Мојата идна професија

35

description

Мојата идна професија

Transcript of Мојата идна професија

Page 1: Мојата идна професија
Page 2: Мојата идна професија

Александар Панов -

Градоначалник на Општина Кавадарци

“ Човекот не живее само за себе; тој е општокорисно битие и му припаѓа и на општеството ”

* Секој човек се сеќава на средношколските денови и понекогаш оттаму црпи енергија и идеи за нови подвизи. Кои се вашите најубави моменти од тој период? Како најубави моменти од средношколските денови, би ги истакнал моментите на постојана дружба со школските другари во заеднички, незаборавни авантури,

безгрижноста, енергијата и неограничените фантазии коишто ги има еден млад човек. * Што најмногу влијаеше врз изборот на вашата професија? Најголемо влијание имаа моите родители. Јас имав огромна желба да студирам археологија, но наидов на голем отпор од нивна страна. Како втора алтернатива беше Факултетот

ММООЈЈААТТАА ППРРООФФЕЕССИИЈЈАА

Page 3: Мојата идна професија

за безбедност, меѓутоа не успеав таму, па се запишав на Правниот факултет “Јустинијан Први” во Скопје, како сроден факултет, со цел подоцна да се префрлам на Факултетот за безбедност. Меѓутоа, тамошната цивилизација, слободата што ја нудат студентските денови и дружбата со колегите придонесоа да останам на Правниот факлутет.

* Дали сметате дека сте направиле вистински избор и дали ве исполнува професијата што ја работите? Не мислам дека сум го направил вистинскиот избор, меѓутоа јас во секоја работа знам да најдам нешто интересно, да ја покажам притоа својата креативност и да извлечам општествена корист. * Што е тоа што Ве мотивира да се доусовршувате и напредувате во вашата кариера? Мојата кариера не е во областа на правото, туку во политиката. Единствен мотив за напредок во кариерата е ПАТРИОТОЗМОТ. Но, не оној класичен париотизам (со пушки и со бомби :) ), туку модерниот патриотизам кој значи економски просперитет, градење, креативност, едукација во служба на граѓаните и државата или т.н. модерен национализам, што подразбира добро и просперитет на сопствената држава, но не на штета на било која друга држава.

* За да го постигнете сето ова сигурно сте вложиле многу труд и сте се откажале од многу работи? Труд, многу здравје и оттуѓување од семејството и најблиските, што за жал е составна компонента на успехот. Но, сепак мислам дека со поддршката од најблиските ништо не е тешко да се постигне. Напротив, нивната верба во нас не мотивира да се стремиме кон што е можно поголеми достигнувања. * Што е најубаво во вашата професија, а што е она што се наоѓа на другата страна на оваа професија имајќи во предвид дека Вие сте во постојана комуникација со луѓе, а некогаш тоа е мошне напорно? Убаво е чувството кога може да се гради и да се исполнуваат планираните програми. Со тоа се задоволуваат и потребите на граѓаните како колектив, но и индивидуалните потреби. Сепак, негативно во оваа функција е тоа што честопати се сретнувам со луѓе со тешка судбина, а имајќи ја во предвид ограниченоста за дејствување да им се помогне на овие луѓе се јавуваат големи фрустрации. Кај дел од нив постои веќе дефинирано мислење за тоа дека Градоначалникот е тој што вработува. Ваквото мислење знае да одземе голем дел од времето и енергијата, кои можат да се искористат за далеку поконструктивни цели.

Page 4: Мојата идна професија

* Дали факултетот кој сте го завршиле нуди повеќе можности и дали некогаш сте размислувале за промена на професија ? Правниот факултет нуди многу можности затоа што е еден вид енциклопедиска наука, но сепак размискувам во догледно време да се запишам на постдипломски студии по Археологија, потесна специјалност Нумизматика.

* За сите години работно искуство сте имале можност да учите од поискусни професионалци. Но што е со “школото” надвор од професијата, кое е најдоброто животно училиште? Тука би го цитирал мојот професор од Правниот факултет, Ѓорѓе Марјановиќ: "Секој може да биде и д-р на науки во својата професија, но не секој може да биде човек". Во било која професинална ориентација, прво и основно е да се биде човек и да се има човечки однос. Битна улога играат: домашното воспитување,

"чаршиското школо", идолите и стереотипите, т.н. нефорамалното образование и секако генетските предиспозиции. * Кое е Вашето животно мото? Животот е еден, меѓутоа истиот не се живее само за себе. Човекот е општокорисно битие и со тоа му припаѓа и на општеството. * Што би им препорачале на нашите ученици? Би им препорачал да се образуваат не затоа што тоа им е обврска, туку заради потребата за само- запознавање и запознавање на битието. Со упорност и тренинг, полека се буди желбата за знаење, се открива она што е личен предмет на интерес и се зголемува потребата за што е можно подлабоко навлегување во проблематиката на одредена наука. Затоа бидете упорни и не се откажувајте. Човек учи и со последниот здив од неговиот живот.

Page 5: Мојата идна професија

* Што најмногу влијаеше врз изборот на вашата професија? Искрено, она што јас сакав да го студирам беше безбедност. Извесно време се двоумев меѓу правен и економски факултет. На крај, се решив за економски, бидејќи според мене нуди најширок избор на професии и можност за работа.

* Дали сметате дека сте направиле вистински избор и дали Ве

исполнува професијата што ја работите? Сигурна сум дека не погрешив во изборот. Тоа што го работам доволно ме исполнува. * Што е тоа што Ве мотивира да се доусовршувате и напредувате во вашата кариера? Според мене личниот развој значи лична сатисфакција. Од друга страна,

ММООЈЈААТТАА ИИДДННАА ППРРООФФЕЕССИИЈЈАА

Page 6: Мојата идна професија

за да се вклопиш во модните трендови при овој развој на техниката, мораш постојано да се надоградуваш и доусовршуваш и тоа во различни области. * За да го постигнете сето ова сигурно сте вложиле многу труд и сте се откажале од многу работи ? Искрено, морав да се откажам од некои работи. Јас се омажив млада, студирав со дете и самото тоа подразбира дека немав можност вистински да ги почувствувам студентските денови. * Што е најубаво во Вашата професија, а што е она што се наоѓа на другата страна на оваа професија, имајќи в предвид дека сте во постојана комуникација со луѓе, а некогаш тоа е мошне напорно?

