Cane T Mojanoski: Metodologija na bezbenosni nauki - Istrazuvacka postapka; Kniga II - 2012

34

description

 

Transcript of Cane T Mojanoski: Metodologija na bezbenosni nauki - Istrazuvacka postapka; Kniga II - 2012

Page 1: Cane T Mojanoski: Metodologija na bezbenosni nauki - Istrazuvacka postapka; Kniga II - 2012
Page 2: Cane T Mojanoski: Metodologija na bezbenosni nauki - Istrazuvacka postapka; Kniga II - 2012

УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“– БИТОЛА ФАКУЛТЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ - СКОПЈЕ

Цане Т. Мојаноски

МЕТОДОЛОГИЈА НА БЕЗБЕДНОСНИТЕ НАУКИ

- ИСТРАЖУВАЧКА ПОСТАПКА

КНИГА ВТОРА

Факултет за безбедност - Скопје,

2012 година

Page 3: Cane T Mojanoski: Metodologija na bezbenosni nauki - Istrazuvacka postapka; Kniga II - 2012

Издавачи:

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола

Факултет за безбедност – Скопје

За издавачите:

Проф. д-р Златко Жоглев, ректор

Проф. д-р Јанко Јакимов, декан

Рецензенти:

Проф.д-р Димитар Мирчев

Проф.д-р Пере Аслимоски

Лектор: Доц. д-р Жанет Ристоска

Коректор: Вангелина Мојаноска

Компјутерска обработка на текстот: проф. д-р Цане Т. Мојаноски

Корица: Кире Лазаревски

Печати: „Ван Гог“ - Скопје

Тираж: 300 примероци

Со Одлука на Деканатската управа на Факултетот за безбедност

– Скопје, бр. 0201/30 од 08.06.2012 година, е одобрено да се

печати како основен универзитетски учебник.

Copyright© авторот

За контакт со авторот: [email protected]

Page 4: Cane T Mojanoski: Metodologija na bezbenosni nauki - Istrazuvacka postapka; Kniga II - 2012

На сопругата ВАНГЕЛИНА, затоа што ми е вистинска потпора

Page 5: Cane T Mojanoski: Metodologija na bezbenosni nauki - Istrazuvacka postapka; Kniga II - 2012
Page 6: Cane T Mojanoski: Metodologija na bezbenosni nauki - Istrazuvacka postapka; Kniga II - 2012

Предговор Како што беше најавено, Вториот дел од Методологијата на безбедносните науки се занимава со истражувачката постапка, со проектот и проектирањето, со процедурите и инструментите кои овозможуваат истражувањето да е организиран, систематски и продуктивен процес на сознавање на новото. Таа е најблиска до изградбата на соодветна методика на научно-истражувачкиот процес. За таа цел, авторот ја нуди содржината на љубопитната читателска јавност, со намера таа да е од корист, особено на истражувачите, кои се одважуваат, по прв пат, да преземат сложен и научно-втемелен научно-истражувачки процес, односно да реа-лизираат емпириско истражување. Но, таа е и соодветен водич во концепирањето и изработката на магистерска и докторска теза, во која до израз доаѓа, не само особеноста определен проблем да се воочи, дефинира, туку и врз основа на постојното знаење да се создаде ново знаење. „Магијата“ на тој творечки процес е во позна-вањето на алатките и научно-истражувачката постапка, кои што заедно со темелните теоретски знаења и творечката имагинација создаваат резултати, односно ново знаење. Излагањето на материјата е така систематизирано за да ја следи логиката на студискиот процес на Факултетот за безбедност во Скопје. Втората книга е наменета, пред сѐ, за студентите за Вториот циклус на универзитетски (мастер) студии. Но, таа за од-делни теми може да е предмет на интерес и на студентите од Тре-тиот циклус на универзитетски (докторски) студии, како и на љубопитната научна и стручна јавност, која за научни, стручни и други потреби, тежнее и бара решенија за мноштвото сложени, научни и практични проблеми. Следејќи ја концепцијата утврдена во првата книга, овде се концентрираме на истражувачката постапка, посебно на проекти-рањето, планирањето и реализацијата на научно-истражувачкиот процес, со обид тој да се доближи до основната идеја идните истра-жувачи јасно да ја согледаат сложеноста на научно-истражувачката работа, да ги совладаат содржините и алатките со чија помош ќе создаваат знаења, кои се објективни, сигурни, проверливи и точни

Page 7: Cane T Mojanoski: Metodologija na bezbenosni nauki - Istrazuvacka postapka; Kniga II - 2012

Цане Мојаноски

II

и преку кои ќе можат успешно да се вклучуваат во научната заедница и со своите резултати да придонесуваат за градењето на научните знаења. Идејата на оваа книга не е на едно место да понуди одговор за сите „тајни“ на научно-истражувачкиот и творечки процес. Таа е само еден обид, кој според концептот на авторот може да е во фун-кција на создавање на ново знаење, кое е објективно, проверливо и точно. Во неа е настојувано во најмала можна мерка да се повторат содржини од првата книга, а дел на прашањата, особено поврзани со процесот на интерпретацијата на новото знаење се оставени за третата книга. Во неа е изнесен дел од сложената палета прашања на научно-истражувачката работа. Затоа, со нетрпение ќе ги чекам одгласите од неа. Сите неточности, недоречености и слабости се мои, се одлика на на напорот и барањето одговори, но и на времето поминато за да се одважам да го понудам текстот на критика на јавноста. Скопје, 14.01.2012 година Авторот

Овде имам пријатна можност да изразам благодарност за

поддршката и на ова издание на раководниот тим на Факултетот за безбедност во Скопје, на рецензентите проф. д-р Димитар Мирчев и проф. д-р Пере Аслимоски, на лекторката доц. д-р Жанет Ристоска, за внимателното читање на текстот, на Вангелина Мојаноска, за коректорскитот напор и на сите колеги пријатели кои ме поддржуваа и храбреа во обидот да го понудам текстот за објавување. Скопје, Ден Петровден Авторот 12.07.2012 година

Page 8: Cane T Mojanoski: Metodologija na bezbenosni nauki - Istrazuvacka postapka; Kniga II - 2012

СОДРЖИНА

ДЕЛ ПРВИ

ПРОЕКТИРАЊЕ НА НАУЧНОТО ИСТРАЖУВАЊЕ

Етапи и фази на процесот на проектирање на научното истражување

Проектирање на истражувањето ................................................................. 9 Концептуализација и реконцептуализација на истражувањето .........................13 Парадигматски и теоретски основи на истражувањето ......................................18 Проблемска ситуација и проблем .........................................................................19 Воочување на проблемот во постапката...............................................................22 Што е проблем? ......................................................................................................27 Критериуми за оценување на проблемот на истражувањето .............................33 Формулирање на проблемот во постапката .........................................................48 Проектна задача ......................................................................................................52 Идејна скица (идеен проект) ..................................................................................54 Дали концептуализацијата е неопходна? .............................................................56

Проект на истражувањето .......................................................................... 59 Проектот како „нацрт на истражувањето“ ...........................................................62 Улогата и функциите на проектот на истражувањето .........................................64 Структура на проектот на истражувањето ...........................................................65 Студиски поект .......................................................................................................67

Научна замисла ...........................................................................................................68 Формулирање на проблемот на истражувањето ......................................................70

Правила при формулирањето на проблемот ........................................................73 Начини на формулирање на проблемот................................................................75

Предмет на истражувањето ........................................................................................82 Теоретско одредување на предметот на истражувањето ....................................96 Концептуален модел на истражување - објект и предмет ..................................96 Поимно-категоријален систем .............................................................................101 Операционално определување на предметот на истражувањето .....................120 Варијаблите во истражувањето на безбедносните појави ................................128 Индикаторите во истражувањето на безбедносните појави .............................133 Индексите во безбедносното истражување ........................................................143 Временско определување на предметот на истражувањето .............................177 Просторно определување на предметот на истражувањето .............................181 Дисциплинарно определување на предметот на истражувањето ....................185

Цел на истражувањето ..............................................................................................186 Видови научни цели .............................................................................................187 Научaн дескрипција ..............................................................................................193 Научна класификација .........................................................................................195 Научно објаснување .............................................................................................200

