Агроклиматологија „Влијание на метеоролошките...

20
Универзитет св.Кирил и Методиј – Скопје Факултет за земјоделски науки и храна – Скопје СЕМИНАРСКА РАБОТА ПО АГРОКЛИМАТОЛОГИЈА Тема: Влијание на метеролошките елементи и појави врз живиот свет Насока: преработка и производство на тутун Изработил: Ментор: ???????????????? проф. Д-р Сребра Илиќ Попова Бр.инд. ??????? Октомври 2009

Transcript of Агроклиматологија „Влијание на метеоролошките...

Универзитет св.Кирил и Методиј – Скопје

Факултет за земјоделски науки и храна – Скопје

СЕМИНАРСКА РАБОТА

ПО АГРОКЛИМАТОЛОГИЈА

Тема: Влијание на метеролошките елементи и појави врз живиот свет

Насока: преработка и производство на тутун

Изработил: Ментор:

???????????????? проф. Д-р Сребра Илиќ Попова

Бр.инд. ???????

Октомври 2009

Содржина:

1

Вовед

Еден дел од кружниот тек на водата, што е очигледно од суштинско значење за

целокупниот живот на Земјата, е свежата вода што постои на земјината површина.

Прашајте ги, едноставно, вашиот сосед, доматот, пастрмката или оној здодевен

комарец. Површинските води вклучуваат потоци, базени, езера, акумулации

(вештачки езера) и слатководни површини. Количеството на вода во нашите реки

и езера постојано се менува како резултат на дотекување и истекување. Дотеците

доаѓаат од врнежите, истекувањето по површината, истекувањето од подземните

води и дотек преку притоките. Истекувањата од езерата и реките вклучуваат

испарување и испуштање во подземните води. Луѓето, исто така, ги користат

површинските води за своите потреби. Количеството и локацијата на

површинските води се менуваат низ времето и просторот, природно или со помош

на човекот.

2

Врнежите и нивното влијание врз живиот свет

Многу луѓе, веројатно, имаат поедноставена претстава дека врнежите паѓаат на

земјата, течат над земјата (истекување, проток) и втекуваат во реки, коишто потоа

се празнат во океаните. Ова е "поедноставено", бидејќи реките исто така добиваат

и губат вода во тлото. Сепак, голем дел од водата од реките доаѓа директно од

истекувањето од површината на земјата, што се дефинира како површинско

истекување. Вообичаено, дел од дождот што паѓа понира во тлото, но кога дождот

допира заситена или непробивна површина, почнува да тече надолу како

истекување. За време на обилен дожд можат да се забележат мали поточиња од

вода што тече надолу. Водата тече вдолж каналите во тлото на својот пат до

поголемите реки. Оваа слика покажува

пример на површинско истекување (овде

како истекува од пат) што втекува во мал

поток. Истекувањето во овој случај е по

гола почва и носи седименти во реката

(лошо за квалитетот на водата).

Истекувањето што се влева во овој поток

го започнува својот пат назад кон

океанот. Како и кај останатите делови на

кружниот тек на водата, заемното

влијание меѓу врнежите и површинското истекување варира според времето и

просторот. Слични бури во џунглата на Амазон и во пустината југозападно од САД

ќе доведе до различни ефекти на површинско истекување. Површинското

истекување е под влијание на метеоролошките фактори и на физичката геологија

и топографија на земјиштето. Само околу една третина од врнежите што паѓаат

над земјата истекува во потоците и во реките и се враќа во океаните. Останатите

две третини испаруваат, се транспирираат или понираат во подземните води.

Исто така, површинските истекувања можат да бидат пренасочени од страна

луѓето, за нивните потреби.

3

Површинската вода го одржува животот

Како што покажува оваа слика на Делтата на Нил во Египет, животот може да

цвета и во пустина, доколку има достап до снабдување со површинска (или

подземна) вода. Водата на земјината површина навистина го одржува животот. А,

подземните води постојат поради надолното движење на површинската вода во

подземните водоносни слоеви. Слатката

вода ја има во мошне ограничени

количества на површината на Земјата.

