Појавни облици и форми на ... za sajber... · и електронски...

39
Вон. проф. д-р Светлана Николоска, Факултет за безбедност при Универзитетот „Св.Климент Охридски“ – Битола [email protected]

Transcript of Појавни облици и форми на ... za sajber... · и електронски...

Page 1: Појавни облици и форми на ... za sajber... · и електронски генерирани броеви со кои се овозможува вршење на

Вон. проф. д-р Светлана Николоска, Факултет за безбедност при Универзитетот „Св.Климент Охридски“ –

Битола [email protected]

Page 2: Појавни облици и форми на ... za sajber... · и електронски генерирани броеви со кои се овозможува вршење на

(СПОРЕД СТАТУСНИ И ПРОФЕСИОНАЛНИ СВОЈСТВА)

ПРОНЕВЕРА ВО СЛУЖБАТА

ЗЛОУПОТРЕБА НА СЛУЖБЕНА ПОЛОЖБА И ОВЛАСТУВАЊЕ

НЕСОВЕСНО РАБОТЕЊЕ ВО СЛУЖБАТА

Page 3: Појавни облици и форми на ... za sajber... · и електронски генерирани броеви со кои се овозможува вршење на
Page 4: Појавни облици и форми на ... za sajber... · и електронски генерирани броеви со кои се овозможува вршење на

КОМПЈУТЕРСКИ ИЛИ ДРУГИ ОБЛИЦИ НА КРИМИНАЛ НА ВРАБОТЕНИ ВО БАНКИ

Page 5: Појавни облици и форми на ... za sajber... · и електронски генерирани броеви со кои се овозможува вршење на

- Имотни компјутерски кривични дела (компјутерска кражба, компјутерска измама и сл.).

- Насилни компјутерски кривични дела (прислушување, сајбер тероризам, компјутерска саботажа, компјутерска шпионажа, компјутерски вандализам, недозволен упад или хакинг, предизвикување на расна и верска дискриминација, детска порнографија, убиство извршено со употреба на компјутерски систем и сл.).

- Економско – финансиски компјутерски кривични дела (компјутерска проневера, компјутерски фалсификат, пиратерија, злоупотреба на авторски права, изработка и употреба на лажна платежна картичка и сл.).

Имотните компјутерски кривични дела се доста распространети бидејќи отсекогаш криминалците тежнееле кон незаконско присвојување на туѓи подвижни предмети и низ историјата ги усовршувале методите, техниките и средствата на совладување на препреки со цел присвојување на вредни предмети кои се во туѓа сопственост.

Најпознати имотни компјутерски деликти се компјутерската кражба и компјутерската измама.

Page 6: Појавни облици и форми на ... za sajber... · и електронски генерирани броеви со кои се овозможува вршење на

Незаконски влез во компјутер во рамките на бизнис, банкарство, владини агенции, телефонски компании, истражувања, медицинска заштита, кредити, академски институции и др.;

Пиратство на комерцијални и приватни компјутерски програми заштитени со ознаката ,,copyright,, и ,,trade – secret,,;

Кражба на кредитни картички, тајни лозинки, персонални идентификациони броеви (PIN – personal identification number) и приватни телефонски броеви;

Порачување и примање со вредност од милиони долари вредни производи и услуги, преку телемаркетинг трансакции платени со броеви од туѓи кредитни картички;

Кражба на телефонски услуги, како и телефонска и компјутерска опрема и документи;

Закани (финансиски загуби, силувања и убиства) на корисниците на компјутери, нивните деца и брачните партнери, преку пораки со користење на сервис на електронска пошта;

Уништување на големи количини на деловни, истражувачки, владини, приватни и други информации и податоци;

Page 7: Појавни облици и форми на ... za sajber... · и електронски генерирани броеви со кои се овозможува вршење на

Вклучување во кражби на патни карти и кредитни картички, измами, фалсификување на пари;

Прекин на деловни, истражувачки, владини и академски функции за време од неколку часа или неколку денови;

Користење на изнуда во обезбедување на хакинг – информации за тешки криминалци и организирани криминални гангови за криумчарење и продаржба на дрога, илегално коцкање, проституција и измами;

Фалсификување на академски звања и саботажа на академските истражувања;

Кражби; Ширење вируси; Загрозување и компромитирање на суверенитетот и воената одбрана

на земјите (државни и воени тајни); Одземање на драгоцено време на професионалните и оперативните

лица од криминалистичките агенции и судството поради обврските да се занимаваат со нив и сл.

