Broj 3 glasot na studentite

8
Број 3/ 24.3.2015 ГЛАСОТ НА СТУДЕНТИТЕ Прочитај и сподели! ПРВА СРЕДБА НА РАБОТНАТА ГРУПА ПРОШЕТКА НИЗ СТУДЕНТСКИТЕ ДОМОВИ ШТО ПОНАТАМУ?

description

 

Transcript of Broj 3 glasot na studentite

Page 1: Broj 3 glasot na studentite

Број 3/ 24.3.2015

ГЛАСОТ НА СТУДЕНТИТЕ

Прочитај и сподели!

ПРВА СРЕДБА НА РАБОТНАТА ГРУПА

ПРОШЕТКА НИЗ СТУДЕНТСКИТЕ ДОМОВИ

ШТО ПОНАТАМУ?

Page 2: Broj 3 glasot na studentite

На 16 март се одржа првата средба на работата група за првата фаза од изработката на новиот закон за високо образование. Групата е составена од претставници на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, меѓу кои претставници на Студентскиот пленум, Професорскиот пленум, претставници на ректоратот, сенатори, студентската правобранителка, како и претставници од Министерството за образование и наука. На оваа средба од конститутивен карактер, пред сè се договори методологијата за работата на групата и распоредот за идните средби.

Според договореното, Студентскиот пленум и Професорскиот пленум независно ќе изработат концепти за законот до 19 март. Од 19 март до 25 март работните групи на двата пленума задолжени за оваа фаза од изработката на законот, во меѓусебни консултации и средби ќе ги усогласат двата концепти со цел да се излезе со заеднички предлог концепт кој би одговарал на потребите на високото образование во Македонија. Овој предлог ќе биде испратен во Министерството за образование и наука, по што ќе се одржи втората средба на 31 март на која на дневен ред ќе бидат евентуалните забелешки кои претставниците на Министерството ќе ги приложат кон испратеното.

ПРВА СРЕДБА НА РАБОТНАТА ГРУПА

Page 3: Broj 3 glasot na studentite

Ставот на Студентскиот пленум е дека фундаменталните принципи на кои треба да почива новиот закон се:

1. Автономија на високото образование, каква што е гарантирана со Уставот на Република Македонија од 1991 и со Лисабонската декларација на слободните европски универзитети.

2. Финансирање ослободено од државна интервенција, со што парите од даночните обрзници ќе бидат дел од буџетот наменет за високото образование кој ќе биде распореден од независно тело, со цел финансиска автономија на унивезитетот.

3. Квалитетно образование кое нема да биде условено од ништо освен од прогресот на слободното општество, со акцент на развивање и негување на критичката мисла.

4. Партнерски а не клиентски однос кон студентите во високото образование, при што студентите сами ќе одлучуваат за сопствената репрезентативност, да се постави темел за рамноправен и фер однос меѓу студентите и професорите со цел пренесување, а не наметнување на ставови.

5. Достапност на високото образование, со што би се овозможиле еднакви услови во остварување на правото на високо образование.

6. Стремеж кон универзално знаење, каде универзитетот ќе поттикнува потрага по вистината и ќе се задолжи да им овозможи на студентите да вршат научно-истражувачка дејност со цел создавање на кадри кои ќе бидат способни да влијаат на општествените текови.

Page 4: Broj 3 glasot na studentite

Еден од приоритетите на Студентскиот Пленум по завршување на окупацијата беше подобрување на условите за живот во студентските домови. Некои институции каде што се обративме за овој проблем велат дека всушност нема потреба од реновирање на студенските домови, бидејќи нели – сè е во ред со нив. Ние решивме да направиме една тура и да прикажеме зошто во овие места заборавени од Господ, а камоли од владата, нема услови за квалитетен и продуктивен живот.

Продолжуваме низ ходниците. На прв поглед можеби изгледа како да се напуштени делови од зградата, но тоа всушност е само ходник кој води до собите...

