Годишен Извештај 2013

52
Годишен Извештај Европска медицинска студентска асоцијација на македонија Европа поврзани студЕнти мЕдицина јавно здравство Етика култура болЕст здравјЕ наука клиничка пракса тЕст здравство баланс работа пациЕнт хирургија сочуство згрижи прЕвЕнција доктор забава лЕк тимски луѓЕ размисли надвор од границитЕ човЕк заЕдно сплотЕни нови пријатЕли дружба мисија визија цЕл Европска МЕдицинска студЕнтска асоцијација Годишен Извештај 2013

description

Годишен извештај за работата на ЕМСА Македонија во текот на 2013 година. Отворете и погледнете што се имаме направено за овој период и следете и понатаму за уште повеќе.

Transcript of Годишен Извештај 2013

1

Годишен Извештај

Европскамедицинска

студентскаасоцијација

на македонија

ЕвропаповрзанистудЕнтимЕдицинајавноздравствоЕтика

култураболЕстздравјЕнаукаклиничкапраксатЕстздравствобалансработапациЕнтхирургијасочуствозгрижипрЕвЕнцијадокторзабавалЕктимскилуѓЕразмислинадвородграницитЕчовЕкзаЕдносплотЕниновипријатЕлидружбамисијавизијацЕл

ЕвропскаМЕдицинскастудЕнтскаасоцијација

Годишен Извештај 2013

Да ги поврземе студентите од

Македонија...

... со студентите по медицина од цела

Европа!

Европска МЕдицинска студЕнтска асоцијација - МакЕдонија4

ДизајнДемијан

Хаџи-Ангелковски

СодржинаГордана ГеоргиеваГоран Стевановски

Демијан Хаџи-Ангелковски

Галина ХристовскаБогдан Ковачев

Елена ЃорчевскаЕлена Гулевска

Здружение на граѓани од Медицинскиот Факултет во

Скопје - Европска Медицинска Студентска

Асоцијација на Македонијае полноправна членка на

European Medical Students' Association

www.emsa.org.mkblog.emsa.org.mktbh.emsa.org.mkss.emsa.org.mk

[email protected]

ул. Атинска бр. 1-3/19

Спонзори

Европска МЕдицинска студЕнтска асоцијација - МакЕдонија 5

Вовед

Интернационални Наснати

Медицинска Едукација

Медицинска Наука и Истражување

Медицинска Етика и Јавно Здравје

Европска Интеграција

ЕМСА Настани

ЕМСА Кампањи

Надворешни Соработки

Маркетинг и Медиуми

Извршен Координативен Тим

06091317

22283137414750

Содржина

6 ЕвропСКА МЕДицинСКА СтуДЕнтСКА АСоцијАцијА - МАКЕДонијА

ЕМСА Македонија

Драги ЕМСАиДа се биде дел од ЕМСА – Македонија

значи да се има желба за работа и напредок, желба за патувања,

стекнување и споделување искуства, да се биде отворен кон нови пријателства и да постои подготвеност за соочување со предизвици. Со здружени сили, тимски како и секогаш, уште еднаш ги поместивме границите на постигнувањата и продолжуваме понатаму...

Колку и да звучи излитено, оваа наша организација ги исполни нашите денови и не научи да функционираме како семејство каде секој сака да придонесе и да сподели. Канцеларијата, иако мала, е место каде се одржуваа состаноците на извршниот Координативниот тим и каде се родија многу проект идеи, а се остварија повеќе работни средби.

одбележуваме уште една година постоење на ЕМСА – Македонија и бележиме реализација на рекорден број проекти и активности досега. Ги надградивме оние старите, добро познати проекти и не застанавме овде. посетеноста на сите наши настани исто достигна ново ниво и сведочи за успешното дејствување. ја задржавме традицијата и се одржи третата по ред Летна Школа по ургентна Медицина, а организиравме и Мотивационен викенд во Струмица и Мотивационен викенд во Битола. не е мал ни бројот на соработките кои ги остваривме со други невладини, младински и студентски организации и компании.

7 ЕвропСКА МЕДицинСКА СтуДЕнтСКА АСоцијАцијА - МАКЕДонијА

Годишен Извештај

Бевме доста активни и на интернационално ниво, како и секогаш бевме присутни со голема македонска делегација и не познаваа како највесела и најбројна.

на наредните страници преку зборови и слики ги забележавме нашите дела и нека бидат мотивација за продолжување на тој пат и во наредната година, а ние ќе останеме верни на ЕМСА духот.

вратите за нови идеи, членови и соработници се секогаш отворени.

Мисијата како и секогаш ни останува да го подобриме на квалитетот на образованието на студентите по медицина во Македонија, преку работилници, предавања и настани, кои влегуваат во екстракурикуларната програма на студиите, а се од полињата на медицинската едукација, наука, јавно здравство и етика.

во име на иКт за 2013 година

Со почит,

Гордана Георгиева претседател на ЕМСА – Македонија 2013

Европска МЕдицинска студЕнтска асоцијација - МакЕдонија8

ЕМСА Македонија

најголемата борба, како и секоја невладина, младинска и студентска организација, ЕМСА –

Македонија ја има со обезбедување на финансиски средства. Со пораст на бројот на проекти и активности, расте и потребата од финансии. Секоја година се стремиме да воспоставиме стабилно финансиско ниво преку соработки со приватни компании, а помош во организирањето на Летната Школа добиваме од Деканатот на Медицинскиот факултет, како наш поддржувач.

на Генералното Собрание на ЕМСА – Македонија, кое се одржува секоја година во Декември, се презентира Годишниот Финансиски извештај пред делегатите. истиот детално го разгледува Финансиската Комисија составена од тројца делегати кои добиваат пристап до банкарската сметка на организацијата. понатаму комисијата го дава своето мислење и изјава пред делегатите и извештајот се става на гласање. Финансискиот

извештај за 2013 година беше усвоен.

исто така, ЕМСА – Македонија ја изврши законската обврска и поднесе завршна сметка до управата за јавни приходи и централниот регистар на република Македонија.

во табелата што е прикажана може да се увидат приходите и расходите на организацијата за годината што измина.

Како забелешка, средствата што ги добиваме, ги трошиме наменски, особено за најголемите настани – Летна Школа и Мотивационите викенди.

Заклучок што може да се извлече од приложеното е дека е потребен сигурен прилив на финансии за остварување континуитет во работата на организацијата и за поуспешно претставување на интернационалните настани на кои присуствуваме со лични донации.

ПриходиЧленарини 3,79%Спонзорства - Фирми 32,9%Котизации 35,6%Деканат 27,66%ректорат 0Грантови 0Амбасади 0Буџет на рМ 0издавачка Дејност 0

вкупно 100%

Расходипроекти и Активности 94,99%Членарини 1,68%патни трошоци 0Котизации 0Административни такси 3,33%издавачка Дејност 0

вкупно 100%

Финансиски Извештај

Европска МЕдицинска студЕнтска асоцијација - МакЕдонија 9

Годишен Извештај

Интернационалнинастани

Европска МЕдицинска студЕнтска асоцијација - МакЕдонија10

ЕМСА Македонија

Претставници: Горан Стевановски, Галина Христовска и Богдан Ковачев.настанот се одржаа во јули, 2013 година, во истанбул, турција.

традиционално секоја година во прекрасниот турски универзитет Ye-detepe во истанбул, ЕМСА Европа го

организира дводелниот настан TCE (Train-ing Center of Excellence). тој се состои од делот TNT (Training for New Trainers) во кој учесниците, преку 5 дневни тренинзи ги стекнуваат потребните вештини за станување на интернационални ЕМСА тренери за Soft Skills. оваа година ЕМСА – Македонија може да се пофали со добивањето на три нови ЕМСА тренери со што бројот на тренери од Македонија пораснува на 5. во вториот дел од настанот е време да новите тренери ги покажат своите новостекнати способности и ги одржат првите тренинзи на група на ентузијасти со што официјално го започнуваат патувањето по водите на тренерскиот свет.

ова е еден од оние интернационални настани на ЕМСА во кој покрај добивањето на цел сет на нови вештини. Се развиваат доживотни пријателства со студенти на медицина од различни краеви на Европа, но и самите учесници добиваат можност да влијаат на идните доктори од еден немедицински аспект кој ќе им овозможи подобра клиничка пракса во иднина.

