ОСИГУРУВАЊЕ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА И ПАТНИЧКО...

96
УНИВ ЕРЗИТЕТ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ - БИТОЛА ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ – КИЧЕВО Дисперзирани студии Битола ОСИГУРУВАЊЕ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА И ПАТНИЧКО ОСИГУРУВАЊЕ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА (магистерски труд) Ментор: Изработил: Проф. Д-р. Саша Дукоски Ѓорѓи Менкиноски 179/Б Битола, 2019

Transcript of ОСИГУРУВАЊЕ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА И ПАТНИЧКО...

Page 1: ОСИГУРУВАЊЕ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА И ПАТНИЧКО …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/GjorgiMenkisoski_bt_juni19.pdf · дали постои франшиза

УНИВ ЕРЗИТЕТ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ -

БИТОЛА

ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ – КИЧЕВО

Дисперзирани студии Битола

ОСИГУРУВАЊЕ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА И ПАТНИЧКО ОСИГУРУВАЊЕ ВО

РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

(магистерски труд)

Ментор: Изработил:

Проф. Д-р. Саша Дукоски Ѓорѓи Менкиноски 179/Б

Битола, 2019

Page 2: ОСИГУРУВАЊЕ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА И ПАТНИЧКО …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/GjorgiMenkisoski_bt_juni19.pdf · дали постои франшиза

2

Ментор:

Проф. Д-р. Саша Дукоски

Членови на комисијата:

1. Проф. Д-р. Саша Дукоски

2. Проф. Д-р. Светлана Вељановска

НАУЧНА ОБЛАСТ: Осигурително право

Page 3: ОСИГУРУВАЊЕ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА И ПАТНИЧКО …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/GjorgiMenkisoski_bt_juni19.pdf · дали постои франшиза

3

ИЗЈАВА

Од кандидатот

Изјавувам дека при изработката на магистерскиот труд ги почитував позитивните

законски прописи на Република Македонија од областа на заштитата на интелектуалната

сопственост и не користев реченици или делови од трудови на други автори без да ги

почитувам методолошките стандарди и соодветниот стил на цитирање. Изјавата ја давам

под полна морална, материјална и кривична одговорност.

Изјавил:

Page 4: ОСИГУРУВАЊЕ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА И ПАТНИЧКО …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/GjorgiMenkisoski_bt_juni19.pdf · дали постои франшиза

4

Апстракт

Човечкиот живот и човечката безбедност се едни од најважните сегменти за кои

сите ние се залагаме колективно. Меѓутоа, постојано се случуваат непредвидени работи

врз кои човечката моќ не е доволна за да се заштити од тоа.

Едноставно, некои работи не може да се предвидат кога, како и каде ќе се случат,

ниту пак какви последици истите ќе нанесат. Затоа, Осигурителните компании се

залагаат да помогнат во решавање на проблемите и штетите кои може да настанат од

фактори врз кои човекот нема влијание, или пак штети кои настанале поради човечка

неодговорност или невнимание. Исто така, Осигурителните компании имаат изнајдено

начин како да ги ублажат последиците од настанатите штети, и да извршат компензација

и да надоместат колку што е можно.

Секој заслужува да се чуствува посигурно, без да се плаши за немили настани кои

може да се случат.

Клучни зборови:

Осигуреник, Осигурувач, Осигурителна компанија, штета, премија

Page 5: ОСИГУРУВАЊЕ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА И ПАТНИЧКО …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/GjorgiMenkisoski_bt_juni19.pdf · дали постои франшиза

5

Abstract

The human life and human safety are one of the most important segments for which we

all care for the most. However, often unpredicted events happen in which humans cannot act in

time nor influence on them not to happen. Simply some events cannot be predicted how and

when they will happen nor what kind of aftermath they will leave behind. That is why insurance

companies are working to help at least soften that aftermath. In those worst-case scenarios, they

help us feel at least a minimal relive for the aftermath of the event. Everyone deserves and

wants to feel safer when facing unpleasant events.

Keywords: Damage, insurance user, insurance company, damage

Page 6: ОСИГУРУВАЊЕ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА И ПАТНИЧКО …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/GjorgiMenkisoski_bt_juni19.pdf · дали постои франшиза

6

Содржина:

1. Вовед .................................................................................................................. 8

ГЛАВА 1

1. Поим осигурување и запознавање со основните поими ...............................14

1.1 Учесници на пазарот на осигурување ....................................................... 19

2. Национално биро за осигурување .....................................................................22

2.1 Информациски центар .................................................................................24

ГЛАВА 2

1. Осигурувањ на моторни возила ......................................................................25

1.1 Задолжително осигурување од автомобилска одговорност ...................26

1.1.1 Тарифа за осигурување од автомобилска одговорност .................28

2. Каско осигурување ...........................................................................................36

2.1 Обврски на осигуреникот кога ќе настане осигурен случај ...................39

2.2 Проценка на висина на штетата и надомест ............................................40

3. Измама при осигурување на моторни возила ................................................41

ГЛАВА 3

1. Поим за патничко осигурување ......................................................................43

Page 7: ОСИГУРУВАЊЕ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА И ПАТНИЧКО …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/GjorgiMenkisoski_bt_juni19.pdf · дали постои франшиза

7

2. Обврски за осигуреникот / договарачот на осигурувањето ........................47

3. Исплата и надомест на штета ......................................................................... 49

3.1 Директен надомест .....................................................................................51

3.2 Надомест на трошоци откако Осигуреникот ќе се врати .......................52

4. Враќање на премија и сторно на полиси ........................................................53

ГЛАВА 4

1. Осигурување на моторни возила во Република Германија ..........................56

2. Патничко осигурување во Република Германија ...........................................59

3. Патничко осигурување во Република Србија .................................................63

4. Осигурување на моторни возила во Република Србија .................................68

ГЛАВА 5

1. Анализа на пазарот на осигурување со акцент на каско осигурување и

патничко осигурување

........................................................................................................70

2. Анкета ..................................................................................................................84

3. Заклучок ...............................................................................................................93

Користена литература ...............................................................................................94

Page 8: ОСИГУРУВАЊЕ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА И ПАТНИЧКО …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/GjorgiMenkisoski_bt_juni19.pdf · дали постои франшиза

8

Вовед

Овој магистерски труд е насочен кон истражување и анализа на осигурителниот

пазар во Република Северна Македонија, а акцентот е ставен на осигурувањето на

моторните возила и на патничкото осигурување.

Првиот дел од магистерскиот труд е осврнат кон запознавање со општите поими и

дефиниции кои се среќаваат во текот на целиот понатамошен текст. Во овој дел се

дефинирани и учесниците на осигурителниот пазар и некои институции.

Во вториот дел се разработува осигурувањето на моторните и приклучните возила,

нивна дефиниција, задолжителното осигурување од автомобилска одговорност, како и

каско осигурувањето. При обработката на овој дел, во магистерскиот труд се истражени

условите за осигурување на моторни возила, штетите кои се покриваат со полисата за

каско осигурување, како и начинот и условите за да се добие надомест за настанатата

штета.

Понатаму во третиот дел, направена е детална обработка на патничкото

осигурување кое се подига во осигурителните компании со седиште во Република

Северна Македонија. Исто така, и кај патничкото осигурување е направена детална

анализа за тоа што покрива полисата за патничко осигурување, како таа може да се

искористи, во кои ситуации и под кои услови.

Во другиот дел, направено е истражување за тоа како функционира осигурувањето

на моторни и приклучни возила во Република Сојузна Германија и Република Србија,

како и услови и употреба на патничкото осигурување подигнато од осигурителните

компании кои се со седиште во Германија и Србија.

Page 9: ОСИГУРУВАЊЕ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА И ПАТНИЧКО …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/GjorgiMenkisoski_bt_juni19.pdf · дали постои франшиза

9

За потребите на овој магистерски труд, изработен е анкетен прашалник со

прашања кои се однесуваат на овие две видови на осигурување. Прашалникот е поставен

на 104 испитаници, а целта на овој прашалник беше да се добие приказ на тоа како

граѓаните гледаат на користењето на полиси за осигурување.

Временско определување на прдметот на истражување:

Истражувањето го опфаќа периодот за 2018 година со привремена споредба со

состојбата во 2017 година.

Просторно определување на предметот на истражување:

Истражувањето се одвива на ниво на Република Северна Македонија, Република

Германија и Република Србија

Дисциплинарно определување на предметот на истражување:

Истражувањето е во областа на граѓанското право во поширока смисла, додека во

потесна смисла во областа на осигурителното право.

Поимно категоријален апарат:

Во предметното истражување од особено значење ќе бидат употребувани следните

поими:

Осигуреник, Осигурувач, Осигурителна компанија, полиса на осигурување, премија

- Осигуреникот е лицето кое се осигурува од одредена група на несакани настани за

кои постојат можности да се случат, а осигурувачот е компанијата за осигурување.

Пренесувањето на ризикот се овозможува преку склучување на договор за

осигурување помеѓу двете страни: осигуреникот (лицето кое сака да се заштити од

определен можен ризик кој сеуште не се има случено) и осигурувачот

Page 10: ОСИГУРУВАЊЕ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА И ПАТНИЧКО …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/GjorgiMenkisoski_bt_juni19.pdf · дали постои франшиза

10

(осигурителната компанија). Осигуреник е лицето кое се осигурува. Кога станува

збор за осигурување на имот за сопствена сметка, во тој случај самиот осигуреник

е и договарач на осигурувањето. Обратно, кога станува збор за осигурување на

имот за туѓа сметка, во тој случај осигуреник може да биде едно лице или некои

други трети лица. Доколку се работи за животно осигурување, осигуреник е

личноста за чиј живот се склучува полиса на осигурување. И животното

осигурување може да се воспостави преку договарач на осигурувањето. Корисник

на осигурувањето е правно или физичко лице кое што има право на надомест

доколку се оствари некој осигуран ризик. Еден договор за осигурување може да

гласи на повеќе корисници, па доколку дојде до исплата на надомест, тој надомест

се дели помеѓу корисниците од договорот за осигурување.

- Правното лице кое врши работи на осигурување се нарекува осигурувач, односно

тоа се друштвата за осигурување. Во Република Северна Македонија, друштвата

за осигурување треба да добијат дозвола за работа од Агенцијата за супервизија

на осигурувањето. Работата на друштвата за осигурување се сведува на примање

периодични уплати во форма на премија од договарачот на осигурувањето во

замена за тоа дека на корисникот на осигурувањето ќе му надомести потенцијална

идна штета на осигурениот имот, односно живот. Средствата собрани преку

премии друштвата за осигурување ги инвестираат во дозволени финансиски

инструменти, во согласност со одредбите на Законот за супервизија на

осигурување, од кои со текот на времето ќе остваруваат одреден принос во

зависност од движењата на финансиските пазари.

- Полисата за осигурување е составен дел од договорот за осигурување и

претставува доказ за договореното осигурување. Како основни елементи на

полисата за осигурување се вбројуваат: договорните страни, предметот на

осигурување, лицето кое се осигура, ризикот од кој се осигурува предметот или

лицето, период на траење на осигурувањето и покритието, износ на сумата на

осигурувањето, износ на премијата, датум на издавање на полисата и потпис од

договорните страни. Кога друштвата за осигурување договараат полиси, воглавно

сите полиси подлежат на приближно исти правила и услови. Може да постојат

многу минимални и незначителни разлики во полисата во зависност од тоа од која

Page 11: ОСИГУРУВАЊЕ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА И ПАТНИЧКО …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/GjorgiMenkisoski_bt_juni19.pdf · дали постои франшиза

11

осигурителна компанија е полисата. Ако не е определено поинаку, договорот за

осигурување произведува свое правно дејство почнувајќи од дваесет и четвртиот

час на денот што е означен во полисата за осигурување како ден на почеток на

траење на осигурувањето, па сe до завршувањето на последниот ден на рокот за

кој е договорено осигурувањето.

- Премијата на осигурување е паричен износ кој договарачот на осигурувањето му

го плаќа на агенцијата за осигурување, односно осигурувачот зависно од

потпишаниот договор. Премијата на осигурување се состои од техничка премија и

режиски додаток. При определување на износот на премијата, се зема предвид

дали постои франшиза или не. Постоењето на договорена франшиза значи понизок

износ на премија. Франшизата го претставува делот што осигуреникот го има во

штетата. Франшизата може да се договори како квантитативна и квалитативна.

Кога франшизата ќе се договори како квалитативна, тоа значи дека осигурувачот

ја лимитира својата одговорност така што одредени ризици исклучува да не можат

да подлежат на право на надоместок, бидејќи истите тие ризици може да се

покријат и со друг вид на осигурување. Кога станува збор на квантитативна

франшиза, во суштина станува збор за апсолутниот износ од договорената сума

односно штета.

Цели на истражувањето:

- Општа цел

Општа цел на истражувањето е да се осознаат условите за осигурување на

моторни возила и условите за патничко осигурување, што опфаќаат овие полиси, кои

штети ги покриваат и на кој начин.

- Теоретски цели

Дескрипција на законската регулатива која се однесува на законското

осигурување од одговорност од употреба на моторни возила и условите кои ги налагаат

осигурителните компании во своите пакети за осигурување.

Page 12: ОСИГУРУВАЊЕ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА И ПАТНИЧКО …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/GjorgiMenkisoski_bt_juni19.pdf · дали постои франшиза

12

Експликација односно објаснување за значењето на осигурувањето на моторните

возила и патничкото осигурување, и компаративен приказ на состојбите во Република

Северна Македонија со Република Германија и Република Северна Македонија со

Република Србија .

Прогностика односно идентификување на имплементацијата на осигурувањето на

моторни возила и патничкото осигурување во животот на граѓаните на Македонија во

пракса, потреба за дискусија и дообучување на граѓаните во форма на советувања и

обуки преку кои ќе се обезбеди подобра информираност за осигурувањето.

Очекувани резултати

Осознавање за тоа дали граѓаните на Република Северна Македонија ги

користат овие типови на осигурување.

Осознавање за тоа дали полисите за овие типови на осигурување покриваат

доволен број на различни типови на штети.

Осознавање на условите за осигурување на моторни возила и условите за патничко

осигурување.

Осознавање на значајноста од осигурувањето и користењето на овие типови

полиси.

Осознавање за тоа дали се потребни измени и дополнувања во условите на

користење на осигурување на моторните возила и патничкото осигурување.

Општа хипотеза

Актуелните пакети за осигурување на моторни возила и пакетите за патничко

осигурување нудат разумни и прифатливи услови за нивно користење од страна на сите

граѓани на Република Северна Македонија.

Генерална хипотеза

Page 13: ОСИГУРУВАЊЕ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА И ПАТНИЧКО …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/GjorgiMenkisoski_bt_juni19.pdf · дали постои франшиза

13

Користењето на услугите од осигурителните компании на граѓаните му нудат

поголема сигурност при нивното живеење и движење.

Посебна хипотеза

Успешноста на осигурителните компании во Република Северна Македонија зависи

од законодавната регулатива за давање на ваков тип заштита.

Методолошки приод

Општи методи

Од општите методи ќе биде искористен првенствено компаративниот метод

каде преку споредување на условите за користење на осигурување на моторни возила и

условите за користење на патничко осигурување во Македонија и Германија ќе

добиеме сознанија за тоа до кој степен правилата и условите се универзални, а каде

постојат одредени разлики.

Потоа ќе биде искористен историскиот метод кој ќе ни послужи за да ги проучиме

развојните трендови во областа на осигурувањето на моторните возила и патничкото

осигурување и каков е развојниот тек на бројот на полиси и покриени штети во

изминатата 2018 година.

Посебни методи

Од посебните методи ќе бидат искористени аналитичко – синтетичкиот метод, кој

во суштина се користи во секое истражување и кој помага да се анализириаат

суштинските делови за осигурувањето од гледна точка на осигурениците.

Методолошки постапки и техники

Техниките кои што се користеа во рамките на методите за истражување се:

анализата на условите за осигурување на моторните возила и условите за патничко

осигурување во Македонија и Германија, анализа од изминатата година, спроведена

анкета / прашалник на репрезентативен примерок на испитаници.

Стручна оправданост

Page 14: ОСИГУРУВАЊЕ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА И ПАТНИЧКО …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/GjorgiMenkisoski_bt_juni19.pdf · дали постои франшиза

14

Истражуваната тема, преку својата содржина ќе понуди една поинаква

перцепција за значењето на осигурувањето, не само за патничкото осигурување и

осигурувањето на моторни возила, но за било кој пакет и вид на осигурување. Она што

ќе го понуди ова истражување е прикажување на придобивките од поседување на

полиса за осигурување, анализа на состојбите во Македонија и Германија, како и

мислењето на граѓаните.

Трудот треба да ги доближи овие разработени елементи од оваа бранша заради

разбирање и доверба спрема редовното осигурување, односно до сите инволвирани

страни од оваа бранша.

Научна оправданост

Оправданоста во научната сфера е во насока на елаборирање на резултатите

добиени од ова истражување . Тие резултати ќе послужат за да се дознае колку се

ефикасни осигурувањето на моторните возила и патничкото осигурување преку анализа

и споредба на бројот на настанатите штети и бројот на ликвидирани штети. Исто така,

анализата на штетите кои се покриени со полисите за овие типови на осигурување, дава

дознаење колку осигурувањето на моторните возила и патничкото осигурување се важни

сегменти во човековиот живот. Истражувањето е во насока да помогне во изработка

на други научни истражувања поврзани со оваа тема, како и за иницирање на

интересот кај јавноста во поглед на анализа на осигурителниот систем со особено

внимание на значајноста на осигурувањето на моторните и приклучните возила, како и

патничкото осигурување.

ГЛАВА 1

1. Поим за осигурување и запознавање со основните поими при осигурување

Page 15: ОСИГУРУВАЊЕ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА И ПАТНИЧКО …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/GjorgiMenkisoski_bt_juni19.pdf · дали постои франшиза

15

Основна цел и причина за постоењето на осигурувањето е пренесување на ризикот

кој може да се случи на страната на осигуреникот, кон осигурувачот. Осигуреникот е

лицето кое се осигурува од одредена група на несакани настани за кои постојат можности

да се случат, а осигурувачот е компанијата за осигурување. Пренесувањето на ризикот се

овозможува преку склучување на договор за осигурување помеѓу двете страни:

осигуреникот (лицето кое сака да се заштити од определен можен ризик кој сеуште не се

има случено) и осигурувачот (осигурителната компанија). Сите ризици од кои

осигуреникот сака да се заштити се идни, неизвесни и независни од волјата на

осигуреникот. Ризиците може да се однесуваат на штета која лично може да се случи врз

осигуреникот и да го наштети неговото здравје и живот, или врз неговиот имот кој го

поседува. Доколку потенцијалниот ризик се оствари, тој може да нанесе материјална или

нематеријална штета. Цената која се плаќа за осигурувањето се нарекува премија на

осигурување. Премијата ја опфаќа цената која ја плаќаат голем број на осигуреници кои

се осигураат од ист ризик. Доколку настане извршување на осигурениот ризик, односно

несакан настан за кој осигуреникот има договор за осигурување, друштвото за

осигурување (осигурувачот) му исплаќа на осигуреникот осигурана сума.

