БРАНКА ПАВЛОВИЌ BrankaPavlovic_Kapital 16.12... Капитал број 94 16.12.2016...

7

Transcript of БРАНКА ПАВЛОВИЌ BrankaPavlovic_Kapital 16.12... Капитал број 94 16.12.2016...

Page 1: БРАНКА ПАВЛОВИЌ BrankaPavlovic_Kapital 16.12... Капитал број 94 16.12.2016 17 Претседател на Управниот одбор е госпоѓата
Page 2: БРАНКА ПАВЛОВИЌ BrankaPavlovic_Kapital 16.12... Капитал број 94 16.12.2016 17 Претседател на Управниот одбор е госпоѓата

Капитал број 894 16.12.2016

16www.kapital.mk

ИНТЕРВЈУ

ЛОЈАЛНОСТА НА НАШИТЕ КЛИЕНТИ Е НАША НАГРАДА

БРАНКА ПАВЛОВИЌПРЕТСЕДАТЕЛ НА УПРАВЕН ОДБОР НА ОХРИДСКА БАНКА СОСИЕТЕ ЖЕНЕРАЛ

Охридска банка Сосиете Женерал секоја година бележи раст на финансиските резултати, постојано развивајќи иновативни банкарски

решенија, обезбедувајќи на тој начин разновидност од основни и напредни финансиски услуги за своите клиенти.

Page 3: БРАНКА ПАВЛОВИЌ BrankaPavlovic_Kapital 16.12... Капитал број 94 16.12.2016 17 Претседател на Управниот одбор е госпоѓата

www.kapital.mkwww.kapital.mk Капитал број 894 16.12.2016

17

Претседател на Управниот одбор е госпоѓата Бранка Павловиќ, првата и единствената жена претседател на Управен одбор на банка во нашата земја. Своето долгогодишно искуство во банкарскиот сектор во регионот успешно го пренесува, продолжува и надградува, при што резултатите се повеќе од забележителни. Во 2016 година Охридска банка Сосиете Женерал е носител на тројна круна во наградувањето на најуспешните банкарски институции. Најново е дека Охридска банка Сосиете Женерал е штотуку прогласена за „Банка на годината во Македонија за 2016 година“ од „The Banker“, една од најпрестижните меѓународни публикации за финансиски работи, награда што доаѓа веднаш по претходните две награди за најдобра банка, доделени од „Euromoney“ и „Global Finance“.

XXВи честитаме на постигнатите резултати на банката и добиените награди во 2016 година. Како вие го доживувате ваквиот успех од професионален и личен аспект?

2016 година беше година полна со контрасти, многу предизвикувачка од повеќе аспекти, но секако најуспешна за Охридска банка Сосиете Женерал. Горди сме на една работна година која покажува солиден комерцијален раст, манифестиран во сите наши деловни сегменти, што ја илустрира нашата издржливост и отпорност како организација да одговориме на сложените пазарни односи и барања од клиентите.Тоа што во една година примивме врвни награди од трите најпрестижни меѓународни институции во банкарската индустрија е потврда на нашите извонредни перформанси.Огромно признание е што едноподруго ги примивме Наградата на „Global Fi-nance“ за Најдобра банка во Македонија во 2016 година, во март, од списанието „Глобал фајненс“ на Светската банка во Вашингтон, што ги селектира најдобрите финансиски институции во целиот свет; потоа Наградата за извонредност на „Eu-romoney“, Најдобра банка во Македонија во 2016 година, во јули, од списанието „Еуромани“, авторитет во финансискиот свет, кој им изразува признание на банките со најдобри перформанси во светот преку доделување награди. И последнава награда Банка на годината во Македонија, 2016, што ја примивме минатата недела од списанието „The Banker“, публикација на „Financial Times“, главниот светски ресурс за банкарство и финансии, кој оваа година слави 90 години од постоењето. Препознаени и потврдени сме како сигурен финансиски партнер на населението и

Пкомпаниите и како стабилна поддршка на севкупниот развој на Република Македонија. Никој не може да очекува поголемо признание за неговиот професио-нализам, за неговиот пристап фокусиран на клиентите, за посветеноста и иноваторскиот однос на неговите вработени, кој притоа константно ги испорачува и ги надминува очекуваните резултати. За нас овие награди се мотив и обврска и натаму да растеме и да даваме сè од себе за нашите клиенти, вработени, акционери и партнери, настојувајќи да станеме најпрепорачаната банка на македонскиот пазар.

