ПРИМЕКО Економски Билтен - Февруари 2011

12

description

Списанието опфаќа дваесетина постојани рубрики за финансиско известување, даноци, финансиски менаџмент, ревизија, економија на јавниот сектор, финансиски пазари и институции,

Transcript of ПРИМЕКО Економски Билтен - Февруари 2011

Page 1: ПРИМЕКО Економски Билтен - Февруари 2011
Page 2: ПРИМЕКО Економски Билтен - Февруари 2011

Одобрување за само 1 денИзнос до 60.000 денариОтплата до 12 месечни рати

www.capitalbank.com.mk

ПРОМОТИВНО ДО 31.03.2011КУПУВАЈТЕ ВО ТЕХНОМАРКЕТ ПОЛЕСНО ОД КОГА И ДА Е!

Page 3: ПРИМЕКО Економски Билтен - Февруари 2011

3www.primeko.com.mk

Содржина

тема на бројот

ГодиШна СметКа и ФинанСиСКи иЗВеШтаи За 2010 Година

Подготвил: Бранко Костовски

1. ВоВеден дел 5

2. обВрски на тргоВците Во однос на годишната сметка и финансиските изВештаи 6

3. коректиВни (прилагодуВаЧки) книжења 11

4. трошоци на продадени произВоди 13

5. утВрдуВање на финансискиот резултат по годишната сметка 19

6. данок на добиВка за 2010 23

7. годишна сметка 42

8. илустратиВни финансиски изВештаи 50

економскибилтен

содржина

Page 4: ПРИМЕКО Економски Билтен - Февруари 2011

4 www.primeko.com.mk

уредник

Почитувани,

Овој број на списанието е тематски. Истиот го посветуваме на подготовката на годишната сметка и финансиските извештаи за 2010 година.

Веројатно вашиот прв заклучок во однос на горенаведеното е: “Добро, авторот ни кажува дека станува збор за истиот материјал од лани, но со сменети години, датуми и понекој износ.“ И не сте далеку од вистината. Веројатно и затоа, најчесто поставувано прашање во однос на оваа тема е следното: “Дали има нешто различно од лани или пак одиме исто како минатата година?“

Ајде да одговориме на ова прашање:

1) Ажурирана е рамката за финансиско известување во РМ преку објавување на новиот Правилник за водење на сметководство (“Службен весник на РМ” бр. 159/09);

2) Во контекст на претходното, обрнете внимание на илустративните финансиски извештаи кои се дел од овој тематски број;

3) Ажурирана е содржината на годишната сметка преку изменетиот член 476 став 4 од Законот за трговските друштва (“Службен весник на РМ“ бр. 48/10), според кој годишната сметка сега (покрај биланс на успех и состојба) вклучува и објаснувачки белешки. Сепак, со оглед на тоа што во постоечките обрасци на кои се поднесува годишната сметка не постои место за објаснувачките белешки, излегува дека обајснувачките белешки ќе останат за наредната година;

4) Согласно новиот став (6) на членот 476 од Законот за трговските друштва (“Службен весник на РМ“ бр. 48/10), годишната сметка и финансискиот извештај кои се однесуваат за иста деловна година и кои се подготвени согласно одредбите на овој закон и со прописите за сметководство треба да содржат идентични податоци за состојбата на средствата, обврските, приходите, расходите, главнината и остварената добивка односно загуба на друштвото за деловната година. Ова досега беше имплицитно барање, но сега е законска обврска;

5) Дивидендите коишто даночниот обврзник ги исплатуваше на правни лица резиденти на Република Македонија се оданочуваа со данок на добивка заклучно со 06.07.2010. По овој датум истите не подлежат на оданочување;

Мојот бивш шеф, кој е вистински доајен на нашата професија (со повеќедецениско искуство) вели вака: “Јас стопати ќе ви кажам како се прават годишната сметка и финансиските извештаи, но под услов јас ниту еднаш да не ги правам.“ Кога малку подобро ќе размислам, човекот има право. Не се сомневам дека и вие го делите истото мислење.

