И Izblici

32
ОУ “ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ - ШТИП Штип, 2006

Transcript of И Izblici

Page 1: &#1048 Izblici

ОУ “ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ - ШТИП

Штип, 2006

Page 2: &#1048 Izblici

4О ГОДИНИУСПЕШЕН РАСТЕЖ НА

О.У "ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ"ШТИП

( 1966 – 2006 )

Page 3: &#1048 Izblici

УредникМарија Ристова

СоработнициДонче СтојановВалентина ВеличковскаЛидија Камчева – ПановаВесна ЈовановаСлавица Пилатова

Техничка подготовкаЗоран МитевВладимир Костадинов

Page 4: &#1048 Izblici

И З Б Л И Ц И( Виножито од стихови )

Штип, 2006Почитувани читатели, драги млади автори

Човек живее онолку долго колку што живеат во него спомените од детсвото. Тоа е единствено време без граници, чудесен недосонуван сон, врутоци од љубов, копнежи и ѕвезди. Потребата од радост и љубов децата ја чувствуваат и ја откриваат. Знаат да сакаат и сите изблици кои извираат длабоко од нивната душа ги преточуваат во прекрасни песни и интересни раскази.

Page 5: &#1048 Izblici

Штотуку запловиле во тајните на пишаниот збор, веднаш се јавува нивната мисла водителка која ги претвора во мали поети.

Нивните творби со различни мотиви, поместени и во оваа стихозбирка, претставуваат виножито од стихови преточени во волшебен лак, венец од најубави бои, во секој од нас ги навраќа спомените од одамна поминатото детство.

Убавата поезија го сее своето семе во душата на детето со порака:

Идните возрасни никогаш да не заборават дека биле деца, зошто детсвото треба да го зачуваме во себе како незавршена игра и никогаш недосонуван сон.

Творбите на учениците, членови на литературната дружина во О.У "Гоце Делчев" и подрачно училиште во населба Три Чешми од Штип, поместени во оваа збирка, нека бидат инспирација повеќе за уште многу нови детски изблици.

Од Уредникот

МОЈАТА ПОРАКА ДО СВЕТОТ

Моите пораки се искрениИ до сите луѓе упатени – Раце да си подадеме

И срца наши да сплотиме

Page 6: &#1048 Izblici

Сонцето вечно да грее,Ливадите мирис да шират,Од секаде смев да се рони,Братски да се сплотиме,Одата на мирот да се слуша,Деца од целиот свет,Ајде дружно да запееме.

Арсовски Мартин, VII 4 одд.

ПРЕД СПОМЕНИКОТ НА ГОЦЕ

Пред споменикот на Гоцеставив грст цветови полски,во знак на почит и слава,што на сите Македонцихеројски пример им дава.

- Војводо, учителу наш,пред споменикот твој се заколнуваме:Се додека во нас македонско срце биеи тече благородна македонска крв,ќе ја чуваме Македонија наша, милауште многу векови и летаза да биде уште поубава,се во неа да цвета.

Миновски Роберт, VII 3 одд.СО ЉУБОВ ЗА ЈУНАЦИТЕ

Пред споменикотЗнамиња се веатИ јуначки песниСе пеат.

За Гоце, за ДамеЗа Питу и Јане,

Page 7: &#1048 Izblici

што целиот стројшто загина в бој.

Со цвеќе во ракаПред споменикот стојам,датумот го гледамгодините ги бројам.

Многу годиниимето нивно го славимеминатотода не го заборавиме.

Николовска Маја, IV 2 одд.

БОРЦИТЕ НИКОГАШ НЕ УМИРААТ

Многуте борци нашијунаци големи билена народот македонскив срце им се свиле.

За слобода се бореле смелотоа сакале да биде нивно дело

Page 8: &#1048 Izblici

за подобро утро на идни генерацииза целиот народ свој и животот мој.

Гинеле славно со пушка в раказатоа денес ги славимепред нивните бисти ветувамедека никогаш нема да ги заборавиме.

Тунев Даниел, V одд.

ТАТКОВИНО – МАКЕДОНИЈО

Ти си лулка на моето детсво,мајка си моја што ме одгледала,низ радост, среќа и љубовво секој чекор си ме следела.

