cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од...

264

Transcript of cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од...

Page 1: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината
Page 2: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината
Page 3: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме сакани и ценети. Во нејзината книга Без ривал, Лиса Бивир, нè охрабрува да знаеме и да разбереме дека сме уникатно создадени и сакани од Бог. Бидејќи сме, на секој од нас му е дадена клучна и важна улога што треба да ја исполниме во Божјиот план. Оваа книга е покана да се стремите кон Бог и кон мисијата што Тој ја има за вас“. - Холи Вагнер, пастор и автор

„Живееме во култура која е исполнета со изгубени души кои го бараат својот идентитет на погрешни места. Оваа книга е вистински компас кој ги насочува мажите и жените кон вистинскиот извор на нашиот духовен идентитет. Ние му припаѓаме на Бог, Тој нè избра и ние сме сакани уникатно. Лиса, на еден умешен начин, ги оживува овие безвременски вистини. Оваа книга мора да се прочита!“- Брeјди Бојд, пастор на црквата Нов живот, Колорадо Спрингс и автор на книгата Зависен од зафатеност

„Во Без ривал, Лиса споделува продорна вистина за тоа кои Бог нè создал да бидеме и како Тој лично и уникатно нè љуби секој од нас. Откако ја прочитав оваа книга, не можам да замислам некој да се сомнева во Божјата љубов кон нив!“- Крис Хоџес, главен пастор на црквата Church of the High-lands и автор на книгите Свеж воздух и Четири шолји

„Ако некогаш сте се бореле со вашиот идентитет, оваа книга ќе ви го промени животот. Разбирањето на нашата уникатност во Христос нè преобразува од местото на безбедност да го заземеме нашето место во големиот Божји план на откупување“. - Шила Волш, автор на Бог ги љуби скршените луѓе и гла- вен говорник на конференциите Жени на верата

Page 4: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

„Без ривал е вистинско откровение и книга за која верувам дека во голема мера ќе влијае на оваа генерација. Лиса Бивир ја пренесува Божјата љубов на еден прекрасен, нов и живописен начин, што со сигурност ќе го задржи вниманието на секој читател. Како што читателите ќе навлегуваат подлабоко во оваа неверојатна книга, ќе научат повеќе за Божјата љубов кон нив, како и за важноста да го пронајдат својот идентитет во Него“. - Матју Барнет, ко-основач на центарот Dream

„Без ривал е прекрасен потсетник за Божјата љубов кон сите луѓе. Лиса ѝ пристапува на оваа тема со свежо откровение и ги изразува своите мисли на таков елегантен и концизен начин. Ова е навистина убава книга од која секој читател ќе биде инспириран“. - Каролајн Барнет, ко-пастор на центарот Dream

„Во свет опседнат со конкуренција и споредба, оваа книга е задолжителна за секоја мајка, ќерка, водач и за пријател. Време е да ги здружиме рацете, наместо да го споредуваме она што е во нив. Време е да го прославуваме успехот на другите, наместо да се толерираме. Ние сме без ривал, затоа да направиме простор за другите да напредуваат“. - Шарлот Гамбол, главен пастор на црквата Живот, Брад- форд, Велика Британија

„Ако се борите со чувства на безвредност или со недос- таток на смисла и цел во животот, Без ривал е токму она што ви треба за да го замолчите вашиот внатрешен критичар. Бог ве има позиционирано да најдете задоволство среде сите околности и да живеете живот без споредба“. - Пастор Стивен и Холи Фертик, на црквата Elevation

„Лиса ќе ви помогне да откриете како да ги искусите слободата и сигурноста кои доѓаат од сознанието дека вие

Page 5: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

сте Божјо ексклузивно ремек-дело – без споредба и без ривал – и дека имате сè што ви е потребно да ја достигнете вашата уникатна судбина во Бог“. - Викторија Остин, ко-пастор на црквата Лејквуд, Хјустон, Тексас

„Книгата на Лиса Бивир, Бeз ривал, ќе ве разбуди во нови димензии на вашиот идентитет во Христос. Книгата на Лиса е полна со увид и побожна мудрост. Ќе ве предизвика, ќе ве инспирира и ќе ви овозможи да го следите Божјиот уникатен повик во вашиот живот. Доколку копнеете да се усогласите со она што Бог го зборува за вашата судбина, оваа книга е за вас! Од сè срце ја препорачувам“. - Крис Валотон, главен асистент лидер во црквата Бетел, Рединг, Калифорнија

„Лиса Бивир многу години е наш близок пријател, и ние веруваме дека увидот што таа го споделува во Без ривал ќе им донесе слобода на многумина. Додека ги читате овие страници, побарајте Бог да ви помогне да ја надминете и да ја победите желбата да се споредувате и да се натпреварувате, и дозволете му да ви покаже како да ја прифатите и да уживате во личноста што Тој ве создал да бидете“. - Џејмс Робисон, оснoвач и претседател на Живот - Меѓународна организација за досегнување

„Ја сакам Лиса. Таа секогаш носи збор во вистинското време. Оваа книга мора да се прочита од сите, и мора да се верува. Спознанието кои сте и вашата потреба од другите е огромно! Како што ќе ја читате книгата ќе бидете зајакнати, чувствувајќи како Таткото го изговара врз вас вашиот вистински, непоколеблив идентитет“. - Џен Џонсон, водач на славење/текстописец на Бетел музиката

Page 6: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

„Без ривал е брилијантен повик за будење за сите жени од сите возрасти. Пораката на Лиса дека сме уникатно сакани и повикани од Бог, е толку потребна. Ја сакам нејзината страст и енергијата што отскокнуваат од секоја страница“. - Али Вортингтон, автор на Ослободување од зафатеноста: Како да најдете мир и цел во свет на лудило

„Храбрите и со Светиот Дух исполнети зборови на Лиса, ќе им помогнат на жените да бидат ослободени од споредување, гордост и од завист. Таа го живее она што го проповеда: кога му припаѓате на Исус, вие сте без ривал“. - Сара Беси, автор на Исусовата феминистика и Надвор од класификување: Воспоставување мир со еволвирачката вера

„Најновата книга на Лиса е вистинско богатство. Во основа се работи за книжевен еквивалент на Божјите раце ставени на двете страни од нашето лице, свртувајќи го нашето внимание кон Него, и притоа полека и цврстовелејќи: Те сакам.“- Лиса Харпер, автор и библиски учител

„Разбирањето кому припаѓате, вашето уникатно место во Божјото семејство и Христовиот карактер се најважното за континуираниот раст на здраво срце и душа. Лиса Бивир има уникатна способност да ги објасни библиската вистина и личното откровение кога станува збор за овие вечни начела. Ќе откриете повторно не само кои сте вие туку кој е Тој – неспоредлив, личен и моќен Спсител“. - Брајан и Боби Хјустон, глобални основачи и главни пастори на црквата Хилсонг

„Во свет каде што жените можат да бидат обележани со споредба и ривалство, Лиса Бивир го прави она што таа го прави најдобро – нè привлекува поблиску до нејзиното

Page 7: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

женствено срце со негување, зајакнување и со исцелителни зборови: „Ќерко, ти си доволна, бидејќи си уникатно сакана“. Без ривал ја одзема од нас нашата потреба да се натпреваруваме, приземјувајќи нè на безбедно во срцето на Таткото и вкоренувајќи нè во Неговата прегратка. Оваа книга мора да ја прочита секоја жена која копнее за подлабока поврзаност, идентитет и за цел во животот“. - Криста Блaк Гифорт, наградуван текстописец, говорник и автор на Бог го љуби грдото и Исцелено срце

„Новата книга на Лиса Бивир, Без ривал, е прекрасен опис за уникатната љубов што Бог ја има за секој од нас. Книгата нè потсетува дека ние немаме ривали, затоа што Бог нè создаде нашата уникатна вредност и идентитет да бидат во Него. Оваа книга мора секој да ја прочита!“- Џентизен Френклин, главен пастор на црквата Free Chapel, Геинсвил, Џорџија и Њујорк тајмс најпродаван автор

„Мојата драга пријателка, Лиса Бивир, повторно го направи тоа. Без ривал е моќна, пророчка и инспиративна книга, која ќе ви помогне да откриете кои сте и чии сте како Божји жени. Подарете примерок од оваа книга на секоја жена што ја знаете - јас со сигурност ќе го направам тоа“. - Кристин Кејн, основач на А21 и Поттик на жената

„Ние не само што сме сакани подеднакво, ние сме сакани уникатно. Во Без ривал, Лиса ги распакува вистините што ќе ви помогнат да ги повратите вашата сила и цел“. - Марк Батерсон, Њујорк тајмс најпродаван автор на книгата Создателот на кругот и главен пастор на црквата National Community Church

Page 8: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината
Page 9: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

„Моќна, пророчка и инспиративна книга“.- Кристин Кејн, основач на А21 и Поттик на жената

Прифатете ги вашиот идентитет ивашата цел во ова време на

збунетост и споредување

Најпродаван автор на Кога лавицата стануваи Девојки со мечеви

ЛИСАБИВИР

Page 10: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

Without Rival (Macedonian) by Lisa BevereCopyright © 2017 Messenger International

Originally published in English as Without Rival by Lisa BevereCopyright © 2016 Revell, a division of Baker Publishing Group

Additional resources in Macedonian by John & Lisa Bevere are available for free download at: www.CloudLibrary.org

This resource has been distributed to leaders and emergent leaders FREE OF CHARGE and is not to be sold.It is a gift from Messenger International, the Ministry of John and Lisa Bevere.You are encouraged to duplicate, virally distribute, use extracts or otherwise share this teaching with others.

To contact the author : [email protected]

Наслов на оригиналот:Without Rival (Macedonian) by Lisa BevereCopyright © 2017 Messenger International

Изворно издадена на англиски јазик како Without Rival by Lisa BevereCopyright © 2016 Revell, a division of Baker Publishing Group

Дополнителни материјали на македонски јазик од Џон и Лиса Бивирсе бесплатно достапни на: www.CloudLibrary.org

Оваа книга бесплатно се дистрибуира и не смее да се продава!Оваа книга е подарок од Messenger International, службата на Џон и Лиса Бивир.Слободно можете да правите копии од материјалите, да ги ставате на интернет или на кој било друг начин да го споделувате ова учење со другите.

За контакт со авторот: [email protected]

Преведено со одобрение од Messenger International

Превод: Игор ЈакимовскиЛектура: Светлана ВасевскаГрафика и дизајн: Елисавета Галева

Во оваа книга авторот има користено стихови од различни преводи на Библијата. Сите стихови, кои се поклопуваат со стандарниот македонски превод на Библијата, во издание на Библиското здружение на Р. Македонија, Скопје, 2007, се користени од тоа издание на Библијата. Сите останати стихови се парафразиран и динамичен превод на англиските преводи на Библијата.

Page 11: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

Најмила,Ти си керка без ривал, љубена од Таткото, на кого

и се доверени порака и ветување без споредба, во време без преседан. Ти си избрана за овој момент, што истовремено е одлично и страшно. Поради оваа причина, мора да љубиш бестрашно... да веруваш екстравагантно... и да се надеваш без мера.

,,

Page 12: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

1.

2.

3.

4.

5.

6.

7.

8.

9.

10.

Page 13: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

Содржина

Идентитет без противник

Нашиот неспоредлив Бог

Ветување кое нема противник

Не осмелувај се да се споредуваш!

Кога ти си видена како противник

Пол без противник

Соперништвото помеѓу стравот и љубовта

Длабоки бунари и бунари на желби

Ќерка без противник

Неприкосновен живот

Белешки

1.

2.

3.

4.

5.

6.

7.

8.

9.

10.

1

17

41

69

91

117

151

173

197

223

244

Page 14: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината
Page 15: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

1Идентитет без противник

Нашата најголема потреба е да најдеме некој кој ќе нè инспирира да бидеме она што знаеме дека можеме да бидеме. Ралф Валдо Емерсон

Дали некогаш си имала противник? Не мислам на мал, пријателски натпревар во спорт. Исто така, не мислам

ни на мали деца кои се натпреваруваат за вниманието и чувствата на своите родители.

Размислувам во насока на постојано критикување. Противник не е некој кој го чувствуваш како пријател или како семејство. Кога ќе се појави противникот во некој спорт, неговата цел не е толку многу да победи, туку да те исфрли надвор од теренот.

Но, што ако откриеш дека животот којшто секогаш си го посакувала е надвор од рамките на натпреварувањето? Што ако откриеш дека не мора да загубиш доколку не учествуваш во играта? Што ако откриеш дека не можеш да загубиш? Што ако би можела да размислуваш надвор од кутијата, но, исто така, би можела да избереш и да живееш надвор од неа?

1

Page 16: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

Пред десетици години прочитав една книга која сугерираше дека крајот на светот ќе дојде преку целосно отуѓување (а, не како резултат на инвазија на вонземјани). Теоријата беше дека ќе дојде време кога светот ќе биде поделен на два спротивни кампа и на два различни начина на размислување. Кога постои клима на раширена поделба, тогаш е многу лесно да се иницираат спротивставените страни да се нападнат едни со други, сè додека не доживееме целосна апокалипса.

Секоја една голема систематска поделба започнува, пред сè, на многу мала интимна скала. Може да започне во нашите домови каде поделени куќи се исполнети со повредени луѓе со поделени срца. Постојат многу реални сили кои дошепнуваат лажни сугестии што ги напаѓаат твојот ум, твојата волја и твоите емоции, со надеж дека ќе се свртиш против самата себе, а потоа и против другите.

Тешко е да се избегнат пораките и гласниците кои ти велат дека не си доволно добра, доволно млада, доволно паметна, доволно брза или доволно богата. Ние сме бомбардирани со надеж дека ќе се повлечеме во согласност со нивните очекувања. Во човековата природа е да се повлечеме пред ова постојано заплашување кое имплицира дека никогаш не сме доволни. Кога ова малтретирање ќе ја достигне критичната точка, некои ќе се повлечат кон конформирање и копирање, а други ќе се побунат посегнувајќи кон обвинувања од своја страна.

Ние судиме кога се чувствуваме судени. Ние посрамуваме кога се чувствуваме посрамени. Ние мразиме кога не се сакаме самите себеси. Кога сме банкротирани, многу бргу посакуваме да

ограбиме некој. Тоа е еден круг во кој секој губи и никој не добива. Но, што ако зборовите на Павле се вистинити?

Голема печалба е да биде човек благочестив и задово- лен со себе. (1 Тимотеј 6:6)

БЕЗ РИВАЛ

2

Page 17: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

Побожноста е способност да се присвои Божјата точка на предност. Тоа значи дека како што знаеме како Тој ги гледа другите, ние го прифаќаме начинот на кој Тој нè гледа нас.

Да бидеш задоволна и да се чувствуваш удобно во својата кожа нема да донесе поплаки – тие ќе ослободат креативност! Ослободете се од сите критики и работи кои го одвлекуваат вашето внимание. Тој ги држи Неговите очи кон нас, за ние да ги кренеме нашите очи кон Него.

Што тогаш?Наместо да се натпреваруваш за она што никогаш не

беше наменето за тебе... ти би имала енергија да откриеш што е твое.

Јас се молам оваа книга да донесе јасна слика за секојдневните неприродни матнини. Наместо да се трудиш да победиш во натпреварот од којшто не добиваш ништо, јас сакам ти да се позиционираш за да ја добиеш војната.

Постои многу вистинита борба која се води за силата на твојата душа. Време е да го заземеш своето место во овој свет. Ајде да ги откриеме лагите и работите кои ни го одвлекуваат вниманието и да откриеме која навистина си ти.

Изгубена и најдена

Јас сакам кучиња. Пред некое време, додека бев далеку од дома на патување во Јужна Кореја, нашето сакано куче Тиа беше избегана. Очигледно, некој ја оставил надворешната врата од нашиот дом отворена и Тиа ја напуштила топлината на нашиот дом со цел да се прошета низ улиците за време на ладната зима во Колорадо. Од непозната причина, таа не се врати дома таа вечер. Сепак, неидентификуван сосед ја собрал за да преспие вечерта кај нив, а следниот ден ја оставил во центарот за згрижување животни.

Тиа имаше ременче на неа, но тоа беше сосема беско-

3

ИДЕНТИТЕТ БЕЗ ПРОТИВНИК

Page 18: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

рисно бидејќи телефонскиот број повеќе не беше поврзан со нашиот дом. Додадете на ова дека нејзината дозвола беше истечена (се извинувам, јас сметав дека тоа е процес којшто се прави само еднаш) и добивате куче кое е многу сакано, со дом, но без глас или без знак за идентитет за да биде најдено.

Во Сеул, Кореја, јас не знаев што се случува. Моите синови мудро одлучиле да не ми кажат за авантурите на Тиа, но нема сомнеж дека во домот имаше паника. Тие ја барале, ја барале, но не можеле да ја најдат. Си мислеле дека можеби е изедена од којоти. Како последна надеж, одлучиле да ги послушаат сугестиите на некој и се јавиле во засолништето за животни.

Кога Остин пристигнал во засолништето и ја здогледал Тиа, тој не бил сигурен дека тоа е нашето куче. Сè она низ коешто поминала целосно ѝ го изменило изгледот и таа изгледала депресивно, наместо да биде возбудена што го гледа Остин. Таа останала во ќошето од кафезот, тресејќи се додека завивала. Откако Остин платил, како за престој во добар хотел, како и за неколку големи казни (очигледно истечена лична карта е тешко кривично дело), таа повторно беше наша и можевме да ја вратиме дома.

Кога се вратив дома и кога дознав за целата случка, јас бев малку повредена. Не од моите синови, туку од моето куче. Тиа беше наше куче повеќе од десет години, и ова беше првпат да залута и да не се врати самата назад. Јас бев загрижена... зошто сега? Дали нејзиниот катаракт влијаеше на нејзиниот поглед? Дали нејзината напредната возраст ја прави дезориентирана? Дали ме барала мене?

На крај, причината поради која заминала не беше важна. Таа припаѓашe на нашето семејство и нејзината неспособност да се врати дома не го негираше тој факт. Потрагата заврши, казните беа платени, личната карта беше обновена и таа беше извлечена од нејзиниот кафез на срам и беше вратена на нејзиното место, на нашиот кревет до моите стапала. Една лоша ноќ не беше доволна причина ние да се одречеме од неа.

БЕЗ РИВАЛ

4

Page 19: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

Претпоставувам дека знаете каде одам со оваа приказна. Доколку ние (несовршени сопственици на миленици) сме спремни да направиме толку многу за куче, тогаш што би направил нашиот небесен Татко за нас? Твојот прв чекор во осознавање на твојот идентитет се наоѓа во тоа која си ти за Него. Прва Јованова 3:1 ни дава слика за тоа како Бог нè гледа.

Колку прекрасна љубов Таткото ни има покажано! Само погледнете – ние сме наречени деца на Бог! Токму тоа навистина сме. Но, токму затоа овој свет не нè препознава и не нè сфаќа сериозно, бидејќи немаат идеја кој е Тој и какви намери има. (Пораката)

Ајде да зборуваме за тоа колку прекрасна е љубовта Божја. Таа инспирира, таа е спектакуларна, таа е над сè. Таа е сосема спротивна на она што е секојдневно и обично. Нејзината длабочина е доволна да нè доведе до воодушевување. Оваа прекрасна љубов е како издаток, нешто како подарок кој доаѓа со купување на нешто, но, сепак, многу подобро, бидејќи ова е како подарок со подарок. Нам ни е подарено спасението. Бог нè виде во нашата бедна, како во кафез, состојба и ја плати цената за да нè спаси. Но, Тој не застана таму. Тој нè привлече поблизу, ја обнови нашата лична карта, и нè идентификува како Негови. (Многу порано пред и да се избањаме!) Ти навистина си Негова. И Тој ги љуби сите свои деца толку чудесно. Но, Тој ги сака на уникатен начин.

Еднакви или уникатни?

Честопати во нашите човечки обиди да бидеме фер кон сè, ние сме искушувани да размислуваме дека Бог нè сака сите исто. Колку и да звучи ова добро на прв поглед, исто не е доволно. Зборот исто имплицира дека ние можеме да бидеме заменети или променети. На пример, „Ох, не,

5

ИДЕНТИТЕТ БЕЗ ПРОТИВНИК

Page 20: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

скршив една од виолетовите чаши кои ги купив од Таргет минатата недела; се надевам дека сè уште имаат од истите“. Или да го искористам мојот пример од пред малку, „Кучето кое го сакав повеќе од десетици години залута без трага. Во ред, ќе си купам друго за да го заменам и ќе го сакам на ист начин“.

Ова не функционира за мене, и не верувам дека функционира, исто така, и за Бог – и ќе ви кажам зошто.

Едно попладне подлегнав. Проблемот беше во тоа што заспав врз мојот лаптоп, а не во мојот кревет. Како што ја мрднав мојата глава нанапред, одеднаш се разбудив и открив осум страници со буквата „т“.

Во тој момент, почувствував дека навистина треба да одам и да подлегнам. Го зедов кучето кое беше покрај моите нозе и отидов во мојата спална. Како што подзаспивав, го слушнав Светиот Дух кој ми дошепна: „Јас не ги сакам моите деца подеднакво“.

Шокирана, се исправив во мојот кревет. Од каде, пак, сега дојде оваа богохулна мисла? Набрзина одговорив: „Ти мора да нè сакаш на ист начин, во спротивно, не би било фер“.

На мојот протест, го добив след- ниот одговор: „Не морам. Подеднакво имплицира дека мојата љубов може да биде измерена, но те уверувам... не може. На ист начин би значело дека моите деца се заменливи или дека

БЕЗ РИВАЛ

6

Jас не ги сакам

моите деца подеднакво,

јас ги сакам како уникатни.

може да бидат променети, но тие не се. Моето срце не е поделено на прегради. Никој не може да го заземе местото на некој друг во моето срце. Бидејќи јас не ги сакам моите деца подеднакво, јас ги сакам како уникатни“.

Земете длабок здив и слушнете. Бог нè љуби на уника- тен начин, а не подеднакво. Верувајте ми, уникатноста е подобра.

Доколку имате повеќе од едно дете, веројатно веќе ме разбирате. Кога второто, третото или последното дете ќе

Page 21: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

се роди, вашата љубов не се поделува. Таа се умножува на начин на којшто не може да се измери. Не можете да ја измерите вашата љубов кон секое дете колку и да се обидувате. Како можете да го измерите копнежот на вашето срце? Вашата љубов кон секое едно дете е уникатна. Секое едно од нив ја пробудува вашата родителска љубов на различен начин. Она што е интересно е дека можете да сакате една особина кај вашето дете на уникатен начин, а таа особина да биде сосема спротивна од она што го сакате кај другото дете. На пример, јас имам енергична внука која е како виор. Таа е сестра на мојот првороден внук, кој е промислен и кроток. Јас не ги споредувам. Јас ги сакам, им се радувам и ги почитувам нивните различни начини на кои му пристапуваат на животот. Не би сакала да се однесуваат на ист начин. Ниту еден од нив двајцата не зазема поголем дел од моето срце; јас ги сакам и двете целосно, но уникатно.

Подеднакво, исто така, имплицира дека Божјата љубов е измерена или дека може да се измери, но не е така. Таа е бескрајна. Уникатна носи со себе толку многу длабочина. Постои само една како тебе! Св. Августин го има кажано тоа најдобро: „Бог го сака секој еден од нас, како само ние да постоиме“.

Љубовта на нашиот Татко не може да биде поврзана со кутија колачиња или со пита од цреши која е толку прецизно пресечена на подеднакви парчиња за децата да не се почувствуваат запоставени. Неговата прекрасна љубов не е подложна на строга, подеднаква мерка. Дали разбирате дека Тој те засака уште пред да постои почеток, и дека Неговата љубов кон тебе не знае за крај? Ти можеш да му свртиш грб, можеш да избегаш, и да си направиш легло во пеколот, но твоите постапки не можат да ја сопрат Неговата љубов. (Но, кој и би сакал да спие во пеколот?)

Преку пророкот Еремија, Господ го кажа следното за својата љубов: „Со вечна љубов те засакав и затоа пристапив кон тебе со милост“. (Еремија 31:3)

Забележете дека формата е во минато време. Неговата

7

ИДЕНТИТЕТ БЕЗ ПРОТИВНИК

Page 22: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

љубов е завршена работа. Тој те сака, онаа која навистина си, уникатната ти, со вечна, бескрајна љубов, без разлика колку стара или млада, колку слаба или дебела си. Тој те сакаше и кога беше млада и непромислена. Тој ме сака и кога сум позрела и невообичаена. Бог е љубов. Нашиот Татко нема љубов за тебе... Тој е љубов за тебе.

Прекрасната љубов на нашиот Татко кон нас е бескрајна, интимна и уникатна. И ти си љубена на уникатен начин бидејќи ти беше создадена уникатна.

Уникатна значи „единствен примерок, еден и единствен прототип“ и мојата омилена дефиниција, „без противник или подеднаквост“. Нашиот Татко Бог стои сам без ниту еден противник, затоа не би требало да бидеме изненадени дека во Неговите очи ние сме ќерки без противници, и, на тој начин, се елиминира секоја една причина дека треба да се натпреваруваме една со друга.

Ти си една и единствена копија од себе!Ти си почеток и крај на самата себе. Не постои

дизајниран примерок подготвен за масовно производство. Во Неговата лоза нема копии, или исти или еднакви. Не постои противник на начинот на кој ти ја изразуваш Неговата љубов кон другите или начинот на кој Тој ја изразува Неговата љубов кон тебе. Никој не може да биде ти освен ти!

Бог на уникатен начин ја создал твојата ДНК и ја споил твојата рамка во тајност за да го изненади светот. Тој е авторот на тоа како твоето срце се изразува; Тој е архитект на твојата насмевка и мелодијата на твојот глас; Тој ги има создадено сите твои изрази со најдраги мисли кон тебе во својот ум. Тој ја прославуваше заедно со твоите родители твојата прва насмевка и ги гледаше со восхитени чувства твоите први чекори.

Поради оваа блага грижа со намера, постојат повеќе области во твојот живот кои ја изразуваат и ја рефлектираат Неговата љубов на уникатен начин. Тој ги има исткаено сите овие чудесни аспекти и посебни таленти во еден пакет наречен „ти“, Неговата ќерка. Тој знаеше дека

БЕЗ РИВАЛ

8

Page 23: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

секој еден атрибут ќе биде изразен најдобро преку твојата женствена форма.

Тој знаеше дека ти ќе го претставуваш и ќе се поврзеш со Него најдобро како ќерка. Токму затоа, Тој избра твојот пол да биде женски. Постои една многу нежна врска помеѓу татковците и ќерките.

Тој немаше друга ќерка на ум кога те создаваше... ти си Неговата наслада.

Тоа значи дека ти не би била подобра доколку беше повисока, пониска, поцрна или побела.

Ова, исто така, значи дека ти не би била подобар носител на љубовта која Тој ти ја има доверено доколку беше машки пол. Бог не ги сака синовите повеќе, а ќерките помалку. Ниту, пак, го сака секој пол подеднакво. Тој ги сака и машкиот и женскиот пол на уникатен начин. Можеби, додека си растела, имаш слушнато шепоти или дури извици дека твојот татко или мајка посакувале ти да си се родила како син. Можеби постоеле моменти кога и ти си посакувала да бидеш родена во машки пол. Но, знај го ова... Бог никогаш не го помислил тоа.

Нашиот Татко се радуваше кога ти го направи твојот прв здив и како што годините поминуваа, ангелите на небото се радуваа заедно со Него, кога ти беше наново родена како Неговата ќерка исполнета со Духот.

Чудесно возљубена, не постои ништо случајно во тоа која си ти.

Ќерка без противник

И што значи сето ова? Значи дека постои многу повеќе од само доволно, неизмерлива, непотрошлива љубов за сите нас. Не мора да се бориш за своето место на масата или да се бориш за Неговата љубов. Никој не може да те исфрли или да те замени... ти немаш противник.

Но, пријатели, токму тоа сме ние: деца на Бог.

9

ИДЕНТИТЕТ БЕЗ ПРОТИВНИК

Page 24: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

И тоа е само почетокот. Кој знае како ќе завршиме на крај!Она што го знаеме е дека кога Христос ќе биде јавно откриен, ние ќе го видиме – а гледајќи го, ќе постанеме како него. Сите ние кои го очекуваме Неговото доаѓање, бидете спремни, со блескавата чистота на Исусовиот живот како модел за нашиот.(1 Јованова 3:2-3 Пораката)

Заедно ќе откриеме како да бидеме потполно кои сме – а, не некои други во обид да ја заслужиме љубовта и прифатеноста на другите. Ќе престанеме да се споредуваме со другите бидејќи споредувањето не е инспирација. Споредувањето нè измамува нас и оваа земја за тоа кои навистина сме. Каде е потребата од споредување и натпреварување ако нашата вредност и идентитет се крајно поврзани со нашата вродена уникатност? Само би се измориле самите себеси. Ти си ќерка без противник, носејќи светлина без еднаквост, опремена да се бориш во борба без противник – ти си уникатна.

И така, наоѓајќи се себеси дизајнирани во сите овие прекрасно оформени и чудесно делотворни делови во Христовото тело, ајде да продолжиме и да бидеме она за кое сме создадени да бидеме, без завист и без гордост, споредувајќи се себеси со другите или обидувајќи се да бидеме нешто што не сме. (Римјаните 12:5-6 Пораката)

Овој дел од Светото Писмо ни ги открива двете главни клеветници на животот без противник: гордоста и зависта. Описот за уникатна, ќерка без противник не значи дека си ја завршила работата. Но, она што тоа навистина значи е дека постои патување, постои дел од сложувалката и постои функција во телото кои ти припаѓаат тебе.

Гордоста нè дисконектира од телото кога ни дошепнува имагинации кои нè воздигаат безгранично, и нè мами

БЕЗ РИВАЛ

10

Page 25: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

да кажеме: „Мојот дел е најважниот дел. Јас стојам сама, јас сум си себе доволна, само јас сум важна, горделива и возвишена“.

Од друга страна, зависта нè искушува да ги запоста- виме нашите индивидуални улоги во овој свет дадени од Бог, намалувајќи ја вредноста на нашите задачи. Зависта вели: Јас не ја вреднувам мојата улога или мојот дел бидејќи јас посакувам ти да ми се тргнеш од патот за јас да го добијам твојот дел.

И двете особини се како смртоносен меч со две острици кои имаат цел да го отстранат секој еден поединец и да ги одвојат од нивните функции и места групите кои се меѓусебно поврзани. Понекогаш непријателот ги свртува двата краја кон средината напаѓајќи ги мажите во телото Христово со непријателство и со искривена полова гордост додека жените паѓаат како жртва на половата завист.

Биди ни вистинска пријателка на сите со тоа што ќе бидеш вистинската ти. Време е Божјите ќерки да започнат да ја прославуваат „уникатноста“ и да престанат да се задоволуваат со „иста еднаквост“ или да се натпреваруваат за „повеќе“. Ти, всушност, им даваш дозвола на другите да не те почитуваат кога ти не ја покажуваш својата вистинска страна. Луѓето секогаш

11

ИДЕНТИТЕТ БЕЗ ПРОТИВНИК

Никој не може да

те исфрли или да те замени... ти немаш

противник.можат да препознаат лажна копија од оригиналот. И да не ја забележат, тие ќе ја почувствуваат и ќе ја слушнат во испразнетоста на твоите зборови, дела и изглед. Постои голема разлика помеѓу следење примерок и копирање. Ова е една од причината поради која ти си толку фрустрирана обидувајќи се да бидеш некоја друга. Животот е како тест со повеќе избори и единствените погрешни одговори се оние избори за кои ти самата избираш да не одлучиш.

Ние ја занемаруваме Татковската љубов кога се oдрекуваме од уникатноста на нашето себеизразување. И, ве молам, разберете дека како изгледате би требало да

Page 26: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

биде една од вашите најмали грижи. Многу луѓе мислат дека ја изразуваат својата уникатност преку својот стил на облекување, преку косата, накитот или преку шминката. Овие надворешни изразувања се само додатоци. Тие се далеку од возвишеното откровение за тоа која ти навистина си.

Вистината е дека ти можеш да изгледаш поразлично, а, сепак, да не ја разбереш уникатноста.

Ајде да престанеме да си го губиме времето гледајќи наоколу и дозволувајќи мислењето на јавноста, кое постојано се менува, да ги всадува своите слики и идеи во нас. Ајде да го прифатиме сè она за што Бог нè создал да го рефлектираме на уникатен начин.

Кому му припаѓаш?

Јас немам потреба да знам со кого се дружиш. Немам потреба да ги знам имињата на твоите родители, на твоето школо или на луѓето за кои работиш. Јас само сакам да го знам името на оној кој го даде својот живот за да те откупи. А, сепак, ти можеш да пропуштиш толку многу, доколку мислиш дека големината на Неговата жртва завршува таму. Кога Тој те најде, Тој не те очисти и не те врати на местото каде што беше порано. Тој те подигна. И ти ја подари својата праведност.

Кажете сега, дури и ако е само шепот на вашето срце: Јас сум Негова и Тој е мој.

Твојот вечен Татко е единствениот кој има право да одлучи која си ти. Твојата мајка те има зачнато, носено и се има грижено за тебе, но твојот небесен Татко е оној кој те има замислено, создадено и кој те повикал во постоење. Кога беше изгубена, Тој те откупи за повторно да те нарече своја. Доаѓа ден кога времето, какво што го знаеме, ќе заврши; тогаш Тој ќе го обнови секој еден од нас, и тогаш ќе сфатиме дека животот на оваа земја бил само едно мало семе, а таму на небото ќе процветаме во нашата вистинска

БЕЗ РИВАЛ

12

Page 27: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

форма.Не знам каде се наоѓаш во овој момент во твојот

живот, но, те молам, разбери дека локацијата, сезоните и околностите постојано се менуваат. Она што навистина е важно е која си ти и кому му припаѓаш.

На почетокот на ова поглавје го ставив мојот омилен цитат од Ралф Валдо Емерсон: „Наша главна цел е да најдеме некој кој ќе нè инспирира да бидеме она што знаеме дека можеме да бидеме“. Бог е токму тој некој. Сè што Тој е и сè што Тој прави е инспирација. Создателот умешно го создал сè она што го гледаме, го слушаме и го знаеме, како создание со цел да нè поврзе повторно со нашиот божествен идентитет. Тој го прати својот Син за да го обнови нашиот однос со Него.

Со оваа обнова и враќање на нашиот идентитет на вистинско место, многумина се задоволуваат и дозволуваат плитките ограничувања за тоа што прават или што поседуваат или дури кого сакаат да ги дефинираат. Неразумно е да го поврзеш својот идентитет со нешто што толку лесно може да ти биде одземено. Работните места се менуваат, вештините може да бидат изгубени, а работите може да бидат украдени. Дури и многу важни врски може да ни бидат одземени. Она што го поседуваш и она што го работиш и кој те опкружува може да се промени, но од голема важност е да не го изгубиш значењето на тоа која си и на Создателот кому му припаѓаш.

Доколку само знаеш каде одиш, тогаш ризикуваш да се изгубиш попат. Доколку само знаеш за што си повикана да работиш, тогаш можеби ќе се доведеш во компримирачки ситуации за да ја постигнеш својата цел.

И така, останува она старо прашање: „Каква полза е за човекот, ако го придобие целиот свет, а на душата своја ѝ напакости?“ (Матеј 16:26)

Да знаеш која си е многу поважно од тоа да знаеш каде одиш или што можеш да работиш. Бидејќи Тој е твој Создател, Бог има многу што да каже за тоа која си. И која навистина си ти, го носи во себе и откровението за она

13

ИДЕНТИТЕТ БЕЗ ПРОТИВНИК

Page 28: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

што можеш да бидеш.

Која си?

Не мора да го гледаш она што го имаш направено или она низ коешто имаш поминато. Не опишувај се себеси во согласност со она што го правиш. Не мора да ја наведеш својата брачна состојба – сама, разведена, омажена, во врска. Ова не е обновен статус на Фејсбук. Ова не е за мене или за кој било друг.

Јас сакам ти да знаеш која си.Пред да продолжиме, земете едно пенкало, затворете

ги вашите очи и побарајте од вашиот Создател да ви го дошепне Неговиот уникатен опис за вас. Немојте да се плашите мислејќи дека вие самите измислувате зборови на љубов или вредност. Овие зборови се навистина како Тој ве гледа. Бидете мирни за момент и знајте. Ве предизвикувам да запишете три збора или фрази кои Тој ќе ви ги дошепне. Кога ќе завршите со оваа вежба, погледнете ги зборовите што ги слушнавте кога одлучивте да ги тргнете настрана дефинициите на сите други за вас, и слушнете што Бог ви дошепнал за вас. Дали сте можеби барем малку изненадени од вашата листа на зборови? Кога последен пат сте се погледнале самите себеси на ваков начин?

Сакам да ве уверам дека Бог никогаш нема да проговори нешто што е спротивно на Неговиот збор. Светиот Дух го говори она што Божјиот збор го кажува. Бидејќи имаме Библија во нашите раце, дали тоа значи дека треба да престанеме да слушаме? Преводот на Евреите 12:28 од Пораката нè уверува дека „Бог не е незаинтересиран набљудувач“. Јас верувам дека вечното прашање кое е поставено седум пати во книгата Откровение на Јован останува како покана за нас денеска:

Дали вашите уши се будни? Слушај. Слушај го зборот во ветрот, духот којшто дува низ црквите.

БЕЗ РИВАЛ

14

Page 29: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

(Откровение 2:7, 11, 17, 29; 3:6, 13, 22 Пораката)

Фактот дека ова прашање е повторено седум пати во рамките на една книга од Библијата, само ја покажува неговата важност... и разбрав дека јас можам да бидам будна додека моите уши спијат. Мојата надеж е дека оваа книга ќе ги пробуди вашите уши да слушнат.

Но, ние можеме да се свртиме и да го слушнеме гласот на Бог. Што може да се случи доколку го поканиме Светиот Дух да зборува во оние области од нашиот живот каде му имаме кажано да молчи? Дали ќе му дозволиш да ти зборува еден на еден? Дали му е дозволено на Бог да зборува специфично за твоите пријателства, за твојот брак и за семејството? Честопати имаме навика да бидеме глуви за предупредувањата од Бог и, на тој начин, ги пропуштаме работите кои Тој сака да ни ги даде. Слушањето заедно како тело започнува со поединци кои одлучуваат да слушаат. Дали се осмелуваме да ги пробудиме нашите уши да слушаат?

Не смееме да си дозволиме да се сомневаме во уникатната судбина која Бог ни ја има доделено. Доколку се сомневаме, тогаш го рушиме со страв и со лутина сè она што Бог ни го има доверено. Бог сака да го откупи, да го обнови и да го промени твојот идентитет за да не се појават инциденти, сезони или имиња од минатото кои би те дефинирале. Да, сезоните, критиките и настаните можат да те прочистат – тие имаат потенцијал да го обликуваат твојот живот, но тие не се супстанција на твојот живот... Бог е.

Ти беше искрено барана бидејќи си уникатно сакана и си уникатен израз на Божјата љубов кон другите. Идентитетот како деца Божји само почнува да се изразува кога секое едно од Неговите деца постанува она за кое Тој ги создал да бидат. Во свет каде секој се обидува да се пронајде себеси, Тој го завршува она што го започнал. Оваа книга е покана да го бараме Него... за Тој да те открие тебе!

15

ИДЕНТИТЕТ БЕЗ ПРОТИВНИК

Page 30: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

Прашања за дискусија

Зошто знаењето за тоа која си е поважно од тоа да знаеш каде одиш?

Продискутирајте зошто уникатноста е подобра од еднаквоста.

Кои се некои од твоите противници кои имаат одземено од твојата способност да го прифатиш твојот идентитет и да ја примиш Божјата љубов?

Дали ти е тешко да се опишеш себеси надвор од она што го работиш? Доколку да, зошто?

Што Бог ти има дошепнато за тебе самата?

БЕЗ РИВАЛ

16

1.

2.

3.

4.

5.

Page 31: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

2Нашиот неспоредлив Бог

Зборовите отпечатени овде, се само концепти. Ти мора да поминеш низ искуствата.

Св. Августин

Никој како Него

Кон крајот на осумдесеттите години, современата христијанска музика започна да се менува како резултат на „Интегрити Мјузик“, кои бараа низ целата земјина топка музика на обожавање од различни континенти, со цел да ни ја претстават на нас, тука во Северна Америка. Нашето семејство со нетрпение ја очекуваше најновата месечна касета (да, навистина сум толку стара) и нонстоп ја слушавме. Нашите омилени песни беа толку многу пати премотувани наназад, така што, додека да се вратеше мојот сопруг од пат, сите високи и ниски тонови кои беа грижливо направени речиси веќе и да не постоеја. Една касета беше најомилена за нашето сeмејство: Радувај се Африка. Сè уште можам да го видам мојот син Остин во неговите „Мики Маус“ гаќички, јавајќи го неговото коњче,

17

Page 32: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

потскокнувајќи како риба и изговарајќи ги стиховите.На една од песните, водачот на славењето од Јужна

Африка страсно го изговара слоганот: „Никој како Него!“Без да се двоуми воопшто, мојот 3-годишен син

се обиде најдобро што може да го имитира водачот на славење секогаш кога ја слушавме песната.

Еден ден, Остин ми пристапи со прашање за кое требаше да претпоставам дека ќе дојде.

„Мамо, зошто никој не го сака Бог?“Јас се обидов да му објаснам дека не се работи за тоа

дека никој не го сака Бог; туку дека нема никој како Него.Еден и единствен „Бог“ не значи дека ние му служиме

на Бог кој е осамен или досаден. Исто така, и во изјавата „нема никој како Него“ не значи дека никој не сака да седне со Него.

Нашиот Бог не е Бог којшто пасивно гледа и чека. Тој има направено сè и сега се одмора во Неговата завршена работа, радувајќи се секогаш кога Неговите деца ќе го прашаат да им ја објасни приказната.

Исто така, „Севишниот“ и „Светиот“ не е некој којшто само стои настрана и гледа.

Неговата позиција од место на минато, сегашност и иднина е некако синхронизирана на тој начин што Тој го гледа крајот на самиот почеток и Тој започнува работи во моментот кога ќе ги заврши.

Преку нас, Тој сака да биде однатре гледајќи кон надвор, не затоа што му се потребни нашите очи, туку затоа што нам ни е потребна Неговата визија.

Севишен Бог го опишува Бог над сè она што ние можеме да го замислиме како височина. Псалмистот е исполнет со стравопочит од ова откровение во Псалм 96.

Запејте му на Господ песна нова, запеј му на Господ, цела Земјо! Пејте му на Господ, благословувајте го името Негово, благовестете го од ден на ден спасението од Него.

БЕЗ РИВАЛ

18

Page 33: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

Разгласувајте ја меѓу народите славата Негова, и на сите народи чудесата Негови! 3ашто велик е Господ и достоен за пофалба, страшен е Тој над сите богови. Бидејќи сите богови на незнабошците се идоли, а Господ ја создаде небесата.Слава и величие се пред лицето Негово, сила и великолепие во светилиштето Негово. Воздајте му на Господ, племиња народни, воздајте му на Господ слава и чест! Воздајте му на Господ слава на името Негово, принесете жртви и влезете во Неговите дворови! Поклонете му се на Господ во светите дворови Негови, Да затрепери пред лицето Негово целата Земја! (Стих 1-9)

Честопати во Светото Писмо, во една или во друга форма, се повторува прашањето: „Кој е како Севишниот?“

Ова не е реторичко прашање поставено за наше задоволство. Ова е прашање на живот кое бара одговор: „Никој!“ Нашиот одговор кон оваа објава за Неговото првенство нè позиционира да примиме или да го отфрлиме она што Бог го има за нас. Видете, еднаш постоеше еден кој си замислуваше дека е како Севишниот. Тој беше ангелски принц кој на многу начини беше врв на совршенството. Ние го познаваме како Сатана, но тогаш неговото име беше Луцифер, утринска ѕвезда и архангел кој беше задолжен за славењето. Како таков, тој ја гледаше Божјата слава и стоеше во Неговото свето присуство пред престолот. Езекиел 28:12-17 го опишува вака:

Ти си печат на совршенство, полнота на мудроста и венец на убавината.Ти беше во Едем, во Божјата градина, твоите облеки беа украсени со секакви скапоцени камења... сите вешто исткаени и нанижани на тебе,

19

НАШИОТ НЕСПОРЕДЛИВ БОГ

Page 34: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

приготвени во денот кога беше создаден.Ти беше помазан херувим за да осенува, и Јас те поставив за тоа; ти беше на светата Божја гора, одеше среде огнени камења.Ти беше совршен во патиштата свои, од денот кога беше создаден,сè додека не се најде во тебе беззаконие.Од твојата обилна трговија, утробата твоја се исполни со неправда и ти згреши, и Јас те соборив како нечист од Божјата гора, те истерав тебе, херувиме, што осенуваше, среде огнени камења.Од убавината твоја се возгордеа срцето твое, поради богатството твое си ја загуби мудроста своја.

Бог го создаде во убавина, исполнет со мудрост и совршен во изглед и во дело. Во одреден момент, неговото обожавање сигурно се претворило во нешто помалку. Можеби се намалило на восхит. Патот на неговата неправедност не е доволно јасен, но ние знаеме дека ова величествено и мудро создание почна да го гледа својот Создател како свој противник. Во самата динамика на обожавањето, постои едно разбирање дека надвор од Бог ти си ништо. Исаија го опишува неговиот пад на следниот начин:

Како падна ти од небото, Денице, сине на зората! Се разби од земјата ти, кој ги угнетуваше народите.А, во срцето свое си велеше: „Ќе се искачам на небото, ќе го издигнам престолот свој погоре од Божјите ѕвезди и ќе седнам на гората во соборот на боговите,

БЕЗ РИВАЛ

20

Page 35: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

на крајот од северот, ќе се искачам до висините на облаците, ќе бидам рамен на Севишниот“.(Исаија 14:12-14)

Тој не можеше да стане како Севишниот... тој само можеше да се разоткрие и, така, Луцифер, ѕвездата Деница, стана измамникот Сатана. Ова разоткривање започна во неговото срце. Тој започна во совршенство, но заврши со мани. Ние сме исполнети со мани и со несовршености од самото наше раѓање, а во Христос ние сме направени целосни и совршени преку нановораѓањето. Гордоста го охрабрува себеобожавањето, додека понизноста ја отстранува себичноста од гордоста. Кога Исаија го виде Господ, тој беше разобличен.

Тешко ми мене, зашто сум човек со нечиста уста и живеам среде народ, исто така, со нечиста уста, а очите мои Го видоа Царот, Господа Саваот!(Исаија 6:5)

Ова разобличување ја поттикна Божјата провизија и еден од огнените камења врз кои Луцифер одеше, беше донесен до понизниот Исаија.

Тогаш, долета до мене еден од серафимите со разгорен јаглен во раката што го беше зел со клешти од жртвеникот. Се допре до устата моја и ми рече: „Ете, тоа се допре до устата твоја – и твоето беззаконие се оттргна од тебе, гревот твој се очисти“. (Исаија 6:6-7)

Кога го бараме, ние го наоѓаме. Со ова откровение, ние обожаваме и објавуваме дека само Тој е свет, само Тој е добар, само Тој е патот, вистината и животот. Само Тој е Севишен Бог.

Самото постоење на нашиот Бог е без преседан; Тој е без нова или претходна појдовна точка. Немаше никој

21

НАШИОТ НЕСПОРЕДЛИВ БОГ

Page 36: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

пред Него. Нашиот Бог не еволуирал. Нашиот Бог беше, е, и доаѓа. Како што научивме дека ние сме уникатни, така, нашиот Бог е олицетворение на уникатноста.

Пред Него немаше други богови, и токму затоа ние не треба да имаме други богови пред Него. Иако нашиот Бог е невидлив, Неговото постоење не може да биде поречено. Книгата на Римјаните вели:

Основната реалност за Бог е доволна. Отвори ги твоите очи и таму е! Доколку се загледаш и се замислиш во сè што Бог има создадено, тогаш луѓето секогаш можат да го видат она што нивните очи не можат да го видат: вечната сила, како на пример, и тајната на Неговото божествено битие. Така, никој нема добар изговор. (1:19-20 Пораката)

Англиската стандардна верзија вели вака:

Така што она, кое може да се знае за Бога, ним им е откриено, бидејќи Бог тоа им го откри. Оти она, што е во Него невидливо, односно вечната Негова сила и божественост, согледливи се уште од создавањето на светот, гледано според Неговите дела, па, така, тие немаат изговор.

Целото создание ја потврдува реалноста на својот Создател, но да се даде дефиниција за нашиот Бог е нешто сосема друго. Мојата надеж е дека ова поглавје ќе го пробуди вашиот дух за повеќе од вашата божествена врска со Него.

Веќе кажавме дека ние сме ќерки без противник бидејќи нашиот небесен Татко нè сака на таков начин. За да се поврзеш со твојот од Бога даден идентитет на подлабоко ниво, од голема важност е да разбереш што е вклучено во овој божествен дар. Ајде да го прошириме нашето разбирање за тоа кој е нашиот Бог кој е без

БЕЗ РИВАЛ

22

Page 37: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

противник. Мериам-Вебстер го дефинира Бог како „Оној кој е совршен во сила, мудрост и добрина, кој е обожаван како создател и владетел на универзумот“.

Можеби ќе помислиш дека оваа дефиниција е целосна и конечна, но ова е само почетокот. Поради нашиот ограничен јазик и нашата земјина појдовна точка, ние сме ограничени во нашата интерпретација на „Оној кој е безграничен“. Како да најдеме зборови за да го опишеме Оној чие откровение би нè оставило без зборови?

Бог ги надминува сите дефиниции.За да дефинираш нешто, ти мора да ја доловиш

суштината со зборови за тоа да му даде форма на твојот објект. Со самото тоа што Бог го надминува нашиот јазик, Тој им се спротивставува на овие параметри.

Во ред. Да ги заборавиме дефинициите. Ајде да се обидеме со опишување? Невозможно, повторно. Како можеме да дадеме јасна слика на замаглена контура, кога ние самите сме заслепени од непристаплива светлина?

Тој ќе се појави во вистинско време, Неговото доаѓање е загарантирано од благословениот и неприкосновен Владетел, Севишен Цар, Севишен Бог. Тој е единствениот кој смртта не може да го допре, Неговата светлина е толку јасна што никој не може да му се приближи. Тој никогаш не е виден од човечко око - човечкото око не може да го прими! Чест Нему и вечна власт. Да, навистина. (1 Тимотеј 6:15-16 Пораката)

Доколку нашите очи не можат да го процесираат изгледот на нашиот Бог, тогаш како можеме да бараме повеќе од само една груба слика за Неговата величественост? Нашите зборови ќе нè изневерат и само би ги одекнале зборовите на Јов кога Бог се појави во еден чудесен виор: „Бев слушал за Тебе со слухот на увото; сега, пак, очите мои те гледаат; затоа јас се откажувам и се покајувам во прав и пепел“. (Јов 42:5-6)

23

НАШИОТ НЕСПОРЕДЛИВ БОГ

Page 38: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

И јас навистина го сакам начинот на кој Пораката ги доловува овие стихови.

Јас признавам дека некогаш живеев од гласините кои ги слушнав за Тебе; но сега знам сè од прва рака – од моите очи и уши! Ми е жал – прости ми. Никогаш нема да го направам тоа повторно, ветувам! Никогаш повеќе нема да живеам од кората на лагите и од трошките на гласините.

Ова откровение од Бог пробуди глад за повеќе во Јов. Многумина од нас се задоволуваат со откровение за Бог кое најдобро може да се опише како „кора и трошки“. Ние се задоволуваме со слушање проповеди, аудиопрезентации, давање „лајк“ на „Фејсбук“ и на „Инстаграм“ постови и ги препраќаме остатоците од гозбата на некој друг. Нема ништо лошо во сето ова, но споредено со прославата која Бог ја има за тебе, овие нешта се само кора и трошки. Вистината е дека Бог сака ти да се храниш со Неговата верност. Јас сакам да го изострам вашиот апетит бидејќи има голема разлика помеѓу зборување за Бог и слушањето на Бог кој ти зборува на тебе.

Јас знам дека постојат некои коишто велат дека ние му служиме на Бог којшто не зборува повеќе. Но, ова размислување е навреда за Неговата природа. Дури и доколку Тој избере да молчи, тогаш созданието би станало Негов глас. Тој го прати својот Свет Дух да нè утеши и да нè советува. Додека ја читаме Библијата, Божјиот Свет Дух е оној кој нè подучува и нè води во целата вистина. Бог не е глув и глупав идол. Бог не е Татко којшто слуша без да одговори. Доколку не ја прифатиме мистеријата за тоа кој е Бог, тогаш нема да знаеме како да му пристапиме. Некој од начините на којшто Бог зборува се преку Неговиот збор, Неговото создание, Неговите слуги, преку визии и соништа и преку останатите органи во Неговото тело. Јас се молев и верувам дека Тој ќе ви зборува преку страниците на оваа книга. Бог секогаш зборува. Прашањето е: дали

БЕЗ РИВАЛ

24

Page 39: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

ние го слушаме и дали го ограничуваме? Од голема важност е да го прифатиме Бог како неспоредлив, неограничен и величествен, и да веруваме дека Тој сака да комуницира со нас лично.