Page 9: Cane T Mojanoski: Metodologija na bezbenosni nauki - Istrazuvacka postapka; Kniga II - 2012

IV

Научно откритие ...................................................................................................207 Научно предвидување ..........................................................................................211 Други научни цели ...............................................................................................215

Хипотези на истражувањето ....................................................................................219 Хипотезата и варијаблите ....................................................................................244 Односот меѓу хипотезата и иникаторите ...........................................................257 Индексите и хипотезите .......................................................................................262 Односот на хипотезите кон останатите елементи на научната замисла ..........262 Проблемот на истражувањето и хипотезите ......................................................263 Односот меѓу хипотезите и предметот на истражувањето ...............................264 Односот меѓу хипотезите, целите и задачите ....................................................265 Критериуми за оценување на валидноста на хипотезите..................................267 Хипотезите и начинот на истражувањето ..........................................................271

Начин на истражување .............................................................................................273 Значењето и примената на опшите научни методи ...........................................275 Опфатеност на појавите на истражувањето .......................................................280 Инструменти на научното истражување (инструментариум) ..........................284

Научна и општествена оправданост на истражувањето ........................................287

ДЕЛ ВТОРИ

ПЛАНИРАЊЕ НА ИСТРАЖУВАЊЕТО

ПЛАНИРАЊЕ НА ИСТРАЖУВАЊЕТО ........................................... 291 Организирање на реализацијата на истражувањето ..............................................302

Избор и распоредување на учесниците во истражувањето ..............................303 Изведување на истражувањето ............................................................................304

За значењето на терминот „податок“ ......................................................................305 Поим и видови научни факти ..............................................................................306 Критеруми за класификација на податоците .....................................................312 Извори на податоците ..........................................................................................313 Документите како извори на податоци...............................................................318

ДЕЛ ТРЕТИ

РЕАЛИЗАЦИЈА НА ИСТРАЖУВАЊЕТО

Поимот реализација на истражувањето ..................................................................327

Поим за истражувачки техники и инструменти ................................................329 Студија на случај (Case Study) .................................................................................334 Метод на анализа на содржината (Content analysis) ..............................................339 Биографски метод .....................................................................................................353 Инструменти за набљудување .................................................................................359

Ограничувања во набљудувањето.......................................................................370 Испитување ...............................................................................................................372

Интервју или научен разговор .............................................................................372 Инструменти за водење на разговори (интервјуа) .............................................378

Тестот како техника на испитување ........................................................................389

Page 10: Cane T Mojanoski: Metodologija na bezbenosni nauki - Istrazuvacka postapka; Kniga II - 2012

V

Скалирање и скали на судови ..................................................................................390 Инструменти во социометриските истражувања ...................................................398 Метриски карактеристики на иструментите во истражувања на безбедосните

појави .........................................................................................................................401 Обработка на податоците и нивно користење ........................................................415

Контрола на податоците ......................................................................................417 Класификација на обележјата ..............................................................................418 Шифрирање на податоците .................................................................................421

Избор на аналитичка постапка.................................................................................423 Проверка на хипотезата .......................................................................................425 Грешки при собирањето на податоците .............................................................426

ДЕЛ ЧЕТВРТИ

ИЗВЕШТАЈ ЗА РЕАЛИЗИРАНОТО ИСТРАЖУВАЊЕ И ОБЛИЦИ НА

ИНТЕЛЕКТУАЛНОТО МАЈСТОРСТВО

ИЗВЕШТАЈ ЗА РЕАЛИЗИРАНОТО ИСТРАЖУВАЊЕ ................... 437 Структура на извештајот за реализираното истражување ................................437 I. Резиме .................................................................................................................437 II. Клучни зборови ................................................................................................438 III. Вовед ................................................................................................................438 IV. Начин на истражувањето ...............................................................................439 V. Резултати на истражувањето ..........................................................................441 VI. Расправа за резултатите .................................................................................442 VII Библиографски информации .........................................................................443 VIII. Прилози (додаток) .......................................................................................445

Стил за пишување извештај за истражувањето......................................................446 Облици на интелектуално мајсторство и на студентското творештво.................448

Импакт-фактор, цитирање и анализа на цитирана литература .........................454

Индекс на автори ................................................................................... 461

Индекс на поими ................................................................................... 461

ЛИТЕРАТУРА ....................................................................................... 475

Page 11: Cane T Mojanoski: Metodologija na bezbenosni nauki - Istrazuvacka postapka; Kniga II - 2012

VI

Tабели, шеми примери

Шема бр.1 Структура на истражувачката постапка ................................ 1

Преглед бр. 1 Динамичка шема на истражувањето ................................. 2

Шема бр.2 Истражувачка постапка – глобални елементи ...................... 6

Шема бр. 3 Процес на научното истражување ........................................ 8

Шема бр.4 Етапи на концептуализацијата ..............................................14

Шема бр.5 Структура на проектот на истражувањето ...........................65

Шема бр.6 Формулација на проблемот ...................................................72

Шема бр.7 Предмет на истражувањето ...................................................98

Табела бр. 1. Доколку имате проблем за решавање, кому најпрво ќе му

се обратите? .............................................................................................139

Тебла бр. 2. Доколку сметате дека можете да влијаете на работата на

полицијата, на кој начин би го направиле тоа? ....................................140

Табела бр. 3 Индекс на перцепција на корупцијата во земјите на

Балканот ...................................................................................................145

Шема бр.8 Модел на истражување на безбедносна појава ..................156

Шема бр.9 Видови научни и практични цели .......................................190

Слика бр.1 Графички приказ на хипотеза .............................................190

Шема бр.10 Операционализација на варијаблите.................................249

Шема бр.11 Односот хипотеза - индикатори ........................................258

Шема бр.12 Односот на хипотезите и другите делови на проектот на

истражувањето .........................................................................................259

Пример бр. 1 Категории за анализа на содржината на дневните

весници во Република Македонија во периодот на изборната кампања

од 28 март 2004 до 29 април 2004 година .............................................344

Пример бр.2 Кодекс на шифри: - Назив на кривичното дело ..............348

Пример бр.3 Аналитичка табела – „Анализа на одлуките на Врховниот

суд на Република Македонија во периодот 1961-1999 година“ ..........349

Табела бр.4 Каков вид повреда на законот постои од страна на судот со

пониска инстанца ....................................................................................350

Табела бр.5 Од страна на судот е изречена и каков вид повреда на

законот постои од страна на судот со пониска инстанца ....................351

Табела бр.6 - Протокол за изведување на анализа на содржина .........352

Слика бр.2 Технички инструменти за набљудување ............................360

Пример бр.4 Лист за набљудување ........................................................361

Шема бр.13 Графички приказ на листот за набљудување ...................362

Пример. бр.5 - Лист за набљудување при спроведување на рација за

точење алкохол на малолетни лица во кафе - барот „XY“ ..................364

Пример. бр.6 - Лист за набљудување на зафатеноста на паркинг -

просторот „XY“ за лица со посебни потреби ........................................363

Пример бр.7 „Матрица на конфронтација“ за SWOT анализа ............368

Пример бр.8 Картичка за водење „анегдотски белешки“ ...................374

Пример бр.9 Основа за разговор ............................................................374

Пример бр.10 Аудиоинструменти за водење разговор ........................372

Пример бр.11 Потсетник за водење интервју со воспитувачи чии

затвореници направиле прекршок .........................................................379

Page 12: Cane T Mojanoski: Metodologija na bezbenosni nauki - Istrazuvacka postapka; Kniga II - 2012

VII

Пример бр.12 Потсетник за интервју со раководител на организациона

единица за начинот на неговата работа .................................................379

Пример бр.13 Основа за разговор ..........................................................380

Пример бр.14 Прашалник за мислењето на граѓаните за работата на

полицијата ................................................................................................386

Пример бр.15 Графичка скала ................................................................396

Табела бр. 7 Примери на вообичаени скали на проценка со 5 степени и

нивните „сидра“ .......................................................................................394

Пример бр.16 Скала од Ликертов тип ...................................................396

Пример бр.17 Скала за проценка на некои особини на лицето „ХY“ .397

Пример бр.18 Скала за проценување на активностите во управата ...398

Слика бр.3 Социограм .............................................................................399

Пример бр. 19 Табела за обработка на социометриски прашалник ....399

Шема бр.114 Мерни скали ......................................................................404

