Pogled Br.39 Juni

8
ЦЕНА: 20 ден. Редакција: Маршал Тито 21 1484 Богданци; тел. 075 / 73 88 34 НЕЗАВИСЕН ВЕСНИК НА БОГДАНЦИ • БРОЈ 39 • ЈУНИ 2012 Излегува последниот викенд во месецот Кон крајот на мај низ Богданци се рашири веста дека е основано „МЛАЗ“ АД-2012, Здружение на акционери иматели на акции во Акционерското друштво „МЛАЗ“- Богданци. Управниот одбор на Здружението во состав Оливера Киковиќ-Поп-Гонова, Владо Петрушев, Крсте Чавдаров, Штефко Димитров, Ристо Станковски, Глигор Кочев, Благој Дуев, Елена Тасева, Петар Шимов, Спаско Бојаџиев, Стефче Донев, Тони Џиџев го раководеше Крсто Олумчев. Од „МЛАЗ“ АД-2012 изјавуваа дека целта им е, преку собирање доволен број акции, дури и мнозински пакет во „МЛАЗ“ АД-Богданци, да се стекнат со реална сила и влијание за да можат да одлучуваат и да придвижат генерални промени во управувачките структури на компанијата. „МЛАЗ“АД-Богданци на 30 мај 2012 година свика Годишно собрание на акционери. Здружението „МЛАЗ“ АД-2012 ги повика сите акционери на „МЛАЗ“ АД-Богданци масовно да присуствуваат на собранието. Годишното собрание на акционерите што имаат акции во „МЛАЗ“ АД-Богданци не се одржа. Нотар, ангажиран од свикувачот на Годишното собрание на акционерите на „МЛАЗ“ АД-Богданци, Управниот одбор на компанијата, службено водеше записник за случувањата. Членовите на Здружението „МЛАЗ“ АД-2012 истиот ден, на засебна седница, донесоа одлука да бараат помош од надлежен суд. „Врз основа член 386 ст.3 и Решение Р.бр.32/12 од 11.06.2012 година на Основен суд Гевгелија преку назначеното лице КРСТО ОЛУМЧЕВ од Богданци на ден 13.06.2012 година се објавува ЈАВЕН ПОВИК до акционерите на АД МЛАЗ за закажување на презакажана седница на Годишното Собрание на АД МЛАЗ Богданци од 30.05.2012 година.“ (Цитатот е преземен од Јавниот повик) Седницата закажана од Крсто Олумчев и потврдена со негов потпис се одржа на 15 јуни 2012 година. Нотар, ангажиран од свикувачот на презакажаната седница на Годишното собрание на акционерите на „МЛАЗ“ АД-Богданци службено водеше записник за случувањата на Годишното собрание. За претседавач на Годишното собрание се избра Мирчо Ѓавочанов. Се избра и Комисија за верификација која извести дека на собранието лично се присутни 41 акционер, а 685 акционери се застапувани со полномоштва. Петар Шимов застапуваше 64.021 акција. Мирче Ѓавочанов застапуваше 10.256 акции. Ристо Станковски застапуваше 4.536 акции. Спаско Бојаџиев застапуваше 4.245 акции. Крсте Олумчев застапуваше 2.092 акции. Владо Петрушев застапуваше 1.513 акции. Митко Џиџев застапуваше 1.452 акции. Катица Ничевска Трите години на „Поглед“ Ова е четврто јунско издание на „Поглед“. Со него весникот ја почнува четвртата година на континуирано излегување секој последен викенд во месецот. Се намножија броевите. Овој број го носи редниот број 39 затоа што во него се бројат триесет и седумте броја на возобновениот „Поглед“ и двата броја на првичното издание на четириесет страници од 1999 година. Дали „Поглед“ ја исполнува мисијата што си ја зададе ќе оценат читателите.Тој и натаму останува да оди по патеката по која се упати.пред четиринаесет години и подоцна, во 2009-тата. Тој пат не го одеше сам. Цело време ја имаше потпрешта од пријателите чии логоа се наредени на кориците од весникот. На сите нив им упатува благодарност за поддршката. Свој удел во трите години постоење на весникот имаа и соработниците што се јавуваа со свои текстови. Не смее да биде заборавен ниту нивниот придонес Роденденското изненадување годинава го направи Јавното претпријатие „Комунална чистота“. Допрени од грижата што „Поглед“ ја искажуваше кон ендемското дрво Гол Човек што опстојува во централниот парк на Богданци, тие набавиле садница од Гол Човек и му ја даруваа на „Поглед“ како роденденска честитка. Честитката и подарокот, не само што се изненадувачки туку „Поглед“ цени дека се и соодветни. За честа и вниманието со кои го удостоија од „Комунална чистота“ весникот упатува благодарност и кон нив. На своите страници „Поглед“обработува теми и настани врзани исклучително со Богданци. Иако излегува само на осум странички се обидува да биде сеопфатен и во тек со времето. Изданијата на „Поглед“ можат да се набават во претплата и на продажните места за весници во Богданци. Електронско издание може да се следи секаде до каде што допира Интернет. Нека ни се множат годините и изданијата. www.vesnikpogled.weebly.com e-mail:[email protected] Свест за припадноста стр.4 застапуваше 920 акции. Стефан Димитров застапуваше 525 акции. Магдалена Шимова застапуваше 392 акции. Трендафилка Сандева застапуваше 268 акции. Филип Филиповски застапуваше 92 акции. Сите тие евидентирани акционери и акционери застапувани со полномоштва располага со 95.398 акции со право на глас. Во натамошниот тек на собранието се отфрлија сите Годишни сметки на друштвата во „МЛАЗ“ АД- Богданци. Му се изгласа и недоверба на постојниот Управен одбор на „МЛАЗ“ АД-Богданци во состав: Васе Патрушев, Јованка Манолева, Санда Папучиева, Натка Петрушева, Костаќ Ванчев, Ристо Пеев и Мито Петрушев. Недоверба му се изгласа и на постојниот Надзорен одбор на „МЛАЗ“ АД-Богданци во состав: Нада Каркалашева, Ѓорге Енџекчев, Васил Минов, Ристо Пеев, Димитар Стратров, Лазар Шутаров, Стојан Џинев, Ѓорге Олумчев, Ѓорге Љушев и Јуре Колевски, а за едно ливче не се гласало. За нов Надзорен одбор на „МЛАЗ“ АД-Богданци присутните акционери ги изгласаа Катерина Допчевска, по предлог на Мирче Ѓавочанов кој застапуваше 10.256 акции и имаше право на еден предлог и Крсто Олумчев, Оливера Киковиќ Поп-Гонова, Спаско Бојаџиев, Владо Петрушев, Крсте Демерџиев, Мара Узунова, Јован Љушев, Тони Џиџев, Аспарух Љоков и Душко Карапуцев по предлог на Петар Шимов кој застапуваше 64.021 акција и имаше право на десет предлози. Со Надзорниот одбор треба да претседава Карсто Олумчев. Застапникот Филип Филиповски кој се претстави како адвокат и имаше полномоштво за застапување, во текот на собранието направи неколку процедурални забелешки за одредени прашања поврзани со текот на собранието за кои бараше да бидат внесени во службениот записник воден од присутниот нотар. Според Статутот на „МЛАЗ“ АД- Богданци Надзорниот одбор избира Управен одбор на компанијата. Новиот Надзорен одбор на „МЛАЗ“ АД-Богданци за членови на новиот Управен одбор на „МЛАЗ“ АД_ Богданци ги избра Мирчо Ѓавочанов, Александар Стамнов, Миле Демерџиев, Владимир Аврамов, Анастасија Олумчева, Наско Прошев и Ристо Станковски кој е избран и за претседател на Управниот одбор. Работите во „МЛАЗ“ АД- Богданци сеуште немаат вистинска разрешница. Новоизбраните раководни органи на „МЛАЗ“ АД-Богданци чекаат да бидат запишани во Централниот регистар на Република Македонија, а во меѓувреме се обидуваат да го убедат постојното раководство да им го отстапи местото. Постојното раководство се повикува на својот запис во Централниот регистар. Неколкуте процедурални забелешки, со силата на 92-те акции со кои беше ополномоштен да располага за да има право на глас и да учество во работата на Собранието, но не и да ја подигне вкупната количина на акции присутни на Собранието, поднесени од Филип Филиповски, сугерираат заклучок дека има изгледни шанси работата на Собранието да ја оценува надлежен суд. По се изгледа дека оваа ќе биде долго топло лето во кое новиот и стариот Управен одбор на „МЛАЗ“АД- Богданци ќе си ја испробуваат силата. Собранието од 15 јуни Долго топло лето 2012-то во „МЛАЗ“ АД-Богданци Амед Абдулов, поранешен возач и акционер во „МЛАЗ“ АД-Богданци „Имам поминато повеќе од 5 милиони километри возејќи камиони на „МЛАЗ“ во меѓународна та шпедиција. Зборувам македонски, турски српски и грчки. За мене и за моите колеги, во Истамбул, јас самиот наоѓав тури од Турција до Германија. Така тогаш ми беше одобрено од комерцијалниот директор Ѓорге Таушанов. Денеска сум тука на оваа собрание и многу работи не ми се јасни. Не се согласувам како последниве години се управува со „МЛАЗ“. Многу луѓе останаа без работа. Гледам наоколу и не го препознавам местово. Како да не е истото место. Ситуацијата во фирмата е многу лоша. Верувам дека со новото раководство работата ќе се оправи.“ тел.факс 034/ 211.924 213.903 www.interaplus.com.mk БОДИГ КОМПАНИ изработка на алуминиски конструкции тел.факс 034/ 221.709 изработка на апликативен софтвер продажба на компјутери тел.факс 034/ 222-162 www.turan.com.mk • Нудиме организирање на ресторански свечености • Работиме со Фондот за здравствено осигурување • Примаме пациенти со болнички и специјалистички упат • Кетеринг услуги ЗУПЛ АД с. Негорци, Гевгелија тел. 034/231-176 www.negorskibanji.com.mk НЕГОРСКИ БАЊИ

description

Nezavisen vesnik na Bogdanci

Transcript of Pogled Br.39 Juni

Page 1: Pogled Br.39 Juni

ЦЕНА

: 20

ден.

Реда

кциј

а: М

арш

ал Т

ито

21 1

484

Богд

анци

; тел

. 075

/ 7

3 88

34

НЕЗАВИСЕН ВЕСНИК НА БОГДАНЦИ • БРОЈ 39 • ЈУНИ 2012 Излегува последниот викенд во месецот

Кон крајот на мај низ Богданци се рашири веста дека е основано „МЛАЗ“ АД-2012, Здружение на акционери иматели на акции во Акционерското друштво „МЛАЗ“-Богданци. Управниот одбор на Здружението во состав Оливера Киковиќ-Поп-Гонова, Владо Петрушев, Крсте Чавдаров, Штефко Димитров, Ристо Станковски, Глигор Кочев, Благој Дуев, Елена Тасева, Петар Шимов, Спаско Бојаџиев, Стефче Донев, Тони Џиџев го раководеше Крсто Олумчев.

Од „МЛАЗ“ АД-2012 изјавуваа дека целта им е, преку собирање доволен број акции, дури и мнозински пакет во „МЛАЗ“ АД-Богданци, да се стекнат со реална сила и влијание за да можат да одлучуваат и да придвижат генерални промени во управувачките структури на компанијата.

„МЛАЗ“АД-Богданци на 30 мај 2012 година свика Годишно собрание на акционери. Здружението „МЛАЗ“ АД-2012 ги повика сите акционери на „МЛАЗ“ АД-Богданци масовно да присуствуваат на собранието.

