Анализа на влијание на политиката врз бизнисите во...

20
Влијание на политиката врз бизнисите во Македонија

description

Во март и април спроведовме анализа на влијание на политиката врз бизнисите во Република Македонија. Во оваа презентација се дадени резултатите.

Transcript of Анализа на влијание на политиката врз бизнисите во...

Page 1: Анализа на влијание на политиката врз бизнисите во Македонија

Влијание на политиката врз бизнисите во Македонија

Page 2: Анализа на влијание на политиката врз бизнисите во Македонија

Нешто за анализата

• Анализата е спроведена во периодот март/април 2011 година преку прашалник поставен на www.pretpriemac.com

• Во анализата се вклучени одговори од 964 испитаници

Page 3: Анализа на влијание на политиката врз бизнисите во Македонија

Однос на одговорени прашања меѓу претприемачи и непретприемачи

18% од испитниците не се претприемачи

додека 82% се претприемачи

Непретприемачи18%

Претприемачи82%

Page 4: Анализа на влијание на политиката врз бизнисите во Македонија

Возраст на испитаниците

9%

16%

49%

25%

До 25 години Од 25 до 35 годиниОд 36 до 45 години Од 46 до 55 години

Page 5: Анализа на влијание на политиката врз бизнисите во Македонија

Пол на испитаниците

49% 51%

Мажи Жени

Page 6: Анализа на влијание на политиката врз бизнисите во Македонија

Интензитет на влијание2%4%

8%

35%

52%

Високо влијание Многу високо влијание Умерено влијаниеСлабо влијание Нема влијание

Page 7: Анализа на влијание на политиката врз бизнисите во Македонија

Искусување на влијание

84% од оние кои имаат бизнис велат дека го искусиле влијанието на политиката

претприемачи

16%

84%

Да Не

Page 8: Анализа на влијание на политиката врз бизнисите во Македонија

Како сте го искусиле влијанието на политиката врз вашиот бизнис?

Скоро 80% го искусиле влијението преку извршна власт

и судството

2%19%

20% 59%

Преку извршна власт (инспекциски органи)Преку судска властИндиректноКонтакт политичка партија - вие

Page 9: Анализа на влијание на политиката врз бизнисите во Македонија

Форма на влијание на политиката врз бизнисот?

2%15%

34%

49%

Коруптивно однесување на инспекциски органОбезбедување на работа за бизнисот (тендер, јавни набавки...)Барање на спонзорство на политичка партијаДолг судски процес

Page 10: Анализа на влијание на политиката врз бизнисите во Македонија

Силна корелација

Корелацијата не даде некои посебни откритија освен оние логични:

• Доколку претприемачот го искусил влијанието на политиката смета дека интензитетот на влијанието е повисок.

• Колку е повозрасен претприемачот толку повеќе го искусил влијанието на политиката врз неговиот бизнис.

Page 11: Анализа на влијание на политиката врз бизнисите во Македонија

Умерена корелација

Како умерена корелација помеѓу факторите кои се анализираа може

да се каже дека:• Мажите претприемачи се помалку имуни на влијанието на политиката одколку жените претприемачи

Page 12: Анализа на влијание на политиката врз бизнисите во Македонија

Мислења на испитаници!

Прашалникот имаше дел каде учесниците слободно можеа да го

искажат своето мислење за политиката и бизнисот. Во

наредниот дел ќе ги сублимираме тие различни мислења.

Page 13: Анализа на влијание на политиката врз бизнисите во Македонија

• Успешен бизнис зависи од тоа дали сте член на политичка партија или не, или пак дали донирате финансии или услуги или не донирате

• Со секоја нова политичка партија на власт се формираат сопствени бизниси или се одбираат бизниси со кои во текот на владеењето ќе се работи. Тендерите се наместени, се сугерира од кои фирми да се набавува (наши) и инсепкциските органи казнуваат бизниси кои не се "наши". Во суштина немаме пазарна економија имаме економија базирана на политика.

Мислења на испитаници!

Page 14: Анализа на влијание на политиката врз бизнисите во Македонија

• Сите мислат дека политиката има влијание врз бизнисот а тоа е само прашање на доследна примена на Законските прописи, односно ако ги почитуваш истите политиката нама влијание.

• Само кратко и јасно политиката за некој е мајка а за некој е маќеа.

