Homo studentus 2

2
www.otvorenkufer.wordpress.com ште од првите пројавувања на човековата умствена дејност паралелно се пројавувала потребата и од ним соодветни просторни центри во кои би биле сконцентрирани сите нејзини облици, кои заемно би влијаеле и би се надополнувале еден со друг. Секоја школа која се конституирала врз основа на мислата се карактеризирала со своја специфичност и низ историјата нужно со себе носела и центри во кои се негувала и развивала истата, а вниманието кое во овие центри се посветувало на нејзиниот развој е од особено значење. Ова е директно потврдливо доколку го насочиме нашето внимание кон првите философи, кои, патем, биле и првите кои се втурнале во иследувањето на суштините на сите нешта со најнеисрцпниот човеков органон - мислата. Потребно е при нашето разгледување да го насочиме вниманието кон нив и веднаш ќе ни се прикажат значајните школи што се основале околу нивните учења, почнувајќи од Питагорејците, атомистите, Елејците и завршувајќи кај Платоновата Академија. Кај Академијата е видливо она по кое трагаме, а тоа е одговорот на прашањето во каква позиција се поставува мислата во однос на другите општествени дејности. Па, изучувајќи ја Академијата и нејзината смисла, гледаме дека таа претставуа актуализација на идејата дека мислењето е главниот конструкт врз кој се организира целото општество. Кај Платон наоѓаме дека тој директно се изјаснил околу тоа која е целта на основањето на Академијата- произведување на философи – мислители чија цел е да ја спроведат во пракса идејата за идеалното општество. И овде се исцртува смислата на постоењето на ваквите школи, а тоа е да бидат „амбасади на иднината на едно општество“ како што добро забележува професорот Ферид Мухиќ. околку ја напуштиме Академијата и нашето внимение го свртиме кон историјата на ваквите институции, ќе ја согледаме истата тенденција на мислата да ги диктира категориите по кои ќе се ориентира општеството. Ова постојано се препотврдува низ целата историја кај сите школи кои се појавувале низ историјата од Ликејот на Аристотел до современите светски универзитети како Стендфорд, МИТ (Massachusetts Institute of Technology) или универзитетот во Каиро. Како карактеристичен пример на кој исто така вреди да се посвети внимание и е Болоњскиот универзитет: школа која е една од првите појави од ваков вид (универзитет) и уште еднаш да ни се препотврди идејата за универзитет која историски за прв пат јасно и разделно се среќава во оваа институција на мислата. Како година на основање на овој универзитет се зема 1088, и веднаш по своето основање тој станува еден интелектуален остров преку кој општеството се преиспитува себеси (особено заради тоа што првите интереси на универзитетот биле насочени кон правото- правдата, што е во директна врска со организирањето на општеството). Овде се поставува прашањето: дали можеби целата негова историја нам не ни го прикажува воедно и делот од историјата на мислата која претендира да се осамостои од сите обичајни, политички и црковни спреги кои и се испопречувале на патот? И проучувајќи ја нејзе ние се убедуваме дека е така. Во оваа точка на разгледувањето се поставува уште едно важно прашање а тоа е следново: што е карактеристично за сите овие различни центри од ваков вид? Според она што можеме да го воочиме од нивното постоење и дејствување, е тоа дека она што ги обединува сите е тоа што тие претставувале места каде мислата бивајќи слободна од општеството (политиката, обичаите и црквата) непрекинато твори. Творбата или ако повеќе ви значи, креацијата, е оној конституент на човековата умствена дејност кој што претставува објективација на она што се мисли. Дијалектички скок од интелигибилно постоечкото во реално постоечкото. Таа - творбата е производот врз кој ние ја градиме нашата цивилизациска историја. Без неа се незамисливи цивилизацијата и културата, вклучувајќи ги сите нејзини конституенти (јазикот, уметноста, религијата итн.). Без неа е незамисливо дури и мислењето. Секоја објективација на мисленото претставува нова дијалектичка позиција на мислата, и со тоа директно се