Za Piki Nacionalna Slovenska Kujna

21
УНИВЕРЗИТЕТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ” – ШТИП Факултет за туризам и бизнис логистика Насока: Туризам СЕМИНАРСКА РАБОТА: СЛОВЕНСКА НАЦИОНАЛНА КУЈНА Ментор: Кандидат: Александар Горгиев 17562

Transcript of Za Piki Nacionalna Slovenska Kujna

Page 1: Za Piki Nacionalna Slovenska Kujna

УНИВЕРЗИТЕТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ” – ШТИП

Факултет за туризам и бизнис логистикаНасока: Туризам

СЕМИНАРСКА РАБОТА:СЛОВЕНСКА НАЦИОНАЛНА КУЈНА

Ментор: Кандидат: Александар Горгиев 17562

Доцент/ Доктор редовен студент

Штип, декември, 2011 година

Page 2: Za Piki Nacionalna Slovenska Kujna

СОДРЖИНА:

АПСТРАКТ-----------------------------------------------------------------------------------------3ABSTRACT----------------------------------------------------------------------------------------4ВОВЕД (INTRODUCTION)--------------------------------------------------------------------51. КАРАКТЕРИСТИКИ НА СЛОВЕНСКАТА КУЈНА---------------------------------82. СЛОВЕНИЈА – ТУРИЗАМ – АТРАКЦИИ- ХРАНА--------------------------------11ЗАКЛУЧОК (CONCLUDING REMARKS)-------------------------------------------------15КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА (REFFERENCES)---------------------------------------16

2

Page 3: Za Piki Nacionalna Slovenska Kujna

АПСТРАКТ

Република Словенија е планинска земја која се наоѓа под Алпите. Тоа е држава во централна Европа, која се граничи со Италија на запад, Јадранското Море на југозапад, Хрватска на југ и исток, Унгарија на североиисток и Австрија на север.

Словенија беше дел од поранешна Југославија од 1945. до 1991. кога

се избори за независност. Стана членка на Европската Унија на 1 мај 2004. Таа е исто така член на Советот на Европа, НАТО и има набљудувачки статус во франкофонските држави. На Словенија

припаѓа и многу мал дел од Јадранското крајбрежје во должина од 47 km.

Од приморските градови најпознати се Порторож, Пиран, Изола и други

кои секоја година привлекуваат голем број на туристи од западноевропските

земји. Словенија е земја која обилува со голем број на природни убавини

кои придонесуваат за развој на туризмот во оваа земја. Позната е по

многубројните скијачки терени. Едни од најпознатите се наоѓаат

на Мариборското Похорје, каде секоја година се одржува тради -

ционално Златна Лисица или Голден Фокс.

Освен туристичките објекти кои ја дополнуваат убавината на државата, истотака постојат и некои специјалитети кои можат да бидат подготвени само во Националната Словенска Кујна.

Клучни зборови: Услуга;

Квалитет;

Вкус;

Намирници;

Популарна храна;

Здрава храна;

Исхрана.

3

Page 4: Za Piki Nacionalna Slovenska Kujna

ABSTRACT

Slovenia officially the Republic of Slovenia (Slovene: Republika Slovenija, is a country in Central and Southeastern Europe touching the Alps and bordering the Mediterranean. Slovenia borders Italy to the west, Croatia to the south and east, Hungary to the northeast, and Austria to the north, and also has a small portion of coastline along the Adriatic Sea.

Historically, the current territory of Slovenia was part of many different state formations, including the Roman Empire and the Holy Roman Empire, followed by the Habsburg Monarchy. In 1918, the Slovenes

exercised self-determination for the first time by co-founding the internationally

unrecognized State of Slovenes, Croats, and Serbs. During World War II,

Slovenia was occupied and annexed by Germany, Italy, Hungary and Croatia

only to emerge afterwards reunified with its western part as a founding member

of the Socialist Federal Republic of Yugoslavia. In 1991, Slovenia declared full

sovereignty. In Slovenia exept the touristic places you can visit anytime, there are a lot of famous meals, that everyone must try.

Key words: Favor,

Quality;

Taste;

Concludings:

Popular food;

Healthy food;

Nutrition;

4

Page 5: Za Piki Nacionalna Slovenska Kujna

ВОВЕД (INTRODUCTION)

Словенците се нација кои важат за работливи луѓе. Тие се горди на својата работа и производите кои произлегуваат како продукт од истата. Посебно се горди на своите вина, во Марибор се наоѓа најстарата винова лоза во Словенија која претставува вистинска туристичка атракција.