исто така, Лицето за човечки ресурси на ЕМСА најави за организирање и на TOT (Training for Old Trainers) догодина. настан во кој новите тренери ќе имаат можност да им одржат тренинзи на старите и поискусни од нив со што се развива добра платформа за билатерално учење.

EMSA Training Center for Excellence

Европска МЕдицинска студЕнтска асоцијација - МакЕдонија 11

Годишен Извештај

на Генералното Собрание на ЕМСА – Европа присуствуваше делегација од ЕМСА – Македонија од 6 члена во

која беа вклучени локални координатори со право на глас: Галина Христовска и Богдан Ковачев. Заедно со делегацијата од ЕМСА – Македонија патуваше и делегација од ЕМСА – Штип.

Сесиите на Генералното Собрание започнаа на 5ти Септември. откако се избраа потребните комисии на собранието, беше почнато со првата сесија на која беа разгледувани предлог промени во внатрешните правила. овие предлог промени беа доставени навремено од локалните членови на ЕМСА, од кои мнозинството беа од Холандија и Германија.

на сесиите од вториот ден беа разгледани годишните извештаи на членовите од Европскиот борд, за кои беше потребно да се гласа. освен извештаите, локалните координатори гласаа и за Policy Papers и средени Меморандуми кои откако се изгласаа можеа да бидат потпишат. напоредно со сесиите беа организирани и тренинзи кои можеа да ги посетат присутните без право на глас. Македонскиот тренер Богдан Ковачев одржа тренинг заедно со Мелике пелин (Human Resource Officer) на тема: “Life is a crisis. So what! – Problem Solving”. вечерта беше организирана European Village Party, на која двете делегација од Македонија се собраа и преку традиционални јадења и пиења и промотивни книги и флаери ја претставија македонската култура на

останатите учесници.

последниот ден беше наменет за претставување на кандидатурите за позициите во европскиот борд и нивно гласање. ЕМСА – Македонија имаше две кандидатури на ова Генерално собрание: Богдан Ковачев за позицијата European Institutions Liaison Officer, и Демијан Хаџи – Англековски за позицијата Public Relations Officer.

по завршеното гласање, и двата кандидати од ЕМСА – Македонија беа изгласани за нивните позиции. Сите позиции беа исполнети со исклучок на една. За позицијата поптретседател за надворешни работи немаше пријавено кандидат. За оваа празна позиција новиот Европски борд ќе свика вонреден повик.

Генералното собрание заврши на 8ми Септември 2013.

General AssemblyEMSA Europe

Претставници: Галина Христовска и Богдан Ковачев.настанот се одржаа од 4ти до 8ми Септември, 2013 година во Лисабон, португалија.

12 ЕвропСКА МЕДицинСКА СтуДЕнтСКА АСоцијАцијА - МАКЕДонијА

ЕМСА Македонија

Претставници: Борислав Манев, Демијан Хаџи-Ангелковски и Богдан Ковачев.настанот се одржаа во 19 до 22 ноември, 2013 година, во Загреб, Хрватска.

интернационалниот Медицински Самит во Загреб оваа година се одржи по 13ти пат, на кој што беа

презентирани голем број на студентски научни трудови од студенти по медицина од повеќе земји во Европа. овој настан е еден од два големи настани кои се организирани од ЕМСА Загреб, на кој што имаше 150 посетители.

исто така оваа година организаторите на ЗиМС ја имаа и големата чест паралелно со самитот да се одржува и првиот т.н. Face 2 Face состанок на Европскиот Борд на ЕМСА Европа, па така таму беше претседателката на ЕМСА, олга ростковска и двата минати претседатели, Борислав Манев и тин Кнежевиќ. Заедно со нив беа присутни и ченовите на Европскиот Борд.

нашите членови беа таму како гости на самитот, а и бидејќи се дел од ЕМСА Европскиот Борд, присуствуваа на F2F Состанокот.

по нашето пристигнување имавме една слободна вечер во која се сретнавме со дел од организацискиот комитет, кои ни имаа организирано тура низ центарот на Загреб. Следниот ден бевме на гала отворањето на ЗиМС13, кој што беше отворен од претседателот на ЗиМС и два реномирани професори од тамошниот медицински факултет. Се запознавме со историјата на ЕМСА во Хрватска и историјата на ЗиМС.

во следните денови ја следевме агендата

и ги посетувавме различните предавања и работилници. исто така присуствувавме и на забавите заедно со ЕМСА членови од цела Европа.

нашите претставници споделија одлични искуства од ЗиМС и со задоволство препорачуваат секој студент по медицина барем еднаш да го посети овој настан. Загреб е навистина една одлична дестинација која што треба да се види, за да може да се почуствува Европскиот дух во спој со историјата на Хрватска и модерниот стил. ЕМСА Македонија топло ви препорачува да го посетите овој медицински самит од повеќе причини, меѓу кои најважни се студентските научни трудови, запознавањето на нови луѓе од различни култури и одличниот ноќен забавно културен свет.

Zagreb InternationalMedical Summit 13

13 ЕвропСКА МЕДицинСКА СтуДЕнтСКА АСоцијАцијА - МАКЕДонијА

Годишен Извештај

Медицинска ЕдукацијаДиректор: Елена Ѓорчевска

14 ЕвропСКА МЕДицинСКА СтуДЕнтСКА АСоцијАцијА - МАКЕДонијА

ЕМСА Македонија

Тим на проектот: Даниела Станоева, Љубица проевска, изабела Смилевска, Елмедина Асани, Фикрет вишниќ, Амир Ајдаровски и Даријан петров.Активностите на проектот се одржуваа од Март до Декември 2013 година.

Како и секоја година така и оваа, проектот започна со обука на новите студенти кои завземаа

учество во проектот, а последователно на тоа следуваше креативниот ден и реализацијата на самите мече болници.

на почетокот од годината проектот претрпе опструкции, поради воведувањето на новите законски легислативи во р.Македонија, каде како општа мерка за претпазливост побарана од Министерство за труд и социјална политика беше официјален документ кој ќе ни овозможи влез во градинките низ р.Македонија.

во Март, 2013 беше изготвено барање за пристап до градинките од страна на директорот на Медицинска Едукација, Елена Ѓорчевска.во Мај, 2013 склучивме меморандум за соработка со “Сфера”, невладина организација од Битола. Замислата беше вклучување на нивни и наши волонтери во изведување на проектот, како и можност за меѓусебно дружење и запознавање на учениците.

Кон крајот на месецот (22.05.2013), аплициравме за грант од ЕЛЕМ (АД Електрани на Македонија), врз основа на нивниот јавен повик за прибирање на апликации за распределба на средства, согласно Декларацијата за општествена одговорност на АД ЕЛЕМ- Скопје.

по деталено изработен буџетски план и предвидени активности од страна на директорот за Медицинска Едукација, Елена Ѓорчевска, Координаторот на Мече болница, Симона нестороска и дел од тимот на мече болница, апликацијата беше испратена, но одбиена дури на 13.12.2013.

во текот на летото, 2013 ја добивме и долгоочекуваната официјална дозвола од министерството, по што започнавме со подготовки за реализација на мече болниците.

во текот на септември, 2013 се обидовме да ги изведеме и првите мече болници во Битола, во соработка со “Сфера”, по направениот меморандум уште во мај 2013. Мече болниците беа откажани, поради неодложно патување на дел од членовите на “Сфера”, вклучени во проектот и неможност за соработка од нивна страна.

во текот на октомври, 2013 одржувавме повеќе состаноци и работни средби со тимот на мече болница, на кои смислувавме начини на кои би добиле нова и официјална маскота која ќе ја употребиме во проектот, изготвивме детален буџет и план за материјалите кои ни беа потребни за изведување на проектот и финално направивме акционен план и стратегија со која ги одредивме градинките низ кои ќе се спроведе проектот за 2013 година.

Мече Болница 2013Координатор: Симона Несторовска

15 ЕвропСКА МЕДицинСКА СтуДЕнтСКА АСоцијАцијА - МАКЕДонијА

Годишен Извештај

во ноември и декември, 2013 се спроведе успешна реализација на проектот во клоновите на 3 градинки од Скопје.

