БЕЛА КНИГА ЗА ИНОВАЦИИ ВО АГРOБИЗНИСОТ ВО МАКЕДОНИЈА

60
ПРОЦЕНА НА ЕКОНОМСКИОТ ЕФЕКТ ОД ПРОГРАМАТА ЗА ВОВЕДУВАЊЕ НАВОДНУВАЊЕ КАПКА ПО КАПКА ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ПЧЕНКА, ВО РАМКИТЕ НА СЕКТОРОТ ЗА МЛЕКО И МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ ВО МАКЕДОНИЈА, ФИНАНСИРАНА ОД ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 2014 БЕЛА КНИГА ЗА ИНОВАЦИИ ВО АГРOБИЗНИСОТ ВО МАКЕДОНИЈА БЕЛА КНИГА ЗА ИНОВАЦИИ ВО АГРOБИЗНИСОТ ВО МАКЕДОНИЈА

description

УСАИД - експанзија на мали бизниси

Transcript of БЕЛА КНИГА ЗА ИНОВАЦИИ ВО АГРOБИЗНИСОТ ВО МАКЕДОНИЈА

Page 1: БЕЛА КНИГА ЗА ИНОВАЦИИ ВО АГРOБИЗНИСОТ ВО МАКЕДОНИЈА

ПРОЦЕНА НА ЕКОНОМСКИОТ ЕФЕКТ ОД ПРОГРАМАТА ЗА ВОВЕДУВАЊЕ НАВОДНУВАЊЕ КАПКА ПО КАПКА ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ПЧЕНКА, ВО РАМКИТЕ НА СЕКТОРОТ ЗА МЛЕКО И МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ ВО МАКЕДОНИЈА, ФИНАНСИРАНА ОД ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

2014

БЕЛА КНИГА ЗА ИНОВАЦИИ ВО

АГРOБИЗНИСОТ ВО МАКЕДОНИЈА

БЕЛА КНИГА ЗА ИНОВАЦИИ ВО АГРOБИЗНИСОТ ВО МАКЕДОНИЈА

Page 2: БЕЛА КНИГА ЗА ИНОВАЦИИ ВО АГРOБИЗНИСОТ ВО МАКЕДОНИЈА
Page 3: БЕЛА КНИГА ЗА ИНОВАЦИИ ВО АГРOБИЗНИСОТ ВО МАКЕДОНИЈА

1

Page 4: БЕЛА КНИГА ЗА ИНОВАЦИИ ВО АГРOБИЗНИСОТ ВО МАКЕДОНИЈА

2

Издавач: Проект на УСАИД за експанзија на мали бизниси

За издавачот: Карл Ларкинс, Директор на проект

Автор: Поинт Про Консалтинг ДОО

Стручни соработници: Димче Дамјановски Мартин Трајчев

Издавањето и печатењето на оваа публикација е овозможено од:

Дизајн: koma.mk

Тираж: 100

ПРОЕКТ ЗА ЕКСПАНЗИЈА НА МАЛИ БИЗНИСИ

Page 5: БЕЛА КНИГА ЗА ИНОВАЦИИ ВО АГРOБИЗНИСОТ ВО МАКЕДОНИЈА

3

СОДРЖИНА1ИЗВРШНОРЕЗИМЕ ........................................................................................................................................................................ 6

1.1 Цел и методологија на Белата книга ................................................................................................................................................................... 6

1.2 Тековна состојба за наводнување и одгледување пченка во Република Македонија ..................................................................................... 6

1.3 Технологија за наводнување со систем капка по капка и потенцијал за зголемување на приносите на пченка .......................................... 7

1.4 Процена на економскиот ефект од програмата за наводнување со системот капка по капка за одгледување пченка ............................... 8

1.5 Препораки на политиките за имплементација на Програмата за наводнување капка по капка за одгледување пченка ............................ 9

2СТРАТЕГИСКИЦЕЛИ ..................................................................................................................................................................... 122.1 Генерална цел на Белата книга .......................................................................................................................................................................... 12

2.2 Резултати од Белата книга и методологија на подготовка .............................................................................................................................. 12

3ТЕКОВНАСОСТОЈБАИСИСТЕМСКОРЕШЕНИЕ–КОНЦЕПТНАНАВОДНУВАЊЕКАПКАПОКАПКАЗА ПРОИЗВОДСТВОНАПЧЕНКАВОРЕПУБЛИКАМАКЕДОНИЈА ............................................................................................................. 14

3.1 Преглед на тековната состојба за наводнување и производство на пченка во Република Македонија........................................................ 143.1.1 Тековна состојба за наводнување во Република Македонија ............................................................................................................... 143.1.1 Преглед на тековната состојба за производство на пченка во Република Македонија........................................................................ 16

3.2 Споредба на приноси од производство на пченка ........................................................................................................................................... 17

3.3 Технологија за наводнување со систем капка по капка и потенцијал за приноси на пченка ....................................................................... 18

4ПРОЦЕНАНАЕКОНОМСКИОТЕФЕКТОДНАВОДНУВАЊЕТОКАПКАПОКАПКА .................................................................................... 244.1 Логиката нzа економскиот модел на трошоци и придобивки (Производство на пченка наспроти вредносен синџир на млеко и млечни производи) .................................................................................................................................................................. 24

4.1.1 Главни заеднички претпоставки за сите фази на економскиот модел ................................................................................................. 284.1.2 Анализа на трошоци и придобивки на примарните производители на пченка и силажа – со и без наводнување капка по капка ............................................................................................................................................................ 294.1.3 Комбинирано примарно производство – сточна храна и млеко ........................................................................................................... 304.1.4 Категоризација на комбинирано производство според големината на фармата (5 целни групи) ....................................................... 324.1.5 Анализа на трошоци и придобивки за комбинирано производство – со и без систем за наводнување капка по капка .......................................................................................................................................................................... 33

4.2 Опис на економската рамка (дефиниција на структурата на економскиот модел, внатрешна поврзаност и параметрина крајниот економски ефект) ...................................................................................................................... 35

5СЛУЧАЈЗАИНТЕРВЕНЦИЈАНАВЛАДАТА–СОСТАВИГОЛЕМИНАНАПОЗИТИВНИОТЕКОНОМСКИЕФЕКТ ПРЕДИЗВИКАНОДПРОГРАМАТАЗАНАВОДНУВАЊЕКАПКАПОКАПКА ............................................................................................. 38

5.1 Таргетирани хектари за наводнување капка по капка и инвестиции ............................................................................................................. 38

5.2 Проценет потенцијал за додадена вредност ..................................................................................................................................................... 405.2.1 Примарно производство на пченка и потенцијал за замена на увозот................................................................................................. 405.2.2 Примарно производство на млеко и потенцијал за замена на увозот .................................................................................................. 415.2.3 Млекопреработувачка индустрија, ефекти на големопродажбата и малопродажбата ........................................................................ 42

5.3 Заштеди на вода и избегнување на инвестиции во системи за наводнување............................................................................................... 44

5.4 Агрегатна монетарна вредност на економскиот ефект за националната економија ...................................................................................... 455.4.1 Анализа на сценарија .............................................................................................................................................................................. 46

5.5 Преглед на други потенцијални економски придобивки ................................................................................................................................ 47

6ГЛАВНИЗАКЛУЧОЦИ(РЕЗИМЕНАЕКОНОМСКИОТЕФЕКТОДНАЦИОНАЛНАФИСКАЛНАПЕРСПЕКТИВА) ............................................. 50

7ПРЕПОРАКИНАПОЛИТИКИТЕЗАИМПЛЕМЕНТАЦИЈАНАПРОГРАМАТАЗАНАВОДНУВАЊЕКАПКАПОКАПКАЗАОДГЛЕДУВАЊЕПЧЕНКА .......................................................................................................................................................... 52

Page 6: БЕЛА КНИГА ЗА ИНОВАЦИИ ВО АГРOБИЗНИСОТ ВО МАКЕДОНИЈА

4

ЛИСТАНАТАБЕЛИ:Табела 3.1 Потрошувачка на вода по хектар пченка (со/без наводнување капка по капка) .................................................................21

Табела 4.1 Преглед на индикаторите и сегашната вредност на придобивките .......................................................................................26

Табела 4.2 Главни претпоставки, инпути и очекувани резултати .............................................................................................................30

Табела 4.3 Категоризација на комбинирани фарми – фарми што произведуваат СЕКАКВИ видови житни култури ...........................31

Табела 4.4 Вкупен број на фарми ...............................................................................................................................................................31

Табела 4.5 Вкупен број на фарми што произведуваат пченка .................................................................................................................32

Табела 4.6 Вкупен број на фарми што произведуваат сточна храна ........................................................................................................32

Табела 4.7 Главни претпоставки и инпути на моделот на фарми за одгледување крави .......................................................................34

Табела 4.8 Специфично зголемување на продуктивноста на сточната храна, по големина на фарма,

како резултат на наводнувањето капка по капка .....................................................................................................................................34

Табела 4.9 Очекувани нето ефекти по фарма ............................................................................................................................................35

Табела 5.1 Препорачана распределба на финансиска поддршка од Владата .........................................................................................40

Табела 5.2 Економски ефект на макро ниво за примарно производство на пченка со наводнување капка по капка ........................41

Табела 5.3 Економски ефект на макро ниво за комбинирано производство на млеко и пченка со

систем за наводнување капка по капка ...................................................................................................................................................42

Табела 5.4 Економски импакт на макро ниво за млекопреработувачката индустрија, 2013 .................................................................43

Табела 5.5 Додадена вредност за секторот на млеко и млечни производи – 1 година .........................................................................43

Табела 5.6 Додадена вредност за секторот на млеко и млечни производи – вкупно ............................................................................44

Табела 5.7 Заштеди на вода како резултат на наводнување капка по капка .........................................................................................44

Табела 5.8 Компаративен преглед на економскиот ефект .......................................................................................................................45

Табела 5.9 Споредба на економскиот ефект за различните сценарија ....................................................................................................46

Табела 7.1 Програма за наводнување капка по капка за одгледување пченка, предложена распределба

на финансиски средства ............................................................................................................................................................................54

ЛИСТАНАГРАФИКОНИ:Графикон 3.1 Структура на искористеност на земјата во Македонија .....................................................................................................14

Графикон 3.2 Видови на наводнување ......................................................................................................................................................15

Графикон 3.3 Наводнувана површина .......................................................................................................................................................15

Графикон 3.4 Годишна потрошувачка на вода по сектор ..........................................................................................................................15

Графикон 3.5 Површина насадена со пченка, годишно производство и принос ....................................................................................16

Графикон 3.6 Споредба на приноси на пченка (кг/ха) ..............................................................................................................................17

Графикон 3.7 Споредба на приноси на пченка (кг/ха) ..............................................................................................................................17

Графикон 3.8 Пример за поставување на систем капка по капка ............................................................................................................19

Графикон 3.9 Принос по хектар (со/без наводнување капка по капка) ..................................................................................................20

Графикон 4.1 Поедноставен модел на вредносен синџир на млеко и млечни производи во Македонија ............................................24

Графикон 4.2 Логика на економскиот модел ............................................................................................................................................27

Графикон 4.3 Потенцијал за додадена вредност .......................................................................................................................................28

Графикон 4.4 Вкупен број на земјоделци по категории ............................................................................................................................31

Графикон 4.5 Главни чекори за анализа на економскиот ефект ..............................................................................................................36

Графикон 5.1 Зголемување на просечниот принос во РМ како резултат на наводнувањето капка по капка .......................................39

Page 7: БЕЛА КНИГА ЗА ИНОВАЦИИ ВО АГРOБИЗНИСОТ ВО МАКЕДОНИЈА

5

ИЗВРШНО РЕЗИМЕ

„ПОДОБРОЕДАСЕОДГЛЕДУВА

ПЧЕНКАНАЕДЕНХЕКТАРСО

КАПКА-ПО-КАПКА,ОТКОЛКУНА

ДВАЕСЕТХЕКТАРИБЕЗ

КАПКА-ПО-КАПКА“

ФЕРХАНБИБЕРОВИЌ, ЗЕМЈОДЕЛЕЦИСТОЧАР

Page 8: БЕЛА КНИГА ЗА ИНОВАЦИИ ВО АГРOБИЗНИСОТ ВО МАКЕДОНИЈА

6

1 ИЗВРШНО РЕЗИМЕ

1.1 ЦелиметодологијанаБелатакнига

Целта на оваа Бела книга е да послужи како клучен документ на политиките на Владата на Република Македонија за формулирање на ефективна програма за финансирање на системи за наводнување капка по капка за производството на пченка, во рамките на секторот за производство на млеко и млечни производи во Македонија.

Со цел соодветно да се оценат посакуваните резултати од предложената програма, при изработката на Белата книга се примени методологијата прикажана во продолжение:

Извршно резиме

Во рамки на фармите за производство пченка и одгледување молзни крави.

Одредување на големината, структурата и клучните фактори во вредносниот синџир на млекото и млечните производи во Македонија.

Формулирање на модел на економско влијание за секое ниво во вредносниот синџир во кое има позитивен ефект од дополнителното зголемување на производството на пченка, имено: (i) производители на пченка и сточари, (ii) млекопреработувачи и (iii) големопродавачи и малопродавачи на млеко и млечни производи.

Пресметка на целосната економска придобивка за националната економија која ќе биде индуцирана од имплементацијата на пилот програмата за капка-по-капка наводнување во Македонија за напредно производство на пченка, како и ефективното користење на јавните средства за финансирање на програмата.

Предлагање на препораки за креирање на политика базирана на проценката на економското влијание.

1.2 ТековнасостојбазанаводнувањеиодгледувањепченкавоРепубликаМакедонијаВрз основа на структурата на искористеност на почвата, Македонија има солиден потенцијал за висококвалитетен земјоделски производ, доколку се обезбедат адекватни системи за наводнување. Потребата од вода за наводнување е голема и затоа земјоделството се јавува како сектор кој е најголем потрошувач на вода во Македонија. Македонија располага со околу 170.000 хектари обработлива површина која се наводнува со различни инфраструктурни шеми за наводнување, но со несоодветен статус: инфраструктурата е стара и нефункционална; локацијата на цевките и каналите е несоодветна во однос на тековната големина на обработливите површини.

Според тоа, иако Република Македонија има солиден земјоделски потенцијал, идната национална агроекономска политика мора да земе предвид две неопходни и меѓусебно поврзани насоки на дејствување: (1) темелна реконструкција и надградба на постојната инфраструктура за наводнување, и (2) државни програми за развој на одржливи и докажани техники и практики за наводнување. Во оваа бела книга се разгледува втората точка за

ЧЕКОР1: ЧЕКОР2: ЧЕКОР3: ЧЕКОР4: ЧЕКОР5:

6

Page 9: БЕЛА КНИГА ЗА ИНОВАЦИИ ВО АГРOБИЗНИСОТ ВО МАКЕДОНИЈА

7

одгледување пченка во Република Македонија и резултатите што ќе се постигнат со нивната примена во целиот вредносен синџир на млеко и млечни производи.

Просечната обработлива површина насадена со пченка во Република Македонија во последните 5 години (2008 – 2012 година) изнесува околу 30 000 хектари, на која се произведуваат само 70% од потребите на земјата за пченка, додека останатите 62 000 тони се увезуваат. Значителниот дел кој го зазема увозот во задоволување на годишната потрошувачка на пченка во Република Македонија, го покажува потенцијалниот економски ефект што може да го има значителното зголемување на приносот на домашниот пазар на пченка, односно, замена на увозот. Покрај тоа, ниската основа од 4,3 тони/хектар просечни приноси, ја позиционира Македонија на дното на продуктивноста и во европски и во регионален контекст.

15.000

10.000

5.000

0

Грција

11.913

8.6867.131

5.987 5.682 5.531 5.1494.270

4.177 3.899

СловенијаТурција

Албанија Хрватска Србија

Црна Гора Босна и Херцеговина

Западна Европа

Европска Унија Јужна Европа

Европа Источна ЕвропаСвет

Македонија

5,1615.5386.6587.4907.5477.578

10.298

15.000

10.000

5.000

0

1.3 Технологијазанаводнувањесосистемкапкапокапкаипотенцијалзазголемувањенаприноситенапченка

Проектот на УСАИД Македонија за експанзија на мали бизниси започна со имплементација на иницијативата „Да одгледуваме повеќе пченка“ со цел да се демонстрира дека со воведување на нови технологии и добри земјоделски практики - како што се современи решенија за наводнување со системи капка по капка и фертигација – продуктивноста може значително да се зголеми, со што ќе се создадат позитивни ефекти на макроекономско (но исто така и на микроекономско) ниво, поконкретно, со зголемувањето на приносите на пченка, директно ќе се придонесе за замена на увозот на пченка и кондензирано млеко, а истовремено ќе се подобри синџирот на набавка на млеко и млечни производи во Македонија.

Резултатите од пилот-програмата за систем за наводнување капка по капка на иницијативата „Да одгледуваме повеќе пченка“ се навистина импресивни. Просечните приноси од првата сезона добиени со пилот-портфолиото изнесуваат значителни 11.4 тони/хектар. Во споредба со просечниот принос на пченка во Република Македонија од 4.3 тони/хектар, приносот по наводнувањето со примена на системот капка по капка е мултиплициран за 2.65. Досега, ова е невиден резултат во производството на пченка во македонскиот земјоделски контекст. Проектот за експанзија на мали бизниси се надоврза на овие искуства и досега постави 120 системи за наводнување капка по капка кои покриваат 120 хектари насадени со пченка, а земјоделците дополнително поставија опрема на уште 80 хектари, достигнувајќи го бројот од 200 хектари.

