Godisen Globalen Plan2015-16.doc

98
ОOУ „КРУМ ТОШЕВ- Скопје ООУ „КРУМ ТОШЕВ“ - СКОПЈЕ ГОДИШЕН ГЛОБАЛЕН ПЛАН ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОГРАМАТА ЗА ВТОРО ОДДЕЛЕНИЕ ВО ДЕВЕТГОДИШНОТО ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ за учебната 2015/2016 година Одделенски наставник: Сузана Трајковска

Transcript of Godisen Globalen Plan2015-16.doc

Page 1: Godisen Globalen Plan2015-16.doc

ОOУ „КРУМ ТОШЕВ- Скопје

ООУ „КРУМ ТОШЕВ“ - СКОПЈЕ

ГОДИШЕН ГЛОБАЛЕН ПЛАН

ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОГРАМАТА ЗА ВТОРО ОДДЕЛЕНИЕ ВО ДЕВЕТГОДИШНОТО ОСНОВНО

ОБРАЗОВАНИЕза учебната 2015/2016 година

Одделенски наставник: Сузана Трајковска

Page 2: Godisen Globalen Plan2015-16.doc

ОOУ „КРУМ ТОШЕВ- Скопје

ГОДИШЕН ГЛОБАЛЕН ПЛАН

ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОГРАМАТА ЗА ВТОРО ОДДЕЛЕНИЕ ВО ДЕВЕТГОДИШНОТО ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ

Задолжителни предмети во II одделение

Наставни предмети Неделен број на часови

Годишен број на часови

Македонски јазик 6 216Англиски јазик 2 72Општество 1 36Ликовно образование 2 72

Музичко образование 2 72Физичко и здравствено

образование3 108

Математика 5 180Природни науки 2 72

ВКУПНО 23 828Додатна и дополнителна настава

2 72

Час на одделенската заедница – Образование за животни вештини

1 36

Page 3: Godisen Globalen Plan2015-16.doc

ОOУ „КРУМ ТОШЕВ- Скопје

ГОДИШЕН ГЛОБАЛЕН ПЛАН ПО НАСТАВНИ ПРЕДМЕТИ

во II одделение

МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК

Page 4: Godisen Globalen Plan2015-16.doc

ОOУ „КРУМ ТОШЕВ- Скопје

МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК

ПРОГРАМСКО ПОДРАЧЈЕ Време на реализација

број на часови

1. Почетно читање и пишување IX, X, XI, XII,I, II, III, IV, V, VI

70

2. Јазик XII, I, II, III 20

3. Литература X, XI, XII, I, II, III, IV 80

4. Изразување и творење X, XI, XII, I, II, III, IV, V, VI

36

5. Медиумска култура V, VI 10

ВКУПНО 216

ГЛОБАЛНИ ЦЕЛИ:

Да се поттикнува кон активно слушање; Да се оспособува за правилно артикулирање на вербалниот говор; Да ги усвои печатните и ракописните кирилски букви; Да се оспособува за правилно читање и пишување; Да се запознае со основните говорни елементи – глас, збор, реченица; Да се оспособува за користење на елементарни граматички и правописни норми при

читањето и пишувањето; Да формира навики за правилно седење при читање и пишување; Да се воведува во народната и уметничката литература од сопствената и другите

култури; Да се воведува во усното и писменото изразување и творење; Да го збогатува речникот со нови зборови; Да се упатува во основните барања за анализа на текстови; Да се оспособува да користи ИКТ во функција на наставниот предмет.

Page 5: Godisen Globalen Plan2015-16.doc

ОOУ „КРУМ ТОШЕВ- Скопје

ТЕМАТСКО ПЛАНИРАЊЕ ПО ПРОГРАМСКИ ПОДРАЧЈА:

ПОЧЕТНО ЧИТАЊЕ И ПИШУВАЊЕ – 70 часа

1. ЦЕЛИ:Ученикот/ученичката:-да набљудува предмети во училницата, училиштето и непосредната околина, забележувајќи ги нивните битни својства,- да умее да ги опишува забележаните предмети и својства;- да одговара на прашања со полни реченици и да поставува прашања;- да го усвои поимот за реченица;- да се запознава со нејината содржина и функција;- да се запознава со поимот за збор како дел од реченицата и збор како име на предметите;- да го усвои поимо глас како дел од боровите:- да го воочува гласот во различни позиции ( иницијална, медијална и финална);- правилно да ги изговара гласовите;- да извежба прецизно графичко пртставување на деловите на елементите на буквите;- да ги препознава симболите на гласовите и да ги поврзува во зборовите (поим за буква);- да пишува печатни букви;- да чита зборови и текст;- да ги запознава правилата за пишување на голема буква на почетокот на реченицата, како и пишување на голема буква кај сопствените имиња;- да се запознае со интерпукциските знаци и нивната функција ( поим за интерпукциски знаци);- да ги применува правилно интерпукциските знаци при читањето;- да ги усвои малите и големите ракописни букви и нивното поврзување во зборови( поим за ракописни букви);- да умее да пишува зборови и куси решеници;- да дополнува испуштени букви во зборот и испуштен збор во реченица;- да составува самостојно зборови и да пишува зборови и реченици по дадени слики, предмети и сл;

2. СОДРЖИНИ1. Набљудување, забележување, раскажување и опишување2. Прашања и одговори3. Поим за реченица и за збор4. Поим за глас5. Исправена линија, легната линија; права исправена линија, коса линија на лево, коса линија на десно, долен полукруг, лев и десен полукруг, круг и др.6. Графички симболи (печатни букви) за македонското кирилично писмо7. Усвојување на големите и малите печатни букви преку поединечно пишување8. Пичување на голема буква на почеток на реченица и пишување сопствени имиња со големи букви9. Интерпукциски знаци: точка, запирка, прашалник и извичник

10. Усвојување на малите и големите ракописни букви преку поединечно пишување

Page 6: Godisen Globalen Plan2015-16.doc

ОOУ „КРУМ ТОШЕВ- Скопје

3. ФОРМИ НА РАБОТА:- заедничка;- групна;- работа во парови- индивидуална

4. НАСТАВНИ СРЕДСТВА- учебник;- енциклопедии;- списанија;- апликации;- слики;- аудио- визуелни средства;- интернет софтвери;- други извори на учење од непосредната околина;- литература;

5. СОРАБОТКА СО:- стручен актив;- стручни служби;- локална средина;- други институции;- родители;

6. АКТИВНОСТИ:- Набљудување на предметите во училницата (да ги забележуваат нивните својства и намена), раскажување и опишување на истите.- Вежби и игровни активности за одговарање на прашања за видено, слушнатао и доживеано.- Вежби и игровни активности за поставување прашања.- Вежби за воочување на реченицата во говорот.- Вежби за воочување на зборовите во реченицата како елементи на реченицата и како симбол (име) за означување на суштества, предмети и појави. (аналитичко-синтетички метод)- Составување реченици по серија слики.- Аналитичко синтетички вежби за формирање на поимот за глас како елемент на зборот- Игра „ На буква на буква“- Вежби за слободно цртање на елементите на буквите: права, исправена линија, легната линија, коса линија на лево , коса линија на десно, долен полукруг, горен полукруг, лев и десен полукруг, круг во определен простор.- Вежби за воочување на буквата како графички симбол на гласот и нејзини изговарање, правилен изговор и симултано уочување во зборот.- Вежби за правилно пишување на големите и малите печатни букви.- Вежби за пишување зборови и реченици со печатни/ракописни букви.- Вежби за читање зборови и текстови од различни извори.- Вежби за читање и проверување на сфатеното и разбраното од текстот.- Вежби за отстранување на најчестите грешки при читањето (неправилно изговарање на зборовоте, неправилно акцентирање, испуштање гласови и слогови, особено последниот, заменување на гласови и неправино дишење).

Page 7: Godisen Globalen Plan2015-16.doc

ОOУ „КРУМ ТОШЕВ- Скопје

- Вежби за стекнување навики кај учениците за правилно дишање при читањето.- Вежби за разликување на малите и големите букви во реченицата.- Вежби за воочување на голема буква кај сопствените имиња и на почетокот на реченицата.- Вежби за препознавање на интерпункцииските знаци и нивна примена при читањето.- Вежби за усвојување на малите и големите ракописни букви (графичка обработка) преку поединечно пишување, зборови и покуси реченици.- Вежби за правилно пишување и поврзување на буквите во зборот и во реченицата (аналитичко – синтетички со елементи на глобалниот метод).- Вежби за дополнување на испуштени букви во зборот и збор во реченицата.- Вежби за препишување текст (од ракописно на ракописно и од печатно на ракописно).- Вежби за самостојно составување на реченици по дадени зборови, слики, предмети и сл.

7. ОЧЕКУВАНИ ПОСТИГАЊА ПО ПРОГРАМСКО ПОДРАЧЈЕ - ПОЧЕТНО ЧИТАЊЕ И ПИШУВАЊЕУченикот/ ученичката :- набљудува предмети во училницата, училиштето и во непосредната околина, ги забелешува нивните битни својства и ги опишува;- одговара на прашања со цели реченици и поставува прашања;- го усвоил/а поимот за реченица- ја разбира нејзината содржина и функција ;- го усвоил/а поимот на збор како дел од реченицата и зборот како име за предмети;- го усвоил/а поимот за глас како дел од зборот;- го воочува гласот во различни позиции на зборот;- правилно ги изговара гласовите;- ги препознава симболите на гласовите и ги поврзува во зборови( поим за буква)- пишува печатни букви;- чита зборови и текст;- правилно пишува голема буква на почетокот на реченицата и кајсопствените имиња;- ги препознава интерпукциските знаци и ја знае нивната функција;- правилно ги применува при читањето;- ги усвоил/а големите и малите ракописни букви и нивното поврзување во зборовите;- пишува зботови и куси реченици;- дополнува испуштени букви во зборот и зборови во реченица;- самостојно составува и пишува зборови и реченици по дадени слики, предмети и слично;

8.МОЖНОСТИ ЗА ИНТЕРАКТИВНО ПЛАНИРАЊЕ НА ПРОГРАМСКОТО ПОДРАЧЈЕ –ПОЧЕТНО ЧИТАЊЕ И ПИШУВАЊЕ СО:- Општество – кога ученикот се запознава со непосредната околина, преку слушање, говорење, раскажување, прераскажување и опишувањена многу теми.- Математика – вербално искажување на на местоположбата на предметите во однос на себе- пр; горе-долу; лево-десно; ниско-високо...- Ликовно образование- со слободно повлекување и цртање разни линии, се прави подготовка за пишување на елементите на буквите.

Page 8: Godisen Globalen Plan2015-16.doc

ОOУ „КРУМ ТОШЕВ- Скопје

ТЕМАТСКО ПЛАНИРАЊЕ НА ПРОГРАМСКОТО ПОДРАЧЈЕ-ЈАЗИК – 20 часа

1.ЦЕЛИ:Ученикот/ученичката:- да разликува глас и шум;- да ги изговара правилно гласовите во зборот и зборовите во реченицата;- да составува правилно реченица;- да именува лица, суштества, растенија, предмети и појави;- да разликува расказна, прашална и извична реченица и да ги употребува;- да именува лица, суштесва, растенија, предмети и појавиж;- да го усвои поимот за именка и да ги препознава имињата на луѓето, предметите, растенијата и животните во реченицата:- да ги изговара и пишува правилно броевите до 20;- да ги дели зборовите на слогови со употреба на цртички;- да разликува гласови и правилно да ги употребува;- да ја употребува правилно големата буква;- да ги применува правилно интерпункиските знаци при пишувањето.

2. СОДРЖИНИ:- глас/шум; редот на зборовите во реченицата;- расказна, прашална и извична реченица;- именки што означуваат имиња на: луѓе, предмети, растенија и животни;- броеви до 20; поделба на зборовите на слогови;- дискриминација на гласовите (ц, з, с, ѕ, ч, џ, ш, ќ, ѓ, љ, њ, р);- пишување на голема и мала буква, точка, запирка, прашалник и извичник:

3. АКТИВНОСТИ И МЕТОДИ:- вежби и игрови активности;- препознавање на глас во зборот, разликување, артикулација и правилно изговарање на гласот во збор и зборот во реченица;- вежби за учениците кои неправилно изговараат одредени гласови;- вежби и игровни активности за соствување правилни реченици и што поправилен збороред на зборовите во реченицата;- вежби за правилно изговарање и пишување на броевите до 20;- вежби за делење на слогови (усно и писмено) и пренесување на дел од зборот во друг ред;- вежби за разликување и правилно изговарање на гласовите и нива правилна употреба при пишувањето;- вежби за употреба на голема буква на почетокот на реченицата и во зборови што означуваат лично име и презиме;- вежби за примена на интерпункциски знаци;

4. ФОРМИ НА РАБОТА:- заедничка;- групна;- работа во парови- индивидуална

5. НАСТАВНИ СРЕДСТВА- учебник;

Page 9: Godisen Globalen Plan2015-16.doc

ОOУ „КРУМ ТОШЕВ- Скопје

- енциклопедии;- списанија;- апликации;- слики;- аудио- визуелни средства;- интернет софтвери;- други извори на учење од непосредната околина;- литература;

6. СОРАБОТКА СО:- стручен актив;- стручни служби;- локална средина;- други институции;- родители;

7. ОЧЕКУВАНИ ПОСТИГАЊА ПО ПРОГРАМСКО ПОДРАЧЈЕ – ЈАЗИКУченикот/ ученичката:- разликува глас и шум;- правилно ги изговара гласовите во зборот и зборовите во реченицата;- правилно составува реченици;- правилно ги подредува зборовите во реченицата;- разликува расказна, извична и прашална реченица и правилно ги употребува;- именува лица, суштества, растенија, предмети и појави;- го усвоил/а поимот за именкии ги препознава имињата на луќето, предметите, растенијата и животните во реченицата;- правилно ги изговара и ги пишува броевите до 20;- ги дели зборовите на слогови со употреба на цртичка;- ги разликува гласовите и правилно ги употребува;- правилно употребува голема буква;- ги применува интерпукциските знаци при пишувањето;

8. МОЖНОСТИ ЗА ИНТЕРАКТИВНО ПЛАНИРАЊЕ НА ПРОГРАМСКОТО ПОДРАЧЈЕ – ЈАЗИК СО:- Општество – кога раскажува настани, прераскажува текстови,опишува миленичиња, опишува по набљудение итн.- Математика – кај броевите со вербално искажување при групирање на предметите.- Ликовно образование – илустрирање на текст.- Музичко образование – музика и движење според содржината на песната

Page 10: Godisen Globalen Plan2015-16.doc

ОOУ „КРУМ ТОШЕВ- Скопје

ТЕМАТСКО ПЛАНИРАЊЕ НА ПРОГРАМСКОТО ПОДРАЧЈЕ -ЛИТЕРАТУРА– 80 часа

1. ЦЕЛИ:Ученичката/ученикот:- да воочува и препознава наслов; да разликува текст, илустрција и афтор;- да ги пронаоѓа страниците во читанката; да умее да чита гласно;- да разликува видови текстови;- да умее да чита по улоги и да ги воочува темата и пораката во текстот;- да ги воочува настаните и ликовите ;- да чита поезија и да ги препознава строфите во песната;- да чита разбирлво со почитување на потребните интерпункциски знаци;- да го прилагодува гласот кон природата на содржината на текстот;- да ги акцентира правилно зборовите во реченицата;- да знае да чита во себе;- да ја чита содржината на лектирата и самостојно да одговара на прашања во врска со содржината.