поставува како нужен и неизоставен дел од напредокот на мислата. Па, во таа насока, креацијата мора да биде запазена како подеднакво важен дел во работата на сите центри во кои се негува мислата, или во денешно време - во сите универзитети. Според мене, денес најпознатата меѓународна декларација на универзитетите Magna Charta Universitatum го зборува токму тоа во четвртата точка на основните принципи врз кои се конституира и во третата точка од целите кои си ги поставува: Отфрлајќи ја нетолеранцијата, и секогаш отворен и спремен за дијалог, Универзитетот е идеално комуникативно средиште за професорите способни да споделат и пренесат знаење, постојано да го развиваат преку истражувања и иновации, а студентите имаат право, можност и способност да се изградуваат и да ги збогатуваат своите креативни потенцијали.“ - член 4 од основните принципи , Секој универзитет, почитувајќи ги своите специфични услови, на своите студенти треба да им ја гарантира неприкосновената студентска слобода и неопходни услови за остварување на нивните цели во областа на културата и образованието.“- член 3 од целите. редно за потсетување е тоа дека оваа декларација е поттикната од универзитетот во Болоња, и е потпишана од 755 универзитети од вкупно 80 земји во светот. Но, сега се поставува прашањето колку таа доследно се толкува и применува денес во Македонија, или поточно на универзитетот “ Св. Кирил и Методиј“ кој патем е и потписник на истата. Или, уште повеќе, колку на универзитетот (мислејќи на неговите членови) им е јасна идејата на универзитетот? околку се потпреме на она што емпириски ни се покажува, навистина следува да се заклучи дека во нашето општество важи спротивното од она што е пропишано во оваа декларација и она што ја претставува идејата на универзитетот. Според тоа, наместо државата (трите вида на власт) да биде инструмент во служба на вистината (универзитетот), ние имаме универзитет кој е во дирекна служба на државата, па се соочуваме со искривоколчен концепт за високото образование, со институција која ги третира студентите како клиенти а не партиципиенти на универзитетот, со посрамени професори, со едвај-професори, со студенти без никаков елан за знаење, со институција која партиските кандидати си ја товарат на CV како реклама за на избори, и конечно, се соочуваме со институција која попрво е се друго освен храм на мислата (се разбира, постојат исклучоци поради кои можеби сме и сеуште овде). Но, ова е тоа што искуството ни го покажува, а ние, имајќи ја на ум претходно споменатата идеја на универзитетот, навистина треба да направиме силни усилби за да го подигнеме нашиот дух од потклекнатата положба, па со силен интелектуален и активистички ангажман да тргнеме напред како би се устремиле единствено во остварување на токму таа идеја. мајќи на ум дека креативноста е еден од најзначајните конституенти на мислата и дека е директно врзана за нејзиниот напредок, ние студентите денес чувствуваме силна потреба од наше креативно изразување. Ние сметаме дека еден од најзначајните начини да се подобри универзитетот е токму остварувањето на тоа да нашата мисла стане видлива! Мора да се чуе нашето размислување, најпрво меѓу нас, а подоцна и нанадвор кон останатите (општеството), мора да се види нашиот креативен потенцијал, испее нашата песна, наслика нашата слика, прооди нашиот робот, прозеленеат нашите посади, мора да се отвори и разработи еден студентски културен центар и да се случи нужната промена на универзитетот. Оваа потреба мора да се сфати сериозно и соодветно да се одговори на неа, најнапред од нас – ние, кои треба да се сосредоточиме околу нејзиното остварување, а потоа и оние од кои, за жал, таа зависи. Затоа, во име на вистината повикуваме на нејзино остварување! Повикуваме на создавање на еден вистински универзитет, кој нема да се грбави кон екстерните узурпатори, туку кој ќе се устреми кон знаењето и единствено таму ќе ја бара својата смисла! Стефан Видиков У Д В Д И Homo Studentus Број 2 ● Ноември 2015 ● СКИ Отворен Куфер Potrebata od studentski kulturen centar – izvedena od idejata na univerzitetot!

