Diplomska Magdalena Trojacanec

73
СОДРЖИНА ВОВЕД 3 I ТЕОРЕТСКИ ДЕЛ 4 1. Лица со пречки во развојот 4 2. Заштита и рехабилитација на лица со пречки во развојот 5 3. Социјална работа во локалната заедница 6 4. Дневен центар 8 4.1. Дневни центри во Република Македонија 11 4.1.1.Работа со корисниците 14 4.2. Дневен центар во Прилеп 15 4.2.1.Дефиниција 17 4.3. Локација на установата 18 4.4. Структурни барања 18 4.5. Просторно организирање 19 4.6.Помошни служби и нивна организација 20 4.7. Корисници на дневните центри 21 4.8. Семејства 22 4.9. Критериуми за прием и отпис 22 4.10. Персоналот во дневниот центар 23 4.10.1. Персоналот во дневниот центар, улога и компетенции 24 4.10.2. Раководител 25 4.10.3. Селекција на персоналот 25 4.11. Активности и цели на дневниот центар 26 Магдалена Тројачанец- Дипломска работа 1

description

Diplomska Magdalena Trojacanec

Transcript of Diplomska Magdalena Trojacanec

Page 1: Diplomska Magdalena Trojacanec

СОДРЖИНА

ВОВЕД 3

I ТЕОРЕТСКИ ДЕЛ 4

1. Лица со пречки во развојот 4

2. Заштита и рехабилитација на лица со пречки во развојот 5

3. Социјална работа во локалната заедница 6

4. Дневен центар 8

4.1. Дневни центри во Република Македонија 1

1

4.1.1.Работа со корисниците 1

4

4.2. Дневен центар во Прилеп 1

5

4.2.1.Дефиниција 1

7

4.3. Локација на установата 1

8

4.4. Структурни барања 1

8

4.5. Просторно организирање 1

9

4.6.Помошни служби и нивна организација 2

0

4.7. Корисници на дневните центри 2

1

4.8. Семејства 2

2

4.9. Критериуми за прием и отпис 2

2

4.10. Персоналот во дневниот центар 2

Магдалена Тројачанец- Дипломска работа 1

Page 2: Diplomska Magdalena Trojacanec

3

4.10.1. Персоналот во дневниот центар, улога и

компетенции

2

4

4.10.2. Раководител 2

5

4.10.3. Селекција на персоналот 2

5

4.11. Активности и цели на дневниот центар 2

6

II. ИСТРАЖУВАЧКИ ДЕЛ 2

9

1. Предмет на истражување 2

9

2. Цел на истражувањето 2

9

3. Задачи на истражувањето 3

0

4. Хипотези 30

5. Место на истражувањето 32

6. Варијабли на истражувањето 32

7. Истражувачки техники и инструменти 33

III. РЕЗУЛТАТИ ОД ИСТРАЖУВАЊЕТО 39

IV. ЗАКЛУЧОЦИ И ПРЕДЛОЗИ 54

1. Заклучоци 54

2.Позитивни придобивки 56

3.Препораки 57

ЛИТЕРАТУРА

Магдалена Тројачанец- Дипломска работа 2

Page 3: Diplomska Magdalena Trojacanec

ВОВЕД

Ерата на реформите во системот на институционална

заштита на лицата со инвалидност започнува со процесот на

деинституционализација во 2000 година. Под влијание на

меѓународните документи и позитивните примери и искуства од

другите земји, ставовите и мислењата за институ-ционалното

згрижување на лицата со инвалидност почнуваат да се мену-

ваат. Имено, почнуваат да се согледуваат негативните ефекти

од институ-ционалното згрижување и третман на лицата со

инвалидност и почнува да се размислува и трага по нови,

вонинституционални форми на заштита и третман. Така, во овој

период започнува процесот на деинституционали-зација.

Проектот за деинституционализација, реализиран од

стручен тим од Филозофскиот факултет во координација на

Магдалена Тројачанец- Дипломска работа 3

Page 4: Diplomska Magdalena Trojacanec

проф.д-р.Ристо Петров, доведе до излегување на голем број

деца/лица од Специјалниот завод во Демир Капија и во најголем

дел нивно сместување во згрижувачки семејства.

Како резултат на наведената состојба во Република Македонија

започнува процес на отворање на дневни центри за лица со

ментална или телесна попреченост.

Во 2002 година се отвораат првите пет дневни центри во:

Велес, Делчево, Прилеп, Манастирец и Тетово.

Дневниот центар е нов облик на сместување во Република

Македонија. Има за цел на корисниците да им обезбеди

згрижување, заштита, рехабилитација, социјализација и

интеграција во семејствата и опшествената средина.

Центрите се отвараат и функционираат како работни

единици на центрите на социјална работа. Лицата со пречки во

психофизичкиот развој го поминуваат поголемиот дел од денот

во центарот каде што им се овозможува згрижување и

рехабилитација на хендикепираните лица.

I. ТЕОРЕТСКИ ДЕЛ

1. Лица со пречки во развојот

Во сите опшествени заедници постоела, и постои група на

луѓе со психофизички недостатоци (со кои се раѓаат или ги

стекнуваат), кои укажуваат дека е нарушен нивниот интегритет

како човечки суштества и со тоа се оневозможени да се

оформат, искажат, како личности во опшеството. За овие лица

неможе да се каже дека се болни и дека треба да се лекуваат

како хомопациенти. За овие лица неможе да се каже и дека се

здрави, затоа што нивното здравје е нарушено со

психофизичкиот недостаток. Психофизичките недостатоци овие

лица ги оневозможуваат да се прилагодат во опшествената

Магдалена Тројачанец- Дипломска работа 4

Page 5: Diplomska Magdalena Trojacanec

средина и ја отежнуваат нивната социјална комуникативност.

Лицата со пречки во развојот, од различни автори различно се

толкуваат зависно од тоа дали се дефинираат од : медицинско

педагошко- психолошко или од социјално гледиште (Ајдински Љ,

1982).

Под поимот ,,лица со пречки во развојот,, се подразбира таква

онеспо-собеност во физички и психички поглед, кој го

оневозможува нормалниот психофизички развој кај децата,

оставајќи социјални, психолошки, педагошки и други последици.

Попреченоста, односно хендикепот суштествено се разликува од

болеста. Додека кај болеста состојбата на организмот е

динамична, кај инвалидноста состојбата е статична (Петров Р,

Ѓурчиновска Л, Станојковска-Т Н., 2008).

Светската здравствена организација денес цени дека од

општата популација која живее во светот околу 10 % се лица со

пречки во психичкиот и физичкиот развој и со растројство во

однесувањето.

Лицата со посебни потреби, согласно Правилникот за

оцена на специфичните потреби на лицата со пречки во

физичкиот или психичкиот развој, се разврстени во следните

групи:

Ментално ретардирани лица ( лесно, умерено, тешко и

длабоко );

Лица со оштетен вид ( слабовидни, слепи );

Лица со оштетен слух ( наглуви, глуви);

Лица со пречки во гласот и говорот;

Телесно инвалидни;

Аутистични лица;

Хронично болни лица;

Лица со повеќе видови на пречки (лица со комбинирани

пречки во развојот)

Магдалена Тројачанец- Дипломска работа 5

Page 6: Diplomska Magdalena Trojacanec

2. Заштита и рехабилитацијата на

лицата со пречки во развојот

Развојот на социјалната заштита на лицата со

инвалидност ги вклучува ставовите, методите и постапките во

третманот на овие лица, во согласност со општествено

економскиот, социјалниот и културниот развој на општеството.

Перманентното опстојување на лицата со инвалидност во

општествената заедница, наметна објективна потреба од

заштита, -воспитание, образование и оспособување, со цел

лицето со инвалидност да се изгради во единствена личност.

Уставот на Република Македонија укажува дека

Републиката се грижи за социјалната заштита и социјалната

сигурност на граѓаните согласно со начелото на социјална

праведност, им гарантира право на помош на немоќните и на

неспособните за работа граѓани и им обезбедува посебна

заштита на инвалидните лица и услови за нивно вклучување во

општествениот живот.

Со Законот за социјална заштита, како системски пропис,

беше утврден системот и организацијата на социјалната

заштита кого го сочинуваат: установите, институциите, мерките,

формите и облиците кои што се остваруваат во рамките на

реализирање на правата на граѓаните од доменот на

социјалната заштита.

Мисијата на социјалната работа (Андреевски В., 2004) во

хуманиза-цијата на условите за живот, е длабоко човечки

детерминирана нужност во општествената практика, особено во

областа на социјалната заштита и социјалната политика.

Предмет на социјалната работа е севкупната животна

ситуација на човекот во општеството, целокупноста на

социјалните, економските, биолошките, психолошките и

Магдалена Тројачанец- Дипломска работа 6

Page 7: Diplomska Magdalena Trojacanec

физичките услови, имајќи го предвид нивното влијание врз

животот, задоволување на основните животни потреби и

социјалната комуникација, односно функционирањето на

поединецот, семејството и општествените групи.

Андреевски В. Ги дефинира и принципите на социјалната

работа во остварувањето на заштитата на лицата со

инвалидност.