Само околу три процента од целокупната

вода на Земјата е слатка вода, а

слатководните езера и мочуришта

претставуваат само 0.29 проценти од

слатката вода на Земјата. Дваесет

проценти од целокупната свежа вода е во

едно езеро, Бајкалското Езеро во Азија.

Други дваесет проценти се акумулирани во Големите Езера (Хурон, Мичиген и

Големо Езеро). Реките имаат само околу 0.006 проценти од вкупните резерви на

слатка вода. Гледате дека животот на Земјата опстојува од она што е во основа

само "капка во морето" од вкупните резерви на вода на Земјата!

Транспирацијата и лисјата на растенијата

Транспирацијата е процес со којшто влагата се

пренесува преку корењата на растенијата до

малите пори на долната страна на лисјата,

кадешто се менува во пареа и се ослободува

во атмосферата. Транспирацијата, во основа,

претставува испарување на вода од лисјата на

растенијата. Се проценува дека околу 10 проценти на влагата што се наоѓа во

4

атмосферата се ослободува од растенијата, преку транспирацијата.

Транспирацијата на растенијата е прилично невидлив процес - со оглед на тоа

што водата испарува од површината на лисјата, вие не одите, едноставно, надвор

и ги гледате лисјата како се потат. Во сезоната на растење, еден лист

многукратно ќе изврши транспирација на повеќе вода отколку што изнесува

неговата сопствена тежина. Еден ар пченка испушта околу 11,400-15,100 литри

(3,000-4,000 галони) вода секој ден, а големо дрво даб може да испушти 151,000

литри (40,000 галони) годишно.

Атмосферски фактори што влијаат на транспирацијата

Количеството на вода што се ослободува од растенијата преку транспирација во

голема мерка се разликува во зависност од географската положба и времето.

Неколку фактори ги одредуваат стапките на

транспирација:

Температура: Стапките на транспирација се

зголемуваат со зголемувањето на

температурата, особено во сезоната на

растење, кога воздухот е потопол.

Релативна влажност: Со зголемувањето на релативната влажност на

воздухот околу растението опаѓа стапката на транспирација. Водата

полесно се ослободува во посув воздух отколку во позаситен воздух.

Движење на ветерот и воздухот: зголеменото движење на воздухот околу

едно растение ќе резултира во повисока транспирација.

Вид на растение: Растенијата ослободуваат вода со различни стапки на

транспирација. Некои растенија што растат во суви региони, како што се

кактусите, зачувуваат драгоцена вода преку помала транспирација отколку

кај другите растенија.

Жителите на некои делови на главниот град на Перу, со пластични мрежи

собираат магла за да си обезбедат вода. Лима денеска има 8 ипол милиони

5

жители, два пати повеќе отколку пред 30 години, а четвртина од нив немаат довод

на вода. Поставувањето на мрежите почна како експеримент пред две години, а

денеска ги пои некои од најсиромашните жители на градот. Лима е еден од

најголемите пустински градови во светот, а недостатокот од вода го надоместува

со магла бидејќи се наоѓа на брегот на Тихиот Океан и 9 месеци во годината е

обвиен во морска магла која се фаќа на мрежите. Вака собраната магла се

претвора во вода и се слева во големи резервоари. Жителите на едно предградие

на Лима на падините на Андите можат да соберат 240 литри вода за една ноќ и

уште толку во текот на денот. Таа вода се користи за наводнување на градините,

но луѓето сепак мораат да купуваат вода за пиење, готвење и хигиена. Густата

магла го парализираше авиосообраќајот во Британија. Густата магла го

парализираше авиосообраќајот во Велика Британија. Околу три милиони патници

се заглавени на британските аеродроми поради откажување на летовите. Најлоша

е состојбата на најголемиот и најпрометниот лондонски аеродром „Хитроу“, каде

во изминативе три дена летовите беа

редуцирани. Оттаму денеска не полетале околу

300 авиони. Најпрво биле откажани летовите во

внатрешноста, а потоа и меѓународните.

