Експерименталноистражување наоднесувањето

11
Експериментално истражување на однесувањето 2010

description

Експериментално истражување на однесувањето - Виолета Петроска-Бешка

Transcript of Експерименталноистражување наоднесувањето

Page 1: Експерименталноистражување наоднесувањето

Експериментално истражување на однесувањето

Ек

спер

им

ента

лн

о и

стр

ажув

ање

на

од

нес

увањ

ето

ЗОШТО ДА СЕ УЧИ МЕТОДОЛОГИЈА НА ЕКСПЕРИМЕНТАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ?

Истражувањето во психологијата има две главни цели. Првата е да се опише однесувањето на луѓето и психолошките процеси на кои однесувањето се базира, а втората е да се објасни таквото однесување. Со примена на различни систе-матски методи на истражување, вклучувајќи го и експерименталниот метод, се обезбедуваат доволно докази за да се исполни дескриптивната цел на истражу-вањето. Меѓутоа, единствено експерименталниот метод ја има моќта да навлезе во објаснување на однесувањето, обезбедувајќи докази за тоа како и зошто се случува определено однесување. Со други зборови, со користење на експери-ментите може директно да се одговори на прашањата за тоа кои се причините за определено однесување.*

*

2010

базирано на Davis, A. & Rose, D (2003). The Experimental Method in Psychology. Во книгата: Breakwell, G.M., Hammond, S. & Fife-Schaw, C. Research Methods in Psychology. London: Sage Publications (стр. 42)

Page 2: Експерименталноистражување наоднесувањето

Експериментално истражување на однесувањето

4

Page 3: Експерименталноистражување наоднесувањето

Вовед во експерименталното истражување

1

I

od naslovna

Експериментално истражување на однесувањето

Универзитет “Св. Кирил и Методиј”Филозофски факултетСкопје, 2010

Виолета Петроска-Бешка

Page 4: Експерименталноистражување наоднесувањето

Експериментално истражување на однесувањето

2

Универзитет “Св. Кирил и Методиј”

Филозофски факултет

Скопје, 2010

Виолета Петроска-Бешка

Експериментално истражување на однесувањето

рецензенти:

проф. р-р Томе Николоски

д-р Николина Кениг

дизајн и подготовка:

www.koma.com.mk

печатница:

Графотрејд - Скопје

CIP – Каталогизација во публикација

Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски”, Скопје

159.9.07:303(075.8)

303(075.8)

ПЕТРОСКА-Бешка, Виолета

Експериментално истражување на однесувањето / Виолета Петроска-Бешка, Скопје ;

Филозофски факултет, 2010, - 220 стр,; табели, граф. прикази ; 25 см

Библиографија: стр. 219-222

ISBN 978-608-4508-43-4

а) Психологија – Истражувачка методологија – Високошколски учебници

б) Општествени науки – Методологија – Високошколски учебници

COBISS.MK-ID 81973514

Page 5: Експерименталноистражување наоднесувањето

Вовед во експерименталното истражување

3

I

Книгата е, пред сè, наменета да служи како учебник за предметот Мето-

дологија-2 за студентите на Институтот за психологија при Филозофскиот

факултет, Скопје. Книгата опфаќа содржини кои треба да се совладаат за да

може да се планира и спроведе експериментално и/или квазиексперимен-

тално истражување од областа на однесувањето, но и да се вреднуваат туѓи

истражувања кои претендираат да ги проучуваат причинско-последичните

односи меѓу појавите поврзани со однесувањето на луѓето.

Книгата претставува ново (скратено и прилагодено) издание на претходната

книга од истиот автор под наслов Методологија на експерименталните

истражувања во психологијата, издадена од страна на Малинска, Скопје, во

1994 година

Page 6: Експерименталноистражување наоднесувањето

Вовед во експерименталното истражување

5

I

I

Вовед во експерименталното истражување ................ 7

Особености на експерименталниот метод ....................................................... 7Експериментот како каузален метод ...............................................................11Нацрти на експериментално истражување .....................................................15