Во работи на осигурување е вклучено склучување и исполнување на договорот за

животно и пензиско осигурување, но не и за задолжителното здравствено и пензиско

осигурување.

Со цел договорот за осигурување да биде важечки, понудата за осигурување се

испраќа во писмена форма, и во одреден рок се прифаќа и се потпишува договорот.

Рокот за кој осигурувачот има обврска да одговори на понудата за осигурување е 8

денови од денот кога понудата пристигнала, а 30 денови доколку се работи за полиса за

животно осигурување. Доколку осигурувачот не даде рок во дадениот период, ќе се смета

дека тој ја прифатил понудата. Во Табела 1 е даден опис на обврските кои произлегуваат

од двете договорни страни на осигурувањето: договорот на осигурувањето /

осигуреникот и осигурувачот.

Договорот за осигурување е двострано обврзувачки правен акт со кој договарачот на

осигурувањето се обврзува да здружува определен износ на пари во друштвото за

Page 16: ОСИГУРУВАЊЕ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА И ПАТНИЧКО …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/GjorgiMenkisoski_bt_juni19.pdf · дали постои франшиза

16

осигурување (осигурувач), а друштвото за осигурување се обврзува доколку дојде до

настан кој претставува осигурен случај да му го исплати на осигуреникот или на некое

трто лице надоместот, односно договорената сума. Договорот за осигурување е склучен

кога договарачите ќе потпишат полиза за осигурување или лист на покритие.1

Табела 1

ОБВРСКИ НА ОСИГУРЕНИКОТ И ОСИГУРУВАЧОТ

1 Агенција за супервизија на псигуруваоетп, Пазар на псигуруваое, стр. 11, [2011]

Page 17: ОСИГУРУВАЊЕ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА И ПАТНИЧКО …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/GjorgiMenkisoski_bt_juni19.pdf · дали постои франшиза

17

Осигурениот ризик за кој се изработува договор и полиса за осигурување е неизвесен

настан кој може, но не мора да се случи. Тој е независен од волјата на договорните

страни. Доколку осигурениот ризик се оствари, во тој случај станува збор за осигурен

случај. Кога се случува осигурениот случај, односно кога осигуреникот ќе го пријави кај

осигурувачот, потребна е да се изврши анализа и проценка, и да се утврди дека

осигурувачот немал никаква врска и никаква вина во предизвикувањето, односно не го

сторил тоа намерно со задни намери.

Полисата за осигурување е составен дел од договорот за осигурување и претставува

доказ за договореното осигурување. Како основни елементи на полисата за осигурување

се вбројуваат: договорните страни, предметот на осигурување, лицето кое се осигура,

Обврски на

договарачот на

осигурувањето

Обврски на осигурувачот

При склучување договор за осигурување

Пријавување на околностите

значајни за оцена на ризикот;

Прифаќање на понудата за

осигурување;

Плаќање на премија за

осигурување

Известување на договарачот/

осигуреникот за условите на

осигурување

За времетраењето на осигурувањето

Плаќање на премија за

осигурување; Формирање на технички резерви;

Известување на осигуреникот за

промена на ризикот ; Спроведување мерки на превенција:

Спроведување мерки на

превенција

Активности поврзани со полисата за

осигурување

Кога ќе настапи осигурениот случај

Пријава на штета; Исплата на надомест или на

договорената сума;

Спречување на зголемување на

штетата Покритие на трошоците за спасување

Page 18: ОСИГУРУВАЊЕ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА И ПАТНИЧКО …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/GjorgiMenkisoski_bt_juni19.pdf · дали постои франшиза

18

ризикот од кој се осигурува предметот или лицето, период на траење на осигурувањето и

покритието, износ на сумата на осигурувањето, износ на премијата, датум на издавање на

полисата и потпис од договорните страни. Кога Друштвата за осигурување договараат

полиси, вонглавно сите полиси подлежат на приближно исти правила и усллови. Може да

постојат многу минимални и незначителни разлики во полисата во зависност од тоа од

која Осигурителна компанија е полисата. Ако не е определено поинаку, договорот за

осигурување произведува свое правно дејство почнувајќи од дваесет и четвртиот час на

денот што е означен во полисата за осигурување како ден на почеток на траење на

осигурувањето, па сe до завршувањето на последниот ден на рокот за кој е договорено

осигурувањето.

Листата на покритие е привремена замена на полисата на осигурување која се

издава во случаеви кога не постојат доволно елементи за да се состави полисата. Исто

така, листата на покритие е доказ за склучената полиса за осигурување.

Премијата на осигурување е паричен износ кој договарачот на осигурувањето му

го плаќа на агенцијата за осигурување, односно осигурувачот зависно од потпишаниот

договор. Премијата на осигурување се состои од техничка премија и режиски додаток.

При определување на износот на премијата, се зема предвид дали постои франшиза или

не. Постоењето на договорена франшиза значи понизок износ на премија. Франшизата го

претставува делот што осигуреникот го има во штетата. Франшизата може да се договори

како квантитативна и квалитативна. Кога франшизата ќе се договори како квалитативна,

тоа значи дека осигурувачот ја лимитира својата одговорност така што одредени ризици

исклучува да не можат да подлежат на право на надоместок, бидејќи истите тие ризици

може да се покријат и со друг вид на осигурување. Кога станува збор на квантитативна

франшиза, во суштина станува збор за апсолутниот износ од договорената сума односно

штета.

Постојат три видови на квантитативна франшиза:

Page 19: ОСИГУРУВАЊЕ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА И ПАТНИЧКО …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/GjorgiMenkisoski_bt_juni19.pdf · дали постои франшиза

19

- Интегрална франшиза – Износот на штетата е поголем од износот на

франшизата и се врши исплата на целиот износ на штетата.

- Одбитна – Во овој случај може да се разгледуваат и двете опции:

o Кога штетата е поголема од франшизата, како надомест се исплаќа

разликата помеѓу штетата и франшизата.

o Кога штетата е помала од франшизата, во тој случај не се врши исплата.

- Агрегатна / Фиксна годишна – Исто така, и кај агрегатната франшиза

постојат две опции:

o Кога вкупната штетата е поголема од франшизата се врши целосна

исплата на износот на штетата.

o Кога вкупната штетата е помала од франшизата не се врши исплата.

Осигурениот ризик претставува максимален износ на обврската која ја има

осигурувачот кон осигуреникот , односно максималниот износ што агенцијата за

осигурување ќе му го исплати на осигуреното лице доколку се случи осигурениот случај.

Сумата која што осигурувачот се обврзува да му ја исплати на осигуреникот се нарекува

надомест или договорена сума.

Работите на осигурување се делат на две основни групи: неживотни осигурувања

и оссигурување на живот.

Видови на неживотни осигурувања: 2

- Осигурување од последици на несреќен случај;

- Здравствено осигурување;

- Осигурување на моторни возила (каско осигурување);

- Осигурување на шински возила (каско осигурување);

- Осигурување на воздухоплови (каско осигурување);

- Осигурување на пловни објекти (каско осигурување);

- Осигурување на стока во превоз (карго);

- Осигурување на имот од пожар и други природни непогоди;

- Други осигурувања на имот;

2 Закпн за псигуруваое, “Службен весник на РМ“ бр. 35 од 07.05.2001, чл.5 и чл.7

Page 20: ОСИГУРУВАЊЕ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА И ПАТНИЧКО …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/GjorgiMenkisoski_bt_juni19.pdf · дали постои франшиза

20

- Осигурување на кредити;

- Осигурување на гаранции;

- Осигурување на финансиски загуби;

- Осигурување на правна заштита;

- Осигурување на туристичка помош;

- Осигурување од одговорност од употреба на возила и објекти кои подлежат

на каско осигурување.

Видови на животно осигурување:

- Осигурување на живот;

- Осигурување на брак или породување;

- Осигурување на тонтина;

- Осигурување на средства за исплата.

1.1 Учесници на пазарот на осигурување

Договарач на осигурувањето е правно или физичко лице кое склучува договор за

осигурување со осигурувачот при што плаќа премија на осигурувањето, но тоа не значи

дека договарачот на осигурувањето има право и на надомест.

Осигуреник е лицето кое се осгигурува. Кога станува збор за осигурување на имот за

сопствена сметка, во тој случај самиот осигуреник е и договарач на осигурувањето.

Обратно, кога станува збор за осигурување на имот за туѓа сметка, во тој случај

осигуреник може да биде едно лице или некои други трети лица. Доколку се работи за

животно осигурување, осигуреник е личноста за чиј живот се склучува полиса на

осигурување. И животното осигурување може да се воспостави преку договарач на

осигурувањето.

Корисник на осигурувањето е правно или физичко лице кое што има право на

надомест доколку се оствари некој осигуран ризик. Еден договор за осигурување може да

гласи на повеќе корисници, па доколку дојде до исплата на надомест, тој надомест се

дели помеѓу корисниците од договорот за осигурување.

Page 21: ОСИГУРУВАЊЕ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА И ПАТНИЧКО …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/GjorgiMenkisoski_bt_juni19.pdf · дали постои франшиза

21

Правното лице кое врши работи на осигурување се нарекува осигурувач, односно тоа

се друштвата за осигурување. Во Република Северна Македонија, друштвата за

осигурување треба да добијат дозвола за работа од Агенцијата за супервизија на

осигурувањето.

Поедноставно кажано, работата на друштвата за осигурување се сведува на примање

периодични уплати во форма на премија од договарачот на осигурувањето во замена за

тоа дека на корисникот на осигурувањето ќе му надомести потенцијална идна штета на

осигурениот имот, односно живот. Средствата собрани преку премии друштвата за

осигурување ги инвестираат во дозволени финансиски инструменти, во согласност со

одредбите на Законот за супервизија на осигурување, од кои со текот на времето ќе

остваруваат одреден принос во зависност од движењата на финансиските пазари. 3

Исто така постојат и друштва за реосигурување. Кога ќе настане вишок на ризик над

максимално дозволеното покритие кај друштвата за осигурување, тој вишок се префрла

кон друштвата за реосигурување.

Реосигурувачот е правно лице кое врши работи на реосигурување. Доколку настане

енормна штета која ја надминува границата за износот на надоместокот кој може да го

исплати друштвото за осигурување, во тој случај дел од обврските му се пренесуваат на

реосигурувачот за што му плаќа реосигурителна премија.

Како застапници во осигурувањето најчесто се јавуваат физички лица кои за таа

работа поседуваат лицента доделена од страна на Агенцијата за супервизија на

осигурувањето врз основа на успешно положениот испит од темата на работи на

застапување во осигурувањето.

Застапувањето во осигурувањето претставува подготовка, преговарање и склучување на

договори за осигурување во туѓо име и за туѓа сметка, односно за име и за сметка на

едно или повеќе друштва за осигурување, за производи на осигурување кои не се

конкурентни меѓу себе.

Како што кажавме, дејноста на застапување може да ја вршат само оние кои имаат

добиено лиценца од Агенцијата за супервизија на осигурувањето, и тие лица може да

бидат: 3 Агенција за супервизија на псигуруваоетп, Пазар на псигуруваое, стр, 13, 2011

Page 22: ОСИГУРУВАЊЕ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА И ПАТНИЧКО …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/GjorgiMenkisoski_bt_juni19.pdf · дали постои франшиза

22

- Физички лица кои ја вршат дејноста давање на услуги за застапување во

осигурувањето;

- Друштва за застапување во осигурувањето со седиште во матичната држава;

- Банки.

Осигурителен брокер – тој е должен да ги штити интересите на осигурениците, да

им дава детални појаснувања на осигурениците во врска со осигурувањето, да им ги

разјаснува нејаснотиите и да им дава совети во врска со сите околности и можности кои

осигурениците ги имаат од различните пакети на осигурување во зависност од

осигурителното друштво. Осигурителниот брокер мора да биде вработено лице во

осигурително брокерско друштво. Една од главните обврски на осигурителниот брокер е

да изврши анализи на ризикот и истите во разбирлива форма да му ги пренесе на

осигуреникот. Целта на ова е осигурителниот брокер да му изнајде најдобро решение на

осигуреникот за најсоодветно осигурително покритие. Исто така, осигурителниот брокер

му укажува помош на осигуреникот во текот на важење на договорот за осигурување,

како пред така и по настанување на осигурениот настан, а особено да обезбеди дека

осигуреникот ги извршил правните дејствија во предвидените рокови, а кои се предуслов

за стекнување и уживање на правата кои произлегуваат од договорот за осигурување.

Осигурителниот брокер работи во интерес на договарачот на осигурувањето.

Осигурителниот брокер, доколку посредува во реализација на отштетните побарувања, е

должен да соработува со надлежните лица - служби на клиентот, за подготовка на

доказна документација за основата и висината на отштетното побарување, како и да

прибира други потребни докази.

Осигурителните брокери вршат осигурително брокерскки работи кои опфаќаат

одредени активности кои може да се поделат во две групи:

- Посредување во договарање или вршење работи за склучување договори за

осигурување;

- Помош при извршување на правата од договорите за осигурување, односно

за реосигурување, а особено при решавање на отштетни побарувања по

основ на остварен осигурен настан.

Кога застапниците на осигурувањето, односно осигурителните брокери на договарачот на

осигурувањето треба да му дадат одредени податоци кога се склучува договор за

Page 23: ОСИГУРУВАЊЕ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА И ПАТНИЧКО …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/GjorgiMenkisoski_bt_juni19.pdf · дали постои франшиза

23

осигурување, кога се врши измена на договорот или пак кога се врши реосигурување. Тие

податоци се:

- Име, презиме и адреса;

- Регистар во кој е пријавен и начин за негова проверка;

- Друштво за застапување, осигурување и реосигурување во кое работи или за

кое работи;

- Назив на друштвото за осигурување и реосигурување со кое има склучено

договор;

- Податоци за вонсудска постапка при решавање на спорови помеѓу

договарачот на осигурувањето или реосигурувањето, со друштвото за

осигурување односно реосигурување;

- Податоци за интерна постапка на решавање на претставки на осигуреници.

2. Национално биро за осигурување

Националното биро за осигурување е правно лице и неговото основање и работење е

регулирано со Законот за задолжително осигурување во сообраќајот. Националното биро

за осигурување, односно НБО е основано и управувано од сите друштва во Република

Северна Македонија кои се занимаваат и вршат работи на осигурување, поточно оние

друштва за осигурување кои вршат осигурување од автомобилска одговорност.

Друштвата за осигурување мора да бидат со седиште во Република Северна Македонија.

НБО врши работи согласно меѓународните спогодби за осигурување од одговорност за

сопствениците и корисниците на моторни возила и ги претставува друштвата за

осигурување пред меѓународните организации за друштва на осигурување. Националното

биро за осигурување има задача да издава и да печати зелени картони за потребите на

нејзините членки. НБО соработува со Министерството за Финансии на Република

Северна Македонија кога се работи за одделни прашања. На пример, Националното биро

за осигурување се консултира со Министерството за финансии за прашања поврзани со

висината на дополнителната премија која се пресметува при издавање на меѓународни

Page 24: ОСИГУРУВАЊЕ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА И ПАТНИЧКО …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/GjorgiMenkisoski_bt_juni19.pdf · дали постои франшиза

24

зелени картони. За износот на висината на дополнителната премија мора да се донесе

одлуга која ќе биде поддржана од Министерството за финансии. Националното биро за

осигурување е задолжено да врши статистичка евиденција и да врши статистичка

обработка на статистичките податоци кои ги добива од друштвата за осигурување со

седиште во Република Северна Македонија. Статистичките податоци ги обработува

според статистички осигурителни стандарди. Задача на Националното биро за

осигурување е да ги објавува обработените податоци квартално, на својата интернет

старница. Исто така Националното биро за осигурување е должно да воспоставува

централен систем и истиот да го одржува, а тој централен систем служи за евиденција на

полиси и штети од употребата на моторни возила. Националното биро за осигурување

врши рабти кои се од заеднички интерес на друштвата за осигурување согласно Законот

за трговски друштва. Исто така кодексот врз основа на кои се однесуваат и делуваат

друштвата за осигурување, е донесен од Националното биро за осигурување. Согласно

Законот за задолжително осигурување во сообраќајот, Друштвата за осигурување кои

вршат работи на задолжително осигурување од автомобилска одговорност се членки на

Националното биро за осигурување. Националното биро за осигурување врши и други

работи кои се поврзани со овој закон.

Националното биро за осигурување има свој гарантен фонд. Гарантниот фонд се

средствата кои Националното биро за осигурување ги користи за извршување на

обврските кои што произлегуваат од настанатите штети без разлика дали штетите се

настанати на територијата на Република Северна Македонија или надвор од нејзините

граници. Овие штети кои се покриваат од гарантниот фонд на НБО се настанати од

страна на непознати, неосигурани возила или пак возила кои се осигурани кај

осигурителни компании кои се под стечај, како и за штети од возила со странски

регистарски ознаки кои се настанати на територијата на Република Северна Македонија.

2.1 Информациски центар

Во рамките на Националното биро за осигрување, основан е Информациски центар.

Целта на неговото основање е да ја зголеми ефикасноста за донесувањена решенија кога

Page 25: ОСИГУРУВАЊЕ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА И ПАТНИЧКО …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/GjorgiMenkisoski_bt_juni19.pdf · дали постои франшиза

25

станува збор за настанати штети во сообраќајот со употреба на моторни возила на

територијата на Република Северна Македонија и на територијата на патаиштата на

земјите членки на системот на Зелена карта. Вонглавно, ја зголемува ефикасноста кога

одлуките се однесуваат за решавање на барањата за надомест на штета која настанала на

македонските патишта предизвикана со употреба на моторно возило.

Информацискиот центар извршува одреден број на задачи како што се:

- Ги собира податоците и води регистри на податоци;

- Врши постојано обновување на податоците кои ги чува во регистарот;

- На оштетените лица им нуди помош кога е потребно тие да дојдат до

одредени податоци од регистарот;

- На оштетените лица им помага при собирање на податоци и од регистрите

на информациските центри во земјите членки на системот на Зелена карта.

Податоците кои се чуваат во Регистарот на информацискиот центар се собираат од бројот

на регистрирани возила во друштвата за осигурување.

Податоците кои ги собира информацискиот систем мора да ги чува најмалку 7 години

откако ќе измине валидността на регистрацијата на моторното возило, или 7 години

откако ќе измине рокот на договорот за осигурување.