Можноста за комуникација со луѓе е најголемата позитивност што ми ја нуди работата. Кај мене доаѓаат странките од различна социјална и образовна структура и самото тоа ме тера да се прилагодам, различно да реагирам и да се изразувам во текот на еден ден. Тоа што контактирам со нив, ми дозволува да продрам подлабоко во нивната психологија. Тоа ми помага се уште да ги осознавам страните на животот. Најбитно ми е на крајот странката да ми рече “Благодарам”.

* Дали факултетот кој сте го завршиле нуди повеќе можности и дали некогаш сте размислувале за промена на професија ? Сум размислувала и за промена на работното место и промена на градот, но секако во рамките на економијата. * За сите години работно искуство сте имале можност да учите од поискусни професионалци. Но што е со “школото” надвор од професијата, кое е најдоброто животно училиште? Се согласувам со она народски кажано дека “ не е се во училиштето, туку и надвор од него”. Искуството од различни ситуации, од комуникацијата со луѓето, допирот со другите професии.... во целост го сочинуваат животното школо. * Што им препорачувате на нашите ученици? На учениците им препорачувам никогаш да не се откажуваат од она за што имаат желба, да се стремат кон своите афинитети и да не дозволуваат никој да влијае врз нивната одлука. Сепак, нека внимаваат на иднината, да изберат нешто што ќе ги спои до некаде можностите за работа што ги нуди нивната професија и нивните желби.

Page 7: Мојата идна професија

* Според Вас, зошто обично средношколските денови се најубавиот период во животот на човекот?

Средношколскиот живот е исполнет со енергија, ентузијазам, мечтаење, визија за иднината. Секогаш сеќавањaтa од тие денови: дружењето, заедништвото, првата љубов и првото разочарување, добрите но и лошите оценки, се најубави. При моето дипломирање, постдипломско надоградување и отпочнувањето на кариерата,

секогаш енергијата ја црпев од тој средношколски занес. Искористете ја таа слобода на размислување за да ги препознаете брзо вистинските смерници на својот живот.

* Што беше она што Ве привлече да ја изберете професијата? Дали сте задоволен со Вашиот избор? Мојата професија е една од најхуманите, најблагородните. Самата помисла дека обезбедуваме храна за сите нас ме исполнува, ме прави горд. Секогаш кога ќе размислувате која ќе биде вашата идна професија, треба да бидете поведени од некој мотив, порив, да имате љубов и желба да го работите тоа во

иднина. Се поголемата потреба за храна во светот,

МОЈАТА ПРОФЕСИЈА

Проф. д-р Ристе Еленов

Професор на Земјоделски Факултет Скопје и директор на Агропин

“Инвестицијата во себе, во знаењето, во усовршувањето е највредна и најдобра инвестиција”

Page 8: Мојата идна професија

подигнување на критериумите за производство и користење на еколошки, хемиски и токсиколошки здрава храна беше вистински мотив Агрономијата да биде мојата професија. Кога би постоела можност повторно да ја одредувам својата професија, Агрономијата би бил прв и единствен избор. * Кој е Вашиот мотив за практична, теоретска како и професионална надградба? Завршувањето на средното училиште е само едно скалило кое треба да ве води до искачување на врвот. И кога мислите дека сте стигнале на врвот, секогаш наидувате на работи кои ќе ве натерат да размислувате подлабоко. Современите технологии ви отвараат широки хоризонти. Општествените и економските услови многу брзо се менуваат. Желбата да бидам чекор пред овие промени е мојот огромен мотив за усовршување. Ќе го цитирам еден мој драг професор од факултет:

“Првиот е на врвот, а вториот и сите други се зад првиот”.

* Постои ли жртва што моравте да ја положите за да постигнете успех на професионално поле? За секое постигнување мора да се вложи труд и да се откажеме од некои задоволства. Од моето животно искуство и од оваа временска дистанца, слободно можам да кажам дека правилниот распоред на обврските и задоволствата ќе ве доведе до неопходниот баланс во животот. Животот со обврски, со професионални борби секој ден, максималното искористување на интелектуалниот потенцијал го прави човекот различен од сите живи суштества. За да дојдам до целите кои сам себе сум си ги поставил, сум вложил физички и интелектуален напор, но исто така и резултатите од тоа секогаш се вредни за вложениот труд. * Што би преовладувало на мерилото, позитивните или негативните страни на Вашата професија? Патувањата, секојдневната комуникацијата со луѓе, создавањето, одржувањето и развојот на компанија влезена и директно и индиректно во

Page 9: Мојата идна професија

ланецот за производство на храна, едукацијата на младите луѓе, давањето правилна насока во нивниот живот е она што многу ме исполнува. Секогаш работите ги гледам од позитивната страна, бидејќи тоа е единствениот начин да се оди напред. * Што е она што човек не може да го научи во училишните клупи, туку само надвор од нив? Семејството и училиштето ги поставуваат темелите на животот на секој човек. Со професионалното работење и учењето од поискусните се изградуваме целосно. Но, исто така постои нешто многу важно, кое не се учи во ниту едно училиште, а кое е многу значајно во животот. Постои една изрека во мојот роден град Кавадарци: “Чаршијата е најдобро животно школо”.

* Кое е Вашето животно мото? Инвестицијата во себе, во знаењето, во усовршувањето е највредната и најдобрата инвестиција. * Што им препорачувате на нашите ученици, идните студенти? Изборот на вашата идна професија ќе го одреди вашиот понатамошен живот. Изборот треба да го направите прагматично, но и емотивно. Што и да одберете треба да го сакате, да се вложувате целосно во тоа, да не се повлекувате при појава на првата поголема пречка, да се доусовршувате и да се стремите да го достигнете врвот. И на крај, никако субјективно – Агрономијата би била вистински избор за ваша професија.

