Prezentacija interna revizija. Vnatresna revizija.pdf · PwC Содржина 2 1. Вовед 2....

44
Внатрешна ревизија www.pwc.com

Transcript of Prezentacija interna revizija. Vnatresna revizija.pdf · PwC Содржина 2 1. Вовед 2....

Page 1: Prezentacija interna revizija. Vnatresna revizija.pdf · PwC Содржина 2 1. Вовед 2. Сектор за внатрешнаревизија -ЗТД 3. Дефиниција,

Внатрешна ревизија

www.pwc.com

Page 2: Prezentacija interna revizija. Vnatresna revizija.pdf · PwC Содржина 2 1. Вовед 2. Сектор за внатрешнаревизија -ЗТД 3. Дефиниција,

PwC

Содржина

2

1. Вовед

2. Сектор за внатрешна ревизија - ЗТД

3. Дефиниција, цел и улога

7. Mодели на внатрешна ревизија

5. Ревизорски активности

6. Ревизорски извештаи

8. Заклучок

4. Меѓународни стандарди за внатрешна ревизија

Page 3: Prezentacija interna revizija. Vnatresna revizija.pdf · PwC Содржина 2 1. Вовед 2. Сектор за внатрешнаревизија -ЗТД 3. Дефиниција,

Вовед

www.pwc.com

Page 4: Prezentacija interna revizija. Vnatresna revizija.pdf · PwC Содржина 2 1. Вовед 2. Сектор за внатрешнаревизија -ЗТД 3. Дефиниција,

PwC

Вовед

Глобалната финансиска и економска криза која го зафати светот од 2008година, ја зголеми потребата на компаниите за унапредување накорпоративно управување.

Компаниите се повеќе користат “top down” пристап кон управување соризиците, вклучувајќи ја Внатрешната ревизија во нивните целокупнипланови.

Со последните промени на Законот за трговски друштва, за прв пат севоведе обврската на одредени друштва да организираат служба завнатрешна ревизија, како независна организациска единица во друштвото

4

Page 5: Prezentacija interna revizija. Vnatresna revizija.pdf · PwC Содржина 2 1. Вовед 2. Сектор за внатрешнаревизија -ЗТД 3. Дефиниција,

Сектор за внатрешна ревизијасогласно измените на ЗТД

www.pwc.com

Page 6: Prezentacija interna revizija. Vnatresna revizija.pdf · PwC Содржина 2 1. Вовед 2. Сектор за внатрешнаревизија -ЗТД 3. Дефиниција,

PwC

Формирање на сектор за Внатрешна ревизијасогласно измените на ЗТД

Изменетиот Закон за трговски друштва пропишуваформирање на Служба за внатрешна ревизија (Член 415):

Органот на надзор на акционерското друштво кое е голем трговецсогласно со одредбите на овој закон, како и на друштво чии акциикотираат на берза, односно друштво кое согласно со Законот захартии од вредност е со посебни обврски за известување, е долженда организира служба за внатрешна ревизија, како независнаорганизациска единица во друштвото.

Организациската поставеност, правата, одговорностите и односитесо другите организациски единици на друштвото, како иодговорноста и условите за назначување на раководителот наслужбата за внатрешна ревизија ги уредува органот на надзор.

6

Page 7: Prezentacija interna revizija. Vnatresna revizija.pdf · PwC Содржина 2 1. Вовед 2. Сектор за внатрешнаревизија -ЗТД 3. Дефиниција,

PwC

Формирање на сектор за Внатрешна ревизијасогласно измените на ЗТД

Службата за внатрешна ревизија врши постојана и целосна ревизија назаконитоста, правилноста и ажурноста на работењето на друштвото.

Службата за внатрешна ревизија ги спроведува своите активности восогласност со принципите и стандардите за внатрешна ревизија иполитиката и процедурите за работење на службата.

Лицата вработени во службата за внатрешна ревизија извршуваат работисамо на службата.

Вработените во друштвото се должни на лицата кои се вработени вослужбата за внатрешна ревизија да им овозможат увид водокументацијата со која располагаат и да им ги дадат сите потребниинформации

7

Page 8: Prezentacija interna revizija. Vnatresna revizija.pdf · PwC Содржина 2 1. Вовед 2. Сектор за внатрешнаревизија -ЗТД 3. Дефиниција,

PwC

Формирање на сектор за Внатрешна ревизијасогласно измените на ЗТД

Службата за внатрешна ревизија изготвува годишен план за работашто го одобрува органот на надзор.