II

Валидност на експериментот ...............................................19

Поим за екстерна валидност .............................................................................19Репрезентативноста и популациската валидност ..........................................21Теренските наспроти лабораториските експерименти и еколошката валидност ...................................................................................28Временските варијации и временската валидност ........................................30Обезбедување екстерна валидност на експериментот .................................32Поим за интерна валидност ..............................................................................34Збунувачките варијабли како закана за интерната валидност ....................35Интерната валидност и предексперименталните нацрти .............................42Односот помеѓу интерната и екстерната валидност .....................................47Ефектите на испитаниците и валидноста на експериментот .......................48Ефектите на експериментаторот и валидноста на експериментот ...............................................................................................52Контрола на ефектите на испитаниците и ефектите на експериментаторот ...................................................................55

III

Контрола на варијансата ........................................................59

Варијансата на експерименталното истражување ........................................59Облици на варијанса во експериментот ..........................................................61Основни поставки на анализата на варијанса................................................65Максминкон принципот на контрола на варијансата ....................................67Анализа на коваријанса и мултиваријантна анализа на варијанса .........................................................................................75

IV

Експерименти со независни групи ..............................77

Карактеристики на експериментите со независни групи..............................77Случајно назначување на испитаниците во групите ......................................78Експериментални нацрти со независни групи ................................................84Анализа на резултатите од експериментите со независни групи ................96

Содржина

Page 7: Експерименталноистражување наоднесувањето

Вовед во експерименталното истражување

7

I

Вовед во

експерименталното

истражување

I

� ОСОБЕНОСТИ НА ЕКСПЕРИМЕНТАЛНИОТ МЕТОД

� ЕКСПЕРИМЕНТОТ КАКО КАУЗАЛЕН МЕТОД

� НАЦРТИ НА ЕКСПЕРИМЕНТАЛНИ ИСТРАЖУВАЊА

Во ова поглавjе

ОСОБЕНОСТИ НА ЕКСПЕРИМЕНТАЛНИОТ МЕТОДВообичаена практика во учебниците по методологија е истражу вач-

ките постапки што се обединети под називот “научен метод” да се делат

во две категории: во едната спаѓа експерименталниот метод, а во другата

категорија се вбројуваат сите други, неекспериментални методи. Освен што

го нагласува постоењето и на други истражувачки постапки, покрај експе-

рименталните, ваквата поделба укажува и на значењето на експеримантот

како стандард за проценка на ефикасноста на методите што не се експе ри-

ментални.

Зошто се смета дека експериментот е најефикасен метод на стекну ва-

ње научни сознанија? Одговорот на ова прашање произлегува од оние

карактеристики на експериментот по кои овој метод се разликува од сите

други методи на научното истражување. Таквите особености на експе ри мен-

тот придонесуваат уште повеќе да дојдат до израз и општите карак терис тики

на научниот метод, заради што и научното истражување често пати (иако

неоправдано) се сфаќа исклучиво како експериментално истра жу ва ње.

Page 8: Експерименталноистражување наоднесувањето

Експериментално истражување на однесувањето

8

Експерименталниот метод има три основни особености што го прават

специфичен во однос на неексперименталните методи. Едната особеност се

однесува на можноста за директна манипулација, другата на можноста за

намерно предизвикување и третата на можноста за целосна контрола. Сите

негови особености се содржат во дефиницијата според која експериментот

претставува истражувачка постапка со која се предиз ви ку ваат

системат ски промени во определена појава за да се посматра нејзиното

влијание врз појавата што се проучува, во услови кога сите други појави

се држат под контрола.

Дефиницијата укажува на тоа дека во планирањето и спроведу ва њето на

експерименталното истражување учествуваат три вида појави: појавата што

се менува, појавата што се проучува и појавите што се кон тро

лираат. Токму

од третманот на секој од трите вида појави произле гуваат особенос тите на

експерименталниот метод.

Директната манипулација што се остварува преку експеримен тал ниот метод се

состои во предизвикување систематски промени во појавата (или појавите)

чие влијание се истражува. Таквата манипулација е непос редна затоа што

е внесена од страна на самиот експериментатор. Со други зборови, при

експерименталната манипулација, експериментаторот на мерно варира

определена појава за да ги проучува нејзините ефекти врз некоја друга појава.

