Александар III Македонски

24
Владеење 336323 п.н.е. Полно име Александар III Македонски Титули Хегемон на Коринтскиот сојуз, Шаханшах на Персија, Фараон на Египет, Крал на Азија Роден 20 или 21 јули 356 п.н.е. Место Пела, Македонија Починал 10 или 11 јуни 323 п.н.е. Место Вавилон Претходник Филип II Македонски Наследник Александар IV Филип III Аридеј Сопруга Роксана Бактриска Статеира Персиска Потомство Александар IV Династија Аргеади Татко Филип II Македонски Мајка Олимпија Епирска

Transcript of Александар III Македонски

Page 1: Александар III Македонски

Владеење 336−323 п.н.е.

Полно име Александар III Македонски

Титули Хегемон на Коринтскиот сојуз,

Шаханшах на Персија,

Фараон на Египет,

Крал на Азија

Роден 20 или 21 јули 356 п.н.е.

Место Пела, Македонија

Починал 10 или 11 јуни 323 п.н.е.

Место Вавилон

Претходник Филип II Македонски

Наследник Александар IV

Филип III Аридеј

Сопруга Роксана Бактриска

Статеира Персиска

Потомство Александар IV

Династија Аргеади

Татко Филип II Македонски

Мајка Олимпија Епирска

Page 2: Александар III Македонски

Александар III Македонски  Римска копија делo на Лисип. Лувр. Према Плутарх, Лисиповите дела се најверодостојни..

Page 3: Александар III Македонски

Александар III Македонски (356—323 п.н.е.), општо познат како Александар Велики (старогрчки: Μέγας Ἀλέξανδρος,латински: Alexander Magnus), бил крал на Македонија од династијата Аргеади и владеел од 336 п.н.е. до 323 п.н.е.

 Тој бил еден од најуспешните војсководци во историјата на човештвото.Александар ја покорил Персиската Империја, вклучувајќи ја Анадолија, Сирија, Египет и Месопотамија, и ги проширил границите на Кралството Македонија дури доАвганистан и Индија. Воден од мислата да создаде „светска држава“, Александар кон освоените култури се однесувал со почит, вклучувајќи немакедонци во неговата војска и администрацијата

Детство

Александар се родил од бракот на Филип со епирската принцеза Олимпија во 356 п.н.е. на почетокот на месецотхекатомбајон кој Македонците го нарекувале лоос и тоа во шестиот ден, кога во Ефес е запален и храмот на Артемида. Плутарх наведува дека неговото раѓање им било претскажано на Филип и Олимпија. Имено, Олимпија сонувала дека еден гром удрил во нејзиното тело и целата ја запалил.Разбирливо, нејзиниот мистичен ум веднаш го поврзал громот со Зевс (Зевс-Амон, Зевс-Најос) и истиот го сметала како израз на личниот интерес на овој бог-заштитник за нејзиното семејство и нејзината идна плодност.Филип пак, сонувал сон во кој ја запечатил утробата на Олимпија со еден печат на кој имало отпечаток со лав.Кога му ги раскажале соништата на дворскиот пророк Аристандар од Телмес, тој веднаш заклучил дека Олимпија е бремена и носи дете кое ќе има лавовски карактер.Истиот ден кога се му се родил првиот син, кај Филип стигнале гласници кои го известиле за победата над Илирите и за победата на неговиот коњ на Олимписките трки.Посебните особини кои Александар ги покажувал од мал ја оправдале надежта на Филип дека во неговиот син се наоѓа посакуваниот наследник.Александар во него ги споил многуте карактерни црти од обата свои родители.Од неговата мајка, темпераментна жена подложна на мистицизмот, ја наследил страсната и помалку тврдоглава личност, ирационален копнеж за непознатото и верба во посебна херојска слава.Од татко си ја презел нескротливата волја и енергија, нескротилив карактер, храброст, слава, војнички дар и извонредно практичен дух.Неговата мајка му била поблиска по душа и влијанието на оваа жена оставила неизбришлива трага врз него Татковиот пак, дипломатски, војнички иполитички успех го поттикнало неговото честољубие и ги разгорил неговите соништа за водство и слава. Кај Плутарх се спомнува дека „Александар не сакал да го добие од својот татко златото, раскошот и уживањето, туку го сакал кралството кое ќе му пружи можност за борби, војни и дела полни со чест и слава”