2. СОДРЖИНИ:- текст: наслов, име на авторот, содржина, илустрација;- изразно читње; гласно читање; читање во себе;- текстови: проза, поезија (песна – строфа, стихотворба), драмски текст, поговорки, гатанки брзозборки;- настан (случка);- лик во текстот (приказна, бајка, песна, гатанка);- лектири (да бидат обработени три лектири);

3.АКТИВНОСТИ И МЕТОДИ :- вежби за воочување за препознавање и за разликување на насловот на текстот, авторот, илустрациите и пронаоѓање на посочена страница;- вежби за изразно читање и доживување на текстот;- вежби за откривање на темата и пораката;- прераскажување на прочитаното со свои зборови ;- вежби за разбирање и проверување на прочитаната содржина;- воочување впечатлива крактеристика на некој лик и повикување на текстот;- вежби за читање песна (стихотворба), воочување на стиховите во песната;- учење на памет на песна или дел од неа;- вежби за правилно и разбирливо гласно читање;- вежби за воведување на читање во себе и сфаќање на прочитаниот текст;- проверување на читање во себе преку одговарање напоставени прашања;- запознавање на учениците со насловите на лектирните дела (што ќе се обработуваат во II полугодие;- упатство за пронаоѓање и набавка на книгите;- мотивација и упатство за самостојно читер на книгите

4. ФОРМИ НА РАБОТА:- заедничка;- групна;

Page 11: Godisen Globalen Plan2015-16.doc

ОOУ „КРУМ ТОШЕВ- Скопје

- работа во парови- индивидуална

5. НАСТАВНИ СРЕДСТВА- учебник;- текстови- списанија;- литература;- аудио- визуелни средства;

6. СОРАБОТКА СО:- стручен актив;- стручни служби;- локална средина;- други институции;- родители;

7. ОЧЕКУВАНИ ПОСТИГАЊА ПО ПРОГРАМСКО ПОДРАЧЈЕ - ЛИТЕРАТУРАУченикот/ ученичката:- уочува и препознава наслов;- разликува текст, илустрација, наслов;- ги пронаоќа страниците во читанката,- гласно чита;- разликува видови на текстови;- чита по улоги и ги уочува темата и пораката на текстот;- ги уочува настаните ( случките ) и ликовите:- чита поезија и ги препознава строфите во песната;- чита разбирливо со почитување на употребените интерпукциски знаци;- го прилагодува гласот кон природата на содржината на текстот;- самостојно ја чита содржинита на лектирите и одговара на прашања во врск со содржината;

8.МОЖНОСТИ ЗА ИНТЕРАКТИВНО ПЛАНИРАЊЕ НА ПРОГРАМСКОТО ПОДРАЧЈЕ – ЛИТЕРАТУРА СО:- Општество– кога чита текстови за разни настани, случки, описи и сл. - Ликовно образование – илустрирање на текст.- Музичко образование – музика и движење според содржината на песната

Page 12: Godisen Globalen Plan2015-16.doc

ОOУ „КРУМ ТОШЕВ- Скопје

ТЕМАТСКО ПЛАНИРАЊЕ НА ПРОГРАМСКОТО ПОДРАЧЈЕ -ИЗРАЗУВАЊЕ И ТВОРЕЊЕ – 36 часа

1. ЦЕЛИ:Ученикот/ученичката:- да знае да слуша говор и да учествува во разговор на одредена тема;- да прераскажува обработени куси содржини (слободно и со прашања);- да раскажувапо низа слики, зададени зборови и по доживеани настани;- да опишува карактеристики преку набљудување на пастенија, на предмети и на животни;- да знае изразно рецитирање на песна ( стихотворба);- да врши драматизација на песна во дијалошка форма;- да раскажува писмено кус текст (содржина од ТВ емисја);- да раскааааажува писмено доживеан настан;- да умее писмено да опижува лица, предмети, растенија, животни;- да да ги пишува правилно буквите за карактеристичните согласки во зборот;- да пишува честитки по повод одредени празници, родендени и сл.

2. СОДРЖИНИ:- слушање: говор и рзговор за теми од животот во семејството училиштето и непосредната околина;- прераскажувње на текст, содржина од анимиран (цртан и куклен) филм, ТВ, емисии, расказ, бајка...- раскажување по: серија слики, дадени зборови, по настан;- опишување: предмет растение, животно и др.;- рецитирање; драматизција; прераскажување; раскажување; опишување;- слободен диктат; диктат со пресретнување на грешки;- честитка

3. АКТИВНОСТИ И МЕТОДИ:- вежби за слушање други лица и за учество во разговор преку раскажување со прашања и одговори за определена тема;- прераскажување на познати содржини преку одговори на прашања и преку нивно слободно прераскажување;- вежби за поедноставно и слободно ракажување на настан по доживување во семејството, во училиштето, во околината, на излет, на летување на зимување.- Преку говорно – спонтано изразување и разговор со посложен барања и раскажување по низа слики, по зборови итн.;- вежби за опишување преку: набљудување, воочување, споредување, откривање, забележување, со збогатување на речникот;- ортоепски (правоговорни) вежби преку рецитирање песни и драматизација на обработени песни; писмено раскажување и прераскажување на настан, кус текст од буквар, читанка, списание, ТВ, емисија и опис на растение;- вежби за проваерување на правилно пишување на буквите за гласовите: Ц, С, Ѕ, Ч, Ш, Ќ, Ѓ, Љ, Њ, Р;- пишува честитка по повод одрдени празници подендени и др.

Page 13: Godisen Globalen Plan2015-16.doc

ОOУ „КРУМ ТОШЕВ- Скопје

4. ФОРМИ НА РАБОТА:- заедничка;- групна;- работа во парови- индивидуална

5. НАСТАВНИ СРЕДСТВА- учебник;- рекламни натписи- објекти од културен и јавен вид - енциклопедии за деца - списанија за деца;- аудио- визуелни средства;

6. СОРАБОТКА СО:- стручен актив;- стручни служби;- локална средина;- други институции;- родители;

7. ОЧЕКУВАНИ ПОСТИГАЊА ПО ПРОГРАМСКО ПОДРАЧЈЕ - ИРАЗУВАЊЕ И ТВОРЕЊЕ- слуша говор и учестува во разговор за одредена тема;- прераскажува обработени куси содржини( со помош на прашања)- раскажува по низа слики, дадени зборови и по доживеани настани;- опишува карактеристики преку набљудување на растенија, предмети и животни;- рецитира песна ( стихотворба);- врши драматѕизација на песна во дијалошка форма;- писено прераскажува краток текст, по дадени прашања и даден план;- раскажува писмено некој доживан настан;- писмено опишува лица, предмети, растенија и животни;- правилно ги пишува буквите за карактеристичните согласки во зборовите;- пишување на честитка по повод на одредени празници, родендени и др.

8.МОЖНОСТИ ЗА ИНТЕРАКТИВНО ПЛАНИРАЊЕ НА ПРОГРАМСКОТО ПОДРАЧЈЕ – ИРАЗУВАЊЕ И ТВОРЕЊЕ СО:- Општество - Преку раскажување и прерскажување, по набљудување на предмети, растенија, животни, настани, по доживување и сл.- Ликовно образование - преку илустрирање на настани, ТВ – емисии, песни, куси расказии сл. - Музичко образование – составување песни според можностите

Page 14: Godisen Globalen Plan2015-16.doc

ОOУ „КРУМ ТОШЕВ- Скопје

ТЕМАТСКО ПЛАНИРАЊЕ НА ПРОГРАМСКОТО ПОДРАЧЈЕ -МЕДИУМСКА КУЛТУРА – 10 часа

1. ЦЕЛИ:Ученикот/ученичката:- да се поттикнува на селективно следење на ТВ содржини- да се оспособува да прави разлика помеѓу театарска и куклена претстава;- да ги воочува основните разлики помеѓу нив и литературното дело;

2. СОДРЖИНИ:- ТВ емисии;- филм;- театар (куклена претстава, литературно дело);- детски печат;- училишна библиотека;- телефон (телефонски разговор)

3. АКТИВНОСТИ И МЕТОДИ:- разговор за следење на образовни ТВ содржини и филмови со содржина соодветна за возраста;- посета на неколку театарски и куклени претстави за деца и младинци и разговор за истите;- ги запознава рубриките во списанијата и користи информацииод нив;- посета, запознавање и намена на училишната библиотека;- вежби за користење на телефонот за примање и соопштување на

4. ФОРМИ НА РАБОТА:- заедничка;- групна;- работа во парови- индивидуална

5. НАСТАВНИ СРЕДСТВА- аудио- визуелни средства;- учебник;- фотографии- рекламни натписи- кукли ( за куклени представи) - литература за деца - списанија за деца;

6. СОРАБОТКА СО:- стручен актив;- стручни служби;- локална средина;- други институции;- родители;

Page 15: Godisen Globalen Plan2015-16.doc

ОOУ „КРУМ ТОШЕВ- Скопје

7. ОСТВАРЕНИ ПОСТИГАЊА ПО ПРОГРАМСКО ПОДРАЧЈЕ- МЕДИУМСКА КУЛТУРАУченикот/ученичката:- активно следи ТВ содржини- прави разлика помеѓу театарска и куклена претстава, и уочува новите тазлики помеѓу нив и литературно дело;- пројавува интерес за следење на детскипечат ( веници и списанија)- позајмува книги од библиотека и правилно се однесува кон нив;- правилно разговара преку телефон;

8. МОЖНОСТИ ЗА ИНТЕРАКТИВНО ПЛАНИРАЊЕ НА ПРОГРАМСКОТО ПОДРАЧЈЕ – МЕДИУМСКА КУЛТУРА СО:- Општество - Преку раскажување и прерскажување, по набљудување на емисии, филмови и сл.- Ликовно образование - преку илустрирање на емисии, филмови и сл.- Музичко образование – слушање музика од даден филм

9. ОЦЕНУВАЊЕ НА ПОСТИГАЊАТА НА УЧЕНИЦИТЕ

Дијагностичко проверување и оценувањеНа почетокот на учебната година се врши дијагностичко проверување и оценување со цел да ја спознае состојбата таква каква што е.

Формативнооценување – Во текот на наставата по македонски јазик опфаќа: собирање на показатели за секој ученик посебно; тековни, однапред подготвени евалвациони листи за секој ученик; инструменти кои се однесуваат на секое програмско подрачје поединечно;

Микросумативно оценување- На крајотна второто тримесечие, од формативното оценување се реализира микросумативното оценување.

Сумативно оценување- Врз основа на целокупните податоци добиени од следењето и од формативното оценување.

Достапност на портфолиото- Портфолиото треба во текот на целата година да им е достапно на родителите за да придонесат во квалитетна реализација на наставата по македонски јазик.- Завршната аналитичко - описна оцена се доставува до родителите- Портфолиото на ученикот продолжува во наредното одделение.

Забелешка: При реализација на часовите можни се отстапувања од глобалниот план и програм.

Page 16: Godisen Globalen Plan2015-16.doc

ОOУ „КРУМ ТОШЕВ- Скопје

ГОДИШЕН ГЛОБАЛЕН ПЛАН ПО ОПШТЕСТВО

во II одделение

Page 17: Godisen Globalen Plan2015-16.doc

ОOУ „КРУМ ТОШЕВ- Скопје

ОПШТЕСТВО

ПРОГРАМСКО ПОДРАЧЈЕ Време на реализација

број на часови

1. ЈАС СО ДРУГИТЕ IX,X 6

2. ЖИВОТОТ И РАБОТАТА ВО УЧИЛИШТЕТО

X,XI,XII 8

3. МОЕТО МЕСТО XII,I,II 8

4. МОЈОТ ДОМ II,III,IV 8

5. СООБРАЌАЈ IV,V,VI 6

ВКУПНО 36

ГЛОБАЛНИ ЦЕЛИ

да ги проширува сознанијата за непосредната околина и да ја сфаќа поврзаноста меѓу луѓето, предметите и појавите

да се оспособува за набљудување, опишување, споредување на предметите и појавите и односите меѓу луѓето;

да се оспособува да учествува во донесување и почитување на правила за заедничко живеење во домот, училиштето и во пошироката средина

да се вклучува активно во решавање проблеми и да стекнува самодоверба да се грижи за своето здравје и за средината во која живее и учи да ги запознава и применува правилата за заштита од повреди и од други опасности да го проширува знаењето за сообраќајните правила и да развива култура на

однесување во сообраќајот да развива чувство на припадност кон својата татковина; да ја сфати потребата од договарање, помагање и соработка со другите и да развива

другарство, толеранција,хуманост иодговорност; да запознава обичаи и празници од својата култура и културата на другите заедници

во Република Македонија да развива интерес и желба за доаѓање до нови сознанија со користење различни

извори за учење и ИКТ

Page 18: Godisen Globalen Plan2015-16.doc

ОOУ „КРУМ ТОШЕВ- Скопје

ТЕМАТСКО ПЛАНИРАЊЕ ПО ПРОГРАМСКИ ПОДРАЧЈА:

1. ЦЕЛИ:

ТЕМА: ЈАС И ДРУГИТЕ (6 ЧАСА)Ученикот/ученичката:

да знае да се претстави себеси, што умее, што може, што сака; да ја јакне самодовербата во своите постапки и способности; да спознава дека секој има свое мислење/ различно или исто со другите да ја сфати функцијата на правилата за заедничко живеење да учествува во донесувањето на правилата на однесување во училиштето да ги применува правилата во училиштето и животот; да спознава дека секој човек има права и одговорности

ТЕМА : ЖИВОТОТ И РАБОТАТА ВО УЧИЛИШТЕТО (8 ЧАСА)Ученикот/ученичката:

да знае како е организирано училиштето да знае што работат наставниците/ директорот, службите во училиштето; да ги запознава правилата за однесување во училиштето да развива чувство за меѓусебно почитување, помагање, соработка; да го разбира значењето на зборовите одговорност, праведност; приватност да разликува лично и заедничко одговорно да се однесува кон своите и заедничките работи во училиштето да ги запознава празниците поврзани со верската и државната традиција да се поттикнува за учество во прославите.

ТЕМА : МОЕТО МЕСТО (8 ЧАСА)Ученикот/ученичката:

да ги прошири знаењата за поважните особености на местото во кое живее (град, село, населба)

да ги препознава и именува позначајните објекти во непосредната околинаи да се ориентира според нив;

да препознава и споредува нови и стари градби да развива интерес и почит кон традицијата и културното наследство да ја запознае културната различност во своето место на живеење да развива чувства на припадност кон својата татковина да се запознава со позначајните природни убавини

ТЕМА : МОЈОТ ДОМ (8 ЧАСА)Ученикот/ученичката:

даги запознае роднинските врски во потесното и поширокото семејство; да знае дека постојат еднакво вредни различни видови на семејно живеење

(семејства со еден родител, дом семејство, институција семејство); да ја знае функцијата на просториите во домот,да знае и именува дел од мебелот и

апаратите во домот и нивно правилно користење; да воочува и избегнува опасности, да развива чувство на одговорност кон својата

безбедност и безбедноста на другите

Page 19: Godisen Globalen Plan2015-16.doc

ОOУ „КРУМ ТОШЕВ- Скопје

да разликува елементарни непогоди,да знае како да се заштити и да го научи телефонскиот број на пожарна, полиција

да се поттикнувана активно учество во одржувањето на личната хигиена и хигиената во домот;

да ги надминува родовите стереотипи за поделбата на обврските во семејството; да се запознае со начинот на одбележувањето на празниците во семејството; да се поттикнува активно да го користи слободното време.

