komplet rask. pesni - zmurh.hr€¦ · Горите Македонски шумно пеат,...

99

Transcript of komplet rask. pesni - zmurh.hr€¦ · Горите Македонски шумно пеат,...

Page 1: komplet rask. pesni - zmurh.hr€¦ · Горите Македонски шумно пеат, нови песни, нови весници! Македонија слободна,
Page 2: komplet rask. pesni - zmurh.hr€¦ · Горите Македонски шумно пеат, нови песни, нови весници! Македонија слободна,

Родниот јазик

Родниот јазик е бисерен ѓердан од зборови - плодови сочни,мислите тие ти ги редатво сликите јасни и точни,

Тој е вруток непресушен, вечен,низ бистри капки - зборови течат.Жубори, клокоти, ѕвони, се лее,ко јасна ѕвезда секој збор грее.

Тој ни е завет од дедовцитекако тламникот на огништето.Чувај го како црнката во очите - без јазик си никој и ништо.

Видое Подгорец

Page 3: komplet rask. pesni - zmurh.hr€¦ · Горите Македонски шумно пеат, нови песни, нови весници! Македонија слободна,
Page 4: komplet rask. pesni - zmurh.hr€¦ · Горите Македонски шумно пеат, нови песни, нови весници! Македонија слободна,
Page 5: komplet rask. pesni - zmurh.hr€¦ · Горите Македонски шумно пеат, нови песни, нови весници! Македонија слободна,

Почитувани

За вас со стапувањето во втората фаза за изучувањето намакедонскиот јазик се отвораат нови видици и се создаваат новиможности за усвојување знаења кои ќе ви користат во целиот живот.

Со трудот што го вложивте во досегашното школување виесоздадовте цврста основа врз која ќе се натрупуваат идните знаења.Досега научивте да читате и да го разбирате прочитаното. А тоа виовозможува до некои знаења да доаѓате и сами со читање книги,списанија, весници, интернет-страници и друго.

Сепак, најмногу знаења ќе добиете преку наставата од вашитепрофесори.

Ние, како автори се потрудивме да ви го создадеме овој учебниккој ќе ви помогне заедно со вашиот наставник да ги утврдувате веќестекнатите знаења, да стекнувате нови знаења, да се воспитувате водухот на чесноста, трудољубивоста, другарството, љубовта кон човекоти кон татковината.

Со желба што повеќе знаења да стекнете ве поздравуваме и вепотсетуваме на непобитната вистина:

Знаењето е сила, знаењето е моќ.

Од авторите

Page 6: komplet rask. pesni - zmurh.hr€¦ · Горите Македонски шумно пеат, нови песни, нови весници! Македонија слободна,

Денес над Македонија

Денес над Македонија се раѓа,ново сонце на слободата!Македонците се борат,за своите правдини!Македонците се борат,за своите правдини!

Одново сега знамето се вее,на Крушевската република!Гоце Делчев, Питу Гули,Даме Груев, Сандански!Гоце Делчев, Питу Гули,Даме Груев, Сандански!

Горите Македонски шумно пеат,нови песни, нови весници!Македонија слободна,слободнo живее!Македонија слободна,слободнo живее!

7

Денес над Македонија е национална химна на Македонија.

Автор на текстот е Владо Малески, а автор на музиката Тодор Скаловски.

Напишана е во 1941 година.

По завршувањето на Втората светска војна е усвоена како химна на СР

Македонија во рамките на поранешна Југославија, а по осамостојувањето на

Република Македонија, на 11 август 1992 година со закон е прогласена и за химна

на независна Македонија.

Симболите на Македонија се националните обележја на државата и на наро-

дот. Националните симболи ги вклучуваат државното знаме, државниот грб, држав-

ната химна.

Page 7: komplet rask. pesni - zmurh.hr€¦ · Горите Македонски шумно пеат, нови песни, нови весници! Македонија слободна,

Татковина

Нигде на светот под вишно небо,под златен сончев сјај,толку убава земја немако мојот роден крај!

Врвови вишни, гори зелении реки голем број,те личат, о земјо моја,о роден крају мој!

За мене ти си живот и среќа,најголем, најмил дар,во моето срце за тебе, земјо,гори љубов ко жар!

Ванчо Николески

8

Page 8: komplet rask. pesni - zmurh.hr€¦ · Горите Македонски шумно пеат, нови песни, нови весници! Македонија слободна,

На 8 Септември 1991 година во Македонија имаше гласање, референдум, за

народот да се изјасни за самостојна и независна Република Македонија

Народот изгласа Македонија да биде самостојна и независна. Беше форми-

рана Влада, избрани министри, а прв претседател беше Киро Глигоров.

Секоја година со пригодна програма се одбележува овој ден. Се отвораат

многу музеи, се откриваат бројни споменици.

Мојата татковина

Нашата татаковина е сместена во Европа, на Балканскиот Полуостров, соиме древно – старо, има прекрасна лика, Република Македонија се вика. Многупатишта низ неа водат, многу патници се занеле од убавините красни и станаленејзини обожаватели страсни.

Во центарот на Балканот нашата земја ги распослала убавините свои. И незнам кога е поубава, во пролетните или во есенските бои! На исток на својата сосет-ка Бугарија и подава рака, а и со другите да се дружи сака. Топол насмев кон југ наГрција и праќа, па на запад кон Албанија поздрав испраќа. На својот северен соседСрбија се насмевнува и кон Косово погледнува.

Прекрасна си татковино мила, сред Балканот гнездо што си свила. На истокстари грамадни планини те штитат, на запад млади високи планини те заградиле, созелена шамија од густи разновидни шуми како да се забрадиле.

Тивко шумолат горите и жуборат потоците. Историската приказна за твоетовековно постоење на сите генерации Вардар без престан им ја раскажува, а заодредени периоди од твојот живот и до ден-денешен се раскажува.

Гордо се вее македонското црвено знаме со жолти сочеви зраци додека зву-кот на државната химна се разлева низ целиот свет како пријатен мирис на проле-тен цвет. Денес над Македонија грее сонцето на слободата, сонцето на мирот, меѓу-себното почитување, разбирање, толеранција... Таа е татковина мила за сите луѓешто живеат во неа и во нејзиниот преграб нашле закрила.

А како се сака татковината?Се разбира, со работа, со учење, со преданост искрена и чесна, со игра, со

песна....А како се возвишува татковината?Со запознавање на прекрасните планински, рамничарски, крајезерски преде-

ли и места, со прошетка низ неа честа. Љиљана Атанасова

9

Кои чувства кај вас ги побудија песната и текстот посветени на татковината?

Page 9: komplet rask. pesni - zmurh.hr€¦ · Горите Македонски шумно пеат, нови песни, нови весници! Македонија слободна,

10

А а авион, автобусБ б баба, бебе, балонВ в вага, вежба, врата, воз,виљушкаГ г габа, гулаб, грозје, гитараД д дава, дожд, дрво, домЃ ѓ ѓезве, ѓеврек, ѓерданЕ е еж, елка, еленЖ ж жаба, желба, желкаЗ з заб, забава, зајак, зебраЅ ѕ ѕвезда, ѕвоно, ѕидИ и игла, играЈ ј јагода, јагне, јаболкоК к када, куче, козаЛ л ливада, лав, лижавчеЉ љ љубов, љубомораМ м молив, МакедонијаН н нож, ногаЊ њ коњО о облак, огин, окоП п патка, полицаецР р розаС с сијалицаТ т тортаЌ ќ ќошУ у училиштеФ ф фудбалХ х херојЦ ц цвеќеЧ ч чешелЏ џ џебШ ш шише

аА, бБ, вВ, гГ, дД, ѓЃ,

еЕ, жЖ, зЗ, ѕЅ, иИ, јЈ, кК,

лЛ, љЉ, мМ, нН, њЊ,оО

пП, рР, сС, тТ, ќЌ, уУ

фФ, хХ, цЦ, чЧ, џЏ, шШ

А з б у к а

Задачи:1. Препишете ја азбуката, нејзините

печатни и ракописни букви.

2. За секоја буква од азбуката напишете

по три збора кои почнуваат на таа буква!

3. Ако знаете повеќе зборови дополнете

таму каде што има по еден или два

збора.

4. За секоја буква одберете по два збора,

напишете ги на картончиња и играјте ја

Page 10: komplet rask. pesni - zmurh.hr€¦ · Горите Македонски шумно пеат, нови песни, нови весници! Македонија слободна,

11

Песна за солунските браќа

Во мрачна манастирска ќелија, капка по капка,се цеди од свеќата бледа светлина мека,Камен ѕидишта, Тишина, самотна стапка...Во очи несон, а во душа морна зрел копнеж штрека.

А над дрвената маса згрбавен Кирил редизнакови чудни со ветво петлово перо;усните шепотат тихо: Аз, буки, веди...Душата пламти во силна огнена вера.

Кој уште светец меѓу живите станал?Златното цвеќе в словенска градина цути...О, браќа, по пат сегде ве чекаше камана кривоклетна ерес и на неправди лути...

Впрегнати во една бразда без ропот оравте нива страдна и жедна за ново недоцвет семе...во сите векови зрачи вашата светлина жива.Далечна светлина – мугра на едно големо племе.

И кога душманска злоба едниот в мрака го прати,Пред смрта гордо ја крена морната глава и рече:Брате, јас паднав... Доорај ја браздата наша,делото нека ги пламти со пламен вечен!

Видое Подгорец

Задачи:1. Што знаете за браќата Кирил и Методиј?

2. Кој ден го славиме во нивна чест?

Кирил и неговиот постар брат Методиј се родени во Солун, па затоа се позна-

ти како солунските браќа. Тие работеле како учители во Моравија. За да можат да

приповедаат на словенски јазик измислиле азбука која ја нарекле глаголица.

Нивниот ученик Свети Климент ја упростил глаголицата и во чест на својот учител

Кирил ја нарекол кирилица. Македонскиот јазик бил првиот книжевен јазик кај

Словените.

Page 11: komplet rask. pesni - zmurh.hr€¦ · Горите Македонски шумно пеат, нови песни, нови весници! Македонија слободна,

Празно гнездо

Симче секоја пролет, лето и есен ја посетуваше градината на дедо му когаимаше слободно време.

Таа се наоѓаше на крајот од градот, а крај неа сè до почетокот на летотошумолеше мало поточе.

Дедо му садеше од сè по нешто, а Симче вредно му помагаше.- Ќе биде од тебе, внуче, добар градинар – му велеше дедо му. А Симче од

пофалбите блескаше од радост. Којзнае кога дедо му на крајот од градината насадил фиданки од тополи. - Тополите го штитат земјиштето од поплави. Тие пуштаат длабоки корења во

земјата – му раскажуваше дедо. Тополите на Симчета му личеа на огромни раззеленети џинови вивнати во

синото небо. На една од тополите пред неколку години во една пролет два штрка синаправија гнездо. Од тој ден Симче уште повеќе ја засака градината. Штрковите мубеа многу интересни и чудни.

- Дедо, а со што се хранат штрковите? - љубопитно го прашуваше. - Со што се хранат!? Со жаби, со змии, со полски глувци, со разни инсекти.

Тие се многу корисни и питоми птици.Во тоа се увери и Симче. Штрковите беа добри и нежни родители. Откако им

се испилија пиленцата, секое утро одеа редовно во потрага по храна. А когамладите штркчиња потпораснаа и им зацврснаа крилјата, им се придружија народителите во ловот.

Симче често им оставаше лепче крај стеблото на тополата. Штрковите беаплашливи и недоверливи. А кога Симче ќе се скриеше зад разгранетото стебло настариот орев, тие слатко ќе си го изедеа.

Летото се ближеше кон својот крај, а градината беше полна со род. Натежнааод богат род јаболкниците, крушите, сливите. Во зеленчуковата градина доматите ипиперките беа веќе зрели за јадење.

- Што ќе посееш, тоа ќе жнееш, внуче – велеше дедо му. - Нашата работавроди со плод. Така е и во животот. Кој е вреден и чесен, ќе има од пиле млеко.

Едно саботно септемвриско утро дедо му и Симче појдоа во градината.Симче се затрча да ги види своите пријатели штрковите. Многу се изненади иизнатажи кога виде дека гнездото е празно. Ги немаше штракањето и шумот наголемите крилја. А и тополата некако му се виде сневеселена и тажна.

- Дедо, дедо ги нема штрковите, некој ги украл! - поита Симче кај деда си.- Не, чедо, тие си заминале во јужните краишта.- Во јужните краишта!? А зошто не останаа кај нас?- Ех чедо мое уште малку ќе почне ветерот да коси, ќе заврнат есенските

дождови. Полето ќе опустоши и овде за штрковите, славеите и ластовиците ќе нема

12

Page 12: komplet rask. pesni - zmurh.hr€¦ · Горите Македонски шумно пеат, нови песни, нови весници! Македонија слободна,

храна. - Ама јас им носев лепче секој ден, само да останат кај нас во градината!- Но, тие ќе замрзнеа од студ и од мраз. Така е во природата, внуче. Но не

грижи се! Напролет тие пак ќе се вратат во нашите краишта. И ќе можеш пак да севидиш со твоте стари пријатели.

- Ех, дедо, сега ми олесна на душава! Ќе ги бројам деновите, неделите имесеците до цветната пролет кога повторно ќе другарувам со моите пријатели-штрковите.

Ненад Џамбазов

Изразување и творењеУсно раскажете за вистинско или за измислено

слично доживување.

Задачи:1. Прочитајте го расказов!

2. Поделете го на три дела: воведен, главен и завршен дел.

3. Секој дел претставете го со план во форма на наслови.

4. Пронајдете ги поговорките во текстот и препишете ги во

тетратка.

Расказ е литературна творба во која писателот раскажува настан,

доживување или случка од секојдневниот живот на луѓето. Дејството во расказот се

одвива низ воведен, главен и завршен дел.

13

Page 13: komplet rask. pesni - zmurh.hr€¦ · Горите Македонски шумно пеат, нови песни, нови весници! Македонија слободна,

14

Септември

Септември е волшебник,слезе од ридиштата,со лисја пожолтениги покри патиштата.

Прошета низ лозјата,ги обра гроздовите,

од гранките стежнатиги скина плодовите.

Со песна ги разбудиод сон училиштата,со слики ги украси...

ги смете двориштата.

Ги изора нивите,ги замати реките,

со брашно од пченицаги наполни вреќите.

Септември е волшебник,насекаде патува,

со четка невидливаи гори позлатува.

Стојан Тарапуза

Задачи:1. Прочитајте ја внимателно песнава!

2. Зошто поетот оваа песна му ја

посветил на месецот септември?

3. Прочитајте строфа по строфа и за

секоја раскажете за што се зборува?

4. Што се случува со природата во

септември? Набројте!

5. Кое годишно време започнува во

овој месец?

6. Напишете асоцијации за ова

годишно време!

7. Составете реченици со напишаните

асоцијации.

Page 14: komplet rask. pesni - zmurh.hr€¦ · Горите Македонски шумно пеат, нови песни, нови весници! Македонија слободна,

15

Македонско девојче

Македонско девојче, китка шарена,во градина набрана дар подарена.

Реф. Дали има на овој бели светпоубаво девојче од Македонче?Нема, нема, не ќе се родипоубаво девојче од Македонче

Нема ѕвезди полични од твоите очида се ноќе на небо ден ќе раздени.

Реф.

Кога коси расплете како коприналична е и полична од самовила

Реф.

Кога песна запее славеј натпеакога оро заигра срце разигра.

Македонска народна песна

Page 15: komplet rask. pesni - zmurh.hr€¦ · Горите Македонски шумно пеат, нови песни, нови весници! Македонија слободна,

Предзимни дни

Есенва ближи кон крајот,ќе достаса зимата в студ,голите ветки се нишатод ветерот разјарен, луд.

Сводот наоблачен тежи,го одзема просторот син,куќите в тишина лежати над нив се извива дим.

Го нема сонцето златнода изгрее топло, и в сјај,небото сега е матнонад родниот опустел крај.

Задните есенски денојсе в магла од утро до мрак,зима ќе дојде на смена,ќе побели земјава пак.

Цане Андреевски

Изразување и творењеУсно опишете есенски пејзаж и притоа

користете сликовити реченици.

Задачи:1. Колку строфи има оваа песна?

2. Колку стихови има секоја строфа?

3. Определете ги мотивот и поетските

слики!

4. Прочитајте ги римуваните зборови!

16

Page 16: komplet rask. pesni - zmurh.hr€¦ · Горите Македонски шумно пеат, нови песни, нови весници! Македонија слободна,

Врапче

Цане излезе на заснежената улица. Му се придружи неговата соученичкаЛиленце од соседната зграда. Денес е сабота, слободен ден за зимски игри. Цанепредложи:

- Ајде да правиме Снешко Белчо!- Пих, тоа е за мали деца од градинка! - го напрчи носето Лиленце.- Тогаш да маваме со снежни топки! - ,,храбро” додаде Цане.- По минувачите!? - се исплаши Лиленце.- Не, по телефонската жица на која стојат врапчињата!- Личи на добра забава - се согласи Лиленце.Цане направи пет снежни топки и петпати замавна нагоре, но само еднаш ја

погоди жицата. Три врапчиња итро одлетаа, а едно остана - стуткано и премрзнато.Цане стави камче во снежната топка, нанишани и одново замавна... Погодок, правово целта! Врапчето се струполи во снегот покрај нивните нозе.

- Го повреди, го повреди! - заплака нежната Лиленце и го зеде в рацепердувестото топче.

- Ајде да го лекуваме! - засипнато рече Цане, некако исплашен, збунет ивиновен. Тоа што требаше да биде игра се престори во мачно чувство... Жал му еза овој пердувест Сивчо. Усните му трепереа кога повтори:

- Не е сериозно, нели? Ќе го излекуваме и готово!- Како? Ние не сме болничари! - рече Лиленце. - Прво ќе го однесеме кај мене

дома да го стоплиме!Го затоплија врапчето на ребрата од радијаторот за парно. Очињата му се

отворија, со клунчето подзина, испушти едно - џив!- Живо е, живо е! - силно се израдува Лиленце.- Може и да стои на ножињата! - кликна Цане.- Гледај, ги тресе крилцата. Се подготвува за лет! - блесна Лиленце.- Сега ќе го нахраниме! - рече Цане и срони малку леб. Врапчето ги колвна

трошките, а потоа почна да лета наваму-натаму низ собата. Цане досетливо гоотвори прозорецот, а малиот летач се вивна во зимскиот ден.

Одлета и им се придружи на своите крилести братчиња.Цане и Лиленце пак се на улица. Но, сега не маваат со снежни топки. Дедо

Силјан од првиот кат им подаде две мали лопатчиња да го исчистат снегот одпешачката патека. Тие со радост ја прифатија оваа нова задача и ведро сезадеваат меѓу себе:

- Цане, го ринеш снегот како мал багер!- Лиленце, зацрпи повеќе од три снегулки?На телефонската жица слета ново јато врапчиња. Се држат со своите

чаталести ножиња и џивкаат. Никој веќе нема да ги вознемирува.Велко Неделковски

17

Page 17: komplet rask. pesni - zmurh.hr€¦ · Горите Македонски шумно пеат, нови песни, нови весници! Македонија слободна,

Марија посакува желба

Марија стоеше покрај прозорецот и гледаше како една по една се гасатсветилките зад прозорците во зградите отспротива. Градот потона во сон, но не и вомрак, бидејќи во периодот на новогодишните празници сета околина се бојадисуваво боите на радоста и веселбата. Марија го сака овој период од годината, бидејќиградот изгледа како од бајка. Секој дом е осветлен, станарите ги украсуваатпрозорците, дворовите и влезовите на зградите, сите се подготвени за ноќта напреминот од старата во Новата година и најпосле, ова е период кога се замислуваати се остваруваат најискрени желби.

А кога сме кај желбите, не може, а да не се спомене Дедо Мраз.Сакајќи да изгледа сериозно, Огнен изјави дека Дедо Мраз не постои.Сепак, Марија уште пред една седмица му напиша писмо и го испрати во

неговото живеалиште далеку на север.Зорица, пак, рече:- Ајде, порасни, Дедо Мраз е само приказна за мали деца!Сепак, Марија секоја вечер, в сон, патуваше во домот на Дедо Мраз и им

помагаше на вредните џуџиња во подготвувањето на подароците за децата одцелиот свет.

