Del Od Mr - Instrumenti

6
Дел од видувањата на М-р Гордана Ѓорѓиевска - Евалуација на инструментите за мерење на знаењето на учениците _________________________________________________________ ____________ 4.ИНСТРУМЕНТИ ЗА МЕРЕЊЕ НА ЗНАЕЊЕТО НА УЧЕНИЦИТЕ 4.1. МЕТОДИ ЗА МЕРЕЊЕ НА ЗНАЕЊЕТО НА УЧЕНИЦИТЕ Во прирачникот за наставници „Примена на стандардите за оценување на учениците“: „Стратегиите на поставување прашања, задачи и други барања на учениците од страна на наставниците заради прибирање информации за оценувањето на напредокот во процесот на учење и на резултатите што учениците ги постигнуваат, можат да се сфатат како методи кои наставниците ги користат за мерење на знаењето на учениците“. (Примена на стандардите за оценување на учениците:102) Според нив, различни видови на методи за мерење на знаењето на учениците, се групирани во следниве групи на методи: - методи за усно проверување (разговор, дискусија, усно излагање, усно испрашување), - методи за оценка на писмените одговори (тестови, одговори на прашања), други пишани трудови (есеи, литературни трудови, извештаи од истражувања) и изработки (цртежи, модели, графички прикази, портфолио) и - методи за проверка на практичната оспособеност (драмски, музички, физички изведби, практична работа). ( Примена на стандардите за оценување на учениците:102) Во својата книга „Училничко оценување“(Classroom assessment) Еарејжан П. (Airasian W., Peter) ни ги нуди следниве видови техники за оценување на учениците: - Хартија и молив техника- овој вид на техника бара од учениците запишување на нивните одговори на прашањата или проблемите. Од овој вид

description

Евалуација на инструменти

Transcript of Del Od Mr - Instrumenti

Page 1: Del Od Mr - Instrumenti

Дел од видувањата на М-р Гордана Ѓорѓиевска - Евалуација на инструментите за мерење на знаењето на учениците_____________________________________________________________________4.ИНСТРУМЕНТИ ЗА МЕРЕЊЕ НА ЗНАЕЊЕТО НАУЧЕНИЦИТЕ

4.1. МЕТОДИ ЗА МЕРЕЊЕ НА ЗНАЕЊЕТО НА УЧЕНИЦИТЕВо прирачникот за наставници „Примена на стандардите за оценување научениците“: „Стратегиите на поставување прашања, задачи и други барања научениците од страна на наставниците заради прибирање информации заоценувањето на напредокот во процесот на учење и на резултатите што учениците ги постигнуваат, можат да се сфатат како методи кои наставниците ги користат за мерење на знаењето на учениците“. (Примена на стандардите за оценување на учениците:102) Според нив, различни видови на методи за мерење на знаењето на учениците, се групирани во следниве групи на методи:- методи за усно проверување (разговор, дискусија, усно излагање, усноиспрашување),- методи за оценка на писмените одговори (тестови, одговори на прашања),други пишани трудови (есеи, литературни трудови, извештаи од истражувања) иизработки (цртежи, модели, графички прикази, портфолио) и- методи за проверка на практичната оспособеност (драмски, музички,физички изведби, практична работа).( Примена на стандардите за оценување на учениците:102)Во својата книга „Училничко оценување“(Classroom assessment) Еарејжан П.(Airasian W., Peter) ни ги нуди следниве видови техники за оценување научениците:- Хартија и молив техника- овој вид на техника бара од ученицитезапишување на нивните одговори на прашањата или проблемите. Од овој видпостојат две форми: селекција и давање на одговори. Техниката за селекција наодговорите, бара учениците да го селектираат одговорот од можностите кои им се дадени. Техниката за давање на одговори бара учениците да конструираат и дадат одговор на дадено прашање или проблем.- Техника на набљудување- оваа техника бара набљудување или слушање наизнесените активности од страна на учениците ( набљудување на процесот) илипроценување на продукток кој е изнесен од страна на ученикот (набљудување на продуктот).- Техника на усно испрашување- овј вид на техника бара усно поставувањена прашањата со кои се собираат голем број на формални и неформалниинформации за учениците. (Airasian W., P.,2005:10-12)МекМилан Џ. (James H. McMilan) методите кои се користат за оценување научениците ги дели во следниве категории:- формат §T__________на селектиран одговор- кај овој метод учениците се запознаени со прашањето кое има два или повеќе можни одговори.- формат на смислен одговор- овој метод бара учениците сами да гокреираат нивниот сопствен одговор на зададената задача или прашање.- набљудување од страна на наставникот- наставникот поставува прашањеи го набљудува одоворот на ученикот во целост.- ученичко само-оценување-учениците треба сами да постават стандарди икритериуми по кои ќе се оценуваат самите. (H. McMilan, J., 2007:58-60)

