Opsto Za Igri Na Sreka i Zabavni Igri Januari 2009

4
www.ujp.gov.mk Tvoj danok, tvoja idnina! ОПШТО ЗА ИГРИ НА СРЕЌА И ЗАБАВНИ ИГРИ 1 јануари 2009 I. Што претставуваат игрите на среќа и забавните игри? Игрите на среќа и забавните игри се организираат заради забава на учесниците во играта, како и за стекнување средства што се приход на Буџетот на Република Македонија. Средствата се користат и за финансирање на одредени годишни програми и задачи на здруженија на граѓани (програмите на здруженија на хендикепирани лица, спортот и за Црвениот крст на Република Македонија). II. Какви можат да бидат игрите на среќа? Игрите на среќа може да бидат општи и посебни. • Општи игри на среќа се: - лото - спортска прогноза - лотарија - инстант лотарија - томбола и - наградна игра • Посебни игри на среќа се: - игри што се приредуваат во играчница (казино) - интерактивни игри на среќа кои се приредуваат во играчница (казино) - игри на автомати за игри на среќа - обложување на спортски натпревари и - обложување на спортски натпревари преку интернет III. Какво може да биде приредувањето на игрите на среќа? Приредувањето на игрите на среќа може да биде: - постојано и - повремено. Постојано приредување на игрите на среќа (општи и посебни) може да врши Трговско друштво. Повремено приредување на игрите на среќа може да вршат Здруженија на граѓани од областа на физичката култура и хендикепираните лица врз основа на одобрение. • Повремено може да се приредуваат игрите на среќа: - Лотарија - Томбола IV. Што претставува наградна игра? Наградна игра е игра која ја приредуваат едно или повеќе трговски друштва заедно за рекламирање на своите производи и услуги, со јавно објавување на условите за учество во играта, утврдени со правилата на играта. V. Кој издава лиценца за постојано приредување на игрите на среќа? Лиценца за постојано приредување на игрите на среќа издава Владата на Република Македонија, по предлог на министерот за финансии. Лиценца за постојано приредување на игри на среќа чиј број е ограничен се издава врз основа на јавен оглас.

Transcript of Opsto Za Igri Na Sreka i Zabavni Igri Januari 2009

Page 1: Opsto Za Igri Na Sreka i Zabavni Igri Januari 2009

www.ujp.gov.mk

Tvoj danok, tvoja idnina!

ОПШТО ЗА ИГРИ НА СРЕЌАИ ЗАБАВНИ ИГРИ

1

јануари 2009

I. Што претставуваат игрите на среќа и забавните игри?Игрите на среќа и забавните игри се организираат заради забава на учесниците во играта, како и за стекнување средства што се приход на Буџетот на Република Македонија.Средствата се користат и за финансирање на одредени годишни програми и задачи на здруженија на граѓани (програмите на здруженија на хендикепирани лица, спортот и за Црвениот крст на Република Македонија).

II. Какви можат да бидат игрите на среќа?

Игрите на среќа може да бидат општи и посебни.• Општи игри на среќа се: - лото - спортска прогноза - лотарија - инстант лотарија - томбола и - наградна игра• Посебни игри на среќа се: - игри што се приредуваат во играчница (казино) - интерактивни игри на среќа кои се приредуваат во играчница (казино) - игри на автомати за игри на среќа - обложување на спортски натпревари и - обложување на спортски натпревари преку интернет

III. Какво може да биде приредувањето на игрите на среќа?

Приредувањето на игрите на среќа може да биде:- постојано и- повремено.Постојано приредување на игрите на среќа (општи и посебни) може да врши Трговско друштво. Повремено приредување на игрите на среќа може да вршат Здруженија на граѓани од областа на физичката култура и хендикепираните лица врз основа на одобрение.• Повремено може да се приредуваат игрите на среќа: - Лотарија - Томбола

IV. Што претставува наградна игра?Наградна игра е игра која ја приредуваат едно или повеќе трговски друштва заедно за рекламирање на своите производи и услуги, со јавно објавување на условите за учество во играта, утврдени со правилата на играта.

V. Кој издава лиценца за постојано приредување на игрите на среќа?

Лиценца за постојано приредување на игрите на среќа издава Владата на Република Македонија, по предлог на министерот за финансии.Лиценца за постојано приредување на игри на среќа чиј број е ограничен се издава врз основа на јавен оглас.