Доста се познати и крањските колбаси, прекумурската гибаница и

традиционалнито словенско јадење одкисела зелка, грав и свинско месо.

Најголема етничка група во Словенија се Словенците со 83%. Покрај

Словенците во Словенија жкивеат и народи од поранешната

заедница СФРЈ1 кои сочинуваат околу 5.3%, потоа Албанци,  Роми, 

Италијанци, Унгарци кои сочинуваат околу 2.8%.

1 Македонци, Срби, Хрвати, Босанци и Црногорци;

5

Page 6: Za Piki Nacionalna Slovenska Kujna

Словенија има високо развиена економија со втор највисок БНП по глава на жител од новите 15 земји членки на ЕУ со 29.472 долари. Економскиот развој на Словенија се забрзал во последните неколку години кога во 2004 е забележан раст од 4.3% и во 2006 од 5.9%.

Покрај високиот развој на економијата, сепак таа се соочува со некои

помали проблеми. Голем дел од словенечката економија е во рацете на

државата и Словенија има најмали странски инвестиции во ЕУ по глава на

жител. Даноците се големи и производството се преселува во други

држави.

Словенската кујна се карактеризира со огромна разноликост. Понекогаш се користи и терминот „Словенечки кујни“, бидејќи според готварските професионалци, има повеќе од 40 различни словенски кујни. Иако, во суштина Словенија претставува мала земја, сепак има голем број на готварски специјалитети кои се познати ширум светот.

6

Page 7: Za Piki Nacionalna Slovenska Kujna

Факт е дека кујната во Словенија, истотака се здобила и со влијанија

и специфичност поради нејзината географска состојба бидејќи таа граничи

со четири држави кои имаат сопствена и позната кујна, така да таа се

надополнува од Италијанската, Австриската, Унгарската и Хрватската

национална кујна.

Специјалитетите кои ги конзумираат словените, значи се различни

во суштина на целиот Балкан, бидејќи Словенија на север претставува

граница на Балканот, од јужна страна добива влијанија од балканските

држави, додека од северната страна се здобива со влијание од страна на

европските земји како горенаведените.

Во семинарскиот труд ќе ја анализираме словенечката кујна како и

нејзините врвни специјалитети, карактеристики, начин на подготвка, начин

на исхрана итн.

Бидејќи семинарскиот труд опфаќа голем број на пишани страници, бидејќи тематиката на истражување е премногу голема, ќе се насочиме само кон главните заклучоци кои произлегуваат од анализа на словенската кујна преку анализа на литература и пребарување на веб – страници.

7

Page 8: Za Piki Nacionalna Slovenska Kujna

1. КАРАКТЕРИСТИКИ НА СЛОВЕНСКАТА НАЦИОНАЛНА КУЈНА

Сосема е логично дека Република Словенија во ваквиот случај на

географската распространетост во различни подрачја, постојат

готварски навики, обичаи и традиција, сепак се издвојуваат три

најзастапени кујни и тоа: Алпска, Панонска и Медитеранска.

Затоа во Словенија се јаде кисел купус2 и слушнатата Крањска

колбасица како и Италијанските равиоли.

Со веќе споменатите и најпрепознатливи Крањски колбасици,

Словенечката кујна е препознатлива преку храната кремпита, за која

Словенците чуваат таен рецепт и не го даваат многу лесно.

Освен, наведеното, најавентично што може да се проба во Словенија е

црниот пудинг и колачите Оцвировка и Шпеновка, како и Палента, а исто

2 Наследство од старите Словени;

8

Page 9: Za Piki Nacionalna Slovenska Kujna

така познати се сушените сегменти на готварството во вид на месо, како и

димените месни производи.

Од зачините во Словенската Национална кујна најмногу се користи нане, магданос, жалфија, мајчина душица, ловор, бибер, цимет, џумбир и соја сос.

Генерално, Словенечката кујна е тешка и калорична па затоа храната

која се произведува во Словенија, обично тешко се вари бо стомакот, затоа

што Словенците користат доста зачинетие масти од животниско потекло

(маст, сланина). Главните намирници се свинско месо, пченично и кукурузно

брашно, компир, путер, млечни производи, јајца итн.

Од што може да се заклучи дека Словенечката кујна е причично не

здрава но многу вкусна. Во словенија специфично позната храна е и

морската храна како што можеме да видиме на наредната слика:

9

Page 10: Za Piki Nacionalna Slovenska Kujna

Семејствата, деловните луѓе и љубителите на активен одмор - во

Словенија ќе имаат што да прават. Шетачите ќе ги смирува тишината на

планините, a спортските планинари, скијачите, велосипедистите, кајакарите,

љубителите на едрење риболовците, ловците, играчите на голф,

љубителите на јавање со коњи итн. - живописните природни карактеристики

коишто им овозможуваат да уживаат во своите спортови. 