Никој не можел да го упати подобро во воената вештина од човекот чија власт непрекинато извојувала победи, а војската која ја создал татко му била најсовршеното оружје кое човек можел само да го посака за остварување на

Page 4: Александар III Македонски

неговите желби.Иако зафатен со себеси и со своите работи, рамнодушен и груб спрема својот најближен, Филип очигледно имал слабости спрема својот наследник и со гордост и уживање го следел развојот на неговата силна индивидуалност

Александар ја имал и среќата да стане ученик на еден од најголемите филозофи и научници во антиката.Кога Александар имал четиринаесет години, Филип го довелАристотел во Македонија и му го доверил воспитувањето на својот син. Аристотел тогаш имал околу четириесет години и сѐ уште бил далеку од неговата понатамошна слава.Тој бил зет и пријател на малоазискиот владетел Хермиј, кој пак со Филип одржувал добри пријателски односи.После смртта на Платон, Аристотел се повлекол на дворот на Хермиј, каде се наоѓал и кога Филип го повикал во Македонија. Средбата на Аристотел со младиот Александар се прикажува како „еден од најголемите моменти во историјата на човештвото.Иако Александар тогаш уште бил дете и потенцијален престолонаследник, а Аристотел уште не ја започнал неговата плодна научна дејност која ќе го прослави низ вековите, не можеме, а да не го видиме во нив она што подоцна ќе станат: генијален, херојски настроен војсководец и обединител на Азија и Европа и генијален философ, во кој се созреала и кулминирала двовековната философска и научна мисла на Хелените.

Во малото место Миези, во внатрешноста на Македонија, во градот Нимфеон, идниот крал и неговите другари врсници биле воспитувани во хеленски дух.Аристотел не сметал дека на идниот владетел му е потребна посебна настава која практично би го подготвувала за должноста која го чекала. Часовите по гимнастички вежби, јавање, лов и игри се замениле со читање песни и разговори за поезијата, со учење геометрија, астрономија, реторика и еристика. Аристотел на својот млад воспитаник му влел огромна љубов кон песната.Тој за него ги рецитирал песните на Хомер и Александар никогаш не се одделувал од овие дела.Негови омилени јунаци биле Херакле и Ахил, кои ги сметал за свои предци.На влијанието на Аристотел врз учењето на Александар, може да се препише и неговото големо интересирање за природните науки, по што и неговите освојувачки војни често добивале карактер на истражувачки експедиции кои ги збогатиле географијата, етнологијата, биологијата, ботаниката, метеорологијата и многу други науки.

Page 5: Александар III Македонски

Македонското сонце со кралската дијадема во сончевата топка, симбол на

Античко Македонското царство

Меѓутоа, во политички поглед, вистинско разбирање меѓу Александар и неговиот учител немало никогаш.Во својот став кон Варварите, Александар повеќе бил следбеник на Антистеновата школа која била долга традиција на македонскиот двор, а не на Аристотеловата. Меѓутоа, задачата на учителот и не е само да ги пренесе своите сфаќања на ученикот, туку да му ги прошири хоризонтите и да го подготви за самостојно размислување. Аристотел останал на македонскиот двор до стапувањето на Александар на престолот на Македонија, но неговата наставничка мисија траела најмногу уште три години

Младиот владетел и покрај подучувањата од Аристотел останал варварин, се научил да ја почитува културата на Хеладаи сонувал за распространување на таа култура на Исток по патеките на неговата победничка војска.Развитокот на грчката трговија и размножувањето на грчките трговски места во Мала Азија создале економска можност и оваа област да стане член на Македонското Царство и Александар се надевал дека од ова место ќе зрачат само македонската и хеленската култура, но тој ја потценувал тромоста и отпорната сила на источниот дух, а и големината и длабочината на источната култура. Квантитетот на Азија излегол премногу крупен спрема квалитетот на Хелада. Во моментот на најголемата слава, во Александар победил духот на Истокот. Тој покрај повеќето жени се оженил и со ќерката на Дариј, ја зел персискатакруна и се облекувал како персиските кралеви, го вовел во Европа источниот поим „крал по милост Божја“ и најпосле ја запрепастил Хелада кога во величенствен стил изјавил дека тој е бог. Хелада на тоа се смеела, а Александар се опивал до бесвест, која подоцна го довела и до смрт .

