1 - mtsp.gov.mk  · Web viewНационална превентивна безбедносна...

25
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СТРАТЕШКИ ПЛАН НА ДРЖАВНИОТ ИНСПЕКТОРАТ ЗА ТРУД-ОРГАН ВО СОСТАВ НА МИНИСТЕРСТВО ЗА ТРУД И СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА 2014-2016 година Скопје 2014 1

Transcript of 1 - mtsp.gov.mk  · Web viewНационална превентивна безбедносна...

Page 1: 1 - mtsp.gov.mk  · Web viewНационална превентивна безбедносна култура е правото на безбедна и здрава работна

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

СТРАТЕШКИ ПЛАН НА ДРЖАВНИОТ ИНСПЕКТОРАТ ЗА ТРУД-ОРГАН ВО СОСТАВ НА

МИНИСТЕРСТВО ЗА ТРУД И СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА2014-2016 година

Скопје2014

1.1. ВОВЕД 31.2. МИСИЈА НА ДРЖАВНИОТ ИСПЕКТОРАТ ЗА ТРУД ( ДИТ)1 4

1

Page 2: 1 - mtsp.gov.mk  · Web viewНационална превентивна безбедносна култура е правото на безбедна и здрава работна

1.3. ВИЗИЈА НА ДИТ 41.4. ЗАДАЧИ И ОБВРСКИ НА ДИТ 41.5. СПЕЦИФИЧНОСТ НА ДИТ ВО ОДНОС НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ТРУД И

СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА (МТСП)25

1.6. СТРУКТУРА НА ДИТ 5

1.7. ДРЖАВНИОТ ИСПЕКТОРАТ ЗА ТРУД ВО ОДНОС СО МТСП 61.8. ПРИОРИТЕТИ И ЦЕЛИ НА ДИТ 61.9. ОСВРТ НА ПОСТИГНАТИТЕ РЕЗУЛТАТИ НА ДИТ ВО 2012 ГОДИНА 8

1.10. ОСВРТ НА ПОСТИГНАТИТЕ РЕЗУЛТАТИ НА ДИТ ВО ПЕРИОДОТ НА 2013 ГОДИНА 91.11. ПЛАН ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА СТРАТЕГИЈАТА НА ДИТ ЗА ПЕРИОДОТ 2014-2016 13

1.1. ВОВЕДСтратешкиот план на ДИТ за периодот 2014-2016, година претставува пишан документ, во кој се наведени

главните карактеристики на ДИТ, како што се: мисија, визија, задачи и обврски на органот, специфичности на органот, организационата структура на ДИТ, подрачните единици, координирани со приоритетните цели на МТСП, кои се во корелација со Одлуката за утврдување на стратешките приоритети на Влaдата на Република Македонија во 2014 година. Исто така направен е осврт на постигнатите резултати во 2012 и 2013 година. Во делот на 1 Државниот инспекторат за труд - во понатамошниот текст ќе го користиме акронимот (ДИТ).2 Министерството за труд и социјална политика во понатамошниот текст ќе го користиме акронимот (МТСП).

2

Page 3: 1 - mtsp.gov.mk  · Web viewНационална превентивна безбедносна култура е правото на безбедна и здрава работна

матрицата се дефинирани основните програми, потпрограми и активности на ДИТ. Стратешкото планирање, како сет од избор на активности, претставува организиран процес на колективни промени, кои опфаќаат цели, ресурси, критериуми за избор, структури, организациони, институционални и персонални односи, кои ја сочинуваат сржта на овој процес. Стратешкиот план, како основен инструмент, ги одразува приоритетите, целите и задачите на ДИТ, координирани со приоритетните цели на МТСП, кои се во согласност со стратешките приоритети на Владата на Република Македонија (во натамошниот текст: Влада на Р.М.) , за период на временска рамка од три години.

Овој стратешки план претставува водич на сите вработени во ДИТ, во однос на исполнување на нивните задачи и обврски. Функцијата на самиот документ, имплицира потреба од анализа на програмите и потпрограмите, како и мониторинг и евалуација на постигнатите резултати. Консекветно на тоа, се наметнува потреба од идни насоки за следните чекори кои треба да се преземат, со цел постигнување на посакуваните резултати на ДИТ координирани со приоритетните и целите на МТСП, кои произлегуваат од стратешките приоритети и цели на Владата на Р М.

Реализацијата на програмите, потпрограмите и активностите кои произлегуват од Стратешките приоритети и цели на Владата на Р М, ќе овозможат:

Надзор над примената на законите и другите прописи од областа на работните односи и безбедност и здравје при работа; и

Развивање на објективни, ефикасни, ефективни и усогласени стратешки документи, политики, вертикални и хоризонтални активности во органот, согласно со буџетскиот лимит, кој произлегува од Законот за буџетите, со цел да се придонесе за остварување на стратешките приоритети и цели на Владата на Р М;

1.2. МИСИЈА НА ДИТ

Мисијата на овој орган се однесува на креирање на политики за доследно спроведување на прописите од областа на работните односи и безбедност и здравје при работа, координирани со приоритетите и целите на МТСП.