Годишното собрание на акционерите што имаат акции во „МЛАЗ“ АД-Богданци не се одржа. Нотар, ангажиран од свикувачот на Годишното собрание на акционерите на „МЛАЗ“ АД-Богданци, Управниот одбор на компанијата, службено водеше записник за случувањата.Членовите на Здружението „МЛАЗ“ АД-2012 истиот ден, на засебна седница, донесоа одлука да бараат помош од надлежен суд.

„Врз основа член 386 ст.3 и Решение Р.бр.32/12 од 11.06.2012 година на Основен суд Гевгелија преку назначеното лице КРСТО ОЛУМЧЕВ од Богданци на ден 13.06.2012 година се објавува ЈАВЕН ПОВИК до акционерите на АД МЛАЗ за закажување на презакажана седница на Годишното Собрание на АД МЛАЗ Богданци од 30.05.2012 година.“ (Цитатот е преземен од Јавниот повик)

Седницата закажана од Крсто Олумчев и потврдена со негов потпис се одржа на 15 јуни 2012 година. Нотар, ангажиран од свикувачот на презакажаната седница на Годишното собрание на акционерите на „МЛАЗ“ АД-Богданци службено водеше записник за случувањата на Годишното собрание.

За претседавач на Годишното собрание се избра Мирчо Ѓавочанов. Се избра и Комисија за верификација која извести дека на собранието лично се присутни 41 акционер, а 685 акционери се застапувани со полномоштва. Петар Шимов застапуваше 64.021 акција. Мирче Ѓавочанов застапуваше 10.256 акции. Ристо Станковски застапуваше 4.536 акции. Спаско Бојаџиев застапуваше 4.245 акции. Крсте Олумчев застапуваше 2.092 акции. Владо Петрушев застапуваше 1.513 акции. Митко Џиџев застапуваше 1.452 акции. Катица Ничевска

Трите години на „Поглед“

Ова е четврто јунско издание на „Поглед“. Со него весникот ја почнува четвртата година на континуирано излегување секој последен викенд во месецот. Се намножија броевите. Овој број го носи редниот број 39 затоа што во него се бројат триесет и седумте броја на возобновениот „Поглед“ и двата броја на првичното издание на четириесет страници од 1999 година. Дали „Поглед“ ја исполнува мисијата што си ја зададе ќе оценат читателите.Тој и натаму останува да оди по патеката по која се упати.пред четиринаесет години и подоцна, во 2009-тата. Тој пат не го одеше сам. Цело време ја имаше потпрешта од пријателите чии логоа се наредени на кориците од весникот. На сите нив им упатува благодарност за поддршката.

Свој удел во трите години постоење на весникот имаа и соработниците што се јавуваа со свои текстови. Не смее да биде заборавен ниту нивниот придонес

Роденденското изненадување годинава го направи Јавното претпријатие „Комунална чистота“. Допрени од грижата што „Поглед“ ја искажуваше кон ендемското дрво Гол Човек што опстојува во централниот парк на Богданци, тие набавиле садница од Гол Човек и му ја даруваа на „Поглед“ како роденденска честитка.

Честитката и подарокот, не само што се изненадувачки туку „Поглед“ цени дека се и соодветни. За честа и вниманието со кои го удостоија од „Комунална чистота“ весникот упатува благодарност и кон нив.

На своите страници „Поглед“обработува теми и настани врзани исклучително со Богданци. Иако излегува само на осум странички се обидува да биде сеопфатен и во тек со времето. Изданијата на „Поглед“ можат да се набават во претплата и на продажните места за весници во Богданци. Електронско издание може да се следи секаде до каде што допира Интернет.

Нека ни се множат годините и изданијата.

www.vesnikpogled.weebly.com e-mail:[email protected]

Свест за припадноста

стр.4

застапуваше 920 акции. Стефан Димитров застапуваше 525 акции. Магдалена Шимова застапуваше 392 акции. Трендафилка Сандева застапуваше 268 акции. Филип Филиповски застапуваше 92 акции. Сите тие евидентирани акционери и акционери застапувани со полномоштва располага со 95.398 акции со право на глас.

Во натамошниот тек на собранието се отфрлија сите Годишни сметки на друштвата во „МЛАЗ“ АД-Богданци. Му се изгласа и недоверба на постојниот Управен одбор на „МЛАЗ“ АД-Богданци во состав: Васе Патрушев, Јованка Манолева, Санда Папучиева, Натка Петрушева, Костаќ Ванчев, Ристо Пеев и Мито Петрушев. Недоверба му се изгласа и на постојниот Надзорен одбор на „МЛАЗ“ АД-Богданци во состав: Нада Каркалашева, Ѓорге Енџекчев, Васил Минов, Ристо Пеев, Димитар Стратров, Лазар Шутаров, Стојан Џинев, Ѓорге Олумчев, Ѓорге Љушев и Јуре Колевски, а за едно ливче не се гласало.

За нов Надзорен одбор на „МЛАЗ“ АД-Богданци присутните акционери ги изгласаа Катерина Допчевска, по предлог на Мирче Ѓавочанов кој застапуваше 10.256 акции и имаше право на еден предлог и Крсто Олумчев, Оливера Киковиќ Поп-Гонова, Спаско Бојаџиев, Владо Петрушев, Крсте Демерџиев, Мара Узунова, Јован Љушев, Тони Џиџев, Аспарух Љоков и Душко Карапуцев по предлог на Петар Шимов кој застапуваше 64.021 акција и имаше право на десет предлози. Со Надзорниот одбор треба да претседава Карсто Олумчев.

Застапникот Филип Филиповски кој се претстави како адвокат и имаше полномоштво за застапување, во текот на собранието направи неколку процедурални забелешки за одредени прашања

поврзани со текот на собранието за кои бараше да бидат внесени во службениот записник воден од присутниот нотар.

Според Статутот на „МЛАЗ“ АД-Богданци Надзорниот одбор избира Управен одбор на компанијата. Новиот Надзорен одбор на „МЛАЗ“ АД-Богданци за членови на новиот Управен одбор на „МЛАЗ“ АД_Богданци ги избра Мирчо Ѓавочанов, Александар Стамнов, Миле Демерџиев, Владимир Аврамов, Анастасија Олумчева, Наско Прошев и Ристо Станковски кој е избран и за претседател на Управниот одбор.

Работите во „МЛАЗ“ АД-Богданци сеуште немаат вистинска разрешница.

Новоизбраните раководни органи на „МЛАЗ“ АД-Богданци чекаат да бидат запишани во Централниот регистар на Република Македонија,

а во меѓувреме се обидуваат да го убедат постојното раководство да им го отстапи местото.

Постојното раководство се повикува на својот запис во Централниот регистар.

Неколкуте процедурални забелешки, со силата на 92-те акции со кои беше ополномоштен да располага за да има право на глас и да учество во работата на Собранието, но не и да ја подигне вкупната количина на акции присутни на Собранието, поднесени од Филип Филиповски, сугерираат заклучок дека има изгледни шанси работата на Собранието да ја оценува надлежен суд.

По се изгледа дека оваа ќе биде долго топло лето во кое новиот и стариот Управен одбор на „МЛАЗ“АД-Богданци ќе си ја испробуваат силата.

Собранието од 15 јуни

Долго топло лето 2012-то во „МЛАЗ“ АД-Богданци

Амед Абдулов,поранешен возач и акционер во „МЛАЗ“ АД-Богданци

„Имам поминато повеќе од 5 милиони километри возејќи камиони на „МЛАЗ“ во меѓународна та шпедиција. Зборувам македонски, турски

српски и грчки. За мене и за моите колеги, во Истамбул, јас самиот наоѓав тури од Турција до Германија. Така тогаш ми беше одобрено од комерцијалниот директор Ѓорге Таушанов.

Денеска сум тука на оваа собрание и многу работи не ми се јасни. Не се согласувам како последниве години се управува со „МЛАЗ“. Многу луѓе останаа без работа. Гледам наоколу и не го препознавам местово. Како да не е истото место. Ситуацијата во фирмата е многу лоша. Верувам дека со новото раководство работата ќе се оправи.“

тел.факс 034/ 211.924 213.903

www.interaplus.com.mk

БОДИГКОМПАНИ

изработка наалуминискиконструкции

тел.факс 034/ 221.709

изработка на апликативен софтвер

продажба на компјутерител.факс 034/ 222-162www.turan.com.mk

• Нудиме организирање на ресторански свечености• Работиме со Фондот за здравствено осигурување• Примаме пациенти со болнички и специјалистички упат• Кетеринг услуги

ЗУПЛ

АД с. Негорци, Гевгелија

тел. 034/231-176www.negorskibanji.com.mk

НЕГОРСКИ БАЊИ

Page 2: Pogled Br.39 Juni

ПОГЛЕД Јуни, 2012 2

Од Четириесет и осмата седница на Советот на Општина Богданци

Продолжува на стр. 3

Известувач:Илија Тумбов

На Четириесет и осмата седница на Советот на Општина Богданци присуствуваа сите советници. Седницата беше закажана за 6 јуни и, со почеток во 19 часот, се одржа во салата на Советот. Со седницата на која присуствуваа градоначалникот, претставници од општинската администрација и претставници од Јавното претпријатие „Комунална чистота“ претседаваше Душко Енџекчев, претседател на Советот на Општина Богданци.

Записникот од Четириесет и шестата седница на Советот на Општина Богданци, без забелешки, беше усвоен со 11 гласа „За“.

Со 11 гласа „За“, без забелешки, беше усвоен и записникот од Четириесет и седмата седница на Советот на Општина Богданци.

Дополнет со уште една точка со која требаше да се прифати измена на Програмата за изработување на урбанистички планови во Општина Богданци за 2012 година, предлогот за дневен ред доставен со поканите беше понуден на усвојување.

Советникот Илија Карагошев, со образложение дека се немало време да се разгледа материјалот за кој треба да се одлучува и затоа што по него се нема изјаснето Комисијата за урбанизам, побара точката да се одложи за следната седница.

На изјаснувањето со 4 гласа „За“, 1 глас „Против“ и 6 гласа „Воздржано“ неговиот предлог не беше прифатен.

Со 7 гласа „За“, 1 глас „Против“ и 3 гласа „Воздржано“ советниците усвоија дневен ред од десет точки за работа на Четириесет и осмата седница на Советот на Општина Богданци.

На првата точка Соња Маџирова од општинската администрација образложи дека треба да се донесе Одлука за донесување на Урбанистички план вон населено место за изградба на откупно -дистрибутивни центри за свежо овошје и зеленчук, производство и дистрибуција во местото викано Горни Чаири во КО Богданци. Планот ќе опфаќа 31.638 м2 површина каде што на градежна површина од околу 13.200 м2 ќе се изградат објекти

Препирки околу легализацијата на „Технички“од 39.483 м2 наменети за откупно-дистрибутивни центри.

Советникот Тони Такашманов забележа дека површината е мала и праша дали има и други инвеститори на што му беше одговорено дека има инвеститори, но дека инвеститорите се брзаат и немаат време да чекаат да се урбанизира повеќе простор, а ако има потреба од измени и нив ќе ги разгледува Советот на Општина Богданци.

Со 6 гласа „За“, 4 гласа „Против“ и 1 глас „Воздржан“ Советот на Општина Богданци донесоа Одлука за донесување Урбанистички шлан вон населено место за изградба на откупно-дистрибутивни центри за свежо овошје, производство и дистрибуција на површина од 31.638 м2 на КП 6608/16 и делови од КП 6608/15, 6608/14, 6608/12, 6610,6611, 6624, 6634 и 2982 во метосто викано Горни Чаири во КО Богданци за планскиот период 2012-2022 година.