description

Овој наш мал и краток, ама сладок „проект“ има за цел да ја разбие монотонијата во студентските кругови и да прати некаков импулс за слободна мисла, изразување, размена на идеи, мисли и пораки меѓу нас! За што се работи? Наречето го леток, памфлет, весниче, не е важно. Секој може да учествува. Нема никакви услови. Ве мотивирал текст на некоја песна? Сте прочитале јак виц? Ве мачи некој егзистенцијален проблем? Препорачувате филм? Пишувате? Сакате да се информирате? Што и да е, можете да го испратите на [email protected] и учествувајте во заедничкиот колаж на шарена енергија! Споделете, копирајте, делете на факултет, да ја шириме убавата и конструктивна мисла, ЗАЕДНО!

Transcript of Homo studentus 2

Page 1: Homo studentus 2

www.otvorenkufer.wordpress.com

ште од првите пројавувања на човековата умствена дејност паралелно се пројавувала потребата и од ним

соодветни просторни центри во кои би биле сконцентрирани сите нејзини облици, кои заемно би влијаеле и би се надополнувале еден со друг. Секоја школа која се конституирала врз основа на мислата се карактеризирала со своја специфичност и низ историјата нужно со себе носела и центри во кои се негувала и развивала истата, а вниманието кое во овие центри се посветувало на нејзиниот развој е од особено значење. Ова е директно потврдливо доколку го насочиме нашето внимание кон првите философи, кои, патем, биле и првите кои се втурнале во иследувањето на суштините на сите нешта со најнеисрцпниот човеков органон -мислата. Потребно е при нашето разгледување да го насочиме вниманието кон нив и веднаш ќе ни се прикажат значајните школи што се основале околу нивните учења, почнувајќи од Питагорејците, атомистите, Елејците и завршувајќи кај Платоновата Академија. Кај Академијата е видливо она по кое трагаме, а тоа е одговорот на прашањето во каква позиција се поставува мислата во однос на другите општествени дејности. Па, изучувајќи ја Академијата и нејзината смисла, гледаме дека таа претставуа актуализација на идејата дека мислењето е главниот конструкт врз кој се организира целото општество. Кај Платон наоѓаме дека тој директно се изјаснил околу тоа која е целта на основањето на Академијата- произведување на философи – мислители чија цел е да ја спроведат во пракса идејата за идеалното општество. И овде се исцртува смислата на постоењето на ваквите школи, а тоа е да бидат „амбасади на иднината на едно општество“ како што добро забележува професорот Ферид Мухиќ.

околку ја напуштиме Академијата и нашето внимение го свртиме кон историјата на ваквите институции, ќе ја

согледаме истата тенденција на мислата да ги диктира категориите по кои ќе се ориентира општеството. Ова постојано се препотврдува низ целата историја кај сите школи кои се појавувале низ историјата од Ликејот на Аристотел до современите светски универзитети како Стендфорд, МИТ (Massachusetts Institute of Technology) или универзитетот во Каиро. Како карактеристичен пример на кој исто така вреди да се посвети внимание и е Болоњскиот универзитет: школа која е една од првите појави од ваков вид (универзитет) и уште еднаш да ни се препотврди идејата за универзитет која историски за прв пат јасно и разделно се среќава во оваа институција на мислата. Како година на основање на овој универзитет се зема 1088, и веднаш по своето основање тој станува еден интелектуален остров преку кој општеството се преиспитува себеси (особено заради тоа што првите интереси на универзитетот биле насочени кон правото- правдата, што е во директна врска со организирањето на општеството). Овде се

поставува прашањето: дали можеби целата негова историја нам не ни го прикажува воедно и делот од историјата на мислата која претендира да се осамостои од сите обичајни, политички и црковни спреги кои и се испопречувале на патот? И проучувајќи ја нејзе ние се убедуваме дека е така. Во оваа точка на разгледувањето се поставува уште едно важно прашање а тоа е следново: што е карактеристично за сите овие различни центри од ваков вид? Според она што можеме да го воочиме од нивното постоење и дејствување, е тоа дека она што ги обединува сите е тоа што тие претставувале места каде мислата бивајќи слободна од општеството (политиката, обичаите и црквата) непрекинато твори. Творбата или ако повеќе ви значи, креацијата, е оној конституент на човековата умствена дејност кој што претставува објективација на она што се мисли. Дијалектички скок од интелигибилно постоечкото во реално постоечкото. Таа - творбата е производот врз кој ние ја градиме нашата цивилизациска историја. Без неа се

