· Web viewaxess УПАТСТВО. ЗА ИДНИ ТРЕНИНЗИ. Содржина: Вовед...

13
www.axesslearning.eu AXESS УПАТСТВО ЗА ИДНИ ТРЕНИНЗИ Содржина: 1. Вовед ..……………………………………………………………………………………….…………………………………………........…….1 2. Проект AXESS ……………………………………………………………………………………………………………………………………..1 2.1 Цели на проектот …….………………………………………………………………………………………………………….……..2 2.2 Целни групи…………………………………………….………………………………………………………………………….….……2 2.3 Проектни резултати ..……………………………………………………………………………………………………….…. ……..2 2.4 ЗОШТО AXESS? ……………………………………………………………………………………………………………………….……3 3. AXESS Тренинг - Преглед на курсевите . …………………………………………………………………………………….……..3 4. AXESS ОЕР Платформа & Виртуелна Заедница …………………………………………………………………………. ……..5 4.1 Функционалности на AXESS Тренинг Платформата ………………………….…………... ………………………….5 4.2 Онлајн, Лице в лице и Комбиниран модел на учење …………………………………………………………….….6 5. Препораки за идни обуки ……………………………………………………………………………….……………………..…………7 6. Корисни AXESS Линкови …………………………………………………………………….………………………………………………8 7. AXESS Проектни Партнери .…………………………………………………………………………..…………………. ………………..8 1. Вовед во Упатството Ова AXESS Упатство претставува прирачник за употреба на AXESS производите. Овој документ е наменет за целните групи на проектот (едукатори и корисници) за да им помогне да ги користат ресурсите за учење AXESS на ефикасен и ефективен начин. Упатството се состои од неколку делови кои даваат преглед на проектот воопшто, целите на проектот, партнерите и испораките на проектот. Курсевите AXESS се најважниот резултат од проектот AXESS - двегодишен Еразмус + проект. Има краток опис за секој курс. Има дел што го објаснува онлајн, лице в лице и комбинираниот начин на учење. Со оглед на тоа што е-ресурсите на AXESS можат да се користат на различни начини на учење, учесниците, наставниците и обучувачите ќе можат да одлучат кој метод е најсоодветен во согласност со карактеристиките на целната група, 1

Transcript of  · Web viewaxess УПАТСТВО. ЗА ИДНИ ТРЕНИНЗИ. Содржина: Вовед...

Page 1:  · Web viewaxess УПАТСТВО. ЗА ИДНИ ТРЕНИНЗИ. Содржина: Вовед ...

www.axesslearning.eu

AXESS УПАТСТВО ЗА ИДНИ ТРЕНИНЗИ

Содржина:

1. Вовед ..……………………………………………………………………………………….…………………………………………........…….12. Проект AXESS ……………………………………………………………………………………………………………………………………..1

2.1 Цели на проектот …….………………………………………………………………………………………………………….……..22.2 Целни групи…………………………………………….………………………………………………………………………….….……22.3 Проектни резултати ..……………………………………………………………………………………………………….….……..22.4 ЗОШТО AXESS? ……………………………………………………………………………………………………………………….……3

3. AXESS Тренинг - Преглед на курсевите .…………………………………………………………………………………….……..34. AXESS ОЕР Платформа & Виртуелна Заедница ………………………………………………………………………….……..5

4.1 Функционалности на AXESS Тренинг Платформата ………………………….…………...………………………….54.2 Онлајн, Лице в лице и Комбиниран модел на учење …………………………………………………………….….6

5. Препораки за идни обуки ……………………………………………………………………………….……………………..…………76. Корисни AXESS Линкови …………………………………………………………………….………………………………………………87. AXESS Проектни Партнери .…………………………………………………………………………..………………….………………..8

