10 finalisti 2015 odtebezavisi

21
10 ФИНАЛИСТИ 2015

description

Брошура со детален опис на 10те финалисти од првото издание на климатскиот предизвик ОдТебеЗависи

Transcript of 10 finalisti 2015 odtebezavisi

Page 1: 10 finalisti 2015 odtebezavisi

10 ФИНАЛИСТИ2015

Page 2: 10 finalisti 2015 odtebezavisi

Е Н Е Р Г И Ј А

2 0 1 5

ТИ

М 1

Page 3: 10 finalisti 2015 odtebezavisi

ПАМЕТНИ ВЛОШКИ

Динамичен тим од четири македонски студенти неодамна дојдоа до еден од оние извонредни пронајдоци за кои се чудиме и се прашуваме како истата идеја не му текнала на некого претходно.Тие предложија уред кој штедиенергија и кој го користи секојдневното пешачење и трчање за создавање енергија која се користи за полнење на уреди како мобилни телефони и таблет компјутери.

Доколку оваа идеја се прифати може да доведе до големи промени во начинот на кој ги користиме овие производи и до значително намалување на конвенционалните начини на производство на енергија. Користењето на обновлива енергија го намалува количеството на CO 2 во атмосферата, што помага да се намалат климатските промени.

Мерливост:

ЛЕСНО

Еколошка ефективност „Размислувајте поинаку за ЕНЕРГИЈАТА“- е мотото кое ја води оваа идеја. Овој прототип го користи енергетскиот потенцијал на предметите кои секојдневно ги користиме и го намалува нашиот јаглеродниот отпечаток преку намалување на потрошувачка на енергија. Намалување од 5000 tCO2.

Економска ефективност

Дополнителни придобивкиОва решение со ниски трошоци може да им биде од голема корист на бегалците кои ќе можат да ги полнат мобилните уреди кога се на места без пристап до електрична енергија.

Изводливост:ЛЕСНО

КОНТАКТ:smartsole.co

2

Доколку просечен човек кој тежи околу 60-65 килограми, постојано пешачи со часови, тој/таа ќе може целосно да наполни батерија од 3.8-5V.

Page 4: 10 finalisti 2015 odtebezavisi

Е Н Е Р Г И Ј А

2 0 1 5

ТИ

М2

Page 5: 10 finalisti 2015 odtebezavisi

ЕКО-ТАКСИ

Идејата на Тимот 2, за „Еко-Такси“ предлага менување на сегашните такси возила во такси возила на електричен погон со ниска потрошувачка на горива кои нема да и штетат на животната средина, нема да емитуваат издувни или стакленички гасови и нема да предизвикуваат бучава. Првичните тестови покажуваат дека „Еколошките такси возила“ можат да патуваат и 100 километри со трошок од само 25 денари (0,4 УСД). Луѓето ќе можат да ги остават своите автомобили дома и да го повикаат еколошкото такси за да стигнат до својата дестинација на многу поекономичен начин кој не ѝ штети на животната средина.

Не само што ќе заштедат време и нема да мора да бараат место за паркинг, туку исто така ќе заштедат и на гориво, паркинг и трошоци за одржување.

Мерливост:

ЛЕСНО

Еколошка ефективност Преку намалување на издувните гасови и емисиите на CO2, еко-такси возила значително ќе придонесат за јакнење на урбаната отпорност. Доколку просечно километри кој ги вози едно такси возило е100 000 годишно, замената на секое возило кое работи на бензин со еко-такси ќе ги намали CO2 емисиите за 16t.

Економска ефективностНиските трошоци за гориво и за одржување значат дека пет вакви возила за еколошко такси можат да возат за истиот трошок како едно стандардно такси возило кое работи на гориво.

Дополнителни придобивкиЗамената на такси возилата кои работат на бензин со пренаменети електрични возила со низок трошок го намалува загадувањето на воздухот и бучавата.