XXДоаѓате од Србија, каде што бевте член на Извршниот одбор на Банката, одговорна за корпоративниот сегмент во Сосиете женерал – Србија и претседател на Управниот одбор на Пензискиот фонд на Сосиете Женерал, додека пак Вашата позиција пред да дојдете тука беше Главен извршен директор на Сосиете Женерал – Црна Гора. Како го карактеризирате македонскиот монетарен сектор и условите за работа на банките?

Иако македонскиот финансиски пазар се карактеризира со стабилна монетарна политика, пред банките постојат бројни предизвици. За тимот на Охридска банка Сосиете Женерал, ова значи да се усо-гласиме со сите македонски и европски регулаторни барања и норми поврзани со капиталните барања, нови правила за вреднување на финансиските инструменти (IFRS 9), познавањето на клиентот (KYC, PEP, FATCA), интензивно фокусирање на ризикот на спречување на перење пари и финансирање на тероризам, безбедноста на информациските системи, но во исто време да ја одржуваме нашата позиција како банка ориентирана кон клиентите, кон опслужување на нивните потреби, а притоа да остваруваме добри резултати во ситуација на опаѓачки каматни стапки.Наградите од врвните банкарски автори-тети докажуваат дека успеваме да им одговориме на тие предизвици. Како успеавме во тоа?Треба да им заблагодариме на нашите од-лични резултати на продажната мрежа, на нашите константни напори во управувањето со трошоците и ризиците и на забрзувањето на нашата трансформација кон еден модел фокусиран на клиентот.Оваа стратегија за трансформација нема за цел само да одговори на споменатите предизвици туку и да им обезбеди идни решенија на нашите клиенти. Значи, нашата главна цел не е само да ги импле-ментираме сите строги прописи туку и да ги претвориме нив во деловни можности во полза на сите чинители, ставајќи го секогаш во центарот на нашиот фокус задоволството на нашите клиенти.

XXДали сметате дека социо-економските фактори влијаеа врз оперативните резултати на

деловниот сектор, а со тоа и на банкарскиот сектор? Како истите се одразија на работењето на Вашата банка и како банката ја адаптираше својата стратегија со цел да одговори на овие предизвици?

Навистина, во последниот период земјава мина низ серија социополитички предизвици кои влијаеја на севкупните перформанси на бизнис - секторот.Неизвесностите, што минатата пролет беа иницирани во јавноста во врска со депо-зитите, беа меѓу најпредизвикувачките моменти. И покрај цврстите одлуки на регулаторот и на државните институции за олеснување на ефектот од таквата криза, загриженоста на јавноста околу нивото на сигурност на депозитите во локалната валута останаа високи. Таа реакција генерираше значајни повлекувања на депозитите, што на подолг рок можеше да ја загрози солидната способност на банкарскиот систем да работи во една толку сложена атмосфера.Во текот на целиот овој период, Охридска банка Сосиете Женерал го одржа својот висок професионален однос со клиентите и функционираше како референтен советник за јавноста со цел да спречи натамошен негативен развој на настаните.На јавноста и потврдивме дека во нас може да најде доверлив и сигурен партнер. Бројките зборуваат: во текот на критичното прво полугодие на 2016 година, депозитите од населението на македонскиот банкарски пазар опаднаа за 2,6%, додека нашите депозити од население се покачија за 1%.Овој тренд продолжи во текот на третиот квартал додека од јануари банкарскиот сектор сè уште се закрепнуваше со -1%, а нашата база на депозити од население се зголеми за 2,7% и мнозинството од нив во сегментот на орочени долгорочни депозити. Мислам дека нема подобар доказ за вербата и довербата што нашите клиенти ја наоѓаат во нашата банка.