1.3. ВИЗИЈА НА ДИТ

3

Page 4: 1 - mtsp.gov.mk  · Web viewНационална превентивна безбедносна култура е правото на безбедна и здрава работна

Визијата на овој орган е во насока на остварување на правата кои произлегуваат од работен однос и обезбедување на безбедни мерки за безбена работа на вработените во Република Македонија (во натамошниот текст: РМ) .

1.4. ЗАДАЧИ И ОБВРСКИ НА ДИТ

Организацијата и надлежностите на Државниот инспекторат за труд се уредени со Законот за инспекцијата на трудот, според кој овој орган врши надзор над примената на аконите и другите прописи за работните односи, вработувањето, безбедност и здравје при работа, колективните договори, договорите за вработувања и другите акти со кои се уредуваат правата, обврските и одговорностите на работниците и работодавачите во областа на работните односи, вработувањето и безбедност и здравје при работа и

Развој и имплементација на ефикасни, ефективни, хоризонтално-вертикални стратешки план(ови), согласно со проектираниот буџет на МТСП.

1.5. СПЕЦИФИЧНОСТ НА ДИТ ВО ОДНОС НА MТСПСпецифичноста на ДИТ во однос на МТСП, произлегува од фактот што во овој орган се креираат единствени

политики кои се однесуваат на: Вршење на инспекциски надзор над спроведувањето на прописите од областа на работните односи и

безбедност и здравје при работа;

Специфичноста на ДИТ во однос на МТСП се однесува и на: Следење и спроведување на прописите од надлежност на ДИТи нивната усогласеност со меѓународните

прописи; Подготвување на предлог закони, подзаконски акти и други прописи од областа на безбедност и здравје при

работа и нивната усогласеност со меѓународните прописи; Стручна обработка и давање мислење од значење и примена на односите во ДИТ кои се уредени со закон или

друг акт; и Планирање на потребните средства и исплатата на средства за ДИТ.

4

Page 5: 1 - mtsp.gov.mk  · Web viewНационална превентивна безбедносна култура е правото на безбедна и здрава работна

1.6. СТРУКТУРА НА ДИТ

Со Правилникот за систематизација на работните места на Министерството за труд и социјална политика, ДИТ има 4 сектора и тоа:

Сектор за работни односи; Сектор за безбедност и здравје при работа; Сектор за нормативна дејност за безбедност и здравје при работа; и Сектор за координација, обуки и административно извршување. Во Секторот за работни односи има 5 одделенија, во Секторот за безбедност и здравје при работа има 3

одделенија, 2 одделенија за нормативна дејност и 2 одделенија во Секторот за координација, обуки и административно извршување, со кои раководат раководителите на одделенијата.

Инспекторатот има 30 подрачја во кои се распоредени 107 инспектори за труд, од кои 72 од областа на работните односи и 35 од областа на безбедност и здравје при работа

Во општините Крива Паланка, Свети Николе, Берово, Виница, Кратово, Македонски Брод, Крушево, Радовиш и Валандово инспекторите за работни односи ги обавуваат работните задачи од двете области (работни односи и безбедност и здравје при работа).

Напомена: ДИТ (Инспекторатот) ќе се стекне со својство на правно лице согласно со член 5 од Законот за изменување и дополнување на закон за инспекциски надзор (Сл.весник на РМ број 147/2013) и член 1 од Законот за изменување и дополнување на аконот на инспекцијата на трудот (Сл.весник на РМ 164 /2013), според проектираното во периодот на 2014 година. Консеквентно на ова, откако ќе се исполнат услови ДИТ да се стекне со својство на правно лице во 2014 година, ќе ги преземе сите свои обврски согласно со законските и подзаконските акти кои ќе ги има како самостоен правен субјект. Согласно ова по 2014 година ќе изготвува самостојно Стратешки план и подготвување на Буџет за правниот субјект.

1.7 . ДРЖАВНИОТ ИНСПЕКТОРАТ ЗА ТРУД ВО ОДНОС СО МТСП Согласно со Законот за организација на органите на државната управа ДИТ е орган во состав на МТСП.

Својата функција ја врши согласно со:

5

Page 6: 1 - mtsp.gov.mk  · Web viewНационална превентивна безбедносна култура е правото на безбедна и здрава работна

1. Законот за инспекција на трудот;2. Законот за работните односи и3. Законот за безбедност и здравје при работа.

Во ДИТ е утврден организациски облик по сектори и одделениа со директор (кој раководи со ДИТ) државни советници, раководители на сектори и одделенија.

