14 куси раскази за 2011

30
2011 14 куси раскази за

description

Автори: Даница Лепојевиќ, Марија Стојанова, Лидија Митоска, Габриела Стојаноска-Станоеска, Павлина Атанасова, Платон, Ана Давидович, Шумарче, Афени, Надица Тренчева, Ивана Лилиќ, Елла, Ѓоко Бушавиот

Transcript of 14 куси раскази за 2011

Page 1: 14 куси раскази за 2011

201114кусирасказиза

Page 2: 14 куси раскази за 2011
Page 3: 14 куси раскази за 2011

Даница ЛепојевиќЧас на преобразба

Во тмурноста на есенскиот ден, една дождовна баричка, во дослух со Креаторот, се претворила во огледало. И тој, за овој краток момент, го отворил небото и овозможил одраз на најголема чистота.И ете, пред нас, едно парталче сино небо паднато на сивилото на асфалтот.

Page 4: 14 куси раскази за 2011

Марија Стојанова

Дијалог

ТОЈ: Те сакам.ТАА: Ќе врне.ТОЈ: Многу те сакам.ТАА: Ќе истури.ТОЈ: Сакам да живееме заедно.ТАА: Ни треба чадор.ТОЈ: Ме слушаш ли?ТАА: Да, не нè собира под еден, ни требаат два.

Page 5: 14 куси раскази за 2011

1 23 4 5 6 7 8 910 11 12 13 14 15 1617 18 19 20 21 22 2324 25 26 27 28 29 3031

пон вто сре чет пет саб нед

Page 6: 14 куси раскази за 2011

Лидија Митоска

Саатот

Постојано го слушав.

Ми тропаше.

Ми ги броеше секундите.

Посебно ноќе.

Многу гласно.

Не можев да спијам.

Сношти го зедов, излегов, отидов до контејнерите, отворив,

го фрлив внатре, го треснав силно, затворив, заминав, таму

нека брои, секунди, саати, што сака, не знам, нека брои, јас се

ослободив од саатот, од времето,и си отидов, и спиев!

И го сонував:

Броеше.

Page 7: 14 куси раскази за 2011

1 2 3 4 5 6

7 8 9 10 11 12 13

14 15 16 17 18 19 20

21 22 23 24 25 26 27

28

Фев

руари

сре

пон

вто

чет

нед

пет са

б

Page 8: 14 куси раскази за 2011

Габриела Стојаноска-Станоеска

Белоцрн свет

„Што бараш сега тука ти?“ – изненадена пресилната радост наврекнато ја праша малата точка страв која и сè плеткаше меѓу нозе. „Чудно како ме препозна, но јас секогаш сум си била тука. Веројатно никогаш досега не сум била толку крупна, си рече како за себе, а потоа се издра: да знаеш, благодарение на мене и ти денес порасна повеќе од другпат.“

Page 9: 14 куси раскази за 2011

Март

1 2 3 4 5 67 8 9 10 11 12 13

14 15 16 17 18 19 2021 22 23 24 25 26 2728 29 30 31

понеделник

вторник

среда

четврток

петок

сабота

недела

Page 10: 14 куси раскази за 2011

Павлина Атанасова

Осаменост

Јас сум една споредна уличка.Сите велат дека ја знаат и им е прирасната за срце, но ретко кој ја посетува.

Page 11: 14 куси раскази за 2011

Април 1 2 3

4 5 6 7 8 9 10

11 12 13 14 15 16 17

18 19 20 21 22 23 24

25 26 27 28 29 30

срепон

вто

чет

нед

пет

саб

Page 12: 14 куси раскази за 2011

Платон

Децата се секогаш во право

Силно го тегнам синот за раката да го оттргнам од вирот вода пред нас: „Бегај од ѓолот, ќе се извалкаш!“„Не е ѓол тато, небо е“ – одговара тоа со восхит.Го оставам да гази врз парчето небо послано врз асфалтот, смислувајќи изговори пред сопругата – како ќе и ги објаснам извалканите панталони.

Page 13: 14 куси раскази за 2011

МајП В С Ч П С1

2 3 4 5 6 7 8

9 10 11 12 13 14 15

16 17 18 19 20 21 22

23 24 25 26 27 28 29

30 31

Page 14: 14 куси раскази за 2011

Ана Давидович

Не знам

Седев на клупата пред зградата, далеку од мојот дом, запалив евтина цигара, се напив од водата која ја наточив од дома, седев и дишев.Можев така со саати, но сепак поминаа само петнаесетина минути. Се качив на точакот и заминав дома.Нешто го прекина тоа тивко постоење. Не знам што беше, само знаев дека морам да станам и да заминам од таа тишина…Можеби беше претивко… Не знам...