Page 6: Александар III Македонски

Доаѓање на власт

Александар станал крал на Македонија во 336 г. п.н.е., на дваесетгодишна возраст, по убиството на неговиот татко Филип II.Грчките градови како Атина и Теба, кои морале да му се покоруваат на Филип, виделе можност да си ја повратат целосната независност во доаѓањето на младиот крал.Александар на тоа брзо се спротивставил и Теба, која била најактивна против него, веднаш се предала кога тој со својата војска се појавил пред нејзините порти.По ова, грчките градови, на собирот кај Коринтскиот теснец, со исклучок на Спартанците, го избрале за командант против Персија, како што претходно бил и татко му Филип.Следната година (335 п.н.е.) Александар ги нападнал Тракијците и Илирите за да ја обезбеди северната граница на Македонија до Дунав.Додека тој победнички војувал на север, Тебанците и Атињаните повторно се побуниле.Александар реагирал веднаш и сурово: Теба, која давала најсилен отпор, била освоена со големо крвопролевање, градот бил разурнат, а неговата територија разделена меѓу останатите беотијски градови. Тебанците биле продадени во ропство, а само свештениците, потомците на поетот Пиндар, и приврзаниците на Македонија биле поштедени

Page 7: Александар III Македонски

Битката кај Херонеја

Време: 338. п. н. е.Локација: Херонеја, БеотијаРезултат: Македонска победа

завојувани страни

Македонци Атина, Теба

Сооднос на војски

32.000 30.000-35.000

загуби

непознати 1.000 Атињана

убијено

непознат број

Тебанаца убијен

Page 8: Александар III Македонски

Поход на Персија

Армијата на Александар ги минала Дарданелите со околу 42.000 војници од Македонија, разни грчки градови-држави, како и платеници и пратеници од Тракија, Пајонија и Илирија. По почетната победа против персиските сили во битката кај Граник,

Време: рано лето 334. п. н. е.

Локација: река Граник, Пропонтида

Резултат: победа на Македонаците и нивните сојузници

спротиставени стране

Македонци и сојузници Персијанци и грчки

платеници

сооднос

Пешадија:

12.000 Македонци

7.000 сојузници

5.000 најамника

7.000 Одриза, Трибала и

Илири

1.000 стрелци и т.н.

Коњаница:

1.800 македонски

1.800 тесалски

600 Хелади

900 трачки и пајонски

извидници

Пешадија:

20.000 грчки платеници

Коњаница

20.000 Иранаци

Александар го прифатил предавањето на провинциската престолнина и богатствата на градот Сардис, и продолжил по Јонското крајбрежје.Кај Халикарнас (денес Бодрум во Турција) Александар успешно ја спровел првата од многуте опсади, принудувајќи ги своите противници - платеничкиот капетан Мемнон од Родос и Оронтобатес, персискиот сатрап од Карија, да се повлечат

Page 9: Александар III Македонски

преку морето. Александар ја препуштил Карија на Ада, која била владетел на Карија пред да биде сменета од нејзиниот брат Пиксодарус. Од Халикарнас Александар продолжил во планинската Ликија и Памфилијската рамнина (близу денешна Анталија, Турција), преземајќи контрола над сите крајбрежни градови.Од Памфилија натаму, брегот немал позначајни пристаништа и затоа Александар продолжил кон копното.Кај Термес Александар го покорил, но не го нападнал Писидијскиот град.Во античкиот град Гордиум, Александар го одврзал дотогаш нерешливиот Гордиев јазол, загатка која според легендите била решлива само од идниот „крал на Азија“.Според една од приказните, тој едноставно го пресекол јазолот со сабјата. Според друга, го одврзал така што го извадил делот од двоколката околу кој бил врзан

Мозаик со Александар кој ја прикажува битката кај Ис, најден во Куќата на Фаун, Помпеја

Page 10: Александар III Македонски

Време: ноември, 333. п. н. е.Локација: Ис (денешна Турција)Резултат: Македонска победа

Завојувани страни

Македонија Персијско царство

Јачина

5.000 коњаница

26.000 пешадија

20.000 коњаница

40.000 персиска.пешадија

10.000 бесмртници

30.000 грчки платеници

Загуби околу 500 Загуби Повеќе од 10 000

Армијата на Александар ги минала Цилицијските порти, ја сретнала и поразила главната персиска војска под команда на Дариј III во битката кај Ис (денес во Турција, на границата со Сирија) во ноември 333 п.н.е. Дариј бил принуден да побегне од битката откако неговата армија се распаднала, и бегајќи ги напуштил

Page 11: Александар III Македонски

сопругата, две ќерки, мајка му Сисигамбa и непроценлива количина на богатство. Подоцна, тој му понудил мир на Александар, предавање на сите земји кои овој веќе ги освоил и откуп од 10.000 таленти за своето семејство.Александар му одговорил дека бидејќи сега е тој крал на Азија, тој ќе решава за поделбата на земјата.Продолжувајќи по брегот на Средоземното Море ги освоил градовите Тир (во денешен Либан) и Газа по познатите опсади.