Со 11 гласа „За“ Советот на Општина Богданци донесе Програма за дополнување на Програмата за урбана опрема во Општина Богданци за 2012 година со што на „Џик-Промет “ ДООЕЛ-Стојаково ќе му се дозволи да постави урбана опрема шанк со 50 м2 тераса на просторот пред ресторанот во Стојаково.

Во расправата по точката учествуваа советникот Блаже Шапов кој праша зошто одлуката се носи сега кога објектот работи веќе две години, советникот Ристо Шабанов кој се заинтересира како објектот се снабдува со струја, советникот Горан Сламков кој објасни дека сопственикот на објектот го изнајмувал соседниот приватен киоск и од таму земал струја и Соња Маџирова од општинската администрација која образложи дека објектот и досега бил евидентиран во Општината и за него се плаќале прдвидените надоместоци, а одлуката се носи сега затоа што се сменети законските одредби и правилата.

На третата точка требаше да се донесе решение со кое Милица Чакалова и Никола Ивановски, поради истек на мандатот, нема да не бидат повеќа претставници на Општината во Училишниот одбор на ООУ„Петар Мусев“, а на нивно место да се именуваат Гордана Манолева и Јасмина Каракамишева.

Во расправата советниците Драгица Ѓавочанова и Зоран Пеев забележаа дека би имало конфликт на интереси доколку во Училишниот одбор на „Петар Мусев“ се делегира Гордана Манолева кој е сопруга на советникот Мито Манолев.

Советничката Катерина Чрчева и претседателот Душко Енџекчев сметаа дека нема да има конфликт на интереси затоа што учеството во работата на Училишниот одбор на „Петар Мусев“ е волонтерско.

Советникот Мито Манолев се изјасни дека немал влијание во изготвувањето на предлогот и за да нема конфликт на интереси на гласањето за решението ќе биде воздржан.

Со 5 гласа „За“, 4 гласа „Против“ и 2 гласа „Воздржано“ Советот на Општина Богданци не донесе решение со кое Милица Чакалова и Никола Ивановски ќе ги разреши од членување во Училишниот одбор на „Петар Мусев“, а на нивно место ќе ги именува Гордана Манолева и Јасмина Каракамишева.

Со 6 гласа „За“ , 4 гласа „Против“ и 1 глас „Воздржано“, на четвртата точка, Советот на Општина Богданци донесе решение, поради истек на мандатот, од Училишниот одбор на ООУ„Кирил и Методиј“-Стојаково да се разрешат Тони Солаков и Благица Чучанова,а на нивно место да се именуваат Санела Иванџикова и Мара Ќаева.

Како четврта беше точката на која се носеше решение за именување членови на Комисијата за унапредување на правата на пациентите.

Советникот Зоран Пеев рече дека, бидејќи Советот ја именува Комисијата, би требало да има некаков извештај за работата на Конисијата.

Претседателот Душко Енџекчев објасни дека Комисијата немала обврска да поднесува извештај за својата работа, а во минатиот мандат немала ниту еден случај за разгледување.

Советникот Блаже Шапов напомна дека граѓаните не знаат за што воопшто служи оваа комисија и побара да се направи нешто со што граѓаните би стекнале сознание за помошта што би можеле да ја побарат од неа.

Претседателот Душко Енџекчев го поддржа Блаже Шапов и предложи до амбулантите да се достават известувања за работата на комисијата.

Со 6 гласа „За“, 4 гласа „Против“ и 1 глас „Воздржано“ Советот на Општина Богданци донесе Решение за членови на Комисијата за унапредување на правата на пациентите, со мандат од две години, по вторпат да се изберат: лекарите Сашко Цветковиќ и Силвана Карастојанова, претставниците на пациентите Иванка Паункова и Зора Шутарова, претставниците на невладините организации Славе Танев и Анита Попова како и Емилија

Пенева,Соња Поп-Гонова и Мирко Мурџев како членови делегирани од Советот на Општината.

На петтата точка Иван Иванов, директор на Јавното претпријатие „Комунална чистота“ поднесе извештај за материјалното и финансово работење на ЈП„Комунална чистота“-Богданци за периодот од 1.1.2012. до 31 3.2012 година.

Советничката Катерина Чрчева изјави дека е задоволна од квалитетот на Извештајот од кој се гледа дека претпријатието се движи кон напредок и праша дали има можност јавните вециња да се стават во функција на што Иван Иванов и одговори дека вецињата би можеле да се стават во функција, но Општината треба да обезбеди средства за тоа.

Советникот Ристо Шаванов праша дали изградбата на канализацијата во Стојаково е приоритет на што Иван Иванов му одговори дека е приоритетно, дека во моментот се снима теренот за да се определи гравитацијата и се чека на набавка на цевки.

Со 7 гласа „За“, 1 глас „Против“ и 3 гласа „Воздржано“ Советот на општина Богданци го прифати Извештајот на ЈП„Комунална чистота“–Богданци за периодот 1 јануари 2012 -31 март 2012 година.

Следната, седма точка, беше резервирана за разгледување на Правилникот за постапката, начинот и условите за приклучување на нови корисници на водоснабдителниот систем за технолошка вода, начинот на одржување и заштита доставен од Јавното претпријатие „Комунална чистота“-Богданци кој беше образложен од Иван Иванов, нејзиниот директор.

Советникот Зоран Пеев забележа дека граѓаните со техничка вода треба да ги снабдува водна заедница, а не „Комунална чистота“,имаше забелешка и на определбата од член 9 која вели инсталирањето на водоснабдителните системи да можат да го вршат само овластени фирми со што „Комунална чистота“ се става во монополска позиција и се заложи инсталирањето да можат да го вршат и физички лица,побара да се преразгледа и членот 17 затоа што таков каков што е е излегува дека кадија те тужи-кадија те суди, се посомнева дека членот 5 овозможува „Комунална чистота“ да им ја продава водата на граѓаните по цена многу поголема од таа за која ќе ја купи од „Хидросистемот „Дојранско Езеро“, а за членот 7 смета дека само ќе го оптоварат џебот на граѓаните. Иван Иванов му одговори дека правилникот е правен од нивната служба, дека не е идеален, но служи на намената, дека не се согласува физички лица да инсталираат водоснабдителни системи, а доколку некое физичко лице сака да биде водоинсталатер нека си регистрира фирма, нека се лиценцира и нека ја врши дејноста, дека цената на инсталациите

направени од „Комунална чистота“ ќе чинат од 12 до 15.000 денари сосе ископите, за што не може да се каже дека е скапа монополизирана цена на услугата, дека добро е со таква вода граѓаните да ги снабдува некоја водна заедница, ама нема таква и „Комунална чистота“ регистрирала таква дејност за да им помогне на граѓаните да не плаќаат скапа вода и да не ја трошат за други намени водата за домакинствата, а жалбите кон „Комунална чистота“ можат да се упатуваат до Управниот одбор на претпријатието што е сепак повисок степен на управа.

За советникот Мито Манолев членот 9 не обезбедува монополска позиција на „Комунална чистота“ затоа што секоја градежна фирма има регистрирано дејност за инсталирање водоснабдителни системи, па инвеститорите можат предмер и пресметка, заради утврдување на цената, да побараат од повеќе стручни лица, а системите мора да бидат инсталирани од стручни лица за да добијат употребна дозвола.

Претседателот Душко Енџекчев се согласи дека во членот 17 може да се стави Управниот одбор како адреса каде што можат да се упатуваат жалбите кон „Комунална чистота“ и рече дека членот 9 нема потреба да се менува.

Со 7 гласа „За“ и 4 гласа „Воздржано“ Советот на Општина Богданци го прифати Правилникот на ЈП „Комунална чистота“-Богданци за постапката, начинот и условите за приклучување на нови корисници на водоснабдителниот систем за технолошка вода, за начинот на одржување и за начинот на неговата заштита.

На осмата точка градоначалникот Ристо Ичков ги информираше советниците за законската основа за исплата на надоместокот за присуство на седници на Советот на Општина Богданци. Информацијата беше одговор на барањето на советникот Илија Карагошев поднесено на Четириесет и шестата седница на Советот на Општина Богданци одржана на 14 мај 2012 година.

Секој советник доби затворено плико со извештај за неговата состојба во однос на побарувањата по таа основа и во однос на надоместените побарувања. Во информацијата градоначалникот им вети дека, ако треба ќе забави некои проекти, ама во следните 2 до 3 месеци ќе им се исплатат сите побарувања и на сите јавно им се заблагодари за трпението што го имаа.

Без дискусии, со 10 гласа „За“ и 1 глас „Воздржано“, советниците ја прифатија информацијата од градоначалникот.

Деветтата точка предизвика голема расправа во која учествуваа повеќе советници. На моменти расправата беше жолчна. Соња Маџирова, од општинската

Објектот чија легализација ги разгоре страстите

Page 3: Pogled Br.39 Juni

�ПОГЛЕД Јуни, 2012

Издава: „СОФИЈА“1484 Богданци, ул. “Маршал Тито” 21

Директор: Драги Семенпеев

Главен и одговорен уредник:Илија Тумбов

Уредува редакциски колегиум

Технички уредници:Mитко СеменпеевЈован Роглев

Печати:„Софија“ Богданци

Жиро-сметка:270000000711867 ИК Банка - Скопје

Даночен број:МК4006991101880

Редакција: Маршал Тито 211484 Богданцител. 075 738834факс: 034 [email protected]

Продолжение од стр. 3

администрација, образложи дека програмата за измени и дополнување на Програмата за изработување на урбанистички планови треба да се донесе за да се задоволат потребите на инвеститорите, па затоа Општината предлага површината од 1,8 хектари во местото викано Барта, КО Богданци да се раздели на три помали локални плански документации,а планската површина од 0,6 хектари да се зголеми на 9 хектари.

Советникот Илија Карагошев забележа дека предлогот не е поминат на Комисија и материјалот е доставен пред самата седница, па советниците не се подготвени да одлучуваат соодветно и праша дали објектот за технички што се наоѓа на таа парцела е легализиран на што градоначалникот му одговори дека објектот е легализиран, дека инвеститорот е познат и по капелата, ресторанот Технички ќе биде третиот мртов објект кој ќе се оживее, па на Општината ќе и остане да бара решение уште за Домот. Илија Карагошев возврати дека кај тој објект не може да се примени Законот за легализација. Градоначалникот повторно му одговори дека имало само едно барање за легализација на Технички и тое е добро.

Советникот Мито Манолев потсети дека за тој простор нема урбанистилчки план затоа затоа што дури сега се урбанизира, дека не му е јасно во однос на што се легализирал објектот, дека не се согласува од Советот да се бара да одлучува при легализацијата не ѕитчиња и шупи, а за објект кој сака да го легализира некој кој не го градел да не се прашува и изјави дека ќе гласа против додавајќи дека треба да се прекине постапката и да се објави дека ќе се легализира објектот, па нека се јават и други заинтересирани субјекти.

Советникот Блаже Шапов се заинтересира зошто се чува во тајност името на тој што го легализирал објектот.

Претседателот Душко Енџекчев обрна внимание дека Советот не врши испитување кој го легализирал објектот туку врши урбанизација.

Советникот Мито Манолев повторно зеде збор за да каже дека тој објект го градела некоја фирма од Скопје што се викала „Карпош“ за сметка на Здружението Авто-мото друштво „Томчо Шимов“ дека градбата чинела околу 250 илјади марки за што Здружението подигнало кредит од осигурителната компанија „Кјуби Македонија“ и постојат договори и цесии меѓу трите субјекти и праша, ако Советот на донесе документација за урбанизација, што ќе се случи со тој објект на што градоначалникот одговори дека има нотарски изјави од сите субјекти што биле вклучени во таа работа.

