Pogled Br.55 Oktomvri 2013

8
БРОЈ 43, Октомври 2012 PRINTMAKING WORKSHOP “SOFIJA” ГРАФИЧКА РАБОТИЛНИЦА “ СОФИЈА” Број 55 Октомври 2013 Поглед од мојот агол Пишува: Илија Тумбов стр.4 стр.6 стр.5 Детски фолклорни средби Оган од слама Стории во „бла-бла“ фазон Одржана Седмата седница на Советот на Општина Богданци Честување на 10-ти Октомври стр. 2-3 Дали пензионерите се најкултурните граѓани во Богданци На 19 октомври ФА„Мегдан“ организираше детски фолклорни средби во ООУ „Петар Мусев“ Повторно донесена Програма за дополнување на Програмата за изработување урбанистичка документација во Општина Богданци за 2013 година Со мирисот на есента Со неколку манифестации Општина Богданци на 10 октомври го обележа 10-ти, Денот на Ослободувањето на Богданци што се празнува како Ден на Општината Дечињата од Детската градинка „Коста Поп-Ристов Делчев“ по тој повод изведоа кратка претстава пред своите наставници. На претставата беше присутна и Анастасија Олумчева, градоначалничка на Општина Богданци. Потоа градоначалничката Анастасија Олумчева и Блаже Шапов, претседател на Советот на Општина Богданци положија цвеќе на бистите на борците од НОВ. Цвеќе положија и делегациите на Општинската организација на борците од НОБ и на Општинското здружение на пензионерите. Цвеќе, во име на организациите и установите што ги претставуваат, положија и високи претставници на организациите и установите во Општина Богданци. Посебно впечатливо беше положувањето цвеќе на бистите на борците од страна на најмладите- децата од Детската градинка во Богданци. Завршната манифестација се одржа во ресторанот „Бобо“ каде што, беше приреден мал музичко- рецитаторски перформанс и коктел. Пред концертот градоначалничката Анастасија Олумчева, честитајќи им го празникот, на присутните им се обрати со краток, но содржаен и, пред се, инспиративен говор. И годинава, како и години наназад, како и во други случаи, на настанот му недостасуваше протокол. На официјални места, во официјални прилики и во присутво на официјални личносто мора точно да се знае кој што треба да работи. Тоа се манири со кои на случувањата им се одредува значајноста и, што е поважно, ги исклучува волунтаризмот и хаотичноста, како последица. Почитувани Борци, Почитувани Градоначалници, Почитувани Советници на општина Богданци, Почитувани пријатели, дами и господа, Многу падови и вознесувања не се архивирани во книгите, што се спалуваат во вообичаените војни. Некои од нас, често го препознаваат влијанието. Многу убави лица и големи дела не живеат во ничии секавања. Имаат посебна можност, без простор, време и бариери. Многу пориви и идеи пулсираат само на милиметри од својот епицентар. А најчесто го поробуваат светот. За нас е важно да веруваме. Да веруваме во мигот, кога работите доаѓаат до израз, а се пред тоа и потоа е еден вид стивнување. Во вистината, колку и да е збор што има речиси бескрај синоними. Во склопување договори, во странски влијанија, во нови идеи, во правото да се премислуваме... Да веруваме во животот и различните потраги, дури и во оние познати под името загуба. Зашто слобода е, и да си дозволиш да губиш.Во работи поинакви, работи надворешни, во историја, но и во нејзината спротивност. Во време немерливо со настани, а понекогаш и во рима. Да веруваме дека ракувањето е најдобриот и најпозитивниот симбол на човештвото, а во поново време, и бранувањето на публиката, како супербранови, а не причинско- последични синџири. Почитувани, Да продолжиме да веруваме во желбите, идеите и луѓето кои ни го овозможија овој слободен ден, овој слободен град и слободна Македонија. Нека ни е честит 10-ти Октомври! Почитувани пријатели, Ве поканувам на заедничко дружење и скромен коктел. Повелете. Обраќање на Анастасија Олумчева, Градоначалничка на Општина Богданци Пензионерите како синоним за повозрасните, а се работи за културата на однесување на дешавките. Прво е „Коледарскиот оган“ и таму колку сакаш турканици и тепаници за да се дојде до пијалaк и нешто за апнување. Пензионерите никогаш не учествуваат во човечките стампеда насочени кон трепезата. Потоа е „Априлијадата“. Си седат луѓето и мирно ги следат настаните. Дури и негодуваат кога помладите им ги уриваат концепциите на организаторите шетајќи им низ сценскиот прстор во обидот да ги фотографираат своите миленичиња не разбирајќи дека тие, децата, нивните потомци, се маскирани за пригодата, ама се дел од целина и во тој момент не им припаѓаат ним затоа што не се во нивните домови туку таму каде што тие самите ги испратиле за да ги образоваат, да ги воспитаат и да ги едуцираат..На летните средби што на Богданци треба да му дадат културен белег само пензионерите се тие што знаат да дојдат на местото на настанот, да се сместат таму каде што организаторот определил сместување на публиката и да ги проследат содржините што се на програмата наспроти помладите што ќе шетаат низ просторот развлекувајќи ги седалата наоколу. И никогаш не доседуваат до крај на настанот што ја наметнува загатката: Дали тие дошле на дешавката или се на поминување, па ај да видат што се случува. На приредбите по повод разни настани тешко е да се споредат однесувањата на постарите и помладите.Разликата е драстична. Веднаш се сфаќа дека пензионерите се дојдени поради настанот. За присуството на другите нема логично објаснување.Изразувањето на почит кон тие што се на сцената е посебна приказна. Дали затоа што го поминале работниот век и знаат дека до ништо не се стасува без многу труд и залагање, пензионерите со внимание го проследуваат случувањето. За другите неможе да се каже истото. Тие, ако им се допаѓа-навиваат, ако не им се допаѓа- свиркаат. Како на фудбалски натпревар. За жал мора да се констатира дека пензионерите знаат како да се однесуваат. Има и исклучоци што не го негираат тврдењето. Ветераните на прославата тел. 034/ 222-766 СТОЧАРСТВО Богданци www.stocarstvo.com.mk [email protected] тел. 034/ 222-006 www.sofijaprint.com.mk info@sofijaprint.com.mk Агенција за обезбедување на лица и имот Богданци тел. 034. 222.110; 222.220 e-mail: [email protected] БАЏО www.badzo.com.mk [email protected] Пишува: Анита Џиџева

description

Nezavisen vesnik na Bogdanci

Transcript of Pogled Br.55 Oktomvri 2013

Page 1: Pogled Br.55 Oktomvri 2013

стр. 5.

БРОЈ 43, Октомври 2012

PRINTMAKING WORKSHOP “SOFIJA” ГРАФИЧКА РАБОТИЛНИЦА “ СОФИЈА”

Број 55 Октомври 2013

Поглед од мојот агол

Пишува:

Илија Тумбов стр.4

стр.6стр.5

Детски фолклорни средби

Оган од слама

Стории во „бла-бла“ фазон

Одржана Седмата седница на Советот на Општина Богданци

Честување на 10-ти Октомври

стр. 2-3

Дали пензионерите се најкултурните

граѓани во Богданци

На 19 октомври ФА„Мегдан“ организираше детски фолклорни средби во ООУ „Петар Мусев“

Повторно донесена Програма за дополнување на Програмата за изработување урбанистичка документација во Општина

Богданци за 2013 година

Со мирисот на есента

Со неколку манифестации Општина Богданци на 10 октомври го обележа 10-ти, Денот на Ослободувањето на Богданци што се празнува како Ден на Општината

Дечињата од Детската градинка „Коста Поп-Ристов Делчев“ по тој повод изведоа кратка претстава пред своите наставници. На претставата беше присутна и Анастасија Олумчева, градоначалничка на Општина Богданци.

Потоа градоначалничката Анастасија Олумчева и Блаже Шапов, претседател на Советот на Општина Богданци положија цвеќе на бистите на борците од НОВ.

Цвеќе положија и делегациите на Општинската организација на борците од НОБ и на Општинското здружение на пензионерите.

Цвеќе, во име на организациите и установите што ги претставуваат, положија и високи претставници на организациите и установите во Општина Богданци.

Посебно впечатливо беше положувањето цвеќе на бистите на борците од страна на најмладите-децата од Детската градинка во Богданци.

Завршната манифестација се одржа во ресторанот „Бобо“ каде што, беше приреден мал музичко-рецитаторски перформанс и коктел.

Пред концертот градоначалничката Анастасија Олумчева, честитајќи им го празникот, на присутните им се обрати со краток, но содржаен и, пред се, инспиративен говор.

И годинава, како и години наназад, како и во други случаи, на настанот му недостасуваше протокол. На официјални места, во официјални прилики и во присутво на официјални личносто мора точно да се знае кој што треба да работи.Тоа се манири со кои на случувањата им се одредува значајноста и, што е поважно, ги исклучува волунтаризмот и хаотичноста, како последица.

Почитувани Борци, Почитувани Градоначалници, Почитувани Советници на општина Богданци, Почитувани пријатели, дами и господа,

Многу падови и вознесувања не се архивирани во книгите, што се спалуваат во вообичаените војни. Некои од нас, често го препознаваат влијанието.

Многу убави лица и големи дела не живеат во ничии секавања. Имаат посебна можност, без простор, време и бариери.

Многу пориви и идеи пулсираат само на милиметри од својот епицентар. А најчесто го поробуваат светот.

За нас е важно да веруваме.Да веруваме во мигот, кога

работите доаѓаат до израз, а се пред тоа и потоа е еден вид стивнување. Во вистината, колку и да е збор што има речиси бескрај синоними.

Во склопување договори, во странски влијанија, во нови идеи, во правото да се премислуваме...

Да веруваме во животот и различните потраги, дури и во оние познати под името загуба. Зашто слобода е, и да си дозволиш да губиш.Во работи поинакви, работи надворешни, во историја, но и во нејзината спротивност. Во време немерливо со настани, а понекогаш и во рима.

Да веруваме дека ракувањето е најдобриот и најпозитивниот симбол на човештвото, а во поново време, и бранувањето на публиката, како супербранови, а не причинско-последични синџири.

Почитувани,Да продолжиме да веруваме

во желбите, идеите и луѓето кои ни го овозможија овој слободен ден, овој слободен град и слободна Македонија.

Нека ни е честит 10-ти Октомври!

Почитувани пријатели,Ве поканувам на заедничко

дружење и скромен коктел. Повелете.

Обраќање на Анастасија Олумчева,Градоначалничка на Општина Богданци Пензионерите како синоним

за повозрасните, а се работи за културата на однесување на дешавките.

Прво е „Коледарскиот оган“ и таму колку сакаш турканици и тепаници за да се дојде до пијалaк и нешто за апнување. Пензионерите никогаш не учествуваат во човечките стампеда насочени кон трепезата.