1. Вовед во Упатството

Ова AXESS Упатство претставува прирачник за употреба на AXESS производите.Овој документ е наменет за целните групи на проектот (едукатори и корисници) за да им помогне да ги користат ресурсите за учење AXESS на ефикасен и ефективен начин.Упатството се состои од неколку делови кои даваат преглед на проектот воопшто, целите на проектот, партнерите и испораките на проектот.Курсевите AXESS се најважниот резултат од проектот AXESS - двегодишен Еразмус + проект. Има краток опис за секој курс.Има дел што го објаснува онлајн, лице в лице и комбинираниот начин на учење. Со оглед на тоа што е-ресурсите на AXESS можат да се користат на различни начини на учење, учесниците, наставниците и обучувачите ќе можат да одлучат кој метод е најсоодветен во согласност со карактеристиките на целната група, техничките можности и нивото на јазични и ИКТ вештини кои ги поседуваат студентите.Десетте курсеви развиени во рамките на проектот AXESS се достапни преку платформа за обука AXESS. Функционалностите на платформата за обука, пристапот и начинот на навигација низ курсевите се претставени во овој документ. Постои дел со препораки за идните обуки.Упатството за идни обуки е подготвено врз основа на повратните информации од пилот обуките (пилот и валидација AXESS ИО4). Овој документ се однесува на практични и организациски аспекти како и на педагошки прашања, како што се упатства за обучувачи, студенти, структура и содржина на курсевите за обука, итн.

2. Проект AXESS

1

Page 2:  · Web viewaxess УПАТСТВО. ЗА ИДНИ ТРЕНИНЗИ. Содржина: Вовед ...

www.axesslearning.eu

AXESS е Европски проект ко-финансиран од Еразмус Плус Програмата на Европската Комисија, Клучна Акција , 2, со цел развивање и потврда на иновативни тренинзи за подобрување на дигиталните компетенции на Европските возрасни, со особен фокус на возрасни жени со ниски квалификации.Конзорциумот AXESS е составен од 8 партнери од 7 Европски држави (Белгија, Грција, Италија, Македонија, Романија, Словачка, Шпанија).AXESS ги адресира потребите на целните групи (возрасни жени) преку развивање и распоредување на конкретни обуки и едукативни ресурси (OER, отворени образовни ресурси) за возрасни жени за да ги унапредат своите дигитални компетенции и вештини. Проектот AXESS е конкретен одговор на специфичните потреби во областа на возрасни лица, со фокус на Дигитални вештини за образовани жени (ISCED3) со ниско ниво на дигитални вештини. Изборот на темата (Дигитални вештини) се должи на релевантноста на дигиталните вештини во современото социјално и економско опкружување.

Нешто за размислување..“Образованието има смисол затоа што жените и мажите научуваат дека преку учење тие можат да се оформат и ре-оформат себеси, бидејќи тие се способни да преземат одговорност за себе

знаејќи дека знаат и знаејќи дека не знаат.”[P. Freire, (2004). Pedagogy of Indignation. Boulder: Colorado, Paradigm. p. 15]

2.1 Цели на проектотКрајната цел на проектот AXESS е да се подобри вработливоста на жените преку развиен и поактивен социјален и граѓански ангажман. Во денешниот свет, ова е цврсто поврзано со нивото на дигитални вештини.Фразата „дигитални вештини“ во текот на проектот опфаќа и граѓански и социјални надлежности, како и чувство за иницијатива и претприемништво.

AXESS е специјално дизајниран за:1) да го зајакне развојот на граѓански компетенции (вклучувајќи дигитална медиумска писменост и критичко размислување), исто така, во борбата против дискриминацијата врз жените;2) подобрување на пристапот, учеството и учењето на учениците во неповолна положба, каде неповолноста е претставена со родовата димензија.

2.2 AXESS Целни групи: 1. Примарна целна група: образовани жени (барем ISCED3) со ниско ниво на дигитални вештини, персонал на понудувачи на образование за возрасни, фацилитатори за социјално вклучување и економско зајакнување (исто така и систем за водење кариера). 2. Засегнати страни: членови на „екосистем за образование на возрасни“ - јавни агенции, креатори на политики, понудувачи на ОВ (формални и неформални), групи на корисници, итн. Меѓу засегнатите страни, ги вклучуваме медиумите (особено локалните медиуми) кои ќе овозможат да се обезбеди видливост на проектот AXESS.3. Општа јавност: општата јавност која е засегната и заинтересирана за дигитално вклучување, дигитални вештини и компетенции.