XXОна што е забележливо е дека во услови на несигурност, портфолиото на производи и услуги на Охридска банка Сосиете Женерал се разликува нудејќи осигурување и долгорочни фиксни каматни стапки. Кажете ни нешто повеќе за овие уникатни понуди за население?

Во поглед на понудата за населението Охридска банка Сосиете Женерал вложува напори за постојано да го подобрува искуството на своите клиенти, работејќи заедно за да ги приспособи решенијата, производите и односите кон денешните и идните барања. Многу сме горди на нашите постигања во осигурувањето и ние бевме првата лиценцирана банка за осигурување на македонскиот пазар. Со нашата пионерска понуда за кредитно животно осигурување, ние ги поставивме темелите на банкарското осигурување во Македонија.Традиционално, а и во 2016 година, нашата

Page 4: БРАНКА ПАВЛОВИЌ BrankaPavlovic_Kapital 16.12... Капитал број 94 16.12.2016 17 Претседател на Управниот одбор е госпоѓата

Капитал број 894 16.12.2016

18www.kapital.mk

ИНТЕРВЈУбанка воведе неколку уникатни понуди на пазарот.Штотуку покренавме сосема нови решенија, како осигурување на платежни картички, заштита на пречекорување и, од неодамна, осигурување на трансакциска сметка, па дури и на орочени средства. Сите овие производи се резултат на нашата амбиција да им понудиме сè на едно место на клиентите кои бараат комплетни решенија. Го фокусираме нашиот напор и на она што го сметаме за клучен момент во животот на нашиот клиент: обезбедување на дом. Ова е еден комплексен и стресен момент во текот на кој ние сакаме да бидеме дури и повеќе од финансиски партнер.Во тој поглед го развивме станбениот кредит „План за стан“, гарантирајќи им на нашите клиенти фиксна каматна стапка до 2030 година, кој е многу добро при-фатен и навистина ценет од клиентите, поради својата јасност, стабилност и тран-спарентност.Тоа им дава перспективи на купувачите на станови, а ние ќе продолжиме и натаму да ги придружуваме новите среќни сопственици. И верувам дека можеме да сториме дури и нешто подобро!

XXВашата банка, а и Вие лично имате долгогодишно искуство во корпоративниот сегмент. Кој е вашиот приоритет за компаниите? Какво е поддршката што вашата банка им ја обезбедува на компаниите?

Патував низ Македонија со цел подобро да ја разберам нашата деловна мрежа, и тоа е дел од мојата активност во текот на годината. Се запознав со многу наши клиенти. Благодарение на моето големо комерцијално искуство, средбата и посетата на клиенти, вклучувајќи ги и потенцијалните целни клиенти – е и ќе биде мој приоритет.

Групацијата Сосиете Женерал е банка созда-дена од претприемачи за претприемачи, посветена на развојот на бизнисот.Познати сме по тоа што имаме посветен и експертски кадар кој може да се потпре на искуството и на ресурсите на Сосиете Женерал, поддржувајќи ги на тој начин проектите и потфатите на компаниите со целосно интегрирани решенија. Меѓунаро-дното присуство во 66 земји и репутацијата на Сосиете Женерал ни даваат конкурентни предности на пазарот, што ни овозможува да воспоставиме трајни односи со важни меѓународни компании и странски директни инвеститори во Македонија, а во исто време да имаме цврсти врски со најголемите домашни компании.Располагаме со уникатна позиција да опслужуваме голем број клиенти со голем распон и обем на услуги.Иновацијата и пионерството на пазарот се нашата движечка сила, ние сме повеќе од среќни да развиваме производи по мерка и услуги по барање и според потребите. Само како пример ќе наведам дека располагаме со SWIFT SCORE Net конективност меѓу Банката и компанија што има корпоративна SWIFT-адреса.Во исто време, ние сме фокусирани и на зголемување на нашето портфолио на клиенти со најрепрезентативните мали и средни компании. Продолжувањето и ширењето на иницијативите за финанси-рање на одржливи проекти во овој сегмент на компании се од суштинска важност за нас и нашата намера е да го поддржуваме растот на вработувањето и севкупната македонска економија. Охридска банка Сосиете Женерал беше првата банка на пазарот што се ангажира во финансирањето на проекти за енергетска ефикасност и за одржлива енергија. Таквите проекти испорачуваат огромни економски придобивки