Page 2: Opsto Za Igri Na Sreka i Zabavni Igri Januari 2009

VI. Кои услови треба да ги исполни трговското друштво за да добие лиценца за постојано приредување на игри на среќа?Трговското друштво (ТД) со седиште во Република Македонија за да добие лиценца за постојано приредување на игри на среќа треба да ги исполнува следниве услови: • Да има основна главнина од најмалку 2.500.000 евра во денарска противредност по среден курс на Народната банка на Република Македонија * Исклучок е играта на среќа Обложување на спортски натпревари кога основната главнина треба да изнесува најмалку 200.000 евра, а ТД е должно да обезбеди и дополнителна банкарска гаранција од 300.000 евра.• Освен тоа,ТД што ја приредува играта на среќа Обложување на спортски натпревари кое има од 25 до 50 уплатни места е должно да обезбеди дополнителна банкарска гаранција од 50.000 евра• А за секои наредни 25 уплатни места е должно да обезбеди дополнителна банкарска гаранција од 50.000 евра

VII. Кои други услови треба да ги исполни трговското друштво што приредува игра на среќа „обложување на спортски натпревари“ доколку поднесе барање за приредување и на друга игра на среќа?Ако трговското друштво што приредува игра на среќа „обложување на спортски натпревари“ поднесе барање за приредување и на друга игра на среќа, должно е основната главнина да ја зголеми до најмалку 2.500.000 евра во денарска противредност по среден курс на Народната банка на Република Македонија.• Да обезбеди технички, технолошки и просторни услови за вршење на дејноста приредување на игри на среќа;• Да ангажира управители и други лица кои се стручно осопособени и располагаат со искуство потребно за правилно водење на работата и кои не се осудувани за казниви дела сторени во врска со игри на среќа или забавни игри или за кривично дело од областа на стопанството, и• Најмалку шест месеци, пред објавувањето на огласот за добивање на лиценца ги намирило обврските кон државата, нема блокирано жиро сметка и редовно исплатува плати.

VIII. Дали за добивање на лиценца за постојано приредување на игрите на среќа се плаќа надоместок? За добивање на лиценца се плаќа надоместок.

IX. Кога треба да се уплатат средствата за доделената лиценца? Средствата за доделената лиценца за постојано приредување на игрите на среќа имателот е должен да ги уплати и тоа:• 50% на денот на доделувањето на лиценцата, • а остатокот од 50% во еднакви годишни рати најдоцна до 30 јануари во тековната година за секоја година додека трае лиценцата

X. Колкав е периодот на важноста на лиценците?Лиценцата се дава за временски период од три до шест години и истата може да се откаже во отказен рок од шест месеци без право на враќање на уплатениот надоместок за лиценцата.Приредувачот е должен игрите на среќа за кои добил лиценца да ги спроведува без прекин.

XI. Кој го издава одобрението за повремено приредување на игрите на среќа и приредувањето на играта на среќа - наградна игра?Одобрение за повремено приредување на игрите на среќа и приредување на играта на среќа- наградна игра, издава Министерот за финансии.

XII. Каде се поднесува Барање за добивање на одобрение за повремено приредување на игри на среќа и приредување на игра на среќа „наградна игра“?Приредувачот на игрите на среќа поднесува Барање за добивање на одобрение кое го доставува до Министерството за финансии. Одобрението се издава за период до девет месеци и не може да биде обновено во календарската година во која престанало да важи.

2

www.ujp.gov.mk

Page 3: Opsto Za Igri Na Sreka i Zabavni Igri Januari 2009

3

XIII. Кои услови Здруженијата на граѓани од областа на физичката култура и хендикепираните лица треба да ги исполнат за да добијат одобрение за повремено приредување на игрите на среќа?Здруженијата на граѓани од областа на физичката култура и хендикепираните лица за да добијат одобрение за повремено приредување на игрите на среќа треба да ги исполнуваат следниве услови:• Да ги обезбедат техничките, технолошките и просторните услови за приредување на играта на среќа и• Документирано да ја образложат потребата од приредување на играта на среќа заради стекнување на средства за финансирање на потребите на здружението.

XIV. Дали за добивање на одобрение се плаќа надоместок?За добивање на одобрение се плаќа надоместок.

XV. Кога треба да се уплатат средствата за даденото одобрение?

Средствата за даденото одобрение за повремено приредување на игри на среќа, имателот на одобрението е должен да ги уплати и тоа: • 50% на денот на издавањето на одобрението, • а остатокот од 50% на еднакви месечни рати најдоцна до петтиот ден во месецот за секој месец додека трае одобрението.Одобрението за повремено приредување на игрите на среќа се издава во вид на решение.Приредувачот е должен игрите на среќа за кои добил одобрение да ги спроведува без прекин.

XVI. Што се подразбира под забавни игри?Забавни игри се игрите на сметачи, конзола за игра, симулатори, видеоавтомати, флипери, пикадо, билијарди, органзирани забавни игри на компјутер и на други слични направи што се ставаат во погон со помош на метални пари, жетони или со готовинска и безготовинска наплата, а во кои учесникот не може да оствари добивка во пари, предмети или права, освен право на една или повеќе наградни игри на направата за забава.