Регистрите содржат податоци кои се однесуваат на:

- Регистарски ознаки од регистарските таблици;

- Каросерии на возилата регистрирани во Република Северна Македонија.

Тука се зачувуваат податоци за видот, типот, марката и бројот на шасии;

- Важност на траење, односно кога истекува датумот на важност на полисата

за осигурување од автомобилска одговорност;

- Податоци за друштвата за осигурување кои вршат задолжително

осигурување од автомобилска одговорност: име и адреса на тие

осигурителни друштва;

- Лични податоци на осигуреникот: име, презиме, матичен број, адреса на

постојано место на живеење, датум и место на раѓање, адреса на привремено

живеалиште;

Page 26: ОСИГУРУВАЊЕ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА И ПАТНИЧКО …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/GjorgiMenkisoski_bt_juni19.pdf · дали постои франшиза

26

- Име, адреса и седиште на овластените претставници кои се означени од

друштвата за осигурување на другите земји членки на Европската Унија во

Република Северна Македонија;

- Листа на моторните возила за кои не важат одредбите за задолжително

осигурување од автомобилска одговорност на територијата на Република

Северна Македонија.

ГЛАВА 2

1. Осигурување на моторни возила

Според Законот за задолжително осигурување во сообраќајот, под поимот моторни

возила се подразбира моторни и приклучни возила.

Моторно возило е секое возило на моторен погон, кое вообичаено се користи за

превоз на лица и стока на патишта или за влечење на возила на патиштата и кое има

најмалку четири тркала и максимална проектирана брзина над 25 km/h.4

Според Член 62 од Законот за осигурување, моторните и приклучните возила се

дефинираат под една дефиниција како возила на моторен погон што се движат по јавен

пат на кој се врши сообраќај што според прописите за друмските возила, мораат да имаат

сообраќајна дозвола која се продолжува во рокови не подолго од 12 месеци, при

претходен технички преглед. Во истиот член, став 2, се наведува дека регистрација на

моторно и приклучно возило, продолжување на регистрација и издавање на пробни

таблички може да се изврши откако на органот надлежен за регистрација ќе му биде

поднесен доказ за склучениот договор за осигурување.5

Во сообраќајот на патиштата може да учествуваат возила со домашни или странски

регистарски таблички, со постојани таблици или пак со таблици за пробно возење, што се

технички исправни и задолжително имаат склучено осигурување од одговорност во

4 Закпн за впзила, Службен весник на РМ, бр. 140/08, чл. 3

5 Закпн за псигуруваое , Службен весник на РМ, бр. 35 пд 07.05.2001, чл. 62

Page 27: ОСИГУРУВАЊЕ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА И ПАТНИЧКО …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/GjorgiMenkisoski_bt_juni19.pdf · дали постои франшиза

27

сообраќајот. При поднесување на барање за регистрација на возилото, задолжително е да

се поднесе писмен доказ за извршено осигурување на моторното возило. Доказот за

извршеното осигурување е неопходно да се прикаже при секоја регистрација.

Осигурувањето на моторните возила е поврзано и со издавањето на сообраќајна дозвола.

Сообраќајната дозвола за новите и за останатите возила се издава единствено само за

време за кое е склучено задолжителното осигурување. Обновувањето на полисата за

осигурување е задолжително. Доколку задолжителното осигурување престане да важи,

без разлика дали сообраќајната дозвола сеуште важи, сопственикот на регистрираното

моторно возило е должен да го одјави своето возило кај органот што го регистрирал.

Доколку и после 30 денови од одјавувањето сопственикот на моторното возило не го

обнови задолжителното осигурување, тој мора да ги врати и регистарските таблички.

1.1 Задолжително осигурување од автомобилска одговорност

Осигурувањето од одговорност служи за да ги покрие ризиците при вршење на некои

професионални дејности, да се предизвикаат штети поради невнимание на трети лица.

Постојат професии каде што осигурувањето од одговорност е задолжително, како што се:

туристички агенции, адвокати, друштва за ревизија, лекари, издавачи на електронски

сертификати, осигурителните брокерски друштва, нотари, градежни работници. Овие

професии мора да бидат осигурани од одговорност поради за штети кои би можеле да ги

предизвикаат поради невнимание.

Сопствениците, односно корисниците на моторни возила, со Законот за задолжително

осигурување во сообраќајот се обврзани, пред да се вклучат во сообраќајот да купат

полиса од автомобилска одговорност, со која се обезбедува сопственикот од одговорност

спрема трети лица за причинети штети кои за последици можат да имаат: смрт, телесна

повреда и нарушување на здравјето, уништување и оштетување предмети.

Тарифата за осигурување од автомобилска одговорност ја утврдува Комисија за

автоодговорност при Владата на Република Северна Македонија.

Владата на Република Северна Македонија носи одлука за висината на минималната и

максималната техничка премија.

Page 28: ОСИГУРУВАЊЕ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА И ПАТНИЧКО …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/GjorgiMenkisoski_bt_juni19.pdf · дали постои франшиза

28

Цената зависи од моќноста на моторот на вашето возило изразена во KW, на која се

пресметува бонус (попуст), доколку во минатите години осигуреникот не предизвикал

штета(и) по овој основ, и малус (доплаток), доколку осигуреникот во минатите години

предизвикал штета(и) по автомобилска одговорност.

Со полисата за осигурување од автомобилска одговорност може да се склучат следните

дополнителни осигурувања:

- Осигурување од автомобилска одговорност за штети предизвикани на трети лица

во странство - Зелена карта

- Осигурување на возачот и патниците од последици на несреќен случај - незгода

- Дополнително каско осигурување стакла од кршење на патнички возила, товарни

возила и автобуси.

Зелената карта е проширување на територијалното покритие на осигурувањето од

автоодговорност. Истата е задолжителна доколку се изврши патување во странство со

сопствено моторно возило со цел да се покријат штетите што сo употрeба на моторното

возило ќе бидат причинети на трети лица. Зелена карта или Меѓународен сертификат за

осигурување на моторни возила го гарантира осигурителното покритие кога се патува во

земји членки на системот на зелена Карта во согласност со законодавството и

минималните лимити на осигурително покритие во земјата на сообраќајната незгода.

Валидна зелената карта е онаа која има задолжителна форма и содржина и се издава со

авторизација на Националното Биро за осигурување на Македонија врз основа на

Препорака бр.5 од Европската комисија и U.N. Road Transportation Commission. Зелената

карта се издава врз основа и во период на валидност на полисата за задолжително

осигурување од автоодговорност.

Доколку се плати доплатна премија за соодветното моторно возило за кое е издадено

и зелена карта, во договорот за осигурување се наведува и осигурително покритите за

штети кои настануваат во земјите членки на системот на зелена карта во период додека

важи зелената карта, а во висина на минималниот осигуран износ во странската земја,

освен ако покритието од полисата за осигурување е поповолно за осигуреникот.

Page 29: ОСИГУРУВАЊЕ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА И ПАТНИЧКО …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/GjorgiMenkisoski_bt_juni19.pdf · дали постои франшиза

29

Осигуреникот ги губи правата од полисата и е должен да го плати износот што

осигурителната компанија како надомест на штета го исплатила на третото лице во

следниве случаи:

- Не склучил полиса за осигурување од автомобилска одговорност

- Возилото го управувало и користело неовластено лице

- Управување со возило без валидна возачка дозвола

- Возилото го управувал под дејство на алкохол, дрога и други наркотици

Доколку врз објекти и возила настане штета која не ги оштетува виталните значајни

делови за управување и запирање на возилото, односно доколку возилото самостојно

може да се движи во сообраќајот без да биде влечено или товарено за пренесување со

друго возило, во тој случај станува збор за мала материјална штета. При обработка и

решавање на отштетно побарување за настанатата штета во сообраќајна несреќа

евидентирана со Европски извештај, не постои законска основа за ограничување на

висината на надоместот за штетата.

1.1.1 Тарифа за осигурување од автомобилска одговорност

Врз основа на член 45 став (1) од Законот за задолжително осигурување во

сообраќајот („Службен весник на Република Македонија“ бр. 88/05, 70/06, 81/08, 47/11,

135/11, 112/14 и 145/15), Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност на

седницата одржана на 15.10.2018 година ја донесе Тарифата на премии за осигурување

на сопствениците на моторни возила од одговорност за штети предизвикани на трети

лица.

Оваа Тарифа се применува за осигурување на сопствениците на моторни и

приклучни возила од одговорност за штети причинети на трети лица во согласност со

Законот за задолжително осигурување во сообраќајот и Условите на осигурување од

автомобилска одговорност.

Page 30: ОСИГУРУВАЊЕ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА И ПАТНИЧКО …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/GjorgiMenkisoski_bt_juni19.pdf · дали постои франшиза

30

Моторните и приклучните возила кои се предмет на оваа Тарифа се распоредени во

следните Тарифни групи:

1. Тарифна група 1 - Патнички возила;

2. Тарифна група 2 - Товарни возила;

3. Тарифна група 3 - Автобуси;

4. Тарифна група 4 - Влечни возила;

5. Тарифна група 5 - Специјални возила;

6. Тарифна група 6 - Моторцикли;

7. Тарифна група 7 - Приклучни возила;

8. Тарифна група 8 - Моторни возила со странска регистрација;

9. Тарифна група 9 - Работни возила.

Тарифните групи се составен дел на оваа Тарифа и истите се дадени во прилог на

Тарифата.

Премијата за осигурување која ја плаќа договорувачот на осигурувањето – осигуреникот,

е бруто премија која се состои од техничка премија и дел на премија за вршење на

дејноста на осигурувањето. Техничката премија покрај дел од премијата наменет за

исполнување на обврските од договорите за осигурување - ризико премија, содржи и дел

за оптеретување на сигурност. Делот на премија за вршење на дејноста на осигурување не

може да изнесува помалку од 15% од техничката премија и во него се вклучени

издвојувањата на друштвата по однос на Законот за безбедност во сообраќајот, Закон за

пожарникарство и др. Делот на премија за вршење на дејноста на осигурување се додава

на техничката премија, за сите Тарифни групи како и внатре во Тарифните групи. Делот

на премија за вршење на дејноста на осигурување се утврдува со посебна одлука на

Друштвото за осигурување. Со оваа Тарифа се утврдува висината на техничката премија

по тарифни групи, искажана во процент од минималната односно максималната стапка на

техничка премија за основен премиски степен 10 (премија без бонус и малус), искажана

во денари, согласно последната Одлука на Владата на Република Македонија за

утврдување на минимална и максимална стапка на техничка премија, објавена во

„Службен весник на Република Македонија“.

Page 31: ОСИГУРУВАЊЕ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА И ПАТНИЧКО …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/GjorgiMenkisoski_bt_juni19.pdf · дали постои франшиза

31

Износот на премијата за осигурување се менува, доколку договорот за

осигурување трае помалку од една година. Во Табела 2 е прикажан износот на премијата

како процентно учество од бруто премијата.

Табела 2

ИЗНОС НА ПРЕМИЈАТА КАКО ПРОЦЕНТНО УЧЕСТВО ОД БРУТО ПРЕМИЈАТА

Секако, постојат исклучоци при пресметување на износот на премијата заради

услогласување на траењето на осигурувањето со датумот на регистрацијата. Затоа

постојат случаеви кога премијата се пресметува по принципот про рата темпорис, а не

според табелата за краткорочно осигурување. Премијата може да се пресметува за траење

на осигурување максимум до една година.

При осигурување на моторните возила од автомобилска одговорност, во Законот за

осигурување на автоодговорност е пропишано утврдување на премијата во зависност од

остварен штетен настан. Овие одредби се однесуваат на сопствениците на моторни и

приклучни возила опфатени со сите Тарифни групи, освен на сопствениците на странски

моторни возила. Според тоа, кога осигуреникот, односно договарачот на осигурувањето

склучува договор за осигурување на моторно возило за прв пат, тој плаќа премија според

основниот премиски степен – 10. Во зависност од тоа дали било пријавено штета во

изминатиот период на осигурување по истекот на договорот за осигурување се менува и

Page 32: ОСИГУРУВАЊЕ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА И ПАТНИЧКО …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/GjorgiMenkisoski_bt_juni19.pdf · дали постои франшиза

32

премискиот степен. Премискиот степен не се менува доколку се промени друштвото на

осигурување. Најповолен премиски степен е 1. Па така, по истекот на секој период каде

што не е пријавено штета, со продолжувањето на договорот за осигурување на

осигуреникот му се одобрува одреден попуст на премијата. Тоа значи дека осигуреникот

слегува во понизок премиски степен. Во обратен случај, доколку во изминатиот период

биде пријавено штета, осигуреникот се качува на наредниот премиски степен. Доколку се

ријават повеќе штети, но предизвикани во еден ист осигуран настан, тогаш тоа се смета

како една штета. Осумнаесеттиот премиски степен е најнеповолен степен. Во Табела 3 се

прикажани премиските степени и премијата во проценти за основен степен 10.

Во пракса постојат случаеви кога осигуреникот докажува дека не бил виновен за штетата

настаната од настанатиот осигурен настан, па заради тоа добива повраток на премијата

откако ќе приложи одредени докази. Износот на повратокот на премијата се пресметува

како разлика помеѓу премијата без малус и премијата заедно со малус.

Со цел да се утврдат основните податоци за возилото како што се марка, тип, мотор,

број на седишта, носивост и слично, како веродостоен документ се смета потврдата за

регистрација, односно сообраќајната дозвола.

Доколку за моторното возило сеуште не е издадено сообраќајна дозвола, односно потврда

за регистрација, во тој случај податоците од производителот кои се наоѓаат на возилото

се сметаат како меродавни докази.

Најголема премија се употребува во тој случај кога сообраќајната дозвола дозволува

повеќекратна можност за користење на возилото.

За оние возила кои во период од една година осигуран период се користат пократко

време од тоа, како што се сезонски возила за чистење снег или за асфалтирање на улици,

во тој случај годишната премија е неделива. Тоа значи дека не може да се договори

осигурување со премија која е помала од премијата за една година.

Неискористениот дел од премијата може да се врати доколку возилото е одјавено кај

надлежните органи, а воедно , нема пријавено никаква штета во тој период.

Доколку возилото ја промени својата намена додека трае осигурувањето, се пресметува

разлика помежу досегашната премија и новата премија.

Доколку се појави случај кој не е предвиден во планот за тарифи, премијата ја

утврдува Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност.

Page 33: ОСИГУРУВАЊЕ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА И ПАТНИЧКО …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/GjorgiMenkisoski_bt_juni19.pdf · дали постои франшиза

33

Табела 3

ПРЕМИСКИ СТЕПЕНИ И ПРЕМИЈА ВО ПРОЦЕНТИ ЗА ОСНОВЕН СТЕПЕН 10

Во случај кога за моторното или приклучното возило е склучен договор за лизинг,

корисникот има обврска за плаќање на малусот и тој има право на користење на бонусот.

На договорувачот на осигурувањето – осигуреникот кој во континуитет имал

склучено осигурување за шест или повеќе моторни возила и кај кого меродавниот

технички

резултат во изминатите три години на осигурување изнесува помалку од 80%, за

следниот

период на осигурување му се одобрува попуст (бонус) на премијата во висина од една

половина од разликата меѓу 80% и процентот на остварен меродавен технички резултат,

согласно следната формула:6

6 Закпн за задплжителнп псигуруваое вп сппбраќајпт, Службен весник на РМ, бт. 145/15, чл,45

Page 34: ОСИГУРУВАЊЕ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА И ПАТНИЧКО …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/GjorgiMenkisoski_bt_juni19.pdf · дали постои франшиза

34

Во формулата,

П – Премија за следниот период на осигурување,

ОП – Основна премија, и

МТР – Меродавен технички резултат (во %).

Во случај кога договарачот на осигурувањето има склучено договор за

осигурување на едно до пет моторни возила, му се пресметува дополнителна премија за

следната година доколку во изминатата година настанале две или повеќе штети.Доколку

настанат 4 или повеќе штети, доплатата за премијата се зголемува два пати повеќе од

износот на премијата односно 200%.

На договорувачот на осигурувањето – осигуреникот кој имал склучено

осигурување за шест или повеќе моторни возила и кај кого меродавниот технички

резултат во изминатата година на осигурување изнесува повеќе од 120%, за следниот

период на осигурување му се пресметува доплаток (малус) на премијата во висина од

една половина од разликата меѓу процентот на остварен меродавен технички резултат и

120%, при што доплатокот не може да изнесува повеќе од 100% од основната премија,

согласно следната формула:

Каде што:

П – Премија за следниот период на осигурување,

ОП – Основна премија, и

МТР – Меродавен технички резултат (во %). 7

7 Закпн за задплжителнп псигуруваое вп сппбраќајпт, Службен весник на РМ, бт. 145/15, чл,45

Page 35: ОСИГУРУВАЊЕ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА И ПАТНИЧКО …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/GjorgiMenkisoski_bt_juni19.pdf · дали постои франшиза

35

Како основа за зголемување на премискиот степен при случај на штета, се зема

осигурувањето. Доколку сопственикот на моторното возило го одјави возилото кај

надлежните органи или пак доколку ја пренесе сопственоста на трето лице, а во тој

период го користи правото на попуст, тоа право на попуст може да го пренесе на новото

возило доколку купи ново моторно возило доколку тоа е од иста тарифна група од

одјавенотот или отуѓено моторно возило.

При утврдувањето на меродавниот технички резултат се применуваат и следните

одредби: 8

- На возилата што договорувачот на осигурување – осигуреникот, ги набавил во

тековната година на осигурување не се пренесува бонусот или малусот, се до наредната

година на осигурување кога и на тие возила ќе започне да се пресметува бонусот или

малусот како за останатите возила од флотата;

- Одредбите за утврдување на премијата во зависност од техничкиот резултат се

применуваат само на договорувачот на осигурување – осигуреникот, кој на 31.12 од

претходната година имал склучено осигурување за шест или повеќе возила;

- Осигурувачот и договорувачот на осигурувањето – осигуреникот имаат право да

побараат повторна пресметка на бонусот, односно малусот, ако дополнително се увиди

дека во пресметката не се земени отштетни барања што се основани, односно биле

земени барања кои не биле основани.

Исто така, висината на премијата може да се определи и споредн возраста на

осигуреникот. Доколку возраста на осигуреникот е до 22 години, доплатокот на

премијата изнесува 15%, за возраст од 22 до 26 години, додатокот е 10%, а за возраст од

над 70 години, додатокот е 15%.

Договор за осигурување од автомобилска одговорност може да се направи и за

посебен вид на осигурувања. На посебните видови на осигурување од автомобилска

одговорност не се применуваат одредбите од пропишаната пресметка на премија за

краткорочно осигурување. Исто така не се применуваат одредбите за начинот на

пресметка на про рата темпорис за бонус и малус за проширување на обемот на

покритието по тарифата.