2.3 Проектни резултати2.3 Резултати од проектот=> ИО1 ОЕР платформа и веб-страница на проектот на 7 јазици (Онлајн-интерактивна платформа како Отворен едукативен ресурс специјално прилагодено на жените).=>ИО2 Основен извештај за потребите од обука

2

Page 3:  · Web viewaxess УПАТСТВО. ЗА ИДНИ ТРЕНИНЗИ. Содржина: Вовед ...

www.axesslearning.eu

=> ИО3 ОЕР-AXESS курсеви за обука, развиени на 7 јазици (Онлајн мулти-јазични решенија и алатки за обука за да им помогнат на корисниците да ги идентификуваат концептите и термините во секојдневните активности, со што ќе се придонесе нивнот социјално и економско зајакнување / Лице в лице прилагодени материјали и курсеви)=> ИО4 150 Ниско квалификувани жени обучени во 7 земји - Тест и валидација на ОЕР AXESS

2.4 ЗОШТО AXESS? Од 2005 до 2010 година, ИКТ-политиките во ЕУ беа прикажани во i2010, 5-годишна стратешка рамка. После економската криза во 2007 година, се појави потребата од фокусирање на дигитални вештини и компетенции на Европските граѓани и развојот на ИКТ се сметаше за начин да се понуди нов импулс на Европската економија. Затоа, дигиталната политика беше вклучена во стратегијата „Европа 2020“ 1 како една од нејзините седум предводници, со името „Дигитална агенда за Европа“2.Дигиталната агенда се состои од 7 столба:I. Дигитален единствен пазар; II. Интероперабилност и стандарди; III. Доверба и безбедност; IV. Брз и ултра брз пристап до Интернет; V. Истражување и иновации; VI. Зајакнување на дигиталната писменост, вештини и вклученост; VII. ИКТ- придобивки за ЕУ општеството.Најрелевантен столб за проектот AXESS е VI. Зајакнување на дигиталната писменост, вештини и инклузија, кој бара од Земјите Членки да дефинираат соодветни акции за подобрување на дигиталните компетенции и социјална инклузија преку дигитален тренинг и дигитална писменост.

AXESS тренинг курсевите ги опфаќаат овие теми: 1. Решавање на проблеми2. Дигитални вештини3. Чувство за иницијатива4. Граѓански и социјални компетенции во Дигитална Ера

3. AXESS Обука – Преглед на курсевите

Курсевите AXESS се најважниот резултат од проектот AXESS.Содржината е внимателно избрана врз основа на потребите на целните групи на проектот утврдени во првата фаза на проектот - мапирање на ситуацијата.Онлајн учењето ја формира основата на обуката AXESS. Ова е исто во сите земји-партнери во проектот (Словачка, Грција, Македонија, Шпанија, Италија, Романија), како и во сите европски земји кои подеднакво ќе имаат корист од ресурсите. Секој онлајн курс постои на јазиците на сите земји-партнери и на англиски јазик.

AXESS – Достапни Курсеви за обука:1. Идентификација на проблемот: како да се идентификува вистинскиот проблем.

Дефинирање на поставувањата, контекстот и целта.2. Временска рамка и управување со проекти3. Креативна употреба на дигитална технологија 4. Управување со информации

1 http://ec.europa.eu/eu2020/pdf/COMPLET%20EN%20BARROSO%20%20%20007%20-%20Europe%202020%20-%20EN%20version.pdf2 https://ec.europa.eu/digital-single-market/en/europe-2020-strategy

3

Page 4:  · Web viewaxess УПАТСТВО. ЗА ИДНИ ТРЕНИНЗИ. Содржина: Вовед ...

www.axesslearning.eu

5. Дигитални вештини6. Интеракција преку дигитални технологии 7. Вработливост, само-вработување и претприемништво 8. Можности за работа на социјалните медиуми9. Образование за одржлив развој 10. Подигнување на свеста за Отворен Влада

Секој курс, обично се состои од три модули поделени во единици.