Со почит, Бранко Костовски

Издавачки одбор

економски билтенсписaние на примеко биз доо Скопје

издавачки совет:проф. д-р Зоран Ивановски (претседател)проф. д-р Мирољуб Шукаровм-р Саша ТвртковиќКрсто НесторовСашa Грујевски

главен и одговорен уредник:м-р Бранко Костовски

лектoр:Маја Костадиновска

компјутерска обработка и графички дизајн:

печати:ДБ СИСТЕМИ - Скопје

издавач:примеко биз дообул, Јане Сандански бр. 78/2, локал 7, П.Фах. 234, 1000 СкопјеТел./факс: 02/ 2465-919www.primeko.com.mk

Даночен број: МК-4032010509991Трансакциска сметка: 300-0000031599-08Банка депозитор: Комерцијална банка АД, Скопје

Списанието излегува еднаш месечно.

Годишната претплата за списанието се врши на трансакциска сметка: 300-0000031599-08 ПРИМЕКО БИЗ ДОО Скопје.

Списанието се доставува по пошта. Ракописи, прилози и мислења се испраќаат на адреса:

ПРИМЕКО БИЗ ДОО, бул, Јане Сандански бр. 78/2, локал 7, П.Фах. 234, 1000 Скопје

или по e-mail: [email protected]

Ракописите не се враќаат.

Бранко КостовскиГлавен уредник

Page 5: ПРИМЕКО Економски Билтен - Февруари 2011

5www.primeko.com.mk

1. ВОВЕДЕН ДЕЛ

Овој текст тргнува од претпоставката дека читателот ги има завршено сите книжења, освен прилагодувачките (adjusting entries) за 2010 година и дека врз основа на таквата евиденција има изготвено бруто биланс. Тоа практично значи дека корисникот на овој прирачник го има завршено процесот на идентификување и мерење на сметководствените трансакции и дека тие целосно се евидентирани во дневникот, главната книга како и во помошните евиденции (аналитички евиденции). Ако е тоа така, сосема е логично да заклучиме дека во овој прирачник нема да ги најдете оние содржини кои се однесуваат на признавањето и мерењето (освен по исклучок, доколку е тоа неопходно поради континуитет на излагањето).Овој текст за изготвување на годишната сметка и финансиските извештаи за 2010 година е наменет за субјектите кои се сметаат за трговски друштва во смисла на Законот за трговските друштва (ЗТД).

1.1. Рамка за финансиското известување во Република Македонија Сметководственото известување во Република Македонија е регулирано со

Законот за трговските друштва (ЗТД), кој е објавен во “Службен весник на РМ“ бр. 28/04, 84/05, 25/07, 87/08 и 48/10. Кога станува збор за финансиските извештаи, пропис (донесен врз основа на ЗТД) кој се однесува на нив е Правилникот за водење на сметководство (“Службен весник на РМ” бр. 159/09 - понатаму Правилник). За помалку упатените ќе кажеме дека овој Правилник ги содржи меѓународните сметководствени стандарди (МСС), меѓународните стандарди за финансиско известување (МСФИ), како и толкувањата на надлежните комитети и дека неговата примена е задолжителна за сите трговци. Или појасно кажано, сите трговци (ДООЕЛ, ДОО, АД и др.) се должни да ги применуваат МСФИ (МСС), кои се објавени како составен дел на споменатиот правилник. Или уште појасно кажано елементите на годишните сметки и на финансиските извештаи (средства, обврски, капитал, приходи и расходи) мораат да бидат признати, измерени и обелоденети (ова не се однесува на годишната сметка) согласно МСФИ (МСС). Понатаму во текстот ќе го употребуваме терминот МСФИ, а читателот треба да има во предвид дека овој термин го подразбира целокупниот сет (комплет) на МСФИ и МСС.

Кога станува збор за годишната сметка, пропис (донесен врз основа на ЗТД) кој се однесува на неа (исклучиво од аспект на обелоденувањето, односно од аспект на формата и содржината), е Правилникот за формата и содржината на годишната сметка ("Службен весник на РМ" бр. 113/06 и 110/07). Согласно членот 7 од овој Правилник, годишната сметка за 2010 година ќе се изготвува на билансните шеми (биланс на состојбата и биланс на успехот), кои шеми се пропишани со споменатиот правилник. Овде е интересно да се напомене дека согласно

ПишуваБранко Костовски [email protected]

ГодиШна СметКа и ФинанСиСКи иЗВеШтаи За 2010 Година

1. ВоВеден дел

Page 6: ПРИМЕКО Економски Билтен - Февруари 2011

9www.primeko.com.mk

рокот за доставување кој не може да биде подолг од 30 дена од денот на одобрување на финансиските извештаи.

