seminarska Управувачко сметководство - Марија Стефаноска

38
ФОН УНИВЕРЗИТЕТ ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ – СТРУГА ФИНАНСИСКИ МЕНАЏМЕНТ С Е М И Н А Р С К А Р А Б О Т А по предметот Управувачко Сметководство ТЕМА: ВИДОВИ ТРОШОЦИ И ЕВИДЕНЦИЈА НА ТРОШОЦИТЕ OД РАБОТЕЊЕТО

Transcript of seminarska Управувачко сметководство - Марија Стефаноска

Page 1: seminarska Управувачко сметководство - Марија Стефаноска

ФОН УНИВЕРЗИТЕТ

ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ – СТРУГА

ФИНАНСИСКИ МЕНАЏМЕНТ

С Е М И Н А Р С К А Р А Б О Т А

по предметот Управувачко Сметководство

ТЕМА: ВИДОВИ ТРОШОЦИ И ЕВИДЕНЦИЈА НА ТРОШОЦИТЕ OД

РАБОТЕЊЕТО

Ментор: Изработила:

Проф. Д-р. Снежана Каракашева Марија Стефаноска

Досие бр. 8524

Page 2: seminarska Управувачко сметководство - Марија Стефаноска

СТРУГА, 2012

СОДРЖИНА

1. Вовед..........................................................................................................................3

2. Поим и видови трошоци..........................................................................................4

3. Евиденција на трошоците од работењето..............................................................9

3.1.Трошоци за суровини, материјали, резервни делови и ситен инвентар.........10

3.2.Евиденција на услугите со карактер на материјални трошоци……...............12

3.3. Вкалкулирани резервирања на материјални трошоци.....................................13

3.4. Евиденција на амортизација на основни средства...........................................14

4. Евиденција на нематеријални трошоци...............................................................16

4.1. Плати и надоместоци од плати..........................................................................17

5. Распоред на трошоците.........................................................................................18

6. Заклучок..................................................................................................................24

7. Користена литература............................................................................................25

2

Page 3: seminarska Управувачко сметководство - Марија Стефаноска

1. Вовед

Управувачкото сметководството е област која доживува перманентен развој

и подем, следејќи го перманентниот развој на на економските текови на нацинални,

регионални и меѓународни простори. Управувачкото сметководство е онај сегмент

од економската наука кој што го овозможува комуницирањето помеѓу економските

субјекти и поради тоа со право се нарекува “јазик на бизнисот”.

Во своето работење претпријатието било да произведува производи или

извршува услуги тоа го прави со една единствена цел – остварување на позитивен

финансиски резултат т.е. добивка. Меѓутоа каков ќе биде финансискиот резултат

остварен во пресметковниот период, дали ќе биде добивка или загуба зависи во

голема мера од трошоците што ги прави односното претпријатие за да ги произведе

тие добра или услуги.

Трошоците се во пари изразени трошења на с-вата и труд кои се составен дел на

цената на чинење на ефектите. Поимот трошоци го врзуваме за цената на

чинењето. Под цена на чинење се подразбира збир на сите трошоци што треба да

се поидентификуваат со определен ефект, производ, услуга или активност во

претпријатието. Од ова треба да произлезе фактот дека со трошоците не може да се

поидентификуваат вонредните расходи, бидејќи трошоците се израз на

продуктивно трошење. Групирањето на трошоците во литературата е познат по

називот алокација на трошоците. Долго време алокацијата на трошоците се вршела

според одредени производи или трошочни места. Денес алокацијата на трошоците

се врши според таканаречените трошочни објекти-а трошочен објект може да бид

еопределена активност или ефекти за кои с еоранизира посебна алокација и

групирање на трошоците.

Оттука можеме да видиме дека трошоците имаат голема улога во

работењето на едно претпријатие. Сметководството овозмозува прегледна

евиденција на настанатите трошоци, преку контата резервирани токму за оваа

категорија.

3

Page 4: seminarska Управувачко сметководство - Марија Стефаноска

2. ПОИМ И ВИДОВИ ТРОШОЦИ

Трошоците претставуваат една од најзначајните економски и сметководствени

категории. Тие се мошне значајна сметководствена категорија. Трошоците се

дирекниот фактор кој ја детерминира цената на чинење на учиноците, а со тоа се и

еден од најзначајните фактори на резултатот од работењето на претпријатието.

Трошоците најчесто се дефинираат како паричен израз на трошењето на

средствата и трудот.

Според различни критериуми трошоците се класифицираат на различен начин.