1.8. ПРИОРИТЕТИ И ЦЕЛИ НА ДИТ

Државниот инспекторат за труд за следниот тригодишен период постави среднорочни цели, согласно со стратешките приоритети и целите на МТСП, а кои произлегуват од Одлуката на Владата на РМ за 2014 година, “Стратегијата за безбедност и здравје при работа”, донесена од Владата на РМ за периодот 2011-2015, која се темели на фактот дека чувањето и унапредувањето на здравјето на работниците е едно од основните човекови права и предуслов за успешна работа и оптимална продуктивност во претпријатијата.

Основните постулати на “Стратегијата за безбедност и здравје при работа” опфаќаат градење и оддржување на национална превентивна безбедносна култура и воведување на системи за управување со безбедност и здравје при работа (БЗР3). Национална превентивна безбедносна култура е правото на безбедна и здрава работна средина кое е почитувано на сите нивоа, каде што владата, работодавачите и работниците, активно учествуваат во обезбедување на безбедна и здрава работна средина преку систем на одредени права, одговорности, обврски и каде принципот на превенција има највисок приоритет.

Акциониот план за безбедност и здравје при работа усвоена од Владата на Р М за периодот 2013 – 2014, година, е во насока на спроведувањето на Стратегијата за безбедност и здравје при работа и сет на други национални стратешки документи.

Стратешките приоритети на Владата на РМ за 2014 година, во кои се идентификуваше ДИТ во состав на Министерството за труд и социјална политика се:

3 Во понатамошниот текст за безбедност и здравје при работа , ќе го користиме акронимот (БЗР).

6

Page 7: 1 - mtsp.gov.mk  · Web viewНационална превентивна безбедносна култура е правото на безбедна и здрава работна

Зголемување на економскиот раст и конкурентноста на трајна основа, повисока стапка на вработеноста, пораст на животниот стандард и квалитетот на живеење.

Стратешки цели кои произлегуваат согласно со оваа одлука, се применливи за ДИТ, а се во корелација со МТСП се:

Јакнење на владеењето на правото; Зајакнување на капацитетот за целосно приближување и преземење на правото на Европската унија (acquis

communautaire), согласно со приоритетите утврдени во Националната програма за усвојување на правото на ЕУ;

Спроведување на реална проценка на влијанието на регулативата и креирање на политики втемелени на транспарентност и соработка со заинтересираните страни.

1.9. ОСВРТ НА ПОСТИГНАТИТЕ РЕЗУЛТАТИ НА ДИТ ВО 2012 ГОДИНА

ДИТ како орган во состав на МТСП, се ангажира за доследна примена на прописите од областа на

работните односи и безбедност и здравје при работа, остварување на правата кои произлегуваат од работен однос и обезбедување на безбедни мерки за безбедна работа на вработените во Р М.

Државниот инспекторат за труд според податоците добиени од инспекторите од подрачните единици во текот на 2012 година, од областа на работните односи извршиле вкупно 34.275 надзори од кои 28.745 редовни и 5.530 контролни.

Инспекторите на трудот во текот на 2012 година, интервенирале по 1.995 писмени барања на странки за заштита на нивните права од работен однос.

Во текот на 2012 година, вкупно добиени преку кол центарот и web страната на МТСП, се 1.036 пријави, од кои од познат подносител се 148, додека останатите се анонимни пријави. За утврдените повреди за законот по сите основи, поднесени се 941 барања за поведување на прекршочна постапка, од кои 571 за ангажирање на лица без договори за вработување.

Во овој период, поднесени се и 2 кривични пријави за кривични дела повреда на правото од работен однос и социјално осигурување.

7

Page 8: 1 - mtsp.gov.mk  · Web viewНационална превентивна безбедносна култура е правото на безбедна и здрава работна

Во текот на 2012-та година, инспекторите на труд од областа на безбедност и здравје при работа извршиле вкупно 13.027 инспекциски надзори кај работодавачи од сите дејности, од кои 9.643 редовни и 3.384 контролни, како и 1.446 по основа на случени и пријавени повреди при работа .

Во овој период, инспекторите на труд од областа на безбедност и здравје при работа донеле 3.649 решенија за отстранување на констатираните неправилности и недостатоци во определени рокови, при што се утврдени 20.207 неправилности, односно недостатоци. Во текот на извештајниот период отстранети се вкупно 17. 500 недостатоци.

Според извештаите за работа на инспекторите на труд за 2012 год., а врз основа на извршените увиди на самото место, се случиле 1.446 повреди на работа, односно повреди на работа кои предизвикуваат времена неспособност за работа повеќе од 3 работни дена на работникот.

Државниот инспекторат за труд во текот на 2012 година извршил увиди на самото место во 13 случаи за настанати тешки повреди на работа со смртни последици.

Во текот на 2012 година, инспекторите на труд донесе вкупно 287 решенија за забрана на работа. Најмногу забрани се донесени во:

Градежништво 241; Преработувачка индустрија 30; Рударство и вадење на камен 8; Транспорт и складирање 5; Објекти за сместување и сервисна дејност со храна 2 и Информации и комуникации 1.