За да се откријат последиците од систематските промени на појавата со

која се манипулира, во експериментот се креира ситуација на намерно предизвикување и на појавата што се проучува. И тоа го прави самиот експе -

риментатор како дел од експерименталната процедура. Наместо да чека

да дојде до спонтано манифестирање на последиците од промените на

манипулираната врз проучуваната појава, експериментаторот го прово-

цира јавувањето на појавата што ја проучува и потоа ги посматра ефектите

од промените внесени во манипулираната појава. На тој начин, на експери-

мен таторот му е овозможено да ја предизвикува и проучуваната појава кога

сака, односно тогаш кога е целосно подготвен да ја посматра и мери за да ги

утврди последиците од промените во манипулираната појава.

Истовремено, експерименталните постапки овозможуваат и да се оства ри

контрола и врз сите други појави кои би можеле да влијаат врз појавата што

се проучува, или пак врз нејзината релација со појавата што се манипулира.

Заедно со директната манипулација која претставува еден вид контрола на

појавата чие влијание се истражува, контролата на допол ни телните појави

обезбедува целосна контрола на сите појави што можат да имаат некаков

ефект врз појавата што се проучува. Контролата на допол нителните појави

во експериментот се постигнува на тој начин што или се спречува нивното

варирање, или пак се неутрализираат ефектите од нивното варирање. Како

резултат на тоа се елиминира можноста дополни тел ните појави да влијаат

врз проучуваната појава, а се зголемува веро јат носта дека промените во

Page 9: Експерименталноистражување наоднесувањето

Вовед во експерименталното истражување

9

I

проучуваната појава се последица од промените во манипулираната појава

(Пример 1.1)

Наведените особености на експериментот можат да се посматраат и како

предности на овој метод над неексперименталните методи на истра жу-

вање. Можноста за директна манипулација со едната појава, за намерно

предизвикување на другата појава и за контрола на сите останати појави го

прави експерименталниот метод супериорен во однос на сите други научно-

истражувачки методи. Згора на тоа, како посебна предност на експери мен-

тот може да се издвои и прагматичноста во стекнувањето сознанија:

„Примената на експерименталниот пристап произвела резултати кои истра-

јале низ времето, иницирала нови студии и што е веројатно најважно, навес ти ла

решенија на практични проблеми. Овој пристап се потврдил како крајно корисен,

заради што е значаен.“ (Christensen, 1988, стр.65)

Зошто воопшто има потреба да се применуваат и другите истражу вачки

методи кога експериментот е толку подобар метод од нив? Праша њето му се

наметнува на секој што ги прочитал наведените методо лошки и практични

предности на експериментот. Оние, кои по прочитува њето би ста на ле

приврзаници на експерименталниот пристап, би го поста виле пра ша њето

со нота на потценување на неексперименталните методи. За оние пак, кои

веднаш не би поверувале во добрите страни на експери мен тот, праша њето

би имало критички призвук упатен на самиот експери мент. Со оглед на

различните појдовни точки, одговорот на прашањето може да се даде на

Пример 1.1 | Филмовите и агресивноста кај децата (I)

За да се одговори на прашањето “Дали филмовите со агресивна содр жина предизвикуваат агресивно однесување кај децата?” треба да се спроведе експери ментално истражување. За таа цел, прво би се форми рале најмалку две групи испитаници што би ги сочинувале деца со подед наква страст за гледање филмови со агресивна содржина (со многу убис тва, со свирепи сцени на мачење, со физички пресметки ме ѓу јунаците и сл.). Сите избрани деца би биле од машки пол, на возраст од 10 години. На тој начин би се обезбедила контрола врз полот, возраста и страста за гледање агресивни филмови, кои би можеле да се јават во улога на потен цијални фактори што го условуваат агресивното одне су вање на децата. Потоа, во период од една недела, на едната група секој дневно би и се прикажувале филмови со агресивна содржина, додека пак на дру гата група истовремено би и се прикажувале филмови без агресивна содр жи на. Така би се постигнала директна манипулација со појавата (гледањето филмови со агресивна содржина) чии ефекти се проучуваат. Во периодот од една недела по гледањето филмови децата од двете групи би се про воцирале на агресивно однесување (би се предизвикувале меѓусебни тепачки и караници од страна на други лица) и би се посмат рале агресивните реакции кај децата. На тој начин, намер но би се предизвикувала поја вата (агресивното однесување кај децата) што е од непос реден интерес за истра жувањето.