Нервозата меѓу патниците расте. Холовите на аеродромите се преполни. Хаосот

се случува во најпрометниот дел од годината - на три дена пред Божиќ.

Британската јавност ги обвинува аеродромските власти дека не знаат да се

справат со ситуацијата, а маглата им е само изговор. По хаосот на аеродромите,

во Британија се очекува и застој на патиштата, каде што маглата исто така го

отежнува движењето. Според метеоролозите, ваква магла немало во изминатите

15 години и не прогнозираат подобрување на временските услови пред Божиќ.

Умерено сонце - долговечност

Престојувањето на сонце може да го намали ризикот од болестите поврзани со

срцето, а исто така влијае и врз долговечноста, потврди новото истражување.

Високите дози на витаминот Д, што се создаваат со изложувањето на сончеви

зраци, го намалуваат ризикот од умирање од болести на срцето, но можат да

6

заштитат и од друг вид здравствени проблеми. Истражувањето спроведено на

"Варвик Медикал Скул" било фокусирано на луѓе постари од 50 години, кои во

телото имале недоволно количество од витаминот Д. Откако докторот им

советувал повеќе време да минуваат на сонце, количеството на витаминот Д

значително се зголемило, а се поправила и нивната општа здравствена состојба.

Сончевата светлина не е само привилегија резервирана за годишни одмори. Таа е

и наш главен извор на витамин Д, кој под нејзино влијание се создава под кожата.

Витаминот Д му е потребен на телото за да може да го апсорбира калциумот, за

одржување на добра состојба на коските и многу други клучни телесни функции.

Но, преголеми дози од сончева светлина може да бидат вистински кошмар за

здравјето. Затоа вашата кожа како што ја чувате од надвор, треба да ја чувате и

од внатре: јадете намирници кои се богати со антиоксиданти и нутриенти, пијте

многу вода, користете соодветни производи за нега на вашата кожа, за да ја

задржите нејзината влажност и да се заштитите од оштетувањата кои може да ги

предизвика сончевата светлина. Дури и кога се сончате, многу е важно

секојдневно да се користи дневна крема со заштитен фактор и на таков начин да

ја заштитите кожата од сонцето.

Прекумерна изложеност на сонце - ризик за кожен рак Се смета дека изложувањето на сончевите зраци и на другите извори на

ултравиолетово зрачење е најголем фактор на ризик за настанување на кожниот

карцином. Преку 90% од случаите на рак на кожата се

јавува на површини кои се редовно изложени на

сончевите зраци или на други извори на ултравиолетово

зрачење. Немаланомскиот рак на кожата

(базоцелуларниот и планоцелуларниот карцином)

обично се јавува на површините на кожата кои се често

изложени на сонце, додека пак меланомот најчесто се јавува на кожата на грбот

кај мажите, и на кожата на нозете кај жените. Но, не треба да се заборави дека и

неприродните извори на УВ зраци, како што се лампите за сончање и

солариумите, можат да бидат причина за појава на кожен рак.

7

Магла

Една од многуте карактеристични појави за Скопје во длабока есен и зима е

маглата која во одредени услови се задржува и подолго време. Кај нас никој не се

занимава со пр оцес на растерување на маглата, иако се прават само поединечни

обиди. Меѓутоа, ниту една институција досега професионално не се зафатила со

надминување на овој проблем. Радијациските магли се најраспространети и

најчесто присутни во Скопје. Најпогодни временски услови за нивно образување

се тивки и ведри ноќи со слаб ветер, а особено ведрите ноќи по дожд кога

воздухот е многу влажен и има услови за појава на езера на студен воздух.