Шема бр.15 Податоци и видови податоци според мерните скали ......408

Преглед бр. 2 Можности за донесување одлуки и грешките...............433

Шема бр.16 Видови грешки....................................................................428

Слика бр.4 Преглед на трага во снег - оригинал ..................................453

Слика бр.5 Преглед на трага во снег - некоректна ...............................453

Шема бр.17 Пресметка на импакт-фактор ............................................456

Page 13: Cane T Mojanoski: Metodologija na bezbenosni nauki - Istrazuvacka postapka; Kniga II - 2012
Page 14: Cane T Mojanoski: Metodologija na bezbenosni nauki - Istrazuvacka postapka; Kniga II - 2012

ДЕЛ ПРВИ

ПРОЕКТИРАЊЕ НА НАУЧНОТО ИСТРАЖУВАЊЕ

Page 15: Cane T Mojanoski: Metodologija na bezbenosni nauki - Istrazuvacka postapka; Kniga II - 2012
Page 16: Cane T Mojanoski: Metodologija na bezbenosni nauki - Istrazuvacka postapka; Kniga II - 2012

ЕТАПИ И ФАЗИ НА ПРОЦЕСОТ НА ПРОЕКТИРАЊЕ НА

НАУЧНОТО ИСТРАЖУВАЊЕ

Истражувачката дејност и истражувањето како процес се сложе-

на, систематска, целна, целисходна, обмислена и промислена целина.

ИСТРАЖУВАЧКА ПОСТАПКА

Изработка на извештајотна истражувањето

Концептуализација

РЕАЛИЗАЦИЈАПЛАНИРАЊЕПРОЕКТИРАЊЕ

Парадигматска и теорисказаснованост наистражувањето

Избор на тематана истражувањето

Истражувачказадача

Идејна скица

ИЗРАБОТКА НА НАЦРТОТ НАНАУЧНАТА ЗАМИСЛА

Формулација на проблемот

Предмет наистражувањето

Цел наистражувањето

Хипотези

Начин наистражување

Научна и општественаоправданост на истражувањето

Планирање наистражувањето

Практични меркина организирање

Избор на учеснициво истражувањето

Обука насоработниците

СОБИРАЊЕ НАПОДАТОЦИ

Методи на собирањена податоци

Испитување

Набљудување

Експеримент

Студија наслучај

Content analysis

Тест

Биографскиметод

Социометискиметод

Средување и обработкана податоците

Оценка и анализана податоците

Проверка на хипотезите

Научно заклучување

план за кадри

план на средства

термински план

План на реализација

Прелиминарен план

Шема бр.1 Структура на истражувачката постапка1

1 metodologijafpn.files.wordpress.com/2010/.../projektovanje-istrazivanja.ppt [пристапено на

27.03.2011];

Page 17: Cane T Mojanoski: Metodologija na bezbenosni nauki - Istrazuvacka postapka; Kniga II - 2012

2

Истражувачката постапка е вкупноста на дејствијата што ги

презема истражувачот во текот на истражувањето како сознаен чин.

Таа е потребна заради добивање на: а) предметни, б) научно засновани,

в) логички, г) систематични, д) комплексни, ѓ) конзистентни, е) прециз-

ни и ж) проверливи сознанија.

Структурата на истражувачката постапка, според Руди Супек,

има статична и динамичка страна. Динамичката се одвива во следните

фази1:

I. фаза II. фаза III. фаза IV. фаза

Формулација

на проблемот:

1.Утврдување

на целите на

нацрт-

содржината

2.Собирање на

општи

известувања

3.Ориентацио-

на анкета или

интервју

Идеен нацрт:

1.Оперативен

систем на

хипотези

2.Определувањ

е на квантита-

тивни и ква-

литативни

варијабли

3.Типови

анкети,

експеримент

или прашалник

4. Преттести-

рање

Практичен или

оперативен нацрт:

1.Изработка на прашалник

2.Одлука за методот за

набљудување или

интервју

3.Нацрт-примерок

4.Избор и тренинг на

анкетарите

5.Собирање податоци

(спроведување анкети)

6.Проценка на

статистичката грешка

7.Кодирање

8.Табелирање

9.Анализа на податоците,

утврдување на точноста

10. Заклучоци

Научен

извештај:

1.Формулација на

проблемот

2.Опис на

нацртот на

истражувањето

3.Спецификација

на применетите

методи за

собирање

податоци

4.Приказ на

резултатите

(дискусија)

5. Заклучоци и

толкување на

резултатите

Преглед бр. 1 Динамичка шема на истражувањето

Истражувачката постапка е организиран систематски и сло-

жен процес на стекнување на нови научни сознанија, кој внатре во себе

е составен од мноштво на усогласени мисловни, технички и рутински

активности и постапки насочени кон единствената цел и се поврзани во

единствена смислена целина. Истражувачката постапка е: а) насочена,

целна, целисходна постапка; б) инструментално-техничка, организацис-

ко-рутинска и мануелна постапка и в) практична дејност2.

1 Rudi Supek: Istraživanje javnog mnenja; SNL, Zagreb, 1981, стр. 64; 2 Slavomir Milosavljević: Istraživanje političkih pojava; Institut za politička istraživanja FPN,

Beograd, 1980, стр.64; Novak Milošević: Projektovanje u ratnoj veštini, VIC, Beograd, 1989; стр. 35;

Page 18: Cane T Mojanoski: Metodologija na bezbenosni nauki - Istrazuvacka postapka; Kniga II - 2012

3

Под истражувачка постапка1 во асфалиологијата се подразбира

збир на активности што ги спроведува истражувачот или истражувач-

киот тим за добивање предметни, објективни, систематски, конкретни и

општи, доволно критички и проверливи научни сознанија за безбеднос-

та. Истражувачката постапка треба да е збир на прецизно и логички

поврзани активности и инструменти со чија помош e можно да се дојде

до егзактни резултати.

Покрај емпириската, постои и чисто теоретска, т.е. филозофско –

дедуктивна истражувачка постапка во која логичката мисла преовладу-

ва над техниката и во која се тргнува од тоталитетот на појавата. Пос-

тапката e условена од предметот на истражувањето. Истражувачот нас-

тојува предметот да го сознае со помош на логичките методи, тргнувај-

ќи од целината кон деловите. Таквите постапки се погодни за индиви-

дуални истражувања.

Во врска со сфаќањето на структурата на истражувачката пос-

тапка не постојат усогласени мислења. Кога се зборува за истражувач-

ката постапка таа, во основа, се набљудува како структуриран систем

составен од три дела: а) нацрт на научна замисла, б) план на истражува-

ње и в) инструментариум, вклучувајќи го и планот на обработка. Таа, на

пример, за Чапин би ги имала следните елементи: а) поставување на

работна хипотеза; б) собирање и запишување на набљудуваните појави;

в) класификување на фактите во групи и сукцесија заради споредување

и воопштување. За К.Селзник, М.Јахода, М.Дајч и С.Клик таа опфаќа:

а) избор, формулација на проблемот, б) создавање хипотеза; в) де-

финирање на концептот на истражување; г) собирање податоци; д)

изведување на истражувањето; ѓ) средување на собраниот материјал и

негово прикажување и е) интерпретација на податоците и изведување

на заклучокот. Радомир Лукиќ смета дека структурата на истражувач-

ката постапка опфаќа: а) определување на предметот; б) поставување на

хипотезата; в) собирање факти, опис на појавата; г) научно објаснување

и д) проверка на научното истражување.Таа, според Руди Супек, опфа-

ќа: а) формулација на проблемот; б) одредување на целите на истражу-

вањето; в) избор на методи за собирање на податоците; г) утврдување

на популацијата и мострата за истражување; д) собирање податоци; ѓ)

анализа и обработка на податоците; е) изведување заклучоци и препо-

раки за акција2.

За Ј.В.Осипов структурата опфаќа: а) поставување на проблемот;

б) определување на објектот и предметот; в) опишување на целта и за-

1 Ванчо Стојчев: Методологија на воените науки, Воена академија „Генерал Михајло

Апостолски“, Скопје,2004, стр. 301; 2 Rudi Supek: Istraživanje.... цит. дело. стр. 62;

Page 19: Cane T Mojanoski: Metodologija na bezbenosni nauki - Istrazuvacka postapka; Kniga II - 2012

4

дачите; г) интерпретација на основните поими; д) формулирање на ра-

ботните хипотези; ѓ) разработка на систематскиот план на научното

истражување; е) опис на методот за собирање на факти; ж) опис на ана-

лизата (шемата) на податоците; з) анализа и интерпретација на резулта-

тите и ѕ) соопштување на резултатите.

