи се лпцирани вп ТИРЗ вп Република

Македпнија, пд ппчетпкпт на фпрмираоетп на ТИРЗ дп денес имаат влијание врз македпнската

екпнпмија.

o Да, имаат гплемп внимание

o Имаат влијание

o Не, имаат незначителнп влијание

Page 97: Магистерски труд „Меѓународни договори за инвестирање со ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/AnetaPoposka_kic_mart19.pdf ·

97

На последното прашање кое се однесуваше за евентуален ангажман во некоја од

странските компании во ТИРЗ најголемиот дел односно 59% од испитаниците одговориле

дека би работеле во истите.

59%33%

8%0%

17. Дали би рабптеле вп некпја пд странските кпмпании кпи се лпцирани вп ТИРЗ вп

Република Македпнија дпкплку за тпа Ви се пружи шанса.

o Да, би рабптел/а

o Ќе размислам

o Не,не би рабптел/а

Page 98: Магистерски труд „Меѓународни договори за инвестирање со ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/AnetaPoposka_kic_mart19.pdf ·

98

АНКЕТЕН ПРАШАЛНИК

За потребите на мојот магистерски труд ќе Ве молам да одговорите на следните

прашања, означувајќи го посакуваниот одговор со Х Анкетниот прашалник е целосно анонимен и има за цел да даде соодветна анализа која

ќе биде дел од магистерски труд кои се однесува на странските компании кои работат во

ТИРЗ во Република Македонија.

Место_____________

Датум_____________

Пол:

o Машки

o Женски

Возраст:

o 18-25

o 26-30

o 31-40

o 41-50

o 51-60

o 61+

Page 99: Магистерски труд „Меѓународни договори за инвестирање со ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/AnetaPoposka_kic_mart19.pdf ·

99

Образование:

o Основно образование

o Средно образование

o Високо образование

o М-р/ Д-р на науки

ПРАШАЊА КОИ ТРЕБА ДА ГИ ОДГОВОРИТЕ

1. Дали знаете некој кој работи/ соработува со странска компанија која е лоцирана во

ТИРЗ во Република Македонија.

o ДА

o НЕ

2. Дали сметате дека условите во компаниите со странки капитал кои се лоцирани во

ТИРЗ во Република Македонија се подобри, споредбено со оние во домашните

компании.

o Да, сигурно

o Условите за работа се секаде исти.

o Не

3. Дали сметате дека компаниите со странски капитал кои се лоцирани во ТИРЗ во

Република Македонија значително допринесуваат во економскиот раст на

Република Македонија.

o Да, доприносот е многу голем

o Доприносот не е значително голем

o Не, доприносот воопшто не може да се забележи

Page 100: Магистерски труд „Меѓународни договори за инвестирање со ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/AnetaPoposka_kic_mart19.pdf ·

100

4. Дали сметате дека платите кои се исплаќаат на вработените во компаниите со

странски капитал кои се лоцирани во ТИРЗ во Република Македонија се релативно

поголеми во споредба со платите кои ги земаат врабоптените во домашните

компании.

o Да, платите се поголеми

o Платите се скоро идентични

5. Дали сметате дека вработените во компаниите со странски капитал кои се

лоцирани во ТИРЗ во Република Македонија имаат поголеми шанси за

унапредување и градење на кариера од оние вработени во домашните компании.

o Да, вработените во странските компании имаат поголеми шанси за

унапредување и градење на кариера

o Шансите се секаде исти

o Не, вработените во странските компании немаат поголеми шанси за

унапредување и градење на кариера

6. Дали мислите дека вработените во странските компании лоцирани во ТИРЗ во

Република Македонија се соочуваат со мобинг, дискриминација на работно место

по било која основа и други прекршувања на работнички права.

o Не, условите на вработените во странски компании се подобри

o Мобинг, дискриминација и други порекршувања на работнички права може

да има во секоја компанија во Република Македонија независно од

потеклото

7. Дали мислите дека странските компании лоцоирани на ТИРЗ во Република

Македонија се грижат многу повеќе за своите вработените за разлика од

домашните компании и грижата за нивните вработени.

o Да, странските компании се грижат повеќе за своите вработени.

o Ниту странските, ниту домашните компании не се грижат доволно за своите

вработени

o Не, странските компании воопшто не се грижат за своите вработени.

