Eвропско јазично портфолио (ЕЈП) EAQUALS-ALTE

48
Eвропско јазично портфолио (ЕЈП) EAQUALS-ALTE Британски совет, Скопје 18 февруари 2011 Предавач: Марија Кусевска

description

Eвропско јазично портфолио (ЕЈП) EAQUALS-ALTE. Британски совет, Скопје 18 фе в руари 2011 Предавач: Марија Кусевска. Агенда. Дел 1 Размена на информации во врска со Европското јазично портфолио (ЕЈП) Претставување на ЕЈП на EAQUALS и ALTE Улогата и влијанието на ЕЈП во наставата Дел 2 - PowerPoint PPT Presentation

Transcript of Eвропско јазично портфолио (ЕЈП) EAQUALS-ALTE

Page 1: Eвропско јазично портфолио (ЕЈП) EAQUALS-ALTE

Eвропско јазично портфолио (ЕЈП) EAQUALS-ALTE

Британски совет, Скопје

18 февруари 2011

Предавач: Марија Кусевска

Page 2: Eвропско јазично портфолио (ЕЈП) EAQUALS-ALTE

Агенда

Дел 1Размена на информации во врска со Европското јазично портфолио (ЕЈП)Претставување на ЕЈП на EAQUALS и ALTE Улогата и влијанието на ЕЈП во наставата

Дел 2Пилотирање на ЕЈП во училиштата за странски јазици на МАКСНашите први лекцииНашите искустваМожности за воведување на ЕЈП во средните училишта

Page 3: Eвропско јазично портфолио (ЕЈП) EAQUALS-ALTE

Размена на информации во врска со Европското јазично портфолио (ЕЈП) Како го стекнавте вашето знаење за

ЕЈП? Кои прашања беа истакнати во тие

случаи? (во врска со професорите, учениците, општествената средина): придобивки и проблеми

Page 4: Eвропско јазично портфолио (ЕЈП) EAQUALS-ALTE

Европско јазично портфолио (ЕЈП) на EAQUALS и ALTE

Page 5: Eвропско јазично портфолио (ЕЈП) EAQUALS-ALTE

EAQUALS – Европска асоцијација за квалитет во наставата по странски

јазици

ALTE – Асоција на центрите за јазични испити во Европа

Page 6: Eвропско јазично портфолио (ЕЈП) EAQUALS-ALTE

Проект за воведување на ЕЈП на EAQULS и ALTE во Македонија

МАКС-Македонска асоцијација за квалитет во наставата по странски јазици

Британски совет

DVV International

Министерство за образование и наука

Page 7: Eвропско јазично портфолио (ЕЈП) EAQUALS-ALTE

Фази на проектот Превод на ЕЈП на македонски и на

албански (четиријазично) Тридневна работилница за вредностите и

организацијата на ЕЈП и за Заедничката европска референтна рамка на јазичните нивоа (ЗЕРР)

Дводневна работилница за имплементација на ЕЈП во наставата

Пилотирање на ЕЈП во некои од училиштата за странски јазици

Преговори со издавачките куќи за издавање на ЕЈП

Page 8: Eвропско јазично портфолио (ЕЈП) EAQUALS-ALTE

Визија

Развивање способност за меѓусебна комуникација меѓу луѓето од Европа, без разлика на нивните лингвистички, социјални и културни разликиРазвивање меѓусебно разбирање, почитување и толеранцијаОспособување на луѓето од Европа да се справат со зголеменото движење и соработка меѓу земјите на континентот