Скопската Котлина поради своите физичко-географски карактеристики се

одликува со зголемена зачестеност на денови со магла, особено од ноември до

февруари, а се јавува во сите часови од деноноќието. Просечно годишно во

Скопје има 39 магливи денови, најчесто во периоди од неколку дена со

карактеристика на многу густа магла, кога видливоста е од 50 до 200 метри.

Скопските магли се одликуваат со зголемена концентрација на разни гасовити

соединенија и честички на

согорување. Доколку потрае

стабилна состојба во

атмосферата, се зголемува

густината, а со тоа и

концентрацијата на

атмосферски додатоци.

Тогаш маглите можат да

бидат многу штетни за

здравјето на луѓето. Во

времето кога над Скопје има магла, сите вредности на отпадните гасови и

полутантите се зголемуваат за неколку пати. Скопјани дишат јаглероден

моноксид, јаглероден диоксид, сулфурен диоксид, азотни оксиди, а во воздухот

има и голема концентрација на цврсти честички како чад. Во тој период

природната моќ на воздухот самостојно да ги рециклира штетните полутанти е

8

намалена поради присуството на маглата. Природните климатски околности во

Скопје се такви што оваа котлина ја прават многу неповолна за живеење во

зимскиот период", вели Магдалена Трајковска од работната група за испитување

на квалитетот на воздухот во ЛЕАП. Обиди за растерување на маглата во

последните неколку години прават поедници, додека Управата за

хидрометеоролошки работи нема надлежност, ниту пак посебно одвоени средства

за таа намена, иако, според стручњаците, начини за борба со маглата постојат и

се применуваат секаде во светот.

Неверојатно снег во пустина

Градчето Ел Салвадор во Чиле потполно е

прекриен со снег. Метеоролозите тврдат дека

оваа пустина неколку дена ќе биде под снег.

Најсушната пустина во светот пустината

Атакама е моментално целата под снег. Ова го

изненади целиот свет, а поради големото

невреме во Чиле се затворени неколку

автопати и аеродроми.

Климатски промени и пчелите

Последните десетина години се повеќе ги чуствуваме промените во

климата како последица на глобалното затоплување како резулат на

неконтролираното испуштање на гасови во атмосверата.  Прогнозите за

последиците од промената на климата во наредните 15 години воопшто не се

поволни. Се очекуваат големи  невремиња и бури , но и големи поплави и

заладувања  поради прекинување на голската струја, што би се случило со

намалувањето на соленоста на океаните поради големиот прилив на слатка вода

од стопените санти  и дотекувањето на реките . Со цел да се ублажат

последиците од оваа не така оптимистичка иднина  190 земји од светот од 28

9

ноеври до 9 декеври 2005 година  се состанаа во Монтреал, Канада на самитот на

ОН и дебатираат како да ја прошират борбата против глобалното затоплување.