Брилијантниот теолог Тома Аквински го поминал поголемиот дел од неговиот живот пишувајќи за Бог. Како свештеник и филозоф, тој се трудел да ги спореди откритијата на науката со неговото разбирање за нашиот Создател. Три месеци пред неговата смрт, Аквински имал визија за вечноста и восхитот од таа визија го принудила да ги напише овие последни зборови пред да го спушти пенкалото засекогаш. Аквински објавил:

Крајот на мојот труд дојде. Сè што имам напишано изгледа дека е само слама споредено со работите кои ми беа откриени.

А, сепак, ова беше човек кој грижливо проучувал и напишал многу зборови кои ја објавуваат славата на Бог и восхитот на црквата. Тој, исто така, живеел во многу поразлично време од нашето, време во кое зборовите носеле поголема длабочина на значење и поради тоа биле мошне внимателно избирани. Можноста да се чита и да се пишува била привилегија резервирана за богатите, за оние од кралската лоза и за посветените. Тома Аквински бил многу вешт со зборовите, но, сепак, го избрал зборот слама за да го опише своето животно дело. Слама честопати се употребува за да се опише нешто што е безвредно. Слама е секундарен продукт кој се добива од веќе искористените растенија и се користи како подлога за домашните животни или како збогатувач за растенијата. Всушност, она што сакал да го каже е дека неговите пишани животни дела најдобро е да се изгазат од страна на животните или од луѓето.

Ова било најдобрата аналогија која можел да ја најде за да ја отслика разликата помеѓу неговите пишувања за Бог и реалноста за Бог како што му била откриена нему.

25

НАШИОТ НЕСПОРЕДЛИВ БОГ

Page 40: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

Сосема е возможно овие две реченици да кажале многу повеќе од сите страници коишто се трудел да ги напише во период од дваесетина години. Овие зборови се исткаени со понизност и восхит затоа што Аквински го искусил она што Августин го објавил пред илјадници години: „Бог е најдобро спознаен во непознавањето на Него“.

Откровението за Бог започнува кога ние ќе го признаеме фактот дека сè уште не го познаваме. Секоја една дефиниција, која можеби ја имаме, е оформена преку човечки форми и концепти. Нашата способност да опишеме со зборови кој е Бог, можеме да ја споредиме со обидите на едно бебе да ја опише својата мајка иако сè уште не зборува. Во широкиот универзум на овој живот, луѓето населуваат само еден мал дел од созданието. Тоа е како да стоиме на зрна песок, а се обидуваме да ја опишеме бескрајноста на океанот и сè што неговата длабочина содржи.

Кој е нашиот Бог?

А, сепак, нашиот Татко посакува ние да се приближиме до Него за да го запознаеме подобро, за да ја искусиме Неговата присутност и за да го научиме Неговиот глас. Едно е да знаеме за огнот, но сосема друго е да ја искусиме неговата светлина, топлина и пламен и, на ист начин, Бог нè поканува да го познаваме Него, а не само да знаеме за Него. Еве, неколку работи кои ги знаеме за Бог со сигурност бидејќи вака Тој се опишува себеси низ Светото Писмо:

Јас сум... еден. 5 Мојс. 6:4; Марко 12:29; Гал. 3:20; 1 Тим. 2:5; Јаков 2:19Јас сум... алфа и омега. Откр. 1:8; 21:6; 22:13Јас сум... кој што сум. 2 Мојс. 3:14Јас сум... отсекогаш и засекогаш. 1 Летописи 16:36Јас сум... началникот и завршителот на верата. Евреите 12:2Јас сум... создател на небото и земјата. 1 Мојс. 1:1

БЕЗ РИВАЛ

26

Page 41: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

Јас сум... способен. Матеј 3:9Јас сум... љубов. 1 Јован 4:7-8, 16Јас сум... добар. Марко 10:18; Лука 18:19; 1 Тим. 4:4Јас сум... меѓу вас. 5 Мојс. 6:15; Лука 17:21; 1 Кор. 14:25Јас сум... вистината и вистинит. Јован 3:33Јас сум... вашиот исцелител. 2 Мојс. 15:26 Јас сум... Дух. Јован 4:24Јас сум... Татко. Јован 6:46; Фил. 2:11Јас сум... прославен во Синот. Јован 13:31Јас сум... ваш сведок. Рим. 1:9; Фил. 1:8; 1 Сол. 2:5Јас сум... откриен. Рим. 1:17Јас сум... за вас. Рим. 8:31Јас сум... над сè. Рим. 9:5; Ефес. 4:6Јас сум... милостив. 5 Мојс. 4:31; Рим. 12:1Јас сум... верен. 1 Кор. 1:9; 10:13; 2 Кор. 1:18Јас сум... помудар од човекот. 1 Кор. 1:25Јас не сум... извор на конфузија. 1 Кор. 14:33 Јас сум... извор на мир. 1 Кор. 14:33Јас сум... доволен за вас. 2 Кор. 3:5Јас сум... дарежлив и полн со благодат. 2 Мојс. 34; Неемија 9Јас сум... бавен на гнев. Јоил 2:13; Наум 1:3Јас сум... високо водзигнат. Фил. 2:9Јас сум... оној кој работи во вас. Фил. 2:13Јас сум... невидлив. Кол. 1:15Јас сум... Бог кој доаѓа. Кол. 3:6Јас сум... праведен судија. 2 Сол. 1:5Јас сум... Спасител на сите луѓе. 1 Тим. 2:3; 4:10Јас не сум... врзан. 2 Тим. 2:9 Јас сум... градител на сите работи. Евреите 3:4Јас сум... праведен. Евреите 6:10Јас сум... жив. Евреите 10:31Јас сум... оган кој проголтува. 5 Мојс. 6:3; Евреите 12:29Јас сум... светлина. 1 Јован 1:5Јас сум... поголем од вашите срца. 1 Јован 3:20Јас сум... Бог кој е, кој беше и кој доаѓа. Откр. 1:18

27

НАШИОТ НЕСПОРЕДЛИВ БОГ

Page 42: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

Јас сум... свет. Откр. 4:8Јас сум... семоќен. Откр. 11:17Јас сум... вашата сила. 2 Мојс. 15:2Јас сум... вашата песна. 2 Мојс. 15:2Јас сум... љубоморен. 2 Мојс. 34:14; 5 Мојс. 4:24Јас не сум... човек. Броеви 23:19; 5 Мојс. 4:24Јас сум... Бог над боговите и Господар над госпо- дарите. 5 Мојс. 10:17Јас сум... голем, силен и чудесен. 5 Мојс. 10:17Јас не сум... пристрасен. 5 Мојс. 10:17 Јас сум... вашата слава. 5 Мојс. 10:21Јас сум... со вас во борбите. 5 Мојс. 20:4Јас сум... воинствен. 2 Мојс. 15:3Јас сум... вашето пребивалиште. 5 Мојс. 33:27Јас сум... ваша карпа и прибежиште. 2 Самоил 22:32-33Јас сум... единствен Бог. 5 Мојс. 4:32, 35; 1 Цареви 8:60

Ова не е целосната листа! Ве поканувам да ги истражите сите овие стихови, но во ова поглавје јас би сакала да се фокусирам на три. Првата работа на која сакам да се осврнам е концептот дека Бог е еден.

Бог е еден

Почуј, Израиле: Господ, нашиот Бог, е единствен Господ, сакај го Господа, твојот Бог, од сè срце, со сета душа твоја и со сите сили твои! (5 Мојс. 6:4-5)

Немојте да помислите дека одредницата „еден“ значи дека нашиот Бог освоил прво место на некој универзален натпревар за богови. Зборчето „еден“ не е ставено како вредносна единица за Бог, туку објаснува дека Бог е еден и единствен. Еден означува дека нема друг. Не постои бог број два, три или четири. Само Тој е вреден затоа што само Тој е Бог. Ова се совпаѓа со она што Исус го кажа дека е најголема заповед:

БЕЗ РИВАЛ

28

Page 43: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

29

НАШИОТ НЕСПОРЕДЛИВ БОГ

А Исус му одговори: „Возљуби го Господа, својот Бог, со сето свое срце, и со сета своја душа, и со сиот свој разум; тоа е прва и најголема заповед“.(Матеј 22:37-38)

Нашата љубов кон Бог треба да биде одраз на срцето, душата и на умот обединети со еден фокус и во еден глас. Единствено Бог е центарот на нашиот фокус и само Тој е вреден за нашето обожавање. Бог знае дека ние нема да напредуваме доколку нашето срце е поделено и Тој нема да толерира други сопернички богови, така што заповедта е добро изразена. Оваа заповед не е дадена поради тоа што Бог не е сигурен во Неговиот однос со нас; туку е дадена за наша заштита за да не бидеме одвратени и заведени.

Овој дел од Светото Писмо може да биде малку збунувачки, особено во времето во кое живееме, каде не многу луѓе се декларираат како обожаватели на други богови. Постојат поголеми можности да се поклониме пред идоли направени од луѓе, отколку да се поклониме пред некои божества со антички имиња. Од самиот почеток, Бог ги предупреди Неговите деца:

Не правете ракотворни образи, ни делкани; и не издигајте столб и не поставувајте во земјата камења со знаци, за да им се клањате, зашто Јас сум Господ, вашиот Бог. (3 Мојс. 26:1)

Повеќето од нас немаат подигнато столбови или фигури од камен во нашите домови или дворови, но тоа не значи дека ние не носиме идоли во нашите срца. Идол е сè она на кое ние му ја даваме нашата сила или сè она од кое ја црпиме нашата сила. Тоа, всушност, е местото каде одиме за да најдеме живот. Тоа може да биде она кон кое трчаме за да најдеме прибежиште.

Идол е сè она на кое ние

му ја даваме нашата сила

или сè она од кое ја црпиме нашата сила.

Page 44: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

Ова може да биде нешто вообичаено, како на пример храна или екстремна вклученост во социјалните мрежи. Доколку го разгледаш списокот погоре за тоа кој е Бог, тогаш треба да знаеш дека Тој е нашата сила, живот и прибежиште. Ниту една личност, врска, организација или која било друга работа не би требало да има сила над тебе освен Бог.

За некој од нас, нашите чувства претставуваат идол. Доколку се чувствуваме убаво, ние веруваме дека сме убави. Доколку се чувствуваме добро, веруваме дека сме добро. Доколку живееме само според нашите чувства, тогаш тие ќе нè излажат и за кратко време ќе нè заведат!

Вистината е дека ти си убава затоа што Бог ги разубавува кротките со спасение (Псалм 149:4). Ти си убава бидејќи Бог прави сè убаво во вистинско време (Проповедник 3:11). Не дозволувај идолите и сликите за она што овој свет го нарекува убаво да зборуваат во твојот живот кога Бог веќе изговорил благослов врз твојот живот! Давид кој беше воин обожавател ја опишува практиката на идоли на следниот начин:

А идолите на незнабожците се сребро и злато, дело на човечки раце:уста имаат, а не зборуваат, очи имаат, но не гледаат; имаат уши, но не слушаат; имаат ноздри, но не мирисаат; раце имаат, но не допираат; нозе имаат, но не одат; тие не пуштаат глас од грлото свое. Слични на нив се и оние што ги прават, такви се и оние што се надеваат на нив.(Псалм 115:4-8)

Што значи ова: „оние кои ги прават стануваат како нив?“ Кога го воздигаш она што е човечко, ти стануваш ограничен со она што човекот може да го создаде. Идолите

БЕЗ РИВАЛ

30

Page 45: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

се форми без функција. Тие имаат изглед на живот, но немаат сила да го пренесат тој живот на другите. На тој начин, нивните обожаватели ги корумпираат нивните сетила дадени од Бог и, на тој начин, ги губат својот глас и слободата на движење. Кога ти го обожаваш Бог, ти си трансформирана во Неговиот лик од слава во слава. Бидејќи не постои никој друг како нашиот Бог, не постои подобар начин да ја изразиме нашата уникатност, освен преку барање на Него самиот. Ти можеш да ги студираш другите луѓе, но немој да бидеш обожавател на луѓе.

Бог е алфа и омега

Втората вистина дека Бог е отсекогаш и засекогаш, е друг начин да се каже дека Тој е алфа и омега. Алфа и омега се првата и последната буква од грчката азбука. Кога овие две букви ќе се стават во ваков контекст, тие означуваат сè што е од почеток до крај. Алфа означува „почеток, зачеток, раѓање, изгрев на нешто, настанок, влез“. Кога станува збор за омега, дефиницијата не е толку јасна, но означува „крај, конечна точка и крајност“. Можеби дефиницијата за омега не е доволно јасна поради тоа што ние, луѓето, сме повеќе запознаени со она што било отколку со она што ќе биде. Ова е причината поради која ние треба да се приближиме до Бог за да го слушнеме Неговиот совет. Единствено Тој има отидено до сите крајности на она што ние го нарекуваме време. Не постои никој како нашиот Бог. Пророкот Исаија ни вели:

Спомнете си за она што било порано, од крајот на векот; земете го тоа при срце, зашто Јас сум Бог и нема друг Бог и нема подобен на Мене. Јас го навестувам во почетокот она што ќе биде на крајот, од старо време она што уште не станало, па велам: „Мојата одлука ќе се изврши, и сè што ми е угодно – ќе го направам“. (Исаија 46:9-10)

31

НАШИОТ НЕСПОРЕДЛИВ БОГ

Page 46: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

А, Пораката вели вака:

Сетете се на вашата историја, вашата долга и богата историја. Јас сум Бог, единствениот Бог којшто си го имал или ќе го имаш – неспоредлив, незаменлив. Од самиот почеток ти кажувам каков ќе биде крајот. Постојано ти кажувам што ќе се случи, уверувајќи те дека: „Јас Сум во ова до самиот крај и ќе направам онака како што сум наумил“.

Бог го објавува крајот на работите на самиот почеток. Тој го објавува почетокот само откако крајот е веќе одреден. Ние сме поканети да погледнеме наназад и да ја видиме Неговата верност. Тој го знае крајот на секој еден ден уште на самото зазорување на истиот тој ден.

Долго време веќе ти кажувам за начинот на којшто работам: ти кажувам што ќе направам пред да го направам, тогаш го правам тоа, го завршувам и тоа е тоа. (Исаија 48:3 Пораката)

Завршено е, крај. Тој нема оставено нешто недовршено, Тој нема да се поколеба, да си го промени умот или да се повлече. Исус беше Неговиот последен одговор.

Јас имам предност и ви кажувам што ќе се случи пред да се случи. Токму затоа, не можете да кажете: „Мојот идол-Бог го направи ова“. „Мојот омилен изгравиран Бог го има заповедано ова“. Сите овие докази се потврдени од вашите очи и уши. Зарем не би требало да зборувате за ова? А, тоа беше само почетокот. Јас имам многу повеќе да ви кажам, работи за кои не знаете дека постојат. (Исаија 48:5-7 Пораката)

Нашиот Бог ни кажува на самиот почеток, за да нè

БЕЗ РИВАЛ

32

Page 47: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

завршиме верувајќи во луѓе или во работи кои се осудени да нè разочараат или да нè изневерат. Зарем не треба да зборуваме за тоа што Тој го има направено, а не за она што ние го имаме направено? Зарем не треба да бидеме повеќе запознаени со она што Создателот предвидува, отколку со предвидувањата на Неговите созданија?

Бог вели:

Ова не е некоја варијација на истите стари работи. Ова е ново, сосема ново, нешто што никогаш не сте го замислиле или сонувале. Кога ќе го слушнете ова, нема да можете да кажете: „знаев за тоа цело време“. (Исаија 48:7 Пораката)

Ете...Нашиот Бог го објавува крајот на самиот почеток.Во Христос, Бог нè засака пред ние да го засакаме Него,нè прифати пред да паднеме,ни прости пред да побараме,нè облече во праведност пред да сфатиме дека бевме голи,и нè очисти пред да сфатиме дека сме извалкани.

Бог ги нарече оние кои беа непријатели и странци – свои деца и пријатели. И Тој ја напиша приказната на нашиот живот пред да го напрaвиме првиот здив.

Јас ве предизвикувам да го видите овој неспоредлив Бог онака каков што Тој е, и да започнете да го имитирате вашиот Татко како Негови драги, возљубени и прекрасни деца.

Бог е оној кој вечно постои

Следно на кое сакам да обрнам внимание е Јас сум оној кој вечно постои. 2 Мојс. 3:13-14 пишува:

33

НАШИОТ НЕСПОРЕДЛИВ БОГ

Page 48: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

А, Мојсеј му рече на Бога: „Еве, ќе појдам кај синовите израелски и ќе им речам: ‚Бог на татков- ците ваши ме испраќа кај вас‘. И ако тие ме прашаат: ‚Како му е името‘, што ќе им речам тогаш?“

Бог му одговори на Мојсеј, велејќи: „Јас Сум Оној кој вечно постои!“

Па, продолжи: „Така ќе им кажеш на синовите израелски: ‚Оној кој вечно постои, ме испрати кај вас‘“.

Јас сум сигурна дека Мојсеј си размислувал за тоа какво име е сега ова? Замислете си дека се состанувате со некои луѓе и кога ќе ги прашате како се викаат, тие ви одговараат: „Моето име е Јас сум“. А, кога ќе побарате да ви објаснат, тие само ви велат: „Јас сум оној кој вечно постои“. Со право би биле збунети. Замислете само како би одел разговорот: „Здраво, како си, Јас сум?“ Ќе изгледа дека разговарате со нив, но се обраќате на самиот себеси. Оваа конфузија која би се појавила кај нас, е истата онаа конфузија која ја имаме за концептот дека нашиот Бог е еден, еден и единствен кој исполнува сè. Јас со сигурност не сум „Јас сум оној кој вечно постои“. Нашиот опис би бил „Јас сум бидејќи Тој е“.

Бог е Тој што е. Бог постои бидејќи Бог постои. Јас не постојам бидејќи јас постојам или поради тоа што моите родители се заедно. Всушност, јас постојам бидејќи Бог постои. Тој е Создателот на сите живи битија.

Бидејќи Тој е Јас сум оној кој вечно постои, јас можам да кажам Јас сум во Христос кој е Јас сум. Мислам дека не разбираме доволно колку многу сила има во овие зборови бидејќи доколку имавме разбирање за овие зборови, тогаш би живееле поинаку. Светот ќе се обиде да ни каже кој е Бог, но Тој е откриен во својот Син. Бог сака да се открие Себеси преку својот Син и во тој процес да те открие тебе. Еден ден, Исус се обидуваше да им ја објасни оваа динамика на своите ученици испитувајќи го во Матеј 16:13-18:

БЕЗ РИВАЛ

34

Page 49: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

Кога Исус пристигна во областа на Кесарија Филипова, ги праша своите ученици: „Што велат луѓето, кој е Синот човечки?“

Тие одговорија: „Едни дека е Јован Крстител, други дека е Илија, а некои дека е Еремија или дека е еден од пророците“.

А, Тој ги притисна: „А, вие, што мислите, кој сум Јас?“

Симон Петар одговори и рече: „Ти си Христос, Синот на живиот Бог“.

Тогаш, Исус му рече: „Бог да те благослови, Симоне, сине Јонин! Ти не го доби овој одговор од книги или од учители. Мојот Татко на небесата, самиот Бог ти ја откри оваа тајна кој навистина сум јас. И сега јас ќе ти кажам кој навистина си ти. Ти си Петар, карпата“. (Пораката)

Дали го слушнавте ова? Кога имаме откровение за тоа кој навистина Исус е, тогаш ние се наоѓаме во позиција да слушнеме кои навистина ние сме. Симон, всушност, беше Петар. Тој нема засекогаш да биде рибар воден од своите чувства. Тој ќе биде водач воден од Духот и ќе биде карпа. Можам да ја почувствувам возбудата на Исус кога продолжува понатаму во Матеј 16:18-19:

На оваа карпа ќе ја изградам црквата Своја, црква толку исполнета со енергија што дури ни вратите на пеколот нема да ја надвладеат.

И тоа не е сè. Ќе имаш целосен и слободен пристап до Божјото царство, клучеви да отвориш која било врата: нема повеќе бариера помеѓу небото и земјата, земјата и небото. „Да“ на земјата е „да“ на небото. „Не“ на земјата е „не“ на небото. (Пораката)

Кога знаеш која си... тогаш знаеш што сè ти е достапно. Идентитетот на црквата и пристапот до небесната про-

35

НАШИОТ НЕСПОРЕДЛИВ БОГ

Page 50: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

визија се тесно поврзани со откровението за Христос. Кога ние го познаваме зборот, го молиме зборот, тогаш небото одекнува „да“ и „амин“.

Како ти го нарекуваш Исус?

Твојот концепт за Бог ќе биде рефлектиран во тебе. Твоето разбирање за Бог ќе биде рефлектирано во начинот на кој го живееш животот и одлуките кои ги донесуваш. Еден одначините на кои Бог се открива во нашиот живот е преку тоа кој за нас е Исус. Ако го нарекуваме Исус добар учител,

Кој исповеда дека Исус е Син Божји, во него пребива Бог и тој во Бога. И ние ја познавме љубовта, која Бог ја има кон нас; и поверувавме во тоа дека е Бог љубов, и дека оној кој пребива во љубовта, пребива во Бога, и Бог – во него. Љубовта во нас се усовршува за да имаме смелост на судниот ден; бидејќи, како што е Тој, така сме и ние во овој свет. (4:15-17)

Преку оваа исповед се воспоставува една вечна врска и далечината помеѓу Неговото откупување и нашата реалност се намалува. Кога ние го изговараме Божјиот збор, далечината која нè одделува од вистината, се намалува. На тој начин, ние сме позиционирани да се идентификуваме со Бог врз основа на тоа кој е Тој, а

БЕЗ РИВАЛ

36

тогаш Тој ќе нè подучува. Доколку го нарекуваме мудар советник, тогаш ќе ни даде мудрост. Исламот го нарекува Исус пророк и исцелител. Сами по себе овие титули се само гласини и трошки. Но, кога за Исус велиме дека Тој е Христос, Син на живиот Бог, тогаш постои откровение за Исус како Господар во тебе. Во 1 Јованова пишува вака:

Твојот концепт за Бог ќе

биде рефлекти-

ран во тебе.

Page 51: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

не кои сме ние. Ова значи дека јас сум она што Тој вели дека сум. Разбирањето и откровенијата за сите ветувања на Бог „во Христос“ ме позиционираат да бидам во една интимна врска со она што јас го нарекувам Исус. Дали е Тој Господар, исцелител, Принц на мирот, зачеток и довршител на мојата вера? Дали јас го нарекувам Исус Бог или само го нарекувам добар учител?

Бидејќи Тој е љубов, јас сум љубена и јас можам да љубам.Бидејќи Тој е живот, јас сум жива.Бидејќи Тој е способен, јас сум способна.Бидејќи Тој е мој брат, јас сум Божја ќерка.Бидејќи Тој е семоќен, јас сум моќна.Бидејќи Тој е исцелител, јас сум исцелена.Бидејќи Тој е мудрост, јас сум мудра.Бидејќи Тој е, јас сум.Поради тоа кој Тој е, јас сум она што Тој вели дека сум.Јас сум чудесно и прекрасно создадена.

Јас сакам да ве предизвикам да го поканите Божјиот збор во вашите животни искуства. За да го започнете овој процес сега, ајде да го зграпчиме овој момент и да се молиме.

Драг небесен Татко,

Ти благодарам што сум сè она што Ти велиш дека сум.

Прости ми за омаловажувањето на тоа кој си Ти и за моментите кога се имам поклонувано пред идоли кои самата ги имам направено. Јас одбивам да обожавам ограничени слики создадени од човечки раце. Свети Душе, откриј ми ги областите во мојот живот каде овие идоли сè уште имаат свое место. Ти си љубов и поради тоа не само што сум љубена, но јас, исто така, можам

37

НАШИОТ НЕСПОРЕДЛИВ БОГ

Page 52: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

да ги љубам другите на начин на кој ги љубиш Ти. Ти си мој извор на живот и причина за мојот здив.

Ти си способен да го довршиш она што го имаш започнато во мојот живот, и Ти ми даваш способност за сè што имаш ставено пред мене. Во Христос јас сум Твоја ќерка и бидејќи мојот небесен Татко е семоќен, јас ја имам сета сила која ми е потребна преку Твојот Дух. Ти си мојот исцелител; повеќе нема да барам од овој свет да ги исцели раните кои тој ми ги има нанесено. Бидејќи Ти си изворот на сета мудрост, јас ќе се потпрам на Твојот совет.

Прости ми за моментите кога имам дозволено начинот на којшто Ти се изразуваш во мојот живот да биде ограничен до степен на корки и трошки од други луѓе. Јас сакам да те познавам на интимен и длабок начин. Јас верувам дека Ти си многу повеќе од она што јас кога било сум го замислила за Тебе и јас те поканувам да ме водиш во живот на неспоредлив восхит. Поради тоа кој си, јас сум она што Ти велиш дека сум. Без разлика на тоа како се чувствувам во овој момент, јас сум чудесно и прекрасно создадена.

Во името на Исус, амин.

БЕЗ РИВАЛ

38

Page 53: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

39

НАШИОТ НЕСПОРЕДЛИВ БОГ

Прашања за дискусија

Во минатото, дали го имаш споредувано и мерено Севишниот со она што си го знаела или искусила? На пример, дали имаш размислувано дека Тој е како твојот татко (добар или лош)? Како го гледаш сега? Дали има некои области каде сè уште живееш на корка или трошки? Што правиш со гласините?

Што мислиш дека Августин мислел со тоа дека, „Бог е најдобро спознаен во непознавањето на Него?“

Во кои области, каде Бог се опишува себеси како „Јас сум“, имаш потреба да го познаваш повеќе?

Во контекст на тоа дека „идол е сè она на кое му ја даваш својата сила или сè она од каде црпиш сила“, кои се некои од областите во твојот живот каде спротивно на својата волја подигаш идоли?

Во Божјата присутност кога објавуваш кој е Тој, кој Тој вели дека ти си?

1.

2.

3.

4.

5.

6.

Page 54: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината
Page 55: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

3Ветување кое нема противник

Доколку размислиме без срам за ветувањата за наградите... ветени во Евангелието, изгледа дека за Господ нашите желби не се толку силни, туку баш напротив, тие се слаби. Ние сме суштества со половина срце. Се залажуваме со пиење, секс и со амбиции кога ни е понудена неискажлива радост. Тоа е како дете кое сака да си игра во калта покрај ѓубриштата бидејќи не може да замисли што сè се содржи во понудите да се отиде на одмор покрај море. Ние премногу лесно се задоволуваме.

K.С. Луис

Во ред...Врз твојот живот постои ветување кое нема

противник и тоа ветување претставува твое богатство. Ова богатство ја надминува секоја една вредност и секое време. Ова богатство доаѓа кај тебе во форма на неопиплив потенцијал. За некој овој дар е заспан... жив, но заспиен.

41

Page 56: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

Можеби би ти изгледало многу полесно и повозбудли- во доколку ти кажам дека некој само што депонирал милијарда долари на твојата банкарска сметка. Доколку она што ти е оставено е повеќе од она што можеш да го потрошиш за време на твојот живот... тогаш, тоа никогаш нема да биде целосно твое. Затоа што законот на земското богатство е дека истото тоа мора да остане во овој свет. Кога ќе умреш, тоа ќе остане. Но, ова богатство кое ти го поседуваш, тоа трансформира и обогатува и ќе замине со тебе во вечноста.

Ова ветување за коешто зборувам нема противник, не само во големината на богатството, но и во поглед колку далеку досегнува. Плодот од ова богатство ќе ги придружува твоите деца дури и откако ти ќе заминеш од овој свет и ќе те пречека на небесата. Ова ветување никогаш не може да биде украдено, а, сепак, може да биде продадено за нешто толку безвредно, како чинија со леќа, како што тоа го направи Исав (1 Мојс. 25). Ова богатство најдобро се чува кога е скриено и замотано во соништа и надеж. Како што се грижиш за почвата на твоето срце, ова богатство процветува и се зголемува. Безбројни милиони го имаат семето на ова ветување во нивните срца, а, сепак, и покрај големиот број луѓе кои имаат удел во него, ова богатство никогаш не се намалува.

Јас зборувам за благословот на Царот над царевите и Господарот над господарите. Ова богатство е толку многу големо што не може да се измери во долари, ниту пак во сребро и во злато. Дури и ако ти останат само облеките коишто ги носиш на себе, ова богатство повторно ќе остане. Овие богатства не се поврзани со ништо што е создадено од човек; тие се вечни и можат да ни бидат префрлени преку една тивка молитва. Ти, моја пријателке, си од кралска лоза како која било друга прекрасна принцеза.

БЕЗ РИВАЛ

42

Page 57: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

Кралска покана

Замислите дека некој тропа на вашата врата. Одите да отворите и откривате прекрасен гласник испратен од Кралот. Сакам да размислувате во стилот на Пепелашка, но наместо гласник, на вашата врата се наоѓа ангел. Овој ангел е толку голем и толку зрачи со светлина што освен него, не можете да видите ништо друго, но, сепак, сте свесни дека наоколу има голем број сведоци кои ја чекаат вашата реакција. Божествениот гласник ве повикува по име и објавува на сиот глас дека вие сте наследничка – принцеза во небесниот свет. Се слуша океан од аплауз. Зачудени, вие одговарате на оваа објава со прашање: „Јас сум?“. Тој кимнува со главата како потврда и става во вашите раце нешто што изгледа како покана. Со растреперени раце, вие го свртувате пликот. Нема никаква грешка бидејќи вашето име е совршено напишано со големи златни букви. Земате длабок здив, ги подигате очите наполнети со солзи и сфаќате дека сте сама на вашиот праг. Ангелот и неговата придружба повеќе не се тука. Еден глас ве повикува однатре од вашиот дом.

„Кој е на вратата?“Вие одговарате тивко: „Јас сум“.Вие сте преплавени со чувство дека сè е променето, а,

сепак, кога ќе погледнете наоколу кон вашите околности, гледате дека ништо не е променето. Целта на оваа посета не беше промена на вашите околности или на вашата локација. Оваа покана има цел да предизвика трансформација на која ѝ нема противник внатре во вас.

Погледнувате надолу. Ги носите истите алишта кои ги имавте пред да ја отворите вратата, но некако сега ги чувствувате полесни како повеќе да немаат сила да ве ограничуваат, да ве етикетираат или да ве идентификуваат. Како што се завртувате за да влезете внатре, вашиот ум е појасен и сфаќате дека ова е местото каде што живеете, но, сепак, тоа не е вашиот вистински дом. Далечен град чиј основач и градител е твојот Бог и Цар, те повикува.

43

ВЕТУВАЊЕ КОЕ НЕМА ПРОТИВНИК

Page 58: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

Поминувате низ дневната соба покрај зачудените лица на вашите сакани, одејќи кон вашата спална. Во тишината и самотијата на вашата соба, го отворате пликот и внимателно ја отстранувате залепената покана.

Ти, возљубена ќерко, си сега повторно родена како Сара, принцеза на Севишниот.

Како што растеш во интимно познавање на Исус, Неговата благодат и мирот ќе продолжат да се умножуваат во твојот живот.

Оваа кралска титула значи дека ќе имаш пристап до сè кога ќе ти биде потребно, како што ќе продолжиш во побожност, трчајќи низ текот на твојот живот. Биди сигурна дека како што пребаруваш низ Светото Писмо, твојата младост и ум ќе бидат обновени и ти ќе станеш свесна за сите изобилни богатства во големите и скапоцени ветувања кои ти се дадени тебе. Секое едно од нив е обезбедено за тебе на чудесен начин! Љубена, во случај доколку сè уште се сомневаш, ова е најдобрата понуда која некогаш ја имаш примено. Сè што треба да направиш сега е да му го свртиш својот грб на светот кој веќе ти го има свртено својот грб тебе.

Си зедов голема слобода да ги персонализирам стиховите од 2 Петар 1:2-4. Но, прочитајте ги и од стандардната верзија на Библијата:

Благодатта и мирот со познавањето на Бог и Христос Исус, нашиот Господ, да ви се умножат. Бидејќи Неговата божествена сила ни подари сè што е потребно за животот и побожноста, а преку познанието на Оној кој нè повика со својата слава и совршенство, преку кои ни се дарувани многу големи и драгоцени ветувања, та преку нив да станете учесници во Божјата природа ако се оддалечите од гнилежот на овој свет.

БЕЗ РИВАЛ

44

Page 59: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

Доколку Исус не тропнеше на вратата од моето срце, ќе бев оставена без ништо. Би било еднакво на чудо, доколку наследив нешто! Моето семејство не беше во позиција да остави наследство за мојот брат и за мене. Но, што би сакала да имам повеќе, остатоци или наследство? Многу одамна научив дека ветувањата од Бог се подолготрајни од работите кои ги поседуваме.

На кој начин можеме да влеземе во овие големи ветувања? Тие се наши преку вера. Галатите 3:14 ни вели:

Така што благословот даден на Авраам да дојде преку Исус Христос врз незнабошците, за да го добиеме ветениот Дух преку вера.

Запознајте се со Аврам и Сараја

За да научиме повеќе за овие ветувања, ајде да погледнеме како набљудувачи една позната приказна и дел од Светото Писмо. Бог има запишано приказни во Светото Писмо за ние да научиме многу работи преку искуствата на другите. Јас додека ги читам, го гледам скелетот на речениците од секоја приказна како оживуваат. Јас ги визуелизирам приказните и го слушам Светиот Дух и, на овој начин, јас гледам и слушам работи кои би ги пропуштила доколку само ги читам зборовите пред мене. Јас поставувам прашања: Како јас би се чувствувала во нивната ситуација? Кој би бил мојот најголем предизвик или страв?

Оваа практика е само еден од многуте начини на кои можеме да му пристапиме на Светото Писмо. Можеби не е најбиблиски начин; но е начин на размислување со цел да му дозволиме на Светото Писмо да оживее. Татковците (патријарсите) и мајките (матријарсите) се наши браќа и сестри во оваа практика. Ова е начинот на кој јас правам селах1... односно, пауза и размислување.

Прво, би сакала да се запознаете со Аврам. Тој е наш

45

ВЕТУВАЊЕ КОЕ НЕМА ПРОТИВНИК

Но, што би сакала да

имам повеќе, остатоци или наследство?

Page 60: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

татко во верата. Замислете си верен, без мана, постар и побожен човек. Потоа, тука е Сараја. Таа е наша мајка на ветувањето. Таа е чудесно убава и, исто така, верна, без мана, постара и побожна жена.

На покана од Бог, овие двајца беа доволно храбри да остават зад себе сè што некогаш познавале. Бог вети дека ќе го благослови и ќе го умножи животот на овој пар кој беше бесплоден. Заедно се впушија во авантура. Тие го бараа она што никогаш го немаа видено, народ подигнат од Бог. Во моментот кога им се придружуваме, тие веќе имаат патувано со декади. Аврам е на прагот од неговиот стоти роденден, а Сараја, неговата сопруга, е на прагот на нејзините деведесетти години.

Тие имале многу подеми и падови додека патувале низ дивините. Еве ја мојата кратка сумаризација: тие ги пребродија расправиите кои дојдоа кога Бог ги благослови; ова предизвика тие да се одделат од Лот, нивниот внук; Сараја беше ставена во харемот на фараонот; Сараја беше ослободена од харемот. Додека патуваа, тие победија во една мала војна, го спасија нивниот киднапиран внук и дадоа десеток во вера на Царот Мелхиседек, свештеник на Севишниот Бог. Тие искусија сериозни обесхрабрувања и тие донесоа погрешна одлука кога Сараја му ја даде Агара на својот сопруг за на тој начин да добие машко дете кое ќе биде наречено Исмаил. Во нејзиното разочарување, Сараја беше виновна за гнев и домашно насилство. Јас мислам дека овој триаголник помеѓу сопругот, сопругата и слугинката не беше забавен.

Еве неколку работи кои сакам да ги назначам за да не ги испуштиме во мојата кратка сумаризација на приказната за Аврам и Сараја.

Тие беа целосно предадени. Аврам и Сараја го напуштија Ур без да се свртат назад. Немаше

БЕЗ РИВАЛ

46

1.

Page 61: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

47

ВЕТУВАЊЕ КОЕ НЕМА ПРОТИВНИК

враќање назад. Бог ги повика и тие послушаа. Точка. 1 Мојс. 12:1-2 вели:

И му рече Господ на Аврам: „Излези од својата земја, и од родот свој, и од домот на татко си, па појди во земјата што ќе ти ја покажам јас! А од тебе ќе направам голем народ, и ќе те благословам, и името твое ќе го прославам и ти ќе бидеш благословен“.

Бог правеше пат за нови работи на нов начин. Тој ги водеше напред во вера и надеж. Тие направија грешки, но никогаш не погледнаа наназад.

Тие се одвоија себеси од расправии. Аврам и Сараја го напуштија Ур, но со себе го зедоа Лот (не беше најдобра идеја). Благословот врз Аврам донесе изобилие и кај Лот, исто така. Кога земјата не можеше да ги издржува и двајцата, нивните слуги почнаа да се расправаат. Не сакајќи расправиите да продолжат, Аврам му даде шанса на Лот тој прв да избере земја за себе. Беше многу подобро за нив да се разделат, отколку да останат заедно во расправии. Забелешка: доколку патувате низ животот со луѓе со кои не би требало да бидете, може да се случи Бог да дозволи и двете страни да се умножат до степен каде ќе мора да се разделите. Расправиите знаат да го згаснат благословот на Бог и ефективноста на твојот живот.

Тие дадоа како чин на вера. Кога Аврам му даде десеток на Мелхиседек, тој тоа го направи како

2.

3.

Page 62: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

БЕЗ РИВАЛ

48

резултат на ветувањето кое веќе го беше добил од Бог. Не сакајќи да земе од пленот којшто доаѓаше од Содом, тој даде во вера, а тоа даде суштина на неговата надеж.

Овие три работи беа откриени кога Бог му се објави на Аврам и му го објави следното ветување во 1 Мојс. 17:4-5:

А, ова е заветот мој со тебе: ќе станеш татко на многу народи. Затоа, повеќе нема да се викаш Аврам туку името ќе ти биде Авраам, бидејќи ќе те направам татко на многу народи.

Вечен завет

Кога ќе откриеш дека си наследничка, Бог ќе ја промени твојата титула. Кога Бог го промени името на Аврам во Авраам, неговиот живот беше проширен. Тој повеќе нема да биде човек без народ... туку ќе биде татко на народи. Во 1 Мојсеева 17, Бог опишува во детали колку ќе биде голем и долг овој завет. Животот на Авраам ќе биде заокружен со зборови како генерациски и вечен. Земјата по која Авраам одел како аутсајдер и странец, еден ден ќе биде наследство на неговите потомци и тие ќе ја поседуваат засекогаш. Исто како што Бог беше со Аврам, тој, исто така, вети дека ќе биде со потомците на Авраам. Можам да го замислам Авраам како плаче во присуството на Бог гледајќи ја делумно добрината на нивната иднина.

Во мојот ум, јас го гледам Авраам испружен пред Бог. Тогаш, тој станува на неговите колена и го подига своето лице покриено со солзи кон ѕвездите. Неговите раце се испружени како да сака да ги допре краевите на една брилијантна светлина чијашто заднина е темнината на јасното, пустинско небо. Тој е преплавен со благодарност. Секој еден збор од ветувањето одѕвонува до самата срж на

Page 63: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

неговите коски. За момент, превезот на годините паѓа и Авраам е повторно млад и секоја една клетка е жива и исполнета со восхит.

Ова ново име, Авраам, го исполнува неговото срце со радост и со надеж. Тој го гледа Исмаил и си мисли: Сето ова ќе биде твое, синко мој; твојот живот ќе биде исполнет со умножување, благослов и со голема иднина.

Господ му кажува на Авраам дека овој завет бара сам по себе знак. Ова не е некој убав, јавен знак како што беше виножитото за Ное; напротив, ова е приватен знак исполнет со болка. Сите членови од домот на Авраам од машки род мора да бидат обрежани. Ова отстранување на кожата потврдува дека Авраам и неговите потомци се во завет со Севишниот Бог. Тогаш, разговорот со Бог се свртува во сосема спротивна насока:

И му рече уште Бог на Авраам: „А Сараја, жената твоја, не нарекувај ја повеќе Сараја, туку името нека ѝ биде Сара. Јас ќе ја благословам и ќе ти дадам син од неа, и цареви на народи ќе излезат од неа“. (1 Мојс. 17:15-16)

Скоро да можам да ја видам Авраамовата збунетост. Зачуден поглед ја подига неговата веѓа... Сара? Но, заветот е со мене, а јас веќе имам син... Исмаил. Тој е мој син од Агара. Овој нов развој на настаните го враќа Авраам долу на неговото лице.

Тогаш, падна Авраам ничкум и се насмеа, велејќи во себе: „Како може на човек од сто години да му се роди син? Зарем, Сара на деведесет години ќе роди?“ (1 Мојс. 17:17)

Многу често слушаме за тоа како Сара се насмеа кога слушна дека таа ќе има син, но Авраам беше првиот кој се насмеа на ветувањето на Бог. Авраам не застана само со насмејување. Тој отиде дотаму што му понуди на Бог друга

49

ВЕТУВАЊЕ КОЕ НЕМА ПРОТИВНИК

Page 64: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

опција:

И Авраам му рече на Бога: „О, барем Исмаил да биде жив пред лицето Твое!“ (1 Мојс. 17:18)

Мене ми звучи како Авраам да сакаше да го вклучи Исмаил во овој план. Зошто да се мачиш толку многу со Сара? Ново име или не, таа има стара утроба и стар сопруг. И можам да го разберам Авраам. Но, Бог не сакаше да слушне за ова и му возврати:

А, Бог му рече: „Навистина, Сара жената твоја, ќе ти роди син и ќе го наречеш со името Исак; и ќе направам заветот мој со него да биде завет вечен, и на потомството негово по него“. (1 Мојс. 17:19)

„Навистина, Сара жената твоја...“, тоа е повеќе од јасно. Како Бог да му го читаше умот. Замислете си го тоа! Бог го слушна Авраам и го благослови Исмаил, но не како дел од вечниот завет.

Кога двајца ќе станат едно во брак, заветот со Бог ги вклучува и двајцата. Секако, Авраам го сакаше Исмаил и е сосема природно тоа што тој сакаше сè она што Бог му го вети да важи и за него. Но, Исмаил беше син од слугинка врзана во светот на желбите и телото. Ветувањето кое нема противник мораше да дојде преку знак и чудо кои се немаа случено порано. Една стара, неплодна жена ќе има бебе:

А, заветот мој со Исак ќе го направам кога ќе ти го роди Сара, догодина во ова време. (1 Мојс. 17:21)

Колку често ние го правиме истото?Бог ќе ни каже дека Тој ќе направи нешто ново и

чудесно, а ние се колебаме со неверување? Тој вели дека ќе го зголеми нашиот живот, а ние му велиме дека нема потреба да се мачи толку многу... само благослови го она

БЕЗ РИВАЛ

50

Page 65: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

што го имам. Она што го имаме и она што го правиме не е доволно големо. Бог сака да биде вклучен. Тој мисли за сите генерации. Заветот требаше да дојде преку Исак кој сè уште не беше роден. Истиот оној кому Авраам му се насмеа... но, не оној кому тој му беше татко по тело!

Јас сум многу охрабрена од човековата природа на Авраам. Во неа има лекција за секој еден од нас. Бог во Неговата милост е спремен да го благослови дури и она што ние го градиме во наша сила, но Неговиот вечен завет е воспоставен надвор од светот на човековата провизија.

Ново име = нова судбина

Според Еврејската традиција, имињата во себе ги содржат можностите и судбината на секоја индивидуа. Така, промената на името има сила да ја промени твојата природа, што за возврат прави простор за твојата иднина. На пример, ние имавме конкретна намера кога ги избравме имињата на нашите синови со надеж дека тие ќе пораснат во она што нивните имиња го означуваат. Ова го научив од мојот Татко, Бог, бидејќи секогаш кога ги изговарам нивните имиња, јас го објавувам значењето на нивните имиња врз нивниот живот.

Бог честопати го менува името на некој кога тоа име повеќе не одговара на неговата природа. Прогонувачот Савле стана Павле, а рибарот Симон беше наречен од Исус, Петар, карпа. Името на Исаковиот син, Јаков, беше променето во Израел што значи „принц на Бог“. Нашиот Бог сака да ги менува имињата. Јас понекогаш гледам на тоа како на програма за заштита на сведоците во која сите ние функционираме под идентитетот на името на Исус.

Кога Бог влезе во завет со Авраам, Тој му го зголеми капацитетот на Авраам преку промената на неговото име. Јас имам еден прекрасен пријател, Брајан Билек, кој е месијански учител и тој ми го објасни значењето во промената на имињата. Зголемувајќи го името на Аврам во Авраам, Бог го подели Неговото име и додаде уште една

51

ВЕТУВАЊЕ КОЕ НЕМА ПРОТИВНИК

Page 66: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

буква од Своето име на името на Аврам. Името Аврам значи „таткото е воздигнат“. Продолженото име Авраам значи: „татко на многу“.

Ова ново име објавува кој Авраам ќе биде. Тоа е име кое никогаш нема да биде целосно разбрано за време на животот на Авраам. Бидејќи животот на Аврам го возвиши Бог, неговото наследство ќе биде умножено без мера. Немојте да заборавите, идентитетот е интимно поврзан со вашата судбина. Учителот Брајан, исто така, потенцира дека Божјото ветување не се исполни сè додека Бог не го промени името на сопругата на Аврам, исто така. Сараја значи „Јахве е принц“, а беше променето во Сара, што значи „принцеза на Бог“. Бог додаде една буква од Неговото име, Јахве, на нејзиното.

Оваа промена на името ѝ даде идентитет на Сара во сето ова. Интимно ја поврза со Бог, но, исто така, објави дека сите нејзини ќерки кои ќе произлезат од ветувањето, исто така, ќе имаат кралска позиција. Новото име ги оттргна рацете на Сара од целата ситуација и ги постави Божјите раце на истата таа ситуација.

Кога името на Сараја беше променето од објава од машки род („Јахве е мој принц“), во име од женски род („принцеза на Бог“), значењето на името беше омекнато и отворено. Авраамовото ново име се прошири за да вклучи многу и ова семе на ветување имаше потреба од почва на ветување, исто така. Животот на Сара стана негова почва, утроба жива со ветување.

Промената на името на Сара ја прекрши нејзината необработена земја и ја подготви за проширувањето кое им беше ветено и на Авраам и на Сара. Бог му рече на Авраам дека тој ќе биде татко на многу народи, а на Сара дека таа ќе стане народ; цареви ќе произлезат од неа. Бог како да им додаде имагинација и визија и на двајцата.

Кога луѓето се чесно поврзани еден со друг и со нивни- от Бог, Бог доаѓа и го прави невозможното. Неплодните утроби се исполнети со живот и се осилени за да дадат живот, браковите без љубов се исцелени, синовите и

БЕЗ РИВАЛ

52

Page 67: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

ќерките се ослободени од демони, а децата се подигнати од смртта. Надежта е обновена, верата е запалена, љубовта победува, а непријателот е истуркан назад и гласот на измамата е замолкнат.

Без разлика дали го разбираш ова или не, ти имаш доживеано промена на името во моментот кога беше нановородена. Твоето име беше проширено, исто така. Исус кој беше семе ветено на Авраам, не само што го промени твоето име проширувајќи го со уште една буква од Неговото име, но Tој, исто така, ни даде безграничен пристап до Таткото преку употребата на Неговото име. Јован 16:26-27 вели:

Во тој ден ќе побарате во Мое име, и не ви велам дека Отецот ќе го помолам за вас; бидејќи Отецот сам ве сака, зашто вие ме засакавте и поверувавте дека Јас сум излегол од Бога.

Исус беше соблечен гол и покриен со нашиот срам кога го зазеде нашето место на крстот. Тој го даде својот безгрешен живот на местото на нашиот грешен и извалкан, и преку Неговата целосна жртва Тој нè спаси, целосно правејќи место за секој еден од нас да стане син и ќерка на ветувањето.

Сигурно се шегувате!

Нашата приказна продолжува во 1 Мојс. 18, кога Бог го посетува Авраам повторно. Авраам седи на влезот од неговиот шатор, под сенка, но, сепак, може да го почувствува ветерот. Ги подига очите и здогледува тројца луѓе кои стојат пред него покрај дрвјата во Мамре. Повеќето учители велат дека овие луѓе се ангели. Авраам притрчува до нив, се поклонува и ги моли да останат:

„Господи, ако сум нашол милост пред Тебе, немој да го одминеш слугата Свој! Ќе ви донесам малку

53

ВЕТУВАЊЕ КОЕ НЕМА ПРОТИВНИК

Page 68: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

вода и ќе ги измијам нозете ваши, па одморете се малку под ова дрво! И ќе ви донесам малку леб за да се поткрепите штом веќе навративте кај слугата ваш, па, тогаш, продолжете го својот пат“. Тие рекоа: „Направи како што велиш“. (1 Мојс. 18:3-5)

Ми се допаѓа тоа што тој ги пресретна овие патувачи и ги задржа со почит. А, Авраам, од своја страна, направи многу повеќе од она што им го беше ветил. Тој отиде прво до Сара и ѝ даде инструкции да направи торти од нивното најдобро брашно. Тогаш, отиде до своето стадо и го избра најдоброто теле и му го даде на едно од момчињата за да го зготви. А, откако завршија со ова, им принесе масло и млеко. Оваа гозба што тој им ја приготви на своите гости, беше малку повеќе од само испечен леб!

Авраам е со своите гости, кога е поставено следното прашање:

„Каде е Сара, жаната твоја?“ А, тој одговори: „Ене ја, во шаторот“. Еден, пак, од нив му рече: „Догодина ова време, јас пак ќе дојдам кај тебе, и Сара, жената твоја, ќе има син“. А, Сара слушаше на вратата од шаторот зад него. (1 Мојс. 18:9-10)

Кога го читам овој дел, се чувствувам како да сум таму во шаторот со Сара. Како да гледам преку нејзиното рамо. Авраам е надвор меѓу неговите гости под дебелата сенка на дрвото. Звукот на нивните гласови е носен лесно од страна на сувиот пустински ветар кој ги виори нивните наметки како што поминува помеѓу дрвјата и шаторот во оазата.

Сара го слуша разговорот од темните простории на шаторот, доволно блиску да слушне, а, сепак, е одделена од нивниот разговор. Сара е внимателна да не направи ниту еден звук, но Светото Писмо ни ги открива нејзините мисли:

БЕЗ РИВАЛ

54

Page 69: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

Авраам и Сара беа стари во поодминати години и Сара веќе ги беше поминала годините за раѓање деца. Затоа, Сара се насмеа во себе велејќи: „Како може толку стара жена како мене да ужива во вакво задоволство кога и мојот господар е, исто така, стар?“ (1 Мојс. 18:11-12 Динамичен превод)

Ова е повторување на реакцијата на Авраам и се прашувам... дали Сара го слушна ова за првпат? Очигледно е дека е изненадена. Понекогаш ветувањето е најблиску кога изгледа дека е најмногу невозможно.

Во 1 Мојс. 17:21, слушнавме „догодина во ова време...“ а кога ветувањето е повторено пред Сара, се вели „догодина ова време...“. Очигледно временската прогноза се променила. Не постои начин со сигурност да знаеме колку време поминало од разговорот на Авраам со Бог до појавувањето на овие ангели, но не би требало да биде долго време. Најдобрата претпоставка би била околу еден месец.

Господ одлучил да ја вклучи Сара во разговорот.

Тогаш Господ му рече на Авраам: „Зошто се насмеа Сара, велејќи – ‚Дали може стара жена како мене да има бебе?‘“ Има ли нешто неможно за Господ? Догодина ова време јас пак ќе дојдам кај тебе, и Сара ќе има син“.

Сара се уплаши и одрече велејќи: „Не се насмеав“.

А Господ ѝ рече: „Не, ти се насмеа“. (1 Мојс. 18:13-15 Динамичен превод)

Сара не само што се насмеа... но, таа, исто така, излажа! Таа се уплаши бидејќи тоа беше едно од оние смеења: сигурно се шегуваш... повеќе звучеше како исмејување.

55

ВЕТУВАЊЕ КОЕ НЕМА ПРОТИВНИК

Page 70: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

Каде е Сара, твојата жена?

Стиховите пред и по претходниот пасус ме тераат да се запрашам, колку многу работи беа кажани иако не беа изговорени. Јас ставив нагласок на неколку работи на кои сакам да се осврнам. Некои од овие работи се проблеми кои претходно не сум ги забележала.

Прво, сакам да го погледнам прашањето „Каде е Сара?“ Зошто се крие во својот шатор? Зошто не е покрај својот сопруг и не е дел од овој разговор?