Page 9: Eвропско јазично портфолио (ЕЈП) EAQUALS-ALTE

Примена на јазичната политика на Советот на Европа

развивање јазична и културна толеранција

поттикнување на плурилингвизмот

поттикнување на мобилноста

стандардизација на нивоата за познавање на јазиците

иновации во наставата

поддршка на доживотното учење

Page 10: Eвропско јазично портфолио (ЕЈП) EAQUALS-ALTE

Основни претпоставки

ЕЈП е сопственост на индивидуата Заедничка европска рамка за јазичните

нивоа Самооценување Рефлективен приод во учењето странски

јазици Развивање автономија во учењето странски

јазици

Page 11: Eвропско јазично портфолио (ЕЈП) EAQUALS-ALTE

Организација на ЕЈП

Јазичен пасош

Јазична биографија

Јазично досие

Page 12: Eвропско јазично портфолио (ЕЈП) EAQUALS-ALTE

Јазичен пасош

Page 13: Eвропско јазично портфолио (ЕЈП) EAQUALS-ALTE

Содржина на јазичниот пасош

Профил на јазичните вештини Самооценување Резиме за учењето на јазикот и на

меѓукултурните искуства Уверенија и дипломи Курсеви

Page 14: Eвропско јазично портфолио (ЕЈП) EAQUALS-ALTE

Europass – Европски пасош

Што е Европскиот пасош?Им овозможува на луѓето од една земја да патуваат било која друга европска земја заради школување, работа и сл. и при тоа да ги прикажат нивните дипломи на начин разбирлив за институциите во таа земја

Од што се состои?CV, Јазичен пасош, Додаток за уверенија, Додадоток за дипломи, Додаток за мобилност

Page 15: Eвропско јазично портфолио (ЕЈП) EAQUALS-ALTE

Јазична биографија - педагошки функции

учење, предавање, оценување самооценување рефлективен приод во учењето поголема инволвираност на

учениците во наставата флексибилност во наставата и

прилагодување кон потребите на слушателите

развивање автономија во учењето

Page 16: Eвропско јазично портфолио (ЕЈП) EAQUALS-ALTE

Вовед за корисниците

Јазичната биографија е документ кој можете да го дополнувате со податоци како, зошто и каде сте го учеле јазикот што го знаете. Таа ви помага да ги определите вашите цели во учењето да размислите за вашето учење на јазикот и за меѓукултурните искуства, и да го определите вашето сегашно ниво за секој од јазиците што ги познавате.

Page 17: Eвропско јазично портфолио (ЕЈП) EAQUALS-ALTE

Биографијата се состои од четири дела: Моите цели при учење на јазикот Моето досегашно учење на јазикот Моите искуства со другиот јазик и

култура Моите сегашни јазични приоритети

Page 18: Eвропско јазично портфолио (ЕЈП) EAQUALS-ALTE

Определување на приоритетите

Табелата за самооценување во Пасошот содржи кус опис на она што лицето може да го прави на одреден јазик, на одредено ниво, во поглед на слушањето, читањето, говорната интеракција, говорната продукција и пишувањето.

Во Јазичната биографија, обопштените описи се расчленуваат на поконкретни искази кои им помагаат на учениците да ги определат нивните цели во учењето и да проверат дали точно го определиле своето ниво.

Page 19: Eвропско јазично портфолио (ЕЈП) EAQUALS-ALTE

А1 - слушање

Табела за самооценувањеМожам да разбирам познати зборови и основни фрази кои се однесуваат на мене, на моето семејство и на непосредното опкружување доколку соговорникот ми зборува бавно и јасно. На кој начин тоа е расчленето во Јазичната

биографија? (стр. 9)

Page 20: Eвропско јазично портфолио (ЕЈП) EAQUALS-ALTE

Активности

Домени

Личен домен (семејство, пријатели, хоби, дневник)

Јавен домен (учество во организации, превод)

Професионален домен (работа или професија)

Образовен домен (учење, образовни институции)

Page 21: Eвропско јазично портфолио (ЕЈП) EAQUALS-ALTE

Ситуации :Локации и време во коишто се случуваатИнституции или организации чии структури и процедури контролираат добар дел од од она што нормално може да се случиЛица кои учествуваат во нивПредметите (живи и неживи) во тие срединиНастани што се случуваатАктивности што ги изведуваат лицата кои учествуваат во нивТекстови/скрипти коишто се среќаваат во тие средини