Социјалната заштита е област која бара постојано

приспособување и адаптирање, како на потребите на лицата кои

се корисници на социјална заштита, така и на реалните

можности на системот и на државата да ги оствари овие

политики со почитување на меѓународните норми и стандарди.

3. Социјална работа во локалната заедница

Локалната заедница, според Доневска М. (2006, во „Социјалната

работа во локалната заедница„) претставува збир од луѓе кои се

жители на определено место, но меѓу нив се издвојуваат

поединци и групи кои од социјален аспект се карактеризираат

со посебни обележја.

Доневска М., истакнува дека разновидноста на групите кои

се јавуваат во определена општествена заедница ја отсликуваат

целокупната социо-економска состојба во тоа општество.

Светското движење за човекови права (Доневска М., 2006)

на лицата со посебни потреби е старо неколку децении и во

последно време пропагира деинституционализација на системот

на заштита на лицата со посебни потреби и ја нагласува

потребата од постоење на различни сервиси на ниво на

локалната заедница. Општа тенденција е напуштање на

традиционалниот институционален систем на згрижување,

затворање на постоечките институции и креирање на нов

алтернативен систем, кој е базиран токму на принципите на

нормализација и на инклузија, односно претпоставува

Магдалена Тројачанец- Дипломска работа 7

Page 8: Diplomska Magdalena Trojacanec

формирање на сервисни служби за подршка на лицата со

интелектуална попреченост на локално ниво.

Петров Р., Копачев Д. и Такашманова Т. (2004) сметаат дека

деинституционализацијата е процес кој треба да овозможи

секое дете да се најде во своето семејство, во неговата локална

заедница и да има право да живее во околина која ќе го

прифати, која ќе му понуди најголема подршка, која минимално

би ограничувала.

Постојат два пристапи во идентификацијата и

интерпретацијата на социјалните проблеми, нагласува Доневска

М. (2100, „Социјална работа во невладин сектор„): првиот

пристап кој претендира кон објективистички сфаќања ги

третира социјалните проблеми како категорија на

општествените појави, а вториот пристап не претендира да биде

во склоп со научниот објективизам и социјалните проблеми,

според него, се поврзани во сферата на граѓанската свест,

секојдневните сваќања, јавното мислење, ставовите и

неформалната општествена контрола.

4. Дневен центар

Магдалена Тројачанец- Дипломска работа 8

Page 9: Diplomska Magdalena Trojacanec

Дневниот центар за лица со ментална попреченост е

установа во која се остварува правото на дневно и привремено

прифаќање и згрижување на лицата со попреченост како форма

на вонинституционална заштита.

Согласно член 146 од Законот за социјална заштита (2009):

„Дневниот центар за лицата со умерени и тешки пречки во

менталниот развој и на лицата со тешки пречки во телесниот

развој им обезбедува дневно згрижување, работно производна

активност, работна терапија и други активности на овие лица и

може да врши оспособување за работно производна активност,

заради нивно вклучување во секојдневниот живот“.

Центарот за дневно згрижување е служба на заедницата,

што значи дека центарот е тука за да го згрижи детето со

посебни потреби во заедницата, а во исто време и заедницата

треба да биде вклучена во животот во Дневниот центар.

Центарот за дневно згрижување на децата со посебни

потреби како вонинституционална форма на заштита треба да

биде лоцирана во заедница, во непосредна средина во која

децата живеат.

Центрите за дневно згрижување имаат цел на децата со

посебни потреби да им обезбедат згрижување и заштита,

рехабилитација, социјализација и интеграција во семејства и

општествената средина а исто така да им помогнат на

родителите на овие деца да можат да го организираат својот

живот, колку е можно нормално да ги извршуваат секојдневните

семејни и општествени обврски.

Предноста на дневните центри, како вонинституционална

форма во однос на институционалното згрижување е

повеќекратна.

- Децата остануваат во нивните семејства и со тоа не се

прекинуваат емотивните врски и односи со членовите на

Магдалена Тројачанец- Дипломска работа 9

Page 10: Diplomska Magdalena Trojacanec

семејството, тие и понатаму се негуваат и развиваат, како битна

компонента на емоцијоналната сигурност.

- Дневните центри даваат можности за поголема

флексибилност при отерелување на организационите облици,

содржините на работата и другите активности со нив.

Центрите за дневен престој имаат задача да организираат

следење на здраствената состојба на корисниците,

преиспитување на физичките и менталните способности,

воспитна работа и работна окупација, лекување, излети итн.

Дневниот центар е пред се место за секојдевниот живот и

социјализација а потоа рехабилитационен центар.

Од примарно значење е дневниот центар да се отвори во

центарот на градот или близу до социјалните служби на градот,

за да го помага интегрирањето на лицата, да обезбедува

можности за споделување на моменти од секојдневниот живот

со други лица од иста возраст.

Колку е поодалечена локацијата на центарот од местото на

живеење, толку повеќе се потребни поголеми напори од страна

на стручните соработници за вклучување на социјалната мрежа.

Доколку нема контакти со други субјекти од заедницата

дневниот центар ќе придонесе за изолирање на лицата со

посебни потреби. Во центрите за дневно згрижување треба

просечно да прифаќаат до 25 деца. Во случај да се појават

повеќе барања за прием во дневниот центар тоа не треба да

значи дека треба да се зголеми бројот на децата во дневниот

центар, напротив во тој случај треба да се проучи можноста за

отварање на уште еден центар во друг дел од градот.

Дневните центри мора да одговараат на секојдневните

потреби на децата со посебни потреби. Бидејќи центарот е пред

се наменет за лица со посебни потреби, треба да се осмисли

начинот за прилагодување на просторот колку што е можно

повеќе кон потребите на лицата, а не лицата да се

прилагодуваат кон просторот.

Магдалена Тројачанец- Дипломска работа 10

Page 11: Diplomska Magdalena Trojacanec

Во дневниот центар активностите со децата можат да се

извршуваат индивидуално, во парови и во група.

Воспитание и рехабилитационите мерки активности во

дневниот центар треба да бидат спроведени за време на

утринските часови кога децата не се заморени и нивната

концентрација е подобра, додека пак социјализацијата и игрите

да се предвидат за попладне.

Активностите кои се изведуваат во дневниот центар можат

да бидат групирани во три категории:

1.Активности со лицата: во центарот или околината

2.Активности со родители

3.Активности со локалната заедница

Крајната цел на дневниот центар мора да одговори на

директните и индиректните потреби на децата.

Целите кои се поставени во дневниот центар може да се

групираат во три насоки:

1.Цели ориентирани кон децата.

-зголемување на личната самостојност

-интеграција во локалната заедница

-развој на когнитивните способности

-развој на комуникативните способности

-развој на работните способности.

2. Цели ориентирани кон семејството.

-поддршка на секојдневните активности за грижа,

рехабилитација и социјализација.

-поддршка во стекнувањето на нови рехабилитативни

способности.

-стимулација и поддршка за надминување на ситуацијата на

социјалната социјализација.

3. Цели ориентирани кон заедницата

-подигање на свеста во однос на полето на хендикепот

-давање одговорност на мрежата на заедницата во соочувањето

со животните задачи на лицата.

Магдалена Тројачанец- Дипломска работа 11

Page 12: Diplomska Magdalena Trojacanec

Во Правилникот за нормативи и стандарди за основање и

започнување со работа на установи за социјална заштита:

Дневен центар за лица со ментална или телесна попреченост

има 18 члена кои се однесуваат на просторот (локација,

заеднички простории, простории за комуникација, санитарно-

хигиенски простории, административни простории,

економско-технички простории), опремата и стручните кадри –

услови кои треба да ги исполнува секој дневен центар.

4.1.Дневни центри во Република Македонија и структура

на корисниците

Во Р. Македонија, во центрите за социјална работа се

регистрирани околу 1600 деца со умерени и тешки пречки во

развојот, кои што живеат со своите биолошки родители или се

сместени во згрижувачки семејства. Бидејќи во последниве

неколку години во Македонија тече процесот на

деинституционализација кој што од една страна подразбира

излегување на децата од установите на социјална заштита, а од

друга страна развој на вонинституционалните форми на

заштита, како што е помош на семејствата коишто имаат деца со

пречки во развојот истите да останат во локалната заедница

каде што живеат.

Основањето на дневни центри за деца со умерени и тешки

пречки во менталниот развој, се врши согласно со одредбите на

Законот за социјална заштита во делот за основање и престанок

установите за социјална заштита и ваквите центри

функционираат како организациони единици на

меѓуопштинските центри за социјална работа се целосно

финансирани од старана на државата.

Основните цели на ваквите центри се дневно згрижување,

престој, нега, и исхрана, психосоцијална рехабилитација и

Магдалена Тројачанец- Дипломска работа 12

Page 13: Diplomska Magdalena Trojacanec

реедукација, соодветна работа и услуги на организирано

поминување на времето со децата со пречки, кои се на возраст

од 5 до 18 години.

Дневните центри се димензионирани да згрижат од 20-25 деца

со умерени и тешки пречки во менталниот развој, а со овој

капацитет се цели да се обезбеди квалитетна грижа, можност за

создавање на атмосфера слична на семејната, под непосреден

стручен надзор од страна на дефектолози, логопеди, психолози,

социјални работници и физиотерапевти, а како норматив се зема

еден стручен работник за четири корисници, односно за еден

дневен центар од 20-25 корисници вкупно да се ангажираат 6

стручни профили.