Споредба на приноси на пченка (кг/ха)

Споредба на приноси на пченка (кг/ха)

Северна Европа

Извор: ФАОСТАТ, Производство/Култури, 2014

Бугарија

Page 10: БЕЛА КНИГА ЗА ИНОВАЦИИ ВО АГРOБИЗНИСОТ ВО МАКЕДОНИЈА

8

Понатаму, вкупната потрошувачка на вода со примена на системите за наводнување капка по капка е во просек 30% помала од количеството што е потребно со користење на конвенционалните системи за наводнување, како што се линеарните системи и прскалките. Ова исто така е суштинска компаративна предност на наводнувањето со системот капка по капка, што резултира со одржливи практики за наводнување и значителна заштеда на капиталните трошоци за градење на дополнителна инфраструктура.

1.4 Проценанаекономскиотефектодпрограматазанаводнувањесо системоткапкапокапказаодгледувањепченка

Како што веќе беше споменато, Белата книга ги формулира причините и аналитичката рамка што се применува за опсежна процена на позитивниот ефект што Програмата може да ѝ го донесе на националната економија на Република Македонија, земајќи ги предвид нагорните врски помеѓу одгледувањето пченка и целокупниот вредносен синџир на млеко и млечни производи. Финансиските средства предвидени за имплементација на иницијативата „Да одгледуваме повеќе пченка“ (врз основа на економскиот модел), изнесуваат 17.500.000,00 евра, планирани да се инвестираат во период од седум години, да покриваат површина од 7.000 хектари насадена со пченка и наводнувана со системи за наводнување капка по капка, а како резултат на тоа ефективно да заменат 97% од вкупната пченка што во моментов се увезува.

Според тоа, презентираниот економски модел за анализа на трошоци и придобивки е базиран на следново: (i) комбинирани фарми за одгледување молзни крави кои произведуваат сопствена пченка и силажа како суштински инпути на сточната храна, (ii) млекопреработувачи, кои се директни купувачи на непастеризирано млеко, и (iii) трговски дел, кој што се состои од трговци на големо и мало кои ги доставуваат производите до крајниот потрошувач.

Клучниот двигател на растот во целиот вредносен синџир на млеко и млечни производи е продуктивноста на производството на пченка, која што директно зависи од просечните приноси по хектар земјоделска површина. Повеќето средни и големи фарми за одгледување крави сами произведуваат сточна храна за сопствени потреби, особено пченка и силажа, бидејќи нивниот придонес во целокупните оперативни трошоци на фармата е од суштинско значење за економски одржливо земјоделство. Затоа, производството и растот на фармите за одгледување крави директно зависи од расположливата сточна храна, или ако се земе предвид иста расположлива земјоделска површина, просечните приноси од одгледување пченка.

Доколку се земат предвид значителните резултати и потенцијалот за зголемени приноси на пченка со воведување на системот за наводнување капка по капка (проценети на реални 13 тони по хектар), економскиот модел за анализа на трошоци и придобивки овозможува пресметка на дополнителната додадена вредност во секоја фаза од вредносниот синџир на млеко и млечни производи. Концептуално, логиката на овој модел е следнава:

Принос по хектар (со/без систем за наводнување капка по капка)

Просек MK (РМ Стат)

ПЕМБ 2013 земјоделци со капка

11,400

4,325

163% зголемување

Извор: ДЗС 2014, Податоци од Проектот за експанзија на мали бизниси 2013

Извршно резиме

Трго

вија

Големопродажба

Малопродажба

Земј

одел

ство

Прер

абот

ка на

хр

ана

Култивација на пченка

Сточарски фарми

Преработка на млеко

Модел на вредносен синџир на млеко и млечни производи во Македонија

Page 11: БЕЛА КНИГА ЗА ИНОВАЦИИ ВО АГРOБИЗНИСОТ ВО МАКЕДОНИЈА

9

1. Колку се поголеми приносите на пченка од површините каде што се одгледува пченка или од фармите со крави што произведуваат пченка за сопствени потреби – толку е поголемо нивното производство и следствено заработката (додадената вредност);

2. Колку е поголемо произведеното количество на непастеризирано млеко во фармите со крави, како резултат на поголемите количини расположива сточна храна – толку се повисоки произведените количини на млечни производи, економските резултати и заработката (додадената вредност) на млекопреработувачите;

3. Колку е поголемо произведеното количество на млекопреработувачите – толку е поголемо количеството на тргуваните добра, а следствено на тоа и трговските маржи во апсолутни износи кои ги добиваат трговците со доставување на добрата до крајните потрошувачи.

Има и неколку други позитивни економски ефекти како резултат на спроведувањето на програмата за наводнување капка по капка, како што се: (a) замена на увозот на пченка во вредност од 11.3 милиони евра годишно, (б) зголемено вработување од 2.800 нови работни места низ целиот вредносен синџир на млеко и млечни производи, и (в) заштеда на капитални трошоци како резултат на заштеда на вода со наводнување со систем капка по капка наспроти поконвенционалните системи, во вредност од 8.4 милиони евра.

За секој клучен сегмент во рамките на вредносниот синџир на млеко и млечни производи во Република Македонија (земјоделство, преработка, тргување), беше подготвен модел за анализа на трошоци и придобивки на годишно ниво, со проекција за период од седум години. Економската придобивка е сумирана како единечен износ на вкупната нето сегашна вредност, добиена со дисконтирање на секоја годишна придобивка до денес. Вкупната нето придобивка (≈ 110 милиони евра), пресметана како сегашна вредност од целата придобивка во период од 7 години (≈ 128 милиони евра) минус првичната инвестиција (17.5 милиони евра), е најголема кај 100% комбинираното сценарио на фарми за одгледување крави /одгледување пченка. Ова го покажува целиот потенцијал на економски поврат од 7.3 евра за секое 1 евро (оптимистичко сценарио) инвестирани во програмата за наводнување капка по капка за одгледување пченка, доколку програмата се имплементира во целост (7.000 хектари) во текот на период од 7 години. Ова е импресивен економски поврат и покажува исклучително искористување на националните економски ресурси.

Нето бенефит или НСВ

Малопродажба на млеко и млечни производи

Големопродажба на млеко и млечни производи

Млекопреработувачка индустрија

Комбинирани фарми (млеко и сточна храна – пченка, силажа)

11.842.662

24.711.943

14.209.367

8.400.000

Избегнати капитални трошоци поради заштеда на вода

51.483.214

1.5 ПрепоракинаполитикитезаимплементацијанаПрограматазанаводнувањекапкапокапказаодгледувањепченка

Опис

Програмата за наводнување капка по капка за одгледување пченка е дизајнирана со цел добивање финансиска поддршка од Владата, за инвестирање во систем за наводнување капка по капка за производство на пченка, а истовремено и со цел да се зголеми свеста кај земјоделците за важноста на технологијата за наводнување/фертигација со систем капка по капка за производството на пченка.

Page 12: БЕЛА КНИГА ЗА ИНОВАЦИИ ВО АГРOБИЗНИСОТ ВО МАКЕДОНИЈА

10

Да се обезбеди финансиска поддршка за имплементирање на наводнување/фертигација со систем капка по капка кај „комбинираните фарми”

Мерката за финансиска поддршка за инвестирање во систем за наводнување капка по капка треба да ги опфати фармите со повеќе од 5 грла добиток по фарма и најмалку 1 парцела од 1 хектар насадена со пченка, кои се дел од вредносниот синџир на млеко и млечни производи.

Програма за наводнување капка по капка за одгледување пченка, распределба на финансиски средства

Целна група

Обезбедените финансиски средства имаат за цел да поддржат инвестиции во системи за наводнување капка по капка на вкупна површина посадена со пченка од 7.000 хектари.

Мерки за имплементација на програмата за наводнување капка по капка за одгледување пченка

Мерка 1 (2015): Воведување на пилот програма за наводнување капка по капка што ќе се спроведе во 4 плански региони (Скопски, Источен, Југоисточен и Југозападен) и ќе покрива површина насадена со пченка од 20 хектари по регион.1 Мерката 1 е проценета на 475.000,00 евра; 200.000,00 за набавка на системите за наводнување капка по капка, 15.000 евра за ГПС-опрема, обука за советниците од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството кои ќе ги имплементираат едукативните работилници за земјоделците и 260.000,00 евра за владината национална кампања за промовирање на Програмата за наводнување капка по капка за одгледување пченка (реклами на националните и локалните телевизиски станици, билборди, постери и летоци што ќе бидат дистрибуирани кај земјоделската заедница) Цел: 80 комбинирани фарми2

Мерка 2 (2016): Зголемување на износот за наводнување капка по капка за производство на пченка во Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој и проширување со систем за наводнување капка по капка за сончоглед3 до 300.000 евра. Цел: 300 хектари (комбинирани фарми)

Мерка 3 (2017-2021): Воведување на петгодишен план (како дел од седумгодишниот план предвиден со економскиот модел врз чија основа се базирани препораките во оваа книга) каде што постепено ќе се зголемуваат износите доделени во Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој, за наводнување капка по капка за пченка/сончоглед и ќе го достигнат износот кој е поставен како цел во Белата книга4. Цел: 6.500 хектари (комбинирани фарми)

ГодинаИзнос (50/50 комбинација)

ЕВРА ХектариПретходни активн. на ПЕМБ/АПРЗ

-хектари (2013-2016) Вкупно (Хектари)2017 1,200,000 600 731 13312018 2,400,000 1200 12002019 2,400,000 1200 12002020 3,500,000 1750 17502021 3,500,000 1750 1750

13,000,000 6500 7231

Воведувањето и спроведувањето на Програмата за наводнување капка по капка за одгледување пченка може да има значителен ефект не само во потсекторот млеко и млечни производи туку и општо во македонската економија. Бројките до кои се доаѓа преку параметрите применети во процената на економскиот ефект се многу убедувачки, во секое од трите сценарија кои се опфатени со оваа Бела книга. Доколку се материјализира сценариото со висок ефект, како што и се очекува заради значајните зголемувања во приносите и соодветните инвестиции во рамките на целиот синџир на вредности, 101.2 милиони евра нето сегашна вредност за седумгодишен временски период ќе бидат додадени во секторот за млеко и млечни производи, додека 8.4 милиони евра во капитални инвестиции за иригациона инфраструктура ќе бидат избегнати. Понатаму, можат да се очекуваат и други позитивни екстерналии од спроведувањето на Програмата, како што се замена на увоз на пченка на годишно ниво во висина до 11.3 милиони евра и можност за отворање на нови 2,800 работни места по должината на целиот синџир на вредности. Горенаведеното ја прави Програмата клучна владина политика за зајакнување на возобновувањето на секторот за млеко и млечни производи. Се очекува Програмата да има и проширен ефект на други индустрии како живинарската и месната индустрија, а вклучително и на сончогледовата со потенцијал да се заменат 34 милиони евра увоз на сирово сончогледово масло.

1 Износите и оправданоста на трошоците се наведени подолу во делот на препораки на политиките2 Комбинирани фарми се комбинирани фарми за одгледување крави и фарми за производство на сточна хранаа3 И сончогледот треба да биде вклучен во програмата поради неколку причини: ротација на културите со пченка, високи приноси и подобрен квалитет, системот за наводнување капка по капка е ист и за сончогледот и има одличен потенцијал да го замени увозот исто така и дури и да го поттикне извозот4 Табела: Програма за наводнување капка по капка за одгледување пченка, распределба на финансиски средства

Page 13: БЕЛА КНИГА ЗА ИНОВАЦИИ ВО АГРOБИЗНИСОТ ВО МАКЕДОНИЈА

11

СТРАТЕГИСКИ ЦЕЛИ

Page 14: БЕЛА КНИГА ЗА ИНОВАЦИИ ВО АГРOБИЗНИСОТ ВО МАКЕДОНИЈА

12

2 СТРАТЕГИСКИ ЦЕЛИ

2.1 ГенералнацелнаБелатакнига

Целта на оваа Бела книга е да послужи како клучен документ на политиките на Владата на Република Македонија за формулирање на ефективна програма за финансирање на системи за наводнување капка по капка за производството на пченка, во рамките на секторот за производство на млеко и млечни производи во Македонија.

Во оваа Бела книга е ефективно изложено следното: (i) основниот проблем што се разгледува, (ii) суштината на предложеното решение, и (iii) ефектите и финансиската вредност на поврзаните јавни придобивки (низ целиот вредносен синџир, како резултат на зголемените приноси на произведена пченка) кои ќе ги добие македонската национална економија преку имплементација на предложената Програма за финансиска поддршка.

2.2 РезултатиодБелатакнигаиметодологијанаподготовка

Во Белата книга се анализираат и проценуваат конкретните економски придобивки кои ќе се добијат низ целиот вредносен синџир на млеко и млечни производи, со имплементацијата на добро структурирана Програма за финансиска поддршка на Владата на Република Македонија за избрана категорија на фарми за одгледување крави кои одгледуваат крави и произведуваат пченка.

Процесот на подготовка на Белата книга овозможи остварување на следните резултати:

1. Структурирана и сеопфатна анализа на статистички и останати податоци за фармите за одгледување на крави и одгледувачите на пченка, вклучувајќи ги и увозот на млеко (кондензирано, концентрирано и финални производи) и пченка. Анализата ја покажува големината, структурата и распределбата во целото земјоделско производство на млеко и пченка/силажа, ја идентификува основата за споредба и ја претставува оптималната цел за имплементирање на пилот програмата за финансиска поддршка.

2. Утврдена е големината, структурата и клучните фактори во рамките на вредносниот синџир на млеко и млечни производи во Република Македонија.

3. Формулиран е модел за проценка на економскиот ефект кај сите засегнати учесници во вредносниот синџир врз кои влијае зголеменото производство на пченка, како што се: примарните производители на пченка, фармите за одгледување на молзни крави, млекопреработувачите поттикнати од зголемената понуда на суровина (млеко), како и трговците со млечни производи на големо и мало.

4. Пресметана е вкупната економска придобивка за националната економија (вклучувајќи ја замената на увозот за пченка и млеко и ефектите на трговскиот биланс), што ќе се добие со имплементацијата на пилот програмата за финансиска поддршка за воведување систем за наводнување капка по капка за производство на пченка во Република Македонија и ефектот на јавните финансиски средства што ќе се користат во програмата.

5. Предложени се препораки на политиките врз основа на заклучоците од оценката на економскиот ефект.

Логиката позади оваа Бела книга е во согласност со основниот економски принцип на која било јавна фискална политика – дека секој денар што се инвестира од националниот буџет во која било Владина програма, всушност купува одреден степен од посакуваниот резултат, или генерално, купува економска придобивка која по можност треба да ја мултиплицира оригиналната инвестиција/трошокот. Економскиот ефект елабориран овде ја следи таа логика. Затоа основната задача на оваа Бела книга е правилно да се оцени обемот и да се процени финансиската вредност на сите придобивки за националната економија во одреден временски период, преку инвестирање на јавни финансиски средства во Програмата за наводнување капка по капка за одгледување пченка во Македонија.

12

Page 15: БЕЛА КНИГА ЗА ИНОВАЦИИ ВО АГРOБИЗНИСОТ ВО МАКЕДОНИЈА

13

ТЕКОВНА СОСТОЈБА И СИСТЕМСКО РЕШЕНИЕ –

КОНЦЕПТ НА НАВОДНУВАЊЕ КАПКА ПО КАПКА ЗА

ПРОИЗВОДСТВО НА ПЧЕНКА ВО РЕПУБЛИКА

МАКЕДОНИЈА

Page 16: БЕЛА КНИГА ЗА ИНОВАЦИИ ВО АГРOБИЗНИСОТ ВО МАКЕДОНИЈА

14

3 ТЕКОВНАСОСТОЈБАИСИСТЕМСКОРЕШЕНИЕ–КОНЦЕПТНАНАВОДНУВАЊЕКАПКА ПОКАПКАЗАПРОИЗВОДСТВОНАПЧЕНКА ВОРЕПУБЛИКАМАКЕДОНИЈА

3.1 Прегледнатековнатасостојбазанаводнувањеипроизводствонапченка воРепубликаМакедонија

3.1.1 ТековнасостојбазанаводнувањевоРепубликаМакедонија

Вкупната површина на земја во Република Македонија изнесува 25 713 km2, или 2 571 300 хектари. Во зависност од географските услови во земјата, искористеноста на земјата во Република Македонија е разнообразна, со следнава распределба:

Врз основа на искористеноста на земјата, со обработливи површини кои изнесуваат 26,1 % од вкупната површина земја, Република Македонија има одличен потенцијал за земјоделство, и припаѓа на групата земји со средна големина обработлива земја5. Според достапните податоци, од вкупните обработливи површини, околу 400 000 хектари се категоризирани како погодни за наводнување, или скоро 16% од вкупната површина земја. Овој факт претставува цврста основа за производство на земјоделски производ со голема вредност и принос во иднина, доколку се обезбедат адекватни системи за наводнување.

Што се однесува до постојната инфраструктура за наводнување во Република Македонија, податоците добиени од базата на податоци на ФАО6 „АКВАСТАТ“ покажуваат дека само 127 800 хектари се опремени со системи за наводнување, кога всушност, само 79 638 хектари се наводнуваат. Податоците од базата на податоци на ФАО за наводнуваните површини во потполност се совпаѓаат со податоците добиени од ДЗС7 , или попрецизно, од Пописот на земјоделството, 2007.