Page 10: Мојата идна професија

* Кои се Вашите најубави моменти од средношколските денови ? За мене, најубавите моменти од средношколските денови се сите оние моменти на дружење со соучениците и нашите заеднички доживувања преку кои ние всушност го откривавме животот и го довршувавме процесот на образување како личности. * Што најмногу влијаеше врз изборот на Вашата професија? Дали денес Ве исполнува професијата што ја работите ? Јас завршив англиски јазик и книжевност. Причината што ја избрав оваа професија беше љубовта спрема странските јазици, и можноста за комуникација со луѓе што јазикот ја

отвара, и секако, запознавањето на нови култури и цивилизации. Сепак денес не работам точно во ова поле, бидејќи решив да ги искористам можностите што ми ги даде животот. Денес работам во полето на човекови ресурси на раководна позиција. Оваа професија ме исполнува, бидејќи е мошне креативна работа. Лично, никогаш не ме привлекувале професиите каде што треба да се работи автоматски. На оваа позиција имам слобода да осмислувам, да донесувам одлуки, но морам да умеам и да се прилагодам на промените што ненадејно настануваат. * Кој е Вашиот мотив да се доусовршувате и напредувате во Вашата кариера?

ММООЈЈААТТАА ППРРООФФЕЕССИИЈЈАА

М-р Билјана Митрева генерален менаџер на Alliance One Macedonia, АД Кавадарци.

“Верувајте во себе и не се ограничувајте

дури и кога околностите се ограничувачки”

Page 11: Мојата идна професија

Секој човек треба доживотно да се развива на професионален план, бидејќи човек никогаш не може да каже “Јас знам се”. Едноставно, процесот на учење, онаа потрага по нови знаења никогаш не смее да престане. * Сметате ли дека сте направиле голема жртва, остварувајќи ја Вашата професионална амбција ? Сметам дека не сум направила поголема жртва од останатите. Секако дека имам вложено многу труд и можеби при патот до остварувањето на мојата цел, сум се откажала од некои поединости. Сепак, сметам дека ако добро се организираш, нема да дојде ден да мораш да положиш особена жртва. * Која е најубавата страна на Вашата професија ? Од друга страна, кои се тешкотиите на кои наидувате при постојаната комуникација со луѓето што Вашата професија го бара од Вас ? Понекогаш е тешко да се поврзе теоријата со практичните услови за работа кај нас. Мораш да умееш да се прилагодиш на менталитетот, на луѓето и опкружувањето, да се направи едно бленд- премотување на сите разлики што постојат за успешно да се имплементира еден проект. Но, убавината во комуникацијата со луѓе е што можам да им го пренесам она што јас сум го стекнала од некое поинакво опкружување. Негативната страна е што нашиот менталитет се одликува со извесен конзерватизам и не е

лесно на луѓето да им ги презентираш знаењата стакнати на поинаков начин од оној стандардниот. Кај нив се јавува извесен отпор, кој дали ќе се скрши или не, зависи од мојата презентација на информациите. * Дали факултетот кој сте го завршиле нуди повеќе можности и дали некогаш сте размислувале за промена на професија ? Па, јас веќе тоа и го направив. Со самото тоа, наидов на потреба да го надоградам моето образование во областа на менаџментот. Сепак, изборот на првата професија ме доведе до денешната позиција. * Кое е според Вас најдоброто животно школо? Според мене, најдоброто животно школо се искусува кога човек ќе излезе од т. н “comfort zone” . Тогаш добива пореална слика за животот и се надоградува себеси како личност. * Што би им препорачале на нашите ученици? На учениците им порачувам да се осознаат себеси и да донесат точна одлука што точно сакат да постигнат во иднина и која професија најмногу би ги исполнила. Да не се владеат од тоа што во моментот се бара на пазарот, да бидат храбри и спремни на ризик, бидејќи ако не ги следат своите пориви, нема да резултираат со професионален успех. Да веруваат во себе и да не се ограничуваат дури и кога околностите се ограничувачки.

Page 12: Мојата идна професија

Во животот е важен успехот, но секогаш чесниот неуспех е подобар од валканата победа

Зоран Јосифов Претседател на Основен суд , Кавадарци Средношколските денови се според мене најубавиот период во животот на еден човек. Не би можел да издвојам некои посебни моменти, бидејќи во целина за тој период ме врзуваат најубави спомени. Тешко може да се каже дека еден млад човек на 14 години може јасно да ја препознае и свесно да ја избере својата професија. Јас бев ставен при тој избор веднаш при уписот во прва година средно образование и може да се каже дека избрав воден и од некои сосема банални причини. Во секој случај професијата правник ми се допадна гледајќи еден стар американски филм со црно-бела техника, во кој еден постар адвокат брилијантно го бранеше својот клиент. Можеби и тоа малку ме насочи кон правото. Човечки е секогаш да се стреми кон повеќе, кон подобро, да не се задоволиш со постигнатото. Најверојатно тој основен човечки инстинкт ме води напред во

кариерата. Исто така стремежот да се научи повеќе, нешто ново, да се биде поуспешен во извршувањето на функцијата, да се решат што потешки спорови, да се оствари што подобар квалитет во работењето. Бремето на одговорност за кое зборував сигурно ја наметнува потребата од постојано учење и усовршување, се со цел да се биде постручен и поправичен. Во секоја професија има некој врв кон чие остварување се стремиме, па така и моја желба би била судија на Апелационен суд или можеби Врховен. Себе си не се доживувам како некој зависник од работа и гледам да не правам преголеми откажување од секојдневните животни радости, за сметка на напредување во кариерата по секоја цена. Најубава е самата тежина и сложеностa на мојата работа. Правораздавањето, делењето правда е голем предизвик, како и почитта и авторитетот што ја носи