Советничката Катерина Чрчева побара да и се каже во кој рок треба да се донесе урбанистичката документација, кој ќе ја плати урбанизацијата, ако таа се плати од општинскиот буџет, кој ќе биде бенефитот за Општинтата и побара појаснување зошто намената на легализацијата е сервис и деловен простор, а се урбанизира како лесна индустрија на што Соња Маџирова и објасни дека од продажбата на објектот 80 % од средствата одат во општинската каса, а 20 % во државната и дека во лесна индустрија спаѓаат и стоваришта и сервиси и побара пауза за да направи копии од Законот за легализациија за самите советници да се запознаат со постапката за легализација.

По паузата и по поделувањето на коипиите од Законот советникот Зоран Пеев истакна дека очигледна е намерата на градоначалникот и администрацјата да се урбанизира земјиште на кое има објект за кој не е утврден сопстевникот, дека предметот може да биде интересен за обвинителот и за правосудните органи и дека ќе гласа против предлогот и

лично ќе побара истражните органи да поведат истрага.

Претседателот Душко Енџекчев повторно потсети дека на дневен ред е носење урбанистичка програма, дека објектот што е таму е веќе легализиран и со урбанизацијата тој ќе се стави во функција што е бенефит за Општината.

Советникот Блаже Шапов, со забелешка дека има многу нејаснотии околу точката и побара да се прекине расправата и по 2-3 дена да се продолжи со неа.

Советникот Илија Карагошев го поддржа предлогот.

Предлогот го поддржа и претседателот Душко Енџекчев, ја прекина расправата по оваа точка и закажа продеолжение на расправата за 8 јуни, а во меѓувреме да се изјасни и Комисјата за урбанизам.

Во продолжението на расправата (на 8 јуни 2012 г) Мито Манолев, претседателот на Комисијата за урбанизам го кажа ставот на Комисијата која предлага намената на земјиштето од „лесна индустрија“ да се пренамени во „сервиси со компатабилни класи на намени со деловен простор“, а од Министерството за транспорт и врски да се побара толкување на членот 2 од Правилникот за формата и содржината на барањето за утврдување правен статус на бесправен објект.

Советникот Блаже Шапов праша зошто Општината не поднела барање за легализација на објектот, на што градоначалникот му одговори дека Општината немала ништо со градењето на објектот, ниту пак некој би дал изјава дека објектот е граден од него затоа што градењето без дозвола е кривично дело, а техничкиот преглед не спаѓа во дејностите на Општината. Во повторно обраќање Блаже Шапов каже дека, затоа што инвеститорот е од Богданци, ќе ја поддржи програматаи н дека не е убеден дека сите што се поврзани со објектот се откажале од него.

Советникот Мито Манолев истакна дека најлогично би било Здружението Авто- мото друштво да си го легализира објектот.

Претседателот Душко Енџекчев кажа, кога веќе дивоградбата не била спречена кога се градела, најдобро е сега да биде ставена во функција.

На гласањето, со 10 гласа „За“ (советникот Зоран Пеев на беше присутен на продолжението) Советот на Општина Богданци ја донесе Програмата за измена и дополнување на Програмата за изработување урбанистички планови во Општина Богданци за 2012 година заедно со предлогот за промена на намената.

За советнички прашања се јавија два советника:

-Советникот Ристо Шабанов праша дали може да се постават сијалици на игралиштата на основното училиште „Патар Мусев“ и дали може да се постави улично освеление на паркиралиштето кај зградите на улицата Крушевска на што градоначалникот му одговори дека може.

-Советникот Блаже Шапов праша зошто отпадните води течат по Луда Мара кога има колекторски систем,како изгледа планот са градењето на улицата што има поставено ивичници и за што се потрошиле парите што биле дадени за фудбалскиот турнир во Стојаково, на рибарското друштво и за регистрација на „Вардарски“ на што градоначалникот му одговори дека колекторскиот систем е нефункционален бидејќи има мал обем на цевките, некаде е оштетен и шахтите се затрупани, дека ќе им биде доставен проектот за улицата и дека парите што има се дадени на спомнатите субјекти се дадени како поддршка од Општината за нивните дејности и понатаму грижата за нив е во рацете на претседателите на тие субјекти.

Од Четириесет и деветтата седница на Советот на Општина Богданци

Од продолжение до нова седница

Присуството на советниците заради продолжение на Четириесет и осмата седница на Советот на Општина Богданци беше искористено за одржување на Четириесет и деветтата седница на Советот на Општина Богданци.

За работа на седницата на која присуствуваа десетмина советници (отсутен беше Зоран Пеев) и со која претседаваше претседателот на Советот, Душко Енџекчев, се предложи и, со 10 гласа „За“, се усвои дневен ред од две точки.

На Првата точка се носеше Програма за дополнување на Програмата за уредување на градежното земјиште во Општина Богданци за 2012 година.

Соња Маџирова од општинската администрација образложи дека се работи за доградба на фекална канализациона мрежа според Основниот проект за приклучок на фекална канализација на хотел-ресторанот која ќе минува преку централниот парк, преку главната улица и низ улицата „Изворски“, а ќе биде финансирана од инвеститорот Глигоров ВК.

Во расправата советникот Тони Такашманов се заинтересира дали доградбата на фекалната канализација ќе се врши во етапи и во кој временски рок е планирано да се заврши целата работа на што му беше одговорено дека за користење на јавна површина ќе биде издадено посебно решение во кое ќе се определи рокот во кој треба да се заврши работата, а за прекопување на улицата ќе се определи најкраткиот можен рок.

Советникот Блаже Шапов забележа дека, затоа што се работи за летен период и за главна улица во центарот на градот, треба да се внимава градилиштето да биде заградено и обележано според прописите.

Претседателот Душко Енџекчев побара, додека се врши ископување преку главната улица, сообраќајот да се пренасочи преку други улици, а градењето да се заврши во што е можно пократок рок.

На гласањето Програмата за дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште во Општина Богданци, во делот на

проекти што ќе се реализираат, со доградба на фекалната канализациона мрежа за приклучок на фекална канализација на хотел-ресторанот, финансирана од инвеститорот Глигоров ВК, се донесе едногласно, со 10 гласа „За“.

На втората точка, за која на советниците им беше доставен материјал, Соња Маџирова од општинската администрација образложи дека со предложената одлука се прави дополнување на основната одлука бидејќи со елаборатот се увидело дека објектот кој треба да се легализира зафаќа и

дел од парцела која е во сопственост на Роман Шуклев.

Во расправата никој не се јави за збор и со 10 гласа „За“ Советот на Општина Богданци донесе Одлука за дополнување на Одлуката за донесување урбанистичка планска документација заради усогласување на намените од ДУП на Стојаково со бесправно изградени објекти.

Известувањето е направено од Илија Тумбов врз основа на

службениот записник од седницата

Page 4: Pogled Br.39 Juni

ПОГЛЕД Јуни, 2012 �

Пишува: Илија

Тумбов

Поглед од мојот агол

1.На седница на Советот на Општината, од овластено лице, беше прашано зошто на таму некои здруженија и клубови им се дале средства од општинскиот буџет и наведе некакви суми и имиња на некои здруженија и клубови, потпрашувајќи на што, всушност, тие клубови и здруженија ги потрошиле средствата што им биле дадени.

Уште поовластено лице објасни дека парите биле дадени како поддршка од Општината на дејностите, а оттаму натака одговорноста за судбината на парите е одговорност на претседателите на здруженијата, друштвата – што ли беа.

Ако е така, а изгледа дека е така, еве и јас, затоа што мислам дека вршам една општествено полезна работа, се пријавувам за поддршка. Нека ми се прати некој сумичка, било кој од износите спомнати на седницата, и ќе бидам многу благодарен.

Како што е познато програма за работа –не треба.

Во согласност со тоа нема да треба ниту извештај за намената на поддршката.

Жиро-сметката за доставување на средствата ја има во импресумот на весникот. Само нека се стави назнака: „За поддршка на Илија

Товарот на одговорноститеТумбов од „Поглед“.

Се согласувам да ја понесам одговорноста.

2.Хомер известува дека Троја десет години била под опсада од коалицијата на Агамемнон. Стојаково е сеуште далеку од тие епски димензии, ама опасно се доближува до цензусот.

Од 2008 година до денес, цели четири години,тоа сиромашкото е во заложништво. Локална банда од 4-5-мина го има „ставено под свое“.

Во средината на јануари 2012 г. прашањето беше институционализирано. Заседаваша и Локалниот совет за превенција. Половина година подоцна состојбата е изменета на полошо. Востание да беше досега ќе беше угушено. Ама, не. Никој ништо не и може на бандата. Не дека не се преземаат мерки. Се преземаат. Се чека бандата да се самоуништи.

Ако самоуништувањето потрае или ако не се развива според посакуваната динамика, надлежните можат да се обратат и до учителите кои на бандитите им биле одделенски наставници до четврто одделение и да го искористат нивниот авторитет. Полицијата и судовите можат и не морат да бидат авторитети. Учителите се нешто друго. Ако, пак, учителите им биле учителки-уште поарно. Овие деца, мислам на бандитите, покрај другите особености, ги карактеризира и длабоката почит што ја негуваат кон авторитетите.

На колнењето како мерка во борбата против самоволието на стојачката банда не треба да се смета. Клетвите изречени од граѓаните што

имале „блиски средби“ со членови на бандата не ги дадоа очекуваните резултати.

По малку размислував за прашањето. Мислите ми забегуваа кон туѓите искуства. На Соединетите Американски Држави, пред се. Се сетив на нивните Били Кид и Буч Касиди, на Бони и Клајд и, се разбира, на миленикот на Федералното биро-Џон Дилингер. Сите овие ликови се актери од урбаните легенди на United States of Amerika. По сите нив останале видливо крвави траги што го обележале времето и општеството во кое живееле. За тоа треба да се има демократски капацитет. Македонија ита кон тој идеал.

3. Богданци деновиве ја живее приказната за „МЛАЗ“. Ги следам настаните и се нешто се прашувам: Да не бил Васе Петрушев најдобриот од „МЛАЗ“ би го избрале ли млазњаците да им биде директор? И, да не е Васе Петрушев добар менаџер би бил ли на чело на „МЛАЗ“ цели дваесет години?

4. Бранко и Грујо влечат потег по потег во сицилијанката што ја играат на шаховската табла -Македонија. Познавачите велат дека замирисува на локални избори. Но, кога? Септември е рано. Октомври, не би се рекло. Ноември би бил по мерка. И порано беше така. Дури и еден закон беше утврдил локалните трки да се организираат во третиот викенд од октомври. Има логика: нов татко-ново грне. Не може еден да го планира буџетот, друг да го извршува како што е сега со избори во пролет. Ако се земе предвид и кохабитацијата

на локалната власт што, евентуално, би ја имала со централната, нема да биде изненадување ако граѓаните есенва бидат почестени со дупла програма.

И во Богданци има показатели дека избори се ближат. Оние типчиња што се мирудија во запршката на секоја локална манџа веќе фаќаат залет. Разлазани наоколу почнаа го прават тоа што најдобро знаат. Да одработуваат.

5. Се менува топонимијата на Богданци.

Топонимите „До Технички“, „Под Технички“ и „Кај Технички“ не се веќе во употреба. Од 8 јуни 2012 година во сила се влезени топонимите „До Легализираниот“, „Под Легализираниот“ и „Кај Легализираниот“.