Службата за внатрешна ревизија е должна за своето работење даизработи полугодишен и годишен извештај и да ги достави доорганот на надзор и до органот на управување.

Органот на надзор е должен да го достави годишниот извештај наслужбата за внатрешна ревизија до собранието на друштвото.

8

Page 9: Prezentacija interna revizija. Vnatresna revizija.pdf · PwC Содржина 2 1. Вовед 2. Сектор за внатрешнаревизија -ЗТД 3. Дефиниција,

PwC

Формирање на сектор за Внатрешна ревизијасогласно измените на ЗТД

Измената на ЗТД (објавена во „Службен весник“ бр. 48/2010)предвидува:

› Глоба во износ од 2.500 до 5.000 евра во денарскапротиввредност за прекршок на друштвото кое нема даорганизира служба за внатрешна ревизија како независнаорганизациска единица;

› Глоба во износ од 2.500 до 5.000 евра во денарскапротиввредност за прекршок и на секој член на органот нанадзор на друштвото, ако не донел одлука со која еорганизирана служба за внатрешна ревизија како независнаорганизациска единица во друштвото .

9

Page 10: Prezentacija interna revizija. Vnatresna revizija.pdf · PwC Содржина 2 1. Вовед 2. Сектор за внатрешнаревизија -ЗТД 3. Дефиниција,

Дефиниција, цел и улога

www.pwc.com

Page 11: Prezentacija interna revizija. Vnatresna revizija.pdf · PwC Содржина 2 1. Вовед 2. Сектор за внатрешнаревизија -ЗТД 3. Дефиниција,

PwC

Дефиниција, цел и улога на внатрешната ревизија

Внатрешната ревизија претставува независно тело кое врши објективноиспитување на ефикасноста и адекватноста на активностите надруштвото.

Внатрешната ревизија ја зголемува вредноста на внатрешната контролаво друштвото и има за цел да ги подобри контролните и оперативнитеактивности.

Треба да се извршува периодично од страна на независни иквалификувани лица.

Претставува документирана и системска алатка.

Ревизијата сама по себе е систем на проверка, а НЕ систем заосигурување на квалитет.

Служи како средства за комуникација за имплементација наполитиките на раководството. Сите вработени мора добро да гиразберат и извршуваат своите работни задачи.

11

Page 12: Prezentacija interna revizija. Vnatresna revizija.pdf · PwC Содржина 2 1. Вовед 2. Сектор за внатрешнаревизија -ЗТД 3. Дефиниција,

PwC

Дефиниција, цел и улога на внатрешната ревизија

Согласно ЗТД, Службата за внатрешна ревизија врши постојана ицелосна ревизија на законитоста, правилноста и ажурноста наработењето на друштвото преку:

1) оцена на адекватноста и ефикасноста на системите завнатрешна контрола;

2) оцена на спроведувањето на политиките за управување соризиците;

3) оцена на поставеноста на информатичкиот систем;

4) оцена на точноста и веродостојноста на трговските книги ифинансиските извештаи;

5) проверка на точноста, веродостојноста и навременоста воизвестувањето согласно со прописите и

6) следење на почитувањето на прописите, политиките ипроцедурите на друштвото.

12

Page 13: Prezentacija interna revizija. Vnatresna revizija.pdf · PwC Содржина 2 1. Вовед 2. Сектор за внатрешнаревизија -ЗТД 3. Дефиниција,

PwC

Клучни принципи за вршење на ВР

Пристап кон извршување на Внатрешната Ревизија:

• Независна;

• Пристап базиран на докази.

Сите активности поврзани со Внатрешната Ревизија треба:

• да се ревидираат од независни страни;

• да претставуваат систем на само оценување;

• да имаат план на одредување на примерок и систем за следење;

• да бидат отворени, конструктивни и ефективни.

Стратегии во спроведување на внатрешната ревизија:

• Интервјуата да содржат основни ревизорски прашања кои ќе се однесуваатна адекватноста и ефикасноста на системот на внатрешна контрола;

• Прашањата да започнуваат со што, зошто, како, кој, каде, кога.