Твоето срце – огниште свето,твојот насмев – ѓердан од ружи,ти, градино цветнанајубаво детство што ни пружи.

Татковино мила, татковино лична,ти што ми подари љубов твоја,знај, колку ѕвезди на небото има,толку е за тебе љубовта моја.

Шикоска Загица, VII 3 одд.ТАТКОВИНО, МОЈА МАКЕДОНИЈО

Татковино моја милати си златен сјај,во светот нигде таква немати си мојот роден крај.

Во срцето моети си најголем дар

Page 9: &#1048 Izblici

што секогаш ќе горисо најголем жар.

Македонија е наша Татковина!викам на сет гласбиди вечна и слободнати посакувам јас.

Мицова Александра, III 1 одд.

СЛОБОДАТА РОДЕНА СО КРВ

Во паркот сред росната тревабиста на голем јунак се кревасе бореше смело за добро дело.И целото село не беше веќе веселомајка за смртта на својот син слушаја заболе и ја стегна целата душа.Клетиот душман коси со куршуми ројбитка се бие голем е бојнародот долго немирно спиеплач и лелек сегде се вие.Се пролеа сегде јуначка крвсе бореа смело од планински врв.

Кировска Ивана, III 3 одд.

ТАТКОВИНА

Мојата Татковинаe убав шарен цвет,цветот да го бранимеОд непријателот клет.

Татковината нашатоа сме сите ние,

Page 10: &#1048 Izblici

а гордоста кон неаво нашите срца бие.

На убавините во Татковинататреба да се радуваме,да ја градиме, сакамеи да се почитуваме.

Мицева Викторија, IV 1 одд.

СЛОБОДА

Слободата е цвет со црвена бојаобоен од крвта на Родината моја.Дедовците наши, капка по капкаја лееле крвта на секоја стапка.

Во борби со душмани клетибранеле домови, огништа свети.со крената глава и поглед врелтрпеле ропство, но имале цел.

И дојде ден, огреа сонцегулабот бел полета в шир,цветот црвен блеска и сјаедонесе слобода, среќа и мир.

Величковски Дејан, VII 4 одд. ЈА ГРАДИМЕ ИДНИНАТА ГО ГРАДИМЕ СВЕТОТ

Свет градиме ниеко нежен убав цвет,

човек на човек да подава рака,секој секого да сака.

Иднината ја градиме сега,во секој нов час,

Page 11: &#1048 Izblici

сакаме сите среќни да бидатда пеат силно на цел глас.

Како во бајка да живеемесложни сите ко еден

мир и љубов да сеемеи весело да се смееме.

Ајде да ја градиме иднинатапоубава за сите,

да го градимр светоткако птиците летот.

Ристова Деспина, V 1 одд.

ИДНИНАТА НА СВЕТОТ

Каква иднина нè очекува нас?Се мислам и се прашувам јас!Сакам мир да царуваи насмевка секој да дарува.

Свет со почиста околинакако расцутена речна долина,

Page 12: &#1048 Izblici

свет без караници и лагасвет полн со возбуди, без тага.

Свет во кој оружјето ќе запре,а љубовта насекаде ќе владеесекој среќно ќе живееа сонцето вечно ќе грее.

Манев Филип, VI одд.нас. Три Чешми

ИДНИНА

Светот во иднинаго замислувам вака:никој во живототда нема мака.Секој, секого да сака,а во најтешкотода си пружат рака .

Page 13: &#1048 Izblici

Парковите, дворовитеда бидат чисти,езерата и рекитеубави и бистри.

Да нема војни, грабежи, борбида има само римувани творби.Љубовта насекаде да царуваи само насмевки да подарува.

Димитрова Наташа, VII 4 одд.

ФУДБАЛЕР

Имам желба големафудбалер да станам,голови да давампобеди да славам.

Сè од себе давамповеќе ќе јадам,

Page 14: &#1048 Izblici

да здобијам силаза желбата мила.

Стојанов Никола, I 2 одд.

ВЕСЕЛИ ЗБОРОВИ

Ајде да се смеемезаедно да играме и пеемесите да се сакамеи никогаш да не плакаме.

Дојдете децацрни и белисмеа во наснека се весели.

Дојдете ситезаедно да другарувамесо нашите детски игрида лудуваме.

Минова Ања, V 3 одд.