6. На оние рогови од противпожарното возило што стрчат од паркиралиштето пред Општината кога тогаш ќе се надене некој. На паркиралиштето зад Општината нема место од возилата на Комуналното. Арно ама Општината не се стори мукаетна да го легализира Техничкиот. Немала да знае што да прави со Техничкиот преглед, се вели во оправдувањата. „Технички преглед“ е фикција. Тој е само мислена именка. Како таков го определува дупката што би требало да биде накаков канал. Ама таа дупка не е дупка оти нема градежна дозвола на која пишува дека е дупка. Некни, со 10 гласа „За“ се одлучи да се одлучи дупката да биде дупка. Овие повторувања не се грешка. Таква е процедурата. Се носи Програма за измена на Програма.

Со дупка или без дупка се работи за објект од кој Општината можеше да има некое фајде. Можеше да се даде на Комуналното или на Пожарното. Или на двете. Или тие самите нека си го легализираа. Ќе се решеа два крупни проблеми. Но...

Го онадил ќарот фајдето и направил вересија.

7. Главна тема во Богданци летово се случувањата околу „МЛАЗ“. Ги следам настаните и се обидувам да го дефинирам тежиштето. Главната активност засега ја откривам во напорите за уривање на Васе Петрушев. Но што потоа? Се има ли план што ќе се прави понатаму со „МЛАЗ“?

Велат, прво да се влезело внатре, да се видело што има, па потоа ...

Што има да се влегува кога и однадвор се гледа што има внатре.

8. Фала на прашањето, само „Комунална чистота“.

Мислам, во случај да ме прашате како си поминавме за роденденот, дали имаше честитки, бакшижи ... етсетера, етсетера, етсетера, што би рекле французите на богдански.

Никој ниту ни честита, ниту не праша за јуначкото ни здравје. Да не се сетеа луѓето од „Комунална чистота“ на нас ќе помислевме дека сме зомби, ач-појава... бестелесни созданија што немаат одраз во огледалата кои, нели, ја отсликуваат стварноста. Додуша ја отсликуваат наопаку, ама ја отсликуваат.

Нема лутиш. Такви сме какви сме. И од говорот на тишината можат да се разберат многу работи.

Пораката на една оставштина

Честопати ние денешниве генерации богданчани, и постари и помлади, себе си се сметаме за чесни и честити. Честопати ние денешниве генерации богданчани, и постари и помлади, знаеме да кажеме дека нашата традиција, традицијата од која сме никнати, налага чување на образот и исчувување на неговата чистота.

Од пред десетина години поседувам копија од едно писмо старо точно 93 години, 5 месеци и 4 дена. Писмото имено било напишано на 26 јануари 1919 година, а ги бројам деновите до 30 јуни 2012 година кога излегува јунскиот број на „ПОГЛЕД“ за 2012 година.

Писмото е сопственост на Милчо Ванов-Тоски. Го има

наследено во семејната архива како допис од неговиот дедо Милчо Ванов до неговиот прадедо Ристо Ванов. Во стотина зборови, со солиден ракопис од измешни графеми напишани на некаков нестандардизиран јазик, тогаш младиот Милчо Ванов, на две полустраници хартија од А5 формат распоредува текст со кој на драгиот му татко му пишува дека е жив и здрав и дека истото им го посакува нему и на другите по дома. Понатаму Милчо Ванов пишува дека по Милан Тумбов го праќа писмото за да им каже дома дека од Гонто Ристачев на заем има земено 20 динари српски пари и, штом ќе го добијат писмото, веднаш на Гонто Ристачев му го вратат борчот, и тоа во српски пари.

Понатаму праќа поздрави за

сите по дома и се потпишува со „вашиот син Милош Ристовановић“. За да нема забуна, делот од Македонија на кој денес се наоѓа Република Македонија во 1919 година веќе е дел од Кралството Србија или поточно од Кралството на Србите, Хрватите и Словенците каде што влегува како дел од Кралството Србија стекнато со оние договори пишувани, потпишувани и верификувани по Балканските и Првата светска војна и секој што живее на таа територија си добива српската варијанта на соственото име и презиме.

Уште понатаму следува адресата за која Милчо Ванов вели дека е: 6 чета, на II баталјон од I бугарски заробенички полк.

И, повторно, за да нема забуна, ќе објаснам дека многу богданчани, меѓу кои и Милчо Ванов биле регрутирани во армијата на Царството Бугарија. Царството Бугарија била на страната која била поразена во Првата светска војна. Бугарските воени формации паднале во заробеништво. Единицата на Милчо Ванов била лоцирана на територијата на Србија, во околината на на Смедерево.

Во што е поентата? Писмото е пишувано една

недела по зафаќокот на Версајската мировна конференција која почнала на 18 јануари 1919 година. Милчо тогаш имал одвај дваесетина години. Војната само што завршила, а тој се наоѓа во воено заробеништво. Наговото враќање дома е големо непозната. Тој во писмото и не се интересира премногу како се по дома. Главно му е да пренесе дома, дури сето тоа наликува на последна желба пред големата неизвесност, дека има пари за враќање и да ги задолжи неговите по секоја цена да го вратат долгот и тоа во парите во кои тој е направен. И - точка.

Колкумина од нас денешниве богданчани, во исти или барем во слични услови, се подготвени да го направат истото. Нивна последна желба од дални далечини испратена до дома да биде – борчот. Очајнички да се бара начин за плаќањето на долгот, поточно.

На мислата да го презентирам овој впечатлив документ дојдов во последниве турбулентни времиња кога „човек на човека волк е“.

Се е во игра. Плаќањето на долгови, и чувањето и исчувувањето на образот, најмалку. Чистотата на образот никогаш не била со пониска цена од денешнава.

Во тоа е поентата.

Во Општинското средно училиште „Богданци“ се подготвуваат за новата 2012/2013 учебна година. Од бројот на учениците тргнуваат натамошните планирања. Бројот на учениците, главно, зависи од регионалните погодности, од понудата на програми за образование и од сивито на училиштето.

Програмите за образование не секогаш зависат од желбите на училиштата. За тоа се потребни и мислењата на институциите. Регионалните погодности имаат географска зависност. Сивито го прави заедницата на која и припаѓа училиштето. Но се е условено од бројот на учениците.

Годинава средното училиште во Општина Богданци може да се пофали дека за своите образовни програми успеало да го привлече вниманието на учениците од околните општини. Дури девет ученици ќе доаѓаат од Гевгелија. Тука ја имаат образовната програма за која се заинтересирани. Од истите причини ќе доаѓаат и ученици од Валандово. Дојранските деца обично го избираат богданското училиште за продолжување на своето образование. Најнезаинтересирани за школување во Богданци се стојачките ученици. Тие милуваат да се запишуваат во Гевгелија и тогаш кога во Богданци ја имаат истата образовна програма.Овој податок отвора многу прашања. Некои од нив здоболуваат. Ќе болат и одговорите на тие прашања, но мора да се дадат. Како ќе се опстојува оваа единица на локална самоуправа ако нејзините граѓани не се заинтересирани за неа. Стојаково не мора да ги сака Богданци и богданчани, ама треба да ги почитува. Стојаково е дел од Општина Богданци.Просто припаѓа тука и од тој факт не се бега.

Свест за припадноста

Page 5: Pogled Br.39 Juni

5ПОГЛЕД Јуни, 2012

Правилник за користење на технолошка водаСоветот на Општина Богданци

му дозволи на Јавното претпријатие „Комунална чистота“ кон своите дејности да ја додаде и дејноста продажба на технолошка вода во горните реони на Богданци. Водата во посебен водоснабдителен систем „Комунална чистота“ ќе ја презема од Хидросистемот за спас на Дојранско Езеро.

Неодамна Советот на Општина Богданци усвои Правилник со кој се уредува начинот и условите за изградба и доградба на водоснабдителниот систем технолошка-индустриска вода, се утврдува постапката, начинот и условите за приклучување нови корисници, и се уредува начинот за утврдување на висината на надоместокот за трошоците поднесен од „Комунална чистота“.

Според Правилникот градбата, доградбата и реконструкцијата на водоснабдителниот систем, неговите подсистеми и придружната опрема ќе се врши во согласност со Законот за водоснабдување и Законот за градење. „Комунална чистота“ во Правилникот фигурира како давател на услуги, а правните и физичките лице сопственици на објекти што се приклучени на системот фигурираат како корисници на услуги.

Корисниците ќе можат да го приклучат објектот на системот само ако за него има водоприклучна согласност, ако давателот на услуги има технички и економски можности, ако предвидената потрошувачка е во согласност со можностите на водоснабдителниот систем, ако водоводната инсталација во нивниот објекти е изградена од овластени субјекти и ако е изградена според важечките прописи и технички нормативи.

Барањето водоприклучна согласност мора да содржи локација на објектот, време

на приклучување,намената на водата,бараниот проток и режим на користење на водата по месеци и вкупната годишна потрошувачка. Давателот на услуга е должен за еден месец да се произнесе по барањето. Решението за водоприклучна согласност има важност од една

година и,покрај техничките и економските услови за приклучување, ги содржи одобрениот проток и притисок, начинот на изведување на приклучокот, место, време и потребен притисок на приклучокот, техничките барања и услови кои

мораат да се почитуваат,рокот за склучување договор за меѓусебните врски на давателот и корисникот на услуги, надоместоците и начинот на плаќање и другите меѓусебни права и обврски. Барањето, решението и договорот се прават на обрасци што се дел од Правилникот. Решението за водоприклучна согласност го потпишува директорот. Жалба на решението, во рок од 15 дена, може да се достави до Управниот одбор на „Комунална чистота“.

Поврзувањето на приклучоците ќе ги прави само давателот на услуги според официјален ценовник. Цената на потрошената вода ќе биде за 40 % повисоко од цената за која се набавува водата. Собраните средства од оваа дејност ќе се употребат за изградба на нови системи и одржување на постојните.

Системот континуирано ќе снабдува со вода освен во февруари, март и април кога се предвидени поправките на Хидросистемот за спас на Дојранско Езеро за што корисниците ќе бидат благовремено известени.

Во случај на попречувања во водоснабдувањето предизвикани од виша сила, давателот на услуги ќе воведе рестрикција во водоснабдувањето и ќе спроведе првенственост во снабдувањето со претходно известување.

Корисниците се должни најдоцна за 24 часа да го пријават настанатиот дефект. Ако тоа не го направат, истечената вода евидентирана на водомерот ќе треба да ја надоместат. Давателот на услуга е должев во рок од 6 часа да преземе мерки за отстранување на дефектот. За секој дефект се води записник. Давателот на услиги обезбедува катастар за системот.

Правилникот веќе е влезен во сила.

„Техничкиот“

Техничкиот како што се нарекува онаа зграда на аголот од источната страна на стариот пат за Стојаково и патот што води кон оранжериите во Воденичар, веднаш под Луда Мара, е самоникнат објект што настана во раната доба на возобновената богданската локална самоуправа.

Никој со сигурност не може да каже како се појави на овој свет. Одвреме навреме се правеше по некоја интервенција врз него, демек се подготвува за намената. Името што му беше прикачено на објектот сугерираше дека во него треба да се вршат технички прегледи на возилата. „Млаз“, нели, имаше непрегледен возен парк, неколку други фирми растеа во дејноста превоз, лесните возила на овој простор не беа малку... Замислата имаше логика.

Како и многу други работи во Богданци и оваа беше направена по богдански: без план, без дозвола,без титулар,без истрајност во намерата... без ништо. Статусот бесправен објект му се наметна некако природно. Единствената намена која колку толку го оправда неговото постоење беше да им пружа засолниште на чергарите. Само таа беше користа од него. Многу средства се „затворени“ во него: „бели“,„црноманести“,„црни“-секакви. Под разни форми таквите средства се сместени на расходните страни од финансовите извештаи за минатите работења на многу субјекти.

Годинава Техничкиот воскресна.

Прво, онака спорадично, на богданската политичка сцена за него се зборуваше само кога требаше да се покаже со прст кон некого. Прашањето никој сериозно не го стави на маса за да се позанимава со него.