Време: ноембри 333. п. н. е.- август 332. п. н. е.

Локација: Тир, Феникија (денешен Либан)

Резултат: Македонска победа

Спротиставени стране

Македонци и сојузници Граѓани на Тир

Персија

Заповедници

Александар III Македонски непознат

Загуби

непознати 30.000 убиено или продадени како робови

Во 332 год. п.н.е. Александар се обидел да ја освои Нубија, но наишол на силна воена формација предводена од кралицата Кандас, па решил да ги упати своите сили кон Египет.

Поход на Египет

Во Александровите походи на исток учествувала и пајонската лесна коњаница предводена од Аристон.Притоа, Александар и неговата војска насекаде биле пречекувани како ослободители од страна на покорените народи под персиска власт.По завземањето на градот Тир (или Сидон) во 332 година п.н.е. и Газа, бил отворен патот кон Египет. Притоа, градовите во Феникија, Палестина и Египет без борба ги отварале своите врати и го прогласувале Александар за свој владетел.Како вешт политичар, во Египет тој го посетилхрамот на богот на Сонцето Амон Ра, ги придобил свештениците угнетувани од персиската власт, па тие го прогласиле за син на нивниот врховен бог и фараон.. Оттогаш, Александар често се повикувал на Амон-Зевс како на свој татко, а неговата слика на кованите пари била со биковски рогови како симбол на божественоста.Ја основал Александрија во Египет, која подоцна, по неговата смрт, станала

Page 12: Александар III Македонски

напреден главен град на Птолoмејската династија.Напуштајќи го Египет, Александар продолжил кон Асирија и на 1 октомври 331 п.н.е. го победил Дариј уште еднаш во [Битка кај Гавгамела|битката кај Гавгамела] (веројатно близу до Мосул, денешен Ирак).

Време: 1. октомври, 331. п. н. е.

Локација: Гаугамела во близина на Мосул

Резултат: Македонска победа

Спротиставени страни

Македонци и сојузници Персија

сооднос

7.500 коњаници

40.000 пешадија

Околу 50.000

Загуби

најмлку 4200 убијени и ранети околу 40.000 убијени и ранети

Повторно Дариј бил принуден да побегне од бојното поле, но овојпат Александар го следел до Арбела, откаде овој пребегнал во Екбатана (денешен Иран).Потоа Александар тргнал кон Вавилон.Од Вавилон, Александар се упатил во Суса, еден од главните градови на Персија, и го освоил неговото легендарно богатство.Испраќајќи ја главнината од својата војска кон главниот град на Персија Персеполис, Александар ги нападнал и освоил Портите на Персија (денес планината Загрос), а потоа побрзал кон Персеполис пред неговата војска да го опљачка богатството на градот.За време на нивниот претстој во градот, избил пожар во палатата на Ксеркс и се проширил низ остатокот од градот

По освојувањето на Персеполис, Александар ја продолжил потерата по Дариј. До тогаш, персискиот крал веќе бил заробен од Бесус, неговиот бактријски сатрап и сонародник.Додека Александар наближувал, Бесус наредил да го убијат Дариј, а потоа, прогласувајќи се за негов наследник под името Артаксеркс 5, се повлекол во централна Азија од каде организирал герилски напади против Александар. Со смртта на Дариј, Александар ја прогласил одмазничката војна за завршена, и ги

Page 13: Александар III Македонски

ослободил своите грчки и други сојузници од својата војска, но им дозволил на доброволците да останат како платеници.

Неговата понатамошна тригодишна воена кампања, прво против Бесус, а потоа и против Спитамен, сатрап од Согдијана, го одвела Александар низ повеќе делови на денешенАвганистан и Таџикистан.Притоа, формирал повеќе градови со името Александрија, од кои некои постојат и денес, на пример Кандахар во Авганистан и Хуџанат во Таџикистан. Во тие походи, неговите противници биле поразени: Бесус во 329, а Спитамен во 328 г.п.н.е.