ТЕМА : СООБРАЌАЈ (6 ЧАСА)Ученикот/ученичката:

да знае правилно и безбедно да се движи; да ги препознава и да ги почитува сообраќајните знаци во сообраќајот во реална

ситуација; да препознае крстосница и да знае како се преминува да ги продлабочи знаењата за видовите на сообраќајни средства; да воочува сличности и разлики на различните сообраќајни средства

2. СОДРЖИНИ:1. Умеам, можам, сакам, знам2. Што ми се допаѓа кај мене3. Разлики и сличности кај луѓето4. Деца и возрасни5. Раѓање и детство6. Период во развојот на човекот7. Правила во одделението8. Права и одговорности9. Простории во училиштето10. Вработени во училиштето11. Куќен ред12. Живот и работа во училиште13. Ние сме одговорни и праведни14. Грижа за ученички прибор15. Државни и верски празници16. Членови на семејство и роднини17. Простории и апарати во домот18. Опасности од електрични апарати19. Елементарни непогоди и заштита20. Местото во кое живеам21. Село и град и нивна поврзаност22. Институции во село и град23. Стари и нови градби24. Споменици на културата25. Македонија мојата татковина26. Движење по улица и пат27. Сообраќајни знаци28. Сообраќајни средства29. Пред крстосница30. Сообраќаен полицаец31. Безбедно во сообраќајот

Page 20: Godisen Globalen Plan2015-16.doc

ОOУ „КРУМ ТОШЕВ- Скопје

3. АКТИВНОСТИ И МЕТОДИ :- Вежби за опуштање и стекнување самодоверба преку самнопретставување, што

умее, што може, што сака; - Вежби за да ја јакне самодовербата во своите постапки и способности;- Вежби за да спознава дека секој има свое мислење/ различно или исто со другите- Вежби за да ја сфати функцијата на правилата за заедничко живеење- Вежби за да учествува во донесувањето на правилата на однесување во училиштето- Вежби за да ги применува правилата во училиштето и животот;- Вежби за да спознава дека секој човек има права и одговорности- Набљудување за да знае како е организирано училиштето- Набљудување за да знае што работат наставниците/ директорот, службите во

училиштето; - Вежби за да ги запознава правилата за однесување во училиштето- Вежби за да развива чувство за меѓусебно почитување, помагање, соработка; - Вежби за да го разбира значењето на зборовите одговорност, праведност; приватност- Вежби за да разликува лично и заедничко- Вежби за одговорно да се однесува кон своите и заедничките работи во училиштето- Вежби за да ги запознава празниците поврзани со верската и државната традиција- Вежби за да се поттикнува за учество во прославите.- Вежби за да ги прошири знаењата за поважните особености на местото во кое живее

(град, село, населба)- Вежби за да ги препознава и именува позначајните објекти во непосредната околинаи

да се ориентира според нив;- Вежби за да препознава и споредува нови и стари градби- Вежби за да развива интерес и почит кон традицијата и културното наследство- Вежби за да ја запознае културната различност во своето место на живеење- Вежби за да развива чувства на припадност кон својата татковина- Вежби за да се запознава со позначајните природни убавини- Активности да ги запознае роднинските врски во потесното и поширокото семејство;- Активности да знае дека постојат еднакво вредни различни видови на семејно

живеење (семејства со еден родител, дом семејство, институција семејство); - Активности да ја знае функцијата на просториите во домот,да знае и именува дел од

мебелот и апаратите во домот и нивно правилно користење;- Активности да воочува и избегнува опасности, да развива чувство на одговорност кон

својата безбедност и безбедноста на другите- Активности да разликува елементарни непогоди,да знае како да се заштити и да го

научи телефонскиот број на пожарна, полиција- Активности да се поттикнувана активно учество во одржувањето на личната хигиена и

хигиената во домот; - Активности да ги надминува родовите стереотипи за поделбата на обврските во

семејството;- Активности да се запознае со начинот на одбележувањето на празниците во

семејството;- Активности да се поттикнува активно да го користи слободното време.- Активности да знае правилно и безбедно да се движи;- Активности да ги препознава и да ги почитува сообраќајните знаци во сообраќајот во

реална ситуација;- Активности да препознае крстосница и да знае како се преминува- Активности да ги продлабочи знаењата за видовите на сообраќајни средства;

Page 21: Godisen Globalen Plan2015-16.doc

ОOУ „КРУМ ТОШЕВ- Скопје

- Активности да воочува сличности и разлики на различните сообраќајни средства

4. ФОРМИ НА РАБОТА:- заедничка;- групна;- работа во парови- индивидуална

5. НАСТАВНИ СРЕДСТВА:- учебник;- непосредна околина- дидактички средства и материјали- истражувачки катчиња- визуелни средства ( слики, апликации, фолии, паноа, огласни таб, географска и релјефна

табла на Р.Македонија, модели макети)- сликовници, енциклопедии, списанија, и сл.- интернет- аудио-визуекни средства (графоскоп, дигитален фотоапарат, дигитална камера, телевизор,

ДВД-плеер, видео-плеер, компјутер, ЛЦД проектор и други средства)

6. СОРАБОТКА СО:- стручен актив;- стручни служби;- локална средина;- други институции;- родители;

7. ОЧЕКУВАНИ ПОСТИГНУВАЊА: Ученикот/ ученичката:

- да знае да се претстави себеси, што умее, што може, што сака; - да ја јакне самодовербата во своите постапки и способности;- да спознава дека секој има свое мислење/ различно или исто со другите- да ја сфати функцијата на правилата за заедничко живеење- да учествува во донесувањето на правилата на однесување во училиштето- да ги применува правилата во училиштето и животот;- да спознава дека секој човек има права и одговорности- да знае како е организирано училиштето- да знае што работат наставниците/ директорот, службите во училиштето; - да ги запознава правилата за однесување во училиштето- да развива чувство за меѓусебно почитување, помагање, соработка; - да го разбира значењето на зборовите одговорност, праведност; приватност- да разликува лично и заедничко- одговорно да се однесува кон своите и заедничките работи во училиштето- да ги запознава празниците поврзани со верската и државната традиција- да се поттикнува за учество во прославите.- да ги прошири знаењата за поважните особености на местото во кое живее (град, село,

населба)- да ги препознава и именува позначајните објекти во непосредната околинаи да се

ориентира според нив;

Page 22: Godisen Globalen Plan2015-16.doc

ОOУ „КРУМ ТОШЕВ- Скопје

- да препознава и споредува нови и стари градби- да развива интерес и почит кон традицијата и културното наследство- да ја запознае културната различност во своето место на живеење- да развива чувства на припадност кон својата татковина- да се запознава со позначајните природни убавини- даги запознае роднинските врски во потесното и поширокото семејство;- да знае дека постојат еднакво вредни различни видови на семејно живеење (семејства

со еден родител, дом семејство, институција семејство); - да ја знае функцијата на просториите во домот,да знае и именува дел од мебелот и

апаратите во домот и нивно правилно користење;- да воочува и избегнува опасности, да развива чувство на одговорност кон својата

безбедност и безбедноста на другите- да разликува елементарни непогоди,да знае како да се заштити и да го научи

телефонскиот број на пожарна, полиција- да се поттикнувана активно учество во одржувањето на личната хигиена и хигиената во

домот; - да ги надминува родовите стереотипи за поделбата на обврските во семејството;- да се запознае со начинот на одбележувањето на празниците во семејството;- да се поттикнува активно да го користи слободното време.- да знае правилно и безбедно да се движи;- да ги препознава и да ги почитува сообраќајните знаци во сообраќајот во реална

ситуација;- да препознае крстосница и да знае како се преминува- да ги продлабочи знаењата за видовите на сообраќајни средства;- да воочува сличности и разлики на различните сообраќајни средства

8. МОЖНОСТИ ЗА ИНТЕРАКТИВНО ПЛАНИРАЊЕ СО:- Македонски јазик– кога чита текстови за разни настани, случки, описи и сл. - Ликовно образование – илустрирање на текст, случки, појави и сл.- Музичко образование – слушање музика и пеење песни поврзани содржински со општество.

9. ОЦЕНУВАЊЕ НА ПОСТИГНУВАЊАТА НА УЧЕНИЦИТЕ

Следење на постигнувањето на учениците:Во текот на наставата редовно се следат и вреднуваат постигнувања-та на учениците, се прибираат показатели за нивните активности, мотиви – раноста за учење, соработка со другите (формативно оценување). Оваа компонента е составен дел на планирањето на наставата и учењето, врз основа на претходните искуства и знаења на учениците – дијагностичко оценување.

Начин на проверување и оценување:Описно оценување:- опсервација на ученикот- мотивација, интереси, активности, соработка, почитување на другите

Page 23: Godisen Globalen Plan2015-16.doc

ОOУ „КРУМ ТОШЕВ- Скопје

- водење на развојно и аналитичко портфолио за секој ученик- користење на евидентни и чек листи- детски изработки, поединечни и групни- контролни работи, тестови на знаење- примена на листи за аналитичко оценување на истражувачки активностити- микросумативно оценување- сумативно оценување на крајот од годината за постигнувањата на секој ученик

Наставни форми: групна индивидуална работа во парови – тандем фронтална

Наставни методи: метод на игра метод на набљудување метод на истражување монолошка дијалошка метод на дискусија текст метод метод на покажување ( слики, предмети, апликации, играчки и сл.) илустративен метод метод на практична работа.

Забелешка: При реализација на часовите можни се отстапувања од глобалниот план и програм.

Page 24: Godisen Globalen Plan2015-16.doc

ОOУ „КРУМ ТОШЕВ- Скопје

ГОДИШЕН ГЛОБАЛЕН ПЛАН ЗАЛИКОВНО ОБРАЗОВАНИЕ

во II одделение

Page 25: Godisen Globalen Plan2015-16.doc

ОOУ „КРУМ ТОШЕВ- Скопје

ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТ Ликовно образование

ПРОГРАМСКО ПОДРАЧЈЕ Време на реализација број на часови

1. Цртање IX, X, XI, XII, I, II, III, IV, V, VI 20

2. Сликање X, XI, XII, II, III, IV, V, VI 16

3. Печатење X, XII, III, V 8

4. Моделирање XII, III, V 6

5. Обликување II, IV 4

6. Ликовно истражувачки активности

XI, II, IV, VI 8

ВКУПНО 72

ГЛОБАЛНИ ЦЕЛИ да применува разни материјали и техники за цртање, сликање, моделирање, градење

визуелни комуникации во ликовното изразува-ње; самостојно и слободно да ги искажуа своите сознанија, доживувања и впечатоци, мисли

и фантазии со помош на ликовниот јазик и творештво; да прави избор на идеја, активност и средства; да составува ликовна творба; да умее да искажува различни емоции преку ликовното изразување; да културно-хигиенско-технички и работни навики; да развива потреба за чување и облагородување на својата околина; да умее вербално да ја објасни ликовната творба; да користи компјутерска техника за цртање линии и разни форми.

ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ ПО ТЕМИ

ТЕМА - „ЦРТАЊЕ“ - орентационо 20 часа да се поттикнува преку цртежот да искажува мисли и расположение; да стекнува навика за правилно држење на телото; да ги препознава и и менува подлогите и цртачките материјали; да развива чувство за линија; да воочува и разликува форми, линии и големини во просторот; да применува контурни линии; да го опишува со свои зборови цртежот; да црта мотив од народното творештво – вез, шара и сл;

Page 26: Godisen Globalen Plan2015-16.doc

ОOУ „КРУМ ТОШЕВ- Скопје

ТЕМА - „СЛИКАЊЕ“ - орентационо 28 часа да развива одет за присуство на бојата на предметите во природата и уметничките

дела; да ракува правилно со сликарски материјал – четка, хартија, ткаенина; да ги знае основните бои и да ги применува за добивање на секундарни бои; да изразува контраст – светло, темно; да ги развива и негува хигиенско – техничките и работните навики:

АЊЕ НА ПОСТИГАЊАТА НА УЧЕНИЦИТЕТЕМА - „ОБЛИКУВАЊЕ ВО ПРОСТОРОТ, МОДЕЛИРАЊЕ И ГРАДЕЊЕ“ - орентационо 10 часа

да се оспособува за моделирање; да ја истражува околината и да ги забележува ликовните карактеристики на формите; да ги открие карактеристиките на материјалите; да моделира тридимензионални форми; да стекнува искуство за карактеристиките на предметите – голем, мал, аглест,

валчест; да се оспособува за правилно користење на средствата за моделирање; да види скулптура.

ТЕМА - „ПЕЧАТЕЊЕ“ - орентационо 6 часа да избира предмети со кои ќе печати; да учествува во изработка на печатите; да печати со природни материјали; да изработи самостојно монотипија.

ТЕМА - „ ВИЗУЕЛНА КОМУНИКАЦИЈА И ДИЗАЈН“ - орентационо 8 часа да воочува ликовни вредности – украси, шари, боја; да дизајнира предмети за секојдневна употреба; да се запознава со примената на ИКТ при изработка на дизајн.

Организациони форми на работа: Индивидуална Групна Фронтална Тандемска

Методи на работа: Метод на усно излагање Метод на разговор Метод на демонстрирање Метод на работа со текст

Место на реализација: Училница Училишен двор Непосредната околина Пошироката средина

Средства за работа :

Page 27: Godisen Globalen Plan2015-16.doc

ОOУ „КРУМ ТОШЕВ- Скопје

- Разни извори на учење од непосредната околина (предмети во природата и околината);- Дидактички средства и материјали;- Визуелни средства (предмети од непосредната околина, репродукции, детски творби, апликации и сл);- Слајдови, сликовници, списанија;- Аудио-визуелни средства (ТВ, ДВД-плеер, видеоплеер, дигитален фотоапарат, компјутер и др. средства);- Интернет, образовни совтвери.ДДИДГЛЛКЈЌЈДднпќоижќкжМУЗИЧКО ОБРАЗОВАНИЕ

Активности на работа: Разговор (дијалог) наставник – ученик; Набљудување (директно или преку фотографии или др. визуелни средства) на природен

(езеро, река, планина) и функционален (куќа, соба, предмет) простор и воочување разлики Набљудува и допира предмети Набљудува, доживува и коментира цртежи Набљудува и открива бои и тонови, нивните односи и тие искуства ги користи при

сликањето Цртање линии, плоштини, луѓе, животни, случки од секојдневието, годични времиња,

симетрични и асиметрични форми Слика со ахроматски бои Применува градација на тонови Набљудува во околината и забележува светло-темно, црно-бело Изработува шаблони за печатење од картон и самостојно печати Лепе, врзува, составува предмети Ликовно истражува, комбинира, креира со компјутер

Оценување на постигањата на учениците:Во текот на наставата редовно се следат и вреднуваат постигањата научениците, се прибираат показатели за нивните активности, мотивираноста заликовно творење, ангажираноста на учениците, посветеноста во работата, како и тимската работа.При следење на постигањата на учениците треба да се внимава кониндивидуалниот пристап во постигањата на секое дете поединечно.На крајот на годината се изведува сумативна описна оценка

Забелешка: При реализација на часовите можни се отстапувања од глобалниот план и програм.

Page 28: Godisen Globalen Plan2015-16.doc

ОOУ „КРУМ ТОШЕВ- Скопје

ГОДИШЕН ГЛОБАЛЕН ПЛАН ПО МУЗИЧКО ОБРАЗОВАНИЕ

во II одделение

Page 29: Godisen Globalen Plan2015-16.doc

ОOУ „КРУМ ТОШЕВ- Скопје

Музичко образование

ПРОГРАМСКО ПОДРАЧЈЕ Време на реализација број на часови

1. Пеење IX, X, XI, XII, I, II, III, IV, V, VI 20

2. Музика и движење IX, X, XI, XII, I, II, III, IV, V, VI 25

3. Слушање музика IX, X, XI, XII, I, II, III, IV, V, VI 12

4. Свирење на детски музички инструменти

X, XII, III, V 4

5. Основи на музичката писменост

XI, II, III 3

6. Основи на детското музичко изразување и творење

X, XI, XII, II, III, IV, V, VI 8

ВКУПНО 72

ГЛОБАЛНИ ЦЕЛИ:да рзвива правилен пејачки став ( седење, држење, дишење); да развива навика за културно пеење – умерено пеење без гримаси, дигање на

рамена и викање;да пее песни со разновидна ритмичко-мелодиска линија;да се оспособува за активно слуша музика;да препознава музика од различни инструменти;да памети, повторува и користи движења во музичко-ритмичките активности;да идентификува и употребува ритам;да знае некои детски музички инструменти и да умее да свири на нив;да создава интерес за изведување на звучни ефекти, спонтани импровизации на

кратки музички мотиви;да се воведува во музичкото творештво;да умее музички да се изрази.

Page 30: Godisen Globalen Plan2015-16.doc

ОOУ „КРУМ ТОШЕВ- Скопје

1. ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ - ПРОГРАМСКО ПОДРАЧЈЕ - ПЕЕЊЕ (20 часа )Ученикот/Ученичката- да стекнува навики правилно да го држи телото при пеење;- да развива осет за ритам и да идентификува определен ритам;- да развива интерес за пеење;- да се оспособува да пее песни различни по содржина иа карактер;- да разговара за содржината на песните.