Page 8: Појавни облици и форми на ... za sajber... · и електронски генерирани броеви со кои се овозможува вршење на

Т( тенденција) + С ( ситуација )

П (престапништво)= ------------------------------ К ( контрола), спротивставување, над -

Јас)

- ФИНАНСИСКИ ИНФОРМАЦИИ ЗА КЛИЕНТИ – ЛЕСНО ДОСТАПНИ

- СЛАБА КОНТРОЛА - СТЕКНАТА ДОВЕРБА - САМОУВЕРЕНОСТ - ЖЕЛБА ЗА БРЗО БОГАТЕЊЕ - СОЦИОПАТОЛОШКИ ПОЈАВИ – АЛКОХОЛИЗАМ, ДРОГА,

КОЦКА

Page 9: Појавни облици и форми на ... za sajber... · и електронски генерирани броеви со кои се овозможува вршење на

Креативци – тоа се поединци со авантуристички дух, љубопитни и енигматичари кои хакирањето го сфаќаат како истражување, стручно усовршување, интелектуален предизвик, забава, самотестирање и самодокажување.

Деструктивци – се поединци на кои хакирањето им претставува можност за изразување на сопствената фрустрација и агресивност, која често добива и вандалистички облици, без причина ги уништуваат и модифицираат одредени содржини на нападнатите системи, посебно со користење на вируси или со директно (непосредно) делување. За да се дистанцираат од нив изворните хакери, овие хулигани на електронската ера им дале нов назив кој подобро ги рефлектирал нивните малициозни намери и ги нарекле кракери (cracker).

Разликата помеѓу хакерите и каркерите се објаснува со следната изрека ,,Нарушување на сопственоста е незаконско влегување на туѓ имот“ и тоа е она што го работат хакерите, а ,,провалната кражба“ (одземање нечие добро) или намерно подметнување палеж (палење на нечие добро) е еквивалент на тоа што го работат кракерите.

Кракерите типично поседуваат комбинација на вештини и знаења кои им овозможуваат да продрат и во најсофистицираните компјутерски системи. Меѓу овие вештини се примарни техничкиот талент за компјутери споен со социјалните вештини кои им возможуваат на кракерите да не предизвикаат сомнителност и внимание од околината.

Криминалци – се поединци, организирани групи или криминални организации чиј мотив на хакирање е остварување на противправна имотна корист. Бидејќи ги совладале сите тајни на хакирањето, нивното знаење и вештини го материјализираат на незакноски начин, внимателно бирајќи и планирајќи каде, кога, што и зошто криминално да делуваат.

Page 10: Појавни облици и форми на ... za sajber... · и електронски генерирани броеви со кои се овозможува вршење на

КАРДЕРСКИ ФОРУМИ ВО РУСИЈА НЕЗАДОВОЛНИ ИНЖИЊЕРИ КОИ ЈА ИЗГУБИЛЕ РАБОТАТА СЕ СВЕТАТ НА ЛИЦАТА ПРОФИТЕРИ ОД ТРАНЗИЦИЈАТА - СИМНУВААТ ПОДАТОЦИ ОД СМЕТКИ И ГИ ПРЕНАСОЧУВААТ ПАРИТЕ НА НИВНИ СМЕТКИ – НЕ ЧУВСТВУВААТ ВИНА

Page 11: Појавни облици и форми на ... za sajber... · и електронски генерирани броеви со кои се овозможува вршење на

КРИМИНАЛИСТИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ

- СПОРЕД МЕСТО НА ИЗВРШУВАЊЕ ИЛИ ОБЈЕКТ НА КРИМИНАЛЕН НАПАД

- СПОРЕД НАЧИНИ НА ИЗВРШУВАЊЕ

- СПОРЕД СРЕДСТВА НА ИЗВРШУВАЊЕ

- СПОРЕД ВРЕМЕТО НА КРИМИНАЛЕН НАПАД

- СПОРЕД СТАТУСНИ И ПРОФЕСИОНАЛНИ СВОЈСТВА НА СТОРИТЕЛИТЕ

- ПОВРЗНОСТ ВО ЕДНА КРИМИНАЛНА СИТУАЦИЈА НА КРИМИНАЛ ВО БАНКА И КРИМИНАЛ СПРЕМА БАНКА (криминал на вработени во банка и криминалци од надвор во соработка) – организирани криминални мрежи

Page 12: Појавни облици и форми на ... za sajber... · и електронски генерирани броеви со кои се овозможува вршење на

ЗЛОУПОТРЕБА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ – КОГА, ЗОШТО И КАКО?