Поход на Индија

Воена кампања и движење на Александар во неговиот поход на Индија.

После смрта на Спитамена и бракот со Роксана (Рошанак на бактриски), Александар ги зацврстува своите нови позиции во Централна Азија. Во 326 п.н.е. Александар конечно е подготвен да се посвети на освојувањето на Индија. Александар ги повикува сите водачи на племињата од Гандара, територија на север од денешен Пакистан, да му се покорат и да тргнат со него.Амби, владетелот на Таџила, чие кралство се простирало од Инд до Џелум, така и направил.Но водачите на некои кланови, како например Асапсиос и Асакеноис,

Page 14: Александар III Македонски

познати во индиските текстови како Ашвајани и Ашвакајани (имињата асоцираат на природата на нивните заедници, на санскритски јазик Ашва значи коњ), одбиле да се покорат.

Александар лично ја преземал командата над штитоносците, пешадијата, стрелците, Агријанците и коњаниците, и со нив тргнал во напад на кланот Аспасиос во долините Алишанг и Гуреа, како и на кланот Асакеноис во долините Сват и Бунер. Според современите историчари, било доста тешко за Александар да ги покори овие племиња, меѓу кои племињата Масага и Аорну дале силен отпор.Посебно драматични биле борбите со кланот Аспасиос, во кои Александар бил ранет во рамото со копје, но сепак кланот ја загубил битката.40.000 воини биле заробени.

Асакеноисите му се спротивставиле на Александар со армија од 30.000 борбени кочии, 38.000 пешадија и 30 слонови.Тие се бореле храбро и пружиле силен отпор во многу утврдени места како што биле градовите Ора, Базира и Масага. За да се скрши жестокиот отпор кај утврдувањето Масага биле потребни неколку дена жестока и крвава битка во која Александар бил сериозно ранет во потколеницата Кога поглаварот на Масага загинал во битката, командата над неговата војска ја презела неговата мајкаКлеофис, која исто така била цврсто решена да ја брани својата татковина до последниот здив.Примерот со Клеофис кажува дека во битката исто така била вклучена и женската популација на утврдувањето.Александар за да ја совлада Масага морал постојано да врши дотур на свежа војска со цел да го одржи моралот на својата војска.Според Куртис, Александар не само што Александар ја уништил војската и останатите жители на Масага тој исто така го разрушил до темел, го пеплосал градот.На сличен начин својот бес подоцна Александар го искажал и на Ора, следното упориште на Асакеносите.При крајот на битките кои ги водел Александар во Масага и Ора, голем број на Акакеносите се префрлиле во утврдувањето високо во планините наречено Аорнос. Александар постојано бил зад петици на овие трупи.Само после четири дневна крвава битка Александар го завземал и ова утврдување кое се сметало за неосвоиво.Пустошења како во Масага се повториле и во Аорнос

Пишувајќи за битките на Александар против Асакеносите, Виктор Хансон вели: „Иако им ветил на опколените Асакеноси дека ќе им ги поштеди животите ако се предадат, тој ги погубил сите војници кои биле заробени. Нивните упоришта во Ора и Аорнус исто така биле разрушени.“

Сисикотос, кој му помогнал на Александар во овие битки, подоцна бил назначен за владетел на Аорнус

Откако го совладал Аорнус, Александар ја преминал реката Инд и влетал во епската битка против Пор, владател на територијата Пенџаб во битката кај Хидасп во 326 п.н.е.

Page 15: Александар III Македонски

Време: мај или јуни 326. п. н. е.

Локација: Хидасп Пакистан

Резултат: Македонска победа

Завојувани страни

Македонци Порусова војска

Војсководци

Александар III Македонски  Порус

Сооднос

4.000 коњаници

50.000 пешадија

6.000 коњаници

30.000 пешадија

200 воени слонови

Загуби

Повеќе пешадија

(900-4000 мртви и неколку конјаника

сите коњаници голем дел од пешадијата и

100 воени слонови

После победата, Александар бил импресиониран од храброста на Пор во битката, па затоа влегол во сојуз со него назначувајќи го за управител на неговото кралство, дури и придодавајќи му во владение и територии кои претходно Пор не ги владеел.Потоа Александар изградил два нови града, од кој едниот го именувал Букефал, во чест на неговиот коњ кој го донел него до Индија а загинал во Битката кај Хидасп. Александар продолжил со освојувања на сите утврдувања покрај реката Инд