Детален наративен опис на одржаните активности:

1.обука за нови мече доктори (24. 04 2013 год.) Беа обучени 36 нови мече доктори, студенти на Медицинскиот факултет од 1ва до 6та студиска година. обуката ја спроведоа коодинаторот за мече болница и тимот. Како новитет беше воведена една кратка драма за на студентите да им се приближи сликата за начинот на пристап кој треба да го имаат кон децата кога за прв пат ќе ги посетат градинките.

Како едукатор на обуката беше вклучена Др. Снежана јанчевска, специјалист педијатар од клиниката за Гинекологија и Акушерство.

Гостин на обуката беше и поранешниот координатор на мече болница, а воедно и поранешен директор за Медицинска едукација, Ана Анчевска.

2. Креативен ден (27.04 2013 год- Средно водно) на кој беа присутни 11 учесници. на креативниот ден беа изработени официјалните беџови кои студентите ги користеа во овој циклус на мече болница. Беа изработени целосно нови постери од областа на примарна здравствена заштита (здрава и нездрава исхрана, одржување на лична хигиена и стекнување здрави навики на живот).

3. 9 мече болници - во педиодот од 06.11 2013 до 04.12 2013 год беа опфатени 9 мече болници во Скопје. тоа се градинките јуДГоц “Кочо рацин”( водно, центар и Капиштец) и јДГ “весели цветови”(Кисела вода), како и градинката “Снежана” во топанско поле.

16 ЕвропСКА МЕДицинСКА СтуДЕнтСКА АСоцијАцијА - МАКЕДонијА

ЕМСА Македонија

Активностите на проектот се одржуваа во Декември 2013 година.

проект кој што за прв пат се јавува во Македонија, организиран од ЕМСА.

успешноста на проектот отиде дотаму што беше предложен за официјален проект на ЕМСА Европа. прочитајте повеќе подолу. проектот “Денови на Медицинска едукација” на ЕМСА-Македонија се одржа во три последователни дена во декември 2013 година на Медицинскиот Факултет Скопје, во временски период од 02.12.2013 год. до 04.12.2013 год. и ги реализираше следниве активности:

Датум 02.12.2013 год. (понеделник) – првиот ден од проектот “Денови на Медицинска едукација” се одржа работилница на тема “практичен пристап кон пациенти со цереброспинален инсулт” и “невроимиџинг во дијагностика на мозочен удар”. времетраење на работилницата од 16:00 до 18:00 часот во библиотеката на неврологија. Број на учесници 24. предавачи: науч. сор. Д-р Арбен таравари

Датум 03.12.2013 година (вторник) – вториот ден од проектот “Денови на Медицинска едукација” се одржа работилница на тема “радиолошка дијаностика на фрактури” и “Компликации и третман на фрактури”.времетраење на работилницата од 14:30 до 16:30 часот во библиотеката на Хирургија. Број на учесници 13.

предавачи: Асс. Д-р Симон трпески и Доц. Д-р виолета василевска никодиновскаДатум 04.12.2013 година (Среда) – третиот ден од проектот “Денови на Медицинска едукација” се одржа

работилница на тема “радиологија и радиодијагностика на коскени тумори” и “Мини-макс пристап во дијагностика на коскени тумори”. времетраење на работилницата од 14:30 до 16:30 часот во библиотеката на ортопедија. Број на учесници 19. предавачи: Доц. Д-р Милан Самарџиски и Доц. Д-р виолета василевска никодиновска

проектот “Денови на Медицинска едукација” во Декември 2013 година, учествуваа вкупно 56 учесници, од кои 51 студенти од Медицинскиот факултет во Скопје, и петмина студенти од Медицинскиот факултет во тетово, кои се вклучија во првиот ден од проектот за оваа година. Координаторите на проектот Кристина Алексиќ и Фикрет вишниќ обмислија оригинално лого и мото и раководеа со проектот. во овој проект беа опфатени областите неврологија, радиологија, трауматологија и ортопедија. во реализација учествуваа: науч. сор. Д-р Арбен таравари, Доц. Д-р виолета василевска никодиновска, . Д-р Симон трпески и Доц. Д-р Милан Самарџиски. проектот го напиша и предложи директорот за Медицинска eдукација Елена Ѓорчевска, која учествуваше во надгледување и реализација на проектот.

Денови на Медицинска ЕдукацијаКоординатори: Кристина Алексиќ и Фикрет Вишниќ

ЕвропСКА МЕДицинСКА СтуДЕнтСКА АСоцијАцијА - МАКЕДонијА 17

Годишен Извештај

Медицинска НаукаДиректор: Богдан Ковачев

18 ЕвропСКА МЕДицинСКА СтуДЕнтСКА АСоцијАцијА - МАКЕДонијА

ЕМСА Македонија

Активностите на проектот се одржуваа од Мај до октомври 2013 година.

овој проект преставува интерактивно предавање каде што членовите ќе добијат еден нов вид на искуство

во склоп на секојдневното „кафепиење“. оваа година по втор пат се одржа проектот Secret Science Club.

настаните се одвиваа во Lounge bar “The One” (подоцна преименуван во Кафе Бар КоД) во Скопје, Македонија.

првиот настан се случи на 16.05.2013г. преку активна меѓусебна дискусија на тема „транспозиција на големите крвни садови кај новородени“. Стручна поддршка и одговори на прашањата на студентите беа понудени од страна на Асс. Др. Костадина Манева, Специјалист за кардиоваскуларна педијатрија и асистент на „Медицински Факултет“ - Скопје. на местото на собирот се изведуваше презентација на веќе споменатата тематика и истата ја претставуваше Џулијана Михајловска студентка на факултетот за Медицина. на настанот присуствуваа и активно учествуваа вкупно 13 личности, од кои 12 беа од факултети од медицински науки (медицина, фармација и стоматологија) и една од Машински науки. Секако просторот како и проектот беа отворени за јавноста, па така пасивно со проектот се запознаа и останатите присутни личности.

Можност за меѓусебно запознавање на присутните како и нивно спојување на мислења и проблематики поврзани

со кардиоваскуларните аномалии кај деца беше еден дел од проектот што помина интерактивно. вториот настан се случи на 23.10.2013г. на истото место, со нови личности и тема. овој пат тема на дискусија и презентација беше „ризик фактори и радиолошки аспект кај рак на Дојка“. присутни беа 25 студенти на медицина, заинтересирани за темата. презентацијата на темата за ризик фактори и припадна на Азра Гициќ, во соработка со Асс. Др. Маја јакимовска Димитровска од универзитетската Клиника за радиологија, која пак го имаше делот за радиолошка дијагностика. на тој начин проектот успеа да ги долови аспектите за ракот на дојка кои се од широко општо значење за женскиот дел од популацијата.

интерактивниот дел од проектот сместен на крајот од презентациите, беше корисен за студентите, проследен со прашања, одговори и дискусија. покрај кафето и дружењето, сите успеавме и да научиме по нешто ново и корисно.

целта на ваквиот пристап на презентација беше и се уште е, достигнување на релаксирано учење и дискутирање на реалните случаеви кои среќаваат секојдневно во животот. Секој реален случај кој може да биде претставен пред студентите од медицина, како и пред останатите кои се заинтерсирани за тематиката, претставува можност за поголемо знаење, односно надоградување на веќе постоечкото.

Secret Science ClubКоординатор: Даниела Станоева

19 ЕвропСКА МЕДицинСКА СтуДЕнтСКА АСоцијАцијА - МАКЕДонијА

Годишен Извештај

преголемата посетеност не натера да размислуваме за организирање вакви настани. од целиот проект во иднина се очекува достигнување на поголемо знаење и искуство на младите доктори, сето тоа со цел за подобро лекување.

Се надеваме на уште поголема заинтересираност и активно учество на ваквите проекти кои ги организира ЕМСА Македонија.

Се што може да се види и почувствува може полесно да се запамети.

20

The Pathway of ScienceThe Pathway of ScienceMovember - бори се против ракот на простата!Movember - бори се против ракот на простата!

В т о р оИздание

ЕвропСКА МЕДицинСКА СтуДЕнтСКА АСоцијАцијА - МАКЕДонијА

ЕМСА Македонија

Активностите на проектот се одржуваа од октомври до Декември 2013 година.

тимот работи во полето на науката, истражува и го споделува тоа со останатите студенти на медицина

како и со поширокото население. тимот се состои од 11 луѓе.

Луѓето беа поделени во два тима кои поединечно се работат на темите. Се работеше на 3 теми за статии и започнавме со работа на 2 научни труда.

