CHRCR IZVESTAJ 2011

21
2011 ЦЕНТАР ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА И РАЗРЕШУВАЊЕ КОНФЛИКТИ QENDRA PËR TË DREJTAT E NJERIUT DHE ZGJIDHJE TË KONFLIKTEVE CENTER FOR HUMAN RIGHTS AND CONFLICT RESOLUTION ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ

TAGS:

Transcript of CHRCR IZVESTAJ 2011

Page 1: CHRCR IZVESTAJ 2011

2011 ЦЕНТАР ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА И

РАЗРЕШУВАЊЕ КОНФЛИКТИ QENDRA PËR TË DREJTAT E NJERIUT DHE ZGJIDHJE TË KONFLIKTEVE CENTER FOR HUMAN RIGHTS AND CONFLICT RESOLUTION

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ

Page 2: CHRCR IZVESTAJ 2011

Издавач:

Центар за човекови права и разрешување конфликти

Претседател:

Мирјана Најчевска

Виолета Петроска- Бешка

Изработи:

Љуан Имери

Page 3: CHRCR IZVESTAJ 2011

ВИЗИЈА НА ЦЧПРК

Центарот за човекови права и разрешување конфликти е детерминиран да

стане еден од главните лидери во развојот на демократијата, слободата и стабилноста во

Македонија. Нашата визија е иднина во која секоја индивидуа или група е во состојба

слободно да учествува во сите сфери на општеството, врз основа на принципите на

меѓународно признатите човекови права и вредности, иднина во која сите имаат можност да

земат активна улога во активностите на заедницата, иднина во која сакаме да ги срушиме

бариерите и да овозможиме еднакви можности за сите, иднина во која сите граѓани без

разлика на полот, возраста, попреченоста, сексуалната определеност, етничката припадност,

расата и уверувањето, како и културните и социјалните разлики се почитувани и сите

заедници живеат заедно со взаемна почит и толеранција.

МИСИЈА НА ЦЧПРК

Центарот за човекови права и разрешување конфликти е невладина

организација, односно здружение на граѓани, формирано со слободно здружување на

граѓаните, заради остварување, заштита и усогласување на своите интереси и уверувања, како

и заради вршење на дејности и активности за промоција и заштита на човековите права и

слободи и развивање и унапредување на начините на меѓусебната комуникација меѓу луѓето,

базирани врз овие права.

Центарот за Човекови права и Разрешување Конфликти е организација која примарно се бави

со истражувања и едукација, базирани на следниве основни цели:

• Да им помогне на граѓаните на Република Македонија да заземат активна улога во

разрешувањето на навидум нерешливите конфликти, вкоренети во етничките и други

разлики; и

• Промовирање на концептот на човековите права и базичните слободи, како суштински

дел од политичката, судската и општествената трансформација која се одвива во

државата.

Page 4: CHRCR IZVESTAJ 2011

БОРД НА ЦЧПРК

Проф. Др. Мирјана Најчевска

Проф. Др. Виолета Петроска-Бешка

Др. Николина Кениг

Др. Стојанка Мирчева

Сафет Балажи

Идавер Мемедов

Page 5: CHRCR IZVESTAJ 2011

ПРОГРАМИ И АКТИВНОСТИ

Постигнувањето на основните цели, е базирано на предземање на различни активности во рамките на трите клучни области:

• Дисеминација на знаења од областа на човековите права и слободи - преку подигање на свеста за своите и туѓите права и создавање на услови за активна заштита на своите и туѓите права, со примена на демократските механизми и владеењето на правото;

Човекови права, насочени кон:

• Развој и адаптирање на концептот, со цел да се имплементира на што е можно пошироко ниво во македонската реалност; и

• Трансформирање на постојното разбирање за човековите права - од нивно согледување како примарно колективни, до нивно прифаќање како базично индивидуални.