К. Бјели смета дека структурата е следна: а) избор на истражува-

чкиот проблем и поставување на хипотезата; б) формулација на истра-

жувачкиот проблем; в) собирање податоци; г) кодирање и анализа на

податоците; д) интерпретација и тестирање на резултатите.

П. Ман ја дефинира низ следниот облик: а) изнесување на ини-

цијалната идеја; б) утврдување релации меѓу идеите и познатото знае-

ње; в) дефинирање на проблемот и хипотезата; г) изработка на истражу-

вачки план; д) анализа на податоците; ѓ) изведување на заклучоци; е)

враќање во теоријата.

Рајли смета дека структурата на истражувачката постапка ја има

следната содржина: а) консултирање на теоријата; б) создавање кон-

цептуален модел; в) изведување емпириски тези со користење методи;

г) донесување на истражувачки наоди и д) интерпретација1.

Јовица Лазиќ смета дека тој процес се одвива низ следните фази:

а) идентификување и определување на проблемот; б) определување на

целите на истражувањето; в) поставување на хипотезите; г) дефинира-

ње на клучните поими; д) изведување на логичките последици од хипо-

тезата; ѓ) избор на истражувачката стратегија и нацртот на истражува-

њето; е) развивање на мерните и други средства за истражувањето; ж)

определување на основната маса и одбирање на примерокот на истра-

жувањето; з) спроведување на истражувањето и собирање на значајните

податоци; ѕ) обработка и анализирање на податоците добиени со истра-

жувањето; и) толкување на резултатите на истражувањето и изведување

на заклучоци; ј) пишување на извештај за извршеното истражување2.

На едно место се вели дека „главните фази на научното истра-

жување можат да се поделат на: а) опис и дефинирање на проблемот на

истражувањето; б) избор на литературата и дефинирање на клучните

поими; в) определување на целите на истражувањето и дефинирање на

хипотезите; г) избор на нацртот на истражувањето; д) избор на приме-

рокот на испитаници и примерокот на варијаблите; ѓ) собирање на по-

1 Miroslav Pečujlić, Vladimir Milić: Metodologija društvenih nauka; NIU „Službeni list SFRJ“,

Beograd, стр. 154-156; 2 Според: Jovica Lazić: Naučno istraživanje u analizi FI- priroda, vrste, funkcije i struktura;

www.vps.ns.ac.rs/nastavnici/Materijal/mat5573.ppt [пристапено на 19.01.2011];

Page 20: Cane T Mojanoski: Metodologija na bezbenosni nauki - Istrazuvacka postapka; Kniga II - 2012

5

датоците; е) обработка на податоците; е) интерпретација на резул-

татите; ж) пишување на научниот извештај“1.

Според Живан Ристиќ: „основни елементи на структурата на

истражувачкиот проект се:

1.Определување и образложување на проблемот на истражу-

вањето;

2.Преглед на наодите на досегашните студии;

3.Опис на целите на истражувањето;

4.Формулација на хипотезата;

5.Дефиниција на основните изрази;

6.Логички последици на хипотезите;

7.Опис на начинот на истражувањето;

7.1.План (дизајн) на истражувањето;

7.2.Определување на основната маса и планот за пример-

кување;

7.3.Попис и опис на средствата за истражувањето;

7.4.Опис на постапките (процедурите) на истражувањето;

7.5.План на обработка и анализа на податоците;

8.Опис на пробните истражувања;

9.Планирани содржини на извештајот за истражувањето;

10.Временски план на истражувањето;

11.Пресметка на потребните количини пари;

12.Приказ на составот на истражувачкиот тим“2.

Досегашното излагање покажува дека во пристапите околу

структурата на истражувачкиот процес постојат разлики. Тие се детер-

минирани од теоретско-методолошкиот пристап и предметот на истра-

жувањето, но и од тоа дека познавањето на методологијата на изработ-

ка на проектот е иманентна научна работа, дека применетиот модел на

добивање научни резултати е тој што го условува резултатот. Но, тој е

условен од недоволната изграденост на апаратурата на научно-истражу-

вачката методологија на општествените науки, а во тие рамки и на

безбедносните како науки од понов датум.

Истражувачката постапка се одвива во етапи и трае долго. Таа се

спроведува во четири етапи, односно преку четири основни целини. Во

првата етапа се создава идејна замисла за истражувањето, односно се

изработува проект. Во втората етапа се организира и се спроведува

1 Според: www.ucf.so.ac.yu/xampp/joomla/docs/katedre/.../Istrazivanje.ppt [пристапено на

23.08.2009]; 2 Živan Ristić: O istraživanju, metodu i znanju, Institut za pedagoška istraživanja, Beograd, 1995,

стр.441;

Page 21: Cane T Mojanoski: Metodologija na bezbenosni nauki - Istrazuvacka postapka; Kniga II - 2012

6

истражувањето што било проектирано во научната замисла на истражу-

вачот, трета е фазата на реализација на истражувањето и четврта е

изработка на соодветен облик на научното соопштение, односно

извештај на резултатите на истражувањето1.

Кога станува збор за постапката, треба да имаме предвид дека

таа се одвива на определен општествен простор, кој и самиот е по-

делен, често пати со спротивставени, па дури и противречни интереси.

Во тој општествен простор специфична е задачата на истражувачите,

како во остварувањето на односите со нарачателот, така и во однос на

другите субјекти со кои комуницираат, што, исто така, бара усогласува-

ње на сложените односи и интереси што се појавуваат на тој план2.

Од поставувањето на истражувањето до крајот на истражување-

то изминува временски период, којшто бара организациски способнос-

ти, сè да се доведе во хармонија со целите на истражувањето. Структу-

рата на истражувачката постапка со нејзините елементи е претставена

на Шема бр. 1, а нејзините глобални карактеристики на Шeма бр. 2.

Шема бр.2:Истражувачка постапка – глобални елементи

1 Ibidem… стр. 441;

2 Miroslav Pečujlić, Vladimir Milić: Metodologija ... цит. дело. Стр.155;

ИСТРАЖУВАЧКА ПОСТАПКА

ПРОЕКТИРАЊЕ НА ИСТРАЖУВАЊЕТО

ОРГАНИЗАЦИЈА НА ИСТРАЖУВАЊЕТО

РЕАЛИЗАЦИЈА НА ИСТРАЖУВАЊЕТО

ИЗВЕШТАЈ ОД ИСТРАЖУВАЊЕТО

ИСТРАЖУВАЧКА ПОСТАПКА

Page 22: Cane T Mojanoski: Metodologija na bezbenosni nauki - Istrazuvacka postapka; Kniga II - 2012

7

Од целината на досегашната анализа можеме да констатираме

дека околу ова прашање постојат бројни концепти и коцепции. Но, не

само заради педагошки потреби, туку и заради отстранување на недо-

разбирањата што можат да произлезат од раличните интерпретации на

концептите. Во натамошната анализа ќе сметаме дека истражувачката

постапка опфаќа неколку глобални процеси, поврзани со проектирање-

то, организацијата и реализацијата на истражувањето и секако, со про-

изводот на таквата активност-извештајот.

Меѓутоа, истражувачката практика покажува дека до целосни

сознанија не може да се дојде без конзистентна теоретско - емпириска

постапка во која се тргнува од практиката кон теоретското мислење и

повторно кон практиката. Само така може да се дојде до егзактни соз-

нанија за сложените појави како што се безбедносните1.

Цел на истражувачката постапка

Истражувањето како искуствена активност започува со опреде-

лување на темата на истражувањето, во содржинска и оперативна смис-

ла на зборот. Истражувачката постапка е структурирана по фази, етапи

и дејствија, со единствена цел постепено да се дојде до организирано

знаење, затоа постепено, фаза по фаза, се проектира, програмира и пла-

нира. Смисллата на таквата активност е со цел да се дојде до една

интегрална низа на активности кои имаат свој организиран вид. Секое

емпириско истражување е сложена научна дејност, која во себе вклучу-

ва неопходно време, простор, луѓе и пари2. Оттаму, можеме да конста-

тираме дека основна карактеристика на истражувањето на безбеднос-

ните појави е тимската работа. Неопходно е субјектите да се организи-

раат и насочуваат кон крајниот резултат, кој е изразен во добивањето на

научни знаења врз основа на емпиријата3.