Класифицирањето т.е. поделбата на трошоците овозможува полесно сфаќање на

нивната суштина и влијанието врз резултатите од работењето. Во литературата и

практиката најчесто се сретнуваат следните поделби:

Трошоци на природни видови;

Дирекни и индирекни трошоци;

Трошоци по места и носители;

Фактички, плански и стандардни трошоци;

Фиксни, варијабилни и полуфиксни трошоци;

Маргинални трошоци;

Други поделби на трошоците.

Поделбата на трошоците на природни видови се смета како основна поделба

на трошоците. Со оваа поделба се овозможува да се утврди за која цел се

направени определени трошоци.1

I. Според оваа поделба природни видови на трошоци се:

1http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A6%D0%B5%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%BD%D0%B0_ %D0%BF%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D1%82%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D1%82%D1%80%D0%BE%D1%88%D0%BE%D1%86%D0%B8

4

Page 5: seminarska Управувачко сметководство - Марија Стефаноска

Трошоците на материјалот;

Трошоците на долготрајните средства – амортизацијата;

Платите како трошоци на трудот;

Даноците и придонесите кон заедницата;

Услугите.

Според официјалната контна рамка природните видови на трошоци се

групирани во следните групи:

40 – трошоци на материјали, енергија, резервни делови и ситен инвентар;

41 – услуги;

42 – вкалкулирани резервирања на материјални трошоци;

43 – амортизација;

44 – нематеријални трошоци;

47 – плати и надоместоци.

II. Според тоа дали трошоците дирекно се опфаќаат во цената на чинење на

учиноците или не, трошоците се делат на дирекни и индирекни.

Дирекни трошоци се оние за кои уште при нивното настанување се знае за кој

учинок се однесуваат така што непосредно можат да се распределат по одредени

учиноци.

Индирекните трошоци се оние кои неможат непосредно, дирекно да се

распределат на пооделни учиноци при нивното настанување. Тие се познати уште

како општи или режиски трошоци. Тие се заеднички трошоци кои се однесуваат на

повеќе учиноци и кои најпрво се врзуваат за определени места на трошоци и на

производите се распределуваат посредно со помош на одредени клучеви.

III. Од аспект на тоа дали се работи за трошоци кои се однапред планирани или

за фактички настанати трошоци, трошоците се делат на фактички, плански и

стандардни.

5

Page 6: seminarska Управувачко сметководство - Марија Стефаноска

Фактичките трошоци се вистински направените трошоци во еден

пресметковен период. Овие трошоци уште се нарекуваат и историски бидејќи се

однесуваат на изминат период.

Планските трошоци се планирани трошоци за одреден иден период. База за

нивно планирање се фактичките трошоци од изминатите периоди и дијагнозите за

движењето на трошоците за периодот за кој тие се планираат поради што овие

трошоци се сметаат и како нормални трошоци што треба да настанат во одреден

период во очекувани услови за работа.

Стандардните трошоци исто така се однапред предвидени меѓутоа за разлика

од планските база за нивно планирање се исцрпни научни студии. За нивно

утврдување се користат научни методи и средства за мерење на потрошокот на

средствата и трудот и движењето на цените во наредниот период. Како такви тие се

вистинско мерило за економичноста во работењето во оние претпријатија каде што

тие се воведени.

IV. Поделбата на фиксни, варијабилни и полуфикасни трошоци е направена

од аспект на тоа како трошоците реагираат на промените во обемот на

произвотство.2

Фиксни трошоци

Фиксни трошоци се оние кои остануваат еднакви и покрај промените во

обемот на производство (камати, закупнини и сл.). Деловни или трошоци на

работењето кои што се фиксни и не се под влијание на зголемувањето или

намалувањето на обемот на производство. Фиксните трошоци остануваат исти во

непроменети износи бев оглед на производството на добра и услуги расте или се

намалува.3

2 www.google.comсметководствена евиденција3http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A4%D0%B8%D0%BA%D1%81%D0%BD%D0%B8_ %D1%82%D1%80%D0%BE%D1%88%D0%BE%D1%86%D0%B8

6

Page 7: seminarska Управувачко сметководство - Марија Стефаноска

На следниов графикон ќе ја погледнеме кривата која ги истакнува фиксните

трошоци:

Плавата линија ни ги покашува фиксните трошоци, и од графиконот може

да се види дека тие остануваат непроменети при различен обем на производство.