• Промена на пристапот на луѓето кон конфликтите - од гледање на конфликтот како на перманентна деструктивна битка меѓу инкопатибибилни интереси, до негово согледување како можност за заеднички развој и подобрување на односите, кои покрај интереси, содржат и потреби, чувства и вредности; и

Разрешување на конфликти, насочено кон:

• Воведување на техники за конструктивно и мирољубиво разрешување на интерперсоналните и интергрупните конфликти, засновано на културна модификација на постојните модели на заедничко преговарање и медијација.

• Развивање на почитувањето на културните/етничките разлики - од нивно предвидување како извор на конкуренција, која неизбежно создава тензии помеѓу различните етнички групи, до нивно прифаќање како потенцијален извор за заеднички развој; и

Интеретнички односи, насочени кон:

• Поттикнување и спроведување на интегративниот процес на живеење во мултикултурно општество, каде „мултикултурно“ би имало значење на „интеркултурно“ - различни култури кои живеат заедно во рамките на една територија, притоа одржувајќи отворени односи на меѓусебно признавање, интеракција и меѓу зависност.

• Развивање на едукативни програми;

Активностите на Центарот се концентрирани на шест поголеми области:

• Спроведување на обука за едукатори и други учесници; • Организирање и помагање на дијализи и тркалезни маси; • Дизајнирање и спроведување на истражувачки проекти; • Пишување и објавување на книги, прирачници, брошури, статии; • Давање консултации и експертиза на локални и меѓународни организации.

Page 6: CHRCR IZVESTAJ 2011

Реализирани проекти и активности во текот на 2011 година:

Проект: Oпштини по мерка на детето – 2011 година

Реализатор: Центар за човекови права и разрешување конфликти

Време на реализација: 2011 година

Финансиери: Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје Вкупен Буџет: 867.500,00 ден

Тим: Раководител: Љуан Имери Консултант: Мирјана Најчевска Асистент: Дијана Стојановиќ Ѓоргевиќ

Учесници: Општините: Битола, Велес, Гостивар, Кочани, Прилеп, Радовиш, Сарај,

Струмица, Тетово, Чаир и Штип. Опис на проектот:

Во текот на 2011 година, продолжуваат со реализација предвидените активности во

рамките на проектот во општините: Сарај, Гостивар, Битола, Кочани, Радовиш, Струмица,

Прилеп, Велес, Чаир, Тетово и Штип, со посебен фокус во општините: Кочани, Прилеп и Штип.

Во овој период се реализирани овие активности:

• Поединечни состаноци во сите општини со координаторот и членовите на комисиите

со цел увид во работата на комисиите и нивните активности.

• Спроведени се договорените активности и задачи: (1) Избрани се индикатори од

областа образование, тие се анализирани и ревидирани од тимот на Центарот а

одобрени од претставникот на УНИЦЕФ. (2) Пристапено е кон ревидирање на

Ситуационите анализи и ЛАП со фокус на индикаторите за образование.

• Реализирана средба за презентација на содржината на ПЕТС анализата.

Page 7: CHRCR IZVESTAJ 2011

• Тим од Центарот во соработка со Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје и Државниот

завод за статистика ги анализираа и приспособија на постојните индикатори од областа

образование за изработување на ситуациони анализи и акциски планови од областа

образование.

Проект: “Училиште по мерка на детето, со фокус на мултикултура и партиципација“

Реализатор: Центар за човекови права и разрешување конфликти

Време на реализација: 2011 - 2012 година

Финансиери:

Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје Вкупен Буџет: 9.557.500, 00 ден Раководител: Виолета Петроска-Бешка Сениор експерти: Јуниор експерти:

Проф. д-р Виолета Петроска-Бешка Рената Дедова Проф.д-р Најчевска Мирјана Филипина Негриевска Проф.д-р Мирослава Николоска Сафет Балажи Проф.д-р Снежана Адамчевска Шерузе Османи Асс.проф. Николина Кениг Ана Томовска Асс.проф. Огнен Спасовски

Едукатори:

Сашо Н.Алушевски Душанка Панкова Кети Темелковска Викторија Пауновска Технички координатор: Симоновска Викторија