Потоа тргнаа муабети низ чаршијата. Чаршија како чаршија муабетите си ги правеше по свое.

Најпосле прашањето дојде на дневен ред во Општината. Од Советот на Општина Богданци се побара да направи измени во Програмата за урбанизација.

На графичкиот приказ од материјалите по кои требаше да се носат одлуки се препознаваше објектот на Технички. Се дозна дека некој го легализирал објектот и сега треба да се обезбедат услови за негово ставање во функција. Тоа сознание ги вжешти страстите. Се поставија многу прашања. Имаше и недоумици.. Тоа што недостасуваше беа одговорите.

Главното прашање беше: Кој го легализирал Технички?

Уште поглавно беше прашањето: Како се легализирал Технички?

За да се се легализира некој бесправно изграден објект треба да се добие решение. Со решение се утврдување правен статус на бесправен објект се потврдува дека бесправниот објект ги исполнува условите са запишување во јавните книги за запишување на правата на недвижности.

За објекти од значење за Републиката решениијата ги донесува министерот. За објекти од локално значење решенијата ги носи градоначалникот. Од кој

ли е потпишано решението за леганизација на Технички ? Државно или општинско е значењето на Технички?

Со Правилникот за формата и содржината на барањата за утврдување на правен статус на бесправен објект и во самиот образец на Барањето е пропишано што се треба да се достави во прилог.

Природата на документите е врзана со сопственоста на земјиштето на кое е објектот. Бидејќи самиот објект фактички не постои за него не се докажува ништо. Постапката се води за да се докаже дека објектот постои и не пречи никому.

Но кој поднесува барање? Се разбира дека тоа го прави сопственикот на објектот. Ако нема таков или не поднесе барање за легализација, објектот останува во небранета зона.Законот никаде нема регулација за таквите нелогичности. И не би требало да има. Други закони ја уредуваат таа материја.

Со добра информација, со помошни средства што можат да послужат во постапката и со желба да се направи тоа секој може да тргне во легализација на небранети објекти.

Изјавите оверени кај нотар свршуваат многу работа.

Кој може да изјави дека Технички е негов? Никој.

Кој може да изјави дека не полага право на Технички? Секој од кој ќе се побара тоа затоа што ќе ја каже вистината и кажаното, ако треба, ќе го завери пред нотар.

Со тоа се си доаѓа на свое место. Потоа следува издавање решение дека бесправниот објект ги исполнува условите за запишување во јавните книги за запишување на правата на недвижност.

Во жалбената постапка е пропишано дека во рок од 15 дена може да се поднесе жалба против Решението.

Клучниот момент на оваа процедура е еден став од членот 21 на законот за легализација кој вели дека Решението за утврдување на правен статус на бесправен објект ПРОТИВ КОЕ НЕ Е ИЗЈАВЕНА ЖАЛБА ПРЕТСТАВУВА ПРАВЕН ОСНОВ за стекнување сопственост врз објектот.

Во случајов сите процедури се завршени.

Во голема тишина постапката е истерена, решението е донесено, роковите за жалба се поминати и може да се проистапи кон негово извршување.

Објектот со малку изменета намена влезе во Програмата за урбанизација. Во рок од шест месеци од донесувањето на урбанистичката планска документација со која е вклопен бесправниот објект, сопственикот треба да поднесе барање за откуп на земјиштето или да го земе под долготрен закуп. Од 8 јуни 2012 година веќе е полесно да се преземаат следните чекори.

Чаршијата ја дразни сознанието дека објектот можеше да се стави под општинска капа. Ставен под општинска управа во него можеше да се смести комуналното со што ќе се решеше еден голем проблем со кој се соочува Богданци.К

омер

ци

јал

ен о

глас

Page 6: Pogled Br.39 Juni

ПОГЛЕД Јуни, 2012 �

до манастирот „Свети Ѓорги“ во Неготино каде што беше направено едно убаво дружење во природа.

На самиот крај од месецов пензионерите планираат патување до Дојран.

По интервенција на граѓаните од Стојаково и нивните претставници во институциите на системот дека една група млади луѓе веќе подолго време ги тероризира граѓаните на Стојаково, зимоска беше свикан Локалниот совет за превенција на Општина Богданци. Единствена точка на дневниот ред беше токму проблемот кој група млади луѓе им го задава на граѓаните на Стојаково. На седницата претставниците од Полициската станица за општа надлежност во Гевгелија и од Полициската канцеларија во Богданци изнесоа информација за мерките што биле преземени од страна на полицијата во врска со дејствувањето на групата.

На состанокот беше усвоен заклучок наскоро да се организира уште еден состанок на Локалниот совет за превенција на кој ќе бидат разгледани сите аспекти на прашањето. За да биде испратена порака дека на случувањата во Стојаково им се обрнува должното внимание договорено беше состанокот да се одржи во Стојаково. Истовремено се испрати апел до сите институции да преземат се што е во нивна моќ за изнаоѓање решение за состојбата во Стојаково која почнува да станува загрижувачка.

Седница на Локалниот совет за превенција

Како реализација на тој заклучок, на 28 мај 2012 година Локалниот совет за превенција на Општина Богданци одржа седница во просториите на Месната заедница Стојаково.

На состанокот, покрај членовите на Советот за превенција, присуствуваа претставници на Министерството за внатрешни работи од Регионалниот центар во Струмица и претставник од ОБСЕ.

Откако беа предочени повеќе моменти поврзани со случајот изнесени од Градоначалникот, од претставниците на Министерството за внатрешни работи, од претставниците на Обвинителството, од претставниците на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи, од претставникот на ОБСЕ и од членови на Локалниот совет за превенција се усвои заклучок со кој Градоначалникот на Општина Богданци, во има на граѓаните и во име на Општината, се задолжи да поднесе известување до Министерството за правда. Целта на известувањето да биде запознавање на институциите дека проблемот во Стојаково е излезен од контрола и дека е неопходно итно и целосно ангажирање на надлежните служби за проблемот да биде надминат.

Летните активности на пензионеритеКрајот на мај и поголемиот дел

од јуни пензионерите беа прилично ангажирани. Според годишната програма за дејствување, 26 мај им беше резервиран за учество на XVII Регионални спортски натпревари и игри во стрелање со воздушна пушка, шах, пикадо, тегнење јаже, фрлање ѓуле, трчање, скок од место, домино, табла, тробој за мажи и двобој за жени на Сојузот на Здруженијата на пензионерите на Република Македонија што годинава се одржаа во Валандово.

Врнежливото време го попречи одржувањето на игрите, па на 26 се одржаа дисциплините што можеа да се одвиват во сала, а на 31 мај дисциплините што се одржуваа на отворено.

Во дисциплината фрлање ѓуле за жени Мара Каракамишева постигна најдобар резултат и го освои првото место. Прво место освои

и Ѓорге Шуклев во дисциплината домино.

Невенка Кал’чева го освои второто место во дисциплината трчање на 60 метри за жени, а Миќо Донев го освои второто место во дисциплината трчање на 80 метри за мажи.

На богданските пензионери им припаднаа и третото место во дисциплината трчање на 80 метри за мажи што го освои Стојан Апостолов.

Пласманот на прво место на победниците им обезбедува учество на Републичките спортски игри што ќе се одржат наесен.

Пејачката група на пензионерите на 8 јуни учествуваше на X Регионална ревија на песни, музика и игри на Сојузот на Здруженијата на пензионери на Република Македонија. Ревијата се одржа во Кавадарци.

На 16 јуни се организира превоз

Вљубеникот во германските влакнести птичари

Митко Чавдаров по занимање е ветеринарен техничар. Вработен е како ловочувар во „Баџо“. Вљубеник е во ловството иако љубовта кон ловот ја нема во неговите семејни корени. За ловство се има „заразено“ од постарите ловџии. Највиновен за тоа е ветеранот Тане Оков. Орвиот половина зајак дома го има испечено дома благодарение на него. Дури на лов одел со неговата пушка. Без вина не се ниту Дине Чучанов и Ристо Попов-Теохаров. И Томчо Ќатев може да се смета за одговорен бидејќи му ја позајмил пушката и му дал 50 патрони. Дури потоа, во 2003 година, се стекнал со пушка. Му се паднала на лотарија на Ловечка вечер. Може да се рече дека таа „бохерица“ ја има отсонувано.По тој повод испекол три јагниња за честење. Пушката сеуште ја чува.Вели дека со неа има испукано

илјадници куршуми. Други пушки нема. Има намерачено еден карабин и планира да набави огнострелна пушка за гаѓање глинени гулаби. Митко Шавдаров на фејсбук има 5.000 пријатели.

Митко е вљубеник во ловечките кучиња. Негов фаворит се германските влакнести птичари. Љубовта прво претегнувала кон кратковлакнестите, но од скоро тој повеќе им е наклонет на островлакнестите германски птичари.

-Во 2009 година, на еден турнир на стрелиштето на „Магнум“, мојот пријател ловец, стрелец во глинени гулаби и кинолог по професија, Светослав Лазовиќ од Стара Пазова, Србија ми вети дека ќе ми обезбеди влакнест германски птичар. Мене меракот ме влечеше кон кратковлакнестите, но тој ме убеди дека островланестите се подобрата варијанта на влакнестите птичари. Дека се со одличен изглед и со прекрасни работни особини, дека меѓу кучињата се тоа што е мерцедесот меѓу автомобилите.Така го добив Дон, мажјакот со алфа-алфа особини кој на изложбите на кучиња немал пласман под третото место и кој, каде и да се појави, го избираат за првенец во расата.- Митко со радост расправа за себе и за неговото друго јас-кучињата.

Иако во својот наслов германското островлакнестт ловечко кучесе определува како птичар таа е

универзална раса која оди на секаков лов. Тргнува и на потполошка и на мечка. На крупен дивеч се однесува како трагач, а на ситен дивеч како маркирач. Отпорен на на екстремно високи и на екстремно ниски температури што е одлична особина за опстанок во нашево поднебје.

-Бара малку, а дава многу. И средзима може да апортира и да донесе патка од среде вардар. Летно време маркира подобро од било кое куче. Маркирачките кучиња страдаат од болести на срцето.Тие срцевиот ритам треба да го вратат од многу висок во многу низок што им создава проблеми. Се случува, кога апортираат, овие кучиња да влезат во Вардар, да бидат зафатени од матицата и дури километар, километарипол подолу да се докопат до брегот и на својот ловец да му го донесат пленот- Митко одвај успева да земе воздух додека раскажува за кучињата. Кога го добив Дон бев возач на камион. Грижата за него ја пренесов на татко ми. Кучето така се приврза кон него, што кога почиина татко ми, падна во депресија. Го кревавме со инфузија“

Овие птичари по дефиниција се ловечки кучиња, но се среќаваат и како работни и службени кучиња. Имаат неприкосновен мирис со кој се способни на 300 метри да го намирисат тоа што го бараат.Поради таа своја особина се почесто ги ангажираат во борбата против

Чавдаровци на изложба

дрогата. Се користат и како кучиња за водење слепи лица.

-Богданските ловци не обрнуваат внимание на многу важниот елемент во ловството- кучињата. Грешат. Според новиот Закон за ловство непедигрирано куче не смее да влезе во ловиштето. Кај сертифицираните раси на кучиња потеклото се следи неколку генерации наназад. Тоа е исто кога за секој човек се знае кој му е таткото, дедото, прадедото и чукундедото. Во таквото следење на генеалогијата нема место за непознаници, импровизации и изненадувања. Како ловечко друштво ние треба да направиме каталог на кучињата за лов во Богданци. Треба да се отвори и кинолошка секција.Има потреба од тоа. Нишо Поп-Гонов набави алпски брак јазовичар која е раса за следење на крвави траги. Се набави и женка од таа раса. Филчо Туранов набави Балканец. Треба да се поработи и на едукација на ловците.