Изводливост:СРЕДНО

Kонтакт:

4

[email protected]@yahoo.com

Page 6: 10 finalisti 2015 odtebezavisi

С И С Т Е М И З А Л А Д Е Њ Е И Г Р Е Е Њ Е

2 0 1 5

ТИ

М3

Page 7: 10 finalisti 2015 odtebezavisi

РОТИРАЧКИ ВОЗДУШЕН СОНЧЕВ КОЛЕКТОР

Тимот 3 пронајде нов тип на воздушен сончев колектор со ротирачки ќелии кои не само што можат да ги намалат трошоците за енергија, туку исто можат и да создаваат приходи. Се прават од евтини и лесни материјали со ефективни топлински карактеристики, и овие колектори претходно ја загреваат просторијата/ја вадат влагата во текот на денот и служат како билборди во текот на ноќта. Тие се идеални за спортски објекти, цркви, музеи и уметнички галерии на кои им треба сув воздух за да спречат оштетување од влага. Исто така можат да се користат за фабрики и станбени објекти, како и за земјоделски компании кои сушат зеленчук и овошје. Колекторите можат да се постават на јужната страна на фасадите на зградите за да доставуваат загреан воздух во постојните системи за греење и да ги намалат трошоците за производство.

Мерливост:

ЛЕСНО

Еколошка ефективност Првичната анализа во Штип покажува дека сончевите колектори можат да ги намалат емисиите на CO2 за 20% во деловниот сектор, за 30% во земјоделската индустрија, и за 35% кај спортските објекти.

Економска ефективностЦената на нов иновативен воздушен сончев колектор е 135 евра, а тој тежи 27 кг. Ова е прилично поволно во споредба со цената на конвенционалниот сончев колектор, кој чини 1290 евра и тежи 39 кг.

Дополнителни придобивки

Изводливост:СРЕДНО

Контакт:

6

Како изгледа?

Поставувањето на нови и економски поприфатливи воздушни сончеви колектори ќе помогне да се отстранат влагата и мувлата, и ќе има значителни здравствени придобивки. Локалното производство на овие иновативни колектори ќе создаде нови и зелени работни места, со што ќе се подобри локалната економија и ќе се намали енергетската сиромаштија.

[email protected]

Page 8: 10 finalisti 2015 odtebezavisi

С И С Т Е М И З А Л А Д Е Њ Е И Г Р Е Е Њ Е

2 0 1 5

ТИ

М4

Page 9: 10 finalisti 2015 odtebezavisi

„Сонцето е кул!“ СОНЧЕВО ЛАДЕЊЕ

Замислете си сонцето не само да ја загрева Земјата, туку истовремено и да ја лади. Замислете си згради без клима уреди кои се наредени на нивните фасади. Замислете си 100% чиста обновлива енергија која им е достапна секаде, на сите. Е па, фантазијата се претвора во реалност со овој нов модул за соларно ладење, без подвижни делови или потреба од електрична енергија.

Врз основа на патентирана и високо наградувана иновација за сончеви колектори, во комбинација со локално набавени материјали, овој уред за сончево ладење е достапен за секое домаќинство, компанија и индустриски објект.

Ова решение одговара и на побарувачката и достапноста на енергијата бидејќи периодот кога најмногу ни треба ладење - во лето - исто така е периодот и кога сончевото зрачење и енергија се најинтензивни.

Мерливост:

ЛЕСНО

Еколошка ефективност 100% чиста обновлива енергија која им е достапна секаде, на сите. Замената на обичен мал клима уред со овој уред за сончево ладење ќе ги намали емисиите на CO2 за 500 кг.

Економска ефективностОва е економски достапно и лесно решение за ладење на домаќинства, компании и индустриски објекти, и помага да се намалат сметките за енергија и да се заштедат пари. Особено ефективно може да се користи за намалување на температурата на транспорт до температурата на ладилниците за ладење на овошје.

Дополнителни придобивкиШироката примена на овој уред за сончево ладење може да придонесе за значително зголемување на урбаната отпорност со обезбедување на оптимална амбиентална температура, а истовремено подобрување на квалитетот на воздухот и намалување на потрошувачка на енергија, како и подобрување на естетиката на урбаната архитектура.

Изводливост:СРЕДНО

Контакт:

8

[email protected]

Page 10: 10 finalisti 2015 odtebezavisi

И К Т С И С Т Е М И

2 0 1 5

ТИ

М6

Page 11: 10 finalisti 2015 odtebezavisi

i-Прекинувач

Луѓето честопати забораваат да ги изгаснат светлата во просториите кога ги напуштаат. Исто така носат и погрешни одлуки во однос на употребата на уредите за греење и ладење и не ги следат временските прогнози за следните денови.

i-прекинувачот е интелигентен систем кој лесно се поставува и може да обезбеди животна средина со висок квалитет, а со низок трошок. Малите промени во постојната инфраструктура можат да овозможат интелигентна контрола на сметката за електрична енергија без вклучување на корисникот (паметна технологија за помош). Она што ја прави оваа идеја различна од другите слични решенија е фактот што користи гео-локација на корисникот во внатрешната средина. Уредот може да ја утврди позицијата на корисникот и да создаде програми за заштеда на енергија.