Page 8: CHRCR IZVESTAJ 2011

Во рамки на проектот се реализираат следните активности:

I - Активности поврзани со УМД концептот и неговата примена во контекст на образовните реформи;

II - Aктивности за воведување на образованието за животни вештини во средното образование;

III - Aктивности поврзани со имплементација на УМД стандардите во училиштата, со фокус на мултикултура и партиципација

Проект: “РЕГИОНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА УМД МОДЕЛОТ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА“

Реализатор: Центар за човекови права и разрешување конфликти

Време на реализација: Април 2011 година

Финансиери:

Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје Вкупен Буџет: 155.000, 00 ден Раководител: Виолета Петроска-Бешка ЦЧПРК експертите беа одговорни за креирање и реализација на содржините од конференцијата реализирани на во месец април и тоа:

1. Сензибилизација за детски права 2. Образование за животни вештини 3. Самоевалуација на училиштата 4. Концепција и курикулуми за деветолетката

Тимот на ЦЧПРК беше составен од:

Сениор експерти: Јуниор експерти: Проф.д-р Најчевска Мирјана Рената Дедова Проф.д-р Снежана Адамчевска Филипина Негриевска Асс.проф. Николина Кениг Сашо Н.Алушевски Сафет Балажи Шерузе Османи

Технички координатор: Симоновска Викторија

Page 9: CHRCR IZVESTAJ 2011

На конференцијата учествуваа и координатори од УМД училиштата, кои во соработка со УМД експертите подготвија презентации преку кои ги претставија реализираните активности за мултикултура и демократска партиципација во нивните училишта: Едукатори: Здравка Охомуш Маре Ангелова Фора Савева Љубица Божинова Анета Божиноска Енвер Селими Арбнора Рушани Даниела Грозданоска Проект: “УЧИЛИШТЕ ПО МЕРКА НА ДЕТЕТО“

Реализатор: Центар за човекови права и разрешување конфликти

Време на реализација: Април 2010 - Февруари 2011 година

Финансиери:

Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје Вкупен Буџет: 6.854.720,00 денари Раководител: Виолета Петроска-Бешка

Тимот на УМД беше составен од:

Сениор експерти: Јуниор експерти: Проф. д-р Виолета Петроска-Бешка Рената Дедова Проф.д-р Најчевска Мирјана Филипина Негриевска Проф.д-р Мирослава Николоска Сашо Н.Алушевски Проф.д-р Снежана Адамчевска Сафет Балажи Асс.проф. Николина Кениг Шерузе Османи Огнен Спасовски Ана Томовска Едукатори: Душанка Панкова, Кети Темелковска и Викторија Пауновска Технички координатор: Симоновска Викторија и Колеќески Зоран

Page 10: CHRCR IZVESTAJ 2011

Во рамки на проектот беа реализирани следните активности:

I - Активности поврзани со примена на УМД концептот:

II - Активности за претставување на практики согласно УМД стандардите:

III - Супервизии:

IV - УМД конференција за мултикултурализам и демократска партиципација и доделување сертификати

Проект: “Проценка на подготвеноста за ратификација на Конвенцијата за правата на лицата со попречености“

Реализатор: Центар за човекови права и разрешување конфликти

Време на реализација: 2011 година Финансиери: Вкупен Буџет: 345.000,00 денари Раководител: Мирјана Најчевска Автори: Мирјана Најчевска ,Вјолца Мора - Бајрами, Беким Кадриу, Билјана Чавковска и Кети Јандријеска ЈовановаАсистент: Љуан Имери

Краток опис на активностите:

ФИООМ и Центарот, во насока на остварување на своите стратегиски цели и приоритети соработуваа во изготвувањето на Проценката на подготвеноста за ратификација на Конвенцијата за правата на лицата со попречености и потребата од усогласување на домашното законодавство во областа на образованието, здравството, правдата и работните односи. Во рамки на Центарот се формира на експертски тим кој изготви анализа “Проценка на подготвеноста за ратификација на Конвенцијата за правата на лицата со попреченоси и учествува на јавната промоција на “Проценка на подготвеноста за ратификација на Конвенцијата за правата на лицата со попречености”.

