ВРШЕЊЕ НА ДОСТАВА

Post on 23-Mar-2022

9 views 0 download

Transcript of ВРШЕЊЕ НА ДОСТАВА

ВРШЕЊЕ НА ДОСТАВА

Доставата е една од главните алики во процесот на

движење на предметите во судовите.

Од навременото и уредно доставување на иницијалните

акти, одлуките и другите списи од судските предмети

зависи и навременото остварување на правата на

странките во постапките.

Ненавременото доставување на судските писмена ја

одолговлекува судската постапка и ја поткопува

довербата на граѓаните во судскиот систем.

Судски службеници треба работите да ги извршуваат

навремено и ажурно се во интерес на странките во

постапките и граѓаните, со единствен цел подигање на

довербата во судовите.

ЗАКОНСКИ ОДРЕДБИ

● Закон за парнична постапка

● Закон за кривична постапка

● Закон за прекршоците

● Судски деловник

● Внатрешни процедури за управување со движењето на предметите во судот

РОКОВИ ЗА ПРЕВЗЕМАЊЕ НА ДЕЈСТВИЈА

Судијата и судкиот службеник дејствијата во врска со

движењето на предметите во судот ги превзема

истито ден, а најдоцна до крајот на наредниот

работен ден.

Заради згоелмен обем на работа дејствијата може да

бидат превземени најдоцна во рок од 5 работни дена

по претходно писмено одобрение од судскиот

адмнинистратор односно претседателот на судот.

Ваква одредба е предвидена и во Законот за

управување со движењето на предметите во

судовите, но рокот за предвземање на дејствијата е 3

работни дена.

НАЧИН НА ДОСТАВА

Согласно Судскиот деловник доставувањето на

судските одлуки и другите списи се врши:

- по пошта

- преку службено лице на судот (судски доставувач,

курир)

- преку нотар

- преку извршител

- по електронски пат

НАЧИН НА ДОСТАВА Доставата на судските одлуки и другите списи од судот

се врши со доставница.

За личната достава се употребува плик со повратница

односно доставница.

Ако при доставата не се затече лицето на наведената

адреса се остава известување, согласно закон.

Списите за доставување се испраќаат во рок согласно

закон и Судскиот деловник.

Списите од итна природа се испраќаат и се доставуваат

веднаш по пошта или преку судските доставувачи.

ДОСТАВА-ПО ПОШТА

Доставата по пошта се врши со:

- обична и

- препорачана пратка

- преку доставна книга за пошта

ДОСТАВА-СУДСКИ ДОСТАВУВАЧИ

Судските одлуки и другите писмена до странките се доставуваат со доствница.

Доставата до странките и другите ученици во постапките се врши на адреса наведена во доставницата.

Доставувањето на списи на јавното обвинителство и државното правобранителство се врши непосредно со предавање во писарницата. Доставниците се заведуваат и во доставна книга за место.

ДОСТАВА-СУДСКИ ДОСТАВУВАЧИ

На адвокатите доставата се врши во адвокатските

канцеларии.

Адвокатите може писмената да ги примаат во

непосредно во судот. Писмената на адвокатите се

ставаат во посебни прегради и судскиот службеник

пред ставањето на списот во преградата на

доставницата забележува кога писменото го ставил во

преградата или поштенскиот фах.

Доставата на државните органи (МВР, УЈП и др.) се

врши во нивните архиви.

ДОСТАВА-СУДСКИ ДОСТАВУВАЧИ

внатрешни процедури

Судските доставувачи доставниците ги примаат

заведени во книги/тертратки од судските писарници и

дактилографите, проверуваат дали се точно

евидентирани и го потрдуваат приемот со свој потпис

и датум на прием.

Судскиот доставувач е должен доставниците за

извршената достава да ги врати веднаш или најдоцна

до крајот на наредниот работен ден, сметано од денот

на доставување на писменото.

Доставниците за предмети од итна природа се

враќаат веднаш или најдоцна наредниот ден.

ДОСТАВА-СУДСКИ ДОСТАВУВАЧИ

внатрешни процедури

Судскиот доставувач вратените доставници ги

евидентира во книга/тетратка и ги доставува до

судската писарница каде приемот на вратените

доставници се потврдува со потпис и датум на прием

од службеникот во писарницата.

Доставниците од изврешна достава за другите судови се

предаваат во приемната писарница,се евидентираат и

се враќаат во судот од каде се пратени.

ЕВИДЕНТИРАЊЕ НА ДОСТАВНИЦИТЕ

ПРОБЛЕМИ ПРИ ДОСТАВУВАЊЕТО

Вратените доставници се евидентираат во АКМИС и се

спојуваат во предметите.