Мерливост:

ЛЕСНО

Еколошка ефективност Ја намалува потрошувачката на енергија и ги намалува стакленичките гасови.

Економска ефективностТрошокот на еден i-Прекинувач (како прототип) е само 16 УСД. Со употребата на i-Прекинувач во компанија со 100 вработени значително може да се намали потрошувачката на енергија во текот на паузите за ручек дури и до 40%, што значи заштеда од најмалку 300 евра годишно.

Дополнителни придобивки

Изводливост:ЛЕСНО

Контакт:

10

i-Прекинувачите ќе доведат до побезбедна работна средина. Исто така може да обезбедат помош за лицата со физички и ментални попречености. Сите собрани податоци може да се искористат за да се носат подобри одлуки засновани на информации како и за научни истражувања.

[email protected]

Page 12: 10 finalisti 2015 odtebezavisi

И К Т С И С Т Е М И

2 0 1 5

ТИ

М7

Page 13: 10 finalisti 2015 odtebezavisi

ПАМЕТНА АПЛИКАЦИЈА ЗА СПОДЕЛУВАЊЕ АВТОМОБИЛИ

Мерливост:

СРЕДНО

Еколошка ефективност Доколку само 1% од возилата регистрирани во Скопје (117 082) учествуваат во оваа мерка, тоа ќе значи намалување на годишните емисии на CO2 за 1,3 кт. Ова количество е еквивалент на сите емисии на CO2 кои произлегуваат од енергијата која ја трошат објектите на сите културни институции во Градот Скопје.

Економска ефективностРешението е навремено, евтино и безбедно.

Дополнителни придобивкиНамаленото загадување на воздухот е уште една придобивка од оваа алатка кое може директно или индиректно да се следи преку апликацијата.

Изводливост:ЛЕСНО

Контакт:

12

Овој тим пронајде решение за споделување автомобили со кое може да се намали бројот на автомобили на улиците преку зголемување на бројот на патници во автомобилот. Врз основа на картите на градот и други апликации како што се Viber, Skype или WhatsApp, корисниците можат да ги видат рутите на лицата кои нудат транспорт кој одговара на нивните потреби, да им се придружат при патувањето и со тоа да ги намалат своите месечни транспортни трошоци, особено за редовни патувања. Апликацијата ќе ги пресметува намалувањата на емисиите на стакленички гасови на годишно ниво.Оваа идеја е вклучена меѓу мерките кои ќе ги преземе градот во рамките на иницијативата на Повелбата на градоначалниците. Ова решение кое лесно се користи, зема предвид многу други аспекти на транспортот, како што се безбедноста и сигурноста.

[email protected]

Page 14: 10 finalisti 2015 odtebezavisi

Е К О - К А М П А Њ А

2 0 1 5

ТИ

М8

Page 15: 10 finalisti 2015 odtebezavisi

Вирални видеа

Овој тим осмисли проект за подигање на свеста за климатските промени преку создавање на вирални видеа и хумористични скечови (во кои ќе учествуваат и познати личности).

Виралното видео ќе ги промовира алтернативните начин на транспорт, како што се велосипедите со цел да ги поттикне најголем дел од луѓето да ги прифатат алтернативните начини на транспорт и со тоа значително да го намалат загадувањето. Такви се: Селфи - манијаци: „Мадона“ (односно некој познат) ве запира за да направи селфи, Семафорна герила: „Мадона“ ви го чисти ветробранското стакло и

Неочекуван гостин - „Мадона“ Ви го осветлува домот со енергетски ефикасни светилки.

Мерливост:

СРЕДНО

Еколошка ефективност Има за цел да ги намали емисиите на CO2 за 1014 тони.

Економска ефективностНов иновативен начин да се поттикне промена во однесувањето, а трошоците се значително помали од традиционалните ПР кампањи.

Дополнителни придобивкиГо подобрува квалитетот на животот.