Page 11: CHRCR IZVESTAJ 2011

Проект: “Подобрување на меѓуетничкиот дијалог и соработка меѓу заедниците”

Реализатор: Центар за човекови права и разрешување конфликти Партнери: Институт за социолошки и политичко-правни истражувања Скопје (ИСППИ) Време на реализација: Мај 2011 - Јуни 2012 година

Финансиери: УНДП Вкупен Буџет: 5.787.000, 00 ден Раководител: Мирјана Најчевска Асистент: Љуан Имери Тим: Виолета Петроска-Бешка, Емилија Симоска, Николина Кениг, Виолета Чачева, Петар Атнасов, Стојанка Мирчева и Сафет Балажи.

Краток опис на активностите:

Во рамките на Заедничката програма на Обединетите нации „Подобрување на

меѓуетничкиот дијалог и соработка меѓу заедниците”, Секретаријатот за спроведување на

Рамковниот договор, Центарот за човекови права

и разрешување на конфликти (ЦЧПРК) и

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Скопје,

Институт за социолошки и политичко-правни

истражувања Скопје (ИСППИ) изработуваат

стратегија за развој на алтернативен систем за

решавање спорови насочен кон олеснување и

медијација кои ќе поддржат меѓуетнички дијалог

и соработка и на локално и на национално ниво.

Page 12: CHRCR IZVESTAJ 2011

Преку понатамошен развој на капацитетите овој проект треба да овозможи поддршка на

меѓуетничкиот дијалог и соработка, брза реакција на споровите (рано превенирање) и

медијација како форма на решение.

Поради тоа што во Република Македонија не постои организиран систем и формални

механизми за решавање на меѓуетнички спорови и конфликти, а активностите за разрешување

на истите се превземаат ад хок, сметаме дека од исклучителна важност е создавање на Мрежи

на олеснувачи и База на податоци со лица кои би работеле на решавање на ваквите

конфликти. Мрежата на олеснувачи ја сочинуваат организации, како и поединци од следниве

области: образование (наставници, стручни служби, директори), локална самоуправа и

медиуми (совет, комисии, месни заедници, локални медиуми), медијатори и сродни структури

(медијатори, омбудсман, полиција), невладини организации што работат на разрешување на

меѓуетнички конфликти од општините во кои што се спроведува проектот (Куманово, Кичево и

Струга).

Во Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања Скопје е формиран

Центар за поддршка на олеснување на меѓуетнички спорови. Центарот во моментов работи на

формирањето на Мрежата на олеснувачи. Тој ќе земе активно учество во олеснување на

процесот на разрешување на меѓуетничките спорови, преку координација на работата на

Мрежата на олеснувачи, ќе врши мониторинг на истото и ќе комуницира со можните учесници

во олеснувањето и со медиумите.

Со цел обезбедување оддржливост на

идејата и натамошен развој на комплексен систем

на олеснување, како и поддршка на олеснувањето

и превентивно делување, проектот предвидува

формирање мешовито тело (Координативно тело)

кое ќе ја превземе улогата на политичко

насочување на работењето и воспоставување

врски со политичките фактори во државата.

Page 13: CHRCR IZVESTAJ 2011

Проект: “Поддршка за имплементација на пробацијата во македонскиот казнено – правен систем“

Реализатор: Центар за човекови права и разрешување конфликти Време на реализација: Јули 2011 - Декември 2012 година

Финансиери: Министерството за надворешни работи и комовелтот на Велика Британија

Вкупен Буџет: 47.010,00 Фунти Раководител: Љуан Имери Асистент: Александар Иванов Тим: Стојанка Мирчева Мирјана Најчевска, , Виолета Петроска-Бешка, Николина Кениг, Виолета Чачева, Сафет Балажи, Љупчо Арнаудовски и Снежана Мојсовска.