Варијабилни трошоци

Варијабилни трошоци се оние кои реагираат на обемот на производство,

односно со зголемување на обемот на производство варијабилните трошоци растат

и обратно, кога обемот на производство се намалува варијабилните трошоци

покажуваат тенденција на опаѓање.

Варијабилни трошоци се трошоци кои се менуваат пропорционално

според активноста на бизнисите. Со други зборови варијабилните трошоци се

износот од маргиналните трошоци. Заедно со фиксните, варијабилните трошоци ги

прават двете компоненти од вкупните трошоци. Директните трошоци, сепак се

7

Page 8: seminarska Управувачко сметководство - Марија Стефаноска

трошоци кои лесно може да се поврзат со одреден потрошен предмет. Не сите

варијабилни трошоци се директни трошоци, сепак, на пример, варијабилните

производствени целокупни трошоци се варијабилни трошоци кои не се директни

трошоци, туку индиректни трошоци. Директната работна сила и целокупните

трошоци најчесто се наречени променливи трошоци, додека дирекните материјали

и директната работна сила најчесто се познати како директни трошоци.4

На следниот графикон е прикажано движењето на варијабилните трошоци

во услови кога обемот на производство се зголемува:

Полуфиксни трошоци се оние кои не се менуваат сразмерно со промената

на обемот на производство. Тие растат кога расте производството, но не во ист

размер, односно опаѓаат кога опаѓа производството но исто така не во ист размер.

Тие често остануваат исти во одредени зони на производство и кога

производството се зголемува во одреден процент.

Маргиналните трошоци се трошоци на додатна единица на производ или

услуга. Овие трошоци се појавуваат како резултат на потребата за рационално

деловно одлучување во сферата на трошоците и определено ниво на активност на

4http://mk.wikipedia.org/wiki/ %D0%92%D0%B0%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%B1%D0%B8%D0%BB%D0%BD%D0%B8_%D1%82%D1%80%D0%BE%D1%88%D0%BE%D1%86%D0%B8

8

Page 9: seminarska Управувачко сметководство - Марија Стефаноска

капацитетот кое што се сака да се постигне. Граничните трошоци можат да се

дефинираат како просечни трошоци на додатниот обем на производството.

3. ЕВИДЕНЦИЈА НА ТРОШОЦИТЕ ОД РАБОТЕЊЕТО

Трошоците од работењето ги сочинуваат:

Материјалните трошоци (потрошените суровини и материјали, потрошените

резервни делови и ситен инвентар, потрошената енергија и сл.);

Амортизацијата и вредносното усогласување на долгорочните и

краткорочните стредства;

Нематеријалните трошоци (дневници за службен пат и патни трошоци,

трошоци за промоција, реклама и сл.);

Платите и надоместоците на вработените;

Останатите трошоци (кусоци, казни, пенали и надоместокот на штетите,

дополнително утврдените трошоци од работењето од поранешни години и

сл.);

Набавната вредност на набавени производи, стоки и материјали.

Контата на коишто се евидентираат трошоците познати се како трошковни

конта. Во текот на пресметковниот период при настанувањето на трошоците се

книжи на нинвната долговна страна. Во текот на пресметковниот период

пренесувањето на трошоците на производството на класа 5 или на класа 6 се

врши со помош на контото 490 – Распоред на трошоците, додека пренесувањето

на делот од трошоците дирекно на класа 7 се врши со помош на контото 491 –

паспоред на трошоци непосредно врз товар на вкупниот приход. Контата на

трошоците се затвараат на крајот на пресметковниот период на крајот на

годината кога за вкупниот износ на трошоците се задолжуваат контата 490 и

491 а за секој трошок поединечно се одобрува секое соодветно трошковно

конто. Со тоа класата 4 се затвара на крајот на пресметковниот период, а

контата на трошоците не покажуваат салдо.5

5 Основи на сметководство – Проф. Д-р Гордана Витанова

9

Page 10: seminarska Управувачко сметководство - Марија Стефаноска

3.1. ТРОШОЦИ ЗА СУРОВИНИ, МАТЕРИЈАЛИ, РЕЗЕРВНИ ДЕЛОВИ, И

СИТЕН ИНВЕНТАР

Потрошените суровини, основни и помошни материјали со особено значајни

за производствените деловни субјекти. Потрошените материјали можат да се

проценуваат според еден од следните методи: набавната вредност според

принципите:

прва влезна-прва излезна (ФИФО);

последна влезна- прва излезна (ЛИФО);

според методот на просечна цена; или

според методот на плански цени корегирани за отстапувањата во

пресметковниот период.

