Планетата Земја и услови за живот - А.Е..pptx

14

Click here to load reader

description

Земјата и други планети во сончевиот систем се формирале пред 4,6 милијарди години од соларна маглина, маса од прашина и гас во облик на диск кои заостанале по формирањето на Сонцето. На почетокот, Земјата била растопена маса, потоа е формирана надворешна обвивка на планетата Земја - Земјина кора при ладење. Истовремено со формирањето на кората, почнало да се акумулира вода во атмосферата. Се верува дека високо енергетска хемиска реакција создала самоудвојување на молекулите пред околу 4 милијарди години, а пола милијарда години потоа, настанале првите облици на живот на земјата. Според теоријата на еволуција, Земјата е стара околу 4,5 милијарди години, а според Библијата околу 6.000 години.

Transcript of Планетата Земја и услови за живот - А.Е..pptx

Page 1: Планетата Земја и услови за живот - А.Е..pptx

СОЗДАВАЊЕ И СТАРОСТ НА ПЛАНЕТАТА

Page 2: Планетата Земја и услови за живот - А.Е..pptx

Земјата и други планети во сончевиот систем се формирале пред 4,6 милијарди години од соларна маглина, маса од прашина и гас во облик на диск кои заостанале по формирањето на Сонцето. На почетокот, Земјата била растопена маса, потоа е формирана надворешна обвивка на планетата Земја - Земјина кора при ладење. Истовремено со формирањето на кората, почнало да се акумулира вода во атмосферата. Се верува дека високо енергетска хемиска реакција создала самоудвојување на молекулите пред околу 4 милијарди години, а пола милијарда години потоа, настанале првите облици на живот на земјата. Според теоријата на еволуција, Земјата е стара околу 4,5 милијарди години, а според Библијата околу 6.000 години.

Page 3: Планетата Земја и услови за живот - А.Е..pptx

СТАРОСТ И УСЛОВИ ЗА ЖИВОТДенес е откриено дека првиот облик на живот бил присутен на Земјата пред 3,8 милијарди години. За создавањето на живот на Земјата постојат многу теории:- теорија на КРЕАЦИОНИЗМОТ - оваа теорија ја застапуваат сите религии, според неа животот бил создаден од натприродно суштество;- теорија на ПАНСПЕРМИЈА - според оваа теорија животот на Земјата дошол од свемирот т.е. од кометите кои во минатото често ја погаѓале Земјата;- теорија на СПОНТАНА ГЕНЕРАЦИЈА - оваа теорија била популарна до крајот на 19 век. Се сметало дека живите организми можеле да се создадат од нежива материја;

Page 4: Планетата Земја и услови за живот - А.Е..pptx

- теорија на ЕВОЛУЦИЈА - денеска ова е научно прифатена теорија. Според оваа теорија Земјата се случиле сложени хемиски процеси. Со напредување на хемиската еволуција се создал сложен хемиски спој кој „оживеал‘‘ по што започнала биолошката еволуција.

ХЕМИСКАТА ЕВОЛУЦИЈА го опфаќа ладењето на Земјата, формирањето на нејзината кора и водените басени.

БИОЛОШКАТА ЕВОЛУЦИЈА започнала пред околу 4 милијарди години.

Page 5: Планетата Земја и услови за живот - А.Е..pptx

- КОАЦЕРВАТНАТА ТЕОРИЈА - коацерватните капки биле организиран и саморепродуктивен систем, кој бил способен да се самоодржува, разменува материи со надворешната средина, да расте и да се размножува. Првите примитивни живи суштества се хранеле хетеротрофно, а како извор на енергија им служела храната од надворешната средина. Благодарејќи на CO2 кој се ослободувал при дишењето, H2O и створениот хлорофил, започнал процес на фотосин теза, а со тоа се создале услови за автотрофен начин на исхрана.А. Опарин во 1920г. добил коацервати и сметал дека тие се преодни состави помеѓу неживата органска материја и живата материја.

Коацерватни капки се групи на полимерни молекули кои што се држат заедно во мали капки, можат да се создадат од различни макромолекули како што се: протеини, јагленохидрати или нуклеински киселини.