ММООЈЈААТТАА ППРРООФФЕЕССИИЈЈАА

Page 13: Мојата идна професија

професијата исто така. Не е занемарливо и тоа што со оглед на условите во кои живееме денес, извршувањето на судиската функција носи примања од кои може релативно добро да се живее. Но, затоа притисокот е прилично голем. Секогаш се работи за предмети во кои една од странките е незадоволна од конечната одлука. Негативното пишување во медиумите за начинот на кој генерално судиите ја вршат својата функција исто така создава дополнителен притисок. Честопати на удар е и приватноста на судијата. Сето ова ја создава другата, помалку привлечна страна на професијата судија. Секако дека нуди можности за повеќе професии, и тоа како во рамките на правосудството, така и во бизнис секторот. Најдобро училиште е животот. Секој човек треба активно да

се вклучи во сите аспекти од општественото живеење, да изгради правилен став за тоа што е исправно, а што погрешно, да се учи на сопствените и туѓите грешки, да се прифати она што е добро и корисно, а да се изгради одбранбен механизам од девијатностите од секаков тип. Да се изградиш себеси како добар стручњак не значи дека си се изградил и како добра личност. За тоа е потребно многу повеќе: и домашно воспитување, но и она што кај нас се нарекува “чаршиско школо “....На учениците им препорачувам “Сите избори во животот да ги прават со бистра глава и отворено срце. Било кое занимање или професија што ќе ја изберат, да ја работат чесно, високо професионално, вложувајќи го најдоброто од себе, но пред се да бидат добри луѓе”.

Page 14: Мојата идна професија

РРООЗЗААЛЛИИННАА ППООППООВВАА--ККООССККААРРООВВАА:

”Вашата професионална биографија е како празна чинија: што ќе ставите во неа, тоа и ќе имате”

* Што ќе Ви остане во спомен од средношколските денови ? За мене, како и за многумина други, спомените од средношколските денови се однесуваат на дружењето со врсниците од класот, на моите професори, на случките на часовите. * Кој момент беше пресуден за избор на професијата? За изборот на мојата професија, пресудна беше професијата на моите родители (Веска и Ристо Попови), кои беа вљубеници во учителскиот позив. * Дали ве исполнува Вашата денешна професија? Се соочувате

ли со проблеми при постојаната комуникација со луѓе ? Професијата универзитетски професор целосно ме исполнува, токму заради секојдневната комукникација со млади луѓе. Го сакам она што го работам денес, едноставно поради целосната посветеност на професијата и градењето на професионализам во сферата на делување. Проблемот не е во постојаната комуникација со луѓето, туку понекогаш во неможноста на младите луѓе да им се пренесат не само знаења, туку и вредности кои за жал, се повеќе се маргинализираат.

ММООЈЈААТТАА ИИДДННАА ППРРООФФЕЕССИИЈЈАА

Page 15: Мојата идна професија

* Што Ве мотивира да се надоградувате професионално? Духот за напредување во науката, кој никогаш не престанува е најголемиот мотив во оваа професија. * Сметате ли дека имате вложено голема жртва за да ја остварите Вашата цел? Науката понекогаш бара големо, лично жртвување, но за мене претставува вистински предизвик. * Постои ли училиште надвор од училишните клупи ? Да, училиштето е формалната страна, а животот е најголемото училиште за секогаш. * Кое е Вашете животно мото ? Истрајност и одговорност во се што се работи!

* Која е вашата препорка до нашите ученици? На сите ученици- средношколци, за крај, една корисна препорака: Вашата професионална биографија е како празна чинија: што ќе ставите во неа, тоа и ќе имате. На вашето CV треба да мислите многу порано, отколку што и самите очекувате, уште додека сте во средно училиште ( кога се уште сте недоволно зрели), а најдоцна во првите две години од факултетот. Учете странски јазици, стекнете информатички компетенции, за да се снаоѓате полесно во ова информатичко општество. Стекнувајте занења не за оценки, туку за да бидете доволно интелектуално подготвени и кога ќе бидете родители еден ден!

Page 16: Мојата идна професија

* Што најмногу влијаеше во изборот на Вашата професија? - Времето во коешто јас бев средношколец - (1982-1986) е време кое е многу различно од денешното. Во тој период можностите за студирање беа многу поинакви од денешните, a и социјалниот статус на родителите беше исклучително важен елемент за студирање. Во тој период започна да се гради објектот ФЕНИ-Кавадарци, кој во тоа време објави конкурс за користење на стипендии за определени факултети. Мене ми изгледаше привлечно да се студира геологијa, па јас конкурирав на тој конкурс и ја добив стипендијата. Така, може

слободно да се каже дека пресудно влијание во тој период за моето идно студирање имаше можноста да добијам стипендија и да студирам на Универзитетот во Белград, кој во тоа време беше еден од најпрестижните Универзитети на Балканот. *Дали сметате дека сте направиле вистински избор и дали денес Ве исполнува професијата што ја работите? Што е тоа што Ве мотивира постојано да се доусовршувате и да напредувате во Вашата кариера?

- Во секој случај мислам дека сум направил правилен избор на професијата, бидејки и досега постои континуираната желба за

Проф. Д-р Блажо Боев Универзитетски професор

“Непрекинатото образование е основен предуслов за успех на секој поединец”

ММООЈЈААТТАА ППРРООФФЕЕССИИЈЈАА

Page 17: Мојата идна професија

надоградба во професијата. Работното место на кое се наоѓам (професор на Универзитет), во секој случај не дозволува да не се работи на усовршување на професијата од една страна, а секако и желбата да се постигне повеќе во науката, од друга страна.

* За да го постигнете сето ова сигурно сте вложиле многу труд и сте жртвувале многу работи?

-Научната работа е многу специфично поле на работа и тоа секако бара посебни ангажмани и напори, кои се секако многу поразлични од другите професии.