Мојот прв островлакнест германски птичар беше Дон. Тој

е алфа-алфа мажјак.. Во 2011 година ја набавив Астра. Таа сега има кученца. На 13 мај со неа учествував на меѓународна изложба во Гевгелија. Пред еден месец го набавив и Али. Сите се чистокрвни островлакнести германски птичари. Очекувам да набавам уште една женка и ќе отворам одгледувалиште на таков вид кучиња. Одгледувањето кучиња е тешка и скапа работа. Помина времето кога кучињата се хранеа со црева и кожи собрани по касапниците. Кучињата треба да се хранат со висококвалитетна храна, да се вакцинираат и да се заштитуваат од паразите. Живеалиштата треба постојано да им се дезинфекцираат. Во грижата околу кучињата ми помага ќерка ми Ивана. Веќе има стекнато љубов кон кучињата. Со мене доаѓа и на изложбите на кучиња, а дома самата си зеде одговорност да се грижи за пехарите и признанија.- ја заврши Митко Чавдаров, големиот вљубеник во ловот и во ловечките кучиња, својата исповед.

Page 7: Pogled Br.39 Juni

�ПОГЛЕД Јуни, 2012

Мислења „Поглед“ понекогаш нема да се согласува со содржините на некои текстови во оваа рубрика, но секогаш, доколку не излегуваат од рамките на нормалното однесување, ќе ги објавува.

Јавниот ред и јавната чистота

Почитувани акционери на АД „МЛАЗ“-Богданци, сегашни вработени, пензионирани работници, наследници на починати акционери и поранешни вработени, а сега невработени како технолошки вишок, сите собрани во вашето здружение „МЛАЗ“ АД-2012 со цел за да може „МЛАЗ“, гордоста на Богданци и на

Јавната чистота и јавниот ред не се готови производи што можат да се купат на пазар. Јавната чистота и јавниот ред треба да се изработат.

Основната претпоставка за пристојна јавна чистота е создавање услови за нејзино одржување. Јавниот простор најпрво треба да биде уреден. Уредувањето на јавниот простор е обврска на локалната самоуправа. Честопати исполнувањето на таа обврска е поврзано со длабочината на кесето. Во народната традиција на овие краишта врз која го градиме и современово живеење е забележано дека не е срамота нештата да бидат ветви, дури и закрпени, срамота е ако се скинати и ако се нечисти. Кажано е и дека мајката на имањето не е купувањето туку чувањето. Кога кесето е плитко и не секогаш се има услови за нови и нови нешта, доволно е да се одржуваат тие што се имаат. Ако јавните површини се одржуваат такви какви се, ако се прикрпуваат до мерка кога можат да и служат на намената и за да може да се одржува јавната чистота - тое е веќе достигнување.

Јавниот ред е во основата на јавната чистота.

-Со Општината имаме договор за одржување на јавната чистота на јавните простори. Направивме програма како да го правиме тоа. Имаме луѓе и средства за успешно да одговориме на поставените задачи. Сепак од нашите луѓе на теренот добиваме информации дека со мака успеваат да ја одржуваат јавната чистота во паркот и околу него. Веќе неколкупати се имаме обратено до комуналниот инспектор и до комуналните редари да преземат некакви мерки за воспоставување јавен ред во одржувањето на јавната

чистота-изјави за „Поглед“ Иван Иванов, директор на ЈП„Комунална чистота“

-Имаме ангажирано неколкумина извршители на работните задачи одржување на јавната чистота на јавниот простор во центарот на градот. Тие скоро цело работно време го трошат за одржување на јавната чистота. Дури и во неделите, за време на пазарниот ден, по завршувањето на пазарот, за кратко време успеваме да го доведеме просторот до посакуваното ниво на чистота. Проблемите ни се јавуваат во вечерните часови. Во паркот се поставија нови клупи. Старите бевме ги поставиле покрај ѕидот од црквата, а дел од нив ги ставивме во магацинот. Пролетва ги извадивме и ги поставивме под крошните на големите дрва за да можат граѓаните, пред се пензионерите, да седат во ладовината на сенките. Во вечерните часови некој тие клупи ги разнесува насекаде наоколу. Се обидовме да ги фиксирама за тлото со шрафови. Утредента ги наоѓавме искорнати сосе плочките.Никако не можеме да разбереме кому му смета уредноста и чистотата.-со видлива огорченост, за јавната чистота и јавниот ред зборуваше Цане Олумчев, раководител на секторот за јавна чистота на ЈП„Комунална чистота“.

Богданци нема да може себе си да се смета за град ако богданчани не се однесуваат градски. Корнењето на фиксираните клупи во никој случај не е градско однесување. Купиштата шлупки од семки и сончоглед што богданските „граждајне“ секоја вечер ги оставаат околу клупите на шеталиштето и паркот во никој случај не спаѓаат во градски навики. Имањето повеќе ѓубре околу корпите

за отпадоци отколку во нив самите не е легитимација за градското поведение на богданчани.

Комуналните редари и комуналниот инспектор треба да го дадат својот придонес во спречувањето на нарушувањата на јавниот ред и јавната чистота. Го имаат Законот како алатка во раце, ги имаат сите овластувања и редно е да почнат да ги стават работите на своите место. Имаат и одговорност за тоа.

Ниту полицијата не треба да биде индифирентна кон некои појави. Полицајците се доживуваат како органи на редот и логично би било нивна грижа да е одржувањето на јавниот ред. Ако корнењето и развлекувањето на клупите по паркот не е нарушување на јавниот ред, ако растурањето отпадоци по шеталиштето не е нарушување на јавниот ред тогаш има големи причини за ревидирање на дефинициите за тоа.

Старите клупи што неодамна беа разредени пред некои згради за миг ја променија глетката на таа околина кон подобро. Клупите се такви какви што се, но и служат на намената.

За тоа, всушност, се зборуваше на почетокот на текстот. Ако се чува се зачувува. Кога е зачувано постои. Кога нешто го има и служи на намената

Зошто на некои луѓе им е тешко да го разберат тоа!? Можеби толку им е лаштикто.

Им паднал системот и не се во состојба да се самоконтролираат. Некој нека им го притисне копчето за ресетирање оти стануваат непријатни за околината.

Отворено писмо до „МЛАЗ“ АД-2012, Здружение на акционери иматели на акции во

„МЛАЗ“ АД-БогданциРепублика Македонија, кој беше и синоним за успешна и моќна компанија на просторот на цела бивша Југославија, да се спаси од целосна пропаст.

За ваквата тешка состојба на АД„МЛАЗ“-Богданци најодговорно лице е Директорот Васе Патрушев кој веќе десетина и повеќе години систематски го обезвреднува и распродава капиталот на компанијата.

На таквото самоволие на Васе Патрушев во 1999 година се спротивставија малкумина вработени акционери. Тие со помош на тогашната Влада на Република Македонија на чело со Љупчо Георгиевски и неговите соработници Пане Велев, Љубе Бошковски и Директорката на Управата за јавни приходи во Гевгелија, Златка Стамнова, презедоа акативности за спас на компанијата кои што предвидуваа отстранување на Директорот Васе Петрушев од челната позиција во „МЛАЗ“.

Меѓутоа, поради познатите тогашни случувања, таквите обиди не вродија со успех. Во таа борба против Васе Патрушев, тогашните акционери кои први проговорија за криминалот во АД„МЛАЗ“-Богданци како и горенаведените раководители на тогашната власт беа обвинувани дека сакаат да ја уништат компанијата. Повеќето акционери на АД„МЛАЗ“ во тоа време застанаа во одбрана на тогашниот Директор.

Затоа почитувани акционери, членови на Здружението „МЛАЗ“ АД-2012, бараме вашето здружение да им изрази јавна благодарност и рехабилитација на погоре спомнатите личности бидејќи, после толку години, вие денешниве денови докажувате дека тие биле во право.

�0 мај 2012 год. Општински комиитет на

ВМРО-Народна партија, Богданци

In memoriamПопладнето на 29 јуни 2012

година богданчани се простија од Лефтерија Стратрова. Таа, во својата деведесет и деветта година, како настар жител на Богданци, почина на 28 јуни 2012 година. Родена е во Фурка на 5 октомври 1914 година. Беше сопруга на Мито Стратров и мајка на Ефка Поп-Гонова, Мара Карајкова, Миле Стратров и Љуба Попова. Како пра-прабаба имаше чест во својот скут да држи и пра-правнуци.

Во својот живот се занимавала со семејно земјоделство. Благодарение на работниот стаж стекнат во „Млаз“, бабата Лефтерија беше уживател на пензија.

Нејзините посмртни останки останки се погребани на Старите гробишта во Богданци.

Camel spidersКога во фабриката за приколки

на „Млаз“ се правеше споменикот на Ѓорче Петров, уметниците едно сабајле на камерите од своите мобилни телефони регистрирале присуство на пајачесто створение кое дотогаш го немале видено. Ниту некој од овдешниве потврди дека има видено нешто слично.

Од Природо-научниот музеј на Македонија во Скопје, по доставените слики и видеа, им било речено дека

се работи за камилскиот пајак кој е прилагоден за живот во пустинските предели, дека во Дубравата, каде што бил најден, најверојатно се има истресено од некое возило кое дошло од Азија или Африка, дека по својата животинска природа и припаѓа на групата пајаци, дека е наречен Камилски затоа што знаел да се закачи за камилите додека тие лежеле

Приказната имаше прилично морбидни нијанси. Олеснителна околност беше тоа што овие простори не е природното станиште на пајакот љубител на камили.

Деновиве на една друга камера од мобилен телефон повторно се најде слика од необичен пајак разлазан низ нашиве простори..

Веднаш почнаа пребарувањата по енциклопедиите. Се симнуваа слики и текстови.

Како што имаше разнолики текстови така имаше и шаренолики слики.

На сликите се среќаваат мноштво животинки што сличат една на друга, но и такви кои повеќе се разликуваат отколку што си наликуваат.

Во објаснувањата можат да се сретнат стории во кои се наѕира митологија и текстови кои,можеби, се преземени од учебниците по

зоологија.Линијата на поврзување може

да се следи во тврдењето дека се работи за лажен пајак кој припаѓа и во групата на пајаци и во групата на скорпии меѓутоа не е ниту едното, ниту другото, дека е пустинско животинче кое повеќе ги милува сенките отколку сонцето, дека, затоа што и човекот повеќе го љуби просторот во сенките отколку просторот изложен на зраците на пустинското сонце,

се среќава најмногу таму каде што се среќаваат и луѓето, дека мора со нешто да се храни за да остане во живот и, во услови скудни со храна, тој дел од неговата живеачка е исполнет со претпоставки,честопати, од корпусот на мистерии, дека, за да побегне од немилосрдноста на сонцето, камилскиот пајак одбрал да ги избегнува средбите со него, а најпогодно за тоа му се видела закрилата на ноќта со што се наредил во списокот на ноќните животинки.

Сите овие карактеристики содржаат во себе доволно материјал за, околу овој пајак ли е, шкорпион ли е, да се испредат неверојатни легенди.

Као и да е, веќе во два наврата, неговото присуство на овие простори го имаат регистрирано камерите.

Една од нив, паралелно со енциклопедиската фотографија симната од интернет ја даваме во прилог на текстов.

За да не погодува за што всушност се работи и да запаѓа во длабоките води на шпекулативноста „Поглед“ ги поканува расположивите биолози од Богданци да му се навратат на прашањето и да понудат прифатлив одговор. Ако за ништо друго, својата ученост да не ја чуваат за по дома туку да понудат нешто од неа и за потребите на заедништвото.