Набавната цена на материјалите и суровините ја сочинуваат: фактурната

вредност, царините и други увозни давачки, транспортните трошоци, трошоците за

товар и растовар и сл. Примената на методот на евидентирање на залихите на

суровини и материјали според просечните набавни цени обезбедува, при секоја

нова набавка пресметување на нова просечна набавна цена според која што се

искажуваат потрошените суровини и материјали. Материјалите и суровините се

требуваат со документот требување. Цената на материјалот издаден со требувањето

ја евидентираат сметководителите при прокнижувањето, бидејќи во евиденцијата

на картицата во магацинот нема цени на материјалите и суровините. Во случаи

кога залихите се водат според плански цени, тогаш мора да се евидентира

отстапувањето меѓу фактичките набавни цени и планските цени. При книжењето

на потрошените материјали на товар на сметката – 400, а во корист на сместката –

310 потребно е да се пресмета отстапувањето што се однесува на потрошените

материјали и суровини заради нивна корекција.

Да го прикажеме ова со еден пример:

Пример 1. Со требовање бр.1 се издадени материјали од магацинот во вредност

од 300 000 ден.

Пример 2. Со тебовање бр.5 издадени се резервни делови за потребите на една

машина во износ од 50 000 ден.

10

Page 11: seminarska Управувачко сметководство - Марија Стефаноска

Пример 3. Со налог за задолжување бр.8 е ставен во употреба ситен инвентар во

вредност од 35 000 ден. И со него е задолжен работникот Димитар Петрески.

Ситниот инвентар се отпишува 100% со ставање во употреба.

Врз основа на овие документи во книговодството ќе се спроведат следните

книжења:

Дневник

Р.бр. Датум ОПИС Сметка Дебит + Кредит -

1.

2.

3.

3а.

20.05

20.05

20.05

20.05

Потрошени сур.и мате.

Сур.и мате.на залиха

врз основа на треб.бр.1

Потрошени резер.делови

Резер.дел.на залиха

врз основа на треб.бр.5

Ситен инвентар во упот.

Ситен инве.на залиха

врз основа на налог .бр 8

Отпис на ситен инвентар

Вредносно усогласу-

Вање на ситен инвен.

врз основа на налог за

зад.бр

400

310

404

320

351

350

404

357

300 000

50 000

35 000

35 000

300 000

50 000

35000

35 000

11

Page 12: seminarska Управувачко сметководство - Марија Стефаноска

3.2. ЕВИДЕНЦИЈА НА УСЛУГИТЕ СО КАРАКТЕР НА МАТЕРИЈАЛНИ

ТРОШОЦИ

Во групата услуги што имаат карактер на материјални трошоци спаѓаат:

транспортните услуги, надворешните услуги за изработка и доработка, услугите

за одржување и заштита, трошоците за саеми, наемнини и други услуги.

Во транспортните трошоци се вклучени услугите за превоз, поштенските,

телефонските и телеграфските услуги, услугите за утовар, растовар и претовар.

Да го приказеме ова со еден пример:

Пример 1. ДООЕЛ ,,Гино“ добило фактура бр.20 за превоз на стоки од ДОО

„Транс“ во вредност од 25 500 ден.во кој износ е вклучен и ДДВ во износ од

5 500 ден. Фактурата е платена во целост, со налог број 11.

Пример 2. ДООЕЛ „Гино“ добило фактура за ПТТ услуги од АД „Македонски

телекомуникации“ во вредност од 12 800 ден. И во тој износ е вклуќен ДДВ од 2

800 ден. Фактурата е платена според налог бр.2.

Дневник

Р.бр. Датум ОПИС Сметка Дебит + Кредит -

1.

1а.

2.

2а.

21.05

21.05

21.05

21.05

Транспортни услуги

Побарувања за ДДВ

Обврски кон добавув.

врз основа на факт.бр.20

Обврски кон добавувачи

Жиро сметка

врз основ на извод бр.11

Транспортни услуги

Побарувања за ДДВ

Обврски кон добавув.

врз основа на фактура

Обврски кон добавувачи

410

160

220

220

100

410

160

220

220

20 000

5 500

25 500

11 000

1 800

12 800

25 500

25 500

12 800

12

Page 13: seminarska Управувачко сметководство - Марија Стефаноска

Жиро сметка

врз основа на извод

100 12 800

3.3. ВКАЛКУЛИРАНИ РЕЗЕРВИРАЊА НА МАТЕРИЈАЛНИ ТРОШОЦИ

Во поновата практика како посебна група на трошоци се јавуваат долгорочните

резервирања со своја посебна улога и значење. Имено, како долгорочни

резервирања се третираат однапред пресметани трошоци за кои се верува дека ќе

настанат во наредните години. Определувањето на износот на тие трошоци се врши

со проценка. Овие трошоци се резервираат затоа што за нив се остварени приходи,

ефекти во периодот кога се пресметуваат. Долгорочните резервирања по правило се

вршат за одреден временски период.