Истражувањето е обемен потфат. Колку што е поамбициозно, за

да донесе трајни резултати, толку повеќе бара поголеми материјални

средства. Кога станува збор за истражувањата на безбедносните појави,

во основа, најзаинтересирани за нив се државните институции и тие

обично се јавуваат како непосредни вложувачи. Бидејќи и оваа сфера

постана сфера на бизнис интерес, би требало, во иднина и овие субјекти

да пројавуваат интерес за ваквите видови истражувања. Вложувањата

во научно-истражувачките проекти подразбира знаење за користење и

распоредување на материјалните средства. Тоа, пак, бара одговорност и

1 Novak Milošević, Projektovanje… цит. дело. стр.35; 2 Осипов Г.В.: Методы измерения в социологии, Наука, Москва, 2003, стр. 9; 3 Фененко Ю.В. Социология управления, ПКЦ Альтекс Москва, 2005,стр. 41-46,

Page 23: Cane T Mojanoski: Metodologija na bezbenosni nauki - Istrazuvacka postapka; Kniga II - 2012

8

организирана распределба во сите фази на постапката. Затоа, кога се

зборува за истражување, се зборува и за процес во кој истражувачкиот

тим и општеството општат во повеќе сфери, како што се правната, еко-

номската, етичката и други, за што е неопходно соодветно стручно и

организациско знаење.

Истражувачкиот процес е сложена постапка. До денес не е даде-

на задоволителна дефиниција на изразот „научно истражување“, па от-

таму и на истражувачката постапка. Тие поими се преклопуваат и ме-

шаат.

ТЕОРИЈАИНТЕРЕС ИДЕЈА

? Y

?Y ?Y

A

?XB

A B E F

C D X Y

КОНЦЕПТУАЛИЗАЦИЈА

ОПЕРАЦИОНАЛИЗАЦИЈА

ИЗБОР НАИСТРАЖУВАЧКИТЕМЕТОДИ

ПОПУЛАЦИЈАИ ПРИМЕРОК

СОБИРАЊЕ НА

ПОДАТОЦИТЕ

СРЕДУВАЊЕ

НА ПОДАТОЦИТЕАНАЛИЗА НА

ПОДАТОЦИТЕ

ИНТЕРПРЕТАЦИЈА

НА ПОДАТОЦИТЕ Шема бр. 3: Процесот на научното истражување1

За да може да се истражува нешто, најнапред е потребно да се

утврди постоењето на проблемот. И не само да се утврди, туку и да се

констатира дека истиот е доволно значаен и доволно соодветен за да се

решава со истражувачката постапка. Кога ќе се утврди постоењето на

проблемот, логично е врз основа на неговите битни одредби да се опре-

дели и видот на истражувањето. Тоа е предуслов за пристапување кон

изработка на проектот на истражувањето и кон истражувањето.

1 Според: Jovica Lazić: Naučno istraživanje u analizi FI- priroda, vrste, funkcije i struktura;

www.vps.ns.ac.rs/nastavnici/Materijal/mat5573.ppt [пристапено на 19.01.2011];

Page 24: Cane T Mojanoski: Metodologija na bezbenosni nauki - Istrazuvacka postapka; Kniga II - 2012

9

Покрај научно-истражувачкиот проект што се изработува како

основен документ на истражувањето, истражувачот или истражувачки-

от тим во почетната фаза на проектирањето, по потреба, ги изработува

следните истражувачки документи: (1) проектна задача; (2) идејна

скица, (3) нацрт на научната замисла (студиски проект) и (4) во случај

кога предмет на истражувањето e некоја сложена појава, се изработува

макропроект на истражувањето. Проектирањето е сложена, од сапект на

трошоците и скапа активност, за да се обезбеди функционалност на

изработените документи се применува постапката тестирање на валид-

носта на проектот на истражувањето и потребата за неговата евен-

туална доработка или преработка. Тоа нејчесто се чини со предистра-

жувањето. Потоа, следи теренската активност (работа) на собирање на

податоци, нивното средување, обработка и заклучување врз основа на

нив. Истражувањето, во начело, завршува со изработка на извештајот и

препораките, а во продолжената постапка и со примената на стекнатите

научни сознанија во науката и (или) општествената практика. Ова е са-

мо општа шема на процесот. Таа се реализира преку дејствување и пре-

земање и извршување на конкретни дејствија. Вкупноста на тие дејст-

вија го чини проецеот на проектирањето на истражувањето, а неговиот

резултат проектот на истражувањето.

ПРОЕКТИРАЊЕ НА ИСТРАЖУВАЊЕТО

Проектирањето како етапа на истражувачката постапка опфаќа

две фази: а) концептуализација и б) изработка на проектот, односно

нацртот на научниот проект. Во литературата, фазата на концептуализа-

цијата се третира разлино. Како дел на изградбата на категоријален

систем, или општа слика за истражувачкиот процес, но и како изработ-

ка на идеен проект.

Проектирањето на истражувањето е мисловна, првенствено умс-

твена активност на изработка на проектот на истражувањето1. Тоа е ди-

намички синхронизиран координиран систем на меѓусебно поврзани и

стручно и научно условени активности; главно креативни, со кои се

создава проектот на истражувањето.

За проектирањето се тврди дека е мисловна, умствена активност,

затоа што во тој процес, истражувачот, првенствено со активноста на

својот ум, својот разум и духовната моќ, ја констатира појавата со која

истражувањето се занимава и ги идентификува нејзините различни чи-

нители. Притоа, ги утврдува, активира и одбира постојните знаења за 1 Slavomir Milosavljević; Istraživanje… цит. дело. стр.65; Novak Milošević; Projektovanje… цит.

дело. стр.39;

Page 25: Cane T Mojanoski: Metodologija na bezbenosni nauki - Istrazuvacka postapka; Kniga II - 2012

10

таа појава и нејзините елементи и нивните меѓусебни односи и врски.

Всушност, со помош на постојните знаења, го трасира патот за стекну-

вање на нови знаења. И на крајот, врз основа на сите тие сознанија, за-

бележувања и сопственото мислење, оформува определени претстави и

претпоставки за таа појава и нејзините чинители, ги формулира во

мисловна целина и им придава определени значења.

Проектирањето е дефинирано како динамички систем на дејнос-

ти кои се меѓусебно координирани и синхронизирани. Тоа значи дека

сите дејности во процесот на изработката на проектот на истражување-

то се меѓусебно суштински согласни, подредени и насочени кон иста

цел и иста намера. Всушност, тие се развиваат по претходно утврден

функционален редослед. Во такви услови, секоја од активностите има

точно утврдено место и улога во процесот на изработката на проектот.

Токму затоа се смета дека проектирањето е складен и усогласен процес.

Поврзаноста и условеноста на сите дејности при проектирањето

значи дека секоја од нив започнува и престанува во согласност со свое-

то место и улога, секоја од нив е во функција на останатите дејности и

односите со нив1. Тоа значи дека ниту една активност не може да се

заврши на соодветен начин без претходно завршување на активностите

што претходеле. Се смета дека не е можно да се постави добар проект

на истражување ако не се изведат активностите за проектирање така

како што е нивната логичка природа, односно ако не се изведат дослед-

но и редоследно. Редоследноста пак, значи дека не е можно да се завр-

ши наредната активност на соодветен начин, ако и претходната дејност

не е така завршена. Кај истражувачите почетници, обично се јавуваат

тешкотии, не само заради неразбирањето на оваа фаза од истражување-

то, туку и заради недоволното искуство или посветеност кон прашање-

то на истражувањето.

При изработката на проектот, во преден план се активностите

коишто се претежно научни, стручни, односно креативни. Бидејќи, про-

цесот на изработката на проектот на истражувањето е особено сложена

мисловна дејност, оттаму и активностите се вонредно сложени и многу-

бројни. Тие се користат и се втемелени на облиците и правилата на вис-

тинитото и логичкото мислење. Во овој дел до израз доаѓаат знаењата

од логиката и нејзината примена.