ПРОНЕВЕРА ВО СЛУЖБАТА – ПРЕФРЛУВАЊЕ НА ПАРИ ОД СМЕТКА НА СМЕТКА БЕЗ НАЛОГ ОД СОПСТВЕНИКОТ НА СМЕТКАТА НА СМЕТКА НА ВРАБОТЕН ИЛИ НЕМУ БЛИЗОК

КОРИСТЕЊЕ НА ТУЃА ШИФРА И РАБОТЕЊЕ ЗА СВОЈА СМЕТКА – КРАЖБА НА ШИФРИ ИЛИ ЗЛОУПОТРЕБА НА ДОВЕРБАТА

Page 13: Појавни облици и форми на ... za sajber... · и електронски генерирани броеви со кои се овозможува вршење на

ШТО Е КОМПЈУТЕРСКИ КРИМИНАЛ?

КОИ СЕ СТОРИТЕЛИ НА КОМПЈУТЕРСКИОТ КРИМИНАЛ?

ДАЛИ ПОСТОИ ЕДИНСТВЕНА ДЕФИНИЦИЈА НА КОМПЈУТЕРСКИОТ КРИМИНАЛ?

Page 14: Појавни облици и форми на ... za sajber... · и електронски генерирани броеви со кои се овозможува вршење на

Сајбер простор (cyberspace) е термин кој прв го употребил Wiliam Gibson во 1984 година во неговиот научно – фантастичен роман “Neuromancer” како поим за доменот кој го опфаќа мрежната комуникација поставена на компјутерите, за што најистакнат пример е Интернетот.

Сајбер просторот е комбинација од виртуелни структури, физичките компоненти врз кои се засноваат виртуелните структури, информациите што ги содржат, како и протокот на информации во рамките на тие структури.

Сајбер (компјутерски) напад ги подразбира сите дејствија кои имаат за цел нарушување, блокирање, деградирање или уништување на информациите складирани во компјутерите и компјутерските мрежи, или на самите компјутери и компјутерски мрежи.

Сајбер напад е напад извршен преку компјутерски мрежи или врз компјутерски мрежи, односно за нападот или извршувањето на кривичното дело компјутерските податоци се нападнати преку компјутерска мрежа.

Page 15: Појавни облици и форми на ... za sajber... · и електронски генерирани броеви со кои се овозможува вршење на

Сајбер криминалот според Бановиќ може да се дефинира како извршување на кривични дела кои како свој субјект или објект го имаат интернетот како глобална компјутерска мрежа и кои се вршат од страна на информатички обучени лица, со цел предизвикување на штетни последици или прибавување на противправна имотна корист.

Page 16: Појавни облици и форми на ... za sajber... · и електронски генерирани броеви со кои се овозможува вршење на

Додека сајбер криминалот во поширока смисла на зборот претставува секое незаконско поведение поврзано за или во однос на компјутерскиот систем и компјутерските мрежи, вклучувајќи и таков криминал како што е незаконско поседување, нудење и дистрибуирање информации преку компјутерските системи и мрежи (компјутерски фалсификати, компјутерски кражби, технички манипулации на уредите или електронските компоненти, злоупотреби на системите на плаќање и сл.)

Сајбер криминалот во потесна смисла на зборот претставува незаконско поведение насочено спрема електронските операции и безбедноста на компјутерските системи и податоци кои во нив се обработуваат (правење и вметнување на компјутерски вируси, хакинг, пиратство, компјутерска саботажа, шпиунажа, измами и кражби на компјутерски податоци).

