Den bez videlina nojk bez mesecina

60

description

 

Transcript of Den bez videlina nojk bez mesecina

Page 1: Den bez videlina nojk bez mesecina
Page 2: Den bez videlina nojk bez mesecina
Page 3: Den bez videlina nojk bez mesecina

Несакам да бидам тага во твојата глава,јас бев само твоја миговна желба која ја прегоре,сегакажиси сама на себеси дека никогаш повеќе нема да ме посакаш и јас ќе бидам мртов,но седодека копнежот ти тлее во некоја скриена виуга на мозокот,јас ќе те демнам деноноќно.

Стихозбирката е посветена на мојата една и единствена муза,муза која 22 години меинспирираше и водеше во сите понори и височини.

Муза која и тука на вековната Маркова грамада ќе го испишам со гордост нејзиното име

Јана Јованческа

Име кое верувам дека ни ветерот,ни дождот,ни пак времето ќе го избрише.

Page 4: Den bez videlina nojk bez mesecina

Бил Никодин Чернодримски,момче печено од најжестоките неправди и измеќарувања.Сирак,сам како прст,како трн извишен,по судбата предодреден да знае многу и да можи многуНо ниеднаш да нема се токму,па и ретко кога имал,секогаш со некротена глад од птицата вонеговата клокотлива крв и име,далеку понапред од себе,за да има по кого,туѓиот пријут знаенајлут предизвик да биди,во немирот бил неговиот мир.Бил и најомилен,единствен со свое зошто,и со затоа свое.

Некој ги изговори овие зборови,јас незнам кој,дали глас што небото го раѓало,или некој кој јаимал моќта за миг да ѕирни во нечија или сечија душа,некој кој ја имал моќта да ги видипатеките неизодени,морињата непрепливани,ветриштата неродени.

Page 5: Den bez videlina nojk bez mesecina

Циклус песни...Во Постелата од Пајажина

Маркова Грамада

Ја избрав ноќта,како свој денПод сенката на Марковата ГрамадаТука,сега силноПредавнички чукаат заборавените дамариБез ритамот на спокојството.

Како во молитва,на коленици во сенкатаСтанувам сенка,заграден со бигорни камењаБез печат на постоењеОд ненапишана усна библија читамМисловни чудни откритија.

Page 6: Den bez videlina nojk bez mesecina

22 Минути

22 минути по полноќЗавивам љубовно и без месечинаБез пламен во градитеСпиев пред еден миг под човечка кожаКојзнае можеби сум бил пијанСега ревам по празните улициНоќното лудило во мислите е мојата слободаЗа иднината не се грижамМојата иднина е во моето минатоСегашноста,хм,се потсмевамВо сегашноста можеби ќе ме посвои смртаНезнам дали е ведра ноќтаСветилките ли блескаатИли ѕвездите треператЗнам,сигурно знам дека е 22 минути по полноќ.

Page 7: Den bez videlina nojk bez mesecina

Некажана Паганска Молитва

Патувам како призрак низ сништатаСо млак восхит кон убавините на безднитеПаѓам со тежина на желбаСе кревам со брзина на копнеж заробен.

Нејасниот лик и тука го губамГи покрива очитеИ повторно лажовно ми се смееВели,прозирна птица без небо си.

Тунелот на сеќавањата стана тесенНе се провира веќе ни зрак низ негоСамо стихот на последната песна стегоВиолината со плач ја свири.

Минатата ноќ црвен мрак и врелина ме топлешеОгненица јадот во градите го топешеБез сила во рацете маската ја прегрнувамИ шепотам безначајни зборови.

И,овде,бедемот на молчење е превисокПосакувам паганската молитва да ја кажамЗборовите непријатели ми станааРекоа наместо збогум,патувај како призрак низ сништата.

Page 8: Den bez videlina nojk bez mesecina

Времеплов...или можеби само бладање

Демонските ветрови со седум пипала ме понесоаМеѓу дивите од времето скриени пагани ме однесоаКрај оганот пагански Бог ме оставија

Скротени млади веди танцувааВо занесот свој со копнеж ме повикувааЗаедно молитвата на надежта да ја кажеме

Вечен пламен од дланките на леунки да пиемеПепелот и правта на земјата да го растуримеНевидливото вретено на времето побрзо да го вртимеТака гласници во вселенските далечини ќе сме биле.

Ова е чудно чинодејствувањеНе е за верувањеНо трепеливата светлост потврди дека се случилоВо тие тесни ходници на настанитеКаде телесниот облик ја менуваше формата.

Page 9: Den bez videlina nojk bez mesecina

Сеќавање

Мртвите предци во татковината своја ме повикааГлаголиме заедно за живиот сон до мугрите

Семето плодородно неизртено во идните ноќи е тукаВо трипласта пајакова мрежа

Овде и сонот е поинаков,нема вкус на кошмарСо ведра насмевка и избраздено од бразди на мудрост.

Нема значење дали си жив човек или сенка литаЖивиот сон,матната тага во кожурци црни се затвара.

Кон сивата светлина која со туѓи страдања се храниОвде молитвениот шум оштра коса е.

И копнежот по земјата од каде што дојдов го снемаОстана само сеќавање во минување едно.

Page 10: Den bez videlina nojk bez mesecina

Монолог

Со притаена збунетост го кажувамНиз шепот шум овој монологЗад завесата на ноќта.

Туѓото чекорење во светлинатаМе избрка на пуста глува улицаБез фенери,со многу ладен дожд

Споулавен од енигматаЗа мене 22годишна жива мистеријаСо лажен допир и лажна воздишка

Не се стивнати огновите на страстаСе провираат низ тенка магла пред очивеЧудесно беше да се верува во нив.

Секој нов ден имаше златен ореолСе плетеше нишката меѓу човекот и вселенатаБез агонија и ладен грч во крвта

Неизлечената рана ѕверот со сласт ја киниНа темното небо победата ја пишуваСо луд танц и пламени зборови.

Page 11: Den bez videlina nojk bez mesecina

Избришано минато

Можеби јас не чекорам веќе,тоа мојата сенка се лизга самоНе,сега знам, пламенот од свеќата го брише минатотоПенливата тага ја нема веќе на карпите ладни да стоиОна што остана ветришата ќе го раскинат на парчиња стоЛуѓето ќе прашуваат дали сум постоел некогаш и некадеВо милиони минути,во многи лета ,и безброј дниКаде уморено и папсано скитав и бегав од сомнежи туѓуПонекогаш правеа да се чуствувам дека никој неможе да ме види

Можеби јас не чекорам веќе,тоа мојата сенка се лизга самоНе,сега знам,пламенот од свеќата го брише минатото.