и придобивки за зачувувањето на природната околина, а Банката верува дека постои голем неискористен потенцијал за проектите од овој вид. Тоа е нашиот начин, во партнерство со нашите клиенти, да придонесеме кон подобрување на продуктивноста на економијата и да го поддржиме преминот кон една проспе-ритетна иднина со ниско ниво на емисии на јаглероден диоксид.Овде е неизбежно, а за мене е многу важно, да се нагласи дека Охридска банка Сосиете Женерал е

единствената финансиска институција во Македонија што се придружи кон програмата „Жените во бизнисот“ на ЕБОР. Нашата корпоративна заложба за социјална разновидност, инклузија и корпоративна одговорност се манифестира во овој проект, кој го инспирира и охрабрува претприемништвото на жените како важен импулс на развојниот пат на земјата кон нејзиниот целосен социополитички и економски потенцијал. Оваа понуда е многу позитивно пречекана, а побарувачката е динамична.Финансирањето на овие проекти го пра-виме од сопствени извори, но бидејќи сме и дел од Сосиете Женерал, имаме лесен пристап и до различни типови кре-дитни линии и до локални и меѓународни финансиски институции. Ефектот од нашето ангажирање заслужува да се одбележи во последните 12 месеци корпоративните заеми во банкарскиот сектор забележаа намалување од 2,7%, ние во истиот период пораснавме за 6,3%. Со ваквите посветени активности, Охридска банка Сосиете Женерал го зголеми својот удел на пазарот, значително надминувајќи ги перформансите на другите во сегментот на корпоративни заеми, а во исто време, што е многу важно и одржа одличен квалитет на портфолиото.

XXКакви се Вашите видувања во контекст на финансиските резултати на Охридска банка Сосиете Женерал? Кои компоненти од банкарското портфолио се клучни носители на перформансите на банката?

Кога дојдов во Македонија при крајот на 2014 година, Охридска банка Сосиете Женерал го имаше постигнато својот историски највисок резултат. Си помислив и што уште може да се направи? Но 2015 година ја завршивме со навистина извонреден резултат, кој беше за 72% повисок од резултатот во претходната рекордна година. Како резултат на таквите извонредни финансиски перформанси, за првпат по преземањето на Охридска банка од страна на групацијата Сосиете Женерал во 2007 година, распределивме во изминатиот дел од оваа година 10% од постигнатиот нето-профит во 2015 година, во еквивалентна вредност од околу 40 милиони денари, на нашите поддржувачки акционери.А, гледајќи го деветмесечниот резултат во 2016 година, кој е за 15% повисок отколку во истиот период минатата година и сигурна сум дека ќе продолжиме во оваа насока.Во сите други категории во кои се мерат перформансите на банките, ние сме успешни и нашиот биланс на крајот од септември е зголемен за 10% во споредба со истиот период минатата година и никогаш не бил посилен и во поглед на сопствените средства и во поглед на ликвидноста. Во вкупната кредитна активност, ние

ОХРИДСКА БАНКА СОСИЕТЕ ЖЕНЕРАЛ: ВО 2016 ГОДИНА НОСИТЕЛИ СМЕ НА ТРОЈНА КРУНА ВО НАГРАДУВАЊЕТО НА НАЈУСПЕШНИТЕ БАНКАРСКИ ИНСТИТУЦИИ

