Sodrzina recenzija uvod

7
С О Д Р Ж И Н А Стр Дел 1- АТМОСФЕРА 7 Состав на воздухот 7 Својства на атмосферата 8 Поделба на атмосферата 11 Меѓународна стандардна атмосфера (ИСА) 13 Реалната атмосфера се разликува од ИСА 14 Дел 2 - ТОПЛОТНИ ПРОЦЕСИ ВО АТМОСФЕРАТА 15 Сонцето зрачи енергија 15 Поим за топлина и температура 15 Земјата се движи околу сонцето 15 Загревањето преку сонч. зрачење е поинтензивно во тропските предели 16 Загреаниот воздух се издигнува, а ладниот воздух се спушта 17 Биланс на зрачење 18 Земјата ротира околу својата оска 20 Облачноста може да влијае на загр. и ладењето на земјината површина 22 Особини на водата 22 Трансфер на топлотната енергија 23 Дневни и годишни промени на температурата на воздухот 25 Вертикална распределба на температурата и температурни инверзии 26 Температурата како мерка на топлотната енергија 27 Мерење на температурата на воздухот 29 Хоризонтална распределба на температурата 30 Зависност на летно-тех. кар. на воздухопловите од густината на воздухот 32 Дел 3 – АТМОСФЕРСКИ ПРИТИСОК 35 Станичен притисок и притисок сведен на средно морско ниво 37 Алтиметар 39 Изобари и градиент на притисокот 42 Регионален ЉНХ 45 Дефиниции и примери од алтиметрија 45 Поставување на алтиметарот и дефиниции 47 Примери од алтиметрија 50 Користење на потскалата на алтиметарот според ИЦАО процедурите 52 Дел 4 – АТМОСФЕРСКА ЦИРКУЛАЦИЈА И ВЕТЕР 53 Што е ветер? 53 Мерење на ветерот 54 Кои се причините за појавата на ветер? 55 Кориолисова сила 57 Геострофски ветер - дува вдолж праволиниски изобари 59 Градиентен ветер - дува вдолж закривени изобари 60 Бејс-Балотово правило 61 Летање од област на висок кон низок притисок - занесување кон десно 61 Летање од област на низок кон висок притисок - занесување кон лево 62 Приземен ветер 62 Ветрови во близина на орографски препреки 64 Општа атмосферска циркулација 64

Transcript of Sodrzina recenzija uvod

Page 1: Sodrzina recenzija uvod

С О Д Р Ж И Н А Стр Дел 1- АТМОСФЕРА 7 Состав на воздухот 7 Својства на атмосферата 8 Поделба на атмосферата 11 Меѓународна стандардна атмосфера (ИСА) 13 Реалната атмосфера се разликува од ИСА 14 Дел 2 - ТОПЛОТНИ ПРОЦЕСИ ВО АТМОСФЕРАТА 15 Сонцето зрачи енергија 15 Поим за топлина и температура 15 Земјата се движи околу сонцето 15 Загревањето преку сонч. зрачење е поинтензивно во тропските предели 16 Загреаниот воздух се издигнува, а ладниот воздух се спушта 17 Биланс на зрачење 18 Земјата ротира околу својата оска 20 Облачноста може да влијае на загр. и ладењето на земјината површина 22 Особини на водата 22 Трансфер на топлотната енергија 23 Дневни и годишни промени на температурата на воздухот 25 Вертикална распределба на температурата и температурни инверзии 26 Температурата како мерка на топлотната енергија 27 Мерење на температурата на воздухот 29 Хоризонтална распределба на температурата 30 Зависност на летно-тех. кар. на воздухопловите од густината на воздухот 32 Дел 3 – АТМОСФЕРСКИ ПРИТИСОК 35 Станичен притисок и притисок сведен на средно морско ниво 37 Алтиметар 39 Изобари и градиент на притисокот 42 Регионален ЉНХ 45 Дефиниции и примери од алтиметрија 45 Поставување на алтиметарот и дефиниции 47 Примери од алтиметрија 50 Користење на потскалата на алтиметарот според ИЦАО процедурите 52 Дел 4 – АТМОСФЕРСКА ЦИРКУЛАЦИЈА И ВЕТЕР 53 Што е ветер? 53 Мерење на ветерот 54 Кои се причините за појавата на ветер? 55 Кориолисова сила 57 Геострофски ветер - дува вдолж праволиниски изобари 59 Градиентен ветер - дува вдолж закривени изобари 60 Бејс-Балотово правило 61 Летање од област на висок кон низок притисок - занесување кон десно 61 Летање од област на низок кон висок притисок - занесување кон лево 62 Приземен ветер 62 Ветрови во близина на орографски препреки 64 Општа атмосферска циркулација 64