2.8. Усвојување и одобрување на годишната сметка и финансиските извештаи

Според решенијата во Законот за трговските друштва постои разлика помеѓу термините усвојување и одобрување. Ваквата разлика произлегува и од тоа што се изготвува и годишна сметка и финансиски извештаи.

Трговците кои не се распоредени како средни и големи изготвуваат само годишна сметка, па според тоа ги усвојуваат годишните сметки. Средните и големи трговци ги усвојуваат годишните сметки, а ги одобруваат финансиските извештаи.

По правило, усвојувањето на годишните сметки го врши органот на управување односно управителот или управителите кај друштва со ограничена одговорност, а одборот на директори односно управниот одбор кај акционерските друштва.

Одобрувањето на годишната сметка и финансиските

за ликвидација или стечајна постапка или на настанувањето на статусна промена;

– крајот на наредниот месец по истекот на пресметковниот период, доколку годишната сметка е изготвена за период кој е пократок од деловната година;

– 31 март во тековната година за консолидираната годишна сметка која се однесува на претходната година. Што се однесува до финансиските извештаи,

нив (откако тие претходно се одобрени од страна на собранието односно содружниците), органот на управување заедно со годишниот извештај за работа на друштвото, ги доставува во препис до Централниот регистар, но не подоцна од 30 јуни. Овде треба да се има во предвид дека основниот рок за доставување на финансиските извештаи е најдоцна во рок од 30 дена од денот на нивното одобрување. Притоа, крајниот рок за одобрување на финансиските извештаи е крајот на месец мај, а за нивно доставување во препис до Централниот регистар, крајниот рок е 30 јуни. Се разбира дека одобрувањето и доставувањето можат да бидат направени и порано, со тоа да мора да се запази

EKONOMSKIBILTEN

Контакт:Наташа Илиевска

тел. 02/2465-919e-mail: [email protected]

Цени на рекламен простор во ПРИМЕКО: ¼ страна – цена 50 €, ½ страна – цена 100 €, 1 цела страна – 150 €.

Реклами во Економски Билтен

ОБЈАВУВАЈТЕ ГИ ВАШИТЕ- Ревизорски извештаи

- Сите видови финансиски извештаи- Семинари, обуки, советувања и конференции

- Сите останати соопштенија преку кои сакате да комуницирате со јавноста* Тираж 1000 броја

EKONOMSKIBILTEN

Контакт:Наташа Илиевска

тел. 02/2465-919e-mail: [email protected]

Цени на рекламен простор во ПРИМЕКО: ¼ страна – цена 50 €, ½ страна – цена 100 €, 1 цела страна – 150 €.

Реклами во Економски Билтен

ОБЈАВУВАЈТЕ ГИ ВАШИТЕ- Ревизорски извештаи

- Сите видови финансиски извештаи- Семинари, обуки, советувања и конференции

- Сите останати соопштенија преку кои сакате да комуницирате со јавноста* Тираж 1000 броја

EKONOMSKIBILTEN

Контакт:Наташа Илиевска

тел. 02/2465-919e-mail: [email protected]

Цени на рекламен простор во ПРИМЕКО: ¼ страна – цена 50 €, ½ страна – цена 100 €, 1 цела страна – 150 €.

Реклами во Економски Билтен

ОБЈАВУВАЈТЕ ГИ ВАШИТЕ- Ревизорски извештаи

- Сите видови финансиски извештаи- Семинари, обуки, советувања и конференции

- Сите останати соопштенија преку кои сакате да комуницирате со јавноста* Тираж 1000 броја

