мојата татковина република македонија ок-Ivo

12
Проектна задача по предметот опшетство Изработил Иво Дамчески Vб

Transcript of мојата татковина република македонија ок-Ivo

Page 1: мојата татковина република македонија ок-Ivo

Проектна задача по предметот опшетствоИзработил Иво Дамчески Vб

Page 2: мојата татковина република македонија ок-Ivo

Античка Македонија

Филип II Македонски (382 п.н.е. - октомври 336 п.н.е.) — крал на Македонија од 359 п.н.е. до 336 п.н.е. Бил татко на Александар Македонски во бракот со Олимпија, како и на Филип III Аридеј во бракот со Филина од Лариса. Во негово време започнал периодот на големиот подем на македонската држава. Александар III Македински (Велики) (323 г.пне – 356 г. п.н.е) е македонски цар од династијата Аргеади, син на Филип II и на Олимпија, ќерка на молоскиот владетел, кој владеел од 336 до 323 година п.н.е. Негов учител бил славниот филозоф Аристотел. Тој ги проширил границите на Македонија се до Авганистан и Индија.

2

Page 3: мојата татковина република македонија ок-Ivo

Стари Словени

Кон крајот на VI век и почетокот VII век на територијата на Македонија се доселиле Словените. Нивната прататковина се наоѓала зад Карпатите, но поради лошите услови за живот, како и нападите од соседите, тие започнале да се преселуваат. Некои заминале исток, некои на запад, а оние кои заминале на југ и се населиле на Балканскиот Полуостров се наречени Јужни Словени.

Браќата Кирил и Методиј биле многу учени луѓе. Тие ја создале првата словенска азбука – глаголицата, а нивните ученици Климент и Наум ја упростиле глаголицата и новото писмо го нарекле кирилица.

3

Page 4: мојата татковина република македонија ок-Ivo

Самуилово царство

Цар Самуил (958 - 6 октомври 1014)

— средновековен македонски владетел

кој на преминот од X кон XI

век формирал пространо царство на

територијата на Балканскиот

Полуостров. Цар Самоил наводно

починал од срцев удар откако неговите

војници биле оспени на битката на

планината Беласица.

4

Page 5: мојата татковина република македонија ок-Ivo

Македонија под османлиско

ропство Првиот султан што имал поактивно

учество во борбата против Македонија бил султанот Мехмед II Освојувачот во 15 век. Македонскиот народ често се бунтувал и кревал востанија за ослободување од османлиската власт. Најстара оружена форма било ајдуството.Првото поголемо востание во Македонија било Карпошевото востание кое било предводено од ајдутинот Карпош во 1689 година. Ослободителното движење во Македонија се засилило во XIX. Тогаш биле кренати поголеми востанија како Негушкото, Разловечкото и Кресненското.

5

Page 6: мојата татковина република македонија ок-Ivo

Македонски револуционери

6

Од сите бунтови и востанија најзначајно е Илиндеското востание кренато на 2 Август 1903. Познати револуционери од тоа време се: Гоце Делчев, Питу Гули, Јане Сандански, Даме Груев, Ѓорче Петров, Пере Тошев и др.

Page 7: мојата татковина република македонија ок-Ivo

Баклански војни

 Балкански војни се две војни, што се случиле во Југоисточна

Европа во 1912 и 1913 година. Првата балканска војна започнала на 8

октомври 1912 година кога Бугарија, Грција, Црна Гора и Србија ја

нападнале Османлиската империја. Војната завршила во 1913 година со

потпишување на мировен договор во Лондон.

Втората балканска војна избила на 16 јуни 1913 година кога Бугарија,

незадоволна од своите придобивки, ги нападнала своите поранешни

сојузници, Србија и Грција. Војната завршила со потпишување

на мировен договор во Букурешт.

7

Page 8: мојата татковина република македонија ок-Ivo

Светски војни

По балканските војни, во 1914 година започнала Првата светска војна, која траела се до 1918 година. Во која учествувале и Македонците кои се бореле за туѓите интереси.

Македонија ја започнала својата антифашистичка-народноослободителна борба во Втората светска војна на 11 Октомври 1941 година.

На 2 Август 1944 година во манастирот Прохор Пчински е одржано првото заседание на АСНОМ.

На ова заседание биле донесени повеќе решениа со кои е прогласено создавањето на македонската држава и биле утврдени нејзините највисоки органи.

За прв претседател е избран Методија Андонов – Ченто

8

Page 9: мојата татковина република македонија ок-Ivo

Самостојна македонија

По втората светска војна Македонија влегува во составот на

Југословенската федерација (СФРЈ) како рамноправна членка.

Македонија се развива, обновувањето на државата донесува брз еконмски

и стопански развој.

На 8 Септември 1991 година граѓаните на Република Македонија се

изјаснија самостојна, суверена и независна Република Македонија.

На 17 Ноември 1991 Собранието на Република Македонија го изгласа

првиот устав на самостојна, суверена и независна Република Македонија.

Како независна и самостојна држава на 8 Април, Република Македонија е

примена како рамноправна членка на ООН.

9

Page 10: мојата татковина република македонија ок-Ivo

Архитектура и природни убавини

Скопски аквадукт — аквадукт и

археолошки локалитет кој се наоѓа кај

Визбегово, во непосредна близина на

градот Скопје.

Вардар — најголемата река во Република

Македонија и воопшто во

регионот Македонија. Долга е 388 км и

нејзиниот речен слив опфаќа површина од

приближно 25.000 км².

10

Page 11: мојата татковина република македонија ок-Ivo

Архитектура и природни убавини

Камениот мост се наоѓа во центарот на градот Скопје, и ги поврзвува левата и десната страна на градот Скопје.

Матка најстарото вештачко езеро во Македонија, чијашто акумулација е изградена во 1938 година. Добиено е со преградување на реката Треска со брана, и создавање на вештачка акумулација во кањонот Матка.

11

Page 12: мојата татковина република македонија ок-Ivo

12