2. СОДРЖИНИ:- Правилен став при пеење;- Ритам;- Пеење песни (детски, уметнички, народни, поврзани со државни и верскипразници) различни по содржина и карактер, до две строфи:

3. СОДРЖИНИ ПРЕДВИДЕНИ ЗА ОБРАБОТКА:- Добре дошле деца мили;- Ајде, ајде маченце;- Есен; Играле ергени; Meца- Пристигна Новата година; Дедо Снешко;- Пеење на изучените песни- Стани, стани детенце;- Mајка: пеење и свирење; Пролет- Пчелка; Зајаче; Штурче; Пеење на изучените песни по избор

4. АКТИВНОСТИ:- Вежби за правилно пеење, држење на телото, вежби за дишење; (да пее без напрегање, умерено, без гримаси, дигање на рамената, без викање и др);- Изведба на бројалки и брзозборки со точен ритам и јасна дикција (пр. бројалки и брзозборки познати на децата)- Пеење песни различни по содржина и карактер (пр.детски песни, песни за природата и промените во природата, народни песни и др.)- Пеење песни различни по содржина и карактер, до две строфи

1. ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ - ПРОГРАМСКОТО ПОДРАЧЈЕ - МУЗИКА И ДВИЖЕЊА (23 часа)Ученикот/Ученичката- да се поттикнува да ги усогласи своите движења со музичките карактеристики;- да развива осет за ритам;- да се поттикнува да изведува движења според однапред утврдена кореографија;- да запознава и изведува едноставни народни ора;- да се поттикнува за учество во елементарни музички драматизации.

Page 31: Godisen Globalen Plan2015-16.doc

ОOУ „КРУМ ТОШЕВ- Скопје

2. СОДРЖИНИ:- Музичко ритмички чекорења ( чекорење, марширање, потскокнување);- Музички игри;- Танцување- Елементарни музички драматизаци ( со користење на танц и пантонима).

3. АКТИВНОСТИ:- Комбинирање на чекорење и потскокнување (со промена на темпо, правец на движење, различни видови на престројување;- учество во музички игри;- изведба на едноставни танци и ора;- учество во елементарни музички драматизации на песна, на инструментална композиција по избор.

1. ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ - ПРОГРАМСКОТО ПОДРАЧЈЕ - СЛУШАЊЕ МУЗИКА (11 часа )Ученикот/Ученичката:- да слуша и препознава: класична, народна и музика за деца;- да го препознава карактерот на музиката ( весела,тажна, брза, бавна и др.);- да разговара за музиката што ја слуша;- да препознава народни песни и ора;- да слуша и препоизнава звуци на одредени музички инструменти.

2. СОДРЖИНИ:- Слушање класична и народна како и музика за деца;- слушање музички фолклор (народни - песни и ора од својатаетничка заедница - и од другите заедници).- Содржини предвидени за обработка- Химна на Република Македонија- Моето коњче- Петел и кокошки- Дивиот јавач- Тага за ластовичката- Танц на снегулките- Крокодил- Пролетен ветрец- Пролетна песна- Роден крај- Игра во полето- Слушање музика по избор на учениците

3.АКТИВНОСТИ:- слушње класична музика( Моцарт);- слушање музика за деца( Т. Прошев „Музичка сликовница“- песнички од детски фестивали;- народна музика(песни и ора од различни етнички заедници)- запознавање на звучноста на музичките инсрументи преку слушање на музички дела или фрагменти (пијано, виолина, гајда, тамбура, тапан, кавал).

Page 32: Godisen Globalen Plan2015-16.doc

ОOУ „КРУМ ТОШЕВ- Скопје

1. ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ - ПРОГРАМСКОТО ПОДРАЧЈЕ - СВИРЕЊЕ НА ДЕТСКИМУЗИЧКИ ИНСТРУМЕНТИ (4 часа )Ученикот/ученичката- Да развие осет за ритам;- да се запознае со начин на свирење на одредени ДМИ;- да повторува кратки ритмички мотиви;- да придружува позната песна со одредени музички инструменти.

2.СОДРЖИНИ:- Запознавање со ДМИ - ракување и свирење- Свирење на учените песни – ритмичка придружба- Свирење на ДМИ еднакви, подолги и пократки ритмички траења (1:1, 1:2,2:1)- Свирење на ДМИ – високо и ниско (сол, ми, ла)

3. АКТИВНОСТИ:- Свирење на ДМИ направени од природни материјали- Изведфба со детски ритмички инструменти ( стапчиња, тропалки, чинели,барабанче, триангл;- Едноставна придружбана познати песни со ДМИ.

1. ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ - ПРОГРАМСКОТО ПОДРАЧЈЕ - ОСНОВИ НА МУЗИЧКАТАПИСМЕНОСТ (ОМП) (5 часа )Ученикот/Ученичката- да ги препознава високите и ниските тонови;- да препознава: еднакви, подолги и пократки траења:

2. СОДРЖИНИ:- Воочување звучни појави: шум, звук, тон;- Траења: 1:1, 2:1 и обратно со пригодни симболи;- Претставување на различни тонски височини: високо-ниско сол-ми) и мотив: сол, ла, сол (довикување).

3. АКТИВНОСТИ:- Препознавањед на високи и ниски тонови преку музички примери и музички игри;- препознавање на еднакви кратки и долги траења преку:предмети слики и едноставни графички симболи.

1. ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ - ПРОГРАМСКОТО ПОДРАЧЈЕ - ОСНОВИ НА ДЕТСКО МУЗИЧКО ИЗРАЗУВАЊЕ (9 часа )Ученикот/Ученичката- Да се поттикнува детското музичко изразување со: глас, свирење и движење;- да стекнува сигурност и самодоверба во сопственото музичко изразување;- да покажува спремност за тимско работење.

2. СОДРЖИНИ:- Подржување и имитирање на звуци од природата- Детско музичко изразување - дополнување, пеење и свирење еднакви ритмички траења и пократки (1:1, 1:2, 2:1 )

Page 33: Godisen Globalen Plan2015-16.doc

ОOУ „КРУМ ТОШЕВ- Скопје

- Детско музичко изразување - дополнување, пеење, свирење, ликовно изразување

3. АКТИВНОСТИ :- Самиот ученик/чка на обработена песна создава сопствена кореографија со движења на телото, рацете или одредени чекори;- Креативно изразување на разни жанрови на музика;- Учество во активности во кои уч. одговараат со пеење ;- Учество во активноси преку ликовно изразување н а впечатоци од слушана музика.

4. МЕТОДИ НА РАБОТА:- метод на набљудување и истражување;- говорен метод (монолошки, дијалошки и метод на дискусија);- метод на демонстрација (серии слики, предмети, фотографии, апликации и сл.);- илустративен метод;

5. ОРГАНИЗАЦИОНИ ФОРМИ НА РАБОТА:- заедничка;- групна; - индивидуална;- работа во парови - тандеми

6. НАСТАВНИ СРЕДСТВА:- методски прирачници за реализација на наставата и воспитно-образовната дејност;- детски музички инструменти;- дидактички средства и материјали;- визуелни средства ( слики, фотографии, апликации, модели);- разни извори на учење од непосредната околина (предмети во природата и околината)- аудио - визуелни средства (телевизор, видео, ДВД и ЦД - плеер, дигитален фотоапарат,

компјутер); - Интернет, образовени софтвери:TOOLKID

7. ОЦЕНУВАЊЕ НА ПОСТИГАЊАТА НА УЧЕНИЦИТЕ Согледување на иницијалната состојба на ученкот: неговите претходни искуства,

знаења и вештини; следење и вреднување на постигнувањата на секој ученик; водење на портфолио за секој ученик за неговите активности, мотивираност за

музичко изразување, ангажираност, посветеност во работата, како и тимската работа (формативно оценување);

водење и користење на евиденциони и чек листи, анегдотски белешки; сумативна описна оценка на крајот на годината.

Забелешка: При реализација на часовите можни се отстапувања од глобалниот план и програм.

Page 34: Godisen Globalen Plan2015-16.doc

ОOУ „КРУМ ТОШЕВ- Скопје

ГОДИШЕН ГЛОБАЛЕН ПЛАН ПО ФИЗИЧКО И ЗДРАВСТВЕНО ОБРАЗОВАНИЕ

во II одделение

Page 35: Godisen Globalen Plan2015-16.doc

ОOУ „КРУМ ТОШЕВ- Скопје

Физичко и здравствено образование

ПРОГРАМСКО ПОДРАЧЈЕ Време на реализација број на часови

1. Вежби за организирано поставување и движење

IX 9

2. Вежби за оформување на телото и движењата

IX, X, XI, XII, I, II, III, IV, V, VI

секој час

3. Основи на атлетиката IX, X, XII, I, II 39

4. Основи на гимнастиката II, III, IV, V, VI 34

5. Игри VI 20

6. Изборни теми - во договор со родителите

излети, пешачење, возење велосипед, активности на снег (спортски школи и проекти)

6

ВКУПНО 108

ГЛОБАЛНИ ЦЕЛИ да се оспособува за правилно држење на телото преку соодветни вежби; да изведува правилни и координирани природни движења со рацете, нозете и другите

делови на телото за оптимална функција на локомоторниот апарат; да совладува нови моторички елементи од основите на атлетиката и гимнастиката; да развива осет за ритам при изведување на игри и танци; да ги знае и почитува правилата на одредени игри и поседува фер однос; да ја развива моторичката координација и ориентација во просторот; да учествува во тимско изведување на вежбите и игрите; да учествува во активности по свој избор; да има позитивен став кон физичките активности и спортувањето.

1. ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ ПО ПРОГРАМСКИ ПОДРАЧЈА - ТЕМА - „ВЕЖБИ ЗА ОРГАНИЗИРАНО ПОСТАУВАЊЕ И ДВИЖЕЊЕ“

да го усовршува поставувањето во колона по еден и двајца во одење и трчање; да ја развива координацијата и насоченото движење во просторот; да се оспособува да одржува растојание во колона и редица; да ги доживува физичките активности како пријатни.

2. СОДРЖИНИ:- увежбување на поставување во колона по еден и двајца;- застанување во две редици;- движење во колона право , цик – цак и кружно ( по обележани геометриски форми);- формирање групи во одбележан простор

Page 36: Godisen Globalen Plan2015-16.doc

ОOУ „КРУМ ТОШЕВ- Скопје

3. АКТИВНОСТИ:- учениците да се поставуваат во една редица, во две редици, во колоно по еден и двајца, да се движат во колонапо еден и двајца, трчање право и кружно;- учениците да се движат по обележани линии, по кои го одржуваат правецет на движењето;- изведуваат игри воз, движењеколони автомобили, птици и др;- учениците се групираат во помали групи за изведување на моторички движења и вежбисо одредени правила на игра;- изведување на активности во одбележан простор со мали групи.

1. ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ ПО ПРОГРАМСКИ ПОДРАЧЈА - ТЕМА - „ВЕЖБИ ЗА ОФОРМУВАЊЕ НА ТЕЛОТО И ДВИЖЕЊАТА“

да се поттикнува да изведува вежби со рацете, нозете и трупот; да се поттикнува правилно да изведува вежби за јакнење, лабавење, и истегнување; да го развива чувството за естетско изведување на движењата; да се поттикнува да изведува вежби сообразно со определен ритам и темпо; да ги изведува правилно вежбите во седење, полулежење и лежење на стомак и грб.

2. СОДРЖИНИ:- вежби за рацете и рамениот појас;- вежби за карлицата и нозете;- вежби за трупот;- посебни комплекси вежби со превентивно влијание за телесни деформитети.

3. АКТИВНОСТИ:- вежби за оформување на телото и движењата;- превентивни вежби за предиспонираноста на учениците кон определени телесни деформитети (кифоза, сколиоза);- вежби за симетричен реазвој и правилно држење на телото.

1. ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ ПО ПРОГРАМСКИ ПОДРАЧЈА - ТЕМА - „ОСНОВИ НА АТЛЕТИКАТА“

да го увежбува одењето и трчањето; да ги развива мускулите на рамениот појас, рацете, трупот, карлицата и нозете; да го развива чувството за темпо и рамнотежа; да ја развива способноста за општа подвижност и координирано движење во

просторот; да ја користи техниката на отскокнување и доскокнување; да ја совлада техниката на фрлање и фаќање; да ја развива прецизноста.

2. СОДРЖИНИ:- одење со промена на ритамот, долги икртки чекори, (бавно, умерено и брзо)- одење во разни правци: наперед назад, бочно во една и во друга страна;- видови трчање во: колоно по еден и двајца;- скокање од место и со залет;- скокање во височина;

Page 37: Godisen Globalen Plan2015-16.doc

ОOУ „КРУМ ТОШЕВ- Скопје

- фрлање и фаќање топче;- фрлањ топче во цел;- фрлање во далечина;- игри во место и во движење.

3. АКТИВНОСТИ:- активности и штафетни игри со одење и трчање во определен правец: одење на лево, на десно, напре, назад, одење и трчање во природни услови: игри со скокање и потскокнување, топнозе, со една и друга нога; пр . играње дама;- разни видови скокања со јаже, ластик;- доскокнување на мека подлога;- фрлање на топче во далечина , цел и во кош,- префрлување топка преку ниска мрежа со погодување на цел.

1. ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ ПО ПРОГРАМСКИ ПОДРАЧЈА - ТЕМА - „ОСНОВИ НА ГИМНАСТИКАТА“

да увежбува правилно лазење и тркалање околу надолжната оска, лево и десно; да развива чувство за движење на партер, да се поттикнува за движење со завртување; да ја совладува техниката на правилно дигање и носење и заедничко носење на

предмети; да ја развива силата и подвижноста; да се воведува во естетско и елегантно држење на телото.

2. СОДРЖИНИ:- тркалање (преку надолжната оска на телото во една и друга страна)- клацкалица: клацкање на грб и на стомак;- лазење;- одење и лазење;прескокнување преку јаже ластик и природни препреки;- дигање и носење;- влечење буткање и надвлекување.

3. АКТИВНОСТИ:- лазење низ жив тунел, лазење во парови, лазење во колона;- носење и изведување на основните гимнастички елементи ( со внимание на оптовареноста на ученикот при изведување на потешки елементи);- игри со одење, трчање, носење, пренесување, лазење, качување, тркалање и сл. со посебен акцент на умерена оптовареност.

1. ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ ПО ПРОГРАМСКИ ПОДРАЧЈА - ТЕМА - „ИГРИ“ да се поттикнува да учествува во игри и да ги почитува правилата на игрите; да ги развива психомоторние вештини: брзина, снаодливост, еластичност и др; да помага, соработува и комуницира; да развива култура во поддршката на својата екипа – навивање.

2. СОДРЖИНИ:- елементарни игри;- штафетни игри;

Page 38: Godisen Globalen Plan2015-16.doc

ОOУ „КРУМ ТОШЕВ- Скопје

- игри без граници;- народни и други игри.

3. АКТИВНОСТИ:- игри во кои се развива желбата за победа натпреварувачки дух, способностиза придонес во екипата, помагање, и навивање;- играње елементарни игри, штфетни игри, игри без граници и сл;- танцови игри проследени со музика.

4. ТЕМИ ВО ДОГОВОР СО РОДИТЕЛИТЕНеопходно е вклучување на родителите во процесот на воспитанието и образованието и активностите кои се во функција на здравјето и здравиот раст и развој на детето. Во ова подрачје, активностите излегуваат од редовната настава и часовниот систем на работа. Организацијата на овие активности се одвиваат исклучиво во согласност со родителите, директорот и наставниците на паралелката. Овие активности се реализираат со помош на стручно лице и се дефинираат сите активности во посебна програма во согласност со целите на темите кои се во наставната програма.

Теми кои можат да се реализираат со учениците во соработка со родителите:- Активности на вода- Активности на снег- Возење тротинет, велосипед и ролери- Активности во природа, излети, собирање плодови- Училишен спорт- Спортски школи- Исхрана и физичкиот развој

5. МЕТОДИ НА РАБОТА:- метод на игра;- говорен метод (монолошки, дијалошки и метод на дискусија);- метод на демонстрација;

6. ОРГАНИЗАЦИОНИ ФОРМИ НА РАБОТА:- заедничка;- групна; - мини хомогенизирани групи;- индивидуална;- работа во парови - тандеми

7. МЕТОДИ НА РАБОТА:- метод на игра;- говорен метод (монолошки, дијалошки и метод на дискусија);- метод на демонстрација;

8. ОРГАНИЗАЦИОНИ ФОРМИ НА РАБОТА:- заедничка;- групна; - мини хомогенизирани групи;- индивидуална;- работа во парови - тандеми

Page 39: Godisen Globalen Plan2015-16.doc

ОOУ „КРУМ ТОШЕВ- Скопје

9. НАСТАВНИ СРЕДСТВА:- гимнастички справи, душеци, различни топки, јажиња, палки, обрачи, аудио- визуелни средства (ТВ, ДВД- плеер, видеоплеер, компјутер, дидактички средства и материјали, разни извори на учење од непосредната околина (предмети во природата и околината), визуелни средства (слики, фотографии, апликации и сл.); Интернет, образовни софтвери.