Слика на Камилскиот пајак сликана овде

Слика на Камилскиот пајак сликана овде

Page 8: Pogled Br.39 Juni

ПОГЛЕД Јуни, 2012 �

БББ:- Директоре сакам нешто да те прашам.ТШ: - Еднаш разговаравме и се што ме праша ти кажав. Што остана непрашано, па што пак сакаш да ме прашуваш?БББ:- Како што остана непрашано!? Во Богданци се е разбарнувано, се е раздвижено. За тоа сакам да те прашам.

Црни точки

Парола на месецотЖивотот е како возење велосипед. Постојано

треба да се вртат педалите. Се додека сте во

можност да ги вртите педалите на животот

- не сте паднати.

Швабо

Измислен разговор на Богданчо на Богдан Богдански со Томчо Шимов

ТШ: - Ама зошто мене?БББ: -Затоа што се работи за „МЛАЗ“. Се држат собранија, се разрешуваат органи се избираат други. Едните не ги признават другите. Другите мислат дека се во право. ТШ: -Добро, ама зошто би ме прашал мене? Од толку богданчани баш мене ли ме најде!?БББ: -Кого ако не тебе.Ти го создаде

„Млаз“.ТШ:- Точно, го создадов. И така создаден ви го оставив на располагање.БББ: - Директоре! Абе, „Млаз“ е.ТШ: - Не. Овој „Млаз“ не е мојот „Млаз“. Јас можам да зборувам само за мојот „Млаз“.

„СТОП“, милиција

Правилата на заедништвото

Роднокрајна шегаДељо Узунов, син на Павле

Узунов и на Ташија Јанева, е истакнат лик од урбаните приказни на Богданци. Службеникот на „Изворски“, комерцијалистот на „Градинар“ и легендарниот директор на „Богданчанка“ одамна е починат, но анегдотите за него сеуште живеат меѓу богданчани.

Во времето на Југославија имаше периоди кога мораше да преземаат мерки за обезбедување на редот и мирот во определени подрачја. Тоа подразбираше зголемено присуство на активната милиција таму. Бројот што се додаваше на

едно место се одземаше од друго место. Нашиов регион беше место од кадешто милиционерите се праќаа на привремени задачи на други места. Тоа обично се правеше за време на празниците. Бројот на активни милиционери што недостасуваа за да се обавуваат тековните активности на милицијата се дополнуваше од резервниот состав. Резервниот состав на милицијата го сочинуваа цивилни лица кои имаа униформи и воен распоред во случај на потреба. Секој што имаше отслужено воен рок се распоредуваше во некаков резервен состав. Дељо Узунов беше во резервниот состав на милицијата.

Се наближува државен празник. На неколку дена пред празникот Дељо Узунов добива известување дека на таа и таа дата, во толку и толку часот, облечен во униформата треба да се јави во станицата на милицијата во Гевгелија.

Во одредениот термин, стегнат во сината униформа, Дељо се јавува на зборното место. Надлежниот службеник му издава дневен распоред на задолженијата и покажува кон едно момче, исто во униформа на резервист, со кое ќе биде во патрола. За „врховен командант“ на патролата го именуваат-другарот резервен милиционер Дељо Узунов.

„Разбирам другар командире, -го собрал Дељо колегата од патролата, влегле во колата и правец Богданци, каде што добиле задача да патролираат.

Во тоа време во Богданци имаше десетина места каде што се печеше скара. Патролирај наваму, патролирај натаму додека ги поминале сите скари прекршил денот. Почнале да се врааќат и оние што заминале за Дојран. Нога за нога Дељо и колегата се упатиле накај Каменот. Кафеаната на Каменот беше собиралите на возачите на „Млаз“ и на комарџиите. Коцкањето беше строго забрането и „солено“ казнувано. Милицијата водеше сметка таа забрана да се почитува. Стравот од милицијата на комарциите им беше влезен во коските. Од активните милиционери, се разбира. Резервните беа нивни другари и не ги есапеа премногу.

Влегла, значи, патролата во кафеаната, погледала малку барбут, фрлила нешто течност во грлото, „чопнала“ по малку од скарата, си зела едно шише коњак од шанкот на сметка на куќата и се симнале по скалите на кафеаната. Си седнала на ѕидчето до карпата, го пикнала шишето коњак во живата ограда одвреме навреме цврцнувајќи си од него и им се препуштила на „задолженијата“.

Седеле така што седеле, и за да не дојде „приметливо“, одвреме навреме излегувале до крстосницата.

Додека стоел на патот Дељо, „врховниот командант“ на патролата, видел дека од кај Дојран се доаѓа кола. Регистрацијата,скопска. Го поткренал Дељо коланот, ја подисправил титовката , палката со „Стоп,милиција“ в врака и се исправил пред колата. Застанала колата, го

отворил возачот прозорецот, се наближил Дељо до колата и како што налагаат прописите „Добар ден“, поздравил одвај допирајќи си го челото со врвовите на прстите од десната рака и стегајќи ја палката со „Стоп, милиција“ под левата мишка.

-Документите, ќе ве молам, му се обратил на возачот.

Овој ги побарал возачката и сообраќајната и, растреперен од страв службеното лице да не му најде некоја мана и да го казни, му ги подал на Дељо.

-Од каде доѓате?- продолжил со рутинската контрола милиционерот.

-Бевме до Дојран за празников, па се враќаме во Скопје.

-Имате ли нешто пиено? -Не, ништо. Капка алкохол не

сум ставил во устата.- се обидел да биде уверлив возачот.

-Ништо, велиш? Ниту капка!?-почнал да се чуди резервниот милиционер., не забележувајќи дека преминал на „ти“.

-Ниту капка.-Аман, бе човеку! Дете, донеси

го шишето.- му свикал Дељо на колегата од патролата што си седел на ѕидчето.

Детето пристапило. Дељо Узунов го зел шишето, ја одрвртел затката и му го подал на збунетиот возач.

-На, земи напиј се. Не бива цел ден да не се напиеш ништо.

Му се подзасушила устата на возачот не можејќи да се соземе.

-Не се чуди. Земи напиј се, продолжил Дељо.

-Ама...-Што се плашиш, напиј се.

Празник е денеска, ебаго.-Видете...јас...кога возам... не

пијам, пропелтачел скопјанецот.-Добро. Ако не пиеш, не пиеш.

Еве ти ги документите и со здравје. –Му ги вратил документите, повторно ја допрел титовката со прстите и се иставил настрана за да помине колата. –И внимавај како возиш. Ги има секакви по патиштата.

Колата заминала, Дељо палката под мишка, шишето в рака си се вратил да си седне на зидот каде штро веќе бил заседнат колегата.

Никој повеќе не го виде Дељо во униформа на резервната милиција.

Во чаршијата се интересираа за настанот и поставуваа разни прашања, ама тој одговараше само со таинствена насмевка навлечена на онаа негово тркалезно лице.

Сенките на душата на Тони АврамовТони Аврамов е професор по

македонски јазик и литература во Средношколскиот училишен центар „Јосиф Јосифовски-Свештерот“ во Гевгелија. Со стихотворба „Остана недоречен стихот од поезијата на Твојот живот (Песна за изгубениот ангел)“, пријавена под шифра „Матеј“, тој учествуваше на анонимниот награден конкурс за песна распишан од „Поглед“. Стручното жири во состав: Илија Карајанов, пензиониран професор по македонски јазик и литература, Евгенија Ќука, професорка по англиски јазик и литература и Катерина Чрчева, професорка по македонски јазик и литература ја прогласи песната за победник на конкурсот. Наградата во вид на печатење на збирка поезија од

авторот на победничката песна беше донација од Печатницата „СОФИЈА“.

Неодамна стохозбирката „Сенките на мојата душа“ од Тони Аврамов, во издание на Печатницата „СОФИЈА“, излезе од печат. Во неа своите стихувани размислувања авторот ги поделил на седум дела наредени и забележани во седум сенки-придружнички на неговиот живот. На крајот од книгата тој ги именува седумте сенки и дава прозно објаснување за секоја од нив.

Предговорот на стихозбиркате е на Владимир Мартиновски, а поговорот e напишан од Даниела Џишева.

Фотографијата на кориците е творба на Димитар Мијов, а техничкото уредување е направено од

Одделението за подготовка и дизајн на печатницата „СОФИЈА“ каде што е и печатена книгата .

Нова книга од Ристо К.ПеевВо осумдесет и осмата година

од животот Ристо К.Пеев ја издаде својата најнова авторска книга.Насловена како „Драматизирани анегдоти од познати богдански тоафчии (мајтапчии) - од првата половина на XX-от век до денес-“ книгата содржи 46 анегдоти поврзани со 26 ликови од минатото на Богданци.

Компјутерската обработка на текстот е на Миле Димитровски, коректурата е направена од Гонца Коцева, а техничката подготовка и изработката на кориците, илустрирани со претстава од некогашното Богданци со фотографија на Михаил Ванов јавнат на магарето на чиј

самар е обесена кошницата со која се има упатено за грозје и смокви, што доминира на предната корица, и фотографија од берберницата „Зора“ додека нејзиниот сопственик, мајсторот Мито Гогов-Брица, го бричи муштеријата Санде Брдаров, на задната корица, се дело на Одделението за дизајн и подготовка на Печатницата „СОФИЈА“. Книгата на која како издавач се потпишува Ристо Пеев е печатена во Печатницата „СОФИЈА“.

Оваа е четврта книга на авторот. Тој досега има издадено 2 збирки со драмски текстови и монографија за Фудбалскиот клуб „Вардарски“.

Човекот за да живее така како што само на него му одговара треба да живее сам. Но човекот е социјално суштество. Самотијата не му е од бога дадена карактеристика на човекот. Дружбата и дружењето се во природата на хомосапиенсот. Така е создаден и така егзистира. За да биде дел од заедницата, секоја единка мора да ги почитува правилата поставени од заедница на која и припаѓа.

Правилата за единките од човечкиот род определени како богданчани, во делот за однесувањата во парковите и шеталиштата велат:

-За шетање низ паркот служат патеките, а не тревниците;

-Клупите во паркот и шеталиштето служат за седење, а не за разместување и кршење;

-Клупите треба да останат таму каде што се поставени од тие што ги поставиле;

-Отпадоците од јадењата што се јадат, грицкаат, лижат и пијат треба да се стават во корпите за отпадоци, а не да се расфрлаат наоколу;

-Тревниците во паркот служат за да личат и за да ја освежуваат околината, а не по нив да трчаат нечии деца;

-Возрасните во придружба на

децата се одговорни за однесувањето на децата;

-Тревниците во паркот не се ливади и тие што во тревниците гледаат ливади и ги препознаваат како нивна автентична и природна средина, се потсетуваат дека тревниците се дел од урбаната средина и секој кон нив треба да се однесува во согласност со правилата

за цивилизирано поведение;-Јавната чистота и јавниот ред

се законски определени категории и секој што не се придржува до пропишаните правила може да дојде под удар на Законот.

За секој од шесте илјади богданчани ова би требало да биде доста.

Prinect CS-4iFormat 74 Dipco 3.0e (pdf) © 2007 Heidelberger Druckmaschinen AG

B C M Y CM CY MY B C M Y slurC B C M Y C 20 C 40 C 80 B C M Y slurM Y M 20 M 40 M 80 B C M Y P B C M Y B C M Y slurY Y Y 20 Y 40B 40 B 80

тел. 034/ 222-766

БАЏО[email protected]

СТОЧАРСТВОБогданци

[email protected]

тел. 034/ [email protected]

Агенција за обезбедување на лица и имот

Богданци

тел. 034. 222.110; 222.220e-mail: [email protected]