Дури и мајка игодинава конечно призна:- Кога беше помала, дедо ти се преправаше во Дедо Мраз и ти го носеше

пакетчето.Сепак, Марија ноќта ја крена рачката на прозорецот. Дедо Мраз требаше само

да го поттурне прозорецот и да се најде внатре.Некој новинар на вечерните вести изјави дека веќе ни бебињата не веруваат

во чуда.Сепак, Марија во својата соба донесе сад со вода сакајќи да ги напои

ирвасите кои ја влечат санката.Но, сите оние кои не веруваа во Дедо Мраз, миг пред Нова година ги

повторија своите желби и длабоко во себе се надеваа дека тој, сепак, постои и деканема да ги заборави.

Само Марија мирно замина на спиење веднаш по полноќ. Длабоко во ноќтаги отвори очите. Прозорецот беше подотворен. Ја подаде главата низ него. Преднеа стоеше Дедо Мраз во својата санка. Веднаш го извади садот со вода од подсвојот кревет и им го подаде на ирвасите. Тие се напија само по една капка иведнаш го залечија уморот.

Утрото под елката на Марија имаше многу подароци. ,,Од мама, од тато, одбаба и дедо"... пишуваше на нив.

Зар нема ништо од Дедо Мраз?Марија ги прегрна сите и сите ја прегрнаа Марија.

18

Page 18: komplet rask. pesni - zmurh.hr€¦ · Горите Македонски шумно пеат, нови песни, нови весници! Македонија слободна,

Марија им честиташе на сите и сите и честитаа на Марија.На писмото што Марија му го испрати на Дедо Мраз не беше потенцирано

„кукла“ или „нови чевли“, туку: „Многу љубов“.Досега никој не успеал да ја спакува љубовта во кутија или во ќесе.Но, тоа не значи дека Дедо Мраз не знае да им подари љубов на оние кои

бликаат од добрина и љубов.Среќна Нова година, Марија!Среќна Нова година, Дедо Мраз!Многу љубов!

Жарко Кујунџиски

Задачи:1. Во кое годишно време ја пречекува-

ме Новата година?

2. Определете ги местото и времето на

настанот во расказот.

3. Запишете со кратки реченици како

се редат случувањата во текстот.

Празници во јануари:31.12/01.01 Нова година

6.01. Бадник

7.01. Божиќ

12.01/13.01. Стара нова година, Василица

19.01. Водици, Богојавление

19

Page 19: komplet rask. pesni - zmurh.hr€¦ · Горите Македонски шумно пеат, нови песни, нови весници! Македонија слободна,

20

Ноќ кога паѓаат ѕвездите

Вечерта откако мамаќе го пренесеше кравајчето со париче,

зелникот со праз и сарматагрижливо наредена – главче до главче,

оревите, костените, урмите,гравчето–тавче,

јас секогаш избрзувавпред дада и бате

им го честитав празникот –им бакнував ракана дедо и баба,

на мама и тате.И додека сите си честитааи мојата мудрост ја фалеа

во мене сите светулки на радоста се палеа.Среќата ме плискаше како плаво бранче

Додека гледав со занес како гори,како искри и се извишува пламенот

на бадниковото гранче.И чекав, ех, чекав со трепет-

не што ќе ми донесе Дедо Мраз во вреќата,туку кому ќе му падне

паричето во лепчето – среќата?!Во тоа париче, чинев, е собрана

сета убавина, сета радост во годинатаи напредокот во домот и радост во полето

и во тетратките – петките.Чинев, тоа париче од Бадник

ќе ни ги реши проблемитеќе ни ги израмни сметките.

И додека ветерот ги сипеше штедро снегулкитеи додека тие неуморно во дворот се пластеа

моите детски желби растеаи дозволував среќата со топла рака

по ѕвездени патеки да ме водисе додека не го чуев воскликот на дедо :

« Христос се роди ! »Тогаш расцветуваше небото над мене

и ѕвезди се ронеа во собата, врз елката, во дворот и одекуваше зборот :« Вајстина се роди ! »

Македонка Јанчевска

Задачи:1. Прочитајте ја внимателно

песната!

2. На кои големи христијански

празници е посветена оваа

песна?

3. Прочитајте дел по дел и за

секој раскажете за што се

зборува?

4. Што има сè на посната

бадникова вечера? Набројте!

5. На кои датуми се слават

овие големи празници?

6. Како се слави празникот

Божиќ?

7. Како се вика третиот ден на

Божиќ?

8. Како се поздравуваат луѓето

на Божиќ и што значи тоа?

Побарајте објаснување од

своите родители или од баба и

дедо.

Page 20: komplet rask. pesni - zmurh.hr€¦ · Горите Македонски шумно пеат, нови песни, нови весници! Македонија слободна,

Штурецот и мравката

Низ полето цело летоштурчо песна ширеше

од утрина до вечерпееше и свиреше,

Но, набргу во полетосе насели есен,

се попари лута сланаи задува ветер бесен.

Се уплаши штурчо тогаш,па поита спас да бара.

Кај мравките дома појде-пријателка своја стара.

-Ти се молам, пријателке,штурчо мравката ја моли.-Дај ми малку житни зрна,

стомаков ме боли!Дува ветер, магла носи,

дожде истура, тече,мравката над прагот ѕирна

и на штурчето му рече:-Пријателе, ти летово

кај ги мина дните?-Во полето свирев, пеев,

ги веселев сите!-Штом си пеел и си свирел

сред летната жега,веселнику, сакан мој,

оди играј сега.

Глигор Поповски

21

Задачи:1. Прочитајте ја внимателно песнава!

2. Кои поетски слики си ги претставувате?

3. Прочитајте дел по дел и за секој раскажете за што се зборува?

4. Определете ги времето и местото на настаните!

5. Чија постапка ја оправдуваш и зошто?

Page 21: komplet rask. pesni - zmurh.hr€¦ · Горите Македонски шумно пеат, нови песни, нови весници! Македонија слободна,

Сказна за кокичето

Кокичето, тоа бледолико, срамежливо ѕвонче е првиот весник на пролетта.Штом ќе се појави, значи зимата си оди.

-Кој ни ги праќа кокичињата? – децата го прашаа својот учител, со кого беаизлезени на прошетка.

-Добрата Самовила – одговори тој. – Така вели сказната.Децата се зачудија. Каква е таа добра Самовила? -Во една лоша зима – почна да раскажува учителот – една уште полоша

маќеа ја испратила својата паштерка во планината:-Појди во златната пештера и речи ина Добрата Самовила да ти ја наполни

торбата со златници. Без нив да не се вратиш!Кокиче, така се викало девојчето, тргнало низ дебелиот снег. Патувала долго

и мачно, се пробивала низ соспите. Најпосле стигнала во гората. Но, гората –голема. Каде ќе ја најде Златната пештера? Каде да ја бара Добрата Самовила?

Од страв дека ќе се загуби, Кокиче почнала да плаче. Одела и плачела, а насилниот студ солзите веднаш изамрзнувале и една по една, како бели бисерчиња,пропаѓале во снегот.

Тоа се случило при крајот на Сечко. Уште некој ден – ќе дојде март.Добрата Самовила се сожалила над несреќното девојче и пуштила топол

ветер да го истопи снегот.На местата каде што паднале замрзнатите бисерчиња – детските солзи

расцветале во убави бледолики цвеќенца. По името на девојчето Кокиче, оттогашнив ги викаат кокичиња.

Децата набраа по еден букет кокичиња и задоволни од сказната на својотучител, се вратија дома.

Видое Подгорец

Задачи:1. Што објаснува оваа сказна?

2. Опишете го кокичето! (Користете ги речениците од

сказната кои се однесуваат на кокичето.)

3. Според сказната раскажете како се создало кокиче-

то.

4. Кои чувства ги побуди оваа сказна кај тебе?

5. Која е пораката на оваа сказна?

22

Page 22: komplet rask. pesni - zmurh.hr€¦ · Горите Македонски шумно пеат, нови песни, нови весници! Македонија слободна,

Над двете езера

Се искачивме по угорницата, а зад нас остана Охрид. Низ доловите навевотноси далечно блеење на овци, ѕвонци и притаени одгласи на овчарски кучиња.

Подзастанувавме и се напрегавме да го дофатиме текот на подземните води:легендата вели дека во ваква ноќ може да се чуе како водите на ПреспанскотоЕзеро истечуваат во Охридското Езеро низ студените силни бликови од БилјаниниИзвори и сè до Дрим кај Свети Наум. Брзаме понатаму. Сакаме пред да изгрее сон-цето да сме на сртот. Гасни и последната ѕвезда. Модро-сивите врвови на Галичицаги огреваат првите одблесоци на блискиот изгрев. Воздушни струи ни ги ладат испо-тените чела. Се качуваме на назабениот срт.

Стоиме на висина од над 2000 метри. Тоа е длабоко седло од највисокиот врвТоморос. Планинските страни стрмно се спуштаат над двете езера. Лево, на исток,треперат ширните води на Преспанското Езеро, а десно, на запад, како во огромналулка и повиено во бели и млечни сињаци, доспива Охридското Езеро.

Далеку на исток на Пелистер, Бабиниот врв, зрачесто вивнаа првите лачи наизгревот. Еден зрак се протегна до нас, се спушти вдолж песокливиот брег наПреспанското Езеро, по кој се раѓаа и умираа пенливи бранчиња. Големи и малиполуострови го шират езерскиот брег. Свеж повев од кон Сува Гора на југ лесно јаразбрани водата и како да ја избриша граничната линија што ги дели Македонија,Грција и Албанија.

Борис Бојаџиски

Задачи:1. Прочитај го текстов!

2. Определи ги времето и местото на главниот настан!

3. Прераскажи го текстов според следниов план:

- Возбудливо качување на Галичица.

- Прекрасна глетка од изгревот на сонцето.

4. За секој дел претстави си слика.

5. Кои чувства ги побуди овој текст кај тебе? 23

Page 23: komplet rask. pesni - zmurh.hr€¦ · Горите Македонски шумно пеат, нови песни, нови весници! Македонија слободна,

Велигденска радост

Пролет е. А наближува и Велигден. Елена секогаш е радосна за празникот.- Кога е Велигден? - нестрпливо прашува. - Одвај чекам...- Наскоро... - вели баба Роза. - А и јас со радост го очекувам.- Уште колку време? - продолжува Елена. - Кога ќе дојде?- Тогаш кога пролетта е најзелена. Кога шумата е бујна и разлистана... - ја

убедува бабата. - Онака како што идоликува на најубава пролет...- Кога ќе се вратат и птиците што одлетаа. Кога се ќе биде расцутено и во

најразлични бои... - го прифаќа Елена раскажувањето на баба си. - Кога ќе имамногу сонце...

- Ете, така е секогаш за празникот! - се смешка баба Роза. - Не само сега, тукуи јас кога бев дете. Велигден секогаш ни носеше радост.

Елена ја гледа баба си в очи. Сака да ја слуша како раскажува. Но и како даги гледа убавите бои, најубавите... И не знаејќи зошто, Велигден секогаш си гозамислува во црвена боја.

- Румена е бојата за празникот... - прифаќа бабата. - Румена како булките низжитата, како сонцето наутро кога изгрева...

- А и твоето име е румено, бабичке!- Можеби, можеби... - се смее бабата. - Кога ти така мислиш...Девојчето не сака да заврши разговорот. И настојува да ја предизвика баба си

да продолжи да ираскажува. Велигден веќе наближи. Само уште неколку дена.- Ќе ти помогнам да ја средиме куќата! - вели Елена.- Ако немаш за учење! Добредојдена ќе ми биде твојата помош, Елена.- Ќе го изметам дворот. Ќе ја дотерам леата со цвеќињата. Ќе ги нагрнам и

трендафилите... - како да беше во убав сон девојчето. - Нека биде сè убаво ипреубаво...

- Така е. Кога ќе си дојдат од работа мајка ти и татко ти, ќе се изненадат.- Па, Велигден е, бабо!

- Ах, се треба да биде чисто и изметено.- Треба да се направат и колачиња, да има вкусен ручек, да ја украсиме и

собата... - набројува Елена. - И уште...- Така е, чедо... - продолжува да се радува бабата. - Многу нешта наброја, но,

сепак, нешто испушти...- Што, бабичке? - се чуди Елена. - Што е тоа што го заборавив!?- Најважното... се смешка бабата. - Нешто без кое празникот не би бил она

што е...- Румен и прерумен... - ја надополнува девојчето. - Со најцрвена боја...- А вапсувањето јајца, внуко моја!? - ја потсетува бабата.

24

Page 24: komplet rask. pesni - zmurh.hr€¦ · Горите Македонски шумно пеат, нови песни, нови весници! Македонија слободна,

- Ах! Не сум заборавила! - извикува Елена. - Само, сега си мислев на другитеработи што треба да ги завршиме, па затоа...

- Затоа сум јас тука за да мислам на сè. И да приготвам сè што треба...- Може ли јас да ги вапсам јајцата? - прашува девојчето.- Не, вапсувањето не е едноставна работа - ја одвраќа бабата. - Треба да се

погоди бојата за да бидат јајцата црвени, прецрвени... Та ти ми помагаш воработата! Така ќе биде и со јајцата...

И баба Роза извади полна кошница со бели јајца, пребели. ќе ги стават да сесварат, а потоа ќе ги вапсуваат. И сè околу нив ќе биде румено како изгревот насонцето. Така е кога доаѓа празникот. За Велигден и радоста е румена.

Горјан Петревски

Задачи:1. Како го славиме Велигден?

2. Зошто се вапсуваат црвени јајца?

3. Кога се оди в црква и што се прави таму?

4. Како се поздравуваат луѓето на Велигден?

Изразување и творењеОпиши ги атмосферата и обичаите во домот, во

пресрет на големиот христијански празник Велигден

и на денот на празнувањето.

25

Page 25: komplet rask. pesni - zmurh.hr€¦ · Горите Македонски шумно пеат, нови песни, нови весници! Македонија слободна,

Планините македонски

Планините македонски,што ги кити кажи!

Дабови гори, борови вишни,стојат како стражи.

Богат растителен и животински свет.

Каде и да се свртиш -ќе видиш некој цвет.

Во пролет - качунки рој.Јаглики што жолтеат в сјај.

Синолички лични - езерски капки.Ги има во секој крај.

Лете синчецот синее.Булките пламтат како жар.

гороцветот гордо цвета.Вистински горски цар.

Во есен се добива друга боја.Уште зеленее бујната папрат.

Цикламите крај здравецот цутат.Каде очите попрво да запрат?

На планината зимата доаѓа прва.Но и таа свои убавини крие.

Секоја од нив - заспана убавица.До пролетниот бакнеж мирно ќе спие.

Александар Кујунџиски

Задачи:1. На карта на Република Македонија најди

ги позначајните планини.

2. Кои убавини ги красат нашите планини?

3. Побарајте податоци преку Интернет за

богатството и убавината на нашите плани-

ни и откријте кои растителни и животински

видови ги има само на нашите планини!

4. Раскажи за твојата посета на некоја пла-

нина.

5. Меморирајте ја песната!

6. Која поетска слика најмногу ви се допаѓа

и зошто?

Лирски песни се песни во кои поетот искажува чувства: љубов, радост,

тага, задоволство, среќа итн.

Оваа песна е лирско-патриотска затоа што најсилно чувство е љубовта кон

нашите македонски планини.

26

Page 26: komplet rask. pesni - zmurh.hr€¦ · Горите Македонски шумно пеат, нови песни, нови весници! Македонија слободна,

Ој, Вардаре

Среде Скопје Вардар тече,Вардар река распеана.

Реф. Ој, Вардаре македонски,ти ја красиш Македонија.Ој, Вардаре македонски,од извора дур до Солуна

Лути рани на јунаци твојта вода ги лекува.

Реф.

Каде Вардар поминува,среќа, радост донесува.

Реф.

Анализа на песната:Мотив: патриотска-народна песна

Тема: Реката Вардар.Идеја: Реката Вардар сведок на минатото.

Рима: нема

27

Page 27: komplet rask. pesni - zmurh.hr€¦ · Горите Македонски шумно пеат, нови песни, нови весници! Македонија слободна,

28

Човекот учи додека е жив

Живеел некогаш еден старец. Сите го почитувале, зашто бил многу умен. Но,иако многу знаел, секогаш велел: „Човекот треба да учи додека е жив!“

Една зимска вечер кај дедото дошло девојчето од соседите.-Дедо, рекло тоа, ни се угасна огнот. Те молам да ми дадеш неколку

жарчиња...- Добро, дете мое, ќе ти дадам, но во што ќе ги носиш? Имаш ли некој сад?- Немам, дедо.- Па, како ќе ги однесеш до дома?- В раце.- Нема ли да се изгориш?- Нема, дедо, ќе видиш!Девојчето првин ставило пепел на дланката и врз пепелот ги ставило

жарчињата. Му се заблагодарило на дедото и си заминало.Умниот старец се подзамислил и рекол:- Колку просто било тоа, а јас не се досетив. Еве како и од децата човек може

нешто да научи. Навистина, човекот учи додека е жив.

Задачи:1. Зошто луѓето го почитувале старецот?

2. Кој дошол кај него една зимска ноќ?

3. Што барало девојчето?

4. Старецот му поставил прашања на девојчето. Кои?

5. Како се снашло девојчето?

6. Што рекол старецот на крај?

7. Што научи ти од оваа народна приказна?

Македонските народни приказни се меѓу најубавите во светот. Тие

настанале во далечното минато. Во нив се предадени искуството, знаењето,

мудроста, погледот на светот итн.

Народните приказни раскажуваат за реални, фантастични и за комични

настани или случки од животот во далечното минато.

Page 28: komplet rask. pesni - zmurh.hr€¦ · Горите Македонски шумно пеат, нови песни, нови весници! Македонија слободна,

29

Татко и син

Во старо време имало адет во едно царство, откога ќе остарел човек многу ине ќе можел веќе да работи, да го однесат на една планина и таму да умри.

Си го кренало едно момче татка си на рамо да го носи в планина и носејќи годо едно место, го симнал.

- Те молам, синко - му рекол стариот - не оставај ме на ова место да умрам,ами однеси ме погоре.

- Е, зошто не го бендисуваш ова место, бре татко? - го прашало момчето таткаси.

- Оф, бре синко - му рекол - на ова исто место, јас го оставив мојот татко, -овде под ова дрво - па ти однеси ме малку погоре.

- Проклет да биде овој адет - си рекол синот - јас ќе го прекинам,- без да мисли, дека што ќе стори, тоа ќе најди.

Задача:1. Која народна поговорка одговара на оваа приказна?

.Надлажување

Некој човек чул дека Настрадин Оџа е голем итрец и лажго. Бидејќи и неголуѓето од неговиот крај го сметале за таков, решил да појде и да го побараНастрадина. Го нашол како завиткува цигара потпрен до некој ѕид.

-Ах, така, значи! -рекол Настрадин Оџа кога човекот му кажал зошто дошол.–Добро само... Ги немам со себе лагите... Потпирај го ѕидот да не падне, а јас ќепојдам дома да си ги земам лагите, а потоа ќе се надлажуваме!

Запнал човекот да го потпира ѕидот, а Настрадин Оџа си отишол. Чекал да севрати Настрадина, но него го немало. Му било страв да се тргне од ѕидот, да не гопотфати. Најпосле видел некои деца како си играат. Ги замолоил да го викнатНастрадина. Тие го прашале зошто му е Настрадин, а тој откако им кажал дека гооставил да го потпира ѕидот да не падне додека си ги земе лагите за надлажување,се насмеале:

-Хи-хи-хиии! Ха-ха-хааа! Зар и ти ќе се надлажуваш со нашиот Настрадин? Тојвеќе те надлажал... Зар навистина можеш да држиш толкав ѕид да не падне?!

Дури тогаш на овој човек му текнало дека е надлажан. Ја наведнал главата иси заминал посрамен.

Задача:Што научи од оваа народна приказна?

Page 29: komplet rask. pesni - zmurh.hr€¦ · Горите Македонски шумно пеат, нови песни, нови весници! Македонија слободна,

30

Каков бил Итар Пејо

По кажувањата на « очевидци » (кои никогаш не го виделе) Итар Пејо билваков.

На слика: низок, шишкав, со голема глава одоколу бричена, на средетокинеско перче, со широко испупчено чело, со големи широки уши и големи волов-ски очи, со дебели образи, широка уста, шеплест нос, со надолу наведени рунтавимустаќи. Нозете му биле криви – пајмаклии што се вели за кај коњите, и куси, ста-палата, мечкини, рацете доста куси, но доста дебели во прстите. Широк во плеќи-те, дебел, а кус во вратот.