Согласно со Законот за безбедност и здравје при работа поднесени се :1. Прекршоци од втора категорија-90;2. Прекршоци од трета категорија - 82 и 3. Согласно со Законот за инспекција на труд (по член 10 од ЗИТ) -33 прекршоци.

1.10. ОСВРТ НА ПОСТИГНАТИТЕ РЕЗУЛТАТИ НА ДИТ ВО 2013 ГОДИНА

Државниот инспекторат за труд според податоците добиени од инспекторите од подрачните единици во текот на 2013 година од областа на работните односи, извршиле вкупно 30.336 надзори од кои 23.298 редовни, 4.462 контролни и 2.576 надзори по писмени барања од странките.

Инспекторите на трудот во текот на 2013 година, интервенирале по 2.576 писмени барања на странки за заштита на нивните права од работен однос, од кои 342 се за засновање на работен однос, 511 за престанок на

8

Page 9: 1 - mtsp.gov.mk  · Web viewНационална превентивна безбедносна култура е правото на безбедна и здрава работна

работен однос, 596 за плати и надоместоци, 16 за технолошки вишок, 368 за работно време и прекувремена работа, 68 за одмор и отсуства и 675 се останати.

Во текот на 2013 година затечени се 876 непријавени работници. Донесени се 4.363 решенија за отстранување на повреди на законот и други прописи (чл. 258), од кои 1.185 за плати и надоместоци, 369 за прекувремена работа, 124 за одмор и отсуства, 154 за засновање на работен однос и 1.914 се останати.

Исто така, донесени се 377 решенија по чл. 259 Поднесени се 487 барања за поведување на прекршочна постапка, од кои 171 за затечени лица без договор за вработување, 48 за неисплатени плати и надоместоци, 68 за работно време, одмор и отсуство и 159 се останато.

Во 2013 година, инспекторите на труд од областа на безбедност и здравје при работа, извршиле вкупно 16.594 инспекциски надзори кај работодавачи од сите дејности, од кои 10.699 редовни надзори од кои 295 надзори од Законот за пушење, и контролни 4.167 контролни, како и 364 надзори по поднесени претставки.

Во овој период инспекторите на труд од областа на безбедност и здравје при работа, донеле 3.698 решенија за отстранување на констатираните неправилности и недостатоци во определени рокови, од кои 3.403 се решенија од БЗР, 295 од Законот за пушење, при што се утврдени 15.687 неправилности, односно недостатоци, од кои 15.587 од БЗР, а 100 недостатоци од Законот за ЗП.

При тоа се изречени 602 забрани за работа, извршени се 1.338 увиди на самото место за потешки повреди на работа, и констатирани се 16 смртни случаи.

Поднесени се 186 барања за поведување на прекршочна постапка, за повреди на Законот за безбедност и здравје при работа и 16 барања за поведување на прекршочна постапка за повреди на Законот за инспекција на трудот.

Од поднесените 186 барања за поведување на прекршочна постапка по Законот за безбедност и здравје при работа, две се од прва категорија, 62 се од втора категорија и 118 се од трета категорија.

Има изречено 72 мандатни казни. Направени се 219 едукации и поднесени се 15 кривични пријави.Согласно со утврдената динамика во Националната програма за усвојување на правото на ЕУ, беа подготвени и донесени дополнителни два правилника со кои се изврши транспонирање на следниве директиви :- Директива на Советот 93/103/EC од 23 ноември 1993 година, за минималните барања за безбедност и здравје при

работа на рибарски бродови (13-та индивидуална Директива во согласност со членот 16(1) од Директивата 89/391/ЕЕC) во Правилник за минималните барања за безбедност и здравје при работа на вработените на рибарски бродови (“Сл. весник на РМ” бр. 79/13) и

-Директива на Советот 2004/40/ЕC на Европскиот парламент и на Советот од 29 април 2004 година за минималните барања за безбедност и здравје во врска со изложувањето на работниците на ризици од физички агенси (електромагнетни полиња) (18-та индивидуална Директива во согласност со членот 16(1) од Директивата 89/391/ЕЕC)

9

Page 10: 1 - mtsp.gov.mk  · Web viewНационална превентивна безбедносна култура е правото на безбедна и здрава работна

во Правилник за минималните барања на вработените од ризиците поврзани со изложување на физички агенси (електромагнетни полиња), (“Сл. весник на РМ” бр. 40/14).