Да го илустрираме ова со еден пример:

Пример 1. Деловниот субјект донесол одлука во наредните четири години, секоја

година да врши резервирање на трошоци во износ од 200 000 ден .за инвестициско

одржување на градежните машини.

Дневник

Р.бр. Датум ОПИС Сметка Дебит + Кредит -

1 01.06 Резервирања за инвести-

ционо одржување

Останати долгорочни

Резервирања

врз основа на одлука

422

289

200 000

200 000

13

Page 14: seminarska Управувачко сметководство - Марија Стефаноска

3.4. ЕВИДЕНЦИЈА НА АМОРТИЗАЦИЈА НА ОСНОВНИ СРЕДСТВА

Групата 43 се користи за евиденција на амортизацијата на материјалните и

нематеријалните средства во согласност со прописите. Под материјални вложувања

што подлежат на амортизација се подразбираат: згради и други градежни објекти,

опрема, повеќегодишни насади, основни стада, брзо растечки дрва и сл. Основица

за пресметување на амортизацијата е набавната вредност, односно цената на

чинење искажана во сметководството на сметките 01 и 02. Согласно

Меѓународниот сметководствен стандарт 16, набавната вредност на материјалните

и нематеријалните вложувања ја изразува фактурната вредност на добавувачите,

зголемана за износот на зависните трошоци врс основа на набавката и

доведувањето во состојба на функционална подготвеност. Значи во основицата за

амортизација покрај набавната вредност, влегуваат и царината, транспортот,

монтажата и други трошоци направени за да се доведе основното средство во

употреба. Отпишувањето на материјалните и нематеријалните вложувања

запоќнува по истекот на месецот од активирањето, во годината во која што

започнало користењето на основното средство. Обврската за пресметување на

амортизацијата престанува тогаш кога ќе се надомести вредноста што претставува

основица за отпишување.6 Еднаш отпишаното вложување не може да биде предмет

на повторно проценување и отпишување, независно од тоа што вложувањето и

натаму се користи. Отпишувањето ма материјалните и нематеријалните вложувања

може привремено да се прекине за оние вложувања што се оштетени од виша сила,

и тоа се до нивното оспособување за користење со полн капацитет.

При пресметувањето на амортизацијата можат да се применуваат следните

методи:

Пропорционален

Дегресивен

Функционален

Пропорционалниот метод е наједноставен за примена и според него

амортизациската сума е иста во текот на векот на употреба на основните средства.

6 Основи на сметководство – Проф. Д-р Гордана Витанова

14

Page 15: seminarska Управувачко сметководство - Марија Стефаноска

Доколку се применува овој метод тогаш пресметката треба да ги содржи следните

податоци: бројот на групата; името на групата; основица за амортизација; стапката

според којашто ќе се пресметува амортизацијата и пресметаната амортизација.

Оваа пресметка исто така може да содржи и други податоци како набавната

вредност, исправката на вредноста и сл.

При примена на дегресивниот метод пресметаната амортизација е најголема во

првата година, а потоа таа постепено се намалува, за во последната година да биде

најмала.

Функционалниот метод бара обезбедување дополнителни податоци коко што

се: утврдување стапка на амортизација според учинокот и остварениот учинок.

За амортизацијата како трошок да илустрираме еден пример.

Пример 1. Во пресметковниот период претријатието пресметало амортизација

кај постојаните средства и тоа:

- кај градежните објекти 200 000 ден.

- кај опремата 150 000 ден.

- кај останатите средства 100 000 ден.

Вкупно 450 000 ден.

Да се изврши книжење на амортизацијата.

Дневник

Р.бр. Датум ОПИС Сметка Дебит + Кредит -

1 31.12 Амортизација по мини-

мални стапки

Исправка на вредно-

ста на градежни об.

Исправка на вредно-

ста на опремата

Исправка на вредно-

430

0290

0291

0294

450 000

200 000

150 000

100 000

15

Page 16: seminarska Управувачко сметководство - Марија Стефаноска

ста на останати ср.

пресметана амортизаци.