Потоа е „Априлијадата“. Си седат луѓето и мирно ги следат настаните. Дури и негодуваат кога помладите им ги уриваат концепциите на организаторите шетајќи им низ сценскиот прстор во обидот да ги фотографираат своите миленичиња не разбирајќи дека тие, децата, нивните потомци, се маскирани за пригодата, ама се

дел од целина и во тој момент не им припаѓаат ним затоа што не се во нивните домови туку таму каде што тие самите ги испратиле за да ги образоваат, да ги воспитаат и да ги едуцираат..На летните средби што на Богданци треба да му дадат културен белег само пензионерите се тие што знаат да дојдат на местото на настанот, да се сместат таму каде што организаторот определил сместување на публиката и да ги проследат содржините што се на програмата наспроти помладите што ќе шетаат низ просторот развлекувајќи ги седалата наоколу. И никогаш не доседуваат до крај на настанот што ја наметнува загатката: Дали тие дошле на дешавката или се на поминување, па ај да видат што се случува.

На приредбите по повод разни настани тешко е да се споредат однесувањата на постарите и помладите.Разликата е драстична. Веднаш се сфаќа дека пензионерите се дојдени поради настанот. За присуството на другите нема логично објаснување.Изразувањето на почит кон тие што се на сцената е посебна приказна. Дали затоа што го поминале работниот век и знаат дека до ништо не се стасува без многу труд и залагање, пензионерите со внимание го проследуваат случувањето. За другите неможе да се каже истото. Тие, ако им се допаѓа-навиваат, ако не им се допаѓа- свиркаат. Како на фудбалски натпревар.

За жал мора да се констатира дека пензионерите знаат како да се однесуваат. Има и исклучоци што не го негираат тврдењето.Ветераните на прославата

тел. 034/ 222-766

СТОЧАРСТВОБогданци

[email protected]

тел. 034/ [email protected]

Агенција за обезбедување на лица и имот

Богданци

тел. 034. 222.110; 222.220e-mail: [email protected]

БАЏО[email protected]

Пишува:

Анита Џиџева

Page 2: Pogled Br.55 Oktomvri 2013

2 ПОГЛЕД ,Октомври 2013

Повторно донесена Програма за дополнување на Програмата за изработување урбанистички планови во Општина Богданци за 2013 година

Продолжува на стр.3

Известувач: Илија Тумбов

Од Седмата седница на Советот на Општина Богданци

На 10 октомври 2013 година, со почеток од 19 часот се одржа Седмата седница на Советот на Општина Богданци.

На седницата присуствуваа сите советници. На седницата присуствуваше и Анастасија Олумчева, градоначалничка на Општина Богданци.

При усвојувањето на Записникот од Шестата седница на Советот на Општина Богданци советникот Душко Енџекчев имаше забелешки дека во записникот не се добро пренесени неговите дискусии и дискусијата на советникот Ристо Енџекчев и побара записникот да се доработи со прегледување и преслушување на видео снимките.

И советничката Катерина Чрчева забележа дека некои нејзини дискусии не биле опфатени во записникот, а и тие што биле опфатени не ја истакнувале суштината, па и таа побара, со прегледување и преслушување на видео снимките, да се доработи записникот.

Претседавачот Блаже Шапов се согласи дека советниците имаат право на такви забелешки и поредложи за забелешките да се стават на гласање при што тие беа едногласно, со 11 гласа „За“, прифатени.

Во продолжение претседавачот Блаже Шапов го предложи дневниот ред за работа на седницата кој се состоеше од една точка.

Советникот Ристо Енџекчев, со забелешка дека има информација оти постапките во врска со прашањето што треба да биде на дневен ред е веќе на дневен ред во Владата и по него ќе има некаков заклучок или решение кое ќе биде објавено во наредниот „Службен весник на РМ“, повикувајќи се на член 53 од Деловникот за работа на Советот на Општина Богданци, предложи да се прекине седницата и да се продолжи откако решението ќе биде објавено.

Претседавачот Блаже Шапов објасни дека има законски рок од 15 дена во кој мора да биде повторно разгледана Програмата за дополнување на Програмата за изработување на урбанистички планови во Општина Богданци која беше донесена на Шестата седница , за која градоначалничката има издадено Решение за запирање на нејзиното објавување во „Службен гласник на Општина Богданци“.

Советникот Ристо Енџекчев објасни дека тој не побарал седницата да биде одложена, туку да биде прекината и продолжена откако ќе биде објавена одлуката на Владата.И советникот Душко Енџекчев се изјасни дека со прекинување на седницата се запазува законскиот рок за повторно ставање на точката на дневен ред на Советот, а нема да се дојде во ситуација да се донесе одлука спротивна од таа на Владата.

И советникот Кристијан Тодоров се согласи дека со прекинување на седницата не се прекршува прописот и се запазува рокот.Советникот Стојан Воданов објасни дека со усвојување на дневниот ред седницата се смета за започната и таа потоа може да биде прекината за да се почека решението од Владата, па така се ќе биде според статутарните и законските одредби.

Предлогот на дневниот ред беше ставен на усвојување и беше усвоен со 11 гласа „За“.

Потоа се помина на работа по дневниот ред.

Точка 1. Советникот Ристо Енџекчев повторно се повика на член 53 од Деловникот за работа на Советот на Општина Богданци според кој ако 5 советника побараат прекинување на седницата таа треба да се прекине.

Претседавачот Блаже Шапов појасни дека во тој случај седницата се прекинува за консултации и повторно продолжува.

Градоначалничката Анастасија Олумчева на советниците им кажа оти таа имала информација дека и двете постапки се веќе пред Владата, дека едната постапка е во понапредна фаза и треба да се очекува решение во врска со неа, па одлучила да не ја потпише Одлуката за усвојување

на Програмата за дополнување на Програмата за изработување урбанистички планови во Општина Богданци за да се почека решението од таа инстанца и се изјасни дека, поради тоа, ја поддржува иницијативата на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Потоа претседавачот даде 10 минути пауза за консултација.

По паузата предлогот на Ристо Енџекчев да се прекине Седмата седница на Советот на Опшптина Богданци беше даден на гласање.

Со 5 гласа „За“ и 6 гласа „Против“ предлогот не беше прифатен.

Советничката Катерина Чрчева забележа дека на претходната седница, додека се расправало за Прелог-Програмата, биле изнесени забелешки за непрецизности и грешки во предложената програма и исправките биле усвоени, а сега на усвојување на советниците им се дава истата програма со истите грешки и непрецизности.

Пртседавачот Блаже Шапов рече дека исправките не биле усвојувани од Советот туку од општинската администрација се согласиле да бидат прифатени.

Советникот Стојан Воданов побара збор за да каже дека советничката група на ВМРО-ДПМНЕ нена да учествува во натамошната работа на Седмата седница на Советот на Општина Богданци и ќе ја напушти седницата.По излегувањето на советниците од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ претседавачот Блаже Шапов констатира дека на седницата присуствуваат шест советника што е доволно за да има кворум за работа.

Бидејќи немаше пријавени за расправа се премина на изјаснување.

Со 6 гласа „За“ Советот на Општина Богданци ја донесе Програмата за дополнување на Програмата за изработување на урбанистички планови во Општина Богданци за 2013 година според која во делот II. Посебни одредби, Табела IV. Изработување на Локална урбанистичка планска документација, по Точката 16-а се додава Точка 16-б која вели дека активноста Изработување на локална планска урбанистичка документација ќе се прави во м.в Црквица во КО Богданци на КП 11751/1, 11760/1, 11760/2, 11751/2, 11763, 11762 и 11761, во државна и приватна сопствност, на површина од 1,5 хектари наменета за лесна индустрија која ќе биде финансирана од „Ви Ви Пром“, Богданци. Програмата влегува во сила со објавувањето во „Службен гласник на Општина Богданци“.

Печати:„Софија“ Богданци

Жиро-сметка:270000000711867 Даночен број:МК4006991101880

Редакција: Маршал Тито 211484 Богданцител. 075 738834факс: 034 [email protected]/pogled

Издава: „СОФИЈА“1484 Богданци, ул. “Маршал Тито” 21

Директор: Драги Семенпеев

Илија Тумбов

Уредува редакциски колегиумТехнички уредници:

Јован РоглевВалентина Попова

Уредник:

Халк Банка-Скопје

Од Деловникот за работа на Советот на Општина Богданци

Page 3: Pogled Br.55 Oktomvri 2013

3ПОГЛЕД ,Октомври 2013

Продолжение од стр. 2

На ден 10.10.2013 година по повод 69 годишнината на Денот на општинате се одбележа ослободувањето на Општина Богданци од фашистичкиот окупатор.

Утрово во Општина Богданци Сојузот на борците и Пензионерите заедно со Анастасија Олумчева, Градоначалник на Општина Богданци положија цвеќиња одавајќи им достојна почит на борците кои го овозможија слободното живеење на граѓаните на Општина Богданци.

Во детската градинка „Коста Поп – Ристов Делчев“ малите оддржаа кратка претстава пред своите наставници и Анастасија Олумчева. Преку истата го одбележаа значењето на патронот на детската градинка Коста Поп – Ристов Делчев.

Денот на општината исто така се одбележа и со свечен ручек на кој Олумчева, пренесувајќи ги своите искрените честитки по повод 10 Октомври Денот на општината, како Градоначалник на Општина Богданци на гостите им порача:

„Да продолжиме да веруваме во желбите, идеите и луѓето кои ни го овозможија овој слободен ден, овој слободен град и слободна Македонија“На свечениот ручек гостите ја имаа можноста да уживаат во настапот на прекрасните Марија Илиева и Наталија Трајкова во феноменална музика на виолина и клавир. После настапот следеше и емоционално изведен рецитал од страна на Васил Зафирчев.Настанот го затвори одличниот локален клавијатурист Бранко Сапламаев.

Преку денешниот ден Општина Богданци на своите сограѓани им го честита Денот на општината, оддавајќи им достојна почит на на луѓето кои во минатото се бореле за слободата на овој народ, за овие поколенија, за слободно Богданци.

Соопштение од Кабинетот на Градоначалничката на Општина Богданци

Годишна програма за работа на ООУ „Петар Мусев“ во учебната 2013/2014 година

На Шестата седница на Советот на Општина Богданци се разгледа и усвои Годишната програма за работа на Општинското основно училиште „Петар Мусев“ од Богданци во учебната 2013/2014 година.

Од Годишниот извештај за работата на училиштето во учебната 2012/2013 година се гледа дека минатата учебна година часовите од задолжителната настава се реализирале 99,8% во однос на планираните. Часовите од другите видови настава и воннаставните воспитно-образовни подрачја се реализирале дури 100,05 % во однос на планираните. Средниот успех на учениците од IV до VIII одделение изнесувал 4,17 и за 0,13 бил подобар од минатата година.

Стручниот тим на училиштето, водејќи се од реализирањето на минатогодишната Програма за годинешнава Програма како приоритетни си поставиле 3 цели:

1. цел: Преку методи во тематските планирања чиј носител ќе бидат стручните активи, со примена

на интерактивни методи, компјутери и ИКТ во наставата да се реализираат планираните активности.