незамисливи цивилизацијата и културата, вклучувајќи ги сите нејзини конституенти (јазикот, уметноста, религијата итн.). Без неа е незамисливо дури и мислењето. Секоја објективација на мисленото претставува нова дијалектичка позиција на мислата, и со тоа директно се поставува како нужен и неизоставен дел од напредокот на мислата. Па, во таа насока, креацијата мора да биде запазена како подеднакво важен дел во работата на сите центри во кои се негува мислата, или во денешно време - во сите универзитети. Според мене, денес најпознатата меѓународна декларација на универзитетите Magna Charta Universitatum го зборува токму тоа во четвртата точка на основните принципи врз кои се конституира и во третата точка од целите кои си ги поставува: „ Отфрлајќи ја нетолеранцијата, и секогаш отворен и спремен за дијалог, Универзитетот е идеално комуникативно средиште за професорите способни да споделат и пренесат знаење, постојано да го развиваат преку истражувања и иновации, а студентите имаат право, можност и способност да се изградуваат и да ги збогатуваат своите креативни потенцијали.“ - член 4 од основните принципи , „Секој универзитет, почитувајќи ги своите специфични услови, на своите студенти треба да им ја гарантира неприкосновената студентска слобода и неопходни услови за остварување на нивните цели во областа на културата и образованието.“- член 3 од целите.

редно за потсетување е тоа дека оваа декларација е поттикната од универзитетот во Болоња, и е

потпишана од 755 универзитети од вкупно 80

земји во светот. Но, сега се поставува прашањето колку таа доследно се толкува и применува денес во Македонија, или поточно на универзитетот “ Св. Кирил и Методиј“ кој патем е и потписник на истата. Или, уште повеќе, колку на универзитетот (мислејќи на неговите членови) им е јасна идејата на универзитетот?

околку се потпреме на она што емпириски ни се покажува, навистина следува да се заклучи дека во нашето општество важи

спротивното од она што е пропишано во оваа декларација и она што ја претставува идејата на

универзитетот. Според тоа, наместо државата (трите вида на власт) да биде инструмент во

служба на вистината (универзитетот), ние имаме универзитет кој е во дирекна служба на

државата, па се соочуваме со искривоколчен концепт за високото образование, со

институција која ги третира студентите како клиенти а не партиципиенти на универзитетот, со посрамени професори, со едвај-професори,

со студенти без никаков елан за знаење, со институција која партиските кандидати си ја

товарат на CV како реклама за на избори, и

конечно, се соочуваме со институција која попрво е

се друго освен храм на мислата (се разбира,

постојат исклучоци поради кои можеби сме и

сеуште овде). Но, ова е тоа што искуството ни го

покажува, а ние, имајќи ја на ум претходно споменатата идеја на универзитетот, навистина

треба да направиме силни усилби за да го подигнеме нашиот дух од потклекнатата

положба, па со силен интелектуален и активистички ангажман да тргнеме напред како

би се устремиле единствено во остварување на токму таа идеја.

мајќи на ум дека креативноста е еден од најзначајните конституенти на мислата и дека е директно врзана за нејзиниот

напредок, ние студентите денес чувствуваме силна потреба од наше креативно изразување.

Ние сметаме дека еден од најзначајните начини да се подобри универзитетот е токму

остварувањето на тоа да нашата мисла стане видлива! Мора да се чуе нашето размислување,

најпрво меѓу нас, а подоцна и нанадвор кон останатите (општеството), мора да се види

нашиот креативен потенцијал, испее нашата песна, наслика нашата слика, прооди нашиот

робот, прозеленеат нашите посади, мора да се отвори и разработи еден студентски културен

центар и да се случи нужната промена на универзитетот. Оваа потреба мора да се сфати

сериозно и соодветно да се одговори на неа, најнапред од нас – ние, кои треба да се

сосредоточиме околу нејзиното остварување, а потоа и оние од кои, за жал, таа зависи. Затоа,

во име на вистината повикуваме на нејзино остварување! Повикуваме на создавање на

еден вистински универзитет, кој нема да се грбави кон екстерните узурпатори, туку кој ќе

се устреми кон знаењето и единствено таму ќе ја бара својата смисла!

Стефан Видиков

У

Д

В

Д

И

Homo Studentus Број 2 ● Ноември

2015 ● СКИ

Отворен Куфер

Potrebata od studentski kulturen

centar – izvedena od idejata na

univerzitetot!