Од облека Пејо носел: на главата бела валаница – капа слична на арнаут-ско кече, широка бела кошула опашана преку половина со сиџимка. Градите, изиме и лете му биле разградени, но заштитени од студот од честите и дебеливлакна – козина. На нозете носел волнени бели гаќи на голо месо, та да не ја стегасиџимката со која ги врзувал и да не го глода по колковите, повеќе ги придржувалсо десната рака да не му навртат под колена. Зимно време носел истуткани чора-пи и свински опинци, а лете одел бос само по опинци. Одел од кол на кол и воснегот си правел пат со колениците. Спиел по зајачки – со отворени очи, а когајадел ја кривел долната вилица, наместувајќи ги залаците на другите здрави заби.

Каков бил во умот Пејо, ќе ни го претстават приказните во оваа книшка.

Итар Пејо му вади заб на селанецЕден од Пејовите селани го заболел заб. Кај ќе оди да го вади ако не кај

Пеја.Отишол и го праша:-Знаш ли, Пејо, да видиш заб?-Знам како да не знам – одговори Пејо. – Од тоа полесно што има? Само ти

седни на столчево и биди мирен - и му го подаде смрековото столче со три нозена кое беше провртена на средината дупка да си ги закачуваат жените вртешкитекои бијат основа или јаток.

Седна селанецот, а Пејо се засука да работи. Наостри еден кол и го забодево земјата пред селанецот. Потоа исука еден дебел конец и го врза едниот крај заколот, а другиот за забот од селанецот. Се заврте зад него и си зеде една иглабабушка, та полека-полека го боцна од дупката од столот, а забот остана на коне-цот.

Фаќајки се селанецот за боцнатото место почна да вика:-Т-и-и-и ! Колкава корен имал овој заб, дури долу ме заболе – си отиде задоволенод Пејовиот мајсторлак, уверен дека коренот од забот бил долг дури до дебелотомесо и дека болките од иглата се болки од извадениот заб.

Ова се извадоци од книгата Итар Пејо на Стале Попов. Веруваме дека го

поттикнавме твојот интерес за да ја прочиташ целата оваа книга.

Page 30: komplet rask. pesni - zmurh.hr€¦ · Горите Македонски шумно пеат, нови песни, нови весници! Македонија слободна,

31

Топлата прегратка

Чекорев полека. Ми беше сеедно кога ќе стигнам во она село. Бев сосемасам и осамен во таа топла и тивка вечер, како залутана бубачка. Чувствувавпотреба од заштита, од цврста пријателска рака, од благ збор.

Никогаш не сум го осетил тоа блаженство, ниту за момент. Никогаш не сумпочувствувал во себе сигурност што успокојува. Вечно бегство пред тој проклетстрав од неизвесната ноќ, од уште понеизвесното утро.

Но, во мигот на очајување дојде гласот на спасителот:-Таруно!Повикот како да пркна од тревата. Длабок и мек, а истовремено и заповед-

нички.Застанав.Каде ќе одиш?Ненадејниот повик ме стресе. Каде? Ни самиот не знаев. Можеби во она

село, таму. Можеби никаде.-Никогаш веќе нема да се случи тоа, - чув зборови на утеха.- Никогаш!Одеднаш пред мене се појави тој. Неговиот топол здив ми го погали лицето.

Почувствував како во градите ми се растопува ледената карпа. Низ мене пак серазлеа разнежнета топлина, ме охрабри, ме зарадува.

-Баба–Мулоне !-Додека сум жив јас не плаши се.-О! Само тоа успеав да го изустам.Таа закрила, која пред малку ми недостасуваше, сега ја имав. Неговото

добро срце не ме напушташе ни во најтешките мигиви на животот. Му се предадовцелиот како што ранета срна, му се предава на првиот ловец, кога ќе го сретнепред себе. Со сета своја благодарност, без да умеам да ја искажам со зборови, гопрегрнав и само немиот допир, уморно биење на дамарите и врелиот здив, довол-но јасно му зборуваа колку многу ми беше потребна неговата заштита.Баба-Мулон го сфати тој морничав, очаен стисок и ме понесе во своите големивлакнести раце.

Ноќта дишеше со бескрајноста на своите прочистени пространства. Ноќтабеше млако проѕирна, млечно просветлена. Светлината не паѓаше од небото, тукукако да извираше од сите страни, зрачеше од секој предмет и од секое дрво, немопритаени под ѕвезденото треперење.

Извадок од книгата „Белото циганче“ на Видое Подгорец

Во оваа книга ќе сретнеш многу извадоци од книги кои се со интересни

содржини. Целта е да те заинтересираат и како лектири да ги прочиташ цели за

време на распустите.

Page 31: komplet rask. pesni - zmurh.hr€¦ · Горите Македонски шумно пеат, нови песни, нови весници! Македонија слободна,

Добро со добро се враќа

Си била еднаш една баба. Таа имала син и секој ден го праќала в планина подрва. Бабата секој ден ќе исплетела по едно вретено преѓа и му го давала на синотда го продаде.Тој го продавал за една пара, а парата не ија давал на мајка си, тукусо неа правел добри дела.

Еднаш кога детето одело по дрва, наишло на едни деца како тепаат едномаче. Тоа се сожали на мачето, па им даде на децата една пара и го ослободи негоод тепање. Тогаш мачето тргна по детето и секогаш одеше со него.

Еднаш, пак, кога в планина сечело дрва, детето видело како гори една бука,а на буката една змија-пишти и моли за помош. Детето се доближи до буката измијата го замоли да и помогне и да ја спаси од огнот.

- Се плашам да не ме каснеш! - рече детето.- Не, - му одговори змијата, - не се плаши, нема да те пипнам, туку ќе ти

дадам што ќе побараш! Тогаш детето пушти еден стап на буката, па змијата се завитка околу стапот

и се спаси од огнот. Тогаш таа му рече: - Сега одведи ме кај змејот - царот на змиите; тој ќе ти даде ќесе со пари, а

ти немој да ги земаш, туку побарај му го прстенот кој го чува под јазикиот, а кога ќети го даде стави го и ти под јазикот и тука секогаш да го чуваш и со помош на тојпрстен ќе ти се исполни сè што ќе посакаш.

Детето отиде со змијата кај змејот – царот на змиите и како што му рече тааму го побара прстенот. Царот му го даде и тоа го стави под јазикот, па си отиде дома.

Кога детето си дојде дома ирече на својата мајка:- Мајка, оди кај царот да му ја побараш ќерката.И мајката отиде и му ја побара ќерката на царот за нејзиниот син. Царот ја

истера и ирече:- Бегај отука, зар за дрвосечач ќе ја дадам мојата ќерка? Нека твојот син

изгради дворец како мојот, па ќе му ја дадам ќерката !Мајката си отиде дома и му кажа на синот што ирече царот. Тогаш детето му

рече на прстенот: - Сакам оваа куќа да стане царски дворец!Во тој момент таа навистина се претвори во царски дворец. Тој пак ја испра-

ти мајка си кај царот да му ја побара ќерката за жена и да му каже дека нејзиниотсин направил таков дворец каков што барал тој за да му ја даде сега ќерката. Ацарот пак ирече:

- Нека дојде твојот син со сватови на бели коњи и сите да бидат облечени вобело.

Синот ги поведе сватовите сите со бели коњи и со бели облеки, па отиде кајцарот, ја зеде неговата ќерка и дојде дома.

32

Page 32: komplet rask. pesni - zmurh.hr€¦ · Горите Македонски шумно пеат, нови песни, нови весници! Македонија слободна,

А царот имаше еден верен слуга (велат дека бил Арапин). Еден ден Арапиноти рекол на невестата:

- Можеш ли да дознаеш како твојот маж прави сè што ќе посака ?А таа му рече :- Тој има еден прстен кој го чува под јазикот, па со негова помош прави сè што

ќе посака !Арапинот пак рече : - Дали можеш некако да му го земеш и да ми го дадеш мене? Тој веќе има сè

па повеќе не му е потребен. - Не можам да му го земам!- рече младата. - Тој секогаш го чува под јазикот.- Накваси го со вода малиот прст - и рече Арапинот - потоа посипи го со црвен

пипер па стави му го прстот пред носот кога ќе заспие. Тогаш тој ќе кивне и прсте-нот ќе му падне на постелата. Ти тогаш земи го и дај ми го мене!

Младата така направи и му го даде прстенот на Арапинот, а овој го стави подјазикот.

Еден ден Арапинот му рече на прстенот :- Сакам да ме однесеш на планина заедно со дворецот на царевиот зет, дво-

рецот да биде мој, а тој пак да биде во поранешната колиба.Во тој час стана она што посака. Наутро момчето, зетот на царот, се зачуди

како така одеднаш се нашол во сиромашната колиба, па ирече на мајка си:- Мајко, ќе ги понесам магарето и мачето, па ќе тргнам да ги барам моите

дворци.Оделе, оделе, па дошле до една многу брза река. Крај реката момчето најде

една риба превртена на суво, ја зеде и ја фрли во водата. Рибата му се заблагода-ри на добрината и му рече:

-За оваа добрина што ми ја направи ќе ти дадам сè што ќе побараш. Отсечиедно парче од моите перја, па кога ќе ти затреба мојата помош запали го и јас за часќе дојдам кај тебе.

Момчето пресече едно од рибините перја и го сокри.По малку време тој ги виде дворците. Тогаш го пушти мачето да влезе во дво-

рецот да го земе од Арапинот прстенот и да му го донесе. Мачката се качи горе вособите. Горе во куќата баш глувците во тоа време правеле свадба. А кога влезе мач-ката им го грабна мачадоженецот. Сите глувци се собрале околу мачката да ја молатда го пушти младоженецот и иветија дека ќе направат сè што таа ќе посака самода им го пушти младоженецот.

Мачката тогаш се согласи да им го пушти младоженецот, ако тие, глувците гоземат прстенот од Арапинот и да и го донесат. Таа ги научи како тоа да го напра-ват.

- Наводенете ги опашките со вода, - им рече таа, - потоа извалкајте ги во црвенпипер и кога тој ќе спие, ставете им го во нос, тој тогаш ќе кивне и прстенот ќе муиспадне. Вие земето го и донесете ми го, а јас ќе ви го пуштам тогаш младоженецот

33

Page 33: komplet rask. pesni - zmurh.hr€¦ · Горите Македонски шумно пеат, нови песни, нови весници! Македонија слободна,

34

Глувците така направија и го донесоа на мачката прстенот, а таа и го пуштимладоженецот. Го зеде прстенот и отиде.

Кога дојде до една река, мачката требаше да поминеме преку реката.Кога дојде до средината на реката, на мачката и падна прстенот во реката.

Што сега? Отиде кај својот господар. Мачката му раскажа како го земала прстеноти како паднал во водата. Тогаш момчето се сети на рибата; го запали нејзиното перјешто го беше зел со себе.

- Еве дојдов, што сакаш од мене? - му рече рибата.Момчето и рече:- Ми падна еден прстен среде река. Дали можеш да ми го извадиш?- Можам, - му рече таа.- Сега ќе ти го донесам!Во тој час рибата се нурна дури до дното на реката, го најде прстенот и му го

даде. Тој го зеде и отиде.Кога момчето го зеде прстенот и отиде дома, му рече на прстенот:-Сакам да бидам тоа што порано бев: дворецот да биде мој, а Арапинот и

мојата млада невеста да бидат заедно во една соба.Во тој час му се исполни желбата Тогаш момчето го повика нагости царот. Овој дојде, но додека седеше никако

не ја побара неговата ќерка. Потоа стана и го разгледа дворецот на својот зет. Тогашзетот му ја отвори и вратата на онаа соба во која биле Арапинот и неговата ќерка иму раскажа сè што тие направиле. Кога го виде тоа и чу се што му раскажа зетот.Царот ги избрка Арапинот и својата ќерка, а на зетот му рече:

- Ќе ти ја дадам за жена мојата средна ќерка!Македонска народна приказна

Задачи:1. Прочитајте ја приказнава!

2. Определете ги времето и местото на настанот!

3. Определете ја темата на приказнава!

4. На колку делови можете да ја поделите оваа литературна

творба?

5. За секој дел претставете си слика.

6. Претставете ги деловите со план во форма на расказни

реченици.

7. Прераскажете ја според планот што го напишавте!

8. Што е волшебно во оваа приказна?

9. Што значи насловот „Доброто со добро се враќа“.

Page 34: komplet rask. pesni - zmurh.hr€¦ · Горите Македонски шумно пеат, нови песни, нови весници! Македонија слободна,

35

Легенда за Дојранското езеро

На местото на денешното езеро се протегала широка долина со бујни лива-ди и разновидни градини. На едно поткренато место имало голем извор.

Покрај долината живеела убава девојка која се викала Дојрана. Во Дојранабиле заљубени многу момчиња, но за голема несреќа и еден турски големец-кајмакам

Убавата девојака не можела да замисли да се мажи за него.Кајмакот почнал да оди по неа. Ја следел на секој чекор. Не идавал мира.Наоѓајќи се во безизлезна положба, а да не му падне во неговите раце, се

фрлила во големиот извор.Изворот го прифатил нејзиното невино тело. За да го покрие и освети,

почнал да се излива.Ја покрил целата долина.За кусо време долината се претворила во прекрасно езеро. Исто како што

беше прекрасна и девојката Дојрана.Езерото и градот го добија името по убавата девојка Дојрана. Езерото го

нарекоа Дојранско Езеро, а градот Дојран.Така вели народната легенда.

Македонско народно творештво – легенда

Задачи:1. Прочитајте ја легендава?

2. За што се раскажува во оваа творба?

3. Главниот настан е:

- фрлањето на девојката во изворот;

- заљубувањето во убавата девојка Дојрана и

- излевањето на изворот.

4. Местото е на едно од нашите преубави езера. Кое?

5. Времето е кога Македонија била под османлиско ропство.

6. Темата на оваа легенда е Настанувањето на Дојранското Езеро.

7. Идејата е Да се спаси честа се жртвувал животот.

8. Пронајди информации за нашите езера. Поделете се во три групи и секоја нека

направи по една сликовница за природните езера во Република Македонија.

9. Презентирајте ја вашата работа пред родителите.

Page 35: komplet rask. pesni - zmurh.hr€¦ · Горите Македонски шумно пеат, нови песни, нови весници! Македонија слободна,

36

Знаењето е сила, знаењето е моќ

- Ех, Милко, Милко, лут сум ти, да знаеш!- Се познава и по гласот дека си ми лут, но не знам зошто.- Знаеш, знаеш, присети се и ќе ти текне!- На што да се присетам?- На нашата минатонеделна средба, на која прв ти пријдов, прв те поздравив

и прв со смеа ти наздравив. А ти, како ништо да не се случило, ниту отпоздрави,ниту наздрави. Стоеше само така пред мене, ме гледаше, ме загледуваше и какокамен молчеше. И сега те прашувам, без да те потпрашувам, зошто така се однесе?Ако те болат очите, кажи, да знам! Ако ти е намален видот, па не можеш да мевидиш ни мене ни ридот, пак кажи, да знам!

Ниту ме болат очите, ниту ми е намален видот. Во нешто друго е проблемот...- Во што друго?Во тоа што во последно време сè почесто ми се случува да гледам во некого,

да се загледувам, а притоа да не можам ниту да го забележам, ниту да го видам, мојСтојанче!

- Тантаратам! Тантаратам! Секогаш ли тоа ти се случува, сакам да знам!?- Не секогаш. Само понекогаш кога гледам во некого што не сакам да го

сретнам, ниту најаве, ниту насоне!- Зошто?- Затоа што тогаш погледот ми се враќа и во други глетки видот ми го враќа.- Ако е така, како што велиш, ти се врати ли погледот и од мене кога на

средбата ме гледаше и загледуваше?- Ми се врати. Зашто и ти си еден од оние со кои не сакам ниту да се сретнам,

ниту да се видам, ниту во нивно друштво да бидам...- Зошто? - Затоа што се мрзливци, дрдорци, седачи, лежачи, итачи, скитачи, ајдамаци

-тапаци...- Такви се, навистина! Но јас веќе не сум како нив... Си ги проучив грешките,

си ги пронајдов смешките и сега, мој Милко, сè само читам, сè само учам и на ветротмустаците веќе не му ги сучам!

- И не треба, мој Стојанче. Зашто...Знаењето е сила, знаењето е моќ!

Стојан ТарапузаЗадачи:

1.Од текстот што дознаваме за Милко, а што за Стојанче?

2.Како се променил Стојанче?

3.Која е пораката во текстов? Зошто?

Page 36: komplet rask. pesni - zmurh.hr€¦ · Горите Македонски шумно пеат, нови песни, нови весници! Македонија слободна,

Мама

Мајка ми е добра, миланасмеана кротка, благакако сонце топли, греетопи мразој, топи тага.

Мајка ми е другар веренлечи болка, лечи рана

в мајчината љубов светасета добрина е збрана.

Благодарам, мамо мила,што ми дари љубов, сила,

што над мене бдееш везден,што по пат ме водиш ѕвезден.

Благодарам, мамо мила,топло гнездо што си свилаод неволји што ме браниш

со добрини што ме храниш!

Македонка Јанчевска

37

Page 37: komplet rask. pesni - zmurh.hr€¦ · Горите Македонски шумно пеат, нови песни, нови весници! Македонија слободна,

Како ја опишува писателоат својата мајка во ова дело?

38

Kилим

Утрото рано, кога се разлади воздухот, сум заспал. Сите беа тргнале поработа, а јас не ги узнав. Дојдоа браќата ми за ручек и ме најдоа во длабок сон.

-Стани, - рече Николај, - ќе ручаме.Станав... ручавме...- Брате Николај, реков јас, како ќе се `живеј?! Сега ти си ни татко и дедо. Не

ми позволуваш ли да идам у Танчевци да ја видам нана?- Оди, братенце, - рече и ме бакна, - но да не им сакаш леб.- Не, не! Јас сум сит, многу сит.- Оди, но е далеку.- Ако, јас не се уморувам.Тргнав и за неколку минути ја минав онаа ужасна стрмнина што ја одделува

татковата ми куќа од Танчевци.- Кај е мајка? - прашам јас.- Сакаш ли леб? - ми рече домаќинката.- Кај е мајка?- На езеро ... пере.Се стрчав по стрмната низина како стрела. Пред да го достигнам аголот на

Писиновската улица, ги чув мајчините издишки: милата носеше на главата еден,уште воден болјарски килим со грамадна должина и ширина. Килим кој маска сомака би го носела! Ми се раскина срцево! Кога ме виде, таа ги запре офкањата и минаправи една усмевка:

- Зошто си тука, сине?Но, јас плачев, како некој да беше ја убил мајка.- Зошто плачеш, сине?-Е да ли така, мамо, ќе робуваме!Синко! Велат оти знаеш многу книга, а ти си уште мал и не знаеш. Ги знаеш

мошне добро небесните работи, а земните не ги знаеш. Тука, на земјава, секој ероб. Блазе си му на оној што со труд се извишува себеси. Горко на оној што содембелство се унижува себеси. Ја гледаш ли онаа лепа куќа во која служам? Таасега брго ќе се продава, а ти, ако се трудиш, ќе ја купиш за никаква цена.

Така таа проповедаше и едновремено од четирите страни на килимот крупникапки паѓаа на земјата (дреите и беа одамна сосема водени). Потоа, со нови силитргна нагоре кон стрмнината.

- Мајко! Дај ми го килимот да го поносам.- Не... не чинит... види... килимов не е тежок, ти можеш да го носиш, но

ученици да носат, греота е.Извадок од ,,Автобиографија“ на Григор Прличев

Page 38: komplet rask. pesni - zmurh.hr€¦ · Горите Македонски шумно пеат, нови песни, нови весници! Македонија слободна,

Четиринаесет илјади ослепени

В китните поли на Беласица горе,убаво,чисто - како снег бело,в горичка една, в зелено борје,лежело мало Беласица село,

Во тоа село бајка се рои. Бајката чиста вистина била,а мене ми е драга и мила,чујте ја вие дечиња мои!

Грчкиот цар Василиј Вториво ропство сакал нас да нè фрли,да грабне градој, колиби, села,од нас да створи покорно робје,

Од Охрид, Преспа, Струмица, Скопје,од сите наши градој и села, со сабји, стрели и болни копја,врвеле борци в опрема цела.