Page 22: Eвропско јазично портфолио (ЕЈП) EAQUALS-ALTE

Услови и пречкиА - Физички условиЗа говор Јасност на изговорот,

Звуци во срединатаМешање (гужва на улица, пазар, кафана, забава, диско, и сл.)Пречки (лоши телефонски линии, радио прием)Временски услови

За пишувањеЛоша копијаЛош ракописЛошо осветлување

Б - Општествени условиБрој и познавање на соговорницитеСтатус на учесниците (моќ и солидарност, и сл)Присуство/отсуство на публикаОпштествени односи меѓу учесниците

В - Временски притисокРазлично време за говорителот/соговорникот и писателот/примачотВреме за подготовка (импровизација, рутина, со подготовка) за говори, извештаи и сл.Ограничување на времето за зборување и комуникацијаДруги притисоци: финансиски, испити, нервози и сл.

Page 23: Eвропско јазично портфолио (ЕЈП) EAQUALS-ALTE

Комуникациски теми

во разните домени може да се определат теми коишто се карактеристични за дискурсот, конверзацијата, рефлективноста или пишувањето

теми, поттеми, специфични концепти

Page 24: Eвропско јазично портфолио (ЕЈП) EAQUALS-ALTE

Теми, поттеми, специфични концепти (notions) – Threshhold level

1. лични податоци2. дом3. секојдневен живот4. слободно време, забава5. патување6. односи со други луѓе7. здравја8. образование9. купување10. храна и пијалоци11. услуги12. места13. јазици14. клима

Page 25: Eвропско јазично портфолио (ЕЈП) EAQUALS-ALTE

За секоја тема определени се поттеми: 4. слободно време1. активности2. хоби и интереси3. радио и ТВ4. кино, театар, концерт5. изложби, музеи6. спортови7. Весници

За секоја поттема определени се специфичните концепти: за 6. спортови

1. локации - поле, терен, стадиум2. институции и организации – спорт, тим, клуб3. лица – играчи4. предмети – карти, топка5. настани – трка, натпревар6. дејства – гледа, игра, се трка, добива, губи, нерешено

Page 26: Eвропско јазично портфолио (ЕЈП) EAQUALS-ALTE

Комуникативни цели и задачи

Пр. Комуникација на работа: Барање дозвола за работа Барање информации за работата,

условите, плата, и сл. Читање огласи Пишување писма Пополнување апликации и др.

Page 27: Eвропско јазично портфолио (ЕЈП) EAQUALS-ALTE

Задача

Определете ги домените, ситуациите, и темите важни за B1 ниво (стр. 13, 14).

Page 28: Eвропско јазично портфолио (ЕЈП) EAQUALS-ALTE

Листите на нивоата содржат:

Слушање Читање Говорна интеракција Говорна продукција Стратегии Јазичен квалитет Пишување

Page 29: Eвропско јазично портфолио (ЕЈП) EAQUALS-ALTE

Компетенции

За успешно да ја извршат задачата, учесниците се потпираат на своите компетенции коишто ги научиле претходно во курсот.

1. Општи компетенции Декларативно знаење (знаење за светот, социокултурно

знаење, интеркултурна свесност), вештини и знаење, егзистенцијални компетенции (стаови, мотивација, вредности, верувања, когнитивни стилови, карактерни особини), способност за учење

2. Комуникативни јазични компетенции Лингвистички (лексички, граматички, семантички, фонолошки,

ортографски), социолингвистички и прагматички компетенции

Page 30: Eвропско јазично портфолио (ЕЈП) EAQUALS-ALTE

Класификација на дескрипторите од 1 до 22

Метакатегории Категории/типови, поттипови Дескриптори

Активности Слушање

Читање

Говорна интеракција

Говорна продукција

Пишување

3, 18

4, 19, 2

15, 11, 8, 9,

13, 6, 16

5, 14, 21

Компетенции (Јазичен квалитет) Лингвистички

Прагматички

Социолингвистички

1, 17, 20, 22

Стратегии Кои компетенции се потребни?