10

Page 11: Za Piki Nacionalna Slovenska Kujna

2. СЛОВЕНИЈА – ТУРИЗАМ – АТРАКЦИИ- ХРАНА

Од трите големи култури - панонската, алпската и средоземната -

произлегуваат и јадењата на словенечката кујна. Најстарите основни

елементи на исхраната на Словенците се јадења од тесто и каша. Познати

се лепчињата за празнични прилики кои и денес се прават во форма на

плетени векнички или венчиња, како и штруклите кои се подготвуваат на 70

различни начини со сладок и месен фил и со фил од зеленчук, и „жганците„.

Меѓутоа, вистински словенечки специјалитет се "потици" кои за време на

празници се подготвуваат со различни филови. 

Но, ова е и вистинска земја на лозјата. Словенија е поделена на три

лозјарски региони: приморски, посавски и подравски и на 14 окрузи со

своите препознатливи карактеристики. Приморскиот регион е познат по

своевидните црвени и полни бели вина, од посавскиот регион потекнува

словенечкиот специјалитет - "цвичек", а подравскиот регион е татковина на

ренскиот ризлинг, совињон и руландец, како и на одличниот траминец и на

пенливи вина. 

Одличната положба, живописната слика, многубројните можности за

активен одмор и врвната кулинарска понуда и понудата на вина на земјата

ја заокружуваат нејзините луѓе: љубезни, срдечни, весели, внимателни.

Луѓе, чијшто идентитет се оформил со словенечкиот јазик којшто го

зборуваат два милиона луѓе, a се одржал и поради динамичниот културен

живот. За Словенците присните меѓусебни односи сė уште се најголема

вредност. Својата гостољубивост и богатото катче на светот сакаат да ги

споделат со посетителите. 

СОНЧЕВИТЕ АЛПИ Одличната положба, живописната слика, многубројните можности за

активен одмор и врвната кулинарска понуда и понудата на вина на земјата

ја заокружуваат нејзините луѓе: љубезни, срдечни, весели, внимателни.

Луѓе, чијшто идентитет се оформил со словенечкиот јазик којшто го

11

Page 12: Za Piki Nacionalna Slovenska Kujna

зборуваат два милиона луѓе, a се одржал и поради динамичниот културен

живот. За Словенците присните меѓусебни односи сė уште се најголема

вредност. Својата гостољубивост и богатото катче на светот сакаат да ги

споделат со посетителите. 

ЗЕЛЕН МЕДИТЕРАН Словенечкиот брег е долг 46,6 километри. Градовите Пиран, Изола и

Копар, распоредени долж брегот, повикуваат со својот средновековен

изглед. За Копар се вели дека поради своето историско јадро претставува

еден од најсликовитите предели на северниот дел од Истарскиот

полуостров. Изола е приморско гратче со богата рибарска традиција.

Туризмот е сконцентриран на јужниот дел од населбата, во Симоновиот

залив, каде што се наоѓа и капалиштето и каде што се сместени хотели и

ресторани. Пиран, стар град со пристаниште, е во целост заштитен како

културно-историски споменик; ја сочувал концепцијата на тесни улици и

тесно збиени куќи коишто од крајбрежната рамница скалесто се издигаат

кон врвот на ридот и на околината и даваат карактеристичен медитерански

изглед. Меѓутоа, со најдолга туристичка традиција може да се пофали

Порторож, туристички град со удобни хотели, со модерни базени, со

разновидна понуда на ресторани и манифестации; тој претставува и

омилен конгресен центар.

ТАИНСТВЕН КАРСТ 

Тоа што карстот има две лица – едно над, а другото под површината -

»виновни« се варовникот и водата. На површината тие »создаваат« карсни

вртачи, шкрапи, извори, вдлабнатини, дупки и полиња (Планинско,

Церкнишко), a под површината се распростираат многубројни понори и

карсни јами – се зборува дека словенечкиот Карст е делче од најубавиот

подземен свет на нашата планета. Така во Словенија се наоѓаат повеќе

илјади карсни јами и понори, a за туристите се уредени и отворени 20

12

Page 13: Za Piki Nacionalna Slovenska Kujna

ризници на варовнички ремек-дела што ги создаваат понорните карсни

води. Најпосетени се Постојнска јама, Шкоцјански јами, коишто од 1986

година се запишани во списокот на UNESCО, Пивка и Чрна јама, Крижна

јама, Виленица итн. Од словенечкиот карст потекнуваат и благородните

коњи липицанери. Липица, каде што веќе подолго од четири века се

развива Кобиларна, важи за колевка на тие коњи. Навистина, денес тоа

место претставува туристичко-рекреативен центар со школа за јавање

познато како меѓународна сцена за традиционални спортски приредби на

јавање. 