Page 12: Den bez videlina nojk bez mesecina

Копнежлива итаница

Играќи си со времето,во темнинатаСо солзи солени ја мијам неморалноста човечкаОставам некои сеуште со усните да го љубат безакониетоДодека крикнувам како спас очаен

Некој проклетник осамен црна мелодија пееСи ја заборавил во виделината својата невиностГо проколнала љубовта,во заборав го фрлилаВо непостоечка реалност сега скита.

Неродениот мир,со тон шепот галење сториЕхо,ехо фрли во моите гладни и ненаситни ушиЗа крајот на бескрајот,каде светлиот град спиеКаде копнежот мој ита.

Page 13: Den bez videlina nojk bez mesecina

Јадовна,и Малку Тажна

Несакаш да ја гледаш тагата во моите очиЗнам,премногу доброГи сакаш насмевките,па макар и неискрени,понекои и малку лажниМиговна радост ти даруваатКои подоцна тага поголема од мојата стануваатНе го знаеше ова нелиНемаат жар во себеНи пак топол здивПремногу студенило носатОд тие насмевки и птиците бегаат до највисоката точка на неботоТревата со земјата најцврстата прегратка ја прави за да се заштитиИ скитниците се кријат тогаш во најтемниот агол да не ја видатЈа знаат болката што ја растураатКучињата по улица во хор завиваат и така ги бркаат од себеНавистина нескаш да ја гледаш тагата во моите очиТаа тага е за тебеЗа твојата привидна присутност до менеСега простиНајпонизно се повлекувам во тишинатаМорам,барем пранината да ја потполнам.

Page 14: Den bez videlina nojk bez mesecina

Сеедно ми е

Зборовите на дабот стогодишен ме привлекоаДодека раскажуваше на јатото гавраниМислев дека е некоја приказна стараСолзите на гавраницата кажуваа нешто другоОва е твојот живот што го слушамЗа патилата црни,поцрни и од нашата црнинаГранките напати се посмеваа за мојата немоќСенката на ветерот само беше млака утехаОд светот на соништата доаѓам,поклон еден имамЗемиго сега ти,не низ заби процедивТоа се само розеви илузиии,кои умираат во мугритеДабот проклетник,ги знаеше моите тајниСега повторно со шумолењето на лисјето ги извадиМе разголе,ме соголи тука и пред земјата црнаСеедно ми еСе враќам повторно во бескрајната самотијаОстанувам таму,без вера,без верба,без надеж.

Page 15: Den bez videlina nojk bez mesecina

Тајни Немири

Ќе спијам во долината на вечноста,бегам од тукаПод превезот на месечината Ќе го негувам животот на една солза залудно капната Жешка ,тешка,родена во несреќи.

Сокриени гранки на сомнежот беше се раграниле,тукаОбележани лажни насмевки,трули лажни зборови,овдеМир спокој заграден со неспокој,насекадеОвие зборови се кратки,мојот пат беше составен од немири.

Каде ли сте вие разиграни тајни немириНоќни пеперутки,на фенерот пријателиСамо рефренот ќе ви го запеам,заиграјтеНиз треперот ваш утехата дајтемија

Низ животот има бројни препрекиТоа светлоста бескрајна ми го кажаТој што несакал никогаш и не живеелТој што неплачел со каменот спиелТој што не губел и никогаш немал ништо

Page 16: Den bez videlina nojk bez mesecina

Тивка агонија

Во тивката агонијаСе кријам од лагитеКознае,дали ќе дојде некоја бураСкршените сништа да ги одвее

ПроклетствоВикам низ криковиУмира ли некогаш осаменостаИсчезнува ли некогаш привидот

Не талкам веќеГолемиов град ме прави малБез чувство за времеБез потреба за од мисли или вера

Page 17: Den bez videlina nojk bez mesecina

Утеха млака

На каменот со мов прекриен седамСо студенилото негово се прегрнувамСо засипнат морничав глас шепотиПепелта низ коските ти ја гледамПрофучува небаре оркани ја носатНиз душата шуплини пепеласти правиТе носи некаде во процепот на сонот и јаветоОлеснисе тука под небесниве стреиОд криљата закржлавени мирисот на измама истресиго

Не е тажно да исчезнешСо утеха едвај изустена се тешамБолно е што светлината еден ден тажна ќе бидеСо облаци темни ќе се прекриеСо дождот земјата ќе ја мие.

Page 18: Den bez videlina nojk bez mesecina

Циклус Два...светлина ја гледам,којзнае можеби е привид

Црни сништа

Се враќам од ехото на минатотоСе барам себеси во времетоСе видов некаде како сеништеЧудна плазма на распливнати клеткиПомислив,заглавивВо вечниот миг на непостоењетоНовиот унервезум што сам го измисливЧас сум редок воздух кој ветриштата го носатЧас ја вдишувам ноќта да станам ѕвездаЧас согорувам и сум ништоСтанувам дел од прародителотПосакувам повторно да сум искра на првиот оганДа не сум призракДа не се таатм како мртва бесцелностДа бидам повторно,и повторноЗдив на живототДа се разбудам конечно од прангитеОковите на црните сништа.

Page 19: Den bez videlina nojk bez mesecina

Црни Гаврани Ќе ви ја подарам вам,мои пријатели,црни гавраниПеснава,малку е тажна,на места морничаваСлушнетеја и понесетеја,таму далеку,каде со мракот си игратеВо густината негова се капете,и наутро поцрни излегувате. Кога со првиот зрак летот прв ќе го направитеНе гракајте,силно,сништата да не и ги исплашитеТуку тивко на прозор слетајте,мојата последна утринска солза оставетејаТаму нека стои,за моето чмаење нека зборува Ако ликот нејзин на прозор го видите,опианети како мене ќе бидете, виезастанете на граните од стариот орев,малку е накривенвосхита ваша на криљата ставетеја,во мракот мој донесетејазаедно со темнината ќе танцуваме со стари пагански игри Ако песната нејзина ја слушнете,не гракајте ве преколнувамсамо научетеја,мене, со вашата рапавост отпејтемијатрпеливо секој збор во дамарите ќе го сместамкога ќе бегам сам од себе,како патоказ ехото од песната ќе го барам. Ако солзите ги видите,не ги земајте лажни се,лесни,празни сеНема да ви простам ни јас ни ветеротЌе ве проколнам,ќе ве отфрлам,во бездна со крикови демонски ќе однесамСо мртви дождовни капки ќе ве удавам

Page 20: Den bez videlina nojk bez mesecina

Бездна на секавања

Годините се урнаа во бездна на сеќавања и заборавОстана напливот на тага да ги прекрие неродените месечиниПо небото се влечат мрзливи облациВремето кучешки збивта од исцрпеностОловно тешките дождови се спровираат под виножитото.