Во Р.Македонија, до денес се отворни и функционираат 23

дневни центри за деца со пречки во развојот, кои што се

лоцирани во урбани средини, што овозможува лесна интеграција

соработка со сите други институции на локално ниво (детски

градинки, училишта, здравствени установи и др), и интеграција

на корисниците во локалната заедница и тоа во: Крива Паланка,

Берово, Битола, Гевгелија, Гостивар, Делчево, Кавадарци,

Кичево, Куманово, Прилеп, Пробиштип, Скопје (лоцирани во

населбите Железара, Топанско Поле и општина Чаир), Тетово,

Велес, Штип, Виница, Ресен, Крушево, Дебар и еден дневен

центар за деца заболени од церебрална парализа во Скопје во

населбата Капиштец, во кои се опфатени вкупно 365 корисници,

од кои редовно дневниот центар го посетуваат 78% од

корисниците, а нередовно по неколку часови во неделата 15%, а

истовремено и посетување на дневниот центар прават и децата

од посебните паралелки од редовните училишта 7%. Најголем

број од дневните центри се сместени во адаптираните

простории од детските градинки, што овозможува

искористување на дневниот простор и локација и користење на

нивните кујни, дистрибуцијата на храна и можноста за полесна

интеграција на корисниците во средината.

Магдалена Тројачанец- Дипломска работа 13

Page 14: Diplomska Magdalena Trojacanec

*Структура на корисниците кои ги посетуваат дневните центри

по возраст е следнава:

-под 5 години 8 (2,39%),

-од 5 до 9 години 66 (19,66%),

-од 10 до 14 години 91 (23,24%),

-од 15 до 19 години 66 (19,66%),

-од 19 до 25 години 59 (17,66%),

-од 26 до 30 години 23 (6,88%),

-и над 30 години 21 (6,28).

*Структура на корисниците кои ги посетуваат дневните центри

по националност е следнава:

-македонци 225 (68,36%),

-албанци 67 (20,05 %),

-турци 12 (3,59%),

-роми 24 (7,18 %),

-власи 1 (0,29%),

-бошњаци 2 (0,6%),

-срби 1 (0,29%).

*Структура на корисниците што ги посетуваат дневните центри

според полот:

-машки 200 (60,7%),

-женски 130 (29,3%).

*Структура на корисниците кои ги посетуваат дневните центри

по вид на попреченост:

-лесна 22 (6,58 %),

-умерена 152 (45,50%),

Магдалена Тројачанец- Дипломска работа 14

Page 15: Diplomska Magdalena Trojacanec

-тешка 96 (28,34),

- најтешка 4 (1,19%),

-комбинирана 82 (24,55%).

Корисниците на дневните центри услугите ги користат преку

организирано доаѓање и враќање. Во најголем број дневни

центри превозот е организиран преку организирање на такси

служби, што се смета како добро решение во недостатокот на

сопствени возила на социјалните служби. Исто така како дел од

услугите во дневниот центар е исхраната која се обезбедува

преку топол оброк појадок и ручек, кој што се обезбедува во

кујните на детските градинки освен во некои центри како во

Крива Паланка и Делчево кои имаат сопствена кујна.

Сите дневни центри работат 5 дена неделно по 8 часа дневно а

почетокот и завршетокот на секој работен ден е прилагоден

према потребите на корисниците и нивните родители, но тоа

може да биде и предмет на разгледување па поради потребите

на децата може да се даваат услуги и преку целиот ден. Во

наредната 2013 година согласно со стратешкиот план на МТСП,

планирано е отварање на еден дневен центар за деца со пречки

во развој во општина Кратово, а во 2014 отварање на дневни

центри во Валандово и Липково, за што треба да се истакне дека

постои голема иницијатива од страна на локалните власти на

овие општини, со што реално веруваме дека ќе бидат покриени

сите градови кадешто функционираат 30 те меѓуопштински

центри за социјална работа.(10)

4.1.1. Работа со корисниците –активности

Дневните центри имаат изготвено годишни и месечни планови

за работа со корисниците согласно со утврдените содржини.Тие

најчесто се организираат во групи или со индивидуален пристап.

Магдалена Тројачанец- Дипломска работа 15

Page 16: Diplomska Magdalena Trojacanec

Со ваквиот начин на работа се стекнуваат позитивни промени

кај корисниците во поглед на :

-стекнување на хигиенски навики

- навики за контрола на морење

-навики за самостојна исхрана

-развој на говор

-развој на моторика и движење

-развој на социјализација и интеграција во средината

-развој на коуникација

-стекнување на работна навика

-развој на манипулативните вештини

-развој на когнитивни способности мислење и помнење и др.

4.2. Дневен центар во Прилеп

Дневниот центар е организирана единица при постоечкиот ЦСР

чиишто активности се финансирани од Министерството за труд

и социјална политика.

Истиот е наменет за згрижување на деца со умерена и

тешка ментална попреченост како и со телесна попреченост во

развојот и деца со комбинирани пречки. Просториите на

дневниот центар во Прилеп се во рамките на медицинскиот

центар во Прилеп.

Дневниот центар во Прилеп започнал со работа на

13.05.2002 год.

Дневниот центар во поглед на опремата, нагледните,

рекреативните и другите средства за работа е опремен од

страна на Министерството за труд и социјална политика со

помош на канцеларијата на УНИЦЕФ и EDUKAID, а во

понатамошното работење постојано се надоплнувал со донации

и спонзорства од физички и правни лица на општина Прилеп.

Дневниот центар во Прилеп зафаќа површина од 310 м2.

Центарот во започнал да работи со 5 деца а до крајот на месец

Магдалена Тројачанец- Дипломска работа 16

Page 17: Diplomska Magdalena Trojacanec

Мај 2002 година вкупно биле опфатени 22 деца, на возраст од 9-

34 години.

Во дневниот центар во Прилеп работат лица со следните

стручни профили:

-дефектолог

-социјален работник

-медицинска сестра

-педагог

Работното време на дневниот центар во Прилеп е од 08.30

до 16.30 часот.

Носењето и враќањето на децата од дома до дневниот

центар се изведува со минибус кое е организирано од страна на

дневниот центар во Прилеп.

Активности или програмски содржини кои се застапени во

дневниот центар во Прилеп се:

1. Самопослужување и воспитување на културно – хигиенските

навики

2. Социјална писменост

3. Психомоторен и физички развој

4. Запознавање со природата и околината

5. Развој и корекција на говор

6. Музичко- ритмичко воспитување

7. Ликовно воспитување

8. Работно воспитување

Магдалена Тројачанец- Дипломска работа 17

Page 18: Diplomska Magdalena Trojacanec

Дневен центар за деца со пречки –Прилеп

Во дневниот центар во Прилеп не изостанува соработката

на родителите со вработените со тоа што се одржуваат

родителски средби, коктели, приредување на роденденски

забави во дневниот центар при што присуствуваат родителите,

вклучување на родителите во прослави на одредени празници.

4.2.1.Дефиниција

Дневниот центар за лицата со пречки во развојот е

нерезиденцијална служба лоцирана во заедницата во која

живеат корисниците. Тоа е служба за поддршка на грижата, кој

што семејството и нивната социјална средина ја обезбедува за

лицата со пречки во развојот.

Дневниот центар е место за дневен престој, место за развој

на индивидуалните способности преку рехабилитацијата и

воспитание.

Дневниот центар ги прифаќа и им помага на оние граѓани

кои имаат потреба од дополнителна помош. Семејството како

Магдалена Тројачанец- Дипломска работа 18

Page 19: Diplomska Magdalena Trojacanec

примарна единка во социјалниот систем треба да одговори на

индивидуалните и групни потреби на нивните членови.

Примарна цел е да обезбеди соодветни одговори на лицата

со пречки и нивните семејства преку индивидуалните проекти.

Договорени со корисниците и поставени во колективна животна

средина. Одговорна за взаемните размени со надворешниот свет

т.е. со заедницата.

Дневниот центар претставува отворен простор, каде што

не се даваат готови одговори, туку каде што може да се најде

решение заедно со корисниците во согласност со нивните

потреби, а помош на стручните лица од социјалните служби.

Центарот за дневен престој организира: задолжителни

систематски прегледи на корисниците, преиспитување на

физичките и менталните способности, соработка со соодветни

медицински стручни лица, летување, излети и слично.

4.3. Локација на установата

Согласно член 3 од Правилникот за нормативи и стандарди:

„Дневниот центар треба да е сместен во населено место или во

близина на населено место, со развиени сообраќајни врски и

друга инфраструктура.

Дневниот центар може да е сместен и во рурална средина

доколку се исполнат условите за работа и пружање на услуги

согласно овој правилник.

Магдалена Тројачанец- Дипломска работа 19

Page 20: Diplomska Magdalena Trojacanec

Дневниот центар треба да располага со слободно земјиште,

хортикултурно дизајнирано и уредено, опремено со клупи и маси

за двор, а по можност и со обоена лизгалка, лесна за качување

со широки скали и рачки за држење, како и лулашка со

граничник и сигурносен појас.

Дневниот центар треба да располага со паркинг простор.

Дневниот центар во општина Прилеп се наоѓа во градот.