Во Струмичко Поле борците дошлераспнале сегде шатори бели,остреле сабји, светнале штитој,готвеле копја и лути стрели,

Еден ден скришно зад Беласицагрчката војска удрила в плешти,безбројна војска на Самоиластегната била во ропски клешти.

Грчкиот цар - Василиј грозенизвршил страшен и крвав злочин,на секој пленет Самоилов војникв Беласица село извадил очи.

Четиринаесет илјади слепи борциВрзани биле в синџири тешки и како стока пуштени сами по патот широк да одат пешки.

Стотиот имал по едно окодругото в рана скриено било,за да го води клетото робједруг до дворот на Самоила.

И каде мачни минале борци,низ сите стари градови, села,очаен писок сегде се слушал,по патот крвта капела врела.

Колона слепи врзани борци Самоил кога видел со очи,крвава болка в срце го свила,страшна болка срце му закочи.

Оттогаш минале години многу,Но како спомен од таа слика,од тоа време Белица селоВодоча денес народот го вика

Ванчо Николоски

Поема е средна епска творба во стихво која се воспева историски настанили лик.

39

Тема: Борбата за слобода наМакедонцитеОвие стихови се дел од поемата„Четиринаесет илјади ослепени“Поетски слики:1. Опис на селото2 Во селото се раскажува бајката3 Грчкиот цар сакал да ја заробиМакедонија4 Во македонските градови и села сесобрале храбри борци5 Борците се сместиле во Струмичко Поле6 Грчката војска од грб ја нападналаСамоиловата војска7 Грчкиот цар на самоиловите војници имги извадил очите8 Четиринаесет илјади ослепени билеврзани во синџири9 Само стотиот војник имал по едно око10 Секаде каде што минувале борците сеслушал очаен писок11 Кога ги видел своите ослепени борциСамоил од болка умрел12 Според тој настан селото Белицанародот го вика Водоча

Page 39: komplet rask. pesni - zmurh.hr€¦ · Горите Македонски шумно пеат, нови песни, нови весници! Македонија слободна,

Црна се чума зададе

Црна се чума зададе там долу в Македонија.Кој ќе се јунак одберечумата да ја пропади?Избрал се, ми се изнашолмлад Делчев, Гоце Војвода.Он ојде в Македонија,чумата да ја пропадиод жална Македонија.Кој иде горе низ гора,дал ми се Турци поганци?Не ми се Турци поганци,тук ми се одбор дружина,ранет ми другар носеа.Со куршум другар пронижанод лева страна во срце,млад, Делчев, Гоце Војвода.Делчев дружине говори:-Дружино, мои комити,кога ќе вие минетениз моја града Кукуша,мајка ми ќе ве пречека,за мене ќе ве попита:„Дека е Делчев Војвода?“Вие ќе нејзе кажете :„Делчев се јунак посврши,за црна земја робинка,за жална Македонија.“

Епска народна песна

40

Задачи:1. Темата е: Борба за слобода. Одговори за кој

временски период е тоа?

2. Оваа песна е епска народна песна и пее за

еден историски настан и за ликот на еден

голем јунак, борец. Дајте ваши одговори!

3. Што е главниот настан?

4. На каков начин народот го слика овој

настан?

5. Кои зборови и изрази ги избрал за да го опее

ова јуначко дело?

Анализата завршете ја со проблем

ситуација.

Стоиш пред споменикот на Гоце Делчев.

- Како треба да се однесуваш?

- Што сакаш да знаеш за овој јунак?

Епски песни се песни во кои се пее за настан од историското минато, за зна-чајни личности од борбата за слобода. Во овие песни се искажани маките и стра-дањата, тагата и болката на поробениот народ. Епските песни може да бидатнапишани од поет или да бидат народни, односно да ги создал народот и да сепренесувале од колено на колено, од татко на син.

Пораката на оваа песна е:

Јунаците го даваат својот

живот за слободата.

Page 40: komplet rask. pesni - zmurh.hr€¦ · Горите Македонски шумно пеат, нови песни, нови весници! Македонија слободна,

41

Живиот мртовец

На сите излези од градот имаше поставено турска стража. Низ градот врвеамногубројни патроли. Нивните остри штикови, закачени на пушките, на утринскотосонце блескотеа, и се прелеваа.

Секој кој ќе влезеше или ќе излезеше од градот, беше прегледуван ипретресуван. Децата скриени седеа по куќите и молчеа. Луѓето трепереа од страв ипретчувствуваа нешто лошо.

Веќе војската и полицијата почнаа да претресуваат по куќите...Тогаш по главната улица на Битола се појави мртовечка кола. Напред

чекореше попот, со бела дури до појас брада. По него, два коња ја влечеамртовечката кола, во која беше сместен мртовечкиот сандак со покојникот. Посандакот одеа неколку мажи и стари жени, преврзани со црни шамии, роднините напокојникот. Со бавни чекори спроводот се приближуваше кон крајот на градот, дотурската стража.

- Ех, каде најде сега да умре сиромашкиот! - тивко шепотеа луѓето и го жалеа.- Смртта не прашува! - додаде вториот.Спроводот доближуваше до стражата.- Дур бре ѓаур - викна војникот со ножот на пушката.- Аманте, аманте! - почна да плаче и да моли една грбава бабичка. - Човекот

уште вчера умре. Треба да го погребаме.- Не може, не може денеска! - повторуваше војникот.- И вие сте од мајка родени! Жив ви вера, имајте милост! - почна да моли еден

од мажите. - Човекот пред два дена умре, ќе се распадне, сега е лето... Дозволетеда го погребаме!

Дојде и командирот на стражата, разбра во што е работата и нареди: Непретресена мртовечката врволица тргна...

Таа го мина битолскиот парк и влезе во буковските гробишта, кои се наоѓаанадвор од градот.

Кога врволицата влезе во гробиштата, застана и жените седнаа да си починат.Еден од мажите убаво се распули наоколу. И, откога виде дека никој нема наоколу,го кренаа капакот од сандакот. Од него се исправи и скокна жив човек.

Тој човек беше Гоце Делчев, кого што турската војска и полиција под дрво ипод камен го бараше да го фати.

На појасот му блеснаа двата нови револвера. Тој се насмеа, се поздрави сосите и со леки чекори се накачи кон подножјето на планината Пелистер.

Извадок од романот за деца „Гоце Делчев“ од Ванчо НиколескиЗадача:

1.Прочитајте го романот „Гоце Делчев“ и научете повеќе за нашиот голем јунак

Page 41: komplet rask. pesni - zmurh.hr€¦ · Горите Македонски шумно пеат, нови песни, нови весници! Македонија слободна,

42

Солзи над родното огниште

Рано во воденицата, Трајче и мајка му станаа. Станаа и Евто и снаа му. Евтого одврза магарчето и со снаа му отиде горе кон кошарите. Трајче и мајка му гозедоа Дорча и се упатија кон Мацково.

Мацково беше празно, пусто и жално. Наоколу разурнати ѕидишта, попалениплевни, искршени и изгорени плотови... Просто не личеше на она поранешнотоМацково. Трајче го врза Дорча во гумното и со мајка му влегоа во изгорената куќа.Отсекаде се носеше миризба на чад и саѓи. Мајка му почна да ги крши прстите и даплаче.

-Молчи, мајко, не плачи! – ја утешуваше тој.-Не е лесно синко, не е! – продолжи да жали мајка му.- Знам, не е лесно, но мора да се трпи. Не ли чу што рече сношти Горјан? „Ќе

направиме нови куќи, ќе отвориме ново училиште.“- Умно зборуваш, синко, но ајде да видиме што станало со скривницата – рече

мајка му. – Побарај една лопата?Трајче се стрча околу куќата и најде лопата. Ја разгрнаа пепелта. Во ќошот

уште чадеа неколку недогорени греди. Одвај го најдоа местото каде што бешескривницата. Копаа неколкупати и се покажаа штиците.

- Добро е! – рече мајка му.- Значи пљачките се спасени! – додаде Трајче.Скривницата беше длабоко ископана во земјата. Згора имаше штици, а над

штиците доста земја, така што огнот не можеше да ги изгори.- Танејце, Танејце! – извика некој во дворот. Трајче и мајка му истрчаа надвор.

Во дворот стоеше Евто.- Што си ги скрстила рацете? – подвикна Евто.- Ама, браче Евто...- Е, де – ја прекина тој – не плаши се! Што направија? Ги изгореа болвите и

дрвениците! Да сме живи ние! Нови куќи ќе направиме. Не ни е ова првпат. И вовостанието нè запалија Турците, но, сепак, го подигнавме Мацково.

- Ех, браче Евто! – рече Танејца.- Трајче нека го земе Дорча – продолжи Евто – и нека дојде во Караорман. Ќе

сечеме греди! Сите веќе се прибираат. Ќе правиме куќи и колиби.- Како ќе речеш ти, така нека биде! – одговори Танејца.

Извадок од романот за деца „Волшебното самарче“ од Ванчо Николески

Задачи:1.Што се случило во селото Мацково?

Page 42: komplet rask. pesni - zmurh.hr€¦ · Горите Македонски шумно пеат, нови песни, нови весници! Македонија слободна,

43

Задачи:1. Прочитајте ги овие патриотски песни!

2. Направете една асоцијација за татковината. Со кои зборови може

да се поврзе таа?

Патриотска песна е песна во која се искажува личното чувство на љубов кон

својот народ и кон својата татковина. Во нив љубовта кон народот и кон татковината

се главната основа. Покрај своето чувство поетот го изразува и колективното

чувство.

Татковината се брани со убавини

Татковината се брани со реките,со рибите во нивните води,

со изворите, со шумите, со смреките,со песната во слобода што води.

Татковината се брани со нежност,со пчелата застаната на цветот,

со булките насмеани, со сончогледот,со птиците извишени во летот.

Татковината се брани со книга,со песна за птолетното небо,

со сестрината солза, мајчината грижа,со брашното замесено во лебот.

Татковината се брани со убавината,со чесноста, со познавањето,

Татковината се брани со животот,со работата и создавањето.

Љубивое Ршумовиќ

Земјо моја

Како тебе родна личнанема земја во цел свет,

тука јас се родив, раснамкако птица в лет.

Детство мое како бајкаминува во радост, пој,

љубов наша – радост твојаличен крају мој.

Ако треба да те бранам,земјо, и ако сум мал

детството мое, игри моиза тебе би ги дал.

Расцути замјо милабликај в сончев сјај

расни, цути, шири крилаземјо, роден крај.

Нада Зекманова

Page 43: komplet rask. pesni - zmurh.hr€¦ · Горите Македонски шумно пеат, нови песни, нови весници! Македонија слободна,

Приказна за раѓањето на едно езеро

Еден ден се разнесе вест дека Радика ќе се влива во Вардар,Уште в рана пролет за тоа слушна и Вардар, слушна, но не разбра добро. А

Вардар е Вардар. Откога постои на овој свет, секогаш е тврдоглав и горд. Оваа вестмногу го разлути, па потече запенет и матен. Беше толку разлутен, што почна давлече дрва и камења. Неговиот бес отиде толку дотаму што, велат, однел целидрвја, а некои кажуваат, однел и три дрвени моста.

-Тука мора да има нешто!-мислеа селаните. И имаа право.Вардар потскокна неколкупати, се прели преку коритото, ги поплави биволи-

те што пасеа на неговите брегови и иподвикна на Радика:-Ти ли сакаш овде да течеш? Што бараш во моето корито? Ни сантиметар да

не си се поместила наваму, зашто ќе ти ги искршам сите коски!-Ама... -почна да се брани Радика.-Нема тука « ама » - налутено ја прекина Вардар и не идозволи да му објас-

ни.-Зар толу илјади години – продолжи Вардар – јас го длабев и длабев моето

корито, а ти сега да дојдеш на готово и со мене да течеш ! Да знаеш, нема да ти доз-волам! Нема!

- Еј, Вардаре, почекај малку! – му викна одозгора планината Бистра. – Радикае мое чедо. Таа извира од моите широки зелени пасишта. Не дозволувам да јанавредиш! Ете Шара е висока , стара и паметна планина, па таа нека каже дали тоае правилно?

Снежната Шара ја слушна караницата, ги стресе своите старечки плеќи ирече:

-Што е правилно, правилно е! Ти, Вардаре, не треба да се караш со рекатаРадика.

-Ама... како да немам право – почна да се брани Вардар.-Добро – продолжи понатаму Шара. – Знаеш ли што е хидроцентрала?-Од каде да знам? За такво нешто сега првпат слушам.-А ако не знаеш – продолжи Шара – да не исе лутиш на Радика. Јас ќе ти

објаснам: На мојот врв Попова Шапка дојдоа некој смучари. Тука читаа и весници.Додека тие читаа и разговараа, јас внимателно слушав и разбрав. Дознав декаРадика ќе дава многу електрична струја која им е потребна на селата и градовите.

-Како, зар Радика? А јас не можам ли?-Не можеш!-Зошто да не можам?-Па Радика е планинска река.-Ништо јас овде не разбирам. Зар јас не сум поголема река од неа?-продол-

жи да запрашува Вардар.

44

Page 44: komplet rask. pesni - zmurh.hr€¦ · Горите Македонски шумно пеат, нови песни, нови весници! Македонија слободна,

- Слушај, па ќе разбереш: Горе, кај Маврови Анови, Радика ќе биде прегра-дена. Мавровското Поле ќе биде претворено во огромно бистро езеро. Во езерото-то ќе се размножуваат риби, по него ќе пловат кајчиња, а преку летото многу луѓе ќедоаѓаат на одмор и прошетки. Под планината Влајница, пак, ќе ископаат тунел низкој ќе тече Радика сè до селото Вруток. Тука Радика ќе се влива во тебе, Вардаре.Паѓајки од голема височина, малата Радика ќе добие огромна водена сила.

-Како, зар Радика има поголема водена сила од мојата? -зачудено прашаВардар.

-Да, реката има поголема сила кога нејзината вода ќе паѓа од поголемависочина и таа сила раздвижува електични турбини.

-Гледај, гледај те молам !-почна да се чуди Вардар. -Како јас тоа досега не гознам?

-Не си знаел – продолжи Шара – затоа не веруваше во силата на Радика.Некогаш и малите можат да извршат голема работа, само ако во себе имаат сила –пријателски рече Шара.

Така заврши разговорот меѓу Вардар и Шара, а со тоа и приказната за раѓа-њето на Мавровското Езеро.

Неодамна поминавме тука: Радика го наполнила полето со вода, многу сел-ски куќи поплавила ... Сега место старите куќи и ниви ветерот ја бранува езерскатавода, а на неа се лулаат разнобојни кајчиња. Се градат нови села и населби. Силатана езерото е огромна, зашто го создал човекот.

Ванчо Николески

45

Задачи:1. Прочитајте ја внимателно

приказнава!

2. Што се објаснува оваа приказна?

3. На колку делови можете да ја

поделите приказнава?

4. За секој дел претставете си слика!

5. Претставете ги со план во форма на прашални реченици?

6. Кој дел ти остави најубав впечаток и зошто?

7. Какво езеро е Мавровското Езеро?

8. Кои се природни езера во Репулика Македонија?

9. Истражувај за езерата во оваа земја!

Page 45: komplet rask. pesni - zmurh.hr€¦ · Горите Македонски шумно пеат, нови песни, нови весници! Македонија слободна,

46

Од дејноста на македонските собирачи на народни умотворби

Браќата Миладиновци, Марко Цепенков и Кузман Шапкарев се најпознатисобирачи на народни умотворби.

Димитар Миладинов е главната личност на македонската пре-родба. Бил учител во повеќе места во Македонија и собирач на народ-ни умотворби.

Констатин Миладинов е основоположник на новатамакедонска поезија и ги поставил темелите на македонска-та литература. Со песната ,„Т’га за југ“, која има 70 препевина 42 јазици, секоја година се отвораат Струшките вечери

на поезијата.Миладиновци се родени во Струга. Кога учителствувале во Охрид почнале да

се занимаваат и со собирачка дејност - собирање и запишување македонскинародни песни и други умотворби кои подоцна ги отпечатиле во еден голем„Зборник“. Браќата Миладиновци умреле во цариградските затвори во 1862 година.

Покрај народни песни, народни пословици и народни гатанки тие собирале изалагалки и брзозборки.

Патор, патор ноџиња Брзозборки

Патор, патор ноџиња, пасла баба козлињана два рида високи,во два дола широки;напрела две вретенаси иклала на полица,дошло маче лизнало,дошло куче гризнало.Чит пустино, ош штурино!Токму сега си напрела:на дедо кошула,на баба марама.

Марко Цепенков е еден од највидните македонски собирачи нанародно творештво. Под влијание на Димитар Миладинов почнал дасобира народни умотворби. Цепенков лично, самиот ги запишувалсвоите фолклорни и етнолошки материјали. Не само што запишувал тукувнесувал и свој личен печат на творбите. Тој има и временски најдолгазапишувачка практика - 40 години собирал народни умотворби.

Сетоселособрано,сеносламасобира.СамоСимоседисредеселосам.

Page 46: komplet rask. pesni - zmurh.hr€¦ · Горите Македонски шумно пеат, нови песни, нови весници! Македонија слободна,

Кузман Шапкарев е еден од најзначајните собирачи,публикувачи и афирматори на македонски народни умотворби и еденод првите македонски учебникари. Обемот и квалитетот на собраниотматеријал го вбројуваат Шапкарев меѓу најголемите собирачи нанародни умотворби не само од Македонија, туку од целиот Балкан.

47

Лисицата на суд

Ја суделе лисицата затоа што од еден селски кокошарник украла неколкукокошки.

- Не сум виновна, чесен збор! - почнала да се брани таа, - Можам и да дока-жам. Во тоа време јас бев во друг кокошарник.

-А имаш ли сведоци? - ја прашал судијата.- Сведоците ги изедов! - одговорила лисицата.

Брат брата не рани, тешко на тој што го нема

Едно време си биле двајца браќа. Дури бил жив татко им, работеле какошто тој им повелал: еден одел на чифлиг, друг со овци. А кога умрел татко им,поголемиот станал домаќин, а помалиот работел надвор, многу го слушал братаси и ретко дома се враќал. Големиот ништо не работел, си седел дома, пречекувалпријатели.

По неколку години тие се збогатиле уште повеќе. Големиот брат бил женет,а малиот не. Малиот си идел дома од сведен на сведен.

Еднаш на еден сведен, кога си дошол в село, го сретнале некои селани штоим завидувале и сакале да ги скараат, па му рекле:

-Ти си му син на татка ти?-Како не, - рекол тој.-Е кога е така, зошто ти везден како момок само одиш на работа, а брат ти,

поголемиот, живее како некој господар, а ти си му нему како измеќар?Малиот брат не им рекол ништо, но веднаш почнало да го гризе срцето. Па

утредента му рекол на брат му:-Ете, толку години поминаа откако умре татко, а јас дење-ноќе само надвор,

дома си идам еднаш во годината. Па си реков да се смениме со работите: неколкугодини јас да поседам дома, а ти да одиш на мојата работа!

-Мошне арно, брате,- преправајќи се дека не се налутил.Туку уште денескајас на лов да појдам и заедно да ручаме, а од утре ќе се размениме.

Скокнал од лутина и ја повикал жена си и и рекол:-Јас ќе појдам денеска на лов. Ти ќе испечеш едно јагне, ќе ставиш внатре

Page 47: komplet rask. pesni - zmurh.hr€¦ · Горите Македонски шумно пеат, нови песни, нови весници! Македонија слободна,

отрувачка и ќе го викнеш брат ми да руча. Кога ќе се вратам дома, ако не слушнамда тажиш во куќава, главата ќе ти летне!

Жената останала вџашена и стоела како скаменета. Се чудела што даправи, дали таа да умре, дали деверот да си го отруе? Најпосле решила да муостави на господа: ако може да куртули таа, арно, ако не, поарно да умре отколкуда си отруе деверот!

Испекла јагне, зготвила ручек и го поканила деверот да јаде. Тој одбилвелејќи:

-Како бидувало така јас да ручам без брат ми, кога тој ми вети дека заедноќе ручаме!

Тогаш жената почнала да плаче и се му раскажала на деверот. Кога го чултоа, тој и рекол:

-Не грижи се снао, не плаши се! Кога тој ќе доаѓа, ќе ме покриеш со еденпокров, ќе ми запалиш свеќа над главата и ќе фатиш да ме тажиш!