2. цел: Да се унапреди оценувањето со планирање на сумативно оценување во тематско-процесно преку изработка на квалитетни тематски планирања, со примена на Училишен етички кодекс за оценување преку промовирање на Кодекс за тестирање и истакнување на Кодексот за тестирање во просториите на училиштето.При тоа како трета задача од оваа цел да биде следењето на процесот на оценување.

3.цел: Во оваа цел, за подобрување на физичките услови за работа, училиштето за задачи си зело, преку изработка на предмер-пресметка и реализација на работите според предмерот, да се замени системот за затоплување, да се заменат оштетените подови, да се реконструира кровната конструкција и да се санира фасадата.

Во „Петар Мусев“ се огорчени затоа што со околу 500 ученици тие сеуште не можат да се изборат са

поправка на кровот кој прокиснува, за санација на фасадата која се распаѓа и за замена но подовите во училниците. Не можат да се изборат ниту со завршување на работите околу комплетната замена на вратите и прозорците која е почната, но сеуште не е завршена. Се радуваат што се најавува замена на системот за затоплување.

Годинава во училиштето се запишани 483 ученици од прво до осмо одделение кои се распоредени во 23 паралелки од кои 2 во подрачното училиште во Ѓавото.

Воспитно-образовната дејност од прво до петто одделение ја изведуваат 9 наставници со високо и 4 наставници со вишо образование, а од шесто до осмо одделение 18 наставника со високо и 6 со вишо образование. Вкупно имаат 37 наставници од кои 11 држат настава и во други училишта.

Во училиштето имаат 1 директор, 1 педагог, 1 психолог кој е ангажиран и во Стојаково и Нов Дојран, 1 благајник, 5 хигиеничари и 1 хаус-мајстор што се грижи и за пареното греење.

Годишна програма за работа на СОУ „Богданци“ во учебната 2013/2014 година

Советот на Општина Богданци на својата Шеста седница ја разгледа и прифати Годишната програма за работа на Општинското средно училиште „Богданци“ од Богданци во учебната 2013/2014 година.

Според Годишниот извештај за работата на училиштето во учебната 2012/2013 година, минатата година во училиштето се школувале 329 ученици од кои 180 ученици во гимназиско образование, 17 ученици во текстилно-кожарска струка-конфекциски техничар, 109 ученици во сообраќајна струка-техничар за транспорт и шпедиција и 23 ученици во текстилно-кожарска струка-конфекционер со тригодишно образование.

Со реализираните 180 наставни денови тие на ниво на училиштето лани постигнале успех од 3,43 што претставува подобрување за 0,02 во однос на учебната 2011/2012 година.

Во Програмата за работа во учебната 2013/2014 година, во подрачјето на промени се утврдени промените:

1.Учење и настава2.Поддршка на учениците.За да се реализираат промените

во училиштето си задали 3 цели.Како прва цел си го задале

подобрувањето на квалитетот на наставата преку примена на современи наставни средства и помагала со задача во наставата да се стават во употреба интерактивни бели табли со дигитален уред.

За да можат да ги употребуваат интерактивните табли во наставата наставниците ќе следат обуки. Како критериум за успехот, оценуван преку протокол за следење на наставен час, ќе биде примената на интерактивните табли. Во оваа цел, како друга задача, со активностите анализа на состојбата на постоечките ЛЦД проектори, и со набавка на нови ЛЦД проектори ќе се создадат услови за поголема примена на ЛЦД проекторите во наставата.

Како втора цел тие си поставиле пообрувањето на условите за престој на учениците во училиштетото.За почеток, како задача си ја поставиле активноста оспособување на просторија за хранење на учениците на големиот одмор и обезбедување стручни лица кои ќе ја изнајмат просторијата и во неа ќе продаваат храна.

Критериум за упех на оваа цел ќе биде оспособување на соодветна просторија за таа намена и нејзино ставање во употреба

Третата цел им е промовирањето на постигањето на учениците и училиштето.

За исполнување на оваа цел тие си задале задача да ја ажурираат ВЕБ страницата на училиштето преку активностите распределба на задолженија и одговорности на тимот за тековно внесување на содржини и податоци на ВЕБ страницата и следење на внесувањето. Критериум за успех на оваа цел е да бидат промовирани постигањата на учениците и училиштето.

Во училиштето се надеваат дека ќе се обезбедат услови за оградување на училишниот двор низ кој сега секој може слободно и во секое време да поминува.

Во училиштето наведуваат дека имаа голем проблем со влагата што им се јавува во училниците што има доаѓа од подземните води и од неисправните олуци на кровот.

Page 4: Pogled Br.55 Oktomvri 2013

4 ПОГЛЕД ,Октомври 2013

Пишува: ИлијаТумбов

1. „Јас сум како стар пес. Лежам

на крајот од дворот, се гледам, се слушам,се знам, понекогаш и лавнувам, ама никој не ме сфаќа сериозно.“

Оваа го има напишано Иво Андриќ.

Изгледа дека имал голема причина да искаже ваква мисла.

Август, септември, еве, и октомври помина, а мислава никако да ја отргнам да не ми се матка низ главата.

2. Ивек кој не зборува многу, ама

кога ќе каже нешто како со чекан го заковува, неодамна, додека ги вртевме оние наши кругови околу паркот, очаен што во тој вечерен момент Богданци, во својот најстрог центар, неприродно се беше стивнал, рече:

-Време е Богданци да се преименува. Веќе не му прилега да се вика Богданци. Мора да му се даде ново име. Мислам дека Пустец би било соодветно.“

Немо му ја дадов својата согласност.

А вие?3.Не еднаш сум напишал дека

Богданци боледува од синдромот „Оган од слама“. Таков синдром нема регистрирано никаде, ама време е, на примерот на богданчани, да се проучи, да му се систематизираат својствата, карактеристиките и особеностите и да се регистрира како таков.

Збирот симптоми по кој синдромот се препознава се овие:

а) Лесно се запалува. (Штракни запали, како сува слама.)

б) Веднаш развива пламен и ослободува голема толина.(Пламни изгори.)

в) Не држи жар и за час прегорува.

г) По него останува само малку пепел. (Како потсетување на огнот што горел таму.)

Од тоа боледуваат богданчани. Секавично се „палат“ на иницијативи. Ако се туѓи уште поарно. Наврат-намос, додека тоа е модерно или наложено од некој, бргу-бргу ги реализираат и забораваат на нив.

На 16 октомври 2013 година, денот кога во 2007. загина Тоше Проески, билбордот со неговата слика си стоеше осамен на скалите покрај шеталиштето. Никој, ама баш никој не се ни заврте кон него. Нити некој китка да остави, ниту некој свеќа да запали во спомен на несреќнопочинатата естрадна ѕвезда. Само новоподадените гранки од соседното стебло, подгонувани од ветерот, му го „милуваа“ образот.

Нели, со страст својствена на синдромот „Оган од слама“, „по барање на многу млади луѓе од Богданци, во знак на скромна почит“, така барем пишуваше на општинската интернет страница, минатиот јануари се постави билбордот со ликот на Тоше.

Така „барале младите од Богданци“. Убаво. Така треба.

Младите ги има по училиштата. Ги викаат – школска младина.

Младите ги има и по партиите. Нив ги викаат - партискиа младина. За време на изборните кампањи лепаат плакати и разнесуваат флаери.

Има и поинаква, неангажирана младина.

Едно време, како последица на синдромот „Оган од слама“, во Богданци имаше и Младински парламент.

Каде беа сите овие млади луѓе на 16 октомври.

Време е веќе еднаш да се свртат кон самите себе и да бидат тоа

што се. Да бидат млади за време на својата младост затоа што ако тогаш не бидат млади никогаш повеќе нема да можат да бидат тоа.

Младоста секогаш има своевиден дух. Тој дух треба да се држи жив и да се негува. Да беше жив и негуван духот на младите богданчани тие на 16 октомври ќе се организираа, ќе излезеа „кај Тоше“, ќе оставеа малку цвеќе, ќе запалеа по некоја свеќа и ќе се забавуваа со неговата музика.

Таквиот начин на однесување има градски и културни димензии кон кои треба да се стремиме.

Сите ние.4.„Најмалото со смисла секогаш е

повредно од најголемото без смисла“, има кажано на времето Карл Густав Јанг.

И тоа не тукутака, ами во рамките на едно учење кое, меѓудругото, вели дека постоењето е битие.

Кога постоењето не остава трага тогаш има небитие.

Небитието не е само отсуство на нешто.

Небитието само по себе е ништо.

Што сакав да кажам? Сакав да кажам дека кога се

живее во нереален свет не може да се очекува таквото живеење да е реално.

5.„Коштана“ е една драмолетка

од српскиот писател која порано се учеше по училиштата и која имаше безброј театарски и филмски изведби. Е во таа „Коштана“ Митке, главниот машки лик, на едно место вели „... Болен сум. Многу сум болен. Здрав сум, ништо не ми е, а болен. Болен сум од самиот себе...“

Кажаното е кажано со посебен повод и во посебни околности, но јас го извадив од контекст за да посочам дека една таква болест ги има зафатено богданчани. Таква една пуридиа ги има зафатено богданчани.. Болни се. Многу се болни. Здрави се, ништо не им е, а болни . Болни се од самите себе.

Фрлете поглед околу себе. Загледајте се наоколку и кај секој ќе го препознаете ликот на таа болештина. Ако ве сретне огледало огледајте се. Ќе видите дека ниту вие не сте заобиколени од неа.

6.Ги следам сите случувања

во Богданци. барем тие што го заслужуваат тоа. Во саботата на 19 октомври бев на Детските фолклорни средби што ги беше организирал „Мегдан“.

Ги гледав децата од Фолк лорниот ансамбл „Мегдан“ од Богданци.

Ги гледав децата од Ансамблот за народни песни и игри „Јонче Христовски“ од Богданци.

Ги гледав децата од Фолклорниот ансанбл „Бојмија“ од Гевгелија.

Не ги видов децата од Културно-уметничкото друштво „Бранд Петрушев“ од Богданци. Не беа таму.

Далеку им беше, па не можеа да дојдат, ли?

Организаторот не ги поканил, ли?

Нешто друго е во прашање, ли?Има нешто. Не ќе е без ништо.Иако „Мегдан“ и „Бранд

Петрушев“ се здруженија,правни лица, што и да се, и имаат право на сопствен избор, мора да имаат на ум дека нивните деца се БОГДАНСКИ деца и, како што е ред, Богданци сака неговите деца да се ДРУЖАТ и така дружејќи се да се САКААТ.

7.Во сабота на 19 октомври на

концертот во „Петар Мусев“ салата беше полна. Имаше публика и од околните места. Со неколкумина гевгеличани дури и се поздравив. Движеќји наоколу во следењето на настанот ја гледав публиката. Наши сме си. Се знаеме кој е кој. И така, шарејќи со погледот низ присутните нешто ме штрекна. Во публиката не видов многу ликови што не пропуштаат вакви настани. Но таа вечер не беа таму. Најверојатно активноста ја сфаќаат како активност

на другиот табор.Аман бре, си помислив, до толку

ли ја имаме закашкано работата, па откако се поделивме партиски сега се делиме и „фолклорно“.