Просториите на дневниот центар се во рамките на здравсвениот

медицински центар во Прилеп.

Ваквата локација претставува атрактивен елемент за

локалната заедница да земе учество во помагање на

интегрирањето на лицата, да обезбеди можност за споделување

на моментите од секојдневниот живот со другите лица од иста

возраст. Добрата локација на дневниот центар е многу важна

затоа што колку е подалеку локацијата толку повеќе се

потребни напори од страна на стручните соработници за

вклучување на социјалната мрежа.

4.4. Структурни барања

Дневниот центар опфаќа 22 лица со пречки во развојот, од

голема важност е пријателскиот одност помеѓу децата преку

разни активности превземени во него.

Според бројот на корисници, дневниот центар треба да

биде структуриран спрема минималните потреби и барања за да

се извршуваат разновидни активности со лицата овозможувајќи

спроведување на индивидуалните проекти за секое лице.

Тука треба да се обезбедат:

-просторни ходници

-трпезарија

-простори за реализација на активностите

-тоалет

Магдалена Тројачанец- Дипломска работа 20

Page 21: Diplomska Magdalena Trojacanec

-една дополнителна комплетна бања (со када) достапна за лица

со физички хендикеп

-тоалет за персоналот

-кујна

-канцеларија

-магацински простор.

4.5. Просторно организирање

Член 5 од Правилникот ги определува просториите коишто

треба да ги има секој дневен центар: „...заеднички простории

(дневна просторија, трпезарија, соба за изолација), простории за

комуникација (влезови, холови, коридори-ходници), санитарно-

хигиенски простории, административни и економско-технички

простории (кујна).

Просториите се во рамките на медицинскиот центар и истиот е

со површина од 310 м.

За да можат лицата со пречки во развојот да го користат

дневниот центар, треба да постои правилно организирање на

просторот земајќи го во предвид следното:

-Широкиот простор – кој што го користат лицата со физички

пречки е флексибилен за разновидни плански активности.

-Расподелба на просторот – во центарот постои домашен

амбиент во кој лицата со пречки во развојот се чувствуваат

комотно.

-Просторни влезови со рамни погодни и за инвалидски колички

или за лица кои имаат потреба за движење.

-Внатрешно уредување на установата – потребно е да биде

намален ризикот од инциденти од правилно уредување на

ходниците, бањите, мебелот.

Во центарот, односно во занималната која е поврзана со

трпезаријата се извршуваат прослави на родендени, приредби,

состаноци со родители, состаноци на стручни лица.

Магдалена Тројачанец- Дипломска работа 21

Page 22: Diplomska Magdalena Trojacanec

Секое дете го познава просторот во центарот. Тоа му

овозможува слободно движење и рационално користење на сите

негови простори во целина. Секое дете има свој ормар со свое

име на него, каде што ги чува своите лични работи, направен

според личен вкус изразен во позитивна смисла со едукатор кој

го следи.

Бидејќи центарот е наменет за лица со посебни потреби,

треба да е прилагоден според нивните потреби, а не треба

децата да се прилагодуваат кон тој простор.

Во дневниот центар во Прилеп децата кои престојуваат во

него се многу добро прилагодени, владее домашен амбиент и тој

дава поголема успешност во изведувањето на различни

активности.

4.6. Помошни служби и нивна организација

Дневниот центар за ефикасно да функционира добива помош од

други служби кои веќе се активирани во заедницата. На овој

начин ги користи услугите од веќе постоечките ресурси и

истовремено ги намалува своите трошоци.

Помошни служби кои се вклучени во дневниот центар:

-Подготовка на храна – се врши од кујната, и ја гарантира

грижата за секојдневно снабдување со храна.

-Здраствена поддршка – ја добиваат од амбулантата која е

најблиску до дневниот центар, а тоа е амбулантата во склоп на

медицинскиот центар.

-Одржување на просториите, чистењето – го вршат самите

вработени во дневниот центар во Прилеп.

-Персонализирана и постојана социјална подршка – секое лице

со посебни потреби има право на одредени бенифиции

Магдалена Тројачанец- Дипломска работа 22

Page 23: Diplomska Magdalena Trojacanec

предвидени со социјална заштита. Посебните додатоци ги

добиваат сите лица што се во дневниот центар.

Дневниот центар е во постојана врска со центарот за

социјална работа и преку постојана врска со детето и неговите

родители може да се активира и нагледува пристапот до

бенефициите на кое детето има право.

4.7. Корисници на дневен центар

Користици на дневен центар се:

-Лица со умерена, тешка и длабока ментална ретардација.

-Лица со различен степен на физичка хендикеп (церебрална

парализа).

-Лица со комбинирани пречки во развојот.

Во центарот не се вкучени лицата со лесна ментална

ретардација кои поседуваат посебно основно училиште.

Треба да постои можност за нови приеми и тоа земајќи ги

во предвид потребите на веќе оформената група и експлицитно

или имплицитно искажана потреба за лицата кои бараат прием.

На пример: средно семејство може да има потреби од

краткорочно вклучување на нивното дете поради привремен

недостиг на подршка на семејството. Центарот би можел да ги

земи другите образовни центри за време на летниот распуст.

4.8. Семејства

Магдалена Тројачанец- Дипломска работа 23

Page 24: Diplomska Magdalena Trojacanec

Приемот на децата со пречки во развојот во дневниот

центар се врши по барање на семејството. Има семејства кои се

многу изолирани во рамките на заедницата и имаат потреба од

помош при одлучување за вклучување на нивното дете во

центарот. Родителите се помогнати од страна на разни стручни

лица (дефектолози, социјални работници и др.) при вршење на

нивната воспитна улога и со тоа му гарантираат на детето

хармоничен развој и соодветна подршка.

Во самиот центар за дневен престој потребно е да се

вклучува секој ден по еден родител. Неговата задача е да

помага при изведување на различни слободни активности –

пеење, цртање, прошетки во дворот на днавниот центар,

прошетки надвор од центарот, посета на пазар, театар, музеј

итн. Од сето ова може да видиме дека семејството претставува

значаен фактор за севкупниот живот на детето, потреба од

добивање согласност од семејството за создавање на

едукативен проект и проект за грижа од страна на службите за

неговото спроведување.

4.9. Критериуми за прием и отпис

Прием

За прием во дневниот центар се зема корисничко досие за

откривање на информациите и прибирање на податоци

изработен од Заводот за социјална работа, кој помага во изборот

на децата за прием во центарот.

Корисничкото досие се состои од два дела: дел за детето

и дел за семејството.

Секој дел ги истакнува личните и социјалните потреби и

ресурси.

Магдалена Тројачанец- Дипломска работа 24

Page 25: Diplomska Magdalena Trojacanec

Откако ќе се соберат личните податоци, се прави проценка

за сите избрани деца како група. Овој избор на група која ќе го

користи дневниот центар го прави тим од стручни лица.

За прием во дневниот центар лицата треба да ги исполнат

следните услови:

-Да имаат ментална или физичка пречка во развојот;

-Да имаат каде да престојуваат во ноќта и за време на деновите

за одмор (со своите родители, со други роднини или во

специјални домови);

-Да не бидат психијатриски пациенти;

-Времето на поаѓање и одење, од местото каде што ноќеваат до

дневниот центар не треба да биде подолго од еден час

патување.

Отпис

Може да се донесе одлука за отпис од центарот доколку се

појави една од следните причини:

-Влошување на здравствената состојба на корисникот;

-Корисникот и неговото семејство станале самостојни, се смета

дека другите социјални проекти би биле подеднакви за

корисникот ( на пример работно вклучување).

Отпуштањето од дневниот центар може да се спроведе

само доколку се изнајде посоодветно решение за грижа и се

сподели со семејството на детето.

4.10. Персоналот во дневниот центар

Во член 16 од Правилникот се говори за кадарот во

дневните центри:

„Во дневниот центар, во зависност од бројот на

корисниците, треба да има соодветен број стручни кадри и тоа:

дефектолог, социјален рабо-тник, педагог, психолог,

физиотерапевт, медицинска сестра, за спроведу-вање на

Магдалена Тројачанец- Дипломска работа 25

Page 26: Diplomska Magdalena Trojacanec

програми за работно-производна активност, работна терапија,

социјална адаптација, психосоцијална рехабилитација и

оспособување за самостоен живот.

Бројот на стручни кадри за остварување на дејноста на

дневниот центар се утврдува врз основа на видот и бројот на

корисниците и тоа на секои четири корисници треба да се

обезбеди еден стручен работник, во зависност од видот на

корисниците.

Во дневен центар со капацитет до шест корисници, треба

да има најмалку два работника, од кои едниот треба да биде

стручен работник од став еден на овој член.

Персоналот во дневниот центар го сочинуваат здравствени

и социјални работници. Здравствените стручни лица се вклучени

во активностите на рехабилитативната интервенција но не и во

секојдневните активности кои треба да бидат управувани и

спроведени од социјални стручни лица. Овие лица треба да

бидат прифатени од страна на децата како лица за

спроведување на нивните воспитни и социјални активности.

4.10.1.Персонал во дневниот центар, улога и компетенции

Дневниот центар припаѓа на Центарот за социјална работа

и претставува локална служба. Соработката на ЦСР и дневниот

центар е многу важна за ефикасно функционирање.