Статии:

првата статија е во склоп со кампањата поврзана за борба против ракот на дојка. целта на статијата е да се опишат некои од најновите методи во однос на дијагностика, како и во третман на болеста, со вовед поврзан со науката во минатото за болеста. Сите податоци се медицински проверени и издржани.

Статијата носи наслов “Кој е напредокот во лекувањето на ракот на дојка?” и објавена е на 01.11. 2013.

втората статија се пишуваше во месец ноември-месецот посветен на рак на простата. после разгледување на материјали и исчитани повеќе научни труда се напиша статијата која ги содржи следниве елементи: историја на болеста, ризици кои доведуваат до болеста, дијагноза и третман.

Статијата носи наслов “Movember - бори се против ракот на простата” и објавена е на: 05.12.2013.

третата статија е областа на неврологијата. напишана со цел

општото население а и студентите на медицина повеќе да знаат во однос на епилепсијата. Содржи: кратка историја, како треба да се однесуваме со пациент со епилептичен напад, конзервативен и хируршки третман, побивање на некои митови кои за жал често се среќаваат меѓу народот.

насловот на статијата е: “Светата болест” - епилепсија и објавена на: 17.12.2013.

Статиите можете да ги најдете на официјалната страна на ЕМСА, на страната на доктори.мк, како и на ISIUU.

Научни трудови:

научните труда се работат на Клиниката за Гинекологија.

Ментор: проф. Др. Елизабета Зисовска, специјалист педијатар. на секоја тема работат по двајца, а темите се следниве:

1. исход на новородени деца од мајки со уринарни инфекции

2. исход на новородени деца од мајки со позитивни вагинални брисеви

работата со трудовите е во тек, датумот на објавување е во зависност во исполнувањето на потребниот број пациенти.

Се обидовме да направиме еден нов почеток на проектот, со наша цел да ја доближеме науката до студентите на медицина.

Pathway of ScienceКоординатор: Мартина Амбарџиева

The Pathway of ScienceThe Pathway of ScienceКој е напредокот во лекувањето на ракот на дојка?Кој е напредокот во лекувањето на ракот на дојка?

Пр в оИздание

The Pathway of ScienceThe Pathway of ScienceMovember - бори се против ракот на простата!Movember - бори се против ракот на простата!

В т о р оИздание

ЕвропСКА МЕДицинСКА СтуДЕнтСКА АСоцијАцијА - МАКЕДонијА 21

ЕвропСКА МЕДицинСКА СтуДЕнтСКА АСоцијАцијА - МАКЕДонијА22

Медицинска Етика и Јавно Здравје

Директор: Елена Гулевска

ЕМСА Македонија

23 ЕвропСКА МЕДицинСКА СтуДЕнтСКА АСоцијАцијА - МАКЕДонијА

Годишен Извештај

Активностите на проектот се одржуваа од октомври до Декември 2013 година.

проектот е соработка помеѓу ЕМСА Македонија и центарот за Семејна Медицина, при Медицинскиот

Факултет во Скопје.

Концепиран е како работилница во два дела. првиот е теоретско предавање од доктор кој е едукатор во центарот за Семејна Медицина на определена тема од медицината и јавното здраство која е актуелна и неопходна за познавање на секој студент по медицина, иден доктор по општа медицина. вториот дел се клинички вештини, од две до три на секоја работилница. тие се изведуваат на фантоми и им овозможуваат на студентите да теоретското знаење го преточат во пракса, преку вежбање на базични вештини кои иден доктор би требало да ги познава и изведува во пракса.

Место на одржување е во просториите во центарот за Семејна Медицина, во оделни простории за теоретското предавање и за клиничките вештини. времетраењето на работилниците е 3 часа. Еден час до час и половина за теоретското предавање и час и половина за клиничките вештини. на крај од работилниците има и доделување на сертификат за учество. Сертификатите се наменети за активните членови на ЕМСА Македонија.

во периодот од септември до декември 2013 година организиравме вкупно пет работилници.

првата работилница - 22.10.2013(вторник)тема: ,, Колоректален карцином“. предавачи на работилницата : Д-р Филип

Локвенец и Д- р Катерина Ковачевиќ. Клиничките вештини беа: 1. BMи- презентирана од Д-р Катерина Ковачевиќ, 2. ректално туше - демострирана од Д-р Филип Локвенец и 3. Физички преглед на Абдомен од проф. Д-р Катерина Ставриќ. работилницата траеше од 16- 19 часот и на неа беа присутни вкупно 28 студенти, од трета до шестта година на Медицински факултет и членови на ЕМСА Македонија.

втората работилница се одржа 19.11.2013 (вторник), тема : ,, Дијабетес“предавач на работилницата беше Д-р Љубин Шукриев. презентирани беа две клинички вештини 1. првата мерење на гликемија од страна на Д-р Александра С. 2. втората дијабетско стопало од Д-р Љубин Шукриев. работилницата започна во 16 часот и траеше до 19h. присутни беа 19 студенти од втора до петта година, членови на ЕМСА Македонија.работилницата беше наменета во обележување на Светскиот ден на Дијабет, преку едукација на студентите за основните начела на болеста, начинот на превенција и со нивното знаење, советување на населението за стоп на ова хронично заболување кое зафаќа 360 милиони во светот. на крајот на работилницата на учесниците им беа поделени научни трудови на оваа тема.

трета работилница беше на дена 20.11.2013 (среда) . работилницата беше во склоп на твининг проектот на ЕМСА , инициран и помогнат

Project WhiteКоординатори: Александра Стаменова и Симона Сапунџија

24 ЕвропСКА МЕДицинСКА СтуДЕнтСКА АСоцијАцијА - МАКЕДонијА

ЕМСА Македонија

од твининг Координаторот виктор Симеоновски и Директорот за Европска интеграција Горан Стевановски. оваа работилница беше од затворен карактер само за 12- те студенти од варшава, полска и 11 студенти од нашиот факултет кај кои беа сместени студентите. исклучок од другите работилници е по тоа што немаше теоретко предавање и конкретна тема, туку само клинички вештини. 1. Шиење на вештачка кожа 2. венепункција, презентирани од Д-р никола Брзанов и Д-р Гордана Георгиева. работилницата траеше од 17:30 h do 19:30.

Четвртата работилница се одржа на 21.11.2013 (четврток), на тема: „рак на Дојка“.на оваа работилница за првпат учество зеде и студент по општа медицина со презентација за конкретнава тема. Студентката Азра Гициќ, студент во шестта година. предавач на работилницата беше Д-р Борислав Кондов. Се презентираа и две клинички вештини: 1. преглед на дојка од Д-р Борислав Кондов 2. шиење на вештачка кожа од Д-р Гордана Георгиева. имаше 24 учесници , студенти од трета до шестта година, а работилницата траеше од 16 - 19 часот.

оваа работилница беше дел од розевата Борба на ЕМСА Македонија, настан кој се обележуваше цел октомври. работилницата поради оправдано отсуство на предавачите се одржи подоцна од планираното, но тоа не не спречи да поворно ја пренесеме пораката за борба против ракот на дојка, важноста за самопрегледот .

петатта работилница беше на ден 28.11.2013 (Четврток), тема: ,,Кардиоваскуларни заболувања”.

предавач на работилницата беше Д-р Зоран Стојановски , заедно со Елмедина Асани, студент во 5та година на Медицинскиот факултет. работилницата траеше од 16 до 19 часот.

присутни беа 20 студенти од Медицински факултет, воедно и членови на ЕМСА-Македонија.

25 ЕвропСКА МЕДицинСКА СтуДЕнтСКА АСоцијАцијА - МАКЕДонијА

Годишен Извештај

Активностите на проектот се одржуваа од октомври до Декември 2013 година.

Movies&Medicine во 2013 година, заклучно со месец Декември се одржа 2 пати. првата работилница

се одржа на 28.10.2013 година. Со оглед на тоа дека месец октомври си имаше своја тематска позадина како месец посветен на борба против ракот на дојка, се одлучивме и нашата работилница да ја посветиме токму на таа тема. по сугестија на нашите колеги - студенти, се одлучивме за филмот „Why I worе red lipstick to my mastectomy“, филм кој прикажува приказна за една успешна девојка во секој аспект од животот, на која и откриваат карцином на дојка. Филмот е базиран на вистинска приказна и ја доловува вистинската слика за тоа што се и поминува на една жена низ мислите пред и после радикална мастектмија.