8. Дали сметате дека странските компании кои се лоцирани во ТИРЗ во Република

Македонија значително го намалуваат иселувањето на млад и едуциран кадар.

Page 101: Магистерски труд „Меѓународни договори за инвестирање со ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/AnetaPoposka_kic_mart19.pdf ·

101

o Да, го намалуваат

o Незначително го намалуваат

o Не, тие воопшто немаат влијание врз изелувањето намлад и едуциран кадар

9. Дали мислите дека странските компании кои се лоцирани во ТИРЗ во Република

Македонија треба да соработуваат со домашните компании.

o Да, тие треба да соработуваат

o Не, нема потреба од тоа

10. Дали сметате дека условите кои им се даваат на странските компании лоцирани во

ТИРЗ во Република Македонија, а кои се обезбедени од Владата на Република

Македонија се доволно добри и поволни.

o Да, тие се доволни

o Доволни се, но може да се подобрат

o Не, воопшто не се добри.

11. Од каде се информирате за работата на странските компании кои се лоцирани во

ТИРЗ во Република Македонија и воопшто за инвестициската клима на државата и

работите кои се поврзани со таа тема.

o Пријатели

o ТВ

o Весник

o Радио

o Интернет

12. Дали сметате дека политиката на Владата на Република Макеодонија која се

однесува на инвестициската клима во државата е доволно добра.

o Да, доволно е добра

o Може да се подобри

o Не, воопшто не е добра

13. Дали сметате дека странските компании кои се лоцирани во ТИРЗ во Република

Македонија треба да ги плаќаат истите давачки кои се задолжителни и за

домашните компании.

Page 102: Магистерски труд „Меѓународни договори за инвестирање со ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/AnetaPoposka_kic_mart19.pdf ·

102

o Не, тие треба да уживаат посебен третман затоа што се странски компании

o Да, сите компании треба да се еднакви

o Не знам

14. Дали сметате дека странскитекомпании ќе продолжат да фунционираат и работат во

Република Македонија доколку државата одлучи да ги укине даночните и останатите

привилегии кои ги уживаат.

o Да, тие веднаш ќе си заминат од државате

o Да, но некои од нив ќе си заминат од државата

o Не, ќе останат да фунционираат и работат во државата

15. Дали сметате дека процесот на инвестирање на странски капитал во Република

Македонија е транспарентен.

o Да, доволно е транспарентен

o Не,воопшто не е транспарентен

o Не знам

16. Дали сметате дека странските компании кои се лоцирани во ТИРЗ во Република

Македонија, од почетокот на формирањето на ТИРЗ до денес имаат влијание врз

македонската економија.

o Да, имаат големо внимание

o Имаат влијание

o Не, имаат незначително влијание

17. Дали би работеле во некоја од странските компании кои се лоцирани во ТИРЗ во

Република Македонија доколку за тоа Ви се пружи шанса.

o Да, би работел/а

o Ќе размислам

o Не,не би работел/а

БЛАГОДАРАМ ЗА ОДВОЕНОТО ВРЕМЕ.

*ТИРЗ – Техничко индистриски развојни зони

Page 103: Магистерски труд „Меѓународни договори за инвестирање со ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/AnetaPoposka_kic_mart19.pdf ·

103

ПРИЛОЗИ

Прилог 1 - 25 стр.

Прилог 2 - 33 стр.

Прилог 3 - 36 стр.

ТАБЕЛИ

Табела бр.1 - 45 стр.

Табела бр.2 - 47 стр.

Табела бр.3 - 48 стр.

Таблела бр.4 - 49 стр.

Табела бр.5 - 50 стр.

Табела бр.6 - 51 стр.

Табела бр. 7 - 52 стр.

Табела бр. 8 - 53 стр.

ГРАФИКОНИ

Графикон бр. 1-44стр.

Графикон бр.2 -45 стр.

Графикон бр.3-46 стр.

Графикон бр.4 - 54 стр.

Графикон бр.5 - 55 стр.

Графикон бр.6- 76 стр.

Графикон бр.7- 77 стр.

Графикон бр.80- 78 стр.