Во тажните очи се наталожија сите тајни на минатотоГи нема повеќе слатките морници по телотоБескрвниот демон со црна козина ги однесеГо остави тука мирисот на свежо ископана земјаВрз која глаголи бесно-Смрта е премин во нов живот-

Од агонијата на ноќта наследив сивилоВо утробата ми завива некој налудничав волкМе моли со рев да сонуваме заедноДа го воскреснеме копнежот за домотТака бездната ќе се затворела за миг.

Page 21: Den bez videlina nojk bez mesecina

Куп Кожа ова е само измислена ноќосветлена со заборавена правлива газиена ламбаеднолична мелодија низ неа одекнуважена,тажалка ја цеди со развлечено мрморењеза кожа на суви коски тагувалипасо липањето посакува,и повторно посакувалинијата на животот на коските повторно да се пишувалипасо липањето посакува,и повторно посакуванекаде на кожата топлина да почуствуванезнае или несака да знаебезгласен е будилникот на времето веќеладниот дожд ги рѓоса сказалкитесе скамени времето за сувите коскинегледа или несака да гледаветриштата,патеките минати му ги бришатбрановите,ридовите со болка ги топатбеше име,беше ликсега е само куп кожа на коски.

Page 22: Den bez videlina nojk bez mesecina

Идно Раѓање Во самотен миг на тагабез милоста на Паганските Боговипрестанувам да пеамво грлото спици од мраз се накотиленемеам,и без липтеж седнувам крај врбатапод сенката на мртвиот облакне сум веќе поетни пак танчер кој танцува на тактот од дождотни пак пловам во морето од детствотокога со занес ги слушав дивите песни на луњитетукаи сенката во ролна ја ставивпод мишка без напор ја носамнекој заскитан несонуван сон ме повикувасвоето идно раѓање да го видамкаде непокорен сум бил.

Page 23: Den bez videlina nojk bez mesecina

Млади месечини

Две мали,под препоставка млади месечиниНа полноќна прошетка со млак сон одатВо виуличава ноќ некаде на крајот од Јануар

Безумниот безабест и малку немирен ветарГи брише трагите и воздишките на тагата,заремПатилата незавршени копило рогато носеле.

Недокажаните верувања таинствено исчезнуваатВо сон со живо дејствиеНе се веќе венчани со вистината

Есенска месечина,стара мајка,бездруго лежи папсаноБез победнички сјај,со очај на поразКонецот на времето само го мота напред назад

Мирисот на пресно ископана земја се шириИ малку восок од третата догорена свеќаЧетвртата сеуште незапалена нд темето стои.

Сега страдаат само богоугодните добродушниБез надомест низ коските им фури студенилоНа дланките како милост врел пепел им се пласти.

Page 24: Den bez videlina nojk bez mesecina

Привидна вистина

Во предвечерен облак занесено гледамКако толкувач неговите облици ги одгатнувам

Жена со бели колкови и шест прсти градиВо екстазата своја црвено грозје гмечи

Бел галеб со десно скршено крило плачиВремето занего наназад се сурна

Дамки пепеласти од вечна темнина исфрлениСолзи бигорни капнати на посна земја

Рѓава сенка близнак на себеси чекориВо пуста земја се впрегнува залудно

Зарем не,ова се есенски облициИли некој рече измислени привидни вистини.

Page 25: Den bez videlina nojk bez mesecina

Скаменета призрачност

Живеам без допирВо скаменета призрачностОкован во разни облици и вистини

Напати шепотам со сенкиНапати безгласно стојам во бесцелностаИ низ прозирна светлост гледам туѓи несреќи

Меѓу две молитвиИскра во мракот на неизвесноста чинам уловивМоже да се рече,копнеж по домот пепеласт

Некој скептик во шупливото ехо мрмориТи си сенка на предание староТи никогаш не си живеел меѓу живите

Не,рапаво изговарам,бев жив сонНе повторно изговарам,месечината ме сакашеЅвездите патеките со прав ги постилаше

Покрај воздишки на очајЖивеам без допирВо скаменета призрачност.

Page 26: Den bez videlina nojk bez mesecina

Лажни ликови

Во обвивката на ноќни тајниневидливи призраци,скриени сомнежиЗлокобната вистина,малку сурова ми ја покажаа

Со сила на оган крвта ќе ти вриеЗлокобни мисли ќе ти баботатНесоница и во ноќ ќе те заробуваЛегиите на злото ќе те канат на ороВардисе од привидот на вистинаНе ја влечи сенката насекадеМинатите дни ќе те мамат довикуваатСласт од зборови на жена неверна ќе ти спружатПризрачна постела ќе ти постелатОдникаде или однекаде шум шепот ќе дуваДо раб на бездна ќе те однесеТи не верувај во оваСо силата на невин испосникСрамежлив калуѓер оди по беспатицаНевидливи молитви на небото читајСлавенички оди на блесокот пејмуКлекни,молисе,стани,повторно клекниКога премален,папсан,исцеден од призрациСеништа,литосани и немиросани,лажниЛикови на суви коски ќе видишТи повторно клекни,молисе,стани.

Page 27: Den bez videlina nojk bez mesecina

Бестелесна пловидба

Бестелесно пловам како призракБез живи бои ткаенини врз менеНиз пријатното студенило од струиДодека околу како бранови немирни плискаатЗакогаш заборавени воздишкиНезнам за васНо јас знам дека сум зад сите соништаВо магиска мрежа на мали ѕвездиОвде,црните пеперутки умираат со крик немЖолтите,црвените танцуваат неуморноГи нема никаде тука збеснатите суводолициШумови од шепоти се лелеат наоколуНекаде зад некоја галаксија минатаСпиеа со немир ридовите од болкаПрепокриени со темната антерија на самракотОвде,гавранот птицата на мојот неспокојОвде,некоја чудно смирувачка песна ми пеешеПодзглавје од своите бели перја ми правешеОтспротива липа нерасонет копнежФрагмент од некој недосонуван детски сонБестелесно пловам како призракБез живи со бои ткаенина врз мене.