Јас знам дека вие го знаете крајот на оваа приказна, но важно е да запомниме дека Сара не го знаеше. Со оглед на нејзините години, таа можеби чувствувала дека нејзината приказна е веќе завршена и дека нејзиниот живот е веќе потрошен. Таа можеби чувствувала дека односот со нејзиниот сопруг, како и нејзиното злоупотребување кон Агара, ја имаа дискфалификувано.

Таа не знаеше дека болката низ која имаше поминато и грешките кои ги имаше направено во средина на повторени разочарувања и тешки околности беа навлезени длабоко во нејзината душа. Да останеш бремена не бара некоја длабочина. Површност и непромисленост можат лесно да те одведат во бременост. Но, Сара требаше да биде мајка на Исак и на Израелскиот народ, така што таа требаше да биде спремна.

Тринаесет години таа го гледаше детето Исмаил како расте. Таа се надевеше дека ќе го воспитува синот на Агара како свое дете, но некако не го чувствуваше Исмаил како свој син. Авраам беше задоволен, но Сара беше скршена. Можностите не беа на нејзина страна.

Но, уште потрагично од сето ова беше сфаќањето дека Сара и Авраам изгледа заборавија која таа навистина беше.

Следно нешто што ми остави впечаток беше прашањето, „Каде е твојата жена?“

Кога некој ќе го посети нашиот дом и ме бараат мене, тие не го прашуваат Џон: „Каде е Лиса, твојата жена?“ Тоа

БЕЗ РИВАЛ

56

Page 71: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

разграничување не е потребно. Ова појаснување ќе беше од корист само доколку неколку жени живееја во нашиот дом и се викаат Лиса. На пример, доколку некој од моите синови се оженеше со девојка по име Лиса, тогаш ќе имаше потреба од појаснување: „Јас сум тука за да се видам со Лиса, твојата сопруга, а не со Лиса, твојата снаа“.

Некој којшто нè познава, само едноставно би прашал: „Каде е Лиса?“ Доколку не нè познаваат, а би сакале да зборуваат со жената на куќата, тогаш би го прашале Џон: „Каде е твојата жена?“

Она што е интересно е дека овие посетители ги познаваа обајцата, и Авраам и Сара, а сепак прашаа за неа, и по нејзиното име, и по нејзината поврзаност со Авраам.

Дали е можно овие посетители, ангели, да сакаа да кажат: „Авраам, ние сме тука да те потсетиме дека Сара е твоја жена. Знаеме дека вашиот заеднички живот изгледа поразлично во овој период и дека ти имаш дете со Агара, но Сара е сè уште твоја жена“. Ова е можеби причината поради која Сара беше задоволна само да го прислушува разговорот на кој требаше и самата да биде присутна. Впрочем, посетителите се реткост во нејзиниот номадски живот. Авраам веднаш скокна кога ги виде овие тројца луѓе како стојат покрај дрвјата пред неговиот шатор. Како што читаме за овој настан во Библијата, изгледа дека храната била подготвена за неколку минути, но за оваа гозба би биле потребни неколку часови за да се приготви.

Зошто кој било од нас би се задоволил само со прислушување, а не да се придружи на разговорот за Божјите ветувања? Можеби посетителите разгледале наоколу и си рекле: „Го гледаме таткото на верата; но каде е мајката?“

Доколу од која било причина ангели Господови се појават во мојата куќа и Џон ги покани да останат на ручек, тогаш Џон не би можел да ме исфрли надвор од нашата дневна соба. Да бидам искрена, ова никогаш не би било причина за проблем во нашиот дом. Гостите на Џон

57

ВЕТУВАЊЕ КОЕ НЕМА ПРОТИВНИК

Page 72: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

се мои гости и моите гости се негови гости. Доколку од која било причина јас не бев во собата, но сум успеала да дослушнам дека прашуваат каде сум јас, тогаш јас веднаш би се појавила!

Јас немам причини да верувам дека на Сара ѝ било кажано да замине или дека Авраам ја исклучил од разговорот. Се прашувам дали таа самата се исклучила од оваа слика. Овој проблем се појавува кога луѓето се длабоко запознаени со разочарувањата што забораваат кои се. Надежта знае да боли. И затоа се кријат, потоа се смеат, а потоа лажат.

Без разлика на причините, Сара беше однадвор гледајќи внатре, но Бог ја врати Сара назад во целата ситуација. Јас верувам дека ова започна со едно потсетување за Авраам и Сара дека таа е сè уште негова жена. Оваа објава служеше како основа да се тргне настрана нејзината соперничка Агара и во самиот процес да ги потсети сите вклучени во оваа ситуација која навистина е таа. Сара беше принцеза.

Зошто го прашуваа Авраам?

Следна работа која се издвојува во оваа приказна е фактот дека, иако Сара беше таа која се насмеа, Авраам беше тој кому му беше поставено прашањето:

Тогаш Господ му рече на Авраам: „Зошто се насмеа Сара? Зошто рече – ‚Дали може стара жена како мене да има бебе?‘“ (1 Мојс. 18:13 Динамичен превод)

Зошто Авраам беше прашан за нешто што Сара го имаше направено? Кога ќе го погледнам ова, мислам дека разговорот во 1 Мојс. 17 навистина не беше споделен со Сара. Можеби Авраам сè уште го процесирал она што Бог му го беше кажал. Можеби не сакал да ѝ каже на Сара. Постојат моменти кога Џон и јас забораваме да споделиме некои информации еден со друг. Или, пак, можеби

БЕЗ РИВАЛ

58

Page 73: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

зборувале и го отфрлиле ветувањето. Но, една работа е јасна: ветувањето на син за Сара и од неа не било негувано во нејзиниот живот. Гласниците го прашаа Авраам:

Има ли нешто неможно за Бог? Догодина ова време ќе се вратам и Сара ќе има син. (стих 14 Динамичен превод)

За една година Сара ќе има син. Ми изгледа помалку смешно тоа што Сара излажа и одрече дека се насмеала кога таа воопшто не беше прашана: Авраам беше прашан. Исто така, го наоѓам за голема утеха тоа што нашиот Татко, Богот на вечниот завет, го слушна нејзиното тивко смеење, бидејќи ме увери дека Тој ја слуша тишината на срцето кое плаче.

Постои разлика помеѓу смеење на некоја идеја и смеење од радост. Животот на Сара беше без смеа. Но, раѓањето на Исак ќе го промени сето тоа. Авраам и Сара го започнаа нивното патување заедно и тие ќе го донесат до испол-

Зашто е напишано дека Авраам имаше двајца синови, еден од слугинката, а друг од слободната. Но, оној што беше од слугинката, се роди по тело; а оној што беше од слободната – по ветувањето.

нување ветувањето кога ќе научат да се смеат повторно заедно. Ветувањата бараат од сопругот и сопругата, браќата и сестрите, мажите и жените да имаат разговор меѓу себе. Премногу долго жените се некако скриени, но Бог сака да знаеш дека Тој сака ти да бидеш дел од разговорот. На Бог му беа потребни копнежот и длабочината на Сара за да го подигне Неговиот народ на заветот. Галатите 4:22-23 вели:

59

ВЕТУВАЊЕ КОЕ НЕМА ПРОТИВНИК

На Бог му беа потребни

копнежот и длабочината на Сара за да

го подигне Неговиот народ на заветот.

Page 74: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

Кој ја заштитува Сара?

Пред Сара да го држи Исак во своите раце, постоеше уште еден разговор во кој таа одлучи да не учествува. Овој разговор е апсолутна мистерија за мене, но, во овој случај, кога таа молчеше и кога излажа, Бог се вмеша:

Тогаш велеше Авраам за жената своја, Сара, дека му е сестра. А, царот герарски Авимелех испрати да ја земат Сара. Но, Бог дојде кај Авимелех ноќе во сон, и му рече: „Ете, ќе умреш заради жената, која си ја зел, зашто таа има маж“. (1 Мојс. 20:2-3)

Навистина ми е драго што Бог проговори во нејзино име бидејќи изгледа дека и двајцата беа задоволни да молчат. Што ли само мислеа? Бог правеше нешто ново, но тие и понатаму се однесуваа еден кон друг на стариот начин. Овој однос на брат и сестра никогаш не беше во ред, но сега беше уште полошо отколку порано. Името на Сара беше променето и таа беше на прагот да го зачне Исак.

Сара очигледно беше жена со неприкосновена убавина... но, таа имаше деведесет години! Или изгледала супер за нејзини години или, пак, можеби Бог радикално ја обновил нејзината младост како подготовка за Исак. Во секој случај, Авраам којшто знаеше дека Сара треба да зачне секој момент и да го роди нивниот син за помалку од една година, требаше да ја заштити својата жена од желбите на царот Авимелех. Како инаку Авраам би знаел дека детето е негово? Премногу често ние мислиме дека молчењето е потчинување кога не е... тоа е лажење. Потчинување е да знаеш како и кога да зборуваш. А ова беше еден од тие моменти.

На нивни години, Авраам и Сара можеби живееле еден со друг како брат и сестра, но на тие денови им беше дојден крајот. Доколку нивниот однос не беше однос како на маж и жена пред промената на нејзиното име,

БЕЗ РИВАЛ

60

Page 75: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

тогаш требаше да им биде кристално јасно по посетата на ангелите. Обновените имиња на Сара и Авраам, всушност, требаше да донесе обновен интимен однос меѓу нив. И двајцата разбраа дека таа ќе остане бремена и дека ќе го роди нивниот син за помалку од една година. Сара одлучи да се држи до она што беше полувистина, но, сепак, мора да се запрашате што навистина мислеа?

Тогаш Авимелех го повика Авраам и му рече: „Што направи ти со нас?

Што ти згрешив, па сакаше да навлечеш на мене и на царството мое голем грев? Ми го направи она, што никој не го прави“. (1 Мојс. 20:9)

Откако Авраам ги објасни неговите нејасни причини за неговата измама, царот Авимелех, сепак, одлучи да го благослови Авраам и ги покани да живеат во неговата земја. Авраам се помоли за Авимелех и Бог ги отвори утробите на сите жени во неговиот дом. Помалку е иронично тоа што Авраам се молеше за она што сè уште го немаше видено во својот живот. Бог ја заштити Сара дури и кога нејзиниот маж ја стави својата безбедност над нејзината. Бог му прозборе на царот во сон за да ја заштити затоа што таа беше скапоцено богатство за Него. Ние можеме да му веруваме на Бог за нашата безбедност и да му веруваме дека Тој може да го исполни ветувањето во нашиот живот, дури и тогаш кога најблиските до нас – дури и нашите мажи нè изневеруваат.

Жената на слободата против жената на ропството

Во 1 Петар 3:6 читаме: „Вие сте нејзини чеда; ако правите добро, не плашете се од ништо (не давајте место на хистерични стравови и не дозволувајте неспокојот да ве вознемирува)“. Сара никогаш не роди ќерка, но Светото Писмо ни вели дека ние можеме да бидеме нејзини вистински ќерки. Ние сме ќерки на ветувањето, ќерки

61

ВЕТУВАЊЕ КОЕ НЕМА ПРОТИВНИК

Page 76: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

на жената на слободата, кога не дозволуваме стравот да ги контролира нашите постапки и кога не дозволуваме грижите да ни ја украдат нашата храброст.

Сара беше слободна жена која го почитуваше и му се восхитуваше и на Бог и на својот сопруг. Агара, од друга страна, беше жена-робинка која ја презираше својата господарка Сара. Плодот на Агара, Исмаил ги следеше примерите на неговата мајка и го исмејуваше Исак. Сара разбра дека мора да постои одвоеност помеѓу ропството и слободата. И ние треба да го разбереме тоа. Во Галатите 4:30 читаме: „Истерај ја робинката и синот нејзин, зашто синот на робинката нема да биде наследник заедно со синот на слободната!“

На синот на робинката не му беше дозволено да има удел во наследството. Тој го изгуби својот татко и сè она што го познаваше како семејство. И двете жени, слободната и робинката имаа ист сопруг. И двете имаа син. А, сепак, нивниот однос со Авраам беше различен. Агара го претставува телото со своите ропства. Сара ги претставува слободата и ветувањето. Галатите 4:22-26 го опишува тоа вака:

Авраам имаше два сина: еден од жената-робинка и еден од слободната жена. Синот од жената-робинка беше роден од човекова желба; синот од слободната жена беше роден преку Божјото ветување. Ова го илустрира она со кое се соочуваме сега. Двете раѓања ги претставуваат двата начина на кои можеме да бидеме во однос со Бог. Еден е од планината Синај во Арабија. Ова е во согласност со она што сега се случува во Ерусалим – живот во ропство кој произведува робови како потомство. Ова е патот на Агара. Во спротивност на ова, постои невидлив Ерусалим, слободен Ерусалим и тој е нашата мајка – ова е патот на Сара. (Пораката)

БЕЗ РИВАЛ

62

Page 77: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

Ја сакам оваа реченица „ова е патот на Сара“. Нераспадлива убавина, таа беше еден вид сенка на ангелите, убавина која не венее и која се наоѓа во Христос. Ти си родена како резултат на ветувањето.

Авраам, таткото на верата и неговата принцеза, Сара, се пример, слика за Христос и за неговата невеста, Црквата. Ние сме повикани да се поистоветиме како зависни од Христос и веднаш до Него. Тој е нашата глава и сите кои веруваат во Него се покоруваат на Неговото господарство, водство и авторитет. Но, ние немаме причина за страв. Тој е нашиот создател-сопруг. Тој нè има создадено во љубов.

Престани да се криеш!

Доколку Бог има ставено копнеж во тебе, тогаш Тој ќе ти даде сила да издржиш и да продолжиш. Оваа сила доаѓа кога Бог ќе го посети твојот живот со ветување. Можеби овие страници се како посетителите на Сара. Можеби овие зборови те потсетуваат која навистина си ти.

Вистината е дека нема замена за тоа да го слушнеш Бог како ти зборува директно тебе. Ти треба да се вклучиш во разговорот со Бог за твојата иднина. Ние имаме потреба од она што ти го носиш во својот живот. Ова не е време за жените да се кријат. Време е да почнеме да трчаме во моментот кога нашето име ќе биде споменато, викајќи, „Овде сум! Овде сум и сакам да слушнам!“

Доколку сакаш да живееш живот на кој му нема противник, тогаш мора да престанеш да се криеш и мораш да бидеш дел од разговорот.

Многу може да се случи во една година. За Сара излезе да биде година како никоја друга. И тоа не е за изненадување кога имате година во која Бог постојано ве посетува.

Дали разбирате дека оваа година може да биде исто таква и за вас? Оваа година може да започне во сенките, со смеа и со лага, но да заврши со прифаќање на ветувањето.

Можеби ќе си речеш: „Па, чекај малку, јас не лажам“.

63

ВЕТУВАЊЕ КОЕ НЕМА ПРОТИВНИК

Page 78: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

Ти лажеш доколку ги велиш некои од следните работи: Премногу е доцна.Премногу сум млада.Премногу сум стара.Јас не сум квалификувана.Јас имам направено премногу грешки.Јас сум добро.Јас немам потреба од соништа.

Немој да лажеш и да велиш дека не копнееш по нешто повеќе. Не одрекувај ги своите соништа. Кога го правиш тоа, прво доаѓа смеата, потоа лагата и вратата на твоето срце се затвора. Отвори го своето срце и прифати ги сите чудесни работи за кои си поканета. Наместо да ја исмејуваш поканата дека можеш да живееш живот кој може да биде во исто време и чудесен и божествен, ајде да се насмееме со восхит зачудени од ова покана! Ние сме како Пепелашка, а овој свет може да биде спореден со нашата зла полусестра. Колку долго ќе продолжиме да плачеме со срце исполнето со пепелта од вчера, кога Принцот се наоѓа пред нашата врата? Ти имаш сè што ти е потребно за да живееш живот којшто само Тој може да го сонува за тебе. Зошто се задоволуваш со тоа некој друг или, пак, минатото да ги прави твоите планови за тебе?

Од што се криеш ти?Кој е сонот на кој му се исмејуваш? Која е твојата надеж?

Сигурно го препознаваш она нервозно смеење во твоето грло во обид да го прекриеш она што е премногу болно за да се сфати сериозно? Слушај! Ти ниту си квалификувана ниту, пак, дисквалификувана. Ти си дел од ова ветување поради Христос.

Или можеби твојот живот повеќе не е место на болка. Болката ја нема и сè што постои е отрпнатост. Дали е тоа место каде, кога Бог ќе те допре, ти плачеш? Премногу од нас се празни, затоа и се смеат во обид да ја исмејат надежта.

БЕЗ РИВАЛ

64

Page 79: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

Дали е тоа поради тоа што до некоја мера ти си како твојот татко Авраам и веруваш дека некои работи се претешки за Бог? Дали е премногу тешко за Него да донесе смисла во твојот живот?

Дали е премногу доцна за Него да стави љубов во твојот свет? Што е она што мислиш дека е премногу тешко Тој да го направи за тебе?

Во Галатите 4:4-7 читаме:

Кога се исполни времето поставено од Бог, Таткото, Бог го испрати својот Син роден меѓу нас од жена, роден под правилата на законот за да ги откупи оние кои се киднапирани од законот. Ние сме ослободени за да го искусиме нашето наследство со право. Со сигурност можете да кажете дека сега сте посвоени како Негови деца бидејќи Бог го прати Духот на својот Син во нашите животи викајќи, „Тате! Татко!“ Зарем оваа привилегија на интимен разговор со Бог не ги прави работите јасни дека ти не си повеќе роб туку дете? А, доколку си дете, тогаш си и наследник со целосен пристап до наследството. (Пораката)

Ти беше киднапирана наследничка кој сега е откупена. Една од најславните и најхрабрите работи кои кога било можеш да ги направиш е да живееш во полнотата на сè она што смртта на Исус го има обезбедено за тебе. Преку читањето на Неговиот збор, како лично писмо до тебе, а не како историски настан, можеш да дознаеш за сè она што ти припаѓа тебе. Тогаш, преку твојот глас го потврдуваш Неговиот збор во твоето срце. Без разлика како ти изгледа или како и да се чувствуваш, ти си и ти имаш сè она што Божјиот збор го вели за тебе. Дури и сега, денес, Бог ти дава ново име, исполнувајќи го своето ветување, потврдувајќи го твоето место како дете Божјо. Божјата судбина за твојот живот и Неговите зборови врз тебе не се ограничени само

65

ВЕТУВАЊЕ КОЕ НЕМА ПРОТИВНИК

Page 80: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

за ситуацијата во која се наоѓаш сега. Неговото ветување кон тебе нема противник. Не сокривај се од него.

Прифати го.

БЕЗ РИВАЛ

66

Page 81: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

67

ВЕТУВАЊЕ КОЕ НЕМА ПРОТИВНИК

Прашања за дискусија

Дали знаеш дека Бог нè има покането да бидеме дел сега од божествената природа на Неговиот Син преку ветувањата кои се наоѓаат во Христос?

Дали постои област или можеби врска која е постојан извор на расправии од која треба да се одвоиш или да најдеш исцеление пред да може Бог да го донесе Неговото ветување во твојот живот?

Дали се криеш? Доколку да, од што се криеш?

Дали прислушуваш разговори за кои Бог сака ти да бидеш дел од нив? Зошто?

Кога молчењето не е потчинување?

Дали постои ветување кое Бог ти го има дадено на кое се исмејуваш или можеби лажеш за тоа?

Кои се некои од чекорите кои можеш да ги направиш за да бидеш активно и интимно вклучена, а не само да гледаш однадвор?

1.

2.

3.

4.

5.

6.

7.

Page 82: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината
Page 83: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

4Не осмелувај се да се споредуваш!

Споредувањето е крадец на радоста.

Теодор Рузвелт

Ова поглавје, најверојатно, треба да дојде со предупредување!

Она што ќе го слушнете е нешто што е искрено и отворено. Она што ќе ви го кажам, за жал, е вистинита, засрамувачка и смешна приказна за мене. Се надевам дека ниту една од вас нема страдано од моментален дисбаланс на лудило за кој ќе ви кажам за некој момент, но доколку сте го искусиле ова... знајте дека не сте единствена. Да почнеме.

Мојот ден започна доста невино. Влегов во мојата кујна, со мојата наметка преврзана околу моите фланелски пижами спремна за уште едно ладно, јануарско утро во Колорадо. Џон веќе беше буден повеќе од еден час и тивко читаше во неговата работна соба. Се врткав низ кујната гледајќи над мојата еспресо машина додека моите двајца синови се подготвуваа да излезат надвор. Остин требаше да оди на работа, а Алек во школо. Кога надворешната врата се затвори, си седнав во фотелјата да си го пијам моето второ, совршено направено еспресо со шлаг,

69

Page 84: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

покриено со слој од какао, цимет, шеќер и со малку кајен (дозволете ми само да кажам дека би сакала да им направам на сите мои пријатели едно од овие кафиња). Зимското сонце се издигаше над нашиот двор. Се замотав во фотелјата и ги гледав розовите сончеви зраци како ги бркаат длабоките, сини сенки. Денес немам бркотници. Немам рани утрински состаноци, така што нема потреба од туширање. Можам да се опуштам во мојот ден онака како што сакам: бавно. Воздивнав длабоко и ги прекрстив прстите околу рачката на чашата, впивајќи ја топлината која поминуваше низ целото мое битие и ја почувствував крвта како започнува да се движи кон мојот мозок. Беше совршена тишина.

Ова требаше да биде совршен момент да посегнам кон мојата Библија и кон моето дневно читање или, пак, да застанам за момент и да уживам во Божјата добрина кон мене.

Требаше да знам да не го вклучувам мојот телефон. Верувајте ми... сега знам. Но, една од моите слабости е, исто така, и една од моите јаки особености. Јас гледам кон социјалните мрежи како можност да се поврзам со моите пријатели. Прелистувањето на објавите е како да имаш кафе со најдобрата пријателка. Желбата да се поврзеш со другите е убава доколку е во вистинско време и место. Во овој случај, не беше ниту едното ниту другото. Јас сум една од оние кои прво треба да се состанат со кафето, а потоа со Светиот Дух, пред да излезам во јавноста.

Список

Додека ги скенирав објавите на Твитер, почнав да препознавам една низа која се појавуваше на објавите од моите пријатели. Луѓе кои ги знам, кои ги сакам и кон кои имам заштитнички чувства му оддаваа почит на некој кој ги вклучил во списокот. Но, ова не беше каков било список. Ова беше СПИСОКОТ. Список на којшто многу

БЕЗ РИВАЛ

70

Page 85: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

сакав да се најдам и јас.Во ред, во овој момент е многу важно да ви дадам

контекст за она што го зборувам.Ова е список кој се обновува секоја година. Низ

минатите неколку декади, најразлични организации и луѓе беа задолжени за создавањето на овој „список“.

Во овој случај, не беше организација туку една личност којашто го имаше направено списокот. Авторот беше една жена... личност за која знаев, но не ја познавав. Фактот што не се познававме не значеше дека јас не сакам да бидам најдена на тој список.

Ги скенирав имињата. Бидејќи беа по азбучен ред, а моето презиме започнува на „Б“ не беше премногу долго кога сфатив дека јас не сум на списокот... повторно.

Всушност, никогаш не сум била на овој список. Но, во овој случај речиси секој којшто го познавав беше на списокот. Луѓе кои ги подучував беа на списокот. Некој којшто ги преведува моите книги на шпански беше на списокот.

Можеби се прашувате... каков беше овој список и зошто беше толку важен за мене?

Тоа беше список за стоте најдобри жени служители во Америка.

Моето срце започна да работи побргу. Смешни прашања и споредувања почнаа да ми се вртат низ главата. Зошто јас не бев на овој список?

Дали поради тоа што немав многу блог постови?Мојот ум почна да станува каша...Зошто повеќе од милион книги продадени и повеќе од

дваесет години служење ми го немаат заработено моето место на овој список?

Јас сум добра пријателка. А, што е со тоа штом сум во брак повеќе од триесет години, сум одгледала четири сина и имам семејство кое, всушност, сака да биде заедно?

Го прочитав текстот под списокот. Жената која го имаше направено овој список признава дека има простор

71

НЕ ОСМЕЛУВАЈ СЕ ДА СЕ СПОРЕДУВАШ!

Page 86: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

за пропусти и дека некои жени кои би требало да бидат на нејзиниот список... сепак, не успеале. Со цел да ги коригира грешките, таа оставила простор некој друг да биде додаден.

Продолжив да читам.Дали би било погрешно доколку си го додадам моето

име?Сериозно? Секако дека е погрешно!Можеби мојата асистентка може да го додаде моето

име. Сфаќајќи дека се наоѓам многу блиску до граница на средношколско лудило, отидов да го побарам мојот сопруг.

Упаднав во неговата работна соба како мек виор од пижами кукајќи: „Џон, јас не сум на списокот... повторно!“

Мојот драг сопруг којшто си ја читаше Библијата, ме погледна преку неговите очила за читање. Беше збунет. Тој не беше запознаен со овој список. Со моите раце во воздух почнав да му објаснувам за каков список станува збор. Тој не се ни помрдна. Му кажав кој сè е на овој список и мојата очигледна фрустрација од тоа што јас не сум на него. Тој не се помрдна од својот стол. Тој го стави фломастерот за повлекување настрана и ја подигна својата веѓа. Кога престанав со моето дрдорење, тој мирно ми посочи неколку делови од Библијата за да ги разгледам.

Ова не беше одговорот којшто го барав! Сакав тој да ми каже: „Лиса, ми е жал. Се согласувам дека е направена голема грешка. Донеси ми го мојот телефон. Јас ќе те додадам на овој список“. Но, тој не го направи тоа.

Му противречев: „Јас не мора да ги читам тие стихови – јас можам да ги цитирам! Не ми треба ова од тебе сега! Зарем не гледаш? Јас имам повеќе од педесет години и никогаш нема да бидам на списокот!“

Џон ме праша: „Кој го има направено овој список?“Му го кажав името... но, не му звучеше познато.„Дали ја познаваш оваа жена?“Одговорив „не“ со мојата глава. Тој кимна и погледна

БЕЗ РИВАЛ

72

Page 87: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

повторно во својата Библија повторувајќи ги стиховите кои ми ги кажа и додаде уште еден.

Никакво сочувство не можеше да се најде во друштво- то на мојот сопруг. Излетав од неговата канцеларија викајќи: „Немам потреба да ги читам тие Библиски стихови за да знам дека не сум во право! Јас знам дека не сум во право! Но, знаењето дека не сум во право не ги прави моите чувства да бидат во ред!“

Имав потреба од женско друштво. Излегов надвор на балконот во моите пижами борејќи се со ниските температури, сè со цел мојот сопруг да не го слуша повторно моето кукање. Ако ништо друго, имав намера да се јавам на некој кој ќе ми ја кажеше вистината отколку на некој кој само ќе сочувствуваше со мене. Имав намера да започнам со зборовите: Јас знам дека не сум во право... ама тогаш ја споделив целата приказна околу овој список.

„Дали јас сум на списокот?“, ме праша таа.„Секако дека си! Сите се на списокот освен мене!“„Кому му е важно?“, ми рече.„Очигледно мене ми е, но, секако, тебе ти е сеедно

бидејќи ти веќе си на списокот“, ѝ реков. Тогаш ѝ исповедав: „Не сакам да се грижам за ова, но, сепак, ми е важно. Знам дека е погрешно, но морав да кажам некому. Џон веќе ме советуваше да прочитам неколку стихови од Библијата...“.

Тишина.Дали некогаш сте имале некој од оние моменти каде

се чувствувате дека вие сте надвор од вашето тело и ја гледате оваа луда жена?

Тоа беше моментот којшто јас го имав. Колку повеќе зборував, толку посмешно звучев. Морав набрзина да го завршам овој повик кој посакував да не го направев. Тогаш реков: „Доаѓам кај тебе како кај исповедник, бидејќи не сакам да бидам од оваа страна на работите. Јас морам да бидам од другата страна!“

Таа се согласи целосно со мене (дека јас грешам) и го 73

НЕ ОСМЕЛУВАЈ СЕ ДА СЕ СПОРЕДУВАШ!

Page 88: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

завршивме разговорот.Знаев што треба да направам. Мојот сопруг знаеше,

исто така. Мојата пријателка знаеше што треба да направам. Но, сепак, чувствував дека ова не е во ред.

Сега веќе бев лута на целиот концепт на овој список и исфрустрирана со овогодинешниот автор. Навистина, кој прави вакви работи? Откако го погледнав списокот, повторно забележав дека и други личности кои би требало да бидат на списокот, исто така, не беа споменати од авторот... Можеби јас треба да направам мој список. И можам да ги вклучам оние кои не беа на овој список! И така, јас имам повеќе следбеници на Твитер и повеќе пријатели на Фејсбук од авторот на овој список. Што е она што го прави нејзиниот список валиден? Сериозно размислував да го направам ова... десетина секунди. Но, не постоеше шанси да го направам!

Мојот обид да направам список со имиња би бил ограничен и без разлика колку и да се трудам да бидам грижлива во создавањето на овој список, со сигурност би изоставила некој. Дали јас навистина сакам да го предизвикам кај нив истиот конфликт со којшто се справувам јас сега? (Впрочем, се сомневам дека некој кој случајно би го изоставила би се однесувал толку апсурдно како јас во последниот половина час.)

Го спуштив телефонот, ги затворив очите, зедов длабок здив и ги препуштив работите. Додека издивнував, го слушнав Светиот Дух како тивко ме праша: „Лиса, дали би била подеднакво вознемирена за овој список доколку беше на него? Дали би го нарекла овој список деструктивен и невалиден доколу во него беше и твоето име?“

Време е за вистината. Не би била. Наместо да бидам лута, јас би ги искористила социјалните мрежи за да ѝ се заблагодарам на оваа жена којашто не ја познавав и, најверојатно, би го споделила со цел и други да го видат овој список.

Да, немав каде да бегам.

БЕЗ РИВАЛ

74

Page 89: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

Да. Јас сум сопруга на еден, мајка на четири, и баба, ама кога ќе се дисконектирам од мојот вистински идентитет, јас можам да бидам жртва на злобата на споредувањето. Овој список беше еден вид подарок бидејќи ми покажа каде се наоѓам.

Кога гледаме кон другите со цел да добиеме афирма- ција, секогаш ќе се чувствуваме како да сме однадвор гледајќи кон внатре. Да бидам навистина искрена, не постои ниту една личност која може целосно да ја исполни празнината на афирмацијата во твојот живот (извинете – дури и ако вашиот сопруг е совршен тоа нема да се случи). Не постои животно достигнување, список или награда која со сигурност може да ги напише зборовите кои само Бог ги има напишано врз твоето срце:

Љубена, убава, скапоцена, интимно спознаена... моја.

Крадец на радоста

Без разлика што се случува однадвор, единствено Бог знае што е она што го растреперува срцето на жената и единствено Бог знае како да ја смири паниката на жените во пижами кои забораваат да ја смират својата душа

75

НЕ ОСМЕЛУВАЈ СЕ ДА СЕ СПОРЕДУВАШ!

Сè она што го правите што

го потхранува непријател-ството ќе ја

изгние вашата сила.

пред да се појави споредувањето и да го украде нивниот мир. Можам да ве уверам дека сè она што го правите, што го потхранува непријателството, ќе ја изгние вашата сила. Како што Теодор Рузвелт толку вешто напишал: „Споредувањето е крадец на радоста“.

Јас со сигурност ја искусив оваа кражба тоа утро. Јас мислев дека го имам надминато овој вид однесување. Навистина, со години не сум имала вакво избувнување! Но, тоа утро, комбинацијата на занемарување на душата и менопаузата

Page 90: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

се покажа како оган. Изгледаше како некои од изворите на мојата душа да беа заматени и градината на моето срце беше во очајна потреба од поголемо внимание. Изгледа дека сум зачувала некои одметнати гранки, а сè што било потребно да се направи е да се искастрат.

Споредувањето има сила да ве повлече. Доколку му дозволите, секогаш ќе ве оддалечува од вистинскиот центар. Споредувањето ќе се обиде да ве воздигне преку подмолното средство наречено гордост или ќе ве гурне долу преку тиранијата на несигурноста. Како и да е, нема да биде премногу долго кога ќе сфатите дека вие сте надвор од баланс и дека се наоѓатe однадвор гледајќи кон внатре.

Јас мразам кога ќе видам дека некој е намерно изоставен. А, сепак, постојат моменти кога се чувствуваме дека наоѓањето однадвор е единствената работа која ќе нè предизвика да погледнеме внатре. Јас можам да го кажам ова за авторот на списокот. Таа е млада, досетлива и паметна. Без разлика дали се согласувам или не со нејзиниот начин на пристап, јас сум многу благодарана за она што овој список го разобличи во мене.

И испратив смс порака на мојата трпелива пријателка која најверојатно се прашуваше дали сум полудела. Влегов повторно во канцеларијата на мојот свет сопруг за да го прегрнам. Отидов во спалната, ја затворив вратата и паднав на колена. Ова е извадок од мојата молитва:

Небесен татко,Ти благодарам што ги разоткри моите недостатоци.Прости ми. Откриј го коренот на овој пиреј. Во името на Исус, амин.

Продолжив со мојот ден и, всушност, бев во можност да погледнам наназад на часот на моето лудило и да се насмеам на мојата апсурдност. Подоцна во денот, се сретнав со мојата асистентка. Додека поминувавме заедно низ поштата, откривме една необична пратка. Очигледно,

БЕЗ РИВАЛ

76

Page 91: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

јас бев избрана заедно со уште неколку жени да се појавам како почесен учесник на еден инспиративен настан за жени. За да ни искажат почит, во случај на наше отсуство, тие направиле пластични кукли со големина од 30 сантиметри со ликот на секоја една од нас. Мојата кукла му ја испратиле на Џон со надеж дека ќе најде место во неговата канцеларија. Додека ја гледав куклата во моите раце, се смеев на глас кажувајќи си сама на себе дека бели фармерки не ми се вистински пријател за на сцена. Ја оставив куклата настрана. Ѝ слушнав препознатлив глас кој ми дошепна: „Ти си претворена во кукла. Дали ова те прави среќна?“

Кимнав со главата кон мојата пластична кукла облечена во бели фармерки со микрофон во раката. Куклата не беше оригинал, а исто важи и за списокот. Повторно се насмевнав. Се обидов да ја фрлам куклата, но мојот сопруг успеа да ја земе потсетувајќи ме дека таа му беше испратена нему, а не мене. Претпоставувам дека ја чува за да одврати други апсурдни моменти во блиска иднина.

Трите „К“

Можеби се прашувате кои беа стиховите кои Џон ми ги посочи, оние коишто ги знаев? Првиот е во 2 Коринќаните 10:12:

Зашто не смееме да се вбројуваме или да се споредуваме со некои од оние што сами се препорачуваат; тие не разбираат дека се споредуваат сами со себе и се мерат само со себе.

Научете се од мене. Не осмелувајте се да се вбројувате, да се споредувате или да се препорачувате себеси. Зошто?

77

НЕ ОСМЕЛУВАЈ СЕ ДА СЕ СПОРЕДУВАШ!

Не осмелувајте се да се вбројувате,

да се споредуватеили да се

препорачуватесебеси.

Page 92: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

Тоа е дело на гордост, дури и кога споредбата која ја правите не е во ваша полза. Сите ние знаеме дека гордостае претходник на падот. Играњето со овие три работи ќе нè одведе во место кое е опасно и на моменти страшно.

Што се случува кога се вбројуваме – класифицираме

Мудрите не се вбројуваат. Мудрите не сакаат да бидат вброени или ставени во групи. Луѓето кои се вбројуваат не се во мода. Да се вбројува нешто, значи да се стави на одредено место или да се назначи во одредена категорија. Некои други зборови за зборот вбројување се оцена, вид, модел, каталог, ранг и можеби најнепосакуваниот гулабарник. Мериам-Вебстер го опишува гулабарник како: „се користи како опис на уредна категорија која, обично, не успева да рефлектира каква било комплексност“.

Во животот не постојат уредени категории. Животот во своето најдобро издание е неуреден. Вистината е дека животот на секој еден е многу повеќе сложен од она што го гледаме. Впрочем, кој при здрав ум би сакал да биде деградиран во кутија загадена со измет од гулаби? Социјалните мрежи се една од многуте можности во кои ние моментално уживаме, а тие имаат капацитет да ги ограничат или да ги зголемат нашите предрасуди и нашата перцепција.

Во денешно време, не е лошо да се запрашаме: Што е она што сакам да го градам и да бидам дел од тоа? Дали сакам да бидам рангирана, оценета и класифицирана заедно со другите? Јас знам дека овој список којшто го прочитав беше обид да се прослават квалитетните особини... како знак дека овие жени успеале! Беше обид да се прослави нешто што порано не било прославувано... а тоа се жени во служба!

Но, кога бараме да бидеме ставени во одредена категорија, лесно можеме да се најдеме себеси задоволни. Еден мудар, стар човек го предупреди мојот сопруг пред многу години: „Не дозволувај им да ти стават етикета.

БЕЗ РИВАЛ

78

Page 93: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

Доколку успеат во тоа, тогаш тие ќе ја употребат таа етикета во иднина за да те дискфалификуваат“.

Дозволете ми само да ви кажам дека повеќето луѓе не даваат реална просечна оценка. И оние кои биле третирани строго или биле изоставени, ќе бидат толку многу среќни да ве етикетираат како нешто помалку.

Што се случува кога се споредуваме – компарација

Храбрите не се осудуваат да се споредуваат дури и кога таа споредба ги прави подобри од другите. Тие знаат дека пред нив претстојат уште многу чекори. Тие имале увид во она што е вечно и знаат дека ништо од оваа земја не може да се спореди со тоа. Оваа визија за повеќе од славата ги охрабрува. Споредувањето е прибежиште за кукавиците кои не се осудуваат да веруваат дека постои нешто повеќе.

Како се вика оваа планина на која се искачуваме? Популарност? Од гледна точка на вечноста, таа е само куп од пепел. Или доколку сакаме да бидеме во согласност со Светото Писмо и да го цитираме Павле од Филипјаните 3:8, тогаш станува збор за кучешки измет. Измет не е нешто кон кое би требало да се стремиме; тоа е нешто што треба да го избегнуваме и да прескокнеме преку него. Проблемот е во тоа што многумина од нас одиме наоколу со кучешки измет на нашите чевли оставајќи смрдлива трага зад нас. Ние се имаме навикнато на овој мирис, но тоа не значи дека овој мирис е добар. Филипјаните 3:7-9 вели:

Кредибилитетот со кој овие луѓе се расфрлаат наоколу како да е нешто посебно, јас го кинам и го фрлам како ѓубре – заедно со сè друго за кое порано примав заслуга. Зошто? Поради Христос. Да, сите работи за кои порано сметав дека се важни, сега веќе не се дел од мојот живот. Споредено со привилегијата да го познавам Христос Исус како

79

НЕ ОСМЕЛУВАЈ СЕ ДА СЕ СПОРЕДУВАШ!

Page 94: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

мој Господар лично, сè друго што порано сметав дека го имам е незначајно – тоа е само кучешки измет. Сè фрлив во ѓубре само за да го прифатам Христос и Тој да ме прифати мене. (Пораката)

Можноста да го познаваме Исус како Господар е наша најголема привилегија. Кога посегнувам по мојот телефон, а не кон тоа да го познавам Него повеќе, јас го избирам она кое е помалку вредно.

Многу е подобро да го познаваш Бог отколку луѓето да те познаваат тебе.

Што се случува кога се препорачуваме – комплимент

Препорачување на самите себе? Зарем има нешто лошо во тоа понекогаш да го прославуваме она „што ние сме го направиле?“ Да, постои време да се прославува и да се аплаудира напредокот. Но, оваа работа започнува да се комплицира кога она што ни е бесплатно дадено, започнуваме да го третираме како наша лична заслуга. Плодот се култивира, а даровите се примаат, но дури и тогаш ние сме само управители на Божјите дарови кои ни се доверени.

Некои луѓе се неверојатно убави. Други се родени во семејства кои се екстремно богати и привилегирани. Малкумина ги имаат и двете работи. Од друга страна, постојат оние кои се родени во сосема спротивни околнос- ти. Тие живеат во голема сиромаштија и се одгледани од семејства кои немаат никакви врски. Постојат оние на кои им недостасува очигледна надворешна убавина. Поголем број од нас се наоѓаат некаде на средина. Сепак, ниту една од овие околности нема сила да ја напише твојата конечна животна приказна или да влијае врз твојата вредност. Бог не гледа на нашиот надворешен изглед... Тој гледа на срцето. Богатствата на една генерација можат лесно да ја

БЕЗ РИВАЛ

80

Page 95: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

одминат следната.Јас мислам дека сето ова не е фер, но ова го знам: Бог

е праведен. Тој знае како да ги измери предизвиците и предностите во својата дланка на секоја една душа. Само Тој има праведна мерка. Ова е уште една причина поради која не треба да се споредуваме. Бидејќи постои многу вистинита вечна страна на сè она што ние го мериме во овој привремен свет.

Ова е местото каде можеме да се најдеме во тесно и ризикуваме да се однесуваме според она што му оддава повеќе почит на човекот отколку што му оддава почит на Бог и, кога ова се случува, ние создаваме непотребни непријателства. Ајде да го разгледаме вториот дел од стихот во 2 Коринќани 10:12:

Тие не разбираат дека се споредуваат сами со себе и се мерат само со себе.

Вие знаете дека јас го имам направено ова. И јас би сакала да мислам дека сите ние сме го направиле токму ова. Ние се имаме споредувано и мерено. Постојат оние кои арогантно се споредуваат со другите, но постојат и оние кои будалесто дозволуваат споредувањето да го омаловажи она што Бог сака да го направи во нивниот живот.

Гордоста ја дисбалансира едната страна, додека несигурноста ја осакатува другата. И двете крајности се опасни. Постои само една вистинита мера, а тоа е неизмерливиот Христос, нашиот помазан Цар над цареви. Само Тој е свет, чист и моќен. Ние сме како некоја мравка која се превиткува пред нејзиниот песочен дом будалесто замислувајќи си дека мравојадот се плаши да ни се приближи, не сфаќајќи дека мравојадот трепери од страв пред лавот во чијашто сенка ние се наоѓаме. Без разлика колку и да сме трудољубиви, колку и да сме препорачливи, тоа не може да се спореди со Оној Кој нè има препородено.

81

НЕ ОСМЕЛУВАЈ СЕ ДА СЕ СПОРЕДУВАШ!

Page 96: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

Еве уште еден извадок од Светото Писмо кон кое можев да се свртам – Јован 5:44:

Како очекувате да постигнете што било со Бог, кога го поминувате вашето време борејќи се еден со друг за позиции. Категоризирајќи ги вашите противници и игнорирајќи го Бог? (Пораката)

Зошто да си го губиме времето категоризирајќи ги нашите противници кога сме поканети во присуството на Бог на кому му нема рамен? Секогаш кога дозволувам мојот живот да биде дефиниран од страна на луѓето, ја наоѓам мојата поврзаност со небесниот Татко да биде колеблива. Многу бргу мојата гледна точка се искривува од работите кои ги гледам или ги слушам дека луѓето ги велат за тоа која сум јас, и ја заборавам Божјата објава за тоа која јас веќе сум. Честопати се прашувам колку многу моите будалести постапки и моето ограничено разбирање носат последици со себе, поголеми од она што можам да го разберам.

Се надевам дека можете да се смеете на моето лудо утро и на тој начин да ги сопрете некои од вашите тенденции кон споредувањето. Би било исцрпувачки доколку ова беше мое секојдневие, а не случка која се случила само еднаш. Причината поради која споредувањето не е постојана практика во мојот живот е затоа што јас имам луѓе како мојот сопруг и како мојата верна пријателка, кои знаат како да го извлечат тоа од мене.

Гризење и истребување

Социјалните мрежи се начин на поканување многу луѓе и гласови во нашиот свет. Ова може да биде добра работа, но, исто така, на тој начин многу непријателски настроени луѓе стануваат наши соседи. Доколку не можете да ги

БЕЗ РИВАЛ

82

Page 97: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

сакате, би било убаво да поставите одредени граници. Доколку некој е полн со омраза, не одговарајте им на ист начин; подигнете го стандардот. Да се живее под благодат не значи дека имаме дозвола да бидеме нељубезни ед- ни кон други. Никаде не е напишано дека треба да го споредуваш својот сосед со себе и дека ние треба да бидеме тие кои ќе бидат подобри.

Павле напиша: „Зашто целиот закон се извршува во еден збор, односно: сакај го ближниот како самиот себе. А ако, пак, меѓу себе се гризете и се јадете, пазете да не се истребите еден со друг“, (Галатите 5:14-15). Оваа слика опишана овде не е убава слика. Двајца луѓе гризејќи се еден со друг како гаврани, како бесчувствителни ѕверови сè додека и двата не се изедени, не е нешто што ние би требало да го моделираме како верници во Христос. А, сепак, некои од нашите блогови и електронски вербални конфронтации изгледаат токму вака. Можеби ова касапење не е очигледно на твојот телефон или на твојата веб-страница, но дефинитивно е крваво во духот. Порано немаше толку лесен пристап до луѓето. Но, сега можеме да се гриземе и да се истребуваме само во еден миг. Жално е тоа што јас ова го знам бидејќи јас сум го направила.

Она кое што обично го гризам и на коешто ‘ржам, всушност, ја открива областа во мене каде сè уште треба да работам. Ако некој ме допре на моето осетливо место, мојата првобитна реакција е да се одбранам. Но, јас имам научено во такви моменти да го спуштам мојот телефон и да се оддалечам од тоа, исто како да гледам во наполнет пиштол. Честопати луѓето имаат лош ден. Покажете им милост.

Постои голема разлика во тоа да ги инспирираш другите и да предизвикаш љубомора. Како што постои и голема разлика помеѓу поканување на другите да влезат и намерно изоставување на некој. Доколку вие следите некои на социјалните мрежи и тие постојано го вадат најлошото од вас, наместо да ги обвинувате нив, можете

83

НЕ ОСМЕЛУВАЈ СЕ ДА СЕ СПОРЕДУВАШ!

Page 98: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

треба да направите чекор наназад и да се запрашате: „Зошто се случува ова?“

Непријателството ќе ве ограби освен доколку знаете како да го свртите она што непријателот го замислил за лошо, во нешто што Бог може да го употреби за добро. Следните стихови од Светото Писмо откриваат како изгледаат средините кои се исполнети со непријателство:

Очигледно е каков живот произлегува кога се обидуваме секогаш сè да биде по наше: евтин, без љубов, постојан секс; акумулирање смрдливо ментално и емотивно ѓубре; очајничко и љубо- морно приграбување среќа; накитени богови; маги- оничарска религија; застрашувачка самотија; натпреварување до смрт; постојани желби кои нè задоволуваат; лош темперамент; неспособност да сакаш или да бидеш сакана; поделени домови и поделени животи; мали и искривени копнежи; злобни навики да го гледаме секој како непријател; неконтролирани зависности; грди пародии во заедниците. Можам да продолжам. Ова не е првпат да ве предупредам, знаете. Доколку ја користите својата слобода на овој начин, тогаш нема да го наследите Божјото царство. (Галатите 5:19-21 Пораката)

Сакам да заплачам читајќи ги овие зборови. Во последно време, има премногу од сето ова што Павле го има запишано за нас. И не го посочувам мојот прст кон светот; Галатите е писмо напишано до црквата. Што значи да деперсонализираме некој? Тоа значи да го соблечеме некој од неговата личност. Тоа ги ограбува од нивната индивидуалност и уникатниот карактер. Нацистите ги деперсонализираа Евреите сè додека германскиот народ не ги гледаше повеќе како индивидуи создадени на ликот Божји... тие видоа само колективен проблем кој не беше

БЕЗ РИВАЛ

84

Page 99: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

во согласност со нивниот Ариевски изглед. За жал, оваа тактика сè уште се користи денеска, како за групи така и за поедници.

Луѓето премногу бргу посегнуваат кон осуди и нарекување со имиња. Луѓето имаат срца, и без разлика дали го разбирате тоа или не, електронските зборови, исто така, болат. Како што Езоп рекол: „Лесно е да се биде храбар од безбедна дистанца“. Многу од нашите социјални мрежи ја имаат таа „безбедна дистанца“. Оваа практика ги осмелува оние кои се кукавици и критичари да се служат со заплашување и со клеветење на луѓето кои тие ги имаат деперсонализирано. Тие никогаш не би се осмелиле да ги кажат овие работи некому в лице. Зошто? Бидејќи е тешко да замислиме дека некој е робот кога ги гледаме солзите во нивните очи. Јас имам видено како Христијани се навредуваат едни со други со секакви зборови, од еретик до проститутки... додека Ѓаволот само се смее. Колку повеќе ние ја вршиме неговата работа, толку помалку тој треба да ја работи.

Како да се укори и да се коригира

Некој од вас можеби си размислуваат: „Зарем оние кои не се во право не треба јавно да бидат коригирани?“ Добрата вест е дека Бог има апликација за тоа:

Подобро е отворено разобличување, отколку скриена љубов. Искрени се прекорите од оној кој сака, а лажливи се бакнежите од оној кој мрази.(Поговорки 27:5-6)

Што мисли Светото Писмо кога го охрабрува отвореното укорување? Клучот се наоѓа во зборот отворено. И оди рака под рака со отворено срце, отворени раце и отворени лица. Сите ние би требало да ги коригираме другите на начин на којшто ние би

85

НЕ ОСМЕЛУВАЈ СЕ ДА СЕ СПОРЕДУВАШ!

Page 100: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

сакале да слушнеме укор од другите. Јас би сакала да бидам укорена од луѓе кои го вадат најдоброто од мене.

Светото Писмо го потенцира коригирањето меѓу пријатели, но тоа може да биде и водач, учител или работодавач. Сите корекции се подобро примени кога доаѓаат од некој кој нè познава или се грижи за нас. Најдобро е оваа комуникација да се случи еден на еден. Доколку не може да се дојде до личен, директен контакт тогаш телефонски повик е следната најдобра опција.

(Како дополнителна забелешка можам да кажам дека не ги препорачувам смс пораките за коригирање. Премногу работи знаат да бидат погрешно разбрани. Пораките не го даваат говорот на телото ниту, пак, бојата на гласот. Џон и јас сме имале големи недоразбирања како резултат на смс пораки. Еден од нас, обично јас, ќе напишам еден збор со големи букви за да го ПОТЕНЦИРАМ, а ќе биде разбран како ВИКАЊЕ!)

Сите ние имаме почувствувано скриено укорување; тоа е она укорување кое се случува зад нашиот грб. Кога луѓето те укоруваат без твое лично присуство, тогаш треба да се запрашате за искреноста на нивниот укор. Иако можeби се во право во она што го велат, сепак, тоа нема да ти биде од корист тебе да созрееш ако не си вклучена во самиот процес.

Всушност, овој вид укорување му наштетува на растењето бидејќи кога луѓето зборуваат зад твојот грб, тие те ставаат во позиција да реагираш одбранбено. „Отворениот укор“ лице в лице од искрен пријател им дава можност на двете страни да одговорат еден на друг и, на тој начин, да пораснат преку процесот на коригирање.

Коригирањето на некој преку социјалните мрежи не е отворен укор бидејќи тогаш е отворен за целата јавност. Јас имам убави и силни пријатели кои ги сакам и ги почитувам. Тоа се луѓе со кои сум многу блиска и го знам начинот на којшто ги живеат своите животи. Јас ги имам видено истите овие побожни луѓе како се отворено нападнати од други луѓе кои никогаш не се потрудиле да

БЕЗ РИВАЛ

86

Page 101: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

дојдат кај нив со нивната загриженост и, наместо тоа, јавно ја објавиле нивната искривена вистина со цел да ги повредат моите пријатели. Библијата е многу јасна за оваа работа:

Бегај од човек раздорник, откако ќе го посоветуваш еднаш или двапати, знаејќи дека таков човек се изопачил, греши и дека се осудил сам себеси. (Тит 3:10-11)

Немој да ги читате блоговите, не приклучувајте се во дискусии, не следете ги на Твитер, не прифаќајте ги за Фејсбук пријатели... ништо. Не е од полза за вас. Барајте инспирација, а не поделби.

Во Пораката Тит 3:10-11 вели: Предупреди ја личноста која сака да се кара еднаш или двапати, но тогаш ставете крај со таа личност. Очигледно е дека таа личност ја преминува секоја линија бунтувајќи се против Бог. Продолжувајќи со поделби, таа личност самата себеси се отстранува.

Како што минувам низ животот, моите пријатели се сè помалку, но повистински. Моите пријатели ми покажуваат која јас сакам да бидам додека моите непријатели ми откриваат која јас не сакам да бидам. Средината која создава непријателство отпрвин може да го извлече најлошото од нас. Кога ќе се најдеме себеси како паѓаме, тогаш Бог доаѓа и ги користи нашите тешкотии за да го развие нашиот карактер.

Следниот стих од Поговорки 27 ни покажува еден подобар пат:

Сита душа го гази и восочниот мед, а на гладна душа и горчливото ѝ е слатко. (Стих 7)

87

НЕ ОСМЕЛУВАЈ СЕ ДА СЕ СПОРЕДУВАШ!