МОЈОТ НОВ ПРИЈАТЕЛ – КОМПЈУТЕРОТ

Кога копче ќе претиснешоперација ќе извршишпрозорец ќе отворишзнаење ќе добиеш.

Иконки безбројизненадувања ко рој,

Page 15: &#1048 Izblici

Интернет те поврзуваживотот ти го разубавува.

Разгледај!Активирај!Меморирај!Јак процесор има.

Уште што да додадемесето ова треба да го завршеме.

Таа нова машинасекој сака да ја имадругар нов неразделенсекој го прима.

Стојчева Надица, VIII одд.нас. Три Чешми

НИЕ ДЕЦАТА

Ќе може ли во секоја играприказна или сказанавеќе да не постоилошотија и казна?

Секое дете има правона слобода и мир

Page 16: &#1048 Izblici

низ целиот свет в шир.

Ние децата имаме правода се радуваме искрено, чисто,да имаме многу среќа – љубов и петки полна вреќа.

Печорова Мартина, V 1 одд.

ГРАДУ МОЈ

Граду мој убав,родна грутко моја,денес сме слободниво земјата своја.

За слобода се бореастар и млад,за слободен да бидемојот убав град.

Денес живеемево слобода чесна,животот ни поминувасо игра и песна.

Тулиева Анастазија III 3 одд.

МОЈАТА ТАТКОВИНА

Мојата татковина Македонија се викаубава е како цвет, како поток што блика.

Татковино, земјо наша, ти ми даваш сила,земјо родна македонска, многу си ми мила.

Каде и да одам, каде и да шетам,

Page 17: &#1048 Izblici

за најубава земја тебе ќе те сметам.

Кереметчиска Дијана, IV 3 одд.

МОЈОТ ГРАД

Мојот град е сонце златношто топли зраци лее,во мојот крај веселосекое дете се смее.

Во мојот град секојслободно шета,а во небесната ширслободно птица лета.

Во мојот град имарадост, среќа, смеа.Го сакам најмногу на светзатоа живеам во него.

Мустафова Шерен, VII 3 одд.

8 ми – НОЕМВРИ

Долги години градот нашго газеа душмани клети- "Но, тој нема да биде никогаш ваш"народот наш вети.

Долго време бевме поробенимногу татковци беа заробени.

Page 18: &#1048 Izblici

Многу чеда беа убиенимногу мајки во црно завиени.

Но, народот не се предаваше,до смрт за слобода се борешеи чекаше да дојде тој денградот да биде ослободен.

И дојде и тој ден 8 ми Ноемвриден што го славиме,ден што што не треба никогашда го заборавиме.

Горгиева Антонета, IV 3 одд.ПРОЛЕТ

Деновите минуваасо нив и снегот пројде,а сега еве пролеттаповторно ни дојде.

Сега во училиште за пролеттаќе пишуваме и пееме,а потоа во играсите ќе се смееме.

Јованов Ненад, II одднас. Три Чешми

ЕСЕН

Дојде милата есен,и надвор почна да студи,лисјата жално паѓаатветерот низ далечините ги губи.

Птиците отидоа на југ,останаа празни птичјите гнезда,

Page 19: &#1048 Izblici

берачите во лозјата го бератгрозјето со весела песна.

Сè почесто дожд врнеоџаците почнаа да чадатесента донесе зрели плодови,сите со нив се сладат.

Фетије Рама, VII 4 одд.

ЕСЕН

Дождец везден роси,ветре нежно ги милува нашите коси.

Од дрвјата лисјата златни лесно се ронат,а децата разиграно ги гонат.

Есента сега царува,со плодови сочни нè дарува.

Птиците преселници со нас се поздравуваати во топли краеви заминуваат.

Тунев Бобан, II одд.нас. Три Чешми

МОЈАТА НАСТАВНИЧКА

Мојата наставничкапоубава е од сликаод радост и убавинатаа секогаш блика.

Наставничката нè учибројки и сказни

Page 20: &#1048 Izblici

секој час ни нудизнаења разни.

Николова Драгана, II 3 одд.

ДЕНОТ НА МАМА

Од боички етејас направив цвеќего направив самаза денот на мама.

Бакнежи безбројод мене ти праќамсреќен празник мамоод срце ти сакам.