Page 28: Den bez videlina nojk bez mesecina

Вудвосан

Вудвосан пред копнежотБез светлина од детствотоСо скаменет бигоросан минат денЧекам знам попустоСо дилема на дланкитеДали ме одмина бесмртниот бескраен тек.

Дното на ноќта утешително ме гушкаМе чува тука осамен малку збеснат песОслободен од стегите на страстаСо цвилеш баботи некоја заборавена сказнаДодека ехото во слепочниците му ја зоврива крвта

И тој,и јас,алчно ги кинеме срцата надвеМорничаво крцкаме со напукнат звук на бесНе го слушаме веќе стариот граматникГлаголи попусто зборови своиМртва вода пиете,во магли се криетеИграта на црната пеперутка ја игратеОтровот на туѓата крв ве затрулОд постоење во непостоење отидовтеТа сега сте без лик и без обликЗатоа вудвосани ветерот ве крши.

Page 29: Den bez videlina nojk bez mesecina

Јас и јадот

Со јадот заедно се распославмеПо пустелијава,каде овде онде некој трн пркнуваСе оѕвери палниот,вели сега друшка ќе ми билНејсе,си велам,мракот ти е познатНекако во лажниот сјај нека блеска

Камењарот го одминуваме,а тој само офкаГо плашат спилите,можел да се здроби на парчињаЈадот е пенлив,горчлив.ама и него безбели стравот го јадиНејсе,си велам мракот ти е познат,нелиНекаго во лажниот сјај нека блеска

По дирата само оди,душка во длабочините на дланкитеМрмори нејасни молитви,така себеси се куражиОд пламенот на надежта вмиг се исплашиНејсе,си велам,мракот ти е познат,нелиНекаго во лажниот сјај нека блеска.

Page 30: Den bez videlina nojk bez mesecina

Стрвник

Стрвникот,евего и тука повторноЈа насети болката која низ чемер се цедешеГо слуша,којзнае однекаде немиот плачСтрвникот,кој лик на пријател носешеПалниот лиги вчасов овој му потекоаТа во место саде потскокнува

Не бегам,ако мисли такаСаде кроце по патеката одамНа некој мртов спомен напати се сопнувамНе бегам,сега знам дека така мислиКроце кроце кон светлината заминувамДа се искапам со белина да се облечам.

Page 31: Den bez videlina nojk bez mesecina

Циклус три-Траорна ода за Љубовта.

Амајлија Последната вечер,крај празната постела стоевПолноќ бешеВо очите тајна надеж гаевДека повторно во одајата твојот чекор ќе го слушнамТивок како шумот на моето срцеПрвиот петел ме разувериНиз песната самотијата ми ја покажаПееше за штотуку родениот аветДодека не запеа вториот петелАмајлија моќна побрзав да направамНа белиот чаршав,со мирис на пролет ,оставив Една искрена насмевкаТри врели воздишкиПет неподарени бакнежиСедум бесмртни спомениДевет солени солзиДванаесет девствени копнежи Моќна е оваа амајлијаОколу вратот носија,во близина на срцетоФорма на немирна нескротена светулка имаПротив зли демони е,урокливи очи затвараЗајадливи и завидливи луѓе замолчуваРоеви од нечесни мисли растерува Нечекав третиот петел да запееЗнаев со потсмев песната ќе ја пеешеЗаминав тивкоКако што заминуваше месецот Ноември.

Page 32: Den bez videlina nojk bez mesecina

Роб на Копнежи Станувам осамен роб на полумртви копнежиЕте,и моите воздишки тука се гревМе тераат со презир да гледам на богатствотоДодека низ вените тече бураБура од неслучени сладострастија. Обезличен и пред месечината бесцелно чекамДогледуваќи во простори што не постојатВо време копнежливо што нема да дојдиТе повикувам од ова живеалиште на очајПовторуваќи го својот вчерашен глас И вчера,и завчера беше такаПомеѓу две ѕвезди без насмевкиМеѓу нас лежат само испокинати нишкиИ некој трепет на матно чуствоБез мирисот на годишните времиња,тој вкус на животот. Со јадот во тупаницата удирам во ветеротЗбеснат,немилосрдо шиба во беживотните очиНемоќни се да ги соберат капките на денотСила,сила да дадат од пехарот на спокојната ноќТаму знам остана твојот заборавен жежок здив.

Page 33: Den bez videlina nojk bez mesecina

Крадец себичен. Крадец себичен ми рекоа сум станалНе знаеа навистина овие луѓе минувачи низ времетоКрадец себичен навистина станавКрадав од виорот временскиСпомени ,со прав на заборав непокриени Бурава пустинска ме плашиТука на пољанава со пиреј прекриенаМногу песок носи,и прашина со себеКојзнае колку дебел пласт ќе направи Посакувам повторно,да е недела денГодината не е важна,ни пак месецотВажно е само утрото со насмевка исполнетоИ некаде во тие насмевки напишани миговите идни Простете,но навистина се занесон со мојата кражбаСирените на злокобниот ветар се близуНо морам да бегам некаде,но кадеНапред е келијата темна,бездна без дно.

Page 34: Den bez videlina nojk bez mesecina

Волк Самотник Во мислите твои ,волк самотник сумВо пештери неможеш да ме најдешКај ордите многу ги има не ме барајНи пак мегу дрвјата многулетни Те демнам,не во сништатаНе на јаветоНе од спомените Те демнам во болката мојаСо секој крик немСо секоја моја ладна воздишка Од вчера до денес,стотина пати крикнавЗавчера,карпата ладна ме гонешеИ досадив со студенилото моеРече,достамие моето,одиси во осојон со магли прекриен. Во мислите твои,волк самотник сумТаков ме наслика на платното недогледноРидовите сам ги создадовСтуденилото ти ми го подариНекаде во долината каде сонцето грееОсамена волчица со урлик довикуваСе плаши од осаменостаИ студенилото на карпитениз урликот тагата ја лие,каскаќи зад ордата.