Големиот брат за тоа време бил на лов. Тој видел едно орле, ги пуштилдвата сокола и тие по малку време го сметнале долу. Орлето проронило солзи иму рекло:

-Да беше сега жив брат ми, не твоите два сокола, ами дваесет да беа, пакништо не ќе можеа да сторат, туку раката да му се исуши на оној што го удри и гоотепа! И бидејќи сега јас сум без потпора во зло време, не можев да се одбранамод твоите соколи.

Кога го слушнал тоа ловџијата му се нажалило за брата му. Го пуштил орлетои го боднал коњот да трча.

Кога дошол дома и го чул пискањето и тажењето на жена си, и се пуштилвелејќи:

-Ах, ти ми го отру брат ми!Кога го чул тоа помалиот брат, скокнал:-Не задевај ја брате, снаа ми! Таа не ме отру, туку ти сакаше да ме отруеш!Поголемиот брат се фрлил на вратот од брата си велејќи:-Ах брате! Жив си ми брате!- и го облеал со солзи, па бакнувајќи го, му ја

исповедал својата грешка и му раскажал за орлето. Од тој ден си живееле братскии никојпат повеќе не се скарале.

48

Задачи:1. Македонските народни умотворби имаат голема вредност.

Објасни!

2. Пронајди некои книги од овие собирачи на народно творештво

и прочитај повеќе!

Page 48: komplet rask. pesni - zmurh.hr€¦ · Горите Македонски шумно пеат, нови песни, нови весници! Македонија слободна,

49

Поговорки се кратки народни умотворби во кои се предава животното

искуство од постарите на помладите како поука што ќе им помогне во животот. Во

нив има поучни мисли за книгата, мрзливоста, омразата, пријателството, лагата,

храброста, љубовта...

Браќата Миладиновци и Марко Цепенков собрале и поговорки. Обиди се

да најдеш дополнителна литература и да прочиташ уште поговорки.

ЗадачаВо секоја од овие умотворби се крие голема мудрост. Објаснете за секоја!

Македонски народни поговорки

Човекот се учи додека е жив.

Волкот си го менува влакното, но не и навиката.

Крушата под круша паѓа.

Без мака нема наука.

Далеку оди ама за дома мисли.

Роди ме со ксмет и фрлиме на буниште.

Работата го краси човекот.

Како ќе надробиш, така ќе сркаш.

Што си посеал тоа ќе ти никне.

Рани куче да те лае.

Никој учен не се родил.

Книгата дно нема.

Брат брата не рани, тешко кој го нема.

Добрата работа сама се пофалува.

Page 49: komplet rask. pesni - zmurh.hr€¦ · Горите Македонски шумно пеат, нови песни, нови весници! Македонија слободна,

50

Гатанките се сосема кратки, но многу поетски народни умотворби.

Всушност гатанката е една убава слика со преносно значење.

Народни гатанки

Да е човек, не е човек, а со човек зборува. (книга)

Од едно огниште цел свет се грее. (сонце)

Напред оди назад не се враќа (време)

Везден преде, а преѓа нема (маче)

Бела погача над керамиди виси. (месечина)

Сама баба куќа носи (полжав)

Авторски гатанки

Александар Кујунџиски

Бели дробови на градовите се тие!Шетајте по нив!Чувајте ги и вие!(паркови)

Задачи:1. Запишете неколку народни гатанки.

2. Обидете се и самите да напишете гатанки!

Чудна и страшнаприродна појаваја стресува цела Земја,без пријава и одјава.(земјотрес)

Михо Атанасовски

Што ќе допре, што ќе фатиЌе го светне, ќе се златиОд пролет, па цело лето,Едно, а го грее светот.(Сонце)

Змија е во рамнина,Ползи тивко, споро,Со опашот в планина,Со главата в море.( река)

Покрај голема бука под бреготсребрено огледало се крие, небото се огледува во него,од него вода срната пие.(извор)

Page 50: komplet rask. pesni - zmurh.hr€¦ · Горите Македонски шумно пеат, нови песни, нови весници! Македонија слободна,

Пелистерски очи

Битола е град што се простира од двете страни на реката Драгор,која шумоли меѓу високите ѕидани брегови. Над градот во далечинатастрчи во небесната синевина гол, со гранитни стени, препашен прекусредината со постојано зелениот појас на борови гори – Пелистер има триврвови и стои како вечен стражар во родната Пелагонија...

На Пелистер постојат и две планински езера, познати под иметоПелистерски очи. За овие езера има легенда што се раскажува во градотпод Пелистер.....

Се случило многу одамна. Братот и сестрата, Јорго и Флора, паселеовци на падините на Баба Планина. Јорго и Флора биле среќни со своетостадо. Еден ден, братчето Јорго се загубило во планината, а сестра муФлора го барала на сите страни. Солзи и само солзи. Плачело девојчетона глас, а од очите како две изворчиња и течеле бистри, невини детскисолзи. Од солзите на Флора во двата кратера, оддалечени неколку стотиначекори еден од друг, се создале убавите планински езера – Пелистерскиочи.

Несреќната Флора, постојано плачела. Од големата тага по братаси, таа умрела. Пред да издивне рекла:

-Езерце мило, убаво, ако некогаш го видиш мојот брат, речи му дасе измие од бистрата планинска вода, од моите солзи, за да го помилувам.

Апостол Поп Јовановски

51

Page 51: komplet rask. pesni - zmurh.hr€¦ · Горите Македонски шумно пеат, нови песни, нови весници! Македонија слободна,

52

Двете книги

На рафтовите во библиотека, една до друга стоеја две книги. Едната бешевесела и се викаше „Најубави сказни“. А другата тажна со наслов „Филозофија наживотот“.

Веселата ја земаа децата и ја читаа. Тажната долго стоеше неотворена.- Ти си среќна... -рече тажната. - Постојано патуваш од едни до други раце.

Тебе те читаат. А што да речам јас?- Не знам зошто е така?! - иодврати веселата. - Многу ми е жал. Ти си толку

добра...- Ама и осамена... - си призна тажната. - А ти си зафатена и имаш малку

време да останеш со мене. Штом некој ќе те врати, веднаш те зема некој друг.Тој час влезе библиотекарката и, земајќи ја веселата за да му ја издаде на

едно момче што чекаше, се загледа во тажната книга.- О, ти си тука?! - се израдува библиотекарката. - Толку многу те бараат во

другиот оддел, кај возрасните читатели! Како си дошла овде?!Така тажната книга беше преместена. И уште веднаш издадена.Но еднаш се случи двете книги пак да се сретнат во еден дом. Веселата ја

читаше едно девојче, а тажната нејзиниот брат кој студираше филозофија.-Каква книга е оваа „Филозофија на животот“! - се воодушеви братот. - Ја

открива секој негова тајна.- А овие ,,Најубави сказни”? - се јави сестричката. - Најпрекрасната книга што

досега сум ја прочитала!Сега и двете книги беа весели и среќни затоа што се најдоа на вистинското

место. И што дојдоа до вистински читатели.Горјан Петревски

Задача:1. Напиши состав на тема „Мојата омилена книга“.

В кино

Денес мојот постар брат Јане ми рече:-Утре ќе одиме в кино Стефан. Јас веќе купив билети.Многу се израдував. Првпат ќе гледам филм в кино.Во салата влеговме еден по еден покажувајќи го билетот на еден чичко.Се изненадив од големата сала и од многуте седишта.Пред нас беше големо бело платно.

Тоа се вика екран - ми објасни брат ми.Светлата се изгасија, а екранот светна...

Задачи:1. Што се случило потоа? Доврши го расказот „В кино“.

Page 52: komplet rask. pesni - zmurh.hr€¦ · Горите Македонски шумно пеат, нови песни, нови весници! Македонија слободна,

53

Радиоемисија

Недела е. Ден кога Јана станува подоцна. Таа сака да се наспие. Но, денестаа е нешто возбудена.

- Јана, дали си добро? Да не те боли нешто? - ја прашува мајка идодека гоподготвува ручекот во кујната.

- Мамо, мамичке! Сè е в ред, само имам домашна задача - одговори Јана.- Добро, седни и напиши ја - ја смирува мајка и.- Ама, мамичке не треба да пишувам, туку треба да слушам радиоемисија. И

таа за половина час ќе почне. Ајде да го вклучам радиото! - возбудено одговориЈана.

- Одлично! Заедно ќе ја слушаме радиоемисијата. Јас ќе готвам, а ти седнина столот до мене - ја смирува мајка и.

Радиоемисијата почна. Јана седеше мирно дури и не трепнуваше. Сезборуваше за расказот од Ненад Џамбазов „Чистотата е половина здравје“.

Чистотата е половина здравје

ЛИЦА: ученикот, Данчо, мајката и таткото

( Во кујна мајката приготвува јадење. Данчо влегува целиот зазбивтан, ја оставачантата со книги и вика на сет глас.)

ДАНЧО: Мамо, гладен сум, дај ми да јадам!МАЈКАТА: Првин треба да речеш добар ден како секое добро дете... и ... не е

убаво толку силно да викаш.ДАНЧО: Извини, мамо, заборавив. Стомакот ми станал како решето, кој ќе

мисли на добар ден. Дај ми да јадам!МАЈКАТА: Ех, Данчо сине, не чини така.ДАНЧО: Ти, мамо, не си фудбалер и не знаеш колку сум изморен. А денес на

натпреварот двапати ми ставија сопка, сиот прав го собрав на нозете и рацете.МАЈКАТА: Тогаш првин измиј се, па потоа седни да јадеш. Ручекот е готов.ДАНЧО (за себе): Ете ти сега! Јас, што се имам скарано со сапунот и со

водата и не сакам со очи да ги видам – ќе морам да се измијам. (кон мајка си) Мамоможе и вака да јадам, ништо не ми пречи што сум малку нечист во рацете

МАЈКАТА: Сите болести се добиваат преку нечистотијата, преку заразнитемикроби и бацили.

ДАНЧО: Јас сум толку гладен што би изел и слон, а пак тие микроби и бацилиќе ги лапнам како чоколада.

Page 53: komplet rask. pesni - zmurh.hr€¦ · Горите Македонски шумно пеат, нови песни, нови весници! Македонија слободна,

Задачи:1.Читајте по улоги!2. Што научивте од овој драмски текст?

54

(Во меѓувреме влегува таткото, ги поздравува и ја остава кожната лекарскачанта.)

МАЈКАТА: Како е в болница, што има ново?ТАТКОТО: Лоши работи... Ќе ви раскажам сè, само првин да си ги измијам

рацете.

(Данчо за тоа време седнува на масата)

ДАНЧО (кон публиката): За тате не е чудо што ја претпочита чистотата. Тој елекар. А јас се прашувам зошто треба секогаш да бидам чист? И вака ништо не мифали.

(Таткото се враќа и седнува крај масата за јадење)

ТАТКОТО (кон мајката и Данчо): Денеска в болница примивме многу деца.Во едно училиште се појавила жолтица. И тоа поради нечистотија на одделниученици. Тие ја пренеле болеста и жолтицата се раширила кај многумина.

(Мајката за тоа време ја поставува масата и им става во чиниите одјадењето)

ДАНЧО (исплашено): Што велиш, тате, поради нечистотија се појавилажолтица?

ТАТКОТО: Да, сине, училиштето е затворено, а учениците се примени воболница.

(Таткото и мајката почнуваат да јадат, а Данчо седи замислен на масата)

МАЈКАТА: Ајде, сине, јади, ќе ти се олади јадењето!ДАНЧО: Леле, јас за малку ќе јадев со нечисти раце. (Станува бргу од столчето)

Одам да ги измијам убаво рацете.ТАТКОТО: Така треба, сине, и запомни добро дека чистотата е половина

здравје.ДАНЧО: Имате право, драги родители, никогаш повеќе нема да бидам нечист.

(оди да се измие...)Ненад Џамбазов

Page 54: komplet rask. pesni - zmurh.hr€¦ · Горите Македонски шумно пеат, нови песни, нови весници! Македонија слободна,

55

Од мојот дневник

Описот на денешниот ден го почнувам некаде од десет часот. Тогаш сеслучи нешто што вреди да го забележам...

Бевме подготвени да појдеме на капење. Се свртев, тоа беше Симона,девојчето од нашето соседство. Не беше сама. До неа стоеше една нејзина дру-гарка. Ја погледав повнимателно, и тогаш ги видов најубавите очи на светот!

-Ова е Маргарита! – шушна Симона.Ја позедов малата бела дланка и реков:-Николче!Ме гледаше без да трепне. И јас неа. Зажалив што сум понизок. Сигурно

сум и помал...- Заедно учите? – прашав.Се насмеа. Ја зафрли главата, блеснаа две низи запчиња, очите како да и

засолзија од силно смеење.- Детенце, - ме пецкаше Симона, - Маргарита годинава заврши осмо одде-

ление! Наесен ќе биде гимназијалка.- И ти ќе пораснеш! – ме тешеше Маргарита, а мене ми беше мака поради

глупавото прашање што го поставив. И пак гледав во нејзините очи, а таа не гоодбегнуваше нејзиниот поглед. Симона се почувствува осамено. Шмркна и ми севнесе в лице:

- Сакаш уште нешто да прашаш?Ја чув, но без желба да иодговорам. Маргарита имаше крупни црни очи.

Во нив беше преместено сето езеро, и сонце, и летовалиштето, и ... Што се случу-ва со мене, како да сум маѓепсан?

Во мислите ми се нареди низа од еден ист збор:Маргарита, Маргаретка, Марга, Меги....

Извадок од книгата „Втората смена“ од Велко Неделковски

Задачи:1. Дали некогаш си водел дневник за некој период одтвојот живот, летување, зимување и сл.?2. Се ближи крајот на учебната година. Како гоорганизирате последниот час?3. Дали некогаш сам си бил на одмор?4. Ако сакаш да ги дознаеш згодите и незгодите наНиколче при неговото летување сам прочитај ја оваакнига.

Page 55: komplet rask. pesni - zmurh.hr€¦ · Горите Македонски шумно пеат, нови песни, нови весници! Македонија слободна,

Ј А З И К56

Page 56: komplet rask. pesni - zmurh.hr€¦ · Горите Македонски шумно пеат, нови песни, нови весници! Македонија слободна,

57

Научив!Општењето е човекова способност за разменување пораки.

Јазикот е основно и најсовршено средство за општење меѓу луѓето.

Општењето со јазикот е придружувано со гестови (движења со рацете или со

главата) и со мимики (движење на усните, на очите или на клепките).

Во Република Македонија службен јазик е македонскиот литературен јазик.

Потребата на човекот да ги искаже своите мисли и чувства условила појава

на средство за разбирање меѓу луѓето, а тоа е јазикот.

Човечкиот јазик претставува најсовршено средство за комуникација, односно

средство за општење меѓу луѓето, без кој многу тешко би се одвивале

секојдневното живеење, учење, работење и слично.

Човекот има вродена способност за зборување. Таа способност го одделува

од другите живи суштества на нашава планета.

Општењето е човекова способност за разменување пораки.

Општењето со јазикот е придружувано со гестови (движења со рацете или со

главата) и со мимики (движење на усните, на очите или на клепките). Но, јазикот е

основно и најсовршено средство за општење меѓу луѓето.

Во Република Македонија службен јазик е македонскиот литературен јазик.

Потекнува од прасловенскиот јазик, односно од јазикот на Словените. Спаѓа во

јужнословенската група со: српскиот, хрватскиот, словенечкиот и бугарскиот јазик.

Го цртам дворот

пред мојата зграда.Марко што црташ?

Колку е убаво!

Ј а з и к о т к а к о

Page 57: komplet rask. pesni - zmurh.hr€¦ · Горите Македонски шумно пеат, нови песни, нови весници! Македонија слободна,

58

Научив!Македонската азбука се вика кирилица и има 31 буква.

Секоја буква од азбуката има свој глас.

И з г о в о р и п р а в о п и с н а с о г л а с к и т е

Фонетика е дел од науката за јазикот којашто ги проучува образувањето,

изговорот и поделбата на гласовите како и акцентот на зборовите во македонскиот

јазик.

Македонската азбука има 31 буква. Таа се вика кирилица.

За секој глас има по една буква. Буквата е писмен знак за обележување на

гласот, а гласот е најмал и неделив дел од говорот.

Во македонскиот литературен јазик гласовите и буквите имаат свој изговор и

правопис.

согласки на почетокот во средината на крајотл лав, лето јули, салама стол, кралљ љубов, љубомора виљушка, вљубен тељ, детаљњ Њутн, бања, диња коњј јазик, јадење лисја, овошје музеј, крај

ф фустан, фабрика кафез, кафе сеф,с супа, сон маса, коса глас, дресш шума, шал круша, кошарка кош, ќошд дрво, делфин година, ограда брод, кодк клупа, костен зелка, топка зајак, сокг гулаб, гостин нога, тегла снег, брег

1. Обиди се и ти да составиш ваква табела за истиве согласки!

2. Со читање и заедничко повторување на зборовите од вашите табе-

ли правете јазични вежби за правилен изговор на зборовите.

3. Правете вежби за правилно пишување на посочените согласки.

4. Напиши ги правилно зборовиве: кучите, ниф, врајча, врли, вурна,

криљата,навоѓаше, излегоф, луџето.

Еве една јазична вежба за правилен изговор на зборовите кои ги содржат

наведениве согласки:

ЗАДАЧИ:

ПРАВОПИС: Согласката ј речиси секогаш се пишува меѓу самогласките и и а.

Пример: Македонија, кутија, сијалица итн.

Page 58: komplet rask. pesni - zmurh.hr€¦ · Горите Македонски шумно пеат, нови песни, нови весници! Македонија слободна,

59

Сакам да знам!

Сигурно ја знаеш азбуката. Напиши ги првите десет букви:

_ _  _  _ _  _  _  _  _  _

( Заокружи ги а и е кои се самогласки).

Запомни: Сите согласки во првата десетка од азбуката се звучни согласки:

б в г д ѓ ж з ѕ

Ако ги запомниш по овој редослед, многу е мала веројатноста да ги

заборавиш звучните согласки. Само една звучна согласка се наоѓа на крајот од

третата десетка од азбуката, а тоа е џ.

Реши го крстозборов! Во првата колона, во заградите, напиши ја буквата од

крајот на зборот, а во втората колона, буквата за гласот што се слуша.

Производ за секојдневна исхрана

Цар на животните

Врнеж во зима

Голема населба

Горниот слој на забот

Животно со боцки

Смрзната вода

Ѕид наопаку

Амблем

( _ ) ( _ )

( _ ) ( _ )

( _ ) ( _ )

( _ ) ( _ )

( _ ) ( _ )

( _ ) ( _ )

( _ ) ( _ )

( _ ) ( _ )

( _ ) ( _ )

З в у ч н и и б е з в у ч н и с о г л а с к и

Знам!Во македонската азбука, кирилицата, од 31 буква, со 5 букви се запишуваат

самогласките, а со другите 26 букви се запишуваат согласките.

Заокружи ги самогласките во зборовите моите и украс и потоа запиши ги на

следниве места:__ __ __ __ __

Page 59: komplet rask. pesni - zmurh.hr€¦ · Горите Македонски шумно пеат, нови песни, нови весници! Македонија слободна,

60

Со буквите на крајот на зборот во крстозборот се означени звучните согласки.

Со буквите со кои се запишани гласовите што се слушаат се означени

безвучните согласки

Заклучуваме дека:

звучни согласки се б в г д ѓ ж з ѕ џ

безвучни согласки се _  _  _  _  _  _  _  _  _ х

Согласките во вториот ред се безвучни согласки. Кон нив треба да се

додаде и х која нема звучен парник. Одговор: п,ф,к,т,ќ,ш,с,ц,ч

Научив!Согласките според звучноста се делат на звучни и безвучни.

Сите согласки во првата десетка од азбуката се звучни согласки.

На секоја звучна согласка во македонскиот јазик и одговара безвучна

согласка. Само безвучната согласка х нема свој звучен парник.

ЗАДАЧИ:1. Поделете се во парови. Еден ученик од парот кажува согласка

(звучна или безвучна), а друг ученик го кажува нејзиниот парник (по

звучност).

2. За следнава задача прво работете индивидуално, а потоа заедно

формирајте заедничка табела. Секој ученик да напише зборови со

звучни и со безвучни согласки на крајот од зборот. Потоа заедно

формирајте табела

Зборови со звучни согласки накрајот на зборот

Зборови со безвучни согласкина крајот на зборот

3. Диктат од наставникот со примери од зборови кои на крајот

завршуваат со звучни или со безвучни согласки.