10. ОЦЕНУВАЊЕ НА ПОСТИГАЊАТА НА УЧЕНИЦИТЕ Според поставените цели на наставната програма по физичко и здраственообразование, наставникот реализира описно оценување (дијагностичко,формативно, микросумативно и сумативно) при што во предвид ги има следнивекомпоненти:

усовршување на природните форми на движења, како и учење исовладување на други моторички елементи;

подигнување на психомоторните способности и способноста налокомоторниот апарат;

совладување на елементите од основите на алатката, гимнастиката, игрите иподрачјата по избор;

редовност, залагање, соработка и помагања на ученикот на часовите; фер-плеј однесување на часовите и натпредварите, почитување победа и

пораз како нормални појави на натпредварите; придонес во остварување на позитивни емоционални ефекти; почитување и исполнување на здраствено-хигиенските задачи во однос на

облеката, пред физичките активности и по нив; дисциплина, почитување на куќниот ред на спортската сала и училиштето и

исполнување на поставените задачи од страна на наставникот и други елементи кои наставникот ќе ги постави како специфика на условите за работа и оставрувањето на локалните интереси, како и договорот со родителите.За постигањата на учениците се води дневник за сите наведени компоненти одкои се извлекува оценката на ученикот. Оценката е описна, во неа се опфатенипостигања поврзани со елементите поставени со целта на наставната програма пофизичко и здраствено образование за второ одделение.

Забелешка: При реализација на часовите можни се отстапувања од глобалниот план и програм.

Page 40: Godisen Globalen Plan2015-16.doc

ОOУ „КРУМ ТОШЕВ- Скопје

ГОДИШЕН ГЛОБАЛЕН ПЛАН ПО ОБРАЗОВАНИЕ ЗА ЖИВОТНИ ВЕШТИНИ

(ЧАС НА ОДДЕЛЕНСКАТА ЗАЕДНИЦА)во II одделение

Page 41: Godisen Globalen Plan2015-16.doc

ОOУ „КРУМ ТОШЕВ- Скопје

ОБРАЗОВАНИЕ ЗА ЖИВОТНИ ВЕШТИНИ (ЧАС НА ОДДЕЛЕНСКАТА ЗАЕДНИЦА)

Програмска тема Број на часови

Време на реализација

1. ЈАС ЛИЧЕН РАЗВОЈ 7 X, XI

2. ЈАС И ТИ – ИНТЕРПЕРСОНАЛНИ ОДНОСИ 9 XI, XII, I, II

3. ЈАС И ДРУГИТЕ – ОПШТЕСТВЕНИ ОДНОСИ

11 II, III, IV

4. ЈАС И ЗДРАВЈЕТО 4 V, XII5. ЈАС И ОКОЛИНАТА 5 V, VI

ВКУПНО 36

1. ГЛОБАЛНИ ЦЕЛИУченикот/ученичката :

Да има позитивна слика за себе Да се гледа себеси како член на семејството и како ученик Да може да ги препознава сопствените емоции и да ги изразува на различни начини Да може да се соочи со загуба на миленик и да се справи со тагата и жалењето по тој

повод Да може да разликува сопствен успех и неуспех во учењето и да го прифаќа успехот

како резултат на личните залагања Да прифати дека секој има право на сопствено мислење и право да го искаже

сопственото мислење Да знае дека слободното време може да се користи на различни начини и со различни

цели Да ги прифаќа разликите меѓу луѓето во поглед на физичките карактеристики,

способности и потребите Да ги прифаќа другарите и другарувањето како важен дел од животот Да умее да разликува лага од вистина и да може да се воздржува од кодошење Да може да помогне кога некој ќе побара помош и да може да побара помош кога ќе

биде потребно Да умее да се заблагодари на пружената помош, да се извини кога ќе згреши и да

замоли за да добие нешто Да прави разлика меѓу намерни и ненамерни грешки во сопственото и туѓото

однесување и да ги согледа негативните последици од направените грешки

Page 42: Godisen Globalen Plan2015-16.doc

ОOУ „КРУМ ТОШЕВ- Скопје

Да ги поврзува пријатните и непријатните емоции со настаните како причина и со однесувањето како последица

Да може внимателно да слуша, без да прекинува и да упаѓа Да знае кои облици на вербално и невербално изразување се деструктивни и може да

се воздржи од нивно користење Да препознава насилничко однесување и да умее да се заштити од него и да побара

помош доколку е жртва на насилничко однесување Да може да понуди решение на конфликтот кое е правично и за двете страни Да препознава некои детски права и да умее да побара заштита при нивно прекршување Да ја прифаќа потребата од еднаков однос кон другите, без разлика на сличностите и

разликите Да умее да ги споделува своите интереси и потреби со другарите и да може да ги

сослуша нивните интереси и потреби Да знеа елементарни постапки за донесување одлуки во група и да може да учествува

во нивното донесување Да прифаќа дека може да се биде поинаков од другите членови на врсничката група,

особено кога треба да се избере меѓу правилни и неправилни видови активности Да може да предлага правила на однесување и да ги согледа сопствените грешки во

однесувањето Да умее да ја претстави својата земја во позитивно светло и да ги почитува симболите

на националниот идентитет Да знае за постоењето на различни народи и за некои големи достигнувања на

современиот свет Да разликува корисни од некорисни и соодветни од несоодветни емисии и медиумски

информации Да се идентификува со позитивни херои Да знае од кого може да побара заштита кога е загрозен и умее да го стори тоа Да разликува здрава од нездрава храна и да знае како правилно се консумира храната Да умее редовно да ги практикува основните хигиенски навики Да умее да користи едноставни заштитни мерки за да не ги разболе другите и прифаќа

совети од возрасните за заштита и лекување од болести и заболувања Да разликува машко и женско според биолошката градба и да знае како се раѓаат деца Да знае кои предмети, животни, растенија, постапки и ситуациии се опасни по здравјето

и безбедноста и да знае како треба да се однесува за да се заштити од повеќето од нив Да знае што треба да се прави за да се одржува хигиената бо домот, во училницата и во

тоалетните простории и да умеее да придонесе во одржувањето на хигиената Да разликува несоодветно од соодверно однесување кон растенијата и животните Да може да учествува во разубавувањето на училницата Да умее рационално да ја користи водата и електричната енергија

2. ЗАДАЧИ:- Развивање и негување склоност кон колективен живот - Чување на училишниот инвентар- Решавање на прашања во врска со наставата и другите воспитно - образовни

активности, активности во училиштето- Организирање и спроведување на здравствено - хигиенскиот живот во училиштето- Развивање иницијатива за решавање заеднички проблеми

3. СОДРЖИНИ ВО ТЕКОТ НА УЧЕБНАТА ГОДИНА

Page 43: Godisen Globalen Plan2015-16.doc

ОOУ „КРУМ ТОШЕВ- Скопје

1. Што е одделенска заедница?2. Работилница за 8-Септемв-ри3. Работилница III - 6.1: Правила на групата 4. Работилница V – 4.1: Нашата училница 5. Работилница V - 4.2: Ја разубавувам училницата6. Работилница I - 4.2: Како до успех? 7. Работилница II -1.2 - Роденденот на Орхан 8. Работилница II - 2.1: Моите другари 9. Работилница II - 4.2: Кога и од кого можам да побарам помош 10.Работилница II - 6.2: Љубов во семејството 11.Работилница II - 4.3: Децата од нашето одделение 12.Работилница V -5.1 : Еко патрола 13.Работилница II -5.1: Кога грешам 14.Работилница II - 8.1: Насилство – Стоп! 15.Работилница II - 6.3: Подарок без пари16.Зимски одмор – организира-ње на времето17.Работилница: V -3.2 : Зелен квиз18.Работилница V-5.2 : Соодветно- несоодветно19.Работилница II - 7.5: Како до подобар збор20.Работилница II - 9.1: Комфликт лево – комфликт десно21.Работилница IV- 1.3: Квиз со храна22.Работилница II - 4.2: Кога и од кого можам да побарам помош23.Работилница III-8.1 – Да го запознаеме светот24.Работилница V - 3.1: Што ми е потребно25.Работилница V-1.1:Препознаваме ризици26.Работилница IV-3.1 Кога сум болен27.Работилница IV-3.3: Вирусите бактериите и јас28.Работилница III – 10.1 – Мојот херој, мојата хероина29.Работилница III-7.2: Колку знам за Македонија?30.Работилница II – 3.1 Зборување зад грб31.Работилница V-1.2: Безбедно небезбедно32.Работилница II – 1.1 Бинго33.Работилница II – 2.3 Животните – моите другари34.Работилница II -7.1: Расипан телефон 35.Летен одмор - како да ги организираме деновите

4. ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ:Подобрување на меѓусебната комуникација, развивање на повисока свест заСвоите должности и обвески кон училиштето, постигнување повисоки резултати во учењето, градење на позитивни вредности како членови на општествената средина.

5. МЕТОДИДискусија со цела групаРабота во групиАнализа на приказниЦртањеАнализа на ситуации / случаи

Демонстрации и симулацијаИгровни активностиГлумење и играње улоги

Page 44: Godisen Globalen Plan2015-16.doc

ГОДИШЕН ПЛАН ЗА РЕАЛИЗИРАЊЕ НА ДОПОЛНИТЕЛНА И ДОДАТНА НАСТАВА

во II одделение

44

Page 45: Godisen Globalen Plan2015-16.doc

ГОДИШНО ПЛАНИРАЊЕ ЗА РЕАЛИЗИРАЊЕ НА ДОПОЛНИТЕЛНА И ДОДАТНА НАСТАВА

(2 часa неделно, 72 часа годишно)

Дополнителната и додатната настава се дел од воспитно – образовната работа, која училиштето ја организира за учениците на кои им е потербна помош при совладување на содржините, кои не можат да ги усвојат за време на редовната настава, по одредени предмети (дополнителна настава) и за оние ученици кои имаат потреба да ги продлабочат знаењата по одделни наставни предмети (додатна настава). Најчесто тоа се предметите: запознавање на околината, македонски јазик и математика.

ПЛАН ЗА ДОПОЛНИТЕЛНА И ДОДАТНА НАСТАВА:

НАСТАВНИ ПРЕДМЕТИ ПО КОИ ЌЕ СЕ ОДРЖУВА: Македонски јазик, Математика, Општество, Природни науки и Ликовно образование.

ЦЕЛИ НА ДОПОЛНИТЕЛНАТА И ДОДАТНАТА НАСТАВА: усвојување и повторување на наставните содржини по математика, македонски јазик, општество и природни науки кои учениците недоволно ги усвоиле во текот на редовната настава (дополнителна настава) и збогатување и продлабочувањље на знаењата кај оние ученици кои покажуваат интерес за одделни наставни предмети (додатна настава).

НАЧИН НА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ДОПОЛНИТЕЛНАТА И ДОДАТНАТА НАСТАВА: индивидуална и индивидуализирана работа.

ВРЕМЕНСКА РАМКА НА ДОПОЛНИТЕЛНАТА И ДОДАТНАТА НАСТАВА: во текот на цела учебна година, наизменично – по два часа неделно 91 час неделно за дополнителна и 1 час неделно за додатна настава).

НАЧИН НА СЛЕДЕЊЕ НА ЕФЕКТИТЕ ОД ДОПОЛНИТЕЛНАТА И ДОДАТНАТА НАСТАВА: евалуација, дневен формулар и чек листа за следење на усни и писмени одговори, изработки, извештаи, презентации, експерименти и сл.

ОПШТИ ЦЕЛИ ПО ПРЕДМЕТИ ЗА ДОПОЛНИТЕЛНА НАСТАВА :

МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК - да стекнува знаења за течно читање и правилно пишување со кирилично писмо;- да стекнува знаења за усно изразување и творење и збогатување на речникот; - да се оспособува да одговара на прашања и да поставува прашања поврзани со

даден текст;- да се оспособува самостојно да чита дел од книгата за лектира;

45

Page 46: Godisen Globalen Plan2015-16.doc

- да умее да воочи главни и споредни ликови од лектирата, да раскажува самостојно доживеани настани, настани според сликии според дадени зборови.

МАТЕМАТИКА - да стекнува знаења за решавање едноставни текстуални задачи; - да стекнува знаења за поимите собирок, збир, намалител, намаленик, разлика,

производ и множители; - да се оспособува да собира и одзема самостојно броеви до 20 и со помош до

100, да умее да множи и дели таблично до 5; - да именува и разликува геометриски тела и фигури; - решава едноставни задачи со мерки.

ОПШТЕСТВО - да стекнува знаења за себе, за возрасните, да прави разлика меѓу нив;- да стекнува знаења за правата и одговорностите;- да стекнува знаења за училиштето (простории, вработени, правила, прибор), за

празници и прослави;- да стекнува знаења за поимот семејство (потесно и пошироко);- да стекнува знаења за простории и апарати во домот и заштита од нив,- да стекнува знаења за елементарните непогоди и како да се заштити од нив;- да стекнува знаења за здрава храна и чување на здрвјето;- да стекнува елементарни знаења за сообраќајни знаци и средства;- да стекнува знаења за безбедно движење во сообраќајот;- да стекнува знаења за местото на живеење, разлики меѓу село и град и нивна

поврзаност;- да стекнува знаења за татковината.

ПРИРОДНИ НАУКИ- да стекнува знаења за поделба на животните и нивната животна средина;- да стекнува знаења за материјалите (својства), за видовите карпи, менување на

формата;- да стекнува знаења за извори на светлина, користење, сенки;- да стекнува знаења за електрично коло, електрична струја, да изработи

едноставно коло и корист од струјата;- да стекнува знаења за поимите Сончев систем, планети и ѕвезди, ден и ноќ,

движење на Земјата.

ОПШТИ ЦЕЛИ ПО ПРЕДМЕТИ ЗА ДОДАТНА НАСТАВА :

МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК - да ги воведе учениците во поорганизирано усно и писмено изразување и

творење и збогатување на речникот; - да се оспособува да одговара на прашања и да поставува прашања поврзани со

даден текст; - да се оспособува самостојно да ја чита книгата за лектира; - да ги анализира ликовите од лектирата, да раскажува доживеани настани,

настани според сликии според дадени зборови, да ги оспособува и упатува во

46

Page 47: Godisen Globalen Plan2015-16.doc

основните барања за анализа на текстовите;- да открива тематско-идејна основа на текстот.

МАТЕМАТИКА - со броен израз претставува проблемски ситуации и текстуални задачи од

секојдневниот живот; - користи термини (и операции) собирок, збир, намалител, намаленик, разлика,

производ и множители; - да се оспособува самостојно да собира и одзема броеви до 100;- да множи и дели таблично до 5; - да именува и разликува геометриски тела и фигури; - решава задачи со мерки.

ОПШТЕСТВО - да ги проширува стекнатите знаења за себе, за возрасните, да прави разлика

меѓу нив;- да ги проширува стекнатите знаења за правата и одговорностите;- да ги проширува стекнатите знаења за училиштето (простории, вработени,

правила, прибор), за празници и прослави;- да ги проширува стекнатите знаења за поимот семејство (потесно и пошироко);- да ги проширува стекнатите знаења за простории и апарати во домот и заштита

од нив,- да ги проширува стекнатите знаења за елементарните непогоди и како да се

заштити од нив;- да ги проширува стекнатите знаења за здрава храна и чување на здрвјето;- да ги проширува стекнатите знаења за сообраќајни знаци и средства;- да ги проширува стекнатите знаења за безбедно движење во сообраќајот;- да ги проширува стекнатите знаења за местото на живеење, разлики меѓу село и

град и нивна поврзаност;- да ги проширува стекнатите знаења за татковината.