Page 102: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

Јас сум гладна за повеќе од плодот на побожноста во мојот живот. Јас сум гладна да пораснам повеќе. Колку поблиску сум до Бог, толку повеќе гледам што го попречува Неговиот живот во мене. Некои од најдобрите работи кои ги имам искусено во животот, се пријатели кои се грижат доволно за да ме повредат кажувајќи ми ја вистината. Непријателите или ни ласкаат или нè повредуваат со нивните лаги. Да не се задоволуваме со списоци направени од луѓе или со споредувања. Кога ќе ги забележиме болките на недостатоците кои непријателите ни ги нанесуваат или кога ќе се појави гордоста, паднете на колена. Доколку отидеме кај нашиот Татко, Тој ќе биде повеќе од среќен да ги отстрани работите кои нè држат подалеку од Него.

БЕЗ РИВАЛ

88

Page 103: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

Прашања за дискусија

Дали си била етикетирана или ставена во гулабарник? (на пример, поради полот, бојата или пак годините) Како овие етикети те имаат ограничено? Како можеш да се оддалечиш себеси подалеку од овие класификации?

Во кои области од твојот живот споредувањето ја краде радоста од тебе?

Кога правиме вбројување, споредување и препо- рачување, тоа е знак на што? (Помош: Поговорки 29:25)

Дали социјалните мрежи те охрабруваат или те предизвикуваат? Кои се некои од чекорите кои можеш да ги преземеш со цел тие да имаат конструктивно влијание врз тебе?

Објасни ја разликата на пристапот и мотивите помеѓу скриен и отворен укор.

89

НЕ ОСМЕЛУВАЈ СЕ ДА СЕ СПОРЕДУВАШ!

1.

2.

3.

4.

5.

Page 104: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината
Page 105: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

5Кога ти си видена како противник

Одредена мерка на опозиција е од голема помош за човекот. Змејовите се издигаат, не со ветрот туку наспроти него.

Луис Мумфорд

Неодамна зборував на телефон со една пријателка. Нејзиниот сопруг е музичар и музички

продуцент, а таа е моќна служителка, и прекрасна личност во секој поглед. Отсекогаш сум ги познавала како чисти, понизни и сочувствителни, но, сепак, во последно време поминаа низ многу работи. Тие беа критикувани, отфрлени и погрешно судени.

Мојата пријателка ми објасни: „Тие нè имаат клеветено и нас...“ и тогаш ми ги кажа имињата на некои од клучните луѓе. Јас ја сослушав и имав разбирање. Тогаш, во еден момент, ја изгубив смислата на она што ми го кажуваше бидејќи веќе не знаев ни каде сè биле ниту, пак, низ што поминуваат сега во овој момент. Но, видов каде иднината ќе ги одведе. Бев толку возбудена од она што го видов, што набрзина одговорив: „Супер! Треба да му се заблагодариш на Бог за нив. Нивниот лош однос те има направено она којашто си ти денес“.

91

Page 106: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

Разбирате, јас не го прославував тоа што тие беа повредени; туку одговорот на овој пар кон повредите ми овозможи да ја видам нивната светла иднина.

Секако, за мене беше лесно да го кажам ова кога јас се наоѓав однадвор гледајќи кон внатре. Тогаш, јас одлучив да се вклучам и себеси во оваа прослава потврдувајќи дека „јас имам научено да бидам неизмерно благодарна за опозицијата од страна на моите противници во мојот живот“.

Тој разговор беше токму она што ми беше потребно тој ден. Ме охрабри бидејќи и јас имав тежок ден. Јас се надевам дека ниту една од вас нема да биде судена строго или наречена еретик. Но, доколку сте биле наречени, тогаш знаете колку тоа боли.

Но, наместо да се откажам и да кукам во очај и обесхрабреност, јас имам научено да погледнам наназад и да ја видам Божјата верност одново и одново. Тој ме носеше секогаш кога јас ќе помислев дека не можам да продолжам уште еден ден. Јас имам научено повеќе за Божјата верност од моите непријатели отколку од моите пријатели. Ќе отидам еден чекор подалеку; јас имам научено повеќе за себе самата од моите непријатели отколку од моите пријатели.

Пријателите ќе ти понудат прибежиште. И тоа е добро, но тоа не секогаш придонесува за растеж. Пријателите сакаат да те видат заштитена од бурите на животот, додека непријателите ќе се обидат со сите сили да те држат надвор на дождот. Но, што ако ти се наоѓаш во сезона кога Бог сака да те научи дека Тој е твоето крајно прибежиште? Кој е подобар инструктор: противникот или пријателот?

Противниците се дел од животот. Знам. Жал ми е. И јас не го сакам тоа, но ова е вистината. Но, сепак, противниците не се тука без причина. Да се создаде живот без противници не значи дека тие треба да бидат отстранети од твојот живот. Напротив, се работи за тоа дека ние треба да разбереме дека навистина сите работи содејствуваат за наше добро кога ние сме повикани во

БЕЗ РИВАЛ

92

Page 107: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

согласност со Божјите намери. Ние можеме да ги искористиме противниците за да нè охрабрат кон поголем растеж и разбирање.

Доколку гледаме кон противниците на исправен начин, тие можат да ни послужат како извор кој ќе ни ги открие нашите слабости и ќе нè предизвика да ги развиваме нашите силни особини. Тие нè притискаат преку нашите граници, а тоа нè предизвикува да погледнеме нагоре кога се чувствуваме сами.

Можеби си мислите, чекај – ти сега само што ми кажа дека јас сум ќерка на која ѝ нема противник, наследничка на ветување кое не може да се спореди, создадена да го обожавам Бог којшто нема противник.

Сето тоа е вистина. Во очите на Бог ти си ќерка која нема противник. Ова е начинот на којшто ти треба да го гледаш својот однос со твојот Создател и ова е твојата појдовна точка за тоа како да се однесуваш со другите луѓе. Но, ние би биле повеќе од наивни доколку си претпоставуваме дека противниците не постојат и дека ветувањата доаѓаат без борба. Објавата „Ти си светлината на светот“, (Матеј 5:14) не го негира постоењето на темнината. Да се каже дека ти си ќерка која нема противник не значи дека нема да се соочиш со противници на ист начин како што кога велиме дека ти си светлината не значи дека нема да се соочиме со темнина.

Зборот противник се изразува на три различни начини: како именка, придавка и како глагол.

Основното познавање од граматиката веднаш ни кажува дека противник може да биде личност, место или одредена работа; може да опишува личност, место или одредена работа; и, на крај, истиот збор може да подразбира акција од страна на личност, место или одредена работа. Како именка, зборот противник може да има различно значење започнувајќи од лесни термини кои опишуваат врсник, партнер или натпреварувач, па сè до помрачни значења како душман или непријател. Како придавка, зборот противник опишува сè од предизвиците

93

КОГА ТИ СИ ВИДЕНА КАКО ПРОТИВНИК

Page 108: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

во натпреварување со пријатели, па сè до борба во справување со непријателите. И на крај, како глагол, дефиницијата за противник може да има блага форма – совпаѓање, сличност или споредување, а подоминантната форма означува: надминување, конфронтација и надвисување.

Противниците се вистински. Дури и сега шансите дека некој те гледа како нивен противник без ти да си свесна за тоа, се доста големи. Повеќето луѓе не се пријавуваат доброволно како противници, освен доколку се натпреваруваат во некој спорт, академски достигнувања, јавни натпревари, научни симпозиуми или избори. Ти не одиш на работа со очекување дека ќе се соочиш со противници и со сигурност не очекуваш дека ќе ги најдеш во црква! Но, сепак, противниците се појавуваат во секоја област од животот, и ти имаш многу малку контрола врз тоа како другите луѓе ќе одлучат да те гледаат. За жал. Дури и доколку ја најмите најдобрата компанија за односи со јавноста за да комуницира со јавноста наместо вас, само делумно ќе можете да влијаете на нивната перцепција. Колку порано го прифатите ова, толку подобро. Добрата вест е дека ти имаш целосна контрола врз тоа како ти ќе одлучиш да ги гледаш другите. Исто така, постојат доста реални моменти кога менувањето на начинот на којшто ги гледаме другите радикално го менува начинот на којшто тие нè гледаат нас. Но, за тоа ќе зборувам повеќе во следните поглавја.

Без оглед на тоа кои се мотивите на противниците, ти можеш да го свртиш тоа во твоја полза. Сè што треба да направиш е да ги запомниш овие две клучни работи за контролата:

Ти не можеш да ги контролираш и не си одговорна за она што другите го кажуваат, го мислат, го прават или го чувствуваат.Ти можеш да ги контролираш и си одговорна за она што ти го кажуваш, го мислиш, го правиш

БЕЗ РИВАЛ

94

1.

2.

Page 109: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

или го чувствуваш.

Сите ние знаеме што противниците можат да ни направат нас, но во овој нареден дел сакам да зборувам за тоа што противниците можат да направат за нас.

Противниците ја откриваат Божјата сила

Скриен при раѓање, спасен од царско семејство, израснат во домот на Фараонот, животот на Мојсеј беше интересен уште од самиот почеток. Бог ги употреби овие случувања за да го зачува животот на Мојсеј. Но, исто како и ние, Мојсеј научи дека судбината се открива во сезони на конфронтација, а не во сезони на комфорт.

Мојсеј го научи ова на потежок начин кога одлучи да ги преземе работите во свои раце само за да се најде изгонет од својот народ и од сè она што го познаваше.

95

КОГА ТИ СИ ВИДЕНА КАКО ПРОТИВНИК

Си го замислувам неговото патување низ пустината како долг номадски одмор. Тогаш, одеднаш Бог му се појави на Мојсеј додека тој живееше како бегалец во пустината. Има една лекција во сето ова. Доколку сме погрешиле во некои работи во минатото, тоа не значи дека тие никогаш нема да се случат

Судбината се открива

во сезони на конфронтација, а не во сезони

на комфорт.во иднината. Мојсеј знаеше зошто неговиот живот беше поштеден и тој имаше осет за она за кое Бог го повикуваше да биде и да го направи, но му недостасуваше карактер за да го исполни тоа. Бог требаше да изгради длабочина во Мојсеј, а животот во палатата тоа не можеше да го направи. Бог нè подготвува во тајност за она со коешто еден ден ќе се соочиме јавно. Дојде ден кога многу поинаков Мојсеј беше повторно соединет со својот брат Арон, со својата сестра Миријам и со својот народ Израел. Кога се исполни времето, Бог го помаза Мојсеј како избавител и амбасадор кој ќе се соочи со Фараонот.

Page 110: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

Бог имаше план да го постави Мојсеј на место на светска важност со тоа што го принуди Мојсеј во присуството на неговиот противник Фараонот. Дури и кога Бог го испрати Мојсеј пред Фараонот, тој му кажа дека Фараонот нема да го послуша неговиот глас:

Ти ќе зборуваш сè што ќе ти заповедам, а Арон, пак, братот твој, ќе му зборува на Фараонот да ги пушти синовите на Израел од земјата своја. Но, јас ќе го ожесточам срцето на Фараонот, и ќе ги умножам знаците мои и чудата мои во египетската земја. Фараонот, сепак, нема да ве послуша. Но, јас ќе ја ставам раката своја над Египет и со силата своја ќе го изведам воинството мое, народот мој, синовите на Израел, од земјата египетска со страшна осуда. И ќе познаат сите Египќани дека јас сум Господ кога ќе ја протегнам раката своја над Египет и кога ќе ги изведам синовите на Израел од нивната средина. (2 Мојс. 7:2-5)

Бог имаше цел во она што изгледаше како пропадната мисија. Причината поради која Фараонот имаше позиција на важност беше за да го возвеличи Бог пред народите на земјата:

Зашто сега, ако ја пружам својата рака, ќе те казнам тебе и народот твој со помор, така што ќе се истребите од земјата. А, те оставив досега само за да ја покажам над тебе силата своја, за да биде проповедано името мое по целата земја. (2 Мојс. 9:15-16)

Противниците ја откриваат Божјата сила. Конфликтот со Египет служеше како основа за воздигање и за одделување на една угнетувана група луѓе кои обожаваа Бог без форма или без име во земја исполнета со обожаватели

БЕЗ РИВАЛ

96

Page 111: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

на идоли. Кои конфликти можеби Бог ги употребува сега за да ја истакне својата рака врз твојот живот и за да те ослободи тебе и другите од угнетување? Погледнете внимателно на работите кои се борат против вашата иднина и погледнете дали го занемарувате дарот да се има противник во вашата средина.

Кој го направи царот Давид познат? Дали тоа беше пророк, татко или пријател? Не, тоа беше неговиот противник: Голијат.

Без оваа, лице во лице конфронтација со филистејскиот противник Давид ќе останеше во пустината на непознатоста. Тој беше најмалиот брат во семејство со осум синови. Иако Давид беше помазан да биде цар од страна на пророкот Самоил, сепак, остануваа неколку противници со кои требаше да се соочи пред да стане цар. Помазанието те издвојува, но конфронтацијата со Голијат е она што те издига.

Кога Голијат се појави на бојното поле, најверојатно тоа беше обид да го предизвика Саул. Саул беше израелски шампион, вешт воин, иако не беше толку висок како Голијат. Библијата ни кажува дака Саул беше за една глава повисок од сите останати мажи во Израел. Некои учители претпоставуваат дека Саул бил висок помеѓу 1.82 до 2 метри. Голијат, од друга страна, беше висок повеќе од 2.7 метри.

Како и да е, воинот Голијат беше како кула спореден со царот Саул. А, царот Саул беше како кула во споредба со овчарчето Давид. Но, Давид имаше нешто што беше придобивка во поглед на недостатокот на висина. Давид имаше храброст. Доколку некој има храброст, тоа значи дека тие имаат јунаштво, смелост, одлучност и решителност. Неодамнешна студија покажа дека овој елемент наречен „храброст“ покажува многу подобро кои студенти ќе дипломираат на Академијата „Вест поинт“ отколку резултатите од приемниот испит или академското рангирање.1 Оваа студија вклучуваше себеиспитување за оценување на личната храброст од 1 до 5.

97

КОГА ТИ СИ ВИДЕНА КАКО ПРОТИВНИК

Page 112: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

Јас сум сигурна дека Давид имаше 5+. Не можеме да си играме со лав или со мечка доколку немаме големо ниво на храброст. Тој имаше премногу храброст за да се сомнева во исходот од соочувањето со џинот. Саул беше повисок, но со сигурност можам да кажам дека беше на пониско ниво во поглед на храброста. Никој не станува легенда без храброст. Нема ништо посебно во победа меѓу подеднакви противници. Мораше да постои доволно голема разлика за сите оние кои беа дел од борбата да бидат изненадени. Набљудувачите мораа да си заминат и да кажат: „Не верував дека ова ќе се случи, но ова беше прекрасно“. Давид имаше потреба од противник кој беше доволно голем за да го стави во центарот на вниманието. Реномето на воинот Саул кој се двоумеше и заплашувањето на филистејскиот шампион го постави Давид да биде воин без противник.

Во Давид и Голијат авторот Малком Гладвел ни потенцира:

Многу од она што ние го сметаме за вредно во нашиот свет произлегува од ваков вид нееднакви конфликти, бидејќи самиот чин на соочување со голема надмоќност произведува големина и убавина...Да се биде аутсајдер може да ги промени луѓето на начин на кој ние, обично, забораваме да го цениме: може да отвори врати и да создаде можности, да едуцира и да просветли и да ги направи работите кои изгледаат незамисливи, возможни.2

Кога се наоѓаш во позиција да се соочиш со невозмо- жен противник, ти имаш два избора: да се предадеш и да се покориш или да се подигнеш во сета своја висина и да се повикаш на таа поголема храброст која се наоѓа во тебе.

Давид ги отфрли од себе ограничувањата на оклопот на царот Саул и се повика на името на неговиот Бог:

БЕЗ РИВАЛ

98

Page 113: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

Давид му одговори на Филистеецот: „Ти одиш против мене со меч, копје и со штит, јас, пак, одам против тебе во името на Господ Саваот, Бог на израелската војска што ти ја навредуваш. Сега ќе те предаде Господ во раката моја, и јас ќе те убијам, ќе ја симнам од тебе главата твоја, и ќе им ги дадам и труповите на филистејската војска на птиците небесни и на ѕверовите земни, и целата земја ќе дознае дека има Бог во Израел“. (1 Самоилова 17:45-46)

Не само што Голијат го насочи Давид кон неговата иднина, но, исто така, оваа победа над Филистејците беше објава за целата земја дека Божјата рака е врз Израел. Исто како Давид, јас знам дека и вие сакате да го прославите Бог. Сè уште постојат Голијати во нашиот свет. Тие нè предизвикуваат и му пркосат на постоењето на нашиот Бог. Овие џинови се преправени во форма на заплашувачи во школите, на работните места и во јавните мислења. Време е да престанеме да се криеме зад карпите и да трчаме напред со зборот Божји во нашите усни.

Ти си исполнета со истиот Дух кој го подигна Христос од гробот. Противниците сакаат ти да се бориш според нивните правила и со своја сила. Но, не треба да го правиш тоа. Ти си поголема од тоа. Како деца кои немаат противник, ние правиме добро кога ни прават зло. Не се работи за наша слава; тука сè е за Него.

Голијат го направи Давид славен. Социјалните мрежи можат да направат некој да биде славен. Но, да се биде славен, тоа не може да направи некој да биде цар. Ако се злоупотреби, славата служи за хранење егоцентрични диктатори наместо да изгради слуги. Бог немаше потреба од уште еден несигурен лидер за водач кој ќе води како Саул. Тој имаше потреба од некој кој ќе го обожава и јавно ќе ја покаже Неговата сила. Ние сме повикани како цареви и свештеници на Бог. Нашиот завет е кон Господ, а не кон популарноста на луѓето. Давид се плашеше од Бог; Саул се

99

КОГА ТИ СИ ВИДЕНА КАКО ПРОТИВНИК

Page 114: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

плашеше од луѓето.Една од работите кои славата ги носи се обожава-

телите... не ученици или следбеници. Обожавателите можат да бидат променливи во нивната лојалност. Во еден момент те сакаат, а во следниот те мразат. Царот Давид немаше потреба од обожаватели. Тој имаше потреба од мажи и жени кои ќе ги посветат своите животи. Побожни цареви имаат потреба од мудри советници, лојална армија и од верни слуги. За да привлече вакви следбеници, Давид имаше потреба од прочистување. Бог имаше обезбедено друг противник за да го подготви Давид за неговото владеење.

Противниците ја откриваат твојата судбина

Противниците имаат сила да те подигнат од местото на непознатост или да те бутнат од твоето место на важност.

БЕЗ РИВАЛ

100

Добрата вест е дека ти можеш да избереш што тие ќе произведат во твојот живот. Дали противниците ќе те надвладеат... или ќе го извлечат најдоброто од тебе? Токму од овие причини противниците, исто така, можат да ја откријат твојата иднина.

Давид го познаваше Бог како син и овчар. Опкружен со овците, тој го обожаваше Бог под прекрасната светлина на ѕвездите на Блискиот Исток. Во овчарската пустина, тој

Дали противниците

ќе те надвладеат...

или ќе го извлечат

најдоброто од тебе?

се имаше соочено со лав и со мечка спасувајќи ги овците. Но, сега Давид ќе научи што значи да се биде нападнат и бркан како диво животно.

Царот Саул беше совршен за тоа да го насочи храбриот Давид од присуството на луѓето кон присуството на Бог; ова е местото каде Давид ќе го прими своето помазание и каде неговата иднина ќе биде откриена.

Односот помеѓу Саул и Давид не започна на ист начин

Page 115: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

на којшто заврши. На почетокот, Саул го сакаше Давид и ја препозна Божјата рака врз неговиот живот. Саул го повикуваше Давид кон себе кога се чувствуваше ранлив или измачуван и му ги довери на Давид работите воцарството. Еве што ни кажува 1 Самоилова 18:5:

Што и да му дадеше Саул на Давид да направи, тој го правеше тоа и го правеше добро. Толку добро што Саул го постави да ги води неговите воени операции. Сите, сиот народ и сите слуги на Саул го одобруваа и се восхитуваа на водството на Давид. (Пораката)

Саул не можеше да посака подобар генерал. Кога лош дух го измачуваше Саул, Давид ќе свиреше на харфата и ќе пееше за да ја смири неговата душа. Сè се одвиваше добро, сè додека царот Саул не слушна една поинаква песна. Сигурно ја знаете приказната:

Додека се враќаа дома, откако Давид го уби Филистеецот, жените од сите израелски села излегоа пеејќи и играјќи, посакувајќи му добредојде на царот Саул со тамбури, песни и со кимвали. Додека играа жените пееја, Саул победи илјади, а Давид десетици илјади!

Ова го направи Саул лут, многу лут. Тој го зеде ова како лична навреда. Тој рече: „На Давид му дадоа десетици илјади, а мене илјади. Уште малку и царството ќе му го дадат!“ Од тој момент, па натаму, Саул го држеше Давид на око. (1 Самоилова 18:6-9 Пораката)

Иако и Саул и Давид немаа убиено луѓе во толку голем број, Саул беше навреден од оваа споредба. Песната на жените како да ги отвори очите на Саул, а тој ја отвори својата уста и си го пророкуваше своето уништување. Жените ја пееја оваа песна како еден вид шега, но на

101

КОГА ТИ СИ ВИДЕНА КАКО ПРОТИВНИК

Page 116: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

Саул тоа не му беше смешно. Го погоди точно во нервот. Поминаа неколку години откако пророкот му кажа на Саул дека неговата непослушност ќе го чини неговото царство. Самоил објави дека ќе му биде одземено и ќе му биде дадено на друг кој ќе биде подобар од него (1 Самоилова 15:28). Со оваа песна, ткаенината на Сауловиот живот почна да се раскинува. Само во една секунда тој беше обземен со претчувство препознавајќи го Давид како негова замена. Саул немаше намера да се тргне настрана на мирен начин.

Кога се соочуваме со несигурност, споредувањето кое не е во наша корист знае да го промени пријателот во противник за еден миг. Саул повеќе не го гледаше Давид како вредна придобивка, иако тој се докажа како таков; тој го виде Давид како закана и сè се промени преку ноќ:

И се случи другиот ден, лошиот дух што му го испраќаше Бог, да го нападне Саул, и тој беснееше во куќата своја, а Давид свиреше со раката по струните, како и во другите денови. (1 Самоилова 18:10)

Ова малку си поигрува со нашата теологија и служи како потсетување за сите нас... Бог може да употреби што сака за да ја постигне својата намера. Во овој случај, тоа значеше испраќање дух на измачување за да го турне љубоморниот цар преку работ.

На овој ден, Давид го правеше она што вообичаено го правеше, свиреше, но сега Саул имаше нешто друго во неговата рака бидејќи нешто се промени во неговото срце.

А, Саул во раката држеше копје. И го фрли Саул копјето, помислувајќи си: „Ќе го приковам Давид за ѕидот“. Но, Давид двапати се истргна од него. (стих 10-11)

Замислете си ја контраста опишана овде. Саул беснее низ куќата со копје во раката, додека Давид мирно свири

БЕЗ РИВАЛ

102

Page 117: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

музички инструмент. Зарем контраста може да биде поголема од ова? Кој трча низ својот дом со копје в рака? Саул се однесуваше како човек од пештера.

Бидејќи пишувам за мечеви, можам да ви кажам дека низ мојата куќа имам неколку од нив, но многу ретко кој било од нив завршува во мојата рака. Дури ни во моите најлоши хормонални денови не помислувам да земам еден од нив. Бидејќи кога се наоѓаш под притисок, тогаш си искушуван да фрлиш сè што ти се наоѓа во раката (ова ви го зборувам од искуство.) Давид сега беше приморан да преземе чекори и да го избегнува човекот кој до вчера јаваше покрај него и го чуваше неговиот грб во борбите. Давидовото најдобро го покажа Сауловото најлошо, и измачувањето на Саул се претвори во дух на страв.

Саул започна да се плаши од Давид. Беше јасно дека Бог е со Давид, а дека го напуштил Саул. Саул го тргна Давид од пред неговите очи со тоа што го направи да биде началник во неговата војска. Давид често беше во војна. Сè што Давид правеше беше добро. И Бог беше со него. Колку повеќе Давид стануваше успешен, толку повеќе Саул се плашеше. (1 Самоилова 18:12-15 Пораката)

Давидовите воени успеси требаше да бидат прославувани како успеси на царот Саул. Но, наместо да гледа на овие успеси на начин на којшто Давид го осигурува царството под водството на Саул, Саул мислеше дека секоја една битка го руши неговиот авторитет. Саул не го гледаше повеќе Давид како син и повеќе не наоѓаше утеха во неговото присуство. Тој посакуваше Давид да биде што подалеку од него. Но, сепак, неговото размислување не застана таму. Далеку од очите, далеку од умот – не беше доволно во овој случај. Царот Саул го праќаше Давид во битки со надеж дека ќе го загуби животот. Уште еднаш ова само служеше како можност Давид да напредува. Саул

103

КОГА ТИ СИ ВИДЕНА КАКО ПРОТИВНИК

Page 118: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

сакаше да го погреба Давид, но тој се издигаше сè повеќе:

Саул виде и дозна дека Господ е со Давид, а и дека Михала, Сауловата ќерка, го сака Давид. И Саул почна уште повеќе да се плаши од Давид и стана негов непријател до крајот на животот. (1 Самоилова 18:28-29)

Во многу краток временски период, Сауловиот поглед кон Давид се промени од сомнеж кон страв кон омраза. Поминаа времињата кога Давид беше сметан како возљубен син, воен херој и сојузник. Давид сега беше означен како разбојник. Неговиот краток временски период на наклонетост во дворот на Саул заврши. Вознемирен од оваа промена која дојде без првокација од страната на Давид, тој побегна за да го спаси својот живот.

Ова заминување од дворот на царот го означи почетокот на една нова сезона во животот на Давид. Наместо статут и награда, оваа сезона беше исполнета со постојано отфрлање, малтретирање и очајни опасности во пустината. Некои учители сметаат дека овој период траел осум години. Токму таму во прогонството и осамените карпести предели, Давид ги научи лекциите кои ќе го подготват да биде цар по Божјото срце.

Давид беше ловен од еден разгневен волк кој го бркаше од пештера во пештера. Давид беше исполнет со жал кога слушна дека Саул ги убил свештениците и нивните семејства само затоа што тие, не знаејќи кој е тој, му помогнаа. Низ годините на болка, Сауловото непријателство со Давид му помогна на Давид да разбере дека без разлика дали се наоѓа во палата или во пештера, она што беше најважно е развивањето побожност. Давид се соочуваше со неговиот втор Голијат.

Дозволете ми да објаснам.Не мислам дека ќе претерам доколку кажам дека Да-

вид имаше одредени проблеми со поимот „татко“. Секојпат кога Давид комуницираше со Саул во пустината, тој

БЕЗ РИВАЛ

104

Page 119: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

го нарекуваше Саул „татко“. 1 Самоилова 24:12 е прозор во неговата болка:

Татко, погледни ја полата на облеката твоја во мојата рака, јас ја пресеков полата од облеката твоја, а тебе не те убив; знај и увери се дека во раката моја нема зло, ни непријателство, и дека јас не сум згрешил кон тебе; а ти ја бараш душата моја за да ја одземеш.

Нема причини кои посочуваат дека постоела омраза помеѓу Давид и неговиот татко, но како осми син, можеби Давид бил занемарен. Изгледа дека Давид беше некако изгубен во сенката на неговите седум постари браќа. Како и секој друг син, Давид се надевал на потврда и на признание од неговиот татко, а, сепак, неговиот татко не го повикал Давид кога пророкот Самоил дојде да ги помаза синовите на Јесеј:

Така, Јесеј ги доведе пред Самоил седумте синови свои, но Самоил му рече на Јесеј: „Ни еден од нив Господ не избрал“. Самоил го запраша Јесеј: „Сите деца твои ли се овие?“ Јесеј одговори: „Остана уште најмалиот; тој ги пасе овците“. И му рече Самоил на Јесеј: „Испрати, и доведи го, зашто нема да седнеме да јадеме, додека тој не дојде овде“. (1 Самоилова 16:10-11)

Зошто Самоил мораше да праша дали постои уште еден син? Би помислиле дека Јесеј би го повикал Давид кога Самоил дојде. Јесеј сигурно не го гледал Давид како некој кој би можел да биде избран. Доколку Самоил пророкот дојдеше кај нас дома, јас би направила сè што е во моја сила да се осигурам дека целото мое семејство е присутно. Јас би се јавила на Скајп, на Фејстајм или би им се јавила на телефон за да се осигурам за нивната присутност.

Давид имаше седум противника кои се бореа за

105

КОГА ТИ СИ ВИДЕНА КАКО ПРОТИВНИК

Page 120: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

вниманието на неговиот татко, а тоа беа неговите браќа. Разговорите кои Светото Писмо ни ги кажува помеѓу Давид и неговите браќа не ни дава слика на топлина и поддршка. Баш напротив, неговите постари браќа го обвинија за гордост, ја омаловажија неговата улога во домот на нивниот татко и го нарекоа неговото срце вообразено и лошо (1 Самоилова 17:28).

Можеби ова е причината поради која, кога ги читам псалмите на Давид, не слушам зборови... но, го слушам неговото срце. Исткаено меѓу секој еден стих ја гледам агонијата родена од години поминати во изолација и истоштеност. Давид ја повтори неговата невиност кон Саул многупати, а, сепак, борбата продолжуваше.

Во еден момент, Давид сфати дека неговата невиност никогаш нема да биде препознаена во дворовите на луѓето. Саул никогаш нема да го помилува Давид. Единствено Бог ќе го направи тоа. Бегајќи и криејќи се од Саул, Давид научи да бега кон Бог и да се крие во Него. Многу луѓе сакаат да бидат помазани, но тие забораваат дека помазанието доаѓа со цел која се исполнува во присуството на нивните непријатели.

Подоцна, кога Давид бегаше од Авесалом, тој извика:

Господи, колку многу се намножија противниците мои! Мнозина се креваат против мене; мнозина велат за душата моја: нема помош за него во Бога! Но Ти, Господи, си штит мој, слава моја; Ти ја подигаш главата моја. Со гласот свој викам кон Господ, и Тој ме слуша од Својата света гора. Легнувам, спијам и станувам, зашто Господ ме чува. Не се плашам од многу илјади луѓе, што од сите страни навалиле на мене.(Псалм 3:1-6)

БЕЗ РИВАЛ

106

Page 121: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

Како се намножија оние кои се кренаа против него? Добро прашање. Зошто Бог не ги сопре? Или да ги закопа во пустинските песочни бури?

Давид не бараше да биде помазан за цар од страна на пророкот Самоил. Храбриот Давид не можеше, а да не биде одважен за својот Бог. Како што тој беше верен син во она што му беше доверено од неговиот Татко, тој, исто така, беше верен воин кон својот цар. Јонатан не можеше да побара повистински пријател. За него, Давид беше беспрекорен. А, сепак, низ неговиот живот проблемите се зголемуваа. Зошто?

Ние сакаме да постои одредена причина бидејќи, доколку постоеше, тогаш сиот овој хаос ќе имаше смисла. Но, сè ова изгледа бесмислено. Овие зборови беа живеени и пророкувани од страна на Давид – и неговите тешкотии ја идентификуваат борбата на еден друг: овие зборови посегнуваат кон иднината и откриваат што ќе му се случи на Исус. Зоште сме изненадени кога противници се креваат во нашиот живот? Прва Петрова 4:12-13 нè потсетува:

Возљубени, не чудете се на огненото искушение, што ви се праќа за да ве испита, како нешто необично да ви се случува. Напротив. Ако учествувате во страдањата Христови, тогаш радувајте се, та кога ќе се јави Неговата слава, да се зарадувате и да се развеселите.

Надворешниот притисок создава внатрешна трансформација. Противниците ја откриваат судбината која Бог ја приготвил за нас. Ние се намалуваме за Божјата слава да се зголеми во нашите животи. Дарот наречен противници е дел од процесот на учење, очистување и тренирање. Во човековата природа е да се избегнуваат тешкотиите. Но, кога ние страдаме, не само што ја делиме Исусовата болка, но, ние, исто така, учествуваме во Неговата слава додека Тој ни ја открива нашата судбина.

107

КОГА ТИ СИ ВИДЕНА КАКО ПРОТИВНИК

Page 122: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

Противниците те предизвикуваат да си го чуваш срцето

Кога нашето камено срце ќе биде скршено, тогаш се појавува срце од месо. Кога ќе се најдеш себеси како дел од едно бесмислено непријателство, твоето срце почнува да се чувствува навредено. Ти си бомбардирана со прашања кои предизвикуваат сомнеж во тебе самата и во твоите мотиви. Се прашуваш: „Дали нешто не е во ред со мене? Боже, каде си? Како се случи ова? Зошто ова продолжува да се случува?“

Честопати одговорот на овие прашања е само тишина. Почнуваме да се прашуваме дали Бог воопшто и нè слуша. Јас имам научено дека Бог е тивок кога постои пауза меѓу два чина. Сцената само што не се сменила, а ликовите си ги наоѓаат своите места на сцената. Биди охрабрена. Твојата сезона е пред промена. Наместо да се мериш себеси според она каде се наоѓаш, сети се низ што сè Тој веќе те има избавено.

БЕЗ РИВАЛ

108

Додека слушаме во тишината, ние се смируваме за промена. Дали ќе веруваме на она што Бог го кажал, или ќе обрнеме внимание на она што нашите обвинители го велат? Истиот Бог кој ја започна оваа добра работа во нас, ќе биде верен да ја заврши. Дали ќе дозволиме нападите да го отврднат нашето срце или ќе дозволиме Бог да го исцели? Дали ќе го насочиме нашето внимание кон зборовите на непријателите или кон зборовите на нашиот Создател?

Дали ќе дозволиме

нападите да го отврднат

нашето срце,или ќе

дозволимеБог да го исцели?

Драг пријателу, слушај ги внимателно моите зборови; наслони ги своите уши кон мојот глас.Чувај ја мојата порака на виделина цело време. Концентрирај се! Научи ја со срцето! Оние кои ќе ги откријат овие зборови како живот, навистина

Page 123: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

ќе живеат; во тело и во душа тие бликаат со здравје. Будно чувај го своето срце; оттаму започ- нува животот. (Поговорки 4:20-23 Пораката)

Не гледај на тоа што другите прават. Не слушај го она што тие го зборуваат. Не споредувај ја твојата моментална состојба со нивната. Чувај го своето срце и секое едно ветување кое ти било дошепнато во длабочината на твојата душа. Одвој се себеси од статичноста и развиј ја способноста да станеш синхронизирана со Божјиот глас. Тој не би те охрабрил да го направиш ова доколку Тој не копнееше да ти зборува. Неговиот збор го држи твоето срце.

Во овој живот постојат многу работи кои се статични. Динамичниот Божји живот кој нема противник за кој ти копнееш не може да се најде по пат на немарно барање. Тоа ќе бара концентрација во свет кој е бомбардиран со работи кои ни го одвлекуваат нашето внимание. Доколку не го бараш овој живот со намера, тогаш ќе бидеш одведена во друга насока од многуте работи кои се борат за твоето внимание.

Пораката на Христос е нашиот главен фокус. Зборо- вите на нашиот Создател имаат сила да го исполнат она што веќе е запишано врз нашите животи. Намерното соединување со самиот извор на животот ги усогласува телото и душата и ги позиционира нашите животи да бликаат со здравје, цел и сила. Кога ние се концентрираме на Неговиот збор, а не на нашите противници, ние влегуваме во живот кој е надвор од нивниот дофат.

И не само што ние треба да се концентрираме на Неговиот збор кој е како семе, но ние, исто така, треба да внимаваме на градината, односно на нашето срце.

Постои голема разлика помеѓу чување на своето срце и заробување на срцето. Обично, будно ги чуваме работите кои се вредни; додека второто се однесува на срце кое е заклучено.

Многу избираат да ги отврднат нивните срца со надеж дека ова ќе ги чува нивните срца заштитени сè до оној

109

КОГА ТИ СИ ВИДЕНА КАКО ПРОТИВНИК

Page 124: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

момент додека не почувствуваат дека е безбедно да го отворат срцето да биде исцелено. Растејќи, јас честопати ја избирав оваа тактика. Најпрвин, чувството на олеснување беше огромно. Јас веднаш ги отфрлав луѓето кога тие ќе ме повредеа. Силно ќе ја треснев вратата на моето срце толку многу пати што се најдов себеси безбедно заклучена. Го исклучував моето срце сè додека не го направив мој заробеник. Се замислував себеси дека сум отпорна на болка само за да сфатам подоцна дека, исто така, бев нечувствителна и на радоста.

Чувањето на срцето значи да го заштитиш, а не да го направиш заробеник. Доколку вашето срце е целосно исклучено, одвојте време за молитва. Побарајте од Бог да го ослободи вашето срце од тој каменит затвор и да го замени вашето срце со срце кое чувствува и радост и болка.

Знам дека боли, но не сопирајте ги солзите. Оставете ги да го наводнат вашето срце и да го чуваат да биде нежно. Не решавајте ја болката со дрога или со алкохол кои само ги извртуваат вашите чувства и предизвикуваат да паднете. Не помрачувајте го својот ум со мисли за одмазда кои само ја помрачуваат вашата душа. Престанете да размислувате прекумерно, седнете и плачете колку што имате потреба од тоа. Бидете сами и дозволете ѝ на болката да ве удри со сета сила. Кога ќе се спушти мирот, свртете го своето лице кон небесата и подигнете го својот глас кон Бог. Следете го примерот на Давид и развијте дневна практика на предавање на вашата душа, вашите цели и на вашите противници на Бог. Псалм 51:8-12 го опишува сето ова:

Дај ми да чујам радост и веселба, нека се зарадуваат коските што Ти ми ги здроби. Одврати го лицето Свое од гревовите мои и избриши ги сите мои беззаконија. Создај чисто срце во мене, Боже, и нов и прав дух стави во мене. Не отфрлај ме од лицето Свое и Светиот

БЕЗ РИВАЛ

110

Page 125: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

Дух Твој не одземај Го од мене. Врати ми ја радоста на спасението од Тебе и благороден дух зацврсти во мене.

Закоравено и заробено срце станува глуво срце и заробените коски не можат да одговорат. Оние кои ги осудуваат другите, живеат постојано под тежината на нивниот грев. Единствено Бог може да го очисти она што го валка срцето, и да го исправи она што е погрешно за да можеме да се подигнеме повторно исправени во Неговата присутност.

Закоравените срца не можат да стојат во присутноста на Бог. Тие се изолираат самите себеси или се впуштаат во друштво на развратници кои се потсмеваат на болката на оние кои го имат избрано нежниот пат на исцеление.

Повторно сакам да ве предупредам, многумина започнуваат со овој пристап само за да откријат предоцна дека нивните срца не биле чувани; тие биле заробени. Симпатиите и сочувството си заминуваат, а злобата и незаинтересираноста се вселуваат. Постои голема разлика помеѓу чување на она што е свето и заклучување на твоето срце.

Кога нашите срца се чувствуваат празни и напуштени, време е да ги исполниме нашите усни со песна. Саул беше премногу измачуван за да пее врз себе самиот, затоа Давид му пееше на Саул за да го чува измачувањето подалеку од Саул. Песните кои нè опкружуваат, ги држат некои одредени работи на одредена далечина, но нешто навистина прекрасно се случува кога песната ќе се подигне од нашата внатрешност. Како што пееме, наместо само да слушаме, нашите срца се отклучуваат и се воспоставува конекција со нашиот Создател.

Царот Саул имаше историја на избрзани зборови и дела. Турбуленциите на неговото срце беа изразени преку неговите дела. Како што Давид научи да го смири своето срце, на ист начин и ние можеме да научиме да ги смириме нашите:

111

КОГА ТИ СИ ВИДЕНА КАКО ПРОТИВНИК

Page 126: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

Ја држев мојата нога на земјата, и одгледав тивко срце.Како бебе задоволно во рацете на мајка си, мојата душа е задоволна како бебе. (Псалм 131:2 Пораката)

Дали може да споделам нешто засрамувачко? Наместо да ја смирам мојата душа како на бебе, јас имам тенденции да се однесувам како бебе. Пред десетици години, нашата црква ги пееше зборовите од Псалм 3 за време на нашите црковни служби. Мојот одговор беше да плачам како бебе. Но, дома бев позната по тоа што играв на оваа песна. Некако го споредував моето жалење со она што Давид го чувствуваше кога го напишал овој псалм. Единствениот проблем беше во тоа што причините поради кои јас плачев, беа мали грешки. Да. Во тој момент ги чувствував како големи. Бев сигурна дека тие работи ме имаат прободено толку длабоко, што дури ја поседуваа мојата душа.

Гледајќи наназад, гледам на тоа поинаку. Грешките беа мали и незначајни. Навреда овде, нељубезен збор таму, можеби караница со мојот сопруг. Јас имам запознаено толку многу луѓе кои би дале сè за ваков вид грешки. Патувајќи во странство, имам запознаено многу храбри жени кои секојдневно живеат со смртни закани поради нивната вера. Каде и да се свртам, запознавам силни самохрани мајки кои неуморно работат за да обезбедат сè за своите деца. А, да не ги споменувам оние кои биле тепани, силувани, продадени од семејството или, пак, во трговија со луѓе.

Јас не ја омаловажувам вашата болка. Знам дека е вистинска. Но, кога ние навистина ќе добиеме откровение за тоа како Бог ја врти и најлошата ситуација во наша корист, тогаш ќе дојде ден кога, како Јосиф, ќе речеме:

Вие смисливте зло за мене, но Бог тоа го сврте на добро. (1 Мојс. 50:20)

Доколку го промените вашиот поглед кон вашите

БЕЗ РИВАЛ

112

Page 127: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

противници, Бог ќе ја откупи вашата болка. Писателот на драми, Едмонд Бурке, ја доловува оваа динамика на следниот начин: „Оној кој се измачува со нас, ги осилува нашите нерви, и ги изострува нашите вештини. Нашиот противник е наш помошник“.

Јас имам научено дека кога ги затворам вратите за другите луѓе, тоа само по себе носи затворени врати за мене во иднина. Секогаш кога се обидуваме да ги изолираме другите, ние ризикуваме да се исклучиме самите себеси. Отворени срца ќе отворат врати и ќе ги прифатат другите со отворени раце. Бог го испрати Исус со надеж дека никој нема да биде изоставен. Работи со своето срце, чувај го добро, а не она што ти мислиш дека е твоја позиција.

Многумина сакаат да бидат водачи, но да се има одредена мерка на влијание е како меч со две острици. Секогаш ќе има луѓе кои те сакаат, но не те познаваат. Секогаш ќе има луѓе кои те мразат, но не те познаваат. Сите овие се само набљудувачи. Тие не се твои противници, но тие ги гледаат случувањата. Мојсеј порасна со Фараонот. Давид беше како син на Саул (Голијат беше еден од џиновите во животот). Во многу случаи, противник е оној кој некогаш те познавал добро. Давид го опиша противникот на следниот начин:

Да ме беше навредил непријателот мој, тоа би го поднел, и завидливецот мој да се беше покажал силен, јас ќе се скриев; но тоа беше ти, човеку, кој си како јас, другар мој и пријател мој, со кого радосно се дружев и сме оделе заедно во Божјиот дом! (Псалм 55:12-14)

Денес, ние тоа го нарекуваме „пријателски непријател“ – збор кој одредени речници го опишуваат како „непријател преправен во пријател“. Или да го кажеме тоа едноставно, тоа е противник. Можноста да се препознаат вистинските пријатели е дар, но, сепак, понекогаш нашите противници нè прават нас да бидеме вистински. Ние можеме да го

113

КОГА ТИ СИ ВИДЕНА КАКО ПРОТИВНИК

Page 128: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

браниме нашиот случај или можеме да го оставиме пред Бог. Ние можеме да му заблагодариме на Бог за тоа што Тој ги користи противниците за да нè очисти или да нè пренасочи или, пак, можеме да продолжиме да кукаме. Можеме да се жалиме или можеме да се молиме и да пееме. Изборот е наш и ниту еден противник не може да ни го одземе тоа.

БЕЗ РИВАЛ

114

Page 129: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

Прашања за дискусија

Потсетете се на времето кога противникот станал ваш инструктор.

Што е она што противникот го има разоткриено во вашиот живот?

Кои се некои од областите каде што сте храбри?

Кои се некои од областите каде ви недостасува храброст и кои треба да бидат осилени?

Именувајте три разлики помеѓу обожаватели и следбеници.

Дали имате трчано низ вашата куќа со копје во раката? На кој начин би можеле да го спуштите?

На кој начин можете да го чувате вашето срце без да го заробите?

НЕ ОСМЕЛУВАЈ СЕ ДА СЕ СПОРЕДУВАШ!

1.

2.

3.

4.

5.

6.

7.

Page 130: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината
Page 131: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

6Пол без противник

Јас не можам да бидам против расизмот во кој луѓе се дискриминирани како резултат на нешто што тие самите не можат да го променат – нивната боја на кожа – а, во исто време, да ја прифатам со мир големата неправда на казнување на другите за нешто друго што тие самите не можат да го променат – нивниот пол.

Надбискуп Дезмонд Туту

Јас имам лични, приватни молитви, оние кои ги молам кога сум сама. Обично, кога велам сама, тоа значи

дека сум во хотелска соба или во мојот автомобил. Знам да молам помалку необични молитви кога се наоѓам во меурот на мојот автомобил. Нема ништо подобро од тоа кога музиката на обожавање е гласна, а јас се наоѓам во „мој“ момент. Пред неколку години, мојот живот беше како во центрифуга. На моменти не знаев дали доаѓам или одам. Мојата книга Кога лавицата станува беше издадена во есен додека јас бев во Јордан. Годината се ближеше кон крајот и Денот на благодарноста беше многу блиску. Мојата приватна молитва во тоа време беше нешто во овој

117

Page 132: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

стил:„Небесен Татко, со сигурност знам дека знаеш дека

имам издадено книга со наслов Кога лавицата станува. Веќе е издадена на пет други јазици, но би сакала да знам дека ова беше Твоја волја. Знам дека е, бидејќи книгата е излезена, но јас, исто така, знам дека Ти си независен од времето, затоа сакам потврда дека ова е нешто што Ти го имаш предодредено. Во името на Исус, амин“. Знам дека ова звучи засрамувачки, но тоа е вистината. Знаев дека треба да го излеам моето срце и да препуштам сè во Неговите раце.

Потврдата која ја барав дојде многу бргу. Една вечер, околу осум часот, се најдов себеси неочекувано сред еден школски проект заедно со мојот најмал син. Ги искинав старите школски проекти од неговите постари браќа собирајќи она што ни беше потребно, кога тој ме информираше дека има потреба од посебен вид картон за да го заврши проектот. Излегов од дома на ладното време за да го најдам потребниот картон, но претходно им платив на постарите браќа за да му помогнат да го заврши проектот. Се вратив дома и најдов хаос – искинати списанија, маркери и писма ја преплавуваа нашата семејна маса. Еден од браќата го куцаше она што Арден го диктираше, додека друг ги сечеше сликите кои требаше да бидат залепени. Само што го оставив картонот кој требаше да ги соедини сите делови, кога телефонот заѕвони. Тоа беше Џон.

Тој звучеше возбудено. А, јас бев истоштена.Тој ми објасни дека запознал некој таа вечер со кој јас

треба да разговарам. Мојот сопруг има постојана навика да ме става во ситуација да разговарам со потполни странци на телефон. Не знам како се случува тоа, но се случува... постојано. Ова се луѓе кои најверојатно немаат интерес да зборуваат со мене, но Џон лесно се губи во дадени моменти и чувствува дека јас морам да разговарам со нив.

На почетокот со борев против овие запознавања. Но,

БЕЗ РИВАЛ

118

Page 133: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

сега веќе мислам дека тие се, едноставно, непобедливи. Збор за мудрите: доколку вашиот сопруг има навика со која ви додева повеќе од десет години, тогаш треба да одлучите дека тоа е некако слатко. Така што, мојот сопруг има слатка навика да ме става на телефонски повици со потполни странци. Но, таа вечер протестирав.

„Џон, немам време да разговарам со потполни странци. И се наоѓам во средина на еден школски проект со Арден“.

„Во ред, не мора да разговараш со него во овој момент. Тој е воен офицер и е зафатен во моментот, но му го дадов твојот телефонски број. Одговори му кога ќе се јави подоцна оваа вечер. Морам да одам, те сакам!“ И пред да можам да се спротивставам, тој ми исклучи.

Работата на проектот беше сè поинтензивна. По еден час, мојот телефон заѕвони. Одлучив да одговорам со мојот најуморен тон.

„Здраво“, со длабок, монотон глас.Јавувачот како да се двоумеше малку.„Дали е тоа Лиса Бивер?“„Да...“.„Лиса, твојот сопруг ја држеше твојата нова книга оваа

вечер, Кога лавицата станува, за време на состанокот. И тој ни кажа дека лавовите се најдобри убијци, но лавиците се најдобри ловци“.

Си помислив, па, нормално дека ќе го каже тоа. Тоа е сè што знае бидејќи тоа е она што јас му го кажав... сè уште ја нема прочитано книгата со сигурност! Човекот продолжи: „Тој е во право. Навистина, точно е дека лавиците се најдобри ловци“.

Не бев сигурна каде води сиот овој разговор. Зошто овој човек ми се јавува да ми каже за она што мојот сопруг го рекол, нешто што јас веќе го знаев бидејќи јас ја напишав книгата? Наскоро ќе откриев.

„Лиса, дали знаеш дека ние не ја добиваме војната во Авганистан?“

Изговорив нешто што звучеше како потврден одговор.

119

ПОЛ БЕЗ ПРОТИВНИК

Page 134: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

Животот во Колорадо Спрингс значи летање кон дома со многу воени лица кои се враќаат од воена служба.

„Дали сакаш да знаеш една од причините поради која не ја добиваме војната?“

„Секако“, доброволно реков.„Ние не можеме да разговараме со нивните жени“.

Продолжи да објаснува: „Доколку не можеш да зборуваш со жените, не можеш да ја промениш културата, а доколку не можеш да ја промениш културата тогаш не можеш да ја добиеш војната“.

Сега го придоби моето целосно внимание.„Дозволи ми да ти објаснам што е она што го работам

овде во базата. Јас работам со оние кои се задолжени за специјални операции. Заради опасностите кои ги вклучува работата ние бевме фокусирани на испраќање специјални тимови составени од мажи, но сега, исто така, испраќаме тимови составени од жени. Тие им кажуваат на авганистанските жени дека тие имаат глас и вредност. Тие им објаснуваат зошто демократијата би им била од корист на нивните синови и ќерки. Тие се грижат за нивните мали медицински потреби и им помагаат во породувањата на нивните бебиња. Дали знаеш како се нарекува оваа специјална единица составена од жени?“

Со сигурност му кажав дека не знам.Тој рече: „Тие се викаат Тим лавици и треба да бидат

испратени во секој момент. Дали може да добијам копија од твојата книга за секоја една од нив?“

Секако дека им испративме!Овие жени заслужуваат да им искажеме поддршка

бидејќи тие посегнуваат кон жените и ја негуваат надежта за нешто повеќе од војна и глад за децата. Овие лавици имаа потреба да знаат дека тие не само што ја следат воената наредба, но тие, исто така, се дел од нешто што е вечно, а тоа е наредбата да се донесе исцеление и живот за сестрите кои се изолирани и презрени само поради својот пол. На мажите кои се во воена служба им беше забрането да зборуваат со авганистанските жени, но на жените во

БЕЗ РИВАЛ

120

Page 135: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

воената служба им беше наредено да зборуваат со нив.По завршувањето на разговорот, сфатив повторно

дека без вклученост на жените постојат многу битки кои не можат да бидат добиени.

Доколку војската на Соединетите Држави го разбира ова, дека без вклученоста на жените тие можат да се борат но не можат да победат, зарем тогаш не е вистинско време Црквата да ги осили своите ќерки да застанат покрај мажите за борбите да се претворат во победи?

121

ПОЛ БЕЗ ПРОТИВНИК

Половото соперништво е обо- страно, но честопати жените се тие кои се повеќе дискриминирани. Повеќе од триесет години ги носам во моето срце жените кои се ранети во соперништвото на половите. Не можам да бидам автор на некоја книга без да се осврнам на овој проблем во некоја мера.

Големи напредоци се направени

Без вклученост на жените

постојат многу битки кои

не можат да бидат

добиени.на многу фронтови, но секоја недела слушам приказна на жена која има настрадано во нејзиниот брак, семејство, работно место или во Божјиот дом - црквата. Постојано читам коментари на омраза на социјалните мрежи кои се насочени кон жените. А ова, сепак, ни во мала мера не го одразува проблемот со трговија на луѓе, геноцид врз основа на полот и порнографија.

За жал, половите предрасуди сè уште ги замаглуваат линиите на нашето евангелие; ние го користиме за да искажеме целосно откупување и слобода за мажите додека на жените им искажуваме одреден и контролиран дел од истото евангелие.

Заканите на религиозните водачи

Би сакала да ја отворам оваа тема на половите предрасуди враќајќи се назад во времето кога Црквата само што беше родена, жива и растеше по воскреснувањето и

Page 136: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

имаше излевање на Божјиот Дух и врз синовите и врз ќерките. Евангелието беше објавено и преку збор и преку дела додека воскресението на Исус беше објавувано. Воспаничените водачи во храмот во обид да ја смират бурата, ги уапсија Петар и Јован кога еден човек, кој беше неподвижен четириесет годни, беше исцелен.