Ивановска Марина, I 3 одд.

МОЈАТА МАЈКА

Очите на мамасе како на срнанејзината насмевкае ѓердан од бисерни зрна.

Нејзините чекорисе како снегулки лесни

Page 21: &#1048 Izblici

од нејзините уснизборовите звучат како песни.

За празникот ќе и подарамбакнеж и нежен цветсилно ќе ја гушнам и ќе и кажамдека ја сакам најмногу на свет.

Крстева Христина, III 1одд.

МОЈАТА МАЈКА

Мајка ми е цвет што цветакако птица сегде лета,како ѕвезда в сон ми сјаетриста бајки таа знае.

Ме заспива нежно, милнои ме сака силно, силно.

Мајка ми, за мене, што е ?- Таа е сонце во срцето мое!

Хоџа Ида, IV 2 одд.

СРЕЌЕН ПРАЗНИК

Мајко мила, мајко драгаго славиме денес празникот твој.

Го славиме денес 8 ми Мартпразникот на твојот насмев благ.

Те сакам мајко најмногу на свет

Page 22: &#1048 Izblici

затоа прими го мајко овој убав цвет.

Ефтимова Тамара, II 3 одд.

ШТО Е ЉУБОВ?

Љубов е сонцетошто сите не грее,љубов е птицаташто на гранка пее.

Љубов е зборшто секој го знае,љубов е чувствотошто вечно ќе трае.

Пеева Ронета, VIII 3 одд.

ЉУБОВТА ВО НАШИТЕ СРЦА

Љубовта во нашите срцатајно и безшумно доаѓа,а кога ќе дојдетешко проаѓа.

Љубовта во нашите срцатежи многу тони,

Page 23: &#1048 Izblici

а сепак е леснакако највкусни бомбони.

Љубовта во нашите срцатешко се објаснува,а со неа секој од насбрзо, неосетно пораснува.

Ѓорѓиева Сандра, VI 3одд.ВЕЛИГДЕН

Се ближи денот големстаро и младо го очекуваат,а дечињата наши малинајмногу му се радуваат.

Четврток е ден за радостза нашите мајки и бабикои наутро рано стануваатцрвени јајца да вапцуваат.

Недела, ден кога се славиза нашите дечиња малисо кошнички по куќите патуваат,црвени јајца да ги даруваат.

Ташева Симона, VII одд.нас. Три Чешми

ПЕСНА ЗА КНИГАТА

Книгата најголем другар наш,многу лесно може да стане и ваш.

Со книгата ние често се дружиме,насекаде со неа се служиме.

Од книгата ние петки редиме,

Page 24: &#1048 Izblici

со неа треба често да седиме.

Книгата дава знаења трајни,таа ни разоткрива многу тајни.

Во книгата се кријат имиња сјајни,на борците, научниците незнајни и знајни.

Без книга, без учење, без труд и мака,нема успеси да постигнуваме,затоа книгата треба да се сакаи грижно да ја чуваме.

Милева Антонија, VIII 1одд.

КНИГА

Како наш најголем даркнигата царува во домовите, училиштатакако да е цар.

Најголемо е богатствосо поуки зрели,каде и да стаса

Page 25: &#1048 Izblici

знаења таа дели.

Ташева Марија, II одд.нас. Три Чешми

КНИГАТА – ИЗВОР НА ЗНАЕЊА

Ум нема, ум даваи знаење во секоја глава.Не шета насекаде без границии не води до знаењепреку нејзините страници.

Со неа нови нешта сознавамеи во неа се препознаваме.Прекрасно е со неа да се дружи,книгата кон иднинатана нас рака ни пружи.

Славева Адријана, VIII 4 одд.

КАЖИ НЕ НА ЗАВИСНОСТИТЕ

Светлината на сонцето е прекрасна.Темната занданаво која го ставаш срцетое претесна, уништувачка.

Песната на птицата е прекрасна,

Page 26: &#1048 Izblici

но не можеш да ја слушнеш.Во твоите уши допирагласот на уништувањето – дрогата, алкохолот.

Зарем не сакаш да го отвориш срцетои да ги видиш убавините на светот?Кажи НЕ на зависноститеи ќе биде така.

Костова Кристина, VII 2 одд.

Page 27: &#1048 Izblici