Кредити за женско претприемништво

Page 5: БРАНКА ПАВЛОВИЌ BrankaPavlovic_Kapital 16.12... Капитал број 94 16.12.2016 17 Претседател на Управниот одбор е госпоѓата

www.kapital.mkwww.kapital.mk Капитал број 894 16.12.2016

19

пораснавме за 12% во споредба со истиот период минатата година, задржувајќи добар квалитет на портфолиото со 5,4% проблематични кредити, што е значително пониско од банкарскиот сектор.Значителниот раст на нашите профити во текот на годините се должи на доследното комбинирање на овие динамични продаж-ни активности, одразени во формирањето на приходот, со мудрото менаџирање на трошоците и со контролираното ниво на ризикот на втората страна, што генерира ограничени, но соодветни провизии, одржувајќи го истовремено историски високиот коефициент на заштита од ризици. Му доделуваме особена важност на импле-ментирањето на една робусна и ефикасна структура за контрола на сите ризици на Банката, обидувајќи се да ја најдеме вистинската рамнотежа меѓу една цврста култура за управување со ризиците и развојот на бизнисот, секогаш обрнувајќи и специјално внимание на финансиската стабилност на нашите клиенти, денес и утре.

XXКои се приоритетите кои Вашата банка ги подразбира во контекст на развојот и инвестициите во човечките ресурси и капитал?

Редовните неделни и месечни состаноци со моите најблиски соработници се важни

и за мене и за нив. Размената на новини, важни случувања или споделувањето на проблемите и предлозите за нивни решенија се важни за подобро разбирање и вклученост на сите вработени.Одличните резултати на Охридска банка Сосиете Женерал не би биле можни без нашите вработени, без нивната страст, интегритет, отворен ум и храброст. И ние сме горди на сите нив.Признавањето на придонесот на врабо-тените кон перформансите на Банката, промовирањето на животот на работното место и нагласувањето на разновидноста на тимовите се клучните атрибути што помагаат вработените да се приврзат кон Банката. Групацијата Сосиете Женерал се потпира на еден принцип на симетрија: фокусот и грижата што компанијата им ги обезбедува на своите клиенти мораат да ги одразуваат фокусот и грижата што таа им ги дава на своите вработени.Нашите темели се поставени врз следниве вредности: тимски дух, иновација, посвете-ност и одговорност. Овие вредности се рефлектираат и во нашите барања за вештини и се претставуваат низ процесите на наоѓање, евалуација, обука и развој на кариерата на нашите човечки капа-цитети. Фокусирани сме и на креирање и имплементација на програма за развој на

таленти, со која дополнително вложуваме во развојот и задржувањето на нашите најдобри кадри.Остануваме посветени во нашите напори за натамошен развој на нашите ресурси и човечки капацитети заради континуирана надградба на сите елементи што се сметаат како една од најконкурентните вредности на нашата организација.

XXШто би издвоиле од аспект на придонес на Охридска банка Сосиете Женерал во контекст на растечките трендови за свесност и поддршка на обновливи извори на енергија, висока општествена одговорност, донација и сл. Дали Банката зема активно учество во вакви проекти и на кој начин?

Обврската на Банката кон безброј оп-штествени предизвици и предизвици на заедницата ја докажува нејзината по-светеност да придонесе кон квалитетот на животот надвор од бизнис - секторот. Разните волонтерски напори на врабо-тените, финансиската поддршка од Банката во подрачјата и за ранливите групи, жртви на природни катастрофи, како поплавите во Скопје, се признаени и поддржани како дел од нашата улога на препознатлив корпоративен граѓанин на заедницата.

XXШто ја прави Охридска банка Сосиете Женерал поразлична од другите банки во Македонија? Која е вашата конкурентска предност?