Социјалниот работник и психолог од ЦСР неизбежно се

вклучени во работењето на дневниот центар и во планот на

активностите со лицата со пречки во развојот.

Тие располагаат со детални информации за животното

опкружение и потребите на секое лице. Не се вклучени во

секојдневните активности во дневниот центар, но се сметаат

како рамноправен дел од тимот.

Магдалена Тројачанец- Дипломска работа 26

Page 27: Diplomska Magdalena Trojacanec

4.10.2 .Раководител

Раководител на тимот е социјален работник.

Раководителот на дневниот центар во Прилеп соработува со

персоналот од ЦСР.

4.10.3. Селекција на персоналот

При вработување на персоналот се зема предвид типот на

активностите кои се превземаат:

*Образовна стимулација на децата, фиксирана кон зајакнување

на нивните способности, поттикнувајќи го во исто време

семејството во пронаоѓање на нови инструменти за

достигнување на повисоко ниво на квалитет на секојдневниот

живот а во повеќе случаи родителите не се свесни околу нивото

на можната самостојност на лицето со хендикеп или пак дека

високото ниво на заштита не им дозволува на лицата да го

достигнат нивото за ,, нормален ,, живот што тие можат да си го

дозволат.

*Подршка на секојдневните потреби за нега, поттикнувајќи го

највисокото ниво за можна независност на лицата.

*Гарантирање на сите потребни активности за рехабилитација (

говорна терапија, физиотерапија – изведени од надворешни

стручни лица ).

Магдалена Тројачанец- Дипломска работа 27

Page 28: Diplomska Magdalena Trojacanec

*Интеграција на лица со хендикеп во различни средини (

училишта, спортски центри, културни здруженија при што

земаат учество во разни активности ( забави, спортски

натпревари ) во и надвор од дневниот центар.

4.11. Активности и цели на дневниот центар

Самата активност на дневниот центар можно е да одреди

некои методолошки насоки кои можат да му помогнат на тимот

да ги дефинира специфичните активности.

За успешно извршување на активностите со децата со

пречки во развојот постојат неколку групи. Со секоја група

работи стручен соработник за развој на индивидуалните

способности. Поделбата во групи се прави според календарската

возраст и според менталниот хендикеп.

Активностите се предвидени според неделен и месечен

план кој го изготвува тимот.

I група - 5 до 8 години ( развој на воспитни и хигиенски навики )

II група - 8 до 14 години ( описменување, работно воспитание )

III група - над 14 години ( описменување, работно, музичко

воспитание, ЗПО итн ).

Воспитните и рехабилитативните активности се

спроведуваат во утринските часови, кога децата не се заморени

и нивната концентрација е подобра, додека слободните

активности од попладне.

Магдалена Тројачанец- Дипломска работа 28

Page 29: Diplomska Magdalena Trojacanec

Работниот ден на дневниот центар во Прилеп е организиран по

овој временски распоред.

Временски период Активности

08.30 - 9.15 Прием на децата во центарот

09.15 - 09.30 Хигиена

09.30 - 10.00 Доручек

10.00 - 10.15 Хигиена и припрема за активности

10.15 - 10.45 Насочени активности

10.45- 11.00 Пауза

11.00 - 11.30 Насочени активности

11.30 - 12.15 Слободни активности

12.15 - 12.30 Хигиена и подготовка за ручек

12.30 - 13.00 Ручек

Магдалена Тројачанец- Дипломска работа 29

Page 30: Diplomska Magdalena Trojacanec

13.00 -14.15 Слободни активности

14.15 - 14.30 Спремање за дома

14.30 Заминување за дома

Различни активности поделени во три категории :

1. Активности со лица во центарот или околината

-активности за личната самостојност и грижа, стимулирање на

развојот на телото и способноста за изразување на лични

потреби и чуства;

-мануелни активности, кои го развиваат самопошитувањето кај

лицата и кои што можат да стимулираат учење и нови вештини;

-активности за социјална интеграција во ,,нормални,, ситуации

на пример: средби со ученици од некое училиште или пак

членови од некое спортско друштво,

-слободни рекреативни активности ( игри во паркот ).

2. Активности со родителите

-активности за социјализација, вклучувајчи ги семејствата,

стручните соработници и лицата ( забави, патувања );

-активности за обука со цел зголемување на способностите на

лицата и олеснување на водењето грижа за децата дома.

3. Активности со локалната заедница

-вклучување на субјекти кои имаат различни улоги во

заедницата

Магдалена Тројачанец- Дипломска работа 30

Page 31: Diplomska Magdalena Trojacanec

( здруженија на родители, групи на уметници ) со цел

анимирање на просторот на дневниот центар како простор за

средби и место за размена на искуства;

-стимулирање на заедницата да зема учество во специфични

активности со децата, на пример: вклучување на некои

надворешни лица да учат некои мануелни активности.

II ИСТРАЖУВАЧКИ ДЕЛ

1.Педмет на истражувањето

Истражувањето е изработено на тема: Структура на

корисниците во дневниот центар за деца со пречки во развој –

Прилеп, така што предмет на истражувањето ќе бидат :

Самиот дневен центар и сите корисници кои доаѓаат во

центарот. Како предмет кој ќе се истражува кај овие лица е

земена целосната структура на корисници со сите нивни

сличности и разлики, сите нивни карактеристики и битни делови

кои се значајни да се раздвојат едни од други и да добиеме

целосна слика за центарот со неговите корисници во целина.

2. Цели на истражувањето

Истражувањето е работено во дневниот центар Прилеп, и има

неколку цели кои ги задоволуваат потребите за остварување на

основната цел- структура на сите корисници во дневниот центар

Магдалена Тројачанец- Дипломска работа 31

Page 32: Diplomska Magdalena Trojacanec

–Прилеп. Во периодот, на крајот од 2011 година со користење на

разни средства во дневниот центар е направено истражување

во кое се опфатени, сите корисници, нивните семејства а воедно

и стручниот кадар кој работи во центарот и од добиените

резултати ги поткрепивме следниве цели:

-да утврдиме колку вкупно членови брои дневниот центар,

-од која до која возраст се корисниците во центарот,

-каков вид на хендикеп преовладува во центарот и колку видови

на пречки во развој има,

-колкава е разликата помеѓу машките и женските корисници,

-колку време престојуваат децата во центарот,

-разлики меѓу корисниците во националната припадност,

-потеклото на деца и корелацијата град –село,

-разлики на децата према бројот на членови во семејството каде

живеат,

-статусот во семејствата на корисниците,

-образовното ниво на семејствата од каде потекнуваат

корисниците,

-финансиската поткрепа во смејствата на децата со пречки,

-стамбените услови во кои живеат корисниците,

-и како се групирани децата во центарот според сите овие

варијабли.

3.Задачи на истражувањето

За да се утврдат целите на ова истражување, остварени се

неколку задачи со кои е остварена основната цел на барањето.

Според тоа дека се работи за група на учесници од една

установа потребно е да се опфатат сите учесници, персоналот

односно стручниот кадар од дневниот центар и сите оние кои

можат да придонесат за покристализирани резултати. За да се

оствари ова истражување, остварени се следниве задачи:

-посета на дневниот центар во Прилеп,

Магдалена Тројачанец- Дипломска работа 32

Page 33: Diplomska Magdalena Trojacanec

-посета и разговор на стручниот тим кој работи со децата

корисници,

-посета и набљудување на децата корисници за време на

секојдневните активности,

-спроведување на анкетни листи и прашалници,

-разговор со членови од семејствата на овие деца,

-разговор со самите корисници,

-сумирање на резултатите од добиените резултати од

прашалниците,

-представување на разликите и варијаблите на одговорените

прашања,

-остварување на целите на самото истражување.

4. Хипотези на истражувањето

Во однос на ова истражување поставивме една основна хипотеза

која се однесува на целта на истражувањето и неколку посебни

хипотези во однос на задачите на истражувањето.

Основната хипотеза на истражувањето е следнава:

Структурата на корисниците во дневниот центар во Прилеп, е

разновидна, а најголем дел ја сочинуваат лица со умерена и

тешка ментална попреченост, кои потекнуваат од разни

национални и културни средини, од сопствени или дом

семејства, кои редовно посетувајќи го дневниот центар имаат

голем напредок и успех во работата која ја извршуваат .

Со оваа хипотеза претпоставуваме дека сите овие корисници на

дневниот центар имаат некаков инвалидитет, дека потекнуваат

кој на ромска, кај на албанска, кој на македонска национална

припадност и.т.н.

Предпоставуваме дека има и машки и женски корисници, на

различна возраст со различни потреби. Претпоставуваме дека

дневниот центар работата ја организира во некакви групи за

Магдалена Тројачанец- Дипломска работа 33

Page 34: Diplomska Magdalena Trojacanec

усогласување на активностите кои се спроведуваат, и работа со

децата.

Предпоставуваме дека децата имаат различно потекло, некои се

деца од нормални семејства некои од дом семејства, некои без

родители, кои се со разни егзистенционални услови во

семејството каде престојуваат. Претпоставуваме дека има многу

разлики меѓу сите корисници во дневниот центар, кои со помош

на истражување ќе се потврда и утврдат, и точно ќе знаеме која

е целта на истражувањето и конкретно на дадените задачи.