2. обВрски на тргоВците Во однос на годишната сметка и финансиските изВештаи

Page 7: ПРИМЕКО Економски Билтен - Февруари 2011

12 www.primeko.com.mk

Незаработените приходи треба да се укинат или со истекот на временскиот период (закупнина, сметководствени услуги) или со исполнување на обврската за која се примени парите, како на пример кај рекламата. Со оглед на тоа дека е непрактично укинувањето (прекнижувањето) да се врши на дневна основа, тоа се прави под датумот под кој се изготвуваат финансиските извештаи (во конкретниот случај 31.12.2010.). Според тоа, на секој датум под кој се изготвуваат финансиските извештаи се спроведуваат и корективните книжења, со цел незаработените приходи кои треба да се укинат, да бидат признаени како приходи, а нивното салдо да остане како обврска во билансот на состојба (по правило на групата 29). Во конкретниот случај, при книжењето се одобруваат приходите (се книжи на побарува), а се задолжуваат обврските (се книжи на долгува) за износот за кој се врши укинување на незаработените приходи.

3.3. Пресметани приходи

Приходите кои се заработени, но кои сеуште не се наплатени или евидентирани заклучно со датумот на финансиските извештаи (во конкретниот случај 31.12.2010.), претставуваат пресметани приходи. Тие настануваат или со истекот на временскиот период (закупнина, камата, сметководствени услуги) или пак доколку услугите биле извршени, а истите не биле фактурирани, ниту пак наплатени до крајот на пресметковниот период.

Со корективното книжење, се признава побарување (со цел на правилно вреднување на средствата во билансот на состојба) и приход (со цел на правилно вреднување на приходите во билансот на успех). Според тоа, при книжењето се одобруваат приходите (се книжи на побарува), а се задолжуваат средствата (се книжи на долгува).

3.4. Пресметани расходи

Расходите кои настанале, но кои сеуште не се платени или евидентирани заклучно со датумот на финансиските извештаи (во конкретниот случај 31.12.2010.), претставуваат пресметани расходи. Тие настануваат или со истекот на временскиот период (закупнина, камата, сметководствени услуги) или пак

Во продолжение ќе ги разгледаме споменатите типови на корективни книжења.

3.1. Однапред платени расходи

Расходите кои се платени и евидентирани како средства, пред тие да настанале, претставуваат однапред платени расходи. При плаќањето на ваквите расходи биле задолжени средствата (во нашата практика некоја сметка од групата 19), со што се укажува на тоа дека користа од извршеното плаќање ќе биде добиена во иднина. Вакви се случаите на плаќања кои се наменети за осигурување, закупнина, реклама, некои режиски набавки и друго.

Однапред платените расходи треба да се укинат или со истекот на временскиот период (закупнина и осигурување) или со добивање на услугата (материјалите) како на пример кај рекламата. Со оглед на тоа дека е непрактично укинувањето (прекнижувањето) да се врши на дневна основа, тоа се прави под датумот под кој се изготвуваат финансиските извештаи (во конкретниот случај 31.12.2010.). Според тоа, на секој датум под кој се изготвуваат финансиските извештаи се спроведуваат и корективните книжења, со цел однапред платените расходи кои треба да се укинат, да бидат признаени како расходи, а нивното салдо да остане како средство во билансот на состојба (по правило на групата 19). Во конкретниот случај, при книжењето се одобрува средството (се книжи на побарува), а се задолжуваат расходите (се книжи на долгува) за износот за кој се врши укинување на однапред платените расходи. 3.2. Незаработени приходи

Приходите кои се наплатени и евидентирани како обврски, пред тие да бидат заработени, претставуваат незаработени приходи. При наплатата на ваквите приходи биле задолжени средствата (паричните средства), а биле одобрени обврските (во нашата практика некоја сметка од групата 29) со што се укажува на тоа дека обврската која произлегува од извршеното плаќање ќе биде исполнета во иднина. Вакви се случаите на наплати кои произлегуваат од закупнина, претплата на списанија, реклама, услуги и друго.