Тие ги повикаа и ги предупредија дека никогаш повеќе нема да зборуваат или да подучуваат во името на Исус. (Дела 4:18 Пораката)

Тие во овој стих се однесува на религиозните водачи во тој ден, а Петар и Јован беа оние кои беа строго предупредени. Ова чудо кое беше направено во името на Исус, исцелувањето на еден човек, ја отвори широко вратата за проповедање на Христос, воскреснатиот Спасител. Еврејските водачи се најдоа себеси меѓу две карпи бидејќи не можеа да го порекнат исцелувањето на овој сакат човек. Тие образложуваа меѓу себе:

Досега веќе низ целиот град се знае дека чудо се има случено, и дека тие стојат зад тоа чудо. Не постои начин на кој можеме да го порекнеме тоа. Но, за да не продолжи понатаму, ајде да ги замолчиме со закани за да не се осмелат никогаш повеќе да го користат името Исус. (Дела 4:16-17 Пораката)

Сите ние знаеме дека заканите кон овие двајца ученици не успеaја. Нивната тактика имаша спротивен ефект и, всушност, ја засили нивната одлучност.

Но, Петар и Јован им одговорија: „Пресудете сами дали е исправно во очите на Бог да ве слушаме повеќе вас или Бог. Но, за нас ова не е ни прашање – не можеме да молчиме за она кое го имаме видено и слушнато“. (Дела 4:18-20 Пораката)

БЕЗ РИВАЛ

122

Page 137: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

Што се однесува на Петар и Јован, религиозните водачи можат да продолжат да се расправаат меѓу себе колку долго и да сакаат, но тие нема да бидат замолчени. Тие сфатија дека обидите да ги убедат водачите би биле само залудни обиди. Тие немаа избор, освен да продолжат да го подучуваат и да го проповедаат она за кое знаеја дека е вистина. Овие мажи знаеја дека постојат моменти кога тишината е еднаква на непослушност.

Овие закани одекнуваат во нашите уши и денес. Примателите на овие закани изгледаат поинаку денеска. Повеќе не станува збор за изолирана наредба дадена од религиозни водачи на необразовани рибари од Галилеја. Овие закани имаат прераснато во културолошки притисок насекаде низ светот. Тие звучат поинаку сега, но целта останува иста. Нашиот секуларен свет ќе ти дозволи да зборуваш за Бог и да бидеш духовен колку сакаш, сè додека не го користиш името на Исус.

Иако ние не би требало да бидеме изненадени кога секуларниот свет забранува подучувања и проповедање во името на Исус, но кога Црквата ги попречува своите членови и ги замолкнува нивните гласови... тогаш тоа е сосема поинаква приказна.

Повеќе од две илјади години религиозните водачи го имаат ограничено, а на моменти имаат и забрането илјадници ќерки да проповедаат и да подучуваат во светите места кои се под управа на самата Црква. Прочитајте повторно Дела 4:18.

И кога ги повикаа, им заповедаа воопшто да не зборуваат, ниту пак да го учат народот во името на Исус.

Додека размислував за овој стих, го слушнав Светиот Дух како ми дошепнува: Премногу од моите ќерки кои Јас ги имам повикано и обдарено преку Мојот Дух за служба се задржани и им е ускратен повикот кој го имаат од самата Црква.

123

ПОЛ БЕЗ ПРОТИВНИК

Page 138: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

Можеби имате слушнато некои религиозни водачи како велат: „Жените можат да подучуваат други жени, но не и мажи“. Или: „Жените можат да споделат, но не треба да проповедаат“. И: „Жените можат да водат сè додека тоа се случува надвор од црквата“. Овие затскриени закани навидум изгледаат разумни, но резултатот е ист: евангелието е ограничено. Жените кои се храбри во својата вера најчесто се етикетирани како агресивни. Жените кои имаат доверба во својот Бог се погрешно видени како амбициозни. Сепак, прашањето кое стои пред нас е истото она кое беше поставено од страна на Петар и Јован. Дали е исправно во очите на Бог да ги слушаме мажите или да му бидеме послушни на Бог? И што е она што Бог го има заповедано на синовите и на ќерките да го прават? Одговорот го наоѓаме во зборовите на Исус изговорени пред Неговото вознесение:

Па, им рече: „Одете по сиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание. Кој ќе поверува и ќе се крсти, ќе биде спасен; а кој нема да поверува, ќе биде осуден. А знаците, на оние што ќе поверуваат, ќе им бидат овие: со Моето име ќе истеруваат демони; ќе говорат нови јазици; ќе фаќаат змии и ако нешто смртоносно испијат, нема да им наштети; на болни ќе полагаат раце и тие ќе оздравуваат“. А по разговорот со нив, Господ се вознесе на небо и седна од десната страна на Бога. (Марко 16:15-19)

Оваа заповед им беше дадена на сите кои веруваат. Големата заповед е дозвола која не бара зграда или организација, и ова е заповед која ги вклучува и двата пола. Во Христос сите се повикани и ослободени да ја објавуваат Божјата добра вест. Еднаш штом ги спознаеме Божјата слобода и вистина, никогаш повеќе не треба да дозволиме човековите закани да нè замолчат.

БЕЗ РИВАЛ

124

Page 139: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

Биди послушна на својот Цар

Бог е нашиот возвишен, свет Цар. Нашиот Цар ти има дадено наредби и овластување. Тој те има повикано да му зборуваш на Неговиот народ во Негово име. Кога знаеш дека ова е вистина, како тогаш можеш да им дозволиш на оние кои водат под авторитетот на Царот да те спречат во тоа? Секоја една од нас мора да биде жива објава на Матеј 4:10:

На Господ, твојот Бог, да му се поклонуваш и само нему да му служиш.

Доколку послушноста кон поданиците на Царот значи непослушност кон Царот, тогаш твојот вистински проблем е со Царот. Во книгата за Естира ни е даден пример како да се справиме со овие ситуации. Царот на Персија ја немаше повикано Естира, а протоколот на царскиот двор не дозволуваше таа да се појави пред него. Но, Естира знаеше дека послушноста на царските прописи значи непослушност кон Бог. Естира повеќе се плашеше од Бог отколку што се плашеше од незадоволството на луѓето, па затоа таа отиде. Таа му пристапи на царот со стратегија, но таа не се осмели да молчи кога толку многу животи беа во прашање. Се прашувам, колку многу поразличен е нашиот денешен свет. Многу ќерки остануваат затскриени, а се наоѓаат на стратешки места или околности. Некои дури и сега се молат и постат покрај нивните сестри, гледајќи и чекајќи го вистинскиот момент за да направат конкретен чекор и да се заземат.

Кога веќе зборувам за ова, сакам да кажам дека не го одобрувам бунтувањето против вашиот сопруг или црковните водачи. Јас се надевам дека ќе го зголемам вашето сознание дека постои еден многу реален непријател кој нема да се задоволи само со тоа да ве замолчи. Тој ги сака вашите животи и животите на вашите деца.

Време е за вистината. Доколку твојот сопруг ти забра-

125

ПОЛ БЕЗ ПРОТИВНИК

Page 140: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

ни да ја споделуваш својата вера, дали би го послушала?Не зборувам за тоа да се искачите на проповедалница

во улога на главен пастор или, пак, да зборувате јавно. Туку ве прашувам дали сте искрено слободни и способни да бидете сведоци? Дали сте подготвени да дадете одговор, да се молите или да подучувате некоја помлада жена?

Џон и јас зборувавме за овој проблем пред извесно време. Тој ме праша зошто толку многу жени изгледа дека бараат изговори за да не бидат амбасадори за Исус. Јас му реков дека некои, едноставно, се плашат од повратната реакција. Баш таа недела седев во авион до еден маж кој сподели со мене дека некој ме нарекол со понижувачки зборови зад мојот грб. Јас му одговорив: „Тоа ми го имаат кажано и во лице!“

Ова не е време за оние кои се лесно плашливи или, пак, имаат тенка кожа. Постои отворена војна против оние кои го носат ликот на Бог, како мажи, така и жени. Последното нешто што ни е потребно, е да почнеме да се бориме меѓу себе! Јас навистина мислам дека некои жени треба да го прифатат овој разговор. Можеби биле научени дека покорувањето е молчење, а не знаат дека Бог ги има променето нивните имиња. Што е она што Бог те охрабрува да го направиш? Дали можеби има некоја млада мајка која треба да ја подучуваш? Можеби треба да бидеш домаќинка на некоја молитвена група или на библиско проучување? Побожното покорување го почитува нашиот сопруг, но во исто време ние сме послушни и на Бог.

Некои други жени се плашат од своите силни особености бидејќи никој ги нема научено како правилно да управуваат со нив. Сите ние имаме видено жена или ние сме биле таа жена која се однесувала лошо (јас знам дека јас сум се справила погрешно со некои работи). Не беше поради тоа што јас сакав да се однесувам така, но поради тоа што не знаев како да бидам слушната. Процесот на учење е доста стрмен бидејќи бројот на жените во ова поле, до пред некое време, не беше голем.

Одговорот не е во отфрлање на женствениот глас

БЕЗ РИВАЛ

126

Page 141: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

туку во образованието на жените. Доколку не ми е даде- на прилика да растам, тогаш јас нема да пораснам. Докол- ку јас не растам, тогаш јас не правам простор за другите да растат, исто така.

Дали ќе си дозволиме самите себеси да бидеме етикетирани како лути жени? Или ќе придобиеме мудрост за ќерките, со зборот на нивниот Татко во устите, да можат да проговорат? Дали оние кои имаат само дел од одговорот треба да бидат замолчени? Не! Ние активно треба да ги тренираме нашите ќерки во побожност и послушност. А за оние кои прашуваат на кој начин ова е во согласнот со 1 Петрова 3, каде се вели дека жените треба да бидат кротки и со тивок дух – јас можам да кажам дека се согласувам со тоа! Ќе ви дадам примери за кроткост од животот на Исус и на Мојсеј.

А Мојсеј беше најкроткиот човек меѓу сите луѓе на Земјата. (4 Мојс. 12:3)

и

Земето го мојот јарем на себе и подучете се од мене, бидејќи јас сум кроток и смирен по срце, и ќе најдете мир за душите ваши. (Матеј 11:29)

И, Исус и Мојсеј покажаа кроткост како пример за нас да го следиме.

Некои од нашите проблеми со половите се едноставно глупави. Јас не го прашувам Џон дали може да ми дојдат пријателки на гости, а тој не ме прашува дали може да оди на голф. Јас не го прашувам Џон дали може да зборувам за Исус со некој во трговски центар или, пак, дали може да проповедам на младите во нашата црква. Ние се консултираме еден со друг за работите кои влијаат врз нас двајцата и врз нашето семејство, но не и во поглед на тоа што и како треба да правам секој ден. Доколку одиме еден кај друг за секоја една најмала работа, тогаш јас би била

127

ПОЛ БЕЗ ПРОТИВНИК

Page 142: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

исцрпена – но, тој ми верува, а јас му верувам нему! Јас сум жена, а не дете.

Ние живееме во време каде премногу луѓе се заробени во страв. Тие луѓе имаат потреба од надежта на славата која вие ја носите во вашите срца.

На крај на денот, ние сме единствените кои се виновни за нашата непослушност кон Исусовата заповед. Да, другите можат да бидат причина за нашиот пад и грев (Матеј 18:6; Марко 9:42; Лука 17:2), но послушноста кон нашиот Цар е целосно наш избор. Исто како и нашите браќа Петар и Јован, ние, сестри, мораме да одиме во полнотата на чудата на Христос, а тоа значи дека ние, исто така, не можеме да молчиме за работите кои ги имаме видено и слушнато.

Вербални напади

Во времето во кое живееме, жените кои ќе го изберат ова можеби нема да бидат тепани или затворени како што беа Петар и Јован, но бидете подготвени да бидете избегнувани и да наидете на отпор. Ова значи дека ризикувате да бидете погрешно разбрани и многу често ќе бидете жртва на вербални напади и изолација.

Џон и јас имаме различни појдовни точки кон ова. Тој ме увери дека најголем дел од црквите каде оди, дозволуваат жените да зборуваат од проповедалницата. Тој продолжи именувајќи три жени служители од кои сите се познати и се сакани во нашата земја, но и надвор од неа. Тие водат, поучуваат и проповедаат. Јас се согласив со Џон дека, во теорија, ова е вистина, но не и во практика. Кога го прашав да именува цркви кои редовно покануваат жени да проповедаат, а Денот на мајките да не е вклучен, тој успеа да наброи помалку од десет.

Како што нашата дискусија продолжуваше, Џон ме увери дека не постои ништо што јас како жена можам да го кажам што би го променило размислувањето на теолозите кои се противат на жените да бидат водачи и учители.

БЕЗ РИВАЛ

128

Page 143: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

Тој ми сугерираше да ги искористам моите зборови да подучувам и да им кажам на жените дека тие можат да проповедаат. Секој еден аргумент кој јас би го приложила кон водачите би бил бескорисен.

Се согласувам; водачите не се мојот фокус. Јас пишувам со страв и трепет на моите сестри, мајки и ќерки кои сè уште имаат потреба да бидат убедени во ова. Јас им објаснувам на жените дека јас не можам да ги научам како да проповедаат кога тие сè уште не се сигурни дали е во ред тоа како жени да подучуваат и да зборуваат во црквите. Зборот на законот е искористен за да ги прободи нивните срца. Ниту една искрена ќерка на Бог не би сакала да ја прекрши или да ја оскверне волјата на нејзиниот Татко. Тие нема да го научат она што водачите не го дозволуваат. Доколку некој кој се наоѓа на позиција на авторитет, кој го претставува Бог, ви кажува цел живот дека вие сте инфериорни, тогаш вие ќе почнете да верувате во тоа. Многу е лесно да поверувате во оваа лага, особено доколку имате засенето минато.

Јас го знам ова бидејќи јас сум била таква личност. Кога не сте убедени во нешто, тогаш постојано ќе

имате подвоени мисли за себе самата и за вашето право да придонесете. Јас сакам да ги отворам вашите уши, да ги оттргнам ролетните од вашите очи и да го отстранам тој трн на легализам од вашите нежни срца. Светиот Дух можеби ве повикува да бидете амбасадор на евангелието во светот на правосудството, медицината, бизнисот, владата или како мајка домаќинка. Сè она што го правиме, треба да биде за Господ. Оваа практика го прави она што е секуларно да биде свето. Но, сосема е погрешно да му кажете на некој дека Светиот Дух не им зборува на нив доколку тие се чувствуваат повикани да подучуваат, да проповедаат или, пак, да водат во одреден капацитет во црквата.

Полот нема никаква врска со способноста на некој да води. Тоа што Маргарет Тачер беше жена, не беше она што ја квалификува да биде една од најголемите водачи

129

ПОЛ БЕЗ ПРОТИВНИК

Page 144: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

на Велика Британија. Всушност, проблемот не е во полот; нашиот предизвик е нашиот став на гордост и тенденција кон предрасуди и осуди кон другите. Овие работи можат да ги заслепат оние кои се добри водачи. Понизноста, искуството, верноста, образованието и доблестите се само некои од квалитетите кои ги квалификуваат водачите, но полот како пол не прави водачи. И надвор од Христос, сите ние сме неспособни. Може да прочитаме во 2 Коринќа- ните 3:4-6:

Таква сигурност во Бога имаме преку Христос, но не дека сме способни да помислиме нешто како од себе; напротив, нашата способност доаѓа од Бога. Тој ни дал способност да бидеме слуги на Новиот Завет, не на буквата, туку на Духот; зашто буквата убива, а Духот оживотворува.

А, сепак, еве како еден виден водач го толкува стихот од 1 Тимотеј 2: „Павле едноставно вели дека, кога станува збор за водење во црквата, жените не се способни бидејќи тие се понаивни и полесно измамливи од мажите“.1

Ќе го погледнеме овој стих во Тимотеј за некој момент. Но, прво, сакам да знам: како овој цитат ве прави да се чувствувате? Засрамени, виновни, повредени? Среќни и оправдани?

Со сигурност не нè прави да се чувствуваме охрабрени и вклучени. Не сакав да го ставам овој цитат во книгата, но тој ни доловува еден начин на размислување зад раширената цензура насочена кон жените. Овој водач продолжува понатаму: „Иако многу гневни жени не се согласуваат со Павловата процена, мене ми изгледа дека овие жени кои не веруваат во неговите инструкции и не ги следат неговите учења во многу нешта се како нивната мајка Ева и, иако имаат добри намери, сепак, се погрешно информирани“.2

Дали мора да бидеме гневни за да не се согласиме? Јас и сопругот не се согласуваме секогаш, но јас не станувам

БЕЗ РИВАЛ

130

Page 145: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

гневна. Моите соработници и јас не се согласуваме, но ние не стануваме гневни, а, исто така, и со моите пријатели.

Претпоставката е дека доколку ние не се согласуваме со толкувањето на 1 Тимотеј 2, тоа е затоа што ние сме гневни или погрешно информирани. Не е дозволено да бидеме видени како побожни, како жени кои размислуваат и се љубопитни и жени кои сакаат да ги надминат половите разлики обидувајќи се да бидат послушни на Бог. Не е ни понудена можноста дека Павле можеби се осврнува на некој проблем кој бил присутен во неговата култура, но не е присутен во нашата култура денес.

Ова објаснување, исто така, ни дава погрешен извор за нашиот идентитет. Ева не е нашата мајка. Откако сме нановородени, ние повеќе не сме деца на нашите грешни родители Адам и Ева. Ние стануваме деца на Бог.

Во зборовите на овој автор, јас слушам желба да бидеме замолчени и засрамени. Слушам сексистичко заплашување и омраза кон жените. Но, она што не го слушам е Светиот Дух. Кога Исус подучува и дава инструкции, Тој тоа го прави со љубов и со прифатеност кон сите. Тој ја споредува својата Црква со невеста. Зборовите на овој автор се во согласност со непријателството помеѓу змијата и жените.

Првото писмо до Тимотеј беше напишано од Павле за да обрне внимание на проблемите со кои Тимотеј се соочуваше во црквата во грчката култура. Дали она што важеше за нив, важи и за нас денес, кога апсолутно ништо не е исто во начинот на обожавање или, пак, во културата? Можеби сè уште не сте сигурни. Можеби поради тоа што сакате да му искажете почит на Бог и не сакате никогаш да ги доведувате во прашање водачите, вие ја имате прифатено оваа одредница како ваше место во животот.

Да продолжиме да копаме понатаму. Дали би дозволиле некој на вашата ќерка да ѝ се обраќа со овие зборови? Дали би стоеле покрај неа во тишина согласувајќи се додека некој ја нарекува неспособна, наивна, лесно измамлива или погрешно информирана? Дали овој начин на коригирање или опишување на некој, без разлика маж

131

ПОЛ БЕЗ ПРОТИВНИК

Page 146: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

или жена, е начин кој дава живот и кој е воден од Духот? Дали некогаш си замислувате дека дури и за момент Бог, Таткото, гледа врз која било област од вашиот живот и ве етикетира засекогаш со овие лажни закани?

Јас разбирам дека можеби и вие самите ги имате изговорено овие зборови врз себе самите. Доколку сте Христијанка, одреден временски период можеби ви се случило некој учител или водач да ги изговори истите овие идеи врз животите на жените во твојата црква. Пред извесно време, една жена која има служено со години, се јави во нашата организација и нè праша дали она што таа го прави е во согласност со Светото Писмо поради сите прогонства низ кои поминуваше.

Ова можам да ви го ветам, мои ќерки, мои сестри, мои пријателки: нашиот младоженец и Господ, Исус, никогаш ги нема изговорено овие понижувачки зборови врз вас. Тој никогаш ми нема кажано дека јас не го почитувам со тоа што проповедам. Тоа не значи дека јас не треба да се подобрам – јас се себепроценувам по секоја служба. Верувајте ми, јас го чувствувам коригирањето на Светиот Дух во секоја област од мојот живот. Но, кога станува збор за правење на она што Тој ме има повикано да го правам и како Тој ме гледа, тогаш постои еден постојан шепот на охрабрување. Слушајте што Тој вели за тебе и за мене: Тој те нарекува целосно убава, соодветна и способна. Тој ти има дадено ново срце и жив дух кој те прави мудра и вистинита. Тој те има исполнето со Светиот Дух и ти го има доверено Светото Писмо и, наместо измамена ќерка, очите на твоето разбирање се просветлени со проникливост (Псалм 45:11; Езекиел 36:26; 2 Коринќаните 3:6; Ефешаните 1:18).

Неговата невеста е создадена од мажи и жени. Тој нè има измиено сите нас од нашата нечистотија преку водата на својот збор и во тој процес ги има откупено и двата пола со својата крв. А, сепак, кога читам некои одредени толкувања на 1 Тимотеј 2 на жените кои се собираат редовно во мојот дом за Библиски поуки, јас гледам

БЕЗ РИВАЛ

132

Page 147: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

резигнација на нивните лица заедно со шок и ужас. Постојат некои кои мислат дека она што Тој го кажува има елементи на вистина; можеби во нивното минато тие биле наивни и неспособни. А други, пак, се имаат откажано од тоа дека овие стихови кога било ќе бидат протолкувани на друг начин.

Кога ве прашав за вашите ќерки, дали нешто со воздигна внатре во вас? Се надевам дека нешто жестоко и мајчинско се пробуди во вас. А, што е со вас самите? Дали вам ви одговара да бидете ограничувани отколку да ја имате слободата која Христос ја купи за вас? Доколку не дозволувате вашата ќерка да биде ограничувана, тогаш не треба да дозволите и вие да бидете ограничувана. Во Ефешаните 2:10 ни е кажано: „Зашто ние сме Негова творба, создадени во Христос Исус за добри дела што Бог ги предодредил уште од порано да живееме во нив“.

Јас се надевам и се молам дека никогаш нема да се откажете од себе и да се ставите во позиција да бидете неспособна, наивна и лесно измамлива. Доколку сме погрешно информирани, тоа можеме да го промениме со тоа што ќе се едуцираме и ќе бидеме подобро информирани. Јас одлучив да го прифатам тоа како предизвик за себе самата, собирајќи ресурси од луѓе кои се попаметни од мене. Прво, да ги погледнеме Павловите директиви во поглед едни кон други. Во 1 Коринќаните 14:34-35 читаме:

Жените не треба да го попречуваат обожава- њето, да зборуваат кога треба да слушаат, поставувајќи прашања за кои прилега повеќе да ги прашаат своите сопрузи дома. Божјата книга на заповеди ги води нашите манири и обичаи овде. Жените немаат право да го користат времето за обожавање за неоправдано зборување. (Пораката)

И сега во 1 Тимотеј 2:11-15:

Јас не ѝ дозволувам на жената да ги преземе

133

ПОЛ БЕЗ ПРОТИВНИК

Page 148: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

работите и да му кажува на мажот што тој треба да прави. Тие треба да се трудат да бидат тивки и послушни заедно со сите други. Адам беше создаден прв, а потоа Ева: жената беше измамена прво – како вовед во гревот! – а Адам беше веднаш до неа. Од друга страна, нејзиното раѓање деца донесе спасение. Но, ова спасение доаѓа само до оние кои ќе продолжат во вера, љубов и светост собирајќи го сето тоа во зрелост. На ова можете да сметате со сигурност. (Пораката)

Собирањето на Грците беше со причина сите заедно да учат за христијанството. Жените повеќе не треба да ги заземаат истите позиции како кај паганските народи: позиција на свештенички-гатачки, позиција дадена од храмот на Дијана. Кога ги читаме инструкците на Павле до Тимотеј за редот во црквата, тој не го цитира законот. Тој не го цитираше Исус. Тој му даваше сугестија на Тимотеј како на пристоен начин да ги собере сите верници во грчката култура. Во тоа време, во нивната култура, жените беа гледани како авторитет за духовните работи.3

Во парафразираниот преводот на Библијата Копнеж кој е земен од арамејскиот јазик, Павловите зборови во 1 Тимотеј 2:11-12 звучат вака:

Жените кои се нови верници нека бидат спремни да учат со целосна покорност кон нивните водачи и нека не зборуваат надвор од ред. Јас не препорачувам жените кои се нови верници да подучуваат во црквата и да преземат авторитет над мажите, но тие треба да живеат во мир. Зашто Бог го создае Адам прво, а потоа Ева. Адам не ја прелажа Ева, но Ева го прелажа него и ја прекрши заповедта на Бог. Сепак, жената ќе живее во обновена чест преку нејзините деца, примајќи го благословот којшто доаѓа преку одгледување на децата, преку посветување на децата, одгледани

БЕЗ РИВАЛ

134

Page 149: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

во вера и љубов одејќи во мудрост.

За да најдеме одговори како ова се вклопува во денешната модерна практика, се обратив кај еден теолог и црковен водач која практично има работено на оваа динамика – жените како проповедници и водачи на успешни локални цркви. Д-р Гилберт Бајлзикијен, професор на универзитетот „Витон“, старешина во црквата „Вилоу крик“ предводеше една осумнаесетмесечна студија на проблематиката на жените во водството. Еве некои од неговите откритија кои најпрвин беа запишани во неговата книга Надвор од половите улоги:

Да резимираме, ние заклучивме дека пред падот мажите и жените се однесуваа едни кон други како еднакви, двајцата носејќи го ликот на Бог и повикани да се поврзат заедно, грижејќи се за светот кој Бог го создаде. И мажите и жените се одговорни да ја исполнат нивната служба за слава на Бог на начин на кој Бог ги има обдарено и до степенот до кој тие имаат мера на вера. За жал, за време на падот, оваа заемна врска беше длабока ранета. Ние веруваме дека Божјиот милостив план за откупувањето е сè што беше скршено преку гревот – вклучувајки го односот помеѓу мажите и жените – да биде обновено во убавината која постоеше за време на првите денови на созданието. Многу посветени и интелигентни Христијани не се согласуваат со нашиот заклучок. Доаѓа ден кога сите ние ќе откриеме до кој степен имаме отстапено од Божјата совршена мудрост во поглед на оваа работа, но и на многу други. Но, дотогаш, јас ја држам оваа позиција понизно, но цврсто. Јас сум спремен да го преземам ризикот охрабрувајќи ги жените да го прават она што јас верувам дека Светото Писмо го бара од нив – да бидат целосно достапни за сите духовни дарови.4

135

ПОЛ БЕЗ ПРОТИВНИК

Page 150: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

Доколку жената се чувствува повикана да проповеда, да подучува или, пак, да води, и доколку таа живее живот исполнет со доблести кои се опишани во Светото Писмо, тогаш образувајте ја и дозволете ѝ да прими тренинг за да може да проповеда, да подучува и да води во која било мера со која Бог ја има повикано. Заедно со д-р Бајлзикијен јас ја држам оваа позиција понизно, но сепак цврсто.

Погледот на еден рабин кон Ева

Не толку одамна, имав привилегија да имам подолг разговор со еден брилијантен месиански рабин по име Брајан Билечи. Јас ја споделив со него мојата загриже- ност дека голем број од Божјите ќерки не знаат кои тие

БЕЗ РИВАЛ

136

навистина се. Станува сè поочигледно дека идентитетот и достоинството на Божјите ќерки се под брутален напад од страна на духот на овој свет и премногу Божји домови на обожавање не знаат како да ги негуваат даровите кои Бог им ги има дадено на жените.Јас сакав да дознаам од долгогодишен Еврејски учител што е она што Бог го мисли за своите ќерки. Го замолив да започне со Ева, па понатаму со Сара, па сè до Христовата невеста –

Мажите и жените беа создадени

за да бидат одвоени во

нивниот начинна изразување,

но не и дабидат поделени

во поглед на нивната цел.

Црквата. Рабинот ми кажа многу работи и, еве, неколку извадоци кои сакам да ги споделам со вас бидејќи тие ќе ви помогнат да го зацврстите својот идентитет.

Бог не го сакаше Адам повеќе, а Ева помалку. Од почетокот Ева беше постојано со Адам. Иако Адам беше тој кој ѝ даде име, и Адам беше тој кој имаше потреба од неа, Ева отсекогаш беше Божја идеја. Бог ѝ ги даде на Ева нејзините уникатни женствени погледи кон работите и нејзините начини на изразување. Жената отсекогаш била дел од мажот и тоа е причината поради која мажот е

Page 151: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

подобар со неа отколку без неа (1 Мојс. 2:18). Запознава- њето со Ева ја промени состојбата на Адам од „не е добра“ во „многу добра“.

Од Светото Писмо знаеме дека Адам беше во длабок сон и дека неговата страна беше отворена и Ева беше создадена (1 Мојс 2:21). Мажот и жената беа уникатно раздвоени, но секој еден од нив не е раздвоена половина. И двајцата се целосно потполни. Мажите и жените беа создадени за да бидат одвоени во нивниот начин на изразување, но не и да бидат поделени во поглед на нивната цел. Многу е важно да забележиме дека пред падот немаше поделба на улоги. Затоа, двајцата можат да бидат едно во нивната цел, едно во срцето и едно во нивната физичка унија.

Еден трагичен ден, Ева беше измамена, а Адам се побуни. Изборот на Ева не значеше дека сите жени се однапред предодредени да бидат измамени како што и предавството на Адам не ги предодреди сите мажи да бидат бунтовници. Премногу често слушам обиди Адамовиот грев да се прикаже како некакво помало зло од гревот на Ева. Имам слушнато како неговиот грев се нарекува „пропуст“. Рабинот не се согласува со ова. Тој го потврди она што Светото Писмо го подучува:

Зашто, како што преку непослушноста на еден човек мнозина станаа грешни, така исто и преку послушноста на еден, мнозина ќе станат праведни. (Римјаните 5:19)

Адамовиот грев не беше само пропуст. Најдобро опишано може да кажеме дека беше „своеволна непослушност“, но некои учители го нарекуваат неговиот грев измамничко бунтовништво и предавство.

Се прашувам дали Адам и Ева можеби се обидоа да направат еден вид кражба на идентитетот: впрочем, тие сакаа да бидат Бог!

Во нашата куќа, кога децата своеволно ги игнорираат

137

ПОЛ БЕЗ ПРОТИВНИК

Page 152: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

советите на родителите и ги слушаат гласовите на нивните пријатели или, пак, гласовите еден на друг, ние не ги нарекуваме нивните постапки пропусти. Ние го нарекуваме нивниот избор непослушност. Во војнички термини, доколку некоја заповед своеволно не ја послушаме, тоа се нарекува непокорување, а не пропуст. А сега, прочитајте го Божјиот опис на Адамовиот престап:

Бидејќи ја послуша жената твоја и вкуси од дрвото, од кое ти забранив и реков: – не јади од него – затоа земјата нека биде проклета за тебе; со маки ќе се храниш од неа сè до крајот на својот живот. (1 Мојс 3:17)

Од некоја причина, се има појавено еден тренд кој ја минимизира улогата на Адам (јас не знам зошто некој би чувствувал потреба да ги брани изборот и делата на Адам бидејќи сите ние сме сега опкупени во Христос). Овие приврзаници ги охрабруваат мажите да се подигнат и да бидат добри водачи, совети на коишто јас со целото срце велам „да и амин“. Јас се согласувам дека имаме очајна потреба од луѓе кои ќе бидат добар пример за мажите. Мојата загриженост се појавува поради начинот на којшто некои луѓе го застапуваат овој процес. Тие веруваат дека мажите во Црквата би биле подобри водачи доколку ги замолчат гласовите на жените, користејќи го првиот пад за нивниот начин на размислување.

Јас наоѓам многу грешки во овој начин на размислување и пристап. Постои малку сомнеж дека многу зло би било избегнато доколку Адам истапеше и ја кажеше вистината. Неговиот увид и вниманието на Божјата заповед најдобро ќе беа употребени против змијата-измамникот, а не кон Ева. Адам требаше да го употреби својот глас за да ја замолчи змијата; бидејќи не се бориме против крв и месо. На ист начин, денес мажите треба да го искористат својот глас да го замолчат злото, а не жените кои Бог ги има создадено на Негов лик и ги нарече добри.

БЕЗ РИВАЛ

138

Page 153: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

Најдобар начин да заштитите некој од повторување на грешките во иднина е преку отворени совети, а не преку забранување. Фактот дека Ева направи голема грешка во нејзиното минато не треба да ги замолчи гласовите на нејзините ќерки во иднината, како што и Адамовиот грев не треба да ги врзува неговите синови! Повеќе од дваесет века мажите и жените учат едни покрај други во Црквата. Време е да научиме кои сме во Христос и да водиме едни покрај други како што бевме првобитно создадени да функционираме во градината. Мажите да водат како мажи, а жените да водат како жени.

Сега, ние го имаме примерот на Исус, кој ни го покажа правилниот начин на разговор со сатаната:

Бегај од мене, сатано, зашто е напишано: „на Господ твојот Бог, да му се поклонуваш и само нему да му служиш!“ (Матеј 4:10)

Ние треба да бидеме ехо на Божјите зборови, а не да се подредиме на дуел на аргументи. Ајде да му служиме на Бог толку фасцинантно што ќе бидеме живи, движечки аргументи на живеење на живот на вера. А нашиот најголем и единствен пример е Исус. Ние треба да одиме како што одеше Тој. Ние треба да го следиме Него повеќе од следењето на кој било друг, вклучувајќи го и Павле. Павле самиот го советуваше Тимотеј да го следи него, но само на начин и во согласност со примерот кој тој го следеше во Христос: „Угледајте се на мене, како и јас на Христос“. (1 Коринќаните 11:1)

Сатаната лаже, Бог исцелува

Сатаната ги ограбува мажите и жените кога ние ги слушаме неговите совети кои разделуваат давајќи му сила на едниот пол преку одземање на силата од другиот пол. Времето поминува. Време е да почнеме да ги следиме наредбите на Исус и да продолжиме да го бараме она

139

ПОЛ БЕЗ ПРОТИВНИК

Page 154: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

што е изгубено (Лука 19:10). Време е Црквата да биде жив пример за скршениот и поделен свет, пример во поглед на расата, генерациите и во поглед на обединетост меѓу половите. Преку погрешно справување со овој проблем на половите, ние ги имаме оставено и двата пола поделени и ранети. Кога ќе го повратиме нашиот идентитет даден од Бог, тогаш започнува и исцелението на половите.

Понекогаш конфузијата е толку голема што жените го доведуваат во прашање нивниот полов идентитет чувствувајќи се дека тие требало да се родат како маж. Многу се обидуваат сами да се исцелат преку промена на нивниот пол или преку прифаќање на поделена полова припадност. Прочитајте ги зборовите на Бог изговорени преку пророкот Исаија:

Каква неразумност! Можеме ли да го сметаме грнчарот за глината? Ќе каже ли делото за оној што го направил: тој не ме направи? И ќе каже ли направеното за мајсторот свој: тој не разбира? (Исаија 29:16)

Прашањето останува, дали ние му веруваме на Бог? Дали веруваме дека Тој е добар и мудар и дека нема направено грешка кога нè има оформено во утробата на нашите мајки како ќерки? Дали Тој може да има цел во нашето разочарување, цел која ние ја заобиколуваме земајќи ги работите во наши раце?

Верувајте ми, јас ги разбирам раните. И јас, исто така, знам дека за многу болката е предлабока за јас да ја разберам... а, сепак, Бог може да посегне и да го допре она што човечките раце никогаш не можат да го исцелат. Јас многу добро се сеќавам на мојата одбивност да го прифатам фактот дека сум жена. Јас не знам дали причината за ова беше мојот променлив однос со мојата мајка или, пак, можеби беше прв отворен напад на непријателот за да ги поткопа Божјите планови за мојот живот. Без разлика дали причината беше некој инцидент во мојот живот,

БЕЗ РИВАЛ

140

Page 155: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

односи со другите жени, средби во црква, вистината е дека јас не ги сакав ранливите особености кои се поврзани со тоа да се биде жена. Јас бев како момче додека растев и имав повеќе машки пријатели отколку пријателки. Момчињата ми се допаѓаа повеќе. Кога дојде времето на пубертетот, јас се чувствував како странец принудена да бидам во еден розов и убав свет. Девојчињата зборува јазик на загатки и шепоти, јазик кој јас не го разбирав, и тие се движеа со благодат и убавина, работи кои оваа, како момче, девојка не ги поседуваше. Низ средното образование јас носев фармерки и големи џемпери со цел да го скријам недостатокот на моите женствени облини и на тој начин да ја скријам мојата болна совест.

Кога јас и Џон се веривме, јас се обидов внимателно да му објаснам дека јас сум во женско тело, но имам машки мозок (Џон веднаш ми кажа дека не постои таква опција!). Гледано од позитивна точка, јас искрено верувам дека голем дел од ова размислување беше Божји начин да ме подготви за живот со четири сина! Бог ме зеде на патување кон исцеление. Тој дошепна интимна вредност во мојата женственост. Во Неговата присутност, сиот срам со кој религијата го имаше облечено ликот на жената беше заменет со наметки на убавина. Тој посегна длабоко во мојата душа и ми даде храброст и сила на местото на страв и менталитетот на жртва кој мајка ми несвено ми го имаше прикачено на мојата женственост. Научив да го сакам моето тело, не само поради тоа како изгледа, но поради тоа што сè може да направи. Тоа беше процес и патешествие кое имав можност да го споделам за и други да најдат исцеление.

Но, што ако јас се најдам себеси борејќи се со мојата женственост во овој ден и на овие години кога промената на половата припадност се поттикнува и дури и се прославува? Нашата култура би ми кажала да ги земам работите во свои раце и да станам маж! Но, доколку го направам тоа, јас би го одвратила Божјиот исцелителен процес и сите лекции кои сум ги научила попат. Кога ќе

141

ПОЛ БЕЗ ПРОТИВНИК

Page 156: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

престанеме да се споредуваме една со друга, тогаш ние се наоѓаме во состојба да се прифатиме себеси со сите наши недостатоци.

Кои се некои од чекорите кои можете да ги направите за да го започнете овој процес на исцеление?

Молете се. Барајте Светиот Дух да ви даде срце кое не е поделено и да ви го открие секое погрешно размислување и области каде не сте послушни. Половите предрасуди и огорченоста можат лесно да се прикрадат и да го замаглат нашиот поглед кон себе самите и кон другите. Молете се да бидете служителка на помирување, а не на поделби.

Покорете ја својата волја на Бог. Можеби сте се воздржувале или, пак, се имате криено зад правилата на мажите наспроти тоа да му бидете послушни на она што го знаете и што го имате видено во Светото Писмо и што ви било откриено во молитва. Можеби имате дозволено стравот од мажите (или, пак, стравот да бидете жена) да ве чува понастрана од волјата на Бог. Прашајте го Бог како големата заповед треба да изгледа во твојот живот во оваа сезона со разбирање дека може да изгледа поинаку во наредната сезона.

Запознајте го својот непријател. Ние не се бориме против месо и крв. И кога се двоумиме, ние се однесуваме како двојни агенти. Јаков ни кажува дека откако ќе му се покориме на Бог, треба да му се спротивставиме на ѓаволот и тој ќе побегне.

Испитај го својот живот и разговорите. Што е она што го говориш и го правиш што можеби ја потхранува половата предрасуда? Доколку Светиот Дух ти има откриено области во твојот

БЕЗ РИВАЛ

142

1.

2.

3.

4.

Page 157: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

живот каде имаш направено компромиси, тогаш е многу веројатно дека овие предрасуди или огорчености се пренесени на тој начин.

Заземи став. Луѓето кои немаат став за ништо, ризикуваат да паднат на сѐ. Оние кои се противат на тоа мажите и жените да работат заедно, се имаат поставено себе самите ненамерно наспроти Божјиот оригинален план.

Бори се за единство во телото Христово. Мажите и жените не се противници. Ние сме браќа и сестри, чувари и блиски сојузници. Ние требада одиме заедно во заедништво и заедничка почит и чувства како кон браќа и сестри. Ние треба да ги охрабруваме даровите кои ги имаме. Бог никогаш не би им дал на жените глас доколку имал намера тие да молчат. Бог знаеше дека Адам и нашиот свет ќе имаат потреба од гласот и од влијанието на жените.

Комплементарни и меѓусебно зависни

Јас сакам моите внуки да бидат охрабрени да размислува- ат, да студираат и да поставуваат прашања за навистина да можат да научат и, на тој начин, да ја живеат нивната вера. Ние велиме дека жените можат да бидат нановородени, но сè уште постојат доктрини и науки кои одрекуваат дека тие се вистински и целосно ослободени. Би било многу поточно да се каже дека поголемиот број жени се слободни да оперираат во рамките на Црквата, но не и во поглед на големата заповед на Христос.

Немудри мажи и жени се обвинуваат едни со други за нивните лоши избори уште од времето на градината. Обвинувањата и посрамувањата не помагаат никому да се движи напред. Обвинувањето и срамот ја заматуваат водата и го замаглуваат изгледот и на синовите и на

143

ПОЛ БЕЗ ПРОТИВНИК

5.

6.

Page 158: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

ќерките. Оваа тактика го прави она што Бог го има направено чисто во Христос повторно да изгледа како валкано и непристојно.

Половите се создадени за да ја покажат божествената убавина. Но, за жал, ние се имаме оголено едни со други од нашето божествено достоинство и сила во обид да добиеме едни од други дозвола и афирмација кои само Бог може да ги даде. Бог нè има создадено за да ги прославуваме разликите кои ги имаме, а не да ги омаловажуваме и да не ги почитуваме.

А сега, во Христос, нашата голотија е облечена во праведност. Во Христос, запомнете дека и мажите и жените се сојузници, а не противници. Павловите зборови во 1 Коринќаните 11:10-12 ни даваат подобра слика за тоа што ние можеме и треба да бидеме едни за други. Ајде да го разгледаме овој пасус, стих по стих. Парафразираната форма на стихот 10 од Пораката вели:

Немој да гледате премногу на разликите помеѓу мажите и жените. Ниту мажите ниту жените не можат сами и не можат да кажат дека тие имаат приоритет.

Во Христос, мажите и жените се меѓусебно зависни, а не независни. Нашиот извор е Бог, но овие стихови го покажуваат она старо соперништво попознато како борба на половите.

Нашите разлики имаат цел ние да се надополнуваме едни со други. Каде постои меѓусебна зависност и вклученост, надмоќноста и хиерархијата исчезнуваат. Поетските зборови на Пораката продолжуваат да го разоружуваат ова соперништво на следниот начин:

Мажот беше создаден прв како убав отсјај и одраз на Бог – тоа е вистината. Но, главата на телото на жената повеќе од јасно ја надминува убавината на главата на мажот кој е „глава“ на

БЕЗ РИВАЛ

144

Page 159: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

жената. (стих 11)

Овде Павле го променува начинот на говор од машки и женски пол кон маж и жена. Јас ја сакам вредноста која овој стих ја дава и на двата пола. Мојот маж прави јас да изгледам добро преку начинот на којшто тој го сака Бог, мене, нашите деца, на ист начин на којшто јас сакам тој да изгледа добро преку начинот на којшто јас го сакам Бог, нашето семејство и него. Павле, потоа, се враќа кон поопштата тема на половите, а не кон динамиката на бракот.

Првата жена дојде преку мажот, навистина – но, оттогаш па наваму секој маж доаѓа преку жената! (стих 12)

Потеклото на жената е проткаено во внатрешноста на мажот, а сега мажот е проткаен внатре во утробата на жената. Жената беше на почетокот родена од мажот, Адам, а потоа секој еден од нас е нановороден од вториот Адам, Исус. Павле продолжува понатаму:

И бидејќи на крај сè доаѓа од Бог, ајде да престанеме да се расправаме за тоа „кој е прв“. (стих 12)

Соперништвото за тоа кој е прв и кој е најдобар, треба моментално да застане со откровението за тоа кој е Бог. Ние треба да ја обновиме нашата божествена перспектива дека само Бог е свет. Тој е прв и последен, почеток и крај, нашиот Алфа и Омега. Никој не може да води или, пак, да сака како нашиот Татко.

Ова значи дека Тој не ги сака синовите повеќе, а ќерките помалку. Ниту, пак, дека Тој ги сака и двата пола подеднакво. Не, Тој ги сака и двата пола на уникатен начин. Кога ние ги воздигаме едните над другите, ние отстапуваме од сликата на Бог, бидејќи Бог ги има избрано и двата пола да бидат одраз на тоа кој Тој е.

145

ПОЛ БЕЗ ПРОТИВНИК

Page 160: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

Мажите и жените во раната Црква

Без правилно разбирање на нашата историја, ние честопати ја потценуваме нашата иднина, но јас не се сомневам дека Светиот Дух го раскинува превезот кој непријателот се обидува да го стави врз нашето разбирање. Кога го разгледуваме Светото Писмо, не можеме да побегнеме од фактот дека првата Црква имаше сила која не беше за потценување. Иако нивната култура се обидуваше да го ограничи нивното движење, тоа, сепак, само послужи како причина да се прошират и да заземат нови територии. Тие не се исплашија од наредбите на земските цареви бидејќи тие веќе се имаа поклонето пред Севишниот Бог. Тие одеа секојдневно со знаци и чуда. Тие живееја со разбирање дека нивниот авторитет се наоѓа во сфера што не се гледа.

Тие беа потврдени преку Божјиот Дух, издвоени за големи дела. Немојте да се обидувате да си замислувате дека мажите беа на една страна и жените на друга страна во нивните храмови; најчесто тие се среќаваа во домови, на пазар, во тајни собиралишта, во катакомби, па дури и на бродови и во затвори. Овие верници беа од секое племе, јазик и обичаи, а, сепак, беа обединети преку еден и ист Свети Дух; и двата пола стоеја заедно оформувајќи едно тело, невестата Христова. Кога ние сме едно, постои само Божјата страна. Тие го споделуваа евангелието од куќа до куќа. Нам ни е дадена слика како ова тело органски растеше во Дела 2:42-44:

И беа истрајни во учењето на апостолите, во заедничкиот живот, во прекршување на лебот и во молитвите. И страв ја обзеде секоја душа, зашто многу чуда, знаци се вршеа преку апостолите. А, сите што веруваа, беа заедно и сè им беше заедничко.

Изразот „сè им беше заедничко“ не треба да биде ограничен само на нивните потреби; тоа го вклучува

БЕЗ РИВАЛ

146

Page 161: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

нивното обожавање, стравопочитта, заедништвото, оброците, молитвите и сè што поседуваа. Заедничко означува меѓусебно, општоприфатено, секојдневно и заедница.

Мажите и жените беа доволно блиску да бидат посветени едни кон други во областа и на заедништвото и на учењата. Учење без заедништво не создава заедница која им служи на потребите на другите. Учењето без дискусија води кон менталитет на посебна елита и ја искривува вистината. Она што го учиме е тестирано преку тоа како ја живееме вистината, а не преку она што го знаеме за вистината. Премногу се држани како заробеници од страна на конфликтот за она што тие го знаат во нивните глави, а не го живеат во нивниот секојдневен живот. Потребно е и семејство и пријатели за да нè држи целосни во нашиот став и апликација на вистината.

Во раната Црква жените имаа глас. Доколку не беше така, тогаш инцидентот со Ананија и Сапфира би се одиграл поинаку. Во Дела 5:1-11 ни е опишана приказната во која мажот без присуство на неговата жена, го лаже Петар и како резултат на тоа умира. Три часа подоцна, неговата жена се појавува. Таа не знае ништо за смртта на нејзиниот сопруг, но таа знае каков одговор треба да им даде. Кога Петар ја прашува, таа ја повторува лагата за која таа и нејзиниот маж претходно се согласиле и, исто како и него, и таа умира. Мојата поента овде е дека под влијание на учењето на покорноста кое го примаме денес, таа само би ги „почитувала желбите на нејзиниот маж“ со нејзиното лажење. Но, кога Сапфира одлучи да излаже наместо да ја каже вистината, казната беше нејзиниот живот. Таа го злоупотреби нејзиниот глас. Доколку ја кажеше вистината на Петар, таа ќе беше жива.

Кога постои големо откровение за милоста и благодатта, тогаш нема простор за кој било да биде изоставен. Многумина од нив ја искусуваа ова динамика по првпат. Она што првобитниот пад го имаше одземено, Бог сега ги имаше помазано за да бидат дел од обновата.

147

ПОЛ БЕЗ ПРОТИВНИК

Page 162: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

Мажите и жените работат заедно на „полето на нивните градови и крајните предели на земјата“ со благодат и сила. Дела 2:46-47 го опишува ритамот на раната Црква на следниот начин:

И секој ден еднодушно престојуваа во храмот и, прекршувајќи леб по куќите, се хранеа со радост и со чисто срце. Го фалеа Бога и стекнуваа благонаклонетост кај сите луѓе. А, Господ секој ден ги придодаваше спасените кон нивното мноштво.

Овие стихови го опишуваат секојдневниот ритам кој благодетно беше врз раната Црква. Еврејските верници заедно го посетувале храмот, се собирале по домовите исполнети со заедништво, седеле околу масите со благодарни и дарежливи срца. Нивните животи изобилувале со слава кон Бог и тие чекореа со благонаклонетост од страна на луѓето.

Зошто би си замислувале дека невестата на Исус, Неговата Црква, би ја исклучила, омаловажувала, понижувала или, пак, намалувала улогата на жената? Зошто ние ја имаме прифатено лагата дека ние, исто така, не сме херои?

Премногу долго идејата за тоа мажите и жените да бидат заедно лежи скриена. Последиците на живеење на животот поделен од себичноста и предрасудите ги има рането и двата пола.

Но, ова не е крајот на приказната ниту, пак, ова е последниот збор. Во планот на небото, полот не е проблем на ранетост ниту, пак, е бојно поле за соперништво. Ние сме собрани заедно преку нашите разлики, и ние сме посилни заедно отколку раздвоени. Големината на Божјите синови и ќерки кои живеат како едно можеби допрва треба да биде откриено на земјата. И преку нашето единство, сликата за Бог ќе биде разоткриена и Божјата слава конечно ќе засвети во сета нејзина убавина.

БЕЗ РИВАЛ

148

Page 163: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

149

ПОЛ БЕЗ ПРОТИВНИК

Прашања за дискусија

Кои се некои од битките за кои мажите треба да се борат сами?

Како жена, дали некогаш ја имаш искусено тензијата помеѓу повикот од Бог и ограничувањата од тра- дициите на мажите?

Како изгледа во твојот живот Големата Заповед?

Како се чувствуваш ти лично кога некој те опишува како „неспособна“, „наивна“, и „полесно измамли-ва?“

Како можеш да ги зголемиш своите вештини во поглед на тоа како го опслужуваш евангелието?

Во кои области се наоѓаш како заробена во играта наречена обвинување?

1.

2.

3.

4.

5.

6.

Page 164: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината
Page 165: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

7Соперништвото помеѓу стравот

и љубовта

Љубовта е убавина на душата.

Св. Августин

Пред извесно време, Џон и јас направивме заедничка сесија со прашања и со одговори на тема брак во една

од нашите омилени цркви. Овој собир во недела навечер беше собир на луѓе кои се чувствуваат како семејство меѓу себе. Кон крајот на сесијата, дојде и најголемото прашање: „По триесет години брак, гледајќи наназад, дали постои нешто што би го направиле поинаку?“ Овој пат мене ми беше редот да одговорам. Со краткото време кое го имав за да одговорам, сакав да бидам искрена, но и прецизна. Зедов длабок здив и исповедав: „Јас би му дозволила на Џон да направи повеќе грешки, а за возврат јас би го сакала без страв“.

Одеднаш како еден бран да помина низ сите кои беа присутни. Од таму каде што јас седев, видов мажи и жени како брзо ги бришат своите солзи; имаше многу длабоки воздишки и тивки потврдни одговори. Стравот е најголемиот противник на љубовта... подеднаков во својата сила и смртоносен во способноста да корумпира.

Многу од работите за кои се плашев во нашиот брак, никогаш не дојдоа ниту блиску да бидат остварени. Грижите кои ме измачуваа навечер само ми донесоа брчки

151

Page 166: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

на моето лице. Тие не беа ништо повеќе од само мали линии на платното на мојот живот направени со четка за сликање. И ова не беше поради моите добри способности да го насликам мојот живот како што јас сакам; туку поради прекрасната верност на Бог.

Јас не уживам во тоа да правам грешки исто колку што и вие не уживате во тоа. Но, гледајќи наназад, јас би сакала да преземев повеќе ризик. Од оваа страна на небото, јас никогаш нема да дознаам колку многу стравот нè има ограбено и двајцата. Но, го знам ова... стравот е ужасен брачен советник. Тој ќе те парализира и ќе го држи заробено она што љубовта копнее да го ослободи во постоење. Без разлика дали ние го разбираме ова или не, но љубовта и ризикот се интимно поврзани.