Page 15: 14 куси раскази за 2011

1 2 3 4 5

6 7 8 9 10 11 12

13 14 15 16 17 18 19

20 21 22 23 24 25 26

27 28 29 30

Ponedelnik Vtornik Sreda ^etvrtok Petok Sabota NedelaЈУНИ

Page 16: 14 куси раскази за 2011

ШумарчеКус расказ

Седеа на кафе во еден од обичните скопски кафичи. Се познаваа и не се знаеа. Скокајќи од тема на тема опфатија можеби стотина различни, си кажаа една на друга што мислат, што слушнале, што им кажал некој и што искусиле.Навистина не ми е јасно: дали го правеа тоа затоа што сакаа да кажат толку многу или, пак, затоа што проживеале толку малку се обидоа да раскажат сè.

Page 17: 14 куси раскази за 2011

1 2 34 5 6 7 8 9 1011 12 13 14 15 16 1718 19 20 21 22 23 2425 26 27 28 29 30 31

JулиП В С Ч П С Н

Page 18: 14 куси раскази за 2011

Афени

Надеж

Сакам да ги спакувам своите чувства во еден голем куфер и да отпатувам. Ќе изберам некоја далечна дестинација, со милион префрлања.Се надевам дека ќе ми го изгубат багажот...

Page 19: 14 куси раскази за 2011

1 2 3 4 5 6 7

8 9 10 11 12 13 14

15 16 17 18 19 20 21

22 23 24 25 26 27 28

29 30 31

Август

Page 20: 14 куси раскази за 2011

Надица Тренчева

Напредок по декади

На 28.01.196... за првпат пуштив глас.На 01. 09.197... ја напишав првата буква.Во текот на 198... ја осмислив првата песна.Од средината на 199... се зафатив сериозно со стихотворение.Во септември 200... ја издадов првата книга.Фазата на пишување се уште ми трае.`

Page 21: 14 куси раскази за 2011

1 2 3 45 6 7 8 9 10 1112 13 14 15 16 17 1819 20 21 22 23 24 2526 27 28 29 30

SeptemvriΠ B C h Π C H

Page 22: 14 куси раскази за 2011

Ивана ЛилиќСудбината на еден Црв

Сакав да го испушам цигарето додека немо ја чекав на напуштената железничка станица мојата непрежалена љубов. Звукот на штурците ми даваше знаци дека и Годо би заминал евентуално. Го извадив приборот за шиење и си ја зашив устата со црв.

Page 23: 14 куси раскази за 2011

1 23 4 5 6 7 8 910 11 12 13 14 15 1617 18 19 20 21 22 2324 25 26 27 28 29 3031

Oктомври

Page 24: 14 куси раскази за 2011

Даница Лепојевиќ

Кон прапочетокот

Понекогаш, кога ќе се погледне во небото, може да се види нешто необично што паѓа прудолу во блага спирала. Поточно лета во благ кружен пад.Тоа е всушност гулаб со куршум во една третина од мозокот.

- инспирирано од „Доктор Лерн“ на Морис Ренар -

Page 25: 14 куси раскази за 2011

1 2 3 4 5 6

7 8 9 10 11 12 13

14 15 16 17 18 19 20

21 22 23 24 25 26 27

28 29 30

НоемвриП В С Ч П С Н

Page 26: 14 куси раскази за 2011

ЕллаЗанает

Мојата пријателка, која заврши педагошки, работи во продавница. Продава чорапи. Нaшата заедничка пријателка, која заврши педагошки, работи во трафика. Нејзината братучеда, која заврши педагошки, насади тутун. Соседите имаат ќерка која заврши педагошки. Таа не работи никаде.Јас им давам часови на тие што сакаат да се запишат на педагошки. Секој мора од нешто да живее.

Page 27: 14 куси раскази за 2011

1 2 3 4

5 6 7 8 9 10 11

12 13 14 15 16 17 18

19 20 21 22 23 24 25

26 27 28 29 30 31

ДекемвриП В С Ч П С Н

Page 28: 14 куси раскази за 2011

Ѓоко БушавиотПодарокДенес ти беше роденден. Сакав да ти подарам книга. Учтивоста не ми дозволи. Иако, на чистиот сè му е чисто.Се плашев да не се исплашиш... Се плашев да не те исплашам. Иако, толку долго ги бирав зборовите за посветата.Книгата веќе одамна беше одбрана.Но, доста е веќе – зборувањето е извор на недоразбирања.

Page 29: 14 куси раскази за 2011

Благодарност Голема благодарност до авторите на кусите раскази: Даница Лепојевиќ, Марија Стојанова, Лидија Митоска, Габриела Стојаноска-Станоеска, Павлина Атанасова, Платон, Ана Давидович, Шумарче, Афени, Надица Тренчева, Ивана Лилиќ, Елла, Ѓоко Бушавиот, кои се согласија нивните дела да ги објавиме во нашиот календар.

Се заблагодаруваме и на издавачката куќа Темплум (www.templum.com.mk) и интернет порталот окно.мк (www.okno.mk) како организатори на конкурсот за кус расказ од кој ги издвоивме објавените 14 раскази.

Page 30: 14 куси раскази за 2011

идеидизајнадвертајсингподготовкапечатење

Кома лаб.Лондонска 19, локал 311000 Скопјет. ф. 30 90 [email protected]

Илустрации: Фросина Цонева-Ивановиќ и Марија Смилевска