8.Сапуницата „МЛАЗ„ АД

–Богданци продолжува. Се придодаваат нови епизоди. Некои од нив ветуваат интересност. Ќе има теми за разговор на есенско-зимските слави и именденови.И по фејсбук веќе кинисаа коментари. Еден профил ептен се истакна со излив на сопстено мислење во однос на последната епизода и некои од ликовите што „играат“ во неа. На еден проследувач му се причинило необично што профилот е анонимен, па, логично си праша чиј е. Итно му беше одговорено дека „Не е битно.“

Е, па, не ќе да е така. Битно е.Од такви „не е битно“ пристапи

„Млаз“ е на овој ред.Не може да се каже нешто, а да

не се знае кој го кажал нештото. Не е можно, како онаа жена од „Пази така, за да останам невина“, славниот роман на хрватскиот писател Звонимир Мајдак, да се влегува во активности и да се очекува да нема последици од тоа. Навистина не е можно. Некои активности нужно произведуваат последици. Затоа и велат дека после таквите активности нема каење.

9.Во името на „Поглед“

присуствувам на седниците на Советот на Опшптина Богданци и ја следам работата на советниците од овој, но и на претходниот состав.

Советниците се нашите претставници. Тие во наше име ја водат политиката во Општината. Како такви имаат право да поднесуваат иницијативи за определени прашања да може, дури и да мора, да се расправа.

Советниците имаат право и на поставување советнички прашања на кои инститорот Градоначалник или некоја од општинските служби мора да им дадат одговори за кои поставувачот на прашањето треба да се изјасни дека е здоволен од одговорот. Ако не е задоволен може да бара дополнување.

Какви се прашање се немаат поставувано на Советот..

Но, никој не поставил прашање колку млади школувани луѓе, и не само такви, во последните неколку години се иселиле од Богданци. Никој не побарал општинската администрација да направи анализа, да заклучи резултати од анализата и тој материјал да му биде понуден на разгледување на Советот.

Таков интерес ниту овој ниту претходниот состав на Советот не покажа.

Затоа јас, во името на моето граѓанско право да бидам информиран, јавно барам претседателот на Советот на Општина Богданци, координаторот на советничката група на СДСМ и коалицијата и кординаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата да се заложат и да поднесат иницијатива за анализа на состојбата со иселувањето на младите луѓе од Општина Богданци, за утврдување на причините за иселувањето, доколку има иселување, и за предлагање мерки за спречување на појавата (доколку таква појава е присутна во Општина Богданци).

Од Градоначалничката, доколку и биде поднесена таква иницијатива, барам веднаш да постапи по иницијативата. Доколку, пак, не и биде поднесена таква иницијатива самата да побара нејзината администрација да направи анализа на состојата и анализата да му ја понесе на Советот на Општина Богданци на разгледување.

И уште барам оваа да се смета за многу важно прашање. Приоритетно. Поприоритено од многу прашања за кои се губаат часови во јалови дискусии и многу позначајно од носењето на некои заклучоци заради кои драматично се свикуваат итни седници на Советот.

10.На 20 октомври, на некоја

телевизија, налетав на една од оние

рашетарски емисии на Миленко Неделковски. Препознав овдешни пејсажи, па се заинтересирав. како тема го имаше системот за полнење на Дојранско Езеро. Емисијата била снимена во септември 2012 година. Со него беше некој професор д-р Панов. Разбрав дека бил син на професорот Митко Панов кој на времето се залагаше Богданската котлина да остане една општинска целина која од запад ќе се граничи со реката Вардар. Со Миленко заедно студирале географија.

Објаснија луѓето за значењето на системот. Објаснија дека од нула надморска височина се спуштиле пумпи до 40 метри длабочина, па водата од десетте бунари во Ѓавочко Поле што се наоѓало во близина на Гевгелија се пумпала во количини од 1 м3 во секунда и се носела во некоја друга пумпна станица на 110 м надморска височина од каде се препумпувала до некој базен со зафатнина од 600 м3 кој бил на 210 м надморска височина и каде што имало оставено отвори за наводнување на полето околу Богданци од каде водата со слободно паѓсње се спуштала педесетина метри и кај „Истатов“ се вливала во Дојранско Езеро на 148 м надморска височина. Се препознаваа пејсажите на Богданци додека камерата шараше наоколу за да ја покаже трасата на цевководот, но само толку. Не кажаа луѓето каде минува тој фамозен цевковод. Освен што кажаа дека местото е жива пустелија.

Затоа кажаа дека под местото каде што биле бунарите имало подземно езеро двапати поголемо од Дојранското во кој имало хемиски, и бактериолошки сосема чиста вода. Кога почналп да се пумпа водата два бунари во Грција пресушиле, ама, како што нагласија и двајцата, „на Грците така им треба кога не заебаваат за името“. Цевководот работел со половина капацитет затоа што температурата на водата што се носи во Езерото е 16 степени целзиусови, а самата вода во Езерото е 25 степени, па ако се пушти цел капацитет рибите во Езерото ќе се шокираат и може да умрат, а, „како што е познато Дојранското Езро е најбогато во светот со риби како што се сом, крап, црвеноперка и перкија кои и се највкусни во светот“. Овде не би пропуштил да кажам оти со Тихо попусто бараме дојранска риба. Во околниве ресторани служат тиквешки крап и воденски костреш. Дојрански крап и перкија нема ниту во дојранските ресторани.

Добро е што луѓето се географичари, оној Панов и со академски титули, па објаснуваа. Којзнае какво ќе беше објаснувањето да не беа такви.

Цевководот минувал покрај Паљурци од каде „Апостол Павле почнал да го шири христијанството во Европа и да не било така којзнае каде ќе беше сега таа Европа“.

Се обидоа луѓето да кажат уште по нешто, ама некако не им одеше оти на човека му е тешко да се изрази ако располага со фонд од триста зборови. Мислам на професорот. Миленко не располага ниту со толку.

Е сега: Зошто го пишувам ова? Затоа што како Заедница, како Општина треба еднаш за секогаш да се согласиме дека морат да се престане во јавноста да се пласираат глупости кои се поврзани со нас и, во секој случај, не засегаат.

Од прекрасната приказна за Паљурци што Ватикан ни ја сервираше на златен послужавник направивме помија која потоа ни ја истураа на главата. Се измашивме да кажеме дека до Брисел, демек до Еврпопската Унија, Македонија ќе стигне преку Богданци и неговото Паљурци (таблата сеуште стои покрај патот во Болован), а не знаевме местото ниту да го урбанизираме солидно.Не смееме да дозволиме низ просторов да ни се шетат разноразни белосветски мангупи, да ги пречекуваме и гостиме, а тие да пласираат информации кои не само што не се афирмативни по нас самити, туку – спротивно.

Како и не било така кога во нашите службени документи црно на бело стои дека Богданци се наоѓа на северо-источниот дел од Гевгелиско-валандовската котлина.

Како и не би било така кога насекаде по весниците и телевизиите се судираме со информации за „гевгелиското село Стојаково“ или „гевгелиското село Ѓавото“ и слично и никој за тоа око не му трепнува. Безмалку давесет години сме Општина Богданци, а седумнаесет години располагаме со се што треба да има една локална самоуправа.

Речено е дека другите нема да можат да те ценат ако ти самиот не се цениш.

Е токму тоа ми беше зборот. Треба самите да се цениме ако сакаме и другите да не ценат.

Засега не е така, ама не смее да остане така.

11.Сеуште свежо се сеќавам како,

во славното време на приказната за Паљурци, некој Хунз, така барем кажуваа, беше вшетал во зградата на Општина Богданци. Обезбедување го беше затворил тротоарот покрај општинските згради и не пушташе пиле да прелета. Само Марина Дочиновска и Мелпомени Корнети можеа да поминуваат низ шпалирот обезбедувачи. На мене кој случајно се затекнав во близината не ми беше дозволено да излезам од паркот. Морав да користам врски за да ми биде дозволено да седнам на клупа и да гледам накај Општината. Дури, затоа што со себе си ја носев опремата, беа испратиле еден за кој пресметале дека ќе го послушам за да ми каже дека НЕ СМЕАМ ДА СЛИКАМ. Не беа сигурни дека ќе го послушам обезбедувањето кое веќе ми беше наредило да не го правам тоа

Јас не сликав не затоа што така ми беше кажано туку затоа што немав што да сликам. Присуството на Мелпомени и Марина во Богданци тешко дека ќе го интересираше некој. Тој на кој му беше приреден пречекот беше пречекан на ниво на Градоначалник, ама немаше протоколорно објаснување за срештата. Градоначалникот во придружба ги имаше неговиот личен советник за патриотски прашања и сива еминенција на општинската политика и „специјалниот претеник“ за кого не знам во кое својство беше таму.

Пречеканиот, пак, така облечен во тренерки можеше да помина како малостопанственик во дејноста „старо купувам“ никако не можев да го рангирам иако потоа се кажа дека бил некаков принц. Можело и да е така. Во бајките се е можно. Во нив и жабароците ако прописно се бакнат се претвораат во принцови.

Настанот под наслов „Додека размислував седејќи на клупа во паркот“ тогаш го изнесов во „Поглед“, ама на никој не му падна незгодно поради тоа. Сега сите се изненадени од долгиот список на борчови на Општина Богданц. Накои од нив беа направени за кралевски дочеци. Каде беа тогаш советниците од претходниот состав да се заинтересираат за разноразните дубари што им ги правеа пред носот. На мислење сум, ако има квака во прописите, некои непромислени трошоци што настанале за време на нивниот мандат, да бидат наплатени од паушалите кои им ги должи Општината. Не може се да биде на грбот на ГРАЃАНИТЕ. Нека падне нешто товар и врз грбот на ИЗБРАНИТЕ.

Каде ли Богданци толку згрешил и кому, та му се случуваат такви недокваканости?

12.Марфи вели дека понекогаш е

многу подобро да не си сам отколку да не си со сите.

Ова ми звучи добро.Како што ми се чини логично

човек да е по малку луд отколку да е помалку паметен.

Се е работа на избор. Марфи го знае тоа. Крајно време е и ние да

стекнеме искуства на тој план.

О г а н о д с л а м аПоглед од мојот агол

Page 5: Pogled Br.55 Oktomvri 2013

�ПОГЛЕД ,Октомври 2013

Пишува:

КрстеЛештов

Светот низ очите на другите

Сакаш да го видиш вистинскиот свет? Најпрво, погледни го светот низ очите на другите. Ќе видиш потполно различни светови. Исти луѓе, а различни светови кои се допираат меѓусебно, ама сепак се различни. А сите за себе сметаат дека го имаат вистинскиот поглед на светот, што воопшто не е точно. Сите имаат различна перцепција за која веруваат дека е вистинската. Ама тоа не е така.

