MAKROEKONOMIJA - utms.cc · PDF fileВо периодот од xviii, xix и xx век во...

22
Макро, микро и мезоекономија УТМС, Економски факултет 02.12.2013

Transcript of MAKROEKONOMIJA - utms.cc · PDF fileВо периодот од xviii, xix и xx век во...

Page 1: MAKROEKONOMIJA - utms.cc · PDF fileВо периодот од xviii, xix и xx век во економијата доминирало учењето на класичната економска

Макро, микро и мезоекономија

УТМС, Економски факултет

02.12.2013

Page 2: MAKROEKONOMIJA - utms.cc · PDF fileВо периодот од xviii, xix и xx век во економијата доминирало учењето на класичната економска

Во периодот од XVIII, XIX и XX век во економијата доминирало учењето на класичната економска мисла во која што централна мисла имал пазарот. Пазарот имал една голема моќ на саморегулација, односно дека самото производството ја раѓа сопствената потрошувачка. Со други зборови, пазарот е една голема ефикасна целна и бил во можност да продаде се што ќе се произведе. Во такви услови, економијата рационално и ефикасно ги користела сите расположливи ресурси.

Неновски Томе, Макроекономија, 2010

Page 3: MAKROEKONOMIJA - utms.cc · PDF fileВо периодот од xviii, xix и xx век во економијата доминирало учењето на класичната економска

Во времето на каптализмот економските кризи биле невозможни поради тоа што невработеноста била доброволна и привремена. Поради сето ова, државата не се мешала во економијата. Од тука, од основните елементи на учењето на класичната економска мисла, може да се извлече заклучок дека таа ја изучува микроекономијата. Макроекономските проблеми, како што се производството, цените и невработеноста не се предмет на нејзин интерес.

Page 4: MAKROEKONOMIJA - utms.cc · PDF fileВо периодот од xviii, xix и xx век во економијата доминирало учењето на класичната економска

Макроекономијата претставува наука што го изучува тоа што ја одредува невработеноста во општеството, стапката на инфлација и стапката на порастот на бруто домашниот производ.Макроекономијата ја изучува економијата во целина, како збир на повеќе макроекономски големини, на ниво на едно национално стопанство или на повисоко ниво.

Page 5: MAKROEKONOMIJA - utms.cc · PDF fileВо периодот од xviii, xix и xx век во економијата доминирало учењето на класичната економска

Постојат неколку основни цели на макроекономијата кои земјата настојува да ги реализира преку соодветни инструменти:

реализација на побрзо темпо на економски раст

остварување на ниска стапка на невработеност

остварување на ниска стапка на инфлација

урамнотежена економска размена со странство и стабилен девизен курс

Page 6: MAKROEKONOMIJA - utms.cc · PDF fileВо периодот од xviii, xix и xx век во економијата доминирало учењето на класичната економска

Основна цел на макроекономијата е остварување на повисоко ниво на економска активност и реализација на побрзо темпо на економски раст. Нивото на економска активност на една земја се мери со Бруто домашниот производ , кој претставува најсинтетички показател за акроекономска активност во една земја. Бруто домашниот производ претставува збир на сите произведени услуги и производи во една држава во една тековна година. Има повеќе начини на кои што тој може да се претстави, од кои најглавни се номинален и реален, но и фактички и потенцијален.

Page 7: MAKROEKONOMIJA - utms.cc · PDF fileВо периодот од xviii, xix и xx век во економијата доминирало учењето на класичната економска

Цели на макроекономската политика Остварувањето на најголем обем на економска активност на

земјата и одржување на динамична стапка на економски растеж – главен услов за надминување на сите макроекономски проблеми од социјален карактер, како и подобро позиционирање на земјата во меѓународната трговија е остварување на што е можно поголем и потраен стопански растеж

Остварување ниска стапка на невработеност, а со тоа и високо ниво на вработеност – веројатно најтешкиот проблем во макроекономијата со силни економски и социјални последици е невработеноста. Овие лица не учествуваат во производствениот процес и не придонесуваат за растеж на економијата, а од друга страна трошат голем дел од производството, создадено од други лица.