За проблемите со кои судските доставувачи ќе се

сретнат во текот на вршењето на доставата треба да

го известат судијата кој ќе им даде насоки за

понатамошно постапување.

Судијата може да го повика судкиот доствувач во врска

со вршењето на достава и да му даде насоки како

уредно да ја изврши доставата.

ЕЛЕКТРОНСКА ДОСТАВА

- Се врши преку АКМИС.

- Брза и едноставна.

- Не бара дополнителни ресурси (човечки и

финансиски).

- Кратки рокови од достава до прием (8 дена).

- Секогаш е уредна.

- Бара само регистрирано електронско сандаче.

ВРШЕЊЕ ДОСТАВА

ЗАКОН ЗА ПРЕКРШОЦИТЕ

- Писменото се предава непосредно на лицето на кое му

е испратено и тоа е должно да го прими.

- Ако лицето не се затече на наведената адреса

доставувањето ќе се изврши на некој член од

домаќинството, постар од 16 години, кој е должен да

го прими писменото.

- Писменото може да се предаде и на домар, управител

или сосед доколку се согласат да го примат.

- Ако се врши достава на работнот место, а лицето не се

затече таму доставувањето може да се изврши на

лице овластено за прием на пошта кое е должно да го

прими или лице вработено на истото работно место

ако се согласи да го прими писменото.

ВРШЕЊЕ ДОСТАВА

ЗАКОН ЗА ПРЕКРШОЦИТЕ

- Ако лицето не се затече на адресата на која треба да

се изврши доставувањето се остава писмено

известување, со кое се известува лицето да го прими

писменото во одреден ден, во одредено време и на

одредено место.

- Доколку лицето не постапи по известувањето се смета

дека писменото е доставено на денот и часот

наведени во известувањето.

- Кога доставувачот ќе утврди дека лицето на кое треба

да му се достави писменото е отсутно и неможе да му

го предадат ниту на лицата кои може да го примат,

писменото се враќа во судот и се констатира каде се

наоѓа лицето.

-Писменото се истакнува на огласна табла на судот.

ВРШЕЊЕ ДОСТАВА

ЗАКОН ЗА ПРЕКРШОЦИТЕ

Доставата на правните лица се врши по електронски

пат.

Доколку не може елетронски да се изврши, доставата се

врши по пошта или преку доставувач во седиштето на

правното лице.

ВРШЕЊЕ ДОСТАВА

ЗАКОН ЗА КРИВИЧНА ПОСТАПКА

Доставата на физички лица се врши на адреса на

неговото живеалиште или престојувалиште или на

адреса каде што работи.

Доставувањето на адвокати, правни лица, органи на

државна управа и правни и физички лица кои вршат

јавни овластувања се врши на адреса запишана во

регистарот.

Воени лица, припадници на полицијата и судската

полиција и др. Доставувањето на писмена се врши

лично или со известување на непосредниот

старешина.

ВРШЕЊЕ ДОСТАВА

ЗАКОН ЗА КРИВИЧНА ПОСТАПКА

На лица лишени од слобода доставувањето се врши во

судот или во установата во која се сместени.

Предавањето на писменото на лицето на кои е испратено е

исто како по Законот за прекршоците.

Писменото се истакнува на огласна табла на судот и се

смета дека е уредно извршена доставата по истекот

на 8 дена од денот на истакнување на огласната

табла на судот.

ВРШЕЊЕ ДОСТАВА

ЗАКОН ЗА КРИВИЧНА ПОСТАПКА

Доставување на обвинет

Доставата на обвинетиот му се врши лично на адреса на

живеење.

Ако обвинетиот ја променил адресата или на друг начин

очигледно избегнува да го прими писменото или

пресудата ќе се истакнат на огласната табла на судот.

ВРШЕЊЕ ДОСТАВА

ЗАКОН ЗА КРИВИЧНА ПОСТАПКА

Потврдата за извршена достава ја потпишуваат

примателот и доставувачот. Примателот сам го

пишува денот на приемот на писменото.

Доставувачот се потпишува на местото на примател во

сучај кога примателот е неписмен или не е во состојба

да се потпише и става забелешка зошо се потпишал.

Кога примателот е најден на наведената адреса, а

одбие да го прими писменото или да ја потпише

доставницата, доставувачот ќе го остави писменото

на местот на кое го затекнал примателот и на

доставницата ќе го назначи денот, часот и местото на

оставање на писменото и со тоа доставувањето е

уредно извршено.