5 ЦИА, Книга на факти,20116 ФАО = Организација за храна и земјоделство на Обединетите нации7 ДЗС = Државен завод за статистика на Република Македонија

Графикон 3.1 Структура на искористеност на земјата во Македонија

Непродуктивна земја

Обработлива земја

Ливади

Шумска површина

11%

26%

28%

35%

Извор: „Системи за наводнување во Република Македонија“ Александар Радевски, 2010

14

Page 17: БЕЛА КНИГА ЗА ИНОВАЦИИ ВО АГРOБИЗНИСОТ ВО МАКЕДОНИЈА

15

Графикон 3.2 Видови на наводнување

Графикон 3.4 Годишна потрошувачка на вода по сектор

Графикон 3.3 Наводнувана површина

со подземни води

Земјоделство

Електростопанство

Индустрија

Домаќинства

наводнувана површина (ха)

ненаводнувана површина која е соодветна за наводнување

површина опремена за наводнувањесо површински води

4%

96%

20%

Извор: „Системи за наводнување во Република Македонија“ Александар Радевски, 2009

49%

31%43%27

%

29%

1%

Меѓутоа, други два извора на податоци покажуваат малку поинаква состојба во однос на површините кои се опремени со системи за наводнување и површините кои се наводнуваат. Првиот извор, објавен од познат македонски експерт за води8, покажува дека Македонија има вкупно 173 000 хектари вградена инфраструктура за наводнување. Во другиот извор, неодамнешен извештај на Светската банка9 изнесен е сличен заклучок:

„Уште од 1980-тите, се намалуваат површините кои се наводнуваат во земјата, а поголемиот дел од инфраструктура за наводнување е напуштен. Во моментов, само една четвртина од земјата погодна за наводнување всушност се наводнува, а и тој дел во голема мера зависи од локалните бунари со подземна вода за дополнителна вода. Всушност, 162 500 хектари имаат или имале инфраструктура за наводнување, но само 127 000 хектари се сметаат за погодни за наводнување …“

Според истата студија, потребата од вода за наводнување е голема и затоа земјоделството се јавува како сектор кој е најголем потрошувач на вода во Република Македонија,

со 43% од вкупното повлекување свежа вода. Потребите од вода за општините следуваат со вкупни учество од 29%, потоа индустријата со 27% од вкупната побарувачка за вода (особено рударството, металургијата, хемиската и текстилната индустрија), и на крајот потребата од вода за ладење во термоенергетскиот сектор со 1% (Графикон 3.4).

Извештајот на Светска банка понатаму продолжува, „Достапноста на вода е прашање кое е од суштинско значење за земјоделството, бидејќи несоодветното наводнување веќе ја ограничува продуктивноста, а се очекува дека климатските промени уште повеќе ќе ја влошат состојбата. Земјата е веќе изложена на умерен воден стрес, а со климатските промени се зголемува потребата од вода за земјоделството. Растечкиот тренд на се почести недостатоци од вода ја намалува стабилноста на наводнувањето, а како последица на тоа ги намалува и приносите на културите. Наводнувањето е од суштинско значење за проширување на производството на висококвалитетни култури, за што Република Македонија има компаративна предност. Меѓутоа, македонскиот систем за наводнување е крајно неефикасен: инфраструктурата е стара и нефункционална, локацијата на цевките и каналите не одговара на тековната локација на површините, и системот е дизајниран за да опслужува големи површини, додека земјоделството денес е базирано на мали површини.

8 „Системи за наводнување во Република Македонија“ Александар Радевски, 20109 Процена на зелениот раст во Република Македонија © 2014 СВЕТСКА БАНКА

Page 18: БЕЛА КНИГА ЗА ИНОВАЦИИ ВО АГРOБИЗНИСОТ ВО МАКЕДОНИЈА

16

Како резултат на тоа, се користат само 20% од постојната инфраструктура за наводнување, а земјоделците инвестираат во свои сопствени независни системи за наводнување, најчесто од бунари. Овие индивидуални проекти се ретко регистрирани, а подземните води често се користат без да се плати за потрошувачката, што доведува до прекумерно користење на вода. Одржливоста на овој систем е дискутабилна.“10

Иако Република Македонија има одличен земјоделски потенцијал, врз основа на вкупниот процент на обработливи површини и соодветната покриеност со системи за наводнување изградени во минатото, идната национална агроекономска политика мора да земе предвид две важни и меѓусебно поврзани насоки на делување: (1) темелна реконструкција и надградба на постојната инфраструктура за наводнување, и (2) државни програми за поддршка за воведување на одржливи и докажани техники и практики на наводнување. Во оваа Бела книга се разгледува втората точка за одгледување пченка во Република Македонија и резултатите што ќе се постигнат со нивната примена во целиот вредносен синџир на млеко и млечни производи.

3.1.1 ПрегледнатековнатасостојбазапроизводствонапченкавоРепубликаМакедонија

Просечната обработлива површина насадена со пченка во Република Македонија во последните 5 години (2008-2012 година) изнесува околу 30 000 хектари (Графикон 3.5). Просечната годишна стапка на раст (CAGR) за истиот 5-годишен период (-1.5%) покажува мал годишен тренд на опаѓање кај обработливите површини насадени со пченка, со стандардна девијација од 1 580 или +/- 5% од просекот. Вкупното производство и приноси на пченка исто така имаат сличен тренд на опаѓање.

10 Процена на зелениот раст во Република Македонија © 2014 СВЕТСКА БАНКА

Графикон 3.5 Површина насадена со пченка, годишно производство и принос

30.00040.000

20122011201020092008

20.000

10.000

0

31 582 32 737 32 466

28 644 28 623 29 390 29 369 29 198 29 18031 013

Засеани (ха) Ожнеани (ха)

140.000

160.000

20122011201020092008

120.000

100.000

0

127 125 154 237

129 045 126 096

115 928

Производство (тони)

6000

20122011201020092008

4000

2000

0

4 751 4 508 4 2944 099

3 973

Принос (кг/ха)

Извор: ДЗС, 2014

Page 19: БЕЛА КНИГА ЗА ИНОВАЦИИ ВО АГРOБИЗНИСОТ ВО МАКЕДОНИЈА

17

Годишното производство во тони во 2012 година изнесуваше 115 928, доволно да покрие само 65% од вкупната потрошувачка на пченка за истиот период (178 636 тони). Останатите 35% беа покриени со увоз, главно од Србија (88,7%), Бугарија (6,0%), Грција (3,1%), и Аргентина (1,7%), кои заедно опфаќаа 99,5% од вкупниот увоз на пченка во земјава за истата година (62 832 тони).

Делот кој го зазема увозот во задоволување на годишната потрошувачка на пченка во земјата (просечно 30%) покажува каков потенцијален економски ефект може да има зголемувањето на приносите врз домашниот пазар на пченка, т.e. замена на увозот со домашна пченка со повисок квалитет и зголемено домашно производство кое на крај ќе резултира со зголемено производство на млеко и млечни производи (види Глава 4 за повеќе детали). Покрај тоа, ниската основа на просечни приноси добиени од одгледување пченка, остава значителен простор за подобрување во секторот, што лесно може да се постигне преку систематска примена на високоефективни и современи системи за наводнување капка по капка, комбинирани со „ефективно снабдување со хранливи материи т.е. фертигација. (види Глава 3.3 за повеќе детали за реалните резултати добиени со наводнување капка по капка во Република Македонија досега).

3.2 Споредбанаприносиодпроизводствонапченка

Според податоците за приносите на пченка добиени од базата на податоци на ФАО, Република Македонија спаѓа во групата со најнизок/највисок учинок во споредба со поширокиот Балкански регион, предводен од Грција (со натпросечни приноси во споредба со земјите од ЕУ и Западна Европа како региони со највисоки перформанси).

Иако податоците од 2012 година беа достапни од базата на податоци на ФАОСТАТ, 2011 година беше земена како порепрезентативна година, затоа што во 2012 година голем дел од Балканскиот регион имаше проблем со афлатоксин во пченката и просечните приноси беа драстично намалени. Ако се земат за илустрација приносите на пченка во Србија, може да се заклучи дека приносите во 2012 година беа намалени за 46%, во споредба со 2011 година, што е најголем пад од сите 10 земји во групата. Само кај Македонија, Грција и Турција се забележуваат промени од едноцифрен процент во приносите од 2011 до 2012 година, и тие се (-7%), (-8%), и (+4%) секоја посебно, додека кај сите други земји се забележува двоцифрен пад (освен кај Албанија каде што се забележува двоцифрен раст во приносите (+12%)). Македонија се наоѓа на самото дно во групата (прва помеѓу последните три земји, покрај Црна Гора и Босна и Херцеговина) со приноси под 5 тони/хектар, што е под светскиот просек

Графикон 3.6 Споредба на приноси на пченка (кг/ха)

Графикон 3.7 Споредба на приноси на пченка (кг/ха)

Грција Западна Европа

Европска Унија

Јужна Европа

Северна Европа

Европа

Источна Европа

Свет

Словенија

Турција

Албанија

Хрватска

Бугарија

Србија

Македонија

Црна Гора

Босна и Херцеговина

0 05000 200010000 400015000 6000 8000 10000 12000

11,913 10,298

7,578

7,547

7,490

6,658

5,538

5,161

8,686

7,131

5,987

5,682

5,531

5,149

4,270

4,177

3,899

20112012

20112012

Извор: ФАОСТАТ, Производство/Култури, 2014

Page 20: БЕЛА КНИГА ЗА ИНОВАЦИИ ВО АГРOБИЗНИСОТ ВО МАКЕДОНИЈА

18

Како краток вовед, наводнувањето „капка по капка“ е бавно, рамномерно залевање со вода со низок притисок на почвата и растенијата, на прецизен и таргетиран начин, така што определено количество вода истекува до определено место во коренот на растението, што е неопходно за ефективно поттикнување на растот и развојот. За наводнувањето „капка по капка“ се користи систем на пластични црева со вградени емитери за вода, распоредени по целата должина на цревото (капалки), кои овозможуваат истекување на вода директно на кореновиот систем на растенијата, на начин кој: (a) ја максимизира искористеноста на водата и (б) спречува испарување или истекување на водата и нејзини загуби. Освен тоа, цревата не се користат само за наводнување, туку земјоделците имаат можност преку истите црева да аплицираат ѓубрива и прехрана, со тоа овозможувајќи иста таква прецизност во апликацијата на ѓубривото и прехраната, што резултира со нивна оптимална искористеност. Оваа постапка често се нарекува фертигација или нутригација. Досега, ова е најефикасниот начин за зголемување на приносот и квалитетот на културите, преку прехранување на растенијата според нивните специфични и променливи потреби. Овој концепт на современ систем за наводнување капка по капка во комбинација со контролирана фертигација, во моментов го применува Проектот за експанзија на мали бизниси, преку иницијативата „Да одгледуваме повеќе пченка“. Досега во Македонија се применува само површински систем за наводнување капка по капка, како наједноставен метод за наводнување со капка по капка. Со овој начин цревата се поставуваат на површината на земјоделското земјиште, на зададено растојание од основата на растението. Вообичаено, површинското наводнување се претпочита заради финансиски причини, како и во случаи кога пенетрирањето под површината е проблематично.

Проектот на УСАИД Македонија за експанзија на мали бизниси е четиригодишен проект, имплементиран од Карана корпорејшн (CARANA Corporation), дизајниран со цел да се зајакне капацитетот на приватниот сектор, да се поттикне регионалниот економски развој и да се создадат нови работни места во избраните региони во Македонија. Целите на проектот се да се ангажираат бизнис лидерите, локалната самоуправа, регионалните развојни центри и другите институции за да се идентификуваат пазарните можности за развој и да се создадат нови работни места, да се надградат капацитетите на микро, малите и средните претпријатија (ММСП) за да можат соодветно да реагираат на новите пазарни можности и да се развиваат, како и да се зајакне капацитетот на давателите на деловни услуги за да можат подобро да ги идентификуваат и да ги задоволат потребите на ММСП, додека ги градат неопходните капацитети на работната сила за да се поддржи развојот на ММСП. Во текот на двегодишната работа, Проектот започна многу иницијативи, помеѓу кои иницијативата „Да одгледуваме повеќе пченка“ во 4 одбрани региони, првично во Полог и Пелагонија, а потоа во Североисточниот и Вардарскиот регион.

Проектот за експанзија на мали бизниси започна со имплементација на иницијативата „Да одгледуваме повеќе пченка“ со цел да се демонстрира дека со воведување на нови технологии и добри земјоделски практики, како што се современите решенија за наводнување капка по капка и фертигација, продуктивноста може значително да се зголеми, со што ќе се создадат позитивни ефекти на макроекономско ниво. Попрецизно кажано, со зголемувањето на приносите на пченка, директно ќе се придонесе не само за замена на увозот на пченка, туку исто така и за замена на увозот на кондензирано млеко, а истовремено ќе се подобри и синџирот на набавка на млеко и млечни производи во Македонија. Синџирот на набавка на млеко и млечни производи во Македонија започнува со фармите со крави кои по правило сами произведуваат пченка и силажа како основни инпути на сточната храна, потоа директно се поврзани со млекопреработувачите и најпосле следат трговците на големо и мало кои ги доставуваат млечните производи до крајните потрошувачи.

од 5,2 тони/хектар, додека европскиот просек е преку 6,6 тони/хектар. САД се најголем производител на пченка, со високи приноси од преку 10 тони/хектар, слично на приносите во Западна Европа. Очигледно, долгорочното инвестирање во современи агрономски практики и наука во развиениот свет ја носи потребната придобивка.

Оваа компаративна анализа на приносот на пченка во Република Македонија наспроти Балканските земји и земјите од ЕУ, покажува, на многу ефективен начин, дека земјоделските практики и технологии кои моментално се применуваат во Македонија се лоши и далеку под нивото на современите земјоделски практики кои се применуваат во соседните земји на Балканот, низ Европа и во другите развиени земји. Овој тренд е воедно и клучната причина зад идејата за спроведување на напредни системи за наводнување/фертигација со капка по капка низ цела Македонија.

3.3 Технологијазанаводнувањесосистемкапкапокапкаипотенцијалзаприносинапченка

Page 21: БЕЛА КНИГА ЗА ИНОВАЦИИ ВО АГРOБИЗНИСОТ ВО МАКЕДОНИЈА

19

Графикон 3.8 Пример за поставување на систем капка по капка

Пред започнувањето со иницијативата „Да одгледуваме повеќе пченка“ во Македонија, наводнувањето со системот за наводнување капка по капка за одгледување пченка беше речиси непознато во земјата и првично беше дочекано со голема доза на сомнеж, не само од страна на земјоделците, туку и од поголемиот дел од земјоделската/прехранбената заедница.

Иницијативата „Да одгледуваме повеќе пченка“ започна со внимателно испланиран процес на избор на снабдувач на системи и услуги за наводнување капка по капка (како што се инсталирање, обука и понатамошно следење и проширување), и процес на предселекција на одреден број на земјоделци кои одгледуваат пченка/крави и кои ќе се согласат со поставувањето на опремата. Резултатите од сезоната во 2013 година, за 42 хектари наводнувани со систем за наводнување капка по капка беа неверојатни, и поставија нов стандард за производство на пченка во Република Македонија.

Проектот за експанзија на мали бизниси продолжи да ги надградува овие искуства и досега постави 120 системи за наводнување капка по капка кои покриваат 120 хектари насадени со пченка, а земјоделците дополнително поставија опрема на уште 80 хектари, достигнувајќи вкупно 200 хектари.

Наводнувањето капка по капка придонесе за поголеми приноси во многу разновидни агроеколошки ситуации (Иницијативата „Да одгледуваме повеќе пченка“ достигна просек од 11,4 тони/хектар во првата година, во првите два региона) и постави национален рекорд од 17 тони/хектар пченка и 112 тони/хектар силажа. Освен заштедите на вода (помалку вода од дури 25% до 35% во споредба со наводнувањето со бразди и прскалки), производството на пченка со значително подобар квалитет, намалувањето на трошоците за работна сила и работни часови (во споредба со конвенционалното наводнување со бразди), прецизната апликација на ѓубрива, ниските притисоци (во споредба со големи машини за вештачки дожд), системот за наводнување капка по капка за одгледување пченка има и пошироки импликации во вертикалниот синџир на набавка на млеко и млечни производи и во другите индустрии кои се зависни од пченка, како што е забележано погоре.

Технологијата „капка по капка“ овозможува прецизно наводнување и фертигација/нутригација, каде што 95% од водата, ѓубривата и хранливите материи директно се аплицираат на коренот на растението и на тој начин се создава средина без стрес, за да може растението да расте и да даде максимални приноси. Покрај тоа, Проектот за експанзија на мали бизниси создаде систем за известување, преку кој земјоделците навремено се известуваат кога да наводнуваат и/или да применат фертигација и кои ѓубрива да ги користат. Оваа практика е воспоставена по препорака од претходно цитираниот извештај на Светската банка „Процена на зелениот раст во Република Македонија“ каде што меѓу другото особено се нагласува потребата од оптимизација на агрономските практики (вклучително навременото аплицирање на вода и ѓубрива), во сите делови на земјата.

Мерач на притисок

Филтер за песок

Вентил за воздух

Страничен вентил

Стопер

Вентил за испуштање вода

Регулатор на притисок

Хидро-циклон филтер

NRV

Диск филтер

Бајпас вентил

Пумпа

Бунар

Странично црево (латерала)

Капалка

Подгл

авна

цевка

Главна цевка

Page 22: БЕЛА КНИГА ЗА ИНОВАЦИИ ВО АГРOБИЗНИСОТ ВО МАКЕДОНИЈА

20

Системот се состои од главна цевка која што е директно поврзана со изворот на вода (хидрант, бунар, река или резервоар), на која се намонтирани филтри како и мал апликатор за ѓубриво. Филтрите се поврзани на систем од пластични црева за наводнување со вградени емитери за вода (мали пластични капалки), со соодветни вентили кои служат како секундарна мрежа и директно обезбедуваат вода и ѓубриво.

Системот е многу лесен за одржување и има гаранција од 10 години, иако неговиот економски век во економскиот модел е проценет на 7 години.

Според временските услови и почвата во Македонија, потребни се околу 28 м3 на час за наводнување на 1 хектар пченка или вкупно 2 750 м3 за целата сезона на одгледување пченка, со што се заштедува вода од најмалку 25% наспроти конвенционалните методи на иригација (3 750 м3). Системот за наводнување капака по капка е многу лесен за инсталирање, и се инсталира за вкупно 4 часа.

Со работењето на системот се заштедуваат многу работни часови, што е уште една предност во однос на другите конвенционални системи за наводнување. Имено, со наводнувањето капка по капка потребни се само 10 часа работна сила, наспроти 50 часа потребна работна сила кога се користи друг метод за наводнување.