Покрај ова, во текот на годината беа усвоени и две измени и дополнувања на Законот за безбедност и здравје при работа, објавени во „Службен весник на Р М”, бр.23/2013) во член 22 став 2, врз основа на што Владата на РМ донесе Уредба за видот, начинот, обемот и ценовникот за здравствените прегледи на вработените (“Сл. весник на РМ” бр. 60/2013) другата измена објавена во “Сл. весник на РМ” бр. 25/2013, со кои се изврши попрецизно регулирање на трошоците кои паѓаат на товар на работодавачите за услугите кои ги даваат стручните лица овластени за вршење на стручни работи од областа на безбедност при работа, подобрување на транспарентноста на нивната работа, подобрување на одредбите за континуираната обука и стручното усовршување на стручните лица, како и подобрување на квалитетот на здравствените услуги поврзани со здравјето и безбедноста при работа, кои ги обезбедуваат овластените установи за медицина на трудот.

Во овој период, беа реализирани и поголем број на активности за понатамошно јакнење на капацитетите и знаењето на инспекторите од областа на безбедност и здравје при работа и зајакнување на инспекцискиот надзор врз примената на прописите во оваа област. Се организираа семинари и работилници со учество на домашни и меѓународни експерти за обука и размена на искуства во практичната примена на одредени специфични правилници (изложување на ризици од хемиски супстанции, изложување на канцерогени, мутагени или супстанци токсични за репродуктивниот систем), семинари на кои се презентирани и дискутирани измените на Законот за безбедност и здравје при работа, обука за трудовите инспектори на тема инспекциски надзор од областа на трудот, како и меѓународни конференции за национални стратегии за безбедност и здравје при работа и за безбедносен инженеринг во функција на подобрување на условите за работа.

Во периодот од 15–16.02.2013 год. во хотел “Гранит“–Охрид, одржан е семинар на тема „Мобилни градилишта“, на кој присуствуваа 14 претставници од градежните фирми, од кои 22 претставници од Државен инспекторат за труд при МТСП и Државен инспекторат за техничка инспекција при Министерството за економија на Р.М.

Целта на семинарот беше отстранување на нејасностите и дилемите врзани за мобилните градилишта преку интерактивна дискусија и теоретско излагање на инспекторите за безбедност и здравје при работа

На  28.02.2013 год. во хотел АРКА во Скопје, во соработка со Државниот инспекторат за труд и Сојуз на стопански комори на Македонија, одржана е трибина на тема “Актуелните измени на Законот за безбедност и здравје при работа” („Службен весник на Република Македонија“ бр.23 од 14.02.2013 год. и број 25 од 19.02.2013 год.). На трибината присуствуваа 80-тина учесници, меѓу кои претставници од Државен инспекторат за труд при МТСП на Р.М., Институт за медицина на трудот на Р.М. и Сојуз на стопански комори на Македонија, како и стручни физички лица од областа на безбедност и здравје при работа.

10

Page 11: 1 - mtsp.gov.mk  · Web viewНационална превентивна безбедносна култура е правото на безбедна и здрава работна

На овој настан, беа елаборирани  од оваа година измените во Законот за безбедност и здравје при работа, за што се отвори дискусија по актуелното прашање за нормативната состојба во оваа сфера, при што беше констатирана потребата од јасно дефинирање на овие измени кои се суштински за оваа област, затоа што ги вклучува проценката на ризик на работните места и здравствените прегледи на вработените.

Почитувајќи ги законските должности на компаниите во Р. Македонија, како и интенцијата од распространување и споделување на нови знаења и вештини, на ден 22.04.2013 год. Скопје - Скопски саем се одржа информативна трибина за Законот за безбедност и здравје при работа и Законот за техничка инспекција.

На оваа трибина, покрај професор од - Машински факултет Скопје и член на Националниот совет за безбедност и здравје при работа на Р.М, учествуваа и претставници од Министерство за економија – Државен технички инспекторат – инспектор од техничка инспекција, Свое излагање секако имаа и претставниците од ДИТ при МТСП.

Во рамки на втората Меѓународна конференција на тема „Национални стратегии за безбедност и здравје при работа“, која се одржа во периодот од 25 до 28 април 2013 година во Маврово, се одржа и состанок на Националниот совет за безбедност и здравје при работа на Македонија. На состанокот беа разгледани Предлог -правилникот за висината на трошоците за извршување на стручните работи за безбедност при работа врз основа на видот, начинот, обемот и местото на извршените стручни работи, како и Правилникот за начинот на бодување при стручно усовршување на стручните лица за безбедност при работа.

Во периодот од 10–12 мај 2013 год. во хотел Гранит – Охрид, Р.Македонија, се одржа првата Меѓународна Конференција за безбедност и здравје при работа „Безбедносен инженеринг во функција на подобрување на условите за работа“,во организација на, Машинскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, и Сојузот на стопански комори на Р. Македонија. Основната цел на конференцијата беше размена на теоретски и практични искуства во имплементацијата  на системите за безбедност и здравје при работа, за утврдување на идните насоки за развој и истражување во областа на безбедно работење.