USLUGI

- Вреднување на компании и акции за индивидуални клиенти- Due Dilligence- Изработка на Teaser- Целосна поддршка на странски инвеститори

USLUGI

- Вреднување на компании и акции за индивидуални клиенти- Due Dilligence- Изработка на Teaser- Целосна поддршка на странски инвеститори

USLUGI

- Вреднување на компании и акции за индивидуални клиенти- Due Dilligence- Изработка на Teaser- Целосна поддршка на странски инвеститори

3. коректиВни (прилагодуВаЧки) книжења

Page 8: ПРИМЕКО Економски Билтен - Февруари 2011

22 www.primeko.com.mk

2) на товар на задолжителната општа резерва;3) на товар на посебните резерви за покривање загуби;4) премии и5) на товар на основната главнина, со нејзино

намалување.Кога станува збор за загуба посебно треба да се

има во предвид член 354 став 1 од ЗТД според кој, ако акционерско друштво во текот на работењето, а особено според тримесечната или полугодишната пресметка, односно годишната сметка покажува нова загуба, поголема од 30% од вредноста на имотот на друштвото, односно 50% од основната главнина, извршните членови на одборот на директори, односно управниот одбор мораат веднаш да подготват извештај во писмена форма во којшто ќе ги објаснат причините за загубата и ќе предложат мерки со коишто загубата ќе биде покриена. Извештајот се одобрува од одборот на директори, односно од надзорниот одбор. Во рок од 48 часа од сознавањето дека друштвото покажало загуба, органот на управување свикува собрание на кое ќе ги извести акционерите за состојбата и за преземените мерки.

5.6. Нераспределена добивка

Делот од добивката што ќе остане по распределувањето за други намени или целиот износ, може да се остави нераспределен, кој подоцна во текот на наредната година со одлука ќе се распредели.

5.7. Загуба и покривање на загубата

Загубата која субјектите ќе ја искажат по годишната сметка за 2010 година, постои во случај кога вкупните расходи се поголеми од вкупните приходи или поради недоволниот износ на добивката пред оданочување за да се покрие данокот од добивка.

За покривање на загубата одлучуваат имателите на удели односно акции на Собир на содружници односно на Собрание на акционери, кои согласно членот 484, став (2) од ЗТД носат одлука за покривање на загубата. Покривањето за загубите се врши редоследно од следните извори кои се наведуваат во одлуката за покривање на загубата, и тоа:1) акумулирана добивка;

IZDANIJAНАЈАВА НА НОВИ ПРИМЕКО ИЗДАНИЈА

ПОПУСТИ ! ! ! ПРИМЕКО ПРЕМИУМ ПРЕТПЛАТНИЦИ – ПОПУСТ 50%

ПРИМЕКО МЕДИУМ ПРЕТПЛАТНИЦИ – ПОПУСТ 50%ПРИМЕКО МАЛИ ПРЕТПЛАТНИЦИ – ПОПУСТ 50%

1. Прирачник за финансиско известување за мали и средни ентитети

- Цена: 4.000,00 ДЕН + 18%ДДВ

2. Финансиски менаџмент- Ценa: 4.000,00 ДЕН + 18%ДДВ

IZDANIJAНАЈАВА НА НОВИ ПРИМЕКО ИЗДАНИЈА

ПОПУСТИ ! ! ! ПРИМЕКО ПРЕМИУМ ПРЕТПЛАТНИЦИ – ПОПУСТ 50%

ПРИМЕКО МЕДИУМ ПРЕТПЛАТНИЦИ – ПОПУСТ 50%ПРИМЕКО МАЛИ ПРЕТПЛАТНИЦИ – ПОПУСТ 50%

1. Прирачник за финансиско известување за мали и средни ентитети

- Цена: 4.000,00 ДЕН + 18%ДДВ

2. Финансиски менаџмент- Ценa: 4.000,00 ДЕН + 18%ДДВ

IZDANIJAНАЈАВА НА НОВИ ПРИМЕКО ИЗДАНИЈА

ПОПУСТИ ! ! ! ПРИМЕКО ПРЕМИУМ ПРЕТПЛАТНИЦИ – ПОПУСТ 50%

ПРИМЕКО МЕДИУМ ПРЕТПЛАТНИЦИ – ПОПУСТ 50%ПРИМЕКО МАЛИ ПРЕТПЛАТНИЦИ – ПОПУСТ 50%

1. Прирачник за финансиско известување за мали и средни ентитети

- Цена: 4.000,00 ДЕН + 18%ДДВ

2. Финансиски менаџмент- Ценa: 4.000,00 ДЕН + 18%ДДВ

5. утВрдуВање на финансискиот резултат по годишната сметка

Page 9: ПРИМЕКО Економски Билтен - Февруари 2011

27www.primeko.com.mk

работниот однос за годината во висина утврдена со ЗДД

На овој реден број се внесуваат неисплатените (до датумот на поднесување на Даночниот биланс) надоместоци на трошоците од работниот однос за годината, како и износот на исплатените надоместоци на трошоци од работен однос во износ поголем од утврдениот со член 14 став 1 точки 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9, 10, 11 и 12 од ЗДД и член 4 став 2 точка 4 од ЗДД Правилникот.