Врз основа на податоците од Државниот завод за статистика и податоците за прогресивните земјоделци следени од Проектот за експанзија на мали бизниси, пресметано е дека просечниот принос на пченка по хектар е 6 113 кг (Графикон3.9). Фармите кои имаат имплементирано системи за наводнување капка по капка и фертигација просечно остваруваат 86% поголеми приноси од вака изведениот македонскиот просек, земен како основа за споредба, или преку 1,5 пати од приносите на просечниот македонски земјоделец (РМ Стат).

Резултатите од пилот програмата за наводнување капка по капка на иницијативата „Да одгледуваме повеќе пченка“ се навистина импресивни. Првичните просечни приноси по сезона добиени со пилот портфолиото изнесуваат значителни 11,4 тони/хектар. Во споредба со тековните приноси на прогресивните земјоделци од просечно 7,9 тони/хектар, покажува пораст од 44 %, додека во споредба со просечниот принос на пченка во текот на пет години во Македонија од 4,3 тони/хектар, приносот по наводнувањето со примена на системот капка по капка е мултиплициран за 2,65. Досега, ова е невиден резултат во одгледувањето пченка во македонскиот земјоделски контекст.

Постигнатиот раст во приносите по хектар може да варира во зависност од почетните земјоделски услови и применетите практики кај секој индивидуален земјоделец кој одлучил да имплементира систем за наводнување капка по капка, односно, колку е пониска почетната точка, толку е поголема разликата во постигнатиот раст на приноси. Од искуството на Проектот за експанзија на мали бизниси досега, базирано на две пилот сезони (2013 и 2014 година) со земјоделците од Полог и Пелагонија, може да се претпостави дека скоро секој земјоделец кој ќе одлучи да имплементира систем за наводнување капка по капка во текот на временски период од 7 години, може

11 Проект за експанзија на мали бизниси, избрани земјоделци, пред поставувањето на системот за наводнување капка по капка

Графикон 3.9 Принос по хектар (со/без наводнување капка по капка)

ПЕМБ 2013 земјоделци со капка

кг/ха принос со конвенционално наводнување кг/ха принос со капка-по-капка наводнување

Просек MK (РМ Стат

Прогресивни МК фармери13

11,400

3,500(+44%)

7,075(+164%)4,325

7,900

Извор: ДЗС 2014, податоци од Проектот за експанзија на мали бизниси 2013

Page 23: БЕЛА КНИГА ЗА ИНОВАЦИИ ВО АГРOБИЗНИСОТ ВО МАКЕДОНИЈА

21

Фаза 2

Фаза 1

Табела 3.1 Потрошувачка на вода по хектар пченка (со/без наводнување капка по капка)

да постигне просечен принос од околу 13 тони по хектар. Приносот од 13 тони по хектар е изведен од претпоставката дека, ако малите земјоделци кои во моментов произведуваат пченка според националниот просек од 4,3 тони, го дуплираат производството во првата година до 8 тони (што е демонстрирано со резултатите од активностите на Проектот за експанзија на мали бизниси), додека прогресивните земјоделци стигнат до 14 тони во истата година, усовршените практики во текот на периодот од седум години, ќе резултираат со 7-годишен просек од 13 тони по хектар. Се разбира, оваа претпоставка претставува оптимистичко сценарио базирано на тековните искуства. Сепак, за да се презентира сензитивноста на резултатите од програмата во однос на клучните променливи, како што се основата и просечните приноси на пченка по наводнување со капка по капка, беа направени неколку сценарија во рамките на економскиот модел на трошоци и придобивки, елабориран во следната глава.

Вкупната потрошувачка на вода со примена на системите за наводнување капка по капка е во просек 30% помала од потрошувачката на вода со примена на конвенционалните системи за наводнување, како што се линеарните системи и прскалките (Табела 3.1). Генерално, вкупното потребно количество вода за целата сезона на одгледување пченка е во опсег од 3 500-4 000м3 (конвенционално наводнување) и 2 300-2 700 м3 кај наводнувањето капка по капка. Искуството на Проектот за експанзија на мали бизниси со земјоделците од Полог и Пелагонија покажува дека 2 750 м3/хектар е реална потрошувачка на вода со примената на системот за наводнување капка по капка, и покажува намалување од 27% во споредба со просечната потрошувачка со примена на конвенционалното наводнување (3 750 м3/хектар).

Врз основа на зголемувањето на приносите на пченка со иницијативата „Да одгледуваме повеќе пченка“ и потенцијалот на системот за наводнување капка по капка, во следната глава се формулирани основите на економскиот ефект што програмата за наводнување капка по капка за производство на пченка во Македонија може да го има низ целиот вредносен синџир на млеко и млечни производи во националната економија.

Фаза на производство на пченка Конвенционално

наводнување (м3/ха)Наводнување капка

по капка (м3/ха)% на

намалување

Фаза 1 –’ ртење и никнување 20 14 -30.0%

Фаза 2 – фаза на брзо растење на стеблото 40 28 -30.0%

Фаза 3 – братење и вретенисување на пченката 55 39 -29.1%

Фаза 4 – опрашување и ѓубрење 60 42 -30.0%

Извор: Факултет за земјоделски науки и храна (ФЗНХ) 2014

Фаза 4

Фаза 3

Page 24: БЕЛА КНИГА ЗА ИНОВАЦИИ ВО АГРOБИЗНИСОТ ВО МАКЕДОНИЈА

22

Page 25: БЕЛА КНИГА ЗА ИНОВАЦИИ ВО АГРOБИЗНИСОТ ВО МАКЕДОНИЈА

23

ПРОЦЕНА НА ЕКОНОМСКИОТ ЕФЕКТ ОД НАВОДНУВАЊЕТО

КАПКА ПО КАПКА

Page 26: БЕЛА КНИГА ЗА ИНОВАЦИИ ВО АГРOБИЗНИСОТ ВО МАКЕДОНИЈА

24

4 ПРОЦЕНАНАЕКОНОМСКИОТЕФЕКТОДНАВОДНУВАЊЕТОКАПКАПОКАПКА

4.1 Логикатанаекономскиотмоделнатрошоциипридобивки(Производствонапченканаспротивредносенсинџирнамлекоимлечнипроизводи)

Како што веќе беше забележано, во оваа глава се формулирани причините и аналитичката рамка што се применува за опсежна процена на позитивниот ефект што Програмата на Владата за наводнување со системи за наводнување капка по капка може да и го донесе на националната економија на Република Македонија, земајќи ги предвид нагорните врски помеѓу одгледувањето пченка и целокупниот вредносен синџир на млеко и млечни производи. Со овој пристап се дефинира следново: клучните двигатели што поттикнуваат раст во разни внатрешно поврзани сегменти во вредносниот синџирот на млеко и млечни производи во Македонија како и клучните параметри за пресметка на позитивните економски ефекти (или добивки) наспроти првичната инвестиција или „трошок“ од национална економска гледна точка.

Ефективно, логиката позади оваа Бела книга е во согласност со основниот економскиот принцип на било која јавна фискална политика, дека секој денар што се инвестира од националниот буџет во било која Владина програма, всушност купува одреден степен од посакуваниот резултат, или генерално, купува економска придобивка што треба да ја мултиплицира оригиналната инвестиција/трошок. Економскиот ефект елабориран овде го следи овој тек на размислување.

Според тоа, овде презентираниот модел на трошоци и придобивки е базиран на следниот модел на вредносен синџир на млеко и млечни производи во Македонија: почнувајќи од (i) земјоделци кои одгледуваат пченка или комбинирани фарми за одгледување крави кои произведуваат сопствена пченка и силажа, како суштински инпути на сточната храна, (ii) потоа следат млекопреработувачите, кои се директни купувачи на непастеризирано млеко и (iii) најпосле следи трговскиот дел кој се состои од трговци на големо и мало кои ги доставуваат производите до крајниот потрошувач.

Графикон 4.1 Поедноставен модел на вредносен синџир на млеко и млечни производи во Македонија

Млекопреработувачките компании се централен дел на овој вредносен синџир. Тие се директни купувачи на непастеризирано млеко од фармите за одгледување крави и директни продавачи на трговците кои се наоѓаат погоре во вредносниот синџир. Според тоа, нивниот раст директно зависи (и е лимитиран) од растот на непастеризираното млеко произведено во фармите. Затоа, не е зачудувачки што постојат многу стратешки сојузи помеѓу млекопреработувачите и фармите. Како општа пракса, повеќето фарми за одгледување крави, особено оние кои се економски одржливи, одгледуваат сопствена пченка и силажа, како клучни инпути на сточната храна.

Млекопреработувачите го претвораат непастеризираното млеко во разни готови производи и го дистрибуираат до крајните потрошувачи преку трговскиот дел, кој се состои од продавници на големо и мало.

Во секоја фаза од овој синџир на исхрана се додава вредност. Иако во многу случаи фазите може да се преклопат и да ги изврши истиот учесник, концептот на додадена вредност останува ист.

24

Трго

вија

Големопродажба

Малопродажба

Земј

одел

ство

Прер

абот

ка на

хр

ана

Култивација на пленка

Сточарски фарми

Преработка на млеко

Page 27: БЕЛА КНИГА ЗА ИНОВАЦИИ ВО АГРOБИЗНИСОТ ВО МАКЕДОНИЈА

25

Клучниот двигател на раст во целиот вредносен синџир на млеко и млечни производи е продуктивноста на производството на пченка, која што директно зависи од просечните приноси по хектар земјоделски површини. Повеќето средни и големи фарми за одгледување крави произведуваат сточна храна за свои потреби, особено пченка и силажа, бидејќи нивниот придонес во целокупните оперативни трошоци на фармата е од суштинско значење за економски одржливо земјоделство. Затоа, произведеното количество и растот на овие фарми директно зависи од расположливата сточна храна, или ако се земе истата расположлива земјоделска површина, просечните приноси од одгледување пченка. Доколку се земат предвид значителните резултати и потенцијалот за зголемени приноси на пченка со воведување на системот за наводнување капка по капка, економскиот модел на трошоци и придобивки овозможува пресметка на дополнителната додадена вредност во секоја фаза од вредносниот синџир на млеко и млечни производи, директно предизвикана од имплементацијата на Програмата за наводнување капка по капка. Точните параметри на додадената вредност се елаборирани понатаму во овој текст, додека, концептуално, логиката на овој модел е следнава:

` Колку се поголеми приносите на пченка од површините каде што се одгледува пченка или од фармите за одгледување крави што произведуваат пченка за сопствени потреби, толку е поголемо нивното производство и следствено и заработката (додадената вредност);

` Колку е поголемо произведеното количество на непастеризирано млеко во фармите со крави, како резултат на поголемите количини расположива сточна храна – толку се повисоки произведените количини на млечни производи, економските резултати и заработката (додадената вредност) на млекопреработувачите;

` Колку е поголемо произведеното количество на млекопреработувачите, толку е поголемо количеството на тргуваните добра, а следствено на тоа и трговските маржи во апсолутни износи кои ги добиваат трговците со доставување на добрата до крајните потрошувачи.

Има и неколку други позитивни економски ефекти како резултат на спроведувањето на програмата за наводнување капка по капка, како што се: замена на увозот на пченка, поголем број работни места и заштеда на капитални трошоци како резултат на заштеда на вода со примена на системот за наводнување капка по капка наспроти поконвенционалните системи за наводнување (линеарни системи и прскалки).

Моделот на анализа на економскиот ефект започнува со оценка на додадената вредност на економијата, што наводнувањето капка по капка може да го стимулира по хектар обработлива површина насадена со пченка и силажа (нето сегашна вредност/хектар), т.e. дополнителното зголемување на приносите кај одгледувањето пченка и силажа со наводнување капка по капка и придобивките за одгледувачот на пченка. Ефектите потоа беа реплицирани на макро ниво со внесување на одбраните хектари кои би се финансирале со потенцијалната владина програма.

Беше направена и посебна анализа за категоријата на комбинирани земјоделски фарми, производство на сточна храна и непастеризирано млеко, за да се добие увид во ефектите што наводнувањето капка по капка може да ги стимулира на вертикално интегрираниот модел на фарма, т.e.: (а) зголемување на приносите од производство на пченка и силажа, (б) заштеда на трошоци како резултат на зголемено сопствено производство на пченка и силажа, како и (в) зголемување на производството на млеко поради инвестирање во дополнителни грла добиток, кои ќе бидат хранети со зголеменото количество сточна храна добиено како резултат на зголемените приноси на пченка и силажа по хектар.

За секој клучен сегмент во рамките на вредносниот синџир на млеко и млечни производи во Република Македонија (производство, преработка, тргување), беше подготвен модел за анализа на трошоци и придобивки за пресметка на придобивката на годишно ниво, за период од седум години. Економската придобивка потоа е сумирана како единечен износ на вкупната сегашна вредност, добиен со дисконтирање на секоја годишна придобивка до денес. Во следнава матрица се накратко прикажани индикаторите и сегашната вредност на придобивките за секој сегмент во вредносниот синџир:

25

Page 28: БЕЛА КНИГА ЗА ИНОВАЦИИ ВО АГРOБИЗНИСОТ ВО МАКЕДОНИЈА

26

Сегмент на вредносниот синџир

Клучен двигател на вредноста

Индикатори на економски придобивки

Земјоделство: Одгледувачи на пченка

` Зголемени приноси на пченка

` Зголемена заработка

` Нето сегашна вредност (НСВ) од дополнителниот слободен готовински тек кон фирмата за период од 7 години

Земјоделство: Фарми за одгледување крави

` Зголемени приноси на пченка

` Заштеда како резултат на избегнување на купување сточна храна

` Зголемено производство на млеко

` Нето сегашна вредност (НСВ) од дополнителниот слободен готовински тек кон фирмата за период од 7 години

Преработка на храна: Млекарници

` Зголемено производство

` Зголемена заработка

` Нето сегашна вредност од додадената вредност на индустријата за млеко и млечни производи на националната економија (пресметка на БДП по приходен метод) за период од 7 години

Трговија: Трговци на големо и мало

` Зголемен трговски волумен

` Зголемени трговски маржи и заработка

` Нето сегашна вредност од додадената вредност на трговската индустрија на националната економија (пресметка на БДП по приходен метод) за период од 7 години

Целосната логика позади моделот детално објаснет во останатите делови на овој извештај, е следната:

Табела 4.1 Преглед на индикаторите и сегашната вредност на придобивките

Mлекопроизводителинеговатапченка,двојноповисокаоднего

Page 29: БЕЛА КНИГА ЗА ИНОВАЦИИ ВО АГРOБИЗНИСОТ ВО МАКЕДОНИЈА

27

1600 НОВИ РАБОТНИ МЕСТА11,8 МИЛ. ЕУР

700 НОВИ РАБОТНИ МЕСТА51,5 МИЛ. ЕУР НСВ

30.600 ТОНИ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ

24,7 МИЛ. ЕУР НСВ

14,2 МИЛ. ЕУР НСВ

101,2 МИЛ. ЕУР 2.800 НОВИ РАБОТНИ МЕСТА

70.000 ТОНИ МЛЕКО

КОМБИНИРАНО ПРИМАРНО ПРОИЗВОДСТВО (СИЛАЖА И МЛЕКО)

МЛЕКОПРЕРАБОТУВАЧКА ИНДУСТРИЈА

ГОЛЕМОПРОДАЖБА НА МЛЕКО И МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ

МАЛОПРОДАЖБА НА МЛЕКО И МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ

ВКУПНО

500 НОВИ РАБОТНИ МЕСТА

НЕТО СЕГАШНА ВРЕДНОСТ (НСВ)

Графикон 4.2 Логика на економскиот модел

Извор: Интерно развиен модел на трошоци и придобивки (cost-benefit model)

Page 30: БЕЛА КНИГА ЗА ИНОВАЦИИ ВО АГРOБИЗНИСОТ ВО МАКЕДОНИЈА

28

Иако дополнителната (Δ) додадена вредност на макро ниво само од комбинираното производство (скоро 12 милиони евра) е помала во однос на дополнителната додадена вредност на површините каде што се одгледува пченка (41 милиони евра), (нето сегашната вредност од 7-годишниот економски придобивка од одгледувачите на пченка беше преку 3,5 пати од нето сегашната вредност на комбинираното производство), зголемувањето на производството на млеко обезбеди дополнителна можност за зголемување на позитивните ефекти од наводнувањето капка по капка нагоре по вредносниот синџир на млеко и млечни производи, односно во (i) млекопреработувачката индустрија, преку (ii) дистрибутивниот систем на големо, и конечно до (iii) крајните потрошувачи преку малопродажбата. Според тоа, целна група за поддршка од Владата се комбинираните и вертикално интегрираните фарми (Графикон 4.3). Така, комбинираната додадена вредност предизвикана од програмата за наводнување капка по капка нагоре по целиот вредносен синџир на млеко и млечни производи е конечно значително повисока од додадената вредност на одгледувачите на пченка.

Во следната глава е резимирана структурата на моделот, клучните влезни променливи, како и финансиската вредност на економските придобивки елаборирани во оваа глава, посебно за секој сегмент од целиот вредносен синџир на млеко и млечни производи: (i) одгледувачи на пченка, (ii) вертикално интегрирани фарми за одгледување крави, (iii) млекопреработувачи, и, (iv) трговци на млечни производи.