8 Закпн за задплжителнп псигуруваое вп сппбраќајпт, Службен весник на РМ, бт. 145/15, чл,45

Page 36: ОСИГУРУВАЊЕ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА И ПАТНИЧКО …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/GjorgiMenkisoski_bt_juni19.pdf · дали постои франшиза

36

Постојат неколку видови на посебни осигурувања, и тоа:

- Осигурување на возила за време на пробни возења и престој во складишта;

- Осигурување на возила за време на доопремување на сопствени оски;

- Осигурување на моторни возила со пробни таблици;

- Осигурување на возила за време на мобилизацијаод страна на власта и за

време на разни самозаштитни акции.

2. Каско осигурување

При регистрација за учество во сообраќајот, секое моторно возило мора да биде

осигурано односно да поседува полиса. Меѓутоа, таа полиса за регистрација претставува

полиса за осигурување од автомобилска одговорност. Со таа полиса се заштитува возачот

доколку нанесе штета на трето лице, ап трошоците од штетата ги сносува одигурителното

друштво, а не возачот кој има договор за осигурување од автомобилска одговорност.

Полисата за автоодговорност кое спаѓа во задолжително осигурување на моторните

возила не се однесува на заштита и покривање на штета на моторното возило на

причинителот на штетата односно осигуреникот, туку таа полиса се однесува за

покривање на штетата на возилото врз кое осигуреникот ќе нанесе штета. Токму затоа

постои Каско осигурување. Каско полисата ги покрива штетите кои настануваат врз

моторното возило на осигуреникот, без разлика дали настатата штета е по негова вина, по

вина на трети лица или пак непредвидена природна појава. Ризиците кои ги покрива Каско

осигурувањето се следни:

- Сообраќајна незгода;

- Кражба и противправно одземање;

- Пожар;

- Природна непогода: удар на гром, олуја, поплава, град, лавина и сл;

- Пад или удар на некој предмет врз возилото;

- Манифестации и демонстрации.

При Каско осигурување, полисата може да ги опфаќа сите или некои од овие ризици.

Page 37: ОСИГУРУВАЊЕ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА И ПАТНИЧКО …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/GjorgiMenkisoski_bt_juni19.pdf · дали постои франшиза

37

Предмет на осигурување на Каско полисата се моторните и приклучните возила,

заедно со аудиоапаритите, алатиите и останатиот прибор кој стандардно се испорачани

од страна на производителот. Доколку предмет на договор се посебни видови на

осигурувања, тогаш предмет на осигурување може да бидат и други дополнителни алати

и дополнителна опрема, приклучни уреди и резервни делови како што се радиопарат,

радиоапарат со ЦД и USB, екрани и таблети и слично, кои не се официјално вградени од

страна на производителот на моторното возило, туку осигуреникот ги има додадено

натхадно. Каско осигурувањето не ја покрива штетата на тие одредени делови и алати,

доколку истите тие не се наоѓаат во/на возилото за време на настанување на штетата.

При утврдување на цената на полисата, во предвид се земаат неколку фактори, како

што се:

- Новонабавна цена на возилото;

- Избраното осигурително покритие;

- Дали осигурувањето ќе биде со или без франшиза;

- Попусти кои би можеле да се добијат во зависност од тоа дали Каско

полисата се вади кај истата осигурителна компанија од каде што е и

полисата за автомобилска одговорност, и според тоа дали во изминатиот

период е настаната некаква штета или не.

Во овој магистерски труд се разгледуваат неколку опции што би можеле да се случат,

и како Каско осигурувањето ќе влијае врз тие несакани настани и во покривање на

штетите.

Кога се работи за настанати мали штети, за разрешување на проблемот и штетата се

користат прописите од европскиот записник. Меѓутоа, доколку се работи за поголеми

настанати штети како што се штети настанати од пожар, експлозија, кражба, незаконско

одземање, вандализам од трети лица, сообраќајка и слично, потребно е да се повика

полиција која ќе изработи записник. Полицискиот записник кој се прави веднаш на лице

место во моментот на настанување на штетата или по многу краток период, е најдобар

доказ кој може да се искористи пред осигурителната компанија. Секако, наведените

штети настанати од овие ризици претходно мора да бидат наведени во полисата за Каско

осигурување. Во спротивно, осигурителната компанија нема никаква обврска за

покривање на штетата. Доколку постои Каско полиса за тие настани, осигурителната

Page 38: ОСИГУРУВАЊЕ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА И ПАТНИЧКО …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/GjorgiMenkisoski_bt_juni19.pdf · дали постои франшиза

38

компанија ќе даде позитивен одговор за покривање на штетата врз основа на

полицискиот записник. Временскиот рок во кој осигуреникот е должен да ја пријави

штетата во осигурителната компанија е максимум 3 дена од денот на настанување на

штетата. Откако претставник од осигурителната компанија ќе изврши увид и проценка на

штетата, се врши надомест на штетата во зависност од тоа колкава е штетата и дали

постои франшиза која може да ја покрие штетата.

Осигурувачот нема обврска да ги надомести штетите од кражба, противправно

одземање на возилото и разбојништво, во случаите кога осигуреникот на било кој начин

со своето несовесно однесување или од небрежност допринел или поттикнал

настанување на осигурен случај(пр. оставање на отворено возило со или без клучеви,

оставање на возило на доверба во перална, сервис и др,). Во секој случај на настанување

на штета од ризик кражба, противправно одземање на возилото и разбојништво,

осигуреникот е должен да ги достави двата клучеви од возилото кое е предмет на

осигурување до осигурувачот веднаш по настанување на осигурен случај, во спротивно

осигурувачот не е во никаква обврска да ја надомести штетата.

Се смета дека осигурениот случај настанал, доколку возилото не се пронајде во рок од

60 дена, сметано од денот на пријавување на кражба на возилото до надлежната служба

при Министерството за внатрешни работи. Претходно наведениот рок не важи за штети

настанати поради кражба на делови од возило, алат, прибор, резервни и други делови.

Штетите настанати поради кражба на делови од возило, алат, прибор, резервни и други

делови се опфатени со осигурување само ако деловите, алатот и приборот, во моментот

на извршувањето на кражбата биле прицврстени на возилото или ако се наоѓале во

заклучено возило.

Како што е споменато и претходно во магистерскиот труд, франшизата претставува

учество на осигуреникот во штетата. Доколку во договорот за Каско осигурување постои

франшиза, во тој случај при покривање на штетата осигурителната компанија ислајќа

сума која е еднаква на разликата помеѓу износот на вкупната штета и износот на

франшизата.

Во случај доколку моторното возило е украдено или пак врз него е нанесена штета

која не е исплатливо да се поправи или пак не е во можност да се поправи, тогаш

осигурителната компанија исплајќа надомест кој е еднаков на пазарната вредност на

Page 39: ОСИГУРУВАЊЕ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА И ПАТНИЧКО …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/GjorgiMenkisoski_bt_juni19.pdf · дали постои франшиза

39

автомобилот. Повторно и во овај случај износот на испалтата се намалува за износот на

франшизата доколку таа постои.

Доколку штетата е настаната поради незаконска состојба на осигуреникот како што се

дрога, алкохол и други психотропни супстанци, осигурителната компанија не ги покрива

трошоците за настанатата штета.

Со Каско осигурување не се опфатени одредени штети, и тоа:

- штети на возила настанати од поплави предизвикани со излевање од канализациона

мрежа, освен ако до излевање дошло поради поплави или порои;

- штети на возила настанати додека возилата се наоѓаат на простор помеѓу поток,

односно река и насип, односно во живо или суво корито на река или поток, освен ако не е

поинаку договорено.

- штети на возило настанати со движење на возилото низ поплавено подрачје, речно

корито или поток и кога на возачот му било познато дека се движи во пресрет на

стихијно дејствона вода, освен кога се работи за спасување на лица и имоти.

Кога станува збор за пренесување на правата од Каско полисата, тие не се

пренесуваат на новиот сопственик на моторното возило доколку тоа возило се отуѓи за

време додека сеуште трае Каско осигурувањето.

Постојат одредена група на ризици за кои може да се договори делумно Каско

осигурување, како што е делумно осигурување од кршење и оштетување на стаклата на

моторното возило кои се наоѓаат на вратите од возилото.

2.1 Обврски на осигуреникот кога ќе настани осигурениот случај

Кога ќе настане осигурен случај врз основа на кој се бара надомест за осигурување,

осигуреникот е должен:

- доколку е можно, да спречи понатамошно оштетување на осигурениот предмет и да

преземе можни мерки кои во моментот се возможни за да ја намали штетата па дури и

целосно да ја отстрани;

Page 40: ОСИГУРУВАЊЕ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА И ПАТНИЧКО …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/GjorgiMenkisoski_bt_juni19.pdf · дали постои франшиза

40

- осигуреникот е должен да го пријави случувањето на осигурениот настан веднаш или

најдоцна до 24 часа, а во рок од 3 дена задолжително е да поднесе и писмена потврда за

настанатата штета, за оштетените или исчезнати предмети;

- во сите случаи предвидени со прописите, а особено кога штетата е предизвикана од

пожар, експлозија, кражба, противправно одземање, разбојништво и сообраќајна незгода,

неизбежно е да пријави на надлежните органи за внатрешни работи и назначи кои

предмети се оштетени, односно, уништени или се нестанати при настанување на

осигурениот случај;

- да достави до осигурувачот попис на сите настанати штети, на уништените и на

исчезнатите работи;

- додека претставнико од осигурителната компанија не дојде да изврши увид на местото

на настанатата штета, осигуреникот не смее да го преместува моторното возило и другите

делови кои влегуваат во договорот за Каско осигурување, освен со исклучок кога

поместувањето е неопходно за спречување на дополнителна штета или пак поради

опшествено добро.

Со Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, предвидени се случаеви за кои

осигуреникот е должен да ги повика надлежните органи за внатрешни работи при

настанување некаква штета или исчезнување поврзано со моторното возило.

2.2 Проценка на висината на штетата и надомест

Доколку несаканиот настан предизвика целосно уништување на моторното возило и

повеќе тоа не може да се обнови и да продолжи да се користи, или пак доколку

моторното возило е исчезнато и не се пронајде во предвидениот рок, тоа значи дека е

настаната тотална штета на возилото. При тотална штета, висината на надоместокот се

пресметува според вредноста на возилото намалена за износот на пазарната вредност на

остатоците од возилото. Пазарната вредност на остатоците од возилото се утврдува

според актите на осигурувачот.

Кога штетата нанесена врз моторното возило и врз останатите осигурани предмети

кои се дел од возилото може да се поправат и обноват па повторно да се користат без да

Page 41: ОСИГУРУВАЊЕ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА И ПАТНИЧКО …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/GjorgiMenkisoski_bt_juni19.pdf · дали постои франшиза

41

се забележуваат недостатоци нанесени од штетата, станува збор за делумна штета. При

делумна штета на моторното возило, висината на надоместокот е еднаков на трошоците

за поправка намалени за износот на пазарната вредност на остатоците кои ќе се заменат.

Сите трошоци за превоз на возилото, монтажа и демонтажа се пресметани како трошоци

за поправка.

Од износот на трошоците за набавка на нови делови заради замена на оштетените и

износот на трошоците за лакирање, не се одбива соодветен износ поради истрошеност

(амортизација), освен во следниве случаи: 9

- Не е осигурена амортизираната вредност (се одбива соодветен износ поради

истрошеност на деловите,) на клинести ремени, назабени ремени за погон на брегастото

вратило какои ланчињата за погон на брегастотото вратило, како и на сите останати

ремени и ланчиња кои служат за одреден погон. При процена на штета и пресметка на

висина, на име амортизација се одбива проценетиот износ на амортизација во зависност

од: бројот на поминати километри и пропишаниот број на километри од производителот,

ефективно време на работа, истрошеноста.

- Деловите што имаат зголемено трошење за време на работа и истите по одреден период

мораат да се менуваат, како на пример: клипови, карики, клипњачи, коленесто вратило,

брегасто вратило, кошулката на цилиндерот и вентилите кај сите мотори со внатрешно

согорување и клипни компресори како и сите видови на лежишта кај возилата не се

исклучени од осигурување, но кај нив не осигурена амортизираната вредност, односно

при процена на штета се одбива соодветниот износ на име проценета истрошеност. При

процена на штета и пресметка на висина, на име амортизација се одбива проценетиот

износ на амортизација во зависност од: староста на возилото или бројот на поминати

километри и пропишаниот број на километри од производителот, ефективно време на

работа, истрошеноста.

- Кога наместо уништените, односно оштетените се набавуваат нови гуми, акумулатори

или церади и тоа во процент во кој овие делови се амортизирани. Доколку за поправка на

возилото нема делови во Република Северна Македонија, осигурувачот има обврска да ја

надомести цената од ценовникот на производителот на возилото зголемена за соодветни

давачки (царина, данок и сл.). Не се надоместуваат поголеми трошоци за поправка кои

9 Албсиг, Услпви за каскп псигуруваое на мптпрни впзила, Скппје, 2010

Page 42: ОСИГУРУВАЊЕ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА И ПАТНИЧКО …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/GjorgiMenkisoski_bt_juni19.pdf · дали постои франшиза

42

настанале поради тоа што при поправката се направени измени, подобрувања или

усовршувања.

Доколку вредноста на моторното возило намалена за износот на амортизацијата и

износот на вредноста на остатоците на денот на утврдување на висината на штетата е

помала од трошоците кои би настанале доколку се изврши поправка, осигурителната

компанија ќе донесе одлука да се постапи како возилото да е уништено и штетата ќе се

пресмета како тотална штета.

Остатоците од возилото, односно оние делови кои се спасиле од оштетеното возило

остануваат во сопственост на осигуреникот и нивната вреднот се утврдува според

пазарната вренодст и споредн состојбата во која се наоѓаат во моментот кога се утврдува

штетата. Вредноста која ќе се утврди за остатоците од моторното возило се одбива од

висината на вкупната штета.

Доколку нанесената штета е исчезнување на возилото, постои рок од 60 денови

возилото да се пронајде. Доколку во тој период моторното возило се пронајде и е во

исправна состојба, се враќа на осигуреникот. Во обратен случај, доколку возилото не се

пронајде во дадениот рок, осигуреникот има право да бара од осигурителот исплата на

штета како да се работи за тотална штета. Доколку исплатениот надомест осигурителт му

го исплати на осигуренокот, па после тоа се пронајде возилото, осигуреникот може да го

преземе но мора да го врати исплатениот износ кој го добил како оштета.

3. Измама во осигурувањето на моторни возила

Самиот поим измама представува кривично дело со кое се среќаваме во сите

сфери на општеството. Врзано со активноста на осигурувањето, тоа претставува

свесно прикривање информации на еднаната страна од договорот, од другата

страна на договорот кој не би ги прифатил доколку ги знае сите случувања. Иако

измамата е добро организиран систем, како и во полето на осигурувањето, за нив

можеме да дознаеме само преку медиумите за информирање. Како што настанала

активноста осигурување, заедно со неа настанале и првите превари, меѓутоа на нив

не с е обраќало посебно внимание се до крајот на 80 години на минатиот век кога

Page 43: ОСИГУРУВАЊЕ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА И ПАТНИЧКО …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/GjorgiMenkisoski_bt_juni19.pdf · дали постои франшиза

43

преварите почнаа да носат огромни суми на пари од осигурениците.

Осигурувањето е активност многу погодна на различни видови измама особено во

државите со висока стапка на криминални активности. Се користат различни начини

во намерата да се правари осигуреникот, како би се наплатила поголема штета од

онаа која се случила, така што би се наплатила штета која воопшто не се ни

случила. Вообичаени начини се зголемувањето на штетата, прикривањето на

фактот, во прашалникот, лажно прикажување на податоците во пријавата,

поднесување на оштетни побарувања за телесни повреди или штети кои се

смислени. Преварите се појавуваат во скоро сите видови на осигурување, а во

поново време најчесто во сферите на моторните возила. Со осигурувањето

одговорноста на корисникот на моторно возило за штета направена од 3 лица,

праварата најчесто се однесува и на добороволното здравствено осигурување, каско

осигурување на моторни возила, транспортно осигурување, животно осигурување

итн.

Исто така, лицата кои учествуваат во измамата често се од различни

општествени слоеви, ккао и од различни професии, и заедно ги сочинуваат групите

кои се организирани. Меѓу нив често ги има и самите вработени во осигурителните

компании, претставници на осигуреници или проценители на штета. Со нив се и

адвокатите, полицајците, судските вештаци, и зависно од видот на штетата може да

бидат вмешани и случајни т.н експерти од полето на медицината и другите видови

вештачења. Се почест е случајот кога други групи може да бидат организирани и на

меѓународно ниво и имаат многу добра меѓусебна координација на одредени

подрачја.

3.1 Видови измама во осигурувањето на моторните возила

Преварите во осигурувањето на моторни возила најчесто ги опфаќаат следните:

- Сценирање сообраќајна незгода која не се случила;

- Подметнување докази заради наплата на штета по основ на осигурување од

одговорност;

Page 44: ОСИГУРУВАЊЕ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА И ПАТНИЧКО …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/GjorgiMenkisoski_bt_juni19.pdf · дали постои франшиза

44

- Избегнување на утврдување дека возачот не управувал со возилото под

дејство на алкохол над дозволеното или под дејство на наркотици;

- Поправка и замена на делови кои биле оштетени пред сообраќајната незгода,

како и промена на делови кои се оштетени но не се за замена, туку за

поправка;

- Процена и исплата на поголемиот износ од штетата од реаланата, како и

поголемиот износ од штетата поправка наместо тотална штета;

- Процена на возилото во вредност поголема од пазарната;

- Монтирање на кражба на возила кои треба да бидат тргнати од осигурување;

- Наплата на штета за повредени лица кои се во повисок степен и износ

поголем од реалниот, како и за повреди кои не се случиле;

- Други видови измама на наплата на штета на лица, возила и работи.

Треба да се внесат одредени мерки кои измеѓу другото опфаќаат измама на

постапката и рзлични лица кои директно или индиректно имаат учество во

склучувањето на договорот за осигурување, процена и ликвидациона штета,

поправка, исплата и др.

Застапеноста на организираната измама во осигурувањето, имаат тенденција

на ширење и меѓународно поврзување на широко подрачје.

ГЛАВА 3

Патничко осигурување

1. Поим за патничко осигурување

Патничкото осигурување е неопходно при патување во странство бидејќи тоа

овозможува заштита доколку на осигуреното лице му се случи одредено здравствено

нарушување, физичка или психичка болка за која тоа лице мора да побара медицинска

помош во странска здравствена установа. Патничкото осигурување може да се извади за

пократок или подолг период, со или без франшиза, а од тоа би зависело и висината на

Page 45: ОСИГУРУВАЊЕ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА И ПАТНИЧКО …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/GjorgiMenkisoski_bt_juni19.pdf · дали постои франшиза

45

премијата. Агенциите за осигурување може да понудат различни видови на патничко

осигурување, во зависнот од тоа што е предме на осигурување. Тоа значи дека освен

покривање на медицински трошоци, постојат патнички осигурувања кои може да го

осигураат багажот, откажување на патување без вина на осигуреникот, губење на

документи и слично.