Page 35: Den bez videlina nojk bez mesecina

Четири Невини Детски Очи Кришум,како крадец го пречекорив праготНа љубовта во која се колнеше дека и во третиот живот ќе живееБариери животни низ времето ќе пробиваЗа последен пат,со грст солзи го измив Одрината беше тажна и малку овенатаЈа видов набрзина во мугритеНезнам,дали од студенилото утринскоИли од бигорот кој го расејував низ дворот. Некаде позади мене остана топлата постела,иТвојата скриена насмевкаТвојот триумф над 22годишната свежа хумкаПод кој лежеа стотици спомени. Рече,наместо збогум,пред месечината да ми се насмевне за утехаПес скитник сум,скитникот нема домНи пак стреата е достојна заштитник да му бидиОдиси,мирисаш на земја,а јас сакам живот во прегратка туѓа. Ги прибрав остатоците на деновите изминатиВо стариот куфер,малку избледен,но силен за товарот деноноќенМоите воздишки таму ги ставив,со нив чемерот ќе го топам. Зачекорив по улицата,мојот нов домБез огниште,ни пак трпеза ширна,со емиши полнаБез насмевки детски,подадени раце за прегратка. И сега,и вчера,и завчераКрај стерната маркова седам осаменВо матната зовриена вода која клокотиБолката што ја направи во тие четири очи да ја видам. Низ ехото на нивниот далечен скриен ноќен плач да ја пиамВо празните дамари,ете таму ќе ја собирам и сместувамТребаше со идни насмевки и стотици весели утра да се полнат. Тука нема мостови каде да преминамНи пак дождови кои лијат како лажни солзиВремето тука е само поимМинувачите случајни кои тивко ме одминуваат. Невелам судбина било,велам згазен завет беше.

Page 36: Den bez videlina nojk bez mesecina

Во заборав заминувам Брзаќи да го заклучам моето срцеСо љубовта во негоОднекаде,долета како призрачно ехоТвојот последен лажен бакнежНосен на криљата од твојата лажна воздишкаЗа миг застанавНа припек во камењаров ладен. Беше така примамлив,сочен,неодоливНо премногу горчини носеше во себеНо премногу болка ќе ми направеше ако го земевГо одбив учтиво,несакав да го навредамИ претходните доволно лузни во душата ми оставијаСега се суводолици низ кој болката се лизга. Овде,во осојов ладен што ми го подариДрага мојаСо солзите жешки го топлам каменотСо премрзнат рев ги бркам последните пепруткиУпорно ме молат,повторно да го заиграат танцот на возбудатаНе,низ крик одговарам,од кој се цеди моето разочарувањеНе,повторно со низ крик одговарам Оставетеме во осамаЗа последен пат да ја прегрнам месечинатаОставетеме во заборав да заминамБезимен да станамИли можебиПрав и пепел на пожолтени коскиПокриени со лити партали.

Page 37: Den bez videlina nojk bez mesecina

Весели призраци Со спори, скоро нечујни чекори одамСо завртен грб према спомените нашиЗа кои вчера узнав дека се лажни. Ја видов на светлината од фенерот крај клупатаДволичноста нивнаДве децении тежеше,и малку повеќе Ги негував,чував и пазевСе сеќаваш,волшебната градина во срцето ми бешеБдеев над нив како гаваз строен. Со спори,скоро нечујни чекори одамКон мраморот бел,делкан за мене денесНема да има име,ни пак лик врежан. Попусто утре ќе го бараш,има стотици таквиБезимени,само неми паметнициИ ним лажната љубов тука ги донела. Со спокојот ладен чудна прегратка сторилеГледам среќни сеКако призраци,насмеани и весели етеги тука се.

Page 38: Den bez videlina nojk bez mesecina

Сон-несон Има ли надеж,за некоја нова патека да створимеМе праша предсиноќа во сонот некој твој далечен плачНе,реков,и во сонот и на јаветоНадежта е мртва во моето срцеПепелта на мртвите спомени ја прекрилеПретешка е за да и дозволат да воскресне. Има ли можност за некоја твоја повторно преграткаМе праша синоќа во сонот некое твое далечно липтањеНе,реков,и во сонот и на јаветоСтуденилото во кое ме однесе,вкочанет ме правиТука сум кип нем,декор во празен просторСамо некоја ранета птица која не отишла на југ ми се радува. Има ли начин повторно да го пронајдам клучот за твоето срцеЗнам дека ќе ме прашаш вечерва во сонотЗнаеш и ти дека повторно ќе речам, НеИ во сонот и на јавето.Клучот го фрлив во бунар без дноСеуште паѓа,го слушам фиукот негов.

Page 39: Den bez videlina nojk bez mesecina

Последна Желба На патеката наша,каде одевме заедноДржеќи се за рака,со насмеани лицаМојата последна желба ја оставам. На првото утро,кога каранфил црвен ќе видишНе го кини,тоа е мојата последна солзаНе го милувај,ќе изгори како мене од допирот твој. Оставиго,за ветерот е подарок мојЌе го чува и негува седум денаНа осмиот,семето ќе го расее насекаде На патеката наша,каде одевме заедноДржеќи се за рака,со насмеани лицаМојата последна желба ја оставам.

Page 40: Den bez videlina nojk bez mesecina

Последен сон На полицата,каде навечер ја оставаше твојата насмевкаДа се одмори,сега гледам некоја стара книга стоиПожолтени страни,незавршена приказна е тоаБолка втисната во хартија,со чемерно мастило напишана Неостварените соништа,гледам на улица си ги фрлилаОрдата од кучиња скитници ги растргнуваатА меѓу нив некаде е и мојот лик,со малку побелена косаИ малку уморен од трката со желбите по патеките неизодени И сега,додека сам го мирам изворот на целиот јад кој клокотиСо слаба насмевка ја поздравувам месечината,Во раката ја држам белата роза,подарена којзнае кога,Или тоа беа собрани бакнежи на едно место. Понизно сега молам,вратимиго барем последниот сонДа ја залечам раната на рамењата,гледај крварат скршените криљаПразната тишина тука ме крши,демоните знам ќе слават до зоратаНебото е стрпливо,но има граница на стрпливоста.

Page 41: Den bez videlina nojk bez mesecina

Од Љубовта се простувам Вечерва додека месечина седнува на престолотЈас и темнината се прегрнувамеИ од љубовта се простуваме,малку прошка си давамеПовеќе прекор,и некој збор со многу омраза исполнетСрцето со рѓосан клуч од солзите солени го заклучувамНа спомените грамада тешка ставивВо дланките испружени искри две ставамЗнам тие водилки ќе ми бидатЗнам тие надежта полумртва нема да ја сторатЗнам тие до светлината ќе ме носат.