Page 2: Sodrzina recenzija uvod

Хемисферски барски системи 68 Глобална висинска циркулација 70 Периодични ветрови 71 Ветер од море 71 Ветер од копно 72 Планински ветер 73 Долински ветер 73 Локални ветрови во Македонија и поблискиот регион 74 Други локални ветрови во поширокиот регион 76 Ветрови во тропските области 77 Мерења на ветерот, притисокот и влажноста на воздухот на висина 77 Претставување на полето на притисокот и ветерот на висина 79 Дел 5 - ОБЛАЦИ 81 Високи облаци 82 Средни облаци 83 Ниски облаци 84 Изглед на облаците од кабина на воздухоплов во лет 88 Врнежи и влага во атмосферата 89 Адијабатски процеси 91 Формирање на облаците 92 Облаци формирани со конвекција поради загревање 94 Облаци формирани со орографско издигање 95 Фенски ефект 96 Облаци формирани со турбуленција и мешање 97 Врнежите и типот на облаци 97 Висина на облаците/вертикална видливост 99 Количина на облаците 101 Врнежи 102 Причини за појава на врнежи 102 Карактеристики на врнежите 105 Мерење на количината и интензитетот на врнежите 108 Дел 6 – ГРМЕЖНИ НЕПОГОДИ 111 Фази во развојот на грмежните непогоди 111 Непогоди со повеќе грмежни ќелии 115 Супер-ќелиски грмежни непогоди 117 Тромба (торнадо, пијавица) 120 Зачестеност на појавата на грмежни непогоди 121 Одредување на нестабилноста на атмосферата 121 Фронтови од големи размери и линии на нестабилност 122 Грмежните непогоди се опасни за воздухопловството 124 Атмосферски електрични празнења 124 Дел 7 – ВОЗДУШНИ МАСИ И АТМОСФЕРСКИ ФРОНТОВИ 127 Воздушни маси 127 Потекло на воздушните маси 127 Ладни и топли воздушни маси 129 Преместување на воздушните маси 129 Дивергенција и конвергенција 130 Атмосферски фронтови 130

Page 3: Sodrzina recenzija uvod

Топол фронт 131 Ладен фронт 134 Фронтови на оклузија 136 Депресии - области на низок притисок 137 Време во областа на депресија 139 Развој на циклонот на атмосферскиот фронт 140 Долина на низок притисок 143 Тропски депресии 143 Антициклони - области на висок притисок 145 Време во областа на антициклоните 145 Гребен на висок притисок и седло 146 Дел 8 - ЗАЛЕДУВАЊЕ 147 Формирање на лед 147 Заледувањето може да биде опасно за воздухопловството 147 Типови и причини за појава на заледување 148 Услови на заледување 152 Заледувањето на авионските површини и типот на облаци 152 Врнежи кои се ледат (поледица) 154 Фронтовите и појавата на заледување 155 Заледување на разни типови на воздухоплови 156 Заледување на воздухопловите на земја 157 Избегнување / смалување на влијанието на заледувањето 158 Методи и уреди за спречување / отстранување на заледувањето 159 Дел 9 - ВИДЛИВОСТ 161 Видови на видливост 161 Видливоста од аспект на пилотот 163 Сумаглица и магла 166 Радијациона магла 166 Адвективна магла 169 Магли на море и во приморските области 170 Смогот може значително да ја намали видливоста 170 Врнежите можат да ја смалат видливоста 171 Песочната и прашинската луња ја смалуваат видливоста 172 Морските аеросоли можат да ја смалат видливоста 172 МЕТ мин. за полетување и слетување поради видливоста и облачноста 173 Метеоролошки услови за визуелно и инструментално летање 173 Видливоста во метеоролошките прогнози и извештаи 174 Вештачко растурање на маглите 175 Дел 10 – АТМОСФЕРСКА ТУРБУЛЕНЦИЈА 177 Видови на атмосферска турбуленција 179 Турбуленција во трага (Њаке турбуленце) 179 Конвективна турбуленција 180 Механичка турбуленција 183 Турбуленција во планински бранови 184 Висинска турбуленција 185 Њиндсхеар 188 Систем за детектирање на њиндсхеар на мали висини 191 Турбуленцијата при ведро време (ЦАТ) 192