1. Идентификација на проблемот: како да се идентификува вистинското прашање. Дефинирање на поставките, контекстот и целта.

Целта на овој модул е да им објасни на учесниците што е решавање на проблеми воопшто, и во дигитална околина, како да се идентификуваат најчестите технички проблеми и можни решенија кои можат да ги подобрат нивните компјутерски вештини. Постојат две единици со поделена структура за да се постигне оваа цел. Првата единица е дизајнирана да ја објасни дефиницијата за решавање проблеми и нивото на знаење во зависност од вештините на корисникот. Исто така, оваа единица ги потенцира најчестите проблеми со кои тие се соочуваат во дигиталното опкружување. Втората единица е фокусирана на тоа како да се реши широк спектар на проблеми преку дигитални вештини. По овој модул, учениците ќе ги подобрат своите вештини за тоа како да идентификуваат, разберат и решат технички проблеми.

2. Распоред на време и управување со проектиОвој модул обезбедува знаење и воведува теми од важност за управување со проекти, дефиниции, елементи на управување со проекти и распоред на време. Обезбедува општи информации, дефиниции. Претставени се карактеристиките на проект, како и корисни општи информации за распоред на времето во проект. Овој модул ги објаснува 5-те чекори / елементи на животниот циклус за управување со проекти. Обезбедува знаење за распоредот на време во проект со општи информации, дефиниции, важноста и клучните елементи за ефективно распоредување на времето како дел од управувањето со проекти.

3. Креативна употреба на дигитална технологијаОвој модул е наменет да ви помогне да развиете нов начин на размислување, за да можете да го засилите вашиот внатрешен креатор и да ви обезбедат при рака сет од алатки за да започнете и да продолжите да се градите/развивате. Првиот модул дава информации за клучните аспекти кои влијаат на успехот при креативно користење ИКТ-алатки. Вториот модул е воведување на неколку алатки со кои можете да ги започнете за да ги реализирате своите идеи. Конечно, третиот модул дава увид за најважните аспекти на онлајн маркетингот.

4. Управување со информацииIn this course you will find some interesting suggestions on how to browse, search and filter data on the net, as well as some hints on how to make the most out of internet. At the end of this module you will gain: 1. Ability to conduct online research and assessing information on net; 2. Understanding the power of Data.Во овој курс ќе најдете неколку интересни предлози за тоа како да барате, пребарувате и филтрирате податоци на мрежата, како и неколку навестувања за тоа како да искористите максимум од Интернетот. На крајот на овој модул ќе се здобиете со: 1. Способност за спроведување на онлајн истражувања и проценка на информации на мрежата; 2. Разбирање на моќта на податоците.

5. Дигитални вештиниВо овој курс, ќе најдете основни информации за дигитални вештини и особено ќе научите како да искористите максимум од паметните телефони. Исто така, ќе најдете и увид во дигиталната комуникација и дигиталните содржини кои се корисни за комуникација преку дигитални содржини. На крајот на овој модул ќе се здобиете со: 1. Способност за користење паметни телефони; 2. Усогласување со дигитална околина.

4

Page 5:  · Web viewaxess УПАТСТВО. ЗА ИДНИ ТРЕНИНЗИ. Содржина: Вовед ...