Page 2: Del Od Mr - Instrumenti

4.1.1.УСНО ПРОВЕРУВАЊЕ И НЕГОВИТЕ ВИДОВИВо „Докимологијата“ Киро Поповски го дефинира усното проверувањекако: „постапка на непосредна комуникација на наставникот и учениците, во која тој усно проставува прашања, а ученикот, исто така, усно одговара. При ваквиот вид на испрашување се води дијалог помеѓу наставникот и ученикот за одредена тема или цел материјал (во зависност од целта на испитувањето) и по прашања кои се однапред подготвени“. ( Поповски,К.2005:134) Во зависност од одговорите што ги дава ученикот, ги разликуваме следниве методи на усно проверување:- катехетички разговор – во овој вид на испрашување наставникот поставувапрашање, а ученикот одговара со веќе готови, напамет научени точни одговори.36- еуристички разговор – е начин на усно проверување што се одвива во видна дијалог во кој наставникот, со прашањата што му ги поставува на ученикот,всушност го води, врз основа на неговите предзнаења и со сопствени напори илогично размислување, да дојде до нови сознанија и заклучоци.-слободен разговор( дискусија) – во овој вид на испитување, дискусијата севоди слободно, наставникот само создава услови за слободно изразување- интервју – е структуиран разговор, учениците усно одговараат на прашањакои претходно се подготвени од наставникот-други форми на усно проверување – тука спаѓаат: опишувањето,раскажувањето, известувањето, објаснувањето, образложувањето.-испитот како посебна форма на проверување – овој вид на проверување сеизведува само на крајот од целата наставниот процес (крај на година, по завршен семестар, завршен-матурски или поправен испит) ( исто: 134-139)

4.1.2.ПИСМЕНО ПРОВЕРУВАЊЕ И НЕГОВИТЕ ВИДОВИ

За овој вид на проверување, Киро Поповски вели дека: „...се состои во тоашто наставникот поставува прашања или дава задачи на учениците во писменаформа (поретко и усно), а учениците одговараат писмено. Понатаму вели: „Вонаставата се користат скоро сите форми и од писменото проверување на знаењето на учениците. Наставниците кај учениците од помалите одделенија ги применуваат следниве видови: препишувањето, диктатот, дополнување, проширување или завршување за започнат тест или реченица, куси писмени одговори на едноставнипрашања и слично. Со учениците од постара возраст се користат: релативно куси писмени работи како слободни состави (творби), описи, прераскажувања,објаснувања, подолги писмени одговори на поставените прашања и сл. Од поново време се користат и: писмено проверување со помош на тестови на знаење, писмено проверување со помош на прашања од есејски тип, пообемни писмени трудови како што се семинарските работи, извештаи од истражување за завршни или матурски испити.“)(Поповски,К.2005:142)Во наставната пракса, наставникот има за задача да го изберинајсоодветниот метод со кој ќе ги проверува знаењета на учениците и за истиот да изработи соодветен инструмент.

4.2. ИЗБОР И ИЗРАБОТКА НА ИНСТРУМЕНТИ ЗА МЕРЕЊЕ НАЗНАЕЊЕТО НА УЧЕНИЦИТЕ

Page 3: Del Od Mr - Instrumenti

Врз изборот и изработката на инструменти за мерење на знаењето научениците влијаат голем број на фактори. Во прирачникот за наставници наведени се следниве:

1. „Треба да се избрерат разновидни методи за мерење на знаењето(оценување) и да се изработат/изберат соодветни инструменти- училиштето треба да промовира и обезбеди користење на разновидниметоди за проверка и оценување на постигнатоста на целите и задачите и даовозможи изготвување и примена на разновидните инструменти- наставникот треба да избира и методи коишто обезбедуваат вклучување научениците во оценувањето( методи за самооценување, за заемно оценување и сл.)- методите што ќе се изберат треба да овозможат оценување на сите аспектиод развојот на личноста на ученикот- при изборот на методите и инструментите треба да се има предвидвозраста, претходното искуство на учениците и контекстот во кој тоа ќе сеприменуваат.

2. Методите за оценување и соодветните инструменти треба да овозможатприбирање на валидни податоци за учењето и за постигнувањата на секој ученик- методите и инструментите за оценување треба да се поврзани со целите изадачите на наставната програма- методите за оценување треба да му овозможат на секој ученик да гипокаже своите постигања.

3. При изборот на методите и изработката на инструментите треба да се имапредвит целта за која тие ќе бидат користени- наставникот треба да избира методи и да изработи инструменти согласноцелта на оценувањето- при изборот на методите и техниките за оценување со различна целнаставникот треба да ги има предвид нивните потенцијали и огранучувања- наставникот е запознат со инструментите што се користат во националнитеи маѓунационалните оценувања и ги има предвид при изготвувањето наинструментите. (Примена на стандардите за оценување на учениците “(103-104)Вака поставени стандардите даваат впечаток дека изборот и изработката наинструметот претставува лесна постапка, која во пракса и не е така едноставна.Наставниците се тие кои го даваат последиот збор. Од нив зависи за која наставна единица каков метод за мерење на знаењето на учениците ќе се употреби и во согласност со тоа кој инструмент ќе се изработи. Но, претходно споменавме дека пред наставниците постои широк опсег на избор на различни видови методи и инструменти.