13

Page 14: Prezentacija interna revizija. Vnatresna revizija.pdf · PwC Содржина 2 1. Вовед 2. Сектор за внатрешнаревизија -ЗТД 3. Дефиниција,

PwC

Ризици – поим и видови

Во извршувањето на ревизијата ревизорот треба да посвети внимание на:

• Ревизорскиот ризик;

• Бизнис ризикот.

Ревизорскиот ризик претставува ризик дека ревизорот ќе дадепогрешно мислење за финансиските извештаи или усогласеноста сополитиките и процедурите. Ревизорскиот ризик има две компоненти:ризик од материјални грешки во финансиските извештаи (ризик нафинансиски извештаи) и ризик дека ревизорот нема да ги откриематеријалните грешки во финансиските извештаи (ризик наоткривање/ детекционен ризик).

Ризикот на финансиските извештаи се дели на инхерентен и контроленризик.

14

Page 15: Prezentacija interna revizija. Vnatresna revizija.pdf · PwC Содржина 2 1. Вовед 2. Сектор за внатрешнаревизија -ЗТД 3. Дефиниција,

PwC

Ризици – поим и видови

Инхерентниот ризик е ризикот дека ставките ќе бидат погрешно презентирани заради нивната карактеристика, природа или поради фактот што преставуваат проценка или дека се значајни ставки во една сметка.

Контролниот ризик претставува ризик дека контролите на Компанијата нема да ги откријат материјалните грешки

Детекциониот ризик преставува ризик дека ревизорските процедури нема да ги идентификуваат материјалните грешки.

15

Page 16: Prezentacija interna revizija. Vnatresna revizija.pdf · PwC Содржина 2 1. Вовед 2. Сектор за внатрешнаревизија -ЗТД 3. Дефиниција,

PwC

Рамка за внатрешна контрола

Рамката за внатрешна контрола ги вклучува следните елементи:

• Контролно опкружување

• Управување со ризиците

• Информации и комуникација

• Контролни активности

• Мониторинг

16

Page 17: Prezentacija interna revizija. Vnatresna revizija.pdf · PwC Содржина 2 1. Вовед 2. Сектор за внатрешнаревизија -ЗТД 3. Дефиниција,

PwC

Видови на внатрешна ревизија

Внатрешната ревизија, врз основа на целите на ревизијата и техниките кои се применуваат во истата, може да се подели најмалку во следниве категории:

Ревизија на системите за внатрешна контрола

Ревизија на успешноста во работењето (извршувањето)

Финансиска или сметководствена ревизија

Ревизијата на усогласеност со регулативата

17

Page 18: Prezentacija interna revizija. Vnatresna revizija.pdf · PwC Содржина 2 1. Вовед 2. Сектор за внатрешнаревизија -ЗТД 3. Дефиниција,

PwC

Видови на внатрешна ревизија

Според нивната природа и обем:

Редовни (планирани) внатрешни ревизии се предвидени со годишниот план на Внатрешна ревизија.

Специјални (ненадејни) внатрешни ревизии се извршуваат само во случај на сомнение во неправилности, измама или измени во оценката на ризиците.

Целосните внатрешни ревизии се однесуваат на сите активности во рамки на еден организационен дел на Компанијата.

Делумни внатрешни ревизии се однесуваат на ревизија на одредена активност, организационен дел.

18

Page 19: Prezentacija interna revizija. Vnatresna revizija.pdf · PwC Содржина 2 1. Вовед 2. Сектор за внатрешнаревизија -ЗТД 3. Дефиниција,

PwC

Видови на внатрешна ревизија

Најавени внатрешни ревизии се со претходна најава на организациониот дел што ќе биде предмет на ревизија.

Ненајавени внатрешни ревизии. Најчесто во случај на: фалсификат, кражба, проневера и други незаконски активности.

Повторни внатрешни ревизии - проверка дали се отстранети слабостите и неправилностите утврдени со претходните ревизии.

Екс-пост внатрешни ревизии - ревизија на постојните и минатите активности во Компанијата.

Екс-анте внатрешни ревизии - проверка на сигурноста на идните активности.