1 Ibidem... цит. дело. стр.65; Исто така и кај: Славомир Милосављевић, Иван Радосављевић:

Основи медологогије политичких наука, Службени гласник, Београд, стр. 399; Ванче Стојчев:

Методологија на воените науки, Воена академија „Генерал Михајло Апостолски“, Скопје,

2004; стр.301; Момчило Сакан: Методологија војних наука, Војноиздавачки завод, Београд,

2006, стр. 410; Новак Милошевић, Саша Милојевић: Основи методологије безбедноних наука,

Полициска академија, Београд, 2001, стр.99-100; Dževad Termiz: Metodologija društvenih nauka;

Šahinspahić, Sarajevo, 2003, стр. 156-164;

Page 26: Cane T Mojanoski: Metodologija na bezbenosni nauki - Istrazuvacka postapka; Kniga II - 2012

11

Проектирањето е сложена мисловната активност. Таа започнува

со забележување на промените на појавата, со идентификување на

проблемите и со активирање на постојното знаење (првенствено науч-

ното). Во тој процес се идентификува тоа што знае, тоа што не се знае,

или нема доволно јасен одговор за новото. Всушност, се утврдува смис-

лата на истражувањето – решавањето на проблемот, односно, одговорот

на прашањето – што, во основа значи, создавањето на ново знаење.

Овој дел од истражувачката постапка е сложен и слоевит процес, во кој

се создава интелектуално дело какво што е проектот на истражувањето.

Во тој процес доаѓаат до израз и посебните способности на истражу-

вачот, како што се знаењето на проблемот, надареноста, талентот, како

и определени специјални состојби на духот - како што се имагинацијата

и вдахновеноста1. Улогата и вистинското дејство на имагинацијата се

непроценливи, посебно кога станува збор за нови, научно уште непоз-

нати појави.

Проектирањето се дефинира како стручна и рутинска активност.

Имено, покрај креативната работа на создавањето на новото, процесот

на проектирањето се состои и од значаен број на стручни и рутински

дејности и дејствија, поврзани со правилата и нормите на струката. Тоа

значи дека проектирањето е тесно повразно со струката. Стручноста

подразбира специјалистички и утврдени конкретни знаења. Специјалис-

тичките знаења, обично се однесуваат на специфични знаења поврзани

со ракување на определено средство или примена на постапка. На

пример, вештачењето на фалсикување пари. Тоа, разбирливо, не ја под-

разбира димензијата на творечкото, новото, туку добро познавање на

струката - ситуацијата која веќе постоела, која е решавана и за која пос-

тојат начелни типски решенија што се применуваат во дадената ситуа-

ција. Овде ќе потсетиме дека и стручните активности не се лишени од

креативност, иновативност и, во одделни ситуации, и нов резултат. Кај

стручните активности, во прв ред, од значење е самостојната процена за

ситуацијата, изборот на решенијата што се најоптимални, а кои обезбе-

дуваат максимален резултат со релативно помал трошок и време.

Рутинските работи се одликуваат со тоа што тие помалку или

повеќе се повторуваат на вообичаен начин. Станува збор за типични ре-

шенија за типични ситуации. Кога станува збор за рутинска работа, тоа

значи почитување на примената на процедурата и стандардите при

планирањето на времето и средствата, графичко и техничко обликување

1 Ibidem... стр.66; како и кај: Славомир Милосављевић, Иван Радосављевић: Основи…цит. дело.

стр.400; Ванче Стојчев: Методологија…цит. дело. стр.302; Момчило Сакан: Методо-

логија…цит. дело. стр. 410; Новак Милошевић, Саша Милојевић: Основи…цит. дело. стр. 99;

Dževad Termiz: Metodologija… стр. 156-164;

Page 27: Cane T Mojanoski: Metodologija na bezbenosni nauki - Istrazuvacka postapka; Kniga II - 2012

12

на проектот на истражувањето, итн. Тие најчесто се поврзани со про-

пишани норми и утврдени графички решенија, на пример од изглед на

насловна страница, преку наведувањето на редоследот, структурата и

специфичностите на страниците под неа, па сè до насочувањата што

упатуваат како да се наведат изворите.

Овде ќе напоменеме дека учеството на креативните, научно-тво-

речките, стручните и рутинските работи не е исто во секој процес на

проектирање. Тоа најчесто зависи од видот на истражувањето, од пред-

метот и целите на истражувањето. Тие најчесто условуваат овие видови

активности да се различни. Сепак, може да се смета дека во секој

процес на изработка на научно-истражувачкиот проект претежнува

учеството на креативниот, творечки труд и дека останатите видови труд

се во функција на целта – изработката на проектот.

Проектирањето како глобален процес опфаќа бројни активности

поврзани со (1) забележувањето и сфаќањето на проблемот и предметот

на истражувањето; (2) неговата прелиминарна идентификација, (3)

дефинириање и класификација; 4) анализа на издвоените и дефинирани

појави; и 5) конципирањето на моделот на проблемот и неговата разра-

ботка. Составен дел на овој процес е и создавањето на глобална органи-

зација на постапката, што подразбира: формирање на основни екипи за

изведување на истражувањето, определување на календар, роковник на

истражувањето и донесување на финансиски план – трошовник на

проектот1. Смислата на наведените процеси на проектирањето е да се

укаже кои елементи го сочинуваат, кои се составните елементи на доку-

ментите на истражувањето и како и да се назначат обврските на истра-

жувачот кон нарачателот, но и кон себеси, за што порационално да биде

спроведено истражувањето.

Проектирањето се определува како глобална активност, затоа

што преку него, во основа, се согледува како се создадени можностите

за натамошниот тек на постапката и тоа, во општи црти, го определува

развојот на активноста, која подоцна може подетално да се разработува,

посебно во одделните етапи2. Истражувањето на тој начин добива јасна

визија и облик кој се операционализира низ активностите, дејностите,

зафатите и чиновите што истражувачот ги превзема за да одговори на

поставената задача. Но, овој процес се именува и како коцептуализа-

ција и реконцепуализација. Околу употребата на тие поими за процесот

на проектирањето не постои согласност. Току затоа вниманието ќе го

задржиме на специфичностите на тој процес.

1 Miroslav Pečujlić, Vladimir Milić: Metodologija… цит. дело. стр. 165-175; 2 Лариса Агдасовна Бурганова: Теория управления, стр. 4-10; според:

www.diplom.am/downloads/book/105/ [пристапено на 8.10.2011];

Page 28: Cane T Mojanoski: Metodologija na bezbenosni nauki - Istrazuvacka postapka; Kniga II - 2012

13

Концептуализација и реконцептуализација на истражувањето

Пред да се позанимаваме со поимот теоретски концепт, внима-

нието ќе го задржиме на поимите: коцепција и концепт.

Поимот концепција (lat. conceptio = примање) значи; сфаќање,

поимање на поимот; поставување на некои основни тези кои претставу-

ваат зачеток на научното или на уметничкото дело; нацрт за некое

уметничко или научно дело; во поширока смисла, воопшто, секој пис-

мен состав. Во физиологијата, концепцијата значи зачеток, почеток на

гравидитетот. Поимот концепт (lat. conceptus) како термин се појавува

во IV век и означува, во преносна смисла, иманентни производи на

духовната дејност. Терминот има употреба во психологијата за означу-

вање на поимите кои се научени во експерименталните услови. Исто

така, се употребува како синоним за „поим“ воопштено или „теоретска

конструкција“1. Концептот се споредува со градежен блок на теоријата.

Тој е идеја изразена како симбол или со збор. И зборот е симбол научен

со јазикот. Кинеските или арапските знаци, францускиот збор „hauteur“,

германсиот збор „höhe“, шпанскиот збор „altura“ - сите ја симболизира-

ат истата идеја - вистината. Во одредена смисла, јазикот е само дого-

вор да се претставуваат идеите со гласови или пишани знаци кои луѓето

ги научиле во одредени моменти од нивниот живот. Учењето концепти

и теорија е како учење јазик2.

