Teoretski Osnovi Na Sociologijata

11

Click here to load reader

Transcript of Teoretski Osnovi Na Sociologijata

Page 1: Teoretski Osnovi Na Sociologijata

ПРЕЗЕНТАЦИЈА ПО ПРЕДМЕТОТ СОЦИОЛОГИЈА НА ПРАВО

Универзитет ''Гоце Делчев''- Штип

ТЕОРЕТСКИ ОСНОВИ НА СОЦИОЛОГИЈАТА НА ПРАВО

Изработил: Душко Стојаноски

Page 2: Teoretski Osnovi Na Sociologijata

Во почетокот на XIX век се појавува историската правна школа чии најважни претставници се Хуго,Савињи и Пухата.

Историската школа ја истакна идеата дека народот,посебно неговиот дух е основниот извор на правото.

Правото не произлегува од волјата на владетелите,туку на народот и како што нагласува Савињи, тоа не треба да се одвојува од другите народни карактеристики како што се : обичаите, јазикот и др.

Заслугата на оваа школа е тоа што го истакна генетското сфаќање на правото како и неговото историско изучување.

Исто така историско – правната школа ги отвори пошироките историски истражувања на правото и овозможи да се собере нов историско – правен матерјал кој денес се користи од повеќе општествени науки, па и од социологијата на правото.

Германската историско-правна школа

Page 3: Teoretski Osnovi Na Sociologijata

При крајот на XVIII век во Германија започна да се развива една посебна филозофска и политичко-правна концепција која денес ја означуваме со општото име – ИДЕАЛИЗАМ ВО КЛАСИЧНАТА ГЕРМАНСКА ФИЛОЗОФИЈА .

Кант, Фихте, Шелинг, Хегел...Во голем број земји на западна европа со

донесувањето на нови устави, закони и кодекси на граѓанското право се воспоставија принципите на граѓанската идеологија, принципите на личните права и слободи, на неприкосновеноста на личноста, слободата на приватната сопственост, немешање на државата во економијата , поделба на власта и сл.

Германската идеалистичка филозофија

Page 4: Teoretski Osnovi Na Sociologijata

Германската идеалистичка филозофија на еден апстрактен, општ и универзален начин ќе ги засегне и ќе расправа за фундаменталните проблеми на правото, неговата суштина, улога на човекот и општеството и во теориите на нејзините претставници среќаваме значајни идеи од интерес на социологијата на правото.

Имануел Кант (1724-1804) во своето дело “критика на практичниот ум” развил неколку интересни идеи за филозофијата и социологијата на правото.Кант смета дека не може да се замисли само теоретска свест.

Page 5: Teoretski Osnovi Na Sociologijata

Свеста секогаш е дејствување и произведување, значи во неа е содржан и практичниот момент. Тоа пак знчи дека постои првенство на практичното во однос на теоретското.

Кант разликува легалитет, кој се однесува на надворешното законодавство и со кој членовите на една заедница се држат заедно, и моралитет кој се однесува на внатрешното закнодавство штому одговара на умниот карактер на луѓето.

Page 6: Teoretski Osnovi Na Sociologijata

Во обемното дело на Хегел чија мисла претставува врв на германската идеалистичка филозофија, постојат многу идеи значајни за социлогијата на правото.

Според Хегел, вообичаениот израз за филозофската наука – природното право има двосмислено значење: или се мисли дека тоа постои на непосредно природен начин или дека се определува според природата на нештата.

Според него, правото и сите негови одредби се засноваат врз слободата на личноста, врз самоопределувањето, кое е спротивност на природното определување.

Page 7: Teoretski Osnovi Na Sociologijata

За интересот на социологијата на правото најзначајно е делото “основни црти на филозофијата на правото” кое е поделено на три дела : апстрактно право, моралитет и обичајно право.

Во I дел се расправа за проблемот на сопственоста, договорот и неправото, во II дел за умислата и вината; намерата и благосостојбата: доброто и совеста и во III дел за семејството, граѓанското општество и државата.

“Биди личност и почитувај ги другите

како личност”.

Page 8: Teoretski Osnovi Na Sociologijata

Во текот на XIX век, откако ќе се воспостави и стабилизира граѓанското општество, во повеќето земји на Европа и Америка, кај бројни правни теоретичари се јави правната концепција наречена правен позитивизам (Џон Остин, Георг Јелнек и Рудолф Јеринг).

Основната идеја на позитивизмот е дека правото е само она што по пат на позитивни закони е донесено од државата.Позитивизмот се разви како спротивност на теориите за природното право.

Постои само позитивно право како систем на правни норми, се друго е морална оцена на важечкото право.

Школа на правниот позитивизам

Page 9: Teoretski Osnovi Na Sociologijata

Позитивистите не се интерсираат за суштината на државата и правото. Тие го набљудуваат правото како чиста логичка форма која ги црпи своите основи од самата себе.

Се критикува и напушта апстрактното и спекулативното сфаќање и поимање на правото, а се расправа за стварноста на правото сфатено во негова дневна функција.

Современиот правен позитививам- неопозитивизам најјасно и најкомплексно е изразен во доктрината на Ханс Келзен во неговата чиста теорија за правото.

Според Келзен правото е систем на правни правила чија основна карактеристика е нивното важење, односно нивната принудност. Предметот на правната наука може да биде само позитивното право.

Page 10: Teoretski Osnovi Na Sociologijata

• Келзен нормативистички ја објаснува и структурата на правото кога објаснува дека правото е систем на повискои и пониски норми кои се потпираат една на друга се до основната норма – Уставот.

• Правниот позитивизами неопозитивизмот иако се еднодимензионални теории, покренуваат прашања кои се од интерес за социологијата на правото. Социологијата на правото спротивно на позитивизмот и нормативизмот пред се го истражува социјалниот каузалитет на правото, го истражува степенот на развиеност, структурата, културата и се друго во склопна едно општество и видот на неговиот правен систем.

Page 11: Teoretski Osnovi Na Sociologijata

Социологијата на правото не го негира “чистото” анализирање на нормите, интерсирањето за нормативниот елемент на правото(како треба да е) не ја негира потребата и за таква правна наука.

Социологијата на правото му посветува внимание на нормативниот карактер на правото. Нормирањето на општествениот живот е суштината на феноменот право.

Нормативната страна на правото длабоко извира од природата на општеството и човекот, таа е негова битна карактеристика и секое одвоено набљудување на нормата и на системот на норми е далеку од научното дефинирање на правото.