* Што е она најубавото во

Вашата професија, а што е она што се наоѓа на другата страна на оваа професија – имајќи в предвид дека сте во постојана комуникација со луѓе, а некогаш тоа е мошне напорно? - Можеби би било малку претенциозно да кажам дека сум направил правилен и сигурен избор, кој нуди повеќе можности, но како поминува времето, таа констатација се повеќе се потврдува. Досега не сум бил во ситуација да размислувам за промена на професијата, бидејќи мислам дека ако добро ги проучите и процените вашите желби и афинитети заедно со реалните потреби на општеството никогаш нема да дојдете во таква ситуација.

* За сите години работно искуство сте имале можност да учите од поискусни професионалци. Но, што е со она „школо“ надвор од професијата, кое претставува најдобро животно училиште? - Секако дека за целото мое работно искуство сум имал можност да учам од повозрасните и поискусните професионалци. Уште повеќе, треба да бидат предмет на почитување луѓето кои зад себе имаат години и години работно искуство, а се уште одлучуваат и понатаму да работат на себе и да се усовршуваат. На тој начин, Вие ќе им бидете пример на помладите генерации како да се работи и да се шири позитивната филозофија на усовршување низ целиот живот. * Кое е Вашето животно мото? - ”Не оди по патот кој тебе те води – туку оди каде што нема пат и пробај да го направиш”- Ралф Валдо Емерсон. - "Првиот и најважниот чекор кон успехот е чувството дека можеме да успееме.” - Nelson Boswell.

Page 18: Мојата идна професија

- ”Успехот е маратон, а не шпринт - никогаш не се откажувај“ * Што би им порачале на нашите ученици? - На вашите ученици, како идни академски граѓани, би им порачал да грабаат се што ќе им пружи ново знаење, да учат од најдобрите, бидејќи иднината им припаѓа на оние кои учат, а не на оние кои само

напорно работат. Факт е дека доживуваме експлозија од знаење и технологија, што нема преседан во човековата историја. Тој напредок создава нови конкуренти и исто така, ги наведува постоечките да развијат подобри, побрзи, но и поевтини начини на делување. Затоа, само непрекинатото образование е основниот предуслов за успех на секој поединец.

Page 19: Мојата идна професија

На средношколскиот период најмногу се сеќавам на сериозниот пристап кон стекнувањето на нови знаења, желбата да ја изградам својата личност комплетно и секако градењето на интерперсоналните релации со моите другари и пријатели кои блгодарение на цврстите односи траат и до денес. Пресудниот момент да изберам медицина беше желбата да им помагам на лугето во неволја. Медицинскиот факултет нуди бесконечно многу можности, и тоа не само во матичната земја, туку во било кој дел на светот. Јас во полето на медицината работам веќе 20 години, инаку до сега сигурно би се префрлила на некоја друга дејност. За да го остварам сето ова вложив многу труд и откажувања, но оваа жртва е неопходна во секој област на дејствување, не само во медицината. Но, на професионален план, морам

уште да се надоградувам, бидејќи медицината не е константна научна област и трпи промени, коишто бараат динамично следење. Сепак, сметам дека мојта професија е прекрасна. Особено убав момент за мене е кога ќе се постигне успех во реанимацијата односно оживувањето на пациентот. Моите пациенти не зборуваат многу бидејки се успани па комуникацијата не ми преставува проблем. Но, на професионален план, морам постојано да се надоградувам, бидејќи медицината не е константна научна област и трпи промени, коишто бараат динамично следење. На идните матуранти им порачувам да ги искористат сите можности што им ги дава животот во одреден момент, затоа што тоа не се случува многу често. Тие се идната движечка сила на ова општество, па затоа од нив се очекува многу да работат на себе, како лично, така и

ММООЈЈААТТАА ППРРООФФЕЕССИИЈЈАА

Др. Марина Каровска Анестезиолог

“Оставете ги во Ваша

близина само искрените луѓе, кои навистина ја

ценат Вашата личност и ќе знаат да ви укажат, како на

позитивните, така и на негативните страни”

Page 20: Мојата идна професија

професионално, за да можат да се изградат во комлетни интелектуалци. Оставете ги во ваша близина искрените луѓе кои ја почитуваат Вашата личност и ќе ви ги укажуваат

позитивните страни на Вашата личност, но подеднакво ќе ве усмеруваат на прав пат кога ќе погрешите. Тоа е најдоброто животно училиште.

Page 21: Мојата идна професија

Д-р. Горан Апостолски , специјалист по ортодонција

Ако се раководите од своите желби и можности, учењето нема да ви претставува напор туку предизвик

* Кои моменти и случки од средношколските денови ќе ви останат во најголемо сеќавање?

Дружењето со соучениците, свирењето по дискотеки и успесите во спортот - каратето.

* Кој момент ја играше најважната улога при изборот на професијата? Сметате ли дека сте го направиле вистинскиот избор ?

Најбитна улога играше желбата да им се помага на луѓето и животните, но и влијанието на татко ми. Сметам дека изборот е солиден и професијата во поголем дел ме исполнува.

* Каде ја црпите Вашата мотивација за напредок на професионален план ?

Желбата да ја поставам оптимално организацијата и да управувам со човековите ресурси, ме мотивираше да ги завршам постдипломските

МОЈАТА ПРОФЕСИЈА

Page 22: Мојата идна професија

студии по менаџмент на човрековите ресурси, а поврзаноста на естетиката со функцијата во стоматологија ме мотивираше да одлучам да специјализирам ортодонција.

* Кои се позитивните и негативните страни што ги носи Вашата професија ?

Најубавото во мојата професија е што работата е динамична и хумана, а резултатите се видливи. Пациентите по ортодонтската терапијата се чувствуваат пресреќни од изгледот, дури и несвесни за подобрената функција, што мене ме прави особено горд кога успевам. Другата страна е што треба идеално да се анализира и испланира терапијата што значи многу непроспиени ноќи, потрошени за размисување дали е сторено најдоброто. Оосебно кога ќе се земе в предвид фактот дека успехот, но и грешката некогаш се забележуваат дури по една година.

* Дали Вашиот факултет нуди повеќе можности и дали сте размислувале во иднина да продолжете во некоја од нив ?