4. ЕВИДЕНЦИЈА НА НЕМАТЕРИЈАЛНИТЕ ТРОШОЦИ

Сите деловни субјекти во текот на своето работење покрај материјални прават и

нематеријални трошоци. Во оваа група на трошоци се вбројуваат: дневниците за

службени патувања и патните трошоци, надоместокот на трошоците на

вработените, подароците и помошта, трошоците за реклама, пропаганда, промоција

и спонзорство, потоа премиите за осигурување, даноците и други давачки. Во

продолжение ќе бидат илустрирани неколку примери за евиденција на ваквите

трошоци.7

Пример 1. ДООЕЛ „Гета добило“добило фактура бр.1 за извршена реклама на А1

телевизија во износ од 118 000ден.а од тој износ на ДДВ отпаѓа 18 000ден.

Пример 2. ДООЕЛ „Гета“ извршило вирманско плаќање на придонес за Стопанска

комора во износ од 7 000ден.

Пример 3. ДООЕЛ „Гета“ добило полиса за осигурување на обртните средства од

осигурителната компанија во износ од 12 000 ден.

Дневник

Р.бр. Датум ОПИС Сметка Дебит + Кредит -

1.

2.

01.03.

01.03

Трошоци за реклама

Побарувања за ДДВ

Обврски кон добавув.

врз основа на факт.бр 1

Даноци, придонеси,

член. и др. давачки

442

160

220

440

100 000

18 000

7 000

118 000

7 Основи на сметководство – Проф. Д-р Гордана Витанова

16

Page 17: seminarska Управувачко сметководство - Марија Стефаноска

3. 01.03

Жиро сметка

врз основа на извод

Премии за осигурување

во земјата

Обврски спрема до-

Бавувачи во земјата

врз основа на полиса

100

443

220

12 000

7 000

12 000

4.1. ПЛАТИ И НАДОМЕСТОЦИ ОД ПЛАТИ

За претпријатието платите и надоместоците од плати претставуваат трошок

и влегуваат во цената на чинење на производите и услугите. Вкалкулираните плати

како трошок на претпријатието претставуваат краткорочна обврска што треба да се

измири во рокот на стасаност. Услов за да се подмири таа обврска е претпријатието

да располага со доволно парични средства на контото жиро сметка. Исто како и

платите и надоместоците од платите имаат третман на трошоци и се конститутивен

елемент на цената на чинење на учиноците. И тие како и платите ќе бидат

надоместени од паричниот прилив од наплатата на побарувањата за продадените

производи и услуги.8

Пример 1.Врз основа на пресметката на платите во месечната исплатна листа

потребно е да се изврши книжење на платите и надоместоците од платите.

Според пресметката платите од тековниот труд изнесуваат:

1. Нето плата 588 200 ден.

2. Персонален данок 85 320 ден.

3. Придонеси од плата 125 000 ден.

4. Вкупно плати 798 520 ден.

8 Сметководство – Проф. Д-р Сашо Кожухаров

17

Page 18: seminarska Управувачко сметководство - Марија Стефаноска

Дневник

Р.бр. Датум ОПИС Сметка Дебит + Кредит -

1.

1а.

1б.

01.07

01.07

01.07

Вкалкулирани плати

Обврски за бруто пл.

вкалкулирани плати

Обврски за бруто плати

Нето плати

Персонален данок

Придонеси од плати

врз основа на пресметка

Нето плати

Персонален данок

Придонеси од плати

Жиро сметка

врз основа на пресметка

470

270

270

271

273

274

270

273

274

100

798 520

798 520

588.200

85 320

125 000

798 520

588 200

85 320

125 000

798 520

5. РАСПОРЕД НА ТРОШОЦИТЕ

Трошоците евидентирани на класа 4, при составувањето на билансот на успех,

се пренесуваат од сметките од класа 4 на сметката 490 – распоред на трошоци за

пресметка на производи и услуги. Со овие завршни книжења класа 4 треба да се

затвори и несмее да остане никакво салдо на оваа класа.

Преносот на трошоците од сметките на класа 4 на сметките од класа 7 различно

се извршува кај производствените деловни субјекти и кај трговските.

Кај производствените деловни субјекти трошоците се поделени на две основни

групи: производствени трошоци и трошоци на периодот. Во производствените

трошоци спаѓаат трошоците на материјалот и трошоците на конверзија. Во

трошоците на периодод трошоците се класифицираат на три групи и тоа: трошоци

на продажба, трошоци на администрација и расходи од финансирање.