Јас бев воспитана во дом каде што стравот владееше, а не љубовта. Стравот имаше постојан глас во бракот на моите родители. Тој беше проткаен во нивното пријателство и ги исцеди финансиите на нашето семејство. Никогаш немавме доволно пари, никогаш доволно љубов и никогаш доволно луѓе за да им веруваме. Стравот одекнуваше со звуци на пропаст низ собите на нашата убава куќа и се одбиваше од ѕидовите кои беа без слики. Мојот татко беше градител, но стравот се погрижи за тоа да живееме во куќа која никогаш не ја чувствувавме како дом. Безбројни ноќи мојот брат и јас лежевме во нашите кревети мачејќи се да заспиеме додека нашите родители се караа доцна во ноќта. Со помош на џебна батерија ги запишував моите забелешки во мојот дневник и давав ветувања во темнината. Си мислев дека овие искрени и длабоки забелешки ќе ме заштитат. Си ветив себеси дека никогаш нема да бидам ранлива. Моите родители на крајот се разведоа – двапати – и на крај се раздвоија и си заминаа како непријатели, а не како пријатели.

Кога станав христијанка, моето срце најде дом, но тоа не значеше дека знаев како да се однесувам во него. Во првата деценија од нашиот брак, јас морав да се соочам со многу од лажните безбедносни мрежи кои ги имав

БЕЗ РИВАЛ

152

Page 167: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

поставено како дете. Одбивајќи да бидам ранлива, значеше дека јас не знаев како да простам или да прифатам простување. Јажињата на овие мрежи беа замотани околу мене и речиси го задушија нашиот брак. Мојот сопруг не беше нималку сличен на мојот татко, а јас не бев како мојата мајка, а, сепак, постоеја моменти на несогласувања кога јас ги изговарав истите оние навредливи зборови кои ги научив кога моите родители мислеа дека јас спијам.

Јас го донесував нивното наследство на страв во мојата иднина и јас морав да престанам со ова пред тоа целосно да завладее со нашиот дом. Несовршеноста на Џон ги покажуваше моите несовршености во многу поголема мера од она што јас првично го замислував. Наместо да го правам она што знаев дека е вистина, јас се однесував во согласност со сценариото кое го имав научено во моето детство.

Иако ми беше простено многу, јас покажував милост кон Џон многу скржаво. Нашиот брачен завет многу бргу стана договор, а нашата љубов се намалуваше сè повеќе.

Јас одбивав да го сакам Џон без страв затоа што јас бев уплашена.

Во обид да се заштитам себеси, започнав да преземам контрола врз поголем дел од имотот на моето срце. Во првите неколку години на нашиот брак, открив дека Џон имаше донесено порнографија и мастурбација во нашиот однос (Џон и јас сме многу отворени околу ова). Заборавајќи колку многу Џон беше милостив кога стануваше збор за моето минато, јас, сепак, се оддалечив од него. Исусовите зборови да простиме како што нам ни е простено, исчезнаа кога дознав за гревот на Џон. Јас живеев во страв и го држев Џон во срам додека тој се бореше да се ослободи без никаква поддршка од моја страна. Ние не пристапивме кон ова како кон наш предизвик... туку ова беше негов предизвик. Една од причините поради која не му помогнав беше поради тоа што јас почнав да ја чувствувам тежината на моето минато како ме повлекува надолу и, како резултат на тоа, јас верував дека јас не

153

СОПЕРНИШТВОТО ПОМЕЃУ СТРАВОТ И ЉУБОВТА

Page 168: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

заслужувам ништо подобро од она што го искусувам сега.Почнавме да се караме постојано. Јас се оддалечив

емотивно и гледав од дистанца како тој се измачува. До некоја мера судејќи го, правеше да се чувствувам безбедно. Доколку тој не се промени, тогаш јас не морам да му простам. Ова предизвика и други области на нашиот живот да бидат под стрес. Немам никаков сомнеж дека ова ги направи првите неколку години од нашиот брак многу потешки од она што требаше да бидат.

Една ноќ, во сета моја лутина и скршеност, јас извикав кон Бог: „Јас ќе му простам кога тој ќе се промени“.

Што се однесуваше до мене, сета доверба помеѓу мене и Џон беше скршена и јас не сакав да бидам разочарана уште еднаш. Бог ми одговори со прашање: „Дали ми веруваш, Лиса?“

„Да“.„Добро. Тогаш, сакам ти да му простиш на Џон за тој

да се промени“.Тој дури ми даде и зборови да ги кажам: „Јас верувам

дека сакаш да се промениш и јас ти простувам“.Ова беше потполно спротивно од моето нормално

сценарио, кое одеше вака: „Јас ќе ти поверувам дека ти е навистина жал кога ќе се промениш“.

Овој нов начин на размислување беше толку поразличен од она што го знаев дотогаш, така што со сигурност знаев дека ова беше Бог кој ме водеше. Кога ја искажав оваа безусловна милост кон Џон, тогаш започна процесот на исцеление и за двајцата. Тој беше во можност да излезе од темнината на срамот кон светлината каде што најде слобода од неговото ропство. Оваа промена во начинот на размислување беше точка пресвртница. Јас можев да му верувам на Бог којшто не се менува.

Бестрашна љубов

Основата на бестрашната љубов не е заснована врз однесувањето на личноста туку врз прекрасната верност

БЕЗ РИВАЛ

154

Page 169: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

на Бог. Кога јас ги исповедам моите гревови и борби на Таткото во името на Исус, јас никогаш не останувам засрамена. Тој верува дека мојата иднина ќе биде подобра.

Не е необично кога луѓето нè разочаруваат ние да започнеме да ја дистрибуираме нашата љубов во согласност со нивните грешки со цел да го минимизираме ризикот во иднината. Плашејќи се целосно да се предадеме... ние се воздржуваме. К.С.Луис многу мудро ја има објаснето грешката на овој начин на пристап во неговата книга Четирите љубови:

Да се љуби значи да се биде ранлив. Кога љубиме што било, тогаш нашето срце ќе биде исцедено и можеби скршено. Доколку не сакаш твоето срце да биде недопрено, тогаш не треба да го даваш никому, дури ни на животните. Замотај го внимателно со активности и по некои задоволства; избегнувај какви било врски. Заклучи го на безбедно во ковчегот на својата себичност. Но, во тој ковчег, безбеден, темен, неподвижен, без воздух, срцето ќе се промени. Нема да биде скршено; но ќе стане нескршливо, непробојно, неоткупливо. Да се љуби значи да се биде ранлив.1

Тоа е тоа. Да се љуби значи да се биде ранлив. Можеби не ни се допаѓа оваа комбинација, но јас имам научено дека не постои начин да се избегне ова (верувајте ми, се имам обидено). Но, не претпоставувајте дека да се биде ранлива значи доведување на себе самата во позиција да бидете повредени. Всушност, шансите се поголеми дека вие се доведувате во позиција да бидете оправдани бидејќи љубовта никогаш не изневерува.

Ајде да го разгледаме малку подлабоко ризикот наречен ранливост. Една од дефинициите за ранливост е да се биде „разоткриена“. Ранливоста лесно може да биде споредена со тоа да се биде гола. Да се биде гола е ризична работа бидејќи тогаш не постои ништо скриено

155

СОПЕРНИШТВОТО ПОМЕЃУ СТРАВОТ И ЉУБОВТА

Page 170: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

и ништо не е заштитено. Љубовта идеално означува место на безбедност каде ти се наоѓаш гола и без срам.

Нашата култура премногу бргу прави скок од тоа да се биде гола кон нешто сексуално. Јас зборувам за тоа да се биде гола и без страв, со срце кое е целосно отворено. Нашата најсилна позиција е позицијата кога стоиме пред Бог сосема отворени. Можеби звучи спротивно на она што здравиот разум ни го кажува, но многу е подобро да се биде гола пред Бог отколку залудно да се обидуваме да ја покриваме нашата човечност со партали на срам или, пак, со наметки на себеправедност.

Исус стана ранлив наместо нас кога Тој се соблече Себеси од Неговата божествена природа за да стане како нас, за да можеме ние да станеме како Него. Исус стана ранлив за нам да ни ја открие Божјата љубов. Токму ова е причината поради која ние можеме да љубиме без страв... да веруваме смело... и да се надеваме чудесно.

Доколку сакате да љубите без страв, тогаш мора да верувате смело. Фрлете ја котвата на вашата надеж во длабоките води за да предизвика шок кај другите.

Верата, надежта и љубовта: овие три се едно. Тие живеат во хармонија и се испреплетени една со друга за да ни дадат сила да можеме да стоиме. Најголема од овие три сили е љубовта. Без љубов не постои искрен чин на вера и без љубов не постои надеж.

Бог е љубов. Љубовта е вечна. Љубовта никогаш не изневерува, и ништо од она што ѝ е доверено на љубовта не може да биде загубено, и сè што е родено во љубов не може да умре. Но, постојат одредени места каде што љубовта не расте; љубовта не може да напредува во присуство на нејзиниот противник, а тоа е стравот. Стравот има свој крај – всушност, стравот е како слепа улица. Стравот е нечист дух кој води во измачување. Стравот се пробудува во сенките на сомнежите, додека љубовта ја црпи својата мудрост од светлината на верата. Доколку го слушаш советот на стравот, премногу долго или премногу внимателно... тогаш со сигурност ќе паднеш.

БЕЗ РИВАЛ

156

Page 171: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

Пред многу години, кога ја пишував мојата прва книга, имав откровение дека спротивното на стравот не е верата или, пак, храброста... туку љубовта. Требаше да ја запаметам лекцијата од моето детство дека љубовта беше таа која го направи страшливиот лав од Волшебникот од Оз храбар. Оваа

Стравот е нетрпелив и лош додека завидува и се гордее; тој е арогантен и нељубезен. Стравот си го бара своето; иритира и е гневен; се радува на неправдата, а не на вистината. Стравот не донесува ништо, верува во ништо, не се надева на ништо, не трпи ништо. Стравот има крај.

Плодот и мотивите на стравот се во сосема спротивност на патот на љубовта. Секое едно добро кое го имам направено, секоја една животна лекција која ја имам научено се имаат случено кога минав од другата страна на превезот на стравот.

Во светот постојат луѓе кои се трагачи по возбуда, луѓе кои го сакаат адреналинот на опасноста. Тие се храбри, но само оние кои љубат се без страв.

Бог е љубов. Љубовта нема страв. Бог нема страв. Ние сме Божји. Ние можеме да љубиме без страв. Ние се позиционираме да љубиме без страв кога ја примаме Божјта љубов без страв која Тој ја има за нас. Оние кои љубат без страв... живеат без страв.

Можеби оваа прогресија изгледа очигледна, но, сепак, постојат многу кои се однесуваат како Бог да е изненаден од она што се случува. Ние знаеме да се исплашиме или да се налутиме од она што го слушаме и го гледаме, и ние си претпоставуваме дека Божјиот одговор кон злобата,

157

СОПЕРНИШТВОТО ПОМЕЃУ СТРАВОТ И ЉУБОВТА

Спротивното на стравот не е

верата или, пак,

храброста...туку љубовта.

идеја навистина стана појасна кога ги придодадов спротивните атрибути на стравот во текстот од 1 Коринќаните 13:

Page 172: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

лошотијата и кон несреќите би бил ист како и нашиот одговор. Но, не е така.

Совршена љубов

Без мотивот на љубовта, храбрите само се фалат со нивната надмена сила. Нивните дела се мотивирани со цел да ги импресионираат другите наместо да ја покажат нивната љубов. Да се изгледа храбро не е доволно, затоа што најхраброто нешто што некој може да го направи е да се постави себе самиот да биде повреден со цел да заштити некој друг. Ова значи дека постојат времиња кога треба да ги положиме нашите животи наместо да станеме и да се бориме.

Никој нема поголема љубов од оваа: да ја положи душата своја за своите пријатели. (Јован 15:13)

Пораката вели вака:

Ова е најдобриот начин да љубите. Поставете го својот живот на линијата на опасноста заради вашите пријатели.

Оваа постапка не е глума... ова е нешто што го правиме за пријателите. Прва Коринќаните 13:3 ги опишува храброста и жртвата без љубов на следниот начин:

И да го раздадам целиот свој имот, да го предадам телото да ми изгори, штом љубов немам, ништо не ми користи.

Завет на сиромаштво или, пак, да се биде маченик без љубов не не е ништо друго туку религиозна жртва.

Исус беше длабоко возљубен од неговиот Татко, и Тој избра да нè љуби нас исто толку длабоко како што Таткото го љубеше Него. Љубовта му даде сила да издржи во верата, а ние сме Неговата визија на надеж.

Исус ме засака и покрај моето минато. Тој не се

БЕЗ РИВАЛ

158

Page 173: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

плашеше дека јас ќе направам грешки во иднината. Тојзнаеше дека јас ќе го направам тоа. Иако сите ние правиме грешки, тоа не значи дека ти самата си грешка. Доколку мислиш дека си грешка... тогаш грешиш.

Дури и кога правам грев, тоа не значи дека јас сум грев. Без разлика како јас се чувствувам, Исус ме има направено праведна. Најбестрашниот и најљубовен одговор кој можам да го дадам за надежта, која Тој ја има за мене, е да искажам почит кон Неговата вера со послушен живот.

Зашто Оној кој не знаеше за грев, Бог за нас го направи грев, та преку Него да станеме праведност Божја. (2 Коринќаните 5:21)

Исус ни вети дека Тој е одговорот кој е многу поголем од кој било од нашите проблеми. Ти можеш да го потрошиш сето свое време и енергија фокусирајќи се на својот грев и нема да биде премногу долго кога сè што ќе можеш да видиш ќе биде само тоа, гревот. Ти ќе бидеш обземена од твојата грешност и кога тоа ќе стане премногу за тебе, тогаш ќе се свртиш кон грешноста на другите. Јас никогаш не се изненадувам кога ќе откријам дека некој водач кој е строг кон другите е уште построг спрема самиот себе. Кога јас се гледам себеси, јас гледам мани; кога гледам кон Христос, моите несовршености се губат во Неговата убавина. Погледот што го гледам од Неговата страна ми се допаѓа многу повеќе.

Кон Него погледнете и разведрете се, и лицата ваши нема да се посрамат. (Псалм 34:5)

Исус не дозволува нашите гревови и сенки да ја намалат Неговата љубов. Кога ние се чувствуваме ранливи, тоа е совршено време да го подигнеме нашиот поглед во надеж наместо да го одвратиме нашиот поглед засрамени. Неговата совршена љубов се спротивставува на сите стравови. Зошто да им дозволам на моите несовршени стравови да се противат на Неговата совршена љубов?

159

СОПЕРНИШТВОТО ПОМЕЃУ СТРАВОТ И ЉУБОВТА

Page 174: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

Дури и да не разбирам „зошто“ во целата оваа равенка, јас имам научено дека можам да му верувам на „оној“ кој е дел од равенката. Божјата љубов нема противник. Неговата љубов е насочена кон мене; затоа јас одлучувам да ја ставам мојата надеж во Него. Дозволете ми да направам неколку корекции на Псалм 91 за да можеме да ја видиме Божјата порака за жените.

Бидејќи таа се држи цврсто за Мене во љубов, Јас ќе ја избавам; Јас ќе ја заштитам, бидејќи таа го познава Моето име. (стих 14)

Кога ќе размислите малку... како тоа љубовта може да нè доведе во ризик кога љубовта никогаш не изневерува? Љубовта има сила да ги исцели сите рани кои животот ги носи со себе.

Постојат повеќе начини да се љуби без страв.Да го љубиш својот сопруг храбро, е само една област.

Децата и родителите треба да се љубат без страв. Нашите пријателства треба да се негуваат со љубов наместо со љубомора, посесивност и со страв. Вие можете да го љубите она што го правите или местото каде работите. Можете да го љубите фактот дека сте дел од одредена организација или црква. Можете да ги љубите читањето и смеењето. Без разлика каде наоѓате љубов, порано или подоцна, ќе најдете предизвици и разочарувања.

А, тоа нè води кон следниот чекор: да ги љубиш своите непријатели. Зошто Исус би ни предложил ваква работа?

Затоа што токму ваква љубов ги одделува овците од козите. Ние се истакнуваме кога ги сакаме оние што ни мислат зло. Кога ти избираш да ги љубиш оние кои сакаат да те заробат и да те повредат... нешто се променува. Дури и доколку твоите околности не се променат, ти повеќе не си заробена; ти си слободна.

Се сеќавам на една приказна која ја прочитав за еден роб за време на граѓанската војна кој избра да го донесе неговиот ранет господар, припадник на Конфедерацијата

БЕЗ РИВАЛ

160

Page 175: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

кај болничарите, наместо да избега и да го остави на бојните полиња. Тоа не беше лесен избор, но неговиот избор открива дека тој веќе беше вистински слободен. Ова дело го ослободи овој човек многу порано пред армијата на Унијата да ги порази бунтовниците.

Некој може цел живот да декларира слобода врз вас, но вие можете да изберете да останете врзана или можете да изберете да продолжите во слобода додека луѓето околу вас сè уште мислат дека ве поседуваат. Јас знам дека ропството можеби никогаш нема да стане реалност во вашиот живот, сепак, кога луѓето прават вие да се чувствувате дека им должите нешто, тоа е еден вид задолжување. Постојат луѓе кои изгледаат дека се слободни, но, сепак, живеат живот на ропство. Ти не можеш да контролираш што луѓето ќе кажат за тебе или како ќе те гледаат, но ти можеш да ги избереш твоите одговори кон нив.

Љубовта избира. Стравот реагира.Љубовта е слобода. Стравот е ропство.Совршената љубов го изгонува стравот.

Сепак, љуби

Следниот цитат од Кент М. Кит е честопати препишан на Мајка Тереза бидејќи таа го чуваше пред себе како постојан потсетник. Со сигурност имате слушнато извадоци од него, но еве го во целост:

Парадоксални заповеди

Луѓето се нелогични, неразумни и себецен- трични.Сепак, љуби ги.

Доколку правиш добро, луѓето ќе те обвинат дека имаш себични и скриени мотиви. Сепак, прави добро.

161

СОПЕРНИШТВОТО ПОМЕЃУ СТРАВОТ И ЉУБОВТА

Page 176: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

Доколку си успешна, ќе придобиеш лажни пријатели и вистински непријатели.Сепак, биди успешна.

Доброто што го правиш денес, ќе биде заборавено утре.Сепак, прави добро.

Искреноста и чесноста те прават ранлива.Сепак, биде искрена и чесна.

Најголемите мажи и жени со најголеми идеи можат да бидат срушени од најмалите мажи и жени со најмали умови.Сепак, размислувај големо.

Луѓето ги ценат аутсајдерите, но ги следат само оние кои се на врвот.Сепак, бори се за аутсајдерите.

Она што го градиш со години може да биде уништено преку ноќ.Сепак, гради.

Луѓето навистина имаат потреба од помош, но можат да те нападнат доколку им помогнеш.Сепак, помагај.

Дај му го на светот најдоброто што го имаш и ќе добиеш удар по забите.Сепак, дај му го на светот најдоброто што го имаш.2

Луѓето ќе те разочараат... сепак, љуби ги. Во зборовите на Кит, јас наоѓам толку многу од мојата приказна. Дали некогаш сте разочарале некој? Јас сум. Тие можеби си

БЕЗ РИВАЛ

162

Page 177: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

заминале прошепнувајќи: „Таа навистина ме разочара“. Непријателите, па дури и пријателите ќе те повредат и ќе те издадат. Но, ти знаеш што треба да правиш... сепак, љуби ги. Доколку сакаш да изградиш живот кој нема противник, тогаш мора да живееш над своите човечки размислувања и способности.

Знам дека ова можеби нема никаква смисла, но кога ќе им дадеме на луѓето достоинство да научат од сопствените грешки, ние ќе ги охрабриме да бидат подобри во иднина.

За жал, чувствувам дека во овој момент треба да демантирам нешто. Грешките за коишто јас зборувам, не ги вклучува следните: злоупотреба, неверство или нелегални дела. Грешките спаѓаат во категорија на пропуст, недоразбирање, погрешна процена. Ова не се постапки кои се дел од злите намери на перверзијата, злобата или, пак, омразата. Јас зборувам за падовите кои сите ние ги искусуваме додека се движиме во исправна насока.

И праведните и злите се сопнуваат, се двоумат и паѓаат. Единствената разлика е во тоа што љубовта го обзема праведниот да стане. Злите остануваат долу и честопати се обидуваат да ги повлечат надолу и другите заедно со нив, но праведните се исправуваат, ги подигаат другите и продолжуваат (Поговорки 24:16). Љубовта секогаш избира да стане повторно.

Туку со љубов држејќи се за вистината во секој поглед да растеме во Оној Кој е глава, Христос. Со Него целото тело е составено и склопено и сврзано преку сите дарувани врски, при дејството на секој дел, поради силите негови, нараснува за да се изградува во љубов. (Ефешаните 4:15-16)

Изговарањето зборови на вистина и љубов го изградува телото. Љубовта предизвикува растеж во секоја област од животот. Зборовите на омраза предизвикуваат распаѓање и го спречуваат растежот. Но, сепак, љубовта е посилна од омразата и од стравот.

163

СОПЕРНИШТВОТО ПОМЕЃУ СТРАВОТ И ЉУБОВТА

Page 178: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

Справување со разочарувањата

Разочарувањата се негуваат кога очекувањата не се исполнети. Љубовта верува во најдоброто, што се раз- ликува многу од тоа да се бара најдоброто. Очекувањата многу бргу можат да станат барања на ист начин како што и љубовта расте и преминува во надеж.

Јас му верувам на мојот сопруг, но мојата крајна надеж е закотвена во Бог. Мојот сопруг и јас се сакаме, но тоа не значи дека ние се немаме разочарано еден со друг... секако дека се имаме. Наместо да живееме како граѓани на разочарувањето, ние избираме да ги напуштиме овие тажни граници. Ние сме благодарни за она што инцидентот ни го има откриено, стануваме, го учиме она што можеме да го научиме од нашите грешки и продолжуваме да одиме. Ние имаме откриено дека ова е подобар пристап наместо да продолжиме да се движиме во круг околу нашите разочарувања посочувајќи си ги грешките еден на друг од различни страни.

Верувајте ми, имаше време кога ние (или, пак, можеби бев само јас) мислевме дека ова е добра идеја. Си мислев дека доколку го испитам секој еден аспект од грешката и го предадам секој еден дел со доволно срам, тогаш никогаш повеќе нема да се случи (јас поминав низ оваа безмилосна рутина заедно со Џон и со моите грешки).

Овој пристап не функционираше многу добро поради тоа што мојата логика беше погрешна. Наместо тоа, еве што се случи. Ние станавме толку вкоренети во овој начин што единственото нешто што можевме да го видиме беа нашите недостатоци кои вешто ги наоѓавме еден во друг. Ние почнавме да го очекуваме најлошото еден од друг наместо да веруваме во најдоброто. И двајцата откривме еден во друг што е она што го бараме.

Јас ги сакам сите мои деца, но тоа не значи дека нашиот однос нема искусено разочарувања. Иако овие моменти беа малку на број – и честопати јас бев таа која ги разочарував – сепак, разочарувањата беа дел од нашиот

БЕЗ РИВАЛ

164

Page 179: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

однос. Јас, исто така, имам пријатели кои ги имам разочарано.

Разочарувањата не значат дека твојата љубов е мртва; тоа едноставно значи дека е време да закажеш состанок со Светиот Дух и да примиш советување. Љубовта бара вклученост, а вистинската вклученост бара прашања и ранливост.

Јас не можам да очекувам мојот сопруг, моите деца или, пак, пријателите да бидат за мене она што само Исус може да биде за мене. Доколку ја направам таа грешка и ги поставам нив како спасител, тие ќе немаат друг избор освен да ме разочараат бидејќи јас веќе ги имам поставено на позиција од која со сигурност нема да успеат.

На крај, грешката не е во нивните недостатоци туку во моите погрешни очекувања.

Кога го очекуваш најдоброто, а тие понудат помалку од тоа... ти си разочарана. Кога веруваш во најдоброто, а тие понудат помалку, тогаш ти разбираш дека нивната приказна сè уште не е завршена.

Кога се чувствуваш под притисок да ги судиш другите и да ги отфрлаш луѓето за кои Бог те има повикано да ги изградуваш, тоа е твојот механизам на одбрана. Да, постојат луѓе од кои заминуваш поради тоа што не постои разбирање со нив. Но, исто така, постојат луѓе кои ќе те напуштат тебе. Луѓето најчесто си заминуваат поради тоа што не сакаат да бидат ранети повторно откако веќе еднаш биле повредени.

Бог секогаш верува во подобри нешта за мене отколку што јас самата ги верувам за себе. Тој не ме препушта на моето минато, бидејќи Тој ја држи мојата иднина. Тој ме вади од мојата плашливост и од страв за да го извади најдоброто од мене. Павле имаше проблем со неговите очекувања од црквата во Коринт:

Морам да ви признаам дека се плашам дека кога ќе дојдам кај вас, вие ќе ме разочарате и јас ќе ве разочарам вас, и во фрустрација едни од други,

165

СОПЕРНИШТВОТО ПОМЕЃУ СТРАВОТ И ЉУБОВТА

Page 180: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

сè ќе се распарчи – караници, љубомора, избувлив темперамент, заземање страни, лути зборови, злобни озборувања, надуени глави, целосен хаос. (2 Коринќаните 12:20 Пораката)

Ајде да престанеме да очекуваме разочарувања бидејќи она што го покануваме – тоа и ќе дојде. Барањето повеќе и задржувањето на нашето одобрување сè додека нештата не се случат, нè остава изолирани и лути, исто како што одрекувањето на соништата нè остава безнадежни. Ајде да веруваме во другите онака како што би сакале тие да веруваат во нас... дека нашето најдобро допрва доаѓа. Ајде да веруваме дека грешките на другите се само брзоплети чекори. Твоите пропусти немаат право да ја одредуваат твојата дестинација.

Ти можеш да му одговориш на Исус или можеш да пребиваш во твоето минато. Само ти ја имаш силата за таа одлука.

Ние ги отфрламе другите без милост кога ние самите немаме откровение за милоста.

Патот на стравот

Стравот е скап. Целосно ќе те ограби. Ќе ти ги украде силата, твоите соништа, твоите односи, твоите финансии, твојата вера и твојата надеж. Стравот сака да го одземе сè она што љубовта слободно ти го дава. Стравот не се појавува на сцената понекогаш; неговиот напад изгледа невин, а неговото време е беспрекорно.

Стравот нема почит кон твоето време за одмор... ќе го нападне твојот сон преку изопачување на твоите соништа.

Стравот е сила, духовна противречност на силата, љубовта и на здравиот разум на Светиот Дух. Стравот доаѓа за да те парализира како што Божјиот Дух доаѓа за да те ослободи.

Стравот не само што ќе те ограби од многуте можности за растеж, но, исто така, сака да ја украде твојата перспек-

БЕЗ РИВАЛ

166

Page 181: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

тива за иднината. И љубовта и стравот имаат план за твојот живот. Едниот план е за добро; а другиот план е да ти наштети.

Патот на љубовта

Љубовта, од друга страна, е возвишено дарежлива. Таа сака да ги обнови твоите односи, твоите соништа и твојата надеж. Секоја една од нас има пристап до овој пат на љубовта кој е ветен од Бог. Но, би погрешиле доколку мислиме дека ова ново ветување на љубовта може да се постави на старата ткаенина на стравот. Бог сака да го спои она што е ново со она што е обновено.

Ниту, пак, се става ново вино во стари мевови; инаку, мевовите ќе напукнат и виното ќе истече и мевовите ќе пропаднат; туку ново вино се става во нови мевови, па така ќе се запази и едното и другото. (Матеј 9:17)

Постои нешто ново внатре во тебе, нешто што стравот се обидува да го ограничи. Не дозволувај му. Љубовта на оние кои се бестрашни бара потполно ново пакување. Еднаш откако ќе го прифатите новото вино на љубовта, ќе започнете да гледате сè многу поинаку. Она што некогаш сте го гледале како обврска, сега ќе го гледате како можност да служите. Всушност, сега ќе барате начини на кои ќе можете да бидете дарежливи наместо да копнеете по живот на слава. Љубовта бара да се отстрани стравот.

Бестрашна жена

Минатата година, една блиска пријателка ми прати роденденска картичка што толку многу ми се допадна, што ја ставив на моето огледало. На предната страна е претставена млада девојка во закрпени карирани панталони, а насловот гласеше: „Не се работи само за

167

СОПЕРНИШТВОТО ПОМЕЃУ СТРАВОТ И ЉУБОВТА

Page 182: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

самите, но нам ни е заповедано да се испитуваме себе самите во светлината на Божјиот збор. Но, ние не си правиме услуга кога гледаме со потсмев на себе самите.

Стравот нè проценува според нашите неспособности; љубовта – бестрашно – посегнува кон Божјите способ- ности.

Стравот е одбивен, љубовта привлекува.Што значи да се биде привлечна?Верувајте ми, тоа е повеќе од изглед. Кршењето

автомобили привлекува доста внимание. За да добиеме подобро разбирање, ајде да го погледнеме коренот на зборот привлекува кој означува „да предизвикаш, да пристапиш или да се прилепиш“. Исто така, означува „да повлечеш или да приближиш кон себе како што тоа го прави магнетот“. Исто така, изначува „да предизвикаш интерес или емоции“.

Твојот живот е магнет за проклетство или за благослов.Затоа, запрашај се:

Од што се плашиш?Што е она со коешто љубовта те предизвикува?Кому одбиваш да му простиш додека не се промени?Каде твојата љубов е поделена и измерена поради

стравот?Дали имаш исткаено испреплетена мрежа со објави

облеката, туку за ставот“. Со други зборови, не е она што го носиме, туку како го носиме. Љубовта најдобро се носи со храброст. Љубовта е нешто што вие го правите.

БЕЗ РИВАЛ

168

Нема ништо поатрактивно од бестрашна

жена.

Ќе ви кажам една несовладлива вистина: нема ништо поатрактивно од бестрашна жена.

Значи, не безгрижна жена туку бестрашна жена. Бестрашните ќерки ги носат Божјите ветувања запалени со вера. Човечки е да гледаме кон себе

Page 183: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

на страв?Време е да ги смениме страните. Започнувањето на

овој процес е лесно колку и изговарањето на небесните чудесни објави врз нашиот живот кои немаат противник. За да започнете, јас напишав една молитва за вас, земена од зборовите на Павле до Тимотеј.

Моја возљубена ќерко, јас се молам за поголемо ослободување на Божјата благодат, за љубов и за секое добро да протекува низ твојот живот од Бог, нашиот Татко и од нашиот Господ Исус Христос! Јас ти пишувам за да те охрабрам да го разгориш пламенот и огнот на духовниот дар кој Бог ти го има доверено. Затоа што Бог никогаш нема да ти даде дух на плашлив страв туку Светиот Дух ти дава силна моќ, љубов и здраво расудување!

Никогаш не се срами од сведоштвото за нашиот Господ... но, надмини го секое зло преку откровението на Божјата сила. Тој ни дава воскреснат живот и нè привлекува кон себе преку Неговиот свет повик врз нашиот живот. И тоа не е поради доброто кое го имаме направено туку поради Неговото божествено задоволство и прекрасната благодат која ја потврдува нашата унија со помазаниот Исус уште пред почетокот на времето! (2 Тимотеј 1:2, 6-9 адаптирано)

Ставете крај. Потврдете ги овие зборови како Божја волја за вашиот живот. Ќе се молите ли со мене?

Небесен Татко,

Јас ја примам твојата благодат, љубов и секое едно добро во мојот живот. Јас го разгорувам духовниот дар кој ми е доверен. Боже, јас знам дека ми немаш дадено дух на страв, затоа се одрекувам од секој совет на стравот. Татко, ти благодарам што го обновуваш

169

СОПЕРНИШТВОТО ПОМЕЃУ СТРАВОТ И ЉУБОВТА

Page 184: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

она што овој крадец го има украдено од мене.Ти ми го имаш дадено Светиот Дух, кој дава

сила, авторитет, љубов и здрав разум исполнет со добро расудување. Овој ден јас ја избирам љубовта. Јас не се срамам од евангелието, јас нема да се повлечам во страв, и јас ќе љубам бестрашно.

БЕЗ РИВАЛ

170

Page 185: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

171

СОПЕРНИШТВОТО ПОМЕЃУ СТРАВОТ И ЉУБОВТА

Прашања за дискусија

Кои се некои од начините на коишто можеш да љубиш без страв?

Дали постои проблем во твојот брак кој го имаш етикетирано како проблем на твојот сопруг, а не како „ваш“ проблем?

Дали постојат области каде твојот недостаток на ранливост преминува во недостаток на љубов? Кои чекори можеш да ги направиш за да го промениш ова?

Кои се некои од областите на твојот живот каде правењето грешки го имаш поистоветено со тоа дека ти самата си грешка?

Дали постои место каде имаш паднато и се плашиш да станеш повторно? Биди отворена за тоа со некоја пријателка и личност која ја сакаш.

Опишете ги разликите помеѓу бестрашна жена и безгрижна жена.

1.

2.

3.

4.

5.

6.

Page 186: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината
Page 187: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

8Длабоки бунари и бунари на желби

Испитувањата нè учат кои сме ние; тие ја раскопуваат почвата и ни откриваат од што ние сме создадени. Чарлс Сперџон

Јас ќе претпоставам дека ти сакаш да бидеш ќерка која има длабочина. Доколку сакате да бидете длабоки, тогаш

треба да очекувате копање.Јас се согласувам со Чарлс Сперџон: испитувањата

се откровенија. Барем моите се. Тие треба да бидат наши учители, но, на крајот на денот, ние треба да одлучиме какви студенти сакаме да бидеме. Постојат многу денови кога добивам само 2 како оценка, малку, но доволно за да поминам. Кога ова ќе се случи, јас, обично, се обидувам повторно. Вистината е дека иако не го живеам мојот живот совршено, сепак, се обидувам да го живеам добро. Јас ја имам силата да одлучам дали тестовите и испитувањата ќе ми послужат како гласници или, едноставно, ќе ме остават да изгледам збунета.

Ние имаме мала или немаме никаква контрола врз она што ќе ни се случи или она што ќе биде кажано за нас, но ние не сме беспомошни кога станува збор за нашите постапки. Ние ја имаме силата на изборот и тоа ни дава

173

Page 188: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

целосна контрола врз нашите одговори. И кога веќе го цитираме Сперџон, ајде да разгледаме малку подлабоко што тој вели, какви треба да бидат нашите одговори на испитувањата.

„Јас имам научено да го бакнам бранот кој ме удира во карпата“.

Ова е несовремен и неочекуван одговор кон работите кои нè зафаќаат неочекувано. Пред некое време ја гледав мојата внука Софија како си игра со брановите. Таа уживаше да го прифати секој еден бран со главата напред. Без разлика колку многу пати бранот ќе ја бутнеше и целосно ќе ја потопеше... за неа беше само игра. Ќе се насмееше, ќе застанеше на нозе, ќе ги избришеше нејзините очи, ќе се исправеше спремна за следниот бран.

Сперџон не мисли тука на некое карпесто крајбрежје туку тој мисли на Христос – карпата. Секој еден ден е нова можност да одлучиме како ќе одговориме на животните бранови. Доколку станеме одбранбени, тогаш секој еден проблем кој ќе се разоткрие, ќе остане само проблем. Но, доколку се понижиме, тогаш испитувањата му дозволуваат на Светиот Дух да ја зголеми нашата длабочина, а со самото тоа и нашиот капацитет за побожност. Предизвиците во животот откриваат од што сме создадени ние без да го поткопаат она кое ние сме. Нашиот идентитет е заснован „во Христос“, врз основа на тоа што Тој направи, а не врз основа на она што ние го правиме или сме го направиле. Испитувањата нè позиционираат да можеме да растеме послични на Христос, а со самото тоа да бидеме и непоколебливи. Христос е цврста карпа која е поголема од мене. Тој е нашето битие, карпа во која наоѓаме одмор секоја вечер и карпа на која стоиме секое утро. Само Исус е постојан, непроменлив и наш центар.

Подготвување на почвата

Ајде да преминеме од морето на потврда почва. Јас живеам во убавиот, понекогаш зелен и честопати сувиот

БЕЗ РИВАЛ

174

Page 189: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

Колорадо, така што размислувањето дека мојот живот е како почва, не е премногу тешко за мене. Нашата почва е доста тврда поради временските услови. Но, иако почвата во нашиот двор е тврда, јас сакам моето срце да биде нежно. Кога сум прекумерно вознемирена од некоја навреда, без разлика дали е мала или голема, јас не можам да го занемарам фактот дека мојата почва е раскопана. Меѓу раскопаните грутки јас гледам деструктивни црви кои се обидуват да го најдат својот пат повторно под земјата. Јас можам да ги видам трагите од нивната работа под површината. Јас забележувам дека, иако јас не бев свесна, тие ги имаа нагризано корењата на мојот брак и го имаа намалено развојот на цвеќината на моите пријателства. Кога ова се случува (а се случува почесто отколку што би сакала), мојот разговор со Таткото звучи вака:

О, не, ова е страшно! Како се случи ова? Небесен Татко, дали Ти го гледаш ова? Дали го слушна она што штотуку го кажав или го помислив? Тој одговара: „Лиса, можеби ова беше откровение за тебе, но не и за Мене. Овие црви веќе некое време се наоѓаат во твојата почва. Прашањето што сега се поставува е дали сакаш да ги задржиш и на тој начин да ја ризикуваш жетвата која доаѓа во иднина?“

Кога ќе погледнам поблиску, не можам, а да не ги забележам семињата кои штотуку не изникнале. Ова се семиња кои бараат време. Тоа се длабоките Божји ветувања кои сè уште не се исполниле во мојот живот и во моето семејство. Почнувам да се прашувам дали некогаш ќе се развијат. Мојот Татко трпеливо ми објаснува:

Ваков вид пестициди се размножуваат многу бргу. Изборот е секогаш твој; можеш да поставиш земја на изговори врз нив и да ја покриеш нивната активност. Но, тие ќе останат. Доколку сакаш да се ослободиш од пестицидите,

175

ДЛАБОКИ БУНАРИ И БУНАРИ НА ЖЕЛБИ

Page 190: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

тогаш мора да се одречеш од нив со збор и со дело и да ми дадеш дозвола да ги отстранам.

Гледајќи што, всушност, се тие, јас се одрекувам и ги исповедам валканите црви на завист, сомнеж и страв од мажите.

Добро направено – и додека сме тука, дали го гледаш плевелот? Ајде да го откорнеме, исто така. Ќе биде многу полесно сега кога почвата е растресена – и ајде да го посадиме семето на Мојот збор на местото на плевелот.

Чекај малку... сега борбата е многу повистинита. Невидливите црви се една работа ама отстранувањето на секоја трага на зеленило додека ги чекам ветувањата е нешто сосема друго. Правам пауза додека неразумно размислувам да оставам дел од плевелот барем уште некое време. Можеби додека да се појави новото растение? Без овој плевел ќе изгледам како празен простор на земјиштето. Противречив:

Но, Господе, тогаш мојата почва ќе изгледа гола и празна.Лиса, дали ти сакаш да изгледаш плодна или да бидеш плодна?

И тоа е прашањето на оваа генерација. Дали како изгледаме е поважно од она кои навистина сме? Задоволувањето со тоа само да се изгледа плодно, ќе го компромитира развојот во сезоните кои доаѓаат. Она што е посеано во тајност, еден ден ќе биде јавно откриено. Воздивнувам.

Во ред, откорни ги.Направено.

БЕЗ РИВАЛ

176

Page 191: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

И, ете сум со гола почва, а, сепак, незасрамена бидејќи знам дека Неговите ветувања сега ќе пораснат без пречки кои доаѓаат длабоко однатре. Испитувањата и страдањата ја расчистуваат земјата и го отстрануваат сè она што го попречува развојот. Овие средби служат за да нè прочистат и да нè подготват за потенцијалот којшто стои пред нас. Постојат и други зборови кои лесно можат да го заменат зборот испитувања. Слободно може да ги ставите зборовите: аудиција, тешкотии, проценки, болка и страдање, експерименти, истражувања или едноставно тестови.

Нашите силни страни и нашите слабости се откриени во неудобноста на овие случувања. Колективно и индивидуално, овие искушенија работат со цел да ги раскршат сувите и неплодни места на нашата душа како подготовка за новите нешта и за следната сезона. Без оваа обработка на земјата, многу од водата на Божјиот збор нема да може да биде впиена во нашите животи. Нашите срца ќе бидат како земја стврдната од суша која не може да прими вода. Доколку сувата почва претходно не се подготви, дождовната вода само ќе протече и ние ќе искусиме суша во средина на изобилие.

Испитувањата, исто така, служат да нè научат кој е Бог.Постоеше време кога со сигурност ќе се расправав

со вас за причината на испитувањата. Ќе ви кажев дека доколку живеете во согласност со Божјото Слово, тогаш ништо лошо не може да ви се случи. Бев млада и будалеста и научена на нешто што не можеше да го издржи тестот на времето. Јас мислев дека овие подучувања беа длабоки, но тие само ме подготвија да живеам еден плиток живот.

Сè што ни е потребно за животот и за побожноста се наоѓа во зборот Божји, но испитувањата коишто животот ги носи со себе се тие кои нè водат на колена за оваа вистина навистина да проработи во нас и преку нашите животи. Со ваков став, Божјото Слово не е читанo повеќе само како сугестија за подобар живот туку е читанo како Слово на живот.

177

ДЛАБОКИ БУНАРИ И БУНАРИ НА ЖЕЛБИ

Page 192: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

Ископување на мојот живот

Тоа беше кратка и конфузна сезона во мојот живот, главно поради тоа што се преправав и ги закопував работите. Бев млада и штотуку спасена, штотуку мажена и раскопувањето на мојата почва уште не беше започнато. Постоеја само неколку гребнатинки на површината. Се сеќавам кога сè се смени. Бев во време на обожавање и молитва. Неразумно си мислев дека поради тоа што седам во првиот ред во црквата, како сопруга на пастор, постојат само неколку работи во мојот живот каде треба да обрнам повеќе внимание. Со целосна доверба го поканив Бог да го ископа мојот живот. Не поминаа ни дваесет и четири часа, а јас веќе жалев за мојот избор на зборови.

Драг небесен Татко,Дали реков ископување? Дали може да го повратам тој збор? Тоа беше страстен момент исполнет со погрешен избор на зборови. Она што сакав да го кажем е да го дизајнираш и да го украсиш мојот живот.

Тој не ми дозволи никакво повлекување. Ископување- то беше збор избран преку водството на Духот. Како и многу други христијани, и јас живеев со многу длабоки копнежи, но со плитки молитви. Пред овој опасен момент на обожавање, моето време за молитва ме оставаше да се чувствувам празна. Зборовите кои ги прошепнував не беа катализатор во мојот живот бидејќи јас сè уште се молев од должност, а не од желба на посветување. Се молев онака како што ги имав слушнато другите да се молат. Да, ми беше кажано дека молитвата е само разговор со Бог, но не можев, а да не се замислувам себеси во просторија каде што има престол, опкружена од ангели кои ме слушаат и ги наоѓаат моите немоќни зборови да звучат смешни.

Поради овој начин на размислување, не знаев како да ги обликувам моите молитви со зборови кои ќе ја смират

БЕЗ РИВАЛ

178

Page 193: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

бурата на мојот очај кој беснееше во мене. Ниту, пак, знаев што да правам со мојот очаен до болка глад за нешто повеќе. Оттогаш имам научено дека Бог ги користи испитувањата за да ги продлабочи моите молитви. Пред да му ја дадам на Бог дозволата да го ископа мојот живот, не знаев како да му дозволам на Бог да направи нешто подлабоко во мене. Секоја тешкотија или секое испитување беше веднаш врзувано! Наместо да ги нападнам испитувањата, јас се врзував себеси со моите стари навики и се држев во ропство. Долколку испитувањата продолжеа, тогаш јас бегав. Доколку бегањето не ми успееше, тогаш се криев со надеж и со желба тие да исчезнат.

Тешкотиите во мојот живот ме оставија да бидам уплашена и лута. Бев строга кон другите, а уште построга кон себе. Возљубени, доколку го правите ова, слушајте, овој живот е премногу тежок за да бидете строги со самите себе. Во текот на неколку децении, јас открив дека Сперџон е во право. Со појдовна точка која е прекалена со времето, јас гледам дека Божјиот збор ни кажува чии сме ние, а нашиот одговор на испитувањата дефинитивно ни открива од што сме направени. Испитувањата имаат сила да нè трансформираат од кои сме во што копнееме да бидеме. Но, попат ние ја имаме соберено лагата дека ние можеме да бидеме херои без да се вклучиме во борбата.

Длабоки бунари

Јас сакам кога некој со кого треба да се сретнам е наречен како длабок бунар. Тоа значи дека тие се многу повеќе од она што го гледаме на површината. Длабоките бунари се мистериозни и тие имаат приказни за кажување, а јас сакам приказни. Тоа се луѓе кои имаат поминато низ многу работи кои, обично, би ги заматиле и би ги загадиле останатите бунари, но водата на овие бунари останала недопрена. Длабоките бунари стануваат извори донесувајќи освежување за другите. Длабок бунар значи дека тие имаат поголем капацитет да ги рефлектираат

179

ДЛАБОКИ БУНАРИ И БУНАРИ НА ЖЕЛБИ

Page 194: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

работите. Кога зборувате со некој за кој се вели дека е длабок бунар, можно е да научите повеќе за себе самите отколку што ќе научите за нив.

Јас познавам неколку жени кои се како длабок бунар. Ова се жени кои јас сакам да ги познавам подобро. Кога се наоѓам во нивна средина, јас се чувствувам срамежливо бидејќи јас сè уште имам толку многу прашања. Јас избирам да слушам отколку да зборувам кога се наоѓам во близина на некој длабок бунар. Секогаш постои толку многу повеќе што треба да се слушне од она што е кажано. Јас сакам да бидам длабок бунар, но, сепак, постојат моменти и области во мојот живот каде наместо бунар изгледам како мал вир со вода.

Понекогаш запознавањето длабоки бунари бара од моја страна да се потрудам со срцето. Тие не се навистина заинтересирани за книгите кои ги имам напишано или за конференциите на кои имам зборувано. Многу од нив веќе биле таму и го направиле тоа. Тие гледаат подалеку. Тие не сакаат да слушнат за тоа како јас се излевам; тие сакаат да знаат како јас се исполнувам себеси. Тие прашуваат за мојот сопруг, за моите деца, за моите внуци и за моето срце. Тие знаат каде нежно треба да ме боцнат и да ме испитаат. Пред да разберам што правам, јас ќе ги прекршам сите мои лични безбедносни граници и ќе им кажам сè (практика која не му се допаѓа премногу на мојот сопруг).

Јас не ги искажувам моите лични работи кога сум под закана на болка, туку кога гледам знаци на добрина.

Среќавајќи се со луѓе кои се како длабок бунар, јас имам откриено неколку работи. За да се стане длабок бунар, тоа бара здрава вклученост во животот. Длабочината не може да биде купена – кон неа мора да се копнее. Таа доаѓа кога ние сме доволно храбри да бидеме искрени. Во таа смисла, длабочината е повеќе како мускул кој се развива преку постојана употреба.

БЕЗ РИВАЛ

180

Page 195: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

Бунари на желби

Пред извесно време, на Џон и на мене ни пристапија од една агенција за глума. Еден конгломерат за забава беше во процес да започне со телевизиска емисија во која ќе се зборува од духовна перспектива за некој од подлабоките проблеми со кои се соочуваме во нашиот свет. Ова не беше првпат некој да ни пристапи за ваков вид емисија. По неколку понуди од неколку агенти кои сакаа да имаат реално шоу, јас знаев дека не сакам да бидам дел од никаква претстава. Им кажав на моите соработници дека не мислам дека тоа би било добро. Но, оваа агенција за глума ги увери моите соработници дека оваа емисија би била поразлична. Продуцентите сакаа оваа емисија да биде средство преку кое гледачите би се потсетиле на деновите кога луѓето одеа во нивните цркви кога имаа потреба од одговори. Колебливо се согласивме да ја разгледаме оваа идеја малку подлабоко.

Џон беше во еден град, а јас во друг, но се согласивме да имаме конференциски повик. Тие имаа неколку прашања на кои одговоривме директно и искрено. Јас не очекував да добиеме уште еден повик, но добивме. Тие ни кажаа дека им се допаднала нашата енергија и дека би сакале да го продолжат процесот на интервју еден чекор понатаму. Ова вклучуваше еден час снимен повик на Скајп. Тие ни пратија список на прашања со надеж дека ние ќе се осврнеме на нив во текот на интервјуто. Првото интервју одеше на следниот начин:

Мојата шеснаесетгодишна ќерка има секс со нејзиниот постар и сексуално поискусен дечко. Тој на неа ѝ е прв. Како мајка, дали треба да ѝ направам тест или само треба да ѝ препорачам таблети против бременост? Што да правам?

Во мојот ум не постоеше дилема. Ќерката беше малолетна која сè уште живееше со своите родители. Имав

181

ДЛАБОКИ БУНАРИ И БУНАРИ НА ЖЕЛБИ

Page 196: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

доверба во мојот одговор.Објаснив дека Библијата вели да бегаме од блудство, а

не да го поддржуваме. Јас му препорачав на ова семејство да седнат и да ѝ објаснат на својата ќерка зошто повеќе таа не треба да се гледа со нејзиниот дечко...

Пред да можам да објаснам малку повеќе, бев прекината од еден од агентите за глума. Таа ми објасни дека: (а) тие ќе продолжат да имаат секс, и (б) тие не сакаат ние да ја цитираме Библијата. Тие само сакаа духовен совет. Таа ми објасни дека агенцијата ги имаше направено овие прашања, а ова прашање, всушност, беше нејзино прашање. Всушност, се работеше за нејзината сестра, а нејзината мајка сакаше да знае што да прави. Во тој момент, ние и двајцата знаевме дека нема потреба ова интервју да продолжи понатаму.

Оваа агенција знаеше дека ние сме Библиски учители, но тие не сакаа ние да им кажеме што е она што Библијата го вели. Тие сакаа ние да бидеме духовни и длабоки, но не и Библиски. Дали, всушност, постои такво нешто? Дали постои вистинска мудрост надвор од Божјиот совет? Се прашувам доколку цитирав некој „њу ејџ“ учител, дали тогаш ќе беше сè во ред. Она што тие го бараа од нас беа плитки одговори кои само звучат длабоко – како бунар на желби.

Тие сакаа да избегнат каков било конфлик. Тие не сакаа ние да навредиме некој со тоа што ќе кажеме дека нешто не е во ред. Тие сакаа од нас да го благословиме она што е погрешно и да им кажеме дека нивното зло е, всушност, добро. Нивниот начин на размислување беше „па, што е – тука е“, затоа кажи што било, само нека звучи добро. Тоа е правење компромис додека во исто време она што го говориш е толку блиску до вистината. Тие, исто така, не сакаа христијанските верувања да бидат искажани отворено; тие нè охрабруваа да ги држиме затскриени. За нив, тоа значеше дека Бог е голем, но ајде да ги оставиме Исус и Библијата надвор од ова.

Со други зборови, јас сум сигурна дека тие би сакале

БЕЗ РИВАЛ

182

Page 197: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

да кажам нешто слично на ова: „Да, биди грижлива мајка и веднаш тестирајте ја вашата ќерка за СПБ. Но, во меѓувреме ставете ја на некои таблети за контрацепција за да не дојде до несакана бременост. А, следниот пат кога ќе дојде нејзиното момче, ти и твојот сопруг може да му кажете колку многу ја сакате вашата ќерка. Кажете му дека го почитувате фактот дека тој е многу постар и сексуално поискусен. Прашајте го доколку би сакал да го прими ова пакување кондоми како подарок од семејството за него. На тој начин, ќе се осигурате дека сте направиле сè што можете за тој да не ѝ пренесе некои сексуални болести на вашата ќерка“.

Дали гледате колку смешен овој совет е? Но, ги разбирам. Продуцентите не сакаа да ја слушнат Библиската вистина; тие само посакуваа бунар полн со желби. Всушност, тие ни кажаа на Џон и на мене: „Ние ќе ви дадеме пари, а за возврат вие само исполнете им ги желбите на луѓето. Благословете го нивниот грев и направете да се чувствуваат добро за себе самите“.

Јас се плашам дека голем број христијани се задоволуваат со тоа некој да им посака добро отколку да го слушнат она што е потребно за да се развијат во длабок бунар. Премногу жени имаат длабоки копнежи, но плитки животи. Тие знаат дека советот на светот кој го следат е само празно ехо на нивните гласови, но тие мислат дека тоа е сè што постои... и затоа се задоволуваат со бунари исполнети со празни желби. Кога тие ќе погледнат на својот живот...

Тие посакуваат никогаш да не го кажале ова.Тие посакуваат да не го направиле тоа.Тие посакуваат да не се омажеле за него.Тие посакуваат да се омажеле за тој.Тие посакуваат да студирале.Тие посакуваат да имаат повеќе пријатели.Тие посакуваат да изгледаат како неа.Тие посакуваат да не го купеле ова.

183

ДЛАБОКИ БУНАРИ И БУНАРИ НА ЖЕЛБИ

Page 198: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

Тие посакуваат да го купеле тоа.Тие посакуваат да се молеле повеќе.Тие посакуваат да ја читале Библијата повеќе.Тие посакуваат да биле подисциплинирани.Тие посакуваат да биле потрпеливи.