Page 8: MAKROEKONOMIJA - utms.cc · PDF fileВо периодот од xviii, xix и xx век во економијата доминирало учењето на класичната економска

Ниска стапка на инфлација односно висока ценовна стабилност во економијата – Инфлацијата е состојба во економијата кога паричните фондови ги надминуваат стоковите фондови. Во целиот процес за насочување и користње на ресурсите главна улога имаат цените. Во целокупната економија цените на стоките и услугите се формираат слободно, најчесто во зависност од односот меѓу понудата и побарувачката. На пример, порастот на цените на суровата нафта кон крајот на 2007 година, како и почетокот на 2008 година, доведе до алармантна ситуација кај сите економски субјекти дека производството и понудата на тој ресурс се намалени и не се доволни за задоволување на светските потреби и дека решение е да се рационализираат употребата на тој производ или да се бара соодветна замена со гориво за вршење на потребното производство.

Page 9: MAKROEKONOMIJA - utms.cc · PDF fileВо периодот од xviii, xix и xx век во економијата доминирало учењето на класичната економска

Одржување богата трговија на земјата со странство, како и стабилен девизен курс на домашна валута - Глобализацијата резултираше со интензивирање на меѓународната размена на стоки и услуги. Состојбите на меѓународната размена се следат преку извозот и увозот на стоки и услуги на земјата. Доколку производство на извозот на стоки и услуги е поголем од вредноста увозот се појавува состојба на трговски суфицит, и обратно, доколку увозот на стоки е помал од извозот тогаш станува збор за трговски дефицит. Девизниот курс преставува цена на домашната валута изразена во странска валута. На пример курсот на македонскиот денар изнесува 61,5 денари за едно Евро. Промената на девизниот курс влијае на нето извозот на земјата. Зголемувањето на вредноста на домашната валута во однос на странската валута ги поскапува домашните производи на странскиот пазар, а истовремено цените на увезените производи стануваат поконкурентни на домашниот пазар. Овие промени, пак, негативно се одразуваат врз домашното производство, инфлацијата и вработеноста во земјата. Затоа целта на макроекономијата е одржување на стабилен курс на домашната валута.

Page 10: MAKROEKONOMIJA - utms.cc · PDF fileВо периодот од xviii, xix и xx век во економијата доминирало учењето на класичната економска

Инструментите на макроекономијата Инструментите на макроекономијата се групираат

во четири политики и тоа:

фискална политика,

монетарна политика,

политика на надворешноекономски односи и

политика на доходи.

Page 11: MAKROEKONOMIJA - utms.cc · PDF fileВо периодот од xviii, xix и xx век во економијата доминирало учењето на класичната економска

Фискалната политика е еден од позначајните инструменти на макроекономијата преку која државата може да влијае на потрошувачката, вработеноста и инфлацијата, која го регулира собирањето и трошењето на јавните приходи. Основни инструменти на фискалната политика се јавните приходи и јавните расходи.

Page 12: MAKROEKONOMIJA - utms.cc · PDF fileВо периодот од xviii, xix и xx век во економијата доминирало учењето на класичната економска

Монетарната политика е дел од макроекономијата со која се регулира понудата на пари во економијата, преку регулирање на количината на пари во оптек и на обемот на кредитите што ги одобруваат банките.

Инструменти на монетарната политика се: стапката на задолжителни резерви, дисконтната стапка и купопродажба на државни обврзници.

Page 13: MAKROEKONOMIJA - utms.cc · PDF fileВо периодот од xviii, xix и xx век во економијата доминирало учењето на класичната економска

Стапката на задолжителни резерви претставува количина на пари кои деловните банки се задолжени да ја чуваат во централната банка.

Дисконтната стапка претставува стапка која централната банка ја зема при одобрување на кредитите на деловните банки од централната банка. Таа е инструмент за монетарно регулирање со кој се влијае врз зголемување или намалување на каматни стапки како и на обемот на кредити .

Купопродажбата на државни обврзници се врши на отворен пазар, на кој дравата има право да купува или продава обврзници кои таа ги издава за одредена намена.

Page 14: MAKROEKONOMIJA - utms.cc · PDF fileВо периодот од xviii, xix и xx век во економијата доминирало учењето на класичната економска

Со инструментите на монетарната политика централната банка на земјата може да влијае на понудата на парите во земјата. При повисока стапка на рецесија самата држава преку инструментите на монетарната политика може да ја стимулира економската активност преку зголемување на понудата на пари. Централната банка ја зголемува количи

Page 15: MAKROEKONOMIJA - utms.cc · PDF fileВо периодот од xviii, xix и xx век во економијата доминирало учењето на класичната економска

Политиката на надворешни економски односи се однесува на размена на стоки и услуги помеѓу една земја со други земји.

Инструментите на политиката на надворешноекономски односи се царините, квотите и таксите и со нив државата може да влијае на обемот и структурата на нејзината трговија со странство.