поради тоа што во месец октомври во склоп на останатите проекти на ЕМСА, ракот на дојка беше обработен од повеќе аспекти, на нашата работилница се одлучивме да дискутираме за психолошкиот импакт кој го остава врз жените самата дијагноза на карцином на дојка како и импактот кој го оставаат терапевтските модалитети за таа дијагноза, во прв ред радикалната мастектомија.

работилницата се одржа во просториите на Деканатот на Медицински Факултет, во понеделник на 28.10.2013 со почеток од 16h. на наша голема чест, поканата да биде водич на работилницата ја прифати еминентниот Д-р. Ѓорѓи Хаџи-Ангелковски, специјалист по психијатрија, со кого имавме кратко предавање и дискусија по завршувањето на филмот. Д-р. Хаџи-Ангелковски на еден мошне

интересен начин презентирајќи го проблемот преку психлошка драма, ни ги долови најважните мометнти од пристапот кон пациент кој поминува низ лавиринт од настани и проблеми откако му е поставена дијагноза за некое малигно заболување. Сите тие проблеми се уште повеќе дуплирани кога на жена и се дијагностицира рак на дојка и кога жената се соочува со поимот радикална мастектомија во интерес на нејзино излекување. втората работилница од прoектот Movies&Medicine се одржа на 05.12.2013 година. на оваа работилница беше презентиран филмот “Awake”, а дискусијата окoлу филмот ја водеше асс. Д-р. т. тројчиќ од катедрата за анаестезиологија и реанимација.

во одлуката за тоа кој филм да биде презентиран на наредната работилница покрај многубројните препораки од студентите, многу ни помогна еден сајт на кој беа наброени филмовите кои еден студент на медицина не смее да ги пропушти. Филмот “Awake” беше меѓу првите пет. Со Hayden Christensen и Jessica Alba во главните улоги, приказната на филмот се фокусира на човек кој што доживува една состојба наречена “анестезиолошка свесност”, при што тој е свесен и буден, но парализиран за време на неговата операција.

темата на работилницата ни беше разјаснување на оваа состојба во анестезиологијата, дали оваа состојба е можна онака како што беше прикажана во филмот и појаснување за тоа како

Movies&MedicineКоординатори: Маријана Филиповска и Моника Милошевска

26 ЕвропСКА МЕДицинСКА СтуДЕнтСКА АСоцијАцијА - МАКЕДонијА

ЕМСА Македонија

може да се мониторира дали на анестезираниот пациент му се случува таа состојба во текот на оперативната процедура. по завршувањето на филмот, нашата гостинка преку дискусија и во крајност пријатен пријателски разговор кој што траеше речиси цел час и половина, ни одговори на сите наши прашања и ги разјасни сите наши дилеми. пренесувајќи ни дел од нејзиното лично искуство како долгогодишен анестезиолог во градската државна болница и објаснувајќи ни ги најновите трендови во анестезиологијата, Д-р. тројчиќ навистина придонесе да и втората работилница од Movies&Medicine остане незаборавна.

27 ЕвропСКА МЕДицинСКА СтуДЕнтСКА АСоцијАцијА - МАКЕДонијА

Годишен извештај

Активностите на проектот се одржаа на 26.11.2013 година.

во настанот се вклучија вкупно 48 учесници, од кои 23 активно учестуваа и донираа крв, а останатите 25

партиципанти беа одбиени поради неисполнување на условните здравствени параметри при крводарителство.

настанот започна во 13:00 часот на Заводот за трансфузиологија при Клиничкиот центар во Скопје и траеше до предвидениот термин, односно 18:00 часот.

во рамките на горенаведениот временски интервал беа пречекани кандидатите кои доброволно се приклучија со желба да донираат крв. истите по нивното доаѓање беа следствено информирани за протоколот на дарување крв, доколку истото го правеле за прв пат и беа запознаени со протоколот за евидентирање на нивното крводарување. после успешното дарување на крв и аналогна евиденција, дарителите добија ланч-пакети во бифето на заводот.

вкупниот број на крводарители на „ЕМСА - Крводарителската акција“ броеше активни 23 члена.

Собраните 23 единици крв понатаму беа искористени за целите за Заводот за трансфузиологија во Скопје.по завршетокот беше изјавена јавна благодарност до сите присутни (активни и пасивни) учесници на крводарителската акција на „Facebook“ за нивната хуманост, храброст и добра волја од страна на официјалниот координатор на проектот, игор трпковски.

Сите активности кои беа планирани во рамките на споменатата акција беа успешно реализирани и завршени.

Крводарителски АкцииКоординатор: Игор Трпковски

ЕвропСКА МЕДицинСКА СтуДЕнтСКА АСоцијАцијА - МАКЕДонијА28

Европска ИнтеграцијаДиректор: Горан Стевановски

ЕМСА Македонија

29 ЕвропСКА МЕДицинСКА СтуДЕнтСКА АСоцијАцијА - МАКЕДонијА

Годишен извештај

Активностите на проектот се одржуваа од Април до ноември 2013 година.

целта на овој проект е да ги прошириме нашите јазични и медицински знаења, да научиме да

размислуваме и да делуваме тимски, но и самостојно и да вежбаме поставување на диференцијална дијагноза.

оваа година имавме 5 EuroTalks во периодот од 16.10 - 19.11.2013 година, на кои присуствуваа американски доктори – специјалисти, кои беа присутни на универзитетската клиника под раководство на д-р Енди Сандерс.

имавме case presentations кои ги подготвуваа докторите и истите ги дискутиравме на англиски јазик.

имавме одлични работилници со специјалисти од областа на ургентната медицина, неврологијата, гинекологијата, офталмологијата, фамилијарната и интерната медицина. на овој начин можевме да ги збогатиме нашите познавања од медицинската терминологија на англиски јазик, да вежбаме да размислуваме како клиничари и да научиме нешто повеќе за ars medica од поискусните од нас, но и од нашите колеги - студенти.

овие средби се одржуваа во Деканатот на Медицински Факултет – Скопје.

поради одличната соработка и идните можности, со овој проект планираме да продолжиме и во следната, 2014 година.

EuroTalkКоординатор: Росица Стефковска

30 ЕвропСКА МЕДицинСКА СтуДЕнтСКА АСоцијАцијА - МАКЕДонијА

ЕМСА Македонија

Активностите на проектот се одржуваа во ноември 2013 година.

овогодинешниот twinning проект го реализиравме со EMSA – Warsaw. Како што е зацртан проектот,

тоа беше билатерална размена на 12 студенти во вкупно времетраење од 14 дена (7 тука во Македонија, а останатите 7 во полска) во која студентите од двете земји имаа можност да се запознаат со културата, начинот на живот, начинот на студирање и храната во државата во која престојуваа.

првиот дел од проектот се одржа во ноември, со доаѓањето на студентите од полска тука, во Македонија. тие беа сместени во домовите на 12 наши ЕМСАи со што тие дополнително го искусија нашиот начин на живот.

За време на нивниот престој, учесниците имаа можност, целосно да го запознаат градот Скопје заедно со сите негови природни убавини, но и архитектурни достигнувања и знаменитости. покрај посетата на водно и Матка, ги посетивме музеите и портата Македонија. ја пробаа Македонската кујна и дегустираа мал дел од Македонскиот ноќен живот.

За време на нивниот престој, им овозможивме посета и на градот охрид, во кој, иако за многу кратко време имаа можност да ги видат најглавните цркви и градби кои овој прекрасен град има да ги понуди.

вториот дел од проектот продолжи во Февруари со посета на полска од страна на истите студенти кои учествуваа во размената тука. покрај разгледувањето

на главниот град – варшава, имавме можност да го посетиме Краков во кој ги посетивме рудниците за сол виеличка и нацистичкиот концентрационен логор Аушвиц. Со тоа, нашите ЕМСАи ги проширија сопствените видици и културно се збогатија запознавајќи една нова култура и нов начин на живот на една Европска држава.