Изводливост:ЛЕСНО

Контакт:

14

[email protected]

Page 16: 10 finalisti 2015 odtebezavisi

Е К О - К А М П А Њ А

2 0 1 5

ТИ

М9

Page 17: 10 finalisti 2015 odtebezavisi

КЛИМАТСКО КАФУЛЕ

Климатското кафуле е едноставна, но ефективна идеја за создавање на простор каде луѓето/соседите ќе можат да се соберат да ги слушнат и да ги споделат своите искуства со јавноста во врска со активностите кои тие ги презеле за да ги намалат климатските промени.

Овие говорници се предводници во своите заедници/маала, но исто и обични луѓе кои направиле промена во своето однесување и на тој начин придонеле за ублажувањето на климатските промени. Инспиративна приказна може да направи луѓето да се подразмислат и да се променат - и ова би било инспиративна, лична приказна. Покрај тоа, ова

би било локална и вистинска приказна. Исто така ќе има многу повеќе влијание и ќе ги поттикне другите луѓе да пробаат нешто поразлично.

Мерливост:

СРЕДНО

Еколошка ефективност Користи различни видови на локални ресурси на начин на кој се помага на локалната економија, а истовремено се штити животната средина.

Економска ефективностПоттикнува промени во однесувањето со низок трошок.

Дополнителни придобивкиГо подобрува квалитетот на животот.

Изводливост:СРЕДНО

Контакт:

16

[email protected]

Page 18: 10 finalisti 2015 odtebezavisi

Р Е - У П О Т Р Е Б А И К О Н В Е Р З И Ј А Н А Р Е С У Р С И

2 0 1 5

ТИ

М5

Page 19: 10 finalisti 2015 odtebezavisi

e-ТОАЛЕТ

Најновите истражувања покажуваат дека 65% од водата која ја користиме во нашите домови се троши во бањите.

Оваа иновација покажува како оваа вода може повторно да се користи со употреба на економски достапно решение со атрактивен дизајн: сад кој лесно се поставува во бањите во домовите, канцелариите, хотелите и на други места, и ја собира водата која се користи за лична хигиена од мијалникот и од кадата.

Водата поминува низ филтри во садот и потоа се користи како вода за тоалетот.

Мерливост:

ЛЕСНО

Еколошка ефективност Луѓето мора подобро да се запознаат со недостигот на вода за пиење и за тоа колку е важно да се штеди водата, и ова е наша општествена одговорност за идните генерации.

Економска ефективностМала инвестиција од 100 евра, ќе овозможи да се заштедат 20% вода годишно.

Дополнителни придобивкиОтворање на пазарот за создавање на зелени работни места.

Изводливост:СРЕДНО

Контакт:

18

[email protected]

Page 20: 10 finalisti 2015 odtebezavisi

Р Е - У П О Т Р Е Б А И К О Н В Е Р З И Ј А Н А Р Е С У Р С И

2 0 1 5

ТИ

М1

0

Page 21: 10 finalisti 2015 odtebezavisi

50 нијанси на зелено

Главната идеја на проектот е да се избере една видлива зграда во Скопје и да ја претвори од сива во зелена и да се даде пример кој ќе го следат останатите.

Предложената зграда е Градската болница во Скопје, лоцирана во самиот центар, најзагадениот дел од главниот град. Реновирањето на оваа сива стара зграда со зелени покриви и фасади секако ќе има големо социјално влијание и може да инспирира слични активности во други загадени делови од земјата.

Решението е евтино, лесно се спроведува, се одржува самото и има подолг животен век од конвенционалните кровови.

Мерливост:

ЛЕСНО

Еколошка ефективност Зелените кровови и фасади се долгорочно решение со повеќекратни и придружни придобивки, бидејќи делуваат како апсорбенти на јаглерод.

Економска ефективностПомала потрошувачка на енергија за греење и ладење (45kWh/m2).

Дополнителни придобивки Зелените кровови и фасади ќе ги имаат следните придружни придобивки: намалување на загадувањето на воздухот, ќе ја подобрат микроклимата, ефикасно управување со атмосферските води, зголемување на звучната изолација, значително социјално влијание -подобрување на квалитетот на животот на луѓето, ќе создаде нови природни живеалишта за животни и птици и ќе понуди различен избор на дизајни за создавање убавина во урбаните подрачја.

Изводливост:ЛЕСНО

Контакт:

20

[email protected]

[email protected]