Page 42: Den bez videlina nojk bez mesecina

Снежна Кралица Ако смрта ја има твојата насмевка........Навистина...................навистина и сега не се плашам.......Ни пак утре или задутре.......навистинаСамо ќе ги раширам рацете за незината прегратка Ако смрта ми речи да блескам на небото како твојот отсјај во очите.............навистина...............................навистина и сега не се плашам ......Ни пак утре или задутре.........навистинаЌе блескам толку силно што многу други ѕвезди ќе засенам Ќе блескамМоја Снежна КралицеТаму.......во бескрајотКаде моето срце нема да биде замрзнатоСо шест прсти мраз Ќе блескамМоја Снежна КралицеТаму меѓу другите отфрлени ѕвездиКаде нема дворци со студенилокаде нема лажни и тажни насмевки ако смрта ме праша зошто не се плашами сега кажувам............и утре и задутре..........Јас веќе еднаш умрев,......Во дворецот твојМоја Снежна Кралице

Page 43: Den bez videlina nojk bez mesecina

Продолжи да одиш Кога ќе наближиш до мене слушниги чекорите мои,во празново времеОдекнуваат небаре се камбани посмртни Негледај во часовникотОвде е само украс на ѕидот каде некогаш спомените висеа Нејабарај љубовта веќе од менеГо избришав тој збор од речникот,од тетратките,и од мислите Не ми го ремети спокојот привиденСега сум само дим од испушена цигара кој патува кон небото Само продолжи покрај овој простор,не ја врти главата назадКриковите нека не те мамат.не се одреков од тебе,но навистина продолжи Само продолжи,мене оставими ја оваа ноќ,која и не е ноќ,Навистина продолжи,заклетвата ќе ја чувам како перница мека да ми биде Ама продолжи кога ти кажувамЕвеги со збеснат виор доаѓаат ветриштата на судбината,којзнае што ќе донесат

Page 44: Den bez videlina nojk bez mesecina

Мрачни ходници Во мрачните ходници на животот сега се кријамБегам од ехото на твојата насмевкаСо силен стисок на дланката го збирам бесотА тој проклетник,воскреснува некои стари забовени спомени Низ врисок,моламНесакам да се сеќавамНесакам да сонувам.,несакам илузијата да ме храни обилно Во мрачните ходници на животот сега се кријамБегам од ехото на твојата насмевкаБегам од постоењето во непостењеНекаде во некој пусти улици со стара калдрма Низ врисокот,со плач моламНесакам да се сеќавамНесакам да сонувам,несакам илузијата да ме гали насекаде

Page 45: Den bez videlina nojk bez mesecina

Останувам во самотијата Ме казни самотијата да ја паметам твојата насмевкаМе казни споменот да го паметам твојот ликДодека тиНе ги сонуваше моите соништа Не се плашам,ни од ветерот,ни од дождод кој завива како гладен волкНе се плашам ни од црното небо со облаци троглавиСе плашам од оние минути кои се спремаат сонот да ми го донесатА некаде и во тој сон ликот твој знам е Не одам никаде,тука е само сивилото на залезотОстанувам покрај црниот камен со солзите да го напишам ликот на крикотОстанувам со свенат цвет да чекам ранета птица,малку радост да и дарам

Page 46: Den bez videlina nojk bez mesecina

Ја полнам празнотијата Од празново небо,крадам по некоја капка дождЗаборавени се од некои облаци кои само така одминале одамнаНеможам сега тука,во мојава темнина да заплачамЗемјава црна зинала жедно,небаре ала тридена ненапоена еТа само ржи со некој скриен таен звукНапојме,ти смртнику,намерникуНапојме додека мислам дека си ми товар Од празниов потрошен миг ,крадам некоја млака воздишкаЗаборавена,оставена,или беше вчера отфрленаНеможам сега тука,во мојава темнина да воздивнамЧемеров со јадот братија некоја чудна направијаМе раскинаа,та само тивката болка ми ја оставијаРекоа,кога на починка тие одеаСамо еден тивок крик пушти,та радосни не стори Од празниот ненапишан ѕид,со скриен поглед крадам парчеНа празнотијата со немост и зборувамНе,нема да победиш,во идниот час ќе те чекамНе нема да поразиш,во идниот ден јас повторно ќе те чекамНе нема целосно тажен да ме сториш,за само седум дена можеби ќе се смеамЌе пишувам се додека сила имамТака празнотијата нема да биде празнотија

Page 47: Den bez videlina nojk bez mesecina

Колку да се речи остатоцитеод вчерашниот ден,ги собирамсо дланкиве,во празните камари ги оставамво ѕидот со трипрсти вар испукананекаги,си велам самиот на себенека мувлата сега и ним ги нагризепајаците патеки врз нив нека сплетатправта нека се радува малку врз ниветесега во новиот денсо празни чекори ќе одам по улицитебесцелноколку да се речеме има во светлината

Page 48: Den bez videlina nojk bez mesecina

Бела ПустинаЉубовта нема боја,не го знаев тоаНо ти ме обои со најцрната нијансаме протвори во најлитата сенка. сега ,и утре ,и задутрево моите песни јас,и шумите без лисја ќе плачемеи идната недела и идниот месец во секоја наредна песнајас ќе немам очини пак од ветерот ќе чекам да ги донесе твоите бакнежи вратата на моето срце,со челични нитни ја заковавтука на ова место и надежта умре,зошто тогаш немо да стојамне е ова последно збогум.а којзнае можеби и е . Ефтино,скоро бес пари ги распродаде сите сништаСега ни чекорот по улица веќе несакаш да го слушашНи пак моето добро утро,или добра вечер Посакувам сега,во овој миг кога ја препочитувам песнава,да ја избришам,но лудиотнескротлив демон ,вришти на целиот глас....време е за омраза,време е за разделаб...несакамда мразам,но несакам ни да патам,сакам само да заминам во новиот ден,бес солзи воочите,.....ангелот со скршени две криља само седи,од болката нема сила ни утеха да даде,самоедна постапка беше доволни,и сакат да биди,постапка од смртник кој веруваше,или мислевдека верувал,од смртник кој сакал,или мислев дека сакал. Во некој непознат,сеуште нероден денЌе ги закопам сите парчиња од минатотоЌе забранам над нив солзи да се лее,или епитафи да се пишуваатЌе им ја оставам тишината спокој да имаат Останувам тука во белата пустинаСо половина разрушена душаСо половина скршено срцеСо празни раце Без грам љубов во дланкатаГи рушам сите мостови кои постоеаЈа оставам провалијата да зјаје Останувам тука,не да чекам,не да чмаам,ни пак да се надевам на нешто што знам деканикогаш нема да се врати,ни пак како феникс ќе воскресне од пепелта.туку ете повеќе однавика бесцелно ќе лутам во белата пустина.