Twinning Project - PolandКоординатор: Виктор Симеоновски

31 ЕвропСКА МЕДицинСКА СтуДЕнтСКА АСоцијАцијА - МАКЕДонијА

Годишен извештај

ЕМСА Настании Активности

Европска МЕдицинска студЕнтска асоцијација - МакЕдонија32

ЕМСА Македонија

Emergency MedicineSummer School 04

Организационен Комитет: Гордана Георгиева, Горан Стевановски, Демијан Хаџи – Ангелковски, Галина Христовска, Богдан Ковачев, Елена Гулевска, Елена Ѓорчевска, павле Зафиров, Марија јованоска, Мануела Манева, Ана Анчевска, Билјана Кузмановска, Марија Бундовска, ивана Ѓорѓевска, виктор Симеоновски, Ѓоко илиески.Датум: 08 - 12.07.2014 година.Место: Хотел Климетица, охрид, Македонија.

оваа година, ЕМСА – Македонија по четврти пат ја организираше интернационалната Летна Школа

за ургентна Медицина во хотел Климетица, охрид. целиот настан беше организиран под покровителство на Медицинскиот факултет од Скопје.

под менторство на проф. Д-р никола јанкуловски – Декан на Медицински факултет, проф. Д-р Даниела Миладинова – продекан за Меѓународна Соработка на Медицински Факултет.

традиционално, на Летната Школа, беа присутни реномирани предавачи од Медицинскиот Факултет во Скопје кои обработија различни теми од областа на ургентна Медицина и преку интерактивни предавања, работилници и симулации успеаја да пренесат дел од своето искуство и знаење на учесниците.

присутни предавачи оваа година беа: проф. Д-р Даниела Миладинова, проф. Д-р Катарина Ставриќ, Доцент Д-р игор Кафтанџиев, проф. Д-р Мирјана Шошолчева, проф. Д-р Андреа Арсовски, проф. Д-р татјана Миленковиќ, прим. Д-р Благоја Даскалов, Асс. Д-р владимир Аврамовски, проф. Д-р наталија Банева, Асс. Д-р Светозар Антовиќ, Асс. Д-р Борислав Кондов, Д-р никола Брзанов.

поради подобрување на интеракцијата и квалитетот на настанот бројот на учесници беше ограничен на 50. покрај студентите од Медицинските Факултети во Скопје, Штип и тетово, оваа година Школата беше посетена од студенти од турција, Хрватска и Босна и Херцеговина.

постојат неколку делови на самата Летна Школа. Еден дел беа предавањата од различни области, на кои, предавачите од интерактивен аспект успеаа да ги опфатат практичните аспекти на теоретски начин кој им дозволи на студентите подобро навлегување во ургентната медицна. предавањата беа од областите на: кардиологија, неврологија, ендокринологија, гастроентерохепатологија, траума, абдоминална хирургија, радиологија, торакална хирургија.

вториот дел беа работилниците, на кои, секој студент, се здоби со практични вештини од различни медицински области. тука беа опфатени: ректално туше, венепункција, мерење на гликемија, пАп тест, аускултација, шиење, ставање на гипс, преврски и т.н.

третиот дел беа case report – ите, каде преку презентација на случаи од пракса, предавачите упсеаа да ги натераат

Европска МЕдицинска студЕнтска асоцијација - МакЕдонија 33

Годишен Извештај

учесниците практично и брзо да размислуваат диференцијално дијагностички и да решат што следно да прават со пациентот во ургентни ситуации.Четвртиот дел, беше социјалната програма, во која медицинарите уште еднаш покажаа и докажаа дека се способни лудо да се забавуваат. тематските забави, официјалните Гала настани како и игрите на плажа им овозможија на учесниците да се релаксираат и да вкусат дел од летото.

Евалуацијата, која помина позитивно ни претставува само уште една дополнителна мотивација за да напорно работиме на организација на јубилејната петта Летна Школа за ургентна Медицина за следната година.

Европска МЕдицинска студЕнтска асоцијација - МакЕдонија34

ЕМСА Македонија

ЕМСА Пикник

ЕМСА Македонија оваа година исто така се реши, на популарно барање, да го организира овој пролетен

настан во природа. ЕМСА пикникот се одржа на 20ти Април, на падините на водно, настрана од метежот на Скопје. Се чини на сите нас ни беше потребно малце чист воздух, природа и дружење.

пикникот беше посетен од околу 30тина студенти, а интерено е да се забележи дека не присуствуваа само студенти по медицина. Секој имаше право да донесе другари, настрана од медицина, со крајната цел - дружење!

Се разбира, како и се друго организирано од ЕМСА и тука постоеа неколку правила, а тие беа следниве: секој мора да донесе нешто за пиење или јадење и да дојде расположен за дружење и друштвени игри.

Се разбира покрај прекрасните моменти и веселата атмосфера, успеавме подобро да се запознаеме со дел од нашето членство, а и ние да се изградиме како тим.

на крајот можеме да заклучиме дека овој прекрасен ден помина одлично и дефинитивно мораме да го организираме повторно следната година.

Се чини чистиот воздух им користи и им прилега на студентите по медицина.

Европска МЕдицинска студЕнтска асоцијација - МакЕдонија 35

Годишен Извештај

Отворени ДеновиМаркетинг Тим

Активностите се одржија на 16ти Април и 16ти Септември, 2013 година.

отворен ден е настан кој се организира со цел промоција на ЕМСА и регуртирање на нови

членови.

оваа година 2013 ЕМСА - Македонија организираше два отворени денови.

време и место на одржување: 16.04.2013 и 16.09. 2013. во холот на зградата на институтите при Медицинскиот факултет во Скопје. во периодот од 10 -14 часот.

ЕМСА - Македонија беше претставена со штанд на кој имаше промотивни материјали (флаери, брошури, постери, видео) за самата организација и проектите кои ги организира кои им беа претставени на студентите. на штандот беа присутни членовите на иКт, координаторите и останати членови кои преку директен контакт збореа за своите искуства во ЕМСА , а истовремено се дружеа и запознаваа меѓусебно.

пред самиот настан претставници од организацијата го промовираат самиот настан преку посета во Амфитеатрите на Медицинскиот факултет и преку евент на фејсбук страната .

ЕМСА - Македонија има надворешни соработки со многу организации во Македонија, а за време на отворен ден ги покануваме за заедничка промоција и дружење помеѓу членовите на двете организации. на првиот отворен ден присуствуваа членови од организацијата - AEGEE, а на вториот имаше претставници од Секој Студент.

на двата отворени денови се зачленија 60 активни членови и 150 придружни.

ЕМСА - Македонија го поканува секој студент на Медицинскиот факултет во Скопје, кој сака да дознае повеќе за организацијата, проектите и сака да стане нејзин член да не посети на отворен ден или во нашите простории. повелете!

36 ЕвропСКА МЕДицинСКА СтуДЕнтСКА АСоцијАцијА - МАКЕДонијА

ЕМСА Македонија

EMSA Lucky 1313ти Роденден на ЕМСА

петок 13ти вообичаено е денот кога црните мачки и вештерките слават, денот кога ни сол преку рамо нема

да ви помогне да се ослободите од несреќата, но не и овој пат!

Европската Медицинска Студентска Асоцијација на Македонија го слави својот влез во тинејџерство... нашиот 13ти роденден.

Дефинитивно најгламурозниот настан на ЕМСА за оваа година. настанот за кој се зборуваше долго после тоа. настанот на кој сите присутни се забавуваа, а сите отсутни посакуваа да се таму.

после цела година напорна работа, проекти, настани ЕМСА и официјално влезе во своите тинејџерски години навршувајќи 13 години. во петок на 13 Декември 2013 година поминаа точно 13 години од официјалното формирање на организацијата во Македонија.

Забавата ја планиравме еден месец и се чини дека се излезе како што треба. Се случуваше во МКц Клуб & ресторан, простор доволно голем за да може да се соберат сите луѓе кои ги имавме планирано.

Со околу 300+ посетители, бевме задоволно, но изненадувањето дојде малку подоцна, кога дојде Деканот на Медицинскиот факултет, проф. д-р. никола јанкуловски и ни го врачи роденденскиот поклон - клучевите од нашата нова канцеларија.

ова дефинитивно ќе остане еден

од најзборуваните настани на ЕМСА Македонија.

37 ЕвропСКА МЕДицинСКА СтуДЕнтСКА АСоцијАцијА - МАКЕДонијА

Годишен Извештај

ЕМСА Кампањи

I LOVE EMSA

DOYOU?