www.axesslearning.eu

6. Интеракција преку дигитални технологии Во овој курс, ќе го воведеме концептот нетикетирање на мрежата и неговите правила. Во втората единица, ние ќе ви претставиме неколку совети и препораки за заштита на вашите уреди, и конечно во последната единица ќе истражиме неколку интересни опции за споделување врз основа на дигитални решенија. На крајот на овој модул ќе се здобиете со: 1. Прифатлива употреба на онлајн ресурси; 2. Способност да се препознаат заканите на Интернет; 3. Знаење за споделување преку дигитални технологии.7. Вработливост, само-вработување и претприемништво Модулот има за цел да го изнесе генералниот концепт на финансирање на ЕУ и поддршка за самовработување. Исто така, дава преглед на програмите на ЕУ, управувани централно од Комисијата на ЕУ, за поддршка на претприемништво и ресурси за пристап до програми и проекти на ЕСФ во земјите претставени со овој проект.8. Можности за работа на социјалните медиумиМодулот има за цел да развие можност за пишување проактивен опис на CV и барање можности на пазарот на трудот. Покрај тоа, ги покажува клучните аспекти на дигиталниот лов на работа: непосредност на комуникацијата, идентификување на ресурси за работа, вештини за профилирање и компетенции.9. Образование за одржлив развој Целта на курсот е да обезбеди информации за начините како економскиот раст и социјалниот напредок можат да одат заедно, со целосна конзервација на животната средина. Во првиот дел ќе ги дефинираме главните карактеристики на одржливиот развој. Подоцна ќе разговараме за тоа како може да се постигне одржлив развој во иднина со многу конкретни примери за одржливо однесување на граѓаните објавени на Интернет. Се чини дека иновативното и интелигентно производство ќе го промовира одржливиот развој. Автоматското производство на индустријата 4.0 бара зголемени дигитални компетенции на вработените / граѓаните. Затоа е важно да се развијат и подобрат дигиталните вештини со користење на разни on-line алатки.10. Подигнување на свеста за Отворен Влада Овој модул го воведува концептот на отворена влада како предуслов за модерната демократија. Отвореноста на владата им дава шанса на граѓаните да учествуваат во креирањето политики и им создава можности на владите да градат доверба во владите. Традиционалните начини на интеракција со владата се менуваат поради воведувањето на современи технологии. Употребата на ИКТ може да промовира социјална вклученост, но од друга страна може да го продлабочи дигиталниот јаз. Бидејќи денешниот свет станува се повеќе дигитален - дигиталната писменост е предуслов за подобро вработување, образование, граѓански ангажман, слободно време и забава, важно е да се обезбеди еднаков пристап до ИКТ, како и до дигитални вештини.

4. AXESS ОЕР Платформа & ВИРТУЕЛНА Заедница

Ресурсите за обука AXESS се достапни преку платформата за обука AXESS. Материјалите на платформата се структурирани во модули и единици, од кои пристапувате до содржината, материјалот што може да се преземе, линковите до електронските ресурси, мултимедијалната содржина и друг релевантен материјал за целите на проектот AXESS.Во делот за обука на платформата постои опција за пребарување - можете да пребарувате теми опфатени со курсевите.

Платформата AXESS е поддржана на компјутери и лаптопи, таблети, како и на паметните телефони.Целокупната содржина на платформата AXESS постои на 7 јазици: англиски, словачки, грчки, италијански, македонски, шпански и романски јазик.Виртуелната заедница е креирана од страна на здружени партнери кои се приклучија на проектот и кои се подготвени да помогнат во дистрибуирање и искористување на резултатите од проектот.

5

Page 6:  · Web viewaxess УПАТСТВО. ЗА ИДНИ ТРЕНИНЗИ. Содржина: Вовед ...

www.axesslearning.eu

4.1 Функционалности на AXESS Платформата за обука

На курсевите AXESS може да се пристапи преку еден од следниве начини:Со избирање на линкот: http://www.axesslearning.eu Користејќи го QR-кодот - скениран до вашиот уред Преку веб-страниците на партнерите AXESS (можете да ги најдете линковите во Дел 8 од ова Упатство)

Функционалности на AXESS Платформата:1. На Почетната страна можете да најдете краток преглед на целта на проектот AXESS .2. Преку табот Проект може да ги дознаете сите детали за Проектот и неговата цел.3. Под табот Партнери можете да ги најдете сите партнери во проектот, кои се тие и што работаат.4. Под табот Заедница можете да ги најдете придружните партнери, оние кои доброволно се

приклучиле на проектот откако бил почнат.5. Под табот Мапирање можете да научите какви се клучните наоди од мапирање на

состојбата во земјите партнери во однос на дигиталните вештини, како и информациите за ресурсите во т.н. Снимки на земји.