Доколку посакувањето може да ги направи сите овие работи, тогаш сите ние би биле прекрасни, убави, силни и храбри. Волт Дизни вели: „Сонот е желба на твоето срце додека тоа спие“. Јас верувам дека ова е вистина, но сонот и желбите стануваат реалност само кога ќе преземете нешто во врска со тој сон додека сте будни. Желбата го мотивира сонот... а ние треба да ги мотивираме нашите постапки. Не е доволно да посакувате да биде добро... вие мора да се трудите да биде добро. Тоа е местото каде длабочината се развива.

Опасноста на измамата

Никој нека не се лаже; ако некој мисли дека е мудар меѓу вас во овој свет, нека стане безумен, за да биде мудар. Зашто мудроста на овој свет е безумство пред Бога, како што е напишано: Тој ги лови мудрите во нивното лукавство. И пак: Господ знае дека мислите на мудрите се суетни. (1 Коринќаните 3:18-20)

Јас знам дека овде пишува никој да не се лаже себеси, но сите ние знаеме дека жената може толку лесно да се излаже самата себеси. Но, зошто некои, маж или жена, би сакале да стават покривала врз своите очи и да се измамат себеси? Одговорот е дека никој намерно не сака да се измами себеси. Како што мојот сопруг честопати вели: Проблемот со измамата е дека е измамлива.

Измамата прави работите, луѓето, околностите и советите да изгледаат поинаку од она што тие навистина се. Измамата може да направи покорноста кон Бог да

БЕЗ РИВАЛ

184

Page 199: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

изгледа како ропство на легализам. Измамата може да направи противникот на вашата душа да изгледа како пријател. Измамата оди дотаму што го прави злото да изгледа како добро, а доброто да изгледа како зло. Силата на измамата е во тоа што ја заматува водата дотаму што сè станува нејасно и веќе не знаете во што да верувате. Бог знаеше дека ние ќе се најдеме во оваа позиција, затоа Тој ни даде стандард кој не се менува со поминување на времето и со промените на човековите култури и размислувања. Нашиот стандард е Божјото Слово, а побожните луѓе се оние кои ги носат овие стандарди.

Изборот е наш – дали ја сакаме мудроста на ова време или мудроста која нè застарува? Секогаш кога созданието се гледа себеси како помудро од својот Создател, тоа потонува во себеизмама. Единствено зборот Божји има сила да ни даде разбирање кога околностите ја имаат заматено водата. Без советот на Светото Писмо, вие погрешно ќе ја наречете будалаштината мудрост.

Кога ова ќе се случи, вие ризикувате погрешните верувања, кои се тајни и зли да ги гледате како отворени и искрени. Запомнете дека мудроста на змијата е обвиткана

185

ДЛАБОКИ БУНАРИ И БУНАРИ НА ЖЕЛБИ

со невиност и со измама. Таа многу добро ги убедува своите следбе- ници посочувајќи им една работа, додека во реалност тоа значи исполнување на нешто сосема друго. Змијата се прeправа како сојузник која има тајни информа ции за Адам и Ева. Преправајќи се како искрен пријател кој се грижи,

Дали ја сакамемудроста на ова

времеили мудроста

којанè застарува?

таа имплицира дека и Адам и Ева ќе станат послични на Бог откако ќе бидат просветлени да го распознаваат доброто од злото. Таа им вети дека тие ќе се воздигнат до ова ново ниво без да мора да се покоруваат на мудроста на Бог. Адам и Ева не сакаа да бидат измамени; тие само го посакуваа она што змијата им го вети. Тие избраа да веруваат дека Бог излажал, наместо да го отфрлат она што

Page 200: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

змијата го кажа како невистина. Змијата им вети дека ќе станат повеќе слични на Бог кога, всушност, тие стана безбожни. Светото Писмо нè предупредува:

Бог е вистинит, а секој човек лажлив. (Римјаните 3:4)

Излезот од измамата е преку покајанието; кога ќе ја наречеме нашата мудрост будалаштина и кога ќе се понижиме пред Оној кој е вечно мудар. Покајанието се случува кога ќе се свртиме од лагата и ќе ја прифатиме вистината.

Невините ветувања на Сатаната одекнуваат низ сета земја денес. Многу одамна, сугестиите на змијата звучеа многу подобри, понежни и многу пообемни од Божјите заповеди. Што е она што вам ви звучи подобро? Јади и умри или јади и придобиј мудрост? Змијата ја користи нашата човечка гордост и нè измамува. Кој не сака да верува дека ние сме помудри од она што, всушност, сме? Таа користи зборови на ласкање. Вистината е дека надвор од Христос не постои вистинска мудрост. Надвор од Него постои само ограничено разбирање од привремена, земјина перспектива.

А, Духот јасно зборува дека во последните времиња некои ќе отстапат од верата, слушајќи измамнички духови и злодуховски учења. (1 Тимотеј 4:1)

Духот на измамата секогаш ќе ви каже дека надвор од Божјиот збор постои просветлување. Дека ние се наоѓаме во ново време и дека она што Бог го кажал некогаш, сега не важи. Овие духови ги одекнуваат зборовите на змијата: не слушајте го Бог; бидете си свој бог. Премногу луѓе не го забележуваат ова мислејќи дека измамата е само она што отворено доаѓа од магионичари и обожаватели на Сатаната. Но, честопати овие духови на измама и демони

БЕЗ РИВАЛ

186

Page 201: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

повикуваат кон една работа, но тие, всушност, сакаат нешто сосема друго. Доколку сте христијанка, тие не можат да ви ја земат вашата душа, затоа ќе се обидат со сè што можат да ве ограбат од вашиот авторитет и да го заматат вашиот бунар. Толку многу од она што е безбожно во овој свет стана нормално и вообичаено. Ние сме строго предупредени:

Од нечисти и бапски приказни бегај, а обучувај се во побожност; зашто телесното обучување е малку корисно, а побожноста е полезна за сè, бидејќи во себе има ветување за сегашниот и за идниот живот. (1 Тимотеј 4:7-8)

Немојте да правите грешка замислувајќи ги овие митови како детска игра или дека се безопасни само затоа што се опишани како неважни и смешни. Тие дефинитивно не се. Ова не се приказни за деца или, пак, фантазии со цел да нè научат на некоја вистина; ова се учења на демони испратени за да нè убијат, за да украдат и за да нè уништат.

Не постои вистинита мудрост надвор од Божјиот совет.

Исус никогаш не го кажува она што ние сакаме да го слушнеме; Тој оди подлабоко и ни го кажува она што треба да го слушнеме.

Да црпиме од нашите бунари

Во секоја една од нас постои вистински бунар. Тоа е нашата душа, местото од кое црпиме. Еремија тоа го нарекува кладенец:

Зашто две зла изврши мојот народ: мене, изворот на жива вода, ме оставија и си ископаа извори (кладенци) издупчени, кои не можат да држат вода. (Еремија 2:13)

187

ДЛАБОКИ БУНАРИ И БУНАРИ НА ЖЕЛБИ

Page 202: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

Бунарите на нашата душа можат да бидат многу плитки или многу длабоки; водата може да се покачи или да се намали во согласност со нашиот капацитет. Не е важно колку е длабок бунарот... доколку ѕидот е напукнат, нема да може да ја држи водата. Со текот на времето, бунарот може да биде продлабочен, но, исто така, и зацврстен и засилен. Исто како и бунарот, и нашата душа е како сад или како контејнер. Во него ние ги чуваме нашите најдлабоки копнежи, стравови и желби.

Понекогаш водата во бунарот на мојата душа изгледа како во мирување. Понекогаш можам да ја почувствувам како се движи, но водата е секогаш таму без разлика дали бунарот е празен, полуисполнет или се излева. Во дамнешните времиња, непријателите ги затрупувале бунарите со земја бидејќи знаеле дека водата е извор на живот. Грубо зашиените делови од нашиот живот, знаат да го направат истото.

Кога ние чувствуваме дека нашиот бунар е преплавен, ние можеме да го отвориме и да дозволиме најдлабоките таги и копнежи на нашата душа да си го пронајдат својот глас. Кога се чувствувам тмурна, заматена и можеби дури и злобна, понекогаш сè што е потребно е една песна за да го отвори мојот бунар и да ја освежи мојата душа. Смеењето и поминувањето време со семејството и со побожни пријатели го исполнува мојот кладенец. Читањето на Божјото Слово, водењето дневник и молитвата ме освежуваат како пијалак од ладен извор во топол ден.

Жени со минато

Сите ние имаме минато. Некои делови од нашето минато се поразнобојни за разлика од други. Некои од нас имале добро минато. Други имале лошо минато. Не е толку важно дали минатото било сурово или добро кон вас; поголемата опасност се наоѓа во тоа да се живее во она што поминало. Ние не бевме создадени за да живееме во сенките на славата или, пак, на срамот. Ние сме создадени

БЕЗ РИВАЛ

188

Page 203: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

за да живееме во светлината сега, гледајќи кон иднината со уште поголема светлина. Тоа е патот на праведноста.

Јас имам научено дека човековата природа има тенденција да гледа наназад и да разговара за минатото додека Бог гледа напред и ја објавува нашата иднина. Добро е да се слушнат приказните на луѓето, но за да продолжиме напред, многу е поважно ние да ги знаеме нивните соништа.

За време на моите патувања и предавања, јас ја имав таа привилегија да објавам надеж врз илјадници жени. Би сакала да можете да ја видите светлината на разбирањето која ги осветлува нивните лица кога храбро објавувам:

Нападите врз твојот живот се повеќе поврзани со тоа која можеш ти да бидеш во иднината, от- колку со тоа која ти си била во минатото.

Одненадеж тие откриваат дека нивната приказна не е завршена. Тие сфаќаат дека постои нешто од голема важност во нивниот живот и дека непријателот ги има напаѓано со причина и со намера. Во тој момент, го сфаќаат она што јас сакам вие сега да го знаете. Никогаш не се работи за вашето минато. Секогаш се работи за вашата иднина. Да, секој избор си носи свои последици. Го разбирам тоа. Но, без разлика што сте направиле, Бог веќе има отидено пред вас и има направено пат таму каде што изгледа дека не постои пат.

Ти гледаш наназад и си мислиш дека твоите постапки ја имаат затворено единствената врата која некогаш си ја имала. Но, погодете што. Тоа е лага. Да, вратата е затворена, но доколку се свртиш, тогаш ќе најдеш друга врата која те чека. Можеби ќе изгледа поразлична, можеби ќе биде потешка, но доколку соработуваш со Бог, Тој секогаш ќе те одведе таму каде што треба да бидеш. Тој секогаш ќе ти ги даде потребните алатки кои ќе ти бидат потребни за да создадеш длабок и засилен бунар од кој ќе можеш да црпиш.

189

ДЛАБОКИ БУНАРИ И БУНАРИ НА ЖЕЛБИ

Page 204: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

Проблемот е во тоа што многу од нас седат близу напукнат и плиток бунар на желби плачејќи. Ние велиме: „Ох, посакувам да не го направев тоа! Имам упропастено сè!“

Невозможно! Ти, моја убава пријателке, не си толку силна. Да се биде жена со минато тоа не значи дека ти не можеш да имаш иднина. Да се биде жена со минато не им дава право на луѓето да ја контролираат твојата иднина. Бог има контрола врз твојата иднина. Свети Августин ни дава добар совет за тоа како да започнеме да ги продлабочуваме нашите бунари:

Дали би сакале да се подигнете? Започнете со тоа што ќе се снижите. Планирате кула која ќе ги продре облаците? Поставете ја прво основата на понизноста.

Исус сака да нè пресретне во нашата најниска точка во животот, и не само еднаш, туку многупати. Премногу често ние ја разбираме потребата да се сретнеме со Него само кога зборуваме за тој првичен момент на спасение, и си мислиме дека потоа Тој нè остава за да можеме да продолжиме да градиме сами. Но, тоа е многу далеку од вистината. Ние прво го запознаваме како Господ на спасението, а потоа постојано со понизност Го запознаваме како Оној кој ја обновува нашата душа и како Оној кој ги потполнува пукнатините на кладенецот на нашето срце.

Давење во плитко

Кога јас тренирав да бидам спасувач на плажа, открив дека секоја година поголем број од луѓето се дават, иако се наоѓаат толку блиску до безбедни места. Трите најризични групи се: најмладите (на пет години, па надолу), младите и невнимателните (момчиња на возраст од дваесет до дваесет и пет години) и старите (над шеесет години). Она што е интересно е дека речиси половина од жртвите кои се дават, умираат на помалку од два метри оддалеченост

БЕЗ РИВАЛ

190

Page 205: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

од местото на безбедност. Нив ги обзема паника и не успеваат да ја употребат средината околу нив во нивна корист. Ова е причината поради која голем процент од луѓето се дават во помалку од еден метар длабочина на водата. Доколку беа присебни во својот разум, тие, едноставно, би ги испружиле своите нозе и би застанале додека да дојде помошта, или би можеле да потскокнуваат дури, и би можеле да излезат од водата кон копното. Не секогаш е длабочината таа која убива; туку паниката во плитките води кога нешто неочекувано ќе се случи. Невнимателните не ја почитуваат водата и се сметаат себеси за непобедливи.

Да не дозволиме да бидеме генерација на жени кои се дават во плиткото. Ајде да му дозволиме на Светиот Дух да копа длабоко.

Бунар на животот

Кога овој живот овде на Земјата ќе заврши, сите ние се надеваме да ги слушнеме зборовите добро направено. Зборот добро опишува како го правиме она што го правиме. Не постои такво нешто како совршено направено во човековиот живот или во љубовта. Постојат само несовршени луѓе кои ги праваат работите добро. Зборот добро е дар за секоја една од нас. Тоа е збор кој означува да се биде здрава и разумна. Тој збор опишува луѓе кои не успеваат да паднат бидејќи секојпат повторно стануваат. Секогаш мора да станеме барем еден пат повеќе од што паѓаме.

Ова е ставот кој ние треба да го присвоиме доколку сакаме да развиеме длабочина која ќе нè одржува. Слушнете како преводот Копнеж ги опишува зборовите во Поговорки 24:16:

Оние кои го љубат Бог ќе претрпат несреќии ќе се сопнат седум пати,но тие ќе продолжат да стануваатповторно и повторно.

191

ДЛАБОКИ БУНАРИ И БУНАРИ НА ЖЕЛБИ

Page 206: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

Несреќите се универзитет за животот. Трошоците за секој еден час можат да се измерат според тоа што сè е потребно за да се исправиш уште еднаш. Да станеш, да се погледнеш во огледало и да признаеш дека имаш погрешено, знае да биде тешко, па дури и скапо. Но, за неправедните, сопнувањето знае да биде фатално.

Но, неправедните паѓаатсамо од една несреќаи никогаш нема да можат да се исправат повторно.

Јас се сеќавам дека ги гледав животите на двајца брилијантни и надарени водачи од кои и двајцата се имаа сопнато и паднато на сличен начин, а, сепак, и двајцата одговорија многу различно на нивниот процес на обнова.

Еден од пасторите се согласи со планот кој неговиот одбор и тимот за обнова му го предложија. Овој план бараше доста од самиот водач, од неговата сопруга и од неговото семејство. Тие оставија сè, се иселија од градот каде беа опкружени со пријатели и каде живееја толку долго и ја оставија зад себе црквата која ја имаа основано. Тие се приклучија на ново црковно семејство кое требаше да им помогне околу процесот на исцеление. Тие заминаа од сè она што го познаваа, верувајќи дека овој пристап ќе биде најдобар за сите да најдат исцеление.

Јас сум сигурна дека имало моменти кога тие се чувствувале дека се бара премногу од нив или, пак, дека не се однесуваат фер кон нив. Јас знам дека тие беа ранети од потсмевањата на оние кои тие ги сметаа за пријатели. Кога се работи со луѓе, секогаш постојат можности за грешки. Но, тие ги чуваа своите срца подалеку од навреда и избраа да го живеат секој нов ден гледајќи напред, а не назад.

Џон имаше можност да руча со овој водач додека тој беше во сезона на мирување, одмор, служење, учење и наоѓање исцеление. Времето помина; а тие продолжија да одат напред. Овој брачен пар е здрав, нивниот брак е потполн, а нивните деца процветуваат. Тие се блиско

БЕЗ РИВАЛ

192

Page 207: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

поврзани со една голема организација за основање цркви во Америка. Оваа поврзаност им дозволува приод кон тоа отворено да ги споделат своите животни лекции со цел да им помогнат на другите водачи да најдат исцеление, и да ги спречат водачите да паднат на ист начин на кој тие самите паднаа. Јас ги сакав порано, но сега ги почитувам многу повеќе. Јас сум многу благодарна што тие не избраа да останат долу. Тие станаа повторно и повторно. Беше тешко, но тие останаа на вистинскиот пат.

Другиот водач и неговата сопруга избраа сосема друг пристап. Јас се сеќавам дека на самиот почеток, Џон имаше разговор со овој водач преку телефонски пораки. Во нив, Џон го охрабруваше без оглед што и да се случи, да остане на вистинскиот пат. Тој се согласи. Но, несреќата се случи и тие не останаа на патот. Тие одлучија да го прескокнат процесот. Тие чувствуваа дека она што нивните водачи го бараа од нив, не беше разумно и дека тие не се однесуваат фер кон нив. Можеби донекаде тоа беше и вистина... но, само Исус знае.

Трагедијата беше во тоа што повредата која ја чувствуваа, само ги повлече повторно надолу во калта низ која веќе поминуваа. Тие станаа експерти за тоа како останатите се однесуваат погрешно кон нив. За жал, ние ја изгубивме придобивката од сето она што тие го имаа научено низ нивното животно патување.

Втор начин на којшто падот те исфрла од игра е кога ти ќе одлучиш да го гледаш својот пад како животна пресуда наместо како животна лекција. Фактот дека ти имаш паднато, не те прави тебе неуспешна. Доколку си жива, ти ќе се соочуваш со спротивни околности. Немој да мислиш дека некои луѓе не се соочуваат со нив. Некои луѓе, едноставно, ги носат трагите на животот подобро од другите. Јас имам видено доволно за да знам дека не можеме да ги избегнеме негативните околности. Луѓето ќе те повредат или ќе те разочараат; некои тоа го прават намерно, а некои тоа го прават несвесно. Животот или ќе те рани или ќе ти донесе непријатности. Несреќите се случуваат на секој еден од нас во одредено време и во

193

ДЛАБОКИ БУНАРИ И БУНАРИ НА ЖЕЛБИ

Page 208: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

одредена мера. Еве една убава вистина: постоеја многу работи кои во тоа време беа многу болни и за кои сметав дека никогаш нема да ги заборавам. А, сепак, на многу од овие работи сега речиси и не се сеќавам. Зошто? Јас станав и продолжив да одам. Додека одам, нови несреќи ме напаѓаат. Толку многу вода има поминато под мојот мост, така што многу од работите од коишто сметав дека нема да можам да се подигнам во моите триесетти години, всушност, ми обезбедија диплома во животот во моите педесетти години.

Секое едно од нашите сопнувања е можност да научиме нешто. Ние почнуваме да ги распознаваме пречките и опасностите. Се осигуруваме дека нашите врвки на обувките се добри врзани. Го читаме Словото за патот пред нас да биде осветлен. Секојпат кога ќе станеме, нашиот капацитет се зголемува. Нашите бунари се продлабочуваат, правејќи повеќе простор за живата вода на Светиот Дух.

Верен крај

Сега, да го погледнеме значењето на зборот бунар. Бунар означува извор на вода, како извор или како фонтана. Кога ние ги црпиме нашиот живот и силата од изворот на живата вода, ние стануваме извор на освежување за другите. Длабоките бунари на жива вода знаат дека нив- ниот извор е непресушен. И кога луѓето ќе нè погледнат, тие не гледаат расфрлени бакарни парички во плитка вода. Тие ја гледаат неизмерливата верност на Бог.

Зборот направено од добро направено зборува за нешто што е завршено. Библијата е полна со приказни и параболи кои завршуваат добро – или лошо. Тука е Ное, човек чијшто проект на градење брод траеше со години. Тука е Самсон кој и покрај големата грешка го заврши својот живот со едно спектакуларно шоу на покажување на божествената сила. Тука е Петар чиешто одрекување од Христос и Павловото прогонување на Христос, всушност, го поплочија патот за силата во нивната служба. Спротивно

БЕЗ РИВАЛ

194

Page 209: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

на ова, го имаме човекот кој започна да гради пред прво да направи процена колку ќе чини. Тој започна добро, но потоа беше исмеан затоа што не можеше да заврши (Лука 14:27-29). Потоа, тука е и слугата кому му беше доверен еден талант, кој тој одлучи да го закопа додека не се врати неговиот господар. Паричките не растат во земја, така

195

ДЛАБОКИ БУНАРИ И БУНАРИ НА ЖЕЛБИ

што кога ја откопа, сè што најде беше она што првично го закопа. Завршувајќи таму каде што започна, му ја донесе етикетата на зол човек и место однадвор гледајќи кон внатре (Матеј 25:14-30).

Она што овие приказни ни го кажуваат е дека не се работи за темпото со кое трчаме, туку се работи за тоа како ќе ја завршиме нашата трка. Упорноста, верноста

Не се работи за темпото

со кое трчаме, туку се работи

за тоа како ќе ја завршиме

нашата трка.и послушноста секогаш ќе победат над опуштените и непостојаните изливи на активност и ентузијазам, и доколку се сопнеме попат, и доколку паднеме, доколку се подигнеме и продолжиме во вистинска насока, Бог ќе нè донесе дома.

За да патуваме добро низ овој живот, тоа бара да копаме подлабоко, да ги зајакнеме ѕидовите, а тоа бара посветеност за да го завршиме она што сме го започнале со верност. Секој може да создаде бунар на желби, но ние сакаме да ископаме длабоки бунари, кладенци на живот кои се зајакнати со Божјиот збор и кои се обновени со освежителните извори на Духот. Токму таму се наоѓа големата Божја награда – живот и ветување кои немаат противник.

Page 210: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

Прашања за дискусија

Која е областа која Бог ја „раскопува“ во овој момент во твојот живот? Како би ја опишала жената која е како длабок бунар?

Дали е возможно да се биде духовна без да се биде библиски точна? Што е она што го исполнува твојот бунар? А, што го испразнува?

На кој начин можеш подиректно да го одржуваш својот бунар?

1.

2.

3.

4.

5.

БЕЗ РИВАЛ

196

Page 211: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

9Ќерка без противник

Тиранинот умира и неговото владеење завршува, маченикот умира и неговото владеење започнува.

Оваа жена:

Му се спротивстави на најмоќниот и најизопачениот владетел во овој свет.

Таа даде храбра презентација за евангелието кое се сметаше за неспоредливо.

Беше тепана, искушувана и мачена на секој можен начин, а, сепак, остана верна на евангелието, на нејзините пријатели и на нејзиниот Господ.

Беше затворена, но нејзиното влијание не можеше да биде сопрено.

Таа беше сама, ама не беше осамена.Беше вброена меѓу апостолите и еден историчар од

раната црква вели дека на нејзината служба ѝ немаше рамна кога станува збор за знаци и за чуда.

Можеби се прашувате зошто не знаете за неа.Потполно ве разбирам. И јас се запознав со неа пред из-

весно време. Таа е една од многуте црковни мајки чиишто197

Сорен Киркегард

Page 212: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

имиња беа закопани со песокот на времето. Низ текот на мојот живот, имав слушнато само мали шепоти за нејзините дела. Но, јас сакав да ја запознаам. Не бев задоволна со тоа таа да остане само тивок глас, па затоа ја истражував црковната историја за да ја најдам. Во моето истражување се јавував на Библиски учители, истражував на интернет и купував книги. Еднаш штом ѝ го открив името, бев во можност да соберам доволно делови за да можам да ја запознаам. Откако дознав повеќе за неа, сметам дека е исправно и вие да ја запознаете, исто така.

Нејзиното име е Фотина или понекогаш запишано како Фотини. Нејзиното име е грчко и значи „просветлена“. Тоа беше име кое таа го присвои кога беше крстена во христијанската вера. Како што Исус направи со секој еден од нас, така и со неа, Tој го преплави нејзиниот свет со откровение на светлина. Како посветен верник на Христос, таа беше вброена меѓу оние кои беа собрани во горната соба. Кога Светиот Дух слезе врз нив во сила, таа беше таму; пламен јазик се спушти врз неа и таа беше исполнета со Духот и почна да зборува на друг јазик. На Педесетници, Фотина ја прими заповедта да го проповеда евангелието до крајот на земјата.

Нашата храбра сестра остави зад себе сè што претставуваше ограничување и удобност на животот кој го познаваше дотогаш и отпатува во далечните краеви на Африка. Таа не замина сама – таа зеде поголем дел од своето семејство со неа. Нејзината средба со Христос донесе толку силна трансформација во нејзиниот живот што и двајцата нејзини синови и сите пет нејзини сестри беа спасени. Фотина, нејзиниот син Јосиф и нејзините сестри отпатуваа до крајните делови на нивниот свет токму како што Исус заповеда во Дела 1:8.

Во Африка, сите тие служеа верно ширејќи го евангелието за Христос во Картага донесувајќи големи плодови. Кога веста стигна до нив, дека Нерон, лудиот император ги апси и ги прогонува христијаните низ неговата територија, Фотина ја побара Божјата мудрост.

БЕЗ РИВАЛ

198

Page 213: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

Исус ѝ се појави во сон и ја советуваше да отиде во Рим и да се соочи со Нерон. Наместо да избегаат подалеку од раката на Нерон, тие тргнаа директно во центарот на бурата. Веднаш, Фотина, нејзиниот син и нејзините сестри отпловија за Рим придружувани со поголема група христијани од Картага.

Тие беа предупредени дека ќе има последици доколку изберат отворено да ја живеат нивната христијанска вера и беа советувани да практикуваат приватна форма на обожавање. Еве, еден разговор помеѓу нејзиниот син Виктор, кој служеше како римски офицер, и службеник по име Себастијан.

„Виктор, јас знам дека ти, твојата мајка и твојот брат сте следбеници на Христос. Како пријател те советувам да се покориш на волјата на императорот. Доколку издадеш кој било христијанин, ти ќе го добиеш нивното богатство. Јас ќе им пишам на твојата мајка и на твојот брат барајќи од нив да не зборуваат за Христос јавно. Нека ја практикуваат нивната вера во тајност“. Виктор одговори: „Јас сакам да бидам проповедник на христијанството исто како мојата мајка и мојот брат“. Себастијан рече: „Ох, Виктор, сите ние знаеме каква казна те очекува тебе, твојата мајка и твојот брат“.1

Колку од нас би продолжиле да ја практикуваме нашата вера отворено, доколку знаеме дека оваа одлука означува загарантирана казна? Подоцна, нејзиниот син Виктор се придружи на неговата мајка, неговиот брат и на неговите тетки. Еве извадок од истиот документ кој беше цитиран претходно, кој ни дава поглед кон нејзината прва средба со Нерон.

Пристигнувањето на Фотина предизвика заин- тересираност во главниот град. Која е оваа жена?

199

ЌЕРКА БЕЗ ПРОТИВНИК

Page 214: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

Тие прашуваа. Таа дојде тука со толпа следбеници и таа го проповеда Христос со голема храброст. На војниците им беше наредено да ја донесат пред императорот, но Фотина ги предвиде нивните планови. Пред да можат да ја уапсат, Фотина со нејзиниот син Јосиф и со нејзините пријатели христијани отидоа кај Нерон. Кога императорот ги виде, ги праша зошто се дојдени. Фотина одговори: „Ние дојдовме за да те научиме да веруваш во Христос“. Полулудиот владетел на Римската Империја воопшто не ја плашеше. Таа сакаше да го преобрати Нерон!2

Не беше изненадување, но Нерон не ја прифати оваа порака. Тој нареди оние кои велат дека се наоѓат во рацете на Исус, нивните раце да бидат истепани со железни прачки. Стражарите ги одведоа Фотина и оние кои беа со неа да бидат истепани поради нивната дрскост. Во наредните три часа, нивните раце беа брутално претепани со железни прачки, но христијаните не почувствуваа болка и пееја псалми додека нивните измачители беа целосно истоштени. Ниту еден од Христовите следбеници немаше ниту еден белег на нивните раце.

Кога Нерон дозна дека немаше никаква корист од тепањето, тој ги затвори и смисли план како да ги убеди Фотина и нејзините сестри да се преобратат. Овој пат тој се обиде да ги придобие со добрина. Тој порача шест престоли да бидат поставени во голема сала за прослава. Пред овие престоли, тој нареди да се постават најразлични видови од богатството на Рим со цел да се покажат пред сестрите. Не се штедеше ништо во подготовката на работи кои ќе бидат привлечни за женствената душа. Покрај златото и среброто, имаше и дијаманти и прекрасни наметки кои беа поставени пред секоја една од жените. Овие богатства, лесниот живот и убавината можеа да бидат нивни, доколку само се откажат од нивната христијанска вера и доколку принесат жртва на римските боженства. За да ги

БЕЗ РИВАЛ

200

Page 215: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

убеди кон оваа крајна цел, тој ѝ заповеда на неговата ќерка Домнина да се однесува како негов посредник.

Кога Домнина влезе во собата, топло ја поздрави Фотина и во самиот поздрав го спомена Христос. Фотина мислеше дека таа е, исто така, верник и откако ја прегрна, таа отворено ги сподели преобразувачката љубов и чудата на Христос со девојката за која мислеше дека е нејзина сестра. Домнина беше разоружана и наместо таа да ја разубеди Фотина, Домнина беше таа која стана христијанка. Но, таа не беше единствена во нејзиното обраќање кон Христос – нејзините девојки-слугинки, исто така, се обратија додека го слушаа храброто проповедање на евангелието од страна на сестрите. Тогаш, Фотина ги советуваше Домнина и нејзините слугинки да го отстранат сето богатство во собата и да го поделат слободно меѓу сиромашните кои ќе ги најдат на улиците на Рим. Домнина беше крстена и таа прими ново име.

Нерон беше бесен. Тој нареди Фотина, нејзините сестри и нејзините синови да бидат спалени со оган. Тој нареди да се направи голема печка, но кога беа фрлени во печката, оганот не допре до нив. Потоа, Нерон нареди да бидат убиени со отров. Кога го донесоа отровот, Фотина се пријави таа да биде прва од нејзиното друштво која ќе пие од него, но отровот немаше никакво влијание врз неа ниту, пак, врз останатите христијани. Тогаш, оној кој беше испратен од Нерон да го даде отровот, и тој стана христијанин. Тие останаа во затвор поради нивната вера и во наредните три години тие беа тепани и подложени на секаков вид измачување што ќе му текнеше на изопачениот император.

Колку повеќе ги измачуваше, толку повеќе нивната слава се зголемуваше. Зборот за нивната вера и сила се прошири насекаде низ главниот град на империјата и за време на нивниот престој во затвор, самиот затвор стана дом на обожавање. Граѓаните на Рим постојано доаѓаа до ќелиите на верните за да примат молитва и за да го слушнат евангелието. Цели три години пораката за Христос продолжи да се шири низ Рим од ограничувањата

201

ЌЕРКА БЕЗ ПРОТИВНИК

Page 216: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

на затворот, и многу луѓе поверуваа.Нерон, испрати да биде доведен еден од неговите

поранешни слуги кого го имаше ставено во затвор, и тој му даде извештај за сè што се случуваше. Нерон, тогаш, нареди на сите христијани кои се наоѓаат во затвор да им бидат отсечени главите. Сите освен Фотина. Тој се надеваше дека ќе ја скрши преку тага и изолација, па, така, ја преместија од затворот и ја спуштија во длабок, темен и празен бунар. Неколку записи кажуваат дека пред да биде спуштена, прво била силно камшикувана. Тој ја оставил таму со недели во место кое со сигурност изгледало како отворен гроб. Таа беше потполно сама. Ова беа темни денови за Фотина и таа плачеше, но не за загубата на оние кои ги сакаше. Таа знаеше дека тие се ослободени од каква било форма на земен затвор и веќе се примени во небото. Таа жалеше што на неа ѝ беше одземена можноста да умре маченички заедно со нејзините синови и сестри, а со самото тоа да биде ограбена од круната на мачениците. Од она што можев да го прочитам, изгледа дека ова беше најтешкиот период за неа.

Секој еден историски запис кој го прочитав, ја споменуваше оваа сезона помината во бунарот. Во еден од записите, се вели дека таа умира во длабочините на овој пресушен бунар, но не умира од очај туку по свој личен избор. Како Стефан, таа го виде својот Спасител во сон и му го предаде својот дух. Други записи кажуваат дека таа биле извлечена од бунарот по подолг временски период, и по еден сон во кој Исус ѝ се појавува, таа била ослободена од овој живот овде на Земјата додека сè уште била во затвор. Без разлика на записите, животот на оваа жена бил како длабок бунар на жива вода која негувала и освежувала неизбројлив број луѓе.

Маченици во денешен ден

Животот на Фотина не направи обожаватели од луѓето; нејзиниот живот направи сведоци и маченици од луѓето. Оваа жена имаше нешто што јас го сакам. Таа имаше нешто

БЕЗ РИВАЛ

202

Page 217: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

што можеби сите ние треба да го имаме во деновите кои се пред нас: непоколеблива одлучност. Посетеноста во црквата се зголемува кога светот гледа со благонаклонетост кон христијаните. Но, посветени ученици се раѓаат во сезоните на тешкотија. Реномираниот католички историчар Кристофер Хенри Досон објаснува:

Црквата растеше под сенката на стаповите и секирите на џелатите и секој еден христијанин живееше во опасност од физичко измачување и од смрт. Помислата на мачеништво беше изгледот на раното христијанство. Но, тоа не беше само страв туку тоа беше идеал и надеж. За секој еден маченик, тоа значеше да се биде комплетен христијанин, тој беше шампион и херој во новото општество кое се бореше со старото, па дури и христијаните кои потклекнале во моментите на искушенија – се откажале од верата – гледале кон мачениците како на свои спасители и заштитници.3

Ние живееме во време на перверзна изопаченост и насилство. Секојпат кога ќе помислам дека не може да биде полошо... станува полошо. Христијаните сè уште се маченици денеска – и наместо огорченост, одговорот на нашиот свет покажува став на незаинтересираност. Моето срце е скршено, но не и изненадено. Пред извесно време на американска почва, студенти христијани беа убиени поради нивната вера додека убиецот систематски пукал во главата на оние кои го исповедале Христос, а на оние кои не биле христијани им пукал во ногата. Наместо ова зло да биде наречено убиство од омраза, нашите телевизии се фокусираа на проблемот околу контролата на поседување оружје.

Доколку Библијата се толкува на исправен начин, тогаш помош и ослободување не може да дојде од ниту еден водач во овој свет. Но, тоа не значи дека ние треба да молчиме кога се соочуваме со темнината на ист начин

203

ЌЕРКА БЕЗ ПРОТИВНИК

Page 218: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

како што тоа го направи Фотина. Ние треба да бидеме живо откровение за она што е запишано во 1 Јован 4:4:

Вие сте, чеда, од Бога и нив сте ги победиле; зашто Оној, Кој е во вас, е поголем од оној што е во светот.

Христијаните во некои други земји се обезглавени, а видеозаписите од овие злосторства се испраќаат со глобално предупредување до сите оние кои ќе се осудат да се наречат себеси луѓе на крстот. Со овој опис, се прашувам, дали овие злосторници многу точно знаат кои сме, додека ние имаме заборавено.

Не толку одамна, муслимани упаднаа на еден собир на христијани на еден од факултетите во Кенија и ги убија сите оние кои беа собрани на утринскиот молитвен состанок. Потоа, овие убијци почнале да ги вадат студентите од нивните студенски домови и од хотелите, и со вперен пиштол ги прашувале за нивната вера. Тие кои имале храброст да се идентификуваат себеси како христијани, беа убиени. Речиси 150 луѓе беа убиени, а многу други ранети. Организацијата која го изврши овој напад на своите социјални мрежи, се фалеше дека ова е само почеток и ги уверуваа луѓето на крстот дека ваквите напади ќе се зголемат. 4

Време е да се подготвиме себеси да страдаме за Христос. Подобро е нашите срца да бидат подготвени да дадат одговор и да бидат подготвени да настрадаат отколку да бидеме фатени неподготвени и да се откажеме од Него. Ние треба да изгледаме исто како и учениците во Дела 5:41-42:

А тие излегоа од Синедрионот, радосни, зашто беа удостоени да поднесат измачувања за името на Господ Исус. И секој ден во храмот и по куќите не престануваа да поучуваат и да благовестат дека Исус е Христос.

БЕЗ РИВАЛ

204

Page 219: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

Дали некогаш сте запознале луѓе кои биле тепани поради нивната вера во Христос? Дали некогаш имате зборувано со човек кој се радувал затоа што бил удостоен да поднесе измачување поради името? Јас имам. Овие светии имаат блескава чистота во нивните животи, не поради тоа што биле тепани, но затоа што го сретнале Исус во заедништвото на страданијата. Тие се крунисани со благодат која јас сè уште не сум ја спознала. Оние кои јас ги имав запознаено, работат на полињата каде да се биде христијанин е опасно по животот. Тие живеат во опасност речиси секој ден. Честопати овие луѓе се мои скапоцени браќа и сестри кои работат на преведување на нашите книги. Вистината е дека јас пишувам на безбедно место, а тие преведуваат во опасност. Честопати јас не се чувствувам достојна да работам покрај нив. Нивните животи ме потсетуваат на Павловите зборови во 1 Коринќаните:

Зошто, пак, и ние секој час се подложуваме на опасност? Секој ден умирам, браќа, се колнам во пофалбата ваша која ја имам во Христос Исус, нашиот Господ! (15:30-31)

Слабоста на западот

Дали може да бидам искрена? Јас се плашам за Црквата на западот. За жал, денес многу почесто можеме да ги запознаеме оние кои го обесчестиле Неговото име. Понекогаш ми се гади од мојата лична апатија и себичност.

Пред извесно време, Џон и јас за време на една вечера разговаравме со неколку пастори кои споделија како тие постојано ја предупредуваат нивната црква – луѓе кои исповедаат дека го прифатиле Исус Христос за Господ – за замките на сексуалната неморалност. А за возврат примаат само празни погледи и слаби изговори. Парови кои живеат заедно би објасниле: „Ние планираме да се земеме еден ден; зошто е погрешно да живееме заедно и да имаме секс?“

205

ЌЕРКА БЕЗ ПРОТИВНИК

Page 220: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

Еден друг служител ја сподели неговата болка од тоа дека еден виден христијански водач планира да се разведе од својата сопруга иако нема Библиска основа за неговата постапка. Тој ни објасни дека овој човек знаел дека неговата одлука ќе значи дека тој нема да може да зборува јавно најмалку барем една година но, по тоа време би се вратил назад. За жал, тој можеби е во право. Стравот од луѓето не нè држи понастрана од гревот. Единствено стравот од Господ може да направи да се оддалечиме од злото.

Во еден посебен момент, за време на една служба во која Светиот Дух им заповеда на стотина жени да го земат својот крст и да го следат Исус, водачот стана и им кажа на сите жени да не чувствуваат никаков притисок бидејќи Бог нема потреба од нив да прават нешто; Тој само сака тие да бидат тоа што се. Навистина?

Јас сум толку многу благодарна што Исус не застана само со титулата да биде Син на Бог, но Тој беше спремен да ја соблече од себеси својата божествена природа и привилегија со цел да го направи делото на слуга наместо нас. Јас ја гледам Црквата толку длабоко потопена и замрсена со светот што ме заплашува.

Жена со минато

Вака сè започна за Фотина. Имаше време кога и таа беше длабоко потопена во грешен животен стил и беше видена како ништо друго туку само како засрамен аутсајдер. Таа беше жена со минато која живееше под правилата на законот кои ја оставија без надеж за иднината.

Светото Писмо ни дава прозорец во минатото на оваа жена. Кога првпат ја запознавме, таа беше без име, разведена и расеана. Нејзиниот живот беше исполнет со конфликти на толку многу полиња што никој не можеше да замисли дека таа може кога било да служи. Разбирајќи го ова, таа прво го сподели евангелието во форма на прашања и сугестии. Можеби, како нашата пријателка, и ти ја имаш почувствувано осудата од страна на другите до

БЕЗ РИВАЛ

206

Page 221: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

таа мера што твоите изјави останале само мали совети и прашања.

Простете им.Луѓето кои сè уште ве поврзуваат со вашето минато...

уште не го искусиле откровението на Божјата милост и силата на нановораѓањето.

Можеби ти самата се испрашуваш себеси. Моето минато ми донесе многу прашања мене. А, сепак, најдлабоките и највалканите места од мојот живот беа подоцна откупени и тие станаа моите најдлабоки бунари. Иако е вистина дека почетниците не треба да бидат промовирани во водачи толку бргу, сепак, секој еден христијанин треба да биде охрабрен да биде сведок на спасителната сила. Но, Исусовата скапоцена благодат никогаш не треба да биде злоупотребена или искористена како изговор да одиме и да грешиме повеќе (Римјаните 6:1-2). Наместо тоа, Неговата благодат треба да нè мотивира да се промениме, да живееме трансформирани животи на зголемена праведност и да примиме нови имиња.

Пред таа да го земе името „просветлена“, Фотина ни беше позната само по нејзината етничка припадност. Ние ја запознаваме кога ги слушаме нејзините приватни разговори со Исус. Таа е нашата пријателка, жената Самарјанка. Колку е прекрасно да се знае дека жената која порано имаше пет мажи, еден ден ќе служи покрај своите пет сестри! Јас го сакам ова бидејќи во Библијата бројот пет е симбол за благодатта. А, во нејзиниот случај, таа искуси благодат врз благодат!

Јас отсекогаш сум ја сакала оваа жена. Со години ја гледав како жена со голем капацитет. Таа беше длабок бунар, а живееше плиток живот. Тешкотиите кои ги искусила и реалноста на нејзините избори имаа ископано длабока, темна и сува дупка внатре во неа. Непријателот на нејзината душа планираше ова да биде постојано место на скршеност што ќе ја изолира и ќе ги потрупа нејзините соништа.

Кога го читам разговорот помеѓу Исус и оваа жена во Јован 4, јас се ставам себеси во сценариото. Ги замислувам

207

ЌЕРКА БЕЗ ПРОТИВНИК

Page 222: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

учениците како си мислат дека е безбедно да го остават уморениот Исус да биде сам покрај бунарот. Сè уште не беше време овчарите да ги донесат своите стада за да бидат напоени, а жените од околните места веќе беа дојдени порано во денот за да земат вода за своите домови. Ми се допаѓа како преводот Копнеж ја прикажува нивната прва интеракција:

Уморен од неговото долго патување, седна на аголот од бунарот на Јаков. Тој ги испрати своите ученици во селото за да купат храна бидејќи веќе беше попладне. Наскоро дојде еден жена Самарјанка за да нацрпи вода. Исус ѝ рече: „Дај ми да се напијам вода“. (Јован 4:6-8)

Исус е уморен од долгото пешачење и изморен од фарисеите. Јас го гледам како седи на крајот од бунарот на Јаков. Немилосрдното сонце на Блискиот Исток удира врз него, но Тој може да го почувствува ладниот воздух како се подига од длабокиот бунар. Исус се загледува во неговата длабочина и размислува за неговата историја додека ги разгледува работите кои веќе се случија тој ден. Нивната мисија во Јудеа заврши ненадејно и пешачењето беше долго и прашливо. Тој стави крај на крштевањата кога дозна дека религиозните водачи ги направиле во некој вид водење евиденција и натпревар помеѓу неговите ученици и учениците на Јован (Јован 1).

Зошто тие не можеа да ги видат работите онака како што се? Тие работеа заедно како соработници. Да, топлпата дојде. Нивниот глад беше голем по толку многу години суша. А сега, пророштвото и ветувањето ги направија луѓето спремни. Животите беа обновени преку покајание и преку водата на крштевањето.

Тоа беше нешто свето и исполнето со надеж, а тие се обидоа да го прикажат како циркус. Затоа Тој ги напушти водите на Јордан и замина во сувите предели.

Тој ги затвора своите очи за момент наспроти правта и сјајот на сонцето. Тој ќе се одмори и ќе чека кај овој древен

БЕЗ РИВАЛ

208

Page 223: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

бунар неговите ученици да се вратат. Тој испушта длабока воздишка. Одеднаш, чувство на очекување се пробудува во Неговото срце и Тој го чувствува Светиот Дух како му шепнува: Јас имам план овде во оваа неплодна Самарјанска земја. Исус слушна еден збор, жетва. Тој ги отвора своите очи и здогледува осамена ќерка од Самарија како приоѓа да нацрпи вода.

Таа носеше голем сад. Сличен на оној кој другите жени го користеа да нацрпат вода наутро. Нејзиниот сад е празен, а исто така и нејзиното срце. Оваа ќерка има паднато толку долу што дури го избегнува друштвото на другите жени. Библиските учители сугерираат дека таа избрала да дојде во најтоплиот дел од денот кога бројот на луѓето кај бунарот би бил најмал.

Тој ја гледа. Тој го забележува моментот кога таа го здогледува и бргу ги свртува своите очи. Според Неговата облека, таа знае дека тој е Евреин. Евреите не се дружат со Самарјаните; тие се презираат. Оваа жена знае што значи да се има неволи и со сигурност не сака невола сега.

Предупредена, таа пристапува кон спротивната страна на бунарот, каде го спушта својот сад и се подготвува да нацрпи вода. Тој ја повикува. Зачудена, таа ја подига својата глава и застанува. Има нешто во тонот и бојата на Неговиот глас што го привлекува нејзиното внимание. Неговото барање вода звучи повеќе на покана, а не на заповед. Несигурна, таа одговара:

Како ти, Јудеец, бараш од мене, жена самарјанка, да пиеш? Зашто Јудејците со Самарјаните не се мешаат. (Јован 4:9)

Замислете си, доколку сакате, предрасудите беа толку длабоки што користењето иста чаша би те направила да бидеш нечиста. Не само што таа е Самарјанка, но таа е, исто така, и жена. Но, Исус не се плаши да пие од нејзината чаша... Тој е подготвен да ја испие чашата на гневот наместо неа. Ниту, пак, Исус сакаше да ја искористи како што тоа го направија другите мажи што таа ги знаеше. Тој сака Тој

209

ЌЕРКА БЕЗ ПРОТИВНИК

Page 224: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

да биде спознаен. Можеби ја сака утехата на разговорот. Можеби Тој е уморен да биде претставен погрешно од страна на арогантните религиозни водачи. Можеби, како и многу од нас, Тој наоѓа спокој во споделување на товарот на своето срце со некој потполн странец.

Исус ѝ одговори и рече: „Кога би го знаела дарот Божји и Кој е Овој што ти вели: дај ми да пијам - ти самата би побарала од Него и Тој би ти дал жива вода“. (стих 10)

Жената е зачудена. Кој е Овој што зборува за дарежливиот Бог? Таа чекори околу бунарот кон Неговата страна за да види што Тој има во свој посед што му дава толку сила да даде една таква луда изјава. Можеби Неговиот сад е покрај Неговите нозе? Таа открива дека Тој не поседува ништо што би ја поддржало Неговата изјава. Дали ветувањата на овој човек ќе се покажат како празни како зборовите на сите други мажи кои ги познава? Заинтересирана, таа ја доведува во прашање Неговата способност да нацрпи од оваа жива вода.

Господи, ти немаш со што да нацрпиш, а кладенецот е длабок: од каде, пак, имаш жива вода? (стих 11)

Таа размислува дека вода која освежува толку многу, сигурно доаѓа од најдлабокото место на бунарот. Дали е возможно овој Евреин да го навредува бунарот на Јаков? Овој бунар има богата историја и е подлабок од сите други. Таа оди чекор подалеку со нејзината поента.

Зар си ти поголем од нашиот татко Јаков, кој ни го даде овој кладенец? И самиот тој пиеше од него, и синовите негови, и добитокот негов! (стих 12)

Она што е интересено е дека тема на разговор овде е бунарот на Јаков. Самото име Јаков означува „оној кој

БЕЗ РИВАЛ

210

Page 225: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

подучува, измамува или се фаќа за петата“. Кога Бог го пророкуваше непријателството помеѓу семето на жената и семето на змијата, Тој рече дека змијата ќе ја напаѓа петата на нејзиното семе. Подоцна, Бог го смени името на Јаков во Израел, што значи „принц на Бог“. Колку е само зачудувачки тоа дека оваа жена која била измамена толку многу пати верувајќи дека мажите можат да ја исполнат нејзината жед, сега се наоѓа разговарајќи со Израелевиот Принц на мирот кај бунарот на Јаков. Иако таа греши во нејзиното размислување, Исус, сепак, многу добро знае што се случува.

Разговорот, всушност, е за очајот на нејзината жед, а не за состојбата на бунарот. Исус го прави она што го прави најдобро... Тој ги игнорира нејзините прашања и зборува директно на нејзините најдлабоки копнежи.

Секој што пие од оваа вода, пак ќе ожедни; а кој пие од водата, што ќе му ја дадам Јас, нема никогаш да ожедни; таа во него ќе стане извор на вода што ќе тече во живот вечен. (Јован 4:13-14)

Со зборот секој, Исус ги обединува сите кои се жедни за нешто повеќе од она што овој свет може да го понуди. Тој ги испреплетува заедно и Евреите и Самарјаните и сите оние кој кога било го посетиле овој извор во минатото или во сегашноста. Секој еден земен бунар служи за да ја потенцира нашата очајна човечка жед. Преводот Копнеж го преведува Јован 4:13 вака:

Доколку пиеш од бунарот на Јаков, повторно и повторно ќе бидеш жеден.

Старите бунари одново и одново ќе те остават жедна. Само Бог може да ја згасне твојата жед. Овие древни бунари беа подложни на пропаст бидејќи нивниот извор зависи од состојбата на земјата. Во секој еден момент, непријателот може да дојде и да стави отров во бунарот или да го исполни со земја или, пак, долга суша може да

211

ЌЕРКА БЕЗ ПРОТИВНИК

Page 226: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

го пресуши. Како овој стар бунар, исто така и законот може да

биде лесно отруен од човекови закони или може да биде закопан под земјата со ритуали и со правила направени од

БЕЗ РИВАЛ

212

човек. Самарјаните ги почитуваа само првите пет книги од Тората и се поклонуваа на своја планина. Тие живееја во сенката на законот, а, сепак, Евреите покажаа дека ни законот во целост не може да ни даде живот за којшто копнееме. Овие древни извори на закони и патријарси ни беа дадени со цел да ја откриеме нашата очајна потреба

Секој земен бунар служи

за да ја потенцира

нашата очајна човечка жед.

за живата вода на Светиот Дух. Законот бараше одредиште и место за обожавање. Законот го става Бог надвор од можноста да го досегнеме. Обожавањето на Бог останува повеќе само набљудување отколку извор на живот. Под законот има посетување, а не пребивање. Законот е место каде Тој може да биде виден од далечина, но не и допрен. Законот ја одржува динамиката на планината Синај каде ние можеме да гледаме кон Бог, но не и да бидеме во Неговата прегратка.

Кога нашиот храм на обожавање е околу нас, наместо да биде во нас, ние ризикуваме да останеме аутсајдери. Оваа средба помеѓу Самарјанката и Исус прекрши толку многу законски параметри. Оваа жена го имаше прекршено законот и живееше со маж. Дури и во нашето време на полиберални цркви, за неа би се кажало дека таа „живее во грев“. А, сепак, Исус не гледаше однадвор на нејзиниот срам туку Тој зборуваше директно на нејзиното срце.

Законот секогаш бара повеќе од тебе од она што може да ти го даде. Живата вода не може да се задржи или, пак, да се измери затоа што таа е како течна светлина. Но, тоа не е вистина за мртвата вода. Доколку сакаш повеќе од само тоа да се напиеш од бунарот на Јаков, тогаш ќе ти треба многу поголем сад. Она што ќе го однесеш дома ќе биде ограничено, во согласност со тоа колку можеш да

Page 227: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

носиш. Мртвата вода не е светлина; таа е тешка. Доколку дневно ги пиеме препорачаните количини вода од два литра, тогаш тоа се два килограма екстра тежина. Доколку црпите вода за готвење, чистење, бањање како и употреба на вода за четиричлено семејство, тогаш тежината која треба да ја носиш би надминала десет килограми. А, на оваа тежина не е додадена тежината на самиот сад како и растојанието кое треба да го изодиш.

А, ова пешачење треба постојано да го повторуваш. Исус зборува за жед која е постојана и која не може да биде задоволена. Како ќерка која доаѓа од Блискиот Исток, која пораснала во сува земја, на оваа жена ѝ е познато што значи жед. Не постои бунар којшто е доволно длабок или, пак, вода којашто е доволно ладна за да ги задоволи нејзините очајни потреби за љубов, афирмација и за сопатник. Нејзината душа е очајно дехидрирана. Повторно и повторна таа е измамена од работите за кои се надевала дека ќе ги задоволат нејзините потреби и ќе ја освежат нејзината душа. Нејзините копнежи се нормални, но како и многу од нас, таа продолжила да бара добри работи на погрешни места.