Посебна категорија на научните поими се концептите или кон-

структите3. Научните и другите концепти формираат специјализиран

јазик или жаргон. Физичарите, правниците, инженерите, сметководи-

телите, водоводџиите и автомеханичарите, сите тие имаат специјализи-

рани јазици. Истражувачите ги дефинираат научните концепти попре-

цизно и тие се разликуваат од дневниот дискурс. Научната теорија

претпоставува добро дефинирани концепти. Дефиницијата помага да се

1 Vladimir Filipović: Filozofijski rječnik, Nakladni zavod Matice hrvatske; Zagreb, 1989; стр. 223; 2 William Lawrence Neuman: Social research methods: qualitative and quantitative approaches;

Pearson Education; Boston; 2003,. стр. 44; 3 M. Banјanin: Naučnoistraživačka metodologija; стр.16-18; Исто така и Александра Трогрлић,

Александар Васић: Конструкт и мерење потребе за сазнањем; Педагошка стварност, LV, 5–6

/2009, стр. 607-608;

Конструкција (lat. constructio = состав, систем), во најширока, особено техничка, смисла секоја

целисходна целина која според определени принципи е составена од различни поединости…

Филозофска конструкција на поимот е постапка е со логичко развивање на поимот да се

определи, односно да се конструира, стварноста. Со тој метод се служи спекулативната

филозофија. Види: Vladimir Filipović: Filozofijski…цит. дело. стр.176;

Page 29: Cane T Mojanoski: Metodologija na bezbenosni nauki - Istrazuvacka postapka; Kniga II - 2012

14

поврзе теоријата со истражувањето. Затоа, како особена цел на истра-

жувањето е да се дефинираат, разјаснат и преработат концептите. Не-

разработените теоретски концепти или нејасните дефиниции на концеп-

тите, го ограничуваат унапредувањето на знаењето и го отежнуваат ист-

ражувањето.Теоретските концепти се значајни за градењето на теори-

јата и системот на научно знаење, концептите на набљудување се резул-

тат на перцепиите и тие можат да се изразат или се директно поврзани

со мерливите индикатори1. Теоретскиот концепт не е опиплив и е прет-

ставен во апстрактни ентитети. Операционализацијата на теоретскиот

концепт отпочува со процесот на концепуализацијата.

Концептуализација

Концептуализацијата се определува како сложен, етапен и фазен

процес со кој се започнува дејноста на истражувањето и кој завршува

со презентација на заклучоците од истражувањето. Всушност, станува

збор за процес што го проникнува целокупниот тек на истражувањето.

Почетокот на концептуализацијата е евидентирањето на пробле-

мот, неговото забележување со сетилата или по рационален пат.

Подготвителна Конкретизација и

операциона-

лизација

Собирање на

податоци

Проверка на

хипотезитеЗаклучување и Извештај

ЕТАПИ НА ПРОЦЕСОТ НА КОНЦЕПТУАЛИЗАЦИЈА

Забележување и

евидентирање

на проблемот

Идентификација

и артикулација

на проблемот

Формулирање на

истражувачка

задача

Формулирање на

идејниот проект

Изработка

на проектот

Тестирање

на проектот

Ф А

З И

Ф А

З И

ЕТАПИ НА ПРОЦЕСОТ НА КОНЦЕПТУАЛИЗАЦИЈА

Ф А

З И

Шема бр.4 Етапи на концептуализацијата

1 William Lawrence Neuman: Social research ...цит. дело. стр. 45;

Page 30: Cane T Mojanoski: Metodologija na bezbenosni nauki - Istrazuvacka postapka; Kniga II - 2012

15

Концептуализацијата може да се набљудува преку следните ета-

пи: (1) подготвителна, односно почетокот на изработката на проектот

на истражувањето; (2) конкретизација и операционализација на основ-

ната идеја; (3) собирање на податоци; (4) проверка, докажување или

отфрлање на хипотезата; (5) заклучување и изработка на извештајот на

истражувањето.

(1) Првата етапа го опфаќа почетокот на изработката на проек-

тот на истражувањето, но се испреплетуваат и следните фази: (а) наб-

људување – забележување и евидентирање на проблемот; (б) идентифи-

кација и артикулација на проблемот; (в) формулирање на истражувачка-

та задача; (д) формулирање на идејниот проект1. Оваа етапа фактички е

подготвителна и во нејзините рамки се констатираат и разјаснуваат от-

ворените проблеми на именувањето, поимното определување, иденти-

фикацијата на елементите и нивните односи, проверката и верификаци-

јата на појдовните стојалишта и замислата, како и несогласувањата и

неразбирањата меѓу субјектите на истражувањето.

(2) Втората етапа е етапата на конкретизацијата и опера-

ционализацијата на основната идеја и почетната замисла на истражу-

вањето, како и етапа на контрола и корекција на нејзината реализација.

Таа се одигрува преку две основни фази: (а) на изработка на проектот

на истражувањето како научен и оперативен документ и (б) на тестира-

ње на проектот на истражувањето и неговата корекција.

(3) Третата етапа е собирањето, средувањето и обработката на

податоците, во согласност со истражувачката идеја и замисла и со при-

мена на правилата за контрола, средување, обработка и вреднување на

податоците.

(4) Четвртата етапа е проверката, докажувањето – отфрлање-

то, односно потврдувањето или негирањето на хипотезата.

(5) Петтата етапа е завршната фаза, во која се констатираат и

осмислуваат резултатите на истражувањето и се конституира презента-

цијата на научното сознание од оствареното истражување2.

1 Dževad Termiz: Metodologija društvenih nauka; Šahinspahić, Sarajevo, 2003, стр. 156-164; 2 Ibidem… стр. 156-161;

Во овој труд ги употребуваме поимите етапа и фаза. Поимот етапа фр. étape значи дел од

времето во развојот на нешто; степен, развоен степен; временски период за кој се случува или

трае нешто; вој. а) конак, станица, место каде што се застанува за одмор и ноќевање; б) период

од марш или операција; дел од определено растојание во спортски натпревари. (стр. 344). До-

дека, пак фаза потекнува од грч. phasis што значи појавување, достигнат степен во развојот на

нешто; период во процесот на развитокот; форма, степен на развитокот условен од околностите

и условите; промени во формата или состојбата на некое тело или на некоја појава; астр. мена

(Месечеви фази).стр. 973; Според: Велика Ширилова: Голем лексикон на странски зборови и

изрази, Топер, Скопје, 2001, стр. 344 и 973;

Page 31: Cane T Mojanoski: Metodologija na bezbenosni nauki - Istrazuvacka postapka; Kniga II - 2012

16

Концептуализацијата, значи, произлегува од општите општес-

твени ставови и од теоретското и практичното достигнување на асфа-

лиалогијата, односно науката за безбедност. Низ процесот на концеп-

туализацијата, истражувачот ги определува релевантните индикатори

(показатели) со помош на кои ќе го врши мерењето.

Истражувањето се поврзува со мерењето или со воспоставување

на мерило. Тоа, секако е симплифициран пристап. Но, ако треба да се

мери некоја бебедносна појава т.е. ако треба да се се состави инстру-

мент со кој ќе се мери појавата, тогаш нужно е да се определи кои ас-

пекти ќе се опфатат со инструментот1. Кога се расправа за инстумен-

тот, вушност се отвара расправа и за поимот и неговите димензии, ас-

пектите што траба да се варираат. Бидејќи безбедноната појава е сложе-

на, таа може да се набљудува од повеќе апекти, кои на еден или друг

начин ја чинат целината појавата. Мерењето на безбедносната претпос-

тавува утврдување на индикатори кои се однесуваат на содржината тој

предмет. Тоа според Банђур и Поткоњак подразбира:

„Известеност за безбедносните односи (познавање на

основните податоци, информации, релевантни факти).

Познавање на терминологијата (бројот на поимите, сино-

нимите, способноста за дискриминација на поимите, сродни-

те и спротивните поими).

Познавање на специфичните факти (изворите на сознанието,

значајните датуми, клучните случувања, значајните лич-

ности).

Оценување на известеноста (способност за проценување на

фактите, случувањата во контекст на времето за кое слу-

чувањата и фактите важат, способноста за одвојување на ар-

гументите од дезинформациите, гласините и сл., способноста

за разликување на релевантните од ирелевантните податоци).

Користење на методите и средствата (читање со раз-

бирање, способности за аналитичко и синтетичко, индуктив-

но и дедуктивно мислење и заклучување, начин на

расудување и вреднување на фактите, идеите и појавите,

начин за воочување на имплицитното и експлицитното).