Светов – тоа е едно мирно место, онака како што треба да биде. Не, ова не е мојот видик, ниту тоа што очите ми го кажуваат. Хаосот, болката, страдањето, се случуваат во умот на луѓето, исто како и среќата, радоста, задоволството. А над сето тоа постои вистинскиот свет, чист мир кој не е определен од ништо. Чиста чистина. Таму нема емоции, чувства, мисли, прашања, одговори. Таму сé е одговорено, сé е кажано, сé е... Само преостанува да се живее.

Ама токму тоа секому му е потребно, чист мир, живот. Сите тоа го посакуваат, но на луѓето им недостасува она потребното за да стигнат до тоа, а тоа е вистинското знаење за животот. Вистинското знаење, подразбира практично живеење. Како би бил среќен ако секојдневно ги повторувам истите налудничави навики? Тука е коренот на општоземските страдања – слепа заробеност во налудничавите

навики, кои дури и се сметаат за нормални.

Создавајќи едно општо мислење кои им се наметнува на луѓето како исправен начин на живот, генерации и генерации се уништуваат, создавајќи од нив послушни робови со програмиран ум. Таквите умови не знаат поразличен живот од оној кој им го наметнале како „исправен“. Ваквото едноумие го однесе светов на патување од кое нема враќање. Само поединците кои ќе се разбудат ќе успеат да се вратат и одново да се родат во вистината. Тие луѓе ќе се родат во вистинскиот свет и нивните очи нема да бидат единствен сведок на светов. Овие луѓе веќе ќе ја чувствуваат суштината на животот и затоа никој нема да може да им го програмира умот. Дали сакаш повторно да се родиш во вистината?

Знај, дека тоа е најголемиот подвиг во вечноста и ќе мора да го жртвуваш целиот твој досега познат живот и сите вештачки навики, за да се ослободиш од илузијата. Само тогаш ќе го видиш светот од вистинската, божја перцепција. Светов низ очите на луѓето се набљудува различно, ама вистината е една. Таа е и моја и твоја апсолутна вистина. Можеш да ја разбудиш, ако сакаш и ако си упорен. Дадено е сé, само треба да се земе. А за да се земе треба да се има храброст.

За да се живее живот во вистината треба храброст. Огромна жртва, а таа жртва е човечкото его врз кое може да се наталожи сета ‘рѓа на илузијата. Жртвувајќи го лажниот идентитет, се раѓаме во вистинскиот, божествениот. Таму сите сме Едно. Ти Си Јас, а...

~Јас Сум Ти

Со мирисот на есентаСтории во „бла-бла“ фазон

Пишува:

АнитаЏиџева

По повод 23-октомври, Денот на формирањето на Македонската револуционерна организација, делегација на ВМРО-Народна партија од Богданци ги посети спомениците на паднатите револуционери за ВМРО и самостојна и независна Македонија и со тоа одаде должна почит кон нивното дело.

Беа посетени спомениците на Леонид Јанков и Трајко и Теохар Попови во село Ѓавото и споменикот на Стојан Мандалов во село Стојаково и беше положено свежо цвеќе на нивните споменици.

Коме

рциј

ален

огл

ас

Соопштение од ОК на ВМРО-НП, БогданциСоопштение од Кабинетот на Градоначалничката

Анастасија Олумчева, Градоначалник на Општина Богданци, вчера 15.09.2013 година оствари средба со министерот за надворешни работи на Република Македонија, г - н Никола Попоски.

Во рамките на посетата на министерот Попоски Градоначалникот на Општина Богданци ја имаше можноста да ги истакне клучните проекти и приоритети на општината.

На средбата Олумчева истакна дека најзначајни проекти за кои се залага Општина Богданци се реновирањето на Дом на културата и подобрување на инфраструктурата во општината. Истите ќе придонесат кон задржување на културното и идентитетското наследство на граѓаните во општината и поголеми можности за инвеститорите.

Општина Богданци според територијалната поставеност претставува една од најсериозните општини кои можат да придонесат кон поголем бизнис развој за

потенцијалните инвеститори. Затоа според Градоначалник на Општина Богданци, Анастасија Олумчева клучен приоритет е информирањето на потенцијалните инвеститори за можностите во Општина Богданци.

Министерот Попоски укажа дека регионот и Општина Богданци ќе имаат големи придобивки кога Република Македонија ке стане членка на Европската Унија, аргументирајќи дека постоечката инфраструктура и локација близу границата со Република Грција и Република Бугарија се пригодни за огромен развој на економијата во регионот.

За да се исполнат барањата на потенцијалните инвеститори министерот Попоски посочи дека е значајна и стручноста на работната сила во Општина Богданци, по што градоначалничката Олумчева информираше дека во регионот постои најголем број на квалификувани работници.

Го ветив текстот, времето за негово предавање се наближи, од уредништвото ми праќаат сигнали, а јас никако да се наканам да седнам и да ви напишам некој убав, весел, здрав збор... Да си направам еден муабет со вас. Муабет, ама како монолог. Јас сама ќе си лафам, ќе си поставувам прашања и ќе си давам одговори.

А, вие!? Што вие? Каде ви е местото во сево ова? Како каде ви е местото! Па вие

сте веднаш до мене. Вие сте мојата инспирација. Вам ви се обраќам.

Дали има нешто да си кажеме?

Е кога немало? Ако треба и ќе измислиме. Барем за тоа не бива.

Јас ваа п’т ќе се навратам на секојдневните ситуации.

Луѓе, бре, еднаш кажав и пак ќе кажам, ногу сме ладни. Бус истинати.

Бев на приредба во основното училиште. Отидов да гледам како иднината наша,децата, оро как ќе играат. На наште деца гости им дошле, да ни пеаат, да ни играат и сите заедно да уживаме. Некој се потрудил, организирал, собрал луѓе... направил се што треба.А децата, разиграни, да ти ја наполнат душата Милина една.Преубаво случување.Каков ќејф ми направија. Особено последната група. Не престанав да ракоплескам. Значи салата беше полна. Ама ние,со нашиот менталитет, пак ја утнавме работата. До крајот на приредбата два реда публика не остана. Срамота.

Си ги изгледаа децата, ги исликаа, си ги преоблекоа и дрим да ги нема - си отидоа. Ладно,

себично и ич морално. Жив срам ме изеде. Многу се изнервирав. Полна сум ѓуч. Чалан на душата имам.Јас не отидов да гледам некого посебно. Отидов да ги видам сите. Едноставно мислам дека таквите настани се битни за натамошното развивање на децата. А многу од тие што се дел од тоа гледам не го испочитуваа трудот на другите. И оваа што го пишувам џабе го пишувам. Нема да смени ништо. Кој ќе те разбере?

Кај децата има огромен потенцијал. Ние возрасните сме слабата алка во тој синџир. Синџирот секогаш се кине кај најслабата алка.

Е, Петар, Патар, си реков, спремуви ги ако немаш друга работа. За кого? Али ти подавам рака. Алал да ти е. Се шо направи сам си направи и се гордееме со тебе. Терај натаму. Активностите што ги работиш знаат да ги променат работите. Знаат да направат една позитивна атмосфера.

Оваа го кажувам, оти знам дека е така. И јас одам на игаорна. Да. Си одме таму и си играјме оро. Оти, пак, да не! Ем е убаво, ем е корисно. Утре-унааден, ќе ти се најде. Мер треба да дремме пу свадбите? Ма има да не се пуштам од орто.

„Рас-два-три, два-да-три..“, се бројат чекорите. Тапанот во заднината го држи ритамот. Музиката...фантазија.За душа. Ние, стиснати со дланките, не се испуштаме. Нозете сами одат напред. Се газиме една со друга, ама врвиме напред. Нема откажувања.

А сакаа да не соборат. Да ни ја расипат оваа весела дружина. Арно, ама, каде има слога има и бога. Не успееја.

Сега, во моментот, наредени како аптекарски шишиња, сите насмеани, со позитива и нестрпливост за што побрзо почнување, спремаме едно нов оро. Свекрвино. Едно од моите омилени ора. Чепатеш да те отепе. Се вртиш лево, се вртиш десно, погледнуваш ваму, погледнуваш таму, де главата горе, де рацете доле... хм.

Како не сум знаела порано дека е толку убаво. М’ка ми иде шо не сум знајала.Как ќе си бех избалансирана

сега. Се е во балансот, да знајте. Ама шо распраавам. Доста

расправах. Кој не видел и доживеал не може да разбере. место треба да се почувствува. Ако ве фаќа мерак, повелете. Отворени сме за сите. Многу луѓе се таксуваа дека ќе дојдат да ни се придружат. Само на муабет останаа. Типично. И разочарувачки.

На нас, пак ни ветија дека на лето ќе не носат на шетајне. Е, тогаш да ве видам. Затоа доаѓајте додека има време.

Приредбата беше вчера, во сабота, вечерта. Денес е недела. Часот е веќе 11, а јас лутам по интернет страниците и се осеќам бескорисно. На радио се врти некој благ рок. Пепелникот сум го наполнила со цигари, а кафето недопиено. Го шмркнав набрзина и излегов.

Предвидоа дожд и намалување на температурата, а надвор пука сонце. Како пролет е, а октомври само што не си заминал да му направи место на ноември.Во недела на 27 и часовниците ќе ги местиме. Ќе се префрлиме на зимското сметање на времето и ќе си стануваме еден час подоцна.

Овие метеоролозите врска немаат. Или намерно не лажат. Денот е прекрасен. И пазарен. Ептен погоден за правење зимница. Цело Богданци мирисе на пинџур, на слатко... Веднаш ти ги отвора сетилата и ти се пр’јадаве.

Мириса и на огин и на кадеш. Ама, ако. За арно нека е. И за арно е.

Се спремме за зимта. Ќе има бабарела. Ќе се крка. Кој пинџур, кој слатко, кој... кој што има. А мене еден мерак што ме има фатено за дуњи. Дури ги сонувам. Кој има нека викне да си наберам и да си направам слатко.

Ама ми изгледа оти ќе нема снег. Ако нема снег ќе нема и снешковци. Ми стое ние ќе треба да изигруваме снешковци. Ќе облечеме бели јакни, ќе си ставиме морков во устата и ќе ги плашиме комшиите.

Е, какви идеи имам.

Page 6: Pogled Br.55 Oktomvri 2013

� ПОГЛЕД ,Октомври 2013

Мислења „Поглед“ понекогаш нема да се согласува со содржините на некои текстови во оваа рубрика, но секогаш, доколку не излегуваат од рамките на нормалното однесување, ќе ги објавува.

Излезе „Информатор 2013/2014“ на „Петар Мусев“Општинското училиште „Петар

Мусев“ во Богданци има практика да издава свое информативно гласило. Гласилото, едноставно наречено „Информатор“ на кој е додадена и учебната година се објавува во електронска форма и во печатена форма, во вид на леток, и има за цел, на едно место, да ги изнесе сите важни информации што се однесуваат на нивното училиште.