4.1.1 Главнизаедничкипретпоставкизаситефазинаекономскиотмодел

Иако интегрираниот модел ги соединува посебните економски модели за трошоци и придобивки за секоја фаза во вредносниот синџир на млеко и млечни производи (и врз основа на нивните сопствени претпоставки), постојат бројни претпоставки кои се заеднички за сите фази, а тие се следниве:

Проекција за 7 години, земена како просечен економски век на системот за наводнување капка по капка;

Капитален трошок на системот за наводнување капка по капка за 1 [хектар] од 2 500 евра12;

Дисконтна стапка од 10% за пресметка на нето сегашната вредност;

Поврат врз основа на нето додадената вредност изразен како дополнителна нето сегашна вредност [евро]/ хектар;

12 Ова е максимална цена за првиот хектар; за следните 5 хектари секој е по 1 500 евра

0

20000000

40000000

60000000

80000000

100000000

120000000

Графикон 4.3 Потенцијал за додадена вредност

Одгледувачи на пченка

Вредносен синџир на млеко и млечни производи (вкупна добивка)

Комбинирано производство

Индустрија на млеко и млечни производи

Продажба на големо на млечни производи

Малопродажба на млечни производи

1420936724711943

51483214

102247186

11842662

41151196

Page 31: БЕЛА КНИГА ЗА ИНОВАЦИИ ВО АГРOБИЗНИСОТ ВО МАКЕДОНИЈА

29

Индикаторите на економски поврат кои се користат се следниве:

Дополнителна нето сегашна вредност со 10% дисконтна стапка по хектар (врз основа на дополнителни приходи, заштеда на трошоци и заработка) (NPV);

Интерна стапка на поврат, дисконтната стапка што предизвикува нула нето сегашна вредност (IRR);

Показател на соодносот на придобивки и трошоци, како сооднос помеѓу добивките од проектот или предлогот, претставени парично, во однос на трошоците, исто така претставени парично, изразени во дисконтирани сегашни вредности (BCR - Benefit-cost ratio);

Период на отплата, како временски период кој е потребен за да се надомести инвестицијата, или да се достигне прагот на рентабилност (Payback period); и

Мултипликатор на повратот на инвестицијата (ROI), како нето сегашната вредност поделена со вкупната инвестиција, за да се пресмета и спореди уделот на нето повратот кон оригиналната вредност на инвестицијата на денешен ден.

4.1.2 Анализана трошоциипридобивкинапримарнитепроизводителинапченкаисилажа–соибезнаводнувањекапкапокапка

Сите анализи и проекции се направени по хектар, т.e. инвестиционите трошоци, оперативните трошоци, приносите (пред и по инвестицијата), приходите и повратот се сведени по хектар.

Главните инпути на моделот на анализа на трошоци и придобивките за примарните производители на пченка и силажа се однесуваат на следново:

` Големина на инвестицијата за систем за наводнување капка по капка за пченка и за силажа (2 500 евра/хектар);

` Зголемување на приносите по хектар со користење на систем за наводнување капка по капка, од просечно за РМ 4,3 тони/хектар до 13 тони/хектар, и 23,1 тони/хектар до 70 тони/хектар за пченка и силажа посебно, или околу 3 пати повеќе приноси кај двете култури, што резултира со покачување на приходите од продажба по хектар за 3 пати и за пченка и за силажа;

` Покачување на варијабилните трошоци за течни кристални ѓубрива што се раствораат во вода, но проследени со намалување на фиксните трошоци за работна рака и оперативните трошоци за наводнување (заштеда на вода);

` Намалување на цената на производство по единица производ (пред се поради зголемувањето на приносите), од просечно во РМ од 12,95 до 4,17 МКД/кг за пченка; вкупно намалување на целокупните трошоци на производство по хектар со примена на наводнување капка по капка, од 911 евра/хектар до 882 евра/хектар.

` Намалување на цената на производство по единица производ, од просек во РМ од 2,75 до 0,79 МКД/кг за силажа; вкупно намалување на целокупните трошоци на производство по хектар со примена на наводнување капка по капка, од 1 034 евра/хектар до 894 евра/хектар;

Главните излезни параметри или резултати од моделот за анализа на трошоците и придобивките за пченка и силажа беа реплицирани на макро ниво врз основа на моделите на микро ниво (по хектар) за да се обезбеди процена на потребната инвестиција и економскиот поврат што ќе им го донесе на одгледувачите на пченка.

Во табелата 4.2 е даден краток преглед на главните инпути и резултати од анализата на трошоци и придобивки. Може да се заклучи дека инвестицијата во само еден хектар површина посадена со пченка може да обезбеди поврат од 5 879 евра во нето сегашна вредност (преку 2,3 пати повеќе од првичната инвестиција), скоро 67% во интерна стапка на поврат, показател на сооднос на придобивки и трошоци од 3,3 и период на отплата од помалку од 1,5 година за проекција од период од 7 години. Ова е импресивен економски поврат, со што имплементирањето на системот за наводнување капка по капка е позиционирано како приоритетна инвестиција за просечниот одгледувач на пченка во Македонија.

Page 32: БЕЛА КНИГА ЗА ИНОВАЦИИ ВО АГРOБИЗНИСОТ ВО МАКЕДОНИЈА

30

Бидејќи анализата беше спроведена по хектар, истите резултати потоа беа реплицирани на макро ниво, со потребна вкупна инвестиција од 17,5 милиони евра за нето сегашна вредност од преку 41 милиони евра, и исти показатели на поврат како оние применети на микроекономската анализа. Поради тоа што нема доволно податоци за површините посадени со силажа во Република Македонија, главниот фокус на анализата беше примарното производство на пченка, иако проценетите резултати за силажа беа дури поголеми (Табела 4.2).

4.1.3 Комбиниранопримарнопроизводство–сточнахранаимлеко

Главниот фокус на анализата на ефектите од наводнувањето капка по капка за производство на пченка беше ставен на фармите кои во понатамошниот текст ги нарекуваме „комбинирани фарми“. Во овој случај, терминот „комбинирани фарми“ се користи за фарми кои се регистрирани како фарми за млекопроизводство, а истовремено тие имаат земја во своја сопственост или изнајмуваат земја за производство на сточна храна за сопствени потреби, особено пченка и силажа како клучни инпути и главни причинители на трошоци.

Комбинираните фарми беа идентификувани врз основа на базата на податоци добиена од АФПЗРР13, за сите земјоделци кои аплицирале за субвенции за одгледување добиток и млеко, како и земјоделците кои аплицирале за субвенции за производство на култури. Добиената база на податоци од АФПЗРР беше земена од Програмата за директна финансиска поддршка за 2013 година. Базата на податоци вклучуваше 64 999 фарми, произведувачи на различни видови култури и 20 617 фарми што одгледуваат добиток (Графикон 4.4). Двата типа на фарми беа поврзани преку идентификациониот број на апликацијата. Резултатите покажаа дека 7 223 фарми се повторуваа на двата списока. Според тоа, тие може да се сметаат како комбинирани фарми.

13 АФПЗРР = Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој

Табела 4.2 Главни претпоставки, инпути и очекувани резултати

Извор: Интерно развиен модел на трошоци и придобивки (cost-benefit)

30

Page 33: БЕЛА КНИГА ЗА ИНОВАЦИИ ВО АГРOБИЗНИСОТ ВО МАКЕДОНИЈА

31

Графикон 4.4 Вкупен број на земјоделци по категории

Табела 4.3 Категоризација на комбинирани фарми – фарми што произведуваат СЕКАКВИ видови житни култури

Табела 4.4 Вкупен број на фарми

СИТЕОДГЛЕДУВАЧИ–Ситевидовижитникултури

Големина на фармата за добиток ≤ 1 >1≤ 3 >3≤5 >5≤10 >10≤20 >20≤30 >30≤50 >50≤100 >100 ВКУПНО

Бр. на земјоделци 867 2,348 1,384 1,388 769 247 160 50 10 7,223

Грла добиток 867 5,660 6,122 10,391 11,012 6,118 6,231 3,430 4,551 54,382

Површ. насадени со култури 597 1,784 1,126 1,363 1,078 431 401 131 2,441 9,351

Просечно хектар / фарма 0.7 0.8 0.8 1.0 1.4 1.7 2.5 2.6 244.1 1.3

Просечно грла / фарма 1.0 2.4 4.4 7.5 14.3 24.8 38.9 68.6 455.1 7.5

Бр. на земјоделци 12% 33% 19% 19% 11% 3% 2% 1% 0% 100%

Површ. насадени со култури 6% 19% 12% 15% 12% 5% 4% 1% 26% 100%

Извор: АФПЗЗР, 2014

Дополнителни аргументи кои го поддржуваат значењето на примерокот на комбинирани фарми е фактот што тие сочинуваат 35% од вкупниот број земјоделци кои аплицирале за субвенции и 32% од вкупниот број субвенциониран добиток (Табела 4.4).

Категории ВКУПНО Поврзани – сите житни култури % од вкупно

Вкупен број на фарми 20,617 7,223 35%

Вкупно грла добиток 168,697 54,382 32%

Извор: АФПЗЗР, 2014

Одгледувачинакултури–ситежитникултури

Одгледувачинадобиток

Комбиниранифарми–ситежитникултури

64,999 20,6177,223

Извор: АФПЗЗР, 2014

Комбинираните фарми беа категоризирани во 9 групи врз основа на бројот на грла добиток на фармата (Табела 4.3). На примерок од 7 223 комбинирани фарми, вкупниот број грла добиток е 54 382, а вкупните површини насадени со култури изнесуваат 9 352 хектари. Може да се заклучи дека во примерокот доминираат мали фарми, врз основа на грла добиток и врз основа на површини насадени со култури. Примерокот се смета за веродостоен приказ на популацијата, затоа што податоците се поддржани и од податоците добиени од Државниот завод за статистика на Република Македонија.

Page 34: БЕЛА КНИГА ЗА ИНОВАЦИИ ВО АГРOБИЗНИСОТ ВО МАКЕДОНИЈА

32

4.1.4 Категоризацијанакомбиниранопроизводствоспоредголеминатанафармата(5целнигрупи)

Со цел подобро да се разбере распределбата на растечките ефекти од наводнувањето капка по капка за целиот вредносен синџир, беше направена категоризација на комбинираните фарми врз основа на бројот на грла добиток (Табела 4.3 и Табела 4.4). Главната цел на оваа категоризација беше да се идентификуваат вкупните површини насадени со пченка и начинот на кој се дистрибуирани во секоја категорија на фармата.

Првичниот фокус на спроведената анализа беше да се идентификуваат површините на кои се произведува пченка во комбинираните фарми. Резултатите од базата на податоци покажаа дека само 315 фарми одговараат на овој профил и дека оваа група покрива само 240 хектари посадени со пченка, што не беше значителен примерок за длабинска анализа, ниту пак прифатлива цел за предложената Владина програма за поддршка (Табела 4.5).

Големина на фарма за добиток –ПРОИЗВОДСТВОНАПЧЕНКА ≤ 1 >1≤ 3 >3≤5 >5≤10 >10≤20 >20≤30 >30≤50 >50≤100 >100

ВКУПНО Комб.

Бр.наземјоделци 32 98 53 64 34 18 14 2 0 315

Бр.надобиток 32 231 230 457 507 468 524 110 0 2,559

Површ.сокултури 14 48 33 46 28 26 37 9 0 240

Просек ха/ пченка 0.4 0.5 0.6 0.7 0.8 1.4 2.7 4.3 0.8

Просек грла / фарма 1.0 2.4 4.3 7.1 14.9 26.0 37.4 55.0 8.1

Бр. на земјоделци 10% 31% 17% 20% 11% 6% 4% 1% 0% 100%

Површини со култури 6% 20% 14% 19% 12% 11% 16% 4% 0% 100%

Просек ха/грло добит. 0.4 0.2 0.1 0.1 0.1 0.1 0.1 0.1 0.1

Извор: АФПЗЗР, 2014

Според тоа, за целите на оваа анализа, примерокот кој се зеде предвид како значаен, е сегментот на фарми кои се за одгледување крави што се истовремено производители на сите видови сточна храна, а се сметаат и како потенцијални одгледувачи на пченка (Табела 4.6). Оттука, во понатамошниот текст, за комбинирани фарми се сметаат овој тип на фарми.

Големина на фарма за добиток – ПРОИЗВОДСТВОНАСТОЧНАХРАНА ≤ 1 >1≤ 3 >3≤5 >5≤10 >10≤20 >20≤30 >30≤50 >50≤100 >100

ВКУПНО Комб.

Бр.наземјоделци 565 1.691 1.043 1.129 652 207 140 45 10 5.482

Бр.надобиток 565 4.097 4.629 8.454 9.381 5.149 5.451 3.094 4.551 45.371

Површ.сокултур 340 1.213 807 1.055 890 356 342 123 2.441 7.567

Просек ха 0,6 0,7 0,8 0,9 1,4 1,7 2,4 2,7 244,1 1,4

Просек бр. добиток 1,0 2,4 4,4 7,5 14,4 24,9 38,9 68,8 455,1 8,3

Бр. на земјоделци 10% 31% 19% 21% 12% 4% 3% 1% 0% 100%

Површин. со култури 4% 16% 11% 14% 12% 5% 5% 2% 32% 100%

Просек ха/грло добит 0.6 0.3 0.17 0.12 0.09 0.07 0.06 0.0 0.5 0.2

Извор: АФПЗЗР, 2014

Табела 4.5 Вкупен број на фарми што произведуваат пченка

Табела 4.6 Вкупен број на фарми што произведуваат сточна храна

Page 35: БЕЛА КНИГА ЗА ИНОВАЦИИ ВО АГРOБИЗНИСОТ ВО МАКЕДОНИЈА

33

Категоризацијата на комбинираните фарми и анализата на соодносот на земја по грло добиток покажа дека единиците земја по грло добиток се намалуваат со зголемување на големината на фармата. Овој заклучок беше главниот поттик за да се продолжи со анализата на економските ефекти од имплементацијата на наводнувањето капка по капка врз основа на одредена големина на фармата. Целта беше да се вклучи различно ниво на продуктивност на фармата (врз основа на нивната големина), затоа што тоа е главниот елемент на потенцијалот за отплата на инвестицијата.

4.1.5 Анализанатрошоциипридобивкизакомбиниранопроизводство–соибезсистемзанаводнувањекапкапокапка

Главните инпути на моделот на анализа на трошоци и придобивки за фармите за крави комбинирани со производство на пченка и силажа се следниве:

` Првичната инвестиција по хектар за пченка и за силажа (2 500 евра/хектар);

` Исти очекувани зголемувања на приносите на пченка и силажа по хектар (види дел 4.1.2);

` Ист принос по крава за сите големини на фарми (4 82514 л/грло);

` Иста просечна цена на млеко на големо за сите фарми (19,6815 МКД/л);

` Различни фактори на продуктивност врз основа на големината на фармата, изразени во форма на просечен број на хектари по грла добиток (во опсег од 1,2 до 0,7, почнувајќи од најмалата со 3 до 5 грла добиток, до најголемата со 30 до 50 грла, или 10 пати поголема од најмалата);

` Намалување на трошоците за сточна храна со наводнување капка по капка за пченка (од 12,9 до 4,2 МКД/кг) и силажа (од 2,7 до 0,8 МКД/кг) по кг, како резултат на зголемените приноси и сопствени произведени количества, како и иста потрошувачка по грло добиток за сите видови фарми;

` Исти останати варијабилни трошоци по грло добиток за сите видови фарми16 (види Табела 4.7);

` Исти фиксни трошоци по хектар за сите фарми без оглед на големината (50 евра/хектар);

` Инвестирање во набавка на нови млечни крави поради дополнителната расположливост со сточна храна како резултат на зголемените приноси на пченка и силажа на истата површина земја која што е во сопственост на фармата (2 000 евра/ грло);

14 Извор: Стратегија за подобрување и следење на квалитетот на млекото 2013-2020 15 Извор: Земјоделски пазарен информативен систем, Годишен изештај, 201316 Извор: Стратегија за подобрување и следење на квалитетот на млекото 2013-2020

Page 36: БЕЛА КНИГА ЗА ИНОВАЦИИ ВО АГРOБИЗНИСОТ ВО МАКЕДОНИЈА

34

Краток преглед на најзначајните инпути на моделот на проекција се наоѓаат во Табела 4.7.

Извор: Интерно развиен модел на трошоци и придобивки (cost-benefit)

Беше изработена детална анализа на трошоци и придобивки за сите видови фарми, во две сценарија, со цел да се пресмета дополнителната нето придобивка од наводнувањето капка по капка, по фарма. Сценариото 1 – го претставува бизнисот со вообичаениот начин на работење, а Сценариото 2 – ја претставува инвестицијата во систем за наводнување капка по капка и зголемените приноси за целата површина во сопственост на фармата (за максимални ефекти). Едно од најважните подобрувања во работата на комбинираните фарми е зголемувањето на продуктивноста, изразена како број на хектари земја по грло добиток, и таа е различна за фарми со различни големини.

Хектари/грлодобиток(млечнакрава) Сценарио1 > Сценарио2

3<5 крави ха/грло 1.2 0.7

5<10 крави ха/грло 1.1 0.7

10<20 крави ха/грло 1.0 0.7

20<30 крави ха/грло 0.9 0.6

30<50 крави ха/грло 0.7 0.5

Очекуваните подобрувања и резултати од имплементирањето на системот за наводнување капка по капка, по фарма, се прикажани во Табела 4.9.

Табела 4.7 Главни претпоставки и инпути на моделот на фарми за одгледување крави

Табела 4.8 Специфично зголемување на продуктивноста на сточната храна, по големина на фарма, како резултат на наводнувањето капка по капка

Page 37: БЕЛА КНИГА ЗА ИНОВАЦИИ ВО АГРOБИЗНИСОТ ВО МАКЕДОНИЈА

35

Табела 4.9 Очекувани нето ефекти по фарма

НЕТОЕФЕКТИПОФАРМА/ГОЛЕМИНАНАФАРМА ЕДИНИЦА >3≤5 >5≤10 >10≤20 >20≤30 >30≤50

Нето зголемување во бр. на крави # 9.0 17.0 31.0 51.0 81.0

Просечен принос по крава л/грло 4,825 4,825 4,825 4,825 4,825

Нето зголемување во литри млеко (# крави)*(л/грло) Литри 43,422 82,020 149,566 246,059 390,800

Нето приходи по крава - РМ Стат евр/грло 17 21 25 29 38

Нето приходи по крава – со капка евр/грло 490 495 505 523 557

Просечна ДОПОЛНИТЕЛНА НСВ по хектар евр/ха 585 819 1,168 1,783 3,378

Горенаведените резултати беа користени за да се пресметаат макро ефектите од зголемените приноси и бројот на крави на производството на млеко во целиот сектор, како и дополнителните ефекти врз индустријата на млеко и млечни производи (види дел 5.4).