На конференцијата учествуваа преку 150 претставници од академската средина од земјата и од странство, работодавачи, стручни лица во компаниите од различни дејности, лекари -специјалисти од медицина на трудот, инспектори од ДИТ, при што беа презентирани вкупно 35 трудови од областа на законодавството, инспекцискиот надзор, проценки на ризик на високоризични работни места, влијание на хемиските и физички штетности, анализа на повреди и професионални заболувања, современи софтвери за ергономски дизајн на работните места итн.

11

Page 12: 1 - mtsp.gov.mk  · Web viewНационална превентивна безбедносна култура е правото на безбедна и здрава работна

1.11. ПЛАН ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА СТРАТЕГИЈАТА ЗА ДИТ ЗА ПЕРИОДОТ 2014-2016 ГОДИНАПРОГРАМИ И ПОТПРОГРАМИ

1.11. 1. ПЛАН ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПРОГРАМАТА– ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР ОД ОБЛАСТА НА РАБОТНИТЕ ОДНОСИ (РО) И БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА (БЗР)

А: Оправданост и дизајн на Програмата

1. Образложение на Програмата: Инспекциски надзор од областа на работните односи (РО) и безбедност и здравје при работа (БЗР) : произлегува од приоритетот во Одлуката за утврдување на стратешките приоритети на Република Македонија во 2014 година, која се однерсува на:

Зголемување на економскиот раст и конкурентноста на трајна основа, повисока стапка на вработеноста, пораст на животниот стандард и квалитетот на живеење.

Стратешки цели кои произлегуваат согласно со оваа одлука, се применливи за ДИТ, а се во корелација со МТСП се:

Јакнење на владеењето на правото; Зајакнување на капацитетот за целосно приближување и преземење на правото на Европската унија

(acquis communautaire), согласно со приоритетите утврдени во Националната програма за усвојување на правото на ЕУ;

Спроведување на реална проценка на влијанието на регулативата и креирање на политики втемелени на транспарентност и соработка со заинтересираните страни.

2. НПАА:1. Да се продолжи со транспонирање на acquis и да се зајакнат соодветните административни структури и структури за спроведување, вклучително и Инспекторатот за труд2. Да се продолжаи со напорите за интегрирање на сивата економија во формалната економија: Поглавје 3.19 Социјална политика и вработувањеПотпоглавје 3.19.1 Трудово право,

12

Page 13: 1 - mtsp.gov.mk  · Web viewНационална превентивна безбедносна култура е правото на безбедна и здрава работна

Потпоглавје 3.19.2. Здравје и безбедност при работа, Потпоглавје 3.19.4 Политики за вработување и Европски социјален фонд

3. Стратешките приоритети и цели на органот на државната управа: Зголемување на стапка та на вработеност; Постигнување на повисок степен на усогласеност на националното законодавство во областа на трудот со

законодавството на ЕУ и подобрување на капацитетите за негова имплементација; Да продолжат напорите за интегрирање на сивата економија во формалната економија Надзор над примената на законите и другите прописи од областа на работните односи и безбедност и

здравје при работа

Назив на Програмата: Инспекциски надзор од областа на работните односи (РО) и безбедност и здравје при работа (БЗР)

Цел на Програмата:1. Да се продолжат напорите за реинтеграција на вработените од сивата економија во формалната економија.2.Надзор над примената на законите и другите прописи од областа на работните односи и безбедност и здравје при работа3.Јакнење на системот за проценка на влијането на регулативата од РО и БЗР4.Tранспонирање на acquis и да се зајакнат соодветните административни структури за спроведување, вклучително и Инспекторатот за труд (Поглавје 3.19 Социјална политика и вработување; 3.19.2. Здравје и безбедност при работа). Постигнување на повисок степен на усогласеност на националното законодавство со законодавството на ЕУ и Зајакнување на капацитетите за

13

Page 14: 1 - mtsp.gov.mk  · Web viewНационална превентивна безбедносна култура е правото на безбедна и здрава работна

спроведување на европското законодавство, согласно со приоритетите утврдени во Националната програма за усвојување на правото на ЕУ (НПАА)

Показатели за успех на Програмата: Зголемување на бројот на вработувања на непријавените работници, опфатени со инспекциските надзори

преку регулирање на нивниот работен однос; Доследна примена на прописите од областа на РО и БЗР од страна на правните субјекти; Намалување на бројот на работодавачи кои анагажираат лица без заснован работен однос и обезбедување

на мерки за безбедност и здравје на вработените; Јакнење на капацитетот на стручните лица кај работодавачите и нивно информирање за правата и

обврските од областа на БЗР; и Навремено и согласно со агенадата од НПАА, да се транспонират директивите на ЕУ од БЗР;

Назив на Потпрограмата Инспекциски надзор од областа на работните односи (РО)

Цел на Потпрограмата: Постигнување на повисок степен на усогласеност

на националното законодавство со законодавството на ЕУ и Зајакнување на капацитетите за спроведување на европското законодавство, согласно со приоритетите утврдени во Националната програма за усвојување на правото на ЕУ (НПАА);

Да се продолжат напорите за реинтеграција на лица од сивата економија во формалната економија.