Познавање на развојните тенденции на појавата (историска

и општествена условеност, правец на движење).

Познавање на класификациите и категориите (видови

појави, групи, разликување на категориите).

Познавање на принципите и законите (способност за воо-

1 Вељко Банђур, Никола Поткоњак: Методологија педагогије; Југословенски савез педагошких

друштава, Београд 1999, стр.332-334;

Page 32: Cane T Mojanoski: Metodologija na bezbenosni nauki - Istrazuvacka postapka; Kniga II - 2012

17

чување на законите, принципите и правилата, способноста на

нивната примена, илустрација).

Познавање на теоријата и структурата (распознавање на

теоретските ставови, тези, способност за компаративен

пристап)“1.

Од досегашното излагање може да констатира дека концептуа-

лизацијата, во одделни аспекти е процес воочување, идентификација и

омеѓување на истражувачкиот проблем. За да може таа јасно и „подроб-

но да се изврши, а индикаторите уште „поегзактно“ да се определат“, е

неопходно, за таа цел, да се користат искуствата и резултатите од

истражувањата во асфалиолошката, но и во другите науки2.

Реконцептуализација

Околу дефинирањето на реконцептуализацијата постојат бројни

пристапи. Реконцептуализацијата значи повторна концептуализација,

што подразбира напуштање на една основна идеја и истражувачки кон-

цепт и на неговата замена со друг. Оттаму, можеме да зборуваме дека

целокупниот процес на концептуализација, истовремено, е и рекон-

цептуализација.

Постапаката, етапите и фазите на концептуализацијата се зашти-

та од потребата за поголеми зафаќања на реконцептуализацијата, која

во емпириските истражувања е исклучително тешка и скапа и никогаш,

заради неповторливоста на општествените појави, не ги дава очеку-

ваните и посакуваните резултати3.

Процесот на концептуализација претставува процес на апстрахи-

рање и генерализирање на сетилните впечатоци. На овој начин, можно е

да се манипулира со особините на објектите, да се проучуваат, органи-

зираат и изолираат. Таквите особини можат да се изолираат само со

мислењето, а мислењето може да се стекне само со давање на називот

на таквите особини. Така, концептуализацијата е битна особина на мис-

лењето. Но, бидејќи науката бара поголема прецизност во општењето,

процесот на концептуализацијата треба да е многу посвесен дел на нау-

ката отколку што тоа е случај со секојдневниот и емпирискиот кон-

текст4.

1 Ibidem…стр. 332-333;

2 Ibidem… 334; 3 Dževad Termiz: Metodologija društvenih nauka, Šahinspasić, Sarajevo, 2003, стр.159-164; 4 Viljem Gud - Pol Het: Metodi socijalnog istraživanja; Vuk Karadžić, Beograd, 1966, стр. 43;

Page 33: Cane T Mojanoski: Metodologija na bezbenosni nauki - Istrazuvacka postapka; Kniga II - 2012

18

Парадигматски и теоретски основи на истражувањето

Истражувањето е во тесна врска со изграденоста на теоретскиот

систем на науката. Кај истражувањата на безбедносните појави со

степенот на развиеност на теоријата (теориите) на безбедност. Теориите

и сознанијата содржани во научниот фонд, по правило, припаѓаат на

определени научни правци, па се поврзани со определени парадигми.

Тие се определени системи на знаења. Во таа смисла и анализата на

научното сознание, а особено користењето на содржината во научниот

фонд е и процес на воспоставување на релации, односи со определена

парадигма (парадигми). Концептуализацијата на истражувањето, во

суштина, започнува со пронаоѓање на место на знаењето во структурата

на знаења на определена парадигма. Тоа е процес на парадигматската

артикулација на истражувањето. „Во најопшта смисла на зборот, ста-

нува збор за избор на определен поглед на свет, како најопшт онтолош-

ко-епистемолошки пристап, а оттаму и определена теоретско-методо-

лошка ориентација во стекнувањето на сознанијата и на истражувач-

ките дејствија во истражувачкиот процес“1. Ваквиот пристап влијае на

сфаќањето на проблемот и формулирањето на истражувачката тема.

Анализата на научното сознание за проблемот, истовремено е и

почетна фаза на анализата на проблемот. Значи, станува збор за селек-

ција и класификација на неговите чинители. Со со неа се утврдува кои

чинители се сметаат за истражени, кои треба и е можно да се истражат

и кои се има намера да се истражат, иако, за некои од нив условите тоа

не го дозволуваат. При вршењето на овие дејствија, секогаш треба да се

имаат предвид различните компоненти на проблемот. Тие ѝ припаѓаат

на науката, односно, научната дисциплина во чии рамки се врши науч-

ното истражување. Но, тие исто така може да се предмет и на други на-

уки, т.е. научни дисциплини.

Нема единствен став околу тоа дали и колку, за едно истражува-

ње на безбедносна појава е неопходна парадигматската артикулација.

Може да се подвлече дека таа не може да се избегне, дури и тогаш, кога

истражувачот е „антипарадигматски“ определен2. Таквиот пристап

претпоставува занемарување на системот на веќе конституираните ак-

сиоми, закони и постулати, и напор да се создадат и образложат сопст-

вени појдовни основи. Тоа подразбира и изработка на оригинален кате-

горијално-поимен систем. Таквиот напор е особено сложен и во практи-

1 Славомир Милосављевић, Иван Радосављевић: Основи методологије, политичких наука,

Службени гласник, Београд, 2003; стр. 402; 2Славомир Милосављевић, Иван Радосављевић: Основи... цит. дело. стр. 402;

Page 34: Cane T Mojanoski: Metodologija na bezbenosni nauki - Istrazuvacka postapka; Kniga II - 2012

19

ката ретко користен. Тој особено е применуван при конструирањето на

нови теоретски основи.

Практиката покажува дека истражувањата, во основа, се вршат

во рамките на определен научен систем, а тоа претпоставува неопходна

теоретска и методолошка заснованост со јасно искажани пристапи и

постулати. Познавањето на теоретскиот систем на науката, во овој слу-

чај на асфалиалогијата е значајна претпоставка за конепирање, односно

дефинирање на јасен научен проблем. Неговото воочување, идентифи-

кување, како и воспоставувањето на целокупниот организационен

механизам (проектирањето) е во тесна врска со определувањето на

поимите проблемска ситуација и проблем.

Проблемска ситуација и проблем

Одговорот на прашањата за утврдување на содржината на пои-

мите проблемска ситуација и проблем ќе бара преку опишувањето на

етапите на истражувањето. Тој одговор ќе е се скицира во првата етапа,

подготвителната. Тоа е така, затоа што во текот на неа се формира

битната стратегиска замисла, идеите и критериумите на истражувањето.

Во неа се испреплетуваат повеќе фази поврзани со (а) забележувањето

и евидентирањето на проблемот; (б) неговата идентификација и арти-

кулација; (в) формулирањето на истражувачката задача; (д) и на

идејниот проект. Таа може да се смета и за подготвителна затоа што

овде се констатираат и разјаснуваат отворените проблеми на именува-

њето, поимното определување и идентификација на елементите и нив-

ните односи, проверката и верификацијата на појдовните стојалишта за

проблемот и предметот што се истражува, но и дел во кој до израз доа-

ѓаат несогласувањата и неразбирањата меѓу субјектите на истражува-

њето1.

Поставувањето на научниот проблем е основниот, иницијалниот

момент во истражувањето2. За да се започне истражувањето, потребно е

да се има некаков проблем, а тој проблем мора да се постави, да се

формулира на што појасен и попрецизен начин. Значи, поставувањето

на проблемот е исклучително значајно. Без тоа нема истражување. Исто

така треба да се има предвид дека формалниот почеток на истражувач-

киот процес е поврзан со поставувањето, поточно, со изборот на тема-

та со која истражувањето ќе се занимава. Терминот „тема“ е презе-

мен од грчкиот јазик (thema - θέμα - поставување, ставање) и во најоп-

1 Dževad Termiz: Metodologija.... цит. дело. Стр.160;

2 Grigorije Zaječaranović: Osnovi metodologije nauke; Institut za političke studija FPN; Beograd;

1974; стр.168-175;