ВРШЕЊЕ ДОСТАВА

ЗАКОН ЗА КРИВИЧНА ПОСТАПКА

Казни за непревземање на дејствија на вршење на

достава или несовесно вршење на достава

- Парична казна во износ од 700 до 1000 евра во

денарска противвредност.

- Странката може да бара дополнителни трошоци и да

побара судот да го задолжи доставувачот да ги

надомести.

- Три изречени парични казни за ист доставувач се

основ за поведување на дисциплинска постапка.

ВРШЕЊЕ ДОСТАВА

ЗАКОН ЗА КРИВИЧНА ПОСТАПКА

ВРШЕЊЕ ДОСТАВА

ЗАКОН ЗА ПАРНИЧНА ПОСТАПКА ПОСТАПКА

Писмена кои лично се доставуваат на странката:

-тужба

-платен налог

-пресуда

-решение против кое е дозволена жалба

-платен налог

-правен лек

ВРШЕЊЕ ДОСТАВА

ЗАКОН ЗА ПАРНИЧНА ПОСТАПКА

Писмена кои лично се доставуваат се предаваат

непосредно на лицето на кои се испратени.

Ако лицето не се затече на адресата, писменото ќе се

достави по пошта.

Доставувањето на писмената на државните органи и на

правните лица се врши во нивната

канцеларијата/писарница односно деловната

просторија.

ВРШЕЊЕ ДОСТАВА

ЗАКОН ЗА ПАРНИЧНА ПОСТАПКА

Доставување на писмена на адвокат се врши со

предавање на писменото во неговата адвокатска

канцеларија на лице кое извршува било какви работи.

Судот е должен во рок од 15 дена од денот на

утврдената потреба од достава да направи два

последователни обиди да се изврши уредно

доставување. Доколку не успее во тоа писменото се

објавува на огласна табла на судот.

ВРШЕЊЕ ДОСТАВА

ЗАКОН ЗА ПАРНИЧНА ПОСТАПКА

Доставувањето се врши секој работен ден од 6,00 часот

до 21,00 часот во домот или работното место на

лицето или во судот ако се затече таму или на кое

било друго место.

Ако лицето не се затече во својот стан доставувањето

се врши со предавање на писменото на некој од

неговите полнолетни членови од домаќинството кој е

должен да го прими писменото.

Ако доставувањето се врши на работното место, а

лицето не се затече таму, доставувањето може да се

изврши на лице кои работи на исто работо место ако

се согласи да го прими писменото.

ВРШЕЊЕ ДОСТАВА

ЗАКОН ЗА ПАРНИЧНА ПОСТАПКА

Кога доставувачот има сознанија дека лицето на кое

треба да му се достави писменото е отсутно ќе го

врати писменото во судот и ќе наведе каде е лицето.

Ако лицето на кое е упатено писменото одбие да го

прими, писменото ќе се остави во станот или во

просторијата каде што работи или ќе го прикачи на

вратата од станот и просторијата каде работи. На

доставницата ќе констатира ден, час и место кога е

оставено писменото и причините за тоа.

Доставницата за извршена достава ја потпишуваат

примачот и доставувачот. Примачот го пишува

датумот кога го примил писменото.

ВРШЕЊЕ ДОСТАВА

ЗАКОН ЗА ПАРНИЧНА ПОСТАПКА

Казни за непревземање на дејствија на вршење на

достава или несовесно вршење на достава

- Парична казна во износ од 700 до 1000 евра во

денарска противвредност.

- Странката може да бара дополнителни трошоци и да

побара судот да го задолжи доставувачот да ги

надомести.

- Три изречени парични казни за ист доставувач се

основ за поведување на дисциплинска постапка.

ВРШЕЊЕ ДОСТАВА

ЗАКОН ЗА ПАРНИЧНА ПОСТАПКА

НАДЗОР НАД ДОСТАВНАТА СЛУЖБА

Претседателот на судот и судскиот администратор е

должен на секои 15 дена од месецот да изврши

надзор на доставната служба.

Надзорот го опфаќа целокупното работење на

доставната служба, начинот на доставување,

ажурност во доставата, во примањето и предавањето

на писмената, евентуални проблеми и друго.

Претседателот на судот и судскиот администратор ги

превземаат сите мерки за надминување со доставата.

БЛАГОДАРАМ НА ВНИМАНИЕТО

ИМАЈТЕ УБАВ ДЕН

И ВИ ПОСАКУВАМ

ДА ИМАТЕ ШТО ПОМАЛКУ ПРОБЛЕМИ ПРИ

ВРШЕЊЕТО НА ВАШИТЕ РАБОТНИ ЗАДАЧИ