Не е погрешно да сакаш да бидеш љубена.Не е погрешно да сакаш да го изградиш својот живот со интимен партнер.Не е погрешно да сакаш достоинствен живот.Не е погрешно да сакаш живот со цел.Не е погрешно да сакаш да имаш пријатели.Не е погрешно да сакаш да имаш живот на обожавање.

Исус не ги маргинализира нејзините копнежи ниту, пак, ќе се потсмева на твоите. Тој ја потврдува нејзината жед кога ѝ ветува дека Тој ќе ја задоволи. Тој ѝ нуди живот без крај наместо живот исполнет со мртви краеви. Од длабочината и очајот на нејзината душа, таа се приближува поблиску и моли:

Господи, дај ми таква вода за да не ожеднувам,

213

ЌЕРКА БЕЗ ПРОТИВНИК

Page 228: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

ниту да идам овде за полнење. (Јован 4:15)

Во нејзината молба исполнета со болка, јас слушам надеж. Јас ги препознавам нејзините копнежи како мои. Исусе, те молам, не дозволувај да се вратам на ова место кое постојано ме потсетува на моите падови. Исто како и оваа жена, и јас не го држев законот во мојата младост. Таа знаеше дека не може да го заработи и дека не го заслужува ова; може да го добие само како подарок. Како некој зависник, таа немаше ништо повеќе да потроши. Нејзината жед ја имаше заробено.

Пред Исус да може да ѝ ја даде оваа жива вода, Тој требаше да види дали таа беше спремна да се испразни самата себеси. Дали таа беше навистина спремна да остави сѐ зад себе? Тој зборува за тој валкан бунар исполнет со неподвижна вода од којшто црпела толку долго... мажите.

Исус ѝ рече: Оди, повикај го твојот маж и дојди тука. (стих 16)

Немојте да мислите дека со овие зборови Исус бараше некоја фигура на авторитет да дојде за Тој да зборува преку него на жената, ниту, пак, дека Тој со ова го посочуваше нејзиниот грев. Всушност, Тој праша за нејзиниот сопруг со цел да ја најде вистинската болка. Нашата храбра сестра ја кажа вистината иако знаеше дека вистината може да ја дискфалификува од живата вода на овој учител.

Немам маж. (стих 17)

Ова признание сигурно ѝ беше тешко да го каже. Пет пропаднати бракови. Нема знак на обвинување ниту, пак, изговори во нејзиното признание; само чиста и неубава вистина. Јас немам маж...

Исус ѝ рече: „Право кажа дека немаш маж; зашто петмина мажи си имала и овој, што го имаш сега, не ти е маж; право рече“. (стих 17-18)

БЕЗ РИВАЛ

214

Page 229: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

Исус сака да работи со оние кои ја говорат вистината и кои даваат храбри исповеди. Таа ја кажа својата моментална реалност, а Тој ги исполни деталите од нејзиното минато. Пет мажи ја земале за жена само за да ја отфрлат. Понекогаш се прашувам зошто целиот фокус е на неа како грешник. Јас сум внука на жена која беше мажена четири пати со тројца мажи. Таа не беше жртва; тоа беше нејзин избор и порок. Но, можеби не беше тоа случај со оваа жена. Ние не знаеме со сигурност дека вината беше во неа. Таа живееше под законот што само по себе значеше дека мажот можеше да одлучи дека бракот со неговата сопруга беше погрешен и тој многу лесно можеше да ја отфрли давајќи потврда која го потврдува неговото разочарување. Според законот, би било невозможно за неа таа да биде онаа која ќе одлучи да го промени својот маж по своја лична иницијатива. Секој еден нов брак бара потврда од разводот. Можете ли да си замислите... пет пати да доживееш неуспех? Оваа жена е толку скршена што е спремна да живее со човек со кого дели постела, но не и заедничко име. Нејзиниот живот е исполнет со апетити кои одбиваат да бидат задоволени. Нејзиниот дух е скршен, но таа, сепак, се надева. Јован 4:19 продолжува:

Жената му одговори: „Господи, гледам дека си ти пророк!“

До пред извесно време, не ја разбирав тежината на оваа изјава. Таа исчекоруваше кон нешто повеќе од она што го знаеше бидејќи Самарјаните веруваат дека само Мојсеј беше пророк. Според Матеј 10:41, оваа изјава ја позиционира да прими пророчка награда: „Кој прима пророк во пророчко име, ќе добие пророчка награда“.

Што е тоа пророчка награда? Јас верувам дека овој дар може да биде изразен на повеќе начини, но нема ништо позначајно од откровението и од разбирањето на живата вистина. Пророците, исто така, се наречени јасновидци. Секаде каде што Исус одеше, Тој ги отвораше очите на разбирањето. Кога таа избра да го прими Исус

215

ЌЕРКА БЕЗ ПРОТИВНИК

Page 230: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

како пророк, таа погледна кон нејзината иднина и го праша Исус каде таа треба да обожава. Можам само да си замислам дека таа беше уморна од нејзиниот стар живот со старите навики. Таа не знаеше дека доаѓа нов час за неа кој ќе го промени нејзиното разбирање за обожавањето од место кон личност.

Исус ѝ рече: „Жено, верувај ми дека доаѓа време кога ни на оваа планина, ниту во Ерусалим не ќе се поклонувате на Отецот“. (стих 21)

Во преводот Копнеж на Арамејски, овој стих звучи вака:

Верувај ми, драга жено, дојде времето кога нема да го обожаваш Таткото на планина, ниту, пак, во Ерусалим, туку во своето срце.

Таа му искажува почит на Исус како на вистински пророк, а за возврат Исус ја нарекува она што таа навистина е, драга. Овој израз означува „возљубена, скапоцена, вредна, бесценета, почитувана и ценета“. Се прашувам кога последен пат била наречена со некој израз на љубов. Тој го обновуваше нејзиното скршено срце и нејзиниот ранет дух со зборови на иднина.

Дури и сега го слушам Исус како ја поканува секоја една од неговите ќерки: „Верувај ми, моја ценета, скапоцена и возљубена жено, твоето време е дојдено...“. Твоето време да веруваш е сега. Да направеме пауза за еден момент. Што е она што Тој ѝ го има шепнато на твојата душа?

Нашиот Бог не е најблиску до тебе кога си на планина, во град или, пак, во црква. Никој не може да те држи надвор од Неговата присутност. Ниту една грешка не може да те оддели од она што пребива внатре во тебе. Исус го чека твоето обожавање кај изворот на твоето срце. Светото Писмо нè потсетува дека нашиот Бог е близу нас како шепот:

БЕЗ РИВАЛ

216

Page 231: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

А, што вели таа? Блиску до тебе е словото, во твојата уста и во твоето срце. (Римјаните 10:8)

Исус го сподели овој нов револуционерен концепт со жена која се наоѓаше најниско. Кој некогаш има слушнато за Бог без ограничување и без локација? Бог кој беше спремен да се сретне со неа каде и да се наоѓаше таа? Замислете колку прекрасна оваа вест би била за неа. Таа е отфрлена од своите луѓе, непријател за Евреите, но Бог направил место за себе внатре во храмот на нејзиното срце. Како што таа беше искрена и откри која таа е, исто така Синот Божји ќе биде сосема отворен кон неа. Нејзините избори ја имаа турнато до крајните граници на нејзиниот живот. Исус ја поканува. Исус продолжува и објаснува:

Вие му се поклонувате на она што не го знаете, а ние се поклонуваме на она што го знаеме; зашто спасението е од Јудејците. Но, доаѓа време и веќе дошло кога вистинските поклоници ќе Му се поклонуваат на Отецот со дух и вистина, зашто Отецот сака такви да бидат оние кои Му се поклонуваат. Бог е Дух и оние што Му се поклонуваат, треба да се поклонуваат со дух и со вистина. (Јован 4:22-24)

Исус ја крши нејзината традиција со вистината. Доколку она што овој учител го кажува е вистина, тогаш таа е баш таков вид на обожаватели кои Таткото ги бара: оние кои копнеат да обожаваат во дух и во вистина.

Ние не ја гледаме иронијата бидејќи ние знаеме и го прифаќаме сè она што Исус го открива како разбирлива вистина, но во тоа време овие концепти беа радикални. Повеќе од реално е дека таа никогаш немаше слушнато за Бог, Таткото. Преводот Копнеж на Јован 4:22-23 вели:

Оттука па натаму, да го обожаваме Таткото не е работа да бидеме на вистинско место, но да го правиме тоа со вистинско срце. Зашто Бог е Дух

217

ЌЕРКА БЕЗ ПРОТИВНИК

Page 232: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

и Тој копнее да има искрени обожаватели кои го обожаваат и го воздигаат во областа на духот и во вистина.

Таа може да се поврзе со Бог кој копнее. Јас верувам дека во овој момент беше збунета со оваа славна надеж наспроти она што таа го знаеше како религија која угнетува. Таа не е сигурна што да верува; нејзиното срце трепери со надеж, збунетост и со зачуденост, но единственото нешто што таа го знае, го споделува.

Жената му рече: „Знам дека ќе дојде Месијата, наречен Христос; кога ќе дојде тој, сè ќе ни каже“. (стих 25)

Се прашувам дали Исус ја најде нејзината вера како на дете неодолива. Тој не можеше да ја чува добрата вест за вистината скриена од неа повеќе. Јас го замислувам како Тој го држи нејзиниот поглед додека прошепнува:

Јас сум, кој зборува со тебе. (стих 26)

Тој го направи токму она што таа очекуваше Месијата да го направи... Тој ѝ ги кажа сите работи. Понекогаш дури и без да се каже сè, нашиот Бог се осврнува на сите нешта. Биди мирно, срце мое. Нашиот Христос, Помазаникот, честопати ги одговара нашите прашања околу обожавањето кажувајќи ни ја вистината за нас самите. Само во еден замав Тој ги открива будалестите традиции и го отфрла човековото расудување со мечот на вистината. Кој не би го испуштил нивното грне со вода и не би се стрчал да го слушне ова? Тоа е нашиот Исус. Тој не го посрамува нашиот срам. Тој ги зема луѓето во Неговата доверба и ги споделува со нив добрите нешта кои Фарисеите (па, дури и неговите ученици понекогаш) одбиваа да ги слушнат.

Моментот завршува. Учениците се враќаат и тие се вознемирени од откритието дека Исус разговара со жена која е вредна само за нивниот презир. Но, нивниот

БЕЗ РИВАЛ

218

Page 233: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

приговор не ѝ значи ништо на неа. Еднаш штом сте примени од Бог... отфрлувањето од луѓето не значи ништо. Она што е интересно да се забележи е дека ниту еден од учениците не ги имаше покането Самарјаните да излезат да го видат Исус. И тоа беше во ред бидејќи Исус веќе го беше испратил својот гласник. Токму таа беше на Неговиот ум цело време.

А, жената ја остави својата стомна и отиде в град и им рече на луѓето: „Дојдете, видете го човекот кој ми кажа сѐ што сум направила“. Да не е тој Христос? Тогаш, тие излегоа од градот и тргнаа кон него. (стих 28-30)

Кога поблиску ќе погледнеме, ќе видиме дека таа ги користи зборовите со намера. Таа не го нарекува пророк ниту, пак, спомнува дека Тој е Евреин, знаејќи дека овие две работи може да предизвикаат луѓето во градот да го отфрлат. Таа го користи своето сведоштво за да го подготви патот за нив. Ми се допаѓа тоа што нашата пријателка ги поканува луѓето да дојдат и да видат наместо да вели дојдете и слушнете. Гледањето може да значи верување, и кога твоите очи се отворени, тогаш сакаш и сите други да видат, исто така.

Ми се допаѓа тоа што Исус одлучи да открие нешто толку големо, скапоцено и свето на жена која другите ја гледаа како расипана, секојдневна и извалкана. Зборувајќи ги тајните за Бог со некоја која другите ја сметаа за помала од најмалите, Тој ја отвори вратата за сите нас. Поради оваа причина, јас ја имам разгледано нејзината приказна во повеќе книги, а не само една. Јас постојано ја гледам нивната комуникација од различен агол, но никогаш со незаинтересирано срце.

Веќе со години наназад, јас ја сакам оваа интимна средба која ја направи посрамената аутсајдерка да стане некој кој е близок соработник. Долго време го сакав и фактот што нејзиното име не е спомнато; на тој начин, јас многу лесно можам да го ставам моето име во

219

ЌЕРКА БЕЗ ПРОТИВНИК

Page 234: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

нејзината приказна. Сè додека не ја запознав како Фотина, просветлената. Таа почна да евангелизира уште тој ден во Самарија, но, како што сега знаете, нејзиното влијание се прошири многу подалеку од границите на тој регион.

Нејзината приказна треба да нè охрабри сите нас кои сме како длабоки бунари, но живееме плитки животи. Што друго може да го објасни обраќањето на своеволна жена во разговор со пророк за обожавањето? Нејзиниот бунар не само што беше длабок... но, исто така, беше сув. Таа имаше пет мажи и два сина, но, сепак, копнежите останаа. Оваа жена со голем капацитет се излеа себеси целосно, дури до болка во сржта на нејзините коски.

Одненадеж, сè беше поинаку. Таа го запозна дарот. Исус ја покани и таа храбро побара од живата вода. Овој величествен Месија ја знаеше целосно и ја љубеше безрезервно. По Негова покана, оваа ќерка без противник пиеше длабоко од Неговата жива вода и отиде и стана Фотина, евангелист и апостол, која чекореше низ опасности со непоколеблива одлучност.

Жено со минато, дали ти ќе го следиш нејзиното водство?

БЕЗ РИВАЛ

220

Page 235: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

221

ЌЕРКА БЕЗ ПРОТИВНИК

Прашања за дискусија

Дали си гладна за повеќе од Божјата сила во твојот живот?

На кој начин беше допрена од приказната за Фотина?

Зарем не го сакаш фактот дека токму таа беше жената кај бунарот? Какви ветувања ова има за нас?

Дали постојат области во твојот живот каде ти си како длабок бунар кој сè уште живее плиток живот?

1.

2.

3.

4.

Page 236: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината
Page 237: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

10Неприкосновен живот

Никогаш не си премногу стара за да си поставиш нова цел или, пак, за да сонуваш нов сон.

Би сакала да споделам со вас уште една древна приказна за храброста и посветеноста. Си беше една убава,

млада девица по име Текла.1 Таа случајно го слушна евангелието додека Павле проповедаше во една куќа кај соседите. Таа седеше качена на прозорецот зјапајќи додека го слушаше Павловиот повик кон младите мажи и жени да го обожаваат Бог во чистота и доблест. Текла беше верена, но кога ги слушна зборовите на Павле, таа одлучи да го откаже договорениот брак и да го живее остатокот од нејзините денови за слава на Бог. Павле не беше свесен за неговото влијание врз Текла, но нејзината одлука не помина добро кај нејзината мајка и кај нејзиниот вереник, кои го искористија своето влијание за да разгорат една гневна толпа луѓе против Павле. Граѓанскиот немир го донесе Павле пред еден од гувернерите на Иконија кој веднаш го затвори.

Исполнета со тага, Текла искористи дел од својот накит за да влезе со поткуп во затворот, за да го запознае

223

К.С.Луис

Page 238: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

Павле, и за да го слушне евангелието за Исус директно од него. Кога нејзиното семејство ја открија исчезнатата ќерка во ќелијата на Павле, и двајцата беа изведени пред гувернерот. Павле беше камшикуван и исфрлен надвор од градот. Мајката на Текла се одрече од неа, а младата жена беше осудена на смрт. Таа ќе биде запалена на клада како пример за која било друга ќерка која би размислувала за ваква безобразна непослушност.

Додека Текла одеше кон нејзината смрт, Павле заедно со останатите христијани се молеше ревносно во катакомбите надвор од градот. Текла беше врзана на клада, но кога пламенот беше запален, таа не беше допрена од огнот. Тогаш, необична бура со голема сила се крена и дождот го изгасна огнот крај нејзините нозе и Текла беше избавена од смрт. Исплашени дека ова е знак од грчките богови, властите ја ослободија и ја исфрлија надвор од градот. Отфрлена, Текла се сретна со останатите прогонети христијани кои одлучија да патуваат заедно со Павле во Антиохија.

Веднаш штом влегоа во градот, еден маж со големо влијание и со сила, по име Александар, беше привлечен од убавината на Текла и се обиде да ја откупи од Павле. Кога Павле го одби, тој се обиде да ја земе сосила. Текла силно се бореше и во тој процес ја оттргна круната на Александар, направена од ловорови листови, и го отфрли јавно, наредувајќу му да не ја допира слугинката Божја.

Избезумен, Александар ја довлечка пред гувернерот на Антиохија. Во самата расправа, Текла призна дека ја искинала облеката на Александар обидувајќи се да побегне. Повторно беше осудена да умре. Нејзината егзекуција беше закажана за следниот ден и овој пат таа требаше да биде распарчена и изедена од дивите ѕверови.

Жените во Антиохија беа бесни. Тие мислеа дека пресудата против Текла беше неправедна. Римјанка, жена од благородно семејство, пристапи напред и побара на Текла да ѝ биде дозволено да остане во нејзиниотдом наместо во затвор, со цел да се заштити нејзината

БЕЗ РИВАЛ

224

Page 239: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

невиност. Во текот на таа една ноќ, оваа постара и оваа помлада жена станаа блиски пријателки.

Следното утро, оваа благородна жена плачеше горчливо додека Текла беше врзана со синџири следена од бесна лавица и одведена во арената. Публиката викаше додека Текла беше соблечена и фрлена во стадионот исполнет со лавови и со мечки. Првото животно кое дојде до неа беше лавицата. Дојде трчајќи кон неа, но наместо да ја нападне, лавицата се сврте и застана во заштитничка позиција покрај нозете на Текла.

Мечката се стрча, но пред да успее да дојде до Текла, лавицата ја уби. Потоа, еден лав нападна, но повторно лавицата се бореше за да ја заштити Текла. Борбата заврши со смрт на двата лавови со нивните тела испреплетени пред нозете на Текла. Господарите на играта ги камшикуваа и ги мамеа останатите животни кон нивниот плен. Но, еден по еден, овие ѕверови се исплашија и не сакаа да нападнат. Публиката стана тивка додека стравот Божји ја смири бучната арена. Текла го подигна својот глас и се молеше храбро.

Гувернерот застана на своите нозе и ги прекина игрите. Тој бараше да дознае која е оваа жена и од каде е изворот на силата која таа ја поседува. Таа одговори: „Јас сум слугинка на живиот Бог... Јас верувам во Синот во кого Бог е целосно задоволен. Зашто само Тој е патот на спасението и супстанција на бесмртен живот... секој оној кој нема да верува во Него, нема да живее...“

Гувернерот нареди да ѝ се донесат облеки и да биде ослободена. Стотици, а можеби и илјадници поверуваа во Христос тој ден, и раните црковни записи запишуваат дека жените во Антиохија го славеле Бог со еден глас сè додека целиот град не се затресол од нивниот звук.

Текла живееше долг живот, исполнет живот, и го проповедаше евангелието сè додека не умре во нејзините деведесетти години.

225

НЕПРИКОСНОВЕН ЖИВОТ

Page 240: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

Да живееме со смела храброст

Што е она што ја направи оваа жена Текла толку силна? Таа беше гола и без срам поради откровението за Исус која таа самата го откри. Иако таа беше нов верник, таа беше уверлив амбасадор. Таа го подигна својот глас во молитва, таа демонстрираше храброст соочувајќи се со смртта. Храбра ќерка на која можеби ќе ѝ било ускратено правото да проповеда на многу проповедални целосно облечена, придоби голем број луѓе гола и опкружена од ѕверови во еден зол колосеум. Кога читам вакви приказни, сакам да помислам дека Ева се смее (уверена сум дека и Сара се смее). Битката која Ева ја загуби во интимно негуваната и безбедна градина е битка која е многупати добиена преку нановородените ќерки во салите на отвореното непријателство.

Публиката беше собрана за да гледа погубување, но, наспроти тоа, тие беа сведоци на нешто обратно од падот. Нека нашите животи го продолжат ова наследство. Кога секојдневно објавуваме дека нашето спасение и сржта на нашето постоење се најдени само во Христос, ние го зголемуваме нашиот капацитет да бидеме исполнети со Него и на тој начин да го забрзаме Неговото доаѓање.

Денеска ние знаеме повеќе за Библијата од кое било друго време во историјата. А, сепак, каде ова знаење нè има доведено? Ние имаме изобилство на информации, а, сепак, силен недостаток на трансформација. Се плашам дека на многу начини и на многу фронтови интелектот и талентите го имаа заменето Божјиот збор и водството на Светиот Дух.

Јас сакам повеќе. Она што јас го чувствувам во мојот дух е излевање и пробуда која нема противник.

Овој скршен свет има потреба да ја види Божјата сила. Можеби е време да ги повториме молитвите на раната Црква.

И сега, Господи, погледај на нивните заплашувања

БЕЗ РИВАЛ

226

Page 241: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

и дај им на слугите Свои наполно слободно да го проповедаат Твоето слово, полагајќи ја раката Своја за исцеление, и да се случуваат чудесни знаци во името на Твојот Свет Син Исус. (Дела 4:29-30)

А, што беше она што овие молитви го ослободија?

И откако се помолија, се затресе местото каде што беа собрани, и сите се исполнија со Дух Свети и слободно го проповедаа словото Божјо. (Дела 4:31)

Време е Божјиот збор да биде објавен со непречена смела храброст. На многу начини предизвиците со кои се соочи Текла не се толку многу различни од нашите. Постоеше шокираност кога таа одлучи да тргне по пат кој не беше очекуван и да живее живот кој беше посветен. Членовите на семејството се обидуваа да ја запрат, владата се обиде да ја пропише нејзината вера, мажите се обидуваа да ја земат со сила и да го забранат она што го гледаа како бунтовништво. А, сепак, за сето тоа време, таа беше онаа која е навистина слободна. Без разлика на тоа дали ќе живееше или ќе умреше, тоа немаше влијание врз нејзиното сознание која е таа... таа беше слугинка на Севишниот Бог.

Живот без противник

Ние живееме во ден и во време кога сè околу нас се нафрлува со голема брзина... Доколку знаеш која си и кому му припаѓаш... тогаш ќе опстанеш. Ние имаме изберено живот без противник... живот кој единствено може да биде изграден од Светиот Дух.

Бидејќи ова е животот кој го имаме избрано, животот на Духот, да се осигураме да не се држиме до него само како идеја во нашите глави или како чувство во нашите срца, но да работиме

227

НЕПРИКОСНОВЕН ЖИВОТ

Page 242: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

на неговата импликација во секој еден дел од нашите животи. Тоа значи дека ние нема да се споредуваме еден со друг, демек едни од нас се подобри, а другите полоши. Имаме толку многу поинтересни работи да правиме со нашите животи. Секој еден од нас е оригинал. (Галатите 5:25-26 Пораката)

И така, завршуваме онаму каде што започнавме.Овој уникатен израз на тебе самата како оригинал

те води кон живот во согласност со Духот. Ти не беше создадена за да се споредуваш... ти беше создадена за

БЕЗ РИВАЛ

228

Божјиот Син. Твојот Небесен Татко ги има напишано интимните детали на твојот живот во Неговата книга многу порано пред да го земеш својот прв здив. Тој го напиша твојот живот со живи букви. Ниту една друга не може да ја живее твојата приказна. Време е твоите страници да оживеат. Да ги живееш линиите од приказната напишана за некоја друга, ќе го остави неисполнето она

Ти не бешесоздадена

за да се споредуваш...

ти беше создадена

за Божјиот Син.што Духот го има напишано. Секоја една од нас има специфичен пат и судбина. Водството на Светиот Дух е од голема важност доколку сакаш да живееш живот без противник. Живот кој е воден од Духот не е само концепт или романтична надеж – тоа е израз на духовна дисциплина и личен чин на обожавање. Живот на посветување, а не на уништување. Со секој еден чин на послушност во твојот личен и јавен живот, Бог ќе покаже дел од својот план за твојот живот и Неговиот глас за тебе ќе стане повеќе јасен.

Твојот живот и сиот негов потенцијал е нешто што ти е доверено од Бог. Би било штета доколку сè што е во тебе како богатство и како талент да биде закопано под мислењата и очекувањата на луѓе кои не ги познаваш. Ти не си овде на Земјата за да бидеш набљудувач. Ти имаш

Page 243: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

многу поважни и поинтересни работи да правиш со твојот живот. Време е да го знаеш ова.

Твојата иднина е сега.Нам ни е дадено токму ова време. На ниту една од нас

не ни е ветено следното утро, но можете да знаете дека овој момент е ваш. А силата на вашите избори може да ги откупи сите ваши моменти.

Вие сте засадени со прекрасна приказна со ветување. Книгата на вашиот живот може да остане затворена или можете да продолжите да ги свртувате страниците. Слушнете ја пораката на Павле до Галатите:

Направете грижливо истражување за тоа кои сте и за работата која ви е дадена, а потоа предадете се на тоа. Немојте да бидете импресионирани од себе самите. Не споредувајте се себеси со другите. Секој еден од вас мора да преземе одговорност да го направи најдоброто и најкреативното нешто со својот живот. (Галатите 6:4-5 Пораката)

Тешко е да знаеш која си ти доколку си премногу зафатена гледајќи која ти не си или кои другите се. Ти мора да знаеш која си на ова патување наречено живот, доколку сакаш да чекориш и да не се умориш.

Внимавајте добро како живеете! Не како безумни, туку како мудри; ползувајте го времето зашто дните се лукави. (Ефешаните 5:15-16)

Доколку не го користите вашето време со намера, вашите денови ќе поминат покрај вас, а вие ќе бидете турнати и повлечени од барањата и од работите кои го одвлекуваат вашето внимание. Кога ќе ја оставите настрана оваа книга, земете пенкало и хартија. Напишете кои се мудрите и немудрите начини на кои го користите вашето време. Јас сакам вие да ги ослободите вашите денови за да започнете повторно да сонувате.

229

НЕПРИКОСНОВЕН ЖИВОТ

Page 244: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

Внимателно поврзете ги вашите цели со вашите соништа. Значи, ќерко која, немаш противник, за што ти сонуваш? Можеби ќе речеш дека твојот живот е здодевен и секојдневен. Јас не те прашав да ми дадеш извештај за твојот статус. Која е твојата страст? Доколку ја имаш загубено, врати се во присуството на Бог додека не ја најдеш повторно. Очисти ги својата глава и своето срце. Излези на прошетка, слушај христијанска музика и поврзи се со изворот во твојата душа.

Ти никогаш не си премногу стара, премногу си- ромашна, премногу богата, премногу образована или премногу необразована за да си поставиш цели или за да сонуваш соништа. Ти, исто така, никогаш не си премногу млада.

Постојат моменти кога гледам на изгледот на жените христијанки денеска, и јас сум целосно и пријатно изненадена дека многумина од нив го живеат животот и службата толку добро. Има толку многу убави, храбри, побожни млади жени на првите линии токму сега што моето срце е исполнето со надеж. Тоа ме доведе да се запрашам дали можам јас да преминам од позиција на искачување, во позиција на лизгање. Пред извесно време, додека размислував на оваа иста работа, го слушнав Светиот Дух како ме коригира. Нивното искачување не значи твое назадување. Ти мора да продолжиш да одиш напред. Јас немав намера тие да те потиснат настрана; дозволи им да те турнат кон напред.

Мојата траекторија на одење „нагоре“ можеби изгледа поинаку од порано, но никогаш не го слушам Бог да каже гледај надолу или спушти ја главата. Тој вели подигни ја. Кога Неговите ќерки се собираат во единство, јас ја гледам Неговата слава.

Затоа, возљубени, јас ќе ја споделам со вас мојата страст. Тоа сте вие. Јас се молам и јас секогаш ќе работам на тоа Христос, Помазаниот, да биде оформен во вас. Јас сакам да ве видам добро опремени и позиционирани во Него за да го најдете она што првично ви беше доверено

БЕЗ РИВАЛ

230

Page 245: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

вам. Јас копнеам да ви помогнам во вашата потрага да го запознаете. Кога ја напишав оваа книга, сфатив дека се имам зафатено со тема кој е многу поголема затоа што ние живееме во време кое е исполнето со противници кои се борат за нашето внимание. Павле живееше во поразлично време, а, сепак, црквата која ја сакаше се соочуваше со слични тешкотии.

Зашто за вас сум љубоморен со Божја љубомора; зашто ве свршив за еден маж, за да ве претставам пред Христос како чиста девица. Но, се плашам, како што змијата со своето лукавство ја измами Ева, да не се одвратат вашите мисли поради вашата искреност кон Христос. Зашто, ако некој дојдеше да проповеда друг Исус, кого ние не сме го проповедале; или, ако добиевте друг дух, кого не сте го добиле, или друго евангелие, кое не сте го примиле, вие добро ќе го поднесевте. (2 Коринќаните 11:2-4)

А, Пораката го преведува овој текст вака:

Работата која ме вознемирува толку многу е тоа што се грижам за вас толку многу – ова е копнежот Божји кој гори во мене! Јас ја ветив вашата рака во брак со Христос и ве претставив како чиста девица на нејзиниот сопруг. А сега, се плашам дека како што змијата ја заведе Ева со своите навидум невини навики, вие сте одвлечени од едноставната чистота на вашата љубов за Христос. Изгледа дека доколку некој се појави проповедајќи некој друг Христос од оној кој ние го проповедаме – различен дух, различна порака – вам тоа воопшто не ви пречи.

Слушнете ме како мајка – не, како баба: вие не сте создадени за компромис со споредувањето. Создателот

231

НЕПРИКОСНОВЕН ЖИВОТ

Page 246: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

ја има исткаено Неговата оригиналност во вашата ДНК. Само ти можеш да го дадеш тој уникатен израз на Неговата љубов и слава, а плодовите и наградите за тоа како го правиш ова ќе заминат со тебе во вечноста.

Вечни круни

Јас ја започнав оваа книга со разоткривање на тоа кои сте и кој Бог е, и ќе гледам да ја завршам со она што нам ни е дадено. Како додаток на големите и скапоцени ветувања кои нè ставаат во позиција да бидеме соучесници во Божјата божествена природа, постојат и украси на авторитет.

Јас сакам накит, но не каков било накит. Јас сакам накит кој има приказна. Моите венчални прстени ја претставуваат приказната на нашиот брак. Јас имам прстени кои ми беа дадени при раѓањето на секој еден од синовите. Имам ѓердан во вид на меч, нараквица во форма на стрела, и уште една која претставува што значи да се бориш како девојка. Имам накит кој е подарок од пријатели или накит кој е поврзан со некоја значајна сезона или промена во мојот живот. Значењето или временскиот термин зад секој еден подарок е начинот на којшто јас одредувам дали некое парче накит е украс или само бижутерија.

Јас ја сакам приказната Нозете на срната по висо- чините од Хана Харнард. Оваа книга дојде во мојот живот кога бев во моите средни дваесетти години и оттогаш па наваму е дел од мене. Јас им ја прочитав на моите деца кога тие беа млади, и си ја читав на мене самата кога потребата за тоа ќе се појавеше. Во оваа алегорија, млада жена исполнета со стравови патува од нејзиниот дом кон високите места каде совршената љубов го изгонува стравот. Попат постојат многу пресврти, свиоци и искушенија. На секое едно место хероината Многу-Плашлива подига олтар и зема едно каменче за сеќавање кое го носи во својата торбичка. Во еден момент, таа е толку обесхрабрена и ветувањето

БЕЗ РИВАЛ

232

Page 247: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

изгледа толку далеку што таа е искушувана да ги фрли овие камчиња на сеќавање како безвредни сеќавања на нејзините разочарувања. Кога подобро ќе размисли, таа ги задржува, што е добро, бидејќи подоцна секој еден камен е трансформиран во скапоцен камен во нејзината круна.

Учителите веруваат дека постојат пет различни круни кои се споменати во Светото Писмо.2 Круната на праведноста која ја примаме кога ќе го замениме нашиот грев и срам со Христовата праведност и Тој нè крунисува со Неговото спасение. Потоа, Круната на радоста; таа им припаѓа на оние кои го слават и го обожаваат Бог без разлика на нивните околности. Следи Круната на славата за оние кои копнеат за Неговото славно појавување. Но, на овие последни неколку страници сакам да се фокусирам на преостанатите две.

Нераспадлива круна

Нераспадливата круна е онаа која е спомената во 1 Коринќаните 9:24-27:

Не знаете ли дека оние коишто се натпреваруваат на стадион, трчаат сите, но само еден добива награда? Па, така, трчајте и вие, за да добиете. Секој натпреварувач се воздржува од сѐ: тие – за да добијат распадлив венец, а ние – нераспадлив. Јас, пак, така трчам, но не како без цел; не се борам како оној што удира по ветар, туку го истоштувам и го поробувам телото, та проповедајќи им на другите, да не бидам и самиот отфрлен.

Оваа круна се освојува со трчање, а начинот на кој тренираме влијае врз начинот на кој трчаме. Тренирањето не е забавно, но, исто така, не е забавно ни да бидеш дискфалификуван или да ја изгубиш трката. На толку многу начини Светиот Дух е нашиот тренер.

233

НЕПРИКОСНОВЕН ЖИВОТ

Page 248: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

Не жалостете го Бог. Не кршете го Неговото срце. Неговиот Свет Дух кој се движи и дише во вас е најинтимниот дел од вашиот живот и ве прави да бидете во согласност со Него. Не земајте го ваквиот дар како нешто здраво за готово. (Ефешаните 4:30 Пораката)

Сите работи се дозволени, но не сите работи придонесуваат за побожност и за тоа трката да ја истрчаме добро. Бог знае што е потребно. Тој знае кога треба да забрзаме, а кога да забавиме. Тој знае со кого треба да тренираме, а од кого треба да стоиме настрана. Ние сме тие кои имаме корист кога ги следиме Неговите инструкции. Ние не се бориме за нешто распадливо; ние трчаме кон вечноста.

Не собирајте богатства на Земјата, каде што ги јадат молецот и ’рѓата, и каде што крадците ги поткопуваат и ги крадат; но собирајте си богатства на небото, каде што ни молец, ниту ’рѓа ги јаде, и каде што крадци не ги поткопуваат, ниту ги крадат. Зашто, каде што е богатството ваше, таму ќе биде и срцето ваше. (Матеј 6:19-21)

Кога вашето срце е на небото, тогаш ќе си го пронајдете својот пат дотаму. Како што веќе погледнавме, ова богатство е носено во вашето срце и неговиот чувар е љубовта. Ние живееме во свет исполнет со зборови, идеи, книги, мисли, социјални мрежи, убавина, креативност и со мудрост. Толку многу од овие работи се прекрасни. Но, постои опасно теглење од страна на овој свет кое ќе се обиде да ве повлече надолу за да не можете да ја трчате вашата трка. Ние сме предупредени:

Не љубете го светот и сѐ што е во него. Ако некој го љуби светот, во него нема љубов од Отецот. Зашто, сѐ што е во светот – похотата на

БЕЗ РИВАЛ

234

Page 249: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

телото, похотливоста на очите и горделивоста на животот, не е од Отецот, туку од овој свет. А, светот е минлив и похотите негови, а оној што ја извршува волјата Божја, останува довека. (1 Јованова 2:15-17)

Ова се работите кои нè врзуваат и нè забавуваат преку тоа што нè поврзуваат со патиштата на светот.

Ова се копнежите на светот поделени во три категории:

Желбите на телото и желбата да биде сè по наше.Желбата на очите или желбата да сакаме сè што ќе видиме.Гордоста на животот или желбата да изгледаме значајни или важни.

Секоја една од нас ќе се бори барем со една од овие противници, а можеби и со сите три во различни сезони во нашиот живот. Постојат безброј начини на кои овие желби можат да се одвиваат во нашиот живот, и секоја една од овие водечки желби може да изгледа различно во различни сезони. На почетокот од нашиот брак, додека сè уште немавме деца, јас бев многу себична. Мислам дека ќе биде фер да кажам дека сакав сè да биде по мое и сакав многу од работите кои ќе ги видев. Сепак, благодарна сум што немавме многу пари за да го поддржиме моето лошо однесување, но тоа не значеше дека не ги гледав работите и дека не ги сакав. Потоа, имав три деца во рок од пет години и сè што сакав е само да се наспијам! А, што се однесува на тоа да бидам важна, колку сум постара јас сум многу повеќе од задоволна да бидам важна за моето семејство, за пријателите и за многуте ќерки кои дојдоа попат.

Овие движечки копнежи се приврзани за овој свет кој е осуден да се сруши пред притисокот на вечноста. Започнувајќи од социјалните мрежи, па сè до музиката, комерцијализмот и забавата само ги потхрануваат овие желби. Никогаш во историјата на човештвото не сме

235

НЕПРИКОСНОВЕН ЖИВОТ

1.2.

3.

Page 250: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

имале толку интимен пристап до луѓе со кои немаме никаков однос. Кога луѓето имаат тешко време да се поврзат со луѓето кои ги гледат (нивните пријатели и семејството), тогаш не е за изненадување што поврзувањето со Бог кого не го гледаат за нив преставува предизвик.

А оној што ја извршува волјата Божја, останува довека. (1 Јованова 2:17)

За да се ослободиме од овој свет, ние треба да ја предадеме нашата волја и да ја прифатиме Божјата. Во Него, ние го наоѓаме лекот од овие опасни поврзаности.

Возљуби го Господ, твојот Бог, со сето свое срце, со сета своја душа, со сета своја сила и со сиот свој разум; и својот ближен како себеси! (Лука 10:17)

Кога љубовта Божја изобилува во твојот живот, тогаш овој свет многу помалку нè влече. Додека јас размислувам за Бог и му дозволувам да ме љуби, јас откривам дека сум многу поопуштена кон самата себе. Кога сум поопуштена кон себе, тогаш јас повеќе ги љубам другите. Кога јас сум фокусирана на Бог и на љубовта, тогаш многу помалку копнеам по празни работи бидејќи моите односи со Него ја исполнуваат празнината.

Прељубодејци и прељубодејки, не знаете ли дека пријателството со овој свет е непријателство на Бога? Зашто, кој сака да му е пријател на светот, му станува непријател на Бога. (Јаков 4:4)

Јас понекогаш се прашувам дали ги земаме овие стихови сериозно или си мислиме дека тие повеќе не важат за нас бидејќи сега сме под благодат. Тешко е да се замисли дека некои знаејќи и со намера би се ставиле себеси наспроти нивниот Создател. Павле требаше да се справи со луѓе прељубници кои сакаа да живеат и под

БЕЗ РИВАЛ

236

Page 251: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

законот и под благодатта, а Јаков се обраќа кон оние кои имаат вечен завет, но кои, исто како жената на Лот, се мачат со нивната поврзаност со овој свет.

Забележете дека ова застранување започнува со желба да бидеме пријатели со светот. На што точно се осврнува овде Јаков? Да се има пријатели во овој свет или, пак, пријатели кои се однесуваат според овој свет, не е исто со тоа да станеме пријатели со светот. Ние треба да бидеме пријатели на светот, но не и да бидеме пријатели со светот. Првиот случај се однесува на тоа како ние се поврзуваме со жителите на овој свет; а второто означува пријателство со овој систем. Ти никогаш нема да имаш авторитет над она под чие влијание се наоѓаш. Ние сме повикани да покажеме сочувство за нашиот свет, а не да го сожалуваме. Ова значи:

Ние ги облекуваме голите во светот, наместо да станеме голи заедно со светот.

Ги храниме гладните во светот, наместо да гладуваме за светот.

Ние сме гласници на исцеление кои се повикани да бидат покрај креветот на светот кој е во болка, но не и да бидеме во кревет со светот.

Дури и со поединци, нашиот однос кон нив е како амбасадори на друго царство каде заповедите на нашиот Цар се почитуваат. Ова значи дека доаѓа ден кога овој однос ќе биде предизвикан.

За да ја добиеме оваа круна, ние треба да го напуштиме нашето соперништво со стравот и треба да го прифатиме Божјиот повик да го сакаме Него, другите и себе самите.

Круна на животот

И последната круна... Круната на животот. Според сè, оваа круна може да се нарече круна на мачениците. Многу од хероите кои се наброени во книгата на Евреите „Салата на Верата“, ја имаат оваа круна, а исто така и Стефан, Петар и многу други следбеници на Христос чиишто имиња

237

НЕПРИКОСНОВЕН ЖИВОТ

Page 252: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

никогаш нема да ги дознаеме од оваа страна на вечноста. Постојат оние кои имаат дадено сè. Оваа круна е купена по цена без противник.

Биди верен до самата смрт и ќе ти го дадам венецот на животот. Кој има уво, нека чуе што им зборува Духот на црквите: на победникот, втората смрт нема да му нанесе штета. (Откровение 2:10-11)

Ми се допаѓа како Пораката го преведува десеттиот стих: „Јас имам животна круна измерена и спремна за тебе“.

Ние живееме во ден и во време кога повеќе и повеќе срца ќе изнемоштат од страв. Злосторствата, болестите,

БЕЗ РИВАЛ

238

гладот и војните сеат страв од смртта. Клеветењето, обвинувањата и прогонствата сеат страв од луѓето. Очигледно е дека Сатаната сака да нè преплави со неактивност или да нè турне кон реакција. Исто како и Нерон, Сатаната сака да нè зашемети со злоба и со ужас од една страна и да нè заведе со богатства и со страсти од друга страна. Повеќе од што било нашиот непријател сака да останеме

Нам ни е потребна

длабочина за да ја

освоиме оваа круна.

покрај бунарите на желбите, вртејќи и фрлајќи парички. Нам ни е потребна длабочина за да ја освоиме оваа круна.

Пред извесно време, три страшни приказни стигнаа до мене во рок од еден ден. Две од нив дојдоа до мене по пат на линкови испратени од една од моите духовни ќерки. Таа и нејзиното семјество водат организација која е посветена на борбата против трговијата со луѓе во Израел. Во првиот линк прочитав за едно трагично самоубиство на 150 млади девојки и жени кои биле заробени од ИСИС и држени како робинки за секс. Како тоа да не беше доволно, нивните заробувачи со нивите тела ги нахраниле

Page 253: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

кучињата. Во неверување, неколкупати ја прочитав оваа сторија. Зарем толку отворено зло навистина може да постои? Дури и сега, додека ги пишувам овие зборови, јас ги гледам сликите на кучињата кои злобно ги растргнуваат телата на овие девојки. Повлекувајќи се наеднаш ужасена од сликите во мојот ум, зборовите од Откровение 12:17 ми се навраќаат:

И се разлути змејот на жената и отиде да војува со другите од семето нејзино што ги пазат Божјите заповеди и го имаат сведоштвото на Исус Христос.

Ова нешто е премногу злобно за кој било човек... ова е бесот на змејот.

Овој бес е насочен кон „жената“ и кон „децата кои ги чуват Божјите заповеди и кои се држат цврсто до сведоштвото за Исус“ (Откровение 12:17 Пораката). Во последните десет години, јас ги имам видено овие темни слики како растат во сwвоето зло и досегнуваат до незамисливи пропорции.

Следнот линк кој го отворив зборуваше за доделување секс-робинки како награда за мажите кои го имаат меморирано Куранот. Во еден дел се зборуваше и за силување на неверниците како чин на обожавање. За жал, се плашам дека додека да биде испечатена оваа книга, уште многу пострашни бранови на злосторства ќе ги закопаат овие приказни пред и да бидат прочитани.

Третата порака дојде директно до мене преку имејл размената на нашите соработници. Ние имаме клучен човек кој работи со нас кој ја координира дистрибуцијата на бесплатните ресурси во земјите каде прогонствата или сиромаштијата го ограничува пристапот на луѓето до христијанските ресурси. Еден од нашите храбри пријатели на Блискиот Исток беше убиен во гранатирање кое беше насочено кон христијаните во Сирија. Објаснувајќи ги околностите за смртта на овој човек, нашата контакт

239

НЕПРИКОСНОВЕН ЖИВОТ

Page 254: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

личност напиша: „Некои се повикани да дадат многу, додека други даваат сè“.

Бев шокирана. Додека возев кон еден состанок, се обидував во моите мисли да напишам писмо до вдовицата на овој човек. Се чувствував дека што и да кажам би било само навреда за неговиот живот и нејзините околности. Ми е жал изгледаше плитко, ти благодарам изгледаше погрешно. Јас требаше да ѝ напишам картичка од мојот безбеден дом кој никогаш не знаел за смрт поради мачеништво. Јас имам христијанска музика достапна насекаде околу мене, и книги, и Библии повеќе од што можам да прочитам. Мојот шпајз е полн со храна, моите плакари се полни со облека, и оваа вечер додека ги чувам моите внуци тие ќе се смеат и ќе си играат, несвесни дека ваков вид болка постои во животите на нашите браќа и сестри.

Јас се почувствував засрамена. Одненадеж се почувствува дека мојот живот е како навреда, празна школка и сè што знаев и сè што имав беше кршливо исто колку и меурите кои моите внуци ги дуваа. Сакав да се јавам некому. На жена која беше постара и помудра... која едноставно би разбрала низ што поминував дури и доколку не можеше да ми даде одговори на прашањата кои се креваа во мене.

Имав толку многу „зошто“. Зошто јас имам толку многу, кога жените од другата страна на океанот беа толку очајни што попрво би си го одзеле животот отколку да живеат уште еден момент? Каде е тука правдата? Јас сакав да ја разберам оваа голема разлика во болката која ја чувствував. Тогаш сфатив дека јас ги споредувам работите. Јас имам право да ја чувствувам разликата, но споредувањето беше сосема бескорисно. Не постоеше одговор. Постои само змија која стана змеј. Под влијанието на змејот, мажите и жените прават лоши работи едни на други. Јас сфатив дека јас имам избор. Јас можам да продолжам да поставувам лути прашања, или можам да дозволам прашалниците во мојот живот да бидат заменети во извичници. Ги избршав

БЕЗ РИВАЛ

240

Page 255: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

моите солзи и одлучив нивните животи да служат за да го одредат мојот живот.

Овие приказни за прогонување не се нови – тие се појавуваа во секој век. На педесет и пет години јас морам да созреам во жена која не се бори со прашања кои не можам да ги одговорам од оваа страна на вечноста. Нашиот век не може да даде значење на работите кои немаат никаква смисла. Ние се наоѓаме на брза лента и настаните во нашите денови служат за да ја направат вечноста толку многу поинтересна. А, тоа е причина сите ние да работиме повеќе додека можеме. Само во вечноста приказните ќе ја добијат својата смисла, но овде и сега ние можеме да се молиме и да знаеме дека сме слушнати кога нашите срца се слободни од натпреварување, љубомора и од споредување.

Сите вие сте повикани да патувате на истиот пат и во ист правец, затоа останете заедно, како однадвор, така и однатре. Вие имате еден Господар, една вера, едно крштевање, еден Бог и Татко на сите, кој владее над сите, работи преку сите и е присутен во сите. Сè што сте и што мислите и што правите е дозволено од оној кој е Еден. Но, тоа не значи дека сите вие треба да изгледате, да зборувате и да се однесувате исто. Од дарежливоста на Христос, на секој еден од нас му е даден свој личен дар. (Ефешаните 4:4-7 Пораката)

Живеј го својот живот!

Толку многу ни е дадено нам. Нашата уникатна перспектива е дар. Она што сме го виделе и што сме го искусиле е дар. Ние имаме избор. Можеме да дозволиме тоа да нè преплави и да не направиме ништо. Можеме да го третираме како нешто вообичаено и да дозволиме тоа да нè разочара. Или ние можеме да живееме во состојба

241

НЕПРИКОСНОВЕН ЖИВОТ

Page 256: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

на постојано воодушевување. Размислувајќи за силата на нашиот момент, а потоа продолжувајќи да одиме напред.

Во изминатите десетици години, јас имам пишувано за жените лавици и за девојките со мечеви и со крстови, за тоа да се бориш како девојка и за бакнежи кои ги расплакуваат девојките наместо да ги негуваат нивните души. И сега, пишувам со надеж дека сè она што чека внатре во тебе, ќе биде реализирано.

Бидејќи

Ти, ќерко, си повикана да живееш живот без ривал.Љубена од Таткото без ривал.Исполнета со живот без ривал.Излеана врз нациите без ривал.Служејќи му на Бог без ривал.Купена со жртва без ривал.Доверена со име без ривал.Охрабрена преку Духот без ривал.Вешта во јазикот без ривал.Дел од телото без ривал.Со дадена заповед без ривал.Опремена со оружје без ривал.Вклучена во војна без ривал.Повикана да се молиш без ривал.Пред нас се можности без ривал, затоа што ние сме по-зиционирани за жетва без ривал и предодредени за вечност без ривал...Затоа, ајде сега да живееме живот кој е неприкосновен во убавина, сила, доблест и кој не може да биде допрен... некои даваат многу, други даваат сè.

Застанете пред Бог, зрачејќи со надеж, верни во служењето и исполнети со љубов во сè што правите. Затоа што вие, мои пријателки и сестри, имате судбина без ривал. Затоа, сега одете со храброст која е родена од љубов и храбро – смело – живејте ја.

БЕЗ РИВАЛ

242

Page 257: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

243

НЕПРИКОСНОВЕН ЖИВОТ

Прашања за дискусија

Што ви зборуваше приказната за Текла?

Опишете ја разликата помеѓу пријателство со светот и тоа да се биде пријател на светот.

Кои се областите во вашиот живот каде треба да го промените интерпункцискиот знак? Кој е следниот чекор кој ќе го преземете кон вашиот живот без противник?

1.

2.

3.

4.

Page 258: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

Белешки

Трето поглавје: Ветување без противник

Иако вистинското значење на селах не е познато, многумина мислат дека тоа е литургиска нотација.

Динамичниот превод на Библијата, го преведува зборот селах како „пауза и размислување“.

Петто поглавје: Кога ти си видена како противник

А. Л. Дакворт, К. Питерсон, М. Д. Матјуз и Д. Р. Кели, „Храброст: Упорност и страст за долгорочни цели“, Списание за личноста и социјална пси- хологија, страница 92, број 6 (2007): 1087.

Малколм Гладвел, Давид и Голијат: Аутсајдери, неадаптирани и уметноста на борбените великани (New York: Little, Brown and Co., 2013).

244

1.

1.

2.

1.

2.

2.

Page 259: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

Шесто поглавје: Пол без противник

Марк Дрискол, За црковното водство (Wheaton, IL: Crossway, 2008).

Исто.

Крис Валотон, Обликуван да владее (Grand Rapids: Chosen, 2013), седмо поглавје.

Гилберт Бајлзикијен, Надвор од половите улоги: Што вели Библијата за местото на жената во Црквата и семејството, трето издание (Grand Rapids: Baker, 2006).

Седмо поглавје: Соперништвото помеѓу стравот и љубовта

К.С.Луис, Четири љубови (New York: Harcourt Brace Jovanovich, 1960).

Кент М. Кит, Парадоксални заповеди (Makawao, HI: Inner Ocean, 2001).

Деветто поглавје:

http://oca.org/saints/lives/2015/05/10/39-sunday- of-the- samaritan-woman.

http://www.pravoslavie.ru/english/print79178.htm.

Кристофер Хенри Досон, Религијата и светската историја: Избор од делата на Кристофер Досон (Garden City, NJ: Image Books, 1975).

Фактите објавени во овој параграф се селек- тирани од следните извештаи: - Робин Диксон, „На колеџот во Кенија, христи-

БЕЛЕШКИ

245

1.

2.

3.

4.

1.

2.

1.

2.

3.

4.

Page 260: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

јанските студенти претскажаа масакр“, Лос Анџелес Тајмс, април 5, 2015;- „Вооружени лица убија 147 на Универзитетот во Кенија“, Чикаго Трибјун, април 3, 2015;- „Најмалку 147 убиени во исламистичкиот напад на Универзитетот во Кенија, насочен кон христијанските студенти“, KTLA.com, април 2, 2015.

Десетто поглавје:

За повеќе за животот на Текла, погледнете ги овие извори: http://www.pbs.org/wgbh/pages/frontline/shows/religion/maps/primary/thecla.html (извештај од Aпокрифните дела); http://www.antiochian.org/life_of_thekla; http://dce.oca.org/assets/templates/bulletin. cfm?mode=html&id=101; http://www.newadvent.org/cathen/14564a.htm.

Хенри Кларенс Тисен: Предавања на Систематска Теологија (Grand Rapids: Eerdmans, 1979), страни- ца 389.

БЕЛЕШКИ

246

1.

2.

Page 261: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината

247

Лиса Бивир е баран меѓународен говорник, автор на бестселери и водител на телевизиската програма Месенџер, која се емитува во повеќе од 200 земји. Таа е автор на Кога лавицата станува, Девојки со мечеви и Бори се како девојка. Лиса е чест гостин на „Животот денес“, како и говорник на Џојс Маер конференциите „Жени на верата“ и конференциите на црквата „Хилсонг“. Таа и нејзиниот сопруг, Џон, имаат четири сина и живеат во Колорадо.

Дознајте повеќе на www.LisaBevere.com.

Page 262: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината
Page 263: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината
Page 264: cloud-library.s3.amazonaws.com...„Замислете го светот ако секој од нас сфати колку сме . сакани и ценети. Во нејзината