Европска МЕдицинска студЕнтска асоцијација - МакЕдонија38

ЕМСА Македонија

#ILoveEMSAОфицијален хаштаг на ЕМСА

Како дел од нашиот маркетинг, секогаш сме се обидувале да бидеме модерни и во чекор со

времето и трендовите. па затоа со таа помисла на ум, а со целта подобро да продреме до студентите по медицина, се одлучивме да ја зопочнеме онлајн кампањата - „I Love EMSA, Do You?“.

Ги замоливме нашите членови да ни пратат слики, со краток текст, зошто ја сакаат ЕМСА, како организација и зошто членуваат во неа.

Се чини маркетингот беше доста успешен бидејќи за неколку кратки месеци, кампањата се прошири од републично до Европски ниво. ЕМСА Европа, ја прифати како официјална кампања и за кратко време ЕМСА членови од повеќе факултети почнаа да ги праќаат своите слики.

на крајот од денот, членовите се тие за кои што ние работиме, а ова ни беше еден од најдобрите поклони што ги добивме. навистина бевме среќна кога видовме колку членовите навистина ја сфаќаат и сакаат ЕМСА.

Европска МЕдицинска студЕнтска асоцијација - МакЕдонија 39

Годишен Извештај

Розевиот ОктомвриМесец за борба против ракот на дојка

За прв пат во историјата на ЕМСА – Македонија, се решивме да организираме тематски месец,

во кој сите проекти ќе бидат насочени кон една тема со која, како студенти на медицина, би започнале кампања за борба против одредено заболување. Затоа што се работеше за месец октомври, се решивме тоа да е борба против ракот на дојка. обојувајќи ја организацијата розево, организиравме проекти и настани со кои ја подигнавме јавната свесност за ова заболување, но исто така и ги запознавме студентите на медицина со дијагноза, новитети во терапија, превенција и скрининг на ракот на дојка.

на самиот почеток имавме јавна трибина со наслов: „розевата борба продолжува“ на која специјалисти од различни области ги презентираа сите новитети во дијагноза, терапија и превенција на ракот на дојка и тука за прв пат беше презентирана мастектомија и реконструкција на дојка во симултан акт.

после трибината следуваа серија на проекти како Project White, Secret Science Club, Pathway of Science во кој студентите научија за практичните аспекти на прегледот на дојка, научија за генетските апсекти на заболувањето и новитетите во нивното испитување и имаа можност преку научна статија да покажат и да го информираат светот за се што научиле во минатиот месец.

Крајот на месецот го заокруживме со Movies&Medicine и проекција на филмот “Why I wore red lipstick to my mastectomy” во

кој на крајот зборувавме за психолошките аспекти на заболувањето.

40 ЕвропСКА МЕДицинСКА СтуДЕнтСКА АСоцијАцијА - МАКЕДонијА

ЕМСА Македонија

Open AccessКаде е Македонија?

EMSA Европа во соработка со Right to Research Coalition се стреми да го промовира Open Access меѓу

студентите, професорите и општата јавност. ЕМСА – Македонија поддржувајќи ја оваа иницијатива организираше трибина со наслов “Open Access: Каде е Македонија? ”, се со цел да ги запознае студентите на Медицинскиот факултет – Скопје за придобивките од преминување кон Open Access. на трибината присуствуваа студенти од Медицинскиот факултет од сите години, како и професори и асистенти.

трибаната ја отвори претседателката на ЕМСА – Македонија, Гордана Георгиева, по која следеше презентација за што е тоа Open Access, кои се придобивките и зошто да се користи од Дејан јакимовски. по презентацијата имаше простор за прашања и дискусија која се разви помеѓу присутните студенти и професори.

Следеа уште две презентации за можностите и ресурсите на централната Медицинска Библиотека и финансиските проблеми со кои таа се соочува од раководителот на библиотеката Ленче Даневска, и можностите и ресурсите на националната и универзитетска Библиотека “Св. наум охридски” – Скопје презентирана од викторија Костоска.

на оваа трибина присутните можеа да се запознаат со финансиските проблеми а поради тоа и рестрикцијата при достапот до податоци. исто така беше укажано како Open Access е решението за тоа и

зошто би било подобро за сите доколку тој стане глевен начин на споделување на информации.

настанот се одржа на 25 Мај, 2013 година.

41 ЕвропСКА МЕДицинСКА СтуДЕнтСКА АСоцијАцијА - МАКЕДонијА

Годишен Извештај

НадворешниСоработки

Европска МЕдицинска студЕнтска асоцијација - МакЕдонија42

ЕМСА Македонија

ХАЕ ДенНастан во Градскиот Парк - Скопје

Членови од ЕМСА – Македонија беа вклучени во организацијата на еднодневниот настан на ХАЕ –

Македонија кој се одржа во градскиот парк. Беше организиран концерт од повеќе личности на македонската естрада а модератор на истиот беше Синоличка трпкова (која боледува од ХАЕ). целта на целиот настан беше да се подигне свесноста за реткото генетско заболубање ХАЕ (Хередитарен Ангионевротски Едем) помеѓу македонското население. ХАЕ – Македонија се надева дека преку вакви настани ќе се овозможи полесен пристап кон потребната терапија за неколкуте заболени од оваа ретка болест во Македонија.

на самиот настан беа поставени штандови каде членови од ЕМСА – Македонија волонтираа да го пренесат своето знаење за ХАЕ на посетителите. Главните теми кои требаа да бидат опфатени вклучуваа што претставува ХАЕ, кои се симптомите, како може да се лекува и колкав број на заболени има во Македонија.

настанот беше посетен од неколку стотици посетители, а членовите на ЕМСА преку поставените штандови и подготвените едукативни флаери успеаа да ги информираат повеќето присутни за ХАЕ.

настанот се одржа на 18 Мај, 2013 година во Гратскиот парк.

Европска МЕдицинска студЕнтска асоцијација - МакЕдонија 43

Годишен Извештај

Станица: СтудентскаНастан за промовирање на студентско движење

Станица: Студентска 2.0 е настан организиран од Младинскиот образов Форум, кој што годинава се

одржи во новото крило на националната универзитетска Библиотека. ова е настан кој што се организира за да се промовираат студентските невладини организации и клубови, со цел студентите да можат да се запознаат со нивната работа и доколку се пронаоѓаат во нивната работа да дознаат повеќе и да се зачленат.

ЕМСА Македонија прифати да учествува на овој настан, на покана од МоФ, а таму бевме повеќе луѓе од тимот, на нашиот штанд за да можеме да ги запознаваме студентите со нашата работа, мисија и цели, како и со нашата визија за подобра медицинска едукација во Европа.

на настанот покрај нашата асоцијација имаше и повеќе други, меѓу кои и: АиЕСЕК, БЕСт, иАЕСтЕ и ЕСтиЕМ. Се разбира имавме и време да се запознаеме со дел од нивните тимови, при што одвоивме и малку време да планираме соработки со нашите колеги од другите факултети.

ЕМСА Македонија топло им препорачува на сите студенти да го посетуваат овој настан, каде што ќе можат да дознаат нешто повеќе за студентското невладино движење во Македонија, како и да станат активни членови на некоја студентска нво.

настанот се одржа на 05 Декември, 2013 година во нуБ.

Европска МЕдицинска студЕнтска асоцијација - МакЕдонија44

ЕМСА Македонија

ЕМСА во НМСНационален Младински Совет на Македонија

националниот младински совет е платформа која ги претставува интересите и потребите на младите луѓе како линк со сите засегнати страни и која обезбедува вклучување и активно учество на младите во процесот на донесување одлуки на секое ниво.

основната улога на нМСМ е претставување на потребите и интересите на младите и младинските организации, развој на капацитетите на младинскиот сектор, промоција на младинското учество и активно граѓанство, како и застапување и делување во името на младите.

во пракса, претставничкото тело како национален совет за млади, е она кое треба да ги зацртува и дискутира младинските политики, и да биде партнер на инситутциите во процесите на консултација и донесување на одлуки поврзани со младите.

националниот младински совет е основан на 30 јуни 2013 година во Струга, меѓутоа процесот на неговото основање траеше две години, почнувајќи од повлекувањето на предлог Законот за млади во 2011 година, преку Деновите на младинско вмрежување во Дојран (25-28 октомври 2012) каде што беше формиран иницијативен одбор со мандат да го води процесот се до основањето на нМСМ. иницијативниот одбор низ серија на 10 јавни дискусии и 3 отворени младински денови подготви предлог статут како работен документ кој потоа 55 организации го усвоија на основачкото собрание во Струга.