ПРИРОДНИ НАУКИ- да ги проширува стекнатите знаења за поделба на животните и нивната животна

средина;- да ги проширува стекнатите знаења за за материјалите (својства), за видовите

карпи, менување на формата;- да ги проширува стекнатите знаења за извори на светлина, користење, сенки;- да ги проширува стекнатите знаења за електрично коло, електрична струја, да

изработи едноставно коло и корист од струјата;- да ги проширува стекнатите знаења за поимите Сончев систем, планети и

ѕвезди, ден и ноќ, движење на Земјата.

ЛИКОВНО ОБРАЗОВАНИЕ - да се поттикнува преку цртежот да искажува мисли, расположение; - да се охрабрува и мотивира да користи различни средствата и цртачкиот

47

Page 48: Godisen Globalen Plan2015-16.doc

материјал; - да развива чувство за линијата низ спонтано ликовно творење; - да воочува и разликува форми, линии и големини во природата; - да помни и применува контурна линија; - да го опишува со свои зборови цртежот (како го доживува); - да црта мотив од народното творештво (вез, шара и сл.);

48

Page 49: Godisen Globalen Plan2015-16.doc

Наставни методи: - монолошко-дијалошка, дескриптивна, илустративна, демонстративна,

аналитичко-синтетичка

Наставни форми: - фронтална, индивидуална, работа во парови, работа во групи

Наставни средства и помагала: - Учебник избран на ниво на училиштето за соодветниот предмет, одобрен од

страна на министерот- читанка- Енциклопедии, списанија; и сл.- Интернет, образовни софтвери - Дидактички материјали и помагала - Други извори на учење во непосредната околина: споменици на културата, музеи,

домови на културата, библиотеки, кина, театри, нацинални паркови итн.

МЕСЕЧНО ПЛАНИРАЊЕ НА ДОПОЛНИТЕЛНА И ДОДАТНА НАСТАВА

49

Page 50: Godisen Globalen Plan2015-16.doc

бр. М Предмет Вид на настава Наставна содржина

1. IX Македонски јазик Додатна Самостојно опишување случка од летниот распуст2. Математика дополнителна Броеви до 10 - Собирање едноцифрени броеви3. Македонски јазик Додатна Препознавање на мали и големи печатни букви

4. Македонски јазик дополнителнаОпишување на предмети – усно изразување со описни реченици

5. Природни науки Додатна Истражување за светлина и темнина 6. Математика дополнителна Броеви до 100

7. Математика ДодатнаРазложува десетки и единици и објаснува месна вредност во двоцифрен број

8. Математика дополнителна Собирање на броеви до 20

9. X Општество Додатна Изработка на плакат за правила во одделението

10. Македонски јазик дополнителна Вежби во читање

11.

XI

Македонски јазик Додатна Пишување зборови и реченици 12. Македонски јазик дополнителна Вежби во читање 13. Математика дополнителна Собирање во групи , правење групи14. Македонски јазик Додатна Вежби во изразно читање нови текстови15. Македонски јазик Додатна Творечки диктат 16. Македонки јазик дополнителна Пишување реченици 18. Математика Додатна Активности со броеви до 100 19. Македонски јазик дополнителна Дополнување и препишување на реченици20.

XII

Македонски јазик Додатна Читање на познати и непознати текстови21. Математика дополнителна Активности со броеви до 100 22. Македонски јазик Додатна Пишување реченици со дадени зборови23. Македонски јазик дополнителна Творечки диктат24. Македонски јазик Додатна Вежби во усно изразување: Ќе засадам дрвце25. Математика дополнителна Мерење должина во сантиметри 27. Математика Додатна Активности со работа со податоци (пиктограм)28. Македонски јазик дополнителна Вежби во читање

29. Природни науки Додатна Истражување со својства на материјали30. Македонски јазик Додатна Видови реченици31. Математика дополнителна Собирање и одземање

32. Македонски јазик ДодатнаПоставување прашања и одговор на поставени прашања

33. Македонски јазик дополнителна Вежби во изразно читање

34. Македонски јазик ДодатнаСамостојна работа: прераскажу-вање на текст „Врне снег“ по прашања.

35. Македонски јазик дополнителна Вежби – одговор на поставени прашања36. Македонски јазик Додатна Драматизација „Новогодишна бајка“

бр. М Предмет Вид на настава Наставна содржина

37. I Математика дополнителна Броеви до 20. Собирање и одземање 38.

Ликовно ДодатнаВоочува и разликува форми, линии и големини во природата-Зимски игри

39. Математика дополнителна Броеви до 100 - вежби Броеви до 100 - вежби

50

Page 51: Godisen Globalen Plan2015-16.doc

40. Македонски јазик Дододатна Свесно читање 41.

II Математика дополнителна Делење на еднакви делови - вежби

42. Македонски јазик Додатна Истражување народни песни 43. Математика дополнителна Множење - вежби 44. Македонски јазик Додатна Дополнување реченици со испуштени зборови 45. Општество дополнителна Повторување на темата 46. Македонски јазик Додатна Одговор на прашања од учен текст 47. Природни науки дополнителна Повторување на темата 48. III Македонски јазик Додатна Одговор на прашања од текст 49. Математика дополнителна Собирање и одземање чисти десетки до 100 50. Македонски јазик Додатна Творење - песни за овошје 51. Македонски јазик дополнителна Препишување на реченици со ракописни букви 52. Математика Додатна Подготовка за натпревар 53. Природни науки дополнителна Повторување за сенки 54.

Математика ДодатнаСобирање двоцифрени броеви до 100 и добивање равенства

55. Македонски јазик доплнителна Диктат на реченици со ракописни букви 56.

IV

Математика ДодатнаОдземање едноцифрени и двоцифрени броеви во обем на 100 со помош на бројна оска или табела

57. Македонски јазик дополнителна Вежби во изразно читање 58. Природни науки Додатна Истражување за време 59. Македонски јазик дополнителна Одговор на поставени прашања од учен текст 60. Математика Додатна Подготовка за натпревар 61. Македонски јазик дополнителна Препишување на реченици на ракописни букви 62. Природни науки Додатна Истражување за локални растенија 63. Општество дополнителна Повторување на темата

64.

V

Ликовно Додатна Mотив од народното творештво (вез, шара и сл.); 65.

Македонски јазик дополнителнаОдговор на прашања од народната приказна: „Најубавиот плод“

66. Природни наукиДодатна

Истражување за штедње и загадување на околината

67.Македонски јазик дополнителна

Прераскажување на расказ од лектирата „Зоки Поки“

68. Ликовно Додатна Користење други ликовни материјали 69. Македонски јазик дополнителна Граматичка вежба 70. Математика Додатна Текстуални задачи 71. Математика дополнителна Повторување на темата 72.

Природни наукидополнителна Повторување за живи суштества и животна

средина

51

Page 52: Godisen Globalen Plan2015-16.doc

Програма за работа со надарени ученици

Наставникот преку својата работа треба да го препознае и мотивира индивидуалниот развој на ученикот и да го поддржи талентираниот ученик.

Како прва фаза во работата со надарени ученици е нивно идентификување преку пополнување идентификациони листи. Втора фаза е идентификување на видот на надареност.Трета фаза е изработка на индивидуални програми.Четврта фаза е нивно реализирање.

Акцентот во Програмата за работа со надарени ученици се става врз методите и формите на работа кои ќе бидат насочени кон самостојно учење и користење информации, развивање на способност, избор на методи, умеења и постапки за доаѓање до нови знаења и решенија. Програмата ќе се реализира преку:

индивидуализација во наставата со учениците;

групна настава за учениците со приближно исти способности на редовните

часови и на часовите за додатна настава;

преку проектни активности;

организирање натпревари, конкурси и истражувачки активности;

организирање креативни работилници.

Цели:- да се препознаат и идентификуваат надарените ученици по видот на талентот;- да се откријат карактеристиките на надарените ученици; - практична работа со надарените ученици и нивно професионално насочување;- следење на развојот и напредокот на личноста на ученикот;- да се поттикнува мотивацијата кај учениците; - давање совети за родителите на надарени ученици;- развивање на способностите на ученикот за едно или повеќе подрачја, преку развој на нивните способности, интереси, мотивацијата и техники на учење;- учество на натпревари; - правилен психо-физички развој на личноста на надарениот ученик.

52

Page 53: Godisen Globalen Plan2015-16.doc

Македонски јазик; математика; муизичко образование

По

др

ач

ја н

а н

адар

ено

ст

и о

соб

ин

и н

а н

адар

ени

те

учен

иц

и

Специфични способност

Постои способност за одредени наставни и истражувачки области - имаат добра меморија, информирани се од повеќе подрачја, брзо усвојуваат знаења и вештини, брзо решаваат проблеми , брзо ги сваќаат новите содржини.

Творечки способности

Постои креативност и самостојност во донесувањето одлуки, флексибилно мислење, инвентивност, оригинални идеи, смисла за хумо, критичко размислување и решавање на проблеми на оригинален начин.

Општи интелектуални способности

Постои висок степен на интелигенција, богат речник, нови идеи, способност за апстрахирање, лесно учење.

Уметнички способности

Постои способност на моторна координација, да изразуваат чувство и преку музика, глума, танц и уметничка творба.

Социјални и вештини за управување

Прифаќаат одговорност, имаат способност да донесуваат одлуки, имаат високи очекувања од себе и другите, постои тенденција за доминација.

Информатички, медиумски и технолошки вештини

Покажуваат информатички способности при изрботка на проекти и примена на ИКТ во наставата.

Цели Содржина Време- Идентификување нa ученици и вид надареност преку пополнување идентификациони листи;- изработка на индивидуални програми;

- Иницијален тест за проверка на знаењата по предмети и одредување на нивото и насоки за напредување;

IX

- Индивидуализирање на наставата;- примена на современи наставни форми и методите;

- избор на задачи и давање на проектна или есејска работа, креативни работилници;-реализација на додатна настава и воннаставни активности;

X, XI, XII

- Утврдување на индивидуалните постигања подобрување на постигањата кај надарените ученици;

- користење инструменти за следење за утврдување на степенот на напредување на учениците;

I, VI

Учество на натпревари, конкурси и истражувачки активности

- учества на интерни и екстерни натпревари, на регионален и државен натпревар;

II, III, IV, V

53

Page 54: Godisen Globalen Plan2015-16.doc

Активности за 2015/16год.

Месец Наставна содржина

Септември - Иницијален тест за проверка на знаењата по предмети и одредување на ниво и насоки за напредување

- Разговор со ученици за одредени афинитети и содржини кои би сакале да бидат вметнати во програмата (кои се во нивни интерес)

Октомври - Математички игри

- Кореографски движења на песна по избор

Ноември - Eксперименти

- Истражување

Декември - Кореографски движења на песна по избор

- Изработка на разни предмети за декорација

Јануари - Решавање задачи од списание “Нумерус” и “Кенгур”

- Анализа на текст (по избор) со примена на активни техники

Февруари - Решавање задачи од списание “Нумерус” и “Кенгур”

- Решавање задачи од списание “Нумерус” и “Кенгур”

Април - Решавање задачи од списание “Нумерус” и “Кенгур”

- Учество во еко - проект

Мај - Анкета за најследени медиуми

- Кореографски движења на песна по избор

Јуни - Правиме брошура (по избор)

54

Page 55: Godisen Globalen Plan2015-16.doc

Ликовно образование

По

др

ач

ја н

а н

адар

ено

ст

и о

соб

ин

и н

а н

адар

ени

те у

че

ни

ци

Специфични способност

Постои способност за одредени наставни и истражувачки области - особено има талент за ликовната уметност.

Творечки способности

Постои голема доза на креативност, оригинални идеи, критичко размислување и решавање на проблеми од областа на уметноста на оригинален начин.

Општи интелектуални способности

Постои висок степен на интелигенција, богат речник, нови идеи, способност за апстрахирање, лесно учење.

Уметнички способности

Постои способност на моторна координација, да изразуваат чувство и преку музика, глума, танц и особено преку уметничка творба.

Социјални и вештини за управување

Прифаќа одговорност, има способност да донесува одлуки, има високи очекувања од себе и другите, постои тенденција за одредена доминација.

Информатички, медиумски и технолошки вештини

Покажува информатички способности при изрботка на проекти и примена на ИКТ во наставата.

Месец Наставна содржина

Септември - Иницијален ест за проверка на знаењата по предмети и одредување на ниво и насоки за напредување

- Разговор со ученичката за одредени афинитети и содржини кои би сакала да бидат вметнати во програмата (кои се во нејзин интерес)

- Откривање на тајните на различни ликовни техники

Октомври - Да ја украсиме училницата (изработка на декорации во функција на наставата)

- Декорирање на саксии со различни материјали

- Избор на техника и изработка на ликовна творба

Ноември - Изработка на разни предмети од отпаден материјал

- Декорирање на изработена одд.книга

55

Page 56: Godisen Globalen Plan2015-16.doc

Декември - Изработка на декорации за Нова година

- Изработка на декорации за Нова година

- Изработка на декорации за Нова година

Јануари - Избор на техника и мотив и изработка на ликовна творба

Февруари - Запознавање со техника Quiling

- Изработка на мотив со техниката

Март - Изработка на брошура: „Екологија“

- Изработка на ликовна творба со природни материјали

Април - Изработка на велигденски украси

- Подготовка за ликовне натпревар

- Учество на ликовен натпревар

Мај - Запознавање со техника Ibru

- Изработка на ликовна творба со техниката

- Изработка на часовници со нестандардни ликовни материјали

Јуни - Правиме брошура (по избор)

Дополнителни

активности за

мотивација

- Посочување на сајтови за проширување на знаењата и запознавање со техники во светот

56

Page 57: Godisen Globalen Plan2015-16.doc

ПРОГРАМАза соработка со родителите, локалната средина и други институции

СОРАБОТКА СО РОДИТЕЛИТЕ

- Вклучување на родителите во опремување на училницата и набавка на заеднички прибор за работа;

- Избор на членови во Советот на родители - претставници од паралелката;- Запознавање и прифаќање на куќниот ред на Училиштето;- Запознавање со целите, задачите и начинот на реализација на наставата;- Запознавање со наставниот план и програм за II одд. во учебната 2012/ 2013;- Договор за соработка и учество во помагање на родителите во реализација на

планираните посети, активности и набљуденија;- Договор за родителски средби и одредување приемен ден за индивидуални средби;- Информирање за постигнатиот успехот и резултатите во текот на учебната година;- Договор за зедничка прослава на Нова година;- Соработка за прослави на Патронатот и др. празници;- Соработка во организирање на разни хуманитарни акции;- Свечено доделување на свидетелства и награди на крајот од учебната година.

СОРАБОТКА СО ЛОКАЛНАТА СРЕДИНА

- Заеднички акции за зачувување на животната средина;- Соработка околу одбележување на државните и верските празници;- Учество на прослави и манифестации во организација на општина Центар;- Заеднички хуманитарни акции

СОРАБОТКА СО ДРУГИ ИНСТИТУЦИИ

Соработка со Советот за грижа на деца и младинци, домови на културата, спортски институции и итн.

Подготвување, планирање, задавање, следење и реализирање на

57

Page 58: Godisen Globalen Plan2015-16.doc

ДОМАШНИ ЗАДАЧИ

Во интерес на подобрување на квалитетот на наставниот процес и стекнување знаење се определува посебно подготвување, планирање, задавање, реализирање и следење на домашните задачи по сите наставни предмети. Со придржување кон дидактичките насоки се планираат и организираат подготвувањето и задавањето на домашните задачи, како и времето, начинот и вреднувањето на истите. Се задаваат задачи коишто се однесуваат на решавање на различни проблемски ситуации, практично се проверува знаењето, се потикнуваат учениците да бараат дополнителна литература и да прибираат информациии за различни проекти и слично. Ќе се поставуваат неколку видови домашни задачи, и тоа:

1. Според општата цел:1.1. Домашни задачи за продолжување на работата на часот - задачи за утврдување на новоучениот материјал. За нивно решавање учениците треба да применуваат вештини кои ги применувале во училницата.1.2. Домашни задачи како вовед во нова наставна единица - задачи и активности што непосредно ќе помогнат за воведување и совладување на новиот материјал, предвиден за наредниот час. Тоа се задачи со кои учениците се подготвуваат за совладување на материјалот кој претходно не е обработен.