ДИНАМИЧНА ЉУБЉАНА 

Велат дека Љубљана која има околу 276.000 жители е град по мера

на човекот. Иако се наредува меѓу средно големите европски градови,

настојува да одржи пријатна атмосфера на помало место, а истовремено

може да ги задоволи сите потреби на големите престолнини. Тоа е град во

кој се сретнале културите на Исток и Запад, па затоа старото хармонично се

преплетува со новото. Тоа е град на културата, дом на многубројни театри,

музеи, галерии, а се гордее и со една од најстарите филхармонии во

светот. Тоа е град на концерти и различни приредби, научен и

универзитетски центар и град на многубројни деловни средби. Тоа, исто

така, е град во кој во летните месеци многубројните кафеани и ресторани

излегуваат на улици, на брегот на Љубљаница и на плоштадите на старото

градско јадро. Поради својата географска положба, престолнината

претставува и одлична појдовна точка за откривање на исклучително

разноликите лица и убавини на Словенија. 

НАСМЕАНО ПОХОРЈЕ 

На околу 1000 квадратни километри на големото и со игличеста шума

обраснато Похорје, на некои места се развиле скијачки центри (Арех, Рогла,

13

Page 14: Za Piki Nacionalna Slovenska Kujna

Копе), а на други се нудат разгранати планински патеки наменети за

посетителите и љубителите на велосипедизмот и јавањето. Похорје го

посетуваат и љубителите на падобранство, летање со змејови и балони, а и

оние кои сакаат да откриваат прашума и недопрени води. 

Марибор со нешто помалку од 115.000 жители претставува втор

најзначаен центар на Словенија. Се гордее со најстариот чокот на светот

кој веќе полни четири века расте во градското јадро покрај Драва; покрај

реката е и сликовитиот и динамичен Лент, познат по меѓународниот

мултикултурален Фестивал Лент. Пространите лозја кои од крајот на градот

се искачуваат по мариборските ритчиња се испреплетени со повеќе од 50

километри вински патишта. На нив се поставени крчми и туристички селски

домаќинства. Марибор со капацитетите за конгресна активност во хотелот

Хабакук станува и значаен конгресен центар на Словенија . 

14

Page 15: Za Piki Nacionalna Slovenska Kujna

ЗАКЛУЧОК (CONCLUDING REMARKS)

Република Словенија е планинска земја која се наоѓа под Алпите.

Тоа е држава во централна Европа, која се граничи со Италија на

запад, Јадранското Море на југозапад, Хрватска на југ и

исток, Унгарија на североиисток и Австрија на север.

Словенија беше дел од поранешна Југославија од 1945. до 1991. кога

се избори за независност. Стана членка на Европската Унија на 1

мај 2004. Таа е исто така член на Советот на Европа, НАТО и има

набљудувачки статус во франкофонските држави.

Од трите големи култури - панонската, алпската и средоземната

- произлегуваат и јадењата на словенечката кујна. Најстарите основни

елементи на исхраната на Словенците се јадења од тесто и каша.

Познати се лепчињата за празнични прилики кои и денес се прават во

форма на плетени векнички или венчиња, како и штруклите кои се

подготвуваат на 70 различни начини со сладок и месен фил и со фил од

зеленчук, и „жганците„. Меѓутоа, вистински словенечки специјалитет се

"потици" кои за време на празници се подготвуваат со различни филови. 

Словенската кујна се карактеризира со огромна разноликост.

Понекогаш се користи и терминот „Словенечки кујни“, бидејќи според

готварските професионалци, има повеќе од 40 различни словенски кујни.

Иако, во суштина Словенија претставува мала земја, сепак има голем

број на готварски специјалитети кои се познати ширум светот.

Специјалитетите кои ги конзумираат словените, значи се

различни во суштина на целиот Балкан, бидејќи Словенија на север

претставува граница на Балканот, од јужна страна добива влијанија од

балканските држави, додека од северната страна се здобива со влијание

од страна на европските земји како горенаведените.

15