Следните износи не се внесуваат на овој реден број: – исплатените надоместоци на трошоците од работен

однос за: службено патување (освен користењето на приватен автомобил), теренски додаток или одвоен живот, во висина на најнискиот износ утврден со Општиот колективен договор за стопанството на Република Македонија (ОКДС) и прописите за органите на државната управа. Согласно членот 35 од Општиот колективен договор за стопанството на Република Македонија (“Сл. Весник на РМ бр. 88/09 кој се применува од 16.07.2009 година), работникот има право (станува збор за најниски износи) на:

1) дневници за службени патувања во земјата во висина од 8% од просечната месечна нето плата по работник во Република Македонија исплатена во последните три месеци (види www.primeko-audit.com/Plati/nadomestoci2.aspx);

3. Неисплатени пресметани плати од тековната година

Трошоците за пресметаните бруто плати на вработените се признаваат за потребите на данокот од добивка во висина на исплатениот износ. Разликата меѓу трошоците за пресметаните бруто плати и исплатениот износ за фискалната година до денот на доставувањето на Даночниот биланс до даночните власти како трошок кој не се признава на пресметковна основа за потребите на данок од добивка, се додава во даночниот биланс како корективна – зголемувачка ставка во пресметката на даночната основа.

Како исплатена плата се сметаат износите на исплатените нето плати надоместоците на платата, натаму износите на платениот персонален данок од плата и износите на платените придонеси од плата, исплатени за фискалната година и тоа до денот на доставувањето на даночниот биланс.

Сметководствено кажано, неисплатената бруто плата за пресметковниот период треба да соодветствува на разликата на побарувачкиот промет од сметките за обврски по основ на плати, персонален данок од плати и соодветните социјални давачки, кој се однесува на фискалната година 2010, намален за долговниот промет – исплатите на истите сметки кој повторно се однесува на фискалната година 2010. 4. Неисплатени надоместоци на трошоците од

EKONOMSKIBILTEN

Контакт:Наташа Илиевска

тел. 02/2465-919e-mail: [email protected]

Цени на рекламен простор во ПРИМЕКО: ¼ страна – цена 50 €, ½ страна – цена 100 €, 1 цела страна – 150 €.

Реклами во Економски Билтен

ОБЈАВУВАЈТЕ ГИ ВАШИТЕ- Ревизорски извештаи

- Сите видови финансиски извештаи- Семинари, обуки, советувања и конференции

- Сите останати соопштенија преку кои сакате да комуницирате со јавноста* Тираж 1000 броја

EKONOMSKIBILTEN

Контакт:Наташа Илиевска

тел. 02/2465-919e-mail: [email protected]

Цени на рекламен простор во ПРИМЕКО: ¼ страна – цена 50 €, ½ страна – цена 100 €, 1 цела страна – 150 €.

Реклами во Економски Билтен

ОБЈАВУВАЈТЕ ГИ ВАШИТЕ- Ревизорски извештаи

- Сите видови финансиски извештаи- Семинари, обуки, советувања и конференции

- Сите останати соопштенија преку кои сакате да комуницирате со јавноста* Тираж 1000 броја

EKONOMSKIBILTEN

Контакт:Наташа Илиевска

тел. 02/2465-919e-mail: [email protected]

Цени на рекламен простор во ПРИМЕКО: ¼ страна – цена 50 €, ½ страна – цена 100 €, 1 цела страна – 150 €.

Реклами во Економски Билтен

ОБЈАВУВАЈТЕ ГИ ВАШИТЕ- Ревизорски извештаи

- Сите видови финансиски извештаи- Семинари, обуки, советувања и конференции

- Сите останати соопштенија преку кои сакате да комуницирате со јавноста* Тираж 1000 броја

6. данок на добиВка за 2010

Page 10: ПРИМЕКО Економски Билтен - Февруари 2011

37www.primeko.com.mk

на данокот од добивка: ũ Издатоците за спонзорства кои го надминуваат

лимитот од износ од 3% од вкупниот приход и покрај тоа што го исполнуваат условот да се исплатени во согласност со начинот, условите и постапката утврдени со Законот за донации и спонзорства во јавните дејности.