Page 17: Појавни облици и форми на ... za sajber... · и електронски генерирани броеви со кои се овозможува вршење на
Page 18: Појавни облици и форми на ... za sajber... · и електронски генерирани броеви со кои се овозможува вршење на

Дон Паркер го одредува компјутерскиот криминалитет како злоупотреба на компјутерот во смисла на секоја активност која е поврзана со употреба на компјутерската технологија во која жртвата трпи загуба или би можела да има загуби, а сторителот делува со намера за себе да прибави или би можел да прибави корист.

August Bequai го дефинира компјутерскиот криминал како вршење на кривични дела кај кои компјутерот се јавува како средство или објект на заштита, односно како употреба на компјутерот при вршења на измами, затајувања или злоупотреби при што целта е присвојување на пари или услуги или вршење на политичка или деловна манипулација која вклучува и дејствија насочени кон компјутерот.

Бого Брвар има своја дефиниција за компјутерскиот криминалитет и тоа дека тоа се кривични дела кај кои компјутерот се појавува како средство (орудие) , предмет или објект за чие извршување или обид е неопходно одредено знаење од информатиката или компјутерите.

Ѓорѓе Игњатовиќ под компјутерски криминалитет подразбира посебен вид криминални однесувања кај кои компјутерскиот систем (сфатен како единство на хардвер и софтвер) се појавува или како средство на извршување или како објект на кривичното дело, доколку делото на друг начин или спрема друг објект воопшто не би можело да се изврши или би имало други карактеристики.

Page 19: Појавни облици и форми на ... za sajber... · и електронски генерирани броеви со кои се овозможува вршење на

Комисија на Совет на Европската унија април 2002 година – функционална дефиниција

,, под компјутерски криминал треба да се подразбере напад врз информатичкиот систем,,

Компјутерскиот криминалитет е општа форма во која се опфатени различни облици на класично и специфично криминално делување

Класично криминално компјутерско однесување е низ класичните криминални облици – кражби, измами, фалсификати на исправи и сл.

Специфични форми се компјутерскиот криминалитет како дел од економско – финансискиот криминал и другите форми на организиран криминал

Page 20: Појавни облици и форми на ... za sajber... · и електронски генерирани броеви со кои се овозможува вршење на

Се напаѓаат сервиси, операции и содржини кои се наоѓаат во мрежата.

Се крадат услуги, податоци или идентитет, се оштетуваат или се уништуваат делови или цели мрежи и компјутерски системи, или се попречуваат функциите на нивната работа.

Page 21: Појавни облици и форми на ... za sajber... · и електронски генерирани броеви со кои се овозможува вршење на

Сторителите од секогаш користеле камен, нож, отров, пиштол или слични орудија или оружја, а денес модерните криминалци не ги ,, валкаат рацете,, и користат компјутерска мрежа во вршење на кривични дела и реализација на криминалната цел.

На почетокот, во седумдесетите години ова компјутерска мрежа претставуваше ново средство, но сега се помасовно е користено средство за извршување на компјутерски кривични дела и тоа посебно на имотни кривични дела во противправно остварување на криминална цел стекнување со имотна корист на најразлични начино со вештини и можности кои се манифестираат преку компјутерски мрежи и системи.

Компјутерот како средство за извршување на криминални активности е особено застапено кај детската порнографија, имотните деликти, финансиските кривични дела, и кривичните дела насочени против интелектуалната сопственост.

Page 22: Појавни облици и форми на ... za sajber... · и електронски генерирани броеви со кои се овозможува вршење на

Во кој се врши криминална реализација или прикрива криминалот, во што вештите криминалци се доста успешни од аспект на криминалното делување и настанување на криминалната последица (криминално се делова од еден дел на светот, а последицата за многу кратко време настанува во сосема други краеви на светот)

Просторот на криминално делување е доста мал и сеуште се намалува како резултат на современите компјутерски апарати и широко распространетата мрежа на електронска комуникација.

Page 23: Појавни облици и форми на ... za sajber... · и електронски генерирани броеви со кои се овозможува вршење на

Под компјутерски систем се подразбира каков било уред или група на меѓусебно поврзани уреди од кои, еден или повеќе од нив, врши автоматска обработка на податоци според одредена програма.

Под компјутерски податоци се подразбира презентирање на факти, информации или концепти во облик погоден за обработување преку компјутески систем, вклучувајќи и програма подобна компјутерскиот систем да го стави во функција.