Сите овие предпоставки се наши хипотези, посебни од

основната хипотеза кои се во однос на задачите на

истражувањето, кои понатаму ќе бидат представени со сите

резултати, разлики и решенија.

Поставени се со ова сето четири основни хипотези:

-Во дневниот центар најголем дел од лицата со пречки се од

градот

-Во дневниот центар во Прилеп работи стручен тим

-Во дневниот центар секојдневните активности се според

определен план и програма, специјален за овие корисници, и

работатат во три групи, мала, средна и голема група.

-Семејствата на корисниците имаат основно образовно ниво и

имаат финансиски приходи во семејството.

5. Место на истражувањето

Истражувањето кое е обработено е извршено на една и

единствена локација во просториите на дневниот центар за

деца со посебни потреби- Прилеп.

Сите информации, податоци, резултати, разговори и прашања се

спроведени и обработени во самиот дневен центар.

Истражувањето е спроведено помеѓу сите корисници со помош

на нивните семејства и секако персоналот кој работи со нив,

Магдалена Тројачанец- Дипломска работа 34

Page 35: Diplomska Magdalena Trojacanec

односно стручниот тим од дневниот центар. Сите корисници

зедоа активно учество и со помош на нивните претпоставени

успешно ни ја остварија целта-беспрекорно одговорија на сите

прашања и искрено и несебично соработуваа во секоја активност

потребна за истражувањето.

6.Варијабли во истражувањето

При спроведувањето на ова истражување се искористени

неколку независни варијабли кои се однесуваат на задачите на

истражувањето и остварување на целта на истражувањето.

Варијаблите представуваат одговор на сите наши прашања кои

се спроведени во текот на истражувањето и со помош на

сумирање на сите податоци добиени се точни податоци за

варијабилната зависност кај корисниците во:

-возрасната група на корисниците,

-видот на хендикеп,

-полот,

-националната припадност,

-местото на живеење,

-бројот на членови од семејството,

-бројот на други членови со хендикеп во семејството,

-статус во семејството,

-образовно ниво во семејството,

-извор на приходи во семејството,

-стамбено прашање на семејството,

-поделба на корисниците во центарот.

Сите овие представуваат варијабли на истражувањето а воедно

и цели на истражувањето, кои со помош на добиените резултати

се успешно прикажани и докажани со помош на статистика и

дијаграми. Одговорите на децата – корисници и нивните

најблиски ни помогнаа да изведеме точни заклучоци и решенија

и да го оствариме нашето истражување.

Магдалена Тројачанец- Дипломска работа 35

Page 36: Diplomska Magdalena Trojacanec

7.Техники и инструменти кои се спроведени во

истражувањето

Секоја техника во било кое истражуваање има свои методи и

инструменти со кои се спроведува истата. Техниките и

инструментите се бираат зависно од потребите и целите на

истражувањето.

Притоа голема важност имаат и сите други фактори кои зависат

околу истражувањето.

Каде се спроведува, со кого, во кое време, колкава група на

испитаници или елементи е опфатена и слично. Во нашето

истражување се искористени најсоодветните техники и

инструменти потребни за остварување на целите:

-интервју-анкета –анкетен лист(прашалник),

-набљудување-протокол на набљудување,

-разговор

-анализа на документацијата.

Сите овие техники се спроведени во дневниот центар во

соработка со персоналот од центарот корисниците и дел од

родителите на корисниците.

Интервјуто беше спроведено со помош на анкетни листи за сите

корисници на дневниот центар кои одговараа на прашалник од

неколку прашања, некои сами некои со помош на родителот,

некои со помош на негователките и сл. Најважно е што сите

одговорија, на секое прашање и дадоа конкретни одговори и

мислења за се што беа прашани, најискрено и успешно

сорабтуваа со нас. Еве како изгледаше прашалникот кој го

пополнуја корисниците:

Прашалник

Магдалена Тројачанец- Дипломска работа 36

Page 37: Diplomska Magdalena Trojacanec

1.Име и Презиме на ученикот________________________________

2.Година на раѓање_________________________________________

3.Вид на хендикеп__________________________________________

4.Пол

a) Машки

б) Женски

5.Години на престој во установата:

a) 2 години

б) 3 години

в) 4 години

г) повеќе од 4 години

6.Корисникот живее во:

a) град

б) село

7.Национална припадност:

a) македонска

б) албанска

в) турска

г) србска

д) ромска

8.Број на членови во семејството на корисникот:

a) Двајца – детето живее со мајката или таткото

б) Тројца

в) Четворица

г) Петмина

д) Шестмина

ѓ) Повеќе од шест

Магдалена Тројачанец- Дипломска работа 37

Page 38: Diplomska Magdalena Trojacanec

е) Без семејство

9.Други членови со хендикеп:

a) Има

б) Нема

10.Статус во семејството:

a) Со два родитела

б) Со еден родител

в) Без родители

11.Образовно ниво на родителите:

a) Без образование

б) Четири години основно образование

в) Основно образование

г) Средно образование

д) Вишо образование

ѓ) Високо образование

12.Извори на приходи во семејството:

a) Личен приход на таткото

б) Личен приход на мајката

в) Личен приход на таткото и мајката

г) Социјална помош

д) Друго

ѓ) Без приходи.

13.Станбена ситуација на семејството:

a) Една просторија

б) Некомфорен стан/куќа

в) Еднособен комфорен стан/куќа

г) Двособен комфорен стан/куќа

д) Трособен и поголем стан/куќа

Магдалена Тројачанец- Дипломска работа 38

Page 39: Diplomska Magdalena Trojacanec

14.Поделба на корисниците според восраста:

a) Мала – до 18 години

б) Голема – над 18 години

15. Поделба на корисниците според воспитно образовните

подрачја:

a) Maла (самопослужување, воспитување на хигиенски навики,

психомоторен и психички развој, запознавање на природата и

околината, развој и корекција на говор, музичко-ритмичко

воспитување, ликовно воспитување).

б) Голема (работно оспособување и оспособување за во

домаќинството).

Испитувањето е извршено на: _____________________________

Испитувањето го извршил: _________________________________.

Откако добив одговори на секој прашалник, и на секое прашање

ги сумирав сите одговори и ги представив табеларно и

дијаграмски со што успешно ја остварив целта на проектот.

Техниката на интрвју е значајна во секое истражување, најточно

и најконкретно се добиваат одговори каде што не може да се

направи грешка бидејќи сите податоци се проверени. Со помош

на тимот и ова интервју беше успешно спроведено и сите

резултати беа точно и целосно обработени.

Набљудување, во текот на истражувањето е многу успешна

техника за добивање на податоци. Понекогаш само со

набљудување може да се добијат точни одговори на поставени

прашања. Набљудувањето во моето истражување беше

спроведено во дневниот центар со тоа што, ги набљудував

децата додека работат, додека се одмараат, додека се хранат

и спремаат за јадење, додека се дружат и играат и т.н. Со

Магдалена Тројачанец- Дипломска работа 39

Page 40: Diplomska Magdalena Trojacanec

набљудувањето го видов односот на децата меѓу себе, односoт

со родителите, старателите, односот со нивните претпоставени

и целокупната атмосфера во домот. Техниката на набљудување

се врши по одреден протокол, за да се утврдат точно оние

активности што не интересираат. Најпрво се испитува теренот

кој го набљудуваме, а потоа се врши самиот тој процес и

успешно се добиваат резултати и готови податоци за проектот.

Разговор, оваа техника е мошне успешна доколку имате

соработка со групата со која се работи. Со помош на разговорот

може да се добијат точни податоци од сите испитаници и сите

оние кои индерекно се вклучени во едно истражување. Во овој

случај сите успешно работеа. Разговорот со родителите, децата,

персоналот, беше најуспешна метода за добивање податоци. Од

стручниот тим во дневниот центар добив точни податоци за

центарот неговото постоење и работата во него. Точно и

прецизно ги кажаа сите оние информации кои ми беа потребни.

Корисниците оние кои може да одговараат на прашања и кои

сакаа многу да разговараат многу успешно соработуваа во оваа

техника. Искрено и точно кажуваа за нивниот престој во

центарот, нивната работа, нивните успеси и желби и.т.н. А исто

така голем придонес додоа и некои од родителите кои беа

присутни во текот на посетите во центарот. Тие многу сакаат да

разговараат за нивните деца и нивниот проблем, секогаш се

отворени за соработка и секогаш сакат да дискутираат на оваа

тема. Со помош на разговор ,остварив голем процент од она што

требаше да се дознае. Сите прашања добија свои одговори, а

сите одговори дадоа една целина.

Анализа на документација, всушност е сумирање на сите

податоци кои сме ги обработувале. Претходно добиените

одговори на прашањата ,анкетата,разговорите и

набљудувањето се сума на се она што се работело. Со помош на

анализата точно се пресметани варијаблите на истражувањето и

се представени графички со статистички обработени содржини.

Магдалена Тројачанец- Дипломска работа 40

Page 41: Diplomska Magdalena Trojacanec

III.Резултати од истражувањето

Магдалена Тројачанец- Дипломска работа 41

Page 42: Diplomska Magdalena Trojacanec

1.И

спит

аник

2.Г

один

а на

р

аѓањ

е.