Кои активности се овозможени

12, 10, 17

Page 31: Eвропско јазично портфолио (ЕЈП) EAQUALS-ALTE

Определување на приоритетите и влијание врз наставата

Учениците ги прегледуваат листите за проверка на нивното ниво (според тоа како се оцениле во Пасошот) дел по дел

Го разгледуваат секој исказ и го обележуваат соодветното квадратче: Ова можам или Моите приоритети

Со обележувањето тие ги определуваат своите цели за учење

Со определување на овие цели учениците ги определуваат своите цели и му покажуваат на професорот на што треба и на што сакаат да работат.

Page 32: Eвропско јазично портфолио (ЕЈП) EAQUALS-ALTE

Што понатаму со тоа

учениците може да направат постери со оние компетенции кои сакаат да ги постигнат. Во текот на работењето професорот може да се осврнува на постерите и да се преговара дали тоа што е зацртано е и остварено.

да се изработи план за работа (action plan) да се направи договор со професорот и учениците во

врска со учењето врз основа на ова (learning contract) водење дневник во врска со учењето преку ЕЈП, каде

учениците ќе ги запишуваат своите планови, цели, сознанија, искуства, потешкотии, и сл.

Page 33: Eвропско јазично портфолио (ЕЈП) EAQUALS-ALTE

Како може професорот да им помогне на учениците коишто го обележале следниот дескриптор

А2 - Говорна продукција

Можам да се опишам себеси, моето семејство и други луѓе.

Можам да го опишам моето место на живеење.

Page 34: Eвропско јазично портфолио (ЕЈП) EAQUALS-ALTE

Прашања што професорот би си ги поставил Кои се домените, темите, подтемите,

комуникациските цели и сл. Како треба да изгледа таа активност Кој ќе биде крајниот производ (постер,

напис, ЦД, радио емисија)

Page 35: Eвропско јазично портфолио (ЕЈП) EAQUALS-ALTE

Организација на активности за учење: да се земат во предвид

Видови задачи – симулации, улоги, и сл. Цели – на групата и на поединецот Инпут – инструкции, материјали, Резултат – текст, заклучоци, табели, презентации, и сл. Активности – когнитивни/афективни,

физички/рефлективни, група/парови/индивидуално, рецептивни/продуктивни

Улоги – во задачата, при планирање, и сл Мониторинг и оценување – успешност на изведување на

задачата

Page 36: Eвропско јазично портфолио (ЕЈП) EAQUALS-ALTE

Какви треба да бидат задачите

Да имаат краен производ (Што треба ученикот да прикаже на крајот од задачата?)

имагинативни Да одговара на интересите и активностите на ученикот (да не е

хипотетичка) Треба да се знае кому ученикот му се обраќа (да има

комуникативен приод) Да има отворена структура (да може да се изведе на повеќе

начини) Да биде јасно определена (нејзината структура, содржина,

квалитет) Да се работи тимски Има за цел да придонесе за усовршување на компетенциите на

ученикот

Page 37: Eвропско јазично портфолио (ЕЈП) EAQUALS-ALTE

Модел за подготовка на активностите

Наслов

Ниво А2

Јазична вештинаГоворна продукција 3

0 Англиски

Краен производ: што треба учениците да прикажат на крај

ПрезентацијаСитуација: Опис на комуникативната ситуација На кој дескриптор се однесува(За време на престојот во странство како студент на размена посетуваш едно семејство. Тие те прашуваат како изгледа твојот секојдневен живот. Тие се интересираат за твоето семејство, родниот град, и сл.)

Треба ли да им се дадат некои посебни совети на учениците?

Задача: Опишете што точно ученикот треба да прави. Објаснете како треба да изгледа производот за да биде прифатен.(изработи презентација (ppt или постер) за твојот секојдневен живот. Сними ја на касета или на видео. Презентацијата треба да трае најмалку 10 мин. И не треба да има никакви грешки во пишаниот дел.)