Во импресумот на гласилото пишува дека е подготвено од Невена Петрушева и Снежана Енџекчева, дека училиштето се наоѓа на улица „Крушевска“ бб во Богданци, дека телефонот за контакт е 034 221 034, дека електронската адреса е [email protected], дека директор на училиштето е Здравко Иљачев, дека педагог е Снежана Енџекчева, а психолог Невена Петрушева.

На заглавната страница стои одредбата дека мисијата на училиштето е да биде простор за образование, воспитание, креативност и инспирација, одговорност, култура и рекреација.

Потоа се вели дека нивна визија е, преку тимска работа, да го унапредат квалитетот на наставата, стилот на однесување и условите за работа, што ќе придонесе училиштето да биде средина која ќе им прави задоволство на сите ангажирани субјекти.Како цели се поставени подобрувањето на квалитетот на наставата со користење активни форми и методи и интернет во наставата, унапредувањето на оценувањето и подобрување на физичките услови за работа со замена на системот за затоплување, со реконструкција на училишниот кров, со замена на оштетените подови, со опремување сензорна соба и со санација училишната фасада.Во училиштето учат 482 ученици од кои 238 машки и 244 женски. Од I

до V одделение учат 243 ученици, а од VI до VIII одделение учат 214 ученици. Во подрачното училиште во Ѓавото учат 25 ученици.Училиштето има 23 паралелки, а се ангажирани 37 наставници, 2 стручни работника, 1 администратор и 6-мина технички персонал.

Училиштето работи во две смени. Првата смена почнува во 8 часот, а втората смена во 11 часот. Часовите траат по 40 минути.

Изборни предмети се: од III до V одделение - Работа со компјутери; во VI одделение – Етика на религиите; во VII одделение – Нашата татковина; во VIII 9 одделение – Проекти од

информатика и програмирање; во VIII одделение – Проекти од ликовна уметност, Нашата татковина, Вештина на живеење.

Прокти што се планирани за оваа учебна година се: Креативна настава; Образование за животни вештини; Имам право; ИКТ во наставата; ПЕП проект; Проект за модернизација на образованието; Компјутер за секое дете; ЕКО проект; Промовирање на ненасилство; Бесплатни учебници.

Оценувањето на учениците од I до III одделение е описно, од IV до VI 9 одделение е комбинирано ( описно на тромесечијата, а бројчано

на полугодитео и на крајот на учебната година) и од VI 9 до VIII одделение е бројчано.

Екстерното проверување на постигањата на успехот на учениците ќе биде во периодот мај-јуни 2014 година.

Отворен ден за соработка со родителите е секој последен четврток во месецот.

Како наставни екскурзии се планирани: Посета на Скопје, за III одделение; Настава во природа, за IV одделение; Дводневна во Западна Македонија, за VI одделение; Посета на Дојран, за VI одделение; Посета на театар и саем на книги во Гевгелија, за VIII 9 одделение; Тридневна низ Македонија, за VIII 9 одделение.

Како рекреативни екскурзии се планирани посета на Ски-центар, посета на спортски натпревари и рекреативен ден за ученици и наставници.

Зимски одмор учениците ќе имаат од 31 декември 2013 до 19 јануари 2014 година. Летниот одмор ќе биде од 11 јуни 2014 до 31 август 2014 година.

Неработни денови во училиштето се: 9 септември; 11 октомври; 23 октомври; 9 декември; 18 април; 21 април; 1 мај; 6 јуни.

Како културни активности планирано е да се обележат: Првиот училишен ден; Детската недела; 10 и 11 Октомври; Новогодишните празници; 8-ми Март; Ден на дрвото; 1-ви Април; 26-ти Април (патронат на училиштето); 24-ти Мај; Доделувањето свидетелства.

Претседател на ученичката заедница е Кире Лисичков, негов заменик Бранкица Демерџиева, а секретар е Дамјан Димитров. Задолжен за ИКТ подршка е Антонио Прчаве, а серетар е Оливер Трајков.

Одделенски раководители се: на I а –Ангелина Арнаудова; на I б –Риса Бејкова; на II а- Стефана

Демерџиева; на II б-Кристина Каракабакова; на III а – Наталија Манолева; на III б-Наталија Сапламаева; на IV а-Ванга Ванчева; на IV б-Лила Станчева; на IV в-Марија Кундурџиева; на V а-Силвана Маџирова; на V б Соња Лазарова; во ПУ Ѓавото - Ирена Прочкова и Благица Минова; на VI а –Сашко Петрушев; на VI б - Дитка Дронова; на VI в-Невенка Тодоровска; на VII а-Атанас Нанчев; на VII б –Катерина Чрчева; на VIII а 9 –Адријана Тодорова; на VII б 9- Љупчо Стојков; на VIII в 9-Томида Окова; на VIII а 8-Бисерка Лазарова; на VIII б 8-Фиљо Танов.

Други предметни наставници се: Ковилка Енџекчева, Рисана Тасева, Софија Проданова, Николинка Ќамилова, Владо Ангеловски, Елеонора Трајкова, Соња Каракамишева, Марија Зафирова, Ристо Чрчев, Благој Караколев, Томе Попов, Горан Лазаров, Бранко Сапламаев, Елисавета Вржалова, Фиданка Енџекчева и Милица Данаилова.

Советот на родители го сочинуваат: Васе Панов,претседател, Македонка Решкова, Драгица Станковиќ, Билјана Чучанова, Анета Милановска, Снежана Цилева, Божица Пеева, Јулија Чавдарова, Александра Картелова, Елеонора Стојчевска, Магдалена Павиќ, Магдалена Ичкова, Кире Стојанов, Лујза Богатинова, Ингрит Станчева, Жаклина Новоселска, Анета Пеева, Валентина Узунова, Марина Станковиќ, Даниела Михајловиќ, Марија Узунова, Гордана Манолева, Анита Мурџева и Живка Проданова.

Членови на Училишниот одбор се: Љупчо Стојков, претседател, Софија Проданова, Ристо Чрчев, Јованка Станчева, Јасмина Каракамишева, Соња Каркалашева, Магдалена Ичкова и Лујза Богатинова.

Детски фолклорни средби„Вечерва ќе не води три

четвртински такт“, рече најавувачката на почетокот на Детските фолклорни средби што вечерта на 19 октомври, во организација на Фолклорниот ансамбл за песни и игри „Мегдан“ од Богданци, се одржаа во Основното училиште „Петар Мусев“ во Богданци.На средбите учествуваа Ансамблот за народни песни и игри „Јонче

Христовски“ од Скопје, Фолклорниот ансамбл „Бојмија“ од Гевгелија и домаќинот Фолклорниот ансамбл „Мегдан“ од Богданци.

Тие пред многубројната публика се претставија со кореографии од нивните репертоари.

Во прекрасната детската разиграност присутните можеа да ги проследат изведбите на „Билјана“, „Водарки“, „Источна“, „Тресеница“, сплет игри од Повардарието и Малешевски игри.

Одговорност за одговорностаТоа отприлика би требало да

се бара секогаш кога во прашање е одговорноста.

Не да се биде генерал по битката. Лесно е да се биде паметен отпосле. Работите треба да се согледуваат навреме, критички да им се пристапи на моментите кои навестуваат натамошни проблеми и да се преземаат чекори тие да се отстрануваат.

„Поглед“ во своето августовско издание од 2009 година (број 5), додека се градеше спортската сала за средното училиште укажа дека атмосферската вода ќе биде прашање од кое во иднина ќе боли глава.

Не поминаа ниту еден асален мандат и заѕвонија алармите. Во средното училиште се појави влага чие извориште се подземните води.

Нормално. Само еден мал дел од

атмосферските води истекува покрај стара зграда на училиштето, од нејзината западна страна и се излева низ предниот двор на училиштето и натаму по системот каде што ќе најде место.

Другата вода е насочена кон средишниот дел на старата зграда од каде низ гериз, под зградата, оди некаде кон канализацијата.

Најголем дел од дождовните води се слева источно од старата зграда и таму некаде кај спојот на двете згради се влева во некоја шахта од каде потоа оди некаде.

Се случувало поради затнување на шахтата водата во тој агол да се насобере толку многи и да притиска на вратата од новата зграда низ која се излегува кон салата и игралиштата. Најчесто вратата се обезбедува за водата да не продре во училиштето, ама, бидејќи нема каде да оди, таа се впива во тлото. Таа впиена вода, во комбинација со природната влага на почвата која е обилна (копањето на визбата под ресторанот покажа за која количина влажност се работи) сега му прави проблеми на училиштето.

Училиштето проблемот го става дури и во Годишните програми со надеж дека во Министерството или кај Општината ќе наиде на разбирање са за отстранување на

влагата од училниците.Многу малку требаше да се

обезбедат услови за насочување на атмосферската вода во побезбедна насока. Тогаш се можеше затоа што инвестицијата беше во тек.Само малку требаше да му се посвети внимание на прашањето. Само неколку цевки со соодветни профили. Државата на нејзин трошок ќе го решеше прашањето. Сега ќе треба железни пинци да се обујат за да се дојде до пари за надминување на

проблемот или да се најдат пари од локалниот буџет.

Затоа не е згора понекогаш да се земат предвид сугестиите што доаѓаат отстрана. Лесно е да се биде кабадија кога ти се може. Нека дојдат сега кабадиите и нека го решаваат проблемот. Но тие не се веќе тука. Ги оставија проблемите други да се расправаат со нив.

Како потврда за изнесенов во прилог на текстов даваме копија тогашниот напис.

Напредува градбата на спортската сала на Општинското средно училиште „Богданци“. Габаритноста на кровната конструкција на салата, ориентацијата на крововите на зградите од училиштето и конфигурацијата на теренот каде што е сместено училиштето треба да се има предвид при решавањето прашањето на атмосферските води. Постојниот ѓериз што ја прифаќа водата од постариот дел од училиштето кој оди под него, излегува до паркот и натаму оди до колекторот под паркот и постојниот ѓериз кој ја прифаќа водата од поновиот дел од училиштето и е вклучен канализацијата кај дворната чешма тешко дека ќе можат да ја прифатат и водата од кровот на салата. Затоа уште сега треба да се води сметка за тие моменти за да не ни се случи водата при обилни дождови да ни поминува низ училиштето.

Ќе ја соберат ли ѓ еризите водата?

Текстот што беше објавен во Августискиот број од 2009 година

Page 7: Pogled Br.55 Oktomvri 2013

�ПОГЛЕД ,Октомври 2013

Мислења „Поглед“ понекогаш нема да се согласува со содржините на некои текстови во оваа рубрика, но секогаш, доколку не излегуваат од рамките на нормалното однесување, ќе ги објавува.

Детски фолклорни средби

Долговите и

должницитеОдекна веста дека Управата

за јавни приходи на Република Македонија побарала Собранието на Република Македонијада се донесе некаков акт со кој нејзе, на УЈП, ќе и биде дозволено на нејзината веб-страница да може да ги објавува имињата на субјектите, физички или правни лица, што имаат неизмирени долгови кон УЈП.