• Политиката треба да обезбеди подобри услови за слободно и рамноправно дејствување на бизнисите

Мислења на испитаници!

Page 15: Анализа на влијание на политиката врз бизнисите во Македонија

• Политиката влијае со самото тоа што е партиска политика во прашање и најголем проблем сметам дека е несоодветното вработување во институциите (според партиска припадност, а кои се всушност НЕСПОСОБНИ!), па имаме неспособен кадар на раководни и извршни функции кои прават проблеми и дополнително комплицираат нешта кои може толку едноставно да се решат... Исто, носењето на закони како „на норма“, без обезбедени услови за нивна имплементација, а и впечатокот ми е дека единствената цел е да регулираат глоби и да полнат буџет за исплата на плати на неспособните административци (со чесни исклучоци, да не ги ставаме сите во „ист кош“)! Стварно бедно! И, наместо со тие закони да се обезбедуваат услови и позитивна клима за развој на бизнисите (кои нормално би го полнеле буџетот кога би имале услови да создаваат профит), испаѓа дека им се „кине сенката“ на малите бизниси... Лошо е тоа што поставуваме стандарди кои не е возможно да се испочитуваат... и се сведува на ситуацијата „снаѓи се сам веќ једном“ :) па продолжуваме да си се вртиме во круг... Патетики! :) (а не е смешно!)

Мислења на испитаници!

Page 16: Анализа на влијание на политиката врз бизнисите во Македонија

• Се додека политиката и верските организации не си го знаат своето место во нашата држава нема да постои ниту буквата Б од бизнис. Сведоци сме на многу пропаднати бизнисмени кои воскреснуваат со помош на политиката и удобно си живеат.

• Луѓето не се навикнати на наглите промени во законот кои се поврзани со бизнисот и секако дека многу од нив и ги немаат прифатено баш најпозитивно. Сепак, сметам дека долгорочно гледано со тек на време многу од нив би се покажале како успешни.

Мислења на испитаници!

Page 17: Анализа на влијание на политиката врз бизнисите во Македонија

• Кој си е чесен, не е важна политиката!

• Кај нас постојат фирми кои се блиски до владата и сите јавни набавки, тендери ги земаат тие. Со тоа што или ги рушат сите цени на пазарот или ве уценуваат за таа работа и ако во случај добиете тендер за работа во институциите на власта, нема да добиете пари за извршената работа, така да ќе пропаднете или во иднина нема да давате понуди на тендери. Како што прават повеќето фирми т.е ги бојкотираат тендерите. Ама затоа сите тие работи ги земаат фирмите блиски на власта.

Мислења на испитаници!

Page 18: Анализа на влијание на политиката врз бизнисите во Македонија

• Влијанието на политиката врз бизнисот е повеќезначно, индиректно преку созадавање (несоздавање) поволен амбиент во земјата за бизнис климата, и директен: како најгоем работодавач држават директно и преку алатките со кои располага, ги контролира, протежира и рекетира бизнисите во државата.

• Во оваа држава за да имаш бизнис кој што ќе функционира како што треба, ќе треба дда си политички определен. Најдобро близок до власта. Само така ќе успееш да заработиш иннаку што и да почнеш ќе пропадне.

Мислења на испитаници!

Page 19: Анализа на влијание на политиката врз бизнисите во Македонија

• Преголемо е влијанието на политиката врз бизнисот. А што е најстрашно, од тоа не се исклучени ниту малите или семејните бизниси. Со ваква политика нема прогрес.

• Политиката максимално го обесхрабрува претприемништвото, особено кај младите.

Мислења на испитаници!

Page 20: Анализа на влијание на политиката врз бизнисите во Македонија

• Да научат конечно политичарите дека тие постојат за да му помогнат на бизнисот, а не обратно, дека бизнисот треба да е во подредена, инфериорна улога во однос на политиката и политичарите. Треба со закон да се забрани мешање на политиката во бизнисот. Ако веќе не помагаат, барем да не одмагаат.

• Постои влијание бидејќи нормално тоа е надворешен фактор кој влијае врз нашиот бизнис кој не можеме да го промениме. Поволности и поттикнување за претприемништвото во Македонија е многу мала и ретко спомената. Но, ттоа не мора да значи дека не може да се успее, не треба секогаш тоа да биде оправдување зза неуспех.

Мислења на испитаници!