Источно од кралството на Пор, близу до реката Ганг, се наоѓало моќното царство на Магада под владение на династијата Нанда. Стравувајќи од судир со уште една моќна индиска војска, изморена од повеќегодишните воени походи, војската на Александар запира кај реката Биас одбивајќи да маршира понатаму кон исток.Така оваа река ја означува и границата до каде војската на Александар продрела на исток

После битката со Пор, моралот на војската на Александар опаднал за понатамошни походи.А покрај тоа, тие требало да се соочат со далеку помоќен непријател.Војската на Александар имала на располагање околу 20-илјадна пешадија и околу две илјади коњаници.Војската отворено се спротиставила на

Page 16: Александар III Македонски

инсистирањето на Александар да ја преминат и реката Ганг, која била широка, како што тие слушнале, 6.5 километри (32 фурлонга), со длабочина од 183 метри (100 фата). А пак од другата страна на реката ги чекала силна армија од добро вооружени и воинствени пешадијци, коњаници и слонови.Некои дури извори велат дека кралевите на Гандерит и Праеши ги чекале со армија од 8 илјади коњаници, двесте илјади пешадија, 8 илјади борбени кочии, и 6 илјади борбени слонови. - Плутарх, Вита Александри, 62

Александар, после состанокот со неговиот офицер Коенус бил убеден да се откаже од понатамошни походи и да се вратат назад.Александар бил приморан да сврти на југ.На патот кон југ војската се судрила со кланот Мали, (во денешно време Мултан).Кланот Мали бил еден од највоинствените кланови во Индија во тој период.Но војската на Александар после жестоките битки го покорува кланот Мали. Во едне од налетите на утврдувањета Александар бил сериозно ранет од стрела.. Неговата војска, мислејќи дека нивниот крал е мртов, ја зазема тврдината и го искалува својот бес врз заробениците.После ова, Мали бил окупиран од војската на Александар, а главницата продолжила со движење.Поголемиот дел од својата армија Александар ја насочува кон Карманија (во денешно време јужниот дел на Иран) на чело со генералот Кратер, а еден дел гради флота за да го истражи Персискиот залив под водство на адмиралот Неарх, додека со останатиот дел од војската се враќа назад во Персија по јужната рута низ пустината Гедрозија (во денешно време дел од јужен Иран и Макран во јужен Пакистан). Патувањето низ пустината траело околу 60 дена и во текот на нејзиното поминување умира околу 3/4 од Александровата војска

Александар дел од своите сили оставил во Индија.На територијата на Индус, тој го именува неговиот офицер Пејтон како сатрап, позиција која тој ја задржал следните десет години се до 316 г.п.н.е., а во Пенџаб тој го оставил генералот Еудемус како командат на војската под владение на Пор и Таџили. Еудемус станува господар на Пенџаб после смртта на овие двајца.И двајцата владетели (Пејтон и Еудемус) се враќаат на запад во 316 п.н.е. со нивната војска, а на нивно место Чандрагупта Мауриа го формира Царството Маурија во Индија.

Page 17: Александар III Македонски

По походот во Индија

Патувајќи кон Суса, Александар открил дека многу од неговите сатрапи и воени управници лошо се однесувале во негово отсyство и казнил со смрт извесен број од нив за пример.Во знак на благодарност, ги платил долговите кон војниците и објавил дека ќе ги испрати постарите и осакатените ветерани назад во Македонија под водство на Кратер. И покрај тоа, војската се побунила во градот Опис, одбивајќи да биде испратена назад и критикувајќи ги неговите новоусвоени персиски обичаи, како и воведувањето на персиски офицери и војници во војската. Александар ги погубил водачите на бунтот.Во обид да воспостави трајна слога помеѓу македонските и персиските граѓани, организирал и масовна венчавка помеѓу македонските офицери и персиските и други благороднички од Суса, но изгледа мал број од тие бракови траеле повеќе од една година

Неговите обиди да ги обедини македонската и персиската култура вклучувале и македонска воена обука за персиските момчиња.Повеќето историчари веруваат дека Александар ја усвоил и титулата Шаханшаш (што значи „Крал на кралевите“)