Page 16: MAKROEKONOMIJA - utms.cc · PDF fileВо периодот од xviii, xix и xx век во економијата доминирало учењето на класичната економска

Со политиката на доход државата директно влијае на цената на факторите на прооизводство, односно надниците, а со тоа и на цената. Всушност преку политиката на доход државата може да ја контролира инфлацијата во земјата.

На краток рок, политиката на доход би можела да има позитивни ефекти, но на долг рок последиците можат да бидат негативни бидејки преку политиката на доход државата всушност директно се меша во пазарното формирање на цените на факторите на производство и цените на стоките и услугите. Затоа примената на овој инструмент на макроеконијата е многу помала.

Page 17: MAKROEKONOMIJA - utms.cc · PDF fileВо периодот од xviii, xix и xx век во економијата доминирало учењето на класичната економска

АГРЕГАТЕН МАКРОЕКОНОМСКИ МОДЕЛ

Агрегатна побарувачка (АД) ни е покажува вкупната потрошувачка (количина на финални производи и услуги)на сите сектори на економијата при различните нивоа на цени.

Агрегатната побарувачка се одредува со вкупната потрошувачка на поединците и домаќинствата (С),потрошувачката на претпријатијата (И),потрошувачката на државата - буџетот (Г) и со надворешно-трговскиот сектор (Џ-М) – нето извоз

Page 18: MAKROEKONOMIJA - utms.cc · PDF fileВо периодот од xviii, xix и xx век во економијата доминирало учењето на класичната економска

Агрегатна понуда (АС) представува однос помеѓу општото ниво на цените и вкупната количина на производи и услуги што ги претпријатијата нудат на пазарот. Агрегатна понуда се дефинира и како растечка функција на цените. Долго време мислењата во врска со формата на кривата на понудата се биле поделени:

Page 19: MAKROEKONOMIJA - utms.cc · PDF fileВо периодот од xviii, xix и xx век во економијата доминирало учењето на класичната економска

: Класичарите тргнуваа од предпоставката дека економијата секогаш работи во услови на вработеност,во овој случај кривата е во висина на полна вработеност и е нееластична на промените на цените.

Кејнз тврдел дека кривата (АС) е потполно еластична т.е. претпоставувал дека количината на производството и вработеноста се исклучиво под влијание на агрегтна побарувачка.

Неокласичарите сметале дека кривата (АС) во почетокот, во услови на голема невработеност е еластична , а во услови на висока вработеност е нееластична

Page 20: MAKROEKONOMIJA - utms.cc · PDF fileВо периодот од xviii, xix и xx век во економијата доминирало учењето на класичната економска

Макроекономска рамнотежа е основна економска цел на секоја земја,а подразбира истовремено постигнување на стабилноста на цените.висок степен на вработеноста и постигнување на надворешно-економска рамнотежа.Макроекономската рамнотежа настанува во точката каде што се сечат кривата на побарувачка и кривата на агрегатна понуда и каде што оделните економски сектори (купувачи) при општото ниво на цени ја бараат количината на агрегатен аутпут која што претпријатијата (продавачи) се способни да понудат. Макроекономската рамнотежа може да се наруши под влијание на промените на нивото на потрошувачка на поединците и домаќинствата,буџетот,нето извозот или во случај на промените на нивото на платите, суровините, енергенсите.

Page 21: MAKROEKONOMIJA - utms.cc · PDF fileВо периодот од xviii, xix и xx век во економијата доминирало учењето на класичната економска

Макроекономската рамнотежа може да се јави на краток и на долг рок. На краткиот рок фактички БДП се менува над и под потенцијалниот БДП.Владата со примена на макроекономските инструменти се обидува да го приближи фактичкиот БДП до потенцијалниот БДП. Кога е фактичкиот БДП над потенцијалниот БДП економијата се наоѓа во експанзија која што може да резултира со висока инфлација. Кога фактичкиот БДП е под потенцијалниот БДП економијата се наоѓа во фаза на рецесија (висока стапка на невработеност.опаѓање на нивото на производството,намалување на доходот)

Page 22: MAKROEKONOMIJA - utms.cc · PDF fileВо периодот од xviii, xix и xx век во економијата доминирало учењето на класичната економска

На долг рок платите и цените се флексибилни (следат го општото ниво на цените) ,БДП и вработеноста ке се вратат на нивото на потенцијалниот БДП и на на природната стапка на невработеност,али цените ке останат високи (зголемена инфлација