Цел на проектот

Да обезбеди поддршка и услови за донесување на закон за пробација во Република Македонија согласно европските стандарди Главни активности - Донесување на стратегија за пробација и акционен план за пробацијасо пресметка за финансиските импликации од донесување на ваков закон. - Организација на дискусии со експертите од работната група како и за усвојување на стратегија и акционен план. - Превод на стратегијата и нејзино објавување. - Студиска посета на Националната служба за справување со престапништво на Велика Британија која ќе се спроведе со искусни претставници на институциите за спроведување на санкции од Република Македонија. - Организација на тркалезни маси околу консултирање, размена на мислења и донесување на заклучоци во врска со стратегијата за пробација и акциониот план, како и нивно усвојување. - Јавна промоција на концептот за пробација преку презентирање на стратегијата и акциониот план за пробација.

Page 14: CHRCR IZVESTAJ 2011

Резултати 1. Развиена и спроведена Стратегија и акционен план со цел имплементација на системот на пробација во Република Македонија која понатаму ќе користи како основа за донесување на Законот за пробација во Република Македонија, за периодот 2011 – 2015. 2. Студиска посета во Велика Британија која ќе обезбеди основа за контакт и соработка на британските и македонските институции задолжени за спроведување на санкции и промоција на стратегијата и акциониот план за пробација на стручната, научната и општата јавност.

Page 15: CHRCR IZVESTAJ 2011
Page 16: CHRCR IZVESTAJ 2011

ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАЈ

СОДРЖИНА Финансиски извештаи за годината која завршува на 31.12.2011 .......................................................................... 17

Биланс на приливи и одливи ............................................................................................................................. 17

Финансиски извештај за средствата, обврските и капиталот ..................................................................... 18

Белешки кон финансиски извештаи ......................................................................................................................... 19

1. Основи за подготовка ................................................................................................................................ 19

2. Основни сметководствени политики ..................................................................................................... 19

Признавање на приходи ................................................................................................................................... 19

Признавање на расходи .................................................................................................................................... 19

Пари и еквиваленти на парични средства ....................................................................................................... 20

3. Приходи од донатори ................................................................................................................................. 20

4. Материјални расходи и услуги ................................................................................................................. 20

5. Други расходи .............................................................................................................................................. 20

6. Плати и надоместоци од плати ................................................................................................................ 20

7. Недвижности, постројки и опрема .......................................................................................................... 21

Page 17: CHRCR IZVESTAJ 2011

Финансиски извештаи за годината која завршува на 31.12.2011

Биланс на приливи и одливи

белешки 2011 2010

во денари во денари Приливи 13.084.738 10.356.009

Наменски средства 12.075.914 9.837.893

Пренесени средства од претходна година 1.004.318 504.206

Други приходи 4.506 13.910

Одливи (11.405.176) (9.351.050)

Материјални расходи и услуги (1.737.891) (1.591.049)

Амортизација (31.002) (36.764)

Наемнини (512.224) (263.971)

Други расходи (547.920) (888.872)

Надворешно ангажирани лица (8.576.139) (6.434.566)

Пренесени средства на други субјекти (91.078)

Плати и надоместоци од плати (44.751)

Приливи над одливи пред данок од добивка 1.679.563 1.004.959

Данок од добивка 641

Нето приходи над расходи 1.679.563 1.004.318

Page 18: CHRCR IZVESTAJ 2011

Финансиски извештај за средствата, обврските и капиталот

белешки 2011 2010

во денари во денари СРЕДСТВА Нетековни средства 117.165 147.055

Недвижности, постројки и опрема (7) 117.165 147.055

Тековни средства 2.013.202 1.075.790

Ситен инвентар - 8.605

Останати побарувања 1.512 7.300

Парични средства 2.011.690 1.059.885

Вкупно средства 2.130.367 1.222.845

КАПИТАЛ И ОБВРСКИ Тековни обврски 450.804 218.527

Обврски кон добавувачи 70.973 101.586

Обврски за даноци 32.698 641

Обврски кон ангажирани лица 264.600 Останати обврски 82.533 116.300

Дел од вишокот на приходите за пренос во наредната година 1.679.563 1.004.318

Вкупно извори на средства и обврски 2.130.367 1.222.845

Page 19: CHRCR IZVESTAJ 2011

Белешки кон финансиски извештаи

Основи за подготовка Финансиските извештаи се подготвени во согласност со прописите на Република Македонија.