Сите банки им обезбедуваат слични производи и услуги на своите клиенти. Но, според мене, она што нас вистински нè издвојува е и нашата култура: начинот на кој заедно работиме и начинот на кој ги опслужуваме нашите клиенти. Развиваме квалитетни и трајни односи за подобро да ги разбереме, задоволиме и однапред да ги предвидиме потребите на нашите клиенти, се со цел да ги придружуваме на долг рок кога е најважна нивната финансиска стабилност. Нашата амбиција е да продолжиме да растеме во ова предизвикувачко опкружување, да бидеме банка фокусирана на односот, да бидеме референца на пазарот, банка блиска до клиентите, банка избрана поради квалитетот на нејзините услуги и поради посветеноста на нејзините тимови.Ова е нашата основна стратегија и сите ние сме мобилизирани во оваа насока.Со цел да ги исполниме, па дури и да ги надминеме очекувањата на клиентите, својот модел за услуги на клиентите нашата банка го гради околу 5 оски: перформансите на продажната мрежа, широчината на асортиманот на производите, повеќекратните комуникациски канали, квалитетот на услугите и ефикасноста на работењето. Тоа е единствениот реален пат за постигнување раст преку деловен развој, зголемени синергии за испорака на одржлива профитабилност.

ОХРИДСКА БАНКА СОСИЕТЕ ЖЕНЕРАЛ: ВО 2016 ГОДИНА НОСИТЕЛИ СМЕ НА ТРОЈНА КРУНА ВО НАГРАДУВАЊЕТО НА НАЈУСПЕШНИТЕ БАНКАРСКИ ИНСТИТУЦИИ

Page 6: БРАНКА ПАВЛОВИЌ BrankaPavlovic_Kapital 16.12... Капитал број 94 16.12.2016 17 Претседател на Управниот одбор е госпоѓата

Капитал број 894 16.12.2016

20www.kapital.mk

ИНТЕРВЈУ

ФАКТ: ОХРИДСКА БАНКА СОСИЕТЕ ЖЕНЕРАЛ СЕКОЈА ГОДИНА ГЕНЕРИРА СÈ ПОПОЗИТИВНИ ФИНАНСИСКИ РЕЗУЛТАТИ, НО 2016 ГОДИНА Е НАЈУСПЕШНА ДОСЕГА

XXКакви промени се случуваат во начинот на работењето со клиентите со појавата на нови банкарски канали? Посочете ни некои значајни примери од Вашето досегашно работење?

Новиот динамичен стил на живот го менува начинот на работење на банките. Размислувавме за овој аспект извесно време и, за да бидеме лесно достапни, продолживме со неколку организациони развојни зафати заради олеснување на секојдневните контакти со нашите клиенти.Најпрвин ја подобривме платформата за електронско банкарство со еден модерен и интуитивен интерфејс, кој вклучува збогатени функционалности во подобрена сигурносна околина со футуристички иновативен модул за управување со личните финансии.Банката воведе и сопствен контактен центар за да понуди алтернативен канал за контактирање низ кој можеме да сугерираме соодветни понуди, да предлагаме и да организираме средби во експозитурата, да примаме коментари и да го надгледуваме квалитетот на нашите услуги.Но еден од главните пресвртници во оваа година е лансирањето на најнапредното решение за мобилно банкарство на пазарот.Со апликацијата „Моја банка“, која е достапна на македонски, албански и англиски јазик, им ги ставаме на распола-гање на нашите клиенти потребните информации, а им даваме и можност да извршуваат трансакции од нивните паметни телефони или таблети, кога сакаат, каде што сакаат. Би требало да додадам и сето ова во услови на целосна сигурност, што беше и е перманентна преокупација во текот на целата имплементација на проектот.По само неполни три месеци, „Моја банка“ веќе е продажен хит и веќе имаме целосен план за развој на дополнителни можности и услуги.Ние сме горди и на нашата ексклузивна ВИП - експозитура и на нејзините високо ценети услуги. Клиентите имаат на располагање широк опсег на специјализирани, супери-орни банкарски услуги, како и специјални наменски придобивки и ексклузивни привилегии преку нашиот клуб „Премиум“.Останува нашата заложба да се

грижиме за секој клиент без оглед дали клиентот доаѓа во некоја од нашите експозитури или пристапува преку мобилен уред.Уште долго време ќе постои добрата стара експозитура од тули и малтер, една природна точка за средби, каде што традиционалното банкарство ќе се процесира и оптимизира.Токму затоа ние многу работиме да го подобриме искуството на нашите клиенти во рамките на нашата мрежа на експозитури со сосема нови материјали за поттикнување на продажбата, со уредување на една, пред сè, модерна, пријатна и гостољубива атмосфера, како што направивме

ова лето со отворањето на новата експозитура во населбата Аеродром во Скопје.Веруваме дека најуспешната банка ќе биде банката која ќе обезбеди најдобра рамнотежа меѓу директен човечки контакт и соодветните дигитални апликации, алатки и услуги. А, ние ќе дадеме сè од себе да бидеме таа банка.