14

Page 15: 1 - mtsp.gov.mk  · Web viewНационална превентивна безбедносна култура е правото на безбедна и здрава работна

Надзор над примената на законите и другите прописи од областа на работните односи; и

Јакнење на системот за проценка на влијането на регулативата од работните односи

Показатели за успех на Потпрограмата: Зголемување на бројот на опфатени непријавените работници со инспекциските надзори и регулирање на

нивниот работен однос; Доследна примена на прописите од областа на РО од страна на правните субјекти; и Намалување на бројот на работодавачи кои анагажират лица без заснован работен однос;

План за спроведување на Потпрограмата

Резултат 1:Зголемување на бројот на пријавени вработени во агенцијата за вработување, односно намалување на бројот на пријавени невработени во АВРМ

Показател за успешност: - Зголемен број на инспекциските надзори од областа на работните односи за лицата кои се со нерегулирани права од работен однос.

Резултат 2:Користење на правата кои произлегуват од

Показател за успешност:- Обезбедување на плата и социјално осигурување на

15

Page 16: 1 - mtsp.gov.mk  · Web viewНационална превентивна безбедносна култура е правото на безбедна и здрава работна

прописите од работен однос вработените, користење на одмори, 40-ет часовно работење во текот на седмицата.

Резултат 3:Доследна примена на казнените одредби од Законот за РО

Показател за успешност:-Зголемен број на поведувања на прекршочни постапки до прекршочниот орган, односно комисијата од областа на РО за правните субјекти кои ги кршат правата од работен однос;-Намалување на бројот на прекршители на прописите од РО

Б: План за спроведување на Потпрограмата

Назив на Потпрограмата Инспекциски надзор од областа на безбедност и здравје при работа

Цел на Потпрограмата:

Tранспонирање на acquis и зајакнување на соодветните административни структури за спроведување(Поглавје 3.19 Социјална политика и вработување; 3.19.2. Здравје и безбедност при работа). Постигнување на повисок степен на усогласеност на националното законодавство со законодавството на ЕУ и зајакнување на капацитетите за спроведување на европското законодавство, согласно со приоритетите утврдени во Националната програма за усвојување на правото на ЕУ (НПАА);

Надзор над примената на законите и другите

16

Page 17: 1 - mtsp.gov.mk  · Web viewНационална превентивна безбедносна култура е правото на безбедна и здрава работна

прописи од областа на безбедност и здравје при работа и

Јакнење на системот за проценка на влијането на регулативата од БЗР.

Показатели за успех на Потпрограмата: Обезбедување на безбедни мерки за БЗР; Намлување на повреди на работа од доменот на БЗР; и Намалување на повреди со смртни последици од доменот на БЗР.

План за спроведување на Потпрограмата

Резултат 1: Доследна примена на прописите од областа на БЗР од страна на правните субјекти;

Показател за успешност: -Зголемен број на инспекциските надзори во правните субјекти од областа на БЗР-Подобрување на условите и преземање на активности од страна на работодавачот за безбедна работа на вработените во правните субјекти во кои работат

Резултат 2:Јакнење на капацитетот на стручните лица кај работодавачите и нивно информирање за правата и обврските од областа на БЗР

Показател за успешност: Информирање на стручните лица кај работодавачите за ризиците на работното место и за мерките кои треба та се преземат за отстранување односно намалување на ризиците од обаласта на БЗР.

Резултат 3: Показател за успешност:

17

Page 18: 1 - mtsp.gov.mk  · Web viewНационална превентивна безбедносна култура е правото на безбедна и здрава работна

Доследна примена на казнените одредби од Законот за БЗР.

Зголемен број на поведувања на прекршочни постапки спрема правните субјекти до прекршочниот орган, односно комисијата од обаласта на БЗР во МТСП.

Б: План за спроведување на Потпрограмата

2. Развивање на заедничките функции на ДИТ

2014планирани мерки

2015планирани мерки

2016планирани мерки

Надзор над примената на законите и другите прописи во ДИТ на ниво на Р. Македонија

ДИТ има функција да врши надзор над примената на законите и другите прописи од областа на работните односи и безбедност и здравје при работа а развива објективни, ефикасни, ефективни и усогласени стратешки документи, политики, вертикални и хоризонтални активности во органот, во согласност со политиките на МТСП и истите да се во корелација со:

Законот за инспекција на трудот; Законот за работните односи; Законот за безбедност и здравје при работа; Законот за буџетите; Програма за работа на Владата на Република Македонија;

18

Page 19: 1 - mtsp.gov.mk  · Web viewНационална превентивна безбедносна култура е правото на безбедна и здрава работна

Макроекономската политика на Република Македонија; Националната програма за усвојување на правото на Република Македонија; Методологија за стратешко планирање на Република Македонија; Прирачник за стратешко планирање на Република Македонија; Националните развојни документи на на Република Македонија; Одлуката за утврдување на стратешките приоритети на Владата на Република Македонија во 2014 година;

Стратешко планирање и подготвување на Буџетот на ДИТ

Овие две функции во ДИТ се покриени од страна на два посебни сектори во состав на МТСП: Сектор за стратешко планирање (каде се опфатени планирање и развој на политики, како и мониторингот на имплементираните политики и програми) и Сектор за финансиски прашања, каде се координира подготвувањето на буџетот согласно со мерките и активностите предвидени во Стратешкиот план, кои се во функција на остварување на стратешките приоритети и цели, другите надлежности на МТСП во корелација со политиките на Владата на РМ.

