Sistematika

Post on 10-Feb-2016

222 views 0 download

description

Bioloska nauka za klasifikacija na organizmite

Transcript of Sistematika

Изработил:Дамир Ѓутовиќ I-1Професор:Марија Насковкса

”Петта Приватна Гимназија”

Тема:Систематика

Систематиката е биолошка наука чијшто предмет на проучување е разнообразието и

класификацијата на организмите (археи, бактерии, протисти, габи, растенија и животни). Целта на систематиката е

детерминација на филогенијата.

Систематика

Систематичарите наидуваат на големи тешкотии при нивната работа, поради обемноста на

живиот свет. Секоја година се опишуваат нови видови, посебно од недоволно истражените

подрачја на Земјата, како тропските. Денес се претпоставува дека на Земјата живеат вкупно

околу 40 милиони видови на организми.

Систематски начини на проучување

Таксономија- Нејзин предмет на проучување се идентификацијата и именувањето на организмите. Уште

античкиот грчки философ Аристотел ја започнал дискусијата за таксономијата. За време на 1700- тите, шведскиот ботаничар

Карл Лине ги класифицирал сите тогаш познати организми во две големи групи: царството на растенија и царството на

животни.

Роберт Витакер во 1969 предложил пет царства: растенија, животни, габи, протисти и монери.

Подоцна биле дадени други предлози со дури уште повеќе царства. Најновите истражувања сугерираат

на три големи царства: архебактерии, бактерии и еукариоти, меѓутоа денес најчесто се среќаваме со

Витакеровата поделба на живиот свет, и со хиерархиската класификација и именување на

организмите, кои ги развил Карл Лине:

ЦарствоТип

КласаРед

ФамилијаРодВид

Како што се оди надолу во хиерархиската класификација, толку поспецифични податоци добиваме и обратно, колку одиме нагоре толку понеспецифични податоци добиваме. Од горната хиерархиска класификација се забележува дека највисока систематска категорија претставува царство, а најмала е вид. Секоја категорија се нарекува таксон. Систематското име на организмот се чита според биномна номенклатура (која исто така ја развил Лине), т.е. името на родот (кое се пишува со голема буква) и името на видот (кое се пишува со мала буква), соодветно.