Основна намена на патничкото осигурување е да ги покрие медицинските трошоци

за лекување во странство за време на патување, без разлика дали осигурувањето е во

амбуланта за помала интервенција или пак во болница за поголема медицинска

интервенција. Во основни медицински трошоци кои ги покрива патничката полиса,

спаѓаат и трошоците за амбулантно возило, друг начин на превоз до најблика амбуланта

или болница, трошоци за медицинска асистенција, медицински материјали, неопходни

лекови и слично. Стоматолошките интервенции кои се итни, исто така се предмет на

осигурување во полисата за патничко осигурување, до одредена сум или пак целосно.

Доколку осигуреникот се најде во ситуација да мора да искористи болничка услуга

додека е на патување во странство, можеби тој мора да ги покрие тие трошоци додека се

наоѓа таму за да може да ја напушти странската држава, а осигурителната компанија

натхадно ќе изврши рефундирање на средствата и ќе му ги исплати на осигуреникот

износот кој тој го потрошил за болнички трошоци. Рефундирањето на средствата

исклучиво е возможно доколку осигуреникот ги чува сиде белешки и докази дека

извршил плаќање на сметка на болницата, аптека, амбуланта и слично додека бел на

патување во странство. Доколку осигуреникот не е принуден од странската држава да ги

подмири болничките трошоци за да може да ја напушти државата без проблеми, во тој

случај осигурителната компанија може директно да ги исплати трошоците на сметка на

здравствениот објект во странство каде што осигуреникот добил медицинска

интервенција. Повторно, медицинските белешки со кои ќе се докаже дека било извршена

медицинска интервенција врз осигуреникот, се неопходни за да може осигурителното

друштво да ги исплати долговите. Искористувањето на медицинска помош за време на

патувањето во странската држава треба да се пријави во агенцијата за осигурување на

дадениот број од агенцијата или преку маил, во рок од 24 часа.

Важно е да се напомене дека како предмет на осигурување во патничката полиса не

може да се наведат болести или било какви здравствени нарушувања кои веќе се познати

Page 46: ОСИГУРУВАЊЕ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА И ПАТНИЧКО …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/GjorgiMenkisoski_bt_juni19.pdf · дали постои франшиза

46

и осигуреникот веќе се справува со нив. Исто така, патничкото осигурување не покрива

лекување на хронични болести за време на престојот во странство. Постоечки

здравствени нарушувања, болести кои веќе се лекуваат, хронични болести и договорени

операции, не подлежат на осигурување како дел од патничкото осигурување.

Во зависнотс од агенцијата за осигурување, постојат услови за добивање на

патничкото осигурување, меѓутоа сите услови се слични со минимални разлики.

Вонглавно во сите агенции за осигурување, договорот за патничко осигурување се

склучува врз основа на важечка патна исправа. Секогаш договорот за патничко

осигурување се склучува пред да започне патувањето. Единствено важечко патничко

осигурување кое осигуреникот ќе го изваде додека е на патување во странство е она

осигурување кое се ваѓа за да се продолжи старото осигурување кое е започнато пред да

започне патувањето. Продолжувањето на патничкото осигурување е важечко доколку се

изваде во рок од 24 часа пред истекување на важноста на досегашното осигурување.

Друштвата за осигурување имаат посебни Клаузули за склучување на договор за

патничко осигурување од далечина доколку лицето е на патување во странство, преку

интернет. До вакви случаеви доаѓа кога патувањето на осигуреникот неочекувано е

пролонгирано за подолг период, а важноста на патничкото осигурување кое го извадил

пред патувањето не е доволно за да го покрие продолжениот престој.

Поголем дел од Друштвата за осигурување дозволуваат осигуреникот да го откаже

осигурувањето пред да започне неговото патување доколку постои сериоен основ за тоа.

Како причини за кои би било дозволено откажување на патничкото осигурување се

сметаат: недобивање на виза за престој во државата за каде што важи патничкото

осигурување, здравствено нарушување, хоспитализирање, смртен случај во семејството

на осигуреникот, откажување на аранжманот од страна на туристичката агенција, губење

на патни документи, неочекуван притвор или цудење на осигуреникот и слично. Во

зависност од тоа кога е откажан договорот за патничко осигурување се врши повраток на

премијата. Процентот на повраток на премијата може да биди различен кај одделни

осигурителни компании. Најчесто, сите осигурители враќаат 100% од премијата доколку

Договорот е откажан пред да започне патувањето и пред да почне да важи

одигурувањето. Доколку договорот е откажан после започнување на периодот на

осигурување, осигурителот му враќа најчесто 70% од уплатената премија.

Page 47: ОСИГУРУВАЊЕ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА И ПАТНИЧКО …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/GjorgiMenkisoski_bt_juni19.pdf · дали постои франшиза

47

Друштвата за осигурување имаат одредени услови за патничко осигурување доколку

се работи за повозрасни лица, најчесно на возраст над 64 години. За овие лица, постои

ограничен број на денови за кои може да склучат патничко осигурување во текот на една

година и исто така износот на премијата кој треба да го платат се пресметува на поинаков

начин според соодветни ризици согласно возраста. Најчесто во зависност од тоа за кое

осигурителна компанија се работи, бројот на денови е од 30 до 60. На основната премија,

за овие лица се пресметува и дополнителна премија. Постојат и такви осигурителни

друштва кои не доделуваат патничко осигурување на лица над 65 или над 70 години.

Освен повозрасните лица, исто така дополнителна премија се пресметува и за

градежните работници кои привремено се на работа во странство и спортистите кои за

време на својот престој во странство ќе имаат тренинзи и натпревари.

Исто така, заеднички услов на сите друштва за осигурување во нашата држава е тоа

што нивните полиси за патничко осигурување не важат во одделни земји или подрачја

кои подлежат на болести, инфекции или воени подрачја и земји кои важат дека постојано

има немири или граѓанска војна. Обично, полисите за патничко осигурување не важат за

во Сомалија, Ирак, Иран, Авганистан и други држави каде што постои голема опасност

од терористички напад, немири, граѓанска војна, актуелни смртоносни вируси и слично.

Со минимални разлики во понудените услови, Друштвата за осигурување нудат и

пакет за осигурување на багажот како дел од патничкото осигурување. Повеќето

осигурители покриваат трошоци за купување на неопходните работи доколку багажот е

украден или доцни во превозот, до одредена сума. Во пакетите на патничко осигурување

каде што влегува и осигурувањето на багажот, обично спаѓа и трансферот на деца до 15

години назад во матичната земја, доколку родителите / старателите не се во можност да

ги вратат децата назад.

Кај патничкото осигутување постојат ситуации за кои ниту еден осигурувач не врши

надоместок на трошоците. Такви ситуации се:

- Доколку за време на патувањето дојде до потреба за медицинска помош за

здравствен проблем кој постоел пред патувањето и осигуреникот бил свесен дека може да

се случи и за време на патувањето;

- Обид за самоубиство и самоубиство;

Page 48: ОСИГУРУВАЊЕ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА И ПАТНИЧКО …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/GjorgiMenkisoski_bt_juni19.pdf · дали постои франшиза

48

- Потреба за медицинска помош поради употреба на алкохол, опојни средства и

нерегистрирани лекови;

- Лекување на канцерогени болести, СИДА, венерични болести и хронични;

- Здравствено нарушување поради учество во бунтови или во воени дејствија;

- Здравствено нарушување кое настанало за време на патувањето поради учество во

криминални дејствија на осигуреникот или пак повредата е нанесена намерно;

- Системски превентивни прегледи кои не се итни во моментот на престој во странска

држава;

- Трошоци за третирање на бременост доколку се очекува да настанат одредени

ситуации и последици во врска со бременоста; осигурувачите исплаќаат повраток на

износот само доколку пред патувањето не биле очекувани настанатите компликации со

бременоста, одностно доколку мајката е до 35 години и сеуште не е навршен седмиот

месец од бременоста.

- Осигурителните друштва не вршат покривање на трошоците кои опфаќаат

релаксација, рехабилитација, спорт и рекреација и слично;

- Штети предизвикани од пребрзо возење, возење со мотор, возење без возачка

дозвола и без заштитна опрема. Доколку настане одреден осигурен случај, осигуреникот

мора да докажи дека во моментот на незгодата бил во трезна состојба, го возел

предвиденото возило, ја имал соодветната опрема, не бил дел од незаконска група и се

однесувал според законите;

- Обично, осигурителните компании не покриваат трошоци за престој во луксузна

приватна соба или еднокреветна соба во болница, освен доколку медицинскиот персонал

не одлучи дека тоа е неизбежно;

- Исклучени се обврските на осигурувачот за некомплицирани алергиски реакции

(изгореници и алергии од сонце кои може да бидат превенирани, некомплицирани убоди

од инсекти и слично). Исклучени се и обврските на осигурувачот за промивање на уши,

освен во случај на болка и инфекции;

- Осигурувачот нема обврска за надомест на штети кои се покриени по основ на друго

осигурување.

2. Обврски на осигуреникот или договарачот на осигурување

Page 49: ОСИГУРУВАЊЕ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА И ПАТНИЧКО …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/GjorgiMenkisoski_bt_juni19.pdf · дали постои франшиза

49

Без разлика од кој осигурител е патничкото осигурување, сепак осигуреникот

секогаш има одредени обврски кога ќе настане осигурениот случај. Во овој магистерски

труд се опфатени голем број на осигурени настани што би можеле да се случат и е

објасната обврската која осигуреникот ја има во тој случај.

- Доколку настане осигуррениот случај или пак очигледни се можностите за

истиот да се случи, осигуреникот има обврска да го пријави осигурениот

настан на друштвото за осигурување или на асистентската компанија во

зависност од тоа како стои во договорот за патничко осигурување.

Пријавата се врши преку повикување на договорениот број или пак преку

емаил адреса. Неопходно при ваков повик е осигуреникот да се

идентификува, односно да ги даде неопходните лични податоци како што

се: име и презиме, број на пасош, број на лична карта, да го објасни

неговиот престој во странство, и причината за штетата и последниците од

штетата. Осигуреникот има обврска да ги прифати насоките на дејствување

кои ќе му бидат препорачани од осигурувачот или од асистентската

комапнија.

- Доколку осигурениот настан предизвика потреба од медицинска помош, во

тој случај осигуреникот е должен да ги следи инструкциите на лекување од

страна на осигурителот, одностно да ги прифати предлозите на

осигурувачот во врска со амбулантското возило, со изборот на

здравствената установа и слично. Овие обврски не важат единствено

доколку медицинскиот персонал одлучи дека мора да се постапи поинаку.

Доколку се следат упатствата на осигурувачот во врска со лекувањето, во

тој случај сите осигурувачи директно ги покриваат болничките трошоци на

сметка на здравствената установа. Доколку не се работи за итен случај, а

осигуреникот постапи поинаку од насоките на осигурувачот, осигурувачот

може да одбие да ги покрие трошоците за настанатата штета. Во случај да

биде неопходна хоспитализација за која не е возможно веднаш да се пријави

и да се побараат насоки од осигурувачот, осигуреникот е должен во рок од

48 часа да го пријави случајот, да го опише настанатиот осигуран случај, да

Page 50: ОСИГУРУВАЊЕ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА И ПАТНИЧКО …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/GjorgiMenkisoski_bt_juni19.pdf · дали постои франшиза

50

достави назив и адреса на здравствената установа, име на лекарот кој го

лекува и слично. Секако, осигурителните друштва дозволуваат осигурениот

случај да биде пријавен и од трето лице, доколку осигуреникот лично не е

во можност да го стори тоа во предвиденот рок според Договорот за

патничко осигурување. Пријавенитот осигурен настан во дадениот рок се

признава доколку тој биде пријавен од страна на друго блиско лице, од

самата болница, од полицијата, од судски орган или било кое лице. Без

разлика кој ќе го пријави осигурениот случај, постои обврска за почитување

на рокот. Секако, во зависност од тоа како е наведено во Договорот за

осигурување, осигурувачот дозволува продолжување на тој рок доколку се

докаже дека осигуреникот не бил во свесна состојба во претходниот рок за

да може да пријави или да му даде упатства на трето лице за тоа да го

изврши пријавувањето.

- Друга обврска на осигуреникот е да поднесе барање за надомест на штета во

одреден рок, најчесто до 3 месеци од завршувањето на лекувањето, односно

најкасно до 3 месеци откако осигуреникот ќе се врати во матичната земја.

Истиот рок важи и доколку настане смрт на осигуреникот. Договарачот на

осигурувањето или осигуреникот е должен да ги достави сите потребни

податоци во дадениот рок до страна на осигурувачот со цел да се утврди

осигурениот случај и обемот на осигурителното покритие. Договарачот на

осигурувањето или осигуреникот имаат обврска да му дадат овластување на

осигурувачот за тој да ги собере сите потребни податоци поврзани со

осигурениот настан од трети лица кои биле инволвирани во настанувањето

или речавањето на штетите од тој настан. Како трети лица во овој случај

спаѓаат: доктори, медицински сестри, служба за социјална заштита во

странство, очевидци, возач на амбулантно возило и слично. Осигуреникот

има обврска да ги ослобиди медицинскиот персонал и другите инволвирани

трети лица од чување на доверливост на информациите, за тие истите да

може сите потребни информации да му ги достават на осигурувачот.

Page 51: ОСИГУРУВАЊЕ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА И ПАТНИЧКО …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/GjorgiMenkisoski_bt_juni19.pdf · дали постои франшиза

51

3. Исплата и надомест на штета

Потребната документација која осигуреникот мора да ја достави до осигурувачот без

разлика кое е Друштвото за осигурување, се: копија од полиса, копија од пасош со цел да

се покрие валидноста на покритието, извештај од здравствената установа во врска со

дијагнозата и начинот на лекување, опис на тегоби и мачнини, извештај со детален опис

на причините поради кои е посетен лекар, спецификација за дадена лекарска услуга,

писмен полициски извештај за исчезнат или украден багаж, потврди за извршен

транспорт кој принудно се извршил, листа на телефонски повици направени во роаминк

кои биле неопходни да се направат како резултат на настанување на одреден осигурен

настан, медицински картон доколку постои таков, потврда за смрт доколку осигурениот

настан предизвикал смрт на осигуреникот, алкотест, оставинско решение и слично. Сите

доставени сметки за направените трошоци мора да бидат оригинални. Доколку постои

потреба, осигуреникот е должен на своја сметка да изврши превод на одредена

документација.

Освен доставување на потребната документација, постојат ид руги услови кои е

потребно да се исполнат за да се изврши надоместокот на штетата. Така на пример, сите

осигурителни компании ги признава трошоците направени за лекарства кои се

препишани од лекар. Доколку лекарствата осигуреникот ги купи по своја желба без

лекарска препорака, трошоците за тие лекарства не може да се признаат од страна на

осигурителната компанија.

Услов за да се добие надомест за извршени стоматолошки интервенции, потребно е да се

поднесе писмен извештај од стоматологот каде што е наведена причината и целосен опис

на интервенцијата.

Барањето за надомест на трошоци за превозот или за погреб мора да биде засновано врз

оригинални сметки, како и уредна посмртница и извештај од надлежен орган на кој се

гледа причината за смрт. Барањето за надомест на трошоци за превоз на болниот во

Република Северна Македонија треба да биде поткрепено со писмена препорака од

ординирачкиот лекар, со која се потврдува дека здравствената состојба на осигуреникот

овозможува негово безбедно превезување во матичната држава. Покрај тоа, препораката

Page 52: ОСИГУРУВАЊЕ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА И ПАТНИЧКО …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/GjorgiMenkisoski_bt_juni19.pdf · дали постои франшиза

52

од лекарот мора да содржи доказ дека соодветниот тип на превоз, од медицинско

гледиште, бил неопходен.

Целосен надомест на направените трошоци за осигураниот настан осигурувачот му

исплаќа директно на здравствената установа или натхадно му го враќа полниот износ на

трошоци на осигуреникот, доколку лекувањето е направено во здравствена установа и по

препораки од осигурувачот или доколку е постапено по волјата на медицинските лица.

Доколку осигуреникот постапи на своја рака и сам избере здравствена установа и начин

на лекување, и не се придржува до упатствата на осигурувачот или медицинските лица,

во тој случај осигурувачот му доделува надомест на осигуреникот откако тој ќе се врати

во Република Северна Македонија, но само до одреден износ. Најчесто при такви услови,

осигурутелните компании покриваат сум околу 300 евра.

Кога се пресметува надоместот за настанатиот осигурен настан, во предвид се зема

дали постои франшиза во Договорот за осигурување. Доколку е вклучена франшиза,

надоместокот се пресметува кога на износот на вкупната штета ќе се одбие износот на

франшизата. Доколку нанесената штета е помала или еднаква на износот на франшизата,

во тој случај осигурувачот нема обврска да исплати надомест.

Надоместокот за направената штета се пресметува во денарска противвредност

според средниот курс на Народната банка на Република Северна Македонија, на денот

кога ќе се донесе крајно решение за штетата.

3.1 Директен надомест на трошоците за настанатата штета

Вонглавно, трошоците кои настануваат поради лечење на осигуреникот во странство

додека е на патување, осигурителот директно ги плаќа на здравствената установа во која

се лечи осигуреникот. Преносот на средствата се прави доколку осигурениот случај е

правилно пријавен во предвидениот рок, пред осигуреникот да ја напушти болницата.

Втор услов за Осигурувачот да направи директен пренос на средствата ан сметка на

здравствената институција е Осигуреникот да ја почитува и следи одлуката за избор на

лекар или здравствена установа каде што Осигуреникот ќе се лечи. Целата оваа ситуација

треба да биде проследена со одредени документи кои ќе се употребат како доказ за

директна исплата на надоместокот. Такви документи се: копија од полисата за Патничко

Page 53: ОСИГУРУВАЊЕ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА И ПАТНИЧКО …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/GjorgiMenkisoski_bt_juni19.pdf · дали постои франшиза

53

осигурување, копија на пасош за утврдување на осигурителното покритие, медицински

извештај кој ја содржи дијагнозата и деталниот опис за третирањето на дијагнозата,

здравствен картон, дневни белешки од страна на лекарот, опис на терапијата која се

прима и кои лекови и оригинални сметки. Со цел сите овие сметки да бидат валидни пред

Осигурувачот, тие мора да гласат на име и презиме на Осигуреникот, да го содржат

датумот на третман, да бидат заверени од страна на овластен лекар или фармацевт,

доколку осигурениот настан бил предизвикан од некаква незгода или било каков

несреќен случај кој се пријавува во надлежни органи како полицијата тогаш потребно е

да се достави и официјален полициски извештај со опис на несреќниот случај, доколку

настанала смрт на Осигуреникот потребно е да се достави службена потврда и извештај

од лекарот кој ја констатирал смртта.