Page 49: Den bez videlina nojk bez mesecina

Можеби е така подобро Нема да те врзам со тешките прангиНа мојата тага што се собрала Ќе заминам со руменилото на зоратаЌе се препуштам на вечната осаменостНе се плашам од тишината,се плашам од спомените Ги слушам,злокобно ѕвечкаат со оштрите сечиваВоздишките стануваат ками со две сечиваВжаренитe погледи летаа,небаре стрели отровниБакнежите се свиле,сабји димискии кои знам ќе ме параат Нема да дозволам во твоите очи солзи да се собератГи пиам сега жедно,изворот да го пресушам Ќе заминам кога првиот петел ќе пропееЌе се заградам во бигорната кула на неуспесиТаму ќе спијам на црна перница,од гавраница оставена На полноќ волкот самотник со виеш ќе ме тешиЌе седам на највисоката кула,само ќе слушам трпеливоНема да бидамтаженЌе си играм онака детињасто со празните сништа. Можеби е така подоброДа заминам за твоето утре да биде поубаво

Page 50: Den bez videlina nojk bez mesecina

Утеха млака На каменот сомов прекриен седамСо студенилото негово се прегрнувамСо засипнат морничав глас шепотиПепелта низ коските ти ја гледамПрофучува небаре оркани ја носатНиз душата шуплини пепеласти правиТе носи некаде во процепот на сонот и јаветоОлеснисе тука под небесниве стреиОд криљата закржлавени мирисот на измама истресиго Не е тажно да исчезнешСо утеха едвај изустена се тешамБолно е што светлината еден ден тажна ќе бидеСо облаци темни ќе се прекриеСо дождот земјата ќе ја мие.

Page 51: Den bez videlina nojk bez mesecina

Без товар од ова утро

Го сонив сонот Кој подоцна стана сурово јаве Старица една со скутаре црно на себе До креветот стоеше Ладен поглед имаше го знам тоа и сега Не сум дојдена приказни да ти раскажувам Рече со гласот засипнат Дојдена сум да те предупредам Немора да ме послушаш Но покасно можеби ќе се каеш

Пред години многу што минале Ете наивен си бил Во чесноста слепо си верувал Искреноста од срце си ја љубел Не си слушал добро што зборувале другите Не си гледал добро што правеле другите

На полноќ една Кога месечината блесок полн правела Било тоа пролет Кога срцето се буди Кога душата пее на сет глас Влаинка што сега во гроб лежи Таа ми го кажа ова Терет и бил голем на душата нејзина Сега лута во бесконечноста Гревовите не и даваат мир никаде

Направила злодело големо Среќата со катанци два ја врзала Во гробот свој клучот го зела По наговор од други тоа го сторила кој ласкави зборови знаеле да кажуваат кој пелин вода ти давале да пиеш небара прошка таа од тебе знае дека една прошка терет не симнува

ми рече молбено кој повеќе на плач личеше кажиму дека текот на судбината му го свртив сега како тантал товарот го носи

сега старицата зборуваше

Page 52: Den bez videlina nojk bez mesecina

знам дека тешко е да го љубиш некој кој со зло блика знам дека е тешко прошка да дадеж за болка знам дека е тешко прегратка да отвориш повторно но немој гревот ти да го правиш оставиго кантарот на небото оставиго оганот на земјата катанците рѓа ги фати малку време ќе мине и металот ќе пукне еве младата месечина тоа го потврдува

собериги јадовите во една топка во вода удавиги собериги чемерите на дланка во ветерот расфрлајги собериги солзите што си ги пролеал на земјата подари и ги запишиги сите лажни зборови што ти ги кажале во оганот ти фрлиги ќе видиш амајлија вечна така си направил од секое зло ќе те штити

послушајме кренија главата горе патот е пред тебе оставиги сега дните минати тие се само бледило едно

незнам дали ветерот ме галеше или сонцето ме милуваше но ова беше утро ново но ова беше ден нов и славејот сега го слушам

Page 53: Den bez videlina nojk bez mesecina

Наместо крај....незнам дали некој ќе го разбере како збогум.

Кога некогаш ќе бидам само име во спомен тажен

Кога некогаш ќе бидам само име во спомен тажен Тивок шепот во молитва осамена Бледа сенка на пожолтена фотографија Која ќе ја држат растреперени раце Ќе ја гледаат очи со заматен поглед

Тогаш Драга моја Оставија отворена вратата на твоето срце Нема да бидам како некогаш Ветер лут кој бури носи со себе Нема да бидам оган Кој пламени јазици фрла насекаде Или луда река која со лудоста своја во понор ита

Ќе дојдам Тивко како првото кокиче напролет Ако тогаш почуствуваш Дека срцето немирно ти чука Не се плаши од ритамот Само сети се на танцот Што го игравме заедно со пеперутките

Кога некогаш ќе бидам само име во спомен тажен Тивок шепот во молитва осамена Бледа сенка на пожолтена фотографија Стих запишан во песна недопеана Која ќе ја пишуваат растреперени раце

Тогаш Драга моја Оставиго отворен прозорецот во твоето око Нема да бидам како некогаш Бран немирен кој со брегот се бори Нема да бидам како некогаш

Page 54: Den bez videlina nojk bez mesecina

Птица ластовица Која копнее деноноќно за старото гнездо Или орел горделив Кој на синото небо му пркоси деноноќно

Ќе дојдам Како искра водилка од зракот месечев Ако тогаш почуствуваш Дека солзите итаат Неги запирај Само сетисе кога зедно плачевме На првиот детски плач

Кога некогаш ќе бидам само име во спомен тажен Тивок шепот во молитва осамена Бледа сенка на пожолтена фотографија Стих запишан во песна недопеана Бела ружа на гради чувана Со трепер старечки милувана

Тогаш Драга моја Со песната од славејот Клучот ќе ти го испратам Катинарот зарѓан да го отклучиш Душата моја да ја ослободиш За мирот да го најде

Page 55: Den bez videlina nojk bez mesecina

Кога Смрта ќе не раздели

Кога смрта ќе не разделиДрага мојаКога ветерот ќе го смириТвојот неспокој и немирТиНаслушнувај во тишината

Ако небесните Ангели ја пеатОдата на вечностаЗа мене,и за нашата љубовНасмевнисе како што знаеш само тиСо скриена насмевка

Но,ако видиш некогашОколу мојата хумка со пепел покриенаНиз пиреј испреплетенаДемони како слават со оро блудноОколу развиорен пагански оганТи не плачи,не рони солзиСлатка вечера не им подарувај

Заврти им само грбКон руменилото на зората појдиВо светлината искаписеПо нова патека тргниКоја две сонца ја греат.