6. Under Mapping tab можете да дознаете какви се клучните наоди од мапирање на состојбата во земјите партнери во однос на дигиталните вештини, како и информации за ресурсите во т.н. Снимки на земјите.

7. Во секцијата Тренинг можете да најдете два вида на материјал: - Курсеви и - Студии на случај

8. Во рамките на курсот можете да видите дека е поделен на различни табови/секции9. Во Содржина на курсот можете да го најдете главниот дел од курсот, на кој можете да пристапите

од паѓачкото мени или преку компјутерска графика подолу10. Делот Цели и Опис има краток преглед за целта на курсот11. Во Податоци, можете да ги најдете основните информации за курсот: насловот, клучните зборови,

авторот и јазикот12. Делот Резултати содржи вештини и знаења кои ќе ги добиете од тој курс13. На табот ‘Референци и линкови’ можете да најдете библиографија користена за тој курс. Покрај

тоа можете да ги најдете главните документи кои можат да се преземат – ППТ презентација, пристап до речник и список на поврзани курсеви. Тука исто така можете да го преземете целиот курс со придружни информации во пдф формат.

14. Во ‘Прашалник за тренингот’ можете да пополните краток прашалник и да дадете повратна информација на гледаниот / поминатиот курс.

15. ‘Дополнителен таб’ е достапен во некои курсеви и има линк до дополнителни содржини за курсот.16. Во рамките на лентата со алатки на подменито можете да најдете неколку опции:

“Аудио” : можете да ја слушате содржината на курсотМожете да преземете ППТ документ со содржина од курсот.Исто така можно е да преземете Тренинг фише во ворд верзија која ги содржи сите главни информации за курсот.Освен тоа, тука можете да ја најдете “AXESS Работна тетратка” која помага да поминете низ курсот и да искористите максимум од курсот.Axess Работната книга ги охрабрува учениците да размислуваат за она што научиле, и беше дизајнирана за да ја зголеми вклученоста на учесниците, да ги охрабри всушност да ги користат стекнатите знаења во секојдневниот живот. Се состои од активности кои вклучуваат употреба на неодамна научените информации (со тоа го подобруваат нивото на задржување и размислување за влијанието на информациите врз сопствената личност. Правењето на мал чекор како што е правење

6

Page 7:  · Web viewaxess УПАТСТВО. ЗА ИДНИ ТРЕНИНЗИ. Содржина: Вовед ...

www.axesslearning.eu

на основен акционен план ги зголемува шансите за да направите позначајни позитивни промени и стекнување нови навики во блиска иднина. Го поддржува целиот AXESS пристап кој цели кон обезбедување алатки кои учениците веднаш ќе можат да ги користат. Исто така е корисна за едукаторите, бидејќи за време на лице-в-лице активностите тие можат да развијат повеќе значајни активности. Избор е на учениците да ја чуваат пополнетата работна тетратка или да ја споделат со едукаторите и да добијат повратни информацији.Исто така имате опција “Топ 5 клучни факти”, јасна графика со 5 клучни аспекти од курсот.“Топ 5 клучни факти” има за цел да им овозможи на учениците во само неколку минути да ги погледнат најинтереснте концепти кон кои е пристапено во модулот, но исто така да го подобрат нивото на информации кои ги запомнуваат.

17. Во табот ‘Речник AXESS’ можете да најдете список со зборови или објаснети концепти, користени за време на курсевите. Ова е многу корисно за подобро разбирање на курсевите и студиите на случај.

18. Во последниот дел ‘Вести’ можете да ги најдете најновите вести поврзани со проектот AXESS.19. Јазици: Англиски, Словачки, Грчки, Македонски, Италијански, Шпански и Романски. Можете да

одберете на кој јазик сакате да го поминете курсот.20. Повеќе за тренинг платформата можете да дознаете во нашиот видео туториал.!