3.В

ид н

а хе

ндик

еп

4.П

ол

5.го

дини

на

прес

тој

6.М

есто

на

жив

еењ

е

7.Н

ацио

налн

а пр

ипад

ност

8.Б

рој н

а цл

енов

и во

сем

ејст

вото

9.Д

руги

чле

нови

со

хенд

икеп

10.С

тату

с во

сем

ејст

вото

(1 и

ли 2

роди

тели

)

11.О

браз

ован

ие н

а ро

дите

лите

12.и

звор

и на

прих

оди

во с

емеј

ство

то

13.С

там

бена

сит

уаци

ја

14.п

одел

ба н

а ко

рисн

ицит

е сп

оред

возр

аста

15.п

одел

ба с

поре

д во

спит

.обр

аз.д

еј

1 1984 умерен а г а а б б а г в д б б2 1984 умерен а г а а д б б г б г б б3 1984 тежок а г а а д б а в г б б б4 1987 тежок а г а а в б а г д д б а5 1988 тежок а г а а в б б г г г а а6 1990 умерен б г а д ѓ б а в г б б б7 1990 умерен б г а д в б а б г г б б8 1990 тежок а г а д а б а б г б б б9 1992 тежок а г а а г б а в д д а а10 1992 тежок а г а д г а а в д д а а11 1993 умерен а г а д б б а в г а б б12 1994 тежок а г а а б а б г г г а а13 1996 умерен а а а а в б а г а г а а14 1996 тежок б г а д б б а а г а а а15 1997 умерен а г а а в б б а г а д а16 1997 умерен а г а а в б б г г г а а17 1998 умерен б г а д д б а б г в а а18 1999 тежок б г а д ѓ б а г д б а а19 2001 умерен б г а а в б б в д б а а20 2001 умерен а б а д д б а б г б а а21 2003 тежок а а а а в б а г а д а а22 2003 умерен б а а а д б а г д д а а

а 12 15 3 22 13 1 2 16 2 2 3 13 15б 10 7 1 0 0 4 20 6 4 1 6 8 7в 0 0 0 0 0 8 0 0 6 1 1 0 0г 0 0 18 0 0 2 0 0 10 12 6 0 0д 0 0 0 0 9 5 0 0 0 6 6 1 0ѓ 0 0 0 0 0 2 0 0 0 0 0 0 0

Магдалена Тројачанец- Дипломска работа 42

Page 43: Diplomska Magdalena Trojacanec

вкупно 22 22 22 22 22 22 22 22 22 22 22 22 222.Година на раѓање

2.Година на раѓањевозрасна група процент%

1984 3 13.61987 1 4.551988 1 4.551990 3 13.61992 2 9.091993 1 4.551994 1 4.551996 2 9.091997 2 9.091998 1 4.551999 1 4.552001 2 9.092003 2 9.09

вкупно 22 100

Табеларен и процентуален приказ на состојбата:

-Од овие резултати може да установиме дека најголем процент на корисници се родени 1990 год. и тоа точно 13 корисници и се на возраст од 12 год. Најстариот корисник е роден 1984 и има 28год, а најмалиот 2003 и има 9 години.

3.Вид на хендикеп

Магдалена Тројачанец- Дипломска работа 43

Page 44: Diplomska Magdalena Trojacanec

Табеларен и процентуален приказ на состојбата:

0

10

20

30

40

50

60

70

80

90

100

умерен тежок вкупно

-Според видот на хендикеп во дневниот центар поголем е бројот на лица со умерени пречки во равојот од лицата со тешка попреченост.

4.Пол

Магдалена Тројачанец- Дипломска работа 44

3.Вид на хендикеп

процент%

умерен 12 54.5

тежок 10 45.5

вкупно 22 100

Page 45: Diplomska Magdalena Trojacanec

4.Полпроцент%

машки 22 75.9женски 7 24.1вкупно 29 100

Табеларен и процентуален приказ на состојбата:

0

10

20

30

40

50

60

70

80

90

100

машки женски вкупно

процент%

-Околу 80% од корисниците се машки, а 20% се женски корисници.

5.Години на престој во установата

Магдалена Тројачанец- Дипломска работа 45

Page 46: Diplomska Magdalena Trojacanec

Табеларен и процентуален приказ на состојбата:

0

10

20

30

40

50

60

70

80

90

100

2 години 3 години 4 години 4 год.иповеќе

вкупно

-Според годините на престојот во установата најголем дел од корисниците престојуваат повеќе од 4 години, уште од самите почетоци на работа на центарот.

6.Место на живеење

Магдалена Тројачанец- Дипломска работа 46

5.Години на престој

Процент %

2 години 3 13.6

3 години 1 4.55

4 години 0 0

4 год.и повеќе 18 81.8

вкупно 22 100

Page 47: Diplomska Magdalena Trojacanec

Табеларен и процентуален приказ на состојбата:

0

5

10

15

20

25

град село вкупно

-Сите корисници од дневниот центар во Прилеп живееат во градските населби.

7.Национална припадност

Магдалена Тројачанец- Дипломска работа 47

6.Место на живеење

Процент %

град 22 100

село 0 0

вкупно 22

7.Национална припадност: процент%македонска 13 59.1албанска 0 0турска 0 0ромска 0 0српска 9 40.9вкупно 22 100

Page 48: Diplomska Magdalena Trojacanec

Табеларен и процентуален приказ на состојбата:

0

10

20

30

40

50

60

70

80

90

100

македонска албанска турска ромска српска вкупно

-Според националната припадност најголем процент се лица од македонска национална припадност, а голем процент сочинуваат корисници од српска националност. Корисници од турска, албанска и ромска националност нема.

8.Број на членови во семејствата на корисниците

Магдалена Тројачанец- Дипломска работа 48

Page 49: Diplomska Magdalena Trojacanec

Табеларен и процентуален приказ на состојбата:

0

10

20

30

40

50

60

70

80

90

100

двајца тројца четворица петмина шестмина повеќе од6

безсемејство

вкупно

-Најголем број на семејства од корисниците се четиричлени, и тоа точно 8 семејства, 5 семејства се со шестчлено семејство, повеќе од 6 членови имаат 2 семејства, со 5 члена имаме 2 семејства, со 3 члена има 4 семејства и 1 семејство со двајца.

9.Други членови со хендикеп во семејството

Магдалена Тројачанец- Дипломска работа 49

8.Број на членови во семејството Процент % двајца 1 4.5454545тројца 4 18.181818четворица 8 36.363636петмина 2 9.0909091шестмина 5 22.727273повеќе од 6 2 9.0909091без семејство 0 0

вкупно 22 100

9.Други членови со хендикеп:

Процент %

има 2 9.09

нема 20 90.9

вкупно 22 100

Page 50: Diplomska Magdalena Trojacanec

Табеларен и процентуален приказ на состојбата:

0

10

20

30

40

50

60

70

80

90

100

има нема вкупно

-Во две од семејствата на корисниците има и други членови со пречки во развојот, а сите останати се со по едно лице со попреченост кое го посетва центарот во Прилеп.

10.Статус во семејствата

Магдалена Тројачанец- Дипломска работа 50

10.Статус во семејството Процент %со еден родител 16 72.7со два родители 6 27.3без родители 0 0

вкупно 22 100

Page 51: Diplomska Magdalena Trojacanec

Табеларен и процентуален приказ на состојбата:

0

10

20

30

40

50

60

70

80

90

100

со еден родител со два родители без родители вкупно

-Најголем дел од корисниците се со еден родител и тоа 73% од вкупниот број а 27% од корисниците се со два родители, додека без родител немаме ниту еден од корисниците во центарот.

11.Образовно ниво на родителите на корисниците

Магдалена Тројачанец- Дипломска работа 51

Page 52: Diplomska Magdalena Trojacanec

Табеларен и процентуален приказ на состојбата:

0

10

20

30

40

50

60

70

80

90

100

Безобразование

основно-4 год основно- 8год средно вишо високо вкупно

-Од добиените резултати утврдено е дека со високо и вишо образование нема ниту едно од семејствата на корисниците. Најголем број од семејствата се со средно образование – 10 семејства, 6 семејства се со основно образование од 8 години, 4 семејства се со основно образование од 4 години, а две семејства се без никакво образование.

12.Извори на приходи во семејството

Магдалена Тројачанец- Дипломска работа 52

11Образовно ниво на родителите Процент %Без образование 2 9.09основно-4 год 4 18.2основно- 8год 6 27.3средно 10 45.5вишо 0 0високо 0 0вкупно 22 100

Page 53: Diplomska Magdalena Trojacanec

Табеларен и процентуален приказ на состојбата:

0

10

20

30

40

50

60

70

80

90

100

од татко од мајкаи татко

друго вкупно

-Според изворите на приходи најголем дел од семејствата на корисниците користат социјална помош како основен извор на финансиска помош, такви се 12 семејства, 6 семејства имаат друг некој непознат извор на приходи, 2 семејства имаат приходи од мајката и од таткото, 1 семејство добива приходи само од мајката и 1 семејство добива приход само од таткото.