ЕМСА – Македонија, како организација која веќе 13 години постои во земјава, реши да се вклучи во националниот Младински Совет уште од неговото основање.

Како организација, сме имале претставници и на претходните средби за формирање на оваа младинска платформа и со испраќање на соодветните апликациони документи сме една од 55 организации кои членуваат во нМС.

потпретседателот за надворешни работи на ЕМСА – Македонија е официјалниот претствник т.е делегат во нМС кој ги застапува интересите на организацијата и воспоставува нови контакти со постоечките организации во земјава. исто така, како полноправна членка, ЕМСА – Македонија учествува во процесот на донесување одлуки во нМС. Се надеваме дека на ваков начин дополнително ќе придонесеме за подобрување на приликите кои младите луѓе о државава ги имаат.

Европска МЕдицинска студЕнтска асоцијација - МакЕдонија 45

Годишен Извештај

Работилница соЕЛСА Македонија и Лулка

пред почетокот на настанот организаторите, сите три здруженија, преку своите претставници презентираа накратко за тоа кои се тие, историјат и дејност на нивното здружение.

работилница беше организирана од ЕМСА - Македонија и беше од затворен тип, на која присуствуваа членовите на ЕМСА и ЕЛСА. работилницата ја водеше Директорот за Европска интеграција при ЕМСА - Македонија, Горан Стевановски. присутните беа поделени на четири групи и на секоја од нив му беше дадена определена тема на која учесниците требаше да ги напишат своите знаења и размислувања на хамер, а потоа и јавно пред сите ги образложат.

во склоп на работилницата Д-р Билјана Силјановска специјалист по гинекологија одржа кратко предавање од 15 мин за основните на бременоста.

потоа одвоивме време за да дискутираме на темата: „вработување на бремени жени - право на (не)ползување“, започна во 14 часот и беше од отворен тип. Со самата дискусија се направи спој, во кој студентите по медицина ги искажаа своите знаења од аспект на здравјето и функционирањето и работоспособноста на бремената жена.

Студентите по право ги запознаа сите со правната регулатива во нашата република, по ова прашање и колку

таа (не) е далеку од практика кај нас. Здружението - Лулка ги доближи искуствата и дилемите на самите бремени жени и ги открија проблемите со кои тие се судираат.

Со дебатата се согледа реалната слика во државата и заштитеноста на бремените жени со законите, како и дали се вработуваат бремени жени и кои предрасуди ги имаат работодавците, а истовремено се постави основа за амандмант на сегашниот закон.

Дискусијата ја модерираа:- м-р нели ташковска (MA Women’s and Gender studies, Roosevelt University Chicago)- пане игнов (Лулка)

Самиот настан беше медиумски покриен од телевизија телма, а официјални изјави дадоа претставници од ЕМСА, Горан Стевановски и ЕЛСА, Мартина Мартиновска.

настанот се одржа на 26 октомври, 2013 година на правниот Факултет.организатори: Здружението за грижа и едукација на бремени жени,мајки и деца - Лулка, Европското здружение на студенти по право во Македонија - ЕЛСА и ЕМСА Македонија.

46 ЕвропСКА МЕДицинСКА СтуДЕнтСКА АСоцијАцијА - МАКЕДонијА

ЕМСА Македонија

ДаНаучимеСтудентски картички за попуст

Данаучиме е организација чија што примарна цел е нефромална едукација на населението преку

интернет нудејќи информации од рзлични области. преку нивниот web портал, оваа организација нуди едукативни видеа преку кои експерти од различни области одржуваат неформални предавања и им овозможуваат на сите заинтересирани да добијат дополнителни информации за темите за кои се заинтересирани.

Сепак соработката која ЕМСА – Македонија ја оствари со оваа организација не се базира на неформалната едукација туку е поврзана со т.н ЕДу Картичка. ЕДу Картичката е младинска картичка со која студентите и сите особи до 26 години имаат екслузивна можност да ја користат оваа картичка во околу 160 локации во Скопје и република Македонија за да добијат соодветен попуст на производите и услугите понудени таму.

ЕМСА Македонија е ексклузивен застапник за картичката, која за само 249 денари може да се нарача во нашите простории.

47 ЕвропСКА МЕДицинСКА СтуДЕнтСКА АСоцијАцијА - МАКЕДонијА

Годишен извештај

Маркетинг и Медиуми

„It's not about what you do,but why you do it,

that matters.“

- Simon Sinek

Европска МЕдицинска студЕнтска асоцијација - МакЕдонија48

ЕМСА Македонија

ЕМСА Македонија со текот на времето, станува се посериозна организација, која се труди да ги помести границите на студентите - да го добиваат тоа што го заслужуваат - врвната медицинска едукација и наука.

но, за да можеме да го постигнеме тоа, моравме да имаме, а и се уште имаме, одлична маркетинг стратегија, која што осигурува најголема пенетрација кај нашата таргет група - студентот по медицина.

уште на почетокот на годината, одлучивме дека најпрвин мораме да доставиме нова и модерна, мултифункционална веб страна, која ќе ги носи најновите информации на ЕМСА до сите членови, но и до пошироката публика. Заедно со неа го воведовме и ЕМСА Блогот - алатка која одлучивме да ја користиме како портал за олеснета комуникација помеѓу членовите и извршниот Координативен тим. на блогот ги објавуваме сите новости за проектите, како и сите публикации кои ги објавуваме. ова се покажа како одличен почеток за нашата маркетинг стратегија, како што покажуваат и статистиките - 100 прегледи дневно и во просек по 35 лајкови на статија.

Следно во нашата маркетинг стратегија беа видеата. отворивме нов YouTube канал, на кои што беа објавени 7 видеа направени од Маркетинг Директорот. исто така, беше отворен и профил на Issuu.com каде што ги прикачуваме сите наши публикации, извештаи и брошури.

понатаму, активно ги користиме и социјалните мрежи, особено Facebook и Twitter. на Facebook имаме три активни страни и 4 групи. истите се редовно ажурирани и заради добрата маркетинг стратегија успеавме да ја зголемиме нивната посетеност за 60%, а фановите кои што не следат за 140%.

Се на се, лично сум презадоволен од нашата работа, а се надеваме дека задоволни сте и вие - нашите членови, бидејќи сепак на крајот од денот целата наша работа би била бескорисна без вас. Се гледаме и читаме понатаму, следната година.

Демијан Хаџи - АнгелковскиДиректор за Маркетинг ’13

Европска МЕдицинска студЕнтска асоцијација - МакЕдонија 49

Годишен Извештај

50 ЕвропСКА МЕДицинСКА СтуДЕнтСКА АСоцијАцијА - МАКЕДонијА

ЕМСА Македонија

Извршен Координативен Тим

51 ЕвропСКА МЕДицинСКА СтуДЕнтСКА АСоцијАцијА - МАКЕДонијА

Гордана Георгиевапретседател

Галина Христовска

потпретседателза надоврешни

работи

Павле ЗафировЛице за Човечки

ресурси и Финансирање

Горан Стевановски

Директор за Европска интеграција

ив.Д.

потпретседател за внатрешни работи

Демијан Хаџи-Ангелковски

Директор за Маркетинг

ив.Д. Генерален

Секретар и Благајник

Богдан КовачевДиректор за Медицинска

наука и истражување

Елена ЃорчевскаДиректор за Медицинска

Едукација

Елена ГулевскаДиректор за

Медицинска Етика и јавно Здравство

Годишен Извештај

За крај на извештајот, останува и да ви го претставиме тимот, кој што беше задолжен за сите успеси на асоцијацијата во периодот од 2013 година.

искрено се надеваме дека вие - нашите членови - бевте задоволни, а ние ветуваме

дека и следната година ќе продолжиме со нагорното темпо на раст и развиток.

ве оставаме со мотото кое што не водеше лани - издвој се од просекот, биди дел од ЕМСА синото семејство!

ЕМСА Македонија 2013

Адреса:ул. „Атинска“ бр. 1 3/19

Email:[email protected]

Линкови:www.emsa.org.mkblog.emsa.org.mktbh.emsa.org.mkss.emsa.org.mk

Official FB Pagefacebook.com/EMSAMacedonia

FB Page Teddy Bear Hospitalfacebook.com/TBHMk

FB Page Summer Schoolfacebook.com/EMSAMkSummerSchool

Twittertwitter.com/EMSAMakedonija