Izvestaj 8ми септември

4
Извештај за реализирана обука: Современи методи во наставата, активно вклучување на учениците и поттикнување на нивната креативност Цели на обуката: Наставниците да се запознаат и научат со повеќе современи наставни методи за работа со ученици Наставниците да ги научат и започнат да ги променуваат сите фази во изработка и реализација наученички истражувачки проекти Наставниците да се запознаат со различни Информатички креативни техники кои ќе можат да ги применуваат во наставата Целна група (училиште): наставници од СУГС 8ми Септември Место на одржување на обуката (обуките): СУГС 8ми Септември Дата на одржување на обуката (обуките):22-23.02.2013 Обучувач: Софија Арнаудова Наративен извештај-Тек на активностите Се дава краток опис на активноста и што е постигнато. Може да се дадат одговорите на наставниците (како цитати). Прв ден Вовед –Во овој дел се отвара обуката, се воведуваат во темата за работа во следните два дена и се дискутираат правилата за однесување, за времетраењето на обуката како и други оперативно- технички прашања. Дијамант- Со помош на оваа техника, учесниците се претставуваат и подобро се запознаваме меѓусебно на тој начин што добиваат повеќе ливчиња на кои ќе треба да напишат различни карактеристики за себе а потоа и да ги подредат во форма на дијамант.На крајот се претставуваат на тој начин што ги кажуваат најважната и најмалку

description

izvesta

Transcript of Izvestaj 8ми септември

Page 1: Izvestaj 8ми септември

Извештај за реализирана обука: Современи методи во наставата, активно вклучување на

учениците и поттикнување на нивната креативност

Цели на обуката:

Наставниците да се запознаат и научат со повеќе современи наставни методи за работа со ученици

Наставниците да ги научат и започнат да ги променуваат сите фази во изработка и реализација наученички истражувачки проекти

Наставниците да се запознаат со различни Информатички креативни техники кои ќе можат да ги применуваат во наставата

Целна група (училиште): наставници од СУГС 8ми СептемвриМесто на одржување на обуката (обуките): СУГС 8ми СептемвриДата на одржување на обуката (обуките):22-23.02.2013Обучувач: Софија Арнаудова

Наративен извештај-Тек на активноститеСе дава краток опис на активноста и што е постигнато. Може да се дадат одговорите на наставниците (како цитати).

Прв ден Вовед –Во овој дел се отвара обуката, се воведуваат во темата за работа во

следните два дена и се дискутираат правилата за однесување, за времетраењето на обуката како и други оперативно- технички прашања.

Дијамант- Со помош на оваа техника, учесниците се претставуваат и подобро се запознаваме меѓусебно на тој начин што добиваат повеќе ливчиња на кои ќе треба да напишат различни карактеристики за себе а потоа и да ги подредат во форма на дијамант.На крајот се претставуваат на тој начин што ги кажуваат најважната и најмалку важната карактеристика за нив (најгорната и најдолната од дијамантот). Потоа следи дискусија за употребата на оваа техника во наставата по различни предмети.

Сложувалка -Со помош на оваа техника учесниците се запознаваат со теоријата на конструктивизмот на интерактивен начин, така што, најпрвин поделени во пет групи сите учесници во рамките на секоја група најпрвин читаат ист дел од теоријата и го дискутираат меѓу себе а потоа се формираат нови групи со различни учесници од примарните со цел да ја сложат сложувалката односно во новоформираните групи да има по еден учесник од секоја претходно формирана група и да ја продискутираат теоријата во целост. Потоа, дел од групите даваат аргументи во прилог на теоријата, дел од групите ја огрдуваат аргументирано истата, а една група е задолжена да направи квиз

Page 2: Izvestaj 8ми септември

прашања со цел да се провери разбирањето на теоријата. Потоа, следи и дискусија за тоа како оваа техника на сложувалка е применлива во наставата по различните предмети.

Поставување прашања- По претходна презентација за Блумовата таксономија и начинот на поставување на прашања, во овој дел, учесниците имаат за цел групирани по наставни предмети да смислат по три прашања за секое од нивоата од когнитивниот домен од Блумовата таксономија. На крајот, се презентираат и дискутираат прашањата.

Втор ден Ученички проекти- Во овој дел се дискутира најпрво за значајноста на

реализацијата на ученичките проекти во рамкиите на наставата и се запознаваат наставниците со сите фази од работата на проектот после што во групи пишуваат ученички проект кој навистина би сакале да го реализираат и на крајот го презентираат.

ИКТ- Во овој дел се запознаваат наставниците со различните форми и начини за примена на ИКТ во наставата,после што следува дискусија за секоја од нив. На крајот се објаснува web quest методата и секој од наставниците потребно е да пополни формулар за оваа метода и да го презентира и продискутира.

Предлог активности- Последниот дел е наменет за дискусија и запознавање со различни креативни техники на кооперативното учење после што секој од наставниците дава пример за тоа како можат истите да се имплементираат во различните наставни предмети.

Евалуација на обуката

Евалуацијата на обуката беше направена со посебно подготвен лист за евалуација. Резултатите го покажуваат следното:

Првото прашање бара мислење од учесниците за Програмата за обука. Одговорите се даваат на скала со три степени, при што 3 означува највисок степен, а 1 најнизок (Табела бр.1).

Табела бр.1 Што мислите за програмата за современи методи во наставата, активно вклучување на учениците и поттикнување на нивната креативност?

Page 3: Izvestaj 8ми септември

Второто прашање се однесува на тоа колку во целост им била корисна обуката на наставниците. Оцените се движат од 1 сосема бескорисна до 5 крајно корисна. Просечната оценка од наставниците е ? ? ?

3,43

Дополнителното прашање се однесува на други коментари во врска со обуката (се запишуваат).

Потребна е поголема мотивираност кај наставниците и учениците за примена на современите методи во наставата. Презентацијата беше одлична. Благодариме

Радо би ги користеле овие начини само нам ние потребно време и додатни часови за да би можеле сето ова да биде успешно

Да се прилагоди поблику до учениците Се беше бо ред Се во ред Сериозен проблем е со учениците кои доаѓаат од основното образование со

слаби предзнаења и имаме тешкотии со спроведување на наставата

Изработил: Софија Арнаудова Дата: 25.02.2013

Категории просечна оценка (аритметичка средина)

Добра 2,45лесно применлива 2,42корисна за учениците 2,32Современа 2,36потребна за училиштата 2,28позната за наставниците 2,32сериозна во пристапот 2,44применлива во наставата 1,78скапа за примена 1,88отворена за промени 2,34одлично подготвена 2,66