AXESS Демо Видеото е достапно на следниот линк: https://www.youtube.com/watch?v=kjqCIP0roUs EN version

4.2 Онлајн, Лице в лице, Комбиниран модел на учењеAXESS Курсевите можат да се поминат во: Онлајн, Лице в лице и комбиниран модел на учење – во зависност од можностите / ограничувањата на учесникот / групата.

Онлајн модел на учење – значи дека учесникот ја посетува платформата и отвора некој од курсевите. Тоа значи дека го поминувате курсот онлајн наместо во училница. Тоа заштедува време бидејќи ученикот не треба да патува до местото каде што се одржува тренингот. Учесниците сами се движат низ содржината на достапните AXESS ресурси за е-учење. Пример: Обуката се одржува целосно онлајн со самостојно поминување на курсот од страна на учениците. Тие можат да влезат во било кој курс

кој сакаат да го поминат преку веб страната AXESS и можат да ги користат сите материјали понудени на платформата. Содржината во курсевите е структуирана во модули и единици кои се меѓусебно независни. Учениците можат да го започнат курсот од било која секција, да застанат и да продолжат повторно од каде што сакаат. Сите курсеви имаат секција речник и линкови за подобро разбирање и продлабочување на знаењето. Учесниците можат да ја користат AXESS Работната книга и секцијата Топ клучни факти. Тие можат да го користат онлајн прашалникот за евалуација за дадат повратни информации за курсот кој го посетиле. Сите понудени материјали можат да се најдат во делот 6 од ова Упатство.

Добијте го знаењето што го сакате, од било каде во светот, по свој распоред.

Лице в лице моделот значи дека обуката се одржува во училница со обучувач кој го презентира модулот, користејќи ппт презентација, ресурси од AXESS Платформата, примери, играње улоги и материјали кои ја поддржуваат ефикасната презентација на темата.

Пример: Обуката се одржува двива во училница и е воден од едукатор. Едукаторот ќе ја структурира обуката во согласност со способностите на ученикот: јазични

7

Page 8:  · Web viewaxess УПАТСТВО. ЗА ИДНИ ТРЕНИНЗИ. Содржина: Вовед ...

www.axesslearning.eu

способности, ИКТ способности и др. Обуката може да започне со дискусија на тема, примери и може да биде придружена со подготвена презентација, Топ 5 клучни факти. Едукаторот може да ги користи линковите од соодветниот курс за продлабочување на знаењето на учениците. Работната книга AXESS може да се користи во печатен формат, како и прашалниците за проценка. Сите линкови до понудените материјали може да се најдат во делот 6 од ова упатство.

Комбиниран начин на учење комбинира учење во училница со онлајн учење, во кое учениците можат делумно да го контролираат времето, темпото и местото на нивното учење. Комбинираното учење поттикнува соработка преку интервенции еден-на-еден и мала група. Комбинираното учење е ефективно бидејќи им дозволува на учениците да учат со свое темпо и на свое ниво на можности. Со вклучување виртуелна средина, учењето не е ограничено на физичка училница.Пример: Обуката може да се одржи во училница, со соодветна ИКТ опрема. Учесниците можат да бидат водени од едукатор кој го фацилитира учењето, преку дискусии, примери и понудување поддршка на учесниците. Според структурата на тренингот, во зависност од можностите на учесницит: јазични можности, ИКТ можности итн.

5. Препораки за идни обуки

Образованието обезбедува основа за развој, темел на кој се гради голем дел од нашата економска и социјална благосостојба. Тоа е клучот за зголемување на економската ефикасност и социјална конзистентност. Доброто образование овозможува индивидуата да се развива лично, социјално и економски. Образованието ни помага да стекнеме нови вештини и знаења што ќе влијаат на нашиот развој во животот.Доживотното учење може да го подобри нашето разбирање за светот околу нас, да ни овозможи повеќе и подобри можности и да го подобриме нашиот квалитет на живот. Постојат две главни причини за учење во текот на животот: за личен развој и професионален развој.Амбицијата на партнерите на проектот беше да создадат ресурси за учење со добар квалитет, кои се интересни, релевантни и корисни за целните групи. Покрај тоа, корисниците можат лесно да се движат низ AXESS платформата и лесно да се стекнат со знаење.