Page 60: komplet rask. pesni - zmurh.hr€¦ · Горите Македонски шумно пеат, нови песни, нови весници! Македонија слободна,

61

Сакам да знам!Звучните и безвучните согласки се едначат по звучност кога ќе се најдат во

непосреден допир или кога во еден збор има две согласки една до друга, различ-

ни по звучност, тие се едначат. Едначењето се врши според втората согласка.

1. Звучните согласки пред безвучните се менуваат во безвучни, т.е. ако вто-

рата согласка е безвучна и првата поминува во безвучна.

б - п риба - рипче

г - к брег - брекче

д - т град - гратче

ж - ш маж - машки

з - с низок - ниска

2. Безвучните согласки пред звучните преоѓаат во звучни, т.е. ако втората

согласка е звучна и првата поминува во звучна

т - д сват - свадба

к - г Велик ден - Велигден

с - з гостин - гозба

Јазична вежба за едначење на согласките по звучност

заб - ________ леб - ___________(б - п)

рог - ________ снег - __________(г - к)

рид - ________ сладок - __________(д - т)

жежок - _________ еж - _______(ж - ш)

близок - _________ блуза - ________(з _ с)Ако сакаш да научиш повеќе!

Едначење по звучност се обележува во префиксираните зборови:

(над-) натпис, натпревар (од-) отсуство, отсега

(под-) потпис, потсетник (пред-) претпладне, претседател

(воз-) воспитание, восхит (раз-) распуст, расположение

Е д н а ч е њ е н а с о г л а с к и т е п о з в у ч н о с т

ЗАДАЧИ:

Page 61: komplet rask. pesni - zmurh.hr€¦ · Горите Македонски шумно пеат, нови песни, нови весници! Македонија слободна,

62

Знам!При говорење согласките и самогласките се здружуваат и се поврзуваат во

групи. Најмалите групи се слоговите.Поголеми групи се зборовите и речениците.

Во секој слог има само по една самогласка.Сакам да знам!

Нагласувањето на еден слог во зборот се вика акцент. Слогот што се акцен-

тира се вика акцентиран слог и се бележи со акцентен знак ( ´ ). Овој знак се беле-

жи над самогласката од акцентираниот слог.

Акцентот секогаш е на самогласка (а, е, и, о, у) или на р.

Акцентот во македонскиот јазик е динамичен.

Тој е определен и секогаш на третиот слог од крајот на зборот и затоа се

нарекува третосложен акцент.

Едносложните зборови се акцентираат на единствениот слог.

Пример: сол, сон, еж, крв... (Дополни со твои примери!)

Двосложните зборови се акцентираат на вториот слог од крајот на зборот.

Пример: ре/ка, ма/са... (Дополни!)

Трисложните и повеќесложните зборови се акцентираат на третиот слог од

крајот на зборот.

Пример: ма/са/та, де/ца/та, во/де/ни/ца... (Дополни!)

Кога бројот на слоговите кај еден ист збор се зголемува со различни настав-

ки, акцентот го менува местото (слогот), но тој е секогаш на третиот слог од крајот

на зборот. Пример: ро/ди/тел, ро/ди/те/ли, ро/ди/те/ли/те

Акцентот на сложените зборовиВо македонскиот литературен јазик има многу зборови составени од два збора

кои се сраснати и образуваат нов збор со ново значење. Акцентот и кај тие зборо-

ви е на третиот слог од крајот на зборот. Пример: по/плад/не, три-че/ти/ри и др.

Стави го акцентот на следниве зборови: стол, врата,

телевизор, жетон, интервју, летово, ѕид, седејќи

А к ц е н т о т в о м а к е д о н с к и о тл и т е р а т у р е н ј а з и к

ЗАДАЧИ:

Page 62: komplet rask. pesni - zmurh.hr€¦ · Горите Македонски шумно пеат, нови песни, нови весници! Македонија слободна,

63

И м е н к иС о п с т в е н и и о п ш т и и м е н к и

Знам!Именките се зборови кои означуваат имиња на лица, суштества, предмети,

појави и поими. Пример: Иван, зајак, дрво, пенкало, дожд.

Сакам да знам!Именките се поделени на сопствени и општи.

Сопствените именки означуваат:

- лични имиња: Михаела

- име на држава: Македонија

- име на град: Струга

- име на езеро: Охридско Езеро

- име на планина: Водно

- име на село: Ново Село

- име на река: Вардар

- име на народ: Македонец

- име на весник: „Вечер“

- име на книга: „ Марта“

- име на улица: „Водњанска“

- име на установа: „Макпетрол“

Општите, пак, се делат на:

- конкретни (што можат да се

допрат, фатат: автомобил, чанта) и

- апстрактни (што не можеме да ги

допреме: љубов, среќа).

Вардар

Вардар наш личен

Шара што те пои,

цвеќе што те кити

во илјада бои.

Низ земјата драга

протегнуваш снага,

од плодовиот Полог

низ бунтовен Велес...

Планините ѕунат

од занесни звуци,

покрај тебе растат

Гоцевите внуци.

Косара Гочкова

ЗАДАЧИ:1. Дополни ги примерите за сопствени

именки со твои.

2. Пронајди ги именките од песната

„Вардар“ и именувај ги како сопствени

или општи именки.

ПРАВОПИС: Имињата на лица, држави, планини, реки, езера се пишуваат секогаш

со голема буква. Ако името е составено од повеќе зборови сите тие се пишуваат со

голема буква

Page 63: komplet rask. pesni - zmurh.hr€¦ · Горите Македонски шумно пеат, нови песни, нови весници! Македонија слободна,

64

Сакам да знам!

Знам!Задача: Именките од следниов текст стави ги во табела

Необична случка

Пред дрвената порта, во дворот на Филип, имаше јоргован. Кога ги отвораше

малите цветчиња тој ширеше опоен мирис.

Еден ден занесен од мирисот ја подадов раката да скршам едно гранче. Во

воздухот леташе една пчела. Кога се завртев на другата страна накај гранчето, кое

го затресов за да го скршам, видов рој пчели. Почувствував страв и почнав да трчам.

Во горниот текст ја среќаваме именката рој. Што означува таа? Колку пчели

се опфатени со оваа именка? Одговорот е многу.

Запомни: Именките со кои во еднинска форма се означува множество, група,

збир од исти предмети или суштества се викаат збирни именки.

Задача: За да откриеш други збирни именки на цртата напиши именка во следниве

реченици:

Многу птици сочинуваат ________. Многу овци сочинуваат ___________.

Луѓето во една држава сочинуваат __________ или ___________.

И м е н к иЗ б и р н и и м е н к и

јато населениерој букет

ЗАДАЧИ:

Именките под овие слики се збирни именки. Тие означуваат множество, збир

од исти предмети, или суштества, но формата им е во еднина.

1. Продолжи го горенаведениот текст со користење други збирни

именки.

2.Именувај што се означува со следниве збирни именки и со секоја

напиши реченица: буќет, хор, дружина, храна, овошје, зеленчук.

Page 64: komplet rask. pesni - zmurh.hr€¦ · Горите Македонски шумно пеат, нови песни, нови весници! Македонија слободна,

65

И м е н к иР о д , б р о ј и ч л е н с к и ф о р м и

Знам!Задача: Именувајте неколку предмети што се наоѓаат во ваша близина! Како

се викаат овие зборови? Разговараме за именките: стол, пенкало и клупа. Што се

именува уште со именките? Кажете именки со кои се именуваат домашни животни!

Разговараме за именките: овца, јагне и овен.Сакам да знам!

Воочуваме со кои именки се именуваат машки суштества, т.е. животни, а со

кои женски. Со именката овца се именува женско животно и затоа е именката од

женски род, а со именката овен се именува машко животно и е од машки род, а од

именката јагне не го дознаваме природниот пол, па затоа е во среден род.

Определувањето на родот кај именките е најлесно со додавање пред

именката на зборот еден за машки род (м.р.), една за женски род (ж.р.) и едно за

среден род (ср.р.).

За именките стол, пенкало и клупа заклучуваме дека немаат пол, но имаат

свој род, и тоа стол е машки род (еден стол), пенкало е среден род (едно пенкало)

и клупа е женски род (една клупа).

Заклучуваме: Кај именките со кои именуваме суштества - животни, растенија

и луѓе, а и кај именките со кои именуваме предмети има три рода: машки, женски и

среден род.

Ако сакаш да научиш повеќе!Именките од м.р. завршуваат на согласка (маж, клуч, петел); именките од

ж.р. завршуваат на самогласката а (жена, маса, кокошка); именките од ср.р.

завршуваат на самогласката е или о (дете, пенкало, пиле). Се разбира дека

постојат исклучоци.

ЗАДАЧИ:1. Прочитај:

1 книга, 1 сунѓер, 1 јаболко, 1 рака, 1 молив, 1 врата, 1 прозорец

и определи кој род го имаат именките!

Page 65: komplet rask. pesni - zmurh.hr€¦ · Горите Македонски шумно пеат, нови песни, нови весници! Македонија слободна,

66

Знам!Именките имаат три рода: машки (еден зајак, автомобил), женски (една топка,

зелка) и среден род (едно пенкало, палто).

М.р. (ед.) М.р. (мн.) Ж.р. (ед) Ж.р. (мн.) Ср.р. (ед) Ср.р. (мн.)молив-ов моливи-ве маса-ва маси-ве дете-во деца-вамолив-он моливи-не маса-на маси-не дете-но деца-намолив-от моливи-те маса-та маси-те дете-то деца-та

Сакам да знам!Именките имаат два броја: еднина, скратено ед. (еден човек, една тетратка и

едно дете) и множина, скратено мн. (многу луѓе, многу тетратки и многу деца).1. Дадениве именки напиши ги во множина:

учител ___________, молив _____________, човек __________

куќа _____________, нога ______________, рака ___________

езеро ___________, око _______________, уво ____________

ЗАДАЧИ:

Ако сакаш да научиш повеќе!Сопствените именки (Рената, Филип, Михаела), збирните именки (народ,

овошје), именките што означуваат материјал, состав (вино, кафе, шеќер) и некои

апстрактни именки (љубов, радост) имаат само еднина.

Некои именки се употребуваат само во множина (ножици, очила).Сакам да знам!

За правилна употреба на членот на именките треба да се знае:

1. Кога зборуваме за лица, предмети или за суштества кои се во нашиот дофат

(можеме да ги фатиме), или за делови на нашево тело именките ги членуваме со

членските наставки: -ов, -ва, -во, -ве, -ва. (Вчера ја купив блузава што ја носам.)

2. Кога зборуваме за лица, предмети, суштества и сл. кои се во нашиот видокруг

(можеме да ги видиме, кон нив можеме да покажеме со вперен прст), именките ги

членуваме со членските наставки: -он, -на, -но, -не, -на. (Го познавам човекон, што

се приближува кон нас.)

3. Кога зборуваме за лица, предмети, суштества и сл. кои не се ниту во нашиот

дофат, ниту во нашиот видокруг, т.е. ниту можеме да ги фатиме, ниту ги гледаме

именките ги членуваме со членските наставки: -от, -та, -то, -те, -та. (Тоа ми го кажа

човекот кој си отиде). Оваа членска наставка можеме да ја користиме и за лица.

предмети и суштества кои се во нашиот видокруг.(Изеди го јаболкото што е до тебе.)

Page 66: komplet rask. pesni - zmurh.hr€¦ · Горите Македонски шумно пеат, нови песни, нови весници! Македонија слободна,

67

П о м о ш н и о т г л а г о л с у м

Знам!Лични заменки

Еднина Множина

1 л. јас 1 л. ние

2 л. ти 2 л. вие

3 л. тој, таа, тоа 3 л. тиеСакам да знам!

Јас сум во парк.

Ти си добра другарка.

Михаела е убаво девојче.

Ние сме излезени.

Вие сте прекрасни луѓе.

Тие се вратени од работа.

Потемнетите зборови во дадениве реченици се форми од помошниот глагол

сум.

Сегашно време

Еднина Множина

1 л. јас сум 1 л. ние сме

2 л. ти си 2 л. вие сте

3 л. тој е 3 л. тие се

Минато време

Еднина Множина Еднина Множина

1 л. јас сум видел 1 л. ние сме виделе 1 л. јас бев 1 л. ние бевме

2 л. ти си видел 2 л. вие сте виделе 2 л. ти беше 2 л. вие бевте

3 л. тој видел 3 л. тие виделе 3 л. тој беше 3 л. тие беаПомошниот глагол сум се употребува за искажување сегашно време, за иска-

жување минатост и идност, самостојно или како дел од сложените глаголски времи-ња

Идно време

Еднина Множина

1 л. јас ќе бидам 1 л. ние ќе бидеме

2 л. ти ќе бидеш 2 л. вие ќе бидете

3 л. тој ќе биде 3 л. тие ќе бидат

Page 67: komplet rask. pesni - zmurh.hr€¦ · Горите Македонски шумно пеат, нови песни, нови весници! Македонија слободна,

68

Сакам да знам!

Знам!Глаголите се зборови со кои се искажува дејство, положба или состојба (трча,

јаде, седи, мисли, тагува) и нешто што се случува во природата (врне, грми).

Глаголското дејство може да се врши во сегашност, минатост или во идност.

Глаголите се менливи зборови. Со нив се укажува на времето кога се врши

глаголското дејство, на лицето кое е вршител или на повеќе лица кои се вршители

на исто глаголско дејство и др.

Затоа кај глаголите разликуваме повеќе граматички значења или категории,

и тоа: време, лице, број и вид.

Што значи сегашност?

Кога глаголското дејство се врши во моментот на зборувањето тоа значи дека

се врши во сегашност (сега).

Што значи минатост?

Минатост е времето пред моментот на зборувањето (вчера).

Што значи идност?

Идност е времето по зборувањето (утре).

За полесно да го запомниме ова ќе го претставиме вака:

по моментот на зборувањето (идност - идно време)

во моментот на зборувањето (сегашност - сегашно време)

пред моментот на зборувањето (минатост - минато време)

Сегашноста, минатоста и идноста кај глаголот се искажуваат со глаголски

времиња. Во македонскиот јазик има 8 глаголски времиња.

Г л а г о л и

Научив!Со глаголите се укажува на времето на вршење на глаголско дејство, на

лицето или лицата кои се вршители на глаголското дејство, па затоа разликуваме

повеќе граматички значења или категории.

Знам и што е сегашност, што е минатост и што е идност.

Page 68: komplet rask. pesni - zmurh.hr€¦ · Горите Македонски шумно пеат, нови песни, нови весници! Македонија слободна,

69

Сакам да знам!

Знам!

Со сегашно време се искажува сегашност, а тоа значи дека глаголскотодејство се врши во моментот на зборувањето.

Како се менува глаголот во сегашно време?

Во колку лица и во колку броја може да биде глаголот во сегашно време?

Сам ќе одговорам на овие две прашања.

Ќе го напишам трипати глаголот слуша во една колона и трипати во друга

колона:

слуша слуша

слуша слуша

слуша слуша

Ќе ги ставам личните заменки пред глаголот за еднина и за множина за секое

лице. Еднина Множина

1 л. јас слуша 1 л. ние слуша

2 л. ти слуша 2 л. вие слуша

3 л. тој, таа, тоа слуша 3 л. тие слуша

Личните заменки пред глаголот бараат да се допише нешто по глаголот, па ќе

добиеме: Еднина Множина

1 л. јас слуша -М 1 л. ние слуша -МЕ

2 л. ти слуша -Ш 2 л. вие слуша -ТЕ

3 л. тој, таа, тоа слуша - / 3 л. тие слуша -АТ

На овој начин дојдовме до целосно менување на глаголот слуша во сегашно

време.

Сам заклучувам: -М, -Ш, -МЕ, -ТЕ и -АТ се лични наставки за сегашно време.

Сам можам да одговорам на прашањево: Како се образува сегашно време?

Сегашно време се образува со наставките -М за 1 л. еднина; -Ш за 2 л.

С е г а ш н о в р е м еС

ЕГ

А

СЕ

ГА

Page 69: komplet rask. pesni - zmurh.hr€¦ · Горите Македонски шумно пеат, нови песни, нови весници! Македонија слободна,

70

еднина, нема наставка за 3 л. еднина, -МЕ за 1 л. множина, -ТЕ за 2 л. множина и

-АТ за 3 л. множина.

Сево ова што го кажавме во последниве четири реда можеме да го

запомниме сосем кратко, и тоа засекогаш, вака:

Лични наставки за сегашно време се: -М,-Ш, нема наставка,-МЕ, -ТЕ и -АТ.

Ако го научи досега кажаното ти си способен да го измениш на ист начин и

глаголот мисли.

Значи: Прво го пишуваме во две колони по трипати глаголот мисли.

Второ ги додаваме личните заменки пред глаголот мисли за секое лице.

Трето ги допишуваме личните наставки за сегашно време и добиваме:

Еднина 1 л. јас мисли – М Множина 1 л. ние мисли – МЕ

2 л. ти мисли – Ш 2 л. вие мисли – ТЕ

3 л. тој, таа, тоа мисли - / 3 л. тие мисли – АТ

Заклучок: Во 1 л. еднина и во 3 л. множина има неправилност (јас мислиМ,

тие мислиАТ). Оваа неправилност ќе се исправи ако во 1 л. еднина ја замениме

самогласката и со самогласката а, па потоа ја додадеме личната наставка –М и ќе

добиеме правилно јас мислам. Во 3 л. множина треба да се испушти самогласката

и, па потоа да се додаде личната наставка –АТ и ќе добиеме правилно тие мислат.

По ова што го научив досега можам сам да го изменам правилно глаголот

пере и да објаснам што се случува со самогласката е во 1 л. еднина и во 3 л.

множина.

Ја применувам истата постапка како кај глаголот слуша и кај глаголот мисли

и за глаголот пере и добив:

Еднина 1 л. јас пере – М Множина 1 л. ние пере – МЕ

2 л. ти пере – Ш 2 л. вие пере – ТЕ

3 л. тој, таа, тоа пере 3 л. тие пере – АТ

Во 1 л. еднина ќе ја заменам самогласката е со самогласката а и ќе добијам

јас пера-М, а во 3 л. множина ќе ја испуштам самогласката е и ќе добијам тие

пер-АТ.

По целава оваа работа и по овој вложен труд добиваме правилно изменети

Page 70: komplet rask. pesni - zmurh.hr€¦ · Горите Македонски шумно пеат, нови песни, нови весници! Македонија слободна,

71

глаголи во сегашно време:

слуша мисли пере

Еднина Еднина Еднина

1 л. јас слушам 1 л. јас мислам 1 л. јас перам

2 л. ти слушаш 2 л. ти мислиш 2 л. ти переш

3 л. тој, таа, тоа слуша 3 л. тој, таа, тоа мисли 3 л. тој, таа, тоа пере

Множина Множина Множина

1 л. ние слушаме 1 л. ние мислиме 1 л. ние переме

2 л. вие слушате 2 л. вие мислите 2 л. вие перете

3 л. тие слушаат 3 л. тие мислат 3 л. тие перат

Заклучок: 1. Пред наставката –М во 1 л. еднина во сегашно време секогаш е

самогласката а

2. Во 3 л. еднина сегашно време глаголот нема лична наставка туку

завршува на самогласка, а во 3 л. множина кај глаголите од а-група има две а.

Научив!Сегашно време се образува со личните наставки: -М, -Ш, нема наставка, за

еднина и -МЕ, -ТЕ, -АТ за множина.

Формата за 3 л. еднина во сегашно време е основна форма на глаголот, или

име на глаголот.

Основната форма на секој глагол сигурно ќе ја најдеме со реченицава: Тој

треба да ______ (глагол).

Самогласката на која завршува глаголот во сегашно време се вика основна

самогласка. Според основната самогласка сите глаголи во македонскиот јазик се

групирани во три групи: - а-група (игра, зборува, пегла)

- и-група (прави, свири, коси)

- е-група (бере, пее, сее).

ЗАДАЧИ: 1. Следниве глаголи стави ги во сегашно време, според лице и број.

Јас _______ убав филм. (гледа)

Ние _______ чај од нане. (пие)

Томислав __________ убав џемпер. (носи)

2. Измени ги следниве глаголи во сегашно време: пишува, бере и вози.

Page 71: komplet rask. pesni - zmurh.hr€¦ · Горите Македонски шумно пеат, нови песни, нови весници! Македонија слободна,

72

Во македонскиот јазик има четири минати времиња.

Прво ќе го научам минато определено несвршено време

Со ова време се искажува глаголско дејство што се вршело во минатост, а

тоа значи пред моментот на зборувањето. Лицето кое соопштува учествувало или

било присутно кога се вршело дејството, но не и кога се завршило тоа глаголско

дејство.