18

Page 19: seminarska Управувачко сметководство - Марија Стефаноска

Кај производните деловни субјекти производствените трошоци претставуваат

најголем делк од вкупните трошоци. Овие трошоци што дирекно или индирекно се

однесуваат на производството, деловните субјекти ги пренесуваат на залихите на

недовршено производство и на готовите производи на класа 6, додека пак

трошоците на периодот дитекно ги пренесуваат на класа 7 и тие дирекно се

покриваат од вкупниот приход за соодветниот пресметковен период. Овие деловни

субјекти затворањето на сметките од класа 4 го вршат преку пренос на сметката

4900 – трошоци во продадени производи и 4901 – трошоци на пероидот, а се врши

со споредување на следните стѕавки:

4900 – Распоред на трошоци на продадено производи

4901 – Распоред на трошоци на периодот

(врз товар на вкупниот приход)

Класа 4 (се внесуваат салдата)

Производствени трошоци как производните деловни субјекти се

однесуваат на: потрошени материјали и суровини, потрошени резервни делови,

потрошена енергија, наемнина, услуги за изработка и сл.9

Трошоците на периодот како што спомнавме погоре се поделени во три групи.

Во трошоците за продажба се вклучени: потрошеното гориво (за транспорт),

транспортните услуги (само за испорака), наемнината за транспортните

возила, услуги поврзани со продажбата, вкалкулираните плати и

надоместоци на вработените во службата за продажба.

Трошоците за администрација ги сочинуваат: потрошените канцелариски

материјали, ПТТ трошоци, услуги за одржување и останатите услуги во

административните простории, амортизацијата на управната зграда,

канцелариската опрема и мебел, премиите за осигурување, даноците и сл.

Расходите на финансирање всушност се расходи врз основа на камата,

курсни разлики и финансиски трансакции.

Трговските и останатите деловни субјекти кои немаат производство сите

трошоци искажани на класа 4 дирекно ги префрлаат на класа 7 и ги покриваат од

9Сметководство – Проф. Д-р Деса Б. Косаркоска

19

Page 20: seminarska Управувачко сметководство - Марија Стефаноска

вкупниот приход за соодветниот пресметковен период. Кај овие деловни субјекти

затворањето на сметките од класа 4 преку пренос на сметката 490, се врши со

споредување на следните ставки:

4901 – Распоред на трошоците во периодот

(врз товар на вкупниот приход)

Класа 4 (се внесуваат салдата)

Така евидентираниот износ на сметката 4901 се префрла на класа 7 на

сметката 703 – Расходи врз основа на продадени стоки и материјали.

Затворањето на трошоците од класа 4 и нивното префрлање на класа 6 и класа 7 да

го претставиме со примери:

Пример 1. Производниот деловен субјект на крајот од пресметковниот период ги

има следните трошоци на класа 4:

- трошоци за материјали и трошоци за конверзија 520 000

- трошоци за приодажба 180 000

- трошоци за администрација 50 000

- расходи на финансирањето 200 000

Вкупно класа 4 950 000

Врз основа на податоците да се извршат соодветните книжења.

Дневник

Р.бр. Датум ОПИС Сметка Дебит + Кредит -

1. 31.12 Распоред на трошоци

Потрошени сур.и мат.

4900

400

520 000

170 000

20

Page 21: seminarska Управувачко сметководство - Марија Стефаноска

Потрошена енергија

Потрошени рез.дел.

Отпис на сит.инвен.

Надворешни услуги

Услуги за одр.и заш.

Останати услуги

Резер.за трош.и риз.

Амортизација

Вред.усог.на кр.поб.

Надомес на т/ци на вр.

Неотпишана вредност

на отуѓ.и расх.пост ср.

Вкалкулирани плати

Вкалкулирани надоме.

затворање на т/ци од кл.4

401

404

405

411

412

419

420

430

436

441

450

470

471

50 000

12 000

8 000

22 000

12 000

16 000

25 000

40 000

8 000

12 000

15 000

120 000

10 000

Дневник

Р.бр. Датум ОПИС Сметка Дебит + Кредит -

21

Page 22: seminarska Управувачко сметководство - Марија Стефаноска

2.

3.

4.

5.

6.

31.12

31.12

31.12

31.12

31.12

Производство

Распоред на трошоци

пренос на т/ци на

производство

Распоред на т/ци на пер.

Потр.гориво за тран.