Препораки: Курсевите можат да се поминат целосно онлајн, лице в лице или во комбиниран начин –

комбинација од онлајн и лице в лице активности (со поддршка од едукатор). Претходното знаење на учесникот и соодветните јазични и ИКТ вештини се важни при изборот на вистинскиот модел за учење.

Учесниците можат да го поминат курсот самостојно или со поддршка од едукатор. Одберете го делот кој најмногу ве интересира, наместо да завршувате активност по активност од

почеток. Курсот може да се помине со скокање низ модулите затоа што тие се меѓусебно независни.

Комбинацијата од текст, примери и видеа е ефективен начин на стекнување на знаење. Поканети сте да научите повеќе за темите следејќи ги линковите кои се обезбедени во курсевите.

Меѓутоа, се советува да се следи структурата во рамките на курсот, бидејќи дава целосен преглед на најрелевантните информации.

Веруваме дека е ефикасно да поминете барем еден час на курсот, што е приближно колку ви треба за студирање на една единица.

8

Page 9:  · Web viewaxess УПАТСТВО. ЗА ИДНИ ТРЕНИНЗИ. Содржина: Вовед ...

www.axesslearning.eu

Секој курс има ‘AXESS Работна книга’, која е корисна за запомнување на стекнатотот знаење од курсот. Таа помага да се искористи најмногу од курсот.

Секој курс има дел ‘Топ 5 клучни факти’, јасна компјутерска графика со 5 клучни аспекти од курсот. Некои од курсевите имаат дел "Екстра” – каде корисниците можат да најдат дополнителни

материјали создадени од AXESS партнерите. За да им помогне на корисниците, има ‘AXESS Речник’ за зголемување на разбирањето на главните

концепти. Можете да најдете список на термини кои се користени во курсевите со објаснувања. Курсевите можат да се отпечатат. Отпечатете ги или запишете ги најкорисните забелешки за да ги

имате при рака кога е потребно. Мотивацијата во процесот на учење е од суштинско значење. Учесниците треба да бидат само-

мотивирани кога ги поминуваат курсевите самостојно, и да бидат поддржани и мотивирани од едукаторите и обучувачите кога го користат комбинираниот модел на учење.

Ве охрабруваме да ги користите AXESS материјалите за учење, Содржините и ресурсите предложени од партнерите AXESS,

Надополнувајќи ги со сите материјали кои ве мотивираат за да ги надградите вашите вештини и да ги постигнете професионален и личен напредок.

Многу храброст и среќа!

6. Корисни AXESS линкови:

AXESS почетна страна: http://www.axesslearning.eu/index.phpAxess проект: http://www.axesslearning.eu/project.phpAxess мапирање на дигитални вештини: http://www.axesslearning.eu/assessment.phpAxess обука: http://www.axesslearning.eu/training.php(во делот AXESS обука во секој курс можете да најдете AXESS Работна книга, Топ 5 клучни факти, форми за евалуација, тренинг фише, аудио, AXESS Демо видео, преземања, референци и линкови за соодветниот курс, податоци, анкета за тренингот итн.)Axess речник: http://www.axesslearning.eu/glossary.phpДел Заедница: http://www.axesslearning.eu/community.php

7. Проектни партнери:

Academia Istropolitana Nova (AINOVA), СловачкаCommunity Development Institute (CDI), МакедонијаIDP SAS, Италија EEO GROUP, ГрцијаInstitut de Haute Formation aux Politiques Communautaires asbl (IHF), Белгија INTERNET WEB SOLUTIONS (IWS), ШпанијаKLEINON, РоманијаUnion of Mother Centres (UMC), Словачка

Pictures: © Shutterstock, Unsplash

9

Page 10:  · Web viewaxess УПАТСТВО. ЗА ИДНИ ТРЕНИНЗИ. Содржина: Вовед ...

www.axesslearning.eu

Повеќе за проектот AXESS:www.axesslearning.eu

10