13.Станбена ситуација на корисниците

13.Стамбена ситуација

Магдалена Тројачанец- Дипломска работа 53

12.Извори на приходи во семејството Процент %од татко 2 9.09од мајка 1 4.55од мајка и татко 1 4.55социјална 12 54.5друго 6 27.3

без приходи 0 0

Page 54: Diplomska Magdalena Trojacanec

Процент %една просторија 3 13.6не комфорен стан 6 27.3еднособен комфорен стан/куќа 1 4.55двособен комфорен стан/куќа 6 27.3трособен стан и куќа 6 27.3вкупно 22 100

Табеларен и процентуален приказ на состојбата:

0

5

10

15

20

25

30

еднапросторија

не комфоренстан

еднособенкомфоренстан/куќа

двособенкомфоренстан/куќа

трособен стани куќа

-Станбеното прашање е различно кај повеќето корисници од центарот, 3 семејства жиеат во една просторија, 6 семејства живеат во лоши услови во неудобен мал стан/куќа, 1 семејство во еднособен удобен стан/куќа, 6 семејства во двособен стан/куќа поволни за живот и 6 од семејствата живеат во трособен стан/куќа со поволни услови за живот.

14.Поделба на корисниците спрема возраста

Магдалена Тројачанец- Дипломска работа 54

Page 55: Diplomska Magdalena Trojacanec

Табел арен и

процентуален приказ на состојбата:

0

10

20

30

40

50

60

70

80

90

100

мала-до 18 години голема-над 18 години вкупно

-Според оваа поделба во дневниот центар има две групи на корисници, мала група до 18 години и брои 14 корисници, и голема група над 18 години која брои 8 корисници.

15. Поделба на корисниците според воспитно- образовните подрачја

15.Поделба на корисниците спрема воспитно образовните подрачја Процент %мала 15 68.2голема 7 31.8

Магдалена Тројачанец- Дипломска работа 55

14.Поделба на корисниците спрема возраста процент %мала-до 18 години 14 63.6голема-над 18 години 8 36.4

вкупно 22 100

Page 56: Diplomska Magdalena Trojacanec

вкупно 22 100

Табеларен и процентуален приказ на состојбата:

0

10

20

30

40

50

60

70

80

90

100

мала голема вкупно

-Според воспитно – образовните подрачја кои се работат во

центарот, корисниците се поделени исто во мала и голема

група, и тоа мала група со 15 корисници и голема група со 7

корисници.

IV. ЗАКЛУЧОЦИ И ПРЕДЛОЗИ

1.Заклучоци

Магдалена Тројачанец- Дипломска работа 56

Page 57: Diplomska Magdalena Trojacanec

Од извршеното истражување спроведено во дневниот центар во

Прилеп ги добивме следните заклучоци:

*Основната или главната хипотеза е потврдена, сите корисници

во дневниот центар се различни, потекнуваат од различни

средини и разни семејства, имаат тешки и умерени пречки во

развојот и со посетувањето на центарот постигнале значајни

успеси и резултати.

*Втората хипотеза исто така е потврдена, сите корисници од

центарот се од градот нема од селските населени места, иако

спорред некои податоци постојат голем број на лица со пречки

кои не се пријавени и не посетуваат никаква воспитно-

образовна институција.

*Третата хипотеза е делумно потврдена, во дневниот центар

работи стручен тим од дефектолог, социјален работник,

медицински сестри, педагог и друг помошен персонал, иако би

требало вклучување на уште еден или двајца дефектолози,

педагози и др. за поголем успех во работата со децата и

задоволување на нивните барања.

*Четвртата хиптеза е делумно потврдена, центарот работи по

одреден план и програма, меѓутоа децата се поделени само во 2

групи мала и голема група.

*Петтата хипотеза не е потврдена, семејствата на корисниците

од центарот немаат сите образование, или имаат некое

минимално основно образовно ниво. Најголем дел користат

социјална помош и многу малку од семејствата имаат свој

придонес во финансиски приходи во семејството.

Магдалена Тројачанец- Дипломска работа 57

Page 58: Diplomska Magdalena Trojacanec

Врз основа на сето ова, работата на дневниот центар во Прилеп

а и воопшто на дневните центри придонесува за:

-Децата со посебни потреби во дневните центри се сместуваат

врз основа на извршена категоризација од надлежна комисија и

решение донесено од центарот за социјална заштита.

-Во дневните центри се прифатени голем број на деца на

различна возраст со лесни или потешки пречки во физичкиот

или психичкиот развој.

-На децата им се овозможува мултидисциплинарен пристап од

стручен тим најчесто составен од дефектолог, социјален

работник, психолог и медицинска сестра.

-Со децата се работи индивидуално, во помали групи врз основа

на претходно изготвени планови прилагодени на барањата на

децата.

-Децата преку работа во дневниот центар се социјализираат,

едуцираат, образуваат, се стекнуваат со културно хигиенски

навики а некои се подготвуваат за посета на образовни

институции.

-Децата во дневните центри се рехабилитираат, вежбаат со

физички вежби, им се овозможува контакт со надворешната

средина преку организација на прошетки, учествуваат на

приредби и разни култрни манифестации.

-Децата се оспособуваат за самостојна грижа, самостојно

хранење и облекување.

-Кај децата се развиваат нивните способности вештини и

таленти.

-Со оспособување на децата сами да се грижат за себе и со

едукацијата и обуката на родителите се олеснува и се

овозможува поквалитетен однос на родителите кон децата со

посебни потреби.

-Од изјавите на координаторите на дневните центри со дел од

родителите тешко се соработува најчесто поради ниското

образовно и социјално ниво.

Магдалена Тројачанец- Дипломска работа 58

Page 59: Diplomska Magdalena Trojacanec

-На дел од децата со лесни или умерени пречки во развојот им

се овозможува вклучување во редовното образование, што за

вработените во дневните центри е посебен успех.

2.ПОЗИТИВНИ ПРИДОБИВКИ ОД РАБОТАТА СО ДЕЦАТА СО

ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ ВО ДНЕВНИТЕ ЦЕНТРИ

-Обезбедување посебна грижа и помош на децата со посебни

потреби и нивните семејства,

-рехабилитација и социјализација на децата со посебни потреби,

-поттик за активно учество на децата со посебни потреби во

општествениот живот,

-стимулација и поддршка за надминување на состојбата со

социјалната изолација на децата со посебни потреби и нивно

полесно адаптирање во нови средини,

-позитивни промени кај децата со посебни потреби во

однесувањето,

-изградување на културно хигиенски навики,

-развивање на одредени вештини и способности,

-зголемување на личната самостојност,

-развој на комуникациски способности кај децата,

-развој на работни способности,

-развој на моторика и говор,

-подигање на свеста на секого за соодветен и правилен однос

кон децата со посебни потреби.

Магдалена Тројачанец- Дипломска работа 59

Page 60: Diplomska Magdalena Trojacanec

3.ПРЕПОРАКИ

Да се зголеми бројот на простории но и техничко

доопременување со цел за уште подобри услуги на

лицата со пречки во развојот.

Да се прифаќаат и децата со лесна ментална

ретардација од посебните паралелки при основните

училишта во Прилеп и околината пред или после

посетата на училиштето, во Дневниот центар каде што

би се зголемила работната окупација и

рехабилитација.

Да се обрне повеќе внимание на процесот на

дијагностика во Дневниот центар, за да се овозможи

континуирано следење на развојот и состојбата на

попреченоста во развојот.

Поголема примена на рехабилитационите вежби во

процесот на едукација- згрижување на лицата со

пречки во развојот.

Комплетирање на дневен центар со стручен тим се

мисли на дефектолози како носители на оваа

проблематика.

Поради големиот број на евидентирани лица со пречки

во развојот во општината, да се отворат поголем број на

дневни центри во кои би се згрижиле и

рехабилитирале овие лица.

Анимирање на средствата за масовна комуникација во

информирање на јавноста за работата на дневниот

центар за деца со посебни потреби, со проблематиката

Магдалена Тројачанец- Дипломска работа 60

Page 61: Diplomska Magdalena Trojacanec

на лицата со пречки во развојот, нивниот третман,

воспитание и образование.

3.1. Искуства на родителите

Придобивките од функционирањето на дневните центри

родителите го искажуваат преку поддршката кои тие ја добиле

во растеретувањето во грижата за децата и порелаксирано

живеење, поголема посветеност во локалната средина, можност

за вработување, како и кај промените кои настанале кај нивните

деца. Како најчести промени кај децата ги наведуваат:

-позитивни промени во однесувањето на децата,

-социјализација и адаптација во нови средини,

-изградување на културно хигиенски навики,

-развој и усовршување на одредени вештини,

-развој на моторика и говорот.

-’’Многу сакам да се потпишувам и да играм фудбал. Навивам за

Победа, и најмногу сакам да се дружам со Пембе, Ерхан, Даниел,

Даут,

со сите, овде ми е многу убаво ’’–вели Зоран Наумоски, дете со

пречки во развој. Тој секој ден доаѓа во дневниот центар и многу

е задоволен. За 20 годишниот Зоран центарот е втор дом, тука

научи да чита да пишува, да прави торти, да се грижи за

цвеќињата и т. н.

Дневниот центар во Прилеп е втор дом за многу деца, а

задоволните лица на родителите и среќните насмевки на децата

зборуваат доволно за неговата успешност во работата.

Магдалена Тројачанец- Дипломска работа 61