Стоматологијата нуди и други можности, бидејќи има уште десетина специјализации. На ова ниво, понекогаш размислувам да се бавам со научна дејност на некои од универзитетите.

* Од кои други извори, надвор од училишните клупи, може да се учи за животот?

Многу битно е човек да знае да учи од средината.

* Кое е Вашето животно мото ?

Се ќе дојде во свое време.

* Каква порака би им упатиле на нашите идни студенти ?

Ако се раководат од своите желби и можности, учењето нема да им претставува напор туку предизвик.

Page 23: Мојата идна професија

* Што ќе Ви остане во паметење од средношколските денови? Како и секој средношколец, она што го паметам од средношколските денови, се другарувањата и заедничките авантури со пријателите, преку кои ги oсознавме негативните и позитивните страни на животот. * Што играше најбитна улога при изборот на вашата професија? Сметате ли дека сте направиле вистински избор ? Јас од мали нозе се решив да студирам медицина, а во гимназијата во трета и четврта година учев биолошко-хемииски смер. Првиот контакт со медицината го имав уште од рано.

Татко ми работеше како техничар во болницата, а јас и живеев во тоа маало. Можеби ова влијаеше врз мојот избор. Но, сепак главната причина што се одлучив за медицина е што медицината е најхуманата професија што постои. Бидејќи најмногу ме имперсионира моќта на кожата да ја покажува внатрешната состојба на еден организам, јас специјализирав дерматовенерологија * Дали Вашата професија бара од Вас да се надоградувате и усовршувате постојано? Во медицината, искуството е животното школо и мерило за успехот. Колку повеќе искуство стекнуваш, толку повеќе ти се

ММООЈЈААТТАА ППРРООФФЕЕССИИЈЈАА

“Не се потпирајте на стереотипите; Верувајте во себе и ќе успеете”

Page 24: Мојата идна професија

зголемува и интересот и тоа е она што ме мотивира. Од друга страна, медицината е многу динамична наука, постојано има иновации во лекувањето и третманите. За да останеш во тек, едноставно мораш да се доусовршуваш, да ги следиш новите медицински трендови, да присуствуваш на разни семинари, конгреси и работилници. * Која е цената што моравте да ја платите за да успеете на професионално поле ? Тука би се осврнала кон студентските денови. Како што е општо познато, материјалот за учење на Медицинскиот факултет е многу обемен. За да го совладам, морав да го жртвувам слободното време и се она што тоа го носи со себе- муабетите, прошетките и седенките со пријателите, многу работи коишто во тоа време на еден млад човек му се чинат најбитни. Сепак, трпението е најважната работа ако сакаш да успееш, како и подршката од семејството, дечкото/девојката, пријателите. На учениците би им рекла дека доколу навистина имаат цврста желба и волја, можат да успеат. Ако медицината е наука што навистина ги привлекува и во неа се гледаат себеси во иднина, не

двоумете се и запишете се. Не ги слушајте оние стереотипи дека е премногу тешко. Верувајте во себе и ќе успеете.

* Кои се позитивните страни, а кои негативните страни на Вашата професија ? Искрено, во врска со мојата професија ги согледувам само позитивните страни. Ако го сакаш она што го работиш, ги прифаќаш и негативните страни и се обидуваш да се прилагодиш на нив. Постојаната комуникација со луѓе е токму тоа што ја прави мојата професија прекрасна. Ништо не ме радува повеќе отколку успшен третман и од тоа да ги видам своите пациенти, здрави и благодарни. Никогаш не сум размислувала за промена на професијата и знам дека доколку повторно би била 18 години и би знаела што ме очекува во иднина на професионален план, повторно би ја избрала истата професија. Сепак како негативна страна што ја отежнува работата на еден лекар кај нас, е недоволната технолошка опременост. Конкретно на дерматовенеролозите не им се достапни ласери за поставување дијагнози, за третмани на кожата, со коишто располагаат поразвиените земји. Сепак се надевам дека таквата ситуација нема да потрае долго.

Page 25: Мојата идна професија

* Дали сметате дека сте направиле вистински избор при вашата професионална определба и дали Ве исполнува професијата што ја работите? Работењето како Ревизор ме исполнува и сметам дека сум направил вистински професионален избор. * Што е тоа што Ве мотивира и сега да се доусовршувате, и да напредувате во Вашата кариера?

Мотивот е секојдневниот предизвик да одговорам на барањата и очекувањата на мојата професија. * Што е она најубавото во Вашата професија, а што е она што се наоѓа на другата страна на оваа професија, имајќи в предвид дека сте во постојана комуникација со луѓе, а некогаш тоа знае да биде мошне напорно?

Без добра подготовка која се добива во образовниот систем шансите кои ги дава животот ќе се искористат полошо или

воопшто нема да се искористат.

Миленко Гајиќ – внатрешен ревизор

ММООЈЈААТТАА ППРРООФФЕЕССИИЈЈАА

Page 26: Мојата идна професија

Најубавата страна на мојата професија е тоа што работам нешто што навистина го сакам, а она што е најтешко е тоа што со секој изговорен, а особено напишан збор, сносам голема одговорност, бидејќи тоа одлучува за луѓето и нивните судбини. * Дали факултетот кој сте го завршиле, Ви нуди повеќе можности и дали некогаш сте размислувале за промена на професијата? Секој факултет нуди повеќе добри можности, ако човек навистина сака да работи. Доколу не постои љубов, не е важно каков факултет сте завршиле. Во животот секогаш доаѓаат моменти кога се размислува за промена на професијата, меѓутоа правата љубов спрема професијата нема никогаш да ви дозволи да се предадете на моменталната слабост.

* За сите години работно искуство сте имале можност да учите од поискусни професионалци. Но, што е со „школoто“, кое е надвор од професијата, кое е најдобро животно училиште? Без добра подготовка која се добива во образовниот систем, шансите кои ги дава животот ќе се искористат полошо или воопшто нема да се искористат. Тоа е животното училиште надвор од професијата. * Кое е Вашето животно мото? Нема поголем грев од незнаењето ! * Што би им порачале на нашите ученици? Дајте им определена цел на вашите желби и преку упорност и секојдневно учење движете се кон нивното остварување.