Page 2: Homo studentus 2

www.otvorenkufer.wordpress.com

дна од главните цели на комерцијалниот театар е да прави профит. Ова, самото по себе има социјални последици бидејќи секој не може да си дозволи билет, а резултатот на тоа е создавање на хиерархија која ги подредува луѓето според богатството и можноста да си дозволат посетување

претстава. Како една од формите на авангардата во 1960те и 1970те години се јавува експерименталниот театар како одговор на општата културна криза и има за цел да понуди алтернативен пристап со што акцентот не е ставен на профитот туку на самиот театар. Останати негови важни одлики се поместувањето на фокусот од режисерот кон актерот како извор на театарското искуство и отстранување на бариерата меѓу театарското дејство и гледачот. Овој концепт е потпомогнат со изведување на претставите на места кои не се наменети за театарски перформанс, како што се барови, складишта и слично. Кршењето на хиерархијата се повлекува и низ начинот на организирање и донесување на одлуки меѓу актерите.

Овој бран се шири и кон Македонија и своето огниште го наоѓа во Естетичката лабораторија на Филозофскиот факултет која е основана од Павао Бук-Павловиќ и Георги Старделов. До 1963 година, пред земјотресот, таа се наоѓала во зграда спроти денешниот хотел Холидеј Ин, каде редовно се правеле истражувања и се одржувале настани од областа на музичката и ликовната уметност, проследени со дискусија. Со преселување во новата зграда во сегашниот универзитетски комплекс, оваа лабораторија станала гнездо на алтернативна театарска, музичка и филмска дејност, како што и му доликува на еден автономен универзитет кој има за цел негување на културните вредности и создавање на стимулативна средина. Идејата на лабораторијата била да се разурнат сите препреки за слободниот пистап кон уметничките форми и да изгради нова, отворена и непосредна комуникација. За таа цел, нејзините учесници активно соработувале со институции како Македонски Народен Театар, Драмскиот театар во Скопје, Младиски културен центар, Универзална сала, студентските домови, спортските сали во основните и средните училишта, а исто така соработувале и со институции од други европски градови.

Естетичката лабораторија била колевка на многу понатамошни културни иницијативи во рамките на УКИМ, од кои највлијателна била Отворениот театарски универзитет. Оваа дејност била заснована на принципот на отворена комуникација, а нејзин зачетник бил Љубиша Нкодиновски – Биш. Водечката идеја била дека уметноста не треба да се ограничува во институција, туку треба да бара нови канали на комуникација со публиката. Почетокот на една нова, свежа и алтернативна сцена бил одбележан на 10 ноември 1975 со претставата „Димна Јуда град градила“, на која присуствувале 450 посетители. Оваа идеја за отвореност се пронижува низ многу моменти: претставите се играле во аулата на Филозофскиот факултет наместо во некоја затворена просторија, комуникацијата меѓу актерите и публиката била олеснета со оглед на тоа што не постоела строга граница меѓу сцената и гледачите, а крајот на претставата не бил и крај на целокупниот настан зашто потоа следеле дискусии за нови и радикални идеи, каде присуствувале разни филозофи и критичари. Освен со претстави, мостот меѓу високото образование и културата се градел и со други уметнички и културни форми на изразување како младински фестивали, оперите „Кармен“ и „Кармина Бурана“ кои биле посетувани од илјадници студенти во истата аула која денес набрзина ја одминуваме по завршувањето на предавањата.

Иницијатива за основање на универзитетски културно – информативен центар

идејќи УКИМ бил единствената високообразовна институција која нема свој културен центар, младите творци од универзитетот енергично се залагале за основање на ваков центар. Најнапред, тоа требало да биде Домот на градежници како средна точка меѓу факултетите и студентските

домови; потоа бараката на МНТ по земјотресот, но не добиле дозвола. За среќа, оваа идеја ја прифатил тогашниот ректор на УКИМ - Христо Андонов Полјански. Центарот УКИЦ бил основан во 1985 година, а за цел имал да ја прошири атмосферата од Отворениот театарски универзитет врз целата академска сцена во Скопје. Веројатно овој центар ќе постоел до ден денес и ќе имал своја историја како и останатите студентски центри на Балканот доколку не се случела предвремената смрт на ректорот. Новите академски органи ја укинале работата, а потоа и самиот УКИЦ, што било проследено и со згаснување на настаните во естетичката лабораторија. Оттогаш се познати поединечни иницијативи (Скомрахи, Млад отворен театар, студентска пролет и сл.) меѓутоа, посериозна иницијатива за формирање на студентски културен центар – од студентите, за студентите се нема повторено до ден денес.