Page 7: БРАНКА ПАВЛОВИЌ BrankaPavlovic_Kapital 16.12... Капитал број 94 16.12.2016 17 Претседател на Управниот одбор е госпоѓата

www.kapital.mkwww.kapital.mk Капитал број 894 16.12.2016

21

Донациите и придонесите за вредни кул-турни и општествени иницијативи се и секогаш ќе останат фундаментален елемент поврзан со нашите перформанси.

XXШто можат македонската јавност, клиентите и деловна заедница да очекуваат во периодот што следи? Какви се вашите планови за развој?

Вербата е сидрото на односите што на-стојуваме да ги изградиме со сите наши клиенти. Таа може да се изгради само со текот на времето, а нашите клиенти покажуваат верба во нас кога ни ги доверуваат нивните пари и проекти. А, уште повеќе нè обврзуваат кога Банката им ја препорачуваат на нивните роднини, на нивните соработници и партнери.Ќе останеме фокусирани на потребите на нашите клиенти, обезбедувајќи за нив иновативни и поволни производи и услуги. Нашата иднина е придвижувана од дигиталната трансформација, од однесувањата на новите клиенти, од дефинирањето на банката на утрешнината.Денес, нашите клиенти можат да изберат како и кога да имаат интеракција со Банката, без оглед дали се работи за

експозитура, контактен центар, онлајн-пристап, електронско банкарство или мобилна апликација. Ако сме способни себеси да се транс-формираме исто толку брзо колку што се менуваат навиките на нашите клиенти, тогаш имаме одлична можност да го пре-осмислиме нашиот однос со нив: еден мултиканален однос во кој физичката банка и дигиталната банка меѓусебно ќе се надополнуваат.За да биде оваа трансформација успеш-на, ние многу инвестираме во нашата ИТ-архитектура и во опремување на нашиот персонал со нови дигитални алатки, а притоа напредуваме брзо со нашата отворена стратегија за иновации. Дигиталната технологија е истовремено и силен стимул за размислување надвор од воспоставените рамки. Нашите развојни планови се фокусирани на одржување на темпото на трансформација, со амбиција да останеме меѓу водечките банки во Македонија, испорачувајќи одржлив раст и профитабилност.

XXНа самиот почетокот споменавме дека сте првата и единствената

жена која е претседател на Управен одбор на една од најуспешните банки во Македонија. Како се чувствувате во еден таканаречен машки свет? Како го одржувате балансот помеѓу својот деловен и приватен живот?

Давањето еднаква шанса секому без разлика на полот е многу важно. Јас лично се чувствувам многу комотно во банкарското деловно опкружување, нема ниту еден аспект кој ми недостасува или ми е пречка. Организацијата на моето работно време зависи секако од приоритетите и од задачите. Мојот живот е моето семејство, моите при-јатели, и тие се интегрален дел од тоа што го правам за живеење – мојата работа. Сето тоа оди паралелно. Некогаш има премногу од сè, а денот има само 24 часа – во тој случај организациските способности и уметноста на определување приоритети стапуваат на сцена. А се чини дека сум добра во тоа. Моето семејство може да го потврди тоа. nnn

ФАКТ: ОХРИДСКА БАНКА СОСИЕТЕ ЖЕНЕРАЛ СЕКОЈА ГОДИНА ГЕНЕРИРА СÈ ПОПОЗИТИВНИ ФИНАНСИСКИ РЕЗУЛТАТИ, НО 2016 ГОДИНА Е НАЈУСПЕШНА ДОСЕГА