„Поглед“ број 10, во јануарското издание од 2010 година излезе со напис со наслов „Податоците за плаќањето на сметките за вода треба да се од јавен карактер“. Сметајќи дека темата е актуелна написот беше сместен во ширитот на првата страница. Тие што знаат како се прават весници и вести ќе знаат дека тоа ја сортираше темата што се третираше во написот како многу значајна и многу актуелна.

Актуелноста и ја носеше активноста што се преземаше за да се формира ново комунално претријатие за да се избегне можноста Богданци да остане без вода за домаќинствата бидејќи сметката на „Водовод“ беше блокирана, а ЕВН не даваше струја за пумпите беспари.

Значајноста, пак, и ја обезбедуваше фактот дека „Водовод“ имаше долг од околу 500.000 евра за кој никој жив не знаеше како ќе биде намирен оти на „Водовод“ никој не му ги плаќаше долгувањата.

„Поглед“ дојде до списокот на должници. Списокот беше бајаги долг. На списокот имаше ликови кои се маткаа низ јавната и, особено низ политичката сцена на Богданци. Дури еден од нив на официјално место изјави: „Да платам за вода! Мер ако сум будала?“.

Некои од нив на „Водовод“ му

должеа по неколку илјади евра. Потикнат од примерот на

Струмица каде што имињата на должниците кон нивното јавно комунално претпријатие беа ги објавиле на билборд во центарот на градот за потоа должниците како попчиња да си го платат долгот, а оние со име и презиме долго да гледат конземи при разминување со другите струмичани, „Поглед“ побара од „Водовод“ да му дозволи да го објави списокот.

Од „Водовод“ експресно одговорија дека работата нема да ја биде оти тие биле лични податоци кои не смеело јавно да се изнесуваат. Било тајна, рекоа. Чија тајна? Нивна?

За да нема некое недоразбирање тое е времето кога експресно се менуваа вршителите на должноста директор во „Водовод“, а навалицата да се стигне до членство во Управниот или Надзорниот одбор на претпријатието беше голема.

Така „Поглед“ си остана со списокот во рацете како со прстот во устата, „Водовод“ заврши на ѓубриштето и уште е таму, а долговите кон него се стопија. Ги снема.

Веста за можноста да се објави списикот на должниците кон УЈП му носи морална победа на „Поглед“. Тогаш ќе може да ги потпраша должниците кои и натаму се должници, ама се избришани трагите за нивното долгување, дали долгот за неизмирени обврски кон заедничката каса на заедницата Богданци е личен податок или е обична долност. Долност од најнизок вид.

Во поткрепа на своето тврдење „Поглед“ ја изнесува интегралната верзија на текстот објавен во јануарскиот број од 2010 година.

Податоците за плаќањето на сметките за вода треба да се од јавен карактер

Текстот е објавен во “Поглед” бр.10 за Јануари 2010

Рубриката „Мислења“ е наменета за изнесување лични мислења на читателите на „Поглед“. Ја користам можноста во неа да изнесам дел од мојата лична документација што се однесува на Собирот на граѓани што беше организиран во Богданци два дена пред референдумот за независност. На тоа ме поттикна лефтерноста со која го испративме овогодишниот 8 септември без збор да се кажеза 8-ми Септември кој по Асномскиот Илинден, или заедно со него, е инсигнијата, бајракот на Република Македонија.Понекогаш треба да се знае кога што се случувало во Богданци. Особено треба да се знае како се случувало тоа. Во тоа време работев како секретар на Месна заедница Богданци и активно бев вклучен во сите случувања. Ова случување го организирав и со него претседавав.Како претседавач почнав со овој воведен говор:

„Почитувани сограѓани,Сите знаеме дека македонскиот

парламент на 6 август одлучи граѓаните на Репувлика Македонија со лично изјаснување, по пат на Референдум, на 8 септември да да одговорат на прашањето дали се „ЗА“ или „ПРОТИВ“ „Република Македонија да стане Суверена и самостојна држава Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверените држави на Југославија?“

По тој повод Месната заедница го организира овој собир на кој сите заедно ќе се обидеме да ги разгледаме содржините кои ги бара прашањето и содржините што ги нудат одговорите.

На Собирот се присустни: -г-дин Петар Гошев, пратеник

во Собранието на Република Македонија, претседавач на Сојузната делегација и член на Уставната комисија, кој ќе ни објасни што значи Референдумот за Македонија, ќе се осврне на одредбите од Уставот на Република Македонија и ќе ни каже

што значи сето тоа за заокружување на македонската државност;

-г-дин Ристо Станковски, пратеник во Собранието на Република Македонија кој ќе ни објасни како дојде до идејата за распишување на Референдумот;

-г-дин Џоко Атанасов, претседател на Собранието на Општина Гевгелија;

-г-дин Ратко Стојков, потпретседател на Собранието на Општина Гевгелија

и г-дин Насо Каракабаков, член на Општинската комисија за спроведување на Референдумот кој ќе ни ја објасни процедурата на изјаснување и ќе ни каже како течат подготовките за Референдумот.

Во ваше име на Богданци им изразувам добродошлица.

Референдумот по својата суштина е општо прифатен демократски чин на лично изјаснување со кој преку мислењето на поединецот се одредува мнозинското мислење на колективитетот од што, пак, се формира генералниот став за прашањето на кој се однесува референдумот.

Во нашиов случај македонскиот народ, МАКЕДО0НСКИОТ НАРОД пред се, и претставниците на другите народи и етнички групи што живеат во Република Македонија се повикани на 8 септември да се соочат со прашање од чиј одговор ќе се потврди минатото, ќе се дефинира сегашноста и ќе се определи иднината.

Сите тие моменти и нивната суштина, се надевам, ќе се разјаснат низ расправата што ќе се води и што ја отворам сега.“

Потоа уследи расправа.И јас учествував во расправата

и ја изнесов следнава содржина:„ Би сакал да ми се дозволи да

го изнесам и моето лично мислење.Гордо е чувството што што го

исполнува човек посматрајќи ве од овде. Меѓутоа мора да се признае дека таа глетка е само контура. Целосната слика ќе се добие во недела на 8 септември.

Со целосна и длабока почит кон нашите Асноми и Илендени, нашите Кресни и Востанувања, па, ако сакате, и кон нашите далечни историски повикувања, мора да ни биде јасно дека македонскиот народ на 8 септември ќе ја бие својата единствена –прва и последна битка. Битка за која сме немале пример во минатото и за која ќе нема шанса во иднината.Најважно е што резултатите од оваа битка ќе бидат изразени со проценти на дадени гласови. И тоа по мене е мошне важно. Јас не се сомневам во позитивноста на резултатите од изјаснувањето во Богданци и воопшто во Македонија.

Работев на ажурирањето на списоците за овој референдум. Сум работел и на други изјаснувања. Знам дека од 4.200 граѓани со право на глас во Богданци на референдумот можат да излезат 3.600 граѓани. Ако од нив 3.500 граѓани го заокружат одговорот „ЗА“ тогаш можеме да говориме за национален консензус во Богданци. Позитивни резултати на Референдумот ќе се добијат ако позитивно се изјаснат и само 51% од избирачите. Но прашање е што ќе добиеме од тоа. Дали тоа ќе биде конечниот дострел на нашите мечти? Мечтите што ги наследивме од нашите претци и што ќе им ги оставиме на нашите наследници. Не.

Секој резултат што ќе содржи помалку од 75% позитивни одговори

е пораз за македонскиот народ. Конечен пораз. Пораз занавек.

Сограѓаните од другите народи со кои го делиме овој македонски простор можат и вака и онака да се изјаснат на Референдумот. За нас Македонците нема алтернатива.

Попусто ќе ни биде повикувањето на Самоиловата сенка. Таа постојано ќе се сопнува на својата круна.

Попусто ќе ни биде покажувањето на нашето културно богатство. Тоа ќе се задушува во својата насловеност. Затоа потсетувам: На Референдумот, наспроти се, ние нема да се изјаснуваме за сувереност и самостојност. Борбата за самостојност и сувереност допрва ни претстои. Ние на 8 септември ќе се бориме за својот идентитет. И за своја територија. Ова не е самно политичко прашање. Уште помалку дневно. По обичај веќе го крстивме истириско, но да не заборавиме дека историјата ја пишуваат победниците. Затоа мораме да направиме се на 8 септември да победи македонското име. Да им покажиме на оние од Атина, од Софија и од Белград дека овој народ и оваа земја не се само географски поим. Да им покажеме дека овој народ секогаш бил свој на своето и да ги разбудиме од нивните светисавските, санстефанските и панелинистичките соништа кои сеуште ги сонуваат.

На Референдумот нема да победи или изгуби ниту едно политичко уверување. Референдумот не смееме да го сфатиме како политичко уверување. Референдумот не смееме да го сфатиме ниту како политичка хомогенизација. Рефрендумот мораме да го сфатиме како национална идентификација.

Ништо не е тешко да се направи доколку тоа не мораме да го направиме сами. Но ние друг избор немаме. Затоа што и во животот готови патишта нема. Патиштата се прават одејќи. Овој пат мора да го изодат сегашниве генерации.

Затоа ајде да зачекориме по патот што нашите претци ни го посочија. Ајде да го направиме тоа зашто, во спротивнио, се плашам дека сериозно ќе биде во право оној сатиричар кој во една прилика ќе изјави:’Додека македонскиот народ низ историјата се бореше за своја црква и свој јазик другите се бореа за свои држави.Потоа другите, во своите држави, си создадоа јазик и си правеа цркви какви што сакаа. Македонците сеуште се борат за својот јазик и својата црква.’

Благодарам.“Доцна во ноќта Собирот

мораше да се приведе кон неговиот крај. Собирот го завршив со следните зборови:

„Почитувани, сметам дека водевме доволно расправа и дека се слушнаа секакви мислења. Врз основа на сето тоа може да се одреди и основната ориентација која недвојбено покажува дека наш интерес е на 8 септември сите, или најмногу што можеме, да излеземе на референдумот и да го дадеме својот глас за суверена и самостојна држава Македонија. Се согласувате ли со ваков заклучок кој би бил и пораката што од овој Собир ќе ја испратиме до граѓаните на Богданци и граѓаните на Македонија?“Согласноста се потврди со аплауз.

„ Е па тогаш дајте да истраиме во стремежот. Нека ни аирлија 8 септември. Нека ни делотворно изјаснувањето. Нека ни е стамена државата. Нека ни е пристојна иднината..“

Уследи уште поголем аплауз.