ДИТ не располага со посебна организациона поставеност и човечки ресурси од ваков карактер.Напомена: ДИТ (Инспекторатот) ќе се стекне со својство на правно лице согласно со член 5 од Законот за изменување и дополнување на Законот за инспекциски надзор ( “ Сл.весник на РМ број 147/2013) и член 1 од Законот за изменување и дополнување на Законот на инспекцијата на трудот ( “ Сл.весник на РМ “ 164 /2013), според проектираното во периодот на 2014 година. Консеквентно на ова, откако ќе се исполнат сите овие услови, ДИТ да се стекне со својство на правно лице во 2014 година, по овој период ќе изготвува самостојно Стратешки план и подготвување на Буџет на правниот субјект.

Управување со човечки ресурси /Управување со информатички технологии/Внатрешна ревизија и Правни, општи и заеднички работи

19

Page 20: 1 - mtsp.gov.mk  · Web viewНационална превентивна безбедносна култура е правото на безбедна и здрава работна

2014 2015 2016

Овие четири функции во ДИТ се покриени од страна на:

Одделението за човечки ресурси; Секторот за правни, нормативни,

општи и заеднички работи, во чиј состав е Одделението за информатички технологии; и

Одделението за внатрешна ревизија

Сите овие четири функции се заеднички на ниво на МТСП. Напомена: Дел од активностите како што се:-Координација со други институции и инспекциски служби при вршење заеднички надзори;-Организација на обуки за кадрите од Државниот инспекторат за труд;-Спроведување на постапки за административно извршување на решенија (запечатување-пломбирање на објекти), каде има изречена забрана за работа; и-Координација и контрола на

Овие четири функции во ДИТ се покриени од страна на:

Одделението за човечки ресурси;

Секторот за правни, нормативни, општи и заеднички работи, во чиј состав е Одделението за информатички технологии; и

Одделението за внатрешна ревизија

Сите овие четири функции се заеднички на ниво на МТСП. Напомена: Дел од активностите како што се:-Координација со други институции и инспекциски служби при вршење заеднички надзори;-Организација на обуки за кадрите од Државниот инспекторат за труд;-Спроведување на постапки за административно извршување на решенија (запечатување-пломбирање на објекти), каде има изречена

Овие четири функции во ДИТ се покриени од страна на:

Одделението за човечки ресурси;

Секторот за правни, нормативни, општи и заеднички работи, во чиј состав е Одделението за информатички технологии; и

Одделението за внатрешна ревизија

Сите овие четири функции се заеднички на ниво на МТСП. Напомена: Дел од активностите како што се:-Координација со други институции и инспекциски служби при вршење заеднички надзори;-Организација на обуки за кадрите од Државниот инспекторат за труд;-Спроведување на постапки за административно извршување на

20

Page 21: 1 - mtsp.gov.mk  · Web viewНационална превентивна безбедносна култура е правото на безбедна и здрава работна

спроведувањето на инспекцискиот надзор. Сите овие активности се обавуваат од страна на Секторот за координација, обуки и административно извршување, кој е во ингеренции на самиот орган во состав ДИТ во МТСП. ДИТ (инспекторатот) ќе се стекне со својство на правно лице согласно со член 5 од Законотот за изменување и дополнување на З акон за инспекциски надзор ( “ Сл.весник на РМ ” број 147/2013) и член 1 од Законот за изменување и дополнување на Законот на инспекцијата на трудот (Сл.весник на РМ “ 164 /2013), според проектираното во периодот на 2014 година.

забрана за работа; и-Координација и контрола на спроведувањето на инспекцискиот надзор. Сите овие активности се обавуваат од страна на Секторот за координација, обуки и административно извршување, кој е во ингеренции на самиот орган во состав ДИТ во МТСП.

решенија (запечатување-пломбирање на објекти), каде има изречена забрана за работа; и-Координација и контрола на спроведувањето на инспекцискиот надзор. Сите овие активности се обавуваат од страна на Секторот за координација, обуки и административно извршување, кој е во ингеренции на самиот орган во состав ДИТ во МТСП.

Подготвиле: (ДИТ) Д-р Агим Шаќири Стартешко планирање: Д-р Зоран Вучев Буџетирање: М-р Снежана Костовска Фрчковска

21