3.2 Надомест на трошоците на Осигуреникот после неговото враќање во матичната

земја

Надомест на трошоците од страна на Осигурувачот кон Осигуреникот откако тој ќе се

врати назад во својата матична земја се вршти тогаш кога Осигуреникот сам ќе ги

подмири трошоците додека се наоѓа во странската земја, а претходно ги испочитувал

сите правила и упатства дадени од страна на Осигурувачот. Во овој случај кога

осигуреникот навреме го пријавил настанувањето на осигурениот настан и се лекувал во

здравствена установа која му била препорачана од страна на Осигурувачот и се однесувал

според сите останати препораки, него ќе му биде рефундиран целосниот изност на

трошоци кои ги направил.

Во случај кога болницата или докторот ја имаат кај себе оригиналната полиса,

односно потврдата за осигурување на Осигуреникот, а не го пријават осигурениот случај

кај Осигурувачот во рокот предвиден со овие услови и Осигуреникот биде отпуштен од

болницата или се врати во земјата на живеење, болницата, односно докторот нема да има

право на директен надомест на направените трошоци во врска со осигурениот случај од

Осигурувачот.

Со цел Осигурувачот да изврши рефундирање на сумата откако осигуреникот ќе се

врати во земјата, повторно потребно е да се поднесе целата документација која би се

поднела во случај на директно подмирување на трошоците кон странската здравствена

Page 54: ОСИГУРУВАЊЕ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА И ПАТНИЧКО …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/GjorgiMenkisoski_bt_juni19.pdf · дали постои франшиза

54

установа: оригинална полиса, пасош, медицински извештај, дневни извештаи на лекарот

и оригинални сметки. Повторно и овие документи мора да гласат на име на

осигуреникот, да содржат детален опис на болеста, детален опис на превенцијата и

начинот на лекување, листа на препишани лекарства кои се користеле во третманот,

датум и траење на третманот, полициски извештај доколку постои. Сите документи

поврзани со лекувањето мора да бидат заверени од лекар или фармацевт.

Осигурителните компании пропишуваат временски рок во кој осигуреникот е должен

да го поднесе оштетното побарување. Најчесто тој рок е не подоцна од 30 денови откако

завршило лекувањето, односно 8 денови откако Осигуреникот ќе се врати во Република

Северна Македонија.

Надоместокот се плаќа во денарска противвредност според средниот курс на

Народната банка кој бил утврден на денот кога е настанат осигурениот настан односно на

датумот кој е означен на сметката.

Доколку сите овие потребни документи не се напишани на македонски јазик или на

англиски јазик, потребно е да се изврши нивни превод. Трошоците за превод на

потребната документација е на товар на Осигуреникот.

Заедно со пријавата за штета, при решавање на штети во случај на ризик од

последиците на настанување на несреќен случај, осигуреникот треба да му достави на

осигурувачот и Договор за патување и фотокопија од трансакциската сметка на

Осигуреникот.

Во Договорот за осигурување мора да е наведена дестинацијата на патување, период на

патувањето, личностите кои ќе патуваат заедно и цената на аранжманот.

4. Враќање на премијата и сторно на полиси

Наједноставна и најопфатлива дефиниција за настан поради кој дошло до

откажување и прекинување на патувањето е дека: Настан поради кој дошло до

откажување и прекинување на патување е само оној настан чие настапување

Осигуреникот не го очекувал и не можел да го спречи, и кој претставува објективно

оправдана причина да се откаже патувањето. Најчести настани кои може да се случат и да

предизвикаат откажување на патувањето се следни:

Page 55: ОСИГУРУВАЊЕ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА И ПАТНИЧКО …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/GjorgiMenkisoski_bt_juni19.pdf · дали постои франшиза

55

- Доколку настане смрт на осигуреникот или пак смрт на некој член од

блиското потесно семејство. Во случај да дојде до овој настан,

Осигуреникот односно Корисникот на осигурувањето е должен до

агенцијата за осигурување од каде што е подигната полисата да достави

Извод од матична книга на умрени како и доказ дека починатото лице е во

блиска сродна врска со него;

- Доколку врз осигуреникот настане здравствено нарушување, болест,

болничко лекување или некој несреќен случај кој принудува лечење и

одмор, или пак доколку овие немили настани се случат на некој од

потесното семејство на осигуреникот и тоа: родители или старатели, браќа и

сестри, сопруг или сопруга, деца, или други лица кои живеат во исто

домаќинство со Осигуреникот;

- Доколку патувањето му биде забрането од страна на доктор на

Осигуреникот поради болест или несреќен случај кој го онеспособува

осигуреникот физички или / и психички да го реализира патувањето.

- Доколку е прогласена елементарна непогода на крајната дестинација која е

цел на патувањето, или пак постојат елементарни непогоди по патот кои не

може да се избегнат;

- Доколку на имот на Осигуреникот настане голема штета за која би било

потребно подолг временски период за да се санираат последиците од таа

штета. Оваа штета треба да е предизвикана од надчовечки фактор – олуја,

бура, поплава, град или пак од пожар. Исто така доколку настане и целосно

уништување на имотот на Осигуреникот;

- Доколку сосигуреникот е учесник во несреќен случај при тргнувањето до

појдовната точка на патувањето. При ваков настан, потребно е

Осигуреникот да достави полициски извештај поврзан со несреќата и за

положбата каде што тој настанал;

- Доколку дојде до отпуштање од работното место, без тоа да биде

посакувано од вработениот или пак без да биде намерно предизвикано од

негова страна;

Page 56: ОСИГУРУВАЊЕ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА И ПАТНИЧКО …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/GjorgiMenkisoski_bt_juni19.pdf · дали постои франшиза

56

- Доколку до осигуреникот пристигне судски повик кој е неодложен, или пак

неодложен повик за служење војска и воени вежби, повик за лекување и

слично. Овој повик за настани каде што присуството на осигуреникот е

задолжително, тој мора да го достави до осигурувачот.

Постојат одредени услови под кои Друштвата за осигурување, односно

осигурувачот донесува одлука за враќање на премијата. Тие услови важат без разлика за

кое осигурително друштво се работи. Условите кои одобруваат враќање на премијата се

следни:

- Доколку патувањето биде откажано од страна на туристичката агенција без

намерна вина на осигуреникот. Во тој случај осигурувачот полисата за

осигурување може да се врати но пред почетокот на осигурувањето. Тоа

може да се направи само во осигурителната компанија од каде што полисата

е претходно подигната. За осигурувачот да изврши повраток на премијата,

Осигуреникот мора да поднесе доказ за откажаното патување и причина за

тоа. Откако доказот ќе биде прифатен од страна на Осигурувачот, премијата

се враќа на Осигуреникот но во износ намален за цената на чинење на

полисата, односно износ намален за реалниот трошок на Осигурувачот за

печатење на полисата. Најчесто тој одбиток изнесува две евра во денарска

противвредност. Одбитокот е помал доколку се работи за шопинг

осигурување, и најчесто изнесува дваесет денари.

- Друг услов е да не биде искористен ниту еден ден од осигурувањето, и

покрај тоа ако осигурувањето е започнато. Односно, доколку осигурувањето

е започнато, а тоа е пред да се реализира патувањето ако Осигуреникот не е

во состојба да патува подолг период поради здравствено пореметување,

треба да поднесе медицинска белешка како доказ. Доколку осигурувачот го

прифати доказот како реална причина за откажување на патувањето, во тој

случај договорот за осигурување се раскинува од денот на известување на

осигурувачот. Во ваков случај, Осигурувачот ја враќа премијата на

Осигуреникот намалена за износ на минималната премија во согласност со

поднесениот доказ за попреченоста за остварување на патувањето.

Page 57: ОСИГУРУВАЊЕ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА И ПАТНИЧКО …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/GjorgiMenkisoski_bt_juni19.pdf · дали постои франшиза

57

- Доколку настане смрт на Осигуреникот пред да го искористи

осигурувањето, договорот за осигурување престанува, а Осигурувачот ја

враќа уплатената премија на корисникот или наследниците намалена за

износот на минималната премија. За таа цел со Осигурувачот треба да се

поднесе доказ за настанат смртен случај и полисата за осигурување.

- Во случај на отказ на патувањето, а доколку осигурувањето е склучено само

за тоа патување, договорот за осигурување се прекинува од денот на

известувањето на Осигурувачот, но во секој случај пред почетокот на

осигурувањето, во тој случај премијата се враќа намалена за износот на

минималната премија, со поднесување на доказ за отказ на патувањето и

полисата за осигурување.

Во сите споменати случаи Осигуреникот мора да потпишуе документ кој се

нарекува Изјава за поврат на премијата.

Доколку Осигуреникот искористил макар и еден ден од осигурувањето, или пак кога

Осигурувачот веќе дал услуга поради тоа што веќе штетата е настаната, во тој случај не е

можно враќање на премијата. Доколку се направи поврат на премијата, а дополнително се

открие дека по полисата е настаната штета пред датумот на прекин на полисата, а која не

му била ставена на знаење на Осигурувачот, тој нема обврска за исплата на истата,

односно во ваков случај штетата паѓа на товар на Осигуреникот.

ГЛАВА 4

Компарација, разлики и сличности во осигурувањето на моторни возила и полисите

за патничко осигурување помеѓу Република Северна Македонија и Сојузна

Република Германија, Република Северна Македонија и Република Србија

1. Осигурување на моторни возила во Германија

Page 58: ОСИГУРУВАЊЕ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА И ПАТНИЧКО …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/GjorgiMenkisoski_bt_juni19.pdf · дали постои франшиза

58

Германскиот систем за осигурување на моторни возила е така структуиран, што сите

возила кои се регистрирани во Германија, мора да поседуваат соодветна полиса за

осигурување од одговорност. Како и во Република Северна Македонија, така и во Сојузна

Република Германија , осигурувањето од одговорност е задолжително и за тоа не смејат

да постојат никакви изговори, и не се прифаќаат никакви посебни услови поради кои

одреден возач би бил ослободен од подигање на полиса за осигурување од одговорност.

За моторните возила кои се регистрирани во странска држава, а не во Сојузна Република

Германија, во зависност од тоа за која држава станува збор и во зависност од политиката

и законодавството во странската држава, Германија толерира одредени пропусти

поврзани со осигурувањето од одговорност во зависност од тоа колку долго тоа странско

возило ќе се задржи во Германија, и според тоа во која држава е регистрирано возилото.

Задолжителното осигурување од автомобилска одговорност кој трети лица, го покрива

само законскиот минимален износ на осигурувањето и има цел да ги покрие трошоците

кои биле нанесени врз трето лице со моторното возило на Осигуреникот, односно да

изврши компензација на било кое трето лице кое би било вклучено во потенцијалната

несреќа.

Освен осигуување од автомобилска одговорност, во Германија постојат повеќе пакети на

осигурување за моторни возила кои нудат далеку подобро покритие, осигурување од

повеќе видови на штети и осигурување од целосно уништување на возилото бев намерна

постапка на Осигуреникот, или пак од штета предизвикана од трети лица.

Каско осигурувањето на моторни возила во Република Сојузна Германија постои

во вид на повеќе пакети кои меѓусебно се разликуваат во обемот односно во штетите кои

ги покриваат и во цената на полисата.

Постојат повеќе варијабли кои влијаат во формирањето на цената на полисата за каско

осигурување на моторни возила во Германија. Најчести услови се:

- Според возачката историја, после колкав период возачот бара да подигне полиса

за прво каско осигурување, односно, колку време од кога возачот го поседува

својот автомобил и од кога редовно го регистрира возел без да има побарано

полиса за касно осигурување на моторни возила;

Page 59: ОСИГУРУВАЊЕ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА И ПАТНИЧКО …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/GjorgiMenkisoski_bt_juni19.pdf · дали постои франшиза

59

- Возраста на возачот односно Осигуреникот;

- Типот на моторното возило;

- Место на регистрација. Местото на регистрација е битно, бидејќи може да

постојат минимални разлики во политиките за осигурување во зависност од тоа во

која сојузна држава во Германија е направено осигурувањето;

- Начин на плаќање и период на плаќање на ратите за осигурувањето.

За разлика од Република Северна Македонија каде што износот на премиите е

прилично ист, со многу мали минимални разлики, во Германија може да има големо

отстапување во износот на премијата во зависност од друштвото за осигурување и во

зависност од тоа за која покраина се работи.

Начинот на плаќање на каско осигурувањето за моторни возила може да биде:

- Ануално односно годишно;

- Месечно;

- Неделно.

Начинот на плаќање исто така влијае врз исносот на премијата.

Друга разлика која постои помеѓу каско осигурувањето во Македонија и во

Германија, е тоа што во Германија компаниите за осигурување нудат одреден вид на

олеснителни околности, попусти, бесплатни услуги и слично. Во зависност од која

осигурителна компанија се работи и во зависност во која покраина врши услуги тоа

осигурително друштво, може да следува:

- Попуст на полисата доколку возачот редовно користи каско осигурување од

самиот почеток без да остава неосигуран период. Кога некоја компанија го нуди

ова, не е важно од која осигурителна компанија биле подигнати изминатите

полиси за каско осигурување на моторни возила;

- Попуст во полисите доколку во едно семејство постојат повеќе моторни возила и

повеќе каско полиси;

- Гратис полиса доколку еден возач осигурува повеќе од 3 возила;

- Бесплатен паркинг во одредени гаражи;

Page 60: ОСИГУРУВАЊЕ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА И ПАТНИЧКО …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/GjorgiMenkisoski_bt_juni19.pdf · дали постои франшиза

60

- Попуст на паркинг во гаражи;

- Попуст за новите шофери;

- Попусти во зависност од тоа колку километража е помината во извесен временски

период. Во овај случај попуст добиваат возачите кои во што подолг временски

период од кога го имаат возилото изминуваат што полаце километри, односно

многу ретко го користат возилото.

Во Германија колите се класифицирани според шансите за несреќа или големината на

штетата што би се предизвикала. Сето ова се запишува во регистер или билтен и тој

билтен е официјално објавен од Германската Асоцијација за Осигурување (GIA). Сите

Германски осигурителни компании се законски обврзани да ги почитуваат овие

класификации според билтенот, па така се оформува и цената и условите на

осигурувањето за моторното возило.

Секако, oсвен класификацијата на самите возила и другите најчесто непроменливи

елементи како што е возраста на возачот и локацијата на возилото, нема попуст на

побарувања, значи значителен дел од различните трошоци за осигурување е еден од

неколку елементи на кои може да биде под влијание на возачот. За мал и ефтин инцидент

може да биде поекономично да се плати штетата без да се вклучи осигурителната

компанија и да се задржи попустот за идните години. Друга можност е "попуст-чувар",

мала доплата исплатена над стандардната премија, што значи дека компанијата ќе се

грижи за помали трошоци без губење на попуст.

Бонусите за штети ја рефлектираат безбедноста на возачот со проценка на времето што

поминало од претходната несреќа или претходно побарување од осигурување (Лицето

било осигурано и му била исплатено за штета од било каква природа). Евиденцијата за

безбедно возење и инцидентно возење може да направи значително пониски премии. За

нови возачи ова, за жал, значи повисока тарифа, бидејќи друштвото за осигурување,

сеуште нема докази за видот на возачот што ќе го сторат; за искусни и безбедни возачи

нивното разумно возење е наградено со најниски премии.

2. Патничко осигурување во Германија

Page 61: ОСИГУРУВАЊЕ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА И ПАТНИЧКО …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/GjorgiMenkisoski_bt_juni19.pdf · дали постои франшиза

61

Во Република Сојузна Германија постојат повеќе разновидни пакети за патничко

осигурување, отколку во Република Северна Македонија. Различки друштва за

осигурување во различни покраини. Вонглавно, во вообичаениот пакет за патничко

осигурување влегуваат следните услуги:

- Патничко осигурување;

- Пат – прекин осигурување;

- Меѓународно здравствено осигурување;

- Картички за итни случаи во реално време;

- Итна медицина

- Помош при патување

Доколку се работи за проширен пакет од вообичаениот, тогаш тој пакет може да

вклучува една или повеќе од наведените услуги, и тоа:

- Осигурување на багаж заеднос о картичка за итни случаеви во реално време;

- Осигурување од одговорност;

- Патничко осигурување од незгода;

- Осигурување за автомобилот;

- Патничко осигурување од несрејќа.

Патничко осигурување треба да биде дел од сечиј одмор, како и автомобилското

осигурување за автомобилилот со кој патувате. Затоа, осигурителните компании во

Германија нудат пакети кои комбинираат услуги со цел да се покријат сите видови на

штета предизвикане од одредени потенцијални несрејќни настани.

Со користењето на итната картичка, имателите на полиса за патничко осигурување во

Германија, немаат потреба да ги планиираат итните трошоци кои би искрснале ненадејно

поради случување на некој немил настан. За разлика од условите на патничко

осигурување во Република Северна Македонија, кога постојат случаеви кога

Осигуреникот мора да ги исплати долговите кон болницата од свои сопствени средства

пред да ја напушти болницата, па осигурителното друштво да изврши врајќање на тие

средства, кога се работи за осигурен случај и осигуреникот нема време или не ево

можност да го пријави настанот до компанијата за осигурување, тогаш осигуреникот

може да ја искористи Итната картичка и да ги подмири долговите. Таа картичка е

Page 62: ОСИГУРУВАЊЕ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА И ПАТНИЧКО …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/GjorgiMenkisoski_bt_juni19.pdf · дали постои франшиза

62

уникатна за одредени осигурителни компании ширум Германија преку која осигуреникот

плајќа во реално време со средствата на Осигурувачот. Без разлика дали се работи за

потреба од медицинска помош, потреба од амбулантно возило, украден багаж, поправка

на автомобил и слично. Секако, тука важат истите правила кои важат и во Македонија:

Како и во Република Северна Македонија, така и во Германија осигуреникот може да

одбере за колкав временски период сака да важи полисата за осигурување: дневно,

неколку дена, месечно, неколку месеци или годишно. Според досегашното искуство, се

покажало дека во Германија најмногу се исплајќа годишното осигурување. Од една

страна, тоа се ваѓа само еднаш во годината и понатаму нема потреба од повторно губеѓе

на време или пак брзање поради неочекувано осигурување, а од друга страна, годишното

патничко осигурување има пониска цена во споредба доколку би се ваѓало секој ден по

едно еднодневно осигурување.