Page 24: Појавни облици и форми на ... za sajber... · и електронски генерирани броеви со кои се овозможува вршење на

Електронски пари се пари кои врз основа на закон се во оптек во Република Македонија или во странска држава.

Платежни картички се секаков вид средства за плаќање издадени од банкарски или други финансиски институции кои содржат електронски податоци за лица и електронски генерирани броеви со кои се овозможува вршење на каков било вид финансиски трансакции.

Под имот се подразбира пари или други инструменти за плаќање, хартии од врдност, депозити, друга сопственост од секаков вод и тоа материјална или нематеријална, движна или недвижна, други права врз предметите, побарувања, како и јавни исправи и легални документи за сопственост и актива во пишан или во електронски облик или инструменти со кои се докажува правото на сопственост или интерес во таквиот имот.

Page 25: Појавни облици и форми на ... za sajber... · и електронски генерирани броеви со кои се овозможува вршење на

,,Кога спротивно на условите утврдени со закон без согласност на граѓанинот прибира,обработува или користи негови лични податоци, преку навлегување во компјутерски информатички системи на лични податоци со намера користејќи ги за себе или за друг да оствари некаква корист или на друг да му нанесе некаква штета

Предвидена е и санкционираност ако делото е сторено од службено лице во вршење на службата,

Предвидена е одговорност за правните лица, кај ова дело и самиот обид е казнив.

Објект на кривично – правна заштита се личните податоци складирани или ставени во некој компјутерски систем без разлика дали се работи за компјутерски систем на државен орган или приватен систем или податоци ставени во социјална мрежа, но услов за постоење на криминал е нивната злоупотреба.

Можни се неколку начини на извршување и тоа преку: прибирање, обработување или користење.

Page 26: Појавни облици и форми на ... za sajber... · и електронски генерирани броеви со кои се овозможува вршење на

1. Тој што нeovlasteno ќе изbri{e, izmenи, o{tetи, prikrie ili na drug na~in }e se napravi neupotrebliv kompjuterski podatok, programa ili ured za ord`uvawe na informati~ki sistem, или ќе оневозможи или отежне користењето на компјутерски систем, податок или програма или на компјутерска комуникација

2. Тој што неовластено ќе навлезе во туѓ компјутер или систем со намера за искористување на неговите податоци или програми заради прибавување противправна имотна корист за себе или за друг или предизвикување имотна или друга штета или заради пренесување компјутерски податоци што не му се наменети и до кои неовластено дошол на неповикано лице

3. Тој што неовластено ќе пресретне, со употреба на технички средства, пренос на компјутерски податоци кој нема јавен карактер до, од и внатре во одреден компјутерски систем, вклучувајќи и електромагнетни емисии од компјутерски систем кој подржува такви компјутерски податоци.

4. Тој што делата од ст. 1,, 2 и 3 ќе ги стори спрема компјутерски систем, податоци или програми што се заштитени со посебни мерки на заштита или се користат во работењето на државни органи, јавни претпријатија или јавни установи или во меѓународни комуникации, или како член на група создадена за вршење такви дела

Page 27: Појавни облици и форми на ... za sajber... · и електронски генерирани броеви со кои се овозможува вршење на

1. Ако со делото од ставовите 1,2 и 3 е прибавена поголема имотна корист или е предизвикана поголема штета

2. Ако делото од ст. 4 е прибавена поголема имотна корист или е предизвикана поголема штета

3. Тој што неовластено изработува, набавува, продава, држи или прави достапни на друг посебни направи, средства, компјутерски програми или компјутерски податоци наменети или погодни за извршување на делата од ст. 1 и 2

Предвидена е одговорност за правните лица. Посебните направи, средства, компјутерски

програми или податоци наменети за извршување на делото ќе се одземат

Page 28: Појавни облици и форми на ... za sajber... · и електронски генерирани броеви со кои се овозможува вршење на

1. Тој што ќе направи или ќе преземе од друг компјутерски вирус со намера за внесување во туѓ компјутер или компјутерска мрежа

2. Тој што со употреба на компјутерски вирус ќе предизвика штета во туѓ компјутер, систем, податок или програма

3. Ако со делото од ст. 2 е предизвикана поголема штета или делото е сторено во состав на група создадена за вршење на такво дело

4. Предвидена е одговорност за правното лице

Page 29: Појавни облици и форми на ... za sajber... · и електронски генерирани броеви со кои се овозможува вршење на

“Компјутерскиот вирус е компјутерски програм кој може да инфицира други компјутерски програми со модифицирање на тој начин што подразбира создавање на свои сопствени копии.”