Page 27: Мојата идна професија

Елица Малинкова Дипломиран економист

* Што ќе ви остане во најголемо сеќавање од средношколските денови ?

Иако беше одамна, се уште се сеќавам затоа што тоа беа најубавите моменти од мојот живот! Тоа е најдрагоцен прериод за секој тинејџер, период на многу среќни и тажни моменти кои помагаат секој да почне да ја гради својата личност, односно својот карактер. Оваа ера е

ера на нови технологии кои нудат многу можности за дружење, меѓутоа тоа не беше случај во времето кога ние бевме средношколци, затоа нешто што ке ми остане секогаш во сеќавање се дружбите со моите школски другари со кои до денес се дружиме и меѓусебно си помагаме .

* Што е она што ве мотивира да го надоградувате Вашето знаење?

"Човек учи додека е жив " - не постои човек што во целост си ја познава својата професија. Затоа сметам дека секој од нас постојано треба да го надоградува своето знаење и да оди напред.

“Не избрзувајте со одлуките - една погрешна одлука може да ви донесе многу разочарувања”

ММООЈЈААТТАА ППРРООФФЕЕССИИЈЈАА

Page 28: Мојата идна професија

* Колку се жртвувавте себеси за да можете да успеете професионално?

Секој напредок бара некоја жртва. Јас за да го постинам она што сум денес, морав многу да работам, некогаш и по 15 часа на ден , што значи дека во тие моменти мораш да бидеш целосно посветен на она што го работиш и да заборавиш на се останато околу тебе - фамилијата, пријателите, буквално се!

* Кои се позитивните, а кои негативните страни на Вашата професија?

Мојата работа е динамична- секојдневно се сретнувам со најразлични луге, со различни проблеми. Некогаш тоа се одразува позитивно врз мене, затоа што по природа сум комуникативна личност. Сепак, имајќи в обзир дека на светот постојат секакви луѓе постојат моменти кога таа секојдневна комуникација се одразува негативно врз мојата личност. Обично тоа се моменти кога не можеме " да најдеме заеднички јазик "со странката.

* Што е она што човек мора да го научи надвор од училиштето?

Не е доволно само да имаш диплома дека си завршил факултет; многу е битно да знаеш да примаш знаење од поискусните од тебе, да ги примаш нивните совети, да научиш да соработуваш со сите. Според мене најдобро "школо" е средината која не опкружува и "треба да се има чаршиска култура".

* Кое е Вашето животно мото?

Работи за да постигнеш - без работа нема успех!

* Што им порачувате на нашите ученици?

Да не избрзуваат со своите одлуки, затоа што една погрешна одлука може да им донесе многу разочарувања.

Page 29: Мојата идна професија

Зоран Бошков Раководител на продажба ВВ ТИКВЕШ АД Скопје

* Секој човек се сеќава на средношколските денови и понекогаш оттаму црпи енергија и идеи за нови подвизи. Кои се Вашите најубави моменти од тој период? Најсилен впечаток ми остави другарството со моите соученици и со учениците од останатите класови. Постоеше помеѓу сите нас голема солидарност и голема сплотеност. И

денес нашата генерација се собира еднаш годишно и со радост си прикажуваме за случките од тоа време. Професорите со својот позитивен пристап кон образованието и воспитувањето исто така оставија голем белег во моите сеќавања, но и во креирањето на мојата личност и понатамошната определба на мојата професија. Тие беа нашите втори родители.

ММООЈЈААТТАА ППРРООФФЕЕССИИЈЈАА

Page 30: Мојата идна професија

* Што најмногу влијаеше во изборот на Вашата професија? При определбата за мојата идна професија голем удел имаше татко ми, кој работеше како комерцијалист во повеќе фирми во Кавадарци. Многу патуваше низ тогашна Југославија и Европа и секогаш носеше позитивни спомени од тие патувања, за луѓето со кои соработуваше, за земјите во кои патуваше итн. Исто така бев воодушевен од еден човек кој живееше веднаш под гимназијата и кој во тоа време беше претставник на словенска фирма за заштитни средства, па како таков имаше на располагање патничко возило. Мечтаев за тоа да работам како комерцијалист, да имам сопствена кола на располагање, да патувам, да запознавам нови земји, луѓе, култури, традиции. * Дали сметате дека сте направиле вистински избор и дали Ве исполнува професијата што ја работите? Во ниеден момент не сум поставил прашање за исправноста на одлуката за мојата професија, пред се заради задоволството кое го имам при работењето. Идните студенти мора добро да размислат на кој факултет ќе студираат, бидејки студирањето денес претставува значаен дел од буџетот на една фамилија. Во позадина мора да го имаат императивот по завршувањето на факултетот да се вработат што побрзо, со цел да имаат свои лични примања за егзистенција, да дадат придонес кон развојот на фирмата во која работат и кон развојот на пошироката заедница во која живеат.

* Што е тоа што Ве мотивира да се доусовршувате и напредувате во Вашата кариера? Денес современиот живот е мошне динамичен, така што постојано се сретнуваме со нови и посовремени методи на работење и живеење. Со цел да се одговори на предизвикот на современото живеење потребно е постојано да се надоградуваме, како во поглед на познавањата од областа на професијата, така и од областа на пошироката општествена култура. Една од основните причини за нашето доусовршување и унапредување е конкуренцијата, која постои на сите полиња. * За да го постигнете сето ова сигурно сте вложиле многу труд и сте се откажале од многу работи? За да се биде успешен и задоволен на професионален и личен план потребно е да се вложи многу труд и многу самоодрекувања со цел да се изградиме како прави професионалци и добри родители. Потребно е учество на семинари, предавања, посета на курсеви, многу часови поминати на Интернет за стручни работи итн.Со правилен распоред на времето има време за се. * Што е она најубавото во Вашата професија, а она што се наоѓа на другата страна на оваа професија, имајќи в предвид дека сте во постојана комуникација со луѓе, а некогаш тоа е мошне напорно? Задоволството во мојата професија претставува реализираната продажба на производот кој го продавам, односно добиената пазарна верификација на производот кој го продавам. Со тоа се потврдува трудот на сите оние кои учествуваат во ланецот на производството и добивам