Екологистите пак предупредуваат дека во блиска иднина доколку не се превземат

радикални мерки за зачувување на животната средина голем број видови од

растителениот  и животинскиот свет ќе исчезнат . Овие промени во климата

овозможат разни  мутации на одредени бактерии и вируси кои ќе бидат уште една

голама закана за здравјето на животните и човекот. Ова сигурно дека ќе се

одрази  и на климата на балканот и во Македонија како и на пчелините заедници и

медоносната флора -промени во климатските услови веќе може да се

почувствува, сувата  и долга есен, продолжена  и студена зима, ниски

температури посебно во пролетните месеци април, мај и јуни   што условува

задоцнета вегетација, а наглото затоплување доведува до едновремено цутење

на најголемиот дел од пчелината паша најчесто проследено со големи осцилации

на температурата и нерамномерни врнежи. Поради тоа активниот медобер при

стационирано пчеларење во одредени години не е подолг од 2 до 3 недели што

многу неповолно се одразува на приносите и развојот на пчелината заедница. Во

пролетниот период се забележуваат и големи  температурни разлики во текот на

едно деноноќје, кои во текот на денот се искачуваат и до 280 С. а ноќните

температури се 1 или 30С под нулата. Ова може катастрофално да се одрази на

медоберот најчесто на пашите од багрем и липа кои се многу осетливи на

температурните промени. Освен тоа многу негативно влијае врз развојот на

пчелината заедница во која може да дојде до оладување на леглото  поради

потребата пчелината заедница да формира клубе, што предизвикува појава на

болести, ноземоза, кречно легло, преладено легло, европска трулеж ,па дури и

америчка трулеж. За да се ублажат последиците од ваквите екстремни промени

во природата најважно е да се внимава на технологијата на пчеларењето и

основните принципи во пчеларството, добра локација на пчеларникот која не е

изложена на студените ветрови и загадената средина, да се одгледуваат

исклучиво здрави и силни пчелини семејства кои имаат доволно квалитетна

храна, мед и полен и малади матици, семејствата да  бидат добро затоплени и со

соодветна вентилација. Превентивно треба да се обезбедат сите услови за

10

успешно пчеларење. Елативната влажност на воздухот е една од

карактеристиките на климатските услови и има големо влијание врз интензитетот

медењето но и врз развојот на пчелината заедница. Релативната влажност на

воздухот просечно се движи од 84% во декеври па до 57% во јули. Малата

релативна влажност на воздухот не е поволна за медењто ниту за одгледување

на леглото, особено во топлите летни денови . Оптималната релативна влажност

на воздухот за добор развој на пчелината заедница и обилно медење на

медоносниите билки е во границите од 60% до 80 %. ако последица на

климатските и другите природни фактори за кои поконкретно пишувавме на

територијата на република    Македонија се застапени три основни климатски

типа: Изменето- средоземноморска за кои е карактеристично топлото влијание од

Егејското Море кое навлегува по речното корито на реката Вардар кон север. Се

карактеризира со топли суви лета и благи врнежливи зими, есента е подолга и

потопла од пролетта која е покуса и посвежа.Ветровите кои дуваат во овој

климатски тип е Вардарецот и Југото. Умерено континенталната клима  се

карактеризира со струење на  студени воздушни маси од север во зима и топлите

воздушни маси кои навлегуват од југ во летото. Ова клима е застапена во

Пелагонија, Преспа, Кичевско, Овче Поле, Кумановско, Славиште и во

Малешевијата.Во котлините со умерено-континентална клима кои се заштитени

од студрните воздушни струења се карактеризираат со топли лета и поблаги

зими.Ова клима е позната како Жупска клима и е застапена во Полошката и во

Дебарската Котлина. Есента вообичаено е подолга и потопла од пролетта.

Планинска клима е застапена на оние планини во Mакедонија кои имаат над 1000

м надморска височина.На планините температурата се намалува во зависност од

висината, а врнежите на поголемите надморски висини се зголемуваат.

Пласнинската клима се карактеризира со долги студени и снежни зими и кратки и

свежи лета а пролетта е пократка и посвежа од есента. Поплави се случуваат 

претежно во пролетните месеци,кога по обилните врнежи од снег Доага до

зголемување  на  температурите над 200 Ц. и најчесто е пропратено со јужен ветер

и врнежи. Само Шар Планина има снежна покривка која достигнува и до два метра

дебелина  и наглото топење на снегот предизвикува зголемување на нивото на

11

реките и нивно излевање. Регулиранањето на  речните корита и чистењето на

одводните канали ‚ќе ги намали опасностите од поплави со што ќе се намалат и 

штетите од нив. Најчесто страдат посевите, радоградинарските култури,

пластениците. Поплавите треба да се имаат во предвид кога се избира локација

за пчеларникот,тој треба да се постави надвор од областите каде се можни

излевања на реките, ерозии на земјиштето прдизвикано од поплавите и сл.

Доколку пчеларник биде зафатен од поплава може да биде целосно уништен.

12

Користена литература:

13

www.mk.wikipedia.com

www.wmo.int

www.meteo.gov.mk

www.meteo.gov.hr.

www.climatesciense.gov

14