На пример:

Јас видов, Миле ја читаше лектирата. Не знам дали ја прочита.

Ова време се образува со личните наставки

Еднина Множина

1 л. -В 1 л. -ВМЕ

2 л. -ШЕ 2 л. -ВТЕ

3 л. -ШЕ 3 л. -А

Ќе го изменам глаголот чита

Еднина Множина

1 л. јас читав 1 л. ние читавме

2 л. ти читаше 2 л. вие читавте

3 л. тој, таа, тоа читаше 3 л. тие читаа

Сакам да знам!

Знам!Со глаголите во минато време се искажува минатост, а тоа значи глаголско

дејство што се вршело пред моментот на зборувањето.

М и н а т и в р е м и њ а

ЗАДАЧИ:1. Измени ги во минато определено несвршено време следниве

глаголи: трча, бере и носи и објасни што се случува со основната

самогласка и ( глаголот носи ) во сите лица еднина и сите лица

множина.

ВЧ

ЕР

А

ВЧ

ЕР

А

Page 72: komplet rask. pesni - zmurh.hr€¦ · Горите Македонски шумно пеат, нови песни, нови весници! Македонија слободна,

73

Значи: Со минато определено свршено време се искажува глаголско дејство

кое се вршело во минатост, а говорителот учествувал или бил присутен при

вршењето на дејството и е сведок дека дејството завршило.

На пример: Миле вчера ја читаше лектирата. Дури денеска тој ја прочита. И

јас ја прочитав. Ама и ти ја прочита. Сите ние ја прочитавме лектирата. Па и вие ја

прочитавте вчера, а тие ја прочитаа за време на викендот.

Потцртај го глаголот прочита во сите форми и подреди ги тие форми по

лице и број.

Еднина Множина

1 л. јас 1 л. ние

2 л. ти 2 л. вие

3 л. тој 3 л. тие

Што доби?

Глаголот прочита го изменив во минато определено свршено време.

Научив дека наставки со кои се образува минато определено свршено

време се:

Еднина Множина

1 л. -В 1 л. -ВМЕ

2 л. - / 2 л. -ВТЕ

3 л. - / 3 л. - А

Сакам да знам!

Знам!Минато време се вика затоа што глаголското дејство се вршело во минатост.

Определено се вика затоа што лицето кое соопштува (говорителот) учествувало,

или присуствувало при вршењето на дејството. Свршено се вика затоа што

говорителот е сведок дека дејството се завршило.

М и н а т о о п р е д е л е н о с в р ш е н о и н е с в р ш е н о в р е м е

ВЧ

ЕР

А

ВЧ

ЕР

А

Page 73: komplet rask. pesni - zmurh.hr€¦ · Горите Македонски шумно пеат, нови песни, нови весници! Македонија слободна,

74

ЗАДАЧИ: Раскажи за едно патување со твоите родители, роднини или другари.

Потоа потцртај ги глаголите и подреди ги на соодветно место во

табелава

1 л. 2 л. 3 л. 1 л. 2 л. 3 л.Еднина Множина

Минато определено свршено време

Научив!Кога менуваме глагол во минато определено време, глаголот кој има лична

наставка -ШЕ во 2 л. еднина и лична наставка -ШЕ во 3 л. еднина означува

незавршено дејство. Ако глаголот нема лична наставка во 2 л. и 3 л. еднина

означува завршено дејство. Скратено ова се запомнува вака:

Има -ШЕ -ШЕ - несвршено време

Нема -ШЕ -ШЕ - свршено време

Обиди се да го измениш во минато време глаголот чита

Еднина Множина

1 л. читаВ 1 л. читаВМЕ

2 л. читаШЕ 2 л. читаВТЕ

3 л. читаШЕ 3 л. читаА

Ако во 2 л. еднина и во 3 л. еднина глаголот има наставка -ШЕ тогаш

глаголот е во минато определено несвршено време. Наставките се:

Еднина Множина

1 л. -В 1 л. -ВМЕ

2 л. -ШЕ 2 л. -ВТЕ

3 л. -ШЕ 3 л. - А

Со менување на глагол во минато време и според тоа кои наставки ги има

можеме да определиме дали тој глагол е од свршен или од несвршен вид.

Спореди ги овие наставки со наставките за образување минато определено

свршено време и воочи ги сличностите и разликите.

Што заклучуваш?

Каде има разлика, а каде сличност?

Page 74: komplet rask. pesni - zmurh.hr€¦ · Горите Македонски шумно пеат, нови песни, нови весници! Македонија слободна,

75

Како се образува идно време?

Идно време се образува со честичката ќе плус формите за сегашно време

од глаголот што се менува.

Сега сам ќе ги изменам глаголите: шета, свири и сече во сегашно време

шета свири сече

Еднина Еднина Еднина

1 л. јас шетам 1 л. јас свирам 1 л. јас сечам

2 л. ти шеташ 2 л. ти свириш 2 л. ти сечеш

3 л. тој, таа, тоа шета 3 л. тој, таа, тоа свири 3 л. тој, таа, тоа сече

Множина Множина Множина

1 л. ние шетаме 1 л. ние свириме 1 л. ние сечеме

2 л. вие шетате 2 л. вие свирите 2 л. вие сечете

3 л. тие шетаат 3 л. тие свират 3 л. тие сечат

Овие глаголи ги изменив во сегашно време.

Сега пред глаголот ќе ја ставам честичката ќе и ќе добијам изменет глагол

во идно време.

Еднина Множина

1 л. јас ќе шетам 1 л. ние ќе шетаме

2 л. ти ќе шеташ 2 л. вие ќе шетате

3 л. тој, таа, тоа ќе шета 3 л. тие ќе шетаат

Сакам да знам!

Знам!Со глаголите во идно време се искажува глаголско дејство што ќе се врши во

идност, а тоа значи дека глаголското дејство ќе се врши или ќе се изврши по

моментот на зборувањето.

И д н о в р е м е

ЗАДАЧИ:

1. Во тетратка измени ги во идно време и глаголите свири и сече што ги

измени во сегашно време.

2 Избери расказ и најди ги глаголите во идно време.

УТ

РЕ

УТ

РЕ

Page 75: komplet rask. pesni - zmurh.hr€¦ · Горите Македонски шумно пеат, нови песни, нови весници! Македонија слободна,

76

Сакам да знам!

Знам!Од кои глаголи се образувани следниве зборови: шетајќи, гледајќи, читајќи,

пишувајќи?

Сигурно твојот одговор се истоветува со следниов:

Зборот шетајќи е од глаголот шета, гледајќи од глаголот гледа, читајќи од

глаголот чита, пишувајќи од глаголот пишува.

Сигурно забележа и дека на овие глаголи е додадена и наставката -јќи.

шета+јќи=шетајќи

гледа+јќи=гледајќи итн.

Овие зборови се викаат глаголски прилози. Со глаголскиот прилог се

искажува дејство кое се врши паралелно со друго дејство.

Пр. Се заморив искачувајќи се по планината.

Глаголскиот прилог нема лице и нема број.

Пр. Јас те видов седејќи на балконот.

Ние разговаравме седејќи во паркот.

Негацијата не се пишува заедно со глаголскиот прилог.

Пр. Паднав не гледајќи внимателно.

Г л а г о л с к и п р и л о г

1. Дополни ги со глаголски прилог следниве реченици:

Времето го минував ____________ се по плажата.

_________ телевизија сум заспала.

Направив прекршок __________ ја брзо колата.

ЗАДАЧИ:

Научив!Глаголскиот прилог се образува од основната форма на глаголот со

додавање на наставката -јќи.

Тој нема лице и нема број.

Page 76: komplet rask. pesni - zmurh.hr€¦ · Горите Македонски шумно пеат, нови песни, нови весници! Македонија слободна,

77

Сакам да знам!

Знам!Придавките се зборови кои ги објаснуваат именките.

Какво+именка = придавка

Пример: Убаво дете.

Какво+дете = убаво

Придавките се зборови што означуваат:

- какво е нешто (описни), убаво, голема, црвен...

- од што е направено нешто (материјални), дрвен, железна, стаклено

- чие е нешто (присвојни), градски, Сашов,

Родот на придавката е од именката.

М.р. убав коњ

Ж.р. убава жена

Ср.р. убаво палто

Бројот на придавката исто така е од именката.

Еднина убав коњ

Множина убави коњи

Членот на придавката е од именката.

убавата жена

убавото палто

П р и д а в к и

Пополни ја табелата според барањето!ЗАДАЧИ:

описни придавки присвојни придавки материјални придавки_________езеро__________кола_________чанта_________молив

_________пенкало___________зграда_________тетратка____________врат

______________маса______________стол______________тавче____________марама

Ако сакаш да научиш повеќе!Кај придавките се разликува и степенување и тоа компаратив (поубав) и

суперлатив (најубав).

Page 77: komplet rask. pesni - zmurh.hr€¦ · Горите Македонски шумно пеат, нови песни, нови весници! Македонија слободна,

78

Сакам да знам!

Знам!Зборовите кои покажуваат какво е нешто, чие е нешто, од што е направено

нешто се викаат придавки.

Придавките кои ги опишуваат особините и покажуваат какво е нешто се

викаат описни придавки.

Наброј придавки кои го објаснуваат јаболкото.

1. Покрај описните придавки се среќаваат и присвојни придавки. Присвојните

придавки објаснуваат чие е нешто

Мојата мајка разговара со некого и нејзиниот глас е толку мирен и тивок.

Училишното ѕвонче нè повика да влеземе.

Марковата топка излезе од игралиштето.

Селскиот пат беше тесен и нерамен.

Сега ги видов твоите родители.

П р и д а в к ип р и с в о ј н и и б р о ј н и

Марија го направи својот најдобар успех.

Евиниот труд не и донесе добар пласман.

Задача: Напиши и ти реченици со присвојни придавки.

Задача: Во следниве две реченици потцртај ги присвојните придавки.

Page 78: komplet rask. pesni - zmurh.hr€¦ · Горите Македонски шумно пеат, нови песни, нови весници! Македонија слободна,

79

Научив!

Освен описните придавки има и присвојни и бројни придавки.

Присвојните придавки објаснуваат чие е нешто.

Бројните придавки покажуваат како стојат по ред лицата, предметите или

суштествата.

ЗАДАЧИ:

1. Во следниов текст пронајди ги придавките и определи на кој вид

припаѓаат:

Мила се врати од училиште. Сончевите зраци нежно ја галеа

нејзината коса.

Училишниот ден помина брзо и интересно. На првиот час

решаваа математички задачи. На вториот час ги опишуваа нашите

природни езера. На третиот час цртаа стара македонска куќа, а на

четвртиот час додаваа и фаќаа топка во училишниот двор.

Мила го остави својот ранец дома и отиде да си игра во

Милкиниот двор. Таму беше и нејзината другарка Елена.

2. Напиши реченици со присвојни и со бројни придавки.

3. Во расказот „Седумте браќа“ (стр. 62) има примери за бројни

придавки. Пронајди ги и запиши си ги во тетратка.

2. Бројните придавки го означуваат односот на предмети, лица или суштества по

редослед или по умноженост.

На пример:

прв час, втора смена, петта десетка, стота книга,двоен скок, итн.

Задача: Напиши ги бројните придавки за броевите од 1 до 10.1. - прв, први2. -3. -4. - итн.

Page 79: komplet rask. pesni - zmurh.hr€¦ · Горите Македонски шумно пеат, нови песни, нови весници! Македонија слободна,

80

Сакам да знам!

Знам!Лични заменки се:

еднина 1 л. јас множина 1 л. ние2 л. ти 2 л. вие3 л. тој, таа, тоа 3 л. тие

Со заменките може да се посочуваат лица или предмети. Тие заменки се

викаат показни заменки.

Показни заменки се:

Еднина Множина

овој, оваа, ова овие - за посочување лица, предмети или суштества во

близина на лицето кое зборува (говорител) и тој може дури и да се допре.

оној, онаа, она оние - за посочување лица, предмети или суштества

оддалечени од говорителот, но можат да се видат, односно се во неговиот

видокруг.

тој, таа, тоа тие - за посочување лица, предмети или суштества кои

ниту може да се допрат, ниту да се видат.

- за посочување лица, предмети или суштества кои

се во близина на лицето со кое зборуваме (соговорникот).

З а м е н к иП о к а з н и з а м е н к и

Научив!Со показните заменки се посочуваат на лица, предмети или суштества.

Има три вида показни заменки: за покажување во близина на говорителот, за

покажување во видокругот на говорителот и за покажување на оддалеченост и

надвор од видокругот, или во близина на соговорникот.

ЗАДАЧИ: Со секоја показна заменка состави реченица.

На пример, Оваа блуза што ја носам е многу поубава од онаа блуза

што е во излогот. А таа блуза што ја носев вчера ја исправЗапомни: Тој чита книга. ( Тој е лична заменка)

Тој човек е добар ( Тој е показна заменка)

Page 80: komplet rask. pesni - zmurh.hr€¦ · Горите Македонски шумно пеат, нови песни, нови весници! Македонија слободна,

81

Сакам да знам!Подметот и прирокот образуваат реченица.Реченицата составена од подмет и прирок (или само од прирок) се вика

проста реченица.

На пример:

1. Петре дојде. 2. Валентина чести. 3. Наталија ќе пегла. 4. Отидоа.

Знам!Со подметот се означува вршителот на дејството.

Со прирокот се означува глаголско дејството во реченицата.

П р о с т а р е ч е н и ц а

ЗАДАЧИ:

Потцртај го подметот со една црта, а прирокот со две црти.

Подметот се бара со формулата:

Кој + прирок = подмет

Постави прашање за горните реченици.

Со истата формула го наоѓаме и прирокот. Прирокот е меѓу

знакот „+ “ и знакот „ = “.

Напиши сам пет прости реченици со подмет и прирок и две само

со прирок.

Научив!Реченицата составена од подмет и прирок (или само од прирок) се вика

проста реченица.

При ова треба да внимавам дека реченицата почнува со голема буква и на

крај завршува со точка.

Page 81: komplet rask. pesni - zmurh.hr€¦ · Горите Македонски шумно пеат, нови песни, нови весници! Македонија слободна,

82

Сакам да знам!

Подметот и прирокот се главни членови на реченицата.

Има прости реченици кои имаат и други членови, освен главните членови.

Овие други членови го појаснуваат прирокот или подметот во простата реченица.

На пример Миле не дојде.

За да биде јасна целоснооваа реченица треба да одговориме на неколку

прашања, и тоа:

1. Каде не дојде?

2. Кога не дојде?

3. Зошто не дојде?

На првото прашање одговараме: Миле не дојде в училиште.

На второто прашање одговараме: Миле вчера не дојде.

На третото прашање одговараме: Миле не дојде поради болест.

Со одговор на сите прашања ја добиваме реченицава:

Миле вчера не дојде в училиште поради болест.

Користејќи ја формулата за подмет: Кој + прирок = подмет го поставуваме

прашањево: Кој + не дојде? и добиваме: Кој + не дојде = Миле.

Значи Миле е подмет во оваа реченица.

Зборовите меѓу знакот „ + “ и знакот „ = “ се прирок, а тоа е не дојде.

На кое прашање одговараме со зборовите „в училиште“?

Каде + не дојде = в училиште

Знам!

Реченицата составена од подмет и прирок (или само од прирок) се вика

проста реченица.

П р о с т а р е ч е н и ц а с о н е о п х о д н и р е ч е н и ч н и ч л е н о в и

Page 82: komplet rask. pesni - zmurh.hr€¦ · Горите Македонски шумно пеат, нови песни, нови весници! Македонија слободна,

83

Што се бара со прашалниот збор каде? Со каде се бара место, па затоа

велиме дека „в училиште“ е прилошка определба за место.

На кое прашање одговараме со зборот „вчера“? Кога + не дојде = вчера

Што се бара со прашалниот збор „кога“? (време)

Значи: Вчера е прилошка определба за време.

На кое прашање одговараме со зборовите „поради болест“?

Зошто + не дојде = поради болест

Што се бара со прашалниот збор зошто? (причина)

Значи „поради болест“ е прилошка определба за причина.

Еве уште една реченица:Марија отиде за вода. (Најди ги подметот и прирокот)

На кое прашање ќе одговориме со зборовите „за вода“.

За што + отиде = за вода

Што се бара со зборчињата „ за што “?

Значи „за вода“ е прилошка определба за цел или намера.

На кое прашање одговараме „лошо“ во реченицава:Гордана пишува лошо?

Како + пишува = лошо

Што се бара со прашалниот збор како? (начин)

„Лошо“ во оваа реченица е прилошка определба за начин.

Научив!Во простата реченица покрај главните членови (подмет и прирок) има и

неопходни реченични членови-

прилошки определби кои го објаснуваат прирокот.

Тие го покажуваат:

- местото каде се врши дејството (прилошка определба за место)

- времето кога се врши дејството (прилошка определба за време)

- причината поради која се врши дејството (прилошка определба за причина)

- намерата или целта заради која се врши дејството (прилошка определба за

намера или цел)

- начинот на кој се врши дејството (прилошка определба за начин).

Напиши по една реченица со прилошка определба за место, за

време, за причина, за начин, за намера.

Page 83: komplet rask. pesni - zmurh.hr€¦ · Горите Македонски шумно пеат, нови песни, нови весници! Македонија слободна,

84

С л о ж е н а р е ч е н и ц а

Знам!Простата реченица е составена од подмет и прирок (или само прирок) и други

членови.

Во простата реченица мора да има само еден прирок.

Сакам да знам!Ако во една реченица има два или повеќе прироци, таа е сложена реченица.

А штом има два и повеќе прирока, таа сложена реченица има две или повеќе прости

реченици.

На пример:

Учениците влегоа во училницата и седнаа.

За да утврдиме колку прироци има во оваа реченица, треба да ги најдеме

глаголите што ќе ги потцртаме со молив со две црти.

Значи глаголи се: влегоа, седнаа. Тие се и прироци.

Штом има два прирока оваа реченица е сложена реченица.

Размисли: Со што се поврзани овие реченици. Ако утврдиш правилно, ќе

можеш да кажеш која е првата проста реченица, а која втората проста реченица во

оваа сложена реченица.

ЗАДАЧИ:

Анализирај ги следниве две реченици:

1. Туристи пропатуваа низ цела Република Македонија, од Тетово

до Гевгелија и од Крива Паланка до Струмица.

2. Дојдоа и отидоа.

а) Колку зборови има во првата реченица?

б) Колку зборови има во втората реченица?

в) Каква е првата, а каква е втората реченица?

Што заклучуваш? Не е важно колку зборови има во една

реченица за да биде сложена. Важно е колку прироци има.

Page 84: komplet rask. pesni - zmurh.hr€¦ · Горите Македонски шумно пеат, нови песни, нови весници! Македонија слободна,

85

Две кози

Две кози паселе сочна трева на една ливада. Потоа се шетале по пла-нината, се качувале по стрмни патишта, скокале преку стрмни долови.

Талкајќи така, се нашле крај една брза и длабока планинска река, нобиле од спротивните страни. Преку реката била поставена греда, тесна колкуда минат само еден по еден, а под неа имало голема стрмнина.

Да видам дали ќе ја почитува мојата старост - си помислила еднатакоза. Бидејќи сум постара имам право прва да минам преку мостов. Нема дадозволам таа да зачекори прва.

И козата одвај стапнала на гредата за да ја премине реката, кога втора-та коза извикала:

- Што се замислуваш? Ако си постара, јас сум посилна и покрупна одтебе. Треба да го почитуваш моето достоинство и да ми дадеш предност -

рекла таа и зачекорила по другиот крај на гредата.

Се сретнале точно на средината на мостот, чело в чело. Почнале да сетуркаат со роговите. Никоја не сакала да попушти и да и отстапи пат на дру-гата.

Гредата се занишала и двете кози паднале во брзата река и исчезналево нејзините води.

Научив!Сложената реченица мора да има два или повеќе прироци, а тоа значи две

или повеќе прости реченици.

Бројот на зборовите не влијае на тоа реченицата да е проста или сложена,

туку е важно дали реченицата има еден прирок (проста) и два или повеќе прироци

(сложена).

Иако втората реченица има само три збора, таа е сложена, има два прирока,

а првата реченица има повеќе зборови (колку), но само еден прирок и затоа е

проста реченица.