Page 6: Планетата Земја и услови за живот - А.Е..pptx

ГОДИНИ КАРАКТЕРИСТИКИпред 3.800

милиони годСе развиваат едноклеточни организми со

способност за фотосинтезапред 550 милиони

год. Појава на цврста школкапред 500 милиони

год. Појава на безвилични примитивни рибипред 440 милиони

год. Растенијата и животните преоѓаат на копно

пред 395 милиони год.

Членконогите се хранат со остатоци од растенија и други членконоги

пред 360 милиони год.

Се појавуваат првите четвороножни животни водоземци

Ichthyostegaпред 210 милиони

год. Почнуваат да се развиваат диносаурусите

пред 65 милони год.

По изумирањето на диносаурусите на Земјата преовладуваат цицачите

пред 100.000 год. Се појавува Homo sapiens

Page 7: Планетата Земја и услови за живот - А.Е..pptx

Пред 3.800 милиони год. со ладење на Земјата се создале првите океани во кои се развиле мали едноклеточни организми. Во водената средина дошло до трансформација на неживата материја и се формирале првите живи системи. Научниците сметаат дека целокупниот живот на планетата е создаден од „мега организм‘‘ кој ги исполнувал океаните во минатото. Овој организам е наречен LUCA и може да се пронајде во сите облици на живот: растенија, животни и печурки.

ПРВИТЕ ЖИВОТНИ на Земјата биле анаеробни бидејќи тогаш во атмосферата немало кислород. Тие биле едноклеточни еукариотски протисти.

Фосил на Dalmanites limulurus од периодот силур

Парамециум

Page 8: Планетата Земја и услови за живот - А.Е..pptx

ПРВИТЕ РАСТЕНИЈА се повеќеклеточни организми кои до крајот на периодот силур живееле во вода. Се смета дека воста потекло од зелените алги. Настарото познато растение е Cooksonia, ова растение развило круто стебло кое спроведувало вода преку коренот и можело да расте на копно.

Cooksonia Зелена алга

Page 9: Планетата Земја и услови за живот - А.Е..pptx

ПРВИТЕ ЛУЃЕ - за наш најстар предок може да се смета човеколикото суштество - Australopithecus afarensis кое се појавило пред околу 4 милиони год. во Африка. Најстариот прав човек Homo habilis и веројатно користел орудие пред 2,5 милони год. Homo sapiens - денешниот човек се појавил пред околу 100.000 години.

Page 10: Планетата Земја и услови за живот - А.Е..pptx
Page 11: Планетата Земја и услови за живот - А.Е..pptx
Page 12: Планетата Земја и услови за живот - А.Е..pptx

УСЛОВИ ЗА ЖИВОТАТМОСФЕРАТА ја штити Земјата:- од помали метеори кои согоруваат во неа;- од преголемо загревање преку денот и преголемо ладење во текот на ноќта;- го овозможува одвивањето на водениот циклус во природата, а со тоа и појавата на копнените води и постоење на жив органски свет.Во врска со промените кои настануваат со порастот на височината, атмосферата се дели на пет слоеви или потсфери: - тропосфера, - стратосфера, - мезосфера, - јоносфера и - егзосфера.

Земјина атмосфера

Page 13: Планетата Земја и услови за живот - А.Е..pptx

БИОСФЕРАТА претставува дел од Земјината обвивка во која егзистира и многу активно дејствува живиот свет. Со други зборови речено, биосферата ја сочинуваат сите екосистеми. Динамиката и структурата на биосферата ја прават неа основен трансформатор на енергијата и материјата на Земјата. Се претпоставува дека биосферата на земјата започнала пред околу 3,5 милијарди години. Животните заедници - биоми настанале низ целата површина на земјата, се претпоставува дека таа е дом за повеќе од 10 милиони видови организми и бесконечна низа взаемни односи.

Биосфера на Земјата

Page 14: Планетата Земја и услови за живот - А.Е..pptx

ХИДРОСФЕРАТА е непрекинатата водена обвивка на Земјата. Таа ги опфаќа сите води во океаните, морињата,езерата, реките, мочуриштата,водата што се задржува како постојан снег и мраз, водатаво атмосферата и во ЗемјинатаЗемјината кора. Земјата еединствената планета на чија површина има вода во течна агрегатна состојба.

ЛИТОСФЕРАТА ја претставува горната тврда карпеста обвивка на Земјата на длабочина од 10 метри до 120 километри.

Тектонски плочи на Земјината литосфера