ũ Целиот износ на издатоците за спонзорствата кои не се исплатени во согласност со начинот, условите и постапката утврдени со Законот за донации и спонзорства во јавните дејности.

Даночната регулатива не содржи одредби кои би го дефинирале спонзорството и покрај тоа што се несомнени амбициите за што е можно поширок даночен опфат на ваквите активности. Од даночен

аспект, нашата регулатива спонзорството го смета како активност коресподентна со донации, давање производи без надомест, во кои рамки го третира неговото оданочување. Во практика под спонзорство се подразбира начин на финансирање на одредени субјекти и активности, пред се од областа на науката, културата, здравството, спортот, хуманитарните активности, политиката и други сродни области.

Согласно Законот за донации и спонзорства во јавните дејности под спонзорство се подразбира доброволна финансиска исплата, давање на добра или услуги за конкретен проект и/или активност, кои овозможуваат директна корист на давателот како што се промоција на име, фирма и заштитен знак на давателот на спонзорството. Според истиот закон под донација се подразбира доброволна и

утрвдени со Законот за донации и спонзорства во јавните дејности.

Значи не се признаваат како трошок за потребите на данок од добивка:

ũ Издатоците за донации кои го надминуваат лимитот од износ од 5% од вкупниот приход и покрај тоа што го исполнуваат условот да се исплатени во согласност со начинот, условите и постапката утврдени со Законот за донации и спонзорства во јавните дејности.

ũ Целиот износ на издатоците за донациите кои не се исплатени во согласност со начинот, условите и постапката утврдени со Законот за донации и спонзорства во јавните дејности.

Пресметка на износот на донациите што не се

признава за потребите на данокот од добивка е дадена во продолжение. 23. Трошоци за спонзорства, во спротивност на условите и постапката утврдени со Законот за донации и спонзорства во јавните дејности, како и трошоците за спонзорства во износ над 3% од вкупниот приход остварен во тековната година

Издатоците за спонзорство се признаваат како трошок за потребите на данокот од добивка, но најмногу до 3% од вкупниот приход на даночниот обврзник. Натаму, за да истите воопшто бидат признаени тие мора покрај вклопувањето во лимитот да се исплатени во согласност со начинот, условите и постапката утрвдени со Законот за донации и спонзорства во јавните дејности.

Значи не се признаваат како трошок за потребите

6. данок на добиВка за 2010

Page 11: ПРИМЕКО Економски Билтен - Февруари 2011

Ресторан НационалАлександрија А - ДООЕЛ Скопје

Ул. Никола Русински 3А 1/11000 Скопје

Р. МакедонијаТел: ++389 2 3214 200

++389 2 3214 400 ++ 389 2 3214 500

Факс: ++389 2 02 3214 200e-mail: [email protected]

NationalNational restaurant

O�ers you all kinds of specialities of the national food

ТОП-ТУРС д.о.о.е.л. - СкопјеТранспортна фирма која врши превоз на стоки во меѓународниот друмски сообраќај веќе 15 години.КонтактАдреса: Ул „Скоевска” Бр. 10а1000 Скопје

Тел/Факс: 02/2461205Блаже: 070 221 478Виктор: 070 270 098e-mail: [email protected]

RESTORANGURMET

Ресторан ГУРМЕТРаде Кончар бр.3

1000 СкопјеРаботно време:

09:00 - 24:00/ 09:00 - 01:00e-mail: [email protected]

www.gurmet.restorani.com.mkТел: +389 2 3211 484

АЛКОПЛАСТ 03Ул. Киро Фетак бр. 20,

Населба Драчево 1000 СкопјеТел: 02/2796 934, Факс: 02/2796 934,

Моб: 075/423 873, 075/423 874e-mail: [email protected] web: www.alkoplast03.com.mk

Alkoplast 03

Page 12: ПРИМЕКО Економски Билтен - Февруари 2011