Page 31: Мојата идна професија

вистински сигнал дека сме на правиот пат во нашата определба за производство на определен производ (во случајот вино и ракија по што е познат градот Кавадарци). За да се направи тој Салто Мортале на производот во пари, потребно е да се има многу познавања од областа во која работиме, мора да се има професионален пристап кон работата, мора да се вложат многу напори во истражување на пазарот, во маркетингот и на крај мора добро да изгледаме физички и постојано да сме позитвни без разлика на ситуацијата во која се наоѓаме. * Дали факултетот кој сте го завршиле нуди повеќе можности и дали некогаш сте размислувале за промена на професијата? Економскиот Факултет, прометно-комерцијална насока со надворешно-трговско работење нуди можност за работа во било која производствена или услужна фирма која работи во земјата или странство, како и можност за вработување во било која јавна институција. Уште еднаш нагласувам дека живееме во земја со релативно слаба економија и вработувањето претставува голем проблем. При изборот на професија на идните студенти мора да го имаат предвид фактот нивната професија да им обезбеди брзо вработување, но и лично да ги исполнува и да им носи

одреден бенефит. За промена на професијата до сега не сум размислувал бидејки сегашното работно место ме исполнува и на личен и на професионален план, можеби само премин во друга фирма која ке понуди подобри услови од сегашната. * За сите години работно искуство сте имале можност да учите од поискусни професионалци. Но, што е со “школото” надвор од професијата, кое е најдоброто животно училиште? Многу важен елемент при вработувањето е да наидете на колеги кои широко ќе ве прифатат и нема да гледаат во Вас конкуренција. За успешен комерцијалист потребни се познавања од “општа култура”: дневни вести, спорт, музика, филм, светски настани итн, па дел од времето при преговарање се троши токму на овие информации со цел да се ослободи купувачот и да му се даде до знаење дека соработува со модерна и современа фирма која е во тек со сите светски трендови и актуелности. * Кое е Вашето животно мото? Што се однесува до моето животно мото како комерцијалист, но и на било која друга професија е да се биде професионалец во својата бранша.

Page 32: Мојата идна професија

Како и секоја друга индивидуа, со големо задоволство се сеќавам на моите средношколски денови. Не би можела да одвојам особено убави моменти од тој живот, бидејќи целиот тој период од овој аспект го чувствувам како период на најголема безгрижност и најубав дел од животот во кој чувствуваш дека можеш се. Случајно го одбрав правото како моја идна професија. Сферата на мојот интерес во тоа време беа повеќе природните науки, но сметам дека сум направила вистински избор, а професијата која што денес ја работам – адвокатурата целосно ме исполнува и ме мотивира секој предмет да ми биде предизвик.

Да се биде адвокат е доста напорно. Оваа професија наложува секојдневна комуникација со луѓе и тоа луѓе

што имаат проблеми. Напорно

е секојдневното трагање во лавиринтот на правни прописи за да се најде решение на тие проблеми, но чувството кога проблемот е решен и сатисфакцијата дека мојот придонес во правичното решавање е значителен, е најубавиот дел од мојата професија. Затоа на Вашите ученици им нагласувам дека правото е трагање по вистината и правдата. Правниот факултет нуди можности за вршење на безброј професии и јас во мојот работен век сум го искусила тоа, бидејќи работниот век го започнав како професор во Вашето училиште. Ова искуство иако е краткотрајно, е незаборавно. Сум работела и во стопанство, но денешната професија – адвокат, се уште ми

МОЈАТА ПРОФЕСИЈА

Елизабета Јосифовска Правник-Адвокат

“Заврши го започнатото, но не било како, заврши го вложувајќи се целосно

во тоа”.

Page 33: Мојата идна професија

претставува предизвик и не би ја менувала за ниту една друга професија. Благодарна сум им на сите мои поискусни колеги од коишто можев многу да научам. Точно е дека тоа е најдобро животно училиште, - да имаш од кого да научиш, а наученото да го споделиш. Моето животно мото е: “Заврши го започнатото, но не

било како, заврши го вложувајќи се целосно во тоа ”. На вашите ученци има препорачувам дека во животот е потребно да имаат цел, и да бидат свесни дека можностите за остварување на таа цел се во нивни раце. За да ја остварат таа цел треба да имат желба и цврста верба во себе и во своето опкружување.

Page 34: Мојата идна професија

Никола Наумов градежен инженер

* Што најмногу влијаеше врз изборот на Вашата професија?

Врз изборот на мојата професија, големо влијание имаа моите родители.. Но, сепак и јас во иднина се гледав во оној профил што ми го посочија тие. * Дали сметате дека сте направиле вистински избор и дали Ве исполнува професијата што ја работите? Професијата што ја работам ме исполнува, заради нејзината динамичност, секојдневната комуникација со луѓе и креативноста и

иновативноста што треба секојдневно да ги внесуваш.

* За да го постигнете сето ова сигурно сте вложиле многу труд и сте се откажале од многу работи ? Нормално, за да се постигне саканата цел и за да се оствари сонот потребно е да жртвуваш и да се откажеш од многу работи. Меѓутоа, ништо не може да се спореди со она што го чувстуваш додека го работиш она што го сакаш. И токму поради тоа, сметам дека сите жртви вредеа. * Кое е Вашето животно мото?

Заврши го до крај она што си го започнал.

ММООЈЈААТТАА ППРРООФФЕЕССИИЈЈАА

На вашите ученици им порачувам добро да размислат за својата професионална иднина. Нека не дозволуваат некој друг да влијае врз нивната одлука, бидејќи доколку не работат со љубов, нема да бидат успешни професионалци…

Page 35: Мојата идна професија