Page 10: Експерименталноистражување наоднесувањето

Експериментално истражување на однесувањето

12

(2) Истражувачот мора да има моќ да ги назначи испитаниците на

различните експериментални услови на начин кој обезбедува

почетна еквивалентност и

(3) Истражувачот мора да ги контролира релевантните варијабли

кои може да влијаат врз однесувањето на испитаникот (Пример

1.2).

За да се докаже дека постои каузална (причинско-последична) поврзаност

помеѓу две варијабли мора да бидат задоволени три услова (Shaughnessy &

Zechmeister, 1990; Singleton et al., 1988):

1. коварирање на варијаблите – кога едната варијабла се менува

и другата да се менува,

Пример 1.2 | Услови за учење (I)

За да се провери дали ефикасноста во учењето зависи од условите во кои се одвива учењето, може да се спроведе следниот експеримент. Прво, од една поголема група студенти по психологија, со влечење ливчиња ќе се формираат три помали групи испитаници за експериментот. Потоа, на студентите од трите групи ќе им се зададе индивидуално да учат десет страници текст посветен на неутрална и помалку позната тема (на пример, за културата на народот кој живее на некоја измислена планета), При тоа, во просторијата во која ќе учат студентите од едната група ќе се пушта континуирано да свири класична музика, во иста таква просторија во која ќе учат студентите од другата група ќе се пушта техно музика, а студентите од третата група ќе учат во иста таква просторија, но во тишина. По еден час учење, на сите студенти ќе им се зададе тест за проверка колку го научиле текстот што го учеле.

Дали вака осмисленото истражување ги поседува трите суштински карактеристики на експериментот? Првиот услов, која бара да се варира најмалку една независна варијабла, е задоволен на тој начин што условите за учење како независна варијабла се варирани на три нивоа: учење со класична музика, учење со рок музика и учење во тишина. Вториот услов, кој бара на испитаниците да им додели определено ниво на независната варијабла и да се обезбеди почетна еквивалентност од едно до друго ниво, е задоволен на тој начин што: (а) за секое ниво на независната варијабла е формирана посебна група испитаници и (б) групите се формирани со случајно назначување, што обезбедува во групите да има еднаква дистрибуираност на сите релевантни особини на испитаниците кои можат да влијаат на ефикасноста на учењето (како на пример, на мотивираноста за учење, интелигенцијата, способноста за запомнување). Третиот услов, кој се однесува на контрола на релавантните варијабли, е исполнет, освен со случајното назначување на испитаниците по групите, и на тој начин што групите се подеднакво третирани во сè друго, освен во изложеноста на нивоата на независната варијабла (учат во исти простории, ист текст, за исто време и одговараат на ист тест).

Page 11: Експерименталноистражување наоднесувањето

Експериментално истражување на однесувањето

Ек

спер

им

ента

лн

о и

стр

ажув

ање

на

од

нес

увањ

ето

ЗОШТО ДА СЕ УЧИ МЕТОДОЛОГИЈА НА ЕКСПЕРИМЕНТАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ?

Истражувањето во психологијата има две главни цели. Првата е да се опише однесувањето на луѓето и психолошките процеси на кои однесувањето се базира, а втората е да се објасни таквото однесување. Со примена на различни систе-матски методи на истражување, вклучувајќи го и експерименталниот метод, се обезбедуваат доволно докази за да се исполни дескриптивната цел на истражу-вањето. Меѓутоа, единствено експерименталниот метод ја има моќта да навлезе во објаснување на однесувањето, обезбедувајќи докази за тоа како и зошто се случува определено однесување. Со други зборови, со користење на експери-ментите може директно да се одговори на прашањата за тоа кои се причините за определено однесување.*

*

2010

базирано на Davis, A. & Rose, D (2003). The Experimental Method in Psychology. Во книгата: Breakwell, G.M., Hammond, S. & Fife-Schaw, C. Research Methods in Psychology. London: Sage Publications (стр. 42)