Page 4: Sodrzina recenzija uvod

Дел 11 – МЕТЕОРОЛОШКИ ИНФОРМАЦИИ 193 МЕТ сервис за потребите на меѓународната возд. навигација 193 Дисеминација на метеоролошките информации 195 Типови на воздухопловни метеоролошки информации 195 СИГМЕТ извештаи 196 АИРМЕТ извештаи 197 Автоматски мет извештаи од комерцијалните авиони - АМДАР / АЦАРС 198 АИРЕП извештаи 198 Прогнози за област 199 Специјални прогнози 201 Аеродромски предупредувања 201 МЕТАР - рутински извештај за времето на аеродромот 202 ТАФ (Терминал Аеродроме Форецаст) - прогноза за аеродром 206 МЕТ кратенки, ознаки и симболи 208 Опис на линиите и системите на картите 211 Дополнителна група за состојбата на ПСП (во МЕТАР извештај) 213 Евалуација на метеоролошките услови за лет 215 Дел 12 – МЕТЕОРОЛОШКИ РАДАРИ И САТЕЛИТИ 221 Основни радарски принципи и равенки 221 Презентирање на радарските податоци 223 Доплеров метеоролошки радар 224 Авионски метеоролошки радари 226 Метеоролошки сателити 227 Поларно-орбитални и геостационарни сателити 227 Физички основи на снимањето со метеоролошките сателити 229 Типови на сателитски метеоролошки опсервации 231 Процесирање и користење на сателитските снимки 232 Далечински мерења од метеоролошките сателити 233 Дел 13 – ДРУГИ МЕТЕОРОЛОШКИ ПОЈАВИ И ФЕНОМЕНИ 235 Пробивање на звучниот ѕид 235 Вулканската активност и нејзиното влијание на воздушниот сообраќај 236 Траги од кондензација 240 Оптички ефекти и феномени во атмосферата 241 Метеорологијата во служба на хеликоптерските операции 243 Дел 14 – ДОДАТОЦИ 245 ПРАШАЊА И ЗАДАЧИ 245 ОДГОВОРИ НА ПРАШАЊАТА 256 ДОПОЛНИТЕЛНИ ТАБЕЛИ 260 Литература 262

Page 5: Sodrzina recenzija uvod

Рецензија Оваа книга припаѓа во рангот на современата светска литература во областа на воздухопловната метеорологија и усогласена е со сите прописи, препораки, критериуми и стандарди на ICAO и WMO како релевантни меѓународни институции. Секако, треба да се напомене дека значењето на оваа книга е уште поголемо, ако се има во предвид дека е прва книга од оваа област публикувана на македонски јазик.

Книгата која што е целосно и сеопфатно посветена на современата воздухопловна метеорологија, заслужува големо признание и пофалби за високиот стручен и научен квалитет. За истакнување е што книгата ги исполнува сите норми и критериуми да се користи во образовниот процес и на повисоко академско ниво од типот на Природно-математичкиот факултет, наставна насока метеорологија.

Според содржината и обемот, книгата е совршена литература наменета за обука на пилотите, контролорите на летање и друг воздухопловен персонал, како и за обука на професионалниот воздухопловен метеоролошки персонал. Книгата изобилува со обемни и прекрасни илустрации, графички прикази, воздухопловни и синоптички карти со висок квалитет, кои ја чинат оваа книга уште поинтересна и поатрактивна за читателот кој се стреми кон стекнување на неопходните знаења од областа на воздухопловната метеорологија.

Сигурен сум дека оперативните знаења стекнати со помош на оваа литература ќе придонесат за зголемување на безбедноста на воздушниот сообраќај и намалување на ризиците при сложени и неповолни временски услови и атмосферски непогоди.

Рецензент М-р Витомир Димитриевски

Page 6: Sodrzina recenzija uvod

ВОВЕД ОД РАЗВОЈОТ НА МЕТЕОРОЛОГИЈАТА

Како прва книга (труд) во која се разработуваат временските проблеми се смета книгата на Аристотел ″Meteorologica″. Во периодот од 300 до 400 г.п.н.е. има и други публикации од сличен тип, како што е ″Воздух, Вода и местата″ на Хипократ, во која што се разгледуваат аспекти на влијанието на климата врз здравјето на луѓето. Во истиот период, Теофраст публикува елементарна книга на прогноза на време - ″Книга на знаците″.