19

Page 20: Prezentacija interna revizija. Vnatresna revizija.pdf · PwC Содржина 2 1. Вовед 2. Сектор за внатрешнаревизија -ЗТД 3. Дефиниција,

PwC

Внатрешна наспроти Надворешна ревизија

20

Внатрешните ревизори се вработени во

претпријатието

Внатрешните ревизоридејствуваат во интерес на

претпријатието

Надворешните ревизори се ангажирани со договор и се апсолутно

независни од претпријатието

Внатрешните ревизори се фокусираат на идните настани со оцена на контролите дизајнирани

со цел да ја потврдат усогласеноста на задачите и

целите на ентитетот

Надворешните ревизори дејствуваат во интерес на трети лица кои имаат потреба од доверливи финансиски

информации

Надворешните ревизори се фокусираат на точноста и

разбирливоста на историските настани така како што се искажани во

финансиските извештаи

Page 21: Prezentacija interna revizija. Vnatresna revizija.pdf · PwC Содржина 2 1. Вовед 2. Сектор за внатрешнаревизија -ЗТД 3. Дефиниција,

PwC

Внатрешна наспроти Надворешна ревизија

21

Внатрешните ревизори се независни од ревидираните активности, но се

подготвени да одговорат на потребите и желбите на сите нивоа на

менаџментот

Надворешните ревизори директно се загрижени за превенирање на

измамите кога тие се рефлектираат на презентираните финансиски

извештаи

Внатрешните ревизори континуирано ги испитуваат активностите во текот

на годината

Надворешните ревизори се апсолутно независни од раководството и

одборот на директори

Надворешните ревизори периодично ги испитуваат прегледите кои ги

поткрепуваат финансиските извештаи (обично еднаш во годината)

Внатрешните ревизори директно сезагрижени за превенирање на

измамите во било која форма и насекое ниво во испитаната активност

Page 22: Prezentacija interna revizija. Vnatresna revizija.pdf · PwC Содржина 2 1. Вовед 2. Сектор за внатрешнаревизија -ЗТД 3. Дефиниција,

PwC

Комуникација со надворешните ревизори

Работата на внатрешната и надворешната ревизија треба да бидекоординирана, за да се обезбеди доволен опфат на ревизијата и да семинимизираат можностите од дуплирање на активностите. Надворешнатаревизија треба да биде запознаена и да има пристап до извештаите навнатрешната ревизија и да биде информирана за сите значајни наоди докои дошла внатрешната ревизија, а кои може да имаат влијание врзработењето на надворешната ревизија.

22

Page 23: Prezentacija interna revizija. Vnatresna revizija.pdf · PwC Содржина 2 1. Вовед 2. Сектор за внатрешнаревизија -ЗТД 3. Дефиниција,

Меѓународни стандарди за внатрешна ревизија

www.pwc.com

Page 24: Prezentacija interna revizija. Vnatresna revizija.pdf · PwC Содржина 2 1. Вовед 2. Сектор за внатрешнаревизија -ЗТД 3. Дефиниција,

PwC

Меѓународни стандарди за внатрешна ревизија

Меѓународните стандарди за интерна ревизија издадени се и одобрениод Одборот за внатрешни ревизорски стандарди при Институтот завнатрешни ревизори (http://www.theiia.org/).

Во Р. Македонија во Службен весник од страна на Министерството зафинансии, објавени се Меѓународни стандарди за професионалноизвршување на внатрешна ревизија и Правилникот за начинот заизвршување на јавната внатрешната ревизија и начинот наизвестување за ревизијата.

24

Page 25: Prezentacija interna revizija. Vnatresna revizija.pdf · PwC Содржина 2 1. Вовед 2. Сектор за внатрешнаревизија -ЗТД 3. Дефиниција,

Ревизорски активности

www.pwc.com

Page 26: Prezentacija interna revizija. Vnatresna revizija.pdf · PwC Содржина 2 1. Вовед 2. Сектор за внатрешнаревизија -ЗТД 3. Дефиниција,

PwC

Ревизорски активности

26

Планирање и закажување на ревизијата

Преглед на документацијата

Подготвување за активностите

на лице место

Вршење на ревизија

Следење на препораките

Подготвување на ревизорски извештај

Page 27: Prezentacija interna revizija. Vnatresna revizija.pdf · PwC Содржина 2 1. Вовед 2. Сектор за внатрешнаревизија -ЗТД 3. Дефиниција,

PwC

Ревизорски активности

Во предвид треба се земат следните ресурси:

Потребниот број на вработени

Ревизорските техники

Процесите за постигнување и одржување на стручноста на ревизорите иподобрувањето на нивната успешност