Транспортни услуги

Т/ци за саеми

Услуги за продажба

Амортизација

Дневници за сл.пат

Т/ци за промоција

Вкалкулирани плати

пренос на т/ци на

периодот

Расходи врз основа на

Продадени производи

Распоред на т/ци на

периодот

пренос на т/ци на перио.

Распоред на т/ци за пер.

Потр.канцел.матер.

ПТТ трошоци

Премии за оцигур.

Вред.усог.на поб.

Вкал.плати за адми.

пренос на т/ците на пер.

Расходи врз основ на

600

490

4901

401

410

413

419

430

440

442

470

700

4901

4901

700

520 000

180 000

180 000

50 000

50 000

520 000

10 000

15 000

30 000

5 000

10 000

35 000

25 000

50 000

180 000

5 000

2 000

20 000

5 000

18 000

22

Page 23: seminarska Управувачко сметководство - Марија Стефаноска

7.

8.

31.12

31.12

продадени производи

Распоред на т/ци за

периодот

пренос на т/ци на перио.

Распоред на т/ци на пер.

Камати од работе.

Затезни камати

Курсни разлики

пренос на т/ци на пер.

Расходи врз основ на

продадени производи

Распоред на т/ци

пренос на т/ци на перио.

4901

4901

700

4901

200 000

200 000

50 000

140 000

35 000

25 000

200 000

6. ЗАКЛУЧОК

Трошоците играат мошне значајна улога во работењето на претпријанието.

Првенствено тие ја сочинуваат цената на чинење на учиноците и оттука

23

Page 24: seminarska Управувачко сметководство - Марија Стефаноска

влијаат врз финансискиот резултат од работењето. Имено финансискиот

резултат ја претставува разликата помеѓу вкупните приходи и вкупните расходи

на претпријатието. За да остварува поголема добивка и успешност во

работењето секој деловен субјект настојува да ги намалува трошоците, и на тој

начин обезбедува не само поголема добивка туку се пружи и можност за

модернизација во производството, креирање нови производи (доколку се работи за

производно претпријатие) и сл.

Tro{ocite prestavuvaat eden od najbitnite kvantitativni izrazeni

pokazateli za uspe{nosta na stopanisuvawe na pretprijatieto.

Analiti~arite vo pretrijatijata postojano gi sledat tro{ocite vr{at

analiza na nivnata struktura , a menaxmentot potpira}i se vrz analiza

na tro{ocite nosi delovni odluki za anga`irawe na proizvodnite faktori

za visinata na proda`nata cena, za obemot na proizvodstvo, za

investicionite proekti.

Vrskata me|u tro{ocite i profitabilnosta na pretprijatieto

najneposredna sni`uvaweto na tro{ocite ja zgolemuva dobivkata i

obratno raste`ot na tro{ocite pri dadeno nivi na proda`ni ceni ja

smaluva dobivkata. A smalenata dobivka doveduva do vlo{uvawe na

rabotnite uslovi, do smaluvawe na `ivotniot standard i slabeewena

materijalnata osnova na pretprijatieto.

Tro{ocite imaat uloga na faktor so re{ava~ko vlijanie vrz

ekonomi~nosta i dobivkata na pretprijatieto {to se ostvaruva vo

pretprijatieto. Niedna odluka vo pretprijatieto ne bi smeela da se

donesi bez predhodna analiza na tro{ocite.

Контата на коишто се евидентираат трошоците познати се како

трошковни конта. Во текот на пресметковниот период при настанувањето на

трошоците се книжи на нинвната долговна страна

Евиденцијата на трошоците е неопходнна заради утврдување на успешноста на

работењето на односното претпријатие а оттука и за донесување порационални

одлуки.

КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА

24

Page 25: seminarska Управувачко сметководство - Марија Стефаноска

Литература:

• Витанова Г. (2008) Основи на сметководство, Прилеп

• Косаркоска Д. (2006) Сметководство, Охрид

• Кожухаров С. (2006) Сметководство, Скопје

Интернет:

• www . google . com

сметководствена евиденција

• www.yahoo.com

трошоци во претпријатијата

евиденција на трошоци

http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A6%D0%B5%D0%BD%D0%BE

%D0%B2%D0%BD%D0%B0_%D0%BF%D0%BE%D0%BB

%D0%B8%D1%82%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_

%D1%82%D1%80%D0%BE%D1%88%D0%BE%D1%86%D0%B8

http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A4%D0%B8%D0%BA

%D1%81%D0%BD%D0%B8_%D1%82%D1%80%D0%BE

%D1%88%D0%BE%D1%86%D0%B8

25