Сеќавање на времето кога 8 септември стана 8-ми Септември

Илија ТумбовБошко Буха 7, Богданци

Сакајќи да ги информира своите читатели за случувањата во Богданци и сметајќи дека сепак се работи за информација од јавен карактер, „Поглед“ на 29 декември 2009 година се обиде од Јавното претпријатие за комунални дејности „Водовод“ да побара информација за редовноста на плаќањето на сметките за потрошена вода и се онаа што стои на тие сметки како обврска за плаќање кон „Водовод“, од 25 граѓани корисници на нивните услуги. Со барањето беа доставени и имињата на луѓето кон кој е насочен интересот на „Поглед“. Именуваните не беа случаен избор на барателот туку беа субјектите кои на определен начин имаат или имале врска со настаните во и околу комуналните дејности во Богданци. Прв на списокот беше авторот на овој текст, па градоначалникот , па сите 11 советници, па сите 5 члена на Управните одбори и сите 5 члена на Надзорните одбори на општинските комунални претпријатија како и бившите градоначалници. Во своето барање „Поглед“ се повика на Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер сметајќи дека ничиј личен однос кон јавната ни заедничка сопственост не смее да биде исклучок од слободниот пристап до информации.

Во образложение на одбиеното барање , покрај другото, беше цитиран следниот став од членот 6 на Законот за слободен пристап до информации: „Исклучок од слободен пристап до информации има давањето информации од личен карактер ( личен податок) кое би значело повреда на Законот за заштита на личните податоци, односно податок со кој би

можел да се наруши угледот и честа на лицето за кое се дава податокот и кој би можел да предизвика други негативни последици по личноста.“ Понатаму од „Водовод“упатуваат дека доколку се добие согласност од лицата за кои се бара информацијата тие биле спремни да ја дадат.

На надлежните од „Водовод“ не може да им се најде забелешка што сметаат дека законски се ограничени во давањето информации бидејќи недореченоста на нашите закони навистина може да им предизвика непријатности. Но се прашувам: не ли е нарушен мојот углед и мојата чест и не ли се предизвикани негативни последици по мојата личност со фактот дека јавното претпријатие кое треба да ми ги обезбедува сите комунални услуги за кои сме се договориле да ми ги врши, а јас да си плаќам за тоа е удавено во долг од 500.000 евра и заради тоа по многу основи е ограничено во вршењето на својата дејност, а јас со ништо не сум придонел за тоа. Кога „Поглед“ посегна по барањето информации предвид ја имаше моралната димензија на прашањето, а не законската. Моралната страна на оваа прашање вели дека се што се однесува на јавните личности има јавен карактер. Тое се темели на таканаречениот феномен на знамето. Знамето што е истакнато на јарболот е јавно по дефиниција. Во неговата јавност тоа е подложно на многу влијанија. Виорено е од ветрињата, топено од дождовите или до кинење удирано од бурите. И да остане недопрено да си виси на јарболот сепак, од долгото стоење, знамето ќе избледнее од сонцето. Тоа е судбина што му следува со неговата јавност. А нештата можеле да имаат и друг епилог. Шарената крпа наменета за знаме можела да биде здиплена и оставена на некој рафт. Нејзиниот спокој и нејзината приватност немало да бидат нарушени од никој и од ништо, ама ќе си останела само шарена крпа. Никогаш немало да стане знаме истакнато на јарбол. Во тоа е работата што се однесува до приватноста и јавноста. Ако некој сака да биде јавна личност, да биде знаме на јарбол треба да знае дека се изложува на виори кои понекогаш знаат да бидат многу непријатни. Ако, пак, сака својата приватност да си ја чува надвор од интересот на јавноста нека не се топори на јарболот туку нека си седи дома и

нема да биде чепкан од бурата која беснее наоколу.

Некои луѓ е имаат по неколку илјади евра долг кон „Водовод“. Неодамна се поведе акција за собирање на долгот со одложено плаќање од по 100 денари месечно. Математиката вели дека ако некој има неколку илјади евра долг и ако тој долг го отплатува со рати од евро и половина на месец ќе му требаат неколку илјади месеци да си го отплати долгот. Бидејќи годината има само 12 месеци на некои ќе им требаат нејколку стотици години за да се расчистат со Комуналното. Извинете, ама јас толку време немам. Мене сега ме интересира дали луѓето кои донеле вакво решение имале интерес да го донесат. Дали имале конфликт на интереси, што би рекле на телевизија. Затоа ги молам актуелниот градоначалник, членовите на Советот на општина Богданци, членовите на Управниот одбори на комуналните претпријатија и членовите на Надзорните одбори на комуналните претпријатија јавно да се изјаснат дали ги имаат измирено своите обврски кон „Водовод“. Барањето го проширувам и на вработените во „Водовод“. За да се уверат повиканите дека изјаснувањето не боли јавно изјавувам дека јас, Илија Тумбов, лично и семејно, на Јавното претпријатие за комунални дејности „Водовод“ - Богданци не му должам ништо по ниту една основа. Дополнително, на „Водовод“ јавно му дозволувам сите информации поврзани со мене слободно да ги направи достапни.

Ако, пак, на повиканите им е тешко личното изјаснување нека приложат согласност податокот да го дадат од „Водовод“.

Илија Тумбов

Page 8: Pogled Br.55 Oktomvri 2013

� ПОГЛЕД ,Октомври 2013

Парола на месецот Одекот на едно одамна минато време (четвртипат)

Црни точки

-Помагај како знаеш и умееш.-Застани, смири се малку,

полека. Прво, кажи ми кој си ти, што мака имаш та си дошол кај мене и каква помош бараш од мене?

-Јас сум еден сиромав човек, тука од околината. Женет сум, имам три дечиња и живеам заедно со мајка ми и со татко ми.

-Добро. И што мака те доведе кај мене.

- Седуммина сме, а сместени сме во една единствена соба. Неиздржливо е. Теснава, гужва...што да ти кажувам. Ќе се шикнам во главата. Се обидов да најдам излез од состојбата, ама никако да ми текне како.

-И дојде кај мене.-Да. Ми рекоа дека ти си многу

мудар човек и ако ти не ми кажеш како да да си го решем проблемот никој друг не ќе може. Затоа дојдов. Кажувај пријателе што да правам. Вака повеќе не се може.

- Велиш седуммина сте и живеете во една соба.Имаш ли кокошки?

-Имам неколку.-Земи ги во собата и загради

им кокошарник во некој ќош.-Кокошарник! Во собата?

Чекај, јас и така....-Ништо, направи како што ти

кажав и дојди по една недела.По една недела доаѓа

сиромавиот кај мудрецот и уште со влегувањето:

-Аман човеку, јас од тебе побарав да ми помогнеш, а ти ме советуваше да си го загорчам уште повеќе животот.

-Направи ли така како што ти кажав?

-Направив. Им заградив место на кокошките во еден о ќошињата и ги ставив таму.

-И?-Што и? Дури сега ќе се

шекнам во умот. Малку бевме ние, уште кокошките ми беа кусо во

собата.-Слушај сега. имаш ли нешто

друго од стока? -Имам една коза.-Внеси ја и неа во собата. -Козата!? И неа да ја внесам

во собата?-Да врзи ја некаде и дојди по

една недела.По една недела доаѓа

сиромавиот кај мудрецот.-Како е сега?-го прашува

мудрецот.-Што како е, му одговорил

сиромавиот. Што ми требаше да доаѓам да те прашувам за совет. Ај што се излажав да ти барам ум, па уште, будала, и те послушав.

-Добро, остави, туку како е сега?

-Лудница. Дома сите сме на крај со нервите. Оваа вака веќе не бива. Или кажувај што да правам или на друго место да си барам чарето.

-Слушај сега: Ќе си одиш дома. Ќе ја изнесеш козата надвор, таму каде што си беше и пред тоа. Ќе ги изнесеш и кокошките надвор. Кажи им на жените нека приберат малку и нека преметат. Нека помине денес, и утре одмори се, а задутре дојде пак кај мене.

По два дена дошол сиромавиот повторно кај мудрецот.

-Како е сега?- го прашал мудрецот.

- Арно е. Така може да се живее.Раат. Тивко, широко... за мерак.

Секој расказ, приказна, сказна ... што и да е, има своја порака, своја поука.

Поукатаа на оваа шега е дека никогаш не е толку лошо за да не може биде полошо.

Лошото секогаш е подобро од полошото.

Чиста метафизика.

Советите на мудрецот

Жената што ќе си дозволи да каже

дека сите мажи се исти, си дозволила да каже дека имала

искуства со многу мажи. Преземно од Жужа Кочиш

Овие растурени коцки можат да убијат некого

Ш е га

Така разлабавени од своите лежишта, на врвот од угорницата, во средиштето на најширокиот дел од главната улица, веднаш до централното паркиралиште и до автобуската станица овие камени коцки, зафатени од задните тркала на некое забрзано моторно возило можат да се претворат во проектил што може да заврши во некое друго возило. Може, бог да чува, да завршат и во нечие тело.

Кој имал можност да види како удира камен зафатен и исфрлен од тркало во силно движење знае за каква опасност станува збор.

Редно е некој да ги нареди и обезбеди оти многу долго време се така растурени.

Драги Семенпеев-Цапе, Иво Попов, Миро Радески, Бети Петкова, Мите В. Чакалов, Милчо М. Ванов и уште некои други, под закрила на Месната организација на Сојузот на социјалистичката младина на Социјалистичка Република Македонија (предолго име што значеше едно: младите од Богданци организирани за да можат да си ги задоволуваат своите младински потреби) кон крајот на седумдсеттите и почетокот на осумдесеттите години од столетието што замина се беа соединиле околу Младинската ликовна секција „Бо-Џо“. Оваа „Бо-Џо“ беа првите слогови од името на Месната заедница Богданци која го носеше името на во Втората светска војна трагично загинатиот родољуб Борис Џонов.

Треба солидна севкупна анализа за да се открие силата на восхитот кој ги беше обзел овие млади ентузијасти. Си твореа тие во секцијата и секој 1-ви Април, Денот на шегата, во просториите на Шаховскиот клуб во Богданци приредуваа изложба на карикатури збогатена со афоризми напишани од членовите на литературната секција.

Во чест на 10-ти Октомври, Денот на ослободувањето на Богданци, во истиот изложбен простор членовите на „Бо-Џо“ приредуваа изложба на ликовни дела.Од времето на тие случувања има поминато триипол децении. Некои каракатури и денес изгледаат свежо. Пораките што ги носат се сосема разбирливи.

Во наредните неколку броја „Поглед“, како еден вид ретроспектива, ќе претстави некои од нив.

За овој број се одбрани две карикатури од Боро Поп-Глигоров попознат како Боро Попов. Авторот, кај двете, обработува една тема која е актуелна во секое време.

тел.факс 034/ 214.903 213.903

www.interaplus.com.mk

БОДИГКОМПАНИ

изработка наалуминискиконструкции

тел.факс 034/ 221.709

изработка на апликативен софтвер

продажба на компјутери тел.факс 034/ 222-162www.turan.com.mk

• Нудиме организирање на ресторански свечености• Работиме со Фондот за здравствено осигурување• Примаме пациенти со болнички и специјалистички упат• Кетеринг услуги

ЗУПЛ

АД с. Негорци, Гевгелија

тел. 034/231-176www.negorskibanji.com.mk

НЕГОРСКИ БАЊИ