4.2 Описнаекономскатарамка(дефиницијанаструктуратанаекономскиотмодел,внатрешнаповрзаностипараметринакрајниотекономскиефект)

Анализата на економскиот ефект обезбедува квантитативен метод за пресметка на економските придобивки што ги носи одреден проект или индустрија на националната економија и на околните заедници каде што е лоциран конкретниот проект или индустрија.

Вообичаено, во студиите на економскиот ефект се користат финансиски и економски податоци за да се направи процена на производството, бруто домашниот производ (БДП), вработувањата и приходите од даноци, поврзани со промените во нивото на економската активност, што произлегуваат од анализираните проекти или индустријата.

Овој конкретен модел се фокусира на мерење на економскиот ефект на резултатот, со користење на поконзервативна мерка, а тоа е БДП пресметан на ниво на индустрија, по приходен метод (или пристап на додадена вредност). Приходниот метод за пресметка на БДП, применет на избрана индустрија, се однесува на додадената вредност, т.e. дополнителната вредност на доброто (или услугата) во индустријата, во однос на интермедијарните инпути, кои се користат за тоа да се произведе од претходните фаза на производство.

Приходниот метод за пресметка на БДП, за процена на потенцијалните економски ефекти од воведувањето на системот за наводнување капка по капка, кој ќе биде дел од синџирот на набавка на млеко и млечни производи (фарми, млекарници и трговци) беше избран поради следниве предности:

` БДП по индустрија (обработка на земја, преработка на млеко или тргување) е еднаков на нето економскиот ефект од таа индустрија, или разликата помеѓу економскиот резултат (приходи) и интермедијарната потрошувачка (трошоци за интермедијарни инпути). Оттука, ова е релевантна метрика што се користи за пресметка на бруто додадената вредност од одредена индустрија. Се состои од следниве подкатегории на приход на клучните економски сектори (претпријатија, домаќинства и Влада):

` Нето оперативен вишок во корпоративниот сектор (Приход за претпријатијата)

` Бруто плата за вработените (Приход за домаќинствата, т.e. индивидуалците)

` ДДВ, корпоративен данок и данок на производи минус субвенции (Приход за Владата).

` БДП е дополнителната вредност, создадена преку механички процеси, работна сила и знаење во секоја категорија на индустријата (земјоделство, производство, тргување)

` Вкупниот БДП е позначајна мерка на економскиот ефект од производството, затоа што се избегнува двојно сметање за секој циклус на ефекти.

` БДП е помал од вкупниот обем на производство, но е поважен за Владата, затоа што ја собира додадената вредност низ целиот вредносен синџир.

Page 38: БЕЛА КНИГА ЗА ИНОВАЦИИ ВО АГРOБИЗНИСОТ ВО МАКЕДОНИЈА

36

Главните инпути на моделот се дефинирани на следниов начин:

` Податоците кои се користат како влезни параметри на моделот се тековните расходи; капиталните расходи или оперативни расходите кои се јавуваат како резултати од моделот се статични.

` Извршено е разграничување помеѓу капиталните трошења поврзани со примената на системот за наводнување капка по капка и периодичните годишни оперативни трошоци (CapEx наспроти OpEx).

` Земени се предвид само дополнителните готовински текови кои директно зависат од имплементацијата на предложениот проект.

` Користени се секундарни извори на податоци од државниот завод за статистика, со цел да се поддржат податоците користени како влезни трошоци во економскиот модел на трошоци и придобивки.

Проценка на потребните капитални и оперативни трошоци за проектот

Градење на модел со влезни и излезни параметри базиран на проектните трошоци

Дефинирање на ефектите кои произлегуваат од изградениот економскиот модел

Генерирање на резултати од моделот

Комуникација со засегнатите страни - известување

ЧЕКОР1: ЧЕКОР2: ЧЕКОР3: ЧЕКОР4: ЧЕКОР5:

Графикон 4.5 Главни чекори за анализа на економскиот ефект

Извор: Адаптирано од Прајсвотерхаус Куперс, Анализа на економски импакт – 2012 Училиште за рударство на Америка

Page 39: БЕЛА КНИГА ЗА ИНОВАЦИИ ВО АГРOБИЗНИСОТ ВО МАКЕДОНИЈА

37

СЛУЧАЈ ЗА ИНТЕРВЕНЦИЈА НА ВЛАДАТА – СОСТАВ

И ГОЛЕМИНА НА ПОЗИТИВНИОТ

ЕКОНОМСКИ ЕФЕКТ ПРЕДИЗВИКАН ОД

ПРОГРАМАТА ЗА НАВОДНУВАЊЕ КАПКА

ПО КАПКА

Page 40: БЕЛА КНИГА ЗА ИНОВАЦИИ ВО АГРOБИЗНИСОТ ВО МАКЕДОНИЈА

38

5 СЛУЧАЈЗАИНТЕРВЕНЦИЈАНАВЛАДАТА–СОСТАВИГОЛЕМИНАНАПОЗИТИВНИОТЕКОНОМСКИЕФЕКТПРЕДИЗВИКАНОДПРОГРАМАТАЗАНАВОДНУВАЊЕ КАПКАПОКАПКА

5.1 ТаргетиранихектаризанаводнувањекапкапокапкаиинвестицииЦелта на моделот за економска процена е обезбедување на платформа за дизајнирање на ефективна мерка за Програма за наводнување со систем капка по капка за производство на пченка, финансирана од Владата, и започнување со спроведување на програмата која ефективно ќе демонстрира позитивни ефекти кај доволен број земјоделци (ова е објаснето подетално во Глава 7). Освен тоа, ако мерката се покаже како успешна, тогаш ќе може да се користи како универзален модел кој понатаму може да биде адаптиран и реплициран и за други слични програми финансирани од Владата, како што е наводнување капка по капка за сончоглед или за други култури кои имаат важен ефект врз македонското земјоделство.

Главниот заклучок што произлегува од овој модел укажува дека фокусот на предложената програма за наводнување капка по капка треба да биде на комбинираните фарми за одгледување крави кои сами произведуваат сточна храна за сопствени потреби. Логиката на овој заклучок е дека со поддршка на комбинираните фарми, се овозможува остварување на повисока додадена вредност во земјоделскиот секторнаспроти финансиска поддршка што би била фокусирана на земјоделци кои произведуваат само пченка. Покрај тоа, со поддржување на ваков вид на вертикално интегрирани фарми за сточна храна и производство на млеко, значително ќе се придонесе за поголемо производство на млеко, поголема испорака на непастеризирано млеко од локалните производители, замена на узвозот на кондензирано млеко, зголемен производствен капацитет на млекопреработувачките капацитети, јакнење на позицијата на домашното производство за да стане поконкурентно во споредба со увезеното млеко, како и потенцијал за креирање нови работни места на фармите и во индустријата.

Претходно презентираната анализа на трошоци и придобивки беше направена според погоре споменатиот концепт за поддржување на комбинирани фарми. Фокусот беше на претходно избрани 5 категории на комбинирани фарми, врз основа на нивната големина и продуктивност, од 3 до 50 грла добиток (Табела 5.1). Целта беше да се обезбеди логиката за распределба на финансиската помош за таргетираната површина од 7 000 хектари, избрана врз основа на потенцијалот за замена на увозот на пченка што може да се обезбеди од површина на земја со таа големина, како резултат на зголемените приноси и производството. Имено, вкупната површина од 7 000 хектари претставува околу 24% од вкупната површина насадена со пченка (29 198 хектари – ДЗС, 2012), и доколку се постави систем за наводнување капка по капка на таа површина, зголеменото производство на пченка ќе пружи можност за замена на 97% од вкупниот увоз на пченка (просечно 62 700 тони за 2011/2012 година), земено во просек, или скоро целиот увоз на пченка (види дел 5.2.1). Покрај тоа, доколку вкупните обработливи површини насадени со пченка останат исти како во 2012 година (29 180 хектари), истите избрани 7 000 хектари, со просечен принос од 13 000 кг/хектар ќе придонесат просечниот принос во земјата да порасне на скоро 6 400 кг/хектар, покачувајќи го националниот просек за 48% од сегашните 4 325 кг/хектар и достигнувајќи го европскиот просек од 6 658 кг/хектар (Графикон 5.1).

38

Page 41: БЕЛА КНИГА ЗА ИНОВАЦИИ ВО АГРOБИЗНИСОТ ВО МАКЕДОНИЈА

39

Друг важен аспект на моделот е дека помалите фарми (помалку од 3 грла добиток) и големите фарми (повеќе од 50 грла добиток) се изземени од моделот. Финалната анализа покажа дека првата категорија на комбинирани фарми (3-5 грла добиток) има најмала нето сегашна вредност по хектар и затоа е најмалку економски оправдана. Резултатите покажаа дека нето сегашната вредност на инвестицијата се зголемува во поголемите фарми, како резултат на повисокото ниво на продуктивност во фармите под влијание на економијата на обем, искуството и подобрата позиција на пазарот на големо. Имајќи го предвид претходно изложеното, распределбата на површините кои ќе се поддржат финансиски со поставување на систем за наводнување капка по капка е: 10% за втората категорија комбинирани фарми, 20% за следните 2 категории фарми и 25% за последната категорија. Вкупниот број на фарми опфатени со вкупната таргетирана површина е 462 фарми, а просечниот број на хектари по фарма кои ќе добијат финансиска поддршка е 15,2 хектари.

Графикон 5.1 Зголемување на просечниот принос во РМ како резултат на наводнувањето капка по капка

7,000

22,180

Целни хектари Останати хектари

2012

91,000,00095,9

28,5

00

Производство

13,000

4,325

Принос (кг/ха)

Page 42: БЕЛА КНИГА ЗА ИНОВАЦИИ ВО АГРOБИЗНИСОТ ВО МАКЕДОНИЈА

40

РАСПРЕДЕЛБАНАФИНАНСИСКАТАПОДДРШКА Единица ПохектарЦелнихектари Пченка Можностзазаменанаувоз

Владина инвестиција ЕУР 17.500.000 2.500 7.000 60.725 62.700 96,8%

Структура на целните земјоделци 100%

Производители на пченка % 0% 0

Комбинирани фарми (силажа + крави) % 100% 7.000

Големина - # грла по фарма # > 3 ≤ 5 > 5 ≤ 10 > 10 ≤ 20 > 20 ≤ 30 > 30 ≤ 50

% 0% 10% 20% 20% 25% 10%

Структура на комбинирани фарми % 0% 19% 41% 19% 21% 100%

# хектари по големината на групата # 0 1.305 2.845 1.364 1.486 7.000

# вкупни хектари # 0 1.305 4.149 5.514 7.000 # земјоделци/земјоделци по големината на групата # 0 162 190 60 50 462

Просечен # на хектари по фарма # 8,1 15,0 22,7 29,5 15,2

Просечен поврат по хектар (НСВ/ха)

Произведители на пченка ЕУР/ха 5.879

> 3 ≤ 5 > 5 ≤ 10 > 10 ≤ 20 > 20 ≤ 30 > 30 ≤ 50

Комбинирани фарми (силажа + крави) ЕУР/ха 585 819 1.168 1.783 3.378

ЕУР 0 1.068.569 3.321.583 2.432.473 5.020.036

Млекопреработувачка индустрија ЕУР/ха 7.355

Големопродажба на млеко и млечни производи ЕУР/ха 3.530

Малопродажба на млеко и млечни производи ЕУР/ха 2.030

Табела 5.1 Препорачана распределба на финансиска поддршка од Владата

Извор: Интерно развиен модел на трошоци и придобивки (cost-benefit)

5.2 Проценетпотенцијалзадодаденавредност

Макроефектите пресметани врз основа на примарното производство на пченка само од производителите на пченка, и оние од примарното комбинирано производство на пченка и млеко меѓусебно се исклучуваат. Ако се земе ова предвид, економскиот ефект е повеќекратен и се пренесува по вредносниот синџир на млеко и млечни производи до трговците на мало, само за избраните хектари кај комбинираните фарми. Токму затоа и се препорачува финансиска поддршка на ваквиот тип на вертикално интегрирани фарми.

5.2.1 Примарнопроизводствонапченкаипотенцијалзазаменанаувозот

Макроефектите и потенцијалот за замена на увозот на пченка се пресметани врз основа на следниве инпути:

` имплементација на системи за наводнување капка по капка на 7 000 хектари земја, објаснето подетално во дел 5.1, и

` доплнителната придобивка по хектар површина насадена со пченка од анализата на трошоци и придобивки за примарно производство на пченка (види дел 4.1.2)

Page 43: БЕЛА КНИГА ЗА ИНОВАЦИИ ВО АГРOБИЗНИСОТ ВО МАКЕДОНИЈА

41

Со едноставно множење на двата инпута се добива очекуваниот економски ефект во секторот за примарно производство на пченка (Табела 5.2).

Табела 5.2 Економски ефект на макро ниво за примарно производство на пченка со наводнување капка по капка

ПРИМАРНО ПРОИЗВОДСТВО НА ПЧЕНКА ЕДИНИЦА МАКРО ЕФЕКТИ

Избрани хектари хектар 7,000

Инвестиција за наводнување капка по капка ЕВРО 17,500,000

Зголемување на производството на пченка кг/ха 8,675

Тони 60,725

Вкупна придобивка ЕВРО 58,651,196

Нето сегашна вредност @ 10% ЕВРО 41,151,196

Внатрешна стапка на поврат % 66.9%

Показател на сооднос придобивки-трошоци # 3.35

Период на отплата години 1.49

Мултипликатор на повратот на инвестицијата # 2.35

Извор: Интерно развиен модел на трошоци и придобивки (cost-benefit)

Нето додадената вредност за земјоделците е изразена преку нето сегашната вредност со дисконтна стапка од 10%, и изнесува преку 41 милион евра за период од 7 години, за вкупна инвестиција од 17,5 милиони евра, со сооднос на придобивки и трошоци од 3,35, период на отплата од 1,5 година и преку 2,3 пати покриеност на инвестицијата со нето сегашната вредност (Мултипликатор на повратот на инвестицијата).

Економскиот ефект може алтернативно да биде претставен во форма на замена на увозот. Последните достапни податоци за увозот на пченка добиени од Државниот завод за статистика на Република Македонија (2011 – 62 568 и 2012 – 62 832 тони) укажуваат на просечен увоз од 62 700 тони. Така, со дополнителното зголемување на производството на пченка од 60 725 тони, се покрива скоро 97% од вкупниот увоз и се отвора можност за потенцијална замена на увозот, доколку цените на домашната пченка се конкурентни. Со просечна цена од 11,4 МКД/кг, целата вредност на замена на увозот може да се процени на околу 11,3 милиони евра.

5.2.2 Примарнопроизводствонамлекоипотенцијалзазаменанаувозот

Дополнителните придобивки во секторот на примарно производство на млеко се пресметувааат врз основа на следниве инпути:

` имплементација на системи за наводнување капка по капка на околу 7 000 хектари земја, избрана врз основа на претходно детерминирана структура на фармите по големина, (види дел 5.1),

` нето покачување на производството на млеко, врз основа на зголемувањето на бројот на млечни крави како резултат на зголемени приноси и производство на пченка (види дел 4.1.5), и

` ист просечен принос на млеко по крава17 како кај моделите на микро ниво објаснети во анализата на трошоци и придобивки (види дел 4.1.5).

17 Иако постои потенцијал за зголемување на приносите, во моментов нема доволно расположливи податоци кои би можеле да го поткрепат тоа тврдење

Page 44: БЕЛА КНИГА ЗА ИНОВАЦИИ ВО АГРOБИЗНИСОТ ВО МАКЕДОНИЈА

42

Извор: Интерно развиен модел на трошоци и придобивки (cost-benefit)

Нето додадената вредност за земјоделците со комбинирано производство е изразена преку нето сегашната вредност со дисконтна стапка од 10% и изнесува околу 11,8 милиони евра за период од 7 години, за истата вкупна инвестиција од околу 17,5 милиони евра, со сооднос на придобивки и трошоци од 1,68, период на отплата од 3,5 години и 68% покриеност на инвестицијата со нето сегашната вредност (Мултипликатор на поврат на инвестицијата) (Табела 5.3).

Ова укажува дека додадената вредност кај земјоделците со комбинираното производство е помала од додадената вредност кај одгледувачите само на пченка, но сепак овде треба да се земе предвид уште еден фактор, а тоа е дополнителната инвестиција покрај инвестицијата во системот за наводнување капка по капка. Со моделот се предвидува значително зголемување на бројот на крави по фарма (види Табела 5.3: Главни претпоставки и инпути на моделот на фарми за одгледување крави) и дополнителна инвестиција од 2 000 евра по крава, што конечно ќе резултира со зголемено производство на млеко и потенцијал за мултиплицирање на придобивките во целиот вредносен синџир.

Дополнителни придобивки произлегуваат во форма на замена на увозот на кондензирано млеко, т.e. од вкупното зголемување на производството на млеко од скоро 70 041 тони, се смета дека 92% ќе влезат во млекопреработувачката индустрија, додека останатите 8% или 6 091 тони, ќе бидат наменети за замена на увозот на кондензирано млеко (покачување од околу 14% од увозот во 2013 година). Последните податоци од ДЗС покажуваат дека увозот на кондензирано млеко за 2013 година бил 2 662 тони, што може да бидат претворени во околу 5 324 тони млеко со фактор на конверзија 2.