“Компјутерскиот вирус е програм кој има можност за размножување, а содржи код кој се копирасамиот себе и така може да ја ,,зарази,, другата програма со модифицирање на нив и нивната околина на начин да повикот на инфицираниот програм впрочем упатува на извршување на можни копии на вирусот.”

Page 30: Појавни облици и форми на ... za sajber... · и електронски генерирани броеви со кои се овозможува вршење на
Page 31: Појавни облици и форми на ... za sajber... · и електронски генерирани броеви со кои се овозможува вршење на
Page 32: Појавни облици и форми на ... za sajber... · и електронски генерирани броеви со кои се овозможува вршење на

Компјутерска измама Чл. 251 – б Тој што со намера за себе или за друг да прибави противправна имотна

корист со внесување во компјутер или информатички систем невистинити податоци, со невнесување на вистинити податоци, со фалсификување електронски запис или на друг начин ќе предизвика невистинит резултат при електронска обработка и преносот на податоците

Ако со делото е прибавена поголема имотна корист Ако со делото е прибавена значителна имотна корист Ако делото од ст. 1 е сторено со намера да се наштети на друг Ако со делото од ст. 4 е предизвикана поголема штета Тој што неовлатено изработува, набавува, продава, држи или прави

достапни на друг посебни направи, средства, компјутерски програми или компјутерски податоци наменети за извршување на делото од ст. 1

Обидот за делото од ст. 1 и 4 е казнив Ако делото го стори правно лице Посебните направи, средства, компјутерски програми или податоци

наменети за извршување на делото ќе се одземат Делото од ст. 4 се презема по приватна тужба

Page 33: Појавни облици и форми на ... za sajber... · и електронски генерирани броеви со кои се овозможува вршење на
Page 34: Појавни облици и форми на ... za sajber... · и електронски генерирани броеви со кои се овозможува вршење на

ИЗРАБОТКА И УПОТРЕБА НА ЛАЖНА ПЛАТЕЖНА КАРТИЧКА

Page 35: Појавни облици и форми на ... za sajber... · и електронски генерирани броеви со кои се овозможува вршење на

Ст. 1 Тој што ќе направи лажна платежна картичка со намера да ја употреби како вистинска, или прибавува лажна картичка со таква намера, или му ја даде на друг на употреба или тој што лажната картичка ќе ја употреби како вистинска,

Ст. 2 Со казната од став (1) ќе се казни и тој што прибавува банкарски податоци од вистински платежни картички и податоци за носители на тие платежни картички со намера таквите да ги искористи за изработка и употреба на лажна платежна картичка или вака прибавените податоци ги дава на друг со таква намера.

Ст. 3 Ако сторителот од став (1) се стекне со поголема имотна корист,

Ст. 4 Ако делото од ставовите 1, 2 и 3 е сторено од член на група, банда или друго злосторничко здружение,

(5) Ако делото го стори правно лице ќе се казни со парична казна.“

Page 36: Појавни облици и форми на ... za sajber... · и електронски генерирани броеви со кои се овозможува вршење на
Page 37: Појавни облици и форми на ... za sajber... · и електронски генерирани броеви со кои се овозможува вршење на
Page 38: Појавни облици и форми на ... za sajber... · и електронски генерирани броеви со кои се овозможува вршење на

- ЕДУКАЦИЈА

- СВЕСНОСТ ЗА ПОСЛЕДИЦИТЕ

- КОНФИСКАЦИЈА

- САНКЦИЈА

- ПОДИГАЊЕ НА СВЕСТА И КУЛТУРАТА ВО ПРОФЕСИЈАТА

Page 39: Појавни облици и форми на ... za sajber... · и електронски генерирани броеви со кои се овозможува вршење на

БЛАГОДАРАМ НА ВНИМАНИЕТО!

[email protected]