Компетентноста и достапноста на интерниот ревизор

Расположливо време за ревизија

27

Page 28: Prezentacija interna revizija. Vnatresna revizija.pdf · PwC Содржина 2 1. Вовед 2. Сектор за внатрешнаревизија -ЗТД 3. Дефиниција,

PwC

Ревизорски активности

Извршувањето на програмата за Внатрешна ревизија се состои од:

Закажување на интерната ревизија

(најчесто дефинирано со годишниот план)

Имплементација на ревизорска програма

Ревизорски записник и извештај

28

Page 29: Prezentacija interna revizija. Vnatresna revizija.pdf · PwC Содржина 2 1. Вовед 2. Сектор за внатрешнаревизија -ЗТД 3. Дефиниција,

Ревизорски извештај

www.pwc.com

Page 30: Prezentacija interna revizija. Vnatresna revizija.pdf · PwC Содржина 2 1. Вовед 2. Сектор за внатрешнаревизија -ЗТД 3. Дефиниција,

PwC

Ревизорски извештај - согласно ЗТД

(а) Службата за внатрешна ревизија е должна за своето работење да изработиполугодишен и годишен извештај и да ги достави до органот на надзор идо органот на управување.

(б) Полугодишниот и годишниот извештај од ставот (1) на овој член содржат:

1) опис на извршените ревизии на работењето на друштвото;

2) оцена на адекватноста и ефикасноста на системите за внатрешна контрола;

3) наоди и предложени мерки на службата за внатрешна ревизија и

4) оцена на спроведувањето на мерките предложени од страна на службата за внатрешна ревизија.

30

Page 31: Prezentacija interna revizija. Vnatresna revizija.pdf · PwC Содржина 2 1. Вовед 2. Сектор за внатрешнаревизија -ЗТД 3. Дефиниција,

PwC

Ревизорски извештај - согласно ЗТД

(в) Годишниот извештај од ставот (1) на овој член содржи и:

1) оцена на реализацијата на поставените цели со годишниот план за работа;

2) оцена за планираното време за контрола и евентуалното отстапување и

3) информации за извршени други активности.

(г) Органот на надзор е должен да го достави годишниот извештај на службата за внатрешна ревизија до Собранието на друштвото.

31

Page 32: Prezentacija interna revizija. Vnatresna revizija.pdf · PwC Содржина 2 1. Вовед 2. Сектор за внатрешнаревизија -ЗТД 3. Дефиниција,

PwC

Ревизорски извештај - согласно ЗТД

Службата за внатрешна ревизија е должна веднаш да ги извести органот нанадзор и органот на управување доколку во текот на контролата утврди:

1) непочитување на стандардите за управување со ризиците поради штопостои можност за нарушување на ликвидноста или солвентноста надруштвото и

2) дека органот на управување не ги почитува прописите и општите акти иинтерните процедури на друштвото.

32

Page 33: Prezentacija interna revizija. Vnatresna revizija.pdf · PwC Содржина 2 1. Вовед 2. Сектор за внатрешнаревизија -ЗТД 3. Дефиниција,

PwC

Ревизорски извештај - содржина

33

Page 34: Prezentacija interna revizija. Vnatresna revizija.pdf · PwC Содржина 2 1. Вовед 2. Сектор за внатрешнаревизија -ЗТД 3. Дефиниција,

PwC

Ревизорски извештај

34

Page 35: Prezentacija interna revizija. Vnatresna revizija.pdf · PwC Содржина 2 1. Вовед 2. Сектор за внатрешнаревизија -ЗТД 3. Дефиниција,

Модели на внатрешна ревизија

www.pwc.com

Page 36: Prezentacija interna revizija. Vnatresna revizija.pdf · PwC Содржина 2 1. Вовед 2. Сектор за внатрешнаревизија -ЗТД 3. Дефиниција,

PwC

Модели на внатрешна ревизија

36

Целосен број на

персонал

Ограничен број

на вработени Конслултантскиуслуги

Комбиниран персонал

Надворешни услуги

Опции и алтернативи

Целосно ворамките надруштвото

Ограниченокомбинирањена персоналот

Значајно комбинирање на персоналот

Целосно користење на надворешен

персонал

Page 37: Prezentacija interna revizija. Vnatresna revizija.pdf · PwC Содржина 2 1. Вовед 2. Сектор за внатрешнаревизија -ЗТД 3. Дефиниција,

PwC

Модели на внатрешна ревизија

In-House модел

Кога овој модел работи добро?