Театарската работилница на Филозофскиот факултет во Скопје

еатарската работилница ФФ произлегла од дејноста на Отворениот универзитетски театар и Естетичката лабораторија. Кон нејзиното

основање придонел проектот да се направи претстава според текстот „Мајка храброст“ од Бертолт Брехт, чии идеи како критичката естетика и театарот како форум за политички идеи оствариле големо влијание врз алтернативната театарска сцена. Поттикнувачи на идејата биле веќе спомнатиот Љ. Никодиновски – Биш и Кирил Темнов, а главните пораки кои требале да бидат пренесени биле пацифизмот и бескорисноста на војната. Сепак, овој проект не бил реализиран, но е значаен бидејќи ја отворил вратата кон основање на театарската работилница основана на 14 ноември 1978 од страна на Кирил Темков, Владимир Милчин и Биш.

На почетокот, актерската екипа била сочинета само од студенти по филозофија, но подоцна се приклучиле и студенти од другите факултети. Оваа иницијатива започнува токму од студенти кои студираат филозофија, со цел да покажат дека уметност може да прават сите, но треба да имаат јасна визија за тоа што сакаат да претстават. Работата била доброволна, но со сериозни повеќенеделни средби и подготовки кои ја поврзувале теоријата со практиката. Отвореноста останува водечки принцип, правејќи ги културата и уметноста достапни за сите, воедно покажувајќи го огромниот креативен потенцијал кој тлее во духот на младите.

Во рамките на Театарската работилница биле одиграни 4 претстави: „Најмалото театарче на светот Зелената гуска“, „Животинска фарма“ на Џорџ Орвел, „Пепелашка во поправен дом“ од Јануш Гловацки, „Сцени за шмекерите“ од Антонин Пшидал и биле изведени вкупно 156 пати. Заедничко за нив е тоа што сите изразувале идеи на современиот социјален и критички театар, а со тоа покажувале силен хуманистички дух кој се залага за човечност, филозофска и уметничка вистина. Впрочем, тоа се покажува и во девизата на сите овие настани: „За поубав свет!“.

Тука споделуваме само едно делче историја, а доколку сакате да имате увид во целата слика, побарајте ја „Алтернативниот театар во Македонија“ од Љубиша Никодиновски – Биш, во издание на Магор.

Ана Тодоровска

Е

Б

Т

Зошто го отворивме куферот?

Отвпрен куфер е независна и нефпрмална студентска културна иницијатива. Фпрмирана е на ппчетпкпт на 2013 гпдина пд група студенти пд Филпзпфскипт факултет, а вп натампшнптп функципнираое кпн неа се приклучуваат студенти пд пстанатите факултети, а дпминантнп пд факултетите при главнипт кампус на УКИМ. Оваа иницијатива се занимава сп прганизираое на културнп-уметнички активнпсти вп рамките на универзитетпт, ппради забележанипт недпстатпк на истите.

ПРИНЦИПИ: хпризпнтална ппставенпст на членпвите, при штп секпј има еднаквп правп на изразуваое на сппствените ставпви и мислеоа, планираое, пдлучуваое и прганизација и реализација на активнпстите.

ЦЕЛИ И ИДЕИ: здружуваое на студентите, прганизираое на културнп-уметничка прпграма на факултетите, алтернативнп академскп и нефпрмалнп пбразпвание, спздаваое прпстпр за слпбпднп изразуваое, размена на идеи и вештини и ппттикнуваое на креативнпста, твпрештвптп и критичката мисла.

ГЛАВНА ЦЕЛ: фпрмираое на Студентски културен центар вп рамките на универзитетпт.

Leave your luggage here:

Facebook: Отворен Куфер

e-mail: [email protected]