Алтернатива: Наведете други можности како може да се изработи задачата.(Опишете како обично го поминувате викендот и што правите во слободното време)

Page 38: Eвропско јазично портфолио (ЕЈП) EAQUALS-ALTE

Која е разликата меѓу вежбите и задачите? Блогови Весници Приговор за одмор Опишете и изведете една школска претстава

(за некое друго училиште во странство) Разговор и споредување на неколку написи Имејли Создадете биографија на личност од земјата

во која се зборува јазикот

Page 39: Eвропско јазично портфолио (ЕЈП) EAQUALS-ALTE

Досие

Примероци на добро напишани текстовиАудио/видео записиДокументи, дипломи, уверенијаОпис на курсевиРазмислувања за напредокот во учењето на јазикотСè што сакате да зачувате и да им покажете на другите

Page 40: Eвропско јазично портфолио (ЕЈП) EAQUALS-ALTE

Самооценување и оценување

ЕЈП им овозможува на учениците да ги оценат своите јазични вештини и да го опишат своето јазично знаење, како и да го споредуваат, преку референтни нивоа признаени во Европа. Тестовите и оценувањата направени врз основа на ЕЈП овозможуваат транспарентност и препознатливост во релевантните европски институции.

Page 41: Eвропско јазично портфолио (ЕЈП) EAQUALS-ALTE

Зошто би се поврзувало оценувањето со ЕЈП и ЗЕРР? постои потреба да се поврзат чеклистите за

континуираното оценување со една општа рамка

различни видови на оценување во кои би се вметнале дескрипторите

ЗЕРР помага да се постигне конзистентност, транспарентност

ЗЕРР овозможува поврзување и бенчмаркови за изработка на тестови – стандардизирање на изработката на тестовите.

Page 42: Eвропско јазично портфолио (ЕЈП) EAQUALS-ALTE

На кој начин би можела да се искористи ЗЕРР за разни видови

оценување?1. Што се тестира?

дескриптори

2. На кој начин се интерпретира/оценува постигнатото. (КОЛКУ ДОБРО)А. скали за постигнување на нивото (Б1, Б1+, Б1++, Б1.8)Б. Скали за испит (дефинирање на дескриптори за секоја релевантна категорија, на пр. од 1 до 5, при што 3 е положено)

Page 43: Eвропско јазично портфолио (ЕЈП) EAQUALS-ALTE

Кому ќе му користи ЕЈП?

На учениците

На родителите

На професорите

На работодавачите

Page 44: Eвропско јазично портфолио (ЕЈП) EAQUALS-ALTE

На учениците

Самооценување Развивање на свесноста за сопственото

учење Планирање на своето јазично учење Документирање на јазичните искуства Студирање или барање работа во друга

земја Europass

Page 45: Eвропско јазично портфолио (ЕЈП) EAQUALS-ALTE

На професорите

Инкорпорирање на ЕЈП во својата практика

Користење различни начини на оценување

Креирање и опис на курсевите

Поттикнување размислување за личните цели и стратегии на учење

Подобро запознавање со своите студенти/ученици/слушатели

Упатување како да се користи ЕЈП за разни намени

Page 46: Eвропско јазично портфолио (ЕЈП) EAQUALS-ALTE

На работодавачите

Добивање јасна слика за јазичните компетенции на вработените како и на оние коишто сакаат да ги вработатПланирање на професионалниот развој на вработените, нивното образование и развивање соодветни курсеви со јасни целиОрганизирање тестирања за јазичните компетенции на вработените

Page 47: Eвропско јазично портфолио (ЕЈП) EAQUALS-ALTE

Дискусија

Влијанието на ЕЈП врз остварување на наставата:

позитивни + загрижувачки

Page 48: Eвропско јазично портфолио (ЕЈП) EAQUALS-ALTE

Council of Europe www.coe.int

ELPwww.coe.int/portfolio

Europasshttp://europass.cedefop.eu.int

EAQUALSwww.eaquals.org

ALTEwww.alte.org