Доколку дојде до откажување на патувањето, полисата за патничко осигурување

ги покрива сите трошоци кои се поврзани и кои произлегуваат од откажувањето на

патувањето. Полисата во Германија не врши само врајќање на износот за премијата

доколку дојде до откажување на патувањето, но врши и покривање на трошоците кои ќе

ги предизвика откажувањето на патувањето од страна на туристичката агенција.

Здравственото патничко осигурување во странство ги надоместува трошоците за

медицински и болнички посети или лекови во странство. Исто така, осигурувачот ги

презема трошоците и организацијата на репатријацијата, ако ова е медицински разумно и

оправдано.

Секако, како и кај полисите подигнати од друштвата за осигурување во Македонија, така

и полисите извадени во Германија не вршат надоместок на штети предизвикани од:

- Несрејќа намерно предизвикана ос осигуреникот;

- Трошоци предизвикани од намерно, со умисла кршење на законот;

- Користење на недозволени хемијски и медицински препарати;

- Лекување на канцерогени болести, СИДА, венерични болести и хронични;

- Намерно учество во бунт, протести;

- Намерно предизвикан инцидент со физичка пресметка;

- Учество во криминални дејствија кои доведуваат до настани кои се вклучени во

осигурувањето;

Page 63: ОСИГУРУВАЊЕ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА И ПАТНИЧКО …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/GjorgiMenkisoski_bt_juni19.pdf · дали постои франшиза

63

- Системски превентивни прегледи кои не се итни во моментот на престој во

странска држава;

- Трошоците кои опфаќаат релаксација, рехабилитација, спорт и рекреација и

слично;

- Возење без опрема, возење во лоша здравствена состојба иако самиот возач бил

свесен за тоа, возење под дејство на алкохол или под дејство на разни опојни

средства;

- Осигурувачот нема обврска за надомест на штети кои се покриени по основ на друго

осигурување.

Како што напоменавме, во Германија постои дополнителен пакет во патничкото

осигурување кој покрива исклучиво Откажување на патувањето без разлика дали е

предизвикано од туристичката компанија или пак осигуреникот, како и осигурување на

трошоците кои може да произлезат доколку туристичката агенција или превозникот го

откажат патувањето. Најчести настани кои може да се случат и да предизвикаат

откажување на патувањето се следни:

- Откажување на договорен превоз. Доколку осигуреникот приложи

документи за значајноста на неговото патување, во тој случај

осигурителната компанија покрива некои трошоци кои се настанати поради

откажувањето на патувањето, како што се: му плаќа смештај за престој

додека не се организира најбрзо патување, му плаќа трошоци за нов превоз

и слично;

- Откажување на туристичка тура;

- Доколку е прогласена елементарна непогода на крајната дестинација која е

цел на патувањето, или пак постојат елементарни непогоди по патот кои не

може да се избегнат;

- Доколку настане смрт на осигуреникот или пак смрт на некој член од

блиското потесно семејство;

- Доколку осигуреникот започне да се соочува со здравствено пореметување

откако ќе го договори патувањето и откако ќе ја изваде полисата;

- Доколку доктор го забрани патувањето;

Page 64: ОСИГУРУВАЊЕ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА И ПАТНИЧКО …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/GjorgiMenkisoski_bt_juni19.pdf · дали постои франшиза

64

- Доколку е забележано недолично однесување кај осигуреникот кое наликува

на психичко пореметување;

- Доколку настане штета на имотот или пак уништување на имотот на

осигуреникот;

- Доколку осигуреникот доживее несрејќен случај за време на неговото

упатување кон туристичката агенција од каде што треба да го започне

неговото патување;

- Доколку без вина на осигуреникот, истиот биде отпуштен од работа;

- Доколку осигуреникот биде судски повикано;

- Доколку осигуреникот добие покана која е проследена со одреден закон па

не може да го одржи патувањето.

3. Патничко осигурување во Република Србија

Според условите за патничко осигурување кои граѓаните на Република Србија го

подигаат од осигурителните компании со седиште во Република Србија, постојат неколку

типови на патничко осигурување:

- Патничко здравствено осигурување во странство;

- Осигурување од последиците од можна несреќа;

- Осигурување од одговорност кон трети лица;

- Осигурување на багаж;

- Осигурување од откажување на туристички аранжман.

Осигурениците може да ги изберат овие понуди како еден пакет. Првите три

осигурувања: патничко здравствено осигурување, осигурување од несреќа и осигурување

од одговорност задолжително влегуваат во пакетот за патничко осигурување, а

останатите две може но не мора да влезат во пакетот за патничко осигурување.

Како осигуреници може да се јават домашни лица до 85 години, и странски лица

кои имаат документи за стален или привремен престој во Србија.

Page 65: ОСИГУРУВАЊЕ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА И ПАТНИЧКО …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/GjorgiMenkisoski_bt_juni19.pdf · дали постои франшиза

65

Според територијалната важност, патничкото осигурување важи исклучиво за

надвор од границите на Република Србија. Доколку се работи за странски државјанин со

привремен престој во Република Србија, патничкото осигурување нема да му важи на

територијата на Србија и на територијата на неговата матична држава.

Договорот за патничко осигурување во кој не е вклучено осигурување од откажување на

патување мора да биди склучен и премијата мора да биде платена пред да започне

патувањето. Обратно, доколку во пакетот за патничко осигурување е вклучено

осигурување од откажување на патување, во тој случај договорот може да се заклучи на

денот на започнување на денот на резервацијата за патување или покасно, а премијата

мора да се плати заедно со склучувањето на договорот за премија.

Договорот за патничко осигурување е неважечки доколку во текот на склучувањето на

тој договор настане осигурениот случај или пак доколку е очигледно дека некој осигурен

настан ќе се случи.

Според условите за патничко осигурување во Република Србија, патничкото

осигурување може да биде индивидуално, семејно и групно.

Индивидуалното осигурување може да се однесува на едно лице, или пак на

повеќе лица кои се наведени во полисата или пак во списокот заедно со полисата.

Семејното осигурување дозволува осигурување на двајцата родители, две

полнолетни лица и 5 малолетни лица, без разлика разлика на нивното сродство.

Задолжително мора да бидат наведени личните податоци за сите осигурани лица, односно

сите овие лица да се најдат на списокот кој е составен дел од полисата.

Групното осигурување се однесува на осигурување на организирана група лица.

Повторно, во полисата и на списокот мора да бидат наведени сите лица кои се осигурани.

Патничкото осигурување важи само за патувања кои започнуваат од територијата

на Република Србија кон друга држава.

Патничкото осигурување кое го издаваат осигурителните компании со седиште во

Република Србија покриваат повеќе типови на тропоци:

1. Трошоци неопходни за лечење во сличај на изненадна болест или несреќа:

Page 66: ОСИГУРУВАЊЕ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА И ПАТНИЧКО …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/GjorgiMenkisoski_bt_juni19.pdf · дали постои франшиза

66

- Медицински третман без прием на лечење во болница;

- Неопходен преглед за утврдување на состојбата и дијагнозата;

- Медицински третман со прием на лечење доколку медицинскиот персонал утврди

дека тоа е неопходно и доколку тоа е возможно согласно стандардите и начинот на

работата на болницата;

- Лекови и преврски препишани од лекар;

- Санитетски материјали и помагала кои се неопходни во текот на лечење на

скршеници и повреди на екстремитетите;

- Радиотерапија, фототерапиај и термотерапија пропишани од страна на лекар,

- RTG дијагностика;

- Операција за акутни заболувања кои не смее да се одолговлекуваат;

- Итни стоматолошки интервенции, најмногу до 150 евра.

2. Трошоци за неопходен превоз во случај на изненадна болест или незгода:

- Превоз со возило на Итната медицинска помош;

- Превоз за преместување од една во друга болница;

- Превоз од странската држава назад во Република Србија доколку осигуреникот не

е во состојба сам да го стори тоа;

- Превоз во случај на настаната смрт на осигуреното лице.

3. Трошоци доколку осигуреникот престојува во болница повеќе од 5 вечери:

- Повратна карта од Република Србија до странската држава , односно до

странската болница каде што се наоѓа осигуреникот за едно блиско лице на

осигуреникот. Во овие трошоци е покриен трошокот за патување, но не и за

сместување и храна.

- Плаќање на смештај за лицето кое е со осигуреникот поради пореметување на

датумот за враќање во Република Србија најмногу до 7 дена, до 50 евра за едно

ноќевање.

4. Трошоци поради непланирано каснење

- Трошоци за алтернативен превоз;

Page 67: ОСИГУРУВАЊЕ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА И ПАТНИЧКО …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/GjorgiMenkisoski_bt_juni19.pdf · дали постои франшиза

67

- Трошоци за дополнителен престој со појадок, најмногу 100 евра по лице и такси

превоз до 50км возење.

3.1 Исклучување на обврските на осигурителот

Осигурителот односно асистентската компанија на осигурителот нема обврска за

исплаќање на трошоци, во следниве настанати состојби :

- Психички оболувања или пореметување од депресија,психоаналитички или

психотерапетски третмани,болести на нервниот систем;

- Хронични болести и нивните последици кои биле познати при склучување на

осигурувањето и во ситуација да не биле лекувани,како и болести и нивните последици

кои биле лечени во период од последните 12 месеци пред почетокот на склучување на

осигурителниот договор. Исклучок се прави во ситуација на непредвидени хитни

медицински мерки кои се превземаат со цел спасување на животот на осигуреникот;

- Срцеви заболувања, мозочен удар, рак, дијабетис тип 1 и 2, мигрена, епилепсија,

мултиплекс склероза, исклучок се прави во ситуација на непредвидени хитни

медицински мерки кои се превземаат со цел спасување на живото на осигуреникот,

граѓански немири т.е.нереди во кои осигуреникот активно учествувал, штрајкови,

терористички акции или саботажи,незгоди настанати при извршување на кривични дела

или прекршаи наравени од страна на осигуреникот во кои тој е насилникот и активно

учествувал;

- Дијализа,третмани за трансплантација на органи;

- Полово преносни болести, АИДС вирус;

- Намрни или грубо однесување кон осигуреникот односно за лицата кои се одговорни за

осигуреникот ако станува збор ѕа деца, самоповредување или обид за самоповредување;

- Војна, граѓанска војна и други немири како на пример навивачки нереди;

- Активности што ги извршуваат државни органи по службена должност;

Page 68: ОСИГУРУВАЊЕ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА И ПАТНИЧКО …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/GjorgiMenkisoski_bt_juni19.pdf · дали постои франшиза

68

- Нуклеарно или јонизирано зрачење, радиоактивни матријали или супстанции или било

кое дејство од радиоактивно потекло;

- Последици од пијанство или зависност од наркотици (злоупотреба на алкохол, дрога,

лекови) осигуреникот ако тој сам или своеволно се довел во таква ситуација,последици

од непридржување на препораките од медицинска терапија, предозирање со лекови,

користење на лекови кои на осигуреникот не му се препишани од лекар ,а ги нема во

слободна продажба туку се дадени од лекар;

- Учевство во автомото натпревари, тренинзи и припреми за истите;

- Медински состојби кои биле во континуитет или биле очекувани при склучувањето на

договорот на осигурување или пред почетокот на патувањето;

- Сите штети и трошоци кои се настанати од земјотрес, епидемија, пандемија, загадувања

од природни катастрофи кои биле познати пред почетокот на патувањето;

- Ако патувањето започнало или не е прекинато и покрај предупредувањето,

советувањето за патување;

- Патувања за терапии , третмани за слабеење, естетско разубавување;

- Лекарски преглед,лечење и нега за кои не е потебна хитна медицинска помош или

незгоди;

- Во врска со бременост и пораѓај,освен во ситуации на озбилни компликации кои го

загрозуваат животот на мајката односно детето,под услов трудницата да е помлада од 38

години и да нема направено 30 недели од бременоста;

- медицински контроли за време на бременоста или своевоно да се изврши прекин на

бременоста;

- радиотераапија,фототетапија,хелиотерапија,козметички операции и други естетски

зафати;

- Трајни ортопедски помагала,протеѕи,н аочари и сл;

- . Извршување на физичка активност во редовните занимања,војни активности, вежби и

сл;

Page 69: ОСИГУРУВАЊЕ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА И ПАТНИЧКО …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/GjorgiMenkisoski_bt_juni19.pdf · дали постои франшиза

69

- Рехабилитација.терапија во бања, санаториуми или слични установи, закаснети

контролни прегледи;

- Луксузи кои се користат за болнички сместувања(пр.приватни апартмани во болница);

- При летање со змај или воздушни едрилици,воздушни глисери,балони на топол воздух

- Занимавање на екстремни спортови (скок со падобранец, банџи џампинг, планинарење

или алпинизам без водич, било какви активности над 6000м.надморска висина, спортски

активности на брзи води, скијачки спортови и сл.). Скијање и сноубординг не се

третираат како екстремни спортови ;ронење или подводен риболов без соодветно

овласување т.е.положен испит ;

- Управување на мторно возило ѕа кое осигуреникот нема доѕвола ѕа управување

- Лечење и нега на лице лекар кое е член на семејството;

- Вакцинација на дезинфекција или тестирање;

- Надокнадување на здравствени трошоци за кои што е одобрено право за надокнада на

основа на некој друг договор или права (на пр.обавеѕно здравствено осигурување и сл.);

- Нематеријална штета.

4. Осигурување на моторни возила во Република Србија

Како и во Република Северна Македонија, така и во Република Србија постои

задолжително осигурување од користење на моторни и приклучни возила. Како што

споменавме и претходно, осигурувањето од автомобилска одговорност претставува

осигурување на сопственикот на возилото од причинување на штета врз трети лица во

сообраќајот.

Со цел за целосна заштита на осигуреникот и неговото возило, и во Република

Србија се користи каско осигурувањето на моторните возила.

Предмет на осигурување во каско осигурувањето на моторни возила се сите

типови на копнени моторни возила, приклучни возила и специјални работнички возила

Page 70: ОСИГУРУВАЊЕ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА И ПАТНИЧКО …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/GjorgiMenkisoski_bt_juni19.pdf · дали постои франшиза

70

кои производителот ги наменил за експлоатација на копно, моторцикли, шински возила и

нивните составни делови.

Под основна опрема на моторното возило се подразбира минималното ниво на

опрема од одреден тип и модел која самиот произведувач ја вградил во возилото и која ја

испорачал заедно со возилото. Вредноста на оваа опрема не се изразува поединечно во

договорот за каско осигурување, туку се подразбира дека влегува во полисата како

возилото во целост.

Предмет на осигурувањето може да биде:

- Посебна опрема;

- Багаж;

- Алат и прибор;

- Рекламни и други видови натписи на возилото;

- Трошоци за изнајмување заменско возило.

Во никој случај, предмет на осигурување не може да биде накит, кеш, уметничко

дело, драгоцености, крзно, нацрти, прототипи, документи и слично доколку се утврди

дека осигуреникот незаконски ги поседува.

Полисите за осигурување на моторни возила кои се издаваат од страна на

осигурителните компании со седиште во Република Србија, покриваат:

- Сообраќајна незгода предизвикана изненадно под дејство на механичка сила,

независно од волјата на осигуреникот;

- Пожар настанат надвор од возилото или пак во самото возило;

- Експлозија, освен експлозија од нуклеарна енергија;

- Пад и удар од предмет кој не е составен дел од договорот за осигурување;

- Пад на воздушно летало;

- Демонстрации;

- Злонамерна постапка од трети лица;

- Оштетување на тапацираните делови од возилото поради оправдани причини како

што е помагање на други лица во незгода и сл;

Page 71: ОСИГУРУВАЊЕ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА И ПАТНИЧКО …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/GjorgiMenkisoski_bt_juni19.pdf · дали постои франшиза

71

- Намерно предизвикување на одредена мала штета поради спречување на поголема

штета;

- Удар од гром;

- Олуја и ветер со минимална брзина од 17,20 m/s, односно 60 км/h;

- Снежна лавина;

- Одрон на земјиште;

- Поплава и високи води;

- Потонување на возило;

- Кражба на возилото и разбојништво;

- Измама и уценување на осигуреникот за да го предаде возилото на трети лица кои

се со задни намери.

Според настаните кои може да се осигураат, може да се направат три комбинации

за тоа што ќе се осигура и каков пакет ќе се направи.

Осигурувањето на моторните возила може да биде потполно каско осигурување,

делумно и дополнително каско осигурување.

Доколку настане одредена незгода, осигуреникот го губи правото на надомест од

осигурувањето доколку:

- Возилото го управува друго неовластено лице освен сопственикот;

- Доколку возачот односно осигуреникот е под дејство на алкохол, наркотици и

други опојни средства за време додека е направен осигурениот настан;

- Доколку штетата е настаната поради непрописно однесување на возачот.

Полисите за каско осигурување која граѓаните на Република Србија ја склучуваат,

може да се склучат на три видови суми:

- Сума за осигурување на фиксно договорен паричен износ;

- Сума за осигурување на “прв ризик“;

- Сума на осигурување на вистинската вредност.

Page 72: ОСИГУРУВАЊЕ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА И ПАТНИЧКО …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/GjorgiMenkisoski_bt_juni19.pdf · дали постои франшиза

72

Правата и обврските кои произлегуваат од договорот за осигурување се истите оние

кои важат за во Република Северна Македонија. При пријавување на настанатата

штета и при проценка на истата, се врши потполно истата постапка.

ГЛАВА 5

Истражување и анализа на состојбата на пазарот на осигурување во насока да се

открие застапеноста и степенот на користење на осигурување на моторните возила

и патничко осигурување

1. Анализа на пазарот на осигурување со главен акцент на осигурувањето на

моторни возил и патничкото осигурување

Во Табела 4 е даден приказ на осигурителните компании кои се со седиште во

Република Северна Македонија. Во табелата е прикажано кои компании се занимаваат со

животно осигурување, а кои со неживотно осигурување.

Понатамошната анализа и истражување се извршени со обработка на јавно

достапните податоци од Националното биро за осигурување, податоците кои исто така

јавно се достапни од Агенцијата за супервизија на осигурувањето, и преку анкетен

прашалник.

Табела 4

ЛИСТА НА ОСИГУРИТЕЛНИ КОМПАНИИ ВО МАКЕДОНИЈА

Page 73: ОСИГУРУВАЊЕ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА И ПАТНИЧКО …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/GjorgiMenkisoski_bt_juni19.pdf · дали постои франшиза

73

Page 74: ОСИГУРУВАЊЕ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА И ПАТНИЧКО …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/GjorgiMenkisoski_bt_juni19.pdf · дали постои франшиза

Табела 5

Во Табела 5 е прикажана бруто полисираната премија за период од 1ви Јануари 2018 година до 31ви

јануари 2018 година. Вкупната бруто полисирана премија изнесувала 8,257,753 ден, а најголемо учество имала

осигурителната компанија Триглав, односно 1,425,493 ден. За Каско осигурување на моторни возила, вкупната премија во

2018 година изнесувала 794,400 ден. Вкупната бруто полисирана премија за осигурување од одговорност од употреба на

моторни возила изнесувала 4,313,842 ден. Патничкото осигурување бележи бруто полисирана премија од 212,993 ден.