Се мисли и дека Александар сакал да го освои и присоедини и Арабискиот полуостров, но оваа теорија не е потврдена.Се претпоставувало и дека Александар може да се упати на запад и да ги нападне Картагина и Италија

По патувањето во Екбатана за да го преземе најголемиот дел од персиското богатство,неговиот најдобар пријател, и веројатно љубовник, Хефестион умрел од

Page 18: Александар III Македонски

болест, или можеби од труење. Александар тагувал по умрениот пријател 6 месеци

Владеење со големото царство

После враќањето од Индија Александар брзо и окрутно повторно го наметнува својот авторитет,една третина од сатрапите во провинциите е сменета, а многу од нив се осудени на смрт и се погубени.Александар имал намера да ги обедини Македонците и Персијанците во еден народи со тоа да ги спречи проблемите и војувањата за во иднина.Поради тоа на негово наговарање повеќето негови војници и офицери зимале Персијанки за жени.Примал и персијанци во неговата војска кој имале повластени услови , како и Македонците.Кога Александар одлуцил околу 9000 македонски војници ветеран и да во Македонија бо бојската избива побуна.Се побупобунила целата македонска војска освен александровата гарда.Александаре ја распустил цеелата војска, во слизба земал персијанци.Потоа организирал голем банкет за околу 9000 луге.Потоа ситуацијата се смирила.Војните ветерани мирно и со дарови под вотство на Кратер се вратиле во своите домови.

Смрта на Александар III Македонски 

По враќањето во Вавилон 323.п.н.е почнал да го планира освојување на Арапскиот Полуостров во Африка и Картагина. Сон на Александар за единство на сите луѓе не се реализира, бидејќи тој одеднаш умрел во Вавилон323.п.н.е Причините за неговата смрт се нејасни и често се вели дека тој починал од западнонилска  треска а не можеме да ја исклучиме и  маларија или тифус од кој страдал во својата младост.но не е исклученао и  дека тој бил отруен. Секако по неговото враќање се посвети на прекумерно пиење сето тоа заедно со раните и повреди здобиени во борбата го ослабело неговото тело и по сеекојдневното пијанцење  тој се разболе и по неколку дена (во зависност од бројот на  боледување, 12 дена) 10 јуни починал во 33-та година од животот.На неговата смртна постела околу него се собрале  генералите кој сакале да знаат кој ќе го наследи, а се спомнува дека рекол …Најсилниот од вас" И исто така, предвидел и  лоша иднина за неговата империја после него, што исто така се остварило , затоа што имало војна меѓу неговите наследници. Неговиот единствен легитимен наследник е роден непосредно по смртта на Александар IV, која наскоро како дете бил убиен

Page 19: Александар III Македонски

Поделба на Македонската Империја

По смртта на Александар Македонски, доаѓа од кавги за престолот на империјата по што избувнуваат низа на војни на дијадосите, кои доведуваат до формирање на неколку стабилни империи:

Птоломејската династија  ќе го преземе Египет, Антигонидската династија  - Македонија и Грција, и Селевкидската династија  - Блискиот Исток.

Page 20: Александар III Македонски

Заклучок:

Во историјата не се случува често синот на голем владетел да биде исто така голем,ако не и поголем од татка си.тешко е да ја израмниме и мериме големината на Филип II и на Александар III Македонски.

Делото на Александар III Македонски многу значајно како за нас ,така и за светот. Александар III Македонски, синот на Филип II од Династијата на Аргеадите ,од кралството Македонија , придонел за политичко и културно обединување на Античкиот свет. Воените походи на некој начин биле и некој вид на научни експедиции и значајно ги збогатиле географијата,етнологијат,биологијата,метерологијата и многу други науки. Политичкото обединување било краткотрајно,по неговата смрт,неговата империја била поделена. Културното обединуванје траело цели 300 години.Културите на класичните цивилизации од Македонија,Грција,Египет,Персија се до Индија се измешале , создавајки една нова култура која во историјата е позната како Хелинизам. Во историјата  Александар III Македонски е запаметен како еден од најголемите војсководци и освојувачи , со неговите освојувања и обидот за обединување на сите народи и мешањето на културите овозможил услови за создавање на еден многу богат период во античката историја и култура Александар III Македонски е првиот Глобализатор, човек кој имал за цел да го обедини целиот свет , како политички така и културно. Штета што не успеал...

Page 21: Александар III Македонски