Page 104: Магистерски труд „Меѓународни договори за инвестирање со ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/AnetaPoposka_kic_mart19.pdf ·

104

КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА

Вељко Радовановиќ „ЕКОНОМСКЕ ТЕМЕ“ глава„ Глобализација и поларизација

развоја савременог света“Београд 2002

КикерковаИрена - Меѓународнаеконмијаhttp://ekonomski.files.wordpress.com (

Online Available 2018)

Николина Неновска, МАКРОЕКОНОМСКИ АСПЕКТИ НА СТРАНСКИТЕ

ДИРЕКТНИ ИНВЕСТИЦИИ СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА СТРАНСКИТЕ

ДИРЕКНИ ИНВЕСТИЦИИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, Универзитет"

Св.Климент Охридски " Битола,2013

Gorgieva‐ Trajkovska, Olivera and Dimitrova, Janka (2013) Strengthening global

economic growth through regional cooperation.International conference "Regional

Economic Cooperation in the Process of Globalization", DU Tetovo

СТАТИСТИЧКИ ГОДИШНИК НА Р.МАКЕДОНИЈА, Завод за статистика на

РМ-Скопје, 2011

УСТАВ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, 2. Економски, социјални и

културни права, Службен весник на Република Македонија – Скопје

ЗАКОН ЗА ТРГОВСКИТЕ ДРУШТВА “Сл. весник на Р Македонија” – Скопје

бр. 28/04 од 30.04.2004 година

ЗАКОН ЗА ЦЕНТРАЛЕН РЕГИСТЕР, “Сл. весник на Р Македонија” –

Скопје, 2001 година со измените од 2008 година

ЗАКОН ЗА ЗАШТИТА НА КОНКУРЕНЦИЈАТА (Службен весник на РМ

бр.145/2010, објавен на05.11.2010)

ЗАКОН ЗА ДАНОКОТ НА ДОБИВКА Службен весник на РМ, бр. 112/2014 …,

190 од 17.10.2016 година

Закон на данокот на додадена вредност (“Службен весник на Република

Македонија“ бр. 33/2006)

Закон за технолошки индустриски развојни зониhttp://fez.gov.mk/wp-

content/uploads/2018/01/zakon-tirz-mkd.pdf (Online Available 2018)

З А К О Н ЗА ОСНОВАЊЕ НА АГЕНЦИЈА ЗА СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ

И ПРОМОЦИЈА НА ИЗВОЗОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Сл. Весник на

Република Македонија бр.57 - Скопје, 2010 година.

Page 105: Магистерски труд „Меѓународни договори за инвестирање со ...pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/AnetaPoposka_kic_mart19.pdf ·

105

Закон за технолошки индустриски развојни зониhttp://fez.gov.mk/wp-

content/uploads/2018/01/zakon-tirz-mkd.pdf ( Online Available 2018)

Центар за економска анализа www.cea.org.mk

Smith A.,”Bogatstvo naroda” tom I, Kultura Beograd 1952

Mil J.ST., “PRINCIPALS OF POLITICAL ECONOMY WITH THEIR

APPLICATION TO SOCIAL PHILOSOPY” 1904

Меѓународен монетарен фонд, IFM`s Balance of Payments Statistics

Mannual‐ extermal/np/sta/di/glossary.pdf (Online Available 2018)

THE WORLD BANK, WORLD DEVELOPMENT INDICATORS 2004, The

International Bank for Reconstruction and Development/ The World Bank, Washington.

USA, 2004

UNCTAD, World Investment Report,2004 UN, New York аnd Geneva

UNCTAD, based on UNCTAD cross-border M&A database and information from

Financial Times Ltd, FDi Markets (www.fdimarkets.com) (Online Available 2008)

www.unstadstat.unctad.org-foreign direct investment flows, annual 1970-2012-

world ( Online Available 2018)

https://cea.org.mk/wp-content/uploads/2016/04/1.-Analiza-Benefiti-od-FDI-TIRZ-

Makedonija.pdf ( Online Available 2018)

http://fez.gov.mk/about-us/?lang=MK#1516610898513-f1f141ee-3d22bc63-5cc5 (Online

Available 2018)

http://www.nbrm.mk/content/publikacii/Analiza-na-efektite-od-novite-izvozno-orientirani-

kompanii-vo-domasnata-ekonomija.pdf (Online Available 2018)