5.2.3 Млекопреработувачкаиндустрија,ефектинаголемопродажбатаималопродажбата

Како што беше споменато во претходниот дел, вкупното зголемување на количеството на млеко што влегува во млекопреработувачката индустрија изнесува 70 041 тони, што е покачување за 60% на вкупното производство на млеко во споредба со 2013 година (ДЗС: 182 783 тони). Оценката на економскиот ефект од дополнителното млеко што влегува во млекопреработувачката индустрија е направена врз основа на следниве инпути и пресметки:

` Вкупно производство на млечни производи во 2013 година во тони (79 890 тони, ДЗС);

` Конверзија на вкупното производство на млечни производи, од тони во литри млеко искористени за производство на истите количества, и воспоставување на структура според која ќе се дистрибуира зголеменото количество млеко (182 783 455 литри);

` Дистрибуирање на млекото во различни категории на готови млечни производи и конвертирање на литрите повторно во тони на дополнително производство на целиот сектор на млеко и млечни производи (30 613 тони дополнително производство на индустријата);

` Применување на просечните пазарни цени на производителите на пресметаните количества готови производи и проценување на вкупното зголемување на производството на млекопреработувачката индустрија (38,4 милиони евра пораст на производството);

МАКРОНИВО > 3 ≤ 5 > 5 ≤ 10 > 10 ≤ 20 > 20 ≤ 30 > 30 ≤ 50 ВКУПНО

Нето зголемување во # на крави 0 2.750 5.879 3.071 4.080 15.780

Просечен приност по крава 4.825 4.825 4.825 4.825 4.825 4.825

Нето зголемување на литри млеко 0 13.268.214 28.364.486 14.815.154 19.683.910 76.131.763

Просечна големопродажна цена на млеко

МКД/л 19,68 19,68 19,68 19,68 19,68

Нето зголемување на примања МКД 0 261.118.447 558.213.092 291.562.221 387.379.343 1.498.273.104

Нето зголемување на примања ЕУР 0 4.245.828 9.076.636 4.740.849 6.298.851 24.362.164

Просечна постепена НСВ по хектар ЕУР/ха 585 819 1.168 1.783 3.378

ПОСТЕПЕНА НСВ по хектар ЕУР 0 1.068.569 3.321.583 2.432.473 5.020.036 11.842.662

Табела 5.3 Економски ефект на макро ниво за комбинирано производство на млеко и пченка со систем за наводнување капка по капка

Page 45: БЕЛА КНИГА ЗА ИНОВАЦИИ ВО АГРOБИЗНИСОТ ВО МАКЕДОНИЈА

43

Табела 5.4 Економски импакт на макро ниво за млекопреработувачката индустрија, 2013

Табела 5.5 Додадена вредност за секторот на млеко и млечни производи – 1 година

Во Табела 5.4 е даден преглед на ефектот врз дополнителното производство на млекопреработувачката индустрија, предизвикан од проектот за наводнување капка по капка. Оттаму беше изведена додадената вредност за млекопреработувачката индустрија и продажбата на млечни производи на големо и мало, со применување на проценети бруто маржи на додадена вредност, врз основа на податоци од ДЗС и претходно стекнати знаења за индустријата.

Извор: ДЗС, Интерно развиен модел на трошоци и придобивки (cost-benefit) 2014

Во Табелата 5.5 подолу е претставена вкупната додадена вредност на секое ниво за индустријата на млеко и млечни производи. Додадената вредност од млекопреработувачката индустрија зазема 57% од вкупната додадена вредност на секторот на млеко и млечни производи, продажбата на големо 27%, додека малопродажбата останатите 16%.

ДОПОЛНИТЕЛЕНРЕЗУЛТАТИДОДАДЕНАВРЕДНОСТ–МЛЕКОИМЛЕЧНИПРОИЗВОДИ # РЕЗУЛТАТ % ДОДАДЕНАВРЕДНОСТ

Индустрија на млеко и млечни производи 38,454,310 25.0% 9,613,577

Продажба на млечни производи на големо 1.20 46,145,172 10.0% 4,614,517

Малопродажба на млечни производи 1.15 53,066,948 5.0% 2,653,347

ВКУПНОСЕКТОРМЛЕКОИМЛЕЧНИПРОИЗВОДИ 137,666,429 16,881,442

Извор: Интерно развиен модел на трошоци и придобивки (cost-benefit)

Додадената вредност претставена погоре се однесува само на една година зголемен резултат, така што, ако очекуваме иста додадена вредност за целиот период од 7 години, вкупната нето додадена вредност е пресметана и изразена преку нето сегашната вредност за сите три дела од секторот на млеко и млечни производи. Резултатите се презентирани во Табелата 5.6.

Млечнипроизводи,2013 Тони Факторнаконверзија Литри % Зголемување

вотони МКД/кг ЕУР/тон Зголемувањевовредност

Млеко, пастеризирано 6.556 1,00 6.556.000 3,6% 2.512 35,0 569 1.429.712

Млеко, стерилизирано 26.583 1,00 26.583.000 14,5% 10.186 40,0 650 6.625.302

Меко сирење 7.582 6,00 45.492.000 24,9% 2.905 200,0 3.252 9.448.340

Тврдо сирење 3.895 11,00 42.845.000 23,4% 1.493 300,0 4.878 7.280.655

Крем 1.553 1,00 1.553.000 0,8% 595 200,0 3.252 1.935.277

Кисело млеко и јогурт 31.679 1,50 47.518.500 26,0% 12.139 50,0 813 9.869.228

Путер 189 20,00 3.780.000 2,1% 72 500,0 8.130 588.808

Свежо сирење (неферментирано) 1.647 5,00 8.235.000 4,5% 631 100,0 1.626 1.026.208

Сладолед 168 0,20 33.695 0,0% 65 200,0 3.252 209.943

Млечни премази и друго 37 5,00 187.260 0,1% 14 175,0 2.846 40.837

Вкупно 79.890 2,29 182.783.455 100,0% 30.613 38.454.310

Еквивалент на вкупно увезено млеко 63.023.013

Вкупно преработено млеко 119.760.441

Page 46: БЕЛА КНИГА ЗА ИНОВАЦИИ ВО АГРOБИЗНИСОТ ВО МАКЕДОНИЈА

44

НЕТОСЕГАШНАВРЕДНОСТ–СЕКТОРНАМЛЕКОИМЛЕЧНИПРОИЗВОДИ(НСВ) ЕВРА ЕВРАпохектар

Индустрија на млеко и млечни производи 51,483,214 7,355

Продажба на млечни производи на големо 24,711,943 3,530

Малопродажба на млечни производи 14,209,367 2,030

ВКУПНОСЕКТОРНАМЛЕКОИМЛЕЧНИПРОИЗВОДИ–НСВ 90,404,523 12,915

Извор: Интерно развиен модел на трошоци и придобивки (cost-benefit)

Вкупната додадена вредност беше исто така пресметана по хектар, така што моделот обезбедува флексибилност и може да се применува за различни нивоа на инвестиции и површини хектари кои се наводнуваат со систем за наводнување капка по капка.

5.3 Заштединаводаиизбегнувањенаинвестициивосистемизанаводнување

Една од главните придобивки и за двата модела на процена на економскиот ефект, т.e. производство само на пченка наспроти моделот на вредносен синџир на млеко и млечни производи, е потенцијалот за заштеда на вода, изразен преку избегнати капитални трошоци кои би биле неопходни за наводнување на дополнителни хектари површина доколку не се примени системот за наводнување капка по капка.

Влијанието од наводнувањето капка по капка на заштедите на вода беше пресметано врз основа на следниве инпути:

` Тековна просечна потрошувачка на вода за наводнување на површини насадени со пченка во м3/ха (3 750 м3/ха)18;

` Потрошувачка на вода за наводнување на површини насадени со пченка со систем за наводнување капка по капка во м3/ха (2 750 м3/ха), 27% намалување во споредба со традиционалните методи на наводнување (прскалки, линеарни системи);

` Претворање на дополнителната достапна вода во дополнителни хектари земја што може да се наводнуваат (3,75 ха);

` Пресметка на дополнителните хектари земја кои би се наводнувале врз основа на таргетираните хектари за наводнување капка по капка (1 867 ха = 7 000/3, 75 ха);

` Процена на избегнатите капитални трошоци за наводнување како резултат на заштедите на вода со имплементацијата на системите за наводнување капка по капка на 7 000 ха (8 400 000 евра = 4 500 евра/ха x 1,867 ха).

Пресметканазаштединавода Просек Мин Макс

Тековна потрошувачка на вода м3/ха 3,750 3,500 4,000

Потрошувачка на вода со наводнување капка по капка м3/ха 2,750 2,500 3,000

-26.7%

Потребен бр. хектари за дополнителна достапна вода # 3.75

Таргетирани хектари за инвестиција капка по капка ха 7,000

Дополнителни хектари што се наводнуваат ха 1,867

Капитален трошок по хектар евра/ха 4,500

Избегнатикапиталнитрошоцизанаводнување ЕВРА 8,400,000

Извор: Интерно развиен модел на трошоци и придобивки (cost-benefit) 2014

18 Извор: Факултет за земјоделски науки и храна (ФЗНХ) 2014

Табела 5.6 Додадена вредност за секторот на млеко и млечни производи – вкупно

Табела 5.7 Заштеди на вода како резултат на наводнување капка по капка

Page 47: БЕЛА КНИГА ЗА ИНОВАЦИИ ВО АГРOБИЗНИСОТ ВО МАКЕДОНИЈА

45

Табела 5.8 Компаративен преглед на економскиот ефект

Без разлика кој пристап ќе се примени, придобивките од заштедата на вода остануваат исти, 8,4 милиони евра за инвестирани 17, 5 милиони евра за наводнување капка по капка, на околу 7 000 хектари, односно, инвестицијата во системи за наводнување капка по капка се очекува дека ќе обезбеди вода за дополнителни 1 867 хектари земја, за кои инаку би била потребна капитална инвестиција од 8,4 милиони евра (Табела 5.7).

5.4 Агрегатнамонетарнавредностнаекономскиотефектзанационалнатаекономија

Изработениот модел нуди можност за процена на монетарната вредност на вкупниот економски ефект на предложената програма преку промена на учеството на одгледувачите на пченка и земјоделците кои имаат комбинирани фарми и кои ќе се квалификуваат за добивање финансиски средства од Владата за сите 7 000 хектари. Беа земени предвид следниве сценарија за да се процени ефектот од промената во структурата на фармерите (Табела 5.8):

1) 100% земјоделци со комбинирани фарми – 0% одгледувачи на пченка;

2) 75% земјоделци со комбинирани фарми – 25% одгледувачи на пченка;

3) 50% земјоделци со комбинирани фарми – 50% одгледувачи на пченка;

4) 25% земјоделци со комбинирани фарми – 75% одгледувачи на пченка; и

5) 0% земјоделци со комбинирани фарми – 100% одгледувачи на пченка.

Извор: Интерно развиен модел на трошоци и придобивки (cost-benefit) 2014

Вкупната нето придобивка (≈ 110 милиони евра), пресметана како сегашна вредност на сите придобивки во временски период од 7 години (≈ 128 милиони евра) минус првичната инвестиција (17,5 милиони евра), е највисока кај сценариото со 100% земјоделци со комбинирани фарми. Ова го покажува целиот потенцијал на економскиот поврат од 7,3 евра за секое 1 евро (според оптимистичкото сценарио) инвестирани во Програмата за наводнување капка по капка за одгледување пченка, доколку програмата се имплементира во целост (7 000 хектари) во временски период од 7 години. Ова е импресивен економски поврат и покажува исклучително искористување на националните економски ресурси.

100%

комбинирани 75%

комбинирани50%

комбинирани25%

комбинирани0%

комбинирани

Вкупна добивка (економско влијание) ЕУР 128.147.185 112.873.188 97.599.190 82.325.193 67.051.196

Нето добивка (економско влијание – трошоци) или НСВ ЕУР 110.647.185 100% 95.373.188 80.099.190 64.825.193 49.551.196

Производители на пченка ЕУР 0 0% 10.287.799 20.575.598 30.863.397 41.151.196

Комбинирани фарми (млеко+силажа) ЕУР 11.842.662 11% 8.881.996 5.921.331 2.960.665 0

Млекопреработувачка индустрија ЕУР 51.483.214 47% 38.612.410 25.741.607 12.870.803 0

Големопродажба на млеко и млечни производи ЕУР 24.711.943 22% 18.533.957 12.355.971 6.177.986 0

Малопродажба на млеко и млечни производи ЕУР 14.209.367 13% 10.657.025 7.104.683 3.552.342 0

Избегнати капитални инвестиции поради заштеда на вода ЕУР 8.400.000 8% 8.400.000 8.400.000 8.400.000 8.400.000

25% само

пченка50% само

пченка75% само

пченка100% само

пченка

Мултипликатор на повратот на инвестицијата (ROI multiple) # 6,3 5,4 4,6 3,7 2,8

Показател на соодносот на придобивки и трошоци (Cost-benefit ratio) # 7,3 6,4 5,6 4,7 3,8

Page 48: БЕЛА КНИГА ЗА ИНОВАЦИИ ВО АГРOБИЗНИСОТ ВО МАКЕДОНИЈА

46

Ако се анализира распределбата на нето економските придобивки кај различни учесници во вредносниот синџир на млеко и млечни производи, главната позиција (скоро половина) му припаѓа на млекопреработувачкиот сегмент, кој претставува централен дел на анализираниот синџир на набавка. Додадената вредност во последниот трговски сегмент на синџирот на набавка е исто така значајна, и изнесува повеќе од една третина од нето економскиот ефект кој произлегува од проектот. Избегнатите капитални трошоци како резултат на заштедите на вода кои ќе се постигнат со Програмата за наводнување капка по капка за одгледување пченка се исто така многу важни за националната економија.

5.4.1 Анализанасценарија

Ако се земе предвид неизвесноста на настаните што ќе се случуваат во иднина, како и комплексноста на претпоставките кои се користени за воспоставување на моделот на економски ефект, беа изработени неколку алтернативи со користење на сценарио анализа, со цел да се утврди поширок делокруг на можни резултати во иднина, а неизвесноста да се сведе на минимум. Освен тоа, сценарио анализата треба да обезбеди основа за подобро донесување одлуки, преку разгледување на неколку можни сценарија и нивните импликации на крајните резултати, во овој случај, економскиот ефект.

Бидејќи сценариото „100% комбинирани – 0% одгледувачи на пченка” беше сценарио со највисока нето придобивка (Табела 5.8), тоа се користеше како основа за споредба на дополнителните три сценарија, направени врз основа на различни претпоставки за приноси на пченка и силажа. Сценаријата се следниве:

1. Сценарио 1 – песимистичко: Раст на приноси од основа до - ПЧЕНКА 7 000, СИЛАЖА 40 000;

2. Сценарио 2 – неутрално: Раст на приноси од основа до - ПЧЕНКА 10 000, СИЛАЖА 55 000;

3. Сценарио 3 – оптимистичко: Раст на приноси од основа до - ПЧЕНКА 13 000, СИЛАЖА 70 000.

Основните приноси на пченка и силажа остануваат исти, 4 325 кг/ха за пченка и 23 121 кг/ха за силажа кај сите три сценарија, додека промени се јавуваат во приносите добиени со примена на системите за наводнување капка по капка и фертигација. Во табелата 5.9 се дадени различните економски импакти што се добиваат со секое сценарио, врз основа на разликите во клучниот двигател – растот на приносот од произведена пченка т.е. дополнителните приноси на пченка.

Табела 5.9 Споредба на економскиот ефект за различните сценарија

Извор: Интерно развиен модел на трошоци и придобивки (cost-benefit) 2014

% промена во нето добивка 0,0% 84,1% 172,9%

СЦЕНАРИО1 СЦЕНАРИО2 СЦЕНАРИО3Вкупна добивка (економско влијание) ЕУР 58.048.414 92.131.485 128.147.185

Нетодобивка(економсковлијание–трошоци) илиНСВ ЕУР 40.548.414 74.631.485 110.647.185Производители на пченка ЕУР 0 0 0

Комбинирани фарми (млеко+силажа) ЕУР 3.915.708 7.628.607 11.842.662

Млекопреработувачка индустрија ЕУР 16.077.851 33.372.937 51.483.214

Големопродажба на млеко и млечни производи ЕУР 7.717.368 16.019.010 24.711.943

Малопродажба на млеко и млечни производи ЕУР 4.437.487 9.210.931 14.209.367

Мултипликатор на повратот на инвестицијата (ROI multiple) ЕУР 8.400.000 8.400.000 8.400.000

Мултипликаторнаповратотнаинвестицијата (ROImultiple) # 2,3 4,3 6,3Показателнасоодносотнапридобивкиитрошоци(Cost-benefitratio) # 3,3 5,3 7,3

Page 49: БЕЛА КНИГА ЗА ИНОВАЦИИ ВО АГРOБИЗНИСОТ ВО МАКЕДОНИЈА

47

Како што може да се види од презентираните резултати од анализата на сценаријата, ако секое сценарио се разгледува поединечно, дури и кај песимистичкото сценарио, се забележува силна економска оправданост на предложената програма за Владата, односно Програмата за наводнување капка по капка за одгледување пченка.

5.5 Прегледнадругипотенцијалниекономскипридобивки

Економскиот модел на трошоци и придобивки ја оценува монетарната вредност на бруто додадената вредност во целиот вредносен синџир на млеко и млечни производи и вкупната вредност добиена од секој сегмент од синџирот, т.e. фарми, млекарници и трговци. Овие монетарни вредности ја вклучуваат и монетарната вредност на зголемениот број вработувања како резултат на имплементацијата на Програмата за наводнување капка по капка за одгледување пченка. Истото важи и за монетарната вредност на замената на увозот на пченка. Додавањето на тие вредности на целокупните економски придобивки на моделот би било двојно пресметување.