Финансиските извештаи се засновани на сметководственото начело на модифицирано настанување на деловните промени односно трансакции и на претпоставката за континуитет. Финансиските извештаи се подготвени во согласност со усвоените сметководствени политики обелоденети во белешката два.

Функционална валута е македонскиот денар.

Финансиските извештаи се прикажани во македонски денари и се изготвени врз основа на податоците од работењето за годината кој завршува на 31.12.2011 година.

Основни сметководствени политики Основните сметководствени политики применети при составувањето на овие финансиските извештаи се следните:

Признавање на приходи

Приходите се признаваат според сметководственото начелото на модифицирано настанување на деловни промени односно трансакции. Приходите се мерливи кога можат да се искажат вредносно. Приходите се расположиви кога се остварени во пресметковниот период или во рок од 30 дена по истекот на пресметковниот периодот под услов приходите да се однесуваат на пресметковниот период и служат за покритие на обврските од тој пресметковен период.

Признавање на расходи

Расходите се признаваат според сметководственото начелото на модифицирано настанување на деловни промени односно трансакции, односно се признаваат во пресметковниот период во кој што настанале или во рок од 30 дена по истекот на пресметковниот период под услов обврската за плаќање да настанала во тој пресметковен период.

Данокот од добивка се издвојува по прописите на Република Македонија. Издвојувањата за данок од добивка се вршат на напризнаените расходи согласно прописите, по стапка од 10%.

Page 20: CHRCR IZVESTAJ 2011

Пари и еквиваленти на парични средства Паричните средства во благајната и на сметките во домашна валута се внесуваат во главната книга во номинален износ, а во странска валута по курсот на Народната банка на Република Македонија на денот на билансирањето. . За целите на финансиските извештаи, парите и паричните еквиваленти се состојат од готовина и парични средства на сметки во банки.

Приходи од донатори Опис 2011 2010 Донации од странство 11.593.787 8.769.782 Донации од земјата 482.127 1.068.111 Вкупно 12.075.914 9.837.893

Материјални расходи и услуги Опис 2011 2010 Потрошени и канцелариски материјали 957.374 480.710

Транспортни услуги 488.566 784.356 Печатење, копирање 69.110 52.540 Репрезентација 222.841 273.444

Вкупно 1.737.891 1.591.049

Други расходи Опис 2011 2010 Банкарски провизии 52.396 41.944 Исплатени надоместоци на ангажирани лица 216.297 139.000 Издатоци за одржување на семинари 79.406 546.094 Останати расходи 199.821 161.834 Вкупно 547.920 888.872

Во останати расходи се вклучени книговодствени услуги, премиии

за осигурување и други нематеријални трошоци.

Плати и надоместоци од плати Здружението во 2011 година нема трошоци по основ на плати и надоместоци од плати за вработени лица. (2010: 44.751 денари).

Page 21: CHRCR IZVESTAJ 2011

Недвижности, постројки и опрема Опис Опрема Набавна вредност Состојба на 01.01.2011 200.530 Зголемувања во тек на година 25.880 Намалување во тек на година (33.775) Состојба со 31.12.2011 192.635

Исправка на вредноста Состојба на 01.01.2011 53.475 Зголемувања во тек на година 31.002 Намалување во тек на година (9.007) Состојба со 31.12.2011 75.470

Нето вредност на 31.12.2010 147.055

Нето вредност на 31.12.2011 117.165