Сè започнува со овие големи сиви фасади, кои дури и однадвор влеваат некое чувство дека се работи за затвор, а не дом на идните генерации во нашата земја.

ПРОШЕТКА НИЗ СТУДЕНТСКИТЕ ДОМОВИ

Page 5: Broj 3 glasot na studentite

А пак во собите внатре... насмеани лица, кафенце, цигарче, смеење, но само погледнете наоколу...скршен прозорец прекриен со хартија, мувла на ѕидот, железни кревети, искршени тоалети (оние кои се доволно среќни да имаат тоалет во собата), парното од памти век кога работи - кога не...

За крај: Во студентските домови животот е тежок. Таму е ладно, има по две вециња на еден спрат. Некои навистина имаат во собите, но неретко тие се испокршени, речиси уништени, а мајстор не може никаде да се најде и да ја поправи штетата. Истото е и кога ќе се расипе парното, светилката, греалката... Изолацијата е само гипс-картон, па пријатна миризба се шири насекаде. Собите се поплавуваат, па тече надолу, се прави мувла, се уништуваат душеците, а некои упорно ги боли уво.

Page 6: Broj 3 glasot na studentite

Храната што ќе остане се дава и наредните денови, ладна, без вкус, а дури и таму мора да се знаеш убаво со тетката за да добиеш нешто човечно. Често во порциите се наоѓа по некоја бубашваба, а во мензата по некој глушец. Фрижидери нема, храната се чува на прозорците од надвор, при што на студентите кои што живеат на понискиот спрат постојано им ја крадат.

Постарите велат дека еден од најубавите периоди од животот се студентските денови, бидејќи тогаш сме млади и немаме многу грижи. Проблемот е што студентските домови застанале таму, во тоа време. Да не се лажеме со оние приказни дека тие се реновирани бидејќи сите знаеме дека и оние реновирани бараки веќе се распаѓаат, а да не зборуваме за оние кои не се. Ние како студенти мораме да се дигнеме и да ги направиме овие згради студентски рај, нашите деца го заслужуваат тоа.

Page 7: Broj 3 glasot na studentite

Со сето она што се случи во изминатиот период, Студентскиот пленум допрва почнува да се гради. Ја поставивме основата, се создаде и собра критичната маса и се покажа дека свесноста на младите луѓе е повисока од што сите очекуваа. Се поттикнавме и мотивиравме пред сè самите себеси, а потоа и сите оние кои дојдоа на различен начин да ни искажат поддршка во нашата борба, но и сите оние кои се свесни за разни проблеми, а никогаш претходно не нашле начин да го искажат тоа.

Пленумот не застанува тука. Напротив, ова е почеток, поттикнување на понатамошната желба и работа за подобри услови во високото образование и поттикнување на амбициозноста кај младите луѓе за создавање на поквалитетен и попросперитетен кадар во иднина.

Автономните зони ќе продолжат да постојат во полн ек како патоказ за вистинските вредности кон кои треба да се стремиме. Алтернативните предавања ќе се задржат на сите факултети и ќе продолжиме да инсистираме на тоа луѓето да размислуваат пошироко од она што им го налагаат студиските програми, затоа што само тогаш ќе имаме вистински успех и напредок. Предавањата ги држат реномирани професори и опфаќаат теми од социолошка природа, политика, информатички технологии, архитектура, исхрана, слобода на изразување и медиуми, филозофија. Стремиме кон тоа тука да се акумулираат сите идеи и желби за подобро образование и иднина на младите и да се бориме за истите на ист начин како и до сега. Пред Студентскиот пленум е задачата да го обезбеди своето постоење како движење кое ќе опстојува со генерации, будно следејќи ги настаните во борбата за подобра иднина.

ШТО ПОНАТАМУ?

Page 8: Broj 3 glasot na studentite

Повеќе за нас на:

www.studentskiplenum.org

#ПоздравПленумци