Овој модел работи добро, кога претпријатието има стабилна, квалитетнавнатрешна ревизија која ги извршува добро своите задачи. Не е многуефективно од аспект на трошоците во случај кога проектите на внатрешнатаревизија бараат голем број на специјализирани вештини.

37

Page 38: Prezentacija interna revizija. Vnatresna revizija.pdf · PwC Содржина 2 1. Вовед 2. Сектор за внатрешнаревизија -ЗТД 3. Дефиниција,

PwC

Модели на внатрешна ревизија

Co-source модел

Кога овој модел работи добро?

Овој модел обично е успешен во слични околности како на In-House моделот,особено онаму каде што има потреба за повеќе различни видови на вештини.Сепак, моделот бара од одговорното лице на внатрешната ревизија да имасилна мрежа на контакти, која може да ги донесе потребнитеспецијализирани вештини. За управувањето на овој модел е потребнозначително време.

38

Page 39: Prezentacija interna revizija. Vnatresna revizija.pdf · PwC Содржина 2 1. Вовед 2. Сектор за внатрешнаревизија -ЗТД 3. Дефиниција,

PwC

Модели на внатрешна ревизија

Full outsource модел – продолжение

Кога овој модел работи добро?

Овој модел е успешен каде што бизнисот е голем, комплексен или брзо семенува. Способноста на давателот на услугата да инвестира во солиднопознавање на организацијата, и да создаде тим од специјалисти соиндустриски и технички вештини, резултира во ефикасна функција која сегледа како висока вредност од страна на раководството и одборот за ревизија.Овој модел, исто така, му овозможува на раководството да се фокусира наклучните ресурси и да обрне внимание на стратешката насока и основнитеактивности на друштвото.

39

Page 40: Prezentacija interna revizija. Vnatresna revizija.pdf · PwC Содржина 2 1. Вовед 2. Сектор за внатрешнаревизија -ЗТД 3. Дефиниција,

Заклучок

www.pwc.com

Page 41: Prezentacija interna revizija. Vnatresna revizija.pdf · PwC Содржина 2 1. Вовед 2. Сектор за внатрешнаревизија -ЗТД 3. Дефиниција,

PwC

Заклучок

Измените на ЗТД налагаат формирање на сектор за внатрешна ревизија.

Независен организационен дел со дефинирана организационаструктура, план програма, политики и процедури.

Изработка на полугодишен и годишен извештај.

Различни модели на внатрешна ревизија - ПрајсвотерхаусКуперс восекое време може на секој начин да помогне во зависност од кој моделедно друштво ќе се одлучи да го примени.

41

Page 42: Prezentacija interna revizija. Vnatresna revizija.pdf · PwC Содржина 2 1. Вовед 2. Сектор за внатрешнаревизија -ЗТД 3. Дефиниција,

PwC

Порака...

Internal audit’s value will be measured by its ability todrive positive change and improvement”

„Вредноста на Внатрешната ревизија ќе може да се измери преку нејзината можност да придонесува за позитивни промени и подобрувања„

42

Page 43: Prezentacija interna revizija. Vnatresna revizija.pdf · PwC Содржина 2 1. Вовед 2. Сектор за внатрешнаревизија -ЗТД 3. Дефиниција,

Прашања?

www.pwc.com

Page 44: Prezentacija interna revizija. Vnatresna revizija.pdf · PwC Содржина 2 1. Вовед 2. Сектор за внатрешнаревизија -ЗТД 3. Дефиниција,

Ви благодариме за вниманието!

Оваа презентација е подготвена како насока за прашања кои се од општ интерес и не претставувапрофесионален совет. Не треба да се превземаат активности врз основа на информациите презентирани вонеа, без претходно да се добие професионален совет. ПрајсвотерхаусКуперс Ревизија ДОО - Скопје,членовите и вработените не превземаат одговорност за точноста и комплетноста на објавенитеинформации и не превземаат никаква одговорност за последиците од активности превземени или одлукидонесени врз основа на презентираните информации.

© 2013 ПрајсвотерхаусКуперс Ревизија ДОО. Сите права се задржани. ‘ПрајсвотерхаусКуперс’ се однесува намрежата на фирми членки на PricewaterhouseCoopers International Limited, секоја од кои е посебен инезависен правен ентитет.