За следниот поголем прогрес во проучувањата на атмосферата и временските појави треба да измине доста долг период, до 17-от век, т.е. времето кога се постигнува напредок во развојот на метеоролошките инструменти: Галилео го пронаоѓа термометарот, Торичели го конструира барометарот, а Хук - анемометарот. Во текот на 1600-те Бојл ги поставува гасните закони кои се однесуваат на релацијата помеѓу притисокот и волуменот на гасовите.

Во текот на 18-от век се усовршуваат инструментите за мерење на атмосферските параметри и биле развиени Фаренхајтовата и Целзиусовата скала. Во ова време Бенџамин Франклин открива голем дел од карактеристиките на атмосферските електрични празнења. Хигрометарот со влакно е изумен во 1783 година, а метеоролошките балони започнуваат да се користат на крајот на 18 век. Во почетокот на 19-от век изумени се и други типови на инструменти. Тогаш се развиваат и првите атмосферски модели, а во 1837 година Вилијам Редфилд го опишува циклонот и кружното струење на воздухот во центарот на циклоните.

Најсилниот развој научните сознанија за атмосферата и процесите што се случуваат во неа се постигнуваат во 20-от век. Се продлабочуваат научните сознанија за физичките основи на атмосферските процеси, се дефинира вертикалната структура на атмосферата, се открива постоењето на топли и ладни фронтови. Со развојот на ракетната техника и сателитите се отвораат можности за најсестрани проучувања и мерења и истражувања на атмосферата. Во 1960 година лансиран е првиот метеоролошки сателит TIROS И од страна на САД. Се развиваат нумеричките методи и техники на анализа и прогноза на времето преку опишување на атмосферските процеси со користење на математички равенки. Во овој век и развојот на телекомуникациските средства го овозможува развојот на метеорологијата на ниво кое што ни е денес познато. Со помош на метеоролошките сателити можно е следење на опасните временски појави како што се торнадата и тајфуните, прогноза на нивното движење и благовремено известување и предупредување на населението.

Page 7: Sodrzina recenzija uvod

МЕТЕОРОЛОГИЈАТА ВО СЛУЖБА НА ВАЗДУХОПЛОВСТВОТО

Воздушната обвивка околу Земјата не претставува повеќе од милионит дел од вкупната маса на нашата планета, но и покрај тоа, овој слој на воздух е исклучително важен за сите облици на живот, а без атмосферата Земјата би била мртва планета.

Брзиот развој на метеорологијата и воздухопловството во текот на минатиот век бил од взаемен интерес, а метеорологијата во период од околу 100 години имала важна улога во постојаните напори да се подобри безбедноста и ефикасноста на воздушната пловидба. И покрај фактот што технолошките достигнувања овозможија летањето да се изведува во скоро сите временски услови, воздухопловството е активност која што е многу зависна од времето, па навремените и сигурни метеоролошки информации се императив за безбедноста и економичноста на летањето.

Воздухопловната метеорологија која е една од применетите гранки на метеорологијата во служба на човештвото, се има развиено во глобален систем на државна и интернационална метеоролошка поддршка на воздушната пловидба. Тргнувајќи од заедничкиот интерес, денес Светската метеоролошка организација (WMO – World Meteorological Organisation) остварува тесна соработка со Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ICAO – International Civil Aviation Organisation). Сите одредби на ICAO и WMO кои што се однесуваат на давањето на метеоролошки услуги на воздухопловството се формулираат истовремено и имаат ист статус и во двете организации.

Со развојот на техничките можности, WMO и ICAO во 1983 година го усвојуваат концептот на централизирана изработка на глобални воздухопловни прогнози на висински ветер и температура, познат под името Светски прогностички систем (WAFS – World Area Forecast System), базиран на постоење на два светски прогностички центри - во Лондон и Вашингтон.

Несомнено е дека развојот на воздухопловната технологија ќе ги надмине сите познати граници. Новите материјали ќе резултираат со посилни и поекономични мотори, со полесна и поиздржлива конструкција. Усовршувањата на електронската опрема ќе значат подобрувања во прецизноста на навигациската опрема, како и уредите за комуникација, а сателитската техника ќе ја подобри воздухопловната навигација, контролата на авионите и воздушниот сообраќај. Во секој случај, може да се очекува дека напредокот на воздухопловната технологија ќе го направи летањето помалку осетливо на метеоролошките услови, но сепак, метеоролошките информации ќе останат едни од најважните за авиотранспортот.