Сепак, сметаме дека е важно да се резимира вкупниот ефект што оваа програма може да го има на македонскиот трговски биланс и вработување во материјална и практична смисла на зборот, и тоа:

1. Ефекти на трговскиот биланс. Со имплементирањето на Програмата за наводнување капка по капка за одгледување пченка, би можел да се замени увозот на скоро целото количество пченка што се увезувало во Република Македонија во изминатите години. Последните податоци за увозот на пченка добиени од Државниот завод за статистика на Република Македонија (2011 година – 62 568 и 2012 година – 62 832 тони) покажуваат просечен увоз од 62 700 тони. Оттука, дополнителното производството на пченка од 60 725 тони зазема скоро 97% од вкупниот увоз, со што се создава потенцијал за замена на увозот ако се земат конкурентни цени на домашниот пазар. Со просечна цена од 11,4 МКД/кг, целата вредност на замената на увозот може да се процени на околу 11,3 милиони евра.

2. Ефекти на вработувањето. Потенцијалот за повеќе нови вработувања, како директен ефект од имплементацијата на Програмата за наводнување капка по капка за одгледување пченка е импресивен, и изнесува вкупно 2 800 нови работни места (оптимистичко сценарио). Најголем потенцијал за вработување има во земјоделскиот сектор, 1 600 нови работни места, како резултат на значителното зголемување на вкупното стадо млечни крави (околу 16 000) или 12 % со програмата. Значителен е потенцијалот за вработување и во секторот на млекопреработувачи и изнесува вкупно 700 нови вработени. Најпосле, во трговскиот сектор (продажба на големо и малопродажба) маргиналниот потенцијал за вработување со оптимистичкото сценарио изнесува 500 нови работни места.

Page 50: БЕЛА КНИГА ЗА ИНОВАЦИИ ВО АГРOБИЗНИСОТ ВО МАКЕДОНИЈА

48

Page 51: БЕЛА КНИГА ЗА ИНОВАЦИИ ВО АГРOБИЗНИСОТ ВО МАКЕДОНИЈА

49

ГЛАВНИ ЗАКЛУЧОЦИ

(РЕЗИМЕНАЕКОНОМСКИОТЕФЕКТОДНАЦИОНАЛНАФИСКАЛНА

ПЕРСПЕКТИВА)

Page 52: БЕЛА КНИГА ЗА ИНОВАЦИИ ВО АГРOБИЗНИСОТ ВО МАКЕДОНИЈА

50

6 ГЛАВНИЗАКЛУЧОЦИ(РЕЗИМЕНАЕКОНОМСКИОТЕФЕКТОД НАЦИОНАЛНАФИСКАЛНАПЕРСПЕКТИВА)

Главните заклучоци што можат да се извлечат од моделот на економскиот ефект се следниве:

Од 400 000 хектари кои се погодни за наводнување, само 127 800 хектари или 32% се опремени за наводнување, додека всушност во пракса се наводнуваат само 79 638 хектари или 20%. Покрај тоа, потребата од вода за наводнување е голема, а земјоделството е сектор кој е најголем потрошувач на вода во Република Македонија, со 43% од вкупното повлекување свежа вода;

65% од вкупната потрошувачка на пченка во 2012 година беше покриена со домашно производство. Останатите 35% беа покриени од увоз. Значителното место кое го зазема увозот во задоволувањето на годишната потрошувачка на пченка во земјата е доволен показател за потенцијалните ефекти кои може да ги има значителното зголемување на приносот на домашниот пазар на пченка, т.e. замена на увозот со домашна пченка со повисок квалитет и/или зголемено домашно производство кое ќе резултира со зголемено производство на млеко и млечни производи. Вкупната вредност на замената на увозот може да се процени на 11,3 милиони евра, со просечна цена на увоз од 11,4 МКД/кг;

Што се однесува до приносите на пченка, според податоците добиени од базата на податоци на ФАО, Македонија се наоѓа на дното во групата од 10 земји од поширокиот Балкански регион (прва од последните три земји, покрај Црна Гора и Босна и Херцеговина), со просечни приноси од 4,3 тони/ хектар, што е под светскиот просек од 5,2 тони/ хектар, додека европскиот просек е преку 6,6 тони/хектар;

Со наводнувањето капка по капка се добиваат многу повисоки приноси. Со иницијативата „Да одгледуваме повеќе пченка“ се постигнаа просечно 11,4 тони/хектар, во првата година, во првите 2 региона, и се постави национален рекорд од 17 тони/хектар пченка и 112 тони/хектар силажа. Освен заштедите на вода (помалку вода за 25 % до 35% во споредба со наводнувањето со бразди и прскалки), производството на пченка со подобар квалитет, намалувањето на трошоците за работна сила и работни часови (во споредба со конвенционалното наводнување со бразди), прецизната апликација на ѓубрива, ниските притисоци (во споредба со големи машини за вештачки дожд), системот за наводнување капка по капка за одгледување пченка има и пошироки импликации во вертикалниот синџир на набавка на млеко и млечни производи и во другите индустрии кои се зависни од пченка;

Инвестирањето во системи за наводнување капка по капка за комбинираните фарми (вертикално интегрираните фарми) обезбедува многу повисок поврат и економски ефект за националната економија, поради многубројните ефекти низ вредносниот синџир на млеко и млечни производи, т.e. иако додадената вредност на макро ниво од комбинираните фарми е помала во споредба со додадената вредност од одгледувачите само на пченка, зголеменото производство на млеко обезбедува дополнителна можност за реплицирање на ефектите од наводнувањето капка по капка нагоре во вредносниот синџир на млеко и млечни производи, во млекопреработувачката индустрија, преку продавачите на големо до малопродажбата. Оттаму, комбинираните фарми треба да бидат целна група за финансиска поддршка од Владата;

Кога се дефинира кои комбинирани фарми се квалификуваат за добивање финансиска помош од Владата, треба да се земе предвид економијата по различни категории на фарми, со востановување на минимален број на грла по земјоделец од 5 млечни крави и минимално 1 хектар обработлива површина;

50

Page 53: БЕЛА КНИГА ЗА ИНОВАЦИИ ВО АГРOБИЗНИСОТ ВО МАКЕДОНИЈА

51

ПРЕПОРАКИ НА ПОЛИТИКИТЕ ЗА

ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ПРОГРАМАТА

ЗА НАВОДНУВАЊЕ КАПКА ПО КАПКА

ЗА ОДГЛЕДУВАЊЕ ПЧЕНКА

Page 54: БЕЛА КНИГА ЗА ИНОВАЦИИ ВО АГРOБИЗНИСОТ ВО МАКЕДОНИЈА

52

7 ПРЕПОРАКИНАПОЛИТИКИТЕЗАИМПЛЕМЕНТАЦИЈАНАПРОГРАМАТАЗАНАВОДНУВАЊЕКАПКАПОКАПКАЗА

52

ОДГЛЕДУВАЊЕПЧЕНКА

Опис

Програмата за наводнување со систем капка по капка за одгледување пченка е дизајнирана заради добивање финансиска поддршка од Владата за инвестирање во систем за наводнување капка по капка за производство на пченка, а истовремено и со цел да се зголеми свеста кај земјоделците за важноста на технологијата за наводнување/фертигација со системи капка по капка за производството на пченка. Мерката за финансиска поддршка за наводнување со систем капка по капка (базирана на сеопфатен економски модел) ќе донесе резултати на повеќе нивоа во секторот на млеко и млечни производи (примарното производство на пченка, производството на непастеризирано млеко, млекопреработувачката индустрија, индустријата на продажба на големо и мало) со показател на сооднос на придобивки и трошоци од 7:1.

Целна група

Треба да се обезбеди финансиска поддршка за имплементирање на наводнување/фертигација со системи капка по капка кај „комбинираните фарми”. Основната аргументација за ова е дека преку поддршка на комбинираните фарми, додадената вредност во секторот на производство на млеко и млечни производи ќе биде поголема од додадената вредност на одгледувањето само на пченка (Нето сегашна вредност од 102 милиони евра наспроти 41 милиони евра).

Фармите со повеќе од 5 грла добиток по фарма и најмалку 1 парцела од 1 хектар насадена со пченка треба да бидат опфатени со мерката за финансиска поддршка за инвестирање во систем за наводнување капка по капка. Мерката за финансиска поддршка за инвестирање во систем за наводнување капка по капка треба да ги опфати фармите со повеќе од 5 грла добиток по фарма и најмалку 1 парцела од 1 хектар насадена со пченка, кои се дел од вредносниот синџир на млеко и млечни производи.

Обезбедените финансиски средства имаат за цел да поддржат инвестиции во системи за наводнување капка по капка на вкупна површина посадена со пченка од 7.000 хектари. Предложената програма (базирана на економскиот модел) ги покажува ефектите од финансиската поддршка на целна површина од 7 000 хектари, што претставуваат околу 24% од вкупните површини кои во моментов се насадени со пченка. Доколку се постават системите за наводнување/фертигација со капка по капка, растечкиот тренд на производство на пченка ќе даде можност за замена на 97% од вкупниот увоз на пченка (просечно 62 700 тони за 2011/2012 година) или на скоро целиот увоз на пченка.

Тело за имплементација: Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, поддржана од Федерацијата на фармери на Република Македонија

Планирање, следење и осигурување на квалитетот: Проект за експанзија на мали бизниси

Правна основа: Програмата се спроведува во согласност со член 11 од Статутот на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството и член 2 од Законот за воспоставување на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, како и Законот за земјоделство и рурален развој, членови 73 и 93, 101 ставови (1)(2) и(3).

Page 55: БЕЛА КНИГА ЗА ИНОВАЦИИ ВО АГРOБИЗНИСОТ ВО МАКЕДОНИЈА

53

Мерки за имплементација на програмата за наводнување капка по капка за одгледување пченка

Мерка 1 (2015): Воведување на пилот програмата за наводнување капка по капка што ќе се спроведе во 4 плански региони (Скопски, Источен, Југоисточен и Југозападен) и ќе покрива површина насадена со пченка од 20 хектари по регион. Мерката 1 е проценета на 475.000,00 евра; 200.000,00 за набавка на системите за наводнување капка по капка, 15.000 евра за ГПС-опрема, обука за советниците од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството кои ќе ги имплементираат едукативните работилници за земјоделците и 260.000,00 евра за владината национална кампања за промовирање на Програмата за наводнување капка по капка за одгледување пченка (реклами на националните и локалните телевизиски станици, билборди, постери и летоци што ќе бидат дистрибуирани кај земјоделската заедница).19

Цел: 80 комбинирани фарми20

Мерка 2 (2016): Зголемување на износот за наводнување со системи капка по капка за производство на пченка во Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој и нејзино проширување со систем за наводнување капка по капка за сончоглед21 до износ од 300 000 евра (вкупно 600 000 евра заедно со кофинансирање од земјоделците).Цел: 300 хектари (комбинирани фарми)

Мерка 3 (2017-2021): Спроведување на петгодишен план (како дел од седумгодишниот план предвиден со економскиот модел врз чија основа се базирани препораките во овој документ), каде што постепено ќе се зголемуваат износите доделени за наводнување со системот капка по капка за пченка/сончоглед во Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој и ќе го достигнат износот таргетиран во Белата книга22. Цел: 6 500 хектари (комбинирани фарми)

Сценарио за имплементација на Владината програма за наводнување со системи капка по капка за одгледување пченка

Година 2015

` 200 000,00 евра ќе бидат инвестирани за 80 хектари, 2 500 евра (за првиот хектар) во 4 плански региони (Скопски, Источен, Југоисточен и Југозападен); 20 хектари на регион – мерка која што е во согласност со владината програма за воспоставување парцели за пример за одгледување пченка (во однос на намалување на зависноста на земјата од увоз на пченка)

` 15 000,00 евра за оперативни трошоци (за ГПС-уреди, гориво и обука за назначените советници од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството како и претставниците од другите четири центри за развој на планските региони (Скопски, Источен, Југоисточен, Југозападен) што сè уште не се „покриени“ со проектните активности на Проектот за експанзија на мали бизниси

` 260 000,00 евра за националната медиумска кампања (продукција на реклами и пренос на регионалните и националните телевизии; билборди, летоци/постери и карван). Кампањата ќе се одвива по сезоната на жетва во 2015 година, односно во октомври, кога Проектот за експанзија на мали бизниси ќе постави дополнителни 160 хектари во четири региони (Полог, Пелагонија, Североисточен и Вардарски) а Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството во соработка со проектот за експанзија на мали бизниси – 80 хектари, или вкупно 240 хектари. Со кампањата земјоделците ќе бидат информирани за можноста да се пријават во Националната програма за рурален развој за следната сезона на пченка и сончоглед , во 2016 година.

Година 2016

` 300 000,00 евра ќе бидат предвидени во Националната програма за рурален развој кои заедно со учество од 50% ќе изнесуваат 600 000,00 евра, или 300 хектари (се очекува дека просечната цена за систем за наводнување капка по капка /хектар ќе падне на 2 000 евра затоа што 1. нема сите инвестиции да бидат за првиот хектар, така што нема да важи цената од 2 500 евра и 2. заради големите набавки може да се добијат пониски цени за системот)

` Се очекува дека со комбинираните вложувања на Проектот за експанзија на мали бизниси (сезони 2013-2015 година) и Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството (сезони 2015-2016 година), 731 хектари насадени со пченка ќе се покријат со систем за наводнување капка по капка .

19 Износите и оправданоста на трошоците се наведени подолу во делот на препораки на политиките20 Комбинирани фарми се комбинирани фарми за одгледување крави и фарми за производство на сточна храна21 Системите за наводнување капка по капка одговарааат и за пченка и за сончоглед, и од гледна точка на добри земјоделски практики, ротацијата на културите апсолутно се препорачува, значи треба да се поддржи иригацијата за двете култури22 Табела 7.1

Page 56: БЕЛА КНИГА ЗА ИНОВАЦИИ ВО АГРOБИЗНИСОТ ВО МАКЕДОНИЈА

54

Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството 80 хектари (2015)

Вкупно: 731 Ха

Табела 7.1 Програма за наводнување капка по капка за одгледување пченка, предложена распределба на финансиски средства

Проект за експанзија на мали бизниси 160 хектари (2015)

Национална програма за рурален развој 300 хектари (2016)

Воведувањето и спроведувањето на Програмата за капка по капка за одгледување пченка може да има значителен ефект не само во подсекторот млеко и млечни производи туку и општо македонската економија. Бројките до кои се доаѓа преку параметрите применети во процената на економскиот ефект се многу убедувачки, во секое од трите сценарија кои се опфатени со оваа Бела книга. Доколку се материјализира сценариото со висок ефект, како што и се очекува заради значајните зголемувања во приносите и соодветните инвестиции во рамките на целиот синџир на вредности, 101.2 милиони евра нето сегашна вредност за седумгодишен временски период ќе бидат додадени во секторот за млеко и млечни производи, додека 8.4 милиони евра во капитални инвестиции за иригациона инфраструктура ќе бидат избегнати. Понатаму, можат да се очекуваат и други позитивни екстерналии од спроведувањето на Програмата, како што се замена на увоз на пченка на годишно ниво во висина до 11.3 милиони евра и можност за отворање на нови 2,800 работни места по должината на целиот синџир на вредности. Горенаведеното ја прави Програмата клучна владина политика за зајакнување и возобновување на секторот за млеко и млечни производи. Се очекува Програмата да има и проширен ефект на други индустрии како живинарската и месната индустрија, а вклучително и на сончогледовата со потенцијал да се заменат 34 милиони евра увоз на сирово сончогледово масло.

ГодинаИзнос (50/50

комбинација) Евра ХектариПретходни актив. на ПЕМБ/

АПРЗ -хектар (2013-2016) Вкупно (хектари)

2017 1,200,000 600 731 1331

2018 2,400,000 1200 1200

2019 2,400,000 1200 1200

2020 3,500,000 1750 1750

2021 3,500,000 1750 1750

13,000,000 6500 7231

Проект за експанзија на мали бизниси, земјоделци со капка по капка 71 хектари (2013-2014)

Проект за експанзија на мали бизниси 40 хектари (2013) +Проект за експанзија на мали бизниси 80 хектари (2014)

Page 57: БЕЛА КНИГА ЗА ИНОВАЦИИ ВО АГРOБИЗНИСОТ ВО МАКЕДОНИЈА

55

DRIPIRRIGATEDSUNFLOWER

НЕНАВОДНУВАНСОНЧОГЛЕД

СОНЧОГЛЕДНАВОДНУВАНСОКАПКА-ПО-КАПКА

Page 58: БЕЛА КНИГА ЗА ИНОВАЦИИ ВО АГРOБИЗНИСОТ ВО МАКЕДОНИЈА

56

Оваа публикација е овозможена со поддршка од американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на публикацијата е одговорност на авторот и не ги изразува ставовите на УСАИД или на Владата на Соединетите Американски Држави.

CIP - Каталогизација во публикација Национална и универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски”, Скопје

633.15:631.674.6(497.7)(035) 631.674.6:330.341(497.7)(035)

БЕЛА книга за иновации во агробизнисот во Македонија / [стручни соработници Димче Дамјановски, Мартин Трајчев]. - Скопје : Проект на УСАИД за експанзија на мали бизниси, 2014. - 56 стр. : илустр. ; 21 см

ISBN 978-608-65640-6-3

а) Пченка - Наводнување - Систем капка по капка - Македонија - Прирачници б) Систем капка по капка - Наводнување - Економско влијание - Македонија - Прирачници

COBISS.MK-ID 97246730

Page 59: БЕЛА КНИГА ЗА ИНОВАЦИИ ВО АГРOБИЗНИСОТ ВО МАКЕДОНИЈА
Page 60: БЕЛА КНИГА ЗА ИНОВАЦИИ ВО АГРOБИЗНИСОТ ВО МАКЕДОНИЈА

БЕЛА КНИГА ЗА ИНОВАЦИИ ВО АГРOБИЗНИСОТ ВО МАКЕДОНИЈА