2. Според дидактичката цел:2.1. Домашни задачи за репроруцирање на она што е работено на часот – наставниците треба да ги избегнуваат задачите кои бараат проста репродукција на знаењето, односно задачи кои се сведуваат на препишување формулации од учебникот.2.2. Задачи за примена на знаењето во нови ситуации - добрата домашна работа секогаш содржи и елементи на нешто ново, нешто што треба ученикот да го примени во новонастаната ситуација. Тоа ги насочува учениците повеќе да се интересираат и ги става во активен однос, како на пример да најдат нови примери за наученото правило, да ги изработат новите задачи на друг начин од оној што е работен во училиште итн.2.3. Задачи за систематизација на усвоениот наставен материјал од една или повеќе тематски целини - на пример, наставниците можат да ги зајакнат математичките вештини барајќи од учениците да наоѓаат геометриски форми во својот дом или да се избројат предметите како што се прозорците: вратите, приборот за јадење, ногарките на масите и столовите, а потоа истите да се применуваат на математичките операции (множење, делење, собирање или одземање). Наставниците можат да побараат од учениците и да читаат весници, списанија или Интернет сататии за да најдат нови зборови кои потоа ќе ги најдат во речник и сл. Тие можат да им зададат и други слични домашни задачи кои ќе им бидат интересни на учениците.

3. Според техниката на изработување:3.1. Усни домашни задачи што подразбира утврдување на материјалот од учебникот, усна граматичка анализа, подготвување одговори на поставените прашања, доколку се бара да презентираат/репродуцираат информации кои учениците ги пронашле и обработиле итн.3.2. Писмени домашни задачи, може и во електронска форма, во кои спаѓаат решавање математички задачи, писмено одговарање на прашања, пишување состави, реферати и сл.3.3. Практични домашни задачи со кои учениците изработуваат различни предмети, модели, справи, машини, реализирање различни експерименти, спроведување анкета и сл.3.4. Комбинирани домашни задачи кои во себе ги содржат сите претходно споменати техники на изработување домашни задачи, како што се собирање податоци, изготвување проектна задача која треба да се заврши како резултат наистражувачки и менаџерски ангажман на учениците итн.

4. Според бројот на учесниците во нивно решавање:

58

Page 59: Godisen Globalen Plan2015-16.doc

4.1. Индивидуални домашни задачи – кога секој ученик работи самостојно на зададена задача, на пример задачи кои се даваат на учениците кои заостануваат во работата, како и задачи наменети за напредните ученици кои сакаат да го прошират своето знаење.4.2. Групни домашни задачи во кои учениците заедно планираат и изработуваат голем број проекти од различни области и наставни предмети.

Карактеристики на добро планираните домашни задачи - домашните задачи треба да бидат во корелација со наставните содржини;- да се во функција на остварување на очекуваните резултати од учењето;- да обезбедат јасни инструкции за учениците (пример, наставникот ги објаснува последователно сите чекори и барања на задачата и е сигурен дека учениците горазбрале);- да им посочат на учениците материјали и информации кои ќе им послужат за изработување на домашната задача, а кои ќе бидат лесно достапни;- да не бидат премногу долги (задачите не треба да одземаат голем дел од слободното време на учениците и не треба да предизвикуваат замор);- да се соодветни на возраста на учениците, нивните предзнаења и способности (пр., ако прашањата се претешки учениците се демотивираат затоа што се чувствуваат неспособни да ја решат задачата, а со тоа се обесхрабруваат и им се намалува самодовербата; ако, пак, задачата е прелесна, не претставува предизвик за учениците, а со тоа не е развојна, бидејќи тие само механички и формално ја завршуваат);- да се интересни за учениците и да ги поттикнуваат на понатамошно истражување и учење;- да ја стимулираат креативноста и имагинацијата кај учениците;-да ги поттикнуваат учениците да соработуваат со своите соученици при работата во групи (пример, при изработка на проектна задача);- да ги поттикнуваат учениците за развивање на дискусија на часот.

Домашни задачи кои не се препорачуваат:- задачи кои немаат јасни и експлицитни барања;- задачи за чиешто решавање е потребна интервенција од родител/старател;- задачи кои бараат пристап до ресурси кои не можат да бидат достапни во домот, а кои претходно не се обезбедени од страна на училиштето, како на пример, определена технологија, Интернет конекција, компјутерски печатач, весници или списанија кои се тешко достапни за учениците и сл.;- задачи кои бараат економски трошоци од семејството.

Улогата на ученикот во изборот на содржината на домашната задачаУслов за активна настава е да му се даде на ученикот можност да направи избор помеѓу понудените алтернативи. На тој начин ученикот презема дел од одговорноста и активно се вклучува во активностите во училницата поради што овој пристап е високо ценет во воспитно-образовниот процес. Токму затоа учениците треба да имаат можност за избор и на домашните задачи, со што би се обезбедила можност за нивно независно извршување. Допуштањето на избор на ученикот околу содржината на домашните задачи е совршен начин за мотивирање на учениците за успешно нивно извршување. Така на пример, читањето на слободна литература или т.н. читање за задоволство е од огромна важност и има клучно значење за развивањето љубовта кон читањето и создавањето навика за читање и учење. Имено, љубовта кон читањето се стекнува само кога на ученикот му се остава право на избор што ќе чита. Барањата за читање само на задолжителната литература го намалува задоволството за читање кај многу ученици и создава одбивност кон него и воопшто кон учењето. Поради тоа, покрај задавањето на задолжителна литература, читањето на литература по сопствен избор треба да се практикува почесто.

2. Обем на домашните задачи

59

Page 60: Godisen Globalen Plan2015-16.doc

На обемот на домашните задачи, исто така, треба да се посвети соодветно внимание. Тие треба да бидат оптимални, односно ни премали ни преголеми. Во случај кога домашните задачи се преобемни, постои опасност да бидат промашени, а тоа значи дека голем број од учениците ќе ги препишат, немајќи време да ги изработат самостојно.Преобемната задача може да доведе до намалување на самодовербата кај ученикот, бидејќи тој ќе се чувствува неспособен да ја реши и друг пат можеби нема ни да се обиде да решава – за да не се разочара, па полесно ќе му биде пред часот да ја препише задачата од некој свој соученик. Задачите, пак, од помал обем, кои се прелесни за учениците, се решаваат формално и не бараат од учениците повисоки мисловни процеси.При задавањето на домашните задачи наставниците секогаш треба да имаат предвид да не го узурпираат слободното време кое им е потребно на учениците за релаксација по напорниот ден на училиште. Тие треба секогаш да имаат чувство замаксималното време за изработување на домашните задачи во текот на денот, со што не би ги оптоварувале учениците и не би им создавале одбивност кон нивното изготвување.

Времето кое е препорачливо за изготвување домашни задачиНаставникот мора да води сметка за тоа колку време ќе му треба на просечниот ученик за да ја изработи домашната задача (имајќи предвид дека тој има обврски и по другите предмети).Постојат разни мислења во врска со времетраењето на изработката на домашната задача. Тоа зависи од повеќе околности (возраста на учениците, нивото на знаењата на одделението, наставната содржина, периодот во неделата и др.), па затоа не може однапред да се определи времетраењето што ќе важи универзално за секоја ситуација.Согласно со возраста на учениците, треба да се има предвидено максимално време за изработка на домашните задачи. Така на пример, препорачливи минути на ден за извршување на домашните задачи во однос на возраста (ВТОРО ОДДЕЛЕНИЕ – прв циклус на деветгодишно основно образование) на учениците се од 10 до 30 минути. Значи, времето за решавање на домашните задачи не смее да трае повеќе од предвиденото.

3. Подготовката на домашните задачи од страна на наставникотПри подготовката на домашните задачи се внимава барањата во задачите да се постапни од аспект на когнитивните нивоа на барања. Треба да се започне со едноставни барања кои се однесуваат на довршување на одредена активност која започнала и е работена на часот, потоа да се усложнуваат со задавање на аналогни задачи на оние кои се работени на часот, за потоа да се задаваат задачи и барања за кои е потребно повеќе расудување и докажување со цел учениците да останат подолго време во контакт со наставната материја, да ги развиваат своите потенцијали и воречките способности.Во однос на домашните задачи наставникот треба:• да ги планира и подготвува во текот на планирањето и подготовката на наставните содржини;• да ги составува според наставната програма од соодветниот наставен предмет и очекуваните резултати од учењето;• да внимава на големината на задачата (преголем обем на домашни задачи го скратува времето за одмор на учениците);• да внимава да соодветствуваат на индивидуалните способности и развојните карактеристики на учениците (на тој начин учениците ќе можат самоуверено да ги решат поставените проблеми и ќе одат чекор напред во совладувањето на материјата и развојот; наставникот подготвува задачи за учениците кои послабо напредуваат и/или за учениците со посебни образовни потреби и задачи за учениците кои сакаат поголем предизвик и/или надарените и талентираните ученици);• да го има предвид пристапот на учениците до ресурсите доколку подготвува домашна задача која бара прибирање информации, истражување, анкетрирање и слично (пример, наставникот да внимава дали сите ученици имаат пристап до интернет),• да не подготвува домашни задачи кои бараат репродукција на знаењата (пример,да не се прават задачи кои бараат механичка репродукција и кои ученикот може директно да ги

60

Page 61: Godisen Globalen Plan2015-16.doc

превземе од учебникот).• да го планира начинот на проверување на домашните задачи.Во домашните задачи треба да се вклучуваат и потешки задачи наменети за учениците што сакаат да научат повеќе, но тие задачи треба да бидат незадолжителни.Наставникот треба да ја следи оваа дополнителна работа на учениците индивидуално и, по можност, одвреме навреме да го запознава одделението со оригиналните (или најинтересните) решенија на некои од тие задачи, како и со нивните изработувачи.

4. Задавање на домашните задачиДомашните задачи може да се задаваат како општи (кога сите ученици решаваат исти задачи), и како посебни кои може да се групни (каде секоја група добива посебна задача) и индивидуални (кога секој ученик работи на посебни задачи). Притоа наставникот треба да внимава на начинот на задавање на домашните задачи, бидејќи тогаш за ученикот работата е поинтересна и попривлечна.Се смета дека домашната задача е правилно зададена, ако наставникот стекнал уверување дека учениците ги разбрале насоките и кога речиси сите ученици ќе ја изработат самостојно. За таа цел, при задавањето на домашните задачи наставникот треба да биде сигурен дека:

- целите се јасно дефинирани;- барањата се јасни за секој ученик;- домашната задача е со соодветно ниво на тежина;- обезбедена е листа на потребните материјали;- има подготвено екстра задачи за учениците кои сакаат поголем предизвик;

- има подготвено специјализирани задачи на учениците кои имаат проблеми во одредена област;

- домашните задачи нема да им одземат многу време на учениците дома.

Учениците треба да се насочуваат да ја преземат одговорноста за независно завршување на домашните задачи и да знаат дека се одговорни за нивното успешното или неуспешно извршување. Затоа кога се задаваат домашни задачи наставниците треба:

- да се осигураат дека учениците ги знаат причините за задавање на домашната задача;- да ги запознаат учениците со тоа што очекуваат од нив при извршувањето на домашните

задачи;- да прават разлика меѓу краткорочни и долгорочни домашни задачи;- да обезбедат разновидност на задачите со различни нивоа на одговорност;- да им објаснат на учениците дека домашните задачи се во функција на усвојување знаења и

стекнување вештини;- да ги информира учениците за очекуваните резултати и квалитетот на изработка на задачите;- да им овозможи на учениците повремено самите да изберат домашни задачи;- да внимава да не задава домашни задачи кои ученикот треба да ги изработува во деновите за

празник.Учениците често имаат потреба од помош при изработката на домашните задачи, особено кога тие се нејасно поставени. Затоа домашните задачи треба да им се задаваат на учениците со објаснување и упатство, што значи не набрзина и без проверка дали учениците разбрале и сфатиле што треба да направат. Доколку задачите се сложени и тешки, дотолку упатството треба да биде попрецизно. Така на пример, доколку домашната задача е читање на некоја литература или статија, на учениците треба да им се каже целта на читањето, а, исто така, од огромна корист би била и кратка дискусија на темата која се наметнува за читање, како и укажување на местата на кои треба да им се посвети посебно внимание при читањето. Во спротивно, за некои од учениците домашната задача ќе биде премногу тешка и тие ќе ја извршат само половично или само навидум, а целта нема да се постигне. Поради таквиот нецолосен успех и неразбирливоста на поентата од читањето, кај ученикот може да се појави одбивност кон сите следни слични задавани домашни задачи, како отуѓување и повлекување.Дискутирањето во однос на темата пред доделувањето на домашната задача го охрабрува и

61

Page 62: Godisen Globalen Plan2015-16.doc

поттикнува ученикот за нејзината изработка, ја поттикнува наговата љубопитност во врска со темата, а со самото тоа, кај него се јавува и желба за нејзино понатамошно разрешување и истражување.Наставникот треба, исто така, доколку има потреба, да им даде и идеја на учениците како да ја решат поставената задача, а на тој начин ќе придонесе и за размислување на учениците за доаѓање до сопствени идеи, со што ќе се поттикне нивната креативност.Задавањето на домашните задачи обично се прави по обработката на материјалот, односно во завршниот дел или во средината на часот. Домашните задачи треба да се зададат навреме (не откако ќе заѕвони ѕвончето за завршување на часот) со јасни насоки за нивно извршување, како и проверка дали и колку учениците сфатиле што од нив се бара да го направат.

5. Технолошки поддршки на домашните задачиОд огромно значење за успехот на учениците е и користењето на мултимедијалните ресурси. Имено, тие многу повеќе би прифатиле како домашна задача да гледаат некој филм или некоја телевизиска емисија отколку да прочитаат некоја стаија или книга. Со самото гледање на филмот учениците размислуваат за своите коментари кои треба да ги дадат за време на утрешниот час, а тоа ги поттикнува да прочитаат и некоја дополнителна литература за да бидат покреативни од своите соученици. Наствниците, во поновото модерно општетсво, можат да поставуваат проблеми и на Интернет форумите за дискусија. На проблемот се очекува да дадат одговор сите ученици, но и тие да постават прашања и да дискутираат за одговорите на своите соученици. Притоа се создава „натпревар“ за најдобро даден одговор, кој за да биде доволно добар ќе го поттикне ученикот на претходно истражување на темата, на Интернет страниците или во друга литература, а со самото тоа ќе се постигне и квалитет во одговорите.