Page 56: Den bez videlina nojk bez mesecina

КРАТКА БИОГРАФИЈА

Кратка Биографија

Никодин Чернодримски роден 1964 во Прилеп во тие величествени прегратки на Марковите

Кули.

Уште како мал, кога го осознава вистинското постоење на животот, започнува да ја искажува

својата восхит према градот кој му вдахнал живот,неуморно и деноноќно ги истражува сите

Прилепски скриени и јавни катчиња на секојдневното живеење,но тоа истражување никогаш

не го нарекол безделничење,зошто и не безделничел,напротив секој миг бил претходно

испланиран,не ги броел деновите,но трпеливо и педантно ја нижел низата на животот во

непрегледното Прилепско поле,горчините кои злато вределе вредно ги собирал и со ширум

отворени очи сонувал за животот.И од најкривата прачка Никодин со својата палава дружина

на другари умееле да направат највоинствени мечеви со кој ги оживувале Марковите

Битки,палаво во свој стил тоа било дружина која оставила печат во постоењето на

градот.Љубовта према пишаниот збор ја добива на велинченствената сцена на Народниот

Театар-Војдан Чернодрински-каде десетина години учествува во бројни аматерски и

професионални претстави,толкуваќи најразлични ликови,кои и ден денес кога осаменоста ќе

му се доближи,тој ги вади од своите спомени ги оживува тие ликови,така правејќија

осаменоста полна а не празна и убиствена.Растеќи покрај великаните во Прилепскиот Театар

Трајче Иваноски,Најдо Тодески,Димитар Вандески,Кирил Жежоски,Евица Глиѓиќ,Благоја

Спиркоски-Џумерко,и сите други и работеќи под режисерските палки на Илија МИлчин,Коле

Ангелоски,Аце Јованоски,Блаже Рстески и други,гради ликови кој длабоко во него ќе му ја

вградат желбата да и Никодин еден ден створи свои дела од кој ќе се гордеат сите,но и да

створи дела кој ќе се играаат на сцената на Прилепскиот Театар. Паралелно со Театарот ги

запознава сите планински убавини не само на Македонија,туку и во целукупниот простор на

Југославија,како и на Балканските Држави,членуваќи во Планинарското Друштво-Златоврв-од

Прилеп ,Никодин ја запознава убавината,силата,но и моќта на природата,што подоцна токму

таа моќ кој ќе ја позајми од природата ќе му биде инспирација да ја опее во многу песни.

Page 57: Den bez videlina nojk bez mesecina

Соновите и Стварноста се два контрадикторни светови,кои многупати не одат паралелно,така и

Никодин соочуваќи се со безработицата која во тоа време веќе срамежливо започнува да

тропа на вратите,го остава градот на својата Младост Прилеп и заминува за Скопје.Доаѓа во

Скопје каде и се вработува,но вработувањето не значи дека засекогаш ја пресекол врската со

Градот,напротив можеби физички не е веќе во градот но честопати со своите мисли го

надлетува градот и го милува црпеќија сила од Маркови Карпи.Работеќи започнува да се

адаптира на новата средина,отворен искрен и комуникативен веќе за кратко време стекнува

нови пријатели со кој и ден денес контактира.Со доаѓањето во Скопје ја запознава својата

Муза која му ја дава најголемата инспирација за секоја поетска и прозна творба,ја запознава

својата сопруга Јана,која и ден денес му е инспирација.Како плод на таа љубов се родија две

прекрасни деца Кристијан и Викторија кој му вдахнуваат секојдневни надежи дека утрешниот

ден нема да биде ден кој ќе биде исполнет со болка туку ден кој ќе биде исполнет со смеа и во

кој ќе тече и денешната радост.

Досегашни дела на Никодин

Стихозбирки

Ангелски Шепотења

Арнаутска Жетва

Астра

Балканска рапсодија

Браќа по Мрак

Десете Балкански Проклетства

Дневникот на еден сонувач

Ден без Виделина,Ноќ без Месечина

Кај си бе другар

Катадневно Тркало

Крилати Сни

Месечеви Сонети

Мисловен Дневник

Мој Роде

Page 58: Den bez videlina nojk bez mesecina

Монолог со Паметникот

Мозаик од Мигови

Мртви сенки на Мртва стража

На Спилите им Раскажувам

Ново утро

Огнени Виори

Осамени Монолози

Пагански Стихови

Пелин Вода

По патеките на Орфеј

Прилепско Ехо

Шепотот на скриениот дамар

Трагач по Илузии

Таинствени Прерии

Заборавени Спомени

Успони и падови

Останати дела на Чернодримски

Монодрама-Ало Диоген на Линија

Романи

Кара Севда

Тајната на Нормандови

Приказна која не требало никогаш да биде раскажана

Првиот Ангел

Page 59: Den bez videlina nojk bez mesecina

Драма

И сега Шо

Како и збирките раскази

Затворени кругови

Номад во душата

Бразда

Од сонот до јавето

Приказни од малиот сокак

Page 60: Den bez videlina nojk bez mesecina

Attribution-NonCommercial-NoDerivs 3.0 Unported

You are free:

to Share - to copy, distribute and transmit the work

Under the following conditions:

Attribution. You must attribute the work in the manner specified bythe author or licensor (but not in any way that suggests that theyendorse you or your use of the work).

Noncommercial. You may not use this work for commercial purposes.

No Derivative Works. You may not alter, transform, or build uponthis work.

For any reuse or distribution, you must make clear to others thelicense terms of this work. The best way to do this is with a linkto this web page.

Any of the above conditions can be waived if you get permissionfrom the copyright holder.

Nothing in this license impairs or restricts the author’s moralrights.

The document was created by CC PDF Converter