XVII. Каде може да се приредуваат забавните игри и кoи услови треба да се обезбедат?Забавни игри може да се приредуваат во посебно уредени забавни клубови, забавни клубови што се организирани како подвижни објекти, како и во угостителски објекти. Забавен клуб може да се приредува во посебни простории чија површина не може да биде помала од 20 м2 освен кога се организира како подвижен објект, а доколку забавниот клуб се организира како билијард клуб, тогаш мора да се обезбеди простор од 15 м2 по билијард маса.Во забавниот клуб мора да бидат поставени најмалку пет апарати за забава (видео игри, флипери, пикадо, фудбал на маса и слично).Во угостителски објекти со површина до 50 м2 се забранува да се постават автомати за забава, а во објектите над 50 м2 може да се постават најмногу пет апарати за забава.

XVIII. Колкав е износот на надоместокот за одобрение за приредување на забавни игри за домашно правно или физичко лице?Одобрение за приредување на забавни игри се издава со надоместок кој за домашно правно или физичко лице е 3000 евра и се плаќа во еднократен износ на денот на издавањето на одобрението во денарска противредност .

XIX. Какви докази треба да се приложат за добивање на одобрение за приредување забавни игри?За добивање на одобрение за приредување забавни игри, односно поставување на апарати за забава во угостителски објект, мора да се приложат следниве докази:• Доказ дека се исполнети пропишаните услови, • Упатство за начинот на ставање на апаратот во погон и опис на играта, • Видот и бројот на апаратите, односно направите за забава, • Местото каде што се поставуваат апаратите и• Податоци за организаторот на забавните игри.

XX. Кој ги донесува правилата на игри на среќа и кој ја дава согласноста на правилата на игри на среќа?

www.ujp.gov.mk

Page 4: Opsto Za Igri Na Sreka i Zabavni Igri Januari 2009

XX. Кој ги донесува правилата на игри на среќа и кој ја дава согласноста на правилата на игри на среќа?

Правилата на игрите на среќа ги донесува приредувачот и истите треба да бидат истакнати и достапни за учесниците во игрите.Министерот за финансии дава согласност на правилата за игрите на среќа и на правилникот на играчниците со заверка на истите.

XXI. Во кој случај приредувачите на игрите на среќа се должни да плаќаат посебна давачка?

Приредувачите на игрите на среќа се должни да плаќаат посебна давачка во висина од 4% на вкупно остварените уплати од продажба и тоа за: • Општите игри на среќа (лото, спортска прогноза, лотарија, инстант лотарија, томбола) и• Посебната игра на среќа – обложување на спортски натпревари, интерактивни игри на среќа и обложување на спортски натпревари на интернет. Приредувачите на наградните игри се должни да плаќаат посебна давачка од 18% на вкупниот износ на наградниот фонд, според правилата на игра.

XXII. Во кој рок се плаќа посебната давачка?

Посебната давачка се плаќа до петнасетти во месецот за тековниот месец.

XXIII. Во кој случај приредувачите на посебни игри на среќа и за забавни игри плаќаат надоместок во месечен износ и во кои период?Приредувачите на посебни игри на среќа и за забавни игри според видот на играта, плаќаат и надоместок во месечен износ и тоа:• За рулет маса во играчница 3.000 евра; • За други маси во играчница 1.725 евра; • За автомат за игри на среќа на кој може да учествува само еден играч 375 евра; • За автомат за игри на среќа на кој истовремено можат да учествуваат повеќе играчи 675 евра и • За апарат за забава 10 евра. Месечниот надоместок се плаќа до петнаесетти во месецот за тековниот месец.

XXIV. Обврски на приредувачите во текот на приредување на игрите

Приредувачите на игрите на среќа покрај сметката за редовно работење кај истиот носител на платен промет треба да имаат и наменска сметка на која ќе се депонира депозит со кој се обезбедува исплатата на добивките на учесниците во игрите на среќа.

• Игри на среќа што се приредуваат на основа на лиценца: - За еден автомат клуб 500.000 денари - Лото 6.500.000 денари, - Спортска прогноза 3.500.000 денари, - Лотарија 350.000 денари, - Инстант лотарија 1.000.000 денари, - ТВ Томбола 10.000.000 денари, - Томбола 1.000.000 денари - Обложувањето на спортски натпренвари преку интернет 200.000 евра во денарска противвредност. • Игри на среќа што се приредуваат со одобрение - Лотарија 350.000 денари, - ТВ томбола 3.500.000 денари - Томбола 350.000 денариДепонираниот депозит се одржува за целиот период на траењето на важноста на лиценцата.

Tvoj danok, tvoja idnina!