6. Следење, проверување и вреднување на домашните задачиВремето, начинот и вреднувањето на домашните задачи се составен дел на наставата што треба да се планира и добро да се организира. Вредноста и значењето на следењето, проверувањето и вреднувањето на домашните задачи се состои во функционалноста на работата на наставникот која е насочена кон набљудувањето на работата и ангажираноста на ученикот. Следењето, проверувањето и вреднувањето на домашните задачи треба да се прави редовно и навремено со што се постигнува континуитет во работата на учениците, а што води кон перманентно учење. Наставникот треба да најде ефикасен начин да ги контролира домашните задачи, што може да биде во почетокот на часот за да има сознание за количината на усвоените знаења. Притоа, треба да се почитува следниот принцип: при проверувањето сите ученици да бидат активни (пример, кога наставникот проверува задача на еден ученик другите ги вклучува во дискусија, потоа може да бара друг начин на решавање и/или ги ангажира учениците со задача која е вовед во следната наставна содржина).Методите на проверување на домашната работа се разновидни. Најчесто може да се применуваат:- Бегло погледнување во тетратаките, на почетокот на часот, со прошетка низ паралелката. Ова прегледување не одзема многу време, дава брз преглед на тие кои имаат/немаат домашна работа и ги тера учениците редовно ги изработуваат домашните задачи. Меѓутоа, овој начин не дава можност да се провери дали учениците самостојно ги изработиле домашните задачи или ги препишале, а не е добар и поради тоа што учениците се пасивни додека трае прегледувањето. Овој метод може да даде подобри резултати само ако се комбинира со други методи на проверување.- Усно испрашување од место или на табла, со барање резултати или одделни етапи од решенијата на задачите. Исто така, и ова проверување е брзо, економично, но не му обезбедува на наставникот „одбрана“ од препишување на домашните задачи. „Лек“ против препишувањето може да биде практикувањето кратка писмена работа, но во тој случај наставникот треба задолжително да ги прегледа тие кратки писмени работи и соодветно да ги оцени. Кратка писмена работа составена од задачи од претходната домашна задача (или од неколку

62

Page 63: Godisen Globalen Plan2015-16.doc

претходни) обично се работи на почетокот на часот, за десетина минути.- Делумна проверка, т.е. проверка само на некои ученици, усно или писмено, најчесто поврзана со следењето на нивната редовност во учењето. Може да се користи успешно на часовите кога се планираат вежби, односно организирано е самостојно решавање на задачите. Притоа, на наставникот му стојат на располагање повеќе начини на проверување на домашните задачи.- Темелна проврка - со земање на тетратките од сите (или само од некои) ученици и прегледување по часот. Овај начин на проверување на домашните задачи е најдобар. При оваа проверка наставникот треба да го забележи своето мислење (во тетратиките да даде пишана повратна информација) за редовноста, уредноставо изработувањето на домашните задачи од страна на ученикот. Ваквото проверување одзема време, но сепак треба да се практикува (препорака: еднаш вомесецот во одделенска настава, по две во секое полугодие во предметна настава).Кој метод на проверување ќе го примени наставникот зависи од повеќе фактори: содржината на домашните задачи, врската со новата содржина, расположливото време, составот на паралелката, бројот на учениците и др. Искусниот наставник треба да применува различни методи на проверување, да настојува да ги комбинира усната и писмената форма пред излагањето на новиот материјал, за да ги ангажира и подготви сите ученици. Проверката може значително да се олесни и збогати ако има можности за примена на технички средства за проверување на знаењата.Со развојот на технологијата наставникот има можност домашните задачи да ги контролира преку Образовната платформа EDMODO, затворена мрежа која се контролира од наставникот и во секое време може да се интервенира. Во проверката на домашните задачи може да се вклучат и учениците и тоа со размена на тетратките во кои е работена домашната задача и проверка на точноста на задачата на другарчето (проверка во парови); преку преглед на домашните задачи од страна на еден ученик во редица/група или на целата паралелка и истиот ќе реферира пред наставникот. Ваквото проверување понекогаш е субјективно, но со јасни насоки и укажувања, односно запознавање на учениците со критериумите за успешност на домашните задачи. Овој вид на проверка може да се покаже како успешен и прифатен од страна на учениците.

Од проверувањето на домашните задачи наставникот треба да стекне претстава:- што секој ученик научил од темата и дали таа била добро разбрана и совладана;- од согледувањата на тоа што постигнал досега секој ученик, какви нови задачи може да му бидат дадени во следниот период;- на што треба да се посвети посебно внимание, т.е. што останало нејасно од обработката на една тема;- дали домашната задача била јасна за учениците или во иднина наставникот треба попрецизно да објаснува;- кои чекори треба да се направат во иднина за учениците да бидат поуспешни и посамостојни во реализирањето на домашните задачи.Секое формално и брзо контролирање на домашните задачи, невнимателност и други пропусти се рефлектираат во понатамошната работа на учениците. Колку поточно и поредовно се врши контролирањето на домашните задачи, толку помалу грешки ќе има во нив.

Важноста на повратната информација при проверувањето на домашните задачиКонкретните и навремените повратни информации се од суштинско значење за учењето. Учениците секогаш треба да имаат информација за своите предности и слабости, за она што го знаат и не го знаат и колку добро нешто имаат совладано.Истражувањата покажуваат дека учениците кои примале лични и релевантни информации за изготвувањето на домашните задачи, поуспешно ги надминуваат грешките кои ги правеле во споредба со учениците кои добиле само обична оценка за изработените домашни задачи. Истражувачите идентификуваат четири прашања кои наставниците треба да ги постават при прегледувањето на домашните задачи на учениците:

63

Page 64: Godisen Globalen Plan2015-16.doc

1. Дали постои грешка?2. Што е најверојатната причина за грешката?3. Како може да му се помогне на ученикот за во иднина да се избегне грешката?4. Што ученикот има изработено добро, а на што треба да му се даде забелешка?Наставниците треба да обезбедат повратни информации за сите домашни задачи. За да се подобрат достигањата на учениците домашните задачи треба да се користат како алатка за формативно оценување. Следењето и обезбедувањето на повратните информации од домашните задачи на наставникот ќе му овозможат да ги коригира своите наставни практики. Тој може да обезбеди повратна информација за домашните задачи до учениците: индивидуално, во мали групи или на одделението во целина, во зависност од учеството на учениците во изработувањето на домашните задачи. Повратната информација за домашните задачи може да биде усна или писмена и таа треба да биде: корективна по природа, навремено дадена и според соодветно даден критериум.Основно правило во врска со домашните задачи е дека нивното извршување треба редовно да се следи, проверува и вреднува, бидејќи ако тоа не се прави, учениците ќе избегнуваат да ги изработуваат, па со нив може да се постигне сосема спротивен ефект, т.е. учениците се навикнуваат на неодговорен однос кон домашните задачи и кон своите обврски воопшто.

7. Улогата на семејството во успешното реализирање на домашните задачиДомашните задачи, за да служат како поддршка на учениците за нивниот успех, треба да бидат самостојно изработени и завршени без помош на нивните родители/старатели, иако ова, сепак, не ја исклучува можноста на родителите да вршат надзор над изработените домашни задачи на своите деца. Наставниците треба да бидат свесни дека ако домашните задачи се дизајнирани според потребите и можностите на учениците, нивните семејства нема да бидат оптоварени со помагање во изработка на истите. Вклучувањето на родителите во изготвувањето на домашните задачи треба да се сведе на минимум, бидејќи децата можат да станат зависни од родителската поддршка при изработката на домашните задачи. За најголемиот дел ученици домашната задача треба да биде независна работа. Родителите можат да им дадат поддршка при изготвувањето на домашните задачи на следниот начин:- обезбедување на тивок простор за работа во домот;- помагање на своето дете за изготвувањето на распоред за изработка на домашните задачи;- да им бидат на располагање на своите деца за прашања и објаснувања на нејасни содржини;- поттикнување и мотивирање на децата за работа;Наставниците треба да ги охрабруваат родителите/старателите на учениците преку белешка, електронска пошта или телефонски, да ги известуваат за тешкотиите со кои се соочуваат нивните деца при изработката на домашните задачи, како и за времето кое им било потребно за да ја изготват истата. Исто така, родителите треба да бидат информирани за очекувањата на наставниците во врска со домашните задачи. Тие треба да ја разберат целта на домашните задачи, последиците од нивното неизготвување, како и видовите на родителската инволвираност кои се прифатливи во изготвувањето.Во изработката на некои домашни задачи понекогаш намерно треба да се вклучат и родителите, со што ќе се зголеми времето на родителите и учениците поминато заедно. На пример, од учениците може да се побара да најдат рецепт за некој специјалитет. Потоа истиот рецепт може да им се побара да го направат во двојна доза и на тој начин учениците ќе ги извежбаат математичките вешнтини (собирање, множење). Доколку е можно, учениците заедно со своето семејство можат да ги купат потребните состојки за рецептот и заедно да го направат специјалитетот. Учениците сигурно ќе уживаат во овој проект многу повеќе од рутинското извршување на задачите, а, исто така, и родителите ќе имаат можност да се вклучат во процесот на учењето на своите деца. Значи, помошта на родителите во домашната работа на учениците не смее да се состои во изработување на задачите, туку во контрола и создавање навика задачите редовно и навреме да ги изработуваат, претходно да ги подготват учебниците и приборот и по завршената работа да го средат работното место.

64

Page 65: Godisen Globalen Plan2015-16.doc

Програма за соработка со родители

На првата родителска средба родителите се информираат со Годишната програма за

Вклучување на родители во воспитно-образовната

работа

Работилници со родители

Приредби и отворени (јавни) часови

Родителски средби

(редовни и вонредни)

„Отворен“ ден на

училиштето

Индивидуал-ни средби и

средби со група на

родители)

СОРАБОТКА СО РОДИТЕЛИ

65

Page 66: Godisen Globalen Plan2015-16.doc

соработка со родители за оваа учебна год. со насока за отворена соработка и измена на содржините според интересите на родителите. Исто така им се посочува на значењето на нивното активно учество во предложување на идеи и предлози за унапредување на работата на училиштето, активно учество во процесот на вреднување и самовреднување на работата на училиштето.

Програмата за соработка со родители ќе се одвива преку: запозанавање на родителите со проблемите, со успехот, и со однесувањето на

учениците; собирање на податоци за социјално – економските услови на учениците т.е. нивните

родители; организирање и приготвување на родителски и состаноци; остварување на соработка со јавните институции и установи во кои работат

родителите на учениците; организирање работилници и предавања за родители; организирање на отворени (јавни) часови со активно учество на родителите.

Соработката ќе се одвива низ целата година, најчесто низ три јавни форми на соработка и тоа:

1. индивидуални средби на одделенсккиот раководител со родителот на ученикот;2. ден на „Отворена врата “ на училиштето и средба со сите наставници; 3. општи родителски состаноци4. вонредните родителски средби5. родителски средби со група родители6. приредби и отворени (јавни) часови7. работилници со родители

Индивидуални средби на одделенсккиот раководител со родителот на ученикот ќе се одвиваат преку:

благовремено известување и информирање на родителот за промените што настанале кај ученикот во процесот на наставната рбота; разговор со родителите со цел што поблиско и посоодветно да се воочат

условите во кои живее ученикот; разговор со родители чии деца недоволно ја пратат наставата, пречат во наставата,

недолично се однесуваат и причинуваат штети, а целта е заеднички да се делува на тој ученик;

разговор со родители чии деца редовно изостануваат од повеќето часови со цел да се изнајде причината за тоа.

Ден на „Отворена врата “ на училиштето ќе се одвива еднаш месечно во првиот понеделник во 18 часот, каде на родителите ќе им се овозможи средба со сите наставници на едно место. Во текот на учебната година ќе се одржат најмалку четири родителски средби од кои две во прво, а две во второ одделение. Првата родителска средба ќе се одржи до 30 септември, втората до средина на ноември, третата почеток на февруари и четвртата најдоцна до крајот на април.

66

Page 67: Godisen Globalen Plan2015-16.doc

ПЛАН ЗА РОДИТЕЛСКИ СРЕДБИ

I родителска средба во месец СЕПТЕМВРИ:- Запознавање со програмата за работа, број и распоредот на часовите и времето на

доаѓање на училиште.- Истакнување список за набавка на материјали и потребен прибор за реализирање на

наставата.- Договор и избирање на ден во неделата за посета на родителите.- Исхрана на учениците.- Тековни прашања.

II родителска средба во месец НОЕМВРИ:- Разгледување на успехот, поведението и дисциплината во првото тромесечие од

учебната година;- Разговор за проблемите на кои наидуваат учениците во совладување на наставните

содржини;- Тековни прашања;

III родителска средба во месец ЈАНУАРИ:- Известување на родителите за постигнатиот успех на учениците во првото полугодие

од учебната година;- Давање упатства за правилно користење на времето во текот на зимскиот распуст;- Тековни прашања;

IV родителска средба во месец АПРИЛ:- Разгледување на успехот, поведението и дисциплината во третото тромесечие од

учебната година;- Тековни прашања;

V родителска средба во месец ЈУНИ:- Информирање за реализација на наставиот план и програма за учебната година;- Информирање за успехот, поведението и дисциплината на учениците;- Поделба на свидетелства;- Разговор за рационално користење на времето во текот на летниот распуст.

67

Page 68: Godisen Globalen Plan2015-16.doc

ПРОГРАМАза јавна и културна дејност на учениците

СЕПТЕМВРИ- Приредба по повод првиот училишен ден- Одбележување на 8 Септември - Ден на самостојноста и независноста на Република

Македонија

ОКТОМВРИ- Минути посветени на Светскиот ден на детето Детска недела- Одбележување на 11 Октомври - Ден на востанието на македонскиот народ - Приредба по повод прием на првачињата во ПЦК- Месец на книгата

НОЕМВРИ- Минути посветени на 13-ти Ноември - Денот на ослободувањето на градот Скопје- Посета на фестивалот Златно славејче

ДЕКЕМВРИ

- Светски ден на правата на човекот и правата на децата- Новогодишна заедничка прослава

ФЕВРУАРИ- Одбележување на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев

МАРТ- Приредба по повод 8-ми Март - Денот на жената- Во пресрет на денот на пролетта и денот на екологијата

АПРИЛ- Априлијада- Ден на смеата - Маскенбал по повид денот на смеата и шегата

МАЈ- Минути посветени на 1-ви Мај - Меѓународен празник на трудот- Одбележување на 4-ти Мај годишнина од смртта на Гоце Делчев - положување на

цвеќе на споменикот- Минути посветени на 9-ти Мај - Ден на Европа- Одбележување на 24-ти Мај - Ден посветен на словенските просветители Кирил и

Методиј- Прослава на патрониот празник на училиштето

ЈУНИ- Светски ден на екологијата- Приредба пред родителите по повод завршување на учебната година

68

Page 69: Godisen Globalen Plan2015-16.doc

ПРОГРАМАза производствена и друга општествено-корисна работа

ОРГАНИЗИРАЊЕ СОБИРНИ АКЦИИ

- Парични и материјални собирни акции организирани од ЦК на Македонија- Парични и материјални собирни акции за другарчиња од училиштето

ОДРЖУВАЊЕ НА УЧИЛНИЦАТА,УЧИЛИШНАТА ЗГРАДА И ДВОРОТ

- Почитување на училишниот куќен ред - Одржување на хигиената, редот и дисциплината во училницата, училишната зграда и

дворот - Оплеменување на просторот во училницата и училишната зграда со изработки,

цвеќиња и организација на катчиња

ОДРЖУВАЊЕ НА КУЛТУРНО ИСТОРИСКИТЕ СПОМЕНИЦИ И ОБЕЛЕЖЈА ВО НЕПОСРЕДНАТА ОКОЛИНА

- Учество во акциите за пошумување на голините и непосредната околина организирани од училиштето и локалната средина- положување цвеќе на споменици на културата

ПРОГРАМАза грижа за здравјето на учениците

1. ИСХРАНА НА УЧЕНИЦИТЕ ВО УЧИЛИШТЕТО- Следење и насочување на редовно консумирање на приготвените оброци во

училишната кујна- Следење и насочување на редовно одржување на личната хигиена пред и по

јадењето - Следење и насочување на правилно ракување со приборот за јадење- Следење и насочување на редовно консумирање на ужинката- Консултирање со Републичкиот завод за исхрана, околу правилната исхрана на

учениците

2. ПРЕДАВАЊА ОД СТРУЧНИ ЛИЦА -ЛЕКАРИ И ПОСЕТА НА ЗДРАСТВЕНИ ИНСТИТУЦИИ

- Посета на училишната забна амбуланта и заштита на трајните заби- Прва помош при полесни повреди - практични вежби - инструктори лекари и

медицински сестри - Заразни болести-секојдневна опасност за здравјето на луѓето - предавач лекар - Како да се заштитиме од вирусите - предавач лекар

3. ОРГАНИЗИРАНО ЛЕТУВАЊЕ И ЗИМУВАЊЕ, ИЗЛЕТИ И ЕКСКУРЗИИ- Организирано летување и зимување во детски одморалишта под раководство и грижа

на наставници од нашето училиште- Пешачење и рекреација во соработка со родителите и стручни лица - планирано во

програмата за физичко и здравствено образование

ПРОГРАМА

69

Page 70: Godisen Globalen Plan2015-16.doc

за посети, набљуденија, екскурзии

1.ЕКСКУРЗИИ

-Еднодневна есенска рекреативна екскурзија,-Еднодевна пролетна рекреативна екскурзија.

2.ПОСЕТИ

-Возрасни лица вработени во училиштето,-Соседно училиште,-Дом на наше другарче,-Работно место - Здраствен дом

3.НАБЉУДЕНИЈА

-Промени и појави во промени во природата,-Растенија во рамнина, на планина,-Домашни и диви живони и птици-ЗОО,-Населено место село -град,-Сообраќајница

70