г) Напиши три прости реченици со најмногу зборови што можеш и три сложени

реченици со најмалку зборови, колку што можеш.

3. Прочитај ја баснава и за секоја реченица кажи дали е проста или сложена и

зошто?

Page 85: komplet rask. pesni - zmurh.hr€¦ · Горите Македонски шумно пеат, нови песни, нови весници! Македонија слободна,

86

Марија пишува

Вредната Марија пишува.

вредната - (придавка)- атрибут

Пример: Убавиот глумец се ожени.

Дедо Славко е добар човек.

дедо - (именка-) атрибут

Пример: Играчот Павле се повреди на тренингот.

Во селото има педесет куќи.

педесет - (број)- атрибут

Пример: Михаела има дваесет кукли.

Ова дете го нацрта цртежот.

ова -(заменка)- атрибут

Пример: Миризбата се шири од овој цвет.

Апозиција

Секогаш во реченицата се одвојува со запирки (,.....,)

Пример: Рената, најдобрата ученичка, ја прочита книгата.

Најголемиот парк во Париз, Дизниленд, го посетуваат многу деца.

А т р и б у т и а п о з и ц и ј а

Сакам да знам!

Задача:Вратата ја тресна ________ ветер.

Анаис, ___________, е добро девојче.

Охрид, _____________, е преплавен со туристи.

Најголемата река во Македонија, _____, тече низ градот Скопје.

Гоце Делчев, _______________, загина во селото Баница.

Page 86: komplet rask. pesni - zmurh.hr€¦ · Горите Македонски шумно пеат, нови песни, нови весници! Македонија слободна,

87

Сакам да знам!

Туѓи реченици пишуваме меѓу наводници кога има директен говор.

Еве еден пример за тоа во текстов:

Миле и Лиле

Се сретнаа Миле и Лиле.

Миле ја поздрави и ја праша: „Добар ден Лиле, каде ќе одиш?“

„Добар ден Миле“ -му отпоздрави Лиле. „Ќе одам низ продавници. Барам да

купам убави чевли, ама не можам да најдам никаде“ - одговори Лиле.

„Зар во толку продавници, не можеш да најдеш убави чевли?“- зачудено

праша Миле.

„Ајде со мене. Сигурно ќе ми помогнеш ти да купам убави чевли“- го покани

Лиле своето другарче.

Знам!

„Туѓите речениципод наводници ги пишувам.Но и гледамкога можам една ваква итрина правампо цртичка ги ставам.“

Михо Атанасовски

Д и р е к т е н и и н д и р е к т е нг о в о р

Задача:Во овој краток текст е покажан разговорот на Миле и Лиле. Во

текстов има зборови на три лица и тоа на Миле, на Лиле и на

раскажувачот.

Одговори на прашањава: Кои реченици се ставени меѓу

наводници и зошто? Кои реченици не се меѓу наводници и

зошто?

ЗАДАЧИ:

Page 87: komplet rask. pesni - zmurh.hr€¦ · Горите Македонски шумно пеат, нови песни, нови весници! Македонија слободна,

88

Преобрази ја баснава во индиректен говор.

Ververicata skokala od granka na granka i padnala tokmu pred son-liviot volk. Volkot skoknal i sakal da ja izede. Ververicata go molela:

- Pu{ti me!- Dobro, }e te pu{tam -rekol volkot - no sakam da mi ka`e{ zo{to

vie ververicite ste tolku veseli? Mene sekoga{ mi e zdodevno, a vietamu gore postojano igrate i skokate.

Ververicata mu rekla:- Pu{ti me na drvo, jas ottamu }e ti odgovoram, bidej}i vaka se

pla{am od tebe.Volkot ja pu{til i ververicata se iska~ila na drvoto.- Tebe ti e zdodevno za{to si lo{ - mu rekla. - Nie sme veseli,

za{to sme dobri i nikomu lo{o ne mu pravime.Lav N. Tolstoj

ПравописДиректниот говор се бележи со наводници („ “), или со црта или тире ( - ).

Научив!1. Кога сакаме да го запишеме разговорот на две или повеќе лица, тоа го правиме

на два начина:

а) со запишување на нивните зборови точно како што ги кажуваат (директен говор)

б) со прераскажување на нивните зборови (индиректен говор)

2. Во директниот говор туѓите зборови ги ставаме меѓу наводници или наместо

наводниците ставаме црта (тире).

3. Со индиректниот говор се ослободуваме од наводниците и од цртата.

Истиот овој текст можеме да го напишеме и во индиректен говор со што ќе

се ослободиме од наводниците и од цртата.

Речениците што се во директен говор можат да се претворат во индиректен

говор, вака:

Миле ја поздрави Лиле и ја праша каде ќе оди.

Продолжи понатаму.

Page 88: komplet rask. pesni - zmurh.hr€¦ · Горите Македонски шумно пеат, нови песни, нови весници! Македонија слободна,

89

Во оваа приказна наводниците замени ги со интерпункцискиот знакцрта и воочи каде има две точки.

Двајца другари

Оделе в шума двајца другари и наеднаш пред нив изрипаламечка. Едниот избегал, се изјазил на едно дрво и се скрил, а другиотостанал на патот. Ништо не му останало, туку се ничкосал и се сторилкако мртов.

Дошла мечката, почнала да го душка, си рекла дека е мртов и -заминала.

Тогаш слегол другиот од дрвото и почнал да се смее:„Што ти шепотеше мечката на уво?“„Ми рече да не се дружам со луѓе што ги оставаат своите другари

кога имаат мака.“Народна приказна

Кои се денови во седмицата?Што има во твојот прибор?Наброи кои овошни плодови ги знаеш?

И н т е р п у н к ц и с к и з н а ц и( н а в о д н и ц и , ц р т а , д в е т о ч к и )

Знам!

Меѓу наводници се ставаат наслови на книги ( „Двојната Лота“), на списанија

(„Наш свет“), имиња на училишта (ОУ „Димитар Миладинов“), библиотеки

(„Другарче“) и др.

Сакам да знам!

Наводниците се интерпункциски знаци. Меѓу наводници се ставаат и туѓи

зборови што ги запишуваме од некои разговори во директен говор.

Во случаи кога туѓите зборови ги запишуваме од нов ред наводниците може

да се заменат со црта (тире).

Во директниот говор пред да ги цитираме туѓите зборови, го ставаме

интерпункцискиот знак две точки, па потоа наводниците.

Две точки ( : ) се ставаат и кога набројуваме нешто.

ЗАДАЧИ:

Page 89: komplet rask. pesni - zmurh.hr€¦ · Горите Македонски шумно пеат, нови песни, нови весници! Македонија слободна,

90

Сакам да знам!

Знам?Зборови со иста форма може да имаат различно значење.

Марија во својата градина има прекрасна црвена ружа.

Тетка Ружа направи убава пита.

Зборот ружа во двете реченици исто звучи, но има различно значење. Што се

именува во првата реченица, а што во втората реченица?

Други примери:

Лиле доаѓа од град.

Силен град направи голема штета.

Михаела исплази јазик.

Рената зборува англиски јазик.

Овие зборови се хомоними, исти зборови кои имаат различно значење.

1. Во тетратката напиши ги еден под друг зборовите со иста

форма и објасни што значат.

2. Напиши твои примери.

И с т и з б о р о в и н о с о р а з л и ч н о з н а ч е њ е

Научив!

Има повеќе зборови со иста форма, а различно значење.

Постојат зборови кои имаат различна форма различни а исто или слично значење.

Тие се синоними.

Пример:

куќа - дом еднакво - исто

студено - ладно доктор - лекар Постојат зборови кои се со спротивно значење кои се викаат антоними.

именки: слобода - ропство вистина - лага

глаголи: продава - купува, наоѓа - губи

придавки: студен - топол, низок - висок

Page 90: komplet rask. pesni - zmurh.hr€¦ · Горите Македонски шумно пеат, нови песни, нови весници! Македонија слободна,

91

Сакам да знам!

Знам?Постојат форми од именките кои означуваат нешто мало или мило.

Најмила на светот е мојата мамичка.

Од студот се сцрвенило моето носе.

Тие направија мала куќичка.

Тетка Марија беше вредна и исполнителна женичка.

Сонцето им намигнуваше на дечињата низ облачињата.

Михаела е девојченце со крупни очиња и насмеано усте.

З б о р о в и к о и о з н а ч у в а а тн е ш т о н а м а л е н о

1.До именката напиши друга именка која ќе означува нешто

мало или мило.

трева __________________ камен ________________________

ветер _________________ сок __________________________

капа ___________________ рака _________________________

прст ____________________ езеро ________________________

девојче _________________ очи ________________________

Напиши твои примери со дете, цвет, маче, стол, јаболко.

ЗАДАЧИ:

2. Именките од песнава претвори ги во именки со

кои ќе биде искажано нешто мало или мило, со

римување на 2-от со 4-от, и 6-от со 8-от стих.

Патување

Po {irnoto more

plovi golem brod.

Avionot leta

po nebesen svod.

Po `elezni {ini

vozot juri v grad.

A, pak, avtomobilot

po obi~en pat.

@ivko Nikolovski

Научив!

Зборовите кои означуваат намалено или мило

предизвикуваат радосни чувства.

Во македонскиот јазик има повеќе зборови кои

означуваат нешто намалено и мило.

Page 91: komplet rask. pesni - zmurh.hr€¦ · Горите Македонски шумно пеат, нови песни, нови весници! Македонија слободна,

92

Сакам да знам!

Знам?Постојат форми од именките кои означуваат нешто големо или грдо.

Милка ја нападнало едно кучиште.

Ивана се сопна од едно клупиште.

З б о р о в и к о и о з н а ч у в а а тн е ш т о з г о л е м е н о

Научив!

Зборовите кои означуваат нешто зголемено се за изразување чувствен однос

(најчесто негативен).

Задача:Покрај зборот напиши збор кој ќе го означува предметот во зголемена

форма

цвет __________________ камен ________________________

ветер _________________ врата __________________________

чешма ___________________ куќа _________________________

глава ____________________ зајак __________________________

Напиши твои примери со коњ, рид,

ЗАДАЧИ:

Page 92: komplet rask. pesni - zmurh.hr€¦ · Горите Македонски шумно пеат, нови песни, нови весници! Македонија слободна,

93

Сакам да знам!

Знам!Секоја реченица започнува со _____________ буква.

Со голема почетна буква се пишуваат и:Лично име, презиме и прекарИме на жител на: континент,држава, област

Име на народИме на град, селоИме на река, езеро, море, планинаИме на празникСопствено име на животноИме на улица, булевар, кеј,плоштад, парк, мост

Наслов на книга, списание, песнарасказ, роман и др.Име на установа

Македонците се добри соседи со Србите, Бугарите, Грците и Албанците.

Во Република Македонија живеат многу припадници на други народи:

Албанци, Турци, Роми, Срби, Бошњаци итн.

Одговори: Што се именува со именките во оваа реченица.

У п о т р е б а н а г о л е м а б у к в аПишување имиња на народи и на припадници на народи

Напиши ги правилно следниве зборови:

словенци _____________________ срби _____________________

хрвати _______________________ Турци ____________________

италијанци _____________________ французи _________________

Англичани ____________________ шпанци ___________________

Научив!Со почетна голема буква се пишуваат:

а) имињата на жителите на континенти, држави и области

б) имињата на припадниците на други народи

в) имињата на празници

Page 93: komplet rask. pesni - zmurh.hr€¦ · Горите Македонски шумно пеат, нови песни, нови весници! Македонија слободна,

94

Работи во тетратка, внимателно и точно!

По секој збор што е точно напишан заокружи ја буквата Т, а по оној збор што не е

точно напишан, напиши го правилно на празната линија .

Охридско езеро Т _________________Шарко Т _________________

Мила Јовановска Т _______________Први мај Т _________________

Европеец Т _________________велигден Т _________________

наш Свет Т _________________македонец Т ________________

нова година Т _________________камен мост Т ____________________

За секој пример додај уште по три твои примери.

Задача: Напиши ги на линијата следниве имиња:

Дополни го сам правилото:Со голема буква се пишуваат имиња на жители на: __________, ______________,_______________, а со мали букви се пишуваат имињата на жители на________________, __________________.

Име на жител наконтинентЕвропаИме на жител водржаватаМакедонијаИме на жител наобластаМариовоИме на жител наградСкопјеИме на жител нанаселбаАеродромИме на жител населоНово СелоИме на жител натвојот град (село)

Маж Жена Многу

Page 94: komplet rask. pesni - zmurh.hr€¦ · Горите Македонски шумно пеат, нови песни, нови весници! Македонија слободна,

95

Da povtorime i da nau~ime ne{to novo za pi{uvaweto golema bukva.

a) Jas sum odli~en u~enik.

So golema bukva zapo~nuva ____________________________________.

b) Jas se vikam Filip Stojanovski.

So golema bukva se pi{uvaat __________________________________.

v) Jas `iveam vo Francija, vo gradot Pariz.

So golema bukva se pi{uvaat __________________________________.

g) Sakam da gi vidam [ar Planina, Ohridsko Ezero, Vardar.

So golema bukva se pi{uvaat __________________________________.

d) Tatko mi raboti vo Komercijalna banka, a majka mi vo Gradska bolnica.

So golema bukva se pi{uvaat __________________________________.

|) Za Nova godina }e ostaneme doma.

So golema bukva se pi{uvaat __________________________________.

d) Toa se Filipovi i Milkini knigi.

So golema bukva se pi{uvaat pridavkite _______________________.

Пишување имиња на празници

Гордо го прославивме 8 Септември, денот на нашето осамостојување.

За нашиот патронен ден, Единаесети октомври, подготвивме приредба за

родителите.Напиши го со број името на следниве празници:

Ден на трудот - ________________________

Ден на мајките - _______________________

Научив!Имињата на празниците

а) Ако се напишани со број по бројот именката е со почетна голема буква.

б) Ако се напишани целосно со букви првиот збор е со голема почетна буква, а

другите зборови се со мала буква.

Знам!Напиши примери со почетна голема буква!

Секоја реченица започнува со _____________ буква.

Сакам да знам!

Page 95: komplet rask. pesni - zmurh.hr€¦ · Горите Македонски шумно пеат, нови песни, нови весници! Македонија слободна,

96

Сакам да знам!

Знам?Рената учи во основното училиште „Димитар Миладинов“.

Напиши ја оваа реченица со скратено пишување на затемнетите зборови.

Филип живее во главниот град на РМ - Скопје.

_________________________________________________________________

Татко му на Коста работи во АРМ.

_______________________________________________________________

ООН е светска организација.

_____________________________________

Задача

Напиши твои примери

Напиши реченици со овие скратеници, но со нивната целосна форма

АСНОМ ________________________________________________________

НОБ ___________________________________________________________

ПТТ ____________________________________________________________

МАНУ _________________________________________________________

С к р а т е н о п и ш у в а њ е з б о р о в и

Научив!Во македонскиот јазик има зборови кои се скратуваат со цел да се добие во

простор или во време при пишувањето.

Некои зборови се скратуваат само на една буква (л. наместо лице), други

зборови се скратуваат на две букви (др. - друго), група зборови се скратуваат на

првите почетни букви (ОУ - основно училиште) и така натаму (итн.).

ЈА

ЗИ

К

Page 96: komplet rask. pesni - zmurh.hr€¦ · Горите Македонски шумно пеат, нови песни, нови весници! Македонија слободна,

97

Да се напише еден збор скратено значи да се напише со помалку букви

отколку што има тој збор.

Има повеќе можности да се изврши скратување, и тоа:

1. Еден збор може да се скрати само на првата буква. На пример, зборот метар (и

метри) го скратуваме само на м, па имаме 1м = 1метар. Наброј други примери.

Запомни: м е скратеница за метар (метри).

2. Други зборови се скратуваат со две букви. На пример, милиметар (милиметри) со

мм, 1мм = 1милиметар. Наброј други примери.

Запомни:

Во овие случаи не се пишува точка по скратеницата.

Меѓутоа, ако го скратиме зборот улица со ул, тогаш се пишува точка ул.

Скрати го зборот број.

3. Има скратеници и со повеќе букви, и тоа само со првиот слог или до согласката

на вториот слог.

Размисли и напиши ги целите зборови од следниве скратеници:

ден.=

год.=

проф.=

стр.=

4. Скратување се врши и само со првите букви во називи составени од два и повеќе

зборови.

На пример

ОУ е скратеница за:

РМ е скратеница за:

АРМ е скратеница за:

МАНУ е скратеница за:

ТВ е скратеница за:

Овие скратеници се пишуваат со големи букви без точка.

Page 97: komplet rask. pesni - zmurh.hr€¦ · Горите Македонски шумно пеат, нови песни, нови весници! Македонија слободна,

98

Содржина

Химната на Република Македонија............................................................................... 7Татковина - Ванчо Николески.........................................................................................8Мојата татковина - Љиљана Атанасова........................................................................9Азбука.............................................................................................................................10Песна за солунските браќа - Видое Подгорец.............................................................11Празно гнездо - Ненад Џамбазов.................................................................................12Септември - Стојан Тарапуза.......................................................................................14Македонско девојче - народна песна...........................................................................15Предзимни дни - Цане Андреевски..............................................................................16Врапче - Велко Неделковски.........................................................................................17Марија посакува желба - Жарко Кујунџиски................................................................18Ноќ кога паѓаат ѕвездите - Македонка Јанчевска.......................................................20Штурецот и мравката - Глигор Поповски.....................................................................21Сказна за кокичето - Видое Подгорец..........................................................................22Над двете езера - Борис Бојаџиски..............................................................................23Велигденска радост - Горјан Петревски.......................................................................24Планините македонски - Александар Кујунџиски........................................................26Ој Вардаре 0 народна песна.........................................................................................27Македонски народни приказни.....................................................................................28Каков бил Итар Пејо - Стале Попов.............................................................................30Топлата прегратка - Видое Подгорец...........................................................................31Добро со добро се враќа - македонска народна приказна........................................32Легенда за Дојранското Езеро......................................................................................35Знаењето е сила, знаењето е моќ - Стојан Тарапуза.................................................36Мама - Македонка Јанчевска........................................................................................37Килим - Григор Прличев................................................................................................38Четиринаесет илјади ослепени - Ванчо Николески....................................................39Црна се чума зададе - епска народна песна..............................................................40Живиот мртовец - Ванчо Николески............................................................................41Солзи над родното огниште - Ванчо Николески.........................................................42Татковината се брани со убавини - Љубивое Ршумовиќ...........................................43Приказна за раѓањето на едно езеро - Ванчо Николески..........................................44Од дејноста на македонските собирачи......................................................................46Поговорки.......................................................................................................................49Гатанки............................................................................................................................50Пелистерски очи - Апостол Поп Јовановски................................................................51Две книги - Горјан Петревски........................................................................................52Чистотата е половина здравје - Ненад Џамбазов.......................................................53Од мојот дневник - Велко Неделковски.......................................................................55

ЈАЗИК..............................................................................................................................56Јазикот како средство за општење..............................................................................57Изговор и правопис на согласките...............................................................................58

Page 98: komplet rask. pesni - zmurh.hr€¦ · Горите Македонски шумно пеат, нови песни, нови весници! Македонија слободна,

99

Звучни и безвучни согласки..........................................................................................59Едначење на согласките по звучност...........................................................................61Акцентот во македонскиот литературен јазик.............................................................62Именки, сопствени и општи..........................................................................................63Именки, збирни именки.................................................................................................64Род, број и членски форми...........................................................................................65Помошниот глагол сум..................................................................................................67Глаголи...........................................................................................................................68Сегашно време..............................................................................................................69Минати времиња...........................................................................................................72Минато определено свршено и несвршено време.....................................................73Идно време.....................................................................................................................75Глаголски прилог............................................................................................................76Придавки, присвојни и бројни.......................................................................................78Заменки, показни заменки............................................................................................80Проста реченица............................................................................................................81Проста реченица со неопходни реченични членови..................................................82Сложена реченица.........................................................................................................84Атрибут и апозиција.......................................................................................................86Директен и индиректен говор.......................................................................................87Интерпункциски знаци...................................................................................................89Исти зборови, но со различно значење.......................................................................90Зборови кои означуваат нешто намалено...................................................................91Зборови кои означуваат нешто зголемено..................................................................92Употреба на голема буква.............................................................................................93Скратено пишување на зборови...................................................................................96Содржина .......................................................................................................................98

Page 99: komplet rask. pesni - zmurh.hr€¦ · Горите Македонски шумно пеат, нови песни, нови весници! Македонија слободна,