Споредн податоците од Агенцијата за супервизија на осигурувањето, во четвртиот квартал на 2017 година, бруто

Page 75: ОСИГУРУВАЊЕ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА И ПАТНИЧКО …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/GjorgiMenkisoski_bt_juni19.pdf · дали постои франшиза

75

полисираната премија изнесувала 7,576,22 ден, што значи дека во 2018 година се бележи раст од речиси 800,000 ден пораст

на бруто полисираната премија.

Табела 6

Во Табела 6 е прикажан бројот на договори склучени во текот на изминатата 2018 година за задолжително

осигурување од автомобилска одговорност, за каско осигурување на моторни возила и за патничко осигурување.

Задолжително осигурување од одговорност од користење на моторни возила биле направени 792,767 договори, додека пак за

каско осигурување на моторни возила биле направени значително помалку договори, 47,219 . Оваа споредба на бројки ни

покажува дека корисниците на возила не користат доволно каско осигурување кое не е задолжително.

Бројот на договори за патничко осигурување изнесува 439,043 договори.

Најголем број на договори за АО издала Триглав осигурителната компанија, за каско осигурување Евроинс, а за патничко

осигурување Еуролинк.

Page 76: ОСИГУРУВАЊЕ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА И ПАТНИЧКО …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/GjorgiMenkisoski_bt_juni19.pdf · дали постои франшиза

Табела 7

Износот на бруто резерви за пријавени и настанати штети за 2018 година е прикажан во Табела 7, и изнесува 1.860.870

ден. Најголеми бруто резерви се наменети за осигурување од автомобилска одговорност.

Табела 8

Page 77: ОСИГУРУВАЊЕ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА И ПАТНИЧКО …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/GjorgiMenkisoski_bt_juni19.pdf · дали постои франшиза

77

Табела 9

Табела 8 и Табела 9 се однесуваат на исплатените односно ликвидираните штети кои се однесуваат на каско осигурување

на моторни возила, осигурување од одговорност од користење на моторни возила и патничко осигурување. Најголем број на

штети се пријавени за осигурување од одговорност и тоа 27,737 штети, за кои е одвоено 1,931,168 ден.

Според податоците од Агенцијата за супервизија на осигурувањето, во 2017 годин вкупниот износ на бруто ликвидирани

штети изнесувал 3,324,82 ден, додека пак во 2018 година, вкупните ликвидирани штети по сите основи изнесуваат 3,588,21

ден.

Најголем износ за штети по било кој основ има исплатено Триглав осигурителната комапнија, и тоа близу 500,000 ден.

Бројот на пријавени штети за каско осигурување изнесува 8,293, додека пак за патничко осигурување изнесува 3,952.

Page 78: ОСИГУРУВАЊЕ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА И ПАТНИЧКО …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/GjorgiMenkisoski_bt_juni19.pdf · дали постои франшиза

78

Табела 10

Во Табела 10 е прикажан бројот на резервирани штети за 2018 година, кој изнесува 13,762. Повторно, најголем е бројот за

осигурување од одговорност за користење на моторни возила.

Бројот на резервирани штети е најголем во Еуролинк осигурителната компанија, и тоа 2,056.

Бројот на резервирани штети за патничко осигурување е најмал, и тоа 1,055 и во Винер осигурување постои само 1

резервирана штета за 2018.

Page 79: ОСИГУРУВАЊЕ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА И ПАТНИЧКО …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/GjorgiMenkisoski_bt_juni19.pdf · дали постои франшиза

79

Табела 11

Според Табела 11, може да забележиме дека осигурителните компании со седиште во Република Северна Македонија

вклупно склучиле 565,520 договори за задолжително осигурување од автомобилска одговорност. Најголем број на договори

склучил Триглав осигурителната компанија, и тоа 73,480 договори.

Во споредба со бројот на договорите за Каско осигурување на моторни возила, може да кажеме дека спрема бројот на

задолжително осигурување, бројот на каско осигурувањето е многу мал.

Page 80: ОСИГУРУВАЊЕ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА И ПАТНИЧКО …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/GjorgiMenkisoski_bt_juni19.pdf · дали постои франшиза

80

Табела 12

Во Табела 12 е даден приказ на износот на премијата за Задолжително осигурување од автомобилска одговорност, која

изнесува 3,187,323 дена во текот на 2018 година.

Највисока премија бележи Триглав осигурителната компанија, и тоа 431,455 ден.

Page 81: ОСИГУРУВАЊЕ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА И ПАТНИЧКО …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/GjorgiMenkisoski_bt_juni19.pdf · дали постои франшиза

81

Табела 13

Бројот на штети во текот на 2018 година кои биле пријавени за ЗАО, спрема Табела 13 изнесува 26,110 штети. Најголем број

на штети се направени со патнички автомобили, и тоа 22,422 штети.

За покривање на штетите од ЗАО, во Табела 14 е даден приказ кој го покажува износот на исплатата. Вкупниот износ на

ликвидирани штети од ЗАО изнесува 1,577,799 ден. Највисок изност ос скоро 1,400,00 е исплатен за покривање на штети со

патнички возила.

Page 82: ОСИГУРУВАЊЕ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА И ПАТНИЧКО …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/GjorgiMenkisoski_bt_juni19.pdf · дали постои франшиза

82

Табела 14

Page 83: ОСИГУРУВАЊЕ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА И ПАТНИЧКО …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/GjorgiMenkisoski_bt_juni19.pdf · дали постои франшиза

83

Табела 15

Табела 16

Како што е прикажано во Табела 15, бројот на Зелена карта во текот на 2018 година изнесува 203,398, а вкупната премија

изнесува 974,499 ден.

Page 84: ОСИГУРУВАЊЕ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА И ПАТНИЧКО …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/GjorgiMenkisoski_bt_juni19.pdf · дали постои франшиза

84

Табела 17

Табела 18

Според Табела 17, бројот на пријавени птети за Зелена карта изнесува 1,425 штети, а износот на ликвидирани штети за ЗК

изнесува 318,499 ден. Најголем број на штети за ЗК се пријавени за товарни возила, а стотина помалку штети се пријавени за

патнички автомобили.

Page 85: ОСИГУРУВАЊЕ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА И ПАТНИЧКО …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/GjorgiMenkisoski_bt_juni19.pdf · дали постои франшиза

85

Табела 19

Како шо е навецено во Табела 19, Вкупната техничка премија во текот на 2018 година изнесувала 3,906,294 ден, од кои

најмногу се бележат на страната на Триглав осигурителна компанија и тоа 570,799 ден.

Табела 20

Page 86: ОСИГУРУВАЊЕ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА И ПАТНИЧКО …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/GjorgiMenkisoski_bt_juni19.pdf · дали постои франшиза

Според Табела 20, на територијата на Република Северна Македонија речиси 1000 штети

за неосигурани и непознати возила, поради кое е исплатено над 130,000 ден.

2. Анкета

Согласно потребите на овој магистерски труд, беше изработен анкетен

прашалник. Акцентот на прашањата е ставен на осигурувањето на моторните возила и

патничкото осигурување.

Целта на овој прашалник беше да се осознае како граѓаните гледаат на

користењето вакви видови на осигурување, колку тие имаат познавање за тоа што нудат

полисите и под кои услови.

Анкетниот прашалник беше спроведен електронски каде што беше наведено дека

прашањата ги одговараат полнолетни лица кои поседуваат возачка дозвола, кои редовно

ги регистрираат своите возила и кои се активни возачи. Прашалникот го одговорија 104

испитаници на различна возраст.

Прашања:

1. Пол

2. Возраст

3. Дали поседувате лично свое моторно возило?

4. Колку моторни возила поседува Вашето потесно семејство

5. Дали сте запознаени со каско осигурување?

6. Дали користите Каско осигурување?

7. Дали редовно го користите каско осигурувањето?

8. Дали знаете кои штети и под кои услови ги покрива Каско осигурувањето?

9. Колку често патувате во странство?

10. Дали користите Зелена Карта при патување во странство?

11. Дали користите патничко здравствено осигурување?

12. На колкав период вадите патничко патување? Еднаш годишно, месечно, пред

секое патување по потреба?

Page 87: ОСИГУРУВАЊЕ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА И ПАТНИЧКО …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/GjorgiMenkisoski_bt_juni19.pdf · дали постои франшиза

87

13. Дали знаете кои штети ги покрива патничкото осигурување и под кои услови?

14. Дали досега сте биле во ситуација да имате потреба да искористите Каско или

патничко осигурување?

15. Дали полисата ги задоволува потребите за осигурување?

Одговори:

Сл. 1 – Од испитаниците седумдесет и двајца припаѓаат на машкиот пол, додека

триесет и два испитаници припаѓаат на женскиот пол.

Сл. 2 – Од испитанците најголем процент имаат од 32-39 години, но средната

возраст изнесува 31 година.

[CATEGORY NAME]

72[PERCENTAGE]

[CATEGORY NAME]

32[PERCENTAGE]

1. ППЛ

18-254%

25-3220%

32-3927%

39-4625%

46-5310%

53-605%

60-676%

67-743%

2. ВПЗРАСТ

Page 88: ОСИГУРУВАЊЕ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА И ПАТНИЧКО …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/GjorgiMenkisoski_bt_juni19.pdf · дали постои франшиза

88

Сл.3

Сл. 4 – На прашањето за број на автомобили кои ги поседуваат испитаниците

најголем дел одговориле дека имаат еден автомобил.

79,[PERCENTAGE]

25,[PERCENTAGE]

3.ДАЛИ ВПЗИЛПТП КПЕ ГП ВПЗИТЕ Е ЛИЧНП ВАШЕ?

Да Не

176%

дп 316%

дп 55%

над 53%

4. КПЛКУ ВПЗИЛА ППСЕДУВА ВАШЕТП ППТЕСНП СЕМЕЈСТВП?

Page 89: ОСИГУРУВАЊЕ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА И ПАТНИЧКО …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/GjorgiMenkisoski_bt_juni19.pdf · дали постои франшиза

89

Сл. 5 – На прашањето дали испитанците се запознаени со каско осигурување само

два испитаници одговорија дека не се воошто запознаени што е каско осигурување

Сл. 6 – На прашањето дали испитаниците користат каско осигурување, деведесет и

два проценти одговориле дека користат додека осум проценти одговориле дека не

користат каско осигурување.

5. Дали сте заппзнаени сп Каскп псигуруваоетп?

Да Не

Да92%

Не8%

6. Дали кпсристите Каскп псигуруваое?

Да Не

Page 90: ОСИГУРУВАЊЕ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА И ПАТНИЧКО …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/GjorgiMenkisoski_bt_juni19.pdf · дали постои франшиза

90

Сл. 7 – На прашањето за обновување на каско полисата, огромен дел одговориле дека

го обновуваат каското, додека значително мал дел одговориле дека не го обновуваат

или дека не се редовни во тоа.

Сл. 8 – На прашањето за познавање на услугите од каско осигурувањето седумдесет

проценти одговориле дека се детално запознаени што опфаќа каското.

88%

4%8%

7. ДАЛИ РЕДПВНП ГП ПБНПВУВАТЕ КАСКП ПСИГУРУВАОЕТП?

Да, редпвнп секпја гпдина Не, самп на пдреден перипд

Не, впппштп не кпристам

70%

30%

8. ДАЛИ СТЕ ЗАППЗНАЕНИ СП ШТЕТИТЕ КПИ ГИ ППКРИВА КАСКП ПСИГУРУВАОЕТП И

ППД КПИ УСЛПВИ?

Да Не

Page 91: ОСИГУРУВАЊЕ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА И ПАТНИЧКО …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/GjorgiMenkisoski_bt_juni19.pdf · дали постои франшиза

91

Сл. 9 – На прашањето кое се однесува на време поминато надвор од границите на

државата добиени се одговори кои потенцираат дека огромен дел од испитаниците

поминуваат значително време надвор од државата. Најголем дел еднаш годишно, но

кумулативно другите одговори се во мошне поголем број.

Никпгаш2%

Еднаш гпдишнп41%

Некплку пати вп гпдината

28%

Ппвеќе пати вп месецпт

15%

Еднаш неделнп12%

Ппвеќе пати вп неделата

2%

9. КПЛКУ ЧЕСТП ПАТУВАТЕ ВП СТРАНСТВП?

100%

10. ДАЛИ КПРИСТИТЕ ЗЕЛЕНА КАРТА КПГА ПАТУВАТЕ ВП СТРАНСТВП?

ДА

Page 92: ОСИГУРУВАЊЕ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА И ПАТНИЧКО …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/GjorgiMenkisoski_bt_juni19.pdf · дали постои франшиза

92

Сл. 10 и 11 – На прашањата кои се однесуваат на престојот поминат надвор од

државата, сите испитаници одговориле дека користат патничко осигурување и

зелен картон.

Сл. 12 – На прашањето кога испитаниците го вадат патничкото осигурување,

седумдесет и четири испитаници одговориле дека патничкото осигурување го вадат

при патување односно по потреба.

100%

11. ДАЛИ КПРИСТИТЕ ПАТНИЧКП ПСИГУРУВАОЕ КПГА ПАТУВАТЕ ВП

СТРАНСТВП?

ДА

[PERCENTAGE]

74

[PERCENTAGE]

11

[PERCENTAGE]

17

12. ПАТНИЧКП ПСИГУРУВАОЕ ВАДАМ:

При секпе патуваое пп пптреба Месечнп Ануалнп, за цела гпдина

Page 93: ОСИГУРУВАЊЕ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА И ПАТНИЧКО …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/GjorgiMenkisoski_bt_juni19.pdf · дали постои франшиза

93

Сл.13 – На прашањето поврзано со запознаеност на услови на патничко осигурување,

седумдесет и три проценти одговориле дека се запознаени, додека останатите не се

Сл. 14 На прашањето дали досега испитаниците биле во ситуација каде што ги

искористиле услугите на осигурителните компании, најголем дел одговориле со НЕ,

дваесет и седум проценти го искористиле патничкото осигурување, а пак скоро ист

број на испитаници ги искористиле двете или само каско осигурувањето.

73%

27%

13. ДАЛИ ЗНАЕТЕ ШТП ППКРИВА И ППД КПИ УСЛПВИ ПАТНИЧКПТП ПСИГУРУВАОЕ?

Да Не

21%

27%

22%

30%

14. ДАЛИ ДПСЕГА СТЕ БИЛЕ ВП СИТУАЦИЈА ДА МПРА ДА ГИ ИСКПРИСТИТЕ УСЛУГИТЕ ПД

КАСКП ИЛИ ПД ПАТНИЧКП ПСИГУРУВАОЕ?

Да, пд Каскп Да, пд патничкп Да, пд двете Не

Page 94: ОСИГУРУВАЊЕ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА И ПАТНИЧКО …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/GjorgiMenkisoski_bt_juni19.pdf · дали постои франшиза

94

Сл. 15 – Огромен дел од испитаниците одговориле дека се задоволни од понудите за

осигурување.

Добиените резултати покажуваат дека граѓаните имаат потреба од едукација,

поврзано со осигурувањето на моторните возила и патничкото осигурување, но и

општо за осигурителниот пазар на Република Северна Македонија.

Исто така може да заклучиме дека иако граѓаните не се свесни што точно им нуди

осигурувањето, сепак тие се свесни дека имаат потреба од него и сепак го користат.

87%

13%

15. ДАЛИ СТЕ ЗАДПВПЛНИ ПД ТПА ШТП ГП НУДАТ ПВИЕ ДВЕ ПСИГУРУВАОА?

Да Не

Page 95: ОСИГУРУВАЊЕ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА И ПАТНИЧКО …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/GjorgiMenkisoski_bt_juni19.pdf · дали постои франшиза

95

Заклучок

Откако е извршена детална анализа на осигурувањето на моторни возила и на

патничкото осигурување, откако е извршена компарација за тоа како овие типови на

осигурување функционираат во Германија и Србија, и секако, после обработените

податоци и извршената анкета, може да заклучеме дека:

- Граѓаните на Република Северна Македонија имаат потреба од

дополнителан едукација и презентации за повеќе да се запознаат општо со

осигурителниот систем во нашата држава, а секако и подетално да се

запознаат со патничкото осигурување и со осигуруваењето на моторните

возила. Граѓаните имаат потреба да се запознаат со своите права и

одговорности како осигуреници, како и да се запознаае подетално за тоа од

кои видови на настани и штети може да се осигураат, на кој начин и под кои

услови. Исто така граѓаните на Северна Македонија мора да стекнат

поголема доверба во осигурителните компании.

- Полисите за осигурување се речиси сеопфатни, опфаќаат проблеми од

големи размери и од различни видови. Исто така условите за користење се

прифатливи , иако многу често може да се случи осигуреникот да добие

помал надомест на штета или пак многу бавно решавање на проблемот, иако

го очекува спротивното.

- Од направената компарација со тоа како системот на осигурување

функционира во Република Германија и Република Србија, односно кои се

условите за осигурување на моторни возила и условите за патничко

осигурување, може да кажеме дека тоа се приближно истите услови кои се

пропишани и од осигурителните комапнаии со седиште во Република

Северна Македонија, со минимални измени и дополнувања.

- Историски гледано, според податоците од Агенцијата за супервизија на

осигурувањето и Националното биро за осигурување, бројот на склучени

Page 96: ОСИГУРУВАЊЕ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА И ПАТНИЧКО …pfk.uklo.edu.mk/portal/upload/magisterski/GjorgiMenkisoski_bt_juni19.pdf · дали постои франшиза

96

договори за осигурување се се поголеми, меѓутоа сеуште тој број не е

искачен на високо ниво.

Користена литература

1. Агенција за супервизија на осигурувањето, Пазар на осигурување, Скопје,

октомври 2011

2. Национално биро за осигурување, Теорија и пракса во осигурувањето, Скопје

2015

3. Албсиг, Услови за каско осигурување на моторни возила, Скопје 2010

4. Службен весник на РМ, Закон за осигурување, 2001

5. Службен весник на РМ, Закон за возила, 2008

6. Службен весник на РМ, Закон за задолжително осигурување во сообраќајот, 2005

7. Церовиќ, М, Осигурување на моторните возила, Нови Сад, 2009

Интернет извори

1. http://pravo.org.mk/ [2019]

2. https://welcome-center-germany.com/arranging-motor-vehicle-insurance-germany/ [2019]

3. Cathy J. Matz-Townsend ,https://www.howtogermany.com/pages/healthinsurance2